1
отковидување | зборник поезија
Македонија, 2020 година
2
отковидување | зборник поезија
Здружение за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“ Глобално движење „100 Илјади поети за промена“ – Македонија Светска унија на поети Scuola di poesia – School of poetry – Школа за поезија Делегација Македонија
Зборник поезија „ОТКОВИДУВАЊЕ“ Издавач: Здружение за развој на култура и заштита на културно наследство
„Контекст - Струмица“ За издавачот:
Митко Гогов
Графичко уредување и дизајн:
@kihuПотру
Јазична коректура:
Фросина Тасевска
Дизајн на корица:
@Unknown art activist Ковид каталог:
Елена Банчотовска Илустрации застапени во зборникот:
David R., Maria L., @bonneA, Sam W.A. Rajib A. & others…
3
отковидување | зборник поезија
ОТКОВИДУВАЊЕ
зборник поезија
4
отковидување | зборник поезија
5
отковидување | зборник поезија
C-19 ПРЕДГОВОР
6
отковидување | зборник поезија
СО ПОЕТСКА П[Л]АНДЕМИЈА ПРОТИВ ДУХОВНА АНЕМИЈА
Почитувани, би сакал овој текст да го започнам како писмо, како лично обраќање до Вас, преку кое најпрвин би сакал да ве поздравам и да ви се заблагодарам што се наоѓате меѓу овие (засега) електронски страници. Веќе подолго време сме дел од дигиталната историја како активни учесници во креирањето на просторен, виртуелен, книжевен остров во кој со помош на поезијата се обраќаме до нашите читатели. Вака ги меморираме нашите стихови, не само како независни енергетски постојности, ами и како колективно сеќавање. Знаете, се наоѓаме на почетокот на осмата електронска стихозбирка која е плод на интересот, вклученоста, посветеноста и вниманието на Школата за поезија – Делегација Македонија, односно сите нејзини членови, а тоа не е малку. Воопшто не треба да се занемари фактот дека станува збор за исклучително активна група на поети. И независно од тоа дали оваа Scuola di poesia ќе продолжи да функционира на глобално ниво или не, делегацијата од нашата држава докажа дека може да продолжи да функционира како дел од програмските активности на Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“. Кога ја направивме првата поетска колекција „Поетискон“, не очекував дека по кратко време ќе следат и електронските збирки поезија: „сеМир“, „#поплава“, „жена. човек. тишина.“, „Премин“, „Снег“ и „Дланковод“, а верувале или не, оттогаш до сега, поминале ни повеќе ни помалку, туку речиси пет години, а „отКовидување“ ни доаѓа по цела година подготовка, преминувајќи низ сите годишни времиња, справувајќи се со темата која ја обработува и буквално и метафорично, т.е. книжевно гледано. Да, така е, осмата колекција ни доаѓа на крајот од една година која се обиде да нѐ дотолчи, да нè оттуѓи, да нè исплаши, да нè обезличи и отчовечи. Знаете на што мислам и за што почнувам да пишувам, зарем не?! Секоја криза се претвора во литература, независно дали тој авторски набој се случува веднаш или треба да помине време за истиот да добие некоја конкретна насока. Но не постои време во историјата на човекот кое не е одбележано од таквиот неочекуван пресврт, а во суштина поетот е тој кој најчесто и најчисто, речиси исконски ги естетизира тие деконструктивни периоди. Поезијата е спиритуална болница во која има противотров за многу човечки растројства, а во
7
отковидување | зборник поезија
одредени периоди од животот, сите ние сме пациенти жедни за лек. Превенцијата е неизбежна. „отКовидување“ е зборник со стихови кои прават поместување, ве фрлаат во безизлезност, во стравот од непознатото, но и преку призмата на смиреноста знаат да вродат со надеж, некои од нив се своевидно семе на бестрашноста, можност да се согледаат нештата од друг агол. Она што започна во почетокот на 2020 година, како мало заплашување за светот, премина во најголемиот невидлив непријател кој ни се закани и како на општество, но и како на единки или индивидуи. Ковид-19 стана секојдневие, почнавме да живееме ново нормално и само можеме да си помогнеме. Кој како знае и умее. Затоа е важно што Школата за поезија – Делегација Македонија на крајот од оваа година излегува како победник, барем делумно, имајќи ја предвид оваа колекција пред нас. Во неа се насобрани бури од емоции и мисли, поетика која апелира, се моли, го вознемирува внатрешното Јас, протестира, се откинува од гневот, се протнува во дамарите на потсвеста и таму го одржува огнот, од таму жари и ја затоплува духовната магма на егзистенцијата. Драги читатели, нашата стихозбирка „отКовидување“ е делотворна, лековита, таа е вакцина против перпетуалниот сомнеж дека нема да биде подобро, таа е приватно патување во кое ќе откриете дека не сте сами, книжевен архетип кој од една страна ви нуди прегратка и сочувство за состојбата во која се наоѓаме, а од друга и еликсирна моќ да се ослободите од тој притаен хаос. Доколку сме решиле да сме изолирани, оваа поетска осаменост може да биде класичен пример за креативна дистанца од бомбардирањето со непотребни и пред сѐ непроверени информации. Овде вие сте тие кои ќе селектирате, а верувајте, нема да се разочарате од широката листа на автори кои се застапени, секако не во актуелната смисла „луѓето се претвораат во бројки...“, туку напротив, како квалификатив на оваа целина, како дијапазон на можности за литерарно реоткривање на авторските капацитети. Кога веќе дојдовме до сериозното, она што нѐ поттикна да ја направиме оваа стихозбирка „отКовидување“, едноставно, моравме да ги артикулираме сите наши ст(р)авови, да ги истражиме досегашните гледишта и она што нам ни беше познато до неодамна, па во таа „нова нормалност“ почнавме да преиспитуваме што значат за нас овие промени, а што впрочем, за светот кој буквално почна да се ништи пред нашите очи. На што нѐпредупредува овој вирус, можеме ли да го прифатиме новиот начин на живеење, до кога ќе нѐ гази? Секако, ќе мораме да се согласиме дека моделот на човештвото не е функционален, вистината е дека сме кршливи и неорганизирани, а кризата низ која минуваме е многу поголема од нас
8
отковидување | зборник поезија
и тектонски ги менува и редефинира сите досега прифатени социјални, политички и економски аспекти на организација. Пред таквиот комплексен предизвик не само што се разголени нашите интерперсонални и психофизички состојби, туку сме сведоци на едно ново обединување на заедницата, најмногу за да се одржи колективниот спокој. Таа промена доаѓа одвнатре и токму поезијата е тојдвигател или ако сакате наречете ја канализатор, проводник на чистата мисла, на онаа сила која прави позитивни промени во индивидуалната свест. Од страдањето секогаш стануваме посилни, најхрабрите имаат најмногу лузни, а дрвјата пуштаат подлабоки корени кога се изложени на силно невреме. Не смееме да дозволиме ваквиот моментален грч да нѐ парализира, стиховите се цвеќе кое никнува и низ процепите на распаднатиот ѕид. Scuola di poesia, Школата за поезија – Делегација Македонија сиве овие години се обидува да ги трансформира проблемите на светот во зборовна креација, па така и нашите карантински песни си најдоа свој нов дом. „отКовидување“ претставува фантастичен збир на поетски епизоди, контролно тестирање на нашиот поетски пулс. Оваа поезија е овде за да ја сузбие нетрпеливоста од вирусот кој го тресе светот, живееме во време во кое врвен облик на внимание е физичката оддалеченост, а луѓето се зближуваат изолирани во своите домови, во своите библиотеки. Затоа и споделувањето на дигиталната врска до оваа електронска стихозбирка не се смета за опасна и штетна по вашето здравје, туку за допринос да се дојде до подлабоко значење, далеку од лажливоста и секојдневната медиумска какофонија. Да се научиме да се носиме со товарот, само така нема да потклекнеме на неговата тежина. Драги читатели, пред Вас се наоѓа едно ново, поетско издание, дозволете да ве изненади инспирацијата која овие автори ја добиле од овие времињаневремиња на искушение, не оставајте ова да биде ваш нереализиран чин и можност да си подарите нов зборовен облак или ново зборовно небо... Од вас зависи.Кога ќе се соочиме со еден ваков вид на несреќа, како пандемијата што е присутна во моментов, би можеле да се запрашаме колку навистина е важно креативното пишување во светот и колку е важен гласот на поетите кои одговориле на сопствениот интимен повик. Не сте сами, не заборавајте!
Митко ГОГОВ
Претседател на Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“
9
отковидување | зборник поезија
ОТКОВИДУВАЊЕ [ПРОЛОГ]
10
отковидување | зборник поезија
ЗА ЧОВЕКОВАТА ЖИЛАВОСТ ВО ПОТРАГАТА ПО ЗБОРОТ И УБАВОТО
Кон зборникот „Отковидување“ на Школата за поезија - Делегација Македонија
Поетскиот избор „Отковидување“ доаѓа на крајот од една многу чудна и тегобна година - 2020 година. Историјата или историографијата сигурно ќе ја означи оваа година како пандемиска, како година во која човештвото се соочи со еден (сè уште) непознат непријател - вирусот корона. Хроничарите ќе имаат куп работа за да ги класифицираат сите подеми и падови на нашето очудување и соочување со овој непријател. Психолозите, психијатрите, социолозите, докторите веќе работат на своите тези, во кои научно го објаснуваат овој феномен во годината, која со тешки нозе се влече кон својот крај. Науката е ставена пред нов предизвик - да даде одговор, да најде лек со кој животот нема да биде најевтиното нешто за губење. Сличното се случува и со/во уметноста. Таа го правеше или сè уште го прави истото - бара начин и оружје да се справи со „непријателот“. Се сетив на почетокот од годината кога првпат се соочивме со живеењето на терминот карантин и на сите фази низ кои поминавме од тогаш до денес: затворени, заробени, па среќни, весели, благо еуфорични, исплашени, испаничени, депресивни итн. Потоа времето почнавме да го мериме во време за себе, за домот, за семејството, време да станам подобар човек, да се надградам, надоградам, наградам со време за: читање, цртање, слушање музика, творење. Изблик на креативност, конструктивност, поттик, инспирација. Во тешки времиња се родија куп стихови, одлични книги, се снимија и дистрибуираа филмови, под посебни протоколи беа организирани фестивали, читања, промоции, концерти. Сето тоа ми дава за право да се вратам на мојата внатрешна желба - да верувам и да говорам за жилавоста на уметноста, за нашата жилавост и непопустливост во обидите да дојдеме до неа. Тоа е нашата потреба од заедништво со и близу до убавото. На моменти личеше дека нејзеѝ се враќаме како на стар пријател, одамна заборавен, со кој не сме скарани, ами сме само онака оддалечени еден од друг. Но со таквите пријатели треба само поглед и доаѓа разбирањето. Оти што е друго уметноста ако не обид да разбереме, да се разбереме и себеси и другите и светот. Токму во вакви
11
отковидување | зборник поезија
моменти потребата за артикулација на разбирањето, на внатрешниот глас честопати раѓа креација. Од еден таков изблик, потреба и повик се сочинети и овие 130 страници поезија во „Отковидување“ на Школата за поезија (Делегација Македонија). Песните се поделениво 5 циклуси, носечкиот дел е оној со седумдесетмина современи познати или помалку познати македонски поети, чии стихови можевме да ги читаме и преку фејсбук страницата на Школата. Оттука „Отковидување“е и една убава завршница на проект кој имаше за цел низ поезијата да ја посведочи пандемијата, да му даде поетски поглед на светот нападнат од ковидот. Таквата иницијатива бидува заокружена со избор кој нуди и „отковидување“ небаре решение, небаре крај и лек за злото кое нèплаши. А токму стравот, нелагодноста и неизвесноста се и клучните мотиви или елементи на атмосфера, во кои се пишувани песните од најголемиот циклус. Поетите во нив зборуваат за своите стравови, за чувството на беспомошност, но како и многупати низ историјата, тие се и емпати. Тие сочувствуваат со болката на другите луѓе, ги живеат нивнте стравови, избираат стихови за да дадат глас, не само на своите лични чувства. Многу често распонот на тој глас се движи од очај до повик за освестување или просветлување:
„Преку ноќ од една кожа во друга се втеравме, по малку нѐ наболува по нешто, таеме заитани близу светици, в себе“. (Цветанка Колева) „Друг пат, гласот се престорува во потреба од сигурност, вер(б)а и оптимизам:
Ме подземаш со своите жилави раце/ и ме креваш/ ме тегнеш/ на нозе да ме исправиш/ Да ме довардиш за себе Животе“. (Виолета Танчева-Златева) Потоа, тука се и прашањата на кои им бараме одговори, како и желбите кои изгледаат речиси невозможни: „Дали овој свет прави пауза“. (Аниса Мустафи) или пак:
„Учиме одново што е тоа „дома“ и како се седи таму“. (Љупка Антеска) да тече животот во нас зад затворени очи; ред желби, ред љубов, ред копнеж по слобода.
12
отковидување | зборник поезија
Во поширокиот контекст што сите застапени поети го делат, а го живеат и нивните странски колеги, доаѓа и еден едноставен заклучок, како во песната на Искра Донева:
„Едно знам, каква птица си, таков ти е кафезот... Можеби леташ слободно?“ Освен актуелните, тематски застапени стихови од првиот дел, „Отковидување“ дава и еден интересен компилациски поглед врз петмина поети од (По)стара школа, ставајќи ги нивните стихови во нов, современ контекст, силно одбележан со пандемијата која дава и посебни, би се рекло, интерпретациски насоки. На сличен начин може да се толкуваат и песните на прерано починатите Билјана Ангеловска и Игор Исаковски, омаж на поети чии стихови траат и живеат и кога нив ги нема. Циклусот „Авторската (само)изолација...“ е еден вид историски след на тешките невремиња кога авторите биле принудени или избрале изолација, која пак дала вечни стихови. Убав гест е и вметнувањето на неколку хаику, песни кои по својот формат се идеалани за ловење на мигот - во случајот апокалиптичноста на ковид заканата. Со десетината поети од странство, приредувачот прави заокружување на овој проект на Школата за поезија - Делегација Македонија, за која се потребни сериозни напори за негова реализација. Моето исчитување го завршувам онака како што почнав, со наивна вер(б)а во уметноста и поезијата. Верувам дека по извесен период, кога сè ова ќе биде зад нас, кога пандемијата ќе биде завршена, проектите/ алманасите како „Отковидување“ ќе останат културолошки, а зошто не и историски сведоштва за човековата жилавост во неговата потреба и потрага од Зборот и Убавото.
Александра ЈУРУКОВСКА
13
отковидување | зборник поезија
НАШИТЕ МАЛИ ТРАГИ НА СМИСЛАТА
или: кон електронскиот зборник поезија „Отковидување“
Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст“ од Струмица со нов проект: Зборникот поезија насловен како „Отковидување“. Се работи за околу стотина лирски песни, собирани, селектирани, објавувани на социјалните мрежи еден подолг временски период од една година, барани и пронајдени песни кои, на овој или оној начин, се рефлексија на новото време одбележано со пандемијата на вирусот ковид-19. Невозможно е новото искуство на човештвото – пандемијата – да не допре до поетите, тие кај кои чувствителноста секогаше поизразена. Приредувачот на зборникот ја осетил неповторливоста на историскиот миг, оној миг кога историјата скршнува од вообичаеното движење и почнува да се движи по еден непредвидлив пат. Следствено, сакал да ги присобере и објави во зборник уметничките крикови на новото време-невреме, да стане сето тоа една, така да се рече, полифонија, многугласие од мноштво лирски песни кои ќе ја засведочат песната наспроти сите недоумици, тегобности, стравови и болки предизвикани од болеста. Не е откритие ако се каже дека авторите, барем најголемиот дел од нив, ја поимаат изолацијата како посакувана состојба затоа што им ја дава потребната осама зашто, невознемирувани од никого, можат целосно да му се предадат на уметничкото творење. Таа изолација денес има име– карантин, принудна изолација кога часови и денови треба да се поминат дома, во осама. Една ситуација која му е потребна на уметникот затоа што, како што пишуваше Јосиф Бродски, „ако уметноста и го учи човека на нешто, тогаш таа го учи на – изолираноста во човековото живеење“, односно „таа го стимулира во човекот, чувствувањето на својата индивидуалност, единственост, издвоеност...“ Токму таа издвоеност за повеќето автори застапени во зборникот била идеална ситуација да ги преиспитаат своите внатрешни гласови, своите внатрешни ангели и демони, да се препуштат на лирско пеење испровоцирано од моќниот и невидлив непријател - вирусот. Нивниот поетски збор како магија, амајлија и лек наспроти апокалиптичноста на пандемијата. Веројатно затоа и приредувачот го насловил зборникот како „отковидување“ – препуштајќи ѝ се на јазичната игра, на зборообразувањето на (новата и непозната) глаголска именка – отковидување. Бездруго и самиот зборник треба да биде утеха и барана смисла во огромната и збунувачка бесмисла од полуформации, теории на заговори, во сета онаа какафонија кога се чини дека хаосот станал секојдневие. Зборникот е поделен на пет циклуси. Во првиот циклус „(По)старата школа“, застапени се пет македонски автори од постарата генерација кои, различни во
14
отковидување | зборник поезија
поглед на своите естетски постапки, на различни начини го откриваат оностраното кое, може да се рече, може да биде метафора за пандемијата но и, воопшто, јанѕа пред туѓото, или бегство пред опасноста. Овде слободата е низа од надреални слики кои нудат краток заборав наспроти тегобноста. Во вториот циклус „Антиковидно поле. Дезинфекција преку зборовите“ се застапени 73 автори од помладата и средната генерација, афирмирани и помалку афирмирани, познати и непознати, повеќето со една песна, а некои и со повеќе песни. Вториот циклус е носечки во зборникот, тој е најобемен, тој преку, релативно помладите поети, е оној првичен импулс и реакција на пандемијата. Доминираат песните со чувството на тегобност, страв, но тука се и оние со самокритично преиспитување на улогата на човекот, па и на неговата вина, исто како и песните кај кои е присутен и хуморот како реакција на застрашувачката напнатост. Третиот циклус, насловен „Хаику корнер“, содржи седум автори со хаику песниво кои, согласно поетиката на овој лирски вид, имаме концизни, фрагменти-слики од современата апокалипса. Во четвртиот циклус, „Covid-19 преку граница“, застапени се 8 автори, некои од Балканот како регион, други од Русија, Шпанија, Турција и Индија. Во последниот, петти циклус, „Авторска (само)изолација во времето и просторот“, поместени се 6 автори, светски автори, некои веќе класици, автори од различни времиња и простори. Тука е поместена познатата песна на Пушкин напишана во карантин во 1872 година, но и песните на Пабло Неруда, Чезаре Павезе и други. Иако зборникот има своја тематска рамка, а тоа е вирусната, пандемијата и нејзиното моделирање на нашето секојдневие, тој не е ограничен целосно од таа рамка, ами содржи и лирски песни со поинаков пристап и инспирација – можеби и како доказ дека ние, колку и денес да сме преокупирани од нововременското зло, сепак можеме да ги забележиме (и опееме) и другите аспекти на живејачката. Ваквите проекти како електронскиот зборник „Отковидување“ се сигнали дека тоа што во најширока смисла го нарекуваме културен живот не може целосно да биде згаснато и дека токму ваквите ентузијастички и со љубов подготвени изданија, како овој зборник, се наши мали траги на смисла во општата бесмисла.
Ацо ГОГОВ
15
отковидување | зборник поезија
16
отковидување | зборник поезија
[ПО]СТАРАТА ШКОЛА
17
отковидување | зборник поезија
Влада Урошевиќ СЛОБОДА Птица со пет крила што лета над измислена земја Дрво што патува незадоволно со сите полиња што му ги нудат Вода што се искачува кон својот извор решена да оди уште понатаму Риба на која ѝ здодеало молчењето и која го учи говорот на статуите Планина што се откажува од својата тежина наспроти поговорките наспроти сфаќањето на нужноста Пеперуга која сфаќа дека токму со надминувањето на нужноста се доаѓа до слободата и затоа ги спалува своите крилја врз пламенот на свеќата Растворлив споменик кој и покрај тоа е изложен на дождот Ноќ која сака да има најмалку пет сонца во својата соба Цвет кој се откажува од плодот Поет кој се откажува од зборовите но сака да го сочува обликот на песната Космонаут кој излегува од бродот и зачекорува во ништо Камен кој фрлен високо не сака да падне одново на земјата
18
отковидување | зборник поезија
Михаил Ренџов СЕ ВРАЌАВ ДОМА Се враќав дома По пат од раскопки и чакал A пo мене се враќаа Моите Ситни Нешта: Камчето со кое некогаш ме удрија Капката крв што ми потече од носот Плодовите што ноќе ги крадев Шумата во која Птицата ми се сокри (По некоја заборавена песна) Гревовите што ги правев Бранејќи се себе Ангелот што го заборавив Карајќи се со пријателите И животот што го испуштив Зјапнат во којзнае што И којзнае каде. Една ноќ Сите мои Ситни Нешта Беа дома Сал мене ме немаше. Сум се изгубил, велат Зјапнат во којзнае што И којзнае каде.
19
отковидување | зборник поезија
Катица Ќулавкова ПЕСОЧЕН ЧАСОВНИК Врнеше кога се зазори На потегот меѓу Егејот и Олимп Врнеше и после, кога се шетав низ урнатините на Диос - градот се срушил, името останало Врнеше нежно, небаре се прелева небото во земја, земјата во небо Во песочниот часовник се губи разликата меѓу тоа што било и тоа што е И повеќе не е битно каде се наоѓам дали во градот што го нема или во споменот што го имам попрскан со цимет како горчлив десерт додека ми ја пакуваат слободата ритуално херметички без ѕирка и проѕирка.
20
отковидување | зборник поезија
Веле Смилевски БЕГСТВО Ова не е време за високи летови. Патот по кој Сонцето може да ги спржи крилјата не само на Икар туку и на Песната-за-Него. Затоа, време е да се побара смислата на летањето во мракот на лавиринтот, во сонцето на мракот, во лавиринтот на сонцето што го носиме.
21
отковидување | зборник поезија
Ефтим Клекников ТУЃИНЕЦ Пред нашата врата стои туѓинец со смрзнат сурат. Не носи вино и пламен тој во бокалот, туку пепел. И молчи прагот сит од болка, ни дава знак да останеме дома. А ние треба да излеземе за да крстиме и венчаме, да го поставиме во светлина темелот на името и да го закрепнеме со благослов и песна. Нè чека со столетија Света Богородица во олтарот и сакаме да го изговориме за себе името на работ од усните, ама зборот се заглавил меѓу непцата и расте молкот како карпа за да ја потпре вратата пред темниот наум на туѓинецот.
22
отковидување | зборник поезија
23
отковидување | зборник поезија
АНТИКОВИДНО ПОЛЕ. ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА МИСЛАТА
24
отковидување | зборник поезија
Оливера Станковска ВЕЧНИ ДЕЦА Не сме само милост, деца сме под сонцето кое нѐ придвижува, нѐ донесоа ветровите на судбината да оставиме траги во вечноста за да остане вечна, од миговите на времето создадовме соѕвездие, надежта да ни ја осветлува и преку тишината во која талкаат нашите души, ја отворивме портата на љубовтаза да вечна е.
25
отковидување | зборник поезија
Марина Икономова Шокева ЕДНО ПОПЛАДНЕ Син ми во својата соба Слуша музика, пишува или гледа ТВ, Јас во дневната соба Читам, разговарам или сонувам. И јас и тој знаеме Дека заедно под истиов кров пладнуваме. И секој си плови во своето крвно зрнце По својата река од крвоток, Нурнува во себеси и испливува според својот ритам. Па си довикнуваме и со срце се смееме. Мачорот безобразно комфорен Во својот агол на каучот мрмори од задоволство, вибрациите на неговото предење дополнително нѐуспокојуваат Системот за греење ромори, топлината истиот мачор го гушка, мене попатно ме погалува по косата и меко, со љубов се лизга по скалите нагоре до детската соба.
26
отковидување | зборник поезија
Нада Волчевска ЦРТИЧКА Ги расадуваш цвеќињата а шеќерот прегорува телото му е измама по каменот расти мов не пуштај го детето од раце еден мразулец се стопи капката не те познава со меланхолија потиштеноста ја миеш
27
отковидување | зборник поезија
Сотир Георгиевски ТРАГИ Очи кои сјаат со сјајот на месечината. Не грижи се! Не можеш да скршиш веќе скршено срце јас само ги барам трагите од ѕвездите и стапките од мојата ѕвезда на мојата животна патека. Не грижи се ако можеби успееш јас само во тишина ги барам трагите од ѕвездите и не можам да ги најдам можеби тие беа само сни можеби само одсјај од месечината во црните очи што срцето ми го скршија. Или можеби во оваа течност што убива вируси насекаде поставена. Но, сепак нека ти ги во рацете нека те чуваат, нека те милуваат Не се штетни...
28
отковидување | зборник поезија
Ирена Стевановска БОРБА СО СЕБЕ Ги кинам секундите, Дел по дел, И во нив живот додавам. Секоја секунда Еден голем пехар исполнет Со љубов да е. А солзите? А грешките? А искушенијата? Каде да ги сместам погрешните сфаќања Кои го преминаа мостот на младоста? И еве ги секој ден Ми се челичат во мислите Дека ме прекалиле, А јас сѐ уште Трн сум си на самата себе.
29
отковидување | зборник поезија
Емељ Туна ЗОНА НА САМРАКОТ Одеднаш се наоѓаме во средината на “Зоната на самракот“ и остварување на филмот што никогаш не мислевме дека ќе го гледаме, е ама само што сега го гледаме од ложа... прв ред и нешто сериозно не е во ред, повторува гласот од телевизорот што оди со телопот и од компјутерот, телефонот, го слушаме и во сонот повторува, препорачува, како да одбројува секунди до лансирање дури нѐ советува како да преживееме во приказната што полека се расплетува, “најинтересното“ штотуку следува... во следната сцена, во која животот доби на цена, цената се вреднува со воздишки, планетата е приклучена на милион респиратори, се вселува во домовите вешто, нешто што дише тешко низ нашите гради и затвор прави од нашите куќи и згради, одеднаш се наоѓаме во средината на големи загради и средината на некој погрешен филмски сет, очите ни се широко отворени, устите стиснато затворени од стравот од непознатото и она што ни доаѓа на ред, овој филм не мислевме дека толку скоро ќе го гледаме и нешто сериозно не е во ред.
30
отковидување | зборник поезија
Александар Јовановски ДЕНОНОЌИЕ ВО ТОРИНО Матната тишина на квартот бега пред песнопојниот цврцор на едно пиле, застанато победнички на најгорните гранки. Ноќта и темнината со последни сили се борат да не ја предадат власта на очекуваното утро. Во далечина, татни некоја машина, како да вели дека ноќе работат само дневните мрзоволци. Песнопојниот цврцор сега се слуша подалеку, ми се чини дека е дует, оти е без панично пискотење. Сепак, оние кои пеат во еден глас и со ист тоналитет не подлежат на самоизолација и карантин. Зад аголот на соседната зграда, сонцето го отвара роковникот за дневни активности. Денеска има закажана средба со расцутените примули под неотворената крошна на црешата во градината. Зар не беа забранети масовни собири? Пред да ја затворам балконската врата погледнувам во еден невидлив пат низ хоризонтот. Дали некаде таму, каде отпатува мојот поглед, цутат првите примули во нашата градина под нашата цреша? Ќе прифатат ли да бидат за навек во карантин со мојата душа?
31
отковидување | зборник поезија
32
отковидување | зборник поезија
Виолета Танчева-Златева НАЈВЕРНИОТ Во ова време на неверни Томовци ти си ми најверниот пријател Ме будиш секој ден со топол допир проникнат со светлина и ме опсипуваш со насмевки во кои спијат сите надежи што чекаат да бидат разбудени Можност си и за најтешкото Со сладина ме храниш До последната капка ме цедиш А потоа одново ми ги полниш дамарите за нови средби со тебе Во ова време на непостојаности ти си ми најнеколебливиот љубовник И кога знам премалена да те изневерам со креветот не се откажуваш од мене Ме подземаш со своите жилави раце и ме креваш ме тегнеш на нозе да ме исправиш Да ме довардиш за себе Животе.
33
отковидување | зборник поезија
ИГРА БЕЗ ПРАВИЛА Игра како што ќе му текне понесен од мигновеното расположение Смислува ад хок потези Нѐ залажува Трча цикцак како што научил во дивината Ноќе кикотејќи се излегува и лукаво ја брише трагата зад себе Ние сме цивилизирани Одржуваме дистанца Се обидуваме да бидеме фер играчи Да ги научиме и да ги следиме правилата Да ги почитуваме советите од поразените Да го вразумиме со своето достоинствено однесување Тој ни со поглед не нѐ удостојува Ненаситно трча по патеките Граба сѐ нови и нови терени Животот му станува игралиште Стутулени го следиме неговиот поход од трибините
34
отковидување | зборник поезија
Ели Маказлиева СЕНКИТЕ ДОАЃААТ И СИ ОДАТ Сè е тивко и повлечено во својот дом пред зората да се јави. Прекрасно утринско ветре воздивнува бркајќи го последниот час на мракот. Сонцето блеснува низ гранките чии сенки се постилаат да легнат на балконот, да шетаат, да се издолжуваат, како силуети под сонцето. По зајдисонце се намалуваат, си одат, исчезнуваат. Цутот на старата цреша ја отвора својата уста како да мрмори дека денес ни пристигна пролетта. Ќе замине оваа чума! Ќе исчезне како сенките по зајдисонце! Ќе се заслепи од нашата љубов, ќе се удави од нашите надежи. Бидете трпеливи и спокојни како плодот на црешата што полека зрее во својот дом. Сенките доаѓаат и си одат Надвор светнува пролетта!
35
отковидување | зборник поезија
Ристо Маџунков СОПАТНИЦИ На моменти вирусот ме прави параноичен како да го има насекаде околу нас претворен во невидлива црна пареа која секој момент ги полни белите дробови. Во тие мигови на очај ме заплиснува мисла која во срцата носи спокој еден спрема друг што сите заедно стануваме сопатници кои во осама молат спасение од Бога за секого и за целиот свет.
36
отковидување | зборник поезија
ОПСТАНОК Земјата е корен од кој сме изникнале, воздухот ги прочистува нашите мисли а водата нѐ учи да ги прифаќаме и менуваме нештата на подобро. Сите заедно здружени можеме да го згаснеме огнот и сочуваме опстанокот.
37
отковидување | зборник поезија
БЕЗ ИДЕНТИТЕТ Сместен на првиот кревет од третата болничка соба на сон чекам да бидам повикан за лабораторија или ренген Одеднаш се будам свесен дека сум само број што лежи до прозорецот
38
отковидување | зборник поезија
Катерина Панов Кожаров КОГА ДУША УМИРА Кога душа умира Земјата се завива во црно Водата престанува да тече Огнот сопира да гори Воздухот одвај се дише оти и кислородот решил да стане јаглен. И во тоа совршено глуво доба Со наведната глава Сè живо кине дел од себе и го испраќа во вечноста. Оти луѓе умираат катаден Но души, едвај неколку! Колку да нè потсетат дека некогаш, неприсетливо многу одамна, овде, На истата таа земја, Истиот тој воздух, Го дишеле само луѓе, ама такви какви Господ ги замислил: без изгубени души попатни.
39
отковидување | зборник поезија
И ЦРНАТА Е БОЈА Како мали деца со лижавче што ги залажуваат така ни е подарено битисувањето ни: “...Еве ви поживотарете малку...“ И замислете некој, најверојатно сериски убиец на серотонин, си зеде за право да ни всади потсвест дека патот пред нас ќе биде наквасен со водите од бањата на Клеопатра! Затоа јас почнав да учам да ставам светкав брош на секоја тага да ја одболувам со кармин секоја болка и да капнам малку мошус на секоја несреќа! А зошто би биле помалку вредни кога знаеме дека СЀ престанува, дури и умирањето, ама смртта - никогаш!
40
отковидување | зборник поезија
ПОПИС НА ЖИВОТОТ Мудрост е да знаеме да го измериме и премериме благото кое го поседуваме: да знаеме до кај сме стасале, кај сме згрешиле и каде итаме; да видиме колку сме изарчиле и уште колку имаме; да се потсетиме и запаметиме; да повториме и продолжиме. Ама, тргнавме ли попис на сакањето да правиме тогаш знам дека некаде непоправливо сме погрешиле!
41
отковидување | зборник поезија
Александар Михајловиќ НАДЕЖ Немилосрдно гази, фрла, уништува. Кој повеќе, ајде! Немој ќе рече, а со стисната уста промрморува дека боли, секое фрлено ѓубре низ браздите гние, болката се пренесува низ Вселената, надалеку. Знае, ќе чујат, доцна нема да биде, низ ридот дува, зелен ветер носи. Секогаш тука ќе е сите да нè бранува.
42
отковидување | зборник поезија
Цветанка Колева БЛИСКУ ДО СВЕТИЦИ СМЕ! Прекуноќ од една кожа во друга се втеравме, вијугите ги размрдавме, за два дена нешто во нас се отвори, очите ги протривме, па се загнавме да се штитиме повеќе од што се штипевме, прашувајќи наоколу во транс: - Од каде дојде чудово, од каде дојде чумава?! Ами сами си ја викнавме дури се клоцавме... И сега стои пред нас исправена оваа шизичка со колкови и потсечени фармерки по ладно време. По малку нѐ наболува по нешто, таеме заитани близу светици, в себе.
43
отковидување | зборник поезија
ОД ДРУГАТА СТРАНА НА МАСКАТА Без ѕвезди на пола месечина, облаци навалиле, се искашлуваш нагоре без да ставиш лакт на уста, па тие капки од плунката твоја своеволно се качат на облачето ближно, ѕвезди стануваат. Почнуваме наново да ја светлиме приврзаноста и си кажуваме што сме чуле: - Елката во човекот мора постојано да свети! Да не застанува. Да не затајува! Еве гледај како небово во ноќта засвети од овие коронови капки. Нека светат и во тебе капки роса! Ги редиш ѕвездите како лампиони, кај ќе ти се падне. Има некој ред, кога погледнувам оддалеку. И опачината е лице во која можеш да се затрескаш. Колку е лесно сè ако раскрстиш со неверeмето, оти време е.
44
отковидување | зборник поезија
Зоран Костески ЗБЕСНАТО ЗЛО Надвиснато збеснато зло над цел Господов свет, трепери човекот од страв ова зло го коси човековиот род. За ова зло,луѓето се исти не ги одбира ни по вера ни дали си лоши или добри ни бојата на човекот му е важна. Се нафрли на човекот. Зошто го нападна човекот? Зошто сака да ги сотре луѓето? Безброј одговори на овие прашања. Таа ламја се спријатели со загаденоста, со нечистотијата, со злобата, со омразата... со ѓаолските вештини. Во целата планета човекот е облеан со љубоморни искри. Каде ни е слогата,искреноста? Каде ни е почитувањето? Каква ни е еколошката свест? Каде ние грижата за нашата природа? Можеби сака да ни испрати силни пораки за негрижата на нашата планета. Голтајќи човечки животи, заразувајќи огромен број на луѓе, мора да нè облее Пастеровиот апел за беспрекорна хигиена. Хигиената да ја подигнеме на највисоко ниво, да му застанеме на патот, да му ја скротиме злобната моќ.
45
отковидување | зборник поезија
Да им олесниме на неуморните здраствени работници, со Господова помош, заедно сите да го победиме ова разбеснато светско зло.
46
отковидување | зборник поезија
Аниса Мустафи ПУСТИ НОЌИ Ох луѓе дали станува збор за пандемија или пландемија една буква, а различни описи нашата земја прави пописи. Во овие ноќи се прашувам дали овој свет прави пауза, дали одекна нашето ехо на мојата самотија јас раскажувам. Навидум мал, а голем во светот настанал проблем не те одбрав тебе, всушност ти ме одбра мене.
47
отковидување | зборник поезија
48
отковидување | зборник поезија
Љубе Цветановски ВРЕМЕ Е ДА СЕ БИДЕ ДОМА Птиците ги носат облаците на своите крилја и најавуваат дожд. Време е да се биде дома. Крај прозорецот венеат трендафилите со милост на вечерно ѕвоно, а лазачите под дрвените кори престанаа да дишат. Треба да ги одмориме рамењата распнати од планините до ливадите, да ги оплакнеме очите што гледаат само земја и небо. Време е да се биде дома. Дождот паѓа и му дава душа на семето. – Тоа – велеше дедо ми – е музика што одекнува во подземните ходници и го буди плодот, а нас нѐ тера да ги склопиме очите да го дишеме, дишеме спокојството и како морни птици да се кротиме во благоста на тишината. Време е да се биде дома.
49
отковидување | зборник поезија
Љупка Антеска ПРОЛЕТ НИЗ МАСКИ Бевме многу разгалени луѓе, ладни, алчни, 100 лични... И ни дојде ваква пролет. Градинките и школите се без деца. Улиците празни. Учиме одново што е тоа „дома“ и како се седи таму. Сега крвта ни се одмрзнува капка по капка, со врели солзи, капка по капка. Бевме многу разгалени луѓе Ќе нè тресне ли доволно добро оваа пролет што ја дишеме низ маски?
50
отковидување | зборник поезија
Жаклина Свеќаровска НА МЕСТОТО КАДЕ ШТО Е САХАРА, ПОРАНО ИМАЛО МОРЕ Додека сечило од сечило ги удираме остриците на претчувството, нервозни поради тапата болка во папокот, грижливо сокриен како копиле кое штркот по грешка го оставил на прагот од високоморално, малограѓанско семејство, во утробата на небото се накрева вителот. Се ближи невреме... Психијатрите гостуваат во утрински програми, елоквентно и зачудено дискутираат за можните причини на масовната анксиозност што веќе добива епидемиолошки размери. Се ближи невреме... Во налети, слој по слој, ветрот ги соблекува, како песок ги развева пластовите лажна очовеченост сè дури соголени не останеме да се белееме како остатоци од коски во пустински песок.
51
отковидување | зборник поезија
ПЕРОН БР. 6 Никој никого не пречекува,освен група маскирани во тегет костуми кои се прегрнуваат со туѓинците додека тие сѐ уште збунето мижуркаат обидувајќи се да ја подголтнат вчуденоста без да го набрчкаат носот. Граѓански активисти делат кондоми. Некоја бабичка дише преку марамче. Секој секого демне под око подготвен да му скрши нога ако се обиде да влезе пред него кога ќе дојде возот. Мрсулави гамени вадат штрафови од шините додека симулираат играње џамлии. Перонот е преполн иако веќе многу возови поминаа. Кучињата - скитници нѐ гледаат со очи полни сочувство додека гладни и исплашени ‘ржиме едни на други.
52
отковидување | зборник поезија
Билјана Ѓ. Гаврилова ДАЛГА НА СТРАВОТ Среде бел ден ни се заканува дека ќе ги отвори портите на неспокојот Тој што грозоморно в срца да се задоми сака Тој што без колебања на врв - ужас се искачува клештејќи се од смеа во чекор да го отклучи врисокот и да легне среде мирот на расцутената пролет дури големиот пожар на векот гори дури светот неутешно плаче дури ни едрат сиви сенки по челата Пристапува полека и од мразот постудена далга на стравот што ни иде во очите бестрашна а не смееме ни да ја исплукаме не смееме сѐ да уништиме.
53
отковидување | зборник поезија
Марија Лозаноска НА ЗЕМЈАТА Ѝ ТРЕБА ПРОСТОР ДА ОЗДРАВЕЕ Земјата почна да дише. Додека на други им се одзема здивот. Одете си дома, ни рече. Ми тежевте, воздивна. Вие и вашето око лакомо. Имам и животни, рече. Имам и тревки. Природа. Одете си, ме боли. Жалам што вас ве боли. Јас сум таква со векови. Дозволете ми да расцветам. Без да ме газите. Одете си, да подишам. Не е Трета Светска војна. На Земјата ѝ треба простор да оздравее.
54
отковидување | зборник поезија
Д. А. Лори ВО ЧЕТИРИ ЅИДА Позајмувам време, ќе ти дадам од моето лето, ќе ми вратиш од твојата пролет, после дојди ми како снег во август, јас ќе се чудам и повлекувам, ти врати ме од пола пат, ќе живееме на клупата сред соба, ќе отвориме прозори за да му пркосиме на ѕидот, ќе му дадеме на ветрот да нѐ покрие со бадемов цут, да ни шепоти за Африка и Тоскана, да тече животот во нас зад затворени очи; ред желби, ред љубов, ред копнеж по слобода.
55
отковидување | зборник поезија
Игор Крајчев ИЛУЗИЈА ВО ВРЕМЕ НА ОСАМА Во друштво на сопствената мисла ниту еден не е осамен, оти таму живеат сите што некогаш ти го омекнале погледот... Осамата е сон кој го сонуваме, гонети од нашата желба за себепотврдување, за себеиздигнување... И тешко да се согледа, оти никој од нас не е остров, оти никој од нас не е капка, оти сите сме еден континент, едно море... Можеби не наликуваме еден на друг како и страниците во една книга, а сепак сите заедно составуваме една иста приказна... Затоа не сум сам, не си сам! Само некогаш, во мракот изгледа така, тогаш потони во своите мисли... Таму меѓу сите кои те љубат, во мир чекај го новото изгрејсонце... 02. 04. 2020 година (напишана во карантин во Струга за време на коронавирус)
56
отковидување | зборник поезија
Наталија Наумовска ПРАЗНИНА Улици испразнети, тишината вечерва победи, можам да ѝ ја наслушам триумфалната песна, единствен надворешен звук се лаежите од кучињата што насетуваат дека нешто се случува. Спокој и празнина осеќам истовремено, времето ми стана сојузник, за сите поплаки дека го немам доволно ми покажа како е да располагам со него целосно. Светот се стиши, ги испразнивме местата за да ги наполниме домовите, да се свртиме кон себе, да се поврземе со себството и да се зближиме со семејството. Убава лекција учи празнината, да не се потценува изобилието ниту целосната слобода, невидливиот непријател е учител што мора да го победиме обединети, а сами, тој е закана преку која планетата ни се одмаздува, а ние сме должни да ја спасиме. Земјата е соочена со предизвик, ние луѓето со огромен животен тест, битката ќе ја добиеме ако го правиме тоа што единствено се бара, никогаш не било полесно за да се спаси човештвото, да се спречи згаснување живот не е потребно оружје, не е потребно крвопролевање или борење за престол, сѐ што треба е топлината на домот и стуткани во нашите прибежишта да се препуштиме во возот на неизвесното, оти сите сме во истиот брод кој не сакаме да потоне,
57
отковидување | зборник поезија
не сакаме да биде како во Ноевата арка без потоп, да не дојде да се избира кој ќе се спаси, а кој ќе биде оставен да се дави, да не биде принуден избор според возраст кога може да се одбере покрив над глава наместо подоцна болничка соба, кога може да се одбере ол инклузив домашна соба со сите предности отколку бели ѕидови и кревет со распаран душек на кој лежеле многу тела, кога може да се избере пријатна атмосфера со најблиските наместо тажна сцена што не ни сакам да ја замислам ниту опишам. Сега пак животот е целосно во наши раце, секогаш и бил, сега и туѓите животи зависат од нашето однесување, сега не смееме да сме себични ниту да се замислуваме богови, на исто рамниште сме сите, го имаме истиот шпил карти, сега е време да ја одиграме нашата главна улога во оваа драма за да извојуваме победа и празнината да ја исполниме со живост. Нека се живнати домовите со нашата енергија, растрчани насекаде сме им недостигале, многу од нив по којзнае колку долго замирисаа на колачи и цимет од детство одамна заборавени вкусови, живнаа и спомените, фотоалбумите барем еден ден го победија фејсбук, а носталгијата нѐ натера одново
58
отковидување | зборник поезија
да се запрашаме што е вистински вредно. Се вративме на корените за да ги пуштиме подолго, за да ѝ дадеме простор на Земјата да се стабилизира, нѐ принуди да запреме за да сфатиме колку сѐ било брзо, нѐ врати во времето кога семејството било најважно. Празнината се пополнува, ако целото е дел од нешто, нештото е поголемо од целото, ако човекот е дел од Земјата, Земјата е поголема од него, ако сме ние дел од сѐ, ние сме живот – да го зачуваме.
59
отковидување | зборник поезија
Магдалена Чапаровска ЗАРОБЕНИ ПТИЦИ Дозволено ни е сѐ освен да го напуштиме кафезот. Оваа пролет е како пурпурен, опоен цвет заробен од другата страна на стаклена градина зрак, а ние сме заклучени во визбата заводлива насмевка под превез зелена боја пред далтонист виолина без гудало компас без стрелка дом... без потомство пеперутка со скршени крилја. Дозволено ни е сѐ освен да го напуштиме кафезот!
60
отковидување | зборник поезија
Милена Ристова - Михајловска ИСТИ Бевме надвор, а отуѓени. Дома сме, и пак на светот вон - туѓи. Бевме физички блиски, духовно далечни, во Верата - недоволно верни, од Религијата - дистанцирани. *** И енергија со сива конотација и завист и престижи, ко пареа од Земјата во Космосот се пратија. И сега зошто ни врне? Агрегација. На Космосот му пречи Хаосот. Рамнотежа му фали. *** Време - невреме во пост и по пост... Празници различни муслимани и христијани ќе слават, МОЛИТВАТА саде ИСТА ќе биде, та ќе сфатиме оти ИСТИ сме и оти од утре ништо веќе не ќе биде ИСТО на планетата Земја. Таа оти многу истрпи, колку ли ќе нè истреби, само Господ знае... Колку што е Он Милостив и Семоќен, толку сме минорни и безмоќни. *** И додека нѐ требат, дали и духовно ќе нѐ прочистат? Дали ќе се осудиме да не судиме оти на големо ни се суди? Многу се залетува(в)ме, а крилјата ни се на сите ИСТО кршливи.
61
отковидување | зборник поезија
*** Секој со својот пат, со својот суд, а сите ИСТИ пред невидлив противник и со ИСТА вера за спасително утре и со ИСТА надеж дека и низ ова ќе истраеме, и ова ќе го истрпиме и ова ќе помине!
62
отковидување | зборник поезија
63
отковидување | зборник поезија
Игор Исаковски ЌЕ
(... ќе ја кивнам смртта) си гледам меѓу стапалата: бездна од пропуштени патувања, клисура од навестувања... добри ми се стапалата, со нив, исправен и горд ќе зачекорам преку работ: границата што ги дели световите на мртвите и помалку мртвите. ... Со стапалки кои танцуваат преку разиграни клавиши... ќе тргнам, со сета своја снага, со сета сочувана телесност: ќе биде лесно, сосема природно како кога кивам, како копнеж.
64
отковидување | зборник поезија
Славица Гаџова Свидерска ЗАКЛУЧЕН Е СВЕТОТ Заклучен е светот луѓето панично бегаат од смртта како рипки што се удираат од аквариумското стакло ги заклучуваат сите врати и прозорци, ги повлекуваат ќепенците, ги спуштаат ролетните, ги прекриваат сите огледала во домот плашејќи се да не ја видат во сопствениот одраз Заклучен е светот морињата и океаните се преселуваат на географските карти и во атласите Светот е заклучен сите негови пустини се затворени во еден песочен часовник што ги одбројува времињата на стравот
65
отковидување | зборник поезија
*** Кои сте вие што го претворате светот во самица Кои сте вие што ставате бодликава жица меѓу два бакнежа Кои сте вие што тивко ни пишувате врз коските имате ли метални кутии место срцa бројчаник што отчукува наназад до нула имате ли очи да замижете пред сонцето * Кои сте вие што ја врзувате слободата во лудачка кошула Знаете ли за студената вода на планинскиот поток ви слетала ли бубамара на дланката сте виделе ли верверичка што претрчува на патот Знаете ли дека ластовичките секоја пролет се враќаат под истата стреа и нѐ подучуваат уранографија * Кои сте вие што ни забранувате да излеземе на сонце се сеќавате ли кога бевте деца на лето собиравте светулки во тегла
66
отковидување | зборник поезија
зашто се плашевте од темнината * Кои сте вие што ни ги затворате устите со маски Кои сте вие што ни цртате брчки на грижа и од челата ни го бришете крстот
* Кои сте вие што ги труете водите што оставате кал и сува трска на местото на езерата со кое право ни буричкате во клетките на крвта во осветената вода и во причесната * Кој го прогласи човекот за нечист кој ги откорна усните од лицето и ја одра кожата од рацете Кој се осмели да го дезинфицира Господа
67
отковидување | зборник поезија
* Вие Што го претворивте светот во лабораторија не знаете за сите бои на орхидејата ниту за сите ноти на славејот Вие што нѐ држите во страв од напад не знаете за нашата божествена одбрана
68
отковидување | зборник поезија
Каролина Димовска ЗАРОБЕН Ја чувствувам иднината низ разни мигови кои како пожолтените есенски лисја се веат пред моите очи. Бранови ја поплискуваат земјата мирна и исполнета со топлина, снегови ја натрупуваат давајќи и нова обвивка. Пејзажот, отворен пред прозорецот незабележително се менува, маѓепсани од сегашноста мечтата потајно свенува. Сам, заробен од канџите на земјата, наоколу луташ беспомошен, но само новата промена прифаќајќи ја свесно, те прави моќен. Среќен си Ти што се имаш себе си, со бистри очи за да ја видиш убавината, слушајќи ја музиката на среќата и следејќи го срцето за да ја откриеш љубовта. Трагајќи по скриеното богатство, барајќи го Она зад безброј планини, затварајќи ги очите пред среќата, е тоа се човечки мачнини.
69
отковидување | зборник поезија
Божана Тренческа МОЛК Се замолкна за да ја слушнеме тишината која ги има најубавите звуци и оние на ветерот и тие на тревките, зашто сѐ што нѐ опкружува зборува тивко А ние горди на својата гласност, а можеби само несвесни дека гласовите од тишината се тука околу нас, никогаш не ги слушнавме, не ѝ се израдувавме Денес заробени во ова време-невреме кога човек од човека се плаши од сечиј здив бега, за својот да го спаси, се повлековме по домовите оставајќи ја природата сама да си зборува Затоа од далеку им се радуваме на цветовите немоќни да го почувствуваме нивниот мирис, тажни зашто утре мирисот ќе го нема Одненадеж насекаде сѐ замолкна можеби за миг, колку природата да заживее, да одмори од чекорите ни тешки, од шегите ни гнасни, а така ќе ја чуеме тишината и ќе научиме како да се споиме со природата.
70
отковидување | зборник поезија
Ален Нанов А. К. А. – ХУДИНИ Си блеам (као и увек) У една чаша... И пази, без да праша, Заклучи: “Д'ВИРУСО ТЕ ОПАША...“„дома“ “Е арно де“, викам, (повеќе) изигравајќи “кул“, повеќе правејќи се “фаца“, Иначе, да бев Солев ГРАТИС ќе му ја дадев Раца... Ништо НЕЕ... Има да го “прележам“ и без кондом АБЕ, ЈАС СУМ СТАР БУЛ!!! ВИИ НЕ ЗНААТЕ ПИВО КА КИ ВИ СЕ ЗАИНАТЕ... И КА КИ ФАТЕ СИЧКО ДА ВИ СЕ КЛАТЕ... “И 100 пати измеќар, БЕЗ КАПКА ЌАР ќи му би'ите и Ноијзте ќи му и миите, А воота - вии “Светците“ ќаа пиите!“ Е “Процес“ е, да, ама НЕ на КАФКА јас уште га чекам ИСТИНСКАТА КУКУМАФКА!!! СТИСКИ ПАЛЦИ, ОЛАБАВИ ЖИФЦИ, Оти КОЈ ќе ги исправе СИТЕ КРИВИ КЛИНЦИ!!? А па, к'а ќе се појават СИТЕ стрини СИТЕ ненаштимани “прима-виолини“, Е тука ВЕ оставам само на ХУДИНИ!!!!
71
отковидување | зборник поезија
Снежана Паноска ПОМЕЃУ Помеѓу две лета и една зима, се насобрале годините небаре бисерен ѓердан, нанижани топчиња бели и црни, оставен на гушата, да те красат или да ти тежат, помалку или повеќе, секому своите, а мене моите. Помеѓу два дена и една година, се насобрале спомените, горчливи, тажни или радосни. Tи го красат животот, издлабени на лицето ги собираш во срцето, ги фрлаш, да не ти тежат, ги црташ или запишуваш, пред огледало ги броиш, поголеми или помали, секому своите, а мене моите.
72
отковидување | зборник поезија
Игор Трпчески СОБОР НА АРХАНГЕЛ ГАВРИЛ 2020
(на Митко Г.)
Од утрина сонце не се кани да зајде, а полна месечина гледав до пред малце. Цел ден совршен пејсаж небо боја на растојание маскирани пред банките стојат. Раздвиженост има радост, тешко да се најде ни од роденденски забави веќе нема фајде. Темите исти само политика се бистри ни белосветски мерки не ги обединија овие ѕверки. Од луѓе се одличивме ништо погодено не ни е единствено надежта дека бргу ќе мине. Кој да зине ќе згреши да молчиш не е злато ја бараме целта, а го загубивме патот. Саатот тешко чука времето си мине
73
отковидување | зборник поезија
да фатиш во двор работа најдобро ќе биде. Некоја мачка се омачила направила лом дур не нашла кутија соодветна за дом.
74
отковидување | зборник поезија
Мариета Дукиќ РАЗМИНУВАЊЕ Гледав во умртвениот прамен коса пребројувајќи кој е следен за заминување, не сетив како падна последниот лист.
75
отковидување | зборник поезија
Марина Мијаковска СТАКЛЕН БАЛОН Денот го престорија во ноќ. Улиците се слепи и празни без никаква секавица од минувачи. Избришани се сите траги од буката на секојдневниот животен стил. Луѓето се внатре, а животните се надвор. Само птици во воздухот и црни глувци на земјата. Конечно животинските видови си ги заменија улогите на моќен-немоќен вид. Светот го претворија во медицинска епрувета. Во нас ријат сите човекови желби за слобода на движење. Светот ги затвори своите врати, а нам ни останува да ја вдишеме секоја капка живот преку одразот од стаклените прозорци.
76
отковидување | зборник поезија
Розе Миткова ПЛЕТИВО Десната рака плете, левата отплетува, а и кому му е до плетење. Го мијам сончевово утро со разредено белило, па се прашувам дали ќе ме убие прекумерно вдишаното белило или невидливата закана или можеби видливиот страв, кој ту се шета по празни улици ту ѕирка од прозорци со навлечени завеси и нѐ претвора во нов вид луѓе или нелуѓе.
77
отковидување | зборник поезија
Фросина Тасевска МРТВИЛО Меѓу нас само воздишки и оптегнати жили на вратот. Во оваа наша краткотрајна битка со искривеното безумие, зборовите ги заменивме со ржење наместо говорење. Од кротки јагненца станавме раздразнети бикови меѓу стадото со добри кабаници и ќулавки. Тажна замреност лебди во просторот. Надвор сè уште се чувствува пулсирањето на паничниот страв, времето за инает ко да стои. Смешни сме. За некои. И после, светот бил во агонија!
78
отковидување | зборник поезија
Давор Стојановски ЗАРАЗА Умирањето е разбирлив парадокс кога им ја одземаш болката на минутите. Животот е вирус, се бранува низ воздухот. Тивко предупредување дека блискоста на луѓето е недоучена болест. Во самоубиствено повторување заразата добива облик на човечки тела. Единствено видливоста е она што вистински нѐ боли. Нема поправка, само заборав. Неповратно ја снемува и се најавува во бела бучава. Живурка, отчукува, а некој провизорично ѝ одбројува.
Од „Импровизирани часови" (Темплум, 2019)
79
отковидување | зборник поезија
Славица П. Диневска КЛУЧАРИ Птиците ја повторуваат својата песна со истиот бистар цвркот не знаејќи колкумина од оваа публика оглувеа од татнеж. Во ушите пулсираат само срцеви бранови. Гледаат горе. Пеат со чисти грла, не знаат што е тоа публика, птиците имаат небо. Птичјото око не гледа довршен круг, крај што се спојува со почеток. Птиците се љубат во прстени и танцуваат слободни во бесконечни патеки. Високо се над нас. Отсекогаш птиците биле многу високо над нас. Со тешки чевли цртаме кругови во песок. Шестари сме под птичје небо. Правиме сончеви часовници од нашите сенки, црни сенки што се тегнат да го допрат кругот и пак се смалуваат во центарот. Еден ден ќе се вратам дома. Кога ќе сврти овој часовник, оваа сенка, ќе си дојдам. Прозорецот со решетки од Црквичката на Големиот рид ги виде сите наши ронења. Езерото онеме. Долината со сите испружени патишта ни црташе сонце.
80
отковидување | зборник поезија
Но ние бевме станале бројачи на гробови, изморени, со изгребани души. Сега молчешкум ќе го предадеме клучот. По авлиите кобат камени здивови, една црвена тревка под мостот остинува. Под оревите прават ново место, копаатновите бројачи. Новите чувари на клучеви. Птиците пеат со чисти грла и мижат во својот занес исто и за еден како и за стотина будни. Птиците се високо над нас, се радуваат на денот бесконечен не спомнувајќи нè, не паметејќи нè нас. Високо се над нас. Отсекогаш птиците биле многу високо над нас.
81
отковидување | зборник поезија
Ирена Јурчева ПОГРЕБ Вечерва го погребавме младото човештво Ние сме новите чеда на она старото последното кои свечено се одрековме од сите негови блага
82
отковидување | зборник поезија
Владимир Мартиновски КАРАНТИНСКА ПЕСНА Слушај, сите потонале во зимски сон (Цревата кркорат ко коњи што пасат) Велосипедите се навалени ко Пијаници задремани на маса На лулашката се лула само оса (Семафорот врти само за призраци) На болните тивко вечера им носат Пригушено во дует плачат близнаци Слушај, само мачки шетаат слободно (Кучињата не лаат ко да ни се лути) Слушај, на црешата ѝ е доволно Малку молк за да се чуе како цути Слушај, ластовиците се пак над нас (Баш им е гајле што е полициски час)
83
отковидување | зборник поезија
Катерина Гогова НА КРАЈОТ На прагот последната надеж го ситни денот, сè се рони, белите крошни над дворот, облаците над градот, времето знае кога завршува. Прозорците незнајно и наивно ја затвориле вистината, ништо не им преостанува, го држат последниот здив во борбата за слобода.
84
отковидување | зборник поезија
85
отковидување | зборник поезија
Христина Деолска ПРЕД ХРАМОТ НА ВРЕМЕТО Меѓу две светилишта телото го распнувам на лакот на времето, кришум молејќи се семето несозреано да не чувствува болка, го плукам патот со неизречени клетви. Зајдисонцето нуди нови воскресенија пред храмот на мртвите птици.
86
отковидување | зборник поезија
Ирена Блажеска И ОВА ЌЕ ПОМИНЕ Ќе помине Сѐ ќе помине На крајот победници ќе бидеме. Ќе помине И стравот во телото И горчината во душата И темнината во очите. Сѐ ќе помине. Ќе се врати светот пред прагот стар Ќе се вратат и навиките Ќе се вратат и поимите. Сѐ ќе си дојде свое на своето И ќе победиме И тогаш триумф ќе носиме Заедно со докторите и сестрите Заедно со полицајците и војниците И со аптекарите, продавачите И со волонтерите Сите заедно ќе аплаудираме Овој пат рака за рака Овој пат сплотени Овој пат човечни. И пак ќе речам Сѐ ќе помине Болеста на 21 век Минато ќе постане Ќе замине без враќање Како слика скршена на парчиња Како зрак удавен во бурата. Сѐ ќе помине Потребно е само да издржиме.
87
отковидување | зборник поезија
Тони Павлески БЛУД Се нафрливме сите бездушно и ненаситно врз меѓуножјето на планетата земја. Блудничевме и се изживувавме, гледајќи ја лична, сама и без одбрана. Не видовме оти телото ѝ го испоганивме, душата ѝ ја расипавме, па многу венерични болести се префрлија на нас. Сега заедно страдаме и гревовите ги плаќаме, иако сенекој друг ни е виновен за нашата ненаситност. Не дај Боже, да стане неродка или пак над деца мртвородени прсти да си кршиме.
88
отковидување | зборник поезија
Снежана Стојчевска Ѝ ТЕЖИМЕ НА ЗЕМЈАТА Ѝ тежиме на земјата ѝ ја пиеме крвта како болви сака да нè истресе од грбот затоа е овој земјотрес, поплава, мраз, вирус.
89
отковидување | зборник поезија
Марија Грубор чистам спанаќ. теоријата испарила од глава. [јас сум само две окрутени дланки без свое тело.] која година беше кога Адорно првпат кивна? [јас сум коренче истресено од својата топла земја.] ги кинам грубо ливче од телце ливче од телце и потем чешмата што капе ми шепнува: ти си жива вода. како и секогаш ме кара. [јас сум стрвно глуварче без својата умна круна.] дланките ми омекнуваат како искиснат спанаќ, впрочем па сега кинам нежно ливче од телце ливче од телце [јас сум штраф стркалан длабоко под твојот кревет никогаш нема да ме најдеш.] кога беше кога Сартр го допи млакото кафе во дрвената кафеана додека гледаше едноног гулаб како се дави на преголемо залче леб? памтам само
90
отковидување | зборник поезија
дека го остави да умре. дупките во ситото во мојот разлистен мозок се раширија од впрочем, јадење многу мртов спанаќ и сите скаменети цитати се лизнаа се стумбаа се утепаа и потонаа кон одводот гушнати со моите дивјосани влакна и топлата слечена земја. а јас не приметив јас не приметувам јас ништо не би приметила јас никогаш ништо не сум приметила. [јас сум отупен молив на дете чија самохрана мајка нема пари за острилка.] чистам спанаќ. дланките ми се тресат ливче од телце ливче од телце тажна сум што од мајка си го двојам за потоа да го киснам за потоа да го варам за потоа да го излокам за потоа да го отфрлам исто како сѐ што некогаш голтнав. дали Сократ го носеше патецот насреде или малку в лево? јас бев ќибрит што опожаруваше истрошени светови. јас сум ќибрит натопен од чешмата која неуморно капе.
91
отковидување | зборник поезија
и којзнае дали некогаш повторно наполно ќе се исушам и кој би знаел дали некогаш повторно ќе ти ја запалам цигарата, Свету и кој ѓавол да го знае дали некогаш повторно со пламени јазици ќе ја излижам твојата болка. јас сум спанаќ кој се чисти сам себе ливче од телце ливче од телце тресејќи ја од себе сѐ уште топлата земја. гол, зелен и настинат доброволно влегувам во тенџерето. теоријата испарила од глава. всушност, нема веќе глава само две растреперени дланки без коренче ниту тело. оставете ме сега на мир. чистам спанаќ. јас сум само жива вода.
92
отковидување | зборник поезија
Љубица Шопова СПИСОК Списокот за пазарење се претворил во листа со желби. Секогаш нешто фали и никогаш нема крај. Писмо до Дедо Мраз во март. Прошетките на релација од северниот до јужниот прозорец се новата патека што треба да се изоди. Застоените мисли и намирниците на залиха - главни состојки на алхемијата на изолацијата.
93
отковидување | зборник поезија
Милчо Мисоски НЕВИДЛИВОСТ „Стравот владее со зборови“ „И беа оставени таму една до друга без име и презиме туѓинци во своето сенките да им бидат соништа.“ На брегот бранови замолкнати од осаменост или од несовесноста на тишината. Во паркот зборови во кафез претставата била нејасна за голата публика. На пазарот продавачите продаваа само безбојни цветови боите ја претскажуваат иднината. Верувам далечината доволно темна за моите заминувања да останат невидливи.
94
отковидување | зборник поезија
Рената Пенчова КАРАНТИНСКИ СТИХУВАЊА Кактусите се тивки, платната разиграни, а стиховите гласни. Не се газат патиштата до Млинска долина, недокажани се соништата оваа пролет. Универзумски сили ни течат во вените, бранови се топат во нашите дланки. Изолирана слобода или земјено препородување, ќе бидеме сѐ што не бевме вчера.
95
отковидување | зборник поезија
Искра Донева ОСЛОБОДУВАЊЕ Го начека неспремен во 21-ви век, вирус го кутна Човекот, го клекна на колена, за да се исправи над егото, за да ја преиспита својата надменост, дека е над сè и сè знае. Вирусот го притера Човекот од страв да се повлече, да се скрие во домот меѓу четири ѕида и таму да се соочи со себе ако има храброст. Природата се ослободи, се прероди, живна, расцути, се раздвижи, животинките и билките си ја вратија хармонијата, сегде црцор и цут. Времето ко да запре... Човекот доби можност да се рестартира, да ги разбуди човечноста и талентите, морално да се рехабилитира, да си ги подреди приоритетите, да сфати кого љуби и каде оди. Што ќе одбере? Просперитет или пропаст? Едно знам, каква птица си, таков ти е кафезот... Можеби леташ слободно?
96
отковидување | зборник поезија
Андреј Јанков ПОГЛЕД Тмурен и студен погледот ти е. Под сонцето стоиш и се криеш, со очи ко јатки оревови ѝ пркосиш на судбината ѝ вртиш грб, небаре очите не те издаваат чиниш срцето нема јазик и кротко се повлекуваш чекор наназад од себе.
97
отковидување | зборник поезија
Биљана Ѓоргиева Зринк ПРВО ПЕЕЊЕ Се кршиме како гранки суви. Крцкаме како ореви под забите на верверицата. Не се слушаме. Секој е сам во колибата направена од страв. Каменот си тежи на местото. А каде тежиме ние во неизвесното?
98
отковидување | зборник поезија
Лилјана Пецова Илиеска КОПНЕЕЊА Ми Ми Ми Ми Ми Ми Ми Ми Ми Ми Ми Ми Ми Ми
се се се се се се се се се се се се се се
купува авионска карта. м'кнат куфери. чека на станица во метро. запишува нешто налик на скаменета фотографија без тебе во неа. зазорува некаде простум. запознава со некого в душа. паркира над облаци. слушаат звуци без зборови во нив. филува торта која нема да ја јадам. заблажува ама не од чоколадо. раскрилува на хартија. пишува пишува (от)пишува...
99
отковидување | зборник поезија
ЕХО Ајде, станувај! Сум решила денес денов ќе е убав. Сончевина ќе ти принесам да се потстоплиш во бедрата и под градите. И мудрост да ме препознаеш меѓу сите што денес ќе ти се понудат. Станувај! Имаме уште многу за расправање. Наеднаш добив желба да се надживеам.
100
отковидување | зборник поезија
Македонка Маџирова ОБРАЌАЊЕ * Живеам на буниште. Рутината не е алтернатива Во светот престорен Во копнеж. * Застрелани се нашите надежи Немаме ни последна желба Ни волшебно стапче. * Сврти се кон мене Опфати ме со поглед Со насмевка охрабри ме И татковски прегрни ме. * Соткаени се вашите соништа Во џебовите од Ланските капути. * Не е возможно Да се остане во тек Со мислата водилка. Секогаш пречки, секогаш Само испрекинат Здив. * Див, небесно син Порив си пробива пат Со болки на прворотка.
101
отковидување | зборник поезија
Тихомир Јанчовски ОДАМНА НЕ СЕ ПЛАШАМ ОД НИШТО Одамна не се плашам од ништо и си го барам, со огин што гори и не изгорува одамна не му верувам на умот кој е бесно куче што лае и не може да престане одамна памтам и го знам дека лаже толку пати ме излажал што веќе нема шанси да му дадам да ме води далеку од места и предели што не му се познати тој е невиден “зихераш“ копиле гладно и жедно по моќ и груби задоволства пријател ми е стомакот тој е искрен и прост и не знае да лаже гладен е непогрешлив а кога е сит му се повраќа ми вели да ги одбегнувам оние чие присуство му создава тежина и тегобност и да се држам до оние од кои му е весело и лесно или скокотливо не се битни кажаните зборови ниту искажаната намера лагата е одвратна во ласкавецот има сотона што ти ја мерка душата и сака да пие црна крв и да ја меша со својата бегај од човек што ти прави цигла во стомакот и ти го мрачи денот не давај умот да те лаже дека циглата си ти, не си, држи се до пеперутките.
102
отковидување | зборник поезија
Сузана Мицева ЗБОРОХРАМ Од зборовите направи жртвеник и секој ден принесуваше по еден чист збор. Под каменот, на земјата околу, насекаде посади цвеќиња миризлив бедем на љубовта. На крајот падна на колена и тука во тој светилник соѕида зборохрам, зборогор.
103
отковидување | зборник поезија
Смиља Николовска Василевска МОЛИТВА О Господе, толку ли беше себичен, та траењето ни го затвори во ковчег од години и ноќи? Дај нека се отворат портите на метузалем пред влезот на будењето, барем сонот да ни биде вечен. И дај Боже да пиеме уште од бунарот на Векот.
104
отковидување | зборник поезија
Марко Виденовиќ СЛОБОДА Што ќе ми е светот да го освојам кога можам во него да живеам и сиот слободен да го уживам, без да го поробам за стопан да му бидам. Што ќе ми е морската шир за само да ја освојам, кога можам низ неа безгрижно да пловам, а ако ја освојам, грижа ќе ме јаде и нема очи да склопам додека стражарам, за друг ваков, ист како мене да не ми ја освои. Што ќе ми си ти освоена, како од тиранин зол нападната и заробена, во синџири окована, кога можам ваква, слободна и среќна да те љубам, да ти се радувам додека во прегратка ти заспивам.
105
отковидување | зборник поезија
106
отковидување | зборник поезија
Билјана Ангеловска ГУШТЕР ВРЗ ДОРСКИ СТОЛБ Времиња измешани во сопственост крута Припек од небо и земја воздухот неважен за дишење Гуштер камено гледа на светот со говор на мртвило Мало движење на опашот и кинење на телото и просторот
107
отковидување | зборник поезија
Елена Соколовска ЛУДИЛО Оставете ги вратите отворени сакам да дишам пролет со сите клетки да бидам природа. Не ги гасете светлата. И потивко со катанците и клучевите, рано е за да ги затвориме душите. Имавме насмевки на лицата и само тоа ни беше богатство. Сега ги немаме насмевките немаме ни богатство. Стоиме во редот на бесмислено чекање, уште денес или можеби уште утре... Денови ли ќе нè поминат или месеци ќе нè изгубат во сивило и мудрување со сами себе. Сакам да трчам до не знам каде, сакам да вриштам силно – сите да ме слушнат! Или можеби сите заедно ќе вриштиме оти сите го видовме лудилото, не сум била само јас. Од различни агли и намигнуваме на Надежта, да не се откажува од нас. Пак ќе пеам песни за своја душа, пак ќе ме разденуваат утра потпрена на шанк, уште со мерак во чашка. Останало доброто расположение за допивање, од деновите кога бев жедна за џумбуш, кога сакав да затварам градски крчми, од ноќите во кои лудилото беснееше и зад затворени врати. Кратко ќе ми трае и мене тоа лудило, доволно за да го истерам од себе гневот што го собирав дур ја гледав единствената слика
108
отковидување | зборник поезија
само низ мојот прозорец. Она лошото лудило нека помине, а она убавото нека си трае, насмевката ни е потребна на сите!
109
отковидување | зборник поезија
Иван Том ПРОМЕНИ И цвеќето кое беше предодредено да биде надвор, молчеше внатре. Таму ги развиваше своите потомци, поклонувајќи ѝ се на тишината. Хаосот од надвор го остави на човекот од четвртиот спрат, кој излегуваше на секоја трета минута на својата тераса кажувајќи по една лоша мисла. Сликите пак на нашата мила пријателка му се радуваа на новиот другар во собата, кој испушташе природна топлина и убав воздух. Новото наметнато време чуда прави.
110
отковидување | зборник поезија
Цветанка Невчева НЕКОИ НОВИ ВРЕМИЊА Со лелеци во постела трошна, чекаме некои нови времиња, утрото над нас да ни осамне!
111
отковидување | зборник поезија
Јане Араников СМАРАГД Индустриализирано, цивилизациско време ги зарази нашите тела и ги ишарка со дамки р’ѓа. Телата почнаа да ни р’ѓосуваат, а душите ни да скапуваат. Како дух, штотуку излезен од волшебна ламба, клечам во смрдлива бара. И наместо мечот на вселенската правда да го забодам во сјајно-зелениот блескав, бесценет камен, гушкам крастава жаба, облечена во црна кошула.
112
отковидување | зборник поезија
Дејан Крстески КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ Кучиња пеат над гробови празни, насобрани луѓе и титули разни, чад издишуваат градовите, културолошко ледено доба. Јаваме дрвени коњи, во прегратка нашите деца ги носиме, од промашени животи концептуална уметност создаваме. Нашите приказни – алегро, дијагнозите еден од друг и од Бога во нас ги криеме, а нашите демони неонски се. Јас сум грмеж во далечина, не ѝ се кикоти на мојата тага, сѐ уште ти ја немам покажано мојата темна страна. Купив нокти од вештерка млада, со нив гревот од телово да го изгребам ко лепра стара, мисливе во плунка да ги удавам. Копам дупка без причина, намената отпосле ќе ѝ ја најдам, со шајки за нас закована со векови спие гола пандемија.
113
отковидување | зборник поезија
Дејан Ангелов ТИ СИ Ти си господарот на своето небо Императорот на сиот универзум - на оваа илузија во тебе тлее сѐ човечко мудар си ко старец и безгрижен ко дете.
114
отковидување | зборник поезија
Ратка Колева Дамњановиќ КОВИДНА АПОКАЛИПСА Сакаш да можеш исто што и ветрот ни еден момент на исто место раздвиженост и живост во лет. Сакаш да исчезнеш, да те снема подалеку од дома, од твојата сенка – одложување на нужноста за соочување со последиците. Колку вреди нашиот труд, нашата мака, мудрост, способност, интелигенција ако лозата на родот свој ја искорнеме? Колку скапоцен е тој влог? Дали ќе можеш исто што и водата да измиеш сè , да избришеш трага боите на стравот да се разложат како спектарот на виножито во меурите сапуница, да се испере комплексноста на ситуацијата, да се сотре сeприсутниот авет сржта на пандемијата? Се обидуваш исто што и рибите да дишеш на шкрги, да испливаш, да останеш во живот, да смениш река, да препливаш океани и мориња, да не си сведок на овој помор. Но каде е всидрена арката Ноева? Кој бил безгрешен, кој ќе биде избран, а кој ќе ја плати сметката енормна за нарачката тешка? Чии белодробни крила утре ќе се згрчат ко видни клешти на суво, на празно, без збогум и прегратка тесна? Незнајни јунаци, недолжни борци без помен и рафал, без херојски песни, нечии родители, блиски, неброени, невини божји чеда
115
отковидување | зборник поезија
затечени и оставени на плеќите кревки, без љубов и утеха да измијат душа, без светол стремеж да понесат тие за надеж света да огрее чувства. Да сплотиме сили и памет и талент за борба против невидниот авет, да се сотре причинителот изопачен, да бидеме поголеми од алчноста клета, поголеми од вселената за опстанок на сината планета. Да се подсетиме случајни поминувачи без право на посед, ненамерни посетители, привремени жители, колективни и индивидуални должници на оваа грутка дарежлива земја кај што не случајно чукаат срца, бликаат милијарди вени. За навек да се одврати заман веќе еднаш да ни дојде памет на сите континенти љубов да превладее древна мудрост од нашите природни гени. А дали сме способни и доследни ние вака совршени суштества кадри, но разединети и ранливи, за таков еден едноставен чин без многу заплет?
116
отковидување | зборник поезија
Бранислав Николов КАРАНТИНЕЦ Се сеќавате ли на Канаринецот сега го викате Карантинецот Затворска птица со црн чаршав преку кафез сред бел ден тажно лежи Со ампутирана публика со фантомска болка и радост пее по социјалните мрежи
117
отковидување | зборник поезија
Лидија Димковска ПАТУВАЊЕ Времето те прегази во мигот кога тргна. Во автобусот преку границата кондуктерот ги избриша седиштата со заборавена брошура за човековите права. Врз прозорците на другите патници не врнеше, само врз твојот капките удираа како камења, исто како на излезот од едно познато метро кај што врне без престан и малите сирачиња дуваат лепак во пластични ќесиња исполегнати на подвижните скали. Душата ти трепереше во тампон зоната, телото ти зјаеше како испразнет шкаф пред селидба, ноќта беше бесмислата на денската смисла. Со прекини сонуваше нераскинлив сон: како деветнаесеттиот век патува наоколу брадосан, божем пијан губитник, како дваесеттиот век се стрижи и бричи во градска берберница, а дваесет и првиот безглаво трча помеѓу нив. Во првиот град те пречека Клубот Политковскаја, во вториот - ирскиот паб Џојс, во третиот - бели куќи со завеси од тантели и со некролог: денес ќе го погребаме д-р Роберто. Од балконите на пеколот висеше долна бела облека. На балконите во рајот, пак, одамна снема јажиња и штипки за сушење испрани мозоци. Бабичките во ќошињата на квартот не пружаа повеќе ни рака. На масата во сопчето на твојот сонародник: два тома од Капиталот и клуч за тоалетот. Од лустерот се нишаше слободна јамка. Ако биде сѐ добро, еден ден овде ќе станеш и ти поштар кој со врзопче клучеви ќе ги отклучува градските гробишта и на мртвите жени ќе им ги чита писмата од мртвите мажи. И тогаш ќе те пресретнат
118
отковидување | зборник поезија
маалските момчиња во долги, црни капути и потоа никој повеќе нема да се сеќава на тебе, ни дека си бил тука ни дека си се родил некаде.
119
отковидување | зборник поезија
ПЛУС-МИНУС Порано мртвите можев да ги избројам на прсти, сега се недоброј. Порано живите можев да ги бројам пред спиење, сега ги повторувам. Помислам ли дека некој може да умре, веднаш сум подобра со него. Колку било лесно да се биде добар со потенцијално мртви луѓе! Но штом се одложи умирањето, се одложува и живеењето. А тогаш телото го губи времето, душата го придобива. Телото го напушта просторот, душата го населува, духот го расселува. Меѓу живите и мртвите разликата е плус-минус некој степен во температурата: едните се оладени, другите се изгорени, а сите (н)и живи (н)и мртви.
120
отковидување | зборник поезија
Мане Манушев ПЕСНА ... Џејмс 86г. – причина за смрт, срцев удар - позитивен, Франческа 66г. – причина за смрт, мозочен удар – позитивна, Амар 52г. – причина за смрт, прострелна рана во главата – позитивен, Семиха (5) и Азра(3) – причина за смрт, залутана граната – позитивни... Можеби живееме во најлошата ноќна мора на нашите предци, охрабрени од нашата сенка која ја запознаваме додека месечината љубопитно ни се мушка низ прозорското стакло во осамените заклучени домови, сѐ уште се нарекуваме слободни.
121
отковидување | зборник поезија
Ненад Јолдески НЕКА БИДЕ ОГАН се будиш со згрчени мускули во пепелиштето на сопствената клада од куферот во кој несмасно го настега животот сега се вијат последните витли чад излегуваш надвор од тоа јагленисано вчера и ја наслушнуваш сувата земја назад се враќа само длабок рев тоа е само уште еден шуплив и соголен свет во кој се роди знаеш дека е залудно да бидеш учтив кон себе си и од пламеното езеро позајмуваш оган навикнат на пеколот пееш во лелек и светот бавно го посеваш со жар нека биде оган пуф!
122
отковидување | зборник поезија
Драгана Евтимова ТРПЕЛИВИ СМЕ... Не е доволно да се потисне во себеси... Доволно е да се потисне далечното време, во кое имало несреќи... (и) кога ги заморуваме со непотребни нешта оние што ги сакаме само (за) да се припиеме до нивната воздишка (и) кога им велиме дека имаат примамлива смеа излезена од празните полиња на крстозборите трпеливи сме (и) кога со необично возвишена воздишка ги цртаме нивните движења во тишината на времето (и) кога ги пакуваме како тукушто напишано писмо низ збиените страници на животот трпеливи сме (и) кога мислиме дека сме доволно комични како нацртано глуварче со стуткана монета во раката за незабележливо да почнеме да го гравираме нивното име врз нашето отсуство... Не е доволно да се потисне во себеси... Доволно е да се потисне далечното време во кое имало несреќи...
123
отковидување | зборник поезија
ПО ДОЖДОТ (доволно е капките од дожд да ги измијат нашите лица само од прашината на денот) По дождот твоето отсуство ја менува формата моите движења се бавни сакам да те сочувам со остатоците од денот, кога душата уште ти е поспана, па тивко се припивам до твоите мириси, слики и звучи што ме потсетуваат на чекорењата низ денот. По дождот илјадници километри потоа твојот мирис останал, без да се одвоиш од него, овде е и упорно длаби во тишината. Недоречените зборови се честички, распределени во илјадници километри тишина. По дождот ја одложувам забрзаноста зјапам во напуштените куќи со ’рѓосани катанци. Тоа се нечии, осамени домови. Не ми е доволна големината на градот да го измери растојанието на моите бесшумни чекори. Чекањето и чекорењето овде не е исто. Само кога нешто се сака, се чека. По дождот тивко се припивам до недоречените зборови што ги премолчувам, а болат. Единственото вистинско чувство е моето паметење. Единствениот вистински непријател е мојот заборав. По дождот вдишувањата и издишувањата, тоа колебливо придвижување на животот што токму во тајните ги крие неискажаните зборови во капките што се тркалаат по моето лице од дождот, од солзите и од потта. По дождот ме потсетуваш дека имам и други видови на емоции...
124
отковидување | зборник поезија
Митко Гогов .љувов во карантин. срцето не познава изолација секој од нас е река. мислите се бродови на нашето бреме. доста се чукаме во гради додека земјата пред нас колабира. се бориме за кислород во боци. омразата и тврдоглавоста ги гази послабите, стануваме коскин шуплив кош прилагоден за одгледување отров. празнината во нас мутира во нови вируси, дејствителните акти ја поминаа црвената линија. стигнавме до ѕидот. станавме немир. ќе почнеме да се тепаме за слободен кревет во полните диспанзери. треперењето во стомакот навестува исчезнување. нам ни треба љубов избегана од песна и што повеќе луѓе да пеат под туш. нема дожд кој може да ги испере сите гревови, нема човек кој може да ја избрише сета болка. „старо купујем“ не прима уништени срца. биди љубовта со која ќе отидам онаму каде што не сум бил. ако не - прескокни ме. сите ние сме жаби во мали барички, нашите чекори еха затворени во стаклени ѕвона. се претвора во пепел секој обид за лажна слобода.
125
отковидување | зборник поезија
126
отковидување | зборник поезија
ХАИКУ [КОРНЕР]
127
отковидување | зборник поезија
Пере Ристески *** помеѓу мене и моите грижи коронавирус
128
отковидување | зборник поезија
Тони Павлески ХАИКУ ХХХ корона вирус за љубовни страдања не зборува никој
129
отковидување | зборник поезија
Ален Нанов “ХАИКУ-РЕПЛИКА“ Можеби вирус За љубовни страдања, Си е некој Пич, И зато' никој Не зборуе ИЧ!!!
130
отковидување | зборник поезија
Марина Додевска ХАИКУ
(Со поезија против корона) Остани дома, Одржувај хигиена, Мисли на своето здравје. Опасна болест, Празни улици, Пандемија.
131
отковидување | зборник поезија
Фросина Тасевска ХАИКУ COVID - 19 *** Празни градови. Сега четири ѕида се панорама. *** Опасен вирус демне на секој чекор, побегни му ти. *** Седи си дома со совест живот спаси. Мисли на светот!
132
отковидување | зборник поезија
Милена Ристова - Михајловска СПАСЕНИЕ
(хаику) Луѓето - дома. Вирусот во воздухот. Земјата дише. Ние в кафез, животните се надвор. Репарирање. ,,Моќ“ во името. Чија ќе е ,,круната“? Молиме за спас. Да би светлина ко Исус по ,,Танатос“! И би победа!
133
отковидување | зборник поезија
Ведран Стоев ТРИПТИХ НА БОЛКАТА * Воздух во шише. Пластиката е гратис Доживување. * Нема живот овде: Кажа заштитната маска пред да ја згазнат. * Сирените сѐ повеќе вознемируваат. Смртта брои жртви.
134
отковидување | зборник поезија
135
отковидување | зборник поезија
COVID-19 ПРЕКУ ГРАНИЦА
136
отковидување | зборник поезија
Дејан Ѓорѓевиќ (Србија) ЗАМИНУВАЊЕ Молчевме и чекоревме еден покрај друг се слушаше само жуборот на планинската река и за момент бевме во мрежа од папрати и капини знаев дека сме на вистинскиот пат Си ветив себе: мора да издржиш! продолживме напред, сѐ потаму и понапред и стигнавме до највисокиот врв реков: го гледаш ли сине оној оган долу нашата земја беше таму Гледам, одговори тој, но ние веќе не сме нејзини! Пожарот продолжуваше да гори, а ние бевме сѐ поблиску до небото.
Препев на македонски јазик: М. Г.
137
отковидување | зборник поезија
Маја Панајотова (Бугарија) ТЕШКО ВРЕМЕ Тагата е скриена во нашите очи. Тагата во срцата се крие ... Во умовите на луѓето читаме: „Само тагата ќе не убие“ ... И толку далеку сме стигнале, до далечните планети, до Месечината ... Но, зошто судбината нè осуди на таква болест непозната? Да не ги допираме нашите најблиски, да не бакнуваме деца и внуци ... Молитви да кажуваме во просторот, понесени од погребни звуци ... И лекарите, нашите спасители, во вечноста да заминат ... И нашите родители, учители, се збогуваат со нас од далеку ... О, нека помине наскоро ова сурово нечовечко бреме! И сите ние со своите најблиски да живееме во среќно време!
Препев на македонски јазик: М. Г.
138
отковидување | зборник поезија
Ерол Туфан (Турција) МУЗЕЈ НА БЕСПОЛЕЗНИ ПРЕДМЕТИ Затворен овде меѓу четири ѕида со изгубена ориентација за час или ден се откажувам лека-полека од својот имиџ за себе... Преоѓам во непознатото мое јас, кое го наѕирав и порано во тешките мигови на изминатиот мој живот, но никогаш не го спознав како во овој период. Не е само немоќен Е.Т. како странец насекаде, сега е свесен и за својата немоќ да се биде слободен и егзекутор на својата волја. Сега чмаам меѓу познатите нешта кои сум ги собирал низ животот. Сум создал некаков музеј на безполезни предмети... Моливи и пенкала, од две банки до сто круни, испишани листови и саде листови де жолти како постојаната меланхолија, де сини како забранетото небо, де бели како галебите на слободата, де црни како и смртта. Тетратки од различни формати: со кожни, полупластични или картонски корици. Со коцки внатре и спремни да примаат текст којшто „не ми надоаѓа“ во овие денови на немоќ... Никој не навраќа веќе овде. Е.Т. ја пензионирал душата и ние се откажавме од него - велат музите. Речници на неколку живи и еден мртов јазик, печатени во различни периоди и со различни типографии ја красат масата од железно постолје и тежок едносек од дабовина. Наследени книги од татка печатени на јазици што не ги владеам баш најдобро, купени или “позајмени“ мои книги, достапни дури и за оној живот на неродениот правнук. Недопрени, некои во првичната обвивка, со мисла „утре ќе ја разлистам“, а тоа Утре никако да дојде!
139
отковидување | зборник поезија
Стар телевизор со видео касети на филмови што сум ги гледал по десетпати и ги знам репликите наизуст. Острилки за моливи, бели гуми и неколку ножеви за писма со чудни глави... Кутии и само кутии со лекови, пијалоци, чоколади, парфеми и кремови, значки, ситни парички нефрлени во фонтаните на љубовта. Да, и слики, отповеќе слики од состојби и несостојби попатни во изминатите децении. Слики од светот кој веќе е само измислена именка или извор на негативни вести... Еден мал сеф сокриен зад обидот на автопортрет со црн молив што виси како страшило во собава. Сеф каде сум го сокрил моето осакатено срце дури и од себе, потпрено со некои документи кои се многу побитни за другите, отколку за мене. Неколку банкноти од различни валути и нужен реквизит за затворање на тестаментот потпишан со моите темноцрвени капки вистинска крв. Станувам ли и јас бесполезен предмет кој ја надополнува оваа слика на немоќ во периодов на неизвесност на планетава? Се прашувам јас, а плаштот на заборавот го покрива мојот заморен мозок, исто како и правта која претходно ја поплави душава.
140
отковидување | зборник поезија
БЕЗ СОНЦЕ ВО ДУШАВА Забрани за излегување надвор Класификации по возраст Правила за однесувања в куќа но и во двор Натрупување храна пласт по пласт Ширење на една диригирана пандемија Заробеност на телата Апатија и умствена анемија Алиби за недовршување на делата Како да опстоиш со ваков страв Да сочуваш глава кога владее ѓаволовата слава Освен да промениш вистинска нарав И трпен в молк да чекаш да дојде сонце во душава.
141
отковидување | зборник поезија
Наталија Неделкова (Бугарија) ИЗБОР Во желбата да биде и тој творец и да ја наслика својата визија за светот, еден ја отвора кутијата со бои. Друг - посегнува кон Пандорината кутија. Во време на маски една по друга паѓаат маските од претходните карневали и се покажуваат вистинските лица: херојски трагични комични безлични прекрасни критички и секакви други физиономии ликови карактери и тука и таму по некој сурат. И Тој Креаторот со големо Т, очигледно преморен од илјадагодишните ревизии на Книгата за Битието, можеби се прашува дали не е време да се преформатира стариот фајл. И после кратко размислување избира и овој пат да го преснима и да притисне SAVE.
Препев на македонски јазик: М.Г.
142
отковидување | зборник поезија
Ракел Лансерос (Шпанија) 2059
„Ќе се сретнеме таму кадешто нема мрак“ Џорџ Орвел
Отсекогаш си го замислував денот на мојата смрт. Дури и во детството, кога таа не постои. Сонував за херојски крај со сите подредени планети Да се сменам со Рик, да останам во Казабланка да нурнам во езерото покрај мојот болен љубовник да паднам како жена-воин во војна каде не го зборувам јазикот. Секогаш посакував смрт достојна на животот. Две илјади педесет и деветта. Цвеќињата се родени со половина од нивните латици. Армии зомби ги окупираат патеките. Има многу и од нас старите луѓе многумина сме што нашата тежина ја врзуваат со иднината на светот. Велат сме смрделе, дека сме биле себични дека сме гушкале со прецизен стисок како окови. Сама сум во собата. Очите ми се склопени и движењата ми се бавни како студено неделно попладне. Изразито бели заби ги красат овие луѓе. Тие не се смеат, ниту се закануваат: Тие се статуи. Приклештена сум за старите женски кршливи надлактици. Нема да боли, биди мирна. Како животно фатено во клопка чкртам со забите, се опирам, се борам илјадапати го извикувам името на мајка ми. Мојот отпор замира во болничката тишина. Премногу е светло и гледам полн шприц. Имате среќа, - врескам до изнемоштеност да беше мајка ми тука немаше да ви дозволи да ми го правите ова.
Превод: Мите Стефоски
143
отковидување | зборник поезија
Вјачеслав Купријанов (Русија) *** Ноќ. Никој не чука и нема кој да се јави. Од ламбата бела светлина одѕвонува. И отворената страница темни букви растресува. Маглата паѓа, се губи, не се топи. Возвишената размена повеќе нѐ не утешува. До смрт познат стих, недовршен тих. На усните. Од моите раце Стариот Пушкин испаѓа.
Слободен препев на македонски: М. Г.
144
отковидување | зборник поезија
Винод Витал (Индија) *** Да се остане безбеден Момчето, зафатено со цртање на ситар во својата книга за скицирање, Го знае ова со години!
Слободен препев на македонски: М.Г.
145
отковидување | зборник поезија
Дијана Ухерек Стевановиќ (Србија) ЖИВЕАМ ОБИЧНА Многумина пишуваа за времето што нè чека, а јас како и секоја честичка фрлена некаде во Универзумот, верував во летачки објекти иако сè уште и денес врежана во дрвото на животот се радувам на утрото и им зборувам на птиците дека Земјата е единствена подвижна единица што ја признавам. Ја гледам сега, моли, зашто во себе носи Коронска тага. Кога би можела да го променам животниот пат, би била оџачар и би ги направила луѓето посреќни, барем оние кои во тој момент на средбата со мене, би го вклучиле своето копче кон себе.
Слободен препев на македонски: М.Г.
146
отковидување | зборник поезија
Роман Кисјов (Бугарија) НОВОСТИ Авион се сруши од удар со мува. Мравка умре од мина во полето. Мебелот од градскиот стан повторно се претвори во шума. Цвеќињата од заборавениот хербариум расцветаа во градината заедно со другите цвеќиња. Забележано е јато препарирани птици како кружи во небото над градот. Градската зоолошка градина доби нов примерок – мајмунолик човек. Полицијата трага по избегани ликови од сликите во градската галерија. Фатија сериски убиец на време. Започна судски процес против крадец на соништа. Уапсија поет за незаконска трговија со илузии.
Превод од бугарски јазик: Митко Гогов
147
отковидување | зборник поезија
Амир Ор (Израел) СЕКОЈ ДЕН ПЕСНА Веќе не гледам во тебе, го претпочитам прозорецот. А окото, со црни и сиви петна, ти се шири за да открие преломени контури на израсток чие срце е едно и невидливо. Како сува слонова кожа, издлабена со древни острови, маслинка што си ги збира наборите по вдлабнатоста на стари засенчени стрии, па се враќа за да ги постеле по бреговите огрубени од сончев допир. Таму врз куп од лушпи едно бебе се ведне врз дојка – ’рѓосана шајка. Потаму не гледам, не мислам. Како може да мислам на лисја што стануваат сребрени во самракот, на небото над нив, над мојот поглед? Како може да мислам на бесконечност и празнотија сега, кога ти си на умирање? И дури умираш, како може да не мислам на тебе? Како? Да мислам можеби на љубени што неродени се или можеби и на тие што се живи? Да мислам дека дури и во ова има сепак мисла за тебе па дури и да верувам дека е така? Може ли да бидам толку цврст само поради тоа што сега ми го стори? Поради тоа што си мртва? Утре ќе ти напишам неколку збора, епитаф или куса мисла – нешто поетско, како на пример, „Овде почива танчерка“ и ако тоа не е доволно за да те погребе, ќе го проширам, секако: „Напој ме“, ќе исклесам на мраморот, „Напој ме, жед ме мачи, напој ме, но без вода. Напој ме, но без логика. Напој ме, но без име. Напој ме, но без вино. Напој ме и ништо друго, напој ме. Убавината не ја бива, љубовта не ја бива, ни Бог –
148
отковидување | зборник поезија
ни овој живот не го бива, ни било кој друг. Напој ме, жед ме мачи“.
Превод на македонски јазик: Зоран Анчевски
149
отковидување | зборник поезија
Иван Христов (Бугарија) COVID - 19 - 20 Многу е тешко да кажеш Среќен роденден во деновите кога толку често кажуваш Сочувство
Превод од бугарски јазик: Митко Гогов
150
отковидување | зборник поезија
151
отковидување | зборник поезија
АВТОРСКА [САМО]ИЗОЛАЦИЈА ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ
152
отковидување | зборник поезија
А. С. Пушкин во карантин, 1827 година Сѐ ќе замине и сѐ ќе помине, ќе заминат сите грижи и паниката, повторно патиштата ќе станат рамни и градините повторно ќе бидат полни со цвеќе. Да го повикаме напомош разумот, да ја победиме болеста со силата на знаењето и деновите на тежок испит да ги проживееме како едно семејство! Ќе станеме почисти и помудри, непотклекнати пред мракот и стравот. Да се воздигнеме со духот и ќе станеме поблиски и подобри еден кон друг! И сите на празничната маса, сите повторно да му се радуваме на животот и на овој ден Севишниот нека прати парче среќа во секој дом!
153
отковидување | зборник поезија
Пабло Неруда НЕ ОБВИНУВАЈ НИКОГО (Ти си резултат од самиот себе) . Никогаш не се жали на никого и на ништо Затоа што во основа ти го направи својот живот каков што ти сакаше. . Прифати ги напорите да се преобразиш себе си и вредноста на обидот да се менуваш. Триумфот на вистинскиот маж се раѓа од пепелот на неговите грешки. . Никогаш немој да се жалиш на осаменоста или на својата среќа, смело соочи се со нив и прифати ги. На некој начин, тие се резултат на твоите постапки што покажува дека ти секогаш ќе победиш. . Не биди поразен од сопствените промашувања и немој да обвинуваш друг. Прифати се себе си сега или ќе продолжиш натаму правдајќи се како дете. Запомни дека секоја возраст е добра за секој почеток и дека ниту едно време не е добро за предавање. . Не заборавај дека причината за твоето сега е твоето минато, како што причината за твојата иднина ќе биде твојава сегашност. . Учи од храбрите, од снажните, од оној што не се мири со судбината, од оној што ќе живее наспроти сѐ. Мисли помалку на твоите проблеми, а повеќе на твоето создавање. . Научи да се издигнеш од твојата болка и да бидеш поголем од твојата најголема препрека. Погледни го сопствениот лик во огледало, ќе се чувствуваш слободен и снажен и ќе престанеш да бидеш кукла на конец зависна од околностите, за тебе ти си твојата судбина.
154
отковидување | зборник поезија
. Разбуди се, гледај во изгревот на сонцето и вдишувај го зајдисонцето. Ти си дел од снагата на твојот живот, исправи се, бори се, оди, биди сигурен во себе и ќе победуваш во животот. Никогаш не мисли на ,,судбината“ затоа што судбина е изговор за поразите. .
Превод на македонски јазик: Горазд Росоклија
155
отковидување | зборник поезија
Чезаре Павезе ЌЕ ДОЈДЕ СМРТТА И ЌЕ ГИ ИМА ТВОИТЕ ОЧИ Ќе дојде смртта и ќе ги има твоите очи – оваа смрт што постојано е крај нас, од утро до вечер, оваа бессона смрт, глува, како древно чувство на вина или како банален порок. Твоите очи ќе бидат само залуден збор, премолчан крик, тишина. Така ги гледаш секое утро додека помислуваш на себеси пред огледалото. О надеж драга, единствено тој ден ќе дознаеме и ние дека ти си сиот живот и дека не си ништо. За секого смртта има по еден поглед. Ќе дојде смртта и ќе ги има твоите очи. Тоа ќе личи на прекинување порок, ќе личи на повторна средба со еден мртов лик во огледалото, на наслушнување на затворени усни. Ќе се симнеме во метежот неми.
Препев од италијански јазик: Живко Грозданоски
156
отковидување | зборник поезија
В. Е. Хенли ИНВИКТУС Од ноќта што ме таи темна, од пол до пол сал јама сушна, поклон давам на сила вонземна за мојава неосвоива душа. Јас во канџи силни тогаш нит се збрав нит заплакав. А мигот бие со тојага мене крв на чело - не потклекнав. Зад ова место од гнев и солзи од сенката демне Страв, времето со пакост ползи но, јас ќе сум и сум без страв. И нека е портата ширна висока, книгите тешки со казни нек стојат, јас царувам со мојата нафака, јас сум капетан на душата моја.
Превод од англиски јазик: Перо Сарџоски
157
отковидување | зборник поезија
А. Б. Шимиќ ОПОМЕНА Човеку, пази да не одиш мал под ѕвездите! Пушти преку целиот тебе да мине благата светлост од ѕвездите! За ништо да не жалиш кога со последните погледи ќе се разделуваш од ѕвездите! На својот крај наместо во прав сиот престори се во ѕвезди!
Слободен препев од хрватски јазик: Ацо Гогов
158
отковидување | зборник поезија
Волфганг Ото Волс (1913-1951) *** Во секој миг во секое битие Вечноста е присутна. Ни се причинува дека звукот патува многу далеку Со брзина приближно еден километар во три секунди Дека никогаш не го прекинува патувањето Во бескрајните и непознати пространства. Единствено престанува да биде видлив. Така е со сите брзини: Светлосни или радиоталасни Со човековиот живот Со мислите и минералите Со сите битија. Така ја созерцуваме вечноста на животот Неизмерноста на бескрајот. Не знаеме дали е возможно враќање но тоа нема никакво значење. Веројатно Бог ги сака и мушичките освен луѓето. Антропоидите се технички супериорни од човекот. Денот кога беше убава, пеперутката ја исполни својата задача. Неизвесно е дали човекот ќе го достигне нивото на една оса. Универзумот е голем организам Живо единство во кое пулсира Божјата моќ. Се раѓаме, умираме Излегувајќи од ништото и во него се враќаме. Чудно, на почетокот бевме бесполни На крајта пак стануваме бесполни Неодредени Но сепак не го признаваме крајниот резултат. Дрвјата имаат цврста душа Чудесна градба Птиците пеат и летаат Елегантно и со убавина Без бучава Пеперутката се задоволи со тоа да биде убава само еден ден. Стилот на мравките е чист и грандиозен Лишен од лошиот вкус на нашите големи градови Суровоста на животните, билките и камењата Без злоба е и природна... Недејствувајќи
159
отковидување | зборник поезија
Туку да се биде и да веруваш. Волјата и моќта се инфериорни. Од сè што пронајдов на земјата Човекот најмногу ми засмета. Често набљудувам со склопени очи Сè има, убаво е, заморно е. Оние кои будно сонуваат познаваат илјада работи Непознати за оние кои сонуваат спиејќи. Да видиш, значи да ги склопиш очите. Да ја видиш суштината на работите е да видиш една иста работа. Да согледаш до дното значи да согледаш во една и единствена целина. Она што го правам, го правам затоа што сум неспособен да не го направам. Што помалку дејствуваме помалку грешиме. Рекорди, награди, извонредни напори Оддалечуваат од совршенството. Нулта позиција е единствена позиција која е најтешко да се постигне. Едно убаво утро имав сон Привлечна идеја да работам 39 часа и 55 минути на ден но, леле! Навреме увидов дека е тоа невозможно. Правото дејствие меѓутоа се одвива во хоризонтална состојба ако сте одгонетнале како. Трчањето е губење време иако забавно. Совршената концентрација можеме да ја постигнеме Единствено ако тоа не сме. Очите, кога се отворени Ја смалуваат концентрацијата. Надворешните и видливи резултати се зголемуваат во релативен сооднос спрема оддалечувањето од совршената состојба. Се подразбира дека најубавите дела се најтешко видливи Големите дела со надворешен сјај евтини се не бараат многу напор, овозможуваат леснотија но немаат трајна вредност. Мојата авантура се одвива надвор од одбележаните петеки.
160
отковидување | зборник поезија
Затворен во мојата мирна совест Бев, сум и ќе останам верен на својот најдлабок избор. Именувајќи ја убавината која ги обликува потоците, езерата, реките, морињата, облаците, дождовите и изворите: H20 Значи непокажување почит. Во Касис камењата и рибите Карпи видени низ лупа Морска сол и небо Ме натераа да заборавам на човечката суета. Ме поттикнуваат да го свртам грбот на хаосот на нашето постоење. Ми ја покажаа Вечноста Во малите бранови на брегот Кои се повторуваат никогаш неповторувајќи се. Невозможно е нешто да се објасни. Познаваме само привиди. Сите љубови водат само кон една Надлична љубов, безимена. Голема тајна Апсолут, X, Тао, Бог, Космос, Светиот Дух, Еден, Бескрај Апстрактно кое пронижува низ сешто! Недостижно е. Во секој миг, во секое битие Вечноста е присутна. Сликата може да биде во некаква врска со природата Но само каков што е односот на Баховите фуги со Христос. Тука не се работи за копија Туку за аналогно создавање. На првиот безумен поглед ги убиваме најубавите. Честа да ги уништи друштвото, многу побрзо од животни, ја имаа: Бодлер, Алан По, Рембо, Лотреамон, Рожер ле Комте, Ван Гог, Модилијани, Волс, Арто, Новалис, Моцарт, Шели... Пожелен е оној кој лежи во вреќа под дрвото И гледа во висините Долго, долго... Ја прераскажуваме својата земна приказна на парчиња хартија. Зборовите се камелеони Музиката го има своето право да биде апстрактна. Искуството кое говори дека ништо не е возможно води во сон.
161
отковидување | зборник поезија
Не објаснувајќи ја музиката Не објаснувајќи ги соништата. Недостижно е, се пронижува. Мораме да знаеме дека сè се римува. Молитва за себе, не е молитва. А молитва со помалку од два збора Може да го поплави светот. Попусто е да го именуваме Бог Или да учиме нешто напамет. Кога пред очите имаме пат кон небото поединостите го губат своето значење... но остануваат привлечни.
162
отковидување | зборник поезија
КОВИД ГАЛЕРИЈА by: Елена Банчотовска
163
отковидување | зборник поезија
164
отковидување | зборник поезија
165
отковидување | зборник поезија
166
отковидување | зборник поезија
167
отковидување | зборник поезија
168
отковидување | зборник поезија
169
отковидување | зборник поезија
170
отковидување | зборник поезија
171
отковидување | зборник поезија
172
отковидување | зборник поезија
173
отковидување | зборник поезија
174
отковидување | зборник поезија
175
отковидување | зборник поезија
176
отковидување | зборник поезија
177
отковидување | зборник поезија
АПСТРАКТНА КОЛОРИТНА ОСОБНОСТ ПРОТИВ ВИРУСОТ
Елена Банчотовска е графичка дизајнерка и ликовна уметница која уште пред десет години отворено и искрено ги поддржа активностите на движењето и фестивал во зародиш „100 Илјади поети за промена“ и од тогаш сѐ до денес таа безрезервно ја споделува својата креативност со нас. Нејзините графички решенија честопати знам да ги користам за најразлични информативни цели во „Контекст - Струмица“, но освен што е редовен учесник на годишната изложба која е дел од фестивалот „100 Илјади поети за промена“, многу организатори на истиот настан кој го организираат ширум светот знаат да ги искористат токму нејзините плакати. Тоа што имаме можност да го видиме во овој специјален циклус или серија со која ни се претставува во „Отковидување“ е автентично пловење низ пандемискиот период, забележувајќи детали и симболи кои оставија сериозна трага оваа година. Таа е позната по својот дизајнерски пристап, нејзиниот стил изобилува со динамика, разиграност, бои, психоделичност или надреално доживување и прикажување. Користејќи само неколку основни елементи успева да го ангажира човечкото око и да предизвика реакција. Неуморно, следејќи ги стиховите кои се дел од оваа колекција, таа одговараше со инспиративна, рефлексивна присутност, а #СоПоезијаПротивКорона си доби редовна визуелна исполнетост. Таа константност, спојувањето на времето и она што се крие под леќата на микроскопот, до она што лебди и не вознемирува во воздухот, се лепи по рацете и полека се инјектира во нашата потсвест, сѐ тоа можеме да видиме во овие дизајни. Оваа импулсивна емоција, преку изразени колоритни ефекти алармира да внимаваме на здравјето и да не се откажуваме од вбризгувањето литература, затоа што и таа како и крвта е потребна за живот. Делата на Елена Банчотовска се гласни, нејзините дизајни не ве оставаат рамнодушни, нивната ексцентричност е сепак ставена во функција, со решението централно поставено во композицијата, со тенденција да го предизвика гледачот на опсервеција и да ја пренесе пораката прецизно. Со апокалиптична жар прави комбинации од неспоивото, во виулица, во страшна бура се губат линиите, буквите, зборовите, ликвидно се претопуваат во сон. Силата на уметноста во време на вознемиреност, кога владее општ коронакарантин е исклучителна. Елена успева во оваа книга да ни ја даде потребната храна која ќе ги задоволи нашите естетски апетити. Во година во која музичарите
178
отковидување | зборник поезија
свиреа и пееја по балконите, кога се молиме за најблиските и за нашето и општото здравје, оваа ликовна преобразба на моментумот не потсетува на возвишеното, на убавото. Потребниот против-отров кој ќе ги ослабне особините на вирусот или со победоносес авторски зафат ќе ги елиминира овие невидливи бактерии. Стиховите на дел од авторите во „Отковидување“ одлично се вклопуваат во нејзиниот колажен избор, а таквата визуелна интерпретација и дава една сосема друга, нова димензија и вредност на поетиката. И додека светот е покриен со заштитни маски, таа ја демаскира суровата реалност сосема непосредно, слободно и диво. Голема благодарност што е дел од овој проект! Митко ГОГОВ
179
отковидување | зборник поезија
180
отковидување | зборник поезија
СОДРЖИНА:
ПРЕДГОВОР Митко Гогов – Со поетска п(л)андемија против духовна анемија .......................... 7
ОТКОВИДУВАЊЕ [ПРОЛОГ] Александра Јуруковска – За човековата жилавост во отрагата по зборот и убaвото ……………………………………………………………………………………………………………………….. 11 Ацо Гогов – Нашите мали траги на смислата ....................................................... 14
[ПО]СТАРАТА ШКОЛА Влада Урошевиќ ................................................................................................. 18 Михаил Ренџов ...................................................................................... …………..19 Катица Ќулавкова ............................................................................................... 20 Веле Смилевски .................................................................................................. 21 Ефтим Клетников ................................................................................................ 22
АНТИКОВИДНО ПОЛЕ. ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА МИСЛАТА Оливера Станковска ........................................................................................... 25 Марина Икономова Шокева ................................................................................. 26 Нада Волчевска .................................................................................................. 27 Сотир Георгиевски .............................................................................................. 28 Ирена Стевановска ............................................................................................. 29 Емељ Туна .......................................................................................................... 30 Александар Јовановски ....................................................................................... 31
181
отковидување | зборник поезија
Виолета Танчева – Златева ................................................................................. 33 Ели Маказлиева .................................................................................................. 35 Ристо Маџунков .................................................................................................. 36 Катерина Панов Кожаров .................................................................................... 39 Александар Михајловиќ ...................................................................................... 42 Цветанка Колева ................................................................................................. 43 Зоран Костески ................................................................................................... 45 Аниса Мустафи ................................................................................................... 47 Љубе Цветановски .............................................................................................. 49 Љупка Антеска ............................................................................................... …. 50 Жаклина Свеќаровска ......................................................................................... 51 Билјана Ѓ. Гаврилова .......................................................................................... 53 Марија Лозаноска ................................................................................... ………… 54 Д. А. Лори ................................................................................................... ………55 Игор Крајчев ....................................................................................................... 56 Наталија Наумовска ............................................................................................ 57 Магдалена Чапаровска ........................................................................................ 60 Милена Ристова – Михајловска ........................................................................... 61 Игор Исаковски ................................................................................................... 64 Славица Гаџова Свидерска ............................................................................. …. 65 Каролина Димовска ............................................................................................ 69 Божана Тренческа .............................................................................................. 70 Ален Нанов ......................................................................................................... 71 Снежана Паноска ................................................................................................ 72
182
отковидување | зборник поезија
Игор Трпчески .................................................................................................... 73 Мариета Дукиќ .................................................................................................... 75 Марина Мијаковска ............................................................................................. 76 Розе Миткова ...................................................................................................... 77 Фросина Тасевска ............................................................................................... 78 Давор Стојановски .............................................................................................. 79 Славица П. Диневска .......................................................................................... 80 Ирена Јурчева .................................................................................................... 82 Владимир Мартиновски ....................................................................................... 83 Катерина Гогова ................................................................................................. 84 Христина Деолска ............................................................................................... 86 Ирена Блажеска .................................................................................................. 87 Тони Павлески .................................................................................................... 88 Снежана Стојчевска ............................................................................................ 89 Марија Грубор .................................................................................................... 90 Љубица Шопова ................................................................................................. 93 Милчо Мисоски ................................................................................................... 94 Рената Пенчова .................................................................................................. 95 Искра Донева ..................................................................................................... 96 Андреј Јанков ..................................................................................................... 97 Биљана Ѓорѓиева Зринк ...................................................................................... 98 Лилјана Пецова Илиеска ..................................................................................... 99 Македонка Маџирова ........................................................................................ 101 Тихомир Јанчовски ........................................................................................... 102
183
отковидување | зборник поезија
Сузана Мицева .................................................................................................. 103 Смиља Николовска Василевска ......................................................................... 104 Марко Виденовиќ .............................................................................................. 105 Билјана Ангеловска ........................................................................................... 107 Елена Соколовска ............................................................................................. 108 Иван Том .......................................................................................................... 110 Цветанка Невчева ............................................................................................. 111 Јане Араников ................................................................................................... 112 Дејан Крстески .................................................................................................. 113 Дејан Ангелов ................................................................................................... 114 Ратка Колева Дамњановиќ ................................................................................ 115 Бранислав Николов ........................................................................................... 117 Лидија Димковска ............................................................................................. 118 Мане Манушев .................................................................................................. 121 Ненад Јолдески ................................................................................................. 122 Драгана Евтимова ............................................................................................. 123 Митко Гогов ..................................................................................................... 125
ХАИКУ КОРНЕР Пере Ристески ................................................................................................... 128 Тони Павлески .................................................................................................. 129 Ален Нанов ....................................................................................................... 130 Марина Додевска .............................................................................................. 131 Фросина Тасевска ............................................................................................. 132
184
отковидување | зборник поезија
Милена Ристова – Михајловска ......................................................................... 133 Ведран Стоев .................................................................................................... 134
COVID-19 ПРЕКУ ГРАНИЦА Дејан Ѓорѓевиќ (Србија) .................................................................................... 137 Маја Панајотова (Бугарија) ............................................................................... 138 Ерол Туфан (Турција) ....................................................................................... 139 Наталија Неделкова (Бугарија) ......................................................................... 142 Ракел Лансерос (Шпанија) ............................................................................ ... 143 Вјачеслав Купријанов (Русија) ........................................................................... 144 Винод Витал (Индија) ........................................................................................ 145 Дијана Ухерек Стевановиќ (Србија) ................................................................... 146 Роман Кисјов (Бугарија) .................................................................................... 147 Амир Ор (Израел) ............................................................................................. 148 Иван Христов (Бугарија) ................................................................................... 150
АВТОРСКА [САМО]ИЗОЛАЦИЈА НИЗ ВРЕМЕТО И ПРОСТОРOT А.С. Пушкин ...................................................................................................... 153 Пабло Неруда ................................................................................................... 154 Чезаре Павезе .................................................................................................. 156 В.Е. Хенли ......................................................................................................... 157 А.Б. Шимиќ ..................................................................................................... . 158 Волфганг Ото Волс ............................................................................................ 159
185
отковидување | зборник поезија
КОВИД КАТАЛОГ Елена Банчотовска [Галерија] ........................................................................... 164 Митко Гогов - Апстрактна колоритна особност против вирусот ......................... 178
Содржина .......................................................................................................... 181
186
отковидување | зборник поезија
187
отковидување | зборник поезија
Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ меѓу основните цели и задачи ги има поставено: развојот на културни политики на локално и национално ниво, афирмирањето на независната културна сцена и алтернативните практики во културата, промовирањето и негувањето на современите и традиционалните културни вредности, поттикнување на мултидисциплинарноста во творештвото, усовршување на дигиталните вештини и реактуализирање на традиционалните вредности од современа перспектива. Овој предизвик,позади кој стои здружението „Контекст – Струмица“, т.е. публикувањето на ова осмо издание на електронскакнига (зборник) го сметаме за исклучително важна активност затоа што ја продолжува работата и континуитетот на нашата група, но исто така е наменета и за сите оние што се занимаваат со книжевност, а посебно со поезијата како специфичен жанр во литературата, кој суптилно навлегува во интимата на секој љубител на пишаниот збор, а воедно служи и за мапирање на нови автори кои имаат интерес да се претстават пред македонската и поширока публика и да пренесат еднауниверзална порака, поврзана овој пат со вирусот Ковид-19 и пандемијата која ја зафати светот. Иако можеби некој ќе си помисли дека поезијата сè помалку се чита, а списанијата сè помалку ја застапуваат оваа книжевна форма, поезијата сè уште постои. Можеби нејзиниот животен простор станува видливо сè потесен и потесен, но тоа е само доволен показател дека за вистински стихови се потребни и вистински читатели. Навидум со овој чекор само ја променуваме формата како поезијата да стигне поблиску до читателот, но ние всушност правиме нов резерват во кој ќе го заштитимеовој редок и слободен вид на изразување, достапен за сите оние љубители на поезијата, а со тоа помагаме и во успешното зачувување и пренесување на едно вакво дигитално наследство на идните генерации.
- следете ги нашите следни активности –
188
отковидување | зборник поезија
189