2
ЗБОРНИК НА ПОЕЗИЈА
WORLD UNION OF POETS SCUOLA DI POESIA – SCHOOL OF POETRY – ШКОЛА ЗА ПОЕЗИЈА ДЕЛЕГАЦИЈА МАКЕДОНИЈА
3
Македонија, 2016 година
4
Зборник на поезија: „сеМир“ Издавач: Здружение за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“ За издавачот: Митко Гогов Графичко уредување и дизајн: @kihuPotru Лектура: Фросина Тасевска Фотографија на корица: @aesthetics art astronomy - Favim.com Илустрации застапени во книгата: Викторија Алварез (Victoria Alvarez) World union of poets Scuola di poesia – School of Poetry – Школа за поезија Делегација Македонија Претседател: Силвано Бортолаци (Silvano Bortollazi) Претседател на Светската унија на поети за Македонија и директор во организацијата на ниво од 18° на 24 W.U.P. Митко Гогов
5
6
ОФИЦИЈАЛЕН ПОЗДРАВ НА ОСНОВАЧОТ НА СВЕТСКАТА УНИЈА НА ПОЕТИ (W.U.P.)
Му благодарам на поетот Митко Гогов, во име на сите членови на унијата, кој ја овозможи публикацијата на оваа книга со поезија на Светската унија на поетите за мир.
„Кога децата би научиле да си играат во мир наместо во војна, светот конечно би се развил и би се нашол на ниво кое ќе биде достојно за него.“ „Мирот владее исклучиво со поезијата и културата, поради тоа е слепа ќерка.“ „МИРОТ Е ЖИВОТ, А НИЕ СМЕ ЖИВОТ И ПОЕЗИЈА.“ „Без мир не може да постои поезија, и без поезија не може да постои мир, бидејќи поезијата е живот и надеж.“ „Јас сум Голем сонувач. Сонував за Светската унија на поети и еден ден додека го гледав небото и морето ја основав и изградив Унијата за сиот свет, токму онака како што ја бев замислил. Не нарекувајте ме шефе, ами брат. Брат на соништата и надежите. Брат на соништата кои полека стануваат реалност. Наречете ме брат: Брат поет.“
Витез Silvano Bortolazzi
7
* * * Витезот од Мерит од Италијанската Република (за поезија) Силвано Бортолаци (поет и писател). Предложен трипати за Нобеловата награда за литература (еднаш од страна на јавните италијански институции - и двапати од страна на владата на Венецуела). Почесен поет на Олимпискиот град од Сестриере. Автор на поемата која е наградена како победничка на петтиот фестивал на московскиот портрет (Централна палата за московски уметности). Основач и светски претседател на Светската унија на поети.
8
ПРЕДГОВОР
„Почувствувај го (не)мирот во себе, (не)спокојот кој го растреперува твојот глас, во при-мир-је со својот ум од мирољубивото векување на твојата душа создади стихови миросани и пушти ги во ветрот како бели гулаби!“ Пред нас драги пријатели, членови на Школата за поезија - делегација Македонија (Scuola di poesia), која претставува официјална online работна група на Светската унија за поети (Unione mondiale dei poeti W.U.P.) го имаме нашето второ заедничко дело – е-зборникот на поезија „сеМир“, кој е создаден по иницијатива покрената од страна на глобалниот
претседател
на
W.U.P.,
Силвано
Бортолаци
(Silvano
Bartolazzi), како официјално обележување на 21 јуни, „Интернационален ден на W.U.P. за мир на планетата Земја“, а со логистичката помош на здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“. Како претсавник на Светската унија на поети се надевам дека следната година ќе имаме повеќе време за да се координираме и организираме конкретни (јавни) активности, а со тоа да создадеме уште една можност и да втемелиме ден на кој и Македонија ќе го прославува мирот на планетата Земја со помош на Светската унија на поети како круцијална потреба за ослободување на „поетскиот креативен крик и порив“ за подобрување на општествените состојби на национално и глобално ниво. Освен оваа наша иницијатива, која настана како директен разговор меѓу членовите на facebook групата „Школа за поезија – делегација Македонија“, во Индија и Пакистан се одржаа два поединечни настани
9
кои поминаа одлично и беа проследени од тамошнте медиуми, но и на светско ниво. Настанот во Индија беше организиран од страна на Jernail S Aanand, претседател на светскиот конгрес на WUP за Индија и Rama Krishna Perugu, интернационалниот директор на WUP, a во соработка со кореспондентот Vakati Vijayakumar Reddy. Поетското читање и конференција се оддржаа во средното училиште во градот Nellore во околината Andhra Pradesh. Во Пакистан настанот го организира Muhammad Shanazar кој е победник на WUP маратонот за мир, 2016 година. Тој за време на манифестацијата беше облечен во црно како знак на тага за сите жртви на војните во светот. За мирот можеме да говориме и пишуваме на долж и на широко, но уште поважно е со нашите дела, особено како што е резултатот на овој наш предизвик, е-зборникот „сеМир“ директно да допринесеме со нашиот
креативен
дар
и
талент
како
автори
да
се
слушнат
индивидуалните пораки кои упатуваат на стабилизирање на состојбите, како во светот кој не опкружува, така и нашите интимни, внатрешни, во крајна линија духовни. Мирот некој ќе каже дека доаѓа од внатре, но исто така мирот е состојба во која можеме да запловиме доколку пловиме во иста таква атмосфера и доколку глобализмот како цел ни наметнува амбиент во кој ќе се чувствуваме безбедни, а нашите блиски сигурни и ослободени од стравовите кои ни го напаѓаат или заплашуваат прагот. Не треба да поседуваме преголемо знаење или да сме премногу информирани за сѐ што се случува во светот, иако тоа ни се наметнува како дневна доза пропаганда, за да можеме да ја воочиме вознемиреноста на луѓето околу нас. Наместо полека, со радост да ги избираме нештата во животот, наместо да носиме здраворазумни одлуки и решенија, ние го правиме спротивното... Брзаме во донесувањето суд, како некој невидливо да не тера да го правиме тоа. Како да сме замаени од сенките на модернизмот кои сакаат да не втурнат во колосек, но пак од друга страна истата таа состоја можеби е и
10
(пресуден) фактор да се повлечеме во дамарите на нашиот спокој и од таа позиција да проговориме. Мораме да заклучиме дека луѓе како Кирил и Методиј исто биле исплашени од мракот што го креирале предрасудите на тријазичниците, но ниту во еден момент со нивниот ентузијазам и посветеност не го покажале спротивното од тоа дека: „Сонцето свети подеднакво за сите“; ниту Дон Кихот се исплашил од ветерниците, затоа што знаел дека тој е единствениот кој мора да се бори за она во коешто верува; ниту Данте се откажал пред вратата на пеколот, затоа што знаел дека мора да помине низ него, ниту пак Миладиновци се откажале од својата цел, плашејќи се од темнината наметната од предрасудите на грчките свештеници. Сите тие знаеле дека човекот треба да е истраен, упорен, издржлив и дека, ако тој самиот не успее да излезе од темнината, ќе се најде некој друг - наследник кој ќе го продолжи патот кон светлината и кон мирот. Ние сме таа промена која сакаме да ја видиме во светот, ако го парафразирам Ганди, но тоа ќе почне да дејствува во таа смисла, во моментот кога ќе преземеме конкретни акти со кои ќе се држиме до таа цел. Мирот во дадени моменти значи и да дадеш отпор, како и да застанеш зад своите уверувања, само затоа што се твои уверувања. Оваа е-книга е своевиден отпор, револт кон Големата слика која постепено не гризе и ги разјадува сите ((не)стабилни) слоеви во општеството. Мирот е како дишењето, потребен ни е да бидеме спокојни, тој ни дава храброст, став, уникатност. Тој е простор за прифаќање на диверзитетот кој го нуди секое делче од планетата. Тој не смее да ни биде одземен. Напротив, ние кои ги имаме едни од најсилните алатки на светот (зборот и мислата), треба да сме предвесници на она ново време. Задоволство ми е да ве поздравам и да ви се заблагодарам на сите вам, 40-на поети – членови на „Школата за поезија – делегација Македонија“, кои се вклучивте во овој предизвик, но и на сите останати
11
кои пред вас ја имате оваа е-стихозбирка, дело едноставно наречено „сеМир“ затоа што не се однесува само на оној микро Мир по кој сите трагаме, туку и на макро перцепцијата за Мир, онаа космичката која ќе помогне да живееме во иднина во мир не само меѓу нас, како жители на планетата Земја, туку и во хармонија со ѕвездите, сонцето, месечината и планетите кои не опкружуваат. Самиот наивен и импулсивен, експресионистички пристап кој го имавме при собирањето на нашите авторски дела за оваа е-збирка и нивното автоматско подредување во оваа целосна содржина која ја имаме пред нас, ме натера да изберам илустрации кои ќе бидат слични на нашиот ентузијазам да го насликаме нашиот свет со желба на дете кое сака да го промени својот светоглед. Овој пат со акварелни, симплифицирани, но цртежи кои сепак се по пристапот симпатични, колоритни, позитивни, топли и длабоки во својата порака. Во моментот во делегацијата на Македонија членуваат повеќе од 200 членови, а главна цел на Школата за поезија – Делегација Македонија е да ги мобилизира поетите од Македонија и пошироко во име на поезијата, преку вмрежување, размена, промоција и афирмација на авторите кои творат на територијата на нашата држава. Секое добро. Нека мирот владее во нас и насекаде околу нас!
Митко ГОГОВ Претседател на Светската унија на поети за Македонија и директор во организацијата на ниво од 18° на 24 W.U.P.
12
-ПОЕЗИЈА– 21 јуни - „Интернационален ден на W.U.P. за мир на планетата Земја“
13
14
Костадин Героски – Мојот мир Го барам непрестајно, а тој веќе бил тука, ме чека како срце што чука, што да му кажам кога тој бара да молчам и долго, долго да се гледаме треба да се биде кроток и нежно да му се зборува треба радоста секојдневно да се повторува и повторува мирот е толку едноставен и пред мирната душа цела вселена се поклонува понекогаш луѓето имаат се' освен мир, сакаат пир наместо мир, никој не ни кажал како да сме мирни, како да дишеме по полиња ширни, Јас знам мирот е мојот единствен господар мирот сега се склопчил во мислите за да ми каже дека нема ништо поважно од мирот, и дека се' со него почнува, и се' со него завршува Со секоја моја одлука Го барам непрестајно а тој веќе бил тука Нека биде мир Нека биде мојот мир
15
Лилјана Пецова Илиеска – Мир Нежно треба како челад на гради што се држи да се додржи како жена плод што носи да го доноси кревок е тивок е нечуен кога е тука а сепак само свој и најчемреен кога го нема. Треба, ах, само колку ли малку треба в миг да го снема да се трепка со секој чекор за да се сочува со од на Месечина по небо надојдени реки да стишува полека изливот да се потсмирува и да не се вознемирува така љубов се просипува и на клета уста со прсти се преклопува. Нежно треба Ви велам само нежно треба. Но би знаеле ли војсководци во пресрет стрела кога им слетува и сето зло в чело дамари им бие па со црвен конец кукли од месо по ливада што гнијат, па да застанат и во светлоста на денот со бардак и везилка да наздрават за жената на гради челад што носи и плодот в утроба што расте да го доноси
16
оти најубаво знае само мајка и дете колку нежно треба МИРот в прегратка да се чува. Црвен камен го покрива секоја ноќ пред легнување. Спиј мирно, МИРу само нежно ќе те чувам под пазуви јас - Мајка, а ти -дете.
17
Мартин Богатиноски – (Не)мир Од ѕидовите слушнав плач а од прозорецот видов солзи на мајка ми, старата како го отплакува татко ми, стариот а ги видов и роднините и пријателите и пизмиците создаваа некој чудесен круг околу мајка ми, старата и татко ми, стариот па ги слушнав камбаните за првпат да не уживам во тој звук некако ми беше празен како да му недостигаше душа душата на татко ми која конечно го заслужи сопствениот мир.
18
Тања Кармзова – Костиглиола – Примирје На тркалезна маса од абоносово дрво седеа демократијата и диктатурата. Играа карти. До нив, религијата и атеизмот. Си налеваа чај од кантарион. Им се придружија љубовта и презирот. Презентираа наочари. Дојдоа болеста и здравјето. Полнеа шишиња со смрт и имунитет. Место побараа индустријата и природата. Правеа хербариум. Под масата стуткан беше човек. Недостасуваше стол. Чекаше примирје, за да најде мир. Го отру реата на носени чорапи. Прокопса во мрак, теснина и смрдеа, под стапалата на преговорите и заговорите.
19
20
Димитри Соле Љубин – Постела од диви треви Љубен си тими шепотиш во дланката а јас не те разбирам и не слушам, оти во другата срцето ти го чувам увото ми лежи на твоето реброда ти го чујам сонот... окото – врз твоето да ти ги соберам солзите. И молчам, да не ми избега плунката твоја од мојата, си велам, така вечно ќе си тука. На мед има вкус твојта течност затоа ја кријам, да не те украдат птиците... и додека сум во тебе, земјата под нас го слави новото раѓање, цветовите сами се оплодуваат со брзина на светлината, оти за нас времето не постои, и тие знаат... дека е време за раѓање... и небото раѓа нови ѕвезди кога мојот вулкан ги прска полињата под нас
21
и ти велиш – не запирај, роди ни сонце во нова гаксија твоја и моја што ќе е... наша. Не те слушамсе раѓа мирот во ново време, поинакво за нас двајца само. Мирот во зрно песок под твојот нокт, во моето уво, во пердувот мој, во нашата постела од диви треви. Се раѓа живот во нашето постоење.
22
Д.А. Лори - Доаѓање дома Дедо ми се појави на разденување, низ маглата на студено зимско утро, со војничко палто, наметнато, незапетлано; телото му вриеше од огнот на војната. Беше уморен да се радува на победата, беше покосен од стравот и немирот кои ги влечкал по себе низ борбите, беше едвај жив, колку да се врати дома. На прозорецот го чекаше жена, врамена во него како слика, ете толку долго го чекаше. Ѝ го донесе мирот, си дојде дома.
23
Афродита Џафери – Мир за нас Одалеку наслушнав плач на виолина Сличен на мојот некогаш, Гласен, Неуништлив, а сепак неслушен, Како бебешко галење во мирните квечернини, Квечернините, кои Ние ги поминувавме во молк... Како ехо во длабока пештера ми одекнуваше, А јас безпомошна не можев ништо да сторам, Затоа што бев сама, незнаејќи што да правам. Не сум знаела дека не сум сама, И дека немирот свесно го крадам! Но веќе молк нема, После толку векови веќе плач не се слуша Само лесна мелодија секоја вечер, И засекогаш Мир за Нас... П.С. поезија со феминистички мотив
24
Љубица Шопова – Print screen Кога би имало опција Print Screen на текот на мислите, многу спомени нема да завршуваат во кантата за отпадоци Бубачките во главата би биле поспокојни, барем за миг.
25
26
Љупка Антеска - Нула (Нема правда. Нема мир) Му значат ли нешто на овој асфалт нашите чекори? Што се пар очи плус за ова небо натежнато од ѕвезди... Знае ли оваа земја колку надежи заспиваат во нејзините дупки... Зар мислиш дека животот некогаш се насекирал за нас?! Нема правда!. Ние сме му нули. Од нулите си прави ѓердан и го беси на вратот. Се кити со него додека не се искине. Нема мир! Ние сме му нули. Од нулите си прави ѓеврек. Го јаде. Го троши. Го раздава. Нема правда, нема мир! Ние сме му нули. Од нулите си прави круг. Не` врти во него. Ти гарантирам! Овој црно-црн свет ниту еднаш не се занимавал со нас. Ама ќе излеземе на улица. Вреди. Оти не беше сон кога видов: Од мојата до твојата душа протегнато виножито.
27
Даница Петровска – Мир Конечно најдов мир од обрачот на креветот што ми го глодаше сонот, додека штотуку заспана се будев во туѓи сонови, а сепак мои се и реални, со отворени очни капаци што трепереа при секое мое отварање и затварање, за да останам сосема будна, додека од оние црни сенки на ноќта ми го грабаа телото, а тоа неподвижно и немоќно пискаше од грчот, од товарот, од налегнатост, од немирот.
28
Флоранда Мухареми - Душевен мир Спокој кој само тој ни го нуди, без ништо свое да губи. Со раширени раце во прегратка не прима, не разгалува со перото ко на самовила. Ден месец или година секогаш со мир сите нас успева да не сплотува. По небесата ширна и водата студена може слободно да се почувствува перисуството Негово. Мирис кој смирува, глетка што разнежнува, убавина која маѓепсува, мир што создава немир. Мајката наша природа, Господ наш создавач!
29
30
Михајло Свидерски - ВЕК XXI (глобална) Со хидрогенски бомби се држат во бунило сите потчинети живи суштества им се закануваат со нови вируси секоја година и со најновата откриена вакцина со најдобрите медикаменти со глобално затоплување преговарање, договарање под принуда, под изнуда закани и казни, со една светска влада и многу подвладари, роботика беспилотни летала, безброј сателити вградување чипови, со разно- разни болести од оние на умот до тие на крвта. Деноноќно по сите медиуми ги потплашуваат, ги застрашуваат ги деградираат, преку хипноза за покорност ги држат збунети во страв од можните конфликти и војни од тие за профит, ненадеен бомбашки напад до поплави со месеци што траат од глад, од суша од најновиот произведен вирусен тип кој само што не стигнал да нѐ фати нови кампањи за операција на умот и свеста загадување на почвите и тешките метали во воздухот по некоја експлозија на нуклеарна централа па после евакуација и санација од девет милијарди, природни и неприродни катастрофи големи температурни разлики и нова економска криза. И тогаш кога сакаат да помислат зошто е сѐ ова вака
31
и од каде светот суровоста ја акомулира со прекумерно зрачење ги плашат со хуманитарни катастрофи и бомби.
32
Дејан Крстески – Мир во војна Како децата од мојата улица си играме мир и војна, тие со своите играчки од пластика, ние со нашите еластични чувства. Се расфрламе со глаголи што оставаат кратери на душата, како по најсилна експлозија само пустош и осаменост останува. Некаде меѓу небото и земјата човекот војува за мир на својата планета, ветува и верува во сопствената лага, наивни ли сме или е полесно вака. Од далеку се слуша татнеж на војна, на небото метални птици надлетуваат, мир во мене, околу мене војна, тешко ми е границата да ја повлечам. Војна во мене, околу мене мир, светот е премал за човечката злоба, слободата и мирот се свети, животите се само безначајна статистика. Во името на мирот и слободата, во името на субјективната вистина, со гревот си ја закитуваме постелата, додека денот во ноќ се претвора. Што прави човекот од себе додека за мир со војна одлучува, мир во немирен човек не бидува, промените од мир не произлегуваат. Само низ војни и страдања светот може да се менува,
33
ако човекот низ војна не помине како би знаел мирот да го вреднува. Мир во мене и контури на среќа, опустошени градови и црвена река, некој со фломастер ни нацрта насмевка на расплаканите лица.
34
Адриана Дрецкоска – При(мир)је Отворајќи го мирот, во кој твоите дланки испишани на моите бедра, го дишат последното тело, до ранетите колена; го гребам небото со дождливи солзи - од среќа, моја недозволена. Во крв ги покриваш ситните зла, пишуваш гладнини, отворени празнини врз тенок папир; го разбиваш мирот во моите немири до последен крик, со очи од тенок чад и морски сафир. Прикри солза во клепките под уморот, за да те побара насмевката, во се` што постои; утрото мирот ни го вдиша, во сите простори дури гласот невиност не ми освои - а примирја има многу.
35
Илија Личковски – Орли После секоја помисла на ветената земја, крилјата болно ми се грчат... Бидејќи таму, каде мирот како воздух се диши, тие не можат да ме однесат. Секоја глетка на неправда, Секоја капка грешно пролеана крв, Секоја изронета надгробна плоча на некојси народен херој, Молскавично ме занемува... На клунот, длабоки лузни ми врежува... Секоја војна и немилосрдна битка, пердув по пердув, ми го одземаат летот! Не, ова не претходи на мирот... Од ваква пепел, ни фениксот не се раѓа. Бидејќи мирот не се раѓа во осамен, ранет орел... Чекор наназад. Тука, високо над нас! Во јатото... Јатото силни орли, толку величествено, забрзано, толку гласно! А сепак... Мирно.
36
37
Мирослав Крстески - Ми-р-исот Јас мирот го пронаоѓам, под нозете мои. На земјата, нашиот вечен дом. Сакам мирно и спокојно да ги изминувам сите секунди помеѓу, бамбусовите дрвја во прашумите. Тивки реки да жуборат, толку гласно, шепотејќи за... мојот(твојот) (не)мир. Мирот го барам и во.. ми-р-исот кој наидува, таинствено секоја ноќ, преку мирното ветре. Ветре кое налик тебе ме разнежнува, а типично како рисот, се разбегува молскавично во единствениот миг кога ми се пружи шанса.. да те допрам!
38
Филип Ѓорѓиев – (Не)мирот во кој живееме Згрозени од вчерашната историја збунети за утрешната мистерија. Денес. Прават куклена претстава од нас додека не почнеме со нашата импровизација а тогаш ги спуштаат завесите. Не` врежуваат на маргините и потоа користат солзавец за да не` растерат. И сеуште сме послушни ги извршуваме наредбите а тие не држат прилепени до нив додека не се умориме и тогаш не` заменуваат. Свесно ги ретчиме животните повредни од оброците,бундите и чантите. Секојдневно ги фрламе производите со изминат рок фрлајќи ги со нив и “заборавените“. Ги сечиме и дрвјата и од нив правиме столови кои ни ги јадат црви. Се губиме во мракот кој не` носи во едносмерни улици а на нив страдни души со пластика во раце. Бараме мир, го наоѓаме во нас и потоа објавуваат војна. Не мислевме на ова кога како мали си ја замислувавме иднината.
39
40
Марко Салџиевски – Рецепт за Немир(н)и Можеш ли да си го најдеш мирот кога околу тебе само немири Не? Мирот е сеприсутен во секој немир Само надмини ги, остави ги зад себе сите негации, издигне се над нив живеј без да прифаќаш Не како пораз. Мир е се што ќе остане да те исполнува, Кога од немирот дериват ти ќе направиш, песна за мирот ете ти.
41
Викторија Мирческа – Привид Летам. Летам доволно високо за да ги допрам облаците и да им се одморам во памукот од шеќер. Летам доволно далеку за да го вдишам мирот на небото и да отсонувам парче мирен сон. Летам. Летам доволно ниско за да не го изгубам погледот и да заборавам од каде доаѓам. Летам доволно близу за да не си ја одврзам папочната врвца и да летнам како балон кон вечниот мир. Летам. Или ми се чини? Имам камења во џебовите кои ми тежат. Камен за секоја болка, камен за секоја солза, камен за мојата, камен за туѓата мака. Камен за мир и камен за војна. Камен за отпор и камен за секој проголтан збор. Камен за живот и камен за смрт. Не можам да летам. Привиден мир. Душата немирна одлетува.
42
Васко Маглешов – (Не)мир Привид е мирот во телото кое спие. Во него работи фабрика. Фршти крвта, струнат мислите, отчукува срцето, се бркаат зениците. За дишењето нема пауза. Нема совршен мир освен оној на рибата која плива во иста насока со водата.
43
Елена Пренџова – Параноична Не ни е потребна нестабилна економска ситуација за да нè заплаши, ниту пак нарушен мир за да нè исплаши, или пак пандемија од вештачки произведен вирус за да нè стрепери од страв, зголемена стапка на масовни убиства, кражби, силувања и планирани самоубиства, и онака успешно нè научија повеќе од доволно да се плашиме од самите себеси.
44
45
Митко Апостолов – Улици На разден немир; така почнува со око полно утро. Знам, знам; буден сум; си велам: буден сум, знам. еве моето тело станува мисла како твојата слобода еве мојата стисната уста три пати го премолчува мирот еве сите се собираат да молчат со мене во молитва кажана вземи. На црвен самрак некој пука со вперен прст кон небото гласот вели; види како гулабот во својот клун носи гранче гнездо и некоја идна љубов.
46
Воислав Пехчевски – Кога мирот вознемирува Лик и облик... Божјо дело... ѕвездена прашина... Во безумието на ноќта, Тишината простува и смирува... Во зародишот на зората, Светлината е најубава... Блаженство извира во тебе... од тебе! Независно од темнината или светлината, Блаженство постануваш... не го веќе ни чувствуваш... Кога си бил со еони во немир – мирот знае да те вознемири!
47
Јосип Коцев – Помирување Со прст го стишив галопот на летото, нека биде тишината жива кога мојот збор умира! Толку многу сакав да ти кажам со него; и би ти го кажал на сите човечки јазици, иако ти не ме слушаш на ниеден, а ме разбираш на секој! Толку силен немир можев да ти отклучам со својот глас, да љубиш по мојот образ на љубење, да ткаеш сништа на мојот разбој за сонување, но сега умира тој збор, му газиш врз гробот ископан од ровок, пресен мир, згаснат чемер, помирување.
48
Исток Улчар – Фрагмент за душевниот мир Ја обожувам мојата интимна апатија, кога ги праќам по ѓаволите сите спомени од училниците, сите политичари и спомениците, сите „Facebook“/„Twitter“-бунтовници и сите теоретичари на заговор, сите чек-ин-ови, сите хаштаг-ови, сите селфи-ја и сите дакфејс-ови, сите иритантнии луѓе со нивните тривијални разговори, сите изнасилени насмевки, сите ‘незнам’, ‘сваќаш’ и ‘сеуште’, сите поетски читања кои се досадни како утринска програма, сите мртви души што не се способни да се насмеат... И најдраго од сè ми е кога сите овие демонски појави ќе ги заменам со уживање во морничавите раскази на По, додека низ моите уши маршираат дисхармонични ѕидови од звуци, штитејќи ме од грозната околина.
49
50
Сузана Мицева – (Бессознание) Мојот дух е постуден од телото на упокоен и како зараза се разлева полнејќи ги клетките со застоен воздух. Полумртва сонувам дека сум тивок бран и роморам пред морската карпа молејќи ја да ми се отвори. Во мир. Еден дел од неа ми треба мртвиот дух да го вдомам и да се сторам залив во кој се зачнуваат сите големи војни. Подоцна тука ќе го потопам првиот брод. Во дупката каде еден ден моите потомци ќе копаат нафта, ќе се затрупани и сите надежи дека дотогаш ќе успеам да ја покорам водата. Студениот дух сака се' да биде спокој. Онака, како што тоа го прави грбав бран без душа. И глас. Тивко. Сета крв се излева во мир.
51
Давор Крстевски - неМир Имам јас мир толку многу ене го се распослал по улиците убав шарен мир мир кој сака да остане мир но неможе му ги украдоа утрата заоѓањата љубеењата пеењата збогувањата се му зедоа Но и таков си го сакам мојот измачен и гол мир нагалено си го викам неМир. Имам јас мир реки од мир планини од мир илјадници пораки за мир испишани во вода закачени на врвови високи но гулаб немам го убија и изедоа заедно со душите на починатите маслиновата гранка запалена ја флија во очите на иднината која се сокри во широко раширените зеници на мојот илјаден неМир. Имам јас мир бре но ми го крадат мир не се јаде гладните ќе ти кажат мир не се гушка далеку преку граница 52
мир не се љуби преку интенет страница Имам јас мир бре но ми го земат за да не го препознам за да неможам да го купам за да не можам да го мирувам ниту пак мртвувам Имам јас мир само што ете нагалено си го викам неМир .
53
Митко Гогов - .мирољубиво векување миросани се мислите кои од сува земја плодна почва раѓаат. од стара воденица брашно создаваат. миросани се делата на слепите кои подобро водат од оние кои гледаат. миросани се прегратките кои сонот го носат во ноќите кога патиме од инсомнија. благомирисни се мирољубивите дејанија на оние кои љубат во време на војна.
54
55
Дијана Петкова – Простор Сведокот на мојот спокој го пречека спокојот на твојот сведок. Пред моето лице, првпат се соочија, свесноста и просторот. Не се исплашија. Неочекуваното ги изненади, отворајќи ново пространство за поздрав со мирот. Присутна во голема, бескрајна енергетска широчина, со краткотраен пулс, губам потреба да трагам по светлината, таа извира од мене потојано дарувајќи ми нови искуства.
56
Виктор Јевтимов – Поетски (не)мир Во длабоката и долгата ноќ јас ги земам белите листови и перото мое повторно со надеж дека листовите ќе бидат шарени. Јас пишувам и пишувам но и јас грешам и грешам а од длабочината на мојата душа јас ги вадам моите букви и зборови. Пак сепак човек сум што да правам не сум ни камен ни челик ладен и јас имам емоции. Имам емоции разочаран сум и тоа поетски. Најголемата казна за поетот е непочитувањето на неговиот искажан но исто така и на пишаниот збор од слушателот. Но... но сепак јас имам голема надеж. Ке дојдат нови генерации кои ке го почитуваат поетот и неговите дела.
57
Марина Василевска – Стојановска - ☮ МИР☮ Мигновена Искра на Радоста не обзема сите.
58
Ацо Ѓоргиев - (НЕС)ПОКОЈ Од мисла дамнешна останал недоискажан дел, Чекал да не биде залудно фрлен, без цел, Го чекал денот, го чекал токму овој миг, Го чекал ехото од мојот последен крик. Не сум веќе тоа што бев, Ниту ќе бидам тоа што сум сега, Нема спас од болка внатрешна Која безмислосно притиска, стега. Не верувам во денот иден, Само чемер и јад ќе ми носи, И нема надеж веќе, Оставам мигот сегашен да ме покоси. Ѕвездата супернова раскошно блесна за крај, Нарцисот последен пат се загледа во својот отсјај, Нервот истоштен конечно го дочека својот мир, Духот човечки се распосла низ вселенската шир.
59
60
Соња Стрезовски – Мир На улица и дома. Во душата и телото. Во човекот и нечовекот. Во природата, на гранките, во ветрот. Да слушаш мир. И да го гледаш. Со затворени и со отворени очи. Пред себе и зад себе. Да вришти силно а пријатен да е. Да сакаш да трае и да заврши штом здосади. Да умее со тебе. И ти со него. Зашто не ти е до него секогаш а често толку ти треба. Мир и кафе. И книга. Мир и дремка. Мир и боемска душа. Мир и дожд. Мир после кавга, невреме и несреќа. Мир пред бура и пред нова надеж.
61
Неранџа Нена Костиќ – Мравијалник Ја премолчуваме ноќта групирани во паранормални сфери заспиени во синиот Медитерански сон. Утопијата на поубав живот во двоколка ја распараме со ладен танц на гладијатори. Пелтечиме во безпаќе сонливи од соновидение од лажните ветувања на моќната Цезарова планета . Испијте уште од лагите во пехарот доволни за животот на бедникот, додека багремовите откинати ливчиња не ја докажат спротивноста на мислите, затоа што и тогаш песната ќе се пее со истиот жар и идеал за бесмртност... во тишината на шарените чекори во толпа... ...мравјалникот се шири... „НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР“ додека слободата во песна живее!
62
Афродита Тоцили - * * * Ти си насмевка што ги брише моите солзи, патека по која чекори нашето минато и нашата сегашност, што оживува при секој залез на сонцето, извор што ги напојува пресушените реки во срцето, крилја за болката која тлее во душата, уточиште каде зимата се претвора во цветна долина, место каде можам да се сокријам и да ги оставам најубавите стихови за љубовта!
63
Јаготка Томовска – Ода на љубовта Кога ќе заминам зад оградата на животот И зајдам како последниот зрак на зајдисонце А лицето ќе се скрие зад превезот на реалноста Единствено што ќе ми недостасува ќе биде љубовта што ја загубив некаде На беспаќето од неразбирање Како што сега модерно се вика Компромис Што нагазив врз магијата од омраза Ќе тажам за срцата во чии бие моето За оние со кои, можеби, Ќе се сретнам зад сивилото зад сивилото од етерот И родната грутка, планинските врвови Каде е кралството на вечните снегови За првите зраци од сонцето на Вергина мирисните шарени ќилими Распослани по долините Сребрените струни на водотеците Ќе тажам и за едно далечна Но за менемногу блиска до срцето Земја, за Франција Нејзините пејзажи, за мене воздухот што го дишам Бескрајната виолетова, миризлива престилка Распослана по пределите на Грнобл И шумливите порои низ Алпите И Савојските планини Од кои како од дојки на прворотки блика белина на млеко снеговно
64
измешано со опојна реа на четинарите и небесносините бранови на Кот Д`Азур И има тука уште нешто кон што ќе потече некоја солза Пирамидите на Египет И долината на Нил Што фараоните ја одбрале за вечна почивка За топлината на прегратките со кои тој не дочекува И ширум ни ги отвора вратите од долапите Од кои се точи опојна миризба на етеричните масла и бескрајниот аквариум создаден од подводен свет од риби и корали облечени во одори од најчудесни шари кои постојано се прекројуваат и танцуваат водени од звукот на музиката која те опива и самиот стануваш дел од орото и забораваш и зад себе го фрлаш плаштот на тагата и ќе ја завршам Одата на љубовта со думите од песната што ќе останат зад мене и ќе ви го повторуваат постојано рефренот ќе тажам, ќе тагувам за сите кои ги сакав и ги љубев
65
66
БЕЛЕШКА ЗА ИЛУСТРАТОРКАТА: Викторија Алварез - Вики (Victoria Alvarez – Vicky) е уметник, илустратор и постер дизајнер кој живее и работи во Барселона, Шпанија и Велика Британија. Таа слика и создава експресивни карактери кои се одраз на нејзините лични емоции, но и одраз на човечката ранливост. Понекогаш сака да го користи хуморот и сатирата како елементи во нејзините илустрации. Вики нуди огромен спектар на ликовни курсови и креативни работилници како за деца, така и за возрасни. На нејзината листа се теми како: креативна илустрација, експресивна уметност, моделирање и печатење на дизајн, изработка на играчки за деца, накит од природни материјали и многу повеќе. Поголемиот дел од нејзиното творештво можете да го видите на нејзиниот блог* или на нејзината официјална веб страна*, а доколку сакате можете да ја проверите и нејзината online продавница*. Доколку ви се допаѓа нејзината работа слободно поддржете ја на нејзината facebook страна*, знаете дека ваквите гестови за луѓето од областа на уметноста значат многу!
* Блог: http://victoria-alvarez.blogspot.com * Веб страна: http://vickyalvarez.com * Online продавница: https://www.etsy.com/shop/vickyalvarezart * Facebook страна: https://www.facebook.com/VickyAlvarezillustration
67
ЛЕКСИКОН: семир (едн.) семирот Вид збор: Именка, машки род Целиот свет, вселена. Англиски: universe Употреба: Астрономија Примери: Лет во семирот. Слично со: вселена (ж.)
68
СОДРЖИНА: Официјалeн поздрав на основачот на Светската унија на поети (W.U.P.).............................................................................................................................. 7 Предговор ...................................................................................................................... 9
ПОЕЗИЈА: Костадин Героски – Мојот мир .............................................................................. 15 Лилјана Пецова Илиеска – Мир ............................................................................ 16 Мартин Богатиноски – (Не)мир ............................................................................. 18 Тања Кармзова – Костиглиола – Примирје ....................................................... 19 Димитри Соле Љубин – Постела од диви треви ............................................. 21 Д.А. Лори – Доаѓање дома ..................................................................................... 23 Афродита Џафери – Мир за нас .......................................................................... 24 Љубица Шопова – Print screen .............................................................................. 25 Љупка Антеска - Нула (Нема правда. Нема мир) ........................................... 27 Даница Петровска – Мир ....................................................................................... 28 Флоранда Мухареми - Душевен мир .................................................................. 29 Михајло Свидерски - ВЕК XXI ................................................................................. 31 Дејан Крстески – Мир во војна ............................................................................. 33 Адриана Дрецкоска - При(мир)је ........................................................................ 35 Илија Личковски – Орли ........................................................................................ 36 Мирослав Крстески – Ми - р – исот .................................................................... 38 Филип Ѓорѓиев – (Не)мирот во кој живееме .................................................... 39 Марко Салџиевски – Рецепт за Немир(н)и ....................................................... 41 Викторија Мирческа – Привид .............................................................................. 42 Васко Маглешов – (Не)мир ........................................................................ ........... 43 Елена Пренџова – Параноична ............................................................................ 44 Митко Апостолов – Улици ............................................................................. ........ 46 Воислав Пехчевски – Кога мирот вознемирува .............................................. 47 Јосип Коцев – Помирување ................................................................................... 48 Исток Улчар – Фрагмент за душевниот мир ......................................... .......... 49 Сузана Мицева – (Бессознание) ........................................................................... 51 Давор Крстевски - неМир ....................................................................................... 52 Митко Гогов - .мирољубиво векување .............................................................. 54 Дијана Петкова – Простор ...................................................................................... 56 69
Виктор Јевтимов – Поетски (не)мир .................................................................... 57 Марина Василевска – Стојановска – МИР ........................................................ 58 Ацо Ѓоргиев – (Нес)покој ............................................................................ .......... 59 Соња Стрезовски – Мир ......................................................................................... 61 Неранџа Нена Костиќ – Мравјалник ........................................................ .......... 62 Афродита Тоцили - * * * .. .................................................................................... 63 Јаготка Томовска - Ода на љубовта ................................................................... 64 Белешка за илустраторката .................................................................................... 67 Лексикон ....................................................................................................................... 68 Содржина ..................................................................................................................... 69
70
71
Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ меѓу основните цели и задачи ги има поставено: развојот на културни политики на локално и национално ниво, афирмирањето на независната културна сцена и алтернативните практики во културата, промовирањето и негувањето на современите и традиционалните
културни
вредности,
поттикнување
на
мултидисциплинарноста во творештвото и усовршување на дигиталните вештини и реактуализирање на традиционалните вредности од современа перспектива. Овој предизвик позади кој стои здружението „Контекст – Струмица“, т.е. публикувањето на второто електронско издание на Школата за поезија – делегација Македонија „сеМир“ е исклучително важна активност за сите оние што се занимаваат со книжевност, а посебно со поезијата како специфичен жанр во литературата, кој суптилно навлегува во интимата на секој љубител на пишаниот збор, а воедно служи и за мапирање на нови автори кои имаат интерес да се претстават пред македонската и поширока публика. Иако можеби некој ќе си помисли дека поезијата сè помалку се чита, а списанијата сè помалку ја застапуваат оваа книжевна форма, поезијата сè уште постои. Можеби нејзиниот животен простор станува видливо сè потесен и потесен. Можеби навидум со овој чекор само ја променуваме формата како поезијата да стигне поблиску до читателот, а всушност правиме нов резерват во кој ќе го заштититиме овој заштитен и редок вид на изразување, со што ќе помогнеме во успешното зачувување и пренесување на идните генерации.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ШТО СЕ ДРУЖЕВТЕ СО ЕЛЕКТРОНСКОТО ИЗДАНИЕ НА ЗБИРКАТА „СЕМИР“!
72
73
74