Премин [зборник поезија]

Page 1

ПРЕМИН

Зборник поезија

1


ПРЕМИН

Зборник поезија

2


ПРЕМИН

Зборник поезија

Здружение за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“ Глобално движење „100 Илјади поети за промена“ – Македонија Светска унија на поети Scuola di poesia – School of poetry – Школа за поезија Делегација Македонија

Зборник на поезија: „Поплава“ Издавач: Здружение за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“ За издавачот: Митко Гогов Графичко уредување и дизајн: @kihuPotru Лектура: „Се обидовме да отвориме очи за да нме,а грешки...“  Фотографија на корица: Карола Кастман Слики застапени во книгата: Карола Кастман

3


ПРЕМИН

Зборник поезија

МАКЕДОНИЈА, 2017 ГОДИНА

4


ПРЕМИН

Зборник поезија

,

5


ПРЕМИН

Зборник поезија

6


ПРЕМИН

Зборник поезија

7


ПРЕМИН

Зборник поезија

ВОВЕД Со голема чест и задоволство сакам да ви го претставам резултатот од последниот креативен предизвик на групата на Школата за поезија – Делегација Македонија, која е дел од Светската унија на поети, стихозбирката „Премин“. Драго ми е дека ја продолживме традицијата на градење на една онлајн датотека на македонски автори кои веќе во континуитет создаваат своевидна историја на интернет, која е достапна за сите, а овојпат со промоцијата на овој зборник поезија ќе се одбележи и Интернационалниот ден на поезијата на Светската унија на поети, 21 декември. Затоа што овој интернационален ден пред сѐ има за цел да ја прослави поезијата како инспирација на илјадници луѓе. Ние како претставници на македонската делегација решивме да пишуваме поезија на тема „Премин“, за да може секој еден од нас на свој, уникатен поетски и изразувачки стил канализира дел од неговиот светоглед преку поетиката со која го скулптурира индивидуалниот, номадски, литерарен, хронолошки збир на флуидно расфрлени собства кои решиле да сочинат сегмент на големиот поетикум, вредносниот центрум на аналитичноста, критичноста, прецизноста, на изворно чистата и хербариусмки богатата тегла на еликсирни, поетски дози занаетчиство, како тогаш кога клучарот ти ја покажува вештината за правење алат за отворање на светови. И иако можам да забележам дека оваа електронска иницијатива е можеби малку послаба во одзив на нашите претходни изданија, сепак морам да додадам дека тоа се должи на поголемата пауза која ја имавме како онлајн група и за поздрав е покажаниот интерес од страна на сите дваесетмина поети кои придонесоа оваа поетска збирка да ја добие својата целина.

8


ПРЕМИН

Зборник поезија

Кога помислувам на #премин како термин, ми доаѓаат многу аспекти за кои се отвораат цели простори за талкање и себепронаоѓање, независно од тоа дали станува за (про)наоѓање на тоа што е зародиш на нашиот живот – љубовта, и пристапот кон неа на еден романсиерски, заводнички, интригантен начин, како застанет на изборот меѓу две патеки во длабока шума, а времето истекува во стаклен часовник кој кога еднаш ќе се наполни, со последното зрно ќе прогласи трансмиграција на досега (с)познаеното за животот и смртта. Тогаш, како неибежен фрејм, кадар од филм се појавуваат слики во кои сакал или не почнуваш да преминуваш преку духовните стази, пред секој од нас застануваат различни искушенија, избори, одлуки, вдахновението кое се добива во интимните елиминирања на стравовите, одобровување на времениот стадиум на таласење низ соочувања со сопствените чекори, со желба да следи проширувања, сцените да добијат трансцедентално доживување и будење, како логичен след на едно вакво спиритуално/ љубовно (ре)дефенирање. Ново будење. Клонирани се пресликуваме во одредени зборовни игри, создаваме непознати мостови, стаклени, воздушни, такви создадени од водопади, пеперутки, или такви кои наликуваат на бази во кои кои ги чуваме најдлабоките пандорини кутии кои можат да ни помогнат да бидеме подобри, тогаш ние сме и преминот, и оној што треба да го изгради преминот, и тој што треба да го премине преминот, и оној кој треба да си ја создаде приказната додека го преминува преминот, оти преминот сме ние во секое едно ново создавање... Моменти на прапочеток во кој можеш одново да создаваш мапи или да следиш кармички наследени задачи кои се оставени да бидат решени за да се преминат некои далеку поважни форми на егзистенционално поврзување, во кое нема да бидеме амебно неспособни во смисла на дејствување, туку далеку повклучени во однос на делата.

9


ПРЕМИН

Зборник поезија

Затоа оваа збирка поезија со наслов „Премин“ можам да кажам дека е извонредно предновогодишно поетско пакетче со стихови кои буквално ќе задоволат неколку нивоа на вкусот, а како што ми е мене, верувам дека и на авторите ќе им причини радост доколку им се навратите. Како за вовед во едно ново поетско патување сакам да ви се забладодарувам што случајно или не сте се нашле во простор меѓу нашата поезија, се надеваме дека ќе ви пренесеме еден посебен #премин кој е авторски и автентичен за авторите кои се застапени овде.

Митко ГОГОВ (Претседател на „Контекст – Струмица“, основач на #100TPC - Македонија, амбасадор и претседател на Светската унија на поети – делегација Македонија) 10


ПРЕМИН

Зборник поезија

ПОЕЗИЈА

11


ПРЕМИН

Зборник поезија

Жаклина Свеќаровска

ПРЕМИН Има песни кои никојпат не требаше да ги напишам, ама ете, се случија, како несакана бременост која мајката, по долга борба со себе, решила да ја сочува, уверена дека не е таа онаа што одлучува, туку е само премин, вжештен обрач низ кој човештвото прескока од едно во друго постоење

12


ПРЕМИН

Зборник поезија

13


ПРЕМИН

Зборник поезија

Даниела Пејева Митева

●●● Дамнешно време со здрвени усни ме праша: Каде втонале дните и годините? Предалеку се заминати ќе речам, мене не ми стојат сцените од минатото, сум ги преминала за неколку броја.

14


ПРЕМИН

Зборник поезија

Д.А. Лори

ДРУГАРИ Сега кога на сите ни умре по еден родител се среќаваме во мислите, ги бришеме сите километри меѓу нас и си позајмуваме сеќавања, болка, љубов и мори, како сликички во албум кои ги собиравме; го имам... го имам... го имам... ова го немам... Сега кога на сите ни умре по еден родител смртта веќе не е баба рога надвисната над прозорецот ноќе, додека ние се туткавме под јорганот и ги следевме сенките по ѕидовите. Сега кога на сите ни умре по еден родител знаеме како е да треба да стоиш исправен кога сѐ во тебе се крши и ти се цеди болка од коските, а беспомошноста во тебе беснее како ѕвер фатен во стапица, и влече, влече, до изнемоштеност.

15


ПРЕМИН

Зборник поезија

Стоиме исправено, секој со своето, ама никој сам.

16


ПРЕМИН

Зборник поезија

Лилјана Пецова Илиеска

ПРЕМИН Зини, на, исцеди, ама не оди си. До последна капка испиј, до, врвови заборави, во, низа денови. Прелистај, само така преминот е доволно гласен во ноќта. Беше ти пладне во соништа мои. Заповед во празно и мрачно. Форма на глагол во руво на тајна. А, најстарите, во градот рекоа: "Чувај се дете, отаде, кога еден од вас ќе падне паѓа заради оние зад него". Отворив нова книга пред себе. Незабележано нов камен се испречи. Патиштата на кртот преминаа оздолу нагоре. Дознав. Крвта е вино на денот на разделбите. Зини, на, исцеди, ама не оди си. До последна капка испиј, до, врвови заборави, во, низа денови.

17


ПРЕМИН

Зборник поезија

Снежана Паноска ТИ ЖИВОТЕ Ти животе мачен ми си Од лулка до дупка страдален си Низ иглени уши се провираш По убави мостови поминуваш Се тркалаш, застануваш Се пореваш и пак стануваш Те љубам Те мразам Под нозе те газам Те губам ама пак те сакам Со две раце, со срце, со нокти Жилаво за тебе се држам Како свеќа догорена ќе изгаснеш Кон нова душа ќе преминеш За пак да се родиш и да уживаш

18


ПРЕМИН

Зборник поезија

19


ПРЕМИН

Зборник поезија

Сузана Мицева

....... Дури беше оган, молњи со зборови палеше, ни светнуваше во совеста како факел во студени пештери. Дури беше топлина, леб од усните вадеше и в скути со приказни не' врзуваше, душите ни ги ситеше со медовина. Кога стана догорче сал подзина и ридот не' надвисна, а студенилото како поток истече низ неа во нас и немаше кој, никој да и' ги затвори очите.

20


ПРЕМИН

Зборник поезија

Магдалена Чапаровска

МЕСТО Подалеку од твојот матичен број подалеку од иницијалите на твоето име подалеку од бојата на кожата, косата подалеку од географските координати на родниот град подалеку од регистарските таблички на твојот автомобил подалеку од иметo на државата во која си се’ преселил подалеку од печатот во пасошот подалеку од должината на твојата улица подалеку од цената на твоето живеалиште подалеку од парцелата што е кафез за твоите коски подалеку, подалеку...уште подалеку; некаде внатре – мирува одговор кога пред него ќе стигнеш, часот ќе те одмине ќе разбереш -никогаш и не си бил никаде, другде.

21


ПРЕМИН

Зборник поезија

Оливера Доцевска

АКО РЕЧАМ ЌЕ ЗАМИНАМ Ако речам ќе заминам. Мајка ми ќе писне, татко ми ќе се намршти и едвај ќе прозбори низ усна стисната: Кај ќе одиш ти, се ќе загубиш? Тоа што имаш, тоа што си создала. Знам ќе го одмолчам одговорот заради болката нивна непрокопсана, а во себе ќе се запрашам: Што ќе изгубам Татко, во држава во која иднината е изгубена однапред за внук ти и потомствата? Татковина, контаминирана со омраза? Мајковина каде крвта вода е, леукемија, а родот рода си го јаде? Пријател кој преку пријатела си гази и од децата му од уста леб немилосрдно одзема? Родина во која секоја добрина не останува неказнета? Што ? Што ќе изгубам во очајот на милионите, освен очајот и болката? Во земја каде ни се живее, ни преживува а гласот праведен се замолчува? 22


ПРЕМИН

Зборник поезија

Каде тишината, пат до успех е, а вистината казна најстрашна, туѓото се зема и одзема насилно без око да затрепка? Што ќе изгубам, тука каде Љубовта се казнува, како болест најстрашна? Ако речам ќе заминам... Мајка ми ќе писне, татко ми ќе се намршти и едвај ќе прозбори низ усна стисната. остани овде, не заминувај.

23


ПРЕМИН

Зборник поезија

Билјана Ѓорѓиева Гаврилова

MУЗЕЈ ОД ОЧИТЕ НА СПОМЕНОТ Ти во мене спиеш Сону се будиш кога сонам само тогаш пловат зениците наши нашиот збор и непрегор од најтемните агли на времето до светлиот превез на разумот талкаат опијанети во длабините трчааат по розовини на дланките со вечниот немир по вечно нашето небо каде само нескротливо вијат силно ветровите и најсилно паѓа дождот и бестрашно удираат громовите и најсилно сонцето грее Таму испеани без звук се песните оти најгласно се слушнавме оти најсилно се допревме пред искушението од бескрајот Незаборавени Во Музејот од очите на сонот за навек сме така извајани со две Бои допирливи од вжарени зеници извадени во вериги од солзи в разни форми обликувани оти најгласно се допревме 24


ПРЕМИН

Зборник поезија

оти најсилно се слушнавме во Музејот од очите на споменот само така нескршливо за навек Сону се оставивме.

25


ПРЕМИН

Зборник поезија

26


ПРЕМИН

Зборник поезија

Сотир Д. Георгиевски

МАЛА ПРОМЕНА Немам маска за прв пат во домот, кој се крши под силата на лузните од минатото. Мал залак од изгорени зборови, како исечени плодови сите преполни со мала детска разиграност. Зборовите чудно припаѓаат на далечно од уметноста, ексклузивно право! Гласовите во висини ги вознесуваат. До црвената маса, која чека да биде корисно послужена. Во удобноста на исчезнувањето во мојата постела каде предавањето припаѓа само на другите. Да речеме рози, кои трњата си ги корнат. Тие зацрвенети секогаш ласкаат, гости на гозбата од бесот, црнејќи го денот. Зборови слушнати и зборови изговорени. Нема никаква разлика меѓу нив. Но кога крвта врз нив се пролева тие се последен столб,како кревка потпора на бледата реалност бодат. Јас сум без име, но потполно себе си, си припаѓам. Стар, и доволно заробен од духовите кои смртно ја заклучуваат портата на говорот. Погодувам тоа ме води до прекрасното “ми се допаѓа” Малечкото сонце кое стрели, стрела во сето она што го зема ликот на неодговореното прашање. Која е таа идеална утроба - жената што ја има?

27


ПРЕМИН

Зборник поезија

Заробена во граници на замрзната нерешлива коцка, со армија исполнета, но армија од предавници. Бев роден! И корените ми се илузија на ликот. Воскресение во беснило, накитено со поетски рогови. Мала промена за да биде - последната грмотевица! Та да твојот љубовник неможе да живее исплашен од насилството. Зборови кои како слепи бродови се насукуваат во простите уши. Само љубовта се истенчува како мртовечница, Со сета сила ја убива па препокрива поезијата на лажните......

28


ПРЕМИН

Зборник поезија

Дејан Крстески

Во центарот на густата шума со дрвја кои со лисјата ги допираа облаците се собраа сите кои во себе носеа тага, насобрана од долга и измачувачка неправда, со единствен план кој го штитеа од другите како што ребрата срцето го штитат, со туѓа крв сопствената да ја измијат. Невреме се насетува, револуцијата сме ние, а покрај мене неколку ненаспани џанкери, голи жени под маски и нивните гладни мачки и секако - мртвите поети. Тргнавме кон мостот за да преминеме во градот, патот е долг и тесен, а ние многу - па и несмасни, како диригенти кои изгубиле осет за ритам, додека кучињата по нас нервозно лаат утрото само што не легнало над градот. Но мостот некој го срушил, нема да преминеме до јадрото на градот, за миг сите ја почувствувавме ладната вода на реката, која течеше под мостот кој го немаше, таа не врати назад без глас да пуштиме и револуцијата да ја истераме. Преминавме, не ние никогаш не преминавме, Пијани глави и стомаци празни, Ние револуцијата ја задушивме. Премин.

29


ПРЕМИН

Зборник поезија

30


ПРЕМИН

Зборник поезија

Живка Коцева Караџовска

ЗАЕДНИЧКА ПОРАКА Не те познавам, не, не сакам да те запознаам ваков во пеколна агонија, не сакам да слушам како напразно говориш без верба во моќта на поетскиот збор. Не, не сакам да те запознаам без да те убедам во моќта на потта слеана од рацете на Григор Прличев, Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, пот која се уште дише на пожолтените хартии. Не те познавам, не, и нема да те запознаам се додека не сакаш да слушнеш за структурата на поетската слика. Не сакаш да слушнеш!? Зошто!? Зарем не знаеш, тоа е максимална слобода, имагинација, креативност на јазикот, синтеза на музиката, пантеизам, поетски немир или меланхолија. Не те познавам и не сакам да те запознаам 31


ПРЕМИН

Зборник поезија

се додека не дознаеш за важноста на „Зборникот“ на браќата Константин и Димитар Миладинов, за македонскиот народ традицијата, обичаите и историјата. Не те познавам, не и не сакам да те запознаам се додека не дознаеш колку е важна афирмацијата на македонскиот јазик и духовната вредност на овој храбар, но напатен народ. Не, не би сакала да те запознаам доколку не сакаш да слушнеш за Прличев за „вториот Хомер“ и „Сердарот а за нив и светот слушна. Не те познавам, не и не посакувам да те запознаам, бидејќи не знаеш да го вреднуваш минатото, сегашноста, современата македонска поезија и богатиот наплив од нови поети кои своите пораки преку зборови на интернет ги оставаат. Знаеш ли, тоа се поети од нашево време. Не те познавам, не, но би те запознала доколку со мене си 32


ПРЕМИН

Зборник поезија

поетски и духовно сроден. Доколку имаш поетска мисла, а поет не си и имаш артистичка мисла, а артист не сиако, само со чиста мисла да си. Не те познавам, не, но ќе те запознаам доколку преку заедничка дружба пренесеме пораки до светот: поетски, сликарски, музички, филмски или фотографски. Искрени пораки од срцата откинати кои на светов денес му се потребни. Да допрат до младите кои допрва зачекоруваат и го трасираат својот пат за соживот. Тие се деца на оваа наша планета, тие се творци на нашата иднина. Не те познавам, не, но ти сега ме запозна, затоа подај ми рака и јас тебе да те запознаам, заедно ќе бидеме посилни!

33


ПРЕМИН

Зборник поезија

Милена Ристова-Михајловска

ЗАПОЗНАВАЊЕ (или Средба со Глаголските ливчиња и ,,Адријанти". Или Премин од XXI кон векот IX...) В грло ми заглагоголеа Глаголските ливчиња. В тишина говореа молкум. Мир манастирски. Ти само ги гледаш, тие толку силно глаголат без да зборуваат. Округли, триаголни, крстовидни, Кирилови, Методиеви... Допирот ја става кнедлата меѓу крајниците. Ти вели: ,,Ова е Почетокот". Ти велат: ,,Ние сме од тој почеток. Прастари, ама, еве, живееме. Чиниш дека сме маринирани, мумиирани, флаширани, конзервирани, во дрвени сандаци стокмени,

34


ПРЕМИН

Зборник поезија

ама живи сме. Сведочиме!!! Ти не си ни од деветнаесетти, ние сме од близу векот деветти. Не' распарчија. Не' разделија. Не' разнесоа низ светот. Три сме тука. Судбински. Како тројството. Како триаголникот. Како заедно Богот Еден и двојната природа на Богочовекот". В душа низа дамари, развиорени од ракописите. Со Тебе, ,,Адријанти", шест века универзумски не' двојат. Секунди физички не' врзуваат. Која ли љубов е оваа меѓу тебе, рожбо, на 15-тиот, и мене, жител на 21-виот (век)!? Јас ќе те читам, Ти со збор ќе ме храниш. 35


ПРЕМИН

Зборник поезија

Јас - пребледната од возбуда со џемпер блед земјена боја ко пред припад, Ти со заглавје, ишарено свежина, ко штотуку од природата исцедена. Ко зелен штавел на тело да Ти капел, орнаментично шарајќи ил' цвекло Ти боело наслови и први букви ил' кромидова лушпа Ти се цедела врз нитките декоративни? Јас од благоухание уште побледа, Ти оти пак и пак си виден, уште поживописен. Книгите молат да бидат отворени. Ракописите да бидат допрени. Истражени. Да бидат видени. Кнедлата в грло уште стои,

36


ПРЕМИН

Зборник поезија

од тебе, ,,Адријанти", медиевалистички лајт-мотив мој, од Тебе, Глаголице, на Кирилицата - претходнице, на писмото, Мајка - Дево, Царице!

37


ПРЕМИН

Зборник поезија

38


ПРЕМИН

Зборник поезија

Наталија Наумовска

ИСЧЕЗНУВАЊЕ Се стесни видикот. Темна магла денот го облече. Прав од невидливост насекаде се шири. Испаруваме некаде во универзумот. Реа од гнасен чад завладеа, а ти водиш борба со воздухот. Зрно прашина е поголемо од тебе, му се плашиш на отровот што го испушта расчадениот оџак. Во себе погледнуваш, самиот не можеш да се видиш, стануваш едно со дишењето и се претвораш во огледало. Исчезна краткиот миг на благосостојба, се јави немирот како Демон што демнее, додека не се претвори во прав и замине во бескрајот. Се затемни облакот, а ново сонце во друга надеж ќе се роди и ќе се препороди. Ангелите танцуваа над црните облаци испуштајќи само по една солза 39


ПРЕМИН

Зборник поезија

од секое око. Густите памукчиња се напија од солзите очекувајќи го дождот. Белодробните крила заробени во кафез молеа за спас. Исчезнуваше и кислородот заедно со слободата. Исчезна мирот кога ја снема чистината. Ќе исчезне и прашината штом победи белината. Исчезнуваме претворајќи се во прашинки. Исчезнуваме во просторот како птица далечна што се губи од видикот. Исчезнуваме како капка дожд што паѓа во езеро, како снегулка што се топи во рака, како сенка кога сонце ќе снема. Исчезнавме без да знаеме. И со чезнеење за подобро утре не престанавме. Зошто ние ќе се сториме прашинки, но песната никогаш нема да исчезне. Таа ќе биде Преминот од сегашност во Вечноста.

40


ПРЕМИН

Зборник поезија

Јаготка Томовска

ПРЕМИН Животот е како санта лед, скала од штици циркуски жици по кои ги играме улогите кои Тој ни ги дава, И марионета сме негова Тој не лула де таму, де ваму, ги држи конците како сценарио според кое ја играме ролјата во сторијата наречена премин. Но,ако не го сакаме тоа, го користиме него за да побегнеме од деновите исполнети со чемер и јад за да преминеме од другата страна на брегот каде крвави рози цутат надоени од нашиот плач Тој И мост тоже да биде под кој како солени бранови Протекуваат воздишките Кон оние кои ја испиле Жедта за љубов. И виножито може да биде, премин под кој паѓаат капките роса 41


ПРЕМИН

Зборник поезија

создадени од сончевите зраци на заод. Секој од нас си гради свој премин скривница,тунел во кој влегуваме како во чистилиште за да излеземе од светлата страна на патот Преминот го користат и оние чии гнезда се срушиле под налетот на предаторите. Мораат да ги користат нив затоа што тие водат од смрт кон корка живот а штом ќе прејдат од другата страна не смејат ни поглед да фрлат назад небаре останал таму змеј што пламени јазици фрла, сака да ги голтне.

42


ПРЕМИН

Зборник поезија

Филип Димкоски

ПРЕМИН(УВАЊЕ) Кога пребрзо одиме пребрзо чекориме, многу е извесно, дека пребргу ќе се измориме. Низ многу нешта ќе преминеме врски со спокојот ќе искинеме на себе ќе заборавиме зад нас ништо не ќе оставиме. Ќе преминеме преку топлината, преку мирот, преку радоста, многу брзо младоста ќе ја замени староста. А што ќе ти е старост, и смртта што ќе ти е, ако во трчаница ко река планинска низ сливот, без да гледаш и впиваш, си го претрчал твојот живот. 43


ПРЕМИН

Зборник поезија

Без согледби и јасни видици си трошел време, си дивеел, си преминувал, а не си сетил... Па тогаш како ќе умреш кога не си живеел?

44


ПРЕМИН

Зборник поезија

45


ПРЕМИН

Зборник поезија

Марина Василевска-Стојановска

ТРАЌАЈЌИ ПО СЕБЕ Трагајќи по себе открив една конвенционална жена. Мистериозна и сензуална, романтична, со живописна фантазија. Чувствителна, со длабоки емоции и страсти. Вистински сонувач – нежна ,кревка и љубопитна. Потпрена врз својата интуиција , религија и духовен свет. Трагач по најдлабокото и скриено значење. Скриена во својот имагинарен свет , во кој може да биде она што таа сака. За неа љубовта е магија , романса ,мистерија. Ужива во чувството да биде заведена. Жена која сака да биде заведена. Во љубовта да даде многу, но не и сѐ. Женствена заводничка обвиткана во нежна аура. Умее да направи премин од една душа во нечие срце.

46


ПРЕМИН

Зборник поезија

Мариета Дукиќ

... Ќе се појави одненадеж некаква чудна светлина На градите ќе одмрзне изгубениот допир Одново ќе се родат некои нови светови зариени во земјата со страв од откопување. Ќе сетиме некакво олеснување. Кога лисјата ќе умираат цветајќи.

47


ПРЕМИН

Зборник поезија

Ратка Колева Дамјановиќ

ПРЕМИН "Марс не е место за подигање на вашите деца" Како да беше огласена некаде масовна евакуација во еден правец преселби и премини од библиски размери Стаписани сведоци на едно време-невреме што немоќно гледаат еден успорен мачен филм како им се одмотува пред очите со по некоја забрзана беззвучна бурлеска документарец во кој сите сме затекнати актери природни таленти со надприродни способности за глума и адаптација, со зинати усти а неми, со вџашени очи а ослепени, дотепани. Допрва Светиот Павле ќе се врати да испише нови поглавја во Библијата за голготата на марсовците што останале без планета, за преселбите, за издајствата, кој кого ќе распне. За ова парче ничија земја сечија а ничија, сечи ја, сечи ја, распарчи ја! Земјата трпи сé... Додека не нè проголта.

48


ПРЕМИН

Зборник поезија

Ристо Маџунков УСТИЕ Ќе помнам и ќе се вратам таму зашто ја знам тајната на пламенот и нема да дозволам да ме уплаши темнината и ѕверот што блуе оган ќе го гледам право во очи без престан ќе продолжам да одам за да се вознесам кон ѕвездите следен од вистински сопатници во чиј ум не допира ниту за миг помислата за изгубени можности на нашите украдени души што се вртат во круг без вина виновни, намразени ама спремни со корка леб натопен во вино и зрнце сол да талкаат подготвени по патот на голготата од изворот до своето устие

49


ПРЕМИН

Зборник поезија

Лидија Дочовска Павловска

МЕЃУ СОНОТ И ЈАВЕТО Преминувам преку се... И кога моето тело, станува тешко како олово, не може да излезе од реалната димензија, сака да ги дофати височините... Но, човечките чувства, го преливаат како лава, облаците се претвораат во пурпурна, задушлива магла. Преминувам преку се... И кога очите, црни точки, го впиваат белиот плафон копајќи ја вистината во празно, мерејќи го времето како часовник без стрелки. Преминувам преку се... И кога трепкастите порти зачкрипуваат од студенилото на каменот додека излегуваат молњи и громови, за да паднат како пердув на пламенот на рацете. Само каменот постои во вечноста, го прегрнува брегот на реката, ги создава контурите на езерото го обезбедува островот на отуѓеноста. Преминувам преку се... Додека во ноќта задишано бранува езерото.. Го бранува и духот на силата, 50


ПРЕМИН

Зборник поезија

за да го довлече денот како полузаспано дете во утринскиот сонет, меѓу сонот и јавето. Преминувам преку се... Животот без тебе не е живот...

51


ПРЕМИН

Зборник поезија

52


ПРЕМИН

Зборник поезија

Иле Наумов

ПРЕМИН Преминувам од хибернација во живот кога ти ќе дојдеш кај мене. Преминувам од кафеана во кафеана кога ти ќе ми се налутиш. Преминувам од пустина во оаза кога ке се смириме. Преминувам од сон во сон кога мислам на тебе. Преминувам од земја во облаци кога ти ќе ми се насмееш. Преминувам од немир во очај кога ти ке си ми тажна. Премин си ти мој... И врска помеѓу пеколот и рајот

53


ПРЕМИН

Зборник поезија

Ице Беличев

ЗАРОБЕНИ ВО СЕБЕ Останавме заробени во сопствената кожа, го прокоцкавме животот без прст на глава, заборавивме да се смееме, заборавивме што беше тоа муабет. Грлата ни се сушат оти помалку зборуваат само зла мисла ни го прекосува черепот, а зад грубата насмевка се кријат зборови на напад. Занемени од времето водиме бунт во себе, ги гриземе усните, а душата ја парчосуваме. Останавме заточени помеѓу ребрата кои ја распнуваат подостарената кожа. Грлата суви, душата жедна за капка муабет, за голтка вистина. Заробени во сопственото его се изгубивме меѓу себе, останавме самци во светот, јабанџии во домовината.

54


ПРЕМИН

Зборник поезија

Марјан Минов

ВРАТИ На нашите врати ставивме по две кваки: една за влез, а друга за излез. Бравите без клуч и катанец од друга страна, отсекогаш биле најлесни за отварање.

55


ПРЕМИН

Зборник поезија

Митко Гогов

.секоја пречка - премин. процесот на крај е избор.

56


ПРЕМИН

Зборник поезија

57


ПРЕМИН

Зборник поезија

ПОЕЗИЈА НА ПОЕТИ ГОСТИ

58


ПРЕМИН

Зборник поезија

СОБИР Хозе Виктор Пенаранда

(поет од Филипините кој ја напишал оваа песна за време на својот престој во Штип, Македонија) *** Дојдоа, мажи и жени Како потоци кон црната гора, Од сите правци Од цветни долини и кршни крајбрежја Дојдоа, говорејќи на дијалектите На кланови кои ја преживеале Грубоста да бидат цивилизирани На маргините на исчезнатите империи, Нивната вера во сезоните недопирлива Додека деновите трпеливо избледуваа на листот, А приказните пловеа и се виореја како знамиња. Нивната смеа ја загреа салата, Секој од нив таинствен трубадур Чекајќи го заблудениот попладневен сјај, На таа незауздана река на моментот Кога не постојат странци. Секој од нив беше епски фрагмент од химна Во земјата на почесни помени, Кога борбите разбуктени во крв биваат заборавени И некој наоѓа љубов, таму каде што од секогаш била ... И дојдоа, сите решени на доживување, Кога музиката се крена и падна и потече во вино, А тие формираа круг, рацете на рамената, 59


ПРЕМИН

Зборник поезија

Нивните тела од длабоко езеро и високи трски Движејќи се со грациозноста на светлината Тие танцуваа, ѕвезди бликаа од нивните стопала, Тие танцуваа, диви и маѓепсани, тие танцуваа:

60


ПРЕМИН

Зборник поезија

ТИШИНАТА НА ВОДОЧА од Хозе Виктор Пенаранда

(поет од Филипините кој бил на црковна мисија во Струмица) На половина од есента кога времето почна да се мешколи под кожата посакав циганско лето. Ништо необично или празнично да се случи. листовите во шумата беа вчудоневидени до светнатост од студот, јатата птици ги колвеа лозјата. Температурата продолжи да паѓа. луѓето вареа ракија со страст, пушеа цигара врз цигара да ги запрепастат своите гради. дрвјата станаа понизни и соголени. Ги внесов саксиите со растенијата внатре, ги распоредив подеднакво на прозорецот секогаш да ја фатат сончевата светлина, апсорбирај ја топлината на здивот. Едно утро снегот почна да паѓа упорно со безпрекорна решителност, трансформирајќи го пејзажот пред моите очи, лиејќи магија земјата да може да одмори и да спие. А јас патував со ангелите на југ, да се приклучам кон свечената миса

61


ПРЕМИН

Зборник поезија

за оние кои одбрале да умрат со скапоцена бистрина во срцето. Параклисот стоеше на манастирската основа, на самото место каде Византија завршно го запечатила своето цивилизирано освојување на оваа Балканска територија поразувајќи војска од истиот Бог. Пет илјади затвореници биле фатени, сите заслепени, освен по еден на секои сто кој бил поштеден по едно око, да може да ги води брутално обезличените назад дома. Немаше знаци да посочат каде битката се водела; ни споменици немаше изградено, за оние што талкаат по светите полиња да немаат што да запаметат. Јастреб еден ја вардеше чтамата без граници. Загледан во темните тајни на семето, жртвена смрт прославувана во ритуалите на годишните времиња. Невидлив процут, разголен како светлината в зори, ме доведе до оваа моќна духовна заедница.

62


ПРЕМИН

Зборник поезија

ЕДНО ОД НУЛА Хосе Виктор Пенаранда

(поет од Филипините) Сите количества и разновидности почнуваат со еден. Не можеш да стигнеш до второто, третото или четвртото Без Првото да постои. Можеш да патуваш до бесконечноста Или да се изгубиш во мноштвото, Но, сè ќе се собере и ќе произлезе Сето кренато на прв степен. Нулата е еднаква на ништо но сепак дава раѓање на нешто; Без неа не може да има ни еднина ниту множина, Ни концепт за празнина, ниту израз за празно Како кружна целост, не космос или хаос Само оваа длабока тага од твоето отсуство на квадрат, Склоност да те вратам во апсолутноста И да престојувам во изворот на Пи, мојата нула замислена.

63


ПРЕМИН

Зборник поезија

64


ПРЕМИН

Зборник поезија

АВИОН ОД ХАРТИЈА Д-р. Тземин Итион Тсаи

(поет од Тајван, Република Кина) Погодни воздушни струи дојдоа независно од подемите и падовите важни ни се притисоците и млазност додека се изедначуваат меѓу себе во моментот на фрлањето исто како витез кој е добар во проценување на ситуацијата Летај, безгрижно, намерно и на слобода Само моето лице е толку бледо мојата силуета е толку тенка и слаба Сепак, се преправав дека сум слободен и лесен Ослободена, мојата изместена полилинија го јачи моето тело што жабата го инспирира да се вознесувам во патетики. Да посредувам меѓу тие турбуленции летајќи над главите на толпата апсорбирајќи ја вревата на звуците додека далеку од полудената толпа Дури и за непозната причина дури и за незнаење на времето за слетување важно е да се полета Ќе се покајам и заборавам благословот на децата 65


ПРЕМИН

Зборник поезија

со мала желба да не ги вознемирувам пеперутките околу нивните цветови Но, не треба да се има страв пред росата на тревата да ми ги намокри крилјата секогаш ќе има пар рачиња кои ќе дојдат да го задржат моето тело при паѓањето Смеата ќе ја исполни долината па како што дојдов тука уште еднаш ќе ме оддува високо и далеку

66


ПРЕМИН

Зборник поезија

ВО СОНОТ, ВИНОЖИТОТО НЕ СПИЕ Д-р. Тземин Итион Тсаи

(поет од Тајван, Република Кина) Времето минува Обидете се да ги задржите истите должини на мрежата таквото спокојство не е во спротивност со познавањето на Ајнштајн Планинскиот раб го допира зајдисонцето студено во црвено-жешко кога е притаено првото светло движејќи ги далечните облаци во боја што постојано заросуваат капки дожд па светлината што продира низ горниот агол на прозорецот се прекршува под различни агли на рефракција а скокот на виножитото го повикува обоениот змеј да чукне на мојот прозорец кој никогаш не е затворен Седејќи на грбната перка на змејот густата грива ме штити од болка кога силуетата се вивнува во небото како молња и одеднаш доаѓа на врвот на виножитото Нежно како во идеалниот свет на Њутн каде не постои триење само фина свилена руба која го прави секој напор да се провлече низ воздухот во обид да го спречи паѓањето на фигурата со еднакво забрзување да ја постигне крајната брзина, да се одлепи од површината Кога паѓам на дното од облаците 67


ПРЕМИН

Зборник поезија

молете се дека гравитацијата нема да ме остави Квалитетот е многу вообичаена шега Можеби дајте само да се вратам во сонот повторно Не можам повеќе да ги слушам фалбите на Галилео што ја раздираат Аристотеловата одбрана Каде можам да најдам мудрост? Илузијата на литературата Каде да најде научно одобрување

Превод од англиски: Ратка Колева Дамњановиќ

68


ПРЕМИН

Зборник поезија

БИОГРАФИЈА ЗА АВТОРИТЕ

Хозе Виктор Пенаранда, еден од најпрестижните поети на Филипините, добитник на Galaad Balagtas од UMPIL и на наградата на Сојуз на писатели на Филипини за неговото животно дело, прогласен за Поет на годината од Филипинскиот графички магазин на книжевните награди Nick Howakin for 2015. "Јас немам разлика помеѓу животот и поезијата, поетот е истовремено и песна, бев ефемерен и издржлив. Верував во моето срце и ги барав островите, патував низ планините и низ морето, се восхитував и се борев да бидам дел од архипелагот на желбата ... Јас сигурно не припаѓав на себе. Не можев да се изјаснам за ветрот и огненото искуство." (Voyage, p.8) Д-р Тземин Итион Тсаи е роден во Тајван, Република Кина, во 1957 година. Завршил Хемиски факултет и има два мастери за наука, за применета математика и хемиски инженеринг. Тој е научник со широк опсег на експертиза, додека одржува заеднички и позитивен интерес за науката, инженерството и литературата. Покрај тоа што е универзитетски професор тој е и хонорарен писател. Д-р Тсаи не само што е остварен поет, тој е есеист, романсиер, колумнист, уредник, преведувач, академик, инженер, математичар и многу други работи. Неговото книжевно творештво е специјализирано и со стручни експертизи во областите на природата, анатомијата на емоции и хуманоста, пишувањето за животот, графичкото пишување, пишување меѓу домените и така натаму.

69


ПРЕМИН

Зборник поезија

Има спроведено бројни образовни истражувања со развој на наставни материјали во неговата земја. Има освоено многу национални книжевни награди. Освен во неговата земја, неговите литературни дела се се дел од антологии и објавувани во многу книги, списанија и весници во повеќе од 40 земји и се преведени на повеќе од десетина јазици. Д-р Тземин Итион Тсаи е вонреден професор на Универзитетот во Азија (Тајван), уредник на академскиот универзитетското списание "Читање, пишување и предавање". Учествувал на Меѓународната фондација за писатели, Софлај Азија, дел е од Меѓународното друштво на писатели "Питёр Богдани", Интернационалниот портал за повеќејазична литература "БАБЕЛМАТРИКС", ИМАГИН И ПОЕЗИЈА (Италија), вебсајт на Axlepin Publishing, како претставник на Тајван. Тој, исто така, пишува колумни за месечникот за кинески јазик месечно и кварталното списание за вино во Тајван. Многу познати поети на светот преку неговите кинески преводи и претставувања беа во можност да бидат препознаени од народот на Тајван.

70


ПРЕМИН

Зборник поезија

КОН ТЕМАТСКИОТ ЗБОРНИК „ПРЕМИН“ Човек не може да влезе двапати во иста река. Постојано преминуваме од некаде кон другаде, од нешто кон нешто друго. Еве, и сега сме на преминот од една година во друга. Толку природно. Токму поради тоа состојбата на премин кој никако да заврши, премин кој стана феномен сам за себе (го нарекоа транзиција) е состојба исто толку неприродна како кога реките би почнале да течат нагоре место надолу. Но, водата не може да ги победи законите на природата. Кога ќе се разгневи, водата се разлева во широчина исто како што поетите соочени со тематскиот предизвик (Премин) преплавија со стихови, слики, емоции ... Во зборникот на оваа тема се објавени дваесет и пет песни од исто толкав број поетеси и поети. Се нижат поетските писма – сведоштво на гневот што се разлева, крик на безпатјето. Оливера Доцевска во својата песна Ако речам ќе заминам многу длабоко и емотивно го доловува тој понор, растргнатоста меѓу коренот и гранките на стеблата кои веќе неколку децении раснат среде преминот: „ ...Што? Што ќе изгубам во очајот на милионите, освен очајот и болката? Во земја каде ни се живее, ни преживува а гласот праведен се замолчува? Каде тишината, пат до успех е, а вистината казна најстрашна, туѓото се зема и одзема насилно без око да затрепка? Што ќе изгубам, тука каде Љубовта се казнува, како болест најстрашна? Ако речам ќе заминам...“

71


ПРЕМИН

Зборник поезија

Поетското писмо на Билјана Мелоди Брон, Музеј од очите на споменот, допира друга рак-рана: „Ти во мене спиеш Сону се будиш кога сонам само тогаш пловат зениците наши нашиот збор и непрегор...“ Сон кој не може да стане јаве! Живот сведен на голо преживување, очи расточени во верига солзи ... „Останавме заробени во сопствената кожа, го прокоцкавме животот без прст на глава, заборавивме да се смееме, заборавивме што беше тоа муабет“ крикнува Ице Беличев. Оттуѓувањето го зема својот данок. Исто како и животот. „Сега кога на сите ни умре по еден родител знаеме како е да треба да стоиш исправен кога сѐ во тебе се крши и ти се цеди болка од коските, а беспомошноста во тебе беснее како ѕвер фатен во стапица, и влече, влече, до изнемоштеност“, вели Д.А. Лори во песната Другари. „...Исчезнуваме како капка дожд што паѓа во езеро, како снегулка што се топи во рака, 72


ПРЕМИН

Зборник поезија

како сенка кога сонце ќе снема. Исчезнавме без да знаеме. И со чезнеење за подобро утре не престанавме.“, кажува Наталија Наумовска за надежта на која единствено вечноста ѝ има останато. И стиховите на Жаклина Свеќаровска говорат за таа надеж, за увереноста дека секој: „... е само премин, вжештен обрач низ кој човештвото прескока од едно во друго постоење“. Преминот е и немир, нестрпливост, недржење место да се замине, да се оди, да се побегне што подалеку (Магдалена Чапаровска): „подалеку, подалеку...уште подалеку; некаде внатре – мирува одговор кога пред него ќе стигнеш, часот ќе те одмине ќе разбереш -никогаш и не си бил никаде, другде.“, но, тука е и сознанието дека човек може да побегне од сѐ, освен од самиот себе. Затоа, маските долу! „Немам маска за прв пат во домот, кој се крши под силата на лузните од минатото. Мал залак од изгорени зборови, како исечени плодови сите преполни со мала детска разиграност.“ (Сотир Д.Георгиевски) Маските долу, па макар морале резигнирано да заклучиме (Дејан Крстески): „ Преминавме, не ние никогаш не преминавме, Пијани глави и стомаци празни, 73


ПРЕМИН

Зборник поезија

Ние револуцијата ја задушивме.“ За некои, преминот е скривница, скришно место, место на духовно прочистување: „Секој од нас си гради свој премин скривница,тунел во кој влегуваме како во чистилиште за да излеземе од светлата страна на патот“ (Јаготка Томовска). А на светлата страна на патот неретко е љубовта, небаре ѕвезда- водилка, мотив да се (пре)живее: „Премин си ти мој... И врска помеѓу пеколот и рајот“ (Иле Наумов) „.секоја пречка - премин. процесот на крај е избор.“ – констатира Митко Гогов, потенцирајќи ја слободната волја да се избере како ќе го доживееме мигот и како ќе го проживееме животот. Во зборникот се објавени и песни на поети од Тајван и Филипини, Тземин Итион Тсаи и Хосе Виктор Пенаранда, кои имале можност да престојуваат во Македонија, и да ни овозможат да се погледнеме низ призмата на нивните стихови: „Во земјата на почесни помени, Кога борбите разбуктени во крв биваат заборавени

74


ПРЕМИН

Зборник поезија

И некој наоѓа љубов, таму каде што од секогаш била ... “ (Хосе Виктор Перанда), Да нѐ осоколат: „Дури и за непозната причина дури и за незнаење на времето за слетување важно е да се полета“ (Тземин Итион Тсаи) На крај, љубовта е сѐ што вистина ни треба. Важно е да полетаме. Кон светлата страна.

Автор: Жаклина Свеќаровска 75


ПРЕМИН

Зборник поезија

76


ПРЕМИН

Зборник поезија

ЕМОЦИИТЕ КАКО ПОСТОЈАНА ТРАНЗИЦИЈА (Поглед кон артистичките “премини“ на Карола Кастман) „Апстракните андрогени форми на суштества“ се некоја соновидна рефлексија на нашето дуално суштество, кое освен основните хуманоидни неретко знае да се втурне во предизвици кои потоа, дури и делумно да наликуваат на крик, можат да бидат таков рустикален потег, кој додека гребе по одредени ќелии на нашето моментно препознавање на понудениот релјеф за преживување, ние се втурнуваме во препознавање нашите лични искуства. Карола Кастман е уметник кој знае да ги глечира моментите, да ги блуризира ритмично до степен на цементирана, емоционална, есенцијално меланхолична, а сепак топло исполнета помеѓу димензиите на фигурите и онаа жестока изразеност при движењата, рационалност, додека создава недефенирани, аурични композииции од бои и контури. Наспроти вообичаените модернистички пристапи на кои сме вообичаено навикнати да наидеме додека посетуваме некоја галерија во светот или во нашите градови, галерии и музеи, сликите на Кастман имаат некоја сопствена препознатливост, тој момент на комбинирање на материјали, меѓу кои најчесто извадоците на пораки од весници, кои ги користи како еднакви елементи во градењето на приказната, во самата композиција придаваат информација дека сепак станува збор за уметник кој не само го владее сопственото “креативно пронаоѓање“, во контекст на создавање на свој личен авторски потпис или ракопис, туку таа умешно и доста професионално умее да инкорпорира одредени модернистички влијанија кои сосема идеално ја надополнуваат не само нејзината стилистика, туку и пораката која сака да ја пренесува со нејзиното творештво. 77


ПРЕМИН

Зборник поезија

Интересна е нели? Додека размислував што би било добро да ја надополни целата колекција на стихови на тема „Премин“, помислив на тоа дека поетите во периодот додека ги создаваат своите стихосказанија, секој од вклучените поети поединечно, поминува низ мисловен процес со кој се поврзува со сите центри кои кај него генерираат процес на создавање поетика, на целиот тој креативен порив кој секој од вклучените го вложил, а тоа што Карола Кастман исто така употребува различна структура, а и зборови истовремено што мене ме асосцираше на тоа дека мојот тунел/ премин би сакал да биде исполнет со поезија која е испишана по ѕидовите, а кој знае можеби душите на луѓето се такви сенки, во кои некои од мислите останале испишани по деловите од телата, само беше одлучен таа да биде дел од споделената поезија, надополнувајќи ги нејзините приказни визуелно.  Ако сакате повеќе да видите за Карола Кастман, нејзиниот блог е: carolakastman.blogspot.com

Автор: Митко Гогов 78


ПРЕМИН

Зборник поезија

СОДРЖИНА

ВОВЕД  Митко Гогов ............................................................................................................ 8 ПОЕЗИЈА                    

Жаклина Свеќаровска ........................................................................................... 12 Даниела Пејева Митева ........................................................................................ 14 Д.А. Лори ................................................................................................................... 15 Лилјана Пецова Илиеска ..................................................................................... 17 Снежана Паноска ................................................................................................... 18 Сузана Мицева ....................................................................................................... 20 Магдалена Чапаровска .................................................... ................................... 21 Оливера Доцевска ................................................................................................. 22 Билјана Ѓорѓиева Гаврилова .............................................................................. 24 Сотир Д. Георгиевски ........................................................................................... 27 Дејан Крстески ........................................................................................................ 29 Живка Коцева Караџовска .................................................................................. 31 Милена Ристова-Михајловска ........................................................................... 34 Наталија Наумовска .............................................................................................. 39 Јаготка Томовска ..................................................................................................... 41 Филип Димкоски .................................................................................................... 43 Марина Василевска-Стојановска ...................................................................... 46 Мариета Дукиќ ........................................................................................................ 47 Ратка Колева Дамјановиќ .................................................................................... 48 Ристо Маџунков ...................................................................................................... 49 79


ПРЕМИН     

Зборник поезија

Лидија Дочовска Павловска ............................................................................. 50 Иле Наумов ............................................................................................................. 53 Ице Беличев ........................................................................................................... 54 Марјан Минов ........................................................................................................ 55 Митко Гогов ............................................................................................................ 56

ПОЕЗИЈА НА ПОЕТИ ГОСТИ:  Хозе Виктор Перанда ........................................................................................... 59  Тземин Итион Тсаи ............................................................................................... 65 БИОГРАФИЈА ЗА АВТОРИТЕ  Хозе Виктор Перанда ........................................................................................... 69  Тземин Итион Тсаи ................................................................................................ 69 КОН ТЕМАТСКИОТ ЗБОРНИК „ПРЕМИН“  Жаклина Свеќаровска............................................................................................ 71 ЕМОЦИИТЕ КАКО ПОСТОЈАНА ТРАНЗИЦИЈА (Поглед кон артистичките “премини на Карола Кастман“)  Митко Гогов .............................................................................................................. 77 СОДРЖИНА ........................................................................................................................ 79

80


ПРЕМИН

Зборник поезија

Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ меѓу основните цели и задачи ги има поставено: развојот на културни политики на локално и национално ниво, афирмирањето на независната културна сцена и алтернативните практики во културата, промовирањето и негувањето на современите и традиционалните културни вредности, поттикнување на мултидисциплинарноста во творештвото и усовршување на дигиталните вештини и реактуализирање на традиционалните вредности од современа перспектива. Овој предизвик позади кој стои здружението „Контекст – Струмица“, т.е. публикувањето на ова петто издание на електронска издание и го сметаме за исклучително важна активност за сите оние што се занимаваат со книжевност, а посебно со поезијата како специфичен жанр во литературата, кој суптилно навлегува во интимата на секој љубител на пишаниот збор, а воедно служи и за мапирање на нови автори кои имаат интерес да се претстават пред македонската и поширока публика и да се пренесе порака, непосредно пред празниците, а и да го обележиме по втор пат во Македонија Интернационалниот ден на поезијата на Светската унија на поети, Иако можеби некој ќе си помисли дека поезијата сè помалку се чита, а списанијата сè помалку ја застапуваат оваа книжевна форма, поезијата сè уште постои. Можеби нејзиниот животен простор станува видливо сè потесен и потесен. Можеби навидум со овој чекор само ја променуваме формата како поезијата да стигне поблиску до читателот, а всушност правиме нов резерват во кој ќе го заштититиме овој заштитен и редок вид на изразување, со што ќе помогнеме во успешното зачувување и пренесување на идните генерации.

81


ПРЕМИН

Зборник поезија

Ви благодариме што бевте со нас! - следете ги нашите следни активности –

82


ПРЕМИН

Зборник поезија

83


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.