Civkon AGI PO Box 750, 1000 Skopje, Macedonia Phone/Fax: +389 2 2551611 E-mail: contact@civkon.mk www.civkon.mk
Што е Air Leakage Inspection? Многу често објектите во кои живееме, работиме или проведуваме дел од своето време, без разлика дали се нови или стари, дали се поквалитетно или понеквалитетно изградени и без разлика од намената и големината, не се соодветно запечатени. Тоа значи дека воздухот, кога сите прозорци и врати се затворени, неконтролирано влегува и излегува од објектот, но и се движи помеѓу етажите и одделните сектори и делови.
Градителите на објектите и крововите, како и монтерите на прозорците и фасадите, секогаш тврдат дека објектите се извонредно запечатени. Често пати појавата на конденз и мувла ја поврзуваат со извонредната херметизираност и на корисниците им даваат упатства за проветрување на просториите за избегнување на овие проблеми. Не ретко се случува појавата на влага и мувла да се поврзува со замената на старите прозорци со нови и дека со тоа пареата од секојдневното живеење останува заробена. Но вистината е сосема спротивна. Разните за голо око невидливи „дупки“ во фасадата, околу прозорцити, во кровот и кон подрумските простории, во комбинација со лошата изолираност на зидовите и кровот се причина за мувла, влага и конденз во количини од кои често пати се прави заблуда дека протекува низ кровот, низ прозорците или низ подрумските ѕидови. Светските искуства, од стотици илјади испитани објекти, кажуваат дека само 1% од објектите можат да се оценат како одлично херметизирани, околу 5% како задоволителни, околу 10% како прифатливи и дури 85% не ги задоволуваат основните критериуми за воздухонепропустливост. Кај објектите со големи височини (повеќекатници) и кај објектите со големи волумени (трговски центри, магацини, производствени хали и сл.) проблемите и загубите на енергија предизвикани од лошата херметизираност се повеќекратно поголеми.
Page | 1
Civkon AGI PO Box 750, 1000 Skopje, Macedonia Phone/Fax: +389 2 2551611 E-mail: contact@civkon.mk www.civkon.mk
Воздухонепропустливоста или херметизираноста е посебно важна кај објекти кои користат системи за вентилација, греење и ладење. Кај овие објекти недоволната херметизираност предизвикува неекономичност и преоптовареност на системите, големи трошоци за енергенси и за поправки и одржување, а често пати и покрај се тоа не е можно да се постигнат посакуваните температури и удобноста е многу мала. Заклучок е дека со мали интервенции и трошоци, придобивките кај ваквите објекти можат да бидат огромни. Со методата на Air Leakage Inspection се изнаоѓаат сите места низ кои несакано и неконтролирано „протекува“ воздух низ обвивката на објектите, но и низ внатрешните прегради и етажи. Се прави со предизвикување на вакуум или зголемен притисок во објектот со помош на моќни но софистицирани вентилаторски системи, кои во комбинација на димни генератори, сензори, инфрацрвени камери и ветромери и се лоцираат и означуваат сите отвори низ кои неконтролирано продира воздухот. Оваа метода е недеструктивна, неинванзивна и целосно безопасна по луѓето, машините и опремата во објектите. Може да се прави во вселени и празни објекти, во завршени или објекти кои се се уште во фаза на изградба.
Page | 2
Civkon AGI PO Box 750, 1000 Skopje, Macedonia Phone/Fax: +389 2 2551611 E-mail: contact@civkon.mk www.civkon.mk
Кога се прави Air Leakage Inspection?
Page | 3
Во зависност од потребите на инвеститорот, или од проблемите со објектот, Air Leakage контролата може да се спроведе во различни термини, во различни фази од изградбата на објектот или во текот на користењето на објектот. Препорачливо е инспекцијата да се спроведе кога нема ветер и кога разликата во температура внатре/надвор е поголема од 18оC, бидејки тогаш наједноставно се лоцираат местата од каде има неконтролирано протекување на воздух. Секако тоа не ја исклучува можноста тестот да се спроведе и при секакви временски услови. За објектите во изградба, најдобро е контролата да се спровее пред завршување со градежните работите (во фаза на затворена карабина), за да се овозможи едноставно и ефтино поправање на пронајдените слабости. Идеално е тестот да се спроведе два пати: ТЕСТ 1: Откривање на проблемите, после што се пристапува кон отстранување на дијагностицираните слабости и санација; ТЕСТ 2: Контрола, по завршување со сите градежни работи;
Civkon AGI PO Box 750, 1000 Skopje, Macedonia Phone/Fax: +389 2 2551611 E-mail: contact@civkon.mk www.civkon.mk
Зошто Air Leakage Inspection? Враќање на инвестицијата Ова е најдобрата инвестиција која можете да ја направите. Неконтролираното ротекување на воздух учествува и до 40% во топлинскиот товар на објектот, или преведено на поедноставен јазик, 40% од потребната енергија за загревање или ладење се троши за да се „победи“ ладниот (топлиот) воздух кој непредвидено, нескано и неконтролирано влегува во објектот. Кредити, субвенции и донации Со подобрувањето на запечатеноста, се намалуваат потребите од енергија за греење и ладење. Значи се подобрува енергетската ефикасност на објектот, а ако таа се подобрува тогаш се влијае и на намалување на загадувањето на околината. Постојат голем број на проекти и програми кои овозможуваат кредити, субвенции или донации за постигнување овие придобивки за џебот, општеството и околината. Комфор Добрата запечатеност и потребната воздухонепропустливост ќе го направат просторот многу поудобен за престој и работа. Прозорците, вратите и крововите низ и околу кои дува и разните микро и макро отвори на фасадата прават температурата да не е рамномерно распределена низ просторот. Се појавуваат делови од просторот кои се претопли и делови кои се непријатно студени. Безболно и веднаш Откривањето на несаканите „дупки“ низ кои протекува воздухот, како и елиминирањето на овие проблеми е брзо и многу ефикасно. Околу 80% од „дупките“ можат да бидат запечатени за само неколку часа од добро истрениран тим на професионалци. Разликата ќе се почувствува веднаш. Намалување на бучава Добрата запечатеност, т.е. високата воздухонепропустливост не само што го држи надворешниот воздух таму каде што му е местото, туку го попречува и звукот да влегува во објектот. Значи ќе биде поудобно и потивко. Подобрување на квалитетот на воздухот Добрата херметизираност ќе ги држи подалеку од вас и мувлата, поленот и разните алегени. Но исто така ќе го спречи продорот на издувните гасови од возилата и несаканите миризби од кај соседите или
Page | 4
Civkon AGI PO Box 750, 1000 Skopje, Macedonia Phone/Fax: +389 2 2551611 E-mail: contact@civkon.mk www.civkon.mk
подрумските простории. Дефинитивно ова го прави вашиот простор поудобен за прeстој и поздрава Page | 5 средина за живот и работа. Без мразулци кои висат од кровот и без смрзнати олуци Мразулците најчесто се предизвикани од продирање на внатрешниот загреан воздух низ отвори во кровот, се до самиот кровен покривач. Овој топол воздух ги топи долните слоеви од снегот, водата полека тече надолу и повторно се смрзнува на краевите од покривката или во олуците. Така олуците се затнуваат со количини од мраз, па со топењето на снеговите почнуваат протекувањата низ кровот. Или пак се создаваат структури од мраз во облик на мразулци, кои иако прекрасно изгледаат, добро знаеме какви се штети предизвикуваат и колкава опасност се за луѓето и возилата. Намалување на штети Голем број од смрзнувања на водоводна инсталација или бојлери може да се спречи со доброто херметизирање на објектите. Ако некогаш сте имале проблем со смрзнати или пукнати цевки од смрзнување, тогаш сигурно многу добро ќе ја разберете придобивката од оваа мерка. Заштита од штетници и инсекти Кога нема отвори, тогаш и несаканите гости остануваат надвор. Птиците, инсектите и глодарите нема да бидат дел од вашиот простор. Спречен продор на вода „Дупките“ низ кои влегува воздухот, се и места кеде може да протекува и вода. Најчесто тоа се скриени протекувања кои не се гледаат веднаш, туку предизвикуваат штети на вградените материјали и се собира поголемо количество пред видливо да протече или да се појави во облик на влага или мувла.
Civkon AGI PO Box 750, 1000 Skopje, Macedonia Phone/Fax: +389 2 2551611 E-mail: contact@civkon.mk www.civkon.mk
Што ние можеме да направиме во врска со Air Leakage Inspection? Располагаме со потребната опрема од реномиранитe производители Retrotec, Flir и Ahlborn, како и искуство и сертифициран кадар за вршење на целата процедура. Можеме да спроведеме Air Leakage Inspection на станови, куќи и деловни простории од сите големини, но и на цели објекти без разлика на нивната големина (станбени згради, хотели, болници, театри, кина, производствени погони, па се до големи стоваришта, спортски сали, деловни и трговски центри). Ги лоцираме и обележуваме сите места низ кои протекува воздух. Од направеното мерење и добиените резултати правиме целосен извештај кој ги содржи сите потребни информации, препораки и сертификати, а во рок од неколку дена по завршување со тестот. На ваков начин клиентот ќе биде сигурен дека ги има сите потребни податоци и упатства за да пристапи кон санирање на недостатоците доколку ги има, или ќе има потврда за квалитетот на објектот.
За очекување е дека со санирањето на проблемите кои ќе се лоцираат, ќе се намали неконтролираниот провев за 20% до 30% кај објектите кои се во солидна состојба, па се до неколку кратно подобрување за објектите кои се наоѓаат во лоша состојба. Резултатите се посебно изразени кај објекти со големи површини и монтажни фасадни или кровни системи (деловни или производствени објекти со панелни, структурални или стаклени фасади) и кај ваквите објекти подобрувањата и заштедите во греење и ладење најчесто се впечатливо големи. Најдобро и препорачливо e Air Leakage контролата да се прави во комбинација со Blower Door Test-от.
Page | 6