Civkon AGI PO Box 750, 1000 Skopje, Macedonia Phone/Fax: +389 2 2551611 E-mail: contact@civkon.mk www.civkon.mk
Што е IR Thermography? Infrared Thermography, или Инфрацрвена Термографија претставува собирање и анализа на направени снимки од инфрацрвено зрачење, добиени со бесконтактни уреди. Исклучително е корисна бидејки е неинванзивна, се работи бесконтактно, дава дводимензионална слика за состојбите и се одвива во реално време.
Секое тело во природата емитува инфрацрвено зрачење, а количината на тоа зрачење директно зависи од температурата на тоа тело. Токму ваквите карактеристики на материјалите, овозможуваат, преку низа процедури и пресметки, количеството на инфрацрвено зрачење да го конвертираме во мерка за топлина. А топлината пак ни овозможува да дознаеме многу информации за состојбата во која се наоѓа едно тело во природата, или она што е за нас најважно, да дознаеме многу за состојбата во која се наоѓаат елементите на еден објект. Во комбинација со други дијагностички методи и инструменти, како што се Blower Door Testот, разни сензори за мерење на влага, мерачи на топлински проток и други, ИЦ Термографија претставува незаменлива и непогрешлива дијагностичка метода за откривање и лоцирање на огромен број проблеми и аномалии кај градежните објекти и инсталациите во нив.
Page | 1