Civkon AGI PO Box 750, 1000 Skopje, Macedonia Phone/Fax: +389 2 2551611 E-mail: contact@civkon.mk www.civkon.mk
Што е Blower Door Test? Blower door тестот ја мери воздухонепропустливоста, т.е. запечатеноста на објектот. Со оваа постапка просторот кој се тестира се става во состојба на вакуум или зголемен притисок, со помош на софистициран вентилатор поставен на влезната врата или на некој од прозорците. Измерениот проток на воздух низ вентилаторот, го дефинира количеството на воздух кој продира низ обвивката на објектот при затворени прозорци, врати и други отвори.
Ваквото тестирање всушност симулира состојба еквивалентна на ветер со брзина од 35 км/час, кој во исто време дува од сите страни на објектот (вклучувајки го и покривот, но и оние страни кои се под земја, или залепени со други објекти). Резултатите од тестот се презентираат со број на измени на кубатурата на воздух во објектот, при разлика на притисоците надвор и внатре од 50Pa (Паскали). Оваа дијагностика се врши согласно стандардот ЕN13829, а воедно е и дел од процедурите за оценка на квалитетот и енергетската ефикасност на објектите и овозможува дополнителни 10 до 15 поени согласно ESPEC стандардот. Со тестирањето покрај добиените резултати за протокот на воздух, се дефинира и вкупната големина на отвори низ кои неконтролирано протекува воздухот, како и типот на слабостите. Blower Door тестот е недеструктивна, нештетна и сосема безопасна метода, како за објектите и опремата, така и за луѓето. Може да изведува во вселени и во празни објекти. Oваа инспекција може да се сретне и под други имиња, како на пример: Door Fan Test, или пак Blower Door Fan Test.
Page | 1