Civkon AGI PO Box 750, 1000 Skopje, Macedonia Phone/Fax: +389 2 2551611 E-mail: contact@civkon.mk www.civkon.mk
Што претставува Enclosure Integrity Test? Постојат објекти или простории од објекти каде заради специфичноста на опремата или технолошките процеси, не е возможно да се примени автоматска противпожарна заштита со вода или разни тачности (сервер соби, производствени погони, болнички простории и сл.). Во вакви ситуации се употребуваат противпожарни системи кои употребуваат разни гасови, а овие системи се ефикасни само доколку просторот во кој се инсталирани е добро херметизиран (воздухонепропусен). Во случај кога херметизираноста (воздухонепропустливоста) не е задоволителна согласно стандардите и дозволува излегување на противпожарниот гас од просторот, се компромитира ефикасноста на противпожарната заштита. Често се случува во текот на градењето, градежните споеви, продорите за кабли и други инсталации низ ѕидовите и подовите, да не се изработени согласно прописите и да не ја задоволуваат потребната воздухонепропустливост. Дури и кога сите овие елементи се правилно изработени, со текот на времето се развижуваат (прошируваат) и со тоа повторно создаваат слаби места каде ќе има протекување на воздух. И во двата случаи, најчесто аномалиите не можат да се забележат со голо око или со стандардна градежна контрола. Исто така и активностите за тековно одржување на објектите, ненамерно но многу често создаваат оштетувања и места каде што гасовите за сузбивање на пожарот можат да истекуваат. Сето ова ја нарушува херметизираноста (затнатоста) на просторијата и ја загрозува ефективноста на гасниот противпожарен систем, онаму каде таков систем е во употреба. Enclosure Integrity Test –от (некаде може да се сретне и како Room Integrity Test) е процедура со која се проверува состојбата на херметизираност на просториите или објектите, се лоцираат местата низ кои протекува воздухот (доколку ги има) и се мери ефикасноста на гасниот систем за противпожарна заштита. Тестирањето се прави контролно - периодично (најмалку еднаш годишно), но и во текот на изградбата (заради избегнување на скапи поправки после пуштањето на објектот во употреба), како и после секаков тип на градежни и инсталациони интервенции во текот на користењето на објектот. Овозможува контрола, превенција, дијагностицирање, одржување и поправање на херметизираноста на просториите, како и проверка на ефикасноста на гасните противпожарни системи. Ова е од клучно значење, за да се осигура ефикасноста на противпожарниот систем кога ќе се активира.
Page | 1