FAD Annual exhibition 2013 - 2014

Page 1

МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ



МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ | ЈУНИ 2014

ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


Декан М-р Викторија Еремеев

ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ КАДЕ ШТО СТУДЕНТИТЕ СЕ ЛИЧНОСТИ, А НЕ БРОЈКИ!

ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН Факултетот за архитектура и дизајн (ФАД) е водечки факултет во Република Македонија од областа на архитектурата, архитектура и менаџмент и внатрешната архитектура. Еве зошто ФАД е најдобар факултет за архитектура во Република Македонија:  Paul Tange e почесен Доктор на науки на УАКС Факултетот за архитектура и дизaјн. Тој е истакнат архитект од Харвард и води архитектонски студија во Токио, Тајпеј, Сингапур и Бостон. Исто така, син на познатиот архитект Кензо Танге, кој даде голем придонес во урбаната реконструкција на Скопје по земјотресот во 1963 година;  УАКС ФАД е базиран на Англосаксонскиот Модел - што значи проектанска насоченост. За разлика од тоа, другите факултети во Mакедониja и регионот се базирани на Германската архитектонска школа – која во основа има конструктивна насоченост.

02 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


АКАДЕМСКИ КАДАР НА ФАД

На УАКС ФАД сме посебно горди на младите колеги:

 Наставниците се врвни професионалци и истакнати архитекти кои континуирано го унапредуваат наставниот процес од теоретски и практичен аспект;

Владимир Десков (докторант на униерзитетот во Загреб) Максим Наумовски (докторант на TU WIEN) Иван Мирковски (докторант на TU WIEN)

 Сите наставници и соработници се всушност ментори кои ги водат студентите низ образовниотпроцес

СОРАБОТНИЦИ

 УАКС ФАД е организатор на традиционалната Меѓународна летна школа во Охрид на која ментори се врвни светски архитекти.  Соодносот студент/наставник на ФАД изнесува 11:1 – сооднос кој овозможува индивидуална работа со студентите.  Викторија Еремеева (Декан) – истакнат архитект со долгогодишно искуство во просторно и урбанистичко планирање и архитектонско проектирање.  Добитник е на наградата 13 Ноември на Град Скопје (2013) за придонес кон унапредувањето и развојот на високото образование во областа на архитектурата и дизајнот  Мишко Ралев (Продекан) – истакнат архитект, поранешен доцент на Архитектонскиот факултет при УКИМ, со преминувањето на ФАД при УАКС внесе дополнителни знаења и вештини во проектантската насока.  Кокан Грчев (Продекан) – специјалист за историја на уметност и градителско наследство. Покрај ангажманот на УАКС ФАД, работи како консултатнт за многу конзерваторски проекти – но и како визитинг професор на странски универзитети.  Тони Васиќ (професор) истакнат уметник, добитник на бројни награда од областа на ликовната уметност

Сашо Блажевски Влатко Коцевски Владимир Десков Иван Мирковски Фетах Фетаху Дита Старова Ќерими Максим Наумовски Бранислава Ѓорѓевиќ Оливер Илиевски Нина Карангелеска Тодоровска Елена Пазарџиевска Ирина Грчева Ана Велинова Паолина Милушева Дамјан Момировски ВИЗИТИНГ ПРОФЕСОРИ Секоја година во реализацијата на наставнта програма учествуваат и странски експери со богато меѓународно искуство: Боб Гидинс – UK (Newcastle) Владимир Ладински – UK (Newcastle) Винко Пенезиќ – Хрватска Крешимир Рогина – Хрватска

 Виолета Бакалчев (доцент) истакнат проектант добитник на бројни награди

ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 03


ЗА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА

СТУДЕНТИТЕ ПРЕД СÉ

 ФАД е Факултет каде што студентите се третираат како личности, а не како бројки. Секој студент добива посебно внимание од наставниците за да може да го развива својот талент и да ги надгради своите способности.

ФАД е единствен факултет во Македонија каде што на крајот на академската година се одржува годишна изложба. На неа, се претставуваат најзначајните студентски достигнувања како резултат на реализација на наставната програма од тековната година. Оваа изложба е важна размена на искуства за студентите во различни години на студирање, како и нивна промоција пред истакнати архитекти од Македонија и пред целокупната јавност.

 ФАД има преку 25 наставници, соработници и експерти. Тие се тука постојано да работат со своите студенти, преку вежби кои се одвиваат во групи од 10-15 студенти.  На ФАД предавањата и вежбите претставуваат сериозна интеракција и дискусија меѓу студентите, професорите и искуството од таа размена е незаменливо. Предавањата се задолжителни па оттаму студент кој има повеќе од 25% изостаноци, не може успешно да ги реализира задачите и да го совлада предметот.

 Наставните програми се дизајнирани според потребите на стопанството во 21. век. Ние постојано ги адаптираме нашите образовни програми со цел да се задоволат основните барања на студентите и општеството. Архитектурата, дизајнот и сродните дисциплини се интегративни професии кои бараат доживотно учење и истражување.

04 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ФАД организира традиционална Меѓународна летна школа во Охрид. Школата се одржува во соработка со Заводот за заштита на спомениците на култутрата и музеј Охрид, Општината Охрид, Министерството за култура, Охридско лето и Македонската академија на науките и уметностите. Ментори се познати и признати архитекти од светот.

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ФАД соработува со низа странски факултети за архитектура преку различни форми. Договор за соработка за размена на студенти и наставници е потпишан со Архитектонскиот факултет при ТУ Виена и со Архитектонскиот факултет при Гази универзитетот во Анкара. ФАД е дел од летниот семестар кој здружено го организираат следните факултети за архитектура од Европа:

ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 05


НАСОКИ НА ФАД

Каде ќе може да ги примени знаењата?

Факултетот за Архитектура и дизајн ги нуди следните четири насоки:

 Способен е да врши проценка и избор на соодветни методи и пристапи во проектната и градбената постапка;

1. Архитектура 2. Архитектура и менаџмент 3. Внатрешна архитектура 4. Визуелни уметности

НАСОКА - АРХИТЕКТУРА Ако сте студент кој својата иднина ја гледа како креатор на објекти за домување, деловни објекти, објекти за спорт и рекреација, со еден збор креатор на човековиот животен простор – добредојдовте на ФАД - насока архитектура. Тука студентите се здобиваат со знаења, техники и вештини кои им овозможуваат да работат и напредуваат во предизвикувачка професионална средина. Очекувани знаења кои студентот ќе ги стекне со дипломирање на ФАД – Насока архитектура  Студентот ќе ги разбира конструктивните, функционалните и обликовните специфики на градбите што му овозможува соодветно ниво на координација во рамки на архитектонското проектирање. Проектната програма ја разбира како систем на применети знаења во функција на сите изведбени фази;  Ги познава компонентите за дејствување во просторот;  Знае да ги подели проблемите на функционални, конструктивни и обликовни и да одлучува за одредени фази од нивниот дизајн. Ги разбира основните методи за дефинирање на проектна програма. Разбирањето на потребите на идните корисници го проектира врз конечниот производ (дизајн) со што нуди производ на пазарот со вредност;

06 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН

 Стекнатите знаења и разбирањето на стручните проблеми може да ги примени во подготвување на основни или други видови детални проекти или документација од сите домени на архитектонското проектирање, и е подготвен за нивна практична примена и реализација, ревизија и надзор. Каде може да работи дипломиран инг. архитект односно магистер по архитектура и дизајн од УАКС ФАД? Дипломците односно магистрантите од ФАД ќе имаат можност за работа во:  архитектонски и проектантски компании,  градежни фирми ,  органи за надзор,  органи за државната управа и локална самоуправа,  компании кои работат со проценки,  компании за графички дизајн,  компании за проектирање и изведба на ентериер. НАПОМЕНА: Овластување за одговорен проектант издава Комората на овластени архитекти и инженери на Република Македонија. За стекнување на ова овластувње, потребно е петгодишно образование и освоени 300 ЕКТС односно звање Магистер по архитектура и дизајн.


НАСОКА АРХИТЕКТУРА И МЕНАЏМЕНТ

Каде ќе може да работи диломиран инг. архитект односно магистер по внатрешна архитектура и дизајн од УАКС ФАД?

Насоката “Архитектура и менаџмент” е единствена во Македонија. Оваа насока нуди одлична комбинација на архитектура и бизнис која освен во Македонија е акредитирана и од Американскиот совет за акредитација на бизнис факултети и програми (Accreditation Council of Business Schools and Programs - ACBSP)

Дипломците и магистрите од УАКС ФАД – внатрешна архитектура ќе имаат можност за работат во: Архитектонски и проектантски компании, органи за државната управа и локална самоуправа, компании за ентериер, компании за дизајн и производстсво на мебел итн.

Очекувани знаења кои студентот ќе ги стекне со дипломирање на ФАД – Насока Архитектура и менаџмент

НАСОКА ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ

Студентите кои ќе се запишат на оваа насока, покрај наведените знаења од насоката архитектура, ќе ги развијат и потребните вештини со кои ќе се пополни јазот меѓу техничките знаења и управување со деловниотаспект во областа на архитектурата. Оваа насока им дава одлични знаења и вештини на архитектите кои: А) Работат на управување со проекти Б) Изготвување понуди и контрола на трошоци В) Идни претприемачи – кои ќе се стекнат со знаења неопходни за водење на сопствен бизнис

Студентите кои ќе ја изберат оваа насока, се стекнуваат со знаења и вештини во областа ликовните уметности и дизајнот. Каде ќе може да работи дипломиран дизајнер односно магистер по визеулни уметности од УАКС ФАД? Дипломците односно магистрите од УАКС ФАД –визуелни уметности ќе имаат можност за работа во: прозводни организации како дизајнери, како компании за ентериер, компании за дизајн на мебел, рекламни и маркетинг агенции, дизајн студија, културно уметнички институции и како самостојни визуелни уметници.

НАСОКА ВНАТРЕШНА АРХИТЕКТУРА Насоката внатрешна архитектура ги обучува студентите за организација и обликување на внатрешноста на архитектонските објекти што дирекно влијае врз животот и работата на човекот. Внатрешните простори се многу почесто предмет на промени предизвикани од многу чинители со што оваа професија е секогаш актуелна и е во тек со промените што ги носи современиот начин на живот. Очекувани знаења кои студентот ќе ги стекне со дипломирање на ФАД – Насока внатрешна архитектура и дизајн Студентите кои ќе ја изберат оваа насока имаат редуцирано оптоварување во конструктивните и урбанистичките предмети. За сметка на тоа, имаат поинтензивна обука од областа на ентериерот и дизајнот.

ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 07


СОРАБОТКА СО ДЕЛОВНИОТ СОВЕТ Деловниот совет на УАКС го сочинуваат 150 врвни организации од Македонија. Меѓу нив се и бројни проектански организации, градежни компании, дизајнерски куќи, како фирми кои се занимаваат со изведба на ентериер и мебел. Деловниот совет на ФАД овозможува 1. Усогласување на наставните програми со потребите на реалниот сектор;

ГРИЖА ЗА ЗАЕДНИЦАТА На крајот, би потенцитарале, дека УАКС студентите учат многу во својата струка, но учат и како да се грижат за заедницата во која живееме. Ние се обидуваме да нагласиме дека како идни академски граѓани, треба да бидат одговорни и почитувани членови на заедницата. Токму затоа, организирани се бројни општествено одговорни настани и проекти. Некои од нив се следните:

2. Гости-предавачи; 3. Практична работа за нашите студенти; 4. Советување за можни кариери и регрутација на студенти ФАД ги дизајнира наставните програми во консултација со Деловниот совет на УАКС во кој членуваат многу архитектонски бироа, градежни компании и слично.

2013 - Ден на водата , група студенти од ФДЕИОН (предмети Бизнис етика, Рекламирање, Односи со Јавност) како и од Факултетот за архитектура и дизајн, во соработка со Пакомак, организираа акција „Сочувај и рециклирај вода“ 2009-2013 Снимање – дигитализација на објекти од културното наследство како основа за изработка на елаборати за валоризација како стручна основа за донесување соодветен правен акт за прогласување на значајно културно наследство, Вевчани, Охрид 2012 – Изработка на проекти за дом за стари лица – донација на општина центар за геријатрија Мајка Тереза 2011 – Изработка на проекти за реконструкција на две основни училишта во Општина Карпош

08 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


1 ГОДИНА АРХИТЕКТУРА - ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ

АРХИТЕКТУРА И МЕНАЏМЕНТ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ

Архитектонско проектирање 1 Нацртна геометрија со техничко цртање Математика Теорија и историја на архитектура уметност и дизајн 1 Сликање и пластично обликување Перспектива Визуелно изразување 2 Пракса

Архитектонско проектирање 1 Нацртна геометрија со техничко цртање Математика Перспектива Теорија и историја на архитектура уметност и дизајн 1 Сликање и пластично обликување Визуелно изразување 2 Пракса

Вкупно ЕКТС 62

ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ВО ПРОГРАМАТА ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ– СТУДЕНТИТЕ МОЖАТ ДА ИЗБЕРАТ 3 ОД СЛЕДНИВЕ ПРЕДМЕТИ Вовед во менаџмент Архитектонско проектирање 2 Стратешки бренд менаџмент Техники на визуелно изразување 2 Менаџмент на информациони системи

СЛОБОДНИ ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ НА НИВО НА УНИВЕРЗИТЕТ– СТУДЕНТИТЕ МОЖАТ ДА ИЗБЕРАТ 2 ОД СЛЕДНИВЕ ПРЕДМЕТИ Визуелно изразување 1 Англиски јазик 1 Философија Западна цивилизација Компјутерски апликации 1

СЛОБОДНИ ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ НА ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ВО ПРОГРАМАТА НИВО НА УНИВЕРЗИТЕТ– СТУДЕНТИТЕ МОЖАТ ДА ИЗБЕРАТ 2 ОД СЛЕДНИВЕ АРХИТЕКТУРА И МЕНАЏМЕНТ– ВНАТРЕШНААРХИТЕКТУРА ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ВО ПРОГРАМАТА СТУДЕНТИТЕ МОЖАТ ДА ИЗБЕРАТ 3 ОД ПРЕДМЕТИ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ АРХИТЕКТУРА– СТУДЕНТИТЕ МОЖАТ ДА СЛЕДНИВЕ ПРЕДМЕТИ Визуелно изразување 1 ИЗБЕРАТ 3 ОД СЛЕДНИВЕ ПРЕДМЕТИ Вовед во менаџмент Англиски јазик 1 Нацртна геометрија со техничко цртање Графички дизајн 1 Вовед во менаџмент Екологија и одржлив развој Архитектонско проектирање 1 Техники на визуелно изразување 1 Дизајн на мебел 1 Балкански студии Сликање и пластично обликување Архитектонско проектирање 2 Архитектонско проектирање 2 Компјутерски апликации 1 Перспектива Техники на визуелно изразување 2 Техники на визуелно изразување 1 Западна цивилизација Теорија и историја на архитектура уметност и дизајн 1 Дизајн на мебел 1 Визуелно изразување 2 ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ВО ПРОГРАМАТА СЛОБОДНИ ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ НА Пракса ВНАТРЕШНА АРХИТЕКТУРА– НИВО НА УНИВЕРЗИТЕТ– СТУДЕНТИТЕ СЛОБОДНИ ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ НА СТУДЕНТИТЕ МОЖАТ ДА ИЗБЕРАТ 3 ОД НИВО НА УНИВЕРЗИТЕТ– СТУДЕНТИТЕ МОЖАТ ДА ИЗБЕРАТ 2 ОД СЛЕДНИВЕ СЛЕДНИВЕ ПРЕДМЕТИ МОЖАТ ДА ИЗБЕРАТ 2 ОД СЛЕДНИВЕ ПРЕДМЕТИ ВИЗУЕЛНИУМЕТНОСТИ ПРЕДМЕТИ ЗАДОЛЖИТЕЛНИПРЕДМЕТИ Вовед во менаџмент Англиски јазик 1 Философија Техники на визуелно изразување 1 Техники на визуелно изразување 1 Визуелно изразување 1 Англиски јазик 1 Нацртна геометрија со техничко цртање Менаџмент на информациони системи Философија Компјутерски апликации 1 Сликање и пластично обликување Архитектонско проектирање 2 Компјутерски апликации 1 Компјутерски апликации 2 Перспектива Техники на визуелно изразување 2 Визуелно изразување 1 Теорија и историја на архитектура уметност и дизајн 1 Западна цивилизација Визуелно изразување 2 Пракса ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 09


2 ГОДИНА АРХИТЕКТУРА - ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ

ВИЗУЕЛНИУМЕТНОСТИ ЗАДОЛЖИТЕЛНИПРЕДМЕТИ

Компјутерска графика 1 Теорија и историја на архитектура уметност и дизајн 2 Материјализација на архитектонски простор Компјутерска графика 2 Теорија и историја на архитектура, уметност и дизајн 3 Графички дизајн Пракса

Компјутерскаграфика 1 Ентериер 1 Теорија и историја на архитектура уметност и дизајн 2 Компјутерска графика 2 Ентериер 2 Теорија и историја на архитектура, уметност и дизајн 3 Пракса

ВНАТРЕШНААРХИТЕКТУРА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ Компјутерска графика 1 Архитектонско проектирање 3 Теорија и историја на архитектура уметност и дизајн 2 Компјутерскаграфика 2 Архитектонско проектирање 4 Теорија и историја на архитектура уметност и дизајн 3 Пракса

АРХИТЕКТУРА И МЕНАЏМЕНТ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ Архитектонско проектирање 3 Архитектонски конструкции 1 Теорија и историја на архитектура уметност и дизајн 2 Компјутерска графика 1 Архитектонско проектирање 4 Архитектонски конструкции 2 Теорија и историја на архитектура уметност и дизајн 3 Пракса

10 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН

Вкупно ЕКТС: архитектура 60 / внатрешна архитектура 62 / визуелни уметности 62 /архитектура именаџмент 62

ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ВО ПРОГРАМАТА ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ВО ПРОГРАМАТА АРХИТЕКТУРА– СТУДЕНТИТЕ МОЖАТ ДА ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ– СТУДЕНТИТЕ ИЗБЕРАТ 4 ОД СЛЕДНИВЕ ПРЕДМЕТИ МОЖАТ ДА ИЗБЕРАТ 4 ОД СЛЕДНИВЕ ПРЕДМЕТИ Архитектонско проектирање 3 Техники на визуелно изразување 3 Архитектонски конструкции 1 Графички дизајн Техники на визуелно изразување 2 Архитектонско проектирање 2 Дизајннамебел 2 Ентериер 3 Архитектонско проектирање 4 Дизајн на мебел 1 Архитектонски конструкции 2 Графички дизајн 1 Основи на скулптура Материјализација на архитектонски Дизајн и мултимедија простор ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ВО ПРОГРАМАТА Архитектонски конструкции 1 ВНАТРЕШНА АРХИТЕКТУРА– СТУДЕНТИТЕ МОЖАТ ДА ИЗБЕРАТ 4 ОД ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ВО ПРОГРАМАТА СЛЕДНИВЕ ПРЕДМЕТИ АРХИТЕКТУРА И МЕНАЏМЕНТ– СТУДЕНТИТЕ МОЖАТ ДА ИЗБЕРАТ 3 ОД СЛЕДНИВЕ ПРЕДМЕТИ Ентериер 1 Материјализација на архитектонски простор Бизнис Етика Техники на визуелно изразување 3 Графичкидизајн 1 Архитектонски конструкции 1 Менаџмент на информациони системи Ентериер 2 Стратешки бренд менаџмент Дизајн на мебел 1 Ентериер 2 Основи на скулптура Техники на визуелно изразување 1 Архитектонски конструкции 2


3 ГОДИНА АРХИТЕКТУРА - ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ

ВИЗУЕЛНИУМЕТНОСТИ ЗАДОЛЖИТЕЛНИПРЕДМЕТИ

Детал во архитектурата Ентериер 1 Теорија на форма Дизајн на урбана опрема Ентериер 2 Проектирање на јавни згради Македонска архитектура 19-20 век Дипломски труд или завршен испит Пракса

Архитектура на сценски простор Осветлување Теорија на форма Филмска сценографија Индустриски дизајн 2 Костимографија Дипломски труд или завршен испит Пракса

ВНАТРЕШНААРХИТЕКТУРА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ Детал во архитектурата Дизајннамебел 2 Теорија на форма Дизајн на урбана опрема Индустриски дизајн 1 Македонска архитектура 19-20 век Дипломски труд или завршен испит Пракса

АРХИТЕКТУРА И МЕНАЏМЕНТ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ Детал во архитектурата Архитектонско проектирање 5 Ентериер 1 Теорија на форма Основи на урбанизмот Проектирање на јавни згради Архитектонско проектирање 6 Графички дизајн Дипломска работа Пракса

Вкупно ЕКТС: архитектура64 / внатрешна архитектура 58 / визуелни уметности 58 /архитектура именаџмент 62

ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ВО ПРОГРАМАТА ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ВО ПРОГРАМАТА АРХИТЕКТУРА– СТУДЕНТИТЕ МОЖАТ ДА ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ– СТУДЕНТИТЕ ИЗБЕРАТ 3 ОД СЛЕДНИВЕ ПРЕДМЕТИ МОЖАТ ДА ИЗБЕРАТ 3 ОД СЛЕДНИВЕ ПРЕДМЕТИ Архитектонско проектирање 5 Техники на визуелно изразување 3 Индустриски дизајн 1 Основи на урбанизмот Основи на скулптураАрхитектонско проектирање 3 Архитектонско проектирање 6 Менаџмент на информациони системи Архитектонски конструкции 2 Дизајн и мултимедија Архитектура на сценски простор Архитектонско проектирање 4 ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ВО ПРОГРАМАТА ВНАТРЕШНА АРХИТЕКТУРА– ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ВО ПРОГРАМАТА СТУДЕНТИТЕ МОЖАТ ДА ИЗБЕРАТ 3 ОД АРХИТЕКТУРА И МЕНАЏМЕНТ– СЛЕДНИВЕ ПРЕДМЕТИ СТУДЕНТИТЕ МОЖАТ ДА ИЗБЕРАТ 2 ОД СЛЕДНИВЕ ПРЕДМЕТИ Ентериер 3 Техники на визуелно изразување 3 Деловен модул 3 Стратешки Бренд Менаџмент Графички дизајн 1 Архитектура на сценски простор Облигационо право Графичкидизајн 1 Ентериер 3 Дизајн и мултимедија Менаџмент на информациони системи ВКУПНО ЕКТС: архитектура186 / внатрешна архитектура 182 / визуелни уметности 182 / архитектура именаџмент186) * Универзитет Американ Колеџ Скопје го задржува правото да понуди посебни курсеви во различни семестри * Универзитетот Американ Колеџ Скопје има право да ја измени програмата

ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 11



2013 2014


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 01

ВИЗУЕЛНО ИЗРАЗУВАЊЕ 1

ПРОЕКТ ВИЗУЕЛНА ПЕРЦЕПЦИЈА И ПРОСТОРЕН ПРИКАЗ СТУДЕНТИ АНДРЕА ВЕЛКОВСКА | ДАРЈА ДВОЈАКОВСКА | СОФИЈА АНДОНОВСКА | БОРКИЦА КАЛАПОЦЕВА | КОСТАДИНКА СОЛАРОВА | ЗАНА АВДИУ |

ТЕМА: Продлабочено и унапредено запознавање студентите со методологиите и принципите на визуелното изразување во функција на потполна визуелна презентација на проектни задачи, идеи и концепти. Основите алатки во креирањето на архитектурата и дефинирањето на спецификите на архитектонскипот простор, цртежот и бојата се третираат со продлабочено истражување на нивните изразни својства со што добиваат имаат исклучително значење за оспособување на студентите за просторна перцепција и соодветно графичко прикажување на феномените на просторот: композиција/ цртеж/ соодноси и перспектива/ боја/ светло/ структура и материјализација.

14 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 15


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 02

ВИЗУЕЛНО ИЗРАЗУВАЊЕ 2

ПРОЕКТ МОДЕЛОТ ИЗРАЗНО СРЕДСТВО ВО АРХИТЕКТУРАТА СТУДЕНТИ НАТУРА ОСЕКУ | МАРИЈА ИВАНОВСКА | МАРТИН МАРКОВСКИ | МАРИЈА РАФТОВСКА | ВЛОРА СЕДАЛИУ | СОФИЈА АНДОНОВСКА | АНГЕЛА РИБАРОСКА | ТИАНА ТАСЕВСКА | БОРКИЦА КАЛАПОЦЕВА | ВАЊА ЈЕФТИМОВА | СТЕФАНИ КРСТЕВА |

ТЕМА: Овој едносеместрален предмет е дизајниран така да го отвори визуелниот потенцијал кај студентите! Примарните елементи на моделирањето, макетирањето, уметноста, дизајнот ќе се воведат и ќе се насочат кон моделирањето и употребувањето на макетата како изразно средство во архитектурата. Целта е да се осознае начинот и функцијата на употреба на макетата, што е архитектонска макета, архитектонската макета како изразно средство, функција и намена, материјали за употреба и изработка, техники и методи на изработка во макетирањето, со цел за постигнување на ефектите и изборот за развитокот на индивидуалните способности. При работењето на вежбите студентите ке се оспособат за изработка и применливост на макетата како збогатување со техничките и изразните вредности во архитектурата и проектите кои ќе се изработуваат во нивниот професионален развој.

16 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 17


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 02

СЛИКАЊЕ И ПЛАСТИЧНО ОБЛИКУВАЊЕ

ПРОЕКТ ВИЗУЕЛНА ПЕРЦЕПЦИЈА И ПРОСТОРЕН ПРИКАЗ СТУДЕНТИ МАРИЈА РАФТОВСКА | ТИАНА ТАСЕВСКА | АНДРЕА ВЕЛКОВСКА | ЗАНА АВДИУ | ДАРЈА ДВОЈАКОВСКА |

ТЕМА: Овој едносеместрален предмет е дизајниран така да го отвори визуелниот потенцијал кај студентите! Примарните елементи на уметноста, дизајнот и теоријата на бојата ке воведат и насочат кон сликањето. Употребата на боја е примарна за ефектите на изборот и развитокот на индивидуалните способности. При работењето на сликарските вежби студентите се оспособаат за сликање и применливост на сликањето и бојата како збогатување со ликовни вредности во архитектурата и проектите кои ке се изработуваат во нивниот професионален развој.

18 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 19


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 02

ТЕОРИЈА И ИСТОРИЈА НА АРХИТЕКТУРАТА, УМЕТНОСТ И ДИЗАЈН 1

ПРОЕКТ ВИЗУЕЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АРХИТЕКТУРАТА, УМЕТНОСТА И ДИЗАЈНОТ ОД НИВНИТЕ ПОЧЕТОЦИ ДО ПОЈАВАТА НА РЕНЕСАНСАТА ВО ЕВРОПА СТУДЕНТИ НАТАЛИЈА СТОЈАНОВСКА | АНДРЕА ВЕЛКОВСКА | ЕЛЕНА СПАСЕСКА | ДАРИЈА ДВОЈАКОВСКА

ТЕМА: Целта на предметот е да ги запознае студентите со основните теориски поставки, како и со развојот на архитектурата, уметноста и дизајнот од нивните почетоци, па се до појавата на ренесансата на културната и уметничката сцена во европа. Во програмата се застапени сите позначајни историски и стилски периоди, единечните стилови како продукти на степенот на равој на технологијата, науката и културата како особено значаен за развојот на севкупната архитектура и уметност. Материјалот се претставува низ повеќе форми на визуелна презентација. Истото треба да овозможи полесно совладување на основните методолошки алатки, со кои подоцна се врши препознавање, идентификација и вреднување на основната визуелно аналитичка граѓа.

20 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 21


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 02

АРХИТЕКТОНСКО ПРОЕКТИРАЊЕ 2

ПРОЕКТ АНАЛИЗА НА ОДБРАНИ КУЌИ СТУДЕНТИ МАРИЈА РАФТОСКА, МАРТИН МАРКОВСКИ | ЕМА КРУШАРЕВА, СТЕФАНИ КРСТЕВА | ИВАНОВА МАРИЈА, НАТУРА ОСЕКУ | АРДИАН МУРАТИ, ЕЛЕНА СПАСЕСКА | СИМОНА КОСТОВСКА, КОСТАДИНКА СОЛАРОВА | АНА АВРАМОВСКА, АНГЕЛА ИВАНОВСКА

ТЕМА: Запознавање на студентите со основната методологија на проектирање преку изучување на процесот на проектирање со помош на методите на анализа, синтеза, верификација и имплементација, а во согласност со проектантските принципи и стандарди. Се изучува функционалната организација на просторот во зависност од неговата намена и содржина. Програмата предвидува запознавање со карактеристични примери од историјата на индивидуални станбени објекти. При изработка на графичките вежби студeнтите се оспособуваат за совладување на аналитичкиот дел од процесот на проектирање.

22 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 23


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 03

АП3 ПРОЕКТИРАЊЕ СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ ЗА ЕДНОСЕМЕЈНО ДОМУВАЊЕ ТЕМА: Три проекти на едносемејна куќа: 1. Куќа и природа: проектирај минимална куќа за 2+1 член како сооднос на природни и архитектонски елементи во даден исечок од природата; 2. Двокуќа, куќа за две семејства: во поле од 9 х 9 модули (модул 3.20мх3.20мх3.20м) проектирај просторна конфигурација како интеракција на двете семејстава (семејство од 4-5 члена со 10 модули и семејство од 2-3 члена со 6 модули) 3. Куќа на граница: проеектирај станбена единица од станбена низа на граничната линија кон реката Вардар, Криви дол, Скопје

24 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН

ПРОЕКТ ТРИ ПРОЕКТИ НА ЕДНОСЕМЕЈНА КУЌА СТУДЕНТИ СТУДЕНТИ НА ОД ТРЕТИОТ СЕМЕСТАР


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 25


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 04

АП4 ПРОЕКТИРАЊЕ СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ ЗА ПОВЕЌЕСЕМЕЈНО ДОМУВАЊЕ ТЕМА: Повеќесемејно домување, за различни типови на домаќинства и различни животни стилови, во избрани локации од градот. Основни типови на објекти: централен ходник, секција, галерија, кула. Дали на рецентниот стихиен процес на згуснување на градот, исполнување на празните места, може да дадеме нова смисла, да го разбереме и како можност на обнова на физичката и социјалната структура на градот? Дали можеме да избереме критични места од градот каде може да понудиме еден нов креативен сооднос на приватниот и јавниот простор, на домувањето и заедничкиот живот ? На платото на место на некогашната печатница и во соседство на трите градски блока во центарот на Скопје, е понудена локација за повеќесемејно домување. Цел: да се изберат модели на домување кои ќе одговорат на современите станбени потреби на жителите како и на заедничките потреби на дадениот контекст. Проектна програма: визба – паркирање; приземје –деловни простори, катови-домување, 1/3 станови за 6-лица, 1/3 станови за 4-лица, 1/3 станови за 2-3 лица. Урбанистички услови: мах 30% изграденост (20% станбени сдржини + 10% заеднички содржини).

26 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН

ПРОЕКТ ГРАДСКИ КУЌИ ЗА ГРАДСКИОТ ЦЕНТАР, СКОПЈЕ СТУДЕНТИ МОНИКА ТАСЕВСКА | АНТОНИО МИЛОШЕВСКИ | МАРКОВИЌ БОЈАНА


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 27


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 04

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

ПРОЕКТ ОСНОВИ И МЕТОДИ НА ВИЗУЕЛНАТА ГРАФИЧКА КОМУНИКАЦИЈА СТУДЕНТИ МЕРИМА ТУТИЌ | АНТОНИО МИЛОШЕВСКИ | АНА МАРИЈА ЈОВАНОВСКИ | ФЈОЛА САИТИ | МАРИЈА ЃОРЃИЕВСКА | МОНИКА ТАСЕВСКА | БЕХАРЕ СЕЛМАНИ | ДИЈАНА ЈАКИМОВСКА | БЛАЖЕ МИХАЈЛОВ | МАРИЈА ИЛИЕВА | МИХАИЛ НАМИЧЕВ | ДОРА ТОДОРЧЕВСКА | ВАЛМИРА МАКСУТИ |

ТЕМА: Целта на предметот е да ги запознае студентите со теоријата и историјатот на графичкиот дизајн, поврзаноста и разликите со ликовната уметност, основите и методите на визуелната комуникација, практично совладување на основите и можностите за креативно изразување, интерактивно осознавање на теничко-технолошките можности на технологијата и графичката индустрија, рзвојот и тенденциите во графичкиот дизајн, запознавање со софтверските апликации и нивна употреба. Со програмата е предвидено изучување на грaфичкиот дизајн преку теоретски предавање и практични вежби.

28 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 29


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 04

АРХИТЕКТОНСКИ КОНСТРУКЦИИ 2

ПРОЕКТ ИНДИВИДУАЛНИ ВЕЖБИ СТУДЕНТИ СТУДЕНТИ ОД ЧЕТВРТИОТ СЕМЕСТАР

ТЕМА: Преку програмата на овој предмет се предвидува запознавање на проектирањето, материјализацијата и изведбата на специфични делови од објекти како што се темелите, подрумските ѕидови и сутерените. Деловите од објектот кои се надземни се изучуваат од аспект на дрвени конструкции (класичен и современ бондрук). Во предметот е предвидено да се поучат принципите на проектирање и вградување на градежна столарија (дрво, алуминум, ПВЦ, и слично). Предвиден е посебен осврт на скалиштата и другите вертикални комуникации од објектите од аспект на материјализација на конструкцијата, како и конструктивните принципи на ослонување. Голем дел од термините за вежби и предавања е посветен на класичните дрвени кровови. Вежбите се исцртуваат на рака во молив и се од типот на индивидуални вежби во согласност со предавањата (секој час се изработува и предава нова вежба). Во рамките на вежбите се изработуваат и макети на дрвени кровови и бондруци.

30 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 31


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 05

ДЕТАЉ ВО АРХИТЕКТУРАТА

ПРОЕКТ ИДЕЕН ПРОЕКТ НА КУЌА ВО НИЗА СТУДЕНТИ МАРТИНА АТАНАСОВСКА | СИМОНА ОРЦЕВА | СИЛВИЈА ШАЛЕВА | ВАЉОН СУЛЕЈМАНИ

ТЕМА: На предметот Детаљ во архитектурата, студентите и студентките стекнуваат знаења од областа на архитектонските конструкции преку изработка на основен проект од проект од претходен семестар, во конкретниот случај – куќа во низа од петтиот семестар. Освен обработка на ситуација, основи, фасади и пресеци, семестралната задача опфаќа и обработка на специфични детаљи како:  детаљи на надворешни и внатрешни ѕидови;  детањи на подови и спуштени плафони;  детаљи на надворешна и внатрешна столарија;  надворешна обработка на фасада и покривање;  детаљи на кујна;  детаљи на бања.

32 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 33


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 05

АП5 ПРОЕКТИРАЊЕ ОБЈЕКТИ ЗА КОЛЕКТИВНО ДОМУВАЊЕ - ХОТЕЛИ

ПРОЕКТ ГРАДСКИ ХОТЕЛ – ГРАДСКА ПАЛАТА, Скопје СТУДЕНТИ ИВА ШОКОСКА, ТЕА ДАМЈАНОВСКА | МАРТИНА АТАНАСОВСКА, МАРИЈА ГРЧЕВА | СИЛВИЈА ШАЛЕВА, РАДИЦА АНДРЕЕВА

ТЕМА: ГРАДСКИ ХОТЕЛ – ГРАДСКА ПАЛАТА Предвиди објект кој во програмска смисла е хотел а во типолошка палата. На локација долж , булеварот Кочо Рацин, која се допира до контекстите со различна урбана морфологија , одберете место и тип на Хотел. Хотелот треба да го привлече вниманието на гостите, да одговори на нивните разнородни потреби а истовремано да придонесе за градската панорама и да ги покаже незаборавните погледи на градот и неговата околина. Целта на овој проект е на избраниот пример да понуди различни модели на трансформирање, зголемување на неговиот просторен програмски капацитет, со задржување на неговите животни вредности. Типологија: линиски блок, павиљон, кула/атриумски тип Проектен програм: обезбеди сместување за 150-200 гости.

34 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 35


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 05

ТЕОРИЈА НА ФОРМА

ПРОЕКТ ОБЛИКУВАЊЕ - ФУНКЦИЈА - ФОРМА - ОРНАМЕНТ СТУДЕНТИ ДОАРСА ТУШИ | МАРИЈА ГРЧЕВА | МАРТИАН АТАНАСОВСКА | ИВА ШОКОСКА |

ТЕМА: Целта на овој предмет е да ги запознае студентите со основните дефиниции на формата, развојот и компонентите на архитетонската и општата уметничка форма (преку сите уметнички дисциплини, архитектуртата, уметноста и дизајнот). Пристапот е компаративен, синтетички и се надоврзува во континиутетот со претходните предмети од областа на теоријата и историјата на архитектурата, уметноста и дизајнот. Во текот на предавањата и вежбите посебен осврт е направен на поимот на стилот, и начинот на естетизирање на формата во процесот на создавање на стилот. Практичните вежби се презентираат преку графички презентации на тематски одбрани проблеми, пропорциски и стилски анализи и аналогии преку исцртување на конкретни избрани примери, употребата на различни цртачки техники во дефинирање на артхитектонската презентација, како еден од можните начини за анализа и утрврдување на својствата на архитектонската и уметничката форма.

36 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 37


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 05

ЕНТЕРИЕР 1

ПРОЕКТ РЕКОНСТРУКТИВНИ ЕНТЕРИЕРИ НА СТАНБЕНИ ЕДИНИЦИ СТУДЕНТИ МАРТА НОВАКОВИЌ | САРА РАМАДАНОВА | СИЛВИЈА ШАЛЕВА |

ТЕМА: Програмата опфаќа вовед во поимот ентериер како организиран систем на просторни релации помеѓу функционалните елементи во внатрешниот архитектонски простор. Во почетокот студентите се запознаваат со елементите кои го градат ентериерот како елементи на композиција без нивна функционална компонента. Овој воведен дел има за цел студентите да ја прифатат дисциплината не само како дел од архитектонското проектирање туку и како дел од визуелните уметности. На воведот се надоврзува разработката на проблемот домување од аспект на организација на станбениот простор како резултат на истражување на објективните дадености – архитектонско опкружување, социо-културните карактеристики и на корисниците и други фактори.

38 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 39


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 05

ДИЗАЈН НА УРБАНА ОПРЕМА

ПРОЕКТ УРБАН ДИЗАЈН НА ГРАДСКИ ПРОСТОР (УРБАНА ОПРЕМА КАКО СИСТЕМ, НЕЈЗИНА УНИФИКАЦИЈА И ТИПИЗАЦИЈА) СТУДЕНТИ СИЛВИЈА ШАЛЕВА, АДРИЈАНА АНДРЕЕВСКА | МАРИЈА ГРЧЕВА, ИВА ШОКОСКА, МАРТИНА АТАНАСОВСКА, ТЕА ДАМЈАНОВСКА

ТЕМА: Во рамките на предметот Дизајн на урбана опрема студентите изучуваат елементи од урбана опрема, нивно осмислување и техничко исцртување. Во текот на семестарот добиваат повеќе задачи, преку кои постепено ја совладуваат проблематиката на детаљи и процесот на дизјанирање. Последниот програм е синтезно решение на дел од градскиот простор, во кој студентите предлагаат партерно решение заедно со:  програмска и просторна организација  урбана опрема Семестраланата задача опфати две локации од централно градско подрачје, блок во Дебар маало и дел од градскиот парк. Студентите преку своите проекти направија еден вид на ревитализација на урбаните простори кои се значаен дел од урбаниот живот на Скопје.

40 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 41


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 06

АП6 ПРОЕКТИРАЊЕ СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ ЗА КОЛЕКТИВНО ДОМУВАЊЕ ТЕМА: Дали во периодот на пост-социјалистичката транзиција можеме да ја обновиме општествената грижа за децата? Како да одговорима за нараснатите потреби за згрижување на децата од предшколска возраст а истовремено да го уважиме физичкиот, социјалниот и културниот плуралитетот на градот? Како да направиме детска градина за секое маало - архитектура за децата од соседството? Состави детска градинка за 4 воспито-образовни групи(детска градина + детска јасла) Направи прототип на детска градинка според специфичниот социјален-просторен контекст, за жителите покрај реката Вардар, Кривидол, Скопје.

42 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН

ПРОЕКТ ПРОТОТИП НА ГРАДИНКА ЗА ДЕЦА - MADE IN СКОПЈЕ СТУДЕНТСКО ДОМУВАЊЕ / ЖИВЕЕЊЕ & ЕДУКАЦИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ СТУДЕНТИ СЛАВИЦА МАКАРОВСКА | СИЛВИЈА ШАЛЕВА


ТЕМА: Студентско домување / Живеење & едукација во центарот на Скопје Какво треба да е студентското домување за XXl век ? Како да се редефинира домувањето во светлото на учењето? Какви програмски и какви просторни својства треба да промовира? Локацијата е дел од градскиот блок дефиниран од улиците: ул. Максим Горки, 8-ма Ударна Бригада, ул. Димитрије Чуповски, ул. Никола Вапцаров,во непосредна близина на Плоштадот Македонија, се предвидува домување за студенти/гости на архитектонскиот факултет (60 студенти и 10% визитинг наставници) како и содржини поврзани со учењето (наставниот програм и лабораторија за истражување во архитектурата, учење, ресторан, спорт+рекреација) на архитектонскиот факултет; Типологија: линиски блок+кула

ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 43


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 06

ПРОЕКТИРАЊЕ НА ЈАВНИ ЗГРАДИ

ПРОЕКТ УПРАВНА ЗГРАДА ЗА КОРПОРАЦИЈА ЗА ДИЗАЈН, ПРОИЗВОДСТВО И ПРОДАЖБА НА МЕБЕЛ СТУДЕНТИ МАРТИНА АТАНАСОВСКА | СИЛВИЈА ШАЛЕВА | ДОАРСА ТУШИ | БОЈАН СТОЈАНОВСКИ I АЛБУЛЕНА РИЗМАНИ

Студентите стекнуваaт знаења потребни за професионално решавање на задачи при проектирање објекти за деловни и административни потреби. Програмата предвидува запознавање со каратеристични примери од историјата на соодветните објекти, како и запознавање со клучните аспекти во планирањето, програмирањето и организацијата на истите во современи услови: програмска, типолошка генеза и класификација на зградите; планерски прорамски аспекти (зонирање, регулатива и нормативи); просторно-организациони аспекти (типолошки и морфолошки обрасци, нормативи и стандарди, корелација со конструктивните и другите технички и технолошки барања; синтеза на претходниот анлитички процес во единствена контекстуална архитектонско-урбанистичка целина. Семестралната задача во учебната 2013/14 година се бави со организација на просторот на објект за потребата од деловен простор на Управна зграда за корпорација за дизајн, производство и продажба на мебел, според зададена содржинска програма, лоциран на зададена локација.

44 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 45


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 06

ОСНОВИ НА УРБАНИЗАМ

ПРОЕКТ МИКРО-УРБАНИСТИЧКИ ЧИТАЊА СТУДЕНТИ МАРТИНА АТАНАСОВСКА, ИВА ШОКОСКА, СИЛВИЈА ШАЛЕВА, ЗЛАТКО СТОЈАНОВСКИ, САЊА МАРИЌ

ТЕМА: Градот како и секоја органска структура се состои од материја која во даден момент е променлива и е подложна на метаболистички осцилации. Тие променливи структури на градот пред се се составени од диверзитет на социолошки елементи. Семестралната задача во тој контекст го постави социо-урбанистичкиот јазик под знак прашање и се обиде да распознае нови феномени кои се круцијални во идниот развиток на специфични делови на Скопје. Предмет на разгледување беше населбата Мичурин во источниот дел на Скопје, односно ареалот помеѓу улицата 3та Ударна Бригада и Булеварот Јане Сандански. Студентите работеа во тимови а секој тим имаше свој специфичен реон строго ограничен во својот физикус но отворен во својот контекст. Методологијата на работа се засноваше врз различни начини на читање на градот како и нивна урбанистичка интерпретација со обиди за локални интервенции врз физичката структура.

46 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 47


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 06

ЕНТЕРИЕР 2

ПРОЕКТ ЕНТЕРИЕР НА ПРОЕКТАНТСКО БИРО, ИЗЛОЖБЕН САЛОН И РЕСТОРАН ВО СОСТАВ НА КОРПОРАЦИЈА ЗА ДИЗАЈН, ПРОИЗВОДСТВО И ПРОДАЖБА НА МЕБЕЛ СТУДЕНТИ БЕТИ СТОЈАНОВА | ВАЉОН СУЛЕЈМАНИ | СИЛВИЈА ШАЛЕВА

ТЕМА: Наставната програма на овој предмет опфаќа подрачје во ентериерот кое ги обработува работните простори, трговските и угостителските простори преку запознавање со проектантските норми и стандарди за проектирање на административни, трговски и угостителски објекти заради запознавање на спецификите на содржинско функционалните просторни елементи. Следниот чекор е изучување на секундарните елементи на ентериерот – потребниот мебел и опрема како и нивната меѓусебна зависност определена со технолошките процеси кои се одвиваат во ваквите простори. Комбинирањето на ваквите елементи градат едноставни, помалку сложени и сложени просторни композиции со издржани функционални и естетски квалитети.

48 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 49


ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ


ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 07

АРХИТЕКТОНСКИ КОНСТРУКЦИИ 1

ПРОЕКТ КОНСТРУКТИВНО РЕШЕНИЕ НА ОБЈЕКТ ОД ЈАВНИ ЗГРАДИ СТУДЕНТИ ЈУСУФ ВЕЛИОВ, НИКОЛЧЕ ВАЈДЕВСКИ, МИХАИЛ СЕРВИНИ | ЌИРА БЛЕРТА, САЛИ СЕЛИМИ, ШКИПЕ ШАКИРИ | ГОРАН СПИРОВСКИ, ОЛГИЦА СТЕФАНОВА | КАТЕРИНА ТРАЈКОВСКА, МАЈА ДОНЧЕВА, СОФИЈА СИЛЈАНОВСКА

ТЕМА: Во рамките на предметот Архитектонски конструкции 1 (М), студентите изучуваат сложени челични и армитано-бетонски конструктивни системи разработени преку основи, пресеци, фасади и специфични детаљи. Семестралниот проект вклучува конструктивно решавање на постоечки архитектонски проект изработен во претходен семестар, во случајот беа земени објекти од јавни згради од шестиот семестар. Главната задачата на студентите е да ја прилагодат веќе постоечката архитектура на објектот кон избраното конструквино решение (студентите сами ги избираат конструктивните системи). Проектите од оваа година вклучија конструктивни решенија и детаљи на: челични решетки (просторни и рамнински), споеви на челични профили, споеви на арминран-бетон и челик, стаклени фасадни обвивки и покривање.

52| УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 53


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 07

АРХИТЕКТОНСКО ПРОЕКТИРАЊЕ 1

ПРОЕКТ ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ЗА 500 УЧЕНИЦИ СТУДЕНТИ ТАСЕСКА ЕМИЛИЈА, СПИРОВ ДЕЈАН | ШАЌИРИ ШЌИПЕ, БЛЕРТА ЌИРА | МИТРОВСКА МОНИКА, КРАЉЕВСКА МАРТИНА | ВАЈДЕСКИ НИКОЛЧЕ, ВЕЛИОВ ЈУСУФ | КАДРИУ КЕНДРИМ, СЕЛИМИ САЛИ |

ТЕМА: Наставата овозможува стекнување знаења потребни за професионално решавање на задачи при проектирање објекти за потребите на образованието и здравството како теоретско запознавање со развитокот на објектите низ времето и изучување на клучни аспекти од планирањето, програмирањето и организацијата на истите во современи услови и практична изработка на семестрален проект. Семестралната задача во учебната 2013/14 година за предметот Архитектонско проектирање 1 предвидува проектирање на еден образовен објект на слободна локација со капацитет од 500 ученици.

54 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 55


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 07

СТУДИО ПРОЕКТИРАЊЕ 1

ПРОЕКТ ИНФОРМАТИВНО-ОБРАЗОВЕН ЦЕНТАР ВО ОХРИД (ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ СВ.САВА) СТУДЕНТИ ШЌИПЕ ШАЌИРИ , ЌИРА БЛЕРТА | ЕМИЛИЈА ТАСЕСКА, ДЕЈАН СПИРОВ |

ТЕМА: Наставата овозможува стекнување знаења потребни за професионално решавање на задачи при проектирање објекти за потребите на образованието како теоретско запознавање со развитокот на објектите низ времето и изучување на клучни аспекти од планирањето, програмирањето и организацијата на истите во современи услови и практична изработка на семестрален проект. Семестралната задача во учебната 2013/14 година за предметот Студио проектирање 1 предвидува програмирање и проектирање на информативно – образовен центар во Охрид, преку пренамена на Основното Училиште Св. Сава.

56 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 57


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 07

ЕЛЕМЕНТИ НА ВНАТРЕШНА АРХИТЕКТУРА

ПРОЕКТ ПРИМЕНА НА РЕФЕРЕНТНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД МЕБЕЛ ВО ДИЗАЈН НА ЕНТЕРИЕР СТУДЕНТИ БРИКЕНА АЛИУ | ЕМИЛИЈА МАРИЌ

ТЕМА: Студентите прават анализа на референтни елементи од мебел и опрема, преку анализа на целокупното творештво на авторите. Се анализираат материјалите и носивоста на елементите од мебел, како и технологијата на изработка. Врз основа на направените анализи студентите проектираат елементи од мебел, кои ги разработуваат преку цртежи – идејни решенија, предлог за примена на материјали и начин на спојување. Студентите изработуваат серија на елементи од мебел кои во последната фаза од семестралниот проект ги применуваат во ентериерно уредување на простор.

58 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 59


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 07

ЕНТЕРИЕР 1 БРЕНДИРАЊЕ

ПРОЕКТ ПРИМЕНА НА РЕФЕРЕНТНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД МЕБЕЛ ВО ДИЗАЈН НА ЕНТЕРИЕР СТУДЕНТИ ШЌИПЕ ШАЌИРИ | КИРА БЛЕРТА | ВИКТОР ПЕТРЕСКИ

ТЕМА: Изготвување на ентериерно решение за нов телекомуникациски оператор претставува доволно голем предизвик за еден архитект. Но целосното брендирање на неговите простори го насочува архитектот да размислува на сите аспекти од дизајнот и создавање визуелен идентитет на просторот и брендот. Во таа смисла учеството на експерти од други области вклучени во овие процеси – бренд менаџери, експерти по маркетинг и организациски науки, графички дизајнери и други, се од непроценлива важност за креирање на работниот простор. Но архитектот е одговорен да ги искористи сите овие ресурси и да го искреира работниот простор кој ке биде препознатлив и репрезентативен.

60 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 61


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 07

УРБАН ДИЗАЈН 1

ПРОЕКТ СОЦИО-МОРФОЛОШКИ СНИМАЊА: НАСЕЛБА ЌЕРАМИДНИЦА – СКОПЈЕ СТУДЕНТИ НИКОЛА РАЛЕВСКИ, ГОЦЕ СТЕВАНОВСКИ, БРАНКО ТРЦОСКИ

ТЕМА: Населбата Ќерамидница која се наоѓа на источната страна на Град Скопје во поновиот урбанистички дискурс на градот претставува terra incognita во контекст на морфолошко-урбанистичко сраснување кон матрицата на Скопје. Семестралната задача по Урбан Дизајн 1 се обиде да ги испита и возобнови урбаните релации кои во голема мера се прекинати. Затекнатите импотентни релации помеѓу Ќерамидница и Скопје создаваат еден вид вакуум простор помеѓу социјалниот реалм и високиот потенцијал кој во себе го носи самата локација. За таа цел студентите во текот на семестарот имаа задача да ја прочитаат и разберат локацијата. Да ги проучат урбаните кодови и оттаму да извлечат заклучоци преку кои би можеле/обиделе да создадат потенцијал.

62 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 63


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 08

УРБАН ДИЗАЈН 2

ПРОЕКТ СОЦИО-МОРФОЛОШКИ СНИМАЊА: НАСЕЛБА ЌЕРАМИДНИЦА – СКОПЈЕ СТУДЕНТИ МИХАИЛ СЕРВИНИ, МАРТИН АТАНАСОВСКИ | ЈУСУФ ВЕЛИОВ, НИКОЛЧЕ ВАЈДЕСКИ |

ТЕМА: Во осмиот семестар семестралната задача продолжи со разработувањето на локацијата Ќерамидница притоа употребувајќи го целото знаење акумулирано во претходниот семестар. Аналитичкиот процес кој во седмиот семестар донесе огромна количина на информации го сведовме на синтеза од која произлегоа решенија во рамките на помал размер и фокални точки во самата локација. Ова морфолошко зумирање генерираше поделба на полето на игра при што секоја група го насочи својот интерес на конкретен сегмент. Шесте сегменти беа разработувани врз база на неколку теми: преведување на урбани кодови во јазикот на современите потреби на жителите и притоа испитувајќи нови типологии. Третирање на празните зелени површини и започнување од tabula rasa. Пренамена на индустријата која во голема мера ја затекнавме не употреблива за функциите за кои била изградена. Развивање на конекциите помеѓу водата и изграденото како и повторно реинстертирање на водата како тема во социјалниот реалм.

64 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 65


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 08

АРХИТЕКТУРА НА СЦЕНСКИОТ ПРОСТОР

ПРОЕКТ СЦЕНОГРАФСКО РЕШЕНИЕ ЗА ТЕАТАРСКИТЕ ПРЕТСТАВИ ЖДРЕЛО И HANGING AROUND СТУДЕНТИ ДАВИД ДЕСПОТОСКИ, ЕМИЛИЈА МАРИЌ, КРИСТИНА КАРАПЕОСКА

ТЕМА: Целта на предметот е запознавање на студентите со методологијата на создавање каки и запознавање, изучување на основните поими на сценскиот простор, негово проектирање односно организирање и обликување на сценскиот простор, архитектонскосценски простор. Програмата опфаќа вовед (запознавање) во сценскиот простор негово формирање и оформување преку изработка на скици, цртежи, работни цртежи, модели. Од идеа (текст) до идејно решение на сценографски проект.

66 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 67


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 08

СТУДИО ВНАТРЕШНА АРХИТЕКТУРА 2

ЕНТЕРИЕР 2

ПРОЕКТ МАКЕДОНСКИ ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР СТУДЕНТИ ДАВИД ДЕСПОТОСКИ | ЕМИЛИЈА МАРИЌ

ТЕМА: Проектната задача се однесува на функционална организација и дизајн на ентериер на македонски туристички информативен центар. Студентите изработуваат проекти за главен салон во урбани центри и концепт салони за планински и езерски туризам, со организациска, проектантска и дизајнерска структура. Проектната програма е дефинирана со: дејноста на агенцијата во целина и поединечно на деловните единици, услугите кои ќе ги нуди, структура на вработени и ангажирани лица, начин на комуникација со клиентите, содржина и димензии на просторот. Според дефинираната проектна програма се изработуваат проекти за сите салони на ниво на основен проект за ентериер.

68 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 69


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 08

АРХИТЕКТОНСКA ТИПОЛОГИЈА – СОВРЕМЕНИ ИНЖЕНЕРСКИ КОНСТРУКЦИИ ТЕМА: Програмата на предметот опфаќа вовед во инженерските конструкции во архитектурата, преку запознавање на видовите и типологијата на конструкциите и нивните елементи кои се потребни за изработка на проекти од областа на јавните згради, трговските центри, објектите од културата или спортските објекти. Семестралната задача претставува архитектонскоконструктивно решение на два зададени типови на објекти – индустриска хала и катна гаража. Овој предмет е последниот од редот на конструктивните предмети, и токму затоа освен решавање на конструктивниот дел, предвидено е и проектирање на архитектурата на зададениот објект. При проектирањето студентите ги користат армирано-бетонските, дрвените и челичните конструкции како главни конструктивни системи.

70 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН

ПРОЕКТ КОНСТРУКТИВНО РЕШЕНИЕ НА ОБЈЕКТ ОД ЈАВНИ ЗГРАДИ СТУДЕНТИ ЌИРА БЛЕРТА, САЛИ СЕЛИМИ, ШКИПЕ ШАКИРИ | ЈУСУФ ВЕЛИОВ, НИКОЛЧЕ ВАЈДЕВСКИ, МИХАИЛ СЕРВИНИ


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 71


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 08

СТУДИО АРХИТЕКТОНСКО ПРОЕКТИРАЊЕ 2

ПРОЕКТ НАДГРАДБА НА ГРАДСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР- СКОПЈЕ СО ВОВЕДУВАЊЕ НА НОВИ ФУНКЦИИ И ПРОСТОРИ. СТУДЕНТИ МИТРОВСКА МОНИКА, КРАЉЕВСКА МАРТИНА, ГОЦЕВА АНА | СЕРВИНИ МИХАИЛ, АТАНАСОВСКИ МАРТИН | ТАСЕСКА ЕМИЛИЈА, СПИРОВ ДЕЈАН |

ТЕМА: ПРОЕКТИРАЊЕ НА КОМПЛЕКСНИ ОБЈЕКТИ ОД ОБЛАСТ НА ТРГОВИЈА Целта на наставната програма на Студио архитектонско проектирање 2 е студентите да се оспособат да изработат проект со комплексна програма - мултифункционален трговски простор - објект. На овогодишното Студио предмет на работа е надградбата на Градскиот трговски центар во Скопје – идеја која низа години се провлекува низ стручната јавност. Во процесот на проектирање се анализираа категориите кои се однесуваат на: урбан, архитектонски и социо-културен контекст, програм, функција, форма, структура, инфраструктура, како и конструкција.

72 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 73


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 08

АРХИТЕКТОНСКО ПРОЕКТИРАЊЕ 2ОБЈЕКТИ ОД КУЛТУРА

ПРОЕКТ ДОМ НА КУЛТУРА СТУДЕНТИ СЕРВИНИ МИХАИЛ | ВЕЛИОВ ЈУСУФ | ТАСЕСКА ЕМИЛИЈА, СПИРОВ ДЕЈАН I ВАЈДЕСКИ НИКОЛЧЕ | БЛЕРТА ЌИРА, ШАЌИРИ ШЌИПЕ | ГОЦЕВА АНА | МИТРОВСКА МОНИКА, КРАЉЕВСКА МАРТИНА | СТЕФАНОВА ОЛГИЦА, СПИРОСКИ ГОРАН |

ТЕМА: Наставата во рамките на предметот, овозможува стекнување на знаења потребни за професионално решавање на задачи при проектирање на објекти од областа на културата. Процесот подразбира теоретско запознавање со развитокот на објектите низ времeто и изучување на клучни аспекти од планирањето, програмирањето и организацијата на истите во современи услови и практична изработка на семестрален проект. Семестралната задача во учебната 2013/14 година се занимава со специфичен однос кон градителското наследство низ решавање на проблемот на организација на просторот за потребата на институција од областа на културата, со комлексна, повеќефункционална програмска содржина. Објектот е лоциран во споменикот на културата: стара скопска чаршија. Големината на локацијата сугерира просторно димензионирање на содржините на новопроектираната културна институција со камерни капацитети.

74 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 75


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 09

АРХИТЕКТОНСКО СПОРТСКИ ПРОЕКТИРАЊЕ 3 ОБЈЕКТИ

ПРОЕКТ СПОРТСКА САЛА ЗА ТЕНИСКИ НАТПРЕВАРИ СТУДЕНТИ ЕЛЕНА ЈОВАНОВСКА, ЕЛЕНА АНАКИЕВСКА | МАРИЈА ДИМИТРИЕВСКА, ИГОР МАРКОВ

ТЕМА: Студентите стекнуваaт знаења потребни за професионално решавање на задачи при проектирање објекти на спортски и рекреативни дејности.

 просторно-организациони аспекти (типолошки и морфолошки обрасци, нормативи и стандарди,

корелација со конструктивните и другите технички и технолошки барања;  синтеза на претходниот анлитички процес во единствена контекстуална архитектонско-

урбанистичка целина. Програмата предвидува запознавање со каратеристични примери од историјата на соодветните објекти, како и запознавање со клучните аспекти во планирањето, програмирањето и организацијата на истите во современи услови:  програмска, типолошка генеза и класификација на зградите;  планерски прорамски аспекти (зонирање, регулатива и нормативи);

76 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН

Семестралната задача во учебната 2013/14 година се бави со организација на просторот на објект за потребата од спорт и рекреација, Спортска сала за тениски натпревари со гледалиште за 3000 гледачи, според зададена содржинска програма, лоциран на зададена локација.


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 77


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 09

СТУДИО ПРОЕКТИРАЊЕ 3

ПРОЕКТ ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН СТУДЕНТИ АНТЕВСКА ЕЛЕНА, ДАМЕСКИ МИЛАН, ТОШЕСКИ ОЛИВЕР | БАКИУ ЛИНДИТА, РАКИПИ АДЕЛИНА | ЈОВАНОВСКА ЕЛЕНА, АНАКИЕВСКА ЕЛЕНА | ДИМИТРИЕВСКА МАРИЈА, МАРКОВ ИГОР | ВУГРИН СТЕФАНИ, АНДОНОСКА АНА |

ТЕМА: ПРОЕКТИРАЊЕ НА КОМПЛЕКСНИ ОБЈЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО Цели на предметната програма – компетенции на Студио архитектонско проектирање 3: наставата и самата работа во Студио одскокнува од вообичаениот начин на предметна настава – предавања и вежби. Таа е конципирана на истражувачкиот концепт кој самите студенти во голема мера треба да го изведат врз база на досегашните искуства, стекнатите вештини и знаења. Низ семестарот, студентите раководени од наставникот, соработниците и гостувачките предавачи, на зададен комплексен проектен проблем ќе се обидат да понудат специфични проектни решенија во конкретни програмско-просторни услови, во овој случај – Идеен проект за Факултет за архитектура и дизајн веднаш до зградата на Музејот на град Скопје. Програмата на Студио архитектонско проектирање 3 е конципирана и раководена од проф. Боб Гидингс од Архитектонскиот факултет при Универзитетот за изградена средина од Њукасл, В.Британија.

78 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 79


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 09

ЕНТЕРИЕР 3

ПРОЕКТ УНИВЕРЗАЛЕН ДИЗАЈН СТУДЕНТИ СТЕЛА ВЕЛИЌ | НЕНАД СИМОСКИ |

ТЕМА: Универзален дизајн на станбените единици се однесува на дизајн кој овозможува непречено користење на просторот и извршување на дневните активности. Во оваа проектна задача студентите изработуваат ентериерно решение на станбен простор, преку анализа на активностите на членовите во едно замислено семејство кое опфаќа лица од различно животно доба и со различни потреби. Преку анализата и проектот за ентериерно решение се разработуваат: пристапност до станбените единици, димензионирање на просторот за движење и манипулација, отстранување на бариери и нивелација на подни површини, анализа на активностите на корисниците на просторот, програма и содржина на станбената единица, непречено користење на опрема во бања и кујна, проектирање и дизајн на мебел и опрема.

80 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 81


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 07 - 09

СТУДИО ВНАТРЕШНА АРХИТЕКТУРА 1 СТУДИО ВНАТРЕШНА АРХИТЕКТУРА 3

ПРОЕКТ ДИЗАЈН НА ИЗЛОЖБЕН ПРОСТОР ЗА МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ СТУДЕНТИ ЕМИЛИЈА МАРИЌ | СТЕЛА ВЕЛИЌ |

ТЕМА: Целта на оваа задача е студентите да изработат проект со комплексна програма - мултифункционален музејски простор. Низ просторен модел тие ги испитуваат можностите за аплицирање на различни решенија за прикажување на музејските колекции, а преку ваквиот пристап истовремено ја испитуваат флексибилноста на изложбениот простор. Работата во студиото е практична - работа на проект. Наставата се одвива интерактивно преку истражувања, анализи на домашни и странски примери и посета на музеи.

82 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2013/2014 | 83


УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013

МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ ЈУНИ 2014 ИЗДАВАЧ: УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ ОРГАНИЗАТОР: ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН ПЕЧАТИ: СОФИЈА, БОГДАНЦИ ТИРАЖ: 300 ПРИМЕРОЦИ



МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.