Компактни соседства - одржлив град / Compact neighborhoods for sustainable cities

Page 1

КОМПАКТНИ СОСЕДСТВА - ОДРЖЛИВ ГРАД

АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414 ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / МЕНТОР: доц. д-р ДИВНА ПЕНЧИЌ / СЕПТЕМВРИ 2015


СОДРЖИНА:

МИНАТО, СЕГАШНОСТ И КОНТЕКСТ ЛОКАЦИСКИ АНАЛИЗИ СТАТИСТИЧКИ АНАЛИЗИ ТЕХНИЧКИ ЦРТЕЖИ ОСНОВИ, ПРЕСЕЦИ, ИЗГЛЕДИ ПЛОШТАДИ

АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414 ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / МЕНТОР: доц. д-р ДИВНА ПЕНЧИЌ / СЕПТЕМВРИ 2015


Треба да градиме градови кои се стремат кон иднината, но ги користат искуствата од минатото.

МИНАТО, СЕГАШНОСТ И КОНТЕКСТ АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


Генерален регулационен план на Скопје 1929

Фотографија од моделот за планот на Кензо Танге, 1965

На локацијата е предвиден Републичкиот плоштад според планот на Кензо Танге.

Генерален регулационен план на Скопје 1949

Урбанистички план на централно градско подрачје арх. Кензо Танге, 1965

Републичкиот плоштад, фотографија од моделот за планот на Кензо Танге, 1965

Локацијата се наоѓа во строгиот центар на градот, веднаш до реката Вардар. Поради поволната централна позиција на локацијата, таа секогаш се наоѓа на плановите за град Скопје, но немаме многу конкретни податоци за нејзиното попрецизно планирање на просторот. Посебно значење и третман оваа локација добива со планот на Кензо Танге од 1965 година, по земјотресот во 1963, каде на ова место е предвидено да се оформи Републичкиот Плоштад. Тоа требало да биде административен плоштад кој ќе се протега од двете страно на реката Вардар со пешачки мост на кој ќе има комерцијални содржини и ќе ги поврзува двата дела од плоштадот. На самиот агол од плоштадот (слика десно), нормално на новата железничка станица (Транспортниот центар според планот на К. Танге) се наоѓа кула која претставува поента во просторот и доминира во околината. Инспирацијата за кула на аголот во моето решение за локацијата е земено токму од оваа кула - маркер во просторот.

МИНАТО, СЕГАШНОСТ И КОНТЕКСТ АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


Изменување и дополнување на детален урбанистички план Голем Ринг - Јужен дел Исток. Опфат помеѓу улиците: ул. Васил Аџиларски, Река Вардар, бул. Кочо Рацин и ул. Мирче Ацев. Општина Центар Документациона основа

Сегашна состојба, Детален урбанистички план, 2011 Дијаграм на сегашна состојба според Детален урбанистички план, 2011

СЕГАШНА СОСТОЈБА На овие два прилози е прикажана сегашната состојба. Првиот прилог е ДУП од 2011 година, од кога и нема големи промени на локацијата. Вториот прилог е дијаграм на локацијата според ДУПот на кој лесно се гледа дека на локацијата доминира намената домување и скоро половина од локацијата е паркинг. Забележлива е малата густина на населеност на локацијата. Од линиите кои го прикажуваат интензитетот на движење на улиците, се забележива дека локацијата е обиколена со улици кои имаат голема фрекфенција на возила, додека улиците во внатрешноста на локацијата имаат занемарлива фрекфенција на возила, односно се користат само од жителите на локацијата и ретко од други посетители. Повеќе од половина од објектите кои се на локацијата се во средна или лоша состојба и имајќи во предвид дека поголемиот дел од локацијата е паркинг на едно ниво, за лакација со исклучителна позиција во центарот на градот, таа е недоволно искористена и има огромен потенцијал за развој.

Интензитет на улици Домување

Една од основните карактеристики на стратегиите за одржливи градови е правилна и целосна искористеност на просторот со голема густина на население и содржини кои им се потребни на жителите. Имајќи во предвид дека локацијата е во строгиот центар на градот, таа ќе биде често посетувана и од луѓе кои не живеат тука.

Сервиси и деловни објекти Паркинг

МИНАТО, СЕГАШНОСТ И КОНТЕКСТ АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


Детален урбанистички план за локацијата од 2007 Сеуште актуелен

Сателитска снимка на Скопје, сегашна состојба (Google Earth) 2015

Според актуелниот детален урбанистички план за град Скопје на локацијата е предвидено објект со максимална визина од 300 метри и катност од П+98. Градежната парцела е во форма на латинската буква ‘V’ отворена кон реката Вардар. И покрај тоа што сметам дека локацијата е поволна за градење на објект во висина, сепак според сегашниот план предвидениот објект има преголем волумен за просторот и нема никаков одност кон околината. Исто така не се земени во предвид постоечките оски на движење во овој дел од градот, ниту пак се креирани артикулирани јавни простори и зеленило.

ГРАДСКИ ПАРК

ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА

РЕКА ВАРДАР

ВОДНО Сателитска снимка на Скопје (Google Earth 2015) Локацијата означена со црвена точка

МИНАТО, СЕГАШНОСТ И КОНТЕКСТ АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


Фотографии од локација, Април 2015 Сегашната состојба на локацијата не соодветствува со нејзината поставеност во централното градско подрачје. Поголемиот дел од локацијата е паркинг, додека пак останатиот дел се куќи, најголем ден од пред земјотресот во 1963 и во многу лоша состојба. На просторот нема препознатлив урбанистички план ниту матрца на улици. Нема уредени јавн и зелени простори. Повеќе од половина од објектите се само приземје, а останатите се со еден или два ката. Главна намена е домување, додека пак има неколу работилници за поправки на автомобили, комерцијални содржини од маалски карактер (фризерници, продавници за храна, ресторани) и неколку објекти од привремен карактер кои не се во употреба моментално. Покрај тоа што на локацијата најголемиот дел е јавен градски паркинг, луѓето кои живеат во куќите се

ВКУПНА ПОВРШИНА:

89 932 m2 / 0.09 km2 / 9 ха

СООБРАЌАЈНИ ПОВРШИНИ : 27 059 м2 ПАРКИНГ: 17 355 м2 ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ: 9 852 м2 ПЕШАЧКИ ПОВРШИНА: 2 349 м2 РЕКА: 6 908 м2 ПОВРШИНА ПОД ОБЈЕКТИ: 10 124 м2 НЕИЗГРАДЕНО ЗЕМЈИШТЕ: 16 285 м2 БРОЈ НА ОБЈЕКТИ:

30.09 % 19.30 % 10.95 % 2.61 % 7.68 % 11.26 % 18.11 %

73

паркираат по улиците, кои се во многу лоша состојба, ретко кој има свој приватен паркинг, или пак ако има не го користи. Од статистичките податоци за локацијата воочливо е дека повеќе од 80% од површината е изградено, неизградено запуштено земјиште или улици и паркинг. Само 10% од земјиштето е зелена површина која воопшто не е уредена и скоро некорисна за жителите. Лесно се заклучува дека оваа централна градска локација е неправилно искористена и има голем потенцијал за нејзино подобро планирање.

Процент на изграденост:

6%

Коефициент на изкористеност:

к = 0.08

Густина на населеност:

19 жители / ха

СОСТОЈБА НА ОБЈЕКТИ: Добра Средна Лоша

36.99 % 26.40 % 35.62 %

(51 станбени, 15 комерцијални и деловни, 5 сервиси, 2 комунална супраструктура)

БРОЈ НА ЖИТЕЛИ:

169

(податоците се превземени од Деталниот Урбанистички План за Голем Ринг Јужен дел - Исток, Декември 2012)

МИНАТО, СЕГАШНОСТ И КОНТЕКСТ АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


Фотографии од локација, Април 2015

МИНАТО, СЕГАШНОСТ И КОНТЕКСТ АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


Кога економијата не ја помага архитектурата, тогаш архитектурата треба да и помогне на економијата.

СТАТИСТИЧКИ АНАЛИЗИ


БРОЈ НА НАСЕЛЕНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ГОДИНИ 1931 949 958

1948

1953

1961

1971

1 152 986 1 304 514 1 406 003 1 647 308

1981 1 909 136

1991

1994

2002

Двојно зголемен бројот на населението за 71 година

2 033 964 1 945 932 2 022 547

БРОЈ НА НАСЕЛЕНИЕ ВО СКОПСКИ РЕГИОН ПО ГОДИНИ (ПРОЦЕНКА) 2006

2007

2008

2009

2010

2011

2012

2013

591 991

594 981

597 914

601 057

604 298

607 502

610 775

614 254

Раст на населението во Скопскиот регион

РАСТ НА БРУТО ДОМАШЕН ПРОИЗВОД ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2006

2007

2008

2009

2010

2011

2012

2013

5.0 %

6.1 %

5.0 %

-0.9 %

2.9 %

2,8 %

-0,4 %

3.1 %

Раст на БДП (податоци од Светска Банка)

БРОЈ НА АКТИВНИ ДЕЛОВНИ СУБЈЕКТИ ВО СКОПСКИ РЕГИОН 2008

2009

2010

2011

2012

2013

23 815

27 307

29 690

28 095

28 563

26 859

Раст на бројот на активни претпријатија (освен во 2013)

Сите прикажани податоци се добиено од Државниот завод за статистика на Македонија и од Светска Банка. Според истите може да се заклучи дека населението во Македонија расте, а посебно е забележлив континуиран раст на населението во Скопскиот регион. Градот скопје во !960тите години имал околу 200 000 жители, додека денес тој број е трипати поголем. Забележлив е раст на бројот на деловни субјекти (претпријатија) во скопскиот регион, а исто така и раст на бруто домашниот приход и предвиден раст на економијата во иднина според Светска Банка. Овие податци ни покажуваат дека во градот Скопје има потреба од деловни и комерцијални простори, а исто така и потреба за станбени објекти. Поради локацијата на планскиот опфат кој е предмет на оваа магистерска теза, односно централната позиција во рамки на градот, овој простор првенствено би требало да биде наменет за комерцијални и деловни објекти кои би биле од интерес на целиот град, но и дел за објекти за домување за да има константен живот на локацијата.

ПОСТОЕЧКИ СТАТИСТИЧКИ ПОКАЗАТЕЛИ АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


ПОВРШИНИ НА ПОСТОЕЧКА СОСТОЈБА СОСТОЈБА ИЗГРАДЕНА ПОВРШИНА

ОТВОРЕНИ ПРОСТОРИ

СООБРАЌАЈНИ ПОВРШИНИ

РЕКА

ВКУПНО

11.2%

31.7%

49.4%

7.7%

100%

10 124 м2

13 826м2

44 414 м2

6 908 м2

89 932 м2

Површина под објекти

Зелени површини, пешачки површини, неизградено земјиште

Улици и паркинг

Половина од локацијата е улици и паркинг

ПОВРШИНИ НА НОВА СОСТОЈБА СОСТОЈБА ИЗГРАДЕНА ПОВРШИНА

ОТВОРЕНИ ПРОСТОРИ

СООБРАЌАЈНИ ПОВРШИНИ

РЕКА

ВКУПНО

22.7%

45.3%

24.3%

7.7%

100%

20 460 м2

40 682 м2

21 882 м2

6 908 м2

89 932 м2

Површина под објекти

Зелени површини, пешачки површини, плоштади

Улици и паркинг

+ 11.5%

+13.6%

- 25.1%

НОВА СОСТОЈБА ВКУПНА ПОВРШИНА:

89 932 m2 / 0.09 km2 / 9 ха

СООБРАЌАЈНИ ПОВРШИНИ : 21 882 м2 ПАРКИНГ: 0 м2 на приземје, 32 386 м2 под земја ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ - ПАРК: 13 357 м2 ОТВОРЕНИ ПРОСТОРИ: 27 325 м2 РЕКА: 6 908 м2 ПОВРШИНА ПОД ОБЈЕКТИ: 20 460м2 БРОЈ НА ОБЈЕКТИ:

21

Разлика на стара и нова состојба

ПОСТОЕЧКА СОСТОЈБА ГУСТИНА НА НАСЕЛЕНОСТ:

19 / ха

НОВА СОСТОЈБА ГУСТИНА НА НАСЕЛЕНОСТ:

296 / ха

ГУСТИНА НА НАСЕЛЕНОСТ ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ И ВРАБОТЕНИТЕ: 1221 / ха

(6 станбени, 15 комерцијални и деловни)

БРОЈ НА ЖИТЕЛИ: 2668 БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ / ПРИВРЕМЕНИ ЖИТЕЛИ: 10 991 ПРОЦЕНТ НА ИЗГРАДЕНОСТ КОЕФИЦИЕНТ НА ИСКОРСТЕНОСТ

=

Скоро половина од локацијата е артикулиран отворен простор

22.75 % 3.06

И покрај тоа што во моментов нема податоци колку лица се вработени на локацијата сепак може да се претпостави дека се околу 50-100 луѓе. Со новата состојба и бројот на жители и вработени неколкукратно се зголемува и покрај тоа што има повеќе отворен артикулиран простор.

СТАТИСТИЧКИ ПОКАЗАТЕЛИ НА НОВА И СТАРА СОСТОЈБА АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


Само компактен град со голема густина и јавни простори може да биде одржлив.

ЛОКАЦИСКИ АНАЛИЗИ - НОВА СОСТОЈБА


ДОБИВАЊЕ НА ФОРМА ГЛАВНО ДВИЖЕЊЕ

ДВА ТРАПЕЗИ

СЕКУНДАРНО ДВИЖЕЊЕ И СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ

ОТВОРЕН ПРОСТОР И НЕГОВА ПОДЕЛБА НА ТРИ ДЕЛА

ПРОСТОРНИ ПОЕНТИ КУЛИ

СЕ.

ЛОКАЦИСКИ АНАЛИЗИ - НОВА СОСТОЈБА АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


5 мин. пешки

ПОВЗУВАЊЕ СО ПОСТОЕЧКИ КОНТЕКСТ

ПАРКИНЗИ

На оваа анализа се мапирани кулите кои се појавуваат во околината околу локацијата и на самата локација како реперни точки во просторот. Забележливи се кулите на Градски Ѕид (кои продолжуваат и на совопланираното решение), кулите на ГТЦ и Народната Банка и зградта на ЕВН. Кулите како маркери во простор можат да се земат како карактеристика на околината, а новопланираното решение претставува нивна колуминација во просторот.

Оваа анализа ги покажува отворените паркинзи (светло сино) и катните гаражи (темно сино) во околина на локацијата кои се за јавна употреба и автобуските станици (црвени точки). Кругот означува 5 минутно пешачење од локацијата. Забележливо е дека во близина на локацијата има многу паркиралишта и катна гаража која е веднаш до самата локација и две автобуски станици кои се на самата локација. Поради тоа и користејќи ги принципите на современото планирање на градови и принципите за оджливи градови каде се стимулира користење на јавен превоз, во новопланираната состојба има подземен паркинг само во источниот дел на локацијата каде се наоѓаат станбените објекти.

5 мин. пешки

ПЛОШТАДИ И ПАРКОВИ

КОРИСТЕЊЕ НА ЛОКАЦИЈАТА

Анализата ги покажува плоштадите и парковите кои се во околина на локацијата. Во непосредна близина на локацијата е главниот градски плоштад, најголемиот дефиниран плоштад во градот и паркот на Жената-борец, единствениот дефиниран парк во центарот на градот. Во непосредна близина има и повеќе помали нецелосно дефинирани плоштади или нецелосно уредени паркови.

На дојаграмот со црвена боја с обоени деловните и комерцијалните објекти, а со сина боја објектите за домување. Деловните објекти би се користеле во текот на работно време, комерцијалните ќе се корстат до покасно додека објектите за домување би се корсителе или во текот на целиот ден или вон работно време. Соа тоа локацијата има содржини за да биде активна во текот на целиот ден.

ЛОКАЦИСКИ АНАЛИЗИ АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


c

Катноста на објектите се движи од четири до седум ката кај објектите кои ги оформуваат плоштадите за да се долови поголема човечка пропорција во просторот. Кулите кои ги дефинираат контурите се со 30, 40 и 60 ката. Високите кули се поставени така да своите сенки не ги фрлаат врз плоштадите. Источната страна на локацијата ја формираат објекти кои имаат катност како објектите на Градскиот Ѕид кои веќе се изградени на истата улица и тие природно се надоврзуваат на нив.

Оформување на плоштадите со пониски објекти и поставување на кулите на контурите на локацијата.

Река Највисоките кули се поставени на северната страна на локацијата за да не ја фрлаат својата сенка врз новоформираните отворени простори

Продолжување на континуитетот на Градски Ѕид Висока кула на аголот како поента на крстосницата

АНАЛИЗИ АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


Градот не е сценографија која се гледа од седиште, туку простор кој се користи и сцена по која е гледачите се движат.

ГРАФИЧКИ ПРИКАЗИ


ГЛАВНО ПЕШАЧКО И ВЕЛОСИПЕДСКО ДВИЖЕЊЕ

c

3Д приказ

РЕКА ВАРДАР

ПАРК ГЛАВНО ПЕШАЧКО И ВЕЛОСИПЕДСКО ДВИЖЕЊЕ

1 2

3

ВИСОКО И НИСКО ЗЕЛЕНИЛО ГРАНИЦА НА ПОДЗЕМНА ГАРАЖА ВЛЕЗ ВО ПОДЗЕМНО ПАРКИРАЊЕ

КАНЦЕЛАРИИ И ПРОДАВНИЦИ СТАНБЕНИ ЗГРАДИ ОБЈЕКТ ВО ПРИЗЕМЈЕ ОБЈЕКТ БЕЗ ПРИЗЕМЈЕ И ПРВ КАТ

ГРАДИНКА, МАЛ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР, СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА КАНЦЕЛАРИИ, ХОТЕЛ, КОНФЕРЕНЦИСКИ САЛИ ВЛЕЗЕН ПЛОШТАД КОМЕРЦИЈАЛЕН ПЛОШТАД ФАМИЛИЈАРЕН ПЛОШТАД

АНАЛИЗА НА ЛОКАЦИЈА / М = 1:1500 @ A3 АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414

1 2 3


c

ДОМУВАЊЕ (А2)

МЕШАНА НАМЕНА

1 А2

БРОЈ НА ОБЈЕКТ

ГРАНИЦА НА ПЛАНСКИ ОПФАТ

НАМЕНА А2 А4 Б2 Б4 В1 Б3

СЕМЕЈНО ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ ЗГРАДИ ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ ГОЛЕМИ ТРГОВСКИ ЕДИНИЦИ (ТРГОВСКИ ЦЕНТАР) ДЕЛОВНИ ДЕЈНОСТИ ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА КУЛТУРА

РЕГУЛАЦИОНА ЛИНИЈА (Р.Л.) ГРАДЕЖНА ЛИНИЈА (Г.Л.)

РЕГУЛАЦИОНА, ГРАДЕЖНА И НАМЕНИ / М = 1:1500 @ A3 АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


БРОЈ НА ПОВРШИНА КАТНОСТ ВИСИНА РАЗВИЕНА НАМЕНА БРОЈ НА КОРИСНИЦИ/ ОБЈЕКТ m2 m ПОВРШИНА m2 ПРИВРЕМЕНИ ЖИТЕЛИ

БЛОК 1 / ПАРЦЕЛА 1 33 442 м2 ПРОЦЕНТ НА ИЗГРАДЕНОСТ 50.35 % КОЕФИЦИЕНТ НА ИСКОРИСТЕНОСТ 6.24 БРОЈ НА ЖИТЕЛИ БРОЈ НА КОРИСНИЦИ

0 10991

БРОЈ НА ПАРКИНГ МЕСТА 0

БРОЈ НА ПОВРШИНА КАТНОСТ ВИСИНА РАЗВИЕНА НАМЕНА БРОЈ НА ЖИТЕЛИ ОБЈЕКТ m2 m ПОВРШИНА m2

БЛОК 2 / ПАРЦЕЛА 2 14 434 м2 ПРОЦЕНТ НА ИЗГРАДЕНОСТ 25.09 % КОЕФИЦИЕНТ НА ИСКОРИСТЕНОСТ 4.62 БРОЈ НА ЖИТЕЛИ БРОЈ НА КОРИСНИЦИ

1 1885 П+6 26 13195 Б2 / Б4 528 2 702 П+30 110 21762 Б4 1451 3 1872 П+4 19 9360 Б2 / Б4 374 4 1154 2-7 (без П и 1) 29.5 6942 Б4 463 5 1006 П+60 215 61366 А4 / Б4 2727 6 1334 П+4 19 7726 Б2 / Б4 309 7 573 2-7 (без П и 1) 29.5 5238 Б4 349 8 1552 П+5 21 9312 Б1 / Б3 310 9 541 2-8 (без П и 1) 33 3787 Б4 252 10 1151 П+4 19 5755 Б4 384 11 587 П+6 26 4109 Б4 274 12 684 П+6 26 4788 Б4 319 13 950 П+40 145 38950 Б4 2597 14 758 П+4 19 3790 Б2 / Б4 152 15 1790 П+6 26 12530 Б2 / Б4 501

16 450 П+М+12 43 6300 А2 252 17 450 П+М+12 43 6300 А2 252 18 1005 П+М+6 24 8040 А2 322 19 450 П+М+12 43 6300 А2 252 20 450 П+М+12 43 6300 А2 252 21 816 П+40 133 33456 А2 1338

2668 0

БРОЈ НА ПАРКИНГ МЕСТА 1295 (три подземни нивоа)

За добивање на број на жители / враборени земени се во предвид следниве параметри: Намена Б2/Б4 - 1 вработен на 25 м2 ; Намена Б2 - 1 вработен на 30 м2 ; Намена Б4 - 1 вработен на 30 м2 ; Намена А2 - 1 жител на 15 м2

Општи одредби за деталниот урбанистички план

Посебни одредби за деталниот урбанистички план

Планскиот опфат опфаќа 9 хектари (89 932 м2), поделен во 2 парцели кои вкупно зафаќаат 47 876 м2. додека останатата површина е непарцелирана и претстатува улици, зелена површина и река. Сите објекти на планскиот опфат со новиот ДУП е предвидено да бидат новоградби. Двете парцели поединечно претставуваат градски блокови. Планирано е да има 2668 жители и 10991 вработени или привремени жители. Во рамки на целиот плански опфат дефиниран на графичкиот прилог не е дозволено поставување на ограда и предвидено е отворените поврчини да бидат јавен / градски простор. Поставеноста и формата на објектите произлегуваат од главните оски на движење во градот кои мора да бидат јавен простор. Отстапување од градежната линија е дозволено како второстепена пластика и тоа само од вториот кат на објектите нагоре. На локацијата не е предвидено паркирање за објектите кои не се за домување. За објектите со намена домување предвиден е заеднички паркинг во 3 подземни нивоа. Паркирањето за посетителите е предвидено во катните гаражи и градските паркинзи надвор од планскиот опфат. Отворените јавни прстори на локацијата е предвидено да се уредат од инвеститорите на деловните објекти или како јавно приватно партнерство со градот. Изградбата на објектите може да се одвива поединечно и се препорачува прво да се изградат комерцијалните и деловните објекти, а потоа станбените. Предвидено е сите објекти да бидат со современ архитектонски јазик и современ пристап кон обликувањето.

ПАРЦЕЛА 1 / БЛОК 1: Главна намена на Блок 1 е комерцијални и деловни објекти. Покрај овие две намени на парцелата има и привремено домување - хотел и градинка и објект за култура и рекреација. Сите дозволени висини на објектите се обележани на графичкиот приказ. Во рамки на блокот има три плоштади и сите три е планирано да бидат јавни плоштади без ограда. Приземјето на објектите е планирано да биде со продавници и кафулиња чии пристап би бил директно од надвор. Останатите катови на објектите е планирано да бидат со комерцијални содржини (трговски центар) и деловни простории (канцеларии). Објектите со број 4, 7 и 9 е планирано да имаат слободно приземје и прв кат што би ја зголемило јавната површина. Објектот број 5 е највисокиот објект на целиот плански опфат и предвидено е да биде дел трговски центар, дел хотел и дел деловни прстории, неговата поделба би завесела од интересот на инвеститорот и потребите во градот во моментот кога ќе биде граден. Објектот со број 8 е предвидено да има градинка за локалното население, културен центар за млади, простор за спорт и рекреација во објектот и кафуле или продавница/и на приземје. На целата парцела автомобилски пристап нема. ПАРЦЕЛА 2 / БЛОК 2: Блок 2 има единствена намена - домување. Не е дозволено оградување на парцелата. Оваа парцела е одделена од Блок 1 со улицата Кензо Танге. Во рамки на парцелата има единствено заедничко паркирање на 3 нивоа наменето само за жителите во зградите на парцелата. Освен објектот број 21, останатите објекти предвидено е да бидат продолжение на Градскиот Ѕид и нивната архитектура предвидено е да биде слична со таа на Градскиот Ѕид, но со современ израз. Просторот пред објектите кон булеварот Кочо Рацин е предвидено да биде зеленило со дрворед кон улицата. Не е предвидено објектите во приземјето да имаат комерцијални соржини. Во рамки на парцелата автомобилски пристап нема освен кон подземните паркинг нивоа каде пристапот е предвиден преку две рампи.

ТАБЕЛИ И ОДРЕДБИ ЗА НОВ ДУП АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


ДИЈАГРАМ СО ОЗНАЧЕНИ ПРЕСЕЦИ

ДОМУВАЊЕ ИНТЕРАКТИВНИ ПРОСТОРИ ХОТЕЛ КАНЦЕЛАРИИ ПРОДАВНИЦИ И РЕСТОРАНИ

ПРЕСЕК 1-1

ПРЕСЕЦИ / M=1:1500 @ A3 АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


ПРЕСЕК 2-2

ПРЕСЕК 3-3

ПРЕСЕЦИ / M=1:1500 @ A3 АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


ПРЕСЕК 4-4

ПРЕСЕК 5-5

ПРЕСЕЦИ / M=1:1500 @ A3 АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


ИЗГЛЕД ЈУГ

ИЗГЛЕД СЕВЕР

ИЗГЛЕДИ / M=1:1500 @ A3 АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


ИЗГЛЕД ИСТОК

ИЗГЛЕД ЗАПАД

ИЗГЛЕДИ / M=1:1500 @ A3 АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


ИЗГЛЕД КОН ЈУГ

ИЗГЛЕД КОН СЕВЕР

ИЗГЛЕД КОН ИСТОК

ИЗГЛЕД КОН ЗАПАД

ИЗГЛЕДИ СПРОТИВНО ОД ЛОКАЦИЈА АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


Плоштадите се простори за социјализација, за прослави и протести, за концерти и револуции. Половина од просторот на локацијата со новиот урбанистички план се отворени простори. Тие се и најважниот дел од локацијата и од интерес на сите жители на градот. На локацијата има три плоштади, секој од нив со различна намена, но со единствена цел - социјализација на луѓето корисници и жители на локацијата и минувачите од градот. Подетално плоштадите ќе бидат разгледани на наредните прилози.

1

2

3

ПЛОШТАДИ


ВЛЕЗЕН ПЛОШТАД / Површина 2250 м2 Влезниот плоштад се наоѓа на западната страна на локацијата, веднаш спроти Градскиот Трговски Центар. Главниот влез кон плоштадот е од ГТЦ и е дефиниран со две згради кои претставуваат симболична порта. Тука почнува и главната оска на движење по локацијата. Пристапи кон плоштадот има и од јужната, северната и источната страна. Овој плоштад има зеленило во средишниот дел во три големи бетонски жардињери и простор за привремен маркет кој би имал различна намена и кој е поставен паралелно со оската на движење по локацијата за да биде подостапен за минувачите. Преку годината може да биде привремен маркет каде ќе се продава храна за ручек, за празници може да биде празничен маркет, за посебни манифестации би имал соодветна намена. На периметарот на плоштадот планирано е приземјата на објектите да имаат интерактивни содржини како продавници и кафе барови со тераси.

ОСНОВА НА ВЛЕЗЕН ПЛОШТАД / М = 1 : 1000

Референтни слики

1. ВЛЕЗЕН ПЛОШТАД АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


3Д приказ

Пристапи и движење / Интерактивно приземје на објекти / Простор за седење

1. ВЛЕЗЕН ПЛОШТАД АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


КОМЕРЦИЈАЛЕН ПЛОШТАД / Површина 5100 м2 Комерцијалниот плоштад е средишниот и најголем плоштад на локацијата. Главен елемент на плоштадот се клупите на шини. Овие клупи се распоредени во 5 ленти и тие можат да имаат различна конфигурација движејќи се по шините што овозможува тие да се наредат како гледалиште за претстави, кино или предавања на отворено или пак можат да бидат раздвоени и неправилно распоредени во просторот. На плоштадот има фонтана или централен споменик во средината што ја дефинира неговата фокусна точка на линијата каде се наоѓаат двата објекти кои немаат приземје и прв кат. Овие објекти формираат отворен простор под нив кој нуди дебела сенка во лето. На плоштадот инспирирано од клупите има расфрлано бетонски жардињери во кои би имало дрвја. Овој плоштад е наменет за одмор за време на пауза за ручек или за социјализација после работното време. Предвидено е на периферијата на овој плоштад, во приземјата на објектите да има кафе барови си свои тераси на плоштадот.

ОСНОВА НА КОМЕРЦИЈАЛЕН ПЛОШТАД / М = 1 : 1000

Клупи на шини - клупите на плоштадот може да се поместуваат по шините

2. КОМЕРЦИЈАЛЕН ПЛОШТАД АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414

Референтни слики


3Д приказ

Пристапи и движење / Интерактивно приземје на објекти / Простор за седење

2. КОМЕРЦИЈАЛЕН ПЛОШТАД АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


ФАМИЛИЈАРЕН ПЛОШТАД / Површина 4200 м2 Последниот плоштад на локацијата е фамилијарниот плоштад лоциран спротивно од станбените згради од едната страна и објектот за градинка и културен центар од другата страна. Овој плоштад е наменет за да можат жителите на зградите да дојдат со својте деца, каде ќе има простор за децата да играат и кафе бар каде ќе можат родителите да седат и да ги гледаат своите деца како играат.

Станбени згради

ОСНОВА НА ФАМИЛИЈАРЕН ПЛОШТАД / М = 1 : 1000

3. ФАМИЛИЈАРЕН ПЛОШТАД АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414

Референтни слики


3Д приказ

Пристапи и движење / Простор за седење

3. ФАМИЛИЈАРЕН ПЛОШТАД АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


Зелени кровови и урбана агрикултура на крововите на пониските згради

Црно - Неизграден простор на локацијата Сиво - Слободен простор во приземје

Овие два дијаграми ги покажуваат отворените простори. На првиот дијаграм се означени кровните тераси на зградите на кој има приста преку повисоките објекти залепени за нив. Овие тераси можат да бидат зелени тераси или простори за урбана агрикултура. Вториот дијаграм го покажува отворениот простор во приземје. Новиот урбанистички план и покрај тоа што создава соседство со голема густина овозможува повеќе од половија локација да биде отворен и уреден простор.

АНАЛИЗИ АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ / МАГИСТЕРСКА ТЕЗА / ТЕМА: ОДРЖЛИВО СОСЕДСТВО / ДРАГАН КРСТЕВСКИ 7414


КРАЈ

ДРАГАН КРСТЕВСКИ 2015 | zgrada@gmail.com


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.