КОМПАКТНИ СОСЕДСТВА - ОДРЖЛИВ ГРАД Магистерска теза – теоретски дел Архитектонски Факултет – Скопје, 2015
ДРАГАН КРСТЕВСКИ
КОМПАКТНИ СОСЕДСТВА - ОДРЖЛИВ ГРАД Магистерска теза – теоретски дел Архитектонски Факултет – Скопје, 2015
Тема: Одржливо соседство Архитектонски Факултет – Скопје Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје Кандидат: Драган Крстевски 7414 Ментор: Доц. д-р Дивна Пенчиќ Комисија: Проф. д-р Виктор Пајвански (претседател) Проф. м-р Елизабета Аврамовска (член) Доц. д-р Ана Тромбева Гаврилоска (член) замена: Доц. д-р Мери Батакоја (член) Септември, 2015
ДРАГАН КРСТЕВСКИ
4
ДРАГАН КРСТЕВСКИ 2015
АПСТРАКТ Светското население постојано расте. Градовите се најголемите и најкомплекните човечки населби. Тие се и најнеодржливите места за живот, но ги има се повеќе и повеќе и се поголеми и поголеми. Затоа градовите треба да се редефинираат и да ги задоволат потребите на сегашноста и иднината. Само град кој е одржлив може да опстане и да биде атрактивен за своите жители. Одржливоста како аспект на современиот урбанизам не се појавува многу одамна. И покрај тоа што по индустријализацијата и влошувањето на условите за живот градовите почнуваат полека да се менуваат и се појавуваат многу теории за иднината на градот, сепак одржливоста како аспект во планирањето се појавува во втората половина на 20тиот век. Одржливиот урбанизам има за цел да ги смени навиките на луѓето во градовите и подобро да го искористи просторот во рамките на градот. Помалку возила, алтернативни начини на превоз, ефикасен јавен превоз и повеќе достапни содржини на пешачка далечина се некои од најважните промени. Градење во висина на простори каде цената на земјиштето е висока значи економски поисплатлива архитектура и повеќе отворени простори за социјализација кои можат да имаат привремени намени, а привремените градби се најодржлива форма на архитектура бидејќи лесно се менува според потребите на луѓето. Креирање на локални економии каде луѓето би работеле не многу далеку од дома и ефикасен јавен превоз и алтернативни начини на превоз што полека би станале и подобар начин за транспорт од користење на сопствено возило. Урбаните економии придонесуваат за помал транспорт на производите, а целта на современиот град е да го намали произведениот отпад, но и транспортот за истиот.
КОМПАКТНИ СОСЕДСТВА - ОДРЖЛИВ ГРАД
Наместо да се шири, целта на современиот град е да биде покомпактен и со поголема густина на население. Со креирање на компактни соседства, целиот град полека може да стане компактна населба која ќе ги задоволува потребите на жителите, но нема да корсти непотребен простор. Отворените простори би имале свои намени и со тоа тие не би биле само бескорисни отворени простори. Скопје и покрај тоа што ги нема проблемите на мегаградовите, сепак треба да почне да се редефинира за да може да го искористи целиот свој потенцијал. Скопје не е голем град, но е неискористен град. Затоа е неодржлив и мора полека да почне да ги користи искуствата од проблемите на големите градови.
5
Клучни зборови: Одржливост, Град, Компактно, Соседство, Густина, Урбанизам
6
ДРАГАН КРСТЕВСКИ 2015
ABSTRACT World population is constantly growing. Cities are the largest and most complex human settlements. They are the least sustainable form of settlement, however there are more and more cities every day and they are becoming larger and larger. Therefore, the city needs to redefine and accommodate the needs of the present and the future. Only a sustainable city can remain attractive for its citizens. Sustainability as an aspect of contemporary urbanism does not have a long history. Although after the industrialization cities started to change, sustainability as an aspect in urban planning only appears in the second half of the 20th century. Sustainable urbanism aims to change people’s habits in the city and to make better use of the space within the city. Fewer cars, alternative means of transport, efficient public transport and easy access to more amenities within walking distance are some of the most important changes. Building higher buildings on expensive land in the city means financially more efficient architecture and larger open public spaces with temporary uses, as temporary structures are the most sustainable form of architecture because they can easily change to adopt people’s needs. Urban economies encourage less transport of the products and the aim of the sustainable city is to minimize the production of waste and its transportation.
КОМПАКТНИ СОСЕДСТВА - ОДРЖЛИВ ГРАД
Instead of spreading, the intention of the contemporary city is to be more compact with higher density of population. Creating compact neighbourhoods will impact the whole city to become a compact settlement which will satisfy people’s needs without using unnecessary space. Open spaces will have their use and will not be just open space. Skopje, although it does not have the problems of the megacities, needs to redefine itself so it can exploit its whole potential. Skopje is not a big city, but it is an unused city. Therefore it is unsustainable and it must learn lessons from the problems of the big cities.
7
Key words: Sustainability, City, Compact, Neighbourhood, Density, Urbanism
8
ДРАГАН КРСТЕВСКИ 2015
СОДРЖИНА 1. ВОВЕД 11 1.1 Градовите се најнеодржливи населби 1.2 Одржливо соседство 1.3 Историја на одржливи градови 1.4 Редефинирање на современиот град 2.
АСПЕКТИ НА ОДРЖЛИВ ГРАД
17
1.1 Услови за одржлив град 1.2 Одржливоста од социјален аспект 1.3 Одржливоста од економски аспект 1.4 Одржливоста од еколошки аспект 1.5 Скопје како одржлив град 3. РЕФЕРЕНТНИ ПРИМЕРИ 23 3.1 Канари Ворф, Лондон (Canary Wharf, London) 3.2 Бриндли плејс, Бирмингем (Brindley place, Birmingham) 3.3 Градот Лондон (The City of London) – Лондонскиот историски бизнис центар 3.4 Заклучок - Референтни примери 4. КОМПАКТНО СКОПЈЕ 33
КОМПАКТНИ СОСЕДСТВА - ОДРЖЛИВ ГРАД
4.1 Компактно соседство во центарот на Скопје 4.2 Урбанистичко решение за локацијата 4.3 Заклучок
9
5. БИБЛИОГРАФИЈА 41
ДРАГАН КРСТЕВСКИ 2015
Дрвjа во форма на црква; Кроксли, Лондон (Фотографија на авторот)
10
1. ВОВЕД
1.1 Градовите се најнеодржливи населби
КОМПАКТНИ СОСЕДСТВА - ОДРЖЛИВ ГРАД
Архитектурата и општеството отсекогаш биле во нераскинлива врска и взаемно зависни. Архитектурата, како наука ги следи (или барем треба да ги следи) потребите на општествата, ги менува, подобрува и правопропорционално еволуира со општеството. А општеството сме ние, луѓето. Значи ние ја менуваме архитектурата. Но и таа не менува нас. Паметната архитектура и паметниот урбанизам, оние кои се во функција на луѓето, всушност служат и за едукација на луѓето што е и како се развива еден град, а и ги адаптираат нивните потреби, стремежи, стил и вкус кон подобро. Архитектурата и општествата учат едни од други. Но сепак, ова меѓусевно учење и еволуирање би било бесполезно доколку не е воочливо во градовите.
11
Градовите се највисокиот дострел и најеволуираното живелиште на луѓето. Можеби не секогаш, но скоро секогаш, тие се мегданот за револуција во архитектурата, во урбанизмот, во општествата, во политиката, во економијата, во културата и уметноста, образованието и медицината и помалку или повеќе во се друго. Тие претставуваат константен полигон за покаживање и докажување на нас, луѓето, до каде сме стигнале на скалата на бесконечните димензии - времето и просторот. Иако оваа магистерска теза има фокус на архитектурата и урбанизмот, сепак не би можел да ги изоставам сите други науки и општествени прилики споменати претходно кои имаат огромно влијание во моделирањето на градовите, кон подобро или полошо. Во светот од ден на ден има се повеќе луѓе. Развојот на медицината и подобрите животни услови придонесуваат за зголемување на светската популација. Градовите имаат голем придонес кон тоа. И луѓето се повеќе сакаат да живеат во градови. Логично на тоа, се повеќе и повеќе нови градови има во светот, постоечките растат, и потребите за менување на архитектурата и урбанизмот се неминовни. Тоа што било тренд и потреба на граѓаните пред сто години, сега не е исто. Економијата се менува и со зголемување на населението во градовите расте вредноста и цената на земјиштето и тоа мора да се одрази на тоа како ние ги планираме градовите. И
покрај тоа што и ние архитектите и урбанистите често носталгично гледаме кон минатото и ја идеализираме архитектурата многу често врз база на нашите теориски ставови, а воедно и луѓето во градовите ретко се спремни на крупни промени и споро се привикнуваат, сепак само најхрабрите и авантуристите се оние кои пред време ќе бидат спремни за времето кое доаѓа. Не ме сфаќајте погрешно, не секоја промена е добра. Архитектурата е наука која мора да се базира на многу показатели кои се одраз на општеството. Архитектурата е и уметност, но е најдемократска уметност. Таа е уметност која никој не може да ја избегне, уметност која сите ја користат и уметност која понекогаш и без да знаеме има огромно влијание врз нас и нашите животи. Најдемократска уметност која ги има и најдемократските потези во општествата, но сепак тоа не е тема на оваа магистерска теза. Како и да е, уметничкиот аспект на архитектурата е субјективен, но научниот аспект на урбанизмот и архитектурата е многу објективен. Или преформулирано - за вкусови не се расправа (иако лично не се согласувам со тоа), но пред научните факти и најмудрите молчат. Затоа при планирањето на градовите потребно е да се видат искуствата од развојот на градот во минатото и да се земат во предвид потребите во сегашноста, но и најбитно од се - да се предвиди како градот ќе се развива во иднината. За да се оствари едно архитектонско дело често се потребни неколку години, а за да се оствари еден градски урбанистички план или стратегија потребни се неколку десетици години. Па токму торади тоа, за во моментот кога архитектонското дело и урбанистичкиот план ќе се материјализираат, луѓето во таа идна сегашност да можат да ги користат придобивките од таа архитектура и урбанизам, ние мораме од моментот кога таа се црта во архитектонските бироа да се црта со потребите на иднината. Тоа што ние го цртаме денес е иднината на градот. Многу често и нема да ја доживееме за да научиме од нашето лично искуство и лични грешки. Затоа големо влијание во развојот на градовите има развојот на другите градови. Искуствата и грешките кои можеме да ги научиме од другите градови се можеби побитни од се што можеме да научиме од самиот град за кој зборуваме. Па затоа и архитектонските и планерски грешки кои ги правиме во градовите, за нас ќе бидат грешки, но за други голема поука. Сепак и овие искуства од други градови пред да бидат применети мора да бидат адаптирани на локалниот контекст, локалната култура и менталитет. Но генерално да констатирам, луѓето секаде во светот се луѓе, имаат слични потреби, градовите се создадени за нив, а архитектурата е таа која го прави градот - град. Па така би можеле многу да учиме едни од други.
ДРАГАН КРСТЕВСКИ 2015
Од се досега споменато, не ја споменав само природата. Градовите, сепак, се најнеприродната форма на живеалиште. “Природна” за нас луѓето, но неприродна за животната средина. Оваа магистерска теза нема намера да филозофира за тоа како градот да исчезне или да стане неград бидејќи градовите се тука да останат. Градовите, исто така, и се најнеодржливата форма на живеалиште, но сепак тие се тука и ќе ги има се повеќе и повеќе. Оваа магистерска теза е за тоа како градовите да ги направиме поодржливи и како со планерски стратегии тие да бидат помала штета за околината. Проблемите не треба да ги решаваме со уништување, туку со адаптирање. Адаптирање на нашите размислувања и нашите потреби, а преку тоа и адаптирање на архитектурата и урбанизмот во градот. Некогаш и обратно.
12
1.2
Одржливо соседство
За концептот на одржливост да се аплицира на еден град, прво треба да се аплицира на соседствата кои го сочинуваат градот. Градовите постојат многу подолго отколку што постои концептот и размуслувањата за одржливи градови. Така еден град ќе стане одржлив само доколку стратегиите на одржливост почнат да се аплицираат етапно на деловите од градот. Што е соседство? Има две дефиниции за соседство. Првата е соседство е област или заедница во рамките на еден град, а втората е дека соседство е зоната која го опкружува одредено место, личност или предмет 1. Што е одржливост? Можноста да се одржи нешто на одредено ниво или да се одржи еколошки баланс без непотребно да се уништува природата. Одржливост во урбанизмот значи развој на градовите со ограничено користење на ресурсите и можност за нивна повторна употреба 2. И покрај тоа што развојот на градовите и соседствата во него почнува од многу одамна, сепак размислувањата за одржливи градови не се тема која ги засегала планерите од многу одамна. Во последните 20-30 години одржливоста на градовите станува битен елемент во развојот на градовите, најмногу поради тоа што значително се зголемува бројот и големината на градовите во светот. Зголемувањето на популацијата исто така придонесува за понемилосрдно уништување на природата и ширење на градовите за да се обезбедат повеќе домови. Токму затоа во последните години терминот одржливост станува многу побитен од терминот соседство. Не поради тоа што соседството не е битно, туку поради тоа што соседствата веќе постојат, но предизвик е тие да бидат одржливи.
Слика 1: Статистика на Гугл за користење на термините соседство и одржливост, Google search (Google statistics), 2015
КОМПАКТНИ СОСЕДСТВА - ОДРЖЛИВ ГРАД
Градовите од 19тиот век се многу побитни од тоа што биле во минатото. Светската урбана популација во 1950 изнесувала 746 милиони, а во 2014 таа е 3.6 билиони луѓе. До 2050, според Обединети Нации, се претпоставува дека повеќе од 66% од светското население ќе живее во градови. Затоа градот мора да се менува и прилагодува на се поголемата негова популарност.
13
Со зголемување на урбаната светска популација се јавува и потребата на применување на различни стратегии за градовите да бидат поодржливи урбани организми. Ако големата слика е градот, тогаш помалата е неговото соседство (градското маало). Доколко тоа е одржливо, тогаш и градот составен од ваквите маала ќе биде одржлив град.
1 2
Google search definitions, 2015 Sustainable Development Comission, http://www.sd-commission.org.uk/, 2015
1.3 Историја на одржливи градови Во средниот век, кога одржливоста не била фактор при проектирањето, сепак градовите биле компактни. Средновековниот град типично е мал, со мешани намени и наменет за пешачко движење. Уште тогаш на планерите им било јасно дека копактниот град со тесни улици и низи од куќи меѓу кои се појавуваат плоштади на одредени места е подобар за живот и полесен за комуникација меѓу луѓето. Средновековна Фиренца (Италија) има околу 50 000 жители, што не е многу од денешен аспект, но тогаш таа била двојно поголем град од Виена, Барселона или Прага. Таа тогаш била компактен град со густо градско ткиво и тесни улици. Средновековните градови немале ни многу зеленило. Компактноста на овие градови била и дополнително условена од ѕидините кои го ограничувале ширењето на градот. Сиена во Италија исто така е пример за средновековен и ренесансен компактен град кои според многу урбанисти се смета за идеален компактен град од тој период. Градовите имаат одржлив и не многу рапиден развој се до 19 век и индустријализацијата. Во 19тиот век, индустријализацијата на градовите придонесува за голема потреба на работници и рапидно зголемување на жителите во градовите. Во овој век градот ја добива неговата неприкосновена моќ во однос на другите типови на населби. Со зголемувањето на бројот на жителите се шири и градот, а со неговото брзо ширење во многу делови и неплански се градат градските соседства. Во овој период, посебно во Англија, се појавуваат и првите субурбани населби и мали сателитски населби кои гравитираат околу градот. Ако го земеме Лондон како пример за град во индустријализацијата ќе забележиме дека тогаш градот станува пренаселен и квалитетот на живот опаѓа, па затоа за многу фамилии од високата средна класа поомилено место за живот стануваат новоформираните населби кои се надвор од градското ткиво. Со тоа компактноста на градот се намалува, транспортот добива значајна улога и развојот на автомобилскиот сообраќај придонесува многу за ширење на градот, а со сето ова и градовите стануваат многу понеодржливи од претходно. Сепак, стратегиите за одржливи градови во тој период биле далеку помалку битни од индустриската револуција.
Слика 2: Демографска статистика за Лондон од 1901 до 2011, извор: Wikipedia
ДРАГАН КРСТЕВСКИ 2015
Во период кога градовите се не многу омилени места за живот и кога индустријата го има приматот во планирањето, многу урбанисти ќе потенцираат дека градовите почнуваат да умираат. Сепак, оваа теорија е пренагласена. Бегството на многу луѓе во населби надвор од градовите не ја носи полека смртта на градовите туку потребата за нивно редефинирање. И покрај тоа што автомобилскиот сообраќај овозможува депопуларизација на градовите, сепак тие се главни центри на железничкиот сообраќај и на автопатите кои поминаваат низ нив.
14
Во почетокот на 20тиот век, градовите почнуваат полека да се менуваат. Овој период Советот на Европа тогаш го нарекува „урбана ренесанса“. Градовите почнуваат да добиваат позначајна улога со развојот и инвестициите во сервисните индустрии (финансии, култура...). Овие индустрии придонесуваат за високата средна класа повторно да се врати во градовите и развојот на овие индустрии придонесува урбанизмот и архитектурата во градовите да добие ново лице. Инвестициите и растот на сервисните индустрии придонесува во нови градби кои често го дефинираат градскиот центар или формираат нови градски центри, а од друга страна овие индустрии не придонесуваат за загадување на градот. Во почетокот на 20тиот век се појавуваат теориите на Ебенезер Хауард за Градови – градини, кои се едни од првите размислувања за редефинирање на градот. Сепак, овие теории не можат да се земат во предвид во однос на одржливост на градовите бидејќи градовите – градини само ги шират градовите и ја зголемуваат потребата за транспорт. Тони Гарние во 1904 прави план за нов град каде градот е поделен на резиденцијална и индустриска зона и во средина има железничка станица. Иако овој план за град не добива своја практична изведба, сепак траги од планот се забележливи во Лион во Франција. Според многумина овој теоретски план за град може само да му донесе штета на модерниот град поради големото сегрегирање на намените и сомнителната социјална интеракција која би била во градот на Гарние. Ле Корбизје исто така во 20тите и 30тите години на 20тиот век прави свои скици за нов модерен град кој е базиран на механизацијата и новата технологија. Тој на некој начин ја продолжува теријата на Гарние за град во зони со големи облакодери и отворени простори меѓу нив. Плановите на Ле Корбизје многу малку ја земаат во предвид човечката пропорција и ја глорифицираат технологијата и модернизацијата. Иако Ле Корбизје не одговара на проблемите на индустрискиот град, сепак тој е еден од пионерите на компактни градови во однос на зголемена густина во градовите на околу 1200 жители на ар што е околу 10 пати повеќе од тогашната густина на населението во Париз. Овие рани теории за редефинирање на градовите полека резултираат во големи промени во градовите. И покрај тоа што ниедна од овие теории целосно не е остварена, сепак тие многу придонеле за нови урбани стратегии, ја забрзале потребата за обнова на градовите и полека градот станал повторно омилено место за живот на многумина. Така полека од крајот на 20тиот век па се до денес, градовите растат и привлекуваат жители, а со тоа расте и одговорноста за нивното планирање и нивно одржување во омилени места за живот. Денес градот повторно се редефинира, но не за да се промени и да привлече повеќе жители, туку за да стане одржлив и да го задржи квалитетот на живот.
КОМПАКТНИ СОСЕДСТВА - ОДРЖЛИВ ГРАД
1.4 Редефинирање на современиот град
15
Иако е тешко да се каже кога се почетоците на одржливиот урбанизам, сепак може да се каже дека се појавува потткинат од две поврзани кризи во доцните 1960ти и раните 1970ти години 3. Првата е еколошка криза, а втората урбана. Еколошката криза е производ на брзата индустријализација која произведува колуминација на малите и големите загадувања во градовите. Урбаната криза е парцијално поврзана со еколошката, односно загадувањето во градовите предизвикува дел од неговото побогато население да се сели надвор од градовите креирајќи мали сателитски градови кои не одговараат потполно на урбаните стандарди туку само формираат места за преспивање надвор од градот. 3
John Flint, Mike Raco; The future of sustainable cities: Critical reflections; The Policy Press, Bristol; 2012
Современото редефинирање на градот денес во поголемиот дел од развиените земји е најмногу базирано на две теории: Градови градини и растење на градот од внатре. Градовите градини како теорија и пракса ги има подолго време од градовите кои растат од внатре. И покрај тоа што теориите на Ебенезер Хауард за град-градина во пракса целосно не се остварени сепак и ден денес во Британија еден вид на градови градини се многу популарен тип на урбанизам и во последно време многу поддржан од британската влада. И покрај тоа што голем дел од архитектите се против формирање на нови градови кои тешко можат да одговорат позитивно на социјалниот живот и кои не произведуваат нови работни места на долг рок, сепак голем дел од ѓраѓаните кога ќе оформат фамилија имаат желба да живеат во куќа со двор, а тоа можат да го остварат само надвор од градот. По втората светска војна во Англија, посебно во околината на Лондон, се појавуваат многу нови мали градови кои треба да ги задоволат растечките потреби за домови во Лондон. Градовите се планирани да бидат поголеми колку се повеќе оддалечени од Лондон со тоа што би се стимулирала локалната економија. Најголемиот дел од овие нови градови се на 20 – 30 милји оддалечени од Лондон. Сепак искуството покажува дека само градот Милтон Кинс овозможува да обезбеди значителен број на нови работни места за локалното население. Сите останати градови претставуваат само оддалечени населби на Лондон и населението секојдневно патува до и вон градот. Така овие нови градови и покрај тоа што го остваруваат сонот на многу нови фамилии, сепак тие значително го зголемуваат загадувањето со зголемените потреби за транспорт. Не само за транспорт на население, туку и за транспорт на струја, вода, гас, градење на нови железнички линии и се останато што е потребно за еден град да функционира, а сепак тоа не е град туку само „спална соба“.
Феноменот на градови кои се смалуваат е лесно воочлив денес во најголемите градови во светот, но и градовите кои сега не ги трпат последиците на неискористување на својата инфраструктура, мора да почнат да ја планираат својата иднина бидејќи растењето на градовите и зголемувањето на светската популација е неминовен феномен кои тие мора да го прифатат пред да биде предоцна и пред да се направат грешките кои ги правеле градовите во минатиот век. Според мене, едукацијата на граѓаните за одржлива иднина на својот град е многу поважна отолку остварувањето на нивниот сон. Доколку се сменат навиките на луѓето за живот во куќа со двор, се редефинираат облакодерите и овозможат похуман простор, се навикнат луѓето за живот во центарот или внатрешноста на градот, тогаш градот ќе може спремно да ги дочека зголемениот број на свои жители, а воедно и да овозможи повеќе зелени и јавни површини кои ќе бидат дополнителен бенефит за враќање на станбените згради во традиционално финансиските делови од градот.
ДРАГАН КРСТЕВСКИ 2015
Затоа се смета дека растењето на градовите во нивните рамки е ногу поодржлив урбанизам отколку новното ширење или градење на нови урбани населби. Феноменот на градови кои се смалуваат не е премногу воочлив феномен иако во многу големи градови денес и спонтано се случува. Според мене овој феномен е многу поздрав урбанизам кога постоечките капацитети на градот само се доискористуваат или подобруваат без притоа да се троши нова енергија или да се гради нова инфраструктура. Згуснувањето на градовите и „brown field“ инвестициите не се само поттикнати од одржливиот урбанизам, туку уште повеќе се поттикнати од економијата и финансиите. Денес, кога земјуштето е многу поскапо и многу поценето од порано, нереално е да се градат објекти со иста висина кога тие не можат да ја вратат инвестицијата и кога современиот град со својата инфраструктура и современ јавен транспорт може да ги задоволи потребите на побројно население. Затоа инвестирањето во згуснувањето на централните делови на градот е многу понормална појава отколку на згуснувањето на руралните делови или околуните на градовите.
16
2.
АСПЕКТИ НА ОДРЖЛИВ ГРАД
2.1 Услови за одржлив град
КОМПАКТНИ СОСЕДСТВА - ОДРЖЛИВ ГРАД
Создавањето на автономни и одржливи згради е комплицирана проектантска задача која во денешно време ја прави самата зграда многу поскапа при градењето иако заштедата е поголема на долг рок. Сепак комплексноста на програмата за одржлива зграда не е ни блиску комплексна колку програмата за одржлив град. И самите изолирани автономни згради не можат да придонесат за одржливоста на градот толку колку што може да придонесе правилниот одржлив урбанизам. Градот не е само колекција од гради туку тој е колекција од системи кои се преклопуваат меѓу себе. Тоа се системи за живеење, за работа и одмор кои се кристализираат преку објекти и површини меѓу нив. Не е тешто да се заклучи дека градовите сами по себе се природна катастрофа, но тие нема во скоро време да исчезнат. Тие само ќе растат. Затоа радикални промени за модернизирање на градовите и зголемување на нивната компонента на одржливост се многу поважни отколку носталгичното гледање на минатот и одржување на градот каков што бил кога и самиот тој а и светот имал помалку жители и со многу различен начин на живот. Реформирањето на урбаните зони во одржливи урбани задници не е само придобивка за градот, туку и придобивка за одржливост на планетата Земја.
17
Сепак, живеењето во градовите е паметна одлука за природата од повеќе причини. Ако теоријата ја базираме дека градовите не се тие кои ја уништуваат природата, туку луѓето кои живеат во нив тогаш зголемувањето на популацијата во светот е неизбежен феномен и тие луѓе мора некаде да живеат. Групирањето на луѓето и сервисите во големи урбани заедници сепак е поодржливо отколку формирање на нови градови или друг вид на урбани заедници.
Во книгата „Градење на дом на 21 век: Одржливо урбано соседство“ 1 авторите прашуваат каде би живееле седумте милиони жители на Лондон 2 доколку тој не би постоел и дали тие би конзумирале помалку ресурси и би произведувале помало загадување? Доколку сите овие луѓе и индустрија која ја има во Лондон би се дистрибуирала по цела јужна Англија, нивниот импакт врз природата и загадувањето би било многу поголеми отколку што е сега. Самата дистрибуција на електрична енергија, вода, природен гас, собирањето на отпад, транспортот и останатите сервиси потребни за функционирање на урбаните населби ќе придонесат кон поголемо загадување отколку компактниот тип на град. Одржливоста на соседствата (па и на градовите) може да се подели на три главни аспекти: социјален, економски и еколошки аспект.
2.2 Одржливоста од социјален аспект Густината на населението е основен предуслов за негов побогат социјален живот. Поради тоа градовите можат да му понудат многу повеќе на своето население од руралните населби. Во градовите пак соседствата со поголема густина се оние кои можат да обезбедат побогат социјален живот и социјална интеракција. Луѓето имаат тенденција повеќе да ги користат социјалните отворени простори кои се во нивна близина и на пешачка дистанца од нивниот дом, отколку тие кои се подалеку што и од аспект на одржливост влијае попозитивно за градот. Модерниот урбанизам и покрај тоа што создава големи отворени простори и зеленило и слободностоечки згради на големо растојание една од друга, сепак тоа прави луѓето да се чувствуваат поизолирани и создава многу неискористен простор. Овој урбанизам денес се смета за неповолен. Густината на објекти со мешана намена и отворени простори меѓу нив е поповолен метод за развивање на градовите и социјалниот живот во нив.
Отворените простори се важен елемент на соседствата. Потребата за овие урбани простори се планира врз база на густината на населеност, па затоа и во соседствата со поголема густина тие повеќе би се користеле и енергијата која се корсити за нив не би била залудно потрошена. Овие простори во голема мера влијаат на соседскиот живот кој ако го нема тогаш соседството не би било соседство туку само простор за преспивање и работа на корисниците. Овие отворени простори често имаат и привремени намени како божиќен маркет, pop-up продавници, манифестации, привремени кафе барови и ресторани кои го зголемуваат користењето на просторот, а и од урбанистички аспект просторите со привремени намени се поодржливи од просторите со 1 2
David Rudlin & Nicholas Falk, Building the 21st century Home: The sustainable urban neighbourhood Број на жители на Лондон во 1999 година
ДРАГАН КРСТЕВСКИ 2015
Креирање на пешачки град отсекогаш било предизвик за урбанистите, иако тоа е невозможно денес. Намалувањето на користење на автомобили влијае позитивно на социјалниот аспект на луѓето, а уште повеќе на намалувањето на загадувањето. При самото пешачење или корситење на јавен превоз интеракцијата помеѓу луѓето е поголема. Со создавање на работни места блиску до домовите на луѓето или обратно – внесување на станбени згради во места традиционално наменети само за деловни згради се зголемува можноста луѓето да пешачат до своите работни места. Затоа урбаните модели во почетокот на модернизмот за град во зони не влијаат позитивно за одржливоста на градовите, а уште помалку за социјалниот живот. Сепак и покрај невозможноста градовите да бидат пешачки поради нивната големина сепак поголемото користење на јавниот градски превоз и обзбедувањето на редовен и точен јавен превоз го замалува загадувањето. Многу европски градови, како на пример Лондон, најголемиот дел од транспортот на населението се врши преку јавниот превоз и се повеќе се намалува користењето на автомобили во централниот дел што овозможува и многу катни гаражи и подземни паркирања да се пренаменат во станбени или деловни простори што ја зголемува густината на населениото.
18
фирсни намени поради то што секогаш можат да одговорат на потребите и барањата на корисниците, односно жителите на соседството.
Слика 3: Влезот на канцелариите на Make Architects (Лондон), поранешен влез во подземен паркинг, фотографија од makearchitects.com
2.3 Одржливоста од економски аспект
КОМПАКТНИ СОСЕДСТВА - ОДРЖЛИВ ГРАД
Урбаните економии влијаат во голема мера за намалувањето на загадувањето. Локалните урбани економии не само од аспект на градот туку и од аспект на соседството. Креирање на работни места во околините на станбените населби и вработување на локално население од истата градска зона значи дека поголемиот дел од луѓето ќе се одлучат да одат со велосипед и пешки на работа што значително ќе ја намали емисијата на јаглерод диоксид кој го создаваат автомобилите. Рециклирањето на отпадот, користењето на локални ресурси и намалувањето на користењето на ресурсите се стратегии кои генерално можат да се применат во сите типови на населби (заедници на луѓе). Сепак, локалната економија е стратегија која главно се применува во градовите. Со самото намалување на траспортот на луѓето и создавањето на работни места кои се лесно достапни за локалните жители не само што го намалува загадувањето туку и жителите на соседството имаат повеќе слободно време. Многу економии се базираат на понуда и побарувачка па затоа многу од овие економии можат да се развиваат само во градовите. На пример тешко е во некое рурално места да имате можност да рециклирате поголема количина на стакло и дури и да сакате да го транспортирате тоа тешко би се извело, а и при самиот долг траспорт се загадува околината. Затоа рециклирањето, посебно на материјали кои не се рециклираат лесно, градовите се погодни места за развивање на економии од тој тип.
19
Јавниот транспортот, повеќепати спомнуван во повеќето аспекти за одржлив урбанизам, сепак е еден од најважните фактори за одржлив град. Ефикасен јавен превоз може да придонесе се повеќе луѓе да не ги користат своите автомобили. Исто така и близината на работните места до домовите влијае на користењето на јаниот превоз. Доколку работно место е блиску до домот тогаш пешачењето е опција за транспорт, доколку е многу далеку поголемиот дел од луѓето користат автомобил, но секоја дистанца измеѓу, што е случај за поголемиот дел од населението, може да се покрие со јавен транспорт. Според британскиот локален владин одбор за менаџирање се смета дека 100 луѓе по хектар се потребни за една автобуска линија и 240 луѓе по
хектар за трамвајска линија. Па затоа соседствата со мала густина имаат проблем со редовни автобуски линии или пак тие линии би требале да работат со загуба. Тоа придонесува жителите на овие соседства повеќе да користат автомобили и со тоа соседството да биде помалку одржливо. Соседствата со голема густина пак имаат бенефит од повеќе автобуски линии и повеќе автобуси на саат. Современото одржливо соседство треба да биде организирано на тој начин за да им овозможи на своите жители најголемиот дел од своите секојдневни активности да ги вршат или со пешачење или со користење на јавниот превоз.
2.4 Одржливоста од еколошки аспект Еден од најбитните елементи на оджливо соседство е намалување на внесувањето на ресурси од секаков тип во соседството. Внесувањето на ресурси најмногу влијае од бројот на жители и нивниот начин на живот, сепак поголема концентрација на луѓе на помал простор користат помалку ресурси и енергијата потрошена за дистрибуција на овие ресурси е помала. На пример осветлувањето на еден плоштад троши исто енергија и да е плоштадот празен и да е полн со луѓе, а сепак користењето на јавните простори е многу поголемо во делови каде има поголема концентрација на луѓе. Намалувањето на произведениот отпад е исто многу битен фактор. Исто така и собирањето на отпадот е важен елемент во одржливоста на целокупниот град. Концентрацијата на произведениот отпад од луѓето е многу полесно за собирање отколку ако тој е распределен на повеќе локации. Тоа значи дека повторно доколку има поголема густина на население, местата за собирање на ѓубре би биле помалку. Едукацијата на луѓето за рециклирање на отпадот исто помага многу за негово повторно користење и намалувањето на некорисниот отпад. Инсталирањето на специјални контејнери за селективен отпад е поголема инвестиција од контејнери за секаков отпад, но сепак многу покорисно за помало загадување во градот. Локалните власти е потребни да вложат многу во едукација на населението и да овозможат услови за рециклирање на отпадот. Овие програми може да немаат голем напредок на почетокот но на долг рок, користење на отпадот за нови производи или за производство на енергија влијае многу за креирање на зелен и одржлив град. Така преку користење на отпадот ќе се намали и користењето на природните ресурси.
Зелените простори се многу важни за животот на луѓето во градовите, посебно што градовите стануваат се поголеми бетонски џунгли и имаат се помалку паркови заради високите цени на градежните површини. Сепак, постои голема конфузија за зелениот простор и одржливоста на градовите. Зелените површини се сметаат за „бели дробови“ на градот но сепак тие го прават градот помалку компактен и позависен од транспортот кој произведува повеќе јаглерод диоксид отколку што можат дрвјата да апсорбираат. Од оваа гледна точка зелените површини не влијаат многу позитивно во одржливоста на градовите, колку и да звочи тоа иронично. Ако го земеме за пример англискиот град Милтон Кинс (Milton Keynes) ќе забележиме дека тој има повеќе од милион дрвја, но сепак планот на градот прави тој да произведува многу повеќе јаглерод диоксид отколку зеленилото што го има. Jane Jacobs забележува дека потребни се три ари од шумско зеленило за да абсорбира јаглерод диоксид произведен од само четири жители на градот со што таа се сомнева дека зеленилото во градовите се всушност неговите бели дробови. Сепак зелените површини во градовите не се само за прочистување на воздухот, тие влијаат позитивно психолошки на граѓаните дури и кога практично не се многу
ДРАГАН КРСТЕВСКИ 2015
Исто така користењето на локални ресурси го намалува загадувањето. На пример користењето на сончевата енергија и дождот се многу полесно достапни за сите соседства во светот отколку било кој друг ресурс кој треба да се транспортира. Користењето на овие ресурси бара големо вложување во почетокот па затоа и е поисплатливо да се инсталираат овие посебни системи кои ќе ги користат овие обновливи ресурси во места со голема концентрација на луѓе. Така, градовите повторно се одлично место за искористување на ресурси кои инаку не би биле економски исплатливи.
20
корисни. Парковите сепак се многу битно место за жителите во градот и најблиско нешто до природата што може да го имаат во самиот град. Затоа зеленилото треба правилно да биде урбанистички планирано во градот не само од аспект на прочистување на воздухот туку повеќе од аспект на социјалниот и психолошкиот ефект кој тоа го има врз жителите. Еден тип на зелени површини во градовите е и урбаната агрикултура. Урбаната агрикултура станува се пополурана во градовите и со тоа се намалува потребата на транспорт на зеленчук и овошје. Иако овој начин на одгледување на растенија не е во конкуренција со руралните средини бидејќи сепак тие можат да произведат растенија со многу повисок квалитет, сепак помага за одржливоста на градот и соседствата и за развивање на нивните мали локални економии. Таа исто така овозможува и локално искористување на рециклираното ѓубриво.
2.5 Скопје како одржлив град Скопје е главен град на Македонија и најголем град во земјата. Скопје е град со големи катасторфи во минатото и денес, дел предизвикани од природата, дел предизвикани од човекот. Денес Скопје има околу 600 000 жители и не се наоѓа на мапата на најголеми градови во светот. Скопје исто така и не е пренаселен град, но сепак е град кој не ги искористува своите потенцијали. Градот полека се шири и има проблем со непланско градење и покрај тоа што во рамките на градот, дури и во самиот центар, има неискористени простори. Простори кои можат да станат градежни парцели или артикулирани јавни простори за граѓаните.
Слика 4: Раст на населението во Скопскиот регион од 2006 – 2013 година, извор: Завод за статистика, РМ
КОМПАКТНИ СОСЕДСТВА - ОДРЖЛИВ ГРАД
Населението во Скопје континуирано расте во последните години, најмногу поради тоа што е град кој е деловен и културен центар во земјата. Потрагата по подобри работни места на дел од населението од другите градови во Македонија, предизвикува да се зголемува бројот на населението во Скопје а посебно бројот на младото и работоспособно население. Скопје во 1960тите бил град со околу 200 000 жители што споредбено со денес (околу 600 000 жители) е забележливо дека за само 50 години населението се зголемило тројно. Тоа е најдрастичниот раст што Скопје го има доживеано во поновата историја, а тоа е и раст кој бил предвиден со новиот мастер план за Скопје по земјотресот во 1963 година.
21
Растот на населението во Скопје во послените години влијае и на урбанизмот во градот. Зголемената потреба за домување и деловни простори и неспремноста на градот да одговори на овие барања предизвикува голем дел од градот неплански и брзо да се гради. Централниот дел на градот е генерално неговиот бизнис центар додека пак останатите делови од градот се генерално станбени зони со мали комерцијални или деловни зони. Земајќи ја во предвид големината на градот и икористеноста на потенцијалот на неговиот центар, во Скопје нема потреба за нов бизнис (деловен) центар, но има потреба за редефинирање на неговиот постоечки центар.
Центарот на градовите е генерално просторот со најскапо земјиште, па затоа и простор кој највнимателно би требало да се планира. Исто така ова е простор кој ретко кога губи од својата вредност, па затоа треба да се планира секогаш за иднината за да може да ги задоволи предизвиците кои доаѓаат. Одржливоста на урбанизмот во централните градски подрачја исто е многу битен елемент за неговата долговечност и искористеност. И најпосле, ова е дел од градот што најмногу се користи од сите жители во градот, па затоа и потребно е да се искористи целосниот негов потенцијал. Во Скопје центарот на градот според многумина е „пренатрупан“, но тоа е повеќе поради лошиот урбанизам отколку поради неговата пренаселеност или преискористеност. Најголем проблем во центарот сега се возилата, но со стимулирање на граѓаните за поголемо користење на јавниот превоз, создавање на поефикасен јавен превоз и нови форми на превоз, овој проблем може бргу да исчезне. Според мене, главно искористување на центарот на Скопје би значело негово ширење. Ширење на неговите кафеави простори, односно простори кои моментално се неискористени, а се на премногу поволни локации. Тоа е големите паркинг простори, остатоците од старите фабрики, деловите со ретка населеност, просторите кои се запуштени.
Слика 5: Локацијата за оваа магистерска теза, Скопје, Googe Earth, 2015
ДРАГАН КРСТЕВСКИ 2015
Тема на оваа магистерска теза е формирање на компактно соседство кое би служело како пример, односно стратегија, за развој на повеќе делови во градот и можност за аплицирање и адаптирање на дел од аспектите на оваа стратегија во повеќе градски делови. За локација е земен просторот спроти хотелот Холидеј Ин, до Градскиот Трговски Центар, односно просторот каде денес е најголемиот отворен паркинг во Скопје и остатоци на некогашното Ново маало. Овој простор е ограничен со улиците Филип Втори Македонски, кеј 13 Ноември, булевар Кочо Рацин и улицата Мирче Ацев. На северната страна тој е ограничен со кејот на реката Вардар и самата река, од источната страна се наоѓа најголемиот трговски центар во градот, одека пак на западната страна се наоѓа Народната Банка и главната железничка станица во Скопје. И покрај одличната позиција во градот сепак тој е неискористен со што неговара вредност не е искористена. Затоа, целта на оваа магистерска тема е да ги искористи потенцијалите на овој простор, да ги примени аспектите за одржлив урбанизам и компактно соседство кое не само денес, туку ќе може да одговори на потребите и барањата на градот и во идните години.
22
3. РЕФЕРЕНТНИ ПРИМЕРИ
3.1 Канари Ворф, Лондон (Canary Wharf, London)
КОМПАКТНИ СОСЕДСТВА - ОДРЖЛИВ ГРАД
Канари Ворф е еден од двата главни градски бизнис центри во Лондон (заедно со централен Лондон – официјално наречен Градот Лондон (City of London) (Слика 6) ). Се наоѓа во источен Лондон и е еден од поновите бизнис центри во Европа. Тоа е исто така и место каде што се наоѓаат голем дел од највисоките згради во Европа и втората по висина зграда во Велика Британија.
23
Слика 6: Локацијата на Канари Ворф во Лондон, сателитска снимка, Google Earth 2015
Слика 7: Канари Ворф, сателитска снимка, Google earth 2015
Канари Ворф се протега на површина од околу 9 хектари. На просторот каде што се наоѓа сега овој бизнис центар, во минатото се наоѓале Лондонските Докови кои ја губат својата важност во 1960тите. Овој простор бил еден од главните центри за трговија, простор каде пристигнувале бродови со сушено и свежо овошје, со шеќер и останати продукти. Лондонските докови ја губат својата важност во 60тите, но потполно се затвараат во 1980. Откако доковите се затворени во 1980, Британската Влада почнува да прави стратегија за реурбанизација на овој простор и веќе од 1981 почнува идејата за Канари Ворф.
Планот за реурбанизација на просторот на Канари Ворф датира од 1980тите и урбанистичкиот план е направен од архитектонското биро СОМ (SOM – Skidmore, Owings and Merrill). Во 1988 почнува градбата на првите висококатници на овој нов градски центар. Првата висока кула од планот е завршена во 1991 (One Canada
ДРАГАН КРСТЕВСКИ 2015
Слика 8: Моделот за урбанистичкиот план за Канари Ворф, фотографија од www.som.com
24
Square) и тогаш таа била највисока зграда во Велика Британија. Брзо по неа завршени се и другите кули и објекти од планот за ревитализација на овој дел од Лондон. Целиот проект во себе има канали и мостови кои на некој начин го истакнуваат минатото на овој простор и водата и денес претставува нераскинлив дел од Канари Ворф. Канари Ворф претставува ревитализација на еден економски неразвиен дел од Лондон кои по 1960тите почнува економски и социјално да пропаѓа. Со новиот план од архитектонско студио СОМ предвидено е да се изградат повеќе висококатници кои би креирале голема деловна површина и поради тоа што овој дел е нов бизнис центар на Лондон и е надвор од историскиот центар на градот, цената на овој деловен простор би била пониска. Така овој дел од градот брзо се развива како седиште на најголемите светски банки и финансиски фирми. За поврзување на овој дел со остатокот од градот изградени се две нови метро станици и нова метро линија која го поврзува со историскиот центар на Лондон кој е и сеуште најголем бизнис центар во градот. Целиот простор урбанистички претставува маркантна точка во градот и самиот простор од блиску, од човечка перспектива, има импресија на моќ и карактер на финансиски центар. Висококатниците поставени блиску една до друга, но проткаени со водени канали и мали паркови, овозможуваат голема густина на луѓе кои работат тука и лесна соработка помеѓу фирмите кои имаат свои меѓународни седишта во зградите на Канари Варф. Канари Ворф има околу 1 300 000 м2 деловен и комерцијален простор и тука работат околу 105 000 луѓе (Naib, 2003). Околу централниот дел со деловни згради има станбен дел каде сеуште се градат нови згради за да се внесе повеќе население во областа. Покрај деловните згради, во околината на Канари Ворф се градат и многу нови станбени згради или се користат стари индустриски објекти за пренамена во простори за домување. Покрај станови од висока класа, се градат и станбени згради наменети за средната класа со цел поголемиот дел од вработените во овој нов бизнис центар да живеат во неговата околина и со тоа да придонесат за поодржливо соседство.
КОМПАКТНИ СОСЕДСТВА - ОДРЖЛИВ ГРАД
Во целиот нов урбанистички план за Канари Ворф големо значење имаат отворените простори и пешачкото движење. Околу доминантните високите кули има големи отворени простори (паркови и плаоштади) каде често се организираат настани. И денес, повеќе од 10 години откако е завршен централниот дел на Канари Ворф, дури и по завршувањето на работното време на компаниите кои ги поседуваат кулите, нивните приземја се отворени и минувачите можат слободни да поминат преку кулите ако тоа им го скратува пешачкото движење. Големо влијание е обрнато и во погледите. На неколку локации во Канари Ворф има прекрасни погледи кон Лондон.
25
Слика 9: Железнички и велосипедски сообраќај во Канари Ворф (фотографија на авторот) / Поглед на централниот ден со влезот во метро станицата (фотографија од blogs.shu.ac.uk)
Денес, Канари Ворф е сеуште еден од најголемите и најуспешните примери за нов бизнис центар, не само во Лондон, туку и во Европа. Покрај тоа што овој градски центар создава многу нови работни места, тој произведува и голем процент од приходите на Лондон и огромни приходи за државниот буџет. Еден од главните проблеми кои денес сеуште ги има овој центар е сеуште големата ненаселеност во овој дел од градот и сеуште неговата недоволна атрактивност за живеење тука. Бидејќи се наоѓа надвор од историскиот центар на Лондон, овој дел послабо ги привлекува богатите луѓе и луѓето од високата средна класа да се преселат таму. Сепак, полека ова се менува и во моментов има многу нови станбени проекти кои се градат во околината на Канари Ворф и со нивното завршување во овој дел од градот ќе има повеќе нови жители и просторот ќе заживее повеќе и после завршување на работното време. Својата намена освен како нов бизнис центар ќе ја има и како нов градски социјален центар, што е целта на секој нов градски центар.
Слика 11: Канари Ворф споредба со локацијата на оваа магистерска теза
ДРАГАН КРСТЕВСКИ 2015
Слика 10: Канари Ворф, поглед од реката Темза (фотографија на авторот, Март 2014)
26
3.2 Бриндли плејс, Бирмингем (Brindley place, Birmingham) Бирмингем има околи 1 милион жители и е втор по големина град во Велика Британија. Во минатото тој бил индустриски град, што и денес е многу забележливо. Тој и покрај тоа што е втор по големина град во Велика Бротанија, сепак не е многу значаен економски центар во земјата. Сепак, тоа полека се менува и градот создава услови за поголем еконмски развој и за отварање на нови бизниси во градот или префрлување на дел од бизнисите од Лондон. Бриндли плејс е еден таков пример за оформување на нов браунфилд градски бизнис центар кој подобро ќе го искористи просторот во центарот на градот.
Слика 12: Локацијата на Бриндли плејс во Бирмингем, сателитска снимка, Google Earth 2015
КОМПАКТНИ СОСЕДСТВА - ОДРЖЛИВ ГРАД
Брендли плејс е нов градски блок на површина од 6.9 хектари на локација која претходно не била искористена, а е лоцирана на многу поволна позиција во градот. Лоциран е во центарот на градот, блиску до еден од главните градски плоштади – Centenary Square (Слика 12), така што локацијата и големината е многу лесно споредлива со локацијата на која јас ја работам магистерската теза (големината на мојата локација е 9 хектари). Интересно во изведбата на овој план е дека прво се изведени двата плоштади, а потоа се изведени околните објекти. Ова е направено така од инвеститорот за просторот да биде препознаен како простор од граѓаните пред да се појават деловните и комерцијални згради (Greg Willis, 2015).
27
Слика 13: Бриндли плејс, централен дел – главен плоштад, фотографија од www.brindleyplace.com
Бриндли плејс е нов градски бизнис центар во Бирмингем со мешана намена. Кога во 1990тите, компанијата за недвижности Аргент го купила овој простор на 150 годишен договор за само 3 милиони фунти, многу биле скептични oвој простор би се развил во нов градски центар. Сепак, во 1994 конструкцијата на овој нов центар почнала и за 9 години кога сите објекти се завршени почнале да се чувсвуваат бенефитите на новиот центар. Денес во Brindley Place работат 8 500 луѓе и околу 4 милиони туристи го посетуваат годишно (brindleyplace. com). Исто така не само како бизнис центар, туку и како јавен простор се користат неговите плоштади од населението кое живе во околината. Филмскиот фестивал во Бирмингем се одржува на најголемиот плоштад во Бриндлиплејс. На локацијата има два плоштади, различни по големина со што тие не си конкурираат меѓу себе. На сликата подолу е поголемиот плоштад, кој е главниот плоштад и каде се одржуваат манифестациите. На плоштадот има и еден мал објект каде е сместено кафулето кое станало симбол за плоштадот (Слика 13), но не само за овој плоштад. Оваа мала интервенција во просторот станала пример и за други нови плоштади кои подоцна се изградиле во Бирмингем; сите тие добиле некој мал објект кој го дефинирал карактерот на местото.
Слика 14: Филмски фестивал на плоштадот во Бриндли плејс, Бирмингем, фотографија од www.birminghammail.co.uk
ДРАГАН КРСТЕВСКИ 2015
Целта на Аргент било да создаде нов градски блок кој нема само да има нови работни места и деловни простории за компаниите, туку ќе има ја јавни градски површини, плоштади, кафе барови и ресторани кој ќе привлечат дел од населението во Бирмингем да го посетува овој простор и по завршувањето на работното време. Исто така целта била и туристите во Бирмингем да доагаат тука. Во Бриндли плејс има 102 200 м2 деловен простор распореден во 10 згради кои имаат активни приземја каде се сместени ресторани, кафе барови, продавници, експозитури на банки (brindleypace.com). Во овој нов центар има и еден хотел и 143 станови и градски куќи за да се внесе население кое ќе живее тука. Посебна придобивка на просторот се каналите со вода кои претходни биле загадени, а сега со развојот на Бриндли плејс тие повторно се дел од јавните простори.
28
Бриндли плејс е несоменено успешен проект на формирање на нов градски дел, нов градски блок кој ќе заживее и ќе одговори на потребите на градот и на локацијата. Денес искуствата од Бриндли плејс се пренесуваат на реставрацијата и регенерацијата на просторот околу железничката станица Кингс Крос (Kings Cross) во Лондон, што е најголема и најскапа реставрација на градски простор во Европа во моментов.
КОМПАКТНИ СОСЕДСТВА - ОДРЖЛИВ ГРАД
Слика 15: Бриндли плејс споредба со лолкацијата на оваа магистерска теза
29
3.3 Градот Лондон (The City of London) – Лондонскиот историски бизнис центар Местото каде што историски, а и ден денес, се наоѓаат најголемиот дел од деловните згради и бизнис центрите во Лондон се вика Градот Лондон (The City of London). Тоа е простор од една квадратна милја (2.9 км2). И покрај тоа што овој дел сега е значително проширен заради зголемувањето на бројот на фирми во Лондон денес, а во последните дваесетина години Канари Ворф е и неговата најголема конкуренција, сепак Градот Лондон е сеуште најпосакуваната дестинација за свое седиште на многу компании. Како и во Скопје каде центарот на градот е неговиот историски центар и денес е и најголемиот бизнис центар, истото се случува и во Лондон.
Слика 16: Дел од Градот Лондон, сателитска снимка, Google Earth 2015
Овој дел од градот бил изграден уште од романски времиња, но со промената на потребите на градот и начинот на кој се развивала неговата економија тој постојано се менувал. Тука денес живеат околу 7000 луѓе, што е многу мал број, но тоа е поради високата цена на земјиштето која само големите корпорации можат да си дозволат да ја платата за своја деловна зграда.
ДРАГАН КРСТЕВСКИ 2015
Овој дел од градот произведува 43% од целокупниот финансиски производ (аутпут) на Лондон и тука заедно со Канари Ворф, на само 2% од територијата на Лондон, работат 1.5 милиони луѓе (една третина од вкупниот број на работни места во Лондон). Три од 4 најголеми светски правни фирми се наоѓаат тука, а и дел од најголемите светски банки и осигурителни компании имаат свои седишта тука. Сето тоа прави земјиштето да достигне многу висока цена на овој простор и целиот овој дел на Лондон да биде компактно изграден. Самата висока цена на земјиштето денес го приморува Советото на Лондон да дозволи да се градат високи згради за да можат инвестициите да бидат оправдани и за да може овој простор да се трансформира и да ги задоволи денешните потреби на Лондон како светски финансиски центар.
30
Слика 17: Градот Лондон (The City of London) со дел од планираните објекти, 2015, www.makearchitects.com
КОМПАКТНИ СОСЕДСТВА - ОДРЖЛИВ ГРАД
Покрај тоа што овој бизнис центар е доминантно деловен центар, сепак приземјата на скоро сите згради имаат интерактивни содржини за граѓаните на Лондон и турситите. Во овој дел има многу ресторани, пабови, кафе барови, продавници... Тоа го прави овој дел атрактивен и за жителите кои не работат тука. Исто така овој дел од градот е еден од најдобро поврзаните делови со јавен превоз што само ја зголемува неговата вредност. Сепак, центрите на градовите според мене треба да се градат во висина за да може да ја оправдаат нивната цена на земјиштето и да овозможат голема концетрација на луѓе што само ќе го направи јавниот превоз поефективен, без градење на нова инфраструктура и нови инвестиции во превозот.
31
Слика 18: Градот Лондон споредба со лолкацијата на оваа магистерска теза
3.4 Заклучок - Референтни примери
Слика 19: Идеограм на основа на предложено урбанистичко решение на локацијата на оваа магистерска теза
ДРАГАН КРСТЕВСКИ 2015
Од приложените референтни примери може да се заклучи дека градовите во текот на времето добиваат нови бизнис центри но и ги редефинираат своите постоечки историски центри. Со текот на времето градовите растат и цената на земјиштето на бизнис центрите во градовите драстично е зголемена во однос на минатото. За да објектите кои се градат на овие скапи парчиња земја во градовите бидат економски исплатливи и за да може да се задоволат зголемените потреби на деловен простор, според мене, овие делови од градот треба да се градат во висина. Така инвеститорите повеќе би го прифатиле ризикот да градат, високите објекти ќе можат да обезбедат поголема концетрација на луѓе и поголема ефикасност на просторот и со тоа без градење на нова инфраструктура или пак со минимални интервенции овие простори ќе бидат компакти и ефикасни делови од градот.
32
4. КОМПАКТНО СКОПЈЕ
4.1 Компактно соседство во центарот на Скопје
КОМПАКТНИ СОСЕДСТВА - ОДРЖЛИВ ГРАД
Скопје како град не е пренаселен. Проблемот кој Скопје го има е неговата слаба организација како град кој во последните 50 години тројно го зголемил своето население. Исто така навиките на луѓето за користење автомобили, не толку ефикасниот градски јавен превоз и користењето на центарот на Скопје како единствен градски центар само го прават да изгледа многу похаотичен град отколку што е. Иако Скопје историски во неколку негови планови се предвидува да стане полицентричен град, сепак, центарот на градот сметам дека не е доволно искористен. Сеуште има површини кои не се соодветни како за центар на град и не се соодветно за цената на земјиштето каде се наоѓаат. Со подобра организација, централниот дел на Скопје може да има поголема густина и да биде покомпактен дел од градот. Само така Скопје може да се стреми да биде одржлив град, пред да биде предоцна.
33
Со оваа магистерска теза јас разгледувам еден дел во центарот на Скопје која има многу голем, но неискористен потенцијал. Тоа е површината која се наоѓа помеѓу реката Вардар од север, улицата Филип Втори Македонски од запад, улицата Мирче Ацев од југ и булеварот Кочо Рацин од исток. Оваа локација со големина од 9 хектари моментално на најголемиот дел има паркинг на едно на терен, кучи од пред земјотресот кои сеуште чекаат за нов урбан пан за ова маало и кеј покрај реката Вардар со зеленило кое не е уредено за да може да се нарече парк. Затоа целта на оваа магистерска теза е да предложи ново урбано соседство кое економски, социјално и еколошки ќе ги задоволи потребите на Скопје сега, но и на Скопје во иднината. Креирање на компакти соседства во градот го прават градот да ги користи постулатите на современите теории за одржливост и да стане одржлив град. Стратегијата која е применета за компактно соседсво во оваа магистерска е само пример за како едно соседство во центарот на градот може да биде поодржливо од економски, социјален и еколошки аспект. Сепак, стратегиите на формирање на компактно соседство подалеку
од центарот на градот би биле различни, најпрво поради фактот на пониската вредност на земјиштето. Со креирање на компактно соседство во центарот на градот се создава поголема густина на население што придонесува за поефикасен јавен градски превоз и поголемо корстење на отворените градски простори. Во центарот на Скопје сеуште има површини кои урбанистички се остатоци од пред земјотресот и денес претставуваат големи неефикасни простори. Во центарот на градот има големи паркинг површини на едно ниво (само приземје), населби со многу мала густина и отворени неартикулирани простори кои се некорисни за жителите на градот. Со паметно планирање овие простори можат да ја зголемат густината на центарот на градот, да ја зголемат цената на земјиштето и да создадат нови јавни простори кои би биле корсни за сите жители на градот.
4.2 Урбанистичко решение за локацијата Локацијата на ова магистерска теза се наоѓа во строгиот центар на градот и претставува едно парче земја кое после земјотресот во 1963 останува урбанистички заборавен простор. На таа локација според планот на Кензо Танге предвидено е да се изгради Републичкиот плоштад кој никогаш не бил изграден па затоа денес тука има еден голем паркинг и неколку куќи останати од пред земјотресот, повеќето во лоша состојба. Тоа што овој простор помеѓу улиците Филип Втори Македонски, Мирче Ацев, булеварот Кочо Рацин и реката Вардар не се редефинирал во изминатите 50 години прави тој да биде игнориран од граѓаните кои не живеат во него, иако се наоѓа на важна пешачка раскрсница во градот, доколу не го земеме во предвид фактот дека паркингот е паметно искористена површина. Цената на ова земјиште поради неговата поволна локација не е во однос со искористеноста на земјиштето, поради тоа целта на оваа магистерска теза е да предложи нов урбанистички план кој паметно би го искористил овој простор и кој би служел како пример за современ одржлив град. Со самото тоа што овој простор е неефикасно искористен го прави истиот да биде неодржлив и економски неоправдан.
ДРАГАН КРСТЕВСКИ 2015
Тема на оваа магистерска теза е компактното соседство, па затоа градење во висина на овој простор овозможува густината на населенито да се зголеми, но сепак да има доволно отворени јавни површини. Овој простор се наоѓа на една од главните оски на движење во градот помеѓу Градскиот Трговски Центар од едната страна и Народната Банка и Главната Железничка Станица од другата страна. За да се овозможи пешачко движење и овој простор на се најде на менталната мапа на жителите на Скопје низ неговиот централен дел предвидено е да има патека која ја пресекува локацијата и поминува низ три плоштади со тоа што движењето не би било монотоно и случајните минувачи би поминувале низ плоштади со различни активности. Со новиот урбанистички план се предвидува да се изградат 3 високи кули на северната страна од локацијата со цел тие својата сенка да ја фрлаат врз реката Вардар и да оформат убава градска силуета на кејот од реката. Првата кула е предвидено да биде деловна, средната деловна со хотел и конференциски сали, а третата кула е станбена. Јужно од главната пешачка патека има уште една деловна кула залепена за понизок објект кој претставува граница меѓу првите два плоштади. Останатите објекти на локацијата се со висина од не повеќе од 8 ката. Три објекти кои се исфрлени кон плоштадите имаат слободно приземје со што дополнително би се зголемил јавниот простор и движењето на минувачите би било поинтересно. Предвидено е исто така сите објекти да имаат интерактивно приземје со продавници со цел поголема анимација на минувачите кои не работат или живеат во тие објекти.
34
Слика 20: Дијаграм на формирање на нов урбанистички план за локацијата
КОМПАКТНИ СОСЕДСТВА - ОДРЖЛИВ ГРАД
Локацијата е предвидено да биде половина отворен простор, а изградениот да дел да биде со деловни и станбени згради и еден објект од маалски карактер со мал културен центар и градинка. Поради близината на центарот на градот, најголемиот дел од површината која предмет на оваа теза е предвидено на биде деловен простор, но сепак дел е предвидено да биде и станбен дел за да има континуирано жители во овој дел од градот во текот на целиот ден. Така плоштадите и комерцијалните соджини не би ги користеле само вработените во своето работно време, туку и локалните жители во вечерните часови.
35
Просторот е поделен на два дела. Околу две третини е деловен и комерцијален простор додека пак источната страна на локацијата е предвидено да биде дел со објекти за домување. Овој дел претстатвува природно продолжување на објектите на Градскиот Ѕид кон реката Вардар. Една од трите високи кули е станбена кула која претставува поента на раскрсницата и го дефинира аголот на локацијата која е тема на оваа магистерска теза. Делот помеѓу кулите и реката Вардар е предвидено да биде мал парк. Главен прстор за социјализација на локацијата се трите новоформирани плоштади. Креирањето на трите
плоштади формира артикулран отворен простор кој би имал привремени намени како манифестации, празничен базар, поп-ап маркет преку ден, концерти, претстави на отворено. Со тоа овој простор покрај тоа што би бил од интерес за жителите во станбениот дел на локација, би бил корисен и за целиот град, што е многу битно за искористување на просторите во градот и креирање на компактен град. Влезниот плоштад, комерцијалниот плоштад и фамилијарниот плоштад се три плоштади со различни намени. Со тоа што на просторот покрај деловни и комерцијални содржини има и станбени згради значи дека на овој простор постојано ќе има жители што ќе влијае и на плоштадите да имаат постојано посетители, а со тоа и целиот простор да биде самоодржлив. Превремените намени и привремените објекти е најодржливата форма на архитектура бидејќи лесно се приспособува на потребите на луѓето и овозможува континуирано користење на исти простори.
И покрај тоа што половина од локацијата е отворен простор сепак со новиот урбанистички план се овозможува многу поголема густина на население на истиот. Моментално на овој простор густината е 19 жители на хектар, додека пак со новиот урбанистички план предвидено е да има 296 жители на хектар. Додека се земат во предвид и луѓето кои ќе работат тука и кои ќе престојуваат во хотелот тогаш максималната густина на населеност би била 1221 жител на хектар. Вкупната површина на локацијата е 89 932 м2 од кои 6 908 м2 припаѓаат на реката Вардар. Останатиот простор со новиот план е поделен на 13 357 м2 парк, 27 325 м2 отворени површини (плоштади), 20 460 м2 површина под објекти и 21 882 м2 сообраќајни површини (улици). Со оваа распределба 45.3 % од локацијата претставува зелени и отворени јавни површини. На целата локација не е предвидено да има паркинг за посетители поради близината на неколку катни гаражи и за да се стимулира користењето на јавниот градски превоз. За жителите во станбените згради на локацијата предвидено е паркинг на 3 подземни нивоа под станбените кули.
ДРАГАН КРСТЕВСКИ 2015
Слика 21: Предложено урбанистичко решение за локацијата, 3Д модел
36
КОМПАКТНИ СОСЕДСТВА - ОДРЖЛИВ ГРАД
Слика 22: Предложен детален урбанистички план за локацијата
37
Слика 23: Споредба на површини – стара и нова состојба
4.3 Заклучок Одржливиот урбанизам е иднината на урбанистичкото планирање на градовите. Во денешно време кога градовите се соочуваат со многу предизвици, еден од најголемите предизвици е да се обезбедат квалитетни услови за живот на растечкото граѓанско население. Затоа планирањето на просторот станува многу побитно од порано. Одржливите градови не растат во површина со иста брзина колку што растат во самите себе и реиметарот кои го оформуваат. Затоа правилното планирање на интензитетот и габаритот на објектите според нивната локација и ценатат на земјиштето е многу важен фактор во современиот урбанизам. Одржливиот урбанизам во многу поголема мера помага на подобрување на квалитетот на живот отколку одржливата архитектура.
Слика 24: Визулни прикази на влезниот, комерцијалниот и фамилијарниот плоштад
ДРАГАН КРСТЕВСКИ 2015
Скопје како град за кој предизвиците на мегаградовите изгледаат како подалечна иднина, сепак правилното планирање на градот би значело тој поподготвен да ги пречека овие идни предизвици и правилно да извлече поука од лекциите научени од проблемите кои ги имаат големите градови. Компактниот урбанизам во Скопје би значело поголема густина на население, а повеќе јавни простори. Овој тип на урбанизам би стимулирал инвестиции во постоечката инфраструктура на градот и поефикасен јавен превоз, односно поефикасни сообраќајни патеки за алтернативен вид на транспорт. Сепак зголемувањето на густината на население и на објекти не би требало да се меша со непланското градење. Градењето на јавни површини значи само намалување на квалитетот на живот, а не искористување на отворен простор. Отворениот простор во градот доколку е артикулиран јавен простор не значи дека е празен простор. Компактен урбанизам значи правилно искористен простор, а не пренаселен простор. Колку и да се има цел да се зголеми густината на население, тоа не ги требало да значи нарушување на животните услови, бидејќи така само предвремено би се довеле во ситуација да имаме проблеми на мегаград без притоа да бидеме мегаград.
38
КОМПАКТНИ СОСЕДСТВА - ОДРЖЛИВ ГРАД
39
Слика 25: Предложено урбанистичко решение за локацијата, 3Д модел
40
ДРАГАН КРСТЕВСКИ 2015
5.
КОМПАКТНИ СОСЕДСТВА - ОДРЖЛИВ ГРАД
БИБЛИОГРАФИЈА
41
1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. 11. 12. 13. 14.
Cities growing smaller, Urban Infill; Kent State University, 2008 Pop Up City, Urban Infill, Kent State University, 2009 Alice Coleman; Utopia on trial - Vision and reality in planned housing; Hilary Shipman limited; 1985 W.Harvey Cox; Cities: The Public Dimension, Penguin Books, 1976 David Donnison with Paul Sotto, The Good City - A Study of Urban Development and Policy in Britain, Heinemann, 1980 David Rudlin and Nicholas Falk, Building the 21st century home: The Sustainable Urban Neighbourhood, Architectural Press, 1999 Hugh Barton, Marcus Grant and Richard Guise, Shaping neighbourhoods: a guide fof health, sustainability and vitality, Spon Press, Teylor & Francis Group, London and New York, 2003 Manifesto for Sustainable Cities, Albert Speer & Partner, Prestel, 2009 Canon Barnett ; The Ideal city, Leicester University Press, 1979 Walter L. Creese ; The Search For Environment – The Garden City Before and After; New Heaven and London Yale University Press, 1966 Future spaces foundation, Vital cities not garden cities: the answer to the nations garden shortage?, 2015 https://en.wikipedia.org/wiki/Sustainable_city, посетена 2015 година Sustainable Development Comission, http://www.sd-commission.org.uk/ , посетена 2015 година Rowan Moore, Why we build, Picador, London, 2012
Библиографија – референтни примери:
1. London, Canary Wharf and Docklands – Social, Economic and Environmental; Professor S K Al Naib; University of East London; 2003 2. Impacts of Large Scale Developments: Does Space Make a Difference; Tao Yang; University College London 3. The Ressurection of Canary Wharf; David L. A. Gordon; Routledge; 2015 4. The Future of Sustainable Cities – Critical Reflections; John Flint and Mike Raco; The Policy Press; 2012 5. http://www.brindleyplace.com, посетена 2015 6. Разговори со Frances Gannon и Greg Willis, архитекти вработени во Make Architects (London) кој работеле повеќе години во Бирмингем 7. London’s Central Business District: Its global importance; Greater London Authority (www.london.gov.uk); 2008
КРАЈ
ДРАГАН КРСТЕВСКИ 2015 | zgrada@gmail.com