CWS-CaseStudy-MK

Page 1

Логистика на дистрибуција:

Услуга со додадена вредност Набавка | Складирање | Дистрибуција | Исполнување



Чиста работа: Логистичкото решение за CWS-boco Квалитет, знаење и добри идеи - услугите за транспорт и логистика на Gebrüder Weiss се познати по својот едноставен тек на снабдувањето со добра на светските пазари. Клиентот CWS-boco веднаш профитира повеќекратно: покрај класичните предности на аутсорсингот на логистика, CWS-boco може целосно да се потпре на долгогодишното и квалификуваното искуство на Gebrüder Weiss во меѓународниот промет со стока. Во централниот магацин на CWS-boco во швајцарскиот Вил не стои на располагање само најсовремена инфраструктура за складирање, којашто подеднакво ги зема в предвид испорачувачите и CWS-boco со своите локални организации, туку и глобалната царинска обработка директно се интегрира во логистичкиот процес. За Швајцарија тоа е од голема корист.


Gebrüder Weiss ни нуди логистичка услуга скроена по мерка која ни овозможува на едноставен начин да управуваме со сложените процеси. Почнувајќи од справувањето со предизвиците во увозот и извозот на Швајцарија, па сè до решенијата за нови деловни процеси во областа на модернизацијата. Во секое време можеме да се потпреме на поддршката и подготвеноста за делување на целиот тим. www.cws-boco.com

„ Сложените царински работи се решаваат едноставно и професионално.“ Boris Wildner, Борис Вилднер, менаџер на ланецот на снабдување


Предизвик



Предизвик Групацијата CWS-boco CWS-boco International GmbH со главно седиште во Дуизбург со CWS и boco располага со две успешни традиционални марки за хигиена на пералници, работна облека, текстилни сервисни услуги и патосници. Двете марки настапуваат како сервисни партнери за професионални услуги од едно место. CWS-boco - фирма-ќерка на концернот Haniel - е застапена со сопствени продавници во 17 европски земји, како и во Кина и има 8.000 вработени. Седиштето на CWS-boco Supply AG е во швајцарскиот Бар во кантонот Цуг. Компанијата управува со разни активности за набавка за локалните друштва на групацијата CWS-boco во областа на грижа за пералници. Логистика за дистрибуција за CWS-boco Supply AG CWS-boco бараше компанија која дава логистички услуги за етаблирање на европски централен магацин во Швајцарија. Дополнително кон магацинската логистика, транспортот на испорачувачите е префрлен во централниот магацин (логистика за набавка), а транспортот од централниот магацин е понуден на локалните друштва (логистика за дистрибуција). До летото 2009 година CWS-boco ја спроведуваше логистиката за складирање на 5.000 палети во централниот дистрибутивен центар во Родгау/Јужна Германија. Пред започнување на проектот, предизвик беше дизајнот на магацинот, новото структурирање

на текот на материјалот и имплементацијата на инфраструктурата. А особено специфичностите на разновидните артикли на CWS-boco претставуваа исклучителен предизвик при реализацијата. Производите, како што се течности (течни сапуни), освежувачи на воздух и топови со текстил (пешкири) подлежат на разни одредби за складирање и царина. Исто така требаше да се најде решение за консигнациски магацин за најголемиот испорачувач на CWS-boco, Noventa AG од Диполдзау. Предизвикот за оваа врска помеѓу трите субјекти беше сите вклучени партнери електронски да ги добиваат бараните информации и статистики.


Решение



Решение Испораки од целиот свет Дали од Италија или Англија, Пакистан или Кина: стоката на испорачувачите на CWS-boco тековно пристигнува во централниот магацин во Вил. Оттаму Gebrüder Weiss управува и ги организира сложените логистички процеси од набавката, па сè до дистрибуцијата. Од три до шест товарни возила секојдневно се упатуваат во правец на европските локални организации на CWS-boco. Магацин за главните испорачувачи На Noventa, еден од најважните испорачувачи на CWS-boco, Gebrüder Weiss и става на располагање консигнациски магацин. Целиот процес - почнувајќи од илустрацијата на движењето на стоката, па сè до пресметувањето - се управува во системот на GW. За сигурно и брзо централно управување со стоката се грижи постојаната врска со CWS-boco и Noventa. Без нервози низ царинските процедури Gebrüder Weiss ја презема целата царинска и документациска обработка за CWS-boco. А тоа за клиентите значи: без стрес со документација и непотребно временско одложување . Во отворениот царински магацин (OZL) за испораки од Кина и Пакистан Gebrüder Weiss ја спроведува целата царинска обработка директно на лице место со царинскиот статус „ZVE“.


Придобивки



Придобивки Предности на локацијата Централниот магацин во Вил беше најважната цел за клиентот. Благодарение на различните варијанти на царинска обработка (отворен царински магацин, ЕУцаринење) може да се создадат предности во однос на локацијата. Близу до испорачувачите Со близината до главниот испорачувач Noventa во Диполдзау се сведоа до минимум времето на возење, како и поврзаните транспортни трошоци. Транспарентни процеси Креирањето интерфејси за CWS-boco и неговиот главен испорачувач Noventa овозможува процесите централно да се управуваат и обработуваат преку системот на GW. Текот на процесот станува потранспарентен и поедноставен. Сите неопходни информации може да се подготват во секое време. Заштеди на трошоци Отворениот царински магацин за стока од Пакистан и Кина му овозможува на клиентот складираната стока да остане неоцаринета се додека не се испорача истата. Преку Crossdocking се поврзува транспортот и поефикасно се спроведува истиот. А тоа обезбедува предности во конкурентноста и штедење на трошоци.


Процес


Сè е под контрола насекаде во светот Ефикасната прекугранична логистика бара соодветно знаење за царинските работи и познавање на националните и меѓународните одредби. Особено на претпријатијата чија локација или централен магацин се наоѓа во Швајцарија им се потребни темелни и приспособени царински решенија во безграничната Европа. Како овластен примач и испраќач Gebrüder Weiss може да ги црпи сите можности за CWS-boco за беспрекорно да функционираат царинските процеси. Со ЕУ-царинењето, фискалното застапување и отворениот царински магацин Gebrüder Weiss му помага на CWS-boco да го достигне ЕУ-статусот.




www.gw-world.com


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.