Производствена логистика:
eфикасна и со додадена вредност Набавка | Складирање | Дистрибуција | Исполнување
Логистиката е клучот за производството Во индустриските производствени процеси точната испорака на компонентите и поединечните делови е централен предуслов за стопанскиот производствен процес. Соодветно на тоа, многу високи се и критериумите за логистика. Токму од овие причини Geberit Apparate AG го ангажираше Gebrüder Weiss да ги управува и обработи транспортните и логистичките процеси за производство на линијата на производи наменети за бањи AquaClean. Долгогодишниот клиент на Gebrüder Weiss профитира од Канбан-решението скроено по мерка кое не познава прекини на производството.
Gebrüder Weiss за нас разви решение кое обезбедува брза и сигурна испорака. Така на пример, Канбан-садовите уште при складирањето во магацинот во Вил (Швајцарија) соодветно се полнат со компонентите како би можеле подоцна да бидат потребни за производство. А тоа го забрзува растоварувањето. Овде станува збор како за ефикасен, така и за одржлив логистички ланец кој одбегнува непотребно трошење и празни транспорти. www.geberit.com
„ Соработката со Gebrüder Weiss почива на доверба и компетенција.“ Јозеф Кунц (Josef Kunz), раководител на одделот за набавка и логистика
Предизвик
Предизвик Групацијата Geberit Групацијата Geberit е глобално претпријатие со седиште во Јона (Швајцарија) и има активни претставништва во 41 земја. Од основањето во 1874 година претпријатието се вбројува во пионерите на современата санитарна техника. Денес Geberit во својата бранша е предводник на европскиот пазар. Претпријатието има 17 локации за производство во осум различни земји. Производствена логистика за Geberit Apparate AG Во 2009 година групацијата Geberit одлучи да го прошири своето работење со AquaClean Dusch-WC, а производите кои досега екстерно се произведувале во име на Geberit повторно да се произведуваат интерно во седиштето на концернот. Тој чекор за претпријатието претставуваше нов предизвик. Се основа Geberit Apparate AG и целиот процес на набавка мораше одново да се покрене. Geberit се потпира на знаењето на искусна екстерна компанија која нуди логистички услуги со цел целосно да се фокусира на клучните задачи и инсорсинг-проектот. Критериумите за логистиката во претпријатие кое работи со додадена вредност се високи: високофреквентна, брза и навремена испорака на количините на материјал соодветно на производството (мали залихи во супермаркетите), сигурно ИТ-решение и подготвеност за интердисциплинарна соработка.
Решение
Решение Канбан-систем Специјално решение кое истовремено е скроено по мерка и е многу флексибилно коешто ја разбира логистиката како интегрален составен дел од производствениот систем. Оптимирана логистика на складирање Индивидуално приспособена логистика на складирање која се ориентира според садовите дефинирани од страна на Geberit. Притоа, одлучувачката предност е: 500 различни компоненти и поединечни делови на 70 произведувачи веќе се комисионираат пред складирањето и се етикетираат со неопходните информации. Врвна логистика При излезната испорака на стока консолидирањето на налозите и претходното сортирање обезбедуваат поголемо темпо. На тој начин Gebrüder Weiss гарантира брза и навремена испорака.
Придобивки
Придобивки Мали залихи во магацин Добрата по потреба се испорачуваат, а на тој начин се одбегнуваат прекумерни залихи во супермаркетот на Geberit. Доколку производството се зголемува, во тој случај Gebrüder Weiss ја зголемува фреквентноста на транспортот. Ефикасна обработка на налози Постојаниот проток на материјал и информации вдолж ланецот на испорака обезбедува брза обработка на налозите за кусо време преку канбан-системот. ИТ-решение ориентирано кон процесот Канбан-решението се приспособува кон околностите на производството: Специјално креираните етикети го содржат магацинот во супермаркетите на Geberit. Тоа ги намалува трошоците за планирање и за управување. Покривање на сезонски шпиц-периоди Со префрлувањето на овие задачи претпријатијата можат да постигнат висок степен на флексибилност, а своите фиксни трошоци да ги претворат во варијабилни трошоци зависно од учинокот.
Процес
Секаде каде постои потреба од нас Gebrüder Weiss не работи за Geberit само во доменот на производствената логистика. Со години во цела Европа го управуваме и реализираме интерниот сообраќај на претпријатието. Освен тоа, преку Пехларн подружницата на Gebrüder Weiss го преземаме и транспортот на готовите производи до големопродажбата во речиси сите земји на Средна и Источна Европа. До Данска, Шведска, Норвешка и Финска директно се стигнува преку производствените погони на Geberit во Лангенфелд (Рурска област) и Пфулендорф (Баден-Виртемберг). GW Air & Sea се ангажира како транспортен партнер за Далечниот Исток.
GW
Секојдневен влез на стока во магацинот на GW
Преземање за производство
Меѓускладирање
Празниот сад во супермаркетот на Geberit сигнализира дека треба да се направи нарачка
Производствена логистика во Geberit
Складирање во супермаркетот на Geberit
Ge
be
r it
-Ј
Непосредно растоварување/ подготвеност за испорака Транспорт GW > Geberit
он
-В
ил
Комисионирање и етикетирање со баркодови
а
Т ра
нсп
т ор
Секојдневен влез на стока во магацинот на GW
Преземање за производство
Меѓускладирање
Ge
be
-Ј
Празниот сад во супермаркетот на Geberit сигнализира дека треба да се направи нарачка
Производствена логистика во Geberit
Складирање во супермаркетот на Geberit
r it
Непосредно растоварување/ подготвеност за испорака Транспорт GW > Geberit
он
-В
ил
Комисионирање и етикетирање со баркодови
GW
а
Т ра
о нсп
рт
www.gw-world.com