15 minute read

COVER STORY Новата влада претстави амбициозна економска програма

Капитал број 1075 04.09.2020

8 COVER STORY

Advertisement

Владата ветува и нов Закон за царинска тарифа и забрзано прилагодување (укинување и елиминирање и намалување на висината на царинските стапки царинските тарифи) во сооднос корелација со висината на царинските стапки во Заедничката царинска тарифаи на Европската Унија. Со ова ќе се постигнат пониски цени за домашните компании за суровините и репроматеријалите, правејќи ги компаниите поконкурентни за извоз.

Поддршката од Планот за економски раст ќе се зголемува за 25% секоја година

За поддршка на динамичниот раст зацртан во програмата, Владата најавува дека ќе обезбеди директна поддршка на домашните и странски инвестиции во износ од 300 милиони евра од домашните буџети и директна алокација на очекувани 300 милиони евра од европските фондови. Директната поддршка на домашните компании ќе се реализира преку Планот за економски раст и Законот за финансиска поддршка на инвестициите со авансно финансирање на технолошките и на иновативните потреби во функција на извозот во висина од 10% до 15% на проектираната инвестиција. Владата ќе го зголемува обемот на финансиска поддршка за домашните компании преку Планот за економски раст за 25% секоја година во однос на претходната. Во продолжение следат најзначајните точки од економската програма на новата влада, составена од министри предложени од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и ДУИ. u Воведување на т.н. развојна обврзница во следните шест месеци, за своевидно ко – инвестирање на граѓаните и бизнис секторот во иновативен развој на економијата. Целта ќе биде да се финансираат развојни проекти во кои има поврат на средства од приходи, односно намалување трошоци, поттикнување развој -

зголемување на продуктивност и модернизација на процесите на производство (инфраструктура, кофинансирање на инвестиции во приватен сектор, енергетска ефикасност и дигитализација на јавен сектор). u Постепена либерализација на

инвестициските политики на приватните пензиски фондови

во вториот и третиот столб на капитално финансираното пензиско осигурување. Анализата за овој процес ќе се изработи во соработка со меѓународна финансиска институција и/ или европски партнер (ЕИБ, Европска комисија) и треба да утврди оправданост и модел за постепено зголемување на износот на средствата (% од портфолио) што фондовите може да го вложуваат во проекти што имаат потенцијал за повисок поврат на средства.

Таквиот пристап е директно поврзан и со воведувањето на моделот на „животни циклуси“ и воведување на ризично портфолио, кое за младите пензиски осигуреници ќе овозможи повисоки приноси на вложувањата и, второ, конзервативно, за постарите осигуреници кои се ориентирани кон понизок ризик. u Формирање на посебен еквити фонд во 2020 година, што треба да го стимулира влезот на странски инвестициски фондови во Македонија. Со еквити фондот е предвидено да управува друштво за управување со фондови, избрано

на меѓународен повик. Со условите за избор на друштво предвидено е, покрај средствата од државата, друштвото да вложи и сопствени, односно средства од приватни инвестициски фондови. u Данокот на добивка останува

на ниво од 10% во целиот период

2020-2024 година, а се предвидува ослободување од овој данок при реинвестирање на добивката во 2021 г. како одговор на влијанието на ефектот од Ковид пандемијата.

Персоналниот данок на доход се намалува на 0% во 2023

година за ИТ индустријата и тоа скалесто: 5% во 2021, 3% во 2022 и 0% во 2023. Персоналецот за останатите категории останува на 10%, но Владата не се откажува од воведувањето прогресивно оданочување, што треба да се случи преку инклузивен процес на разговори и креирање консензус за воведување на истото. Исто така, ќе се отвори процес на разговори за даночниот систем во поглед на соодносот меѓу директните и индиректните даноци, односно за соодносот на оданочување на имотот, доходот и потрошувачката според примерот на развиените земји и спецификите на нашата економија. Владата ветува понуда на осмислен систем на прогресивното оданочување на вкупните лични приходи, по претходно сериозна и детална анализа и јавна дебата, со фокус на реконфигурирање на концептот

на личен доход (семеен доход) и воведување данок на луксуз. u Реформа на Данокот на додадена

вредност (ДДВ) преку:

l Воведување на нов Закон за ДДВ преку кој ќе се овозможат даночни бенефиции за претпријатијата што се извозно ориентирани на тој начин што при увозот нема да плаќаат ДДВ за суровините и машините што се наменети за извоз. На тој начин тие ќе бидат поконкуретни и ќе располагаат со значително повисоки парични средства; l Единствена стапка од 10% ДДВ за сите ресторански услуги; l Ревидирање на стапките на

данок на додадена вредност

за суровините за домашните производители и намалување на стапката на ДДВ за земјоделските производители и намалување на стапката на ДДВ за суровините за извозно ориентираните компании; l Намалување од 18% на 5% за занаетчиски услуги; l Подигнување на прагот за

плаќање ДДВ од 2 милиони на 3

милиони денари годишен промет од 01.01.2022 и изедначување со прагот на ослободување на данок на добивка до 3 милиони денари годишен промет.

Конечно поевтини суровини и репроматеријали за производителите и извозниците

u Нов Закон за царинска тарифа и забрзано прилагодување (укинување и елиминирање и намалување на висината на царинските стапки царинските тарифи) во сооднос корелација со висината на царинските стапки во Заедничката царинска тарифаи на Европската Унија.

Со ова ќе се постигнат пониски цени за домашните компании за суровините и репроматеријалите, правејќи ги компаниите поконкурентни за извоз.

ДАНЕЛА АРСОВСКА

претседател на Сојузот на стопански комори

Директна таргетирана финансиска помош во следните месеци е неопходна за опстојување и покривање на основните месечни трошоци, а воедно да се овозможи на оние на кои им е тоа неопходно одложување или репрограмирање на кредитите, аконтациите за даноци и другите финансиски оптоварувања минимум до крајот на годината. Најавата за укинување на парафискалните односно скриени давачки кои во вкупната сума често ги надминуваат даночните обврски, беше едно од нашите барања и очекуваме согласно ветеното реализација на ова ветување. Овие скриени и непредвидени трошоци кои согласно регистарот на ССК ги има повеќе од 145 се очекува да се скратат, со што во време на криза ќе биде дополнителна помош за претпријатијата.

Капитал број 1075 04.09.2020

9

НЕБИ ХОЏА

претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија

Во наредните четири години Владата да го стави на пиедестал економскиот аспект, со цел да се излезе од настаната ситуација поради пандемијата, да се работи на институционални реформи, транспарентност на финансиските трошоци на институциите, ефикасно менаџирање на буџетот, борбата против корупцијата, спречување на миграција на младите, рамномерниот регионален развој. Во прво време, не може да се менаџира економијата преку програма, бидејќи не може да се предвиди колку ќе трае и кои ќе бидат последиците врз економијата предизвикани од корона - кризата. Затоа менаџирањето на економијата, треба да биде отворено и без ограничувања на тоа што и како ќе се работи, со цел соодветно да се покријат вистинските потреби, најмалку и до крајот на 2021 имајќи ја на предвид пандемијата.

Капитал број 1075 04.09.2020

10 COVER STORY

Персоналниот данок на доход се намалува на 0% во 2023 година за ИТ индустријата и тоа скалесто: 5% во 2021, 3% во 2022 и 0% во 2023. Персоналецот за останатите категории останува на 10%, но Владата не се откажува од воведувањето прогресивно оданочување, што треба да се случи преку инклузивен процес на разговори и креирање консензус за воведување на истото.

u Одржлива саморегулација во

секторот сметкодство и ревизија на

корпоративниот сектор, целосна имплементација на Меѓународните сметководствени стандарди за секторот на МСП до 2023 година и прецизирање и подобрување на системот на сметководство и ревизија во целокупниот јавен сектор. u Нов данок на промет при уплата на игрите на среќа - во висина на 4% од бруто уплатената вредност.

Истиот ќе го плаќаат организаторите на игрите на среќа, а нема да се трансферира на корисниците.

Овие средства ќе бидат наменети за поддршка на растот, развојот и општествената одговорност. Воедно,

Владата ќе предложи закон за забрана на отворање казина и игри на среќа во близина на училишта, градинки и верски објекти. u Основање на фирма со минимален

износ на основна главнина од едно

евро. Со оваа мерка граѓаните имаат можност да основаат фирма со минимални трошоци и да ги реализираат своите идеи и бизнис планови преку новоотворени фирми. u Укинување на данокот на личен

доход за категорија обука, квалификации, добивање лиценци

(стриктно дефинирани само за дејноста на компанијата) кои ќе овозможат подобрување на квалитетот на работната сила со која располагаат компаниите. u Укинување на фирмарината

за првите две години за сите

новоосновани компании и драстично намалување на трошоците за добивање правна документација за потребите на бизнисот (документи од Централен регистар, царина, документација за учество на тендери и останати државни институции). На пример: драстично намалување на цената за издавање тековна состојба.

Исто така ќе се промени и системот за плаќање и висината на фирмарините, согласно големината на фирмите, бројот на вработени и годишните приходи. u Намалување на парафискалните давачки до 75% и нивно нивелирање согласно големината на стопанските субјекти, преку дијалог со стопанските комори.

Ќе се формира регистар на парафискални давачки кој ќе биде редовно ажуриран и дополнуван, со што компаниите во секое време ќе имаат увид и ќе можат соодветно да ги планираат своите финансиски активности.

u Воведување на закон за личен стечај како модел за заштита на животните потреби на должникот преку неизвршување на неговиот долг во определена висина, спречување на нови задолжувања, но и на доверителите, кои ќе можат да наплатат реална вредност. Со ваков закон нема да се креира систем на должничка спирала. u Нов закон за е – трговија во функција на регулирање на бизнисот и сузбивање на нелојалната конкуренција и даночната евазија.

Со овој закон значително треба да се регулира е-трговијата преку воведување на одредби за е-фактура, е-фискална сметка и е-плаќање. u Посебен закон за бизнис ангели и измени на Законот за инвестициски фондови со што значително ќе се намалат ограничувањата за основање за инвестициски фондови.

Владата ветува можности за формирање на хибридни фондови на ризичен капитал, односно ќе се предвидат фондови во кои покрај

Владата, како инвеститори ќе можат да се појават и институционални и приватни инвеститори, корпорации,

банки, пензиски фондови и бизнис ангели. u Докапитализирање на Развојната

банка на Северна Македонија

и овозможување јасни, мерливи и ефективни инструменти за финансирање на извозните потреби на компаниите, односно директно финансирање на извозот и зголемување на неговиот обем и конкурентност на македонските производи и услуги. u Натамошно зајакнување на

Фондот за иновации и технолошки

развој, негова трансформација и обезбедување на одржливост на поставените механизми за поддршка и резултати на среден и долг рок. Овој процес се реализира со поддршка од

Светска банка и Велика Британија.

Со овој процес, ќе се овозможи и влез на странски инвестициски фондови како стратешки партнери на Фондот во поддршка на економскиот раст, базиран на иновации и воведување нови технологии. u Основање регионален акцелератор за стартап компании и проширување на опфатот на апликанти и на земјите од Западен Балкан. Дополнително, со Капитал број 1075 04.09.2020

11

соодветни критериуми за аплицирање ќе се стимулира поврзување на бизнис идеите од повеќе земји од регионот, а со тоа и проширување на „стартниот“ пазар од 2 на 17 милиони потрошувачи. Како модел за реализација на програмата и следење на проектите ќе се користи постојниот модел на поддршка на стартапите и акцелераторите, развиен и пилотиран во изминативе две години во Северна Македонија. u Продолжување со инвестирање

во научно-технолошкиот парк

кој започна со операции во март 2019 година со цел тој да биде целосно функционален во 2025 година. Проценетата вредност на инвестициите во физичка инфраструктура, според Студијата за изводливост подготвена од експерти од ЕК, реализирана за потребите на

Фондот, изнесува околу 80 милиони евра. Во него се веќе пилотирани програмите дигитализација на општеството и трансфер на технологии. Веќе е изработен идеен проект за нов простор за стартап компании, што треба да се реализира во 2020 година. nnn

ПОПУСТ ЗА 5+

Плати со картичките на УНИБанка и добиј попуст од 10% во книжарниците Тримакс, Литература, Штедлер и Топер.

Промотивен период од 24.08.2020 – 31.10.2020 година

Повеќе на: www.unibank.mk Инфо центар: 02 3 111 111

Капитал број 1075 04.09.2020 12 ПОЛИТИКА

ШТО ДРУГО ОСВЕН ЕКОНОМИЈАТА ПЛАНИРА ДА „ГО РЕШАВА“ НОВАТА ВЛАДА ГОЛЕМИ ВЕТУВАЊА ЗА ГОЛЕМИТЕ ПРОБЛЕМИ

Капитал број 1075 04.09.2020

13

ШТО ДРУГО ОСВЕН ЕКОНОМИЈАТА ПЛАНИРА ДА „ГО РЕШАВА“ НОВАТА ВЛАДА ГОЛЕМИ ВЕТУВАЊА ЗА ГОЛЕМИТЕ

Правда и економија, ред и дисциплина - ветувањата со коишто излезе новата Влада пред граѓаните и ги претстави како приоритети на прва се многу јасни и прецизни, но во суштина се работи за полиња што се комплексни и на коишто ќе има најмногу работа за суштински системски промени.

Фото: МИА

Капитал број 1075 04.09.2020 14 ПОЛИТИКА

Редакција Капитал П

Правда и економија, ред и дисциплина - ветувањата со коишто излезе новата Влада пред граѓаните и ги претстави како приоритети на прва се многу јасни и прецизни, но во суштина се работи за полиња што се комплексни и на коишто ќе има најмногу работа за суштински системски промени. Премиерот Зоран Заев на министрите на новата Влада вчера им додели мандатни писма со утврдена мисија и задачи за новиот четиригодишен мандат, повикувајќи ги да вложат „максимални напори и ефикасно да работат, соопшти Владата“. Тој порача дека министрите треба да го слушаат гласот на народот и да им служат на сите граѓани. „Имаме обврска да ги исполниме очекувањата на сите граѓани, а овие мандатни писма се оден доказ ,нешто што постојано ќе нè потсетува на она на кое сме се обврзале“, го пренесоа обраќањето на Заев во пред владините претставници. Заев пред министрите истакнал дека гласот на секој граѓанин е глас за справување со здравствено - економската криза, за добро платени работни места, за правна држава, чиста животна средина, според владиното соопштение. Овој потег со мандантните писма опозицијата го нарече „театар и гол популизам“. Генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска преку соопштение наведе дека Заев „наместо да дава мандатни писма, народот на Заев му дава мандатно писмо“ со повеќе барања. „Заев треба да врати на работа 40 илјади граѓани кои загубиле работни места поради ковид кризата, да им помогне на лозарите, да се врати старата цена на струјата, да се намали цената на горивата, да има правда за сите во државата... Заев токму ова мандатно писмо „мора итно и неодложно“ да го спроведе и дека во спротивно „народот го бара мандатот назад.“ порача Јанушев. Но, од Владата велат дека токму клучна цел е Владата да не биде само успешен менаџер во криза, туку брзо да ја пребродиме кризата и да се вратиме на патот на растот и развојот. Владината програма се базира на шест главни теми, образложени на 54 страници, од кои една третина се однесува на „Трансформација на економијата (т.н МК рестарт) за забрзан

Фото: МИА

раст и повисок стандард“. „Фокусот планираме целосно да го насочиме во спроведувањето на клучниот процес на трансформација на нашата економија“, најавува Владата и ветува дека до крајот на мандатот ќе ја врати економијата на солиден и одржлив раст од 4%. За време на кризата таа се обврзува да ја задржи висината на минималната плата во висина од 14.500 денари, а по нејзиното завршување ќе продолжи со заложбите за раст на минимална плата до крајот на мандатот во висина од 20 до 40%, и за раст на просечната плата до крајот на мандатот од 20 до 30%, во зависност од должината и влијанието на епидемијата врз светската и домашната економија. Износот на странските инвестиции во програмата е планиран на ниво од најмалку една милијарда евра за 4 години. Во втората тема „Заедно ќе го победиме Ковид-19“, се констатира дека навремените рестриктивни мерки ја спасиле државата од стравичните слики како во болниците во Кина, Италија, Шпанија. „Повеќе од 80% од сите граѓани беа задоволни од начинот на кој се менаџираше оваа криза – резултат кој никој не го забележал од нашата независност“, се вели во програмата, каде посветено е и внимание за побрзата достапност до документи за потребни за остварување на социјалните надоместоци.

Правда за правдата

Се чини дека (заедно со комплексниот и главен процес на евроинтеграциите што ќе се води под палката на Секретаријатот за европски прашања), клучна улога во следниот период ќе има новиот министер, Бојан Маричиќ којшто прв пат се јавува како „слуга на народот“ на една исклучително тешка позиција - правда. Ако се има предвид дека главните реформи на коишто инсистира Брисел, а низ коишто се

ЗОРАН ЗАЕВ

премиер

Премиерот Заев новиот мандат го почнува со најава за посилно држење на конците и спроведување на поголем ред и дисциплина првенствено помеѓу владините претставници.

прекршуваат и многу други процеси се однесуваат на познатите поглавја 23 и 24, сега втемелени во Кластерот „Фундаменти“ тогаш лесно е да се претпостави оти новиот министер ќе има сериозни предизвици и голем тест пред себе. Во редовите од владината програма „Ред и правда“ потенцирано е дека во Владата има целосен консензус за ефикасно и објективно „прочистување“ на правосудството: „Првиот чекор за ветинг е веќе направен со надлежноста на ДКСК да ја испитува имотната состојба на судиите и јавните обвинители. Судскиот совет од своја страна, согласно новите закони, најави детална проверка на работата на судиите, особено во врска со одредени постапувања по предмети кои беа доведени до застареност со одлагање, ретки рочишта и слично. Проверка може да го опфати личното и професионално минато, стручноста и отпорноста на влијание на интересните групи“. Владата ветува дека ќе се посвети на обезбедување ЕУ мониторинг на судските предмети на висока корупција, а ќе предложи и законска обврска за објавување и јавен пристап до аудио снимките од сите судења за висока корупција и организиран криминал. Се најавува дека ќе бидат предложени закони во кои ќе се предвидат рокови за наплата на казните кои нема да зависат од „човечки фактор“, ќе се финализира концептот „Маалски полицаец“, ќе се реформатира системот и правилата во инспекцискиот надзор, а еден вицепремиер ќе ги координира сите инспекции. За една година Владата ветува дека речиси ќе го преполови бројот на инспекторати, а ќе го двојно ќе го зголеми бројот на инспектори за животна средина и пазарна инспекција, и ќе воведе и комунална полиција под ингеренции на локалната власт.

Екологијата во топ –теми

Во однос на темата „Заштита на

Капитал број 1075 04.09.2020

15

This article is from: