13 minute read

БАЛКАН И СВЕТ Источен Медитеран 2020

Капитал број 1075 04.09.2020

34 БАЛКАН И СВЕТ

Advertisement

Спорот се одвива околу природните ресурси како што е гасот, но всушност станува збор за избувнување на старото историско непријателство, кое произлегува од договорот што ги обележа денешните граници на Република Турција по распадот на Отоманската империја, а турската влада сака да ја поправи оваа историска (не) правда. Овој спор може да ескалира поради тврдите позиции на обете страни, кои не ја исклучуваат можноста за воено решение.

во Сирија. На почетокот на јуни 2020 година, САД ја одобрија турската воена помош за меѓународно признаената либиска влада во Триполи, бидејќи одметнатиот ривалски генерал Калифа Хафтар има воена и политичка соработка со Русија. Кон крајот на август 2020 година, американскиот разурнувач „Винстон С. Черчил“ се приклучи на турските воени вежби во близина на островот Крит во мисијата фокусирана на градење на партнерски способности користејќи оперативни и тактички процедури на НАТО.

Регионално лидерство и ривалство

За разлика од западниот Медитеран, каде барем засега постои високо ниво на стабилност и соработка помеѓу земјите од северниот брег, Франција, Шпанија и Италија и јужниот брег, Мароко и Алжир, источниот Медитеран поминува низ некој вид на темелни промени и воспоставување стратешка рамнотежа како резултат на новата руска концентрација на сили во Сирија и желбата на Турција за лидерство во регионот. Франција, од друга страна, се обидува да го спречи ова застанувајќи на страната на Грција. Проектот за турско лидерство во Источен Медитеран е генерално турски проект заеднички за секуларистите и конзервативците. Овој проект датира од раните 1980-ти, кога турската војска и турската дипломатија предвидеа потешкотии во остварувањето на сонот за влез во ЕУ. Турција работи на проектот веќе некое време, а претседателот Реџеп Таип Ердоган само го забрза проектот, искористувајќи го напредокот на сите полиња, од економско до воено и играјќи на картата на геополитичката контрадикторност во регионот. Овој проект продолжува и нема да биде запрен со заминувањето на сегашниот претседател на Турција, бидејќи тој е длабоко вкоренет во турската национална свест.

Турските внатрешно – политички потреби

Анкетите за јавното мислење во Турција веќе петти месец по ред покажуваат пад на популарноста на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), предводена од претседателот Реџеп Таип Ердоган, и зголемена популарност на традиционалните опозициски партии и двете нови партии основани од поранешните високи функционери на АКП, Али Бабаџан и Ахмет Давутоглу. Владејачката партија АКП ги користи сегашните тензии во Средоземното море за да ги консолидира своите редови, особено во Истанбул и Анкара, каде опозициските градоначалници имаат предност поради кризата во турската економија предизвикана од пандемијата „Ковид-19“. Германија, која претседава со ЕУ во втората половина на 2020 година, презеде улога на посредник, за кризата во Средоземното Море да не излезе од контрола. Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги посети Анкара и Атина во август 2020 година, со цел да се надминат тензиите на источниот Медитеран во врска со морското разграничување и енергетските истражувања. Стратешките опции што ЕУ ги има на располагање во соочувањето со Ердоган се многу ограничени, бидејќи преговорите за членство на Турција во ЕУ се замрзнати на неодредено време. Што се однесува до опцијата за закана со економски санкции, тие нема да бидат особено ефективни, бидејќи ќе им наштетат на европските компании, пред се на германските. Половина од надворешната трговија на Турција се одвива со ЕУ. Аналитичарите на меѓународниот институт ИФИМЕС сметаат дека изнаоѓањето решение за ублажување на ескалацијата на напнатоста во Источен Медитеран не е едноставна и лесна задача. Според меѓународните договори, во Егејското Море има десетици острови под грчки суверенитет во близина на турскиот брег (Грција има 1.200-6.000 различни острови), и според тој закон, секој од овие острови има свои територијални води и ексклузивна економска зона. Постоечката правна дилема може да се реши само преку преговори меѓу двете страни за решавање на историски факти, кои исто така станаа геополитички. Неопходно е да се земат предвид правдата и правичноста при ограничувањето на епиконтиненталниот појас на овие острови и ексклузивната економска зона помеѓу Грција и Турција во рамките на одлуките на Меѓународниот суд на правдата и Конвенцијата на ООН на начин во согласност со меѓународното право. nnn

Капитал број 1075 04.09.2020 36 ЛИДЕРИ

СЛИЧЕН НА СЛИЧЕН МУ СЕ РАДУВА НАЈПОЗНАТИТЕ ПРИЈАТЕЛЧИЊА ВО КЛУБОТ НА МИЛИЈАРДЕРИТЕ Технолошкиот свет ги создаде некои од најбогатите луѓе на планетава, а животот знае да биде понекогаш и осамен таму на врвот. Илон Маск, на пример, е близок пријател со ко – основачите на Google, Лери Пејџ и Сергеј Брин, како и со шефот на Twitter и Square, Џек Дорси. Лери Елисон, пак, одржа трогателен говор на погребот на својот близок пријател Стив Џобс, а познат е и по својата “топло – ладно“ врска со ривалот во бизнисот Марк Бениоф.

ББил Гејтс и Ворен Бафет. Илон Маск и Лери Елисон. Џеф Безос и Бери Дилер. Што имаат овие high – profile двојки заедничко? Сите претставуваат блиски пријателства во светот на технологијата и бизнисот, како што пишува Business Insider. Силиконската долина можеби е најпозната по својот конкурентски дух, но исто така изродила и неколку пријателства помеѓу најмоќните луѓе во технолошката индустрија коишто траат со години и децении. Ко – основачот на Microsoft Бил Гејтс и инвеститорот Ворен Бафет, на пример, пријателчиња се речиси 30 години. А Лери Елисон (Oracle) и Марк Бениоф (Salesforce) се исто така пријатели со децении, иако нивните компании се всушност ривали. Шефот на Tesla и SpaceX Илон Маск има неколку блиски пријатели од технолошкиот сектор, вклучувајќи ги и оние што ги бранел онлајн, или пак ги земал за тест возачи на автомобилите Tesla. Да ѕирнеме поблиску во некои од најпознатите пријателства меѓу “тешкашите“ од технолошката индустрија.

X ИЛОН МАСК И ЏЕК ДОРСИ И додека не е баш јасно дали директорот на Tesla и SpaceX Илон Маск и првиот човек на Twitter и Square Џек Дорси навистина и се дружат во реалноста, тие секако имаат солидно виртуелно пријателство. Уште во 2016 година Дорси има речено дека Маск е навистина добар пример за тоа како може да се користи Twitter. Нешто подоцна, Дорси изјави во едно интервју дека Маск е негов фаворит меѓу луѓето што ги следи на оваа социјална мрежа, на што Маск одговори “Благодарам Џек, Твитер е закон!“ Потоа, во јануари годинава, Дорси и Маск зборуваа преку видео врска пред вработените на Twitter, и Маск му даде совет на Дорси за тоа како да ја подобри платформата. Во март, кога Дорси се соочи со можното негово исфрлање од челната позиција од страна на голем акционер во компанијата, Маск јавно му даде поддршка. X ЏЕФ БЕЗОС И БЕРИ ДИЛЕР Шефот на Amazon Џеф Безос и претседателот на IAC (гигант во областа на медиумите, интернетот, итн.) очигледно се пријатели веќе со години. Во јануари 2016 година, Дилер точно предвиде дека Безос ќе стане најбогат човек на светот. А, во последниве неколку години на Безос му се случија неколку позначајни работи во приватниот живот, и тој беше забележуван како се дружи со Дилер и неговата сопруга, дизајнерката Дајан фон Фурстенберг, сe’ почесто. Дилер и Фурстенберг наводно биле гости на повеќе забави што ги организирал Безос, а Безос и неговата девојка, Лорен Санчез, пловеле заедно на јахтата на Фурстенберг. Двата пара наводно биле забележани и како се шетаат низ Венеција заедно. X ЛЕРИ ЕЛИСОН И СТИВ ЏОБС Основачот на софтверскиот гигант Oracle, Лери Елисон и прерано починатиот лидер на Apple, Стив Џобс, биле пријатели повеќе од две децении пред смртта на Џобс во 2011 година. Елисон и Џобс биле соседи во Вудсајд, Калифорнија, и двајцата често оделе да пешачат заедно. За време на едно Капитал број 1075 04.09.2020

37

од тие пешачења Елисон му помогнал на Џобс со совет за тоа како да ја поврати контролата врз неговото „чедо“ Apple откако овој беше исфрлен од кормилото – Елисон дури и предложил да го купи Apple тој самиот и да го постави Џобс за директор повторно. Но, Џобс всушност беше тој што му предложи на Елисон да ја купи неговата компанија Next, а кога Елисон го прашал како мисли тие двајцата да прават пари, Џобс му одговорил: „Лери, еве зошто е битно што сум ти пријател. Тебе не ти требаат пари повеќе.“ Елисон има кажано дека поминувал доста време со Џобс во неговите последни денови, практикувајќи куси прошетки затоа што Џобс веќе бил премален. Елисон, исто така, кажал проштален говор на погребот на Џобс.

X СЕРГЕЈ БРИН, ИЛОН МАСК И ЛЕРИ ПЕЈЏ Илон Маск е пријател со основачите на Google веќе подолго време. Во раните денови на Маск како производител на електрични автомобили, тој ги повел Брин и Пејџ на тест возење. За жал, некаков проблем во софтверот оневозможил колата да оди побрзо од 20 км/час, како што евоцирал Маск на еден состанок со акционерите на Tesla во 2016 година. И покрај ова „најлошо демо на светот“, Брин и Пејџ инвестирале свои пари во Tesla, истакнал Маск. Во меѓувреме, Маск и Пејџ станале особено блиски пријатели – Маск дури и преспива понекогаш во куќата на Пејџ кога доаѓа од Лос Анџелес во Пало Алто, а Пејџ во една прилика кажал дека попрво би му ги оставил своите пари на Маск одошто да ги даде во добротворни цели. Брин, Пејџ и Маск наводно имаат обичај да „висат“ во еден од апартманите на Google и да “брејнстормираат“ идеи. „Забавно е кога ние тројцата зборуваме за луди идеи, и кога ќе октриеме дека некои од тие лудости всушност и постојат“, му кажал Пејџ на авторот Ешли Венс, којшто ја напишал биографијата за Маск во 2015 година.

X ЛЕРИ ЕЛИСОН И МАРК БЕНИОФ Елисон и директорот на Salesforce Марк Бениоф се запознале кога Бениоф почнал да работи во Oracle на 23 – годишна возраст. Тој станал ѕвезда многу брзо, здобивајќи се со титулата „почетник на годината“ и станувајќи најмлад потпретседател на компанијата, на возраст од 26 години. Бениоф поминал 13 години во Oracle, време во кое станал човек од голема доверба на Елисон. Двајцата станале толку блиски пријатели што почнале да кружат гласини дека се дури и роднини, или пак дека Елисон наводно му бил бебиситер на Бениоф кога овој бил мал. Елисон и Бениоф одат на патувања заедно, пловат со јахтата на Елисон, а излегувале заедно и со своите понежни половини.

Капитал број 1075 04.09.2020 38 ЛИДЕРИ

Бениоф почнал да работи на својот проект Salesforce со благослов на Елисон, а овој станал и инвеститор во стартапот, со 2 милиони долари на самиот почеток. Двајцата имаа и несогласувања низ годиниве, како што е на пример случајот кога Бениоф го исфрли Елисон од менаџмент бордот на Salesforce, но самиот тој има кажано многу пати дека Елисон е негов ментор. „Нема човек од кого што сум научил повеќе одошто од Елисон“, рече Бениоф во 2013 година. X ВОРЕН БАФЕТ И БИЛ ГЕЈТС Директорот на Berkshire Hathaway Ворен Бафет и ко – основачот на Microsoft Бил Гејтс се запознале во 1991 година кога Бафет бил поканет во куќата на мајката на Гејтс. Ниту еден од нив не бил нешто посебно заинтересиран да го запознае другиот, но некако завршиле во разговор. Набрзо потоа, Гејтс го прашал Бафет да му препорача некоја бизнис книга, а овој му ја позајмил “Business Adventures“ од Џон Брукс, примерок што Гејтс и ден денес го чува. Оттогаш, двајцата имаат направено се’ - од играње пинг – понг заедно, па сe’ до учеството во фамозните годишни “фрлања на весници“ (забавна традиција за време на годишното собрание на акционери на Berkshire Hathaway). А, Гејтс, неговата сопруга Мелинда и Бафет заедно го дадоа познатиот Giving Pledge завет во 2010 година, кога ветија дека до крајот на својот живот ќе го дадат најголемиот дел од своите богатства во општествено одговорни цели. Бафет, инаку, поседува голем пакет акции во Apple, но рекол во една прилика дека никогаш нема да вложи во Microsoft, токму за да не го нарушува пријателството со Гејтс. X ЛЕРИ ЕЛИСОН И ИЛОН МАСК Елисон и Маск се испостави дека се едни од најпријателски расположените директори во технолошкиот сектор, ако се суди по нивните релации со Бениоф, Џобс, Пејџ, Брин и Дорси. Па, не е ни чудно што и овие двајца могули се многу блиски пријатели меѓусебно. Во 2018 година, кога Елисон беше именуван во бордот на директори во Tesla, тој го истакна своето пријателство со Маск. „Мислам дека Tesla има многу добри страни“, рекол Елисон тогаш. „Не знам колку од вас знаете, но јас и Илон сме многу блиски пријатели, а јас сум голем инвеститор во Tesla“. Па и има смисла Елисон и Маск да се согласуваат одлично, затоа што тие двајцата се едни од најживописните ликови во технолошката сфера. Елисон поседува цел остров на Хаваите што го купи за 300 милиони долари, сака да се трка со јахти, и нема влакна на јазикот кога зборува за своите конкуренти. Маск пак, ги троши своите пари на ретки автомобили, имал неколку мега познати партнерки до сега, и често е мошне контроверзен со изјавите во јавноста. X МАРК ЗАКЕРБЕРГ И ДРУ ХЈУСТОН Шефот на Dropbox Дру Хјустон и ко - основачот и директор на Facebook Марк Закерберг очигледно се пријатели со години, со тоа што Хјустон често му се обраќа на Закерберг за совет. „Тој ми помогна многу со совети за тоа како да го направам растот на компанијата, како да ги организирам луѓето, како да воспоставам некои од системите, итн.“, рече Хјустон за Bloomberg во 2015 година. Истата година, Fast Company го опиша Хјустон како близок пријател на Закерберг. Двајцата се често фотографирани заедно насекаде, од роденденски забави, бизнис конференции, итн. Во февруари годинава, Хјустон беше назначен за член на бордот на директори на Facebook. „Дру носи драгоцена перспектива со себе како лидер на технолошка компанија со сервиси што ги користат милиони луѓе и бизниси. Тој длабоко размислува за тоа каде оди технологијата и како да се изгради култура што испорачува услуги што секогаш ќе работат добро“, рече Закерберг во таа прилика. X КЕВИН СИСТРОМ И ЏЕК ДОРСИ Основачот на Instagram Кевин Систром и директорот на Twitter Џек Дорси беа блиски пријатели своевремено, но денес е тешко да се каже како стојат работите помеѓу нив. Според книгата „No Filter: The Inside Story of Instagram“, од Сара Фрир, двајцата се запознале кога биле вработени во Odeo, аудио и видео веб сајт креиран од подоцнежните ко – основачи на Twitter, Ив Вилијамс и Ноа Глас. Дорси мислел дека Систром не му е симпатичен кога дошол на летна пракса во средината на 2000-те, но двајцата си нашле заеднички интереси околу фотографијата и скапите видови на кафе. Систром и Дорси останале во контакт дури и откако овој првиот добил работа во Google, a кога работел на проектот Burbn, всушност претходникот на она што го знаеме како Instagram, тој го замолил Дорси да му помогне со совети. Дорси дури и вложил свои 25 илјади долари на почетокот, а кога апликацијата се претворила во Instagram, Дорси станал еден од најголемите фанови, постирајќи и на Twitter и на Instagram и помагајќи и на оваа втората да се рашири вирално откако била лансирана. Дорси сакал и да ја купи Instagram, но Систром одбил, наводно велејќи дека сака да го направи Instagram премногу скап за да биде купен. Но врската Дорси – Систром почнала да се ниша во 2012 година, кога Дорси дознал дека Instagram потпишал договор да биде преземен од Facebook, лутиот ривал на Twitter. Според авторот на книгата, Фрир, Дорси бил многу навреден што Систром не му се јавил прво нему за да преговараат околу евентуална продажба на Instagram. Оттогаш, од април 2012 година, Дорси нема постиранo ништо на Instagram, а последниот негов пост на оваа мрежа е фото од празен автобус во Сан Франциско, што наводно ја направил утрото кога дознал дека Instagram е продаден. nnn

This article is from: