www.kapital.mk
Капитал број 1075 04.09.2020
34
БАЛКАН И СВЕТ
Спорот се одвива околу природните ресурси како што е гасот, но всушност станува збор за избувнување на старото историско непријателство, кое произлегува од договорот што ги обележа денешните граници на Република Турција по распадот на Отоманската империја, а турската влада сака да ја поправи оваа историска (не) правда. Овој спор може да ескалира поради тврдите позиции на обете страни, кои не ја исклучуваат можноста за воено решение.
во Сирија. На почетокот на јуни 2020 година, САД ја одобрија турската воена помош за меѓународно признаената либиска влада во Триполи, бидејќи одметнатиот ривалски генерал Калифа Хафтар има воена и политичка соработка со Русија. Кон крајот на август 2020 година, американскиот разурнувач „Винстон С. Черчил“ се приклучи на турските воени вежби во близина на островот Крит во мисијата фокусирана на градење на партнерски способности користејќи оперативни и тактички процедури на НАТО.
Регионално лидерство и ривалство
За разлика од западниот Медитеран, каде барем засега постои високо ниво на стабилност и соработка помеѓу земјите од северниот брег, Франција, Шпанија и Италија и јужниот брег, Мароко и Алжир, источниот Медитеран поминува низ некој вид на темелни промени и воспоставување стратешка рамнотежа како резултат на новата руска концентрација на сили во Сирија и желбата на Турција за лидерство во регионот. Франција, од друга страна, се обидува да го спречи ова застанувајќи на страната на Грција. Проектот за турско лидерство во Источен Медитеран е генерално турски проект заеднички за секуларистите и конзервативците. Овој проект датира од раните 1980-ти, кога турската војска и турската дипломатија предвидеа потешкотии во остварувањето на сонот за влез во ЕУ. Турција работи на проектот веќе некое време, а
претседателот Реџеп Таип Ердоган само го забрза проектот, искористувајќи го напредокот на сите полиња, од економско до воено и играјќи на картата на геополитичката контрадикторност во регионот. Овој проект продолжува и нема да биде запрен со заминувањето на сегашниот претседател на Турција, бидејќи тој е длабоко вкоренет во турската национална свест.
Турските внатрешно – политички потреби Анкетите за јавното мислење во Турција веќе петти месец по ред покажуваат пад на популарноста на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), предводена од претседателот Реџеп Таип Ердоган, и зголемена популарност на традиционалните опозициски партии и двете нови партии основани од поранешните високи функционери на АКП, Али Бабаџан и Ахмет Давутоглу. Владејачката партија АКП ги користи сегашните тензии во Средоземното море за да ги консолидира своите редови, особено во Истанбул и Анкара, каде опозициските градоначалници имаат предност поради кризата во турската економија предизвикана од пандемијата „Ковид-19“. Германија, која претседава со ЕУ во втората половина на 2020 година, презеде улога на посредник, за кризата во Средоземното Море да не излезе од контрола. Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги посети Анкара и Атина во август 2020 година, со цел да се надминат тензиите на источниот Медитеран во врска со морското разграничување и
енергетските истражувања. Стратешките опции што ЕУ ги има на располагање во соочувањето со Ердоган се многу ограничени, бидејќи преговорите за членство на Турција во ЕУ се замрзнати на неодредено време. Што се однесува до опцијата за закана со економски санкции, тие нема да бидат особено ефективни, бидејќи ќе им наштетат на европските компании, пред се на германските. Половина од надворешната трговија на Турција се одвива со ЕУ. Аналитичарите на меѓународниот институт ИФИМЕС сметаат дека изнаоѓањето решение за ублажување на ескалацијата на напнатоста во Источен Медитеран не е едноставна и лесна задача. Според меѓународните договори, во Егејското Море има десетици острови под грчки суверенитет во близина на турскиот брег (Грција има 1.200-6.000 различни острови), и според тој закон, секој од овие острови има свои територијални води и ексклузивна економска зона. Постоечката правна дилема може да се реши само преку преговори меѓу двете страни за решавање на историски факти, кои исто така станаа геополитички. Неопходно е да се земат предвид правдата и правичноста при ограничувањето на епиконтиненталниот појас на овие острови и ексклузивната економска зона помеѓу Грција и Турција во рамките на одлуките на Меѓународниот суд на правдата и Конвенцијата на ООН на начин во согласност со меѓународното право.
nnn