9 minute read

Е-ТРГОВИЈА Пандемијата ѝ направи услуга на електронската трговија

Капитал број 1075 04.09.2020 28 E - ТРГОВИЈА

спектар на роба и услуги. Сметам дека трендот на раст на онлајн купувањето ќе се одржи и дека во иднина можеме да очекуваме генерално придвижување кон е-трговијата“, додава Ѓорѓевиќ и вели дека денес, за да може некое претпријатие непречено да работи во сите околности, потребно е да биде дигитално. Според Виктор Стојкоски, генерален секретар на Асоцијацијата за електронска трговија, едни од поголемите предизвици на кои мора да се работи за да се одржи трендот на рапиден пораст на онлајн купувањето и продавањето, се едукацијата на крајните потрошувачи и зголемувањето на квалитетна и атрактивна понуда, која

Advertisement

ќе ги примами луѓето да купат онлајн, наместо да одат во продавница. „Едукацијата е директно зависна со понудата, па така, ако нема добра понуда, крајниот потрошувач нема доволен мотив да се едуцира во ова поле и да направи оналјн нарачка. Е-трговците треба сериозно и посветено да работат на развојот на е-трговијата како продажен канал, каде секогаш во чекор пред другите, ќе ги следат најновите технологии и трендови и ќе се адаптираат на истите, бидејќи е-трговијата навистина може да биде главниот фактор за бизнис раст и може да ги достигне и надмине очекувањата на менаџерите, но само со вистинска реализација“, вели Стојкоски. Тој истакна дека лани Советот на Народната банка донесе одлука со која се овозможува резидентите коишто не се овластени банки, да отвораат и да имаат сметки во странство и тие сметки да ги користат за комерцијални цели, односно за купување и/или продавање стоки и услуги по електронски пат. „Со оваа одлука, влезот на PayPal во Република Северна Македонија е во согласност со локалниот закон и набрзо можеме да очекуваме дека и македонските граѓани ќе ја имаат можноста во целост да ги добијат привилегиите кои ги нуди PayPal. Тоа директно ќе помогне на е-трговијата, на зголемувањето на понудата, а особено ќе биде од помош за е-трговците кои производите/услугите сакаат да ги продаваат на странски пазар“, потенцира Стојкоски.

Глобален раст на електронската трговија

Е-трговијата во Европа се очекува да достигне 717 милијарди евра на крајот на 2020 година. Ова би значело зголемување од 12,7% во однос на состојбата минатата година. Пандемијата предизвикана од Ковид - 19 предизвика зголемување на шопингот преку интернет низ цела Европа. Но, според Ecommerce Europe, целосното влијание на вирусот ќе биде видливо следната година. Извештајот Europe 2020: Ecommerce Region покажува дека Западна Европа е сè уште најразвиениот пазар за е-трговија во Европа. Овој регион опфаќа 70% од вкупната вредност на е-трговијата во Европа. Западна Европа исто така има најголем удел на купувачи преку Интернет (83%). Сепак, најголем раст има во источниот дел на Европа. Пазарите за е-трговија во Романија и Бугарија минатата година се зголемија за 30%, што е најголем број на раст во цела Европа. Сепак, овие се двете држави со најмал удел на купувачи преку Интернет (31% и 29%). Шпанија исто така покажува убав развој на пазарот со пораст од 29% минатата година. Најнизок раст има во Белгија (7%), Ирска (7%), Австрија (4%) и Исланд (3%). Извештајот исто така покажува дека Велика Британија има најголем удел на купувачи преку Интернет (94%). Други земји на оваа листа се Данска (86%), Германија, Холандија и Шведска (сите нив – 84%). Ecommerce Region извештајот исто така ја анализира популарноста на националните и странските онлајн продавници меѓу купувачите. Во Холандија, потрошувачите навистина претпочитаат купување од домашни веб-страници (95%), тренд што е забележителен и во Полска (94%). Во малите земји на Малта и Кипар, купувачите преку Интернет претежно (96 и 95%) купуваат на странски вебстраници за е-трговија. nnn

Капитал број 1075 04.09.2020

30 БАЛКАН И СВЕТ

ИСТОЧЕН МЕДИТЕРАН 2020 НОВА ЕПИЗОДА ОД ПОЛИТИЧКАТА НАПНАТОСТ

Причината за новата ескалација во односите меѓу Атина и Анкара доаѓа откако Турција најави почеток на истражување нафта и гас на истокот на Средоземното море, во областа на околу 180 километри од грчкиот остров Кастелоризо. Турција тврди дека истражувањето се одвива во нејзиниот континентален појас, а Грција дека спорната област се наоѓа исклучиво во нејзината економска зона. Овој спор може да ескалира поради тврдите позиции на обете страни, кои не ја исклучуваат можноста за воено решение.

Капитал број 1075 04.09.2020

31

Капитал број 1075 04.09.2020

32 БАЛКАН И СВЕТ

Во случајот на Турција, сега е актуелизирана морската граница на островот Кастелоризо, кој е оддалечен само 2 км од турскиот брег и 570 км од Атина. Анкара смета дека историската неправда е направена со договорот од Лозана во 1923 година, со кој се дефинирани границите на денешна Република Турција, според кој многу острови во близина на нејзините брегови и припаднале на Грција. Бидејќи Конвенцијата на ООН за правото на морето од 1982 година им даде право на островите да имаат поморски економски зони, така, грчките економски зони околу тие острови достигнуваат дури до турскиот брег.

Институт ИФИМЕС, Љубљана И

Источниот Медитеран во моментов доживува нов циклус на политички тензии меѓу Турција и Грција, кои припаѓаат на истиот систем и се членки на Северноатлантскиот сојуз на НАТО. Спорот се одвива околу природните ресурси како што е гасот, но всушност станува збор за избувнување на старото историско непријателство, кое произлегува од договорот што ги обележа денешните граници на Република Турција по распадот на Отоманската империја, а турската влада сака да ја поправи оваа историска (не) правда. Историската меморија сè уште остава свој белег во сегашноста, така што сегашните тензии на истокот на Средоземното море, меѓу Турција и Грција, не се само прашање на природни ресурси, откриени во последниве години, туку потекнуваат од историски несогласувања кои датираат од пред скоро еден век. Во последниве години, источниот Медитеран се претвори во своевидна воена зона поради војната во Сирија и интервенцијата на меѓународните фактори, особено на САД и Русија. Откако сириската криза релативно се смири и се наоѓа во некоја фаза на статус кво состојба, се појави нова / стара криза, односно конфликтот околу гасот и морската граница.

Две сојузништва во Медитеранот

Регионот сега е поделен на два сојуза. Грција ја има поддршката од Франција, Египет и Кипар, додека на другата страна е Турција, која ужива релативни симпатии од САД и некои арапски земји како Либија, Алжир и Катар. Спорот се одвива околу разграничувањето на територијалните води во Медитеранот, каде што територијалните води се преклопуваат и се пресекуваат. Конвенцијата на ООН за поморско право од 1982 година не е во можност да даде дефинитивни одговори во врска со постојниот спор. Ситуацијата нагло се влоши по откривањето на природниот гас, кој добива се’ поголемо економско и геостратешко значење. Причината за новата ескалација во односите меѓу Атина и Анкара доаѓа откако Турција најави почеток на истражување нафта и гас на истокот на Средоземното море, во областа на околу 180 километри од грчкиот остров Кастелоризо. Турција тврди дека истражувањето се одвива во нејзиниот континентален појас, а Грција дека спорната област се наоѓа исклучиво во нејзината економска зона. Овој спор може да ескалира поради тврдите позиции на обете страни, кои не ја исклучуваат можноста за воено решение. Преседаните сугерираат реална опасност, бидејќи Турција собори руски авион Сухој-24 кога се приближуваше до турскиот воздушен простор на 24 ноември 2015 година, а операцијата беше спроведена и покрај руската воена моќ во Сирија и Медитеранот. Вториот инцидент се случи во текот на јуни 2020 година, кога една турска фрегата за малку ќе пукаше кон француски воен брод, кој беше дел од операцијата „Ирини“, кога се обиде да пресретне турски брод кој носеше оружје за Либија. Причините за моменталната напнатост

33

во Средоземното море може да се сумираат во четири главни точки: историска (не) правда (турски став), природни ресурси, особено гас и регионално лидерство, како и внатрешни политички потреби на Турција.

Историска (не)правда

Многу земји се жалат на неправедноста на договорите, кои тие ги имаат потпишано во минатото или насилно им биле наметнати. Ова ги објаснува сегашните несогласувања меѓу многу земји, како што се случајот со Мароко и Алжир, Пакистан и Индија, Ирак и Кувајт, па дури и во Латинска Америка, како што е случајот со Боливија, која има аспирации за дел од пацифичкиот брег, кој го загуби на почетокот на минатиот век во корист на Чиле. Во случајот на Турција, сега е актуелизирана морската граница на островот Кастелоризо, кој е оддалечен само 2 км од турскиот брег и 570 км од Атина. Анкара смета дека историската неправда е направена со договорот од Лозана во 1923 година, со кој се дефинирани границите на денешна Република Турција, според кој многу острови во близина на нејзините брегови и припаднале на Грција. Бидејќи Конвенцијата на ООН за правото на морето од 1982 година им даде право на островите да имаат поморски економски зони, така, грчките економски зони околу тие острови достигнуваат дури до турскиот брег. И покрај фактот што Турција под лидерство на Кемал Ататурк доби најмногу според договорот на Лозана во 1923 година, сепак изгуби десетици острови и карпи во корист на Грција. Не смее да се занемари фактот дека неправдата кон Турција, содржана во Договорот од Севр во 1920 година, беше делумно исправена според Договорот од Лозана. Турската јавност сега зборува само за медитеранскиот остров Кастелоризо и многу малку за 18-те острови во Егејското Море, кои турската влада беше принудена да и ги отстапи на Грција, со цел да ги продолжи преговорите за пристапување во ЕУ. По отстапувањето на овие острови од страна на Турција, ЕУ ги продолжи преговорите за членство со Турција на 17 декември 2004 година, бидејќи Грција и Кипар се воздржаа од употреба Капитал број 1075 04.09.2020

Германија, која претседава со ЕУ во втората половина на 2020 година, презеде улога на посредник, за кризата во Средоземното Море да не излезе од контрола. Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги посети Анкара и Атина во август 2020 година, со цел да се надминат тензиите на источниот Медитеран во врска со морското разграничување и енергетските

истражувања.

на вето против продолжувањето на преговорите со Турција за влез во ЕУ.

Природни богатства: гас

На почетокот на 21 век, гасот како енергетски ресурс започна да добива сè поголемо значење, исто како нафтата во средината на минатиот век и стана главниот двигател на новите геополитички сојузи. ЕУ ја поддржува Грција во спорот со Турција, во надеж дека Атина ќе ги добие наоѓалиштата на гас, со цел да се намали зависноста од гасот кој главно доаѓа од Русија. Оваа стратегија главно е поддржана од Франција, а во помала мера и од Италија и Германија. ЕУ е до некаде на страната на Грција, некои членки на ЕУ и се закануваат на Турција со санкции, а некои, како Шпанија, не се за конфронтација со Турција. Симпатиите и разбирањето на САД за медитеранската политика на Турција доаѓаат поради присуството на Русија и нејзините амбиции во регионот. Соединетите држави гледаат на Турција како сојузник, кој може да се спротивстави на плановите на Москва да навлезе во целиот Медитеран од својата база во пристаништето Тартус

This article is from: