1075- Kapital magazine

Page 28

www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

28

E - ТРГОВИЈА

спектар на роба и услуги. Сметам дека трендот на раст на онлајн купувањето ќе се одржи и дека во иднина можеме да очекуваме генерално придвижување кон е-трговијата“, додава Ѓорѓевиќ и вели дека денес, за да може некое претпријатие непречено да работи во сите околности, потребно е да биде дигитално. Според Виктор Стојкоски, генерален секретар на Асоцијацијата за електронска трговија, едни од поголемите предизвици на кои мора да се работи за да се одржи трендот на рапиден пораст на онлајн купувањето и продавањето, се едукацијата на крајните потрошувачи и зголемувањето на квалитетна и атрактивна понуда, која

ќе ги примами луѓето да купат онлајн, наместо да одат во продавница. „Едукацијата е директно зависна со понудата, па така, ако нема добра понуда, крајниот потрошувач нема доволен мотив да се едуцира во ова поле и да направи оналјн нарачка. Е-трговците треба сериозно и посветено да работат на развојот на е-трговијата како продажен канал, каде секогаш во чекор пред другите, ќе ги следат најновите технологии и трендови и ќе се адаптираат на истите, бидејќи е-трговијата навистина може да биде главниот фактор за бизнис раст и може да ги достигне и надмине очекувањата на менаџерите, но само со вистинска реализација“, вели Стојкоски. Тој истакна дека лани Советот на

Народната банка донесе одлука со која се овозможува резидентите коишто не се овластени банки, да отвораат и да имаат сметки во странство и тие сметки да ги користат за комерцијални цели, односно за купување и/или продавање стоки и услуги по електронски пат. „Со оваа одлука, влезот на PayPal во Република Северна Македонија е во согласност со локалниот закон и набрзо можеме да очекуваме дека и македонските граѓани ќе ја имаат можноста во целост да ги добијат привилегиите кои ги нуди PayPal. Тоа директно ќе помогне на е-трговијата, на зголемувањето на понудата, а особено ќе биде од помош за е-трговците кои производите/услугите сакаат да ги продаваат на странски пазар“, потенцира Стојкоски.

Глобален раст на електронската трговија

Е-трговијата во Европа се очекува да достигне 717 милијарди евра на крајот на 2020 година. Ова би значело зголемување од 12,7% во однос на состојбата минатата година. Пандемијата предизвикана од Ковид - 19 предизвика зголемување на шопингот преку интернет низ цела Европа. Но, според Ecommerce Europe, целосното влијание на вирусот ќе биде видливо следната година. Извештајот Europe 2020: Ecommerce Region покажува дека Западна Европа е сè уште најразвиениот пазар за е-трговија во Европа. Овој регион опфаќа 70% од вкупната вредност на е-трговијата во Европа. Западна Европа исто така има најголем удел на купувачи преку Интернет (83%). Сепак, најголем раст има во источниот дел на Европа. Пазарите за е-трговија во Романија и Бугарија минатата година се зголемија за 30%, што е најголем број на раст во цела Европа. Сепак, овие се двете држави со најмал удел на купувачи преку Интернет (31% и 29%). Шпанија исто така покажува убав развој на пазарот со пораст од 29% минатата година. Најнизок раст има во Белгија (7%), Ирска (7%), Австрија (4%) и Исланд (3%). Извештајот исто така покажува дека Велика Британија има најголем удел на купувачи преку Интернет (94%). Други земји на оваа листа се Данска (86%), Германија, Холандија и Шведска (сите нив – 84%). Ecommerce Region извештајот исто така ја анализира популарноста на националните и странските онлајн продавници меѓу купувачите. Во Холандија, потрошувачите навистина претпочитаат купување од домашни веб-страници (95%), тренд што е забележителен и во Полска (94%). Во малите земји на Малта и Кипар, купувачите преку Интернет претежно (96 и 95%) купуваат на странски вебстраници за е-трговија. nnn


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.