1075- Kapital magazine

Page 1

ИСТОЧЕН МЕДИТЕРАН: НОВА ЕПИЗОДА ОД ПОЛИТИЧКАТА НАПНАТОСТ

business magazine

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1075

цена 100 ден. l 4 септември 2020 петок l година 21

Електронската трговија расте Граѓаните за шест месеци направиле шопинг на интернет од над 100 милиони евра www.kapital.mk

ДОМАШНИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СÈ ПОВЕЌЕ ТРГУВААТ НА СТРАНСКИТЕ БЕРЗИ

ПРЕКУ 30 МИЛИОНИ ЕВРА ВЛОЖИЛЕ ГОДИНАВА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ВО TESLA, APPLE, AMAZON И ОСТАНАТИТЕ ГИГАНТИ Новата влада претстави амбициозна економска програма Заев ветува силен инвестициски циклус и реформи, бизнис коморите бараат прво да се спасат фирмите, а потоа развој

Што друго освен економијата планира да „го решава“ новата влада Големи ветувања за големите проблеми

Менаџмент: 7 стратегии за реорганизација во време на криза



СОДРЖИНА

Kapital... 1075 4

12

COVER STORY

ПОЛИТИКА

Новата влада претстави амбициозна економска програма

Заев ветува силен инвестициски циклус и реформи, бизнис коморите бараат прво да се спасат фирмите, а потоа развој

Што друго освен економијата планира да „го решава“ новата влада Големи ветувања за големите проблеми

18

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Домашните инвеститори се’ повеќе тргуваат на странските берзи Преку 30 милиони евра вложиле годинава македонските граѓани во Tesla, Apple, Amazon и останатите гиганти

30

БАЛКАН И СВЕТ

Источен Медитеран 2020

Нова епизода од политичката напнатост

36

24

ЛИДЕРИ

Е-ТРГОВИЈА

Сличен на сличен му се радува

Пандемијата ѝ направи услуга на електронската трговија

Најпознатите пријателчиња во клубот на милијардерите

Граѓаните за шест месеци направиле шопинг на интернет од над 100 милиони евра

40

МЕНАЏМЕНТ

Ковид – 19 донесе непредвидливи проблеми за компаниите 7 стратегии за реорганизација во време на криза

7 стратегии за реорганизација во време на криза

COVER STORY Новата влада претстави амбициозна економска програма..............................................4 Заев ветува силен инвестициски циклус и реформи, бизнис коморите бараат прво да се спасат фирмите, а потоа развој

Е-ТРГОВИЈА Пандемијата ѝ направи услуга на електронската трговија ..................................24 Граѓаните за шест месеци направиле шопинг на интернет од над 100 милиони евра

МАРКЕТИНГ Know – how.....................................................................46 Каде треба да се фокусира вашиот тим за да изгради бренд што трае

ПОЛИТИКА Што друго освен економијата планира да „го решава“ новата влада........................12 Големи ветувања за големите проблеми

БАЛКАН И СВЕТ Источен Медитеран 2020................................30 Нова епизода од политичката напнатост

МАРКЕТИНГ Напредни алатки......................................................47 Како брендовите влијаат на нашиот ум

ЛИДЕРИ Сличен на сличен му се радува..................36 Најпознатите пријателчиња во клубот на милијардерите

КОЛУМНА Благој Митевски, адвокат и магистер по финансиско право..................................................48 Ќе го „ прележи“ ли пензискиот систем корона - грипот?

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ Домашните инвеститори се’ повеќе тргуваат на странските берзи.....................18 Преку 30 милиони евра вложиле годинава македонските граѓани во Tesla, Apple, Amazon и останатите гиганти

МЕНАЏМЕНТ Ковид – 19 донесе непредвидливи проблеми за компаниите ...............................40

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 3.9.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1075 04.09.2020

4

www.kapital.mk

COVER STORY

ЗАЕВ ВЕТУВА СИЛЕН ИН И РЕФОРМИ, БИЗНИС КО ДА СЕ СПАСАТ ФИРМИТЕ Развојна обврзница; посебен еквити фонд за поттик на странски инвестициски фондови; реформи на ДДВ; личен стечај; основање на фирма за едно евро; укинување на фирмарина за нови фирми во првите две години... ова е само дел од пакетот економски мерки содржани во програмата за работа на новата македонска влада

предводена од Зоран Заев. Од бизнис секторот порачаа новата влада прво да се посвети на опстанокот на компаниите погодени од корона – кризата и зачувувањето на работните места, пред амбициозно да најавува раст и побараа директната финансиска помош да продолжи и следните месеци.


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

НОВАТА ВЛАДА ПРЕТСТАВИ 5 АМБИЦИОЗНА ЕКОНОМСКА ПРОГРАМА ИЗБОРИ 2020

НВЕСТИЦИСКИ ЦИКЛУС ОМОРИТЕ БАРААТ ПРВО Е, А ПОТОА РАЗВОЈ


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

6

COVER STORY

За поддршка на динамичниот раст зацртан во програмата, Владата најавува дека ќе обезбеди директна поддршка на домашните и странски инвестиции во износ од 300 милиони евра од домашните буџети и директна алокација на очекувани 300 милиони евра од европските фондови. Директната поддршка на домашните компании ќе се реализира преку Планот за економски раст и Законот за финансиска поддршка на инвестициите со авансно финансирање на технолошките и на иновативните потреби во функција на извозот во висина од 10% до 15% на проектираната инвестиција. Владата ќе го зголемува обемот на финансиска поддршка за домашните компании преку Планот за економски раст за 25% секоја година во однос на претходната.

пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

K

Капитални инвестиции, стабилна даночна политика, дигитализација, реформа во администрацијата, намалување на парафискалните давачки за 70%, поддршка на извозот и владеење на правотo се клучните точки врз коишто се темели програмата за работа на новата македонска влада, според зборовите на (старо)новиот премиер, Зоран Заев. „До крајот на мандатот ќе ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив раст од 4%“, најави Заев

при неговото образложување на економскиот дел од програмата на новата влада што доби доверба во македонскиот парламент во неделата, на 30 август. Во неговото излагање, тој се обврза дека Владата ќе ја задржи висината на минималната плата во висина од 14.500 денари за време на кризата предизвикана од Ковид пандемијата. „По завршувањето на кризата, Владата ќе продолжи со своите докажани заложби: 1) раст на минимална плата до крајот на мандатот во висина од 20 до 40% и 2) раст на просечната плата до крајот на мандатот од 20 до 30%, во зависност од должината и влијанието на епидемијата врз светската и домашната економија.“, истакна Заев. Износот на странските инвестиции, Владата го планира на ниво од најмалку една милијарда евра за 4 години, со фокус, како што рече Заев, на оние базирани на иновации,

висок степен на финализација на производи и услуги и одржливост на бизнисите. Владата се обврзува са создаде законска и финансиска рамка со која нивото на јавни инвестиции ќе порасне на 2,2 милијарди евра додека очекуваните директни приватни инвестиции ќе бидат 1,2 милијарди во период од целиот мандат. За таа цел, Владата ќе направи целосна реконфигурација на постапките и системот за реализацијата на јавните капитални инвестиции преку Единица за следење во Министерството за финансии и Централна единица за поддршка на јавните инвестиции, на владино ниво, со единствена цел навремено, целосно и транспарентно реализирање на буџетските расходи и, особено значајно, за мерење на резултатите и ефектите од економските политики на растот и развојот на економијата. Дополнително, за секоја позначајна капитална инвестиција


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

7

ЗОРАН ЗАЕВ

БРАНКО АЗЕСКИ

Движењето на економијата ќе биде засновано на силен бран јавни инвестиции, директни домашни и странски инвестиции и најважно на иновации во сите сектори, со цел значително да се зголеми продуктивноста, квалитетот и додадената вредност на производите и услугите. Дигитализацијата станува суштински процес за економијата да стане поефикасна, квалитетот на животот повисок, а резултатите ефективни. За да биде успешна трансформацијата на нашата економија во динамична, отворена и конкурентна, нудиме стабилна макроекономска рамка, во која даночниот систем ќе биде предвидлив, ефикасен, праведен и сериозно ќе ја намали сивата економија и ќе ја поттикне приватната иницијатива и инвестиции.

Добро е што голем дел од економските политики дефинирани во Програмата на новата Влада се пресликани од барањата и иницијативите кои стопанствениците преку Комората ги изнесувале во изминатите години. Тоа значи дека Владата го препознала значењето на економијата како предуслов за развој на сите други сектори – останува се’ што е напишано во владината програма да се реализира. Предвидливоста на економските политики е од клучно значење за бизнисот, без оглед дали изгледите се позитивни или негативни. За компаниите е клучно да знаат што ги очекува, за да можат да ги планираат своите деловни активности и затоа ова прашање треба да биде примарен таргет за новата Влада.

премиер на македонската влада

Владата ќе формира ITF - investment task force од домашни и странски експерти. „Стапката на невработеност за време на кризата ќе ја држиме стабилна, а по завршувањето на кризата и до крајот на мандатот ќе продолжуваме да ја намалуваме невработеноста на ниво од 3% годишно, како што тоа го правевме и во изминатите три години. Нашата цел, по крајот на кризата, ќе биде едноцифрена невработеност.“, најави Заев којшто со економскиот тим на Владата составен од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши ќе бидат најодговорни за остварување на сите овие ветувања. Од бизнис секторот порачаа новата влада прво да се посвети на опстанокот на компаниите погодени од корона – кризата и зачувувањето на работните места, пред амбициозно да најавува раст. Претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, смета дека Владата најпрво треба да обезбеди директна финансиска помош за компаниите што се во тешка состојба и се борат да ја одржат ликвидноста. „Директна таргетирана финансиска помош во следните месеци е неопходна за опстојување и покривање на основните месечни

трошоци, а воедно да се овозможи на оние на кои им е тоа неопходно одложување или репрограмирање на кредитите, аконтациите за даноци и другите финансиски оптоварувања минимум до крајот на годината.“, рече Арсовска при средбата со Заев и неговиот економски тим од Владата деновиве. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, порача, пак, дека предвидливоста на економските политики е од клучно значење за бизнисот, без оглед дали изгледите се позитивни или негативни. За компаниите е клучно да знаат што ги очекува, за да можат да ги планираат своите деловни активности и затоа, според него, ова треба да

претседател на Стопанската комора на Македонија

биде примарен таргет за новата Влада. „Заради подобра координација на економските политики, бизнисот укажува дека е потребно решавање на децентрализацијата, прашањето со пописот, владеење на правото, професионализација на администрацијата и елиминирање на влијанието на политиката во професионалноста на кадрите во државните институции. За компаниите, од круцијално значење се прашањата за обезбедување поддршка за извозните компании, решавање на прашањето со царините за странските инвеститори, поддршката на компаниите со домашен капитал.“, смета Азески.


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

8

COVER STORY

Владата ветува и нов Закон за царинска тарифа и забрзано прилагодување (укинување и елиминирање и намалување на висината на царинските стапки царинските тарифи) во сооднос корелација со висината на царинските стапки во Заедничката царинска тарифаи на Европската Унија. Со ова ќе се постигнат пониски цени за домашните компании за суровините и репроматеријалите, правејќи ги компаниите поконкурентни за извоз.

Поддршката од Планот за економски раст ќе се зголемува за 25% секоја година

За поддршка на динамичниот раст зацртан во програмата, Владата најавува дека ќе обезбеди директна поддршка на домашните и странски инвестиции во износ од 300 милиони евра од домашните буџети и директна алокација на очекувани 300 милиони евра од европските фондови. Директната поддршка на домашните компании ќе се реализира преку Планот за економски раст и Законот за финансиска поддршка на инвестициите со авансно финансирање на технолошките и на иновативните потреби во функција на извозот во висина од 10% до 15% на проектираната инвестиција. Владата ќе го зголемува обемот на финансиска поддршка за домашните компании преку Планот за економски раст за 25% секоја година во однос на претходната. Во продолжение следат најзначајните точки од економската програма на новата влада, составена од министри предложени од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и ДУИ. u Воведување на т.н. развојна обврзница во следните шест месеци, за своевидно ко – инвестирање на граѓаните и бизнис секторот во иновативен развој на економијата. Целта ќе биде да се финансираат развојни проекти во кои има поврат на средства од приходи, односно намалување трошоци, поттикнување развој -

зголемување на продуктивност и модернизација на процесите на производство (инфраструктура, кофинансирање на инвестиции во приватен сектор, енергетска ефикасност и дигитализација на јавен сектор). u Постепена либерализација на инвестициските политики на приватните пензиски фондови во вториот и третиот столб на капитално финансираното пензиско осигурување. Анализата за овој процес ќе се изработи во соработка со меѓународна финансиска институција и/ или европски партнер (ЕИБ, Европска комисија) и треба да утврди оправданост и модел за постепено зголемување на износот на средствата (% од портфолио) што фондовите може да го вложуваат во проекти што имаат потенцијал за повисок поврат на средства. Таквиот пристап е директно поврзан и со воведувањето на моделот на „животни циклуси“ и воведување на ризично портфолио, кое за младите пензиски осигуреници ќе овозможи повисоки приноси на вложувањата и, второ, конзервативно, за постарите осигуреници кои се ориентирани кон понизок ризик. u Формирање на посебен еквити фонд во 2020 година, што треба да го стимулира влезот на странски инвестициски фондови во Македонија. Со еквити фондот е предвидено да управува друштво за управување со фондови, избрано

на меѓународен повик. Со условите за избор на друштво предвидено е, покрај средствата од државата, друштвото да вложи и сопствени, односно средства од приватни инвестициски фондови. u Данокот на добивка останува на ниво од 10% во целиот период 2020-2024 година, а се предвидува ослободување од овој данок при реинвестирање на добивката во 2021 г. како одговор на влијанието на ефектот од Ковид пандемијата. Персоналниот данок на доход се намалува на 0% во 2023 година за ИТ индустријата и тоа скалесто: 5% во 2021, 3% во 2022 и 0% во 2023. Персоналецот за останатите категории останува на 10%, но Владата не се откажува од воведувањето прогресивно оданочување, што треба да се случи преку инклузивен процес на разговори и креирање консензус за воведување на истото. Исто така, ќе се отвори процес на разговори за даночниот систем во поглед на соодносот меѓу директните и индиректните даноци, односно за соодносот на оданочување на имотот, доходот и потрошувачката според примерот на развиените земји и спецификите на нашата економија. Владата ветува понуда на осмислен систем на прогресивното оданочување на вкупните лични приходи, по претходно сериозна и детална анализа и јавна дебата, со фокус на реконфигурирање на концептот


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

9 на личен доход (семеен доход) и воведување данок на луксуз. u Реформа на Данокот на додадена вредност (ДДВ) преку: l Воведување на нов Закон за ДДВ преку кој ќе се овозможат даночни бенефиции за претпријатијата што се извозно ориентирани на тој начин што при увозот нема да плаќаат ДДВ за суровините и машините што се наменети за извоз. На тој начин тие ќе бидат поконкуретни и ќе располагаат со значително повисоки парични средства; l Единствена стапка од 10% ДДВ за сите ресторански услуги; l Ревидирање на стапките на данок на додадена вредност за суровините за домашните производители и намалување на стапката на ДДВ за земјоделските производители и намалување на стапката на ДДВ за суровините за извозно ориентираните компании; l Намалување од 18% на 5% за занаетчиски услуги; l Подигнување на прагот за плаќање ДДВ од 2 милиони на 3 милиони денари годишен промет од 01.01.2022 и изедначување со прагот на ослободување на данок на добивка до 3 милиони денари годишен промет.

Конечно поевтини суровини и репроматеријали за производителите и извозниците u Нов Закон за царинска тарифа

и забрзано прилагодување (укинување и елиминирање и намалување на висината на царинските стапки царинските тарифи) во сооднос корелација со висината на царинските стапки во Заедничката царинска тарифаи на Европската Унија. Со ова ќе се постигнат пониски цени за домашните компании за суровините и репроматеријалите, правејќи ги компаниите поконкурентни за извоз.

ДАНЕЛА АРСОВСКА

НЕБИ ХОЏА

Директна таргетирана финансиска помош во следните месеци е неопходна за опстојување и покривање на основните месечни трошоци, а воедно да се овозможи на оние на кои им е тоа неопходно одложување или репрограмирање на кредитите, аконтациите за даноци и другите финансиски оптоварувања минимум до крајот на годината. Најавата за укинување на парафискалните односно скриени давачки кои во вкупната сума често ги надминуваат даночните обврски, беше едно од нашите барања и очекуваме согласно ветеното реализација на ова ветување. Овие скриени и непредвидени трошоци кои согласно регистарот на ССК ги има повеќе од 145 се очекува да се скратат, со што во време на криза ќе биде дополнителна помош за претпријатијата.

Во наредните четири години Владата да го стави на пиедестал економскиот аспект, со цел да се излезе од настаната ситуација поради пандемијата, да се работи на институционални реформи, транспарентност на финансиските трошоци на институциите, ефикасно менаџирање на буџетот, борбата против корупцијата, спречување на миграција на младите, рамномерниот регионален развој. Во прво време, не може да се менаџира економијата преку програма, бидејќи не може да се предвиди колку ќе трае и кои ќе бидат последиците врз економијата предизвикани од корона кризата. Затоа менаџирањето на економијата, треба да биде отворено и без ограничувања на тоа што и како ќе се работи, со цел соодветно да се покријат вистинските потреби, најмалку и до крајот на 2021 имајќи ја на предвид пандемијата.

претседател на Сојузот на стопански комори

претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

10

COVER STORY

Персоналниот данок на доход се намалува на 0% во 2023 година за ИТ индустријата и тоа скалесто: 5% во 2021, 3% во 2022 и 0% во 2023. Персоналецот за останатите категории останува на 10%, но Владата не се откажува од воведувањето прогресивно оданочување, што треба да се случи преку инклузивен процес на разговори и креирање консензус за воведување на истото.

u Одржлива саморегулација во

секторот сметкодство и ревизија на корпоративниот сектор, целосна имплементација на Меѓународните сметководствени стандарди за секторот на МСП до 2023 година и прецизирање и подобрување на системот на сметководство и ревизија во целокупниот јавен сектор. u Нов данок на промет при уплата на игрите на среќа - во висина на 4% од бруто уплатената вредност. Истиот ќе го плаќаат организаторите на игрите на среќа, а нема да се трансферира на корисниците. Овие средства ќе бидат наменети за поддршка на растот, развојот и општествената одговорност. Воедно, Владата ќе предложи закон за забрана на отворање казина и игри на среќа во близина на училишта, градинки и верски објекти.

u Основање на фирма со минимален

износ на основна главнина од едно евро. Со оваа мерка граѓаните имаат можност да основаат фирма со минимални трошоци и да ги реализираат своите идеи и бизнис планови преку новоотворени фирми. u Укинување на данокот на личен доход за категорија обука, квалификации, добивање лиценци (стриктно дефинирани само за дејноста на компанијата) кои ќе овозможат подобрување на квалитетот на работната сила со која располагаат компаниите. u Укинување на фирмарината за првите две години за сите новоосновани компании и драстично намалување на трошоците за добивање правна документација за потребите на бизнисот (документи од Централен

регистар, царина, документација за учество на тендери и останати државни институции). На пример: драстично намалување на цената за издавање тековна состојба. Исто така ќе се промени и системот за плаќање и висината на фирмарините, согласно големината на фирмите, бројот на вработени и годишните приходи. u Намалување на парафискалните давачки до 75% и нивно нивелирање согласно големината на стопанските субјекти, преку дијалог со стопанските комори. Ќе се формира регистар на парафискални давачки кој ќе биде редовно ажуриран и дополнуван, со што компаниите во секое време ќе имаат увид и ќе можат соодветно да ги планираат своите финансиски активности.


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

11 u Воведување на закон за личен

стечај како модел за заштита на животните потреби на должникот преку неизвршување на неговиот долг во определена висина, спречување на нови задолжувања, но и на доверителите, кои ќе можат да наплатат реална вредност. Со ваков закон нема да се креира систем на должничка спирала. u Нов закон за е – трговија во функција на регулирање на бизнисот и сузбивање на нелојалната конкуренција и даночната евазија. Со овој закон значително треба да се регулира е-трговијата преку воведување на одредби за е-фактура, е-фискална сметка и е-плаќање. u Посебен закон за бизнис ангели и измени на Законот за инвестициски фондови со што значително ќе се намалат ограничувањата за основање за инвестициски фондови. Владата ветува можности за формирање на хибридни фондови на ризичен капитал, односно ќе се предвидат фондови во кои покрај Владата, како инвеститори ќе можат да се појават и институционални и приватни инвеститори, корпорации,

банки, пензиски фондови и бизнис ангели. u Докапитализирање на Развојната банка на Северна Македонија и овозможување јасни, мерливи и ефективни инструменти за финансирање на извозните потреби на компаниите, односно директно финансирање на извозот и зголемување на неговиот обем и конкурентност на македонските производи и услуги. u Натамошно зајакнување на Фондот за иновации и технолошки развој, негова трансформација и обезбедување на одржливост на поставените механизми за поддршка и резултати на среден и долг рок. Овој процес се реализира со поддршка од Светска банка и Велика Британија. Со овој процес, ќе се овозможи и влез на странски инвестициски фондови како стратешки партнери на Фондот во поддршка на економскиот раст, базиран на иновации и воведување нови технологии. u Основање регионален акцелератор за стартап компании и проширување на опфатот на апликанти и на земјите од Западен Балкан. Дополнително, со

ПОПУСТ ЗА

5+

соодветни критериуми за аплицирање ќе се стимулира поврзување на бизнис идеите од повеќе земји од регионот, а со тоа и проширување на „стартниот“ пазар од 2 на 17 милиони потрошувачи. Како модел за реализација на програмата и следење на проектите ќе се користи постојниот модел на поддршка на стартапите и акцелераторите, развиен и пилотиран во изминативе две години во Северна Македонија. u Продолжување со инвестирање во научно-технолошкиот парк кој започна со операции во март 2019 година со цел тој да биде целосно функционален во 2025 година. Проценетата вредност на инвестициите во физичка инфраструктура, според Студијата за изводливост подготвена од експерти од ЕК, реализирана за потребите на Фондот, изнесува околу 80 милиони евра. Во него се веќе пилотирани програмите дигитализација на општеството и трансфер на технологии. Веќе е изработен идеен проект за нов простор за стартап компании, што треба да се реализира во 2020 година. nnn

Плати со картичките на УНИБанка и добиј попуст од 10% во книжарниците Тримакс, Литература, Штедлер и Топер. Промотивен период од 24.08.2020 – 31.10.2020 година

Повеќе на: www.unibank.mk Инфо центар: 02 3 111 111


Капитал број 1075 04.09.2020

12

www.kapital.mk

ПОЛИТИКА

ШТО ДРУГО ОСВЕН ЕКОНОМИЈАТА ПЛАНИРА ДА „ГО РЕ

ГОЛЕМИ ВЕТУ ЗА ГОЛЕМИТЕ ПРОБЛЕМИ


ЕШАВА“ НОВАТА ВЛАДА

УВАЊА Е

Капитал број 1075 04.09.2020

13

Правда и економија, ред и дисциплина ветувањата со коишто излезе новата Влада пред граѓаните и ги претстави како приоритети на прва се многу јасни и прецизни, но во суштина се работи за полиња што се комплексни и на коишто ќе има најмногу работа за суштински системски промени.

Фото: МИА

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

14

ПОЛИТИКА

Редакција Капитал

П

премиер

Премиерот Заев новиот мандат го почнува со најава за посилно држење на конците и спроведување на поголем ред и дисциплина првенствено помеѓу владините претставници. Фото: МИА

Правда и економија, ред и дисциплина - ветувањата со коишто излезе новата Влада пред граѓаните и ги претстави како приоритети на прва се многу јасни и прецизни, но во суштина се работи за полиња што се комплексни и на коишто ќе има најмногу работа за суштински системски промени. Премиерот Зоран Заев на министрите на новата Влада вчера им додели мандатни писма со утврдена мисија и задачи за новиот четиригодишен мандат, повикувајќи ги да вложат „максимални напори и ефикасно да работат, соопшти Владата“. Тој порача дека министрите треба да го слушаат гласот на народот и да им служат на сите граѓани. „Имаме обврска да ги исполниме очекувањата на сите граѓани, а овие мандатни писма се оден доказ ,нешто што постојано ќе нè потсетува на она на кое сме се обврзале“, го пренесоа обраќањето на Заев во пред владините претставници. Заев пред министрите истакнал дека гласот на секој граѓанин е глас за справување со здравствено економската криза, за добро платени работни места, за правна држава, чиста животна средина, според владиното соопштение. Овој потег со мандантните писма опозицијата го нарече „театар и гол популизам“. Генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска преку соопштение наведе дека Заев „наместо да дава мандатни писма, народот на Заев му дава мандатно писмо“ со повеќе барања. „Заев треба да врати на работа 40 илјади граѓани кои загубиле работни места поради ковид кризата, да им помогне на лозарите, да се врати старата цена на струјата, да се намали цената на горивата, да има правда за сите во државата... Заев токму ова мандатно писмо „мора итно и неодложно“ да го спроведе и дека во спротивно „народот го бара мандатот назад.“ порача Јанушев. Но, од Владата велат дека токму клучна цел е Владата да не биде само успешен менаџер во криза, туку брзо да ја пребродиме кризата и да се вратиме на патот на растот и развојот. Владината програма се базира на шест главни теми, образложени на 54 страници, од кои една третина се однесува на „Трансформација на економијата (т.н МК рестарт) за забрзан

ЗОРАН ЗАЕВ

раст и повисок стандард“. „Фокусот планираме целосно да го насочиме во спроведувањето на клучниот процес на трансформација на нашата економија“, најавува Владата и ветува дека до крајот на мандатот ќе ја врати економијата на солиден и одржлив раст од 4%. За време на кризата таа се обврзува да ја задржи висината на минималната плата во висина од 14.500 денари, а по нејзиното завршување ќе продолжи со заложбите за раст на минимална плата до крајот на мандатот во висина од 20 до 40%, и за раст на просечната плата до крајот на мандатот од 20 до 30%, во зависност од должината и влијанието на епидемијата врз светската и домашната економија. Износот на странските инвестиции во програмата е планиран на ниво од најмалку една милијарда евра за 4 години. Во втората тема „Заедно ќе го победиме Ковид-19“, се констатира дека навремените рестриктивни мерки ја спасиле државата од стравичните слики како во болниците во Кина, Италија, Шпанија. „Повеќе од 80% од сите граѓани беа задоволни од начинот на кој се менаџираше оваа криза – резултат кој никој не го забележал од нашата независност“, се вели во програмата, каде посветено е и внимание за побрзата достапност до документи за потребни за остварување на социјалните надоместоци.

Правда за правдата

Се чини дека (заедно со комплексниот и главен процес на евроинтеграциите што ќе се води под палката на Секретаријатот за европски прашања), клучна улога во следниот период ќе има новиот министер, Бојан Маричиќ којшто прв пат се јавува како „слуга на народот“ на една исклучително тешка позиција - правда. Ако се има предвид дека главните реформи на коишто инсистира Брисел, а низ коишто се

прекршуваат и многу други процеси се однесуваат на познатите поглавја 23 и 24, сега втемелени во Кластерот „Фундаменти“ тогаш лесно е да се претпостави оти новиот министер ќе има сериозни предизвици и голем тест пред себе. Во редовите од владината програма „Ред и правда“ потенцирано е дека во Владата има целосен консензус за ефикасно и објективно „прочистување“ на правосудството: „Првиот чекор за ветинг е веќе направен со надлежноста на ДКСК да ја испитува имотната состојба на судиите и јавните обвинители. Судскиот совет од своја страна, согласно новите закони, најави детална проверка на работата на судиите, особено во врска со одредени постапувања по предмети кои беа доведени до застареност со одлагање, ретки рочишта и слично. Проверка може да го опфати личното и професионално минато, стручноста и отпорноста на влијание на интересните групи“. Владата ветува дека ќе се посвети на обезбедување ЕУ мониторинг на судските предмети на висока корупција, а ќе предложи и законска обврска за објавување и јавен пристап до аудио снимките од сите судења за висока корупција и организиран криминал. Се најавува дека ќе бидат предложени закони во кои ќе се предвидат рокови за наплата на казните кои нема да зависат од „човечки фактор“, ќе се финализира концептот „Маалски полицаец“, ќе се реформатира системот и правилата во инспекцискиот надзор, а еден вицепремиер ќе ги координира сите инспекции. За една година Владата ветува дека речиси ќе го преполови бројот на инспекторати, а ќе го двојно ќе го зголеми бројот на инспектори за животна средина и пазарна инспекција, и ќе воведе и комунална полиција под ингеренции на локалната власт.

Екологијата во топ –теми

Во однос на темата „Заштита на


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

15


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

16

ПОЛИТИКА јазикот и стереотипите, ќе се воведат електронски учебници, а ќе се преиспита формулата за финансирање на основните и јавните средни училишта. Додатокот за семејна грижа во згрижувачки семејства ќе се зголеми за 30%, а целта на Владата е да се искорени детската сиромаштија и да се постигне 60% опфат на децата од 3 до 6 години во предучилишна грижа и воспитување до крајот на 2024 година.

БОЈАН МАРИЧИЌ министер за правда

Една од клучните улоги во следниот период ќе има новиот министер, Бојан Маричиќ којшто прв пат се јавува како „слуга на народот“ на една исклучително тешка позиција правда. Фото: МИА

Национална телевизија во интерес на граѓаните

АЛИ АХМЕТИ

Фото: МИА

лидер на ДУИ

животната средина и зелен развој“ се највува дека до 2024 година ниту една државна институција нема да се грее со стари и нееколошки системи за греење. До крајот на 2020 ќе се воведе 24/7 контрола на Државниот инспекторат за животна средина и локалните инспекторати, кои ќе бидат вмрежени и со зголемени ингеренции. Ќе се заострат казните, а за оние кои незаконски ја загадуваат средината и здравјето поради профит, ќе има и кривична одговорност. „Секој, за кој ќе биде констатирано дека ги прекршил правилата и процедурите, ќе ја изгуби лиценцата и дозволите. Владата има план до 2024 година, над 50% од вкупната инсталирана електрична моќност во нашата држава да биде од обновливи извори на енергија“, стои во Програмата Првите две години на мандатот ќе бидат посветени на интензивно зазеленување на државата, особено во најзагадените градови, а ќе започне и промена во политиките за јавен транспорт.

Првите денови од новата Влада Ахмети ги помина во Хаг каде што е повикан да сведочи во случајот на Специјалниот суд против претседателот на Косово, Хашим Тачи и неколку други поранешни водачи на ОВК

Дигитализација станува приоритет во 2020

Како еден клучен дел на владината програма се наведува процесот на дигитализација. „Граѓаните повеќе нема да одат по шалтери да собираат документи за остварување на надоместоците од социјалната заштита. Министерството самото ќе ги презема документите од надлежните институции, со цел на граѓаните да им се заштеди времето и парите кои ги плаќаат за вадење на документите“, се вели во програмата. Во програмата е најавено и донесување на Национална стратегија за дигитализација на образованиот систем, со што ќе се озакони наставата од далечина како можно алтернативно решение за учење преку централна национална платформа со двонасочна комуникација. Ќе се промени методологијата за пишување и издавање учебници, ќе се преиспитаат одредени учебници поради застареност на содржините, несоодветност на

Во една од тематските определби, голем дел е посветен на „демократија која работи за граѓаните“ „За Владата на Република Северна Македонија демократијата значи слободни и информирани граѓани. Тие еднаш во четири години носат изборна, демократска одлука, но секој ден можат да добијат точни и навремени информации, секој ден можат да го кажат своето мислење, да се организираат, да иницираат промени и влијаат на одлуките кои се носат во нивно име“, се вели во програмата. Владата ветува дека во следните четири години фокусот ќе го стави на развој на Националната радио-телевизија, кој треба да биде во чекор со времето, да информира навреме и точно, и да ја штити јавноста од дезинформации. Се најавува дека Владата активно ќе работи на стратегијата за справување со лажните вести кои ја поткопуваат безбедноста, демократијата и довербата во институциите. Владата ќе го поддржи и создавање на истражувачка медиумска лабораторија, преку која студентите по новинарство од почетокот на студирањето ќе се вклучат проактивно во борбата со дезинформациите и лажните вести, а ќе се обезбеди и поголема заштита на малолетната публика од штетните влијанија на онлајн медиумите, преку усогласување на националното законодавство со новата директива на ЕУ за аудиовизуелни правила кои се однесуваат на video-sharing платформите. „Владата ќе предложи укинување на т.н. Пржинска влада која покажа бројни слабости, го блокираше еден дел од државниот апарат во период на најголема светска криза и беше злоупотребен“, се вели во програмата. Новата Влада беше формирана минатата недела, откако 62 пратеници од владејачкото мнозинство во Парламентот гласаше за предложениот владин состав и за програмата која ја презентираше лидерот на СДСМ и мандатар Зоран Заев, откако на парламентарните избори на 15 јули неговата партија победи со освоени 46 пратенички места. СДСМ постизборно влезе во коалиција со ДУИ која освои 15 мандати и ДПА која освои еден пратеник. nnn



Капитал број 1075 04.09.2020

18

www.kapital.mk

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ДОМАШНИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СЕ’ ПОВЕЌЕ ТРГУ

ПРЕКУ 30 МИЛИОНИ ЕВ ГОДИНАВА МАКЕДОНС ГРАЃАНИ ВО TESLA, AP И ОСТАНАТИТЕ ГИГАНТ


www.kapital.mk

УВААТ НА СТРАНСКИТЕ БЕРЗИ

ВРА ВЛОЖИЛЕ СКИТЕ PPLE, AMAZON ТИ

Капитал број 1075 04.09.2020

19 Само во вториот квартал годинава, за тргување на странски берзи домашните инвеститори потрошиле преку една милијарда денари, или околу 17,5 милиони евра, што е за цели 74% повеќе во однос на првите три месеци, кога прометот на странските пазари изнесувал околу 10 милиони евра. Тоа значи дека за првите шест месеци вкупниот износ на прометот со акции во странство изнесува речиси 28 милиони евра, а до моментот на пишување на овој текст го имаме уште и официјалниот податок дека за јули прометот е 3,8 милиони евра, додека за август податоците допрва ќе излезат. Сума сумарум, преку 30 милиони евра е трговијата со акции во странство на македонски субјекти од почетокот на годинава. пишува:

Игор Петровски

Н

igor.petrovski@kapital.mk

На критичарите на либералниот капитализам периодов им се креваше косата на глава од вестите што доаѓаа од “милијардерскиот Олимп“, односно сознанијата дека најбогатите луѓе на светот – Ворен Бафет, Бил Гејтс, Џеф Безос & Co. – станале уште побогати од почетокот на пандемијата наваму, зголемувајќи го свето богатство за неколку стотици милијарди долари, додека остатокот од планетава мака мачи да ги задржи своите работни места и да обезбеди егзистенција. Но, дијалектичкото правило симплифицирано во синтагмата „додека на еден не му се стемни, на


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

20

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Реализиран промет во први шест месеци 2020

(денари)

Странски пазари

Домашен пазар

Вкупно

% Странски

% Домашен

Јануари

163.471.236

581.920.924

745.392.160

21,9%

78,1%

Февруари

177.193.126

795.420.118

972.613.244

18,2%

81,8%

Март

276.754.922

2.785.792.356

3.062.547.278

9,0%

91,0%

617.419.284

4.163.133.398

4.780.552.682

12,9%

87,1%

Април

396.551.240

755.470.810

1.152.022.050

34,4%

65,6%

Мај

301.748.934

476.045.889

777.794.823

38,8%

61,2%

Јуни

376.790.668

445.771.892

822.562.560

45,8%

54,2%

Q2 2020

1.075.090.842

1.677.288.591

2.752.379.433

39,1%

60,9%

Q1+Q2

1.692.510.126

5.840.421.989

7.532.932.115

22,5%

77,5%

Q1 2020

Извор: Извештај на Комисија за хартии од вредност

На домашниот пазар на капитал, Македонската берза, тргувањето изнесувало 95 милиони евра во првите два квартали (со една забелешка дека во првиот квартал имаше преземање на Еуролинк од страна на Граве за 17 милиони евра), а на странските берзи македонските инвеститори вложиле 28 милиони евра. Следствено, уделот на тргувањето со хартии од вредност на домашниот пазар учествувало во вкупната трговија со 87% во првиот квартал, а на странските пазари со 13%, додека во вториот квартал веќе, овој сооднос е 61% наспрема 39%, што значи дека инвестирањето надвор станува се’ повеќе „му конкурира“ на инвестирањето на домашната берза.

друг не му се разденува“ многу фино се отслика и во тоа што се случуваше со економијата во светот и што на крајот на денот, директно придонесе за здебелување на паричникот на горе спомнативе. Додека голем дел од бизнисите мораа да затворат поради карантините и полицискиот час воведувани во практично сите земји во светов, одредени бизниси, како онлајн трговијата, технолошките услуги за видео – конференции, разните софтверски производи, итн., забележаа вртоглав раст на побарувачката за нив, поради новата нормалност за работа од дома, онлајн нарачки на сe’ и сешто и сл. Следствено, и компаниите што владеат во овие сектори, како Amazon, Zoom, Microsoft, но и останатите гиганти од технолошкиот сектор, како Tesla, Apple, Google, итн., “растурија“ со продажбите и нивните акции отидоа до небо изминативе неколку месеци, со што се зголеми нивната вредност на берзите, а со тоа и вредноста на уделите што нивните основачи и директори, како Џеф Безос, Бил Гејтс, Илон Маск, Лери Пејџ и нивните колеги ги поседуваат во овие компании. Па, така, акциите на Amazon, најголемата светска платформа за онлајн трговија, пораснаа за речиси 100% од средината на март досега, од 1.800 на 3.500 долари за акција, што практично ja удвои и вредноста на уделот што таму го поседува директорот и основач, Џеф

Безос. Неговите 11,2% во Amazon, денес вредат околу 195 милијарди долари со оглед дека пазарната капитализација на компанијата е преку 1.740 милијарди долари, па Безос е во моментов најбогатиот човек на планетата и убедливо им бега со по неколку десетици милијарди на вториот, третиот, итн. на листата. Растот пак, на Zoom, компанијата што стои зад најпопуларната во моментов алатка за одржување видео конференции и состаноци, нешто што им беше и тоа како потребно на милиони луѓе низ планетава во време на пандемија, е уште повпечатлив. Акциите на Zoom од средината на март досега се пораснати за дури 4,5 пати, а компанијата моментално вреди на пазарот околу 113 милијарди долари, што го прави среќен нејзиниот основач и директор, Американецот со кинеско потекло, Ерик Јуан, којшто денес поседува 22% од акциите во Zoom, поточно неговиот удел вреди околу 25 милијарди долари. И слично на овие примери, и акциите на Apple пораснаа двојно среде пандемијата, на Google за 70%, на Facebook за 100%, на Microsoft за 60%.... Но, никој, апсолутно никој не ги наполни насловните страници на светските медиуми изминатиов период како Илон Маск, ексцентричниот и живописен лидер на Tesla, американскиот производител на електрични возила.

Иако неговите пасии и бизнис интереси се бројни, па го гледавме и како лансира вселенски летала, гради тунели за супер - брзи возови или фабрики за батерии, славата ја украде Tesla, чии што акции во последниве шест месеци ја зголемиле вредноста за ,верувале или не, дури 7 пати. Поточно, од допирањето на дното поради паниката што настана во февруари и март поради короната, од 72 долари на 18 март, до цената постигната на 31 август од 498 долари, разликата е точно 592%!!! Пазарната вредност на Tesla достигна речиси 400 милијарди долари, а самиот Маск „тежи“ во моментов околу 90 милијарди долари, и тоа само од уделот што го има во оваа компанија.

Интересот за “играње“ на светските берзи се’ поголем меѓу Македонците Овој малку подолг вовед го правам за да го истакнам фактот дека во целата оваа „рапсодија“ на американските берзи свој симболичен, но реален удел имаат и парите на наши сограѓани, индивидуалци или правни лица коишто отприлика една година веќе тргуваат со акции на Њујоршката, но и берзите во Лондон, Франкфурт, Токио и останатите светски финансиски центри. Порано тоа беше законски невозможно (освен индиректно преку вложувањето во домашните инвестициски фондови коишто потоа вложуваат на светските


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

21

Од трите македонски банки што имаат дозвола да посредуваат при купување акции во странство велат дека инвеститорите повеќе се информирани и повеќе ги следат берзите во Америка отколку во Европа. Најмалите износи со кои излегуваат на странските пазари се движат околу 2.000 евра, просечните се околу 20.000 евра, а поголемите достигнуваат и до 500.000 евра.

берзи), но откако државата конечно ја олабави регулативата во оваа област (одредбите во Законот за девизно работење), од јули 2019 година и домашните инвеститори почнаа „да играат“ на светските берзи. Па така, според податоците јавно објавени на сајтот на Комисијата за хартии од вредност, само во вториот квартал годинава, за тргување на странски берзи домашните инвеститори потрошиле преку една милијарда денари, или околу 17,5 милиони евра, што е за цели 74% повеќе во однос на првите три месеци, кога прометот на странските пазари изнесувал околу 10 милиони евра. Тоа значи дека за првите шест месеци вкупниот износ на прометот со акции во странство изнесува речиси 28 милиони евра, а до моментот на пишување на овој текст го имаме уште и официјалниот податок дека за јули прометот е 3,8 милиони евра, додека за август податоците допрва ќе излезат. Сума сумарум, преку 30 милиони евра е трговијата со акции во странство на македонски субјекти од почетокот на годинава. Колку за споредба само, на домашниот пазар на капитал, Македонската берза, во првиот квартал годинава прометот изнесувал околу 68 милиони евра, а во вториот околу 27 милиони евра, со забелешка дека во првиот квартал имаше преземање на Еуролинк од страна на Граве за

17 милиони евра. Следствено, уделот на тргувањето со хартии од вредност на домашниот пазар учествувало во вкупната трговија со 87% во првиот квартал, а на странските пазари со 13%, додека во вториот квартал веќе, овој сооднос е 61% наспрема 39%, што значи дека инвестирањето надвор станува се’ повеќе „му конкурира“ на инвестирањето на домашната берза. Во последниот квартал од минатата година, кога всушност и се забрза тргувањето со хартии од вредност на странските пазари по почетните трансакции што се случија летото, прометот на македонските физички и правни лица бил 473 милиони денари или околу 7,7 милиони евра, што значи дека годинава овој вид на тргување добива на динамика, и покрај психозата што кај инвеститорите ја создава пандемијата. Од податоците за тргувањето се гледа дека интересот за купување акции во странски компании континуирано расте од месец во месец во 2020 година, па иако во март американските, и останатите главни берзи во светот забележаа силен пад поради паниката создадена од затворањето на економиите предизвикано од пандемијата, во април месец прометот на странски пазари со „македонски пари“ повторно пораснал, на 396,5 милиони денари. Всушност, како што објаснуваат од македонските банки, најсилниот пораст

на новорегистрирани клиенти и промет е забележан во вториот квартал, во периодот на силен пад на цените на инструментите на странските пазари. „Во 2020 година, особено по силната корекција на светските пазари во март месец, бројот на индивидуалци од земјава кои инвестираат, а кои претходно немаат значително искуство во тргувањето со хартии од вредност, рапидно се зголеми. Се работи за инвеститори со портфолија до 20.000 евра, кои целат кон фреквентно тргување. “, објаснуваат од брокерскиот оддел на Шпаркасе банка, една од трите банки коишто засега имаат дозвола од регулаторот да бидат посредници во купувањето акции во странство за македонските клиенти. Оттаму додаваат дека во овој период се регистрирани и значителен број на клиенти кои преферирале т.н. buy&hold стратегија, со долгорочен инвестициски хоризонт кои инвестирале и позначителни финансиски средства. Инаку, Шпаркасе во моментов има најголем удел во обемот и вредноста на трансакциите направени на странски берзи, со 45% од вкупниот промет во вториот квартал од 2020, пред Комерцијална банка со нејзината Дирекција за вршење услуги со хартии од вредност со 36,5% учество и НЛБ Банка со нејзиниот брокерски оддел и 18% од прометот.


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

22

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Од 2.000 па до 500.000 евра за инвестирање

Од банките велат дека во првиот бран на регистрирани клиенти, најзастапени биле добро информирани индивидуалци, со солиден бекграунд од областа на тргувањето со акции и значителна финансиска моќ. „Правните лица кои инвестираа на странските пазари се во најголем дел со позначителни портфолија, над 50 – тина илјади евра и со долгорочна инвестициска стратегија.“, велат од Шпаркасе. Во Комерцијална банка, односно нејзиниот оддел за услуги врзани со хартии од вредност, ни кажаа дека повеќето инвеститори имаат вложено одредена сума пари и со таа се активни на краток рок. Штом обезбедат, за нив задоволителна капитална добивка, ги продаваат акциите и веднаш потоа ги инвестираат во нови хартии од вредност. „Одредена група на инвеститори инвестираат на долг рок, главно во светски познати компании. Може да се каже дека инвеститорите повеќе се информирани и повеќе ги следат берзите во Америка отколку во Европа. Најмалите износи со кои излегуваат на странските пазари се движат околу 2.000 евра, просечните се околу 20.000 евра, а поголемите достигнуваат и до 500.000 евра.“, ни објаснија од Комерцијална банка. Од банката додаваат дека изминатава година преку нив македонските инвеститори вложувале во околу 200 странски компании, а најатрактивни биле акциите на Deutsche Bank и Commerzbank од Германија. „Секако, застапени се и технолошките гиганти, особено Apple In., но интересно е дека инвеститорите од земјава вложуваат и во технолошки компании кои и не се толку познати во македонската јавност, што кажува дека доста длабоко го анализираат пазарот, особено американскиот.“, велат од Комерцијална банка. Нивните колеги од Шпаркасе се согласуваат дека акциите на најголемите технолошки компании секако биле едни од најатрактивните, особено кај поголемите инвеститори. „Помалите инвеститори имаа поголем фокус на помалите компании со подраматичен (ризик/награда) профил. Голем дел од клиентите се одлучуваат и за попасивните форми на инвестирање, како т.н. ETF на големите светски индекси (инвестициски фондови коишто се врзани со вредноста на главните берзански индекси, како Dow Jones, S&P 500, итн.), кои се особено интересни за инвеститорите со подолг инвестициски хоризонт. Во 2020 исто така е евидентен и порастот на инвестиции во суровини, како злато, сребро, нафта, исто така преку ETF кои ја реплицираат цената на конкретната суровина.“, објаснуваат од Шпаркасе.

nnn

КАКО СЕ КУПУВААТ АКЦИИ ВО СТРАНСТВО? Михајло Брова Зиков, директор на Дирекцијата за вршење услуги со хартии од вредност во Комерцијална банка АД Скопје, уште во минатогодишното интервју за Капитал објасни како изгледа процедурата за купување на акции во странство. „Постапката е многу едноставна. Потенцијалните клиенти доставуваат налог за тргување во странство кај овластените брокери во земјава. Овластените брокери го проследуваат налогот до глобалните брокери (инвестициско друштво или финансиски посредник кој има добиено дозвола од надлежен регулаторен орган) со кои имаат потпишано договор за соработка, а потоа тие технички го реализираат налогот на странските берзи. Во почетниот период, налогот за тргување од страна на клиентот до брокерското друштво ќе треба да се достави електронски, телефонски или директно во канцеларијата на овластениот брокер, како што е предвидено и за тргување на Македонската берза. Но, бидејќи странските пазари се наоѓаат во различни часовни зони, за брзо време на клиентите ќе им биде достапна директна платформа за тргување, на која сами ќе можат да дадат налог на пазарот. Таа платформа ќе работи 24 часа. За реализација на тргувањето во странство брокерските куќи/банки склучуваат и договор со финансиска институција која е чувар на имот и која има добиено дозвола од надлежен регулатор, а која во име на брокерската куќа ќе ги чува хартиите од вредност со кои се тргува во странство. Значи странските хартии од вредност кои ги купуваат физички лица од земјава се чуваат на омнибус сметка во финансиска институција које е чувар на имот. Овие омнибус сметки се одвоени од имотот на самата финансиска институција. Целосна аналитика на тие хартии од вредност се води или кај овластените банки во Република Северна Македонија кои имаат добиено дозвола за вршење на оваа услуга или во странска финансиска институција која е чувар на имот и која има добиено дозвола од надлежен регулатор. Тргувањето во странство суштински не се разликува многу од тргувањето на Македонската берза, барем не од перспектива на клиентот. Договорната документација помеѓу брокерското друштво и клиентот е стандардизирана. Бидејќи понудата на странските пазари е поголема и поразновидна, се прават и дополнителни анализи со цел клиентот да добие што повеќе потребни информации. Секако, тргувањето во странство има и свои трошоци (провизии), чија висина зависи од пазарот на кој се тргува. Новина се надоместоците за трошоците за старателската банка, односно за чување на хартиите од вредност на омнибус сметки.“


а носн Вред ичка од карт Visa 00 мкд 3.0

ги жете те р д д По ени огод од п ј а н иси бизн ата! криз

НЛБ Visa картички

Со НЛБ Visa картичките, повеќе за сите! Плаќајте со НЛБ Visa картичките (Visa Electron, Visa Classic, Visa Gold) во периодот од 1.9.2020 до 30.9.2020 година и имате можност да добиете вредносна Visa картичка! Направете најмалку 10 безготовински (ПОС или онлајн) трансакции со НЛБ Visa картичките, на минимален износ од 300 мкд по трансакција и искористете ја можноста да добиете вредносна Visa картичка на износ од 3.000 мкд. Промотивната понуда се однесува на првите 1.000 клиенти кои ќе ги исполнат условите во промотивниот период. Повеќе информации на www.nlb.mk

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600

РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН ПРИМЕР: Кредитен лимит: 50.000 мкд, износ на купениот производ со Visa Classic кредитна картичка: 10.000 мкд, расположливо салдо: 40.000 мкд. Износот од 10.000 мкд ќе го враќате со месечна отплата од 5%, со променлива каматна стапка од 9,50% (референтна стапка на благајнички записи зголемена за 8 процентни поени). Вкупен износ за враќање: 11.052 мкд, вкупен износ за камата: 1.052 мкд.


Капитал број 1075 04.09.2020

24

www.kapital.mk

E - ТРГОВИЈА

Пандемијата со коронавирусот и рестриктивните мерки како што беше полицискиот час очигледно ги промениле навиките на македонските граѓани, па наместо во продавниците голем дел од нив правеле набавки онлајн. Статистичките податоци на Народната банка покажуваат дека во првата половина од годината, за четвртина е зголемен прометот преку интернет. Вредноста на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство од почетокот на годината до јуни, изнесува 104,5 милиони евра, што во споредба во првите шест месеци од 2019 година кога се реализирале 84,1 милиони евра претставува пораст за 24,3%. Зголемен е и бројот на на реализирани трансакции во текот првите шест месеци од 2020 година, кога се направени вкупно 4.300.584 онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 3.161.899 онлајн трансакции во текот на првите шест месеци од 2019 година што претставува пораст од 36%.

ПАНДЕМИЈАТА Ѝ НАПРАВИ УСЛУГА НА ЕЛЕКТРОНСКАТА Т

ГРАЃАНИТЕ ЗА ШЕС НАПРАВИЛЕ ШОПИ ОД НАД 100 МИЛИО


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

ТРГОВИЈА

СТ МЕСЕЦИ ИНГ НА ИНТЕРНЕТ ОНИ ЕВРА

25


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

26

E - ТРГОВИЈА

пишува:

Александар Јанев

П

aleksandar.janev@kapital.mk

Пандемијата со коронавирусот и рестриктивните мерки како што беше полицискиот час очигледно ги промениле навиките на македонските граѓани, па наместо во продавниците голем дел од нив правеле набавки онлајн. Статистичките податоци на Народната банка покажуваат дека во првата половина од годината, за четвртина е зголемен прометот преку интернет. Вредноста на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство од почетокот на годината до јуни, изнесува 104,5 милиони евра, што во споредба во првите шест месеци од 2019 година кога се реализирале 84,1 милиони евра претставува пораст за 24,3%. Зголемен е и бројот на на реализирани

трансакции во текот првите шест месеци од 2020 година, кога се направени вкупно 4.300.584 онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 3.161.899 онлајн трансакции во текот на првите шест месеци од 2019 година што претставува пораст од 36%. Податоците на Народната банка покажуваат и дека се зголемува износот на трансакции кои се реализирани онлајн кон домашни е-трговци. Евидентно е дека граѓаните во текот на првите шест месеци од 2020 година стекнуваат се повеќе доверба кон е-трговијата и онлајн нарачките, а тоа може да се заклучи од растот на бројот и вредноста на онлајн трансакциите со домашни картички, особено кон домашни е-продавници. Голем дел од онлајн трансакциите кои во претходниот период се одлевале од државата, кон странски земји во текот на првите три месеци, а особено во месец март се пренасочени кон домашни е-продавници. Благодарение на растот на онлајн понудата од страна на домашните компании, износот на трансакции кон домашните е-продавници пораснал во однос на странските е-продавници.

БРОЈКИ

104,5

милиони евра е износот на онлан трансакциите во земјата и странство до јуни годинава, што е годишен раст од 24,3%

70,6%

од вредноста на онлајн трансакциите реализирани со платежни картички издадени во Македонија се реализирале во земјава, додека само 29,4% од трансакциите се реализирани кон онлајн трговци во странство

1.223

онлајн продавници се активни во Македонија заклучно со јуни годинава


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

27 Имателите на домашни платежни картички (платежни картички издадени од македонски банки), значајно го зголемиле бројот и вредноста на онлајн трансакциите во првото полугодие на 2020 кон е-продавници кои функционираат во земјава. Во првата половина од 2020 година отворени се 54 повеќе е-продавници во земјава одошто во цела 2019 година Конкретно, 70,6% од вредноста на онлајн трансакциите реализирани со платежни картички издадени во Македонија се реализирале во земјава, додека само 29,4% од трансакциите се реализирани кон онлајн трговци во странство, што претставува нагорен тренд во однос на минатата година, кога вредноста на трансакциите кои се реализирани во земјава со платежни картички издадени во Македонија изнесувал 59,4% од вкупната вредност на трансакциите. Имателите на домашни платежни картички (платежни картички издадени од македонски банки), значајно го зголемиле бројот и вредноста на онлајн трансакциите во првото полугодие на 2020 кон е-продавници кои функционираат во земјава. Бројот на онлајн трансакции реализирани од страна на физички лица во првото полугодие годинава, во корист на виртуелни места на продажба во Македонија бележи пораст од 122,6% во однос на истиот период претходната година. Конкретно, годинава реализирани се вкупно 2.564.005 трансакции, за разлика од претходната година кога биле реализирани 1.151.741 трансакции.

ВИКТОР СТОЈКОСКИ

ВЛАДИМИР ЃОРЃЕВИЌ

Едукацијата е директно зависна со понудата, па така, ако нема добра понуда, крајниот потрошувач нема доволен мотив да се едуцира во ова поле и да направи оналјн нарачка. Е-трговците треба сериозно и посветено да работат на развојот на е-трговијата како продажен канал, каде секогаш во чекор пред другите, ќе ги следат најновите технологии и трендови и ќе се адаптираат на истите.

Купувачите, прилагодувајќи се на препорачаните мерки пореди пандемијата, набавуваа дури и основни намирници преку интернет и се уверија дека од удобноста на својот дом можат да пристапат кон широкиот спектар на стоки и услуги. Сметам дека трендот на раст на онлајн купувањето ќе се одржи и дека во иднина можеме да очекуваме генерално придвижување кон е-трговијата.

Ако се анализира вредноста на онлајн трансакциите реализирани со домашни платежни картички кон онлајн продавници во земјава, исто така се забележува двојно зголемување односно, од потрошени 32,5 милиони евра лани на сума од 69,4 милиони евра од македонски купувачи кон македонски компании кои продаваат онлајн. Во Македонија заклучно со јуни годинава, активни се 1.223 онлајн продавници. Станува збор за активно регистрирани витруелни продажни места кои се пријавени од страна на петте банки кои во моментов нудат е-трговија како дел од своето портфолио на услуги. За период од шест месеци во текот на 2020 година бројот на онлајн продавници се зголемил за 203 новоотворени. Овој тренд е особено изразен во вториот квартал во екот на пандемијата додека на сила беше целосен локдаун на општеството. Тогаш се отвориле дури 145 е-продавници, што значи секој ден по две нови.

прават значајна разлика во начинот преку кој милион луѓе плаќаат а пандемијата дополнително влијаела на заинтересираноста на овој начин на плаќање во многу земји насекаде низ светот. „Верувам дека тоа не е актуелен тренд, туку дека веќе станува секојдневна навика за плаќање. Е-трговијата претставува голем потенцијал за компаниите, а посебно за малите и средните. На глобално ниво согледуваме дека денешната економија е всушност дигитална, луѓето сè повеќе купуваат онлајн или нарачуваат услуги користејќи го само мобилниот телефон, од било кое место. Е-трговијата забрзано се развива во целиот регион, а коронавирусот послужи како дополнителен двигател за запознавање со овој начин на купување, дури и кај оној дел од популацијата кој преферира да купува на лице место“, вели Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на компанијата Visa за југоисточна Европа. „Купувачите, прилагодувајќи се на препорачаните мерки, набавуваа дури и основни намирници преку интернет и се уверија дека од удобноста на својот дом можат да пристапат кон широкиот

генерален секретар на Асоцијацијата за електронска трговија

Едукација и зголемување на понудата

Експертите коментираат дека со години наназад бесконтактните трансакции

генерален директор на компанијата Visa за југоисточна Европа


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

28

E - ТРГОВИЈА

спектар на роба и услуги. Сметам дека трендот на раст на онлајн купувањето ќе се одржи и дека во иднина можеме да очекуваме генерално придвижување кон е-трговијата“, додава Ѓорѓевиќ и вели дека денес, за да може некое претпријатие непречено да работи во сите околности, потребно е да биде дигитално. Според Виктор Стојкоски, генерален секретар на Асоцијацијата за електронска трговија, едни од поголемите предизвици на кои мора да се работи за да се одржи трендот на рапиден пораст на онлајн купувањето и продавањето, се едукацијата на крајните потрошувачи и зголемувањето на квалитетна и атрактивна понуда, која

ќе ги примами луѓето да купат онлајн, наместо да одат во продавница. „Едукацијата е директно зависна со понудата, па така, ако нема добра понуда, крајниот потрошувач нема доволен мотив да се едуцира во ова поле и да направи оналјн нарачка. Е-трговците треба сериозно и посветено да работат на развојот на е-трговијата како продажен канал, каде секогаш во чекор пред другите, ќе ги следат најновите технологии и трендови и ќе се адаптираат на истите, бидејќи е-трговијата навистина може да биде главниот фактор за бизнис раст и може да ги достигне и надмине очекувањата на менаџерите, но само со вистинска реализација“, вели Стојкоски. Тој истакна дека лани Советот на

Народната банка донесе одлука со која се овозможува резидентите коишто не се овластени банки, да отвораат и да имаат сметки во странство и тие сметки да ги користат за комерцијални цели, односно за купување и/или продавање стоки и услуги по електронски пат. „Со оваа одлука, влезот на PayPal во Република Северна Македонија е во согласност со локалниот закон и набрзо можеме да очекуваме дека и македонските граѓани ќе ја имаат можноста во целост да ги добијат привилегиите кои ги нуди PayPal. Тоа директно ќе помогне на е-трговијата, на зголемувањето на понудата, а особено ќе биде од помош за е-трговците кои производите/услугите сакаат да ги продаваат на странски пазар“, потенцира Стојкоски.

Глобален раст на електронската трговија

Е-трговијата во Европа се очекува да достигне 717 милијарди евра на крајот на 2020 година. Ова би значело зголемување од 12,7% во однос на состојбата минатата година. Пандемијата предизвикана од Ковид - 19 предизвика зголемување на шопингот преку интернет низ цела Европа. Но, според Ecommerce Europe, целосното влијание на вирусот ќе биде видливо следната година. Извештајот Europe 2020: Ecommerce Region покажува дека Западна Европа е сè уште најразвиениот пазар за е-трговија во Европа. Овој регион опфаќа 70% од вкупната вредност на е-трговијата во Европа. Западна Европа исто така има најголем удел на купувачи преку Интернет (83%). Сепак, најголем раст има во источниот дел на Европа. Пазарите за е-трговија во Романија и Бугарија минатата година се зголемија за 30%, што е најголем број на раст во цела Европа. Сепак, овие се двете држави со најмал удел на купувачи преку Интернет (31% и 29%). Шпанија исто така покажува убав развој на пазарот со пораст од 29% минатата година. Најнизок раст има во Белгија (7%), Ирска (7%), Австрија (4%) и Исланд (3%). Извештајот исто така покажува дека Велика Британија има најголем удел на купувачи преку Интернет (94%). Други земји на оваа листа се Данска (86%), Германија, Холандија и Шведска (сите нив – 84%). Ecommerce Region извештајот исто така ја анализира популарноста на националните и странските онлајн продавници меѓу купувачите. Во Холандија, потрошувачите навистина претпочитаат купување од домашни веб-страници (95%), тренд што е забележителен и во Полска (94%). Во малите земји на Малта и Кипар, купувачите преку Интернет претежно (96 и 95%) купуваат на странски вебстраници за е-трговија. nnn



Капитал број 1075 04.09.2020

30

www.kapital.mk

БАЛКАН И СВЕТ ИСТОЧЕН МЕДИТЕРАН 2020

НОВА ЕПИЗОД ПОЛИТИЧКАТА Причината за новата ескалација во односите меѓу Атина и Анкара доаѓа откако Турција најави почеток на истражување нафта и гас на истокот на Средоземното море, во областа на околу 180 километри од грчкиот остров Кастелоризо. Турција тврди дека истражувањето се одвива во нејзиниот континентален појас, а Грција дека спорната област се наоѓа исклучиво во нејзината економска зона. Овој спор може да ескалира поради тврдите позиции на обете страни, кои не ја исклучуваат можноста за воено решение.


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

ДА ОД А НАПНАТОСТ

31


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

32

БАЛКАН И СВЕТ

Во случајот на Турција, сега е актуелизирана морската граница на островот Кастелоризо, кој е оддалечен само 2 км од турскиот брег и 570 км од Атина. Анкара смета дека историската неправда е направена со договорот од Лозана во 1923 година, со кој се дефинирани границите на денешна Република Турција, според кој многу острови во близина на нејзините брегови и припаднале на Грција. Бидејќи Конвенцијата на ООН за правото на морето од 1982 година им даде право на островите да имаат поморски економски зони, така, грчките економски зони околу тие острови достигнуваат дури до турскиот брег.

Институт ИФИМЕС, Љубљана

И

Источниот Медитеран во моментов доживува нов циклус на политички тензии меѓу Турција и Грција, кои припаѓаат на истиот систем и се членки на Северноатлантскиот сојуз на НАТО. Спорот се одвива околу природните ресурси како што е гасот, но всушност станува збор за избувнување на старото историско непријателство, кое произлегува од договорот што ги обележа денешните граници на Република Турција по распадот на Отоманската империја, а турската влада сака да ја поправи оваа историска (не) правда. Историската меморија сè уште остава свој белег во сегашноста, така што сегашните тензии на истокот на Средоземното море, меѓу Турција и Грција, не се само прашање на природни ресурси, откриени во последниве години, туку потекнуваат од

историски несогласувања кои датираат од пред скоро еден век. Во последниве години, источниот Медитеран се претвори во своевидна воена зона поради војната во Сирија и интервенцијата на меѓународните фактори, особено на САД и Русија. Откако сириската криза релативно се смири и се наоѓа во некоја фаза на статус кво состојба, се појави нова / стара криза, односно конфликтот околу гасот и морската граница.

Две сојузништва во Медитеранот

Регионот сега е поделен на два сојуза. Грција ја има поддршката од Франција, Египет и Кипар, додека на другата страна е Турција, која ужива релативни симпатии од САД и некои арапски земји како Либија, Алжир и Катар. Спорот се одвива околу разграничувањето на територијалните води во Медитеранот, каде што територијалните води се преклопуваат и се пресекуваат. Конвенцијата на ООН за поморско право од 1982 година не е во можност да даде дефинитивни одговори во врска со постојниот спор. Ситуацијата нагло се влоши по откривањето на природниот гас, кој добива се’ поголемо економско и

геостратешко значење. Причината за новата ескалација во односите меѓу Атина и Анкара доаѓа откако Турција најави почеток на истражување нафта и гас на истокот на Средоземното море, во областа на околу 180 километри од грчкиот остров Кастелоризо. Турција тврди дека истражувањето се одвива во нејзиниот континентален појас, а Грција дека спорната област се наоѓа исклучиво во нејзината економска зона. Овој спор може да ескалира поради тврдите позиции на обете страни, кои не ја исклучуваат можноста за воено решение. Преседаните сугерираат реална опасност, бидејќи Турција собори руски авион Сухој-24 кога се приближуваше до турскиот воздушен простор на 24 ноември 2015 година, а операцијата беше спроведена и покрај руската воена моќ во Сирија и Медитеранот. Вториот инцидент се случи во текот на јуни 2020 година, кога една турска фрегата за малку ќе пукаше кон француски воен брод, кој беше дел од операцијата „Ирини“, кога се обиде да пресретне турски брод кој носеше оружје за Либија. Причините за моменталната напнатост


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

33

Германија, која претседава со ЕУ во втората половина на 2020 година, презеде улога на посредник, за кризата во Средоземното Море да не излезе од контрола. Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги посети Анкара и Атина во август 2020 година, со цел да се надминат тензиите на источниот Медитеран во врска со морското разграничување и енергетските истражувања.

во Средоземното море може да се сумираат во четири главни точки: историска (не) правда (турски став), природни ресурси, особено гас и регионално лидерство, како и внатрешни политички потреби на Турција.

Историска (не)правда

Многу земји се жалат на неправедноста на договорите, кои тие ги имаат потпишано во минатото или насилно им биле наметнати. Ова ги објаснува сегашните несогласувања меѓу многу земји, како што се случајот со Мароко и Алжир, Пакистан и Индија, Ирак и Кувајт, па дури и во Латинска Америка, како што е случајот со Боливија, која има аспирации за дел од пацифичкиот брег, кој го загуби на почетокот на минатиот век во корист на Чиле. Во случајот на Турција, сега е актуелизирана морската граница на островот Кастелоризо, кој е оддалечен само 2 км од турскиот брег и 570 км од Атина. Анкара смета дека историската неправда е направена со договорот од Лозана во 1923 година, со кој се дефинирани границите на денешна Република Турција, според кој многу

острови во близина на нејзините брегови и припаднале на Грција. Бидејќи Конвенцијата на ООН за правото на морето од 1982 година им даде право на островите да имаат поморски економски зони, така, грчките економски зони околу тие острови достигнуваат дури до турскиот брег. И покрај фактот што Турција под лидерство на Кемал Ататурк доби најмногу според договорот на Лозана во 1923 година, сепак изгуби десетици острови и карпи во корист на Грција. Не смее да се занемари фактот дека неправдата кон Турција, содржана во Договорот од Севр во 1920 година, беше делумно исправена според Договорот од Лозана. Турската јавност сега зборува само за медитеранскиот остров Кастелоризо и многу малку за 18-те острови во Егејското Море, кои турската влада беше принудена да и ги отстапи на Грција, со цел да ги продолжи преговорите за пристапување во ЕУ. По отстапувањето на овие острови од страна на Турција, ЕУ ги продолжи преговорите за членство со Турција на 17 декември 2004 година, бидејќи Грција и Кипар се воздржаа од употреба

на вето против продолжувањето на преговорите со Турција за влез во ЕУ.

Природни богатства: гас

На почетокот на 21 век, гасот како енергетски ресурс започна да добива сè поголемо значење, исто како нафтата во средината на минатиот век и стана главниот двигател на новите геополитички сојузи. ЕУ ја поддржува Грција во спорот со Турција, во надеж дека Атина ќе ги добие наоѓалиштата на гас, со цел да се намали зависноста од гасот кој главно доаѓа од Русија. Оваа стратегија главно е поддржана од Франција, а во помала мера и од Италија и Германија. ЕУ е до некаде на страната на Грција, некои членки на ЕУ и се закануваат на Турција со санкции, а некои, како Шпанија, не се за конфронтација со Турција. Симпатиите и разбирањето на САД за медитеранската политика на Турција доаѓаат поради присуството на Русија и нејзините амбиции во регионот. Соединетите држави гледаат на Турција како сојузник, кој може да се спротивстави на плановите на Москва да навлезе во целиот Медитеран од својата база во пристаништето Тартус


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

34

БАЛКАН И СВЕТ

Спорот се одвива околу природните ресурси како што е гасот, но всушност станува збор за избувнување на старото историско непријателство, кое произлегува од договорот што ги обележа денешните граници на Република Турција по распадот на Отоманската империја, а турската влада сака да ја поправи оваа историска (не) правда. Овој спор може да ескалира поради тврдите позиции на обете страни, кои не ја исклучуваат можноста за воено решение.

во Сирија. На почетокот на јуни 2020 година, САД ја одобрија турската воена помош за меѓународно признаената либиска влада во Триполи, бидејќи одметнатиот ривалски генерал Калифа Хафтар има воена и политичка соработка со Русија. Кон крајот на август 2020 година, американскиот разурнувач „Винстон С. Черчил“ се приклучи на турските воени вежби во близина на островот Крит во мисијата фокусирана на градење на партнерски способности користејќи оперативни и тактички процедури на НАТО.

Регионално лидерство и ривалство

За разлика од западниот Медитеран, каде барем засега постои високо ниво на стабилност и соработка помеѓу земјите од северниот брег, Франција, Шпанија и Италија и јужниот брег, Мароко и Алжир, источниот Медитеран поминува низ некој вид на темелни промени и воспоставување стратешка рамнотежа како резултат на новата руска концентрација на сили во Сирија и желбата на Турција за лидерство во регионот. Франција, од друга страна, се обидува да го спречи ова застанувајќи на страната на Грција. Проектот за турско лидерство во Источен Медитеран е генерално турски проект заеднички за секуларистите и конзервативците. Овој проект датира од раните 1980-ти, кога турската војска и турската дипломатија предвидеа потешкотии во остварувањето на сонот за влез во ЕУ. Турција работи на проектот веќе некое време, а

претседателот Реџеп Таип Ердоган само го забрза проектот, искористувајќи го напредокот на сите полиња, од економско до воено и играјќи на картата на геополитичката контрадикторност во регионот. Овој проект продолжува и нема да биде запрен со заминувањето на сегашниот претседател на Турција, бидејќи тој е длабоко вкоренет во турската национална свест.

Турските внатрешно – политички потреби Анкетите за јавното мислење во Турција веќе петти месец по ред покажуваат пад на популарноста на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), предводена од претседателот Реџеп Таип Ердоган, и зголемена популарност на традиционалните опозициски партии и двете нови партии основани од поранешните високи функционери на АКП, Али Бабаџан и Ахмет Давутоглу. Владејачката партија АКП ги користи сегашните тензии во Средоземното море за да ги консолидира своите редови, особено во Истанбул и Анкара, каде опозициските градоначалници имаат предност поради кризата во турската економија предизвикана од пандемијата „Ковид-19“. Германија, која претседава со ЕУ во втората половина на 2020 година, презеде улога на посредник, за кризата во Средоземното Море да не излезе од контрола. Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги посети Анкара и Атина во август 2020 година, со цел да се надминат тензиите на источниот Медитеран во врска со морското разграничување и

енергетските истражувања. Стратешките опции што ЕУ ги има на располагање во соочувањето со Ердоган се многу ограничени, бидејќи преговорите за членство на Турција во ЕУ се замрзнати на неодредено време. Што се однесува до опцијата за закана со економски санкции, тие нема да бидат особено ефективни, бидејќи ќе им наштетат на европските компании, пред се на германските. Половина од надворешната трговија на Турција се одвива со ЕУ. Аналитичарите на меѓународниот институт ИФИМЕС сметаат дека изнаоѓањето решение за ублажување на ескалацијата на напнатоста во Источен Медитеран не е едноставна и лесна задача. Според меѓународните договори, во Егејското Море има десетици острови под грчки суверенитет во близина на турскиот брег (Грција има 1.200-6.000 различни острови), и според тој закон, секој од овие острови има свои територијални води и ексклузивна економска зона. Постоечката правна дилема може да се реши само преку преговори меѓу двете страни за решавање на историски факти, кои исто така станаа геополитички. Неопходно е да се земат предвид правдата и правичноста при ограничувањето на епиконтиненталниот појас на овие острови и ексклузивната економска зона помеѓу Грција и Турција во рамките на одлуките на Меѓународниот суд на правдата и Конвенцијата на ООН на начин во согласност со меѓународното право.

nnn



www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

36

ЛИДЕРИ

СЛИЧЕН НА СЛИЧЕН МУ СЕ РАДУВА

НАЈПОЗНАТИТЕ ПРИЈАТЕЛЧИЊА ВО КЛУБОТ НА МИЛИЈАРДЕРИТЕ

Технолошкиот свет ги создаде некои од најбогатите луѓе на планетава, а животот знае да биде понекогаш и осамен таму на врвот. Илон Маск, на пример, е близок пријател со ко – основачите на Google, Лери Пејџ и Сергеј Брин, како и со шефот на Twitter и Square, Џек Дорси. Лери Елисон, пак, одржа трогателен говор на погребот на својот близок пријател Стив Џобс, а познат е и по својата “топло – ладно“ врска со ривалот во бизнисот Марк Бениоф.

Б

Бил Гејтс и Ворен Бафет. Илон Маск и Лери Елисон. Џеф Безос и Бери Дилер. Што имаат овие high – profile двојки заедничко? Сите претставуваат блиски пријателства во светот на технологијата и бизнисот, како што пишува Business Insider. Силиконската долина можеби е најпозната по својот конкурентски дух, но исто така изродила и неколку пријателства помеѓу најмоќните луѓе во технолошката индустрија коишто траат со години и децении. Ко – основачот на Microsoft Бил Гејтс и инвеститорот Ворен

Бафет, на пример, пријателчиња се речиси 30 години. А Лери Елисон (Oracle) и Марк Бениоф (Salesforce) се исто така пријатели со децении, иако нивните компании се всушност ривали. Шефот на Tesla и SpaceX Илон Маск има неколку блиски пријатели од технолошкиот сектор, вклучувајќи ги и оние што ги бранел онлајн, или пак ги земал за тест возачи на автомобилите Tesla. Да ѕирнеме поблиску во некои од најпознатите пријателства меѓу “тешкашите“ од технолошката индустрија.


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

37 XX ИЛОН МАСК И ЏЕК ДОРСИ И додека не е баш јасно дали директорот на Tesla и SpaceX Илон Маск и првиот човек на Twitter и Square Џек Дорси навистина и се дружат во реалноста, тие секако имаат солидно виртуелно пријателство. Уште во 2016 година Дорси има речено дека Маск е навистина добар пример за тоа како може да се користи Twitter. Нешто подоцна, Дорси изјави во едно интервју дека Маск е негов фаворит меѓу луѓето што ги следи на оваа социјална мрежа, на што Маск одговори “Благодарам Џек, Твитер е закон!“ Потоа, во јануари годинава, Дорси и Маск зборуваа преку видео врска пред вработените на Twitter, и Маск му даде совет на Дорси за тоа како да ја подобри платформата. Во март, кога Дорси се соочи со можното негово исфрлање од челната позиција од страна на голем акционер во компанијата, Маск јавно му даде поддршка.

XX ЏЕФ БЕЗОС И БЕРИ ДИЛЕР Шефот на Amazon Џеф Безос и претседателот на IAC (гигант во областа на медиумите, интернетот, итн.) очигледно се пријатели веќе со години. Во јануари 2016 година, Дилер точно предвиде дека Безос ќе стане најбогат човек на светот. А, во последниве неколку години на Безос му се случија неколку позначајни работи во приватниот живот, и тој беше забележуван како се дружи со Дилер и неговата сопруга, дизајнерката Дајан фон Фурстенберг, сe’ почесто. Дилер и Фурстенберг наводно биле гости на повеќе забави што ги организирал Безос, а Безос и неговата девојка, Лорен Санчез, пловеле заедно на јахтата на Фурстенберг. Двата пара наводно биле забележани и како се шетаат низ Венеција заедно.

XX ЛЕРИ ЕЛИСОН И СТИВ ЏОБС Основачот на софтверскиот гигант Oracle, Лери Елисон и прерано починатиот лидер на Apple, Стив Џобс, биле пријатели повеќе од две децении пред смртта на Џобс во 2011 година. Елисон и Џобс биле соседи во Вудсајд, Калифорнија, и двајцата често оделе да пешачат заедно. За време на едно

од тие пешачења Елисон му помогнал на Џобс со совет за тоа како да ја поврати контролата врз неговото „чедо“ Apple откако овој беше исфрлен од кормилото – Елисон дури и предложил да го купи Apple тој самиот и да го постави Џобс за директор повторно. Но, Џобс всушност беше тој што му предложи на Елисон да ја купи неговата компанија Next, а кога Елисон го прашал како мисли тие двајцата да прават пари, Џобс му одговорил: „Лери, еве зошто е битно што сум ти пријател. Тебе не ти требаат пари повеќе.“ Елисон има кажано дека поминувал доста време со Џобс во неговите последни денови, практикувајќи куси прошетки затоа што Џобс веќе бил премален. Елисон, исто така, кажал проштален говор на погребот на Џобс.

XX СЕРГЕЈ БРИН, ИЛОН МАСК И ЛЕРИ ПЕЈЏ Илон Маск е пријател со основачите на Google веќе подолго време. Во раните денови на Маск како производител на електрични автомобили, тој ги повел Брин и Пејџ на тест возење. За жал, некаков проблем во софтверот оневозможил колата да оди побрзо од 20 км/час, како што евоцирал Маск на еден состанок со акционерите на Tesla во 2016 година. И покрај ова „најлошо демо на светот“, Брин и Пејџ инвестирале свои пари во Tesla, истакнал Маск. Во меѓувреме, Маск и Пејџ станале особено блиски пријатели – Маск дури и преспива понекогаш во куќата на Пејџ кога доаѓа од Лос Анџелес во Пало Алто, а Пејџ во една прилика кажал дека попрво би му ги оставил своите пари на Маск одошто да ги даде во добротворни цели. Брин, Пејџ и Маск наводно имаат обичај да „висат“ во еден од апартманите на Google и да “брејнстормираат“ идеи. „Забавно е кога ние тројцата зборуваме за луди идеи, и кога ќе октриеме дека некои од тие лудости всушност и постојат“, му кажал Пејџ на авторот Ешли Венс, којшто ја напишал биографијата за Маск во 2015 година.

XX ЛЕРИ ЕЛИСОН И МАРК БЕНИОФ Елисон и директорот на Salesforce Марк Бениоф се запознале кога Бениоф почнал да работи во Oracle на 23 – годишна возраст. Тој станал ѕвезда многу брзо, здобивајќи се со титулата „почетник на годината“ и станувајќи најмлад потпретседател на компанијата, на возраст од 26 години. Бениоф поминал 13 години во Oracle, време во кое станал човек од голема доверба на Елисон. Двајцата станале толку блиски пријатели што почнале да кружат гласини дека се дури и роднини, или пак дека Елисон наводно му бил бебиситер на Бениоф кога овој бил мал. Елисон и Бениоф одат на патувања заедно, пловат со јахтата на Елисон, а излегувале заедно и со своите понежни половини.


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

38

ЛИДЕРИ

Бениоф почнал да работи на својот проект Salesforce со благослов на Елисон, а овој станал и инвеститор во стартапот, со 2 милиони долари на самиот почеток. Двајцата имаа и несогласувања низ годиниве, како што е на пример случајот кога Бениоф го исфрли Елисон од менаџмент бордот на Salesforce, но самиот тој има кажано многу пати дека Елисон е негов ментор. „Нема човек од кого што сум научил повеќе одошто од Елисон“, рече Бениоф во 2013 година.

XX ВОРЕН БАФЕТ И БИЛ ГЕЈТС Директорот на Berkshire Hathaway Ворен Бафет и ко – основачот на Microsoft Бил Гејтс се запознале во 1991 година кога Бафет бил поканет во куќата на мајката на Гејтс. Ниту еден од нив не бил нешто посебно заинтересиран да го запознае другиот, но некако завршиле во разговор. Набрзо потоа, Гејтс го прашал Бафет да му препорача некоја бизнис книга, а овој му ја позајмил “Business Adventures“ од Џон Брукс, примерок што Гејтс и ден денес го чува. Оттогаш, двајцата имаат направено се’ - од играње пинг – понг заедно, па сe’ до учеството во фамозните годишни “фрлања на весници“ (забавна традиција за време на годишното собрание на акционери на Berkshire Hathaway). А, Гејтс, неговата сопруга Мелинда и Бафет заедно го дадоа познатиот Giving Pledge завет во 2010 година, кога ветија дека до крајот на својот живот ќе го дадат најголемиот дел од своите богатства во општествено одговорни цели. Бафет, инаку, поседува голем пакет акции во Apple, но рекол во една прилика дека никогаш нема да вложи во Microsoft, токму за да не го нарушува пријателството со Гејтс.

XX ЛЕРИ ЕЛИСОН И ИЛОН МАСК Елисон и Маск се испостави дека се едни од најпријателски расположените директори во технолошкиот сектор, ако се суди по нивните релации со Бениоф, Џобс, Пејџ, Брин и Дорси. Па, не е ни чудно што и овие двајца могули се многу блиски пријатели меѓусебно. Во 2018 година, кога Елисон беше именуван во бордот на директори во Tesla, тој го истакна своето пријателство со Маск. „Мислам дека Tesla има многу добри страни“, рекол Елисон тогаш. „Не знам колку од вас знаете, но јас и Илон сме многу блиски пријатели, а јас сум голем инвеститор во Tesla“. Па и има смисла Елисон и Маск да се согласуваат одлично, затоа што тие двајцата се едни од најживописните ликови во технолошката сфера. Елисон поседува цел остров на Хаваите што го купи за 300 милиони долари, сака да се трка со јахти, и нема влакна на јазикот кога зборува за своите конкуренти. Маск пак, ги троши своите пари на ретки автомобили, имал неколку мега познати партнерки до сега, и често е мошне контроверзен со изјавите во јавноста.

XX МАРК ЗАКЕРБЕРГ И ДРУ ХЈУСТОН Шефот на Dropbox Дру Хјустон и ко основачот и директор на Facebook Марк Закерберг очигледно се пријатели со години, со тоа што Хјустон често му се обраќа на Закерберг за совет. „Тој ми помогна многу со совети за тоа како да го направам растот на компанијата, како да ги организирам луѓето, како да воспоставам некои од системите, итн.“, рече Хјустон за Bloomberg во 2015 година. Истата година, Fast Company го опиша Хјустон како близок пријател на Закерберг. Двајцата се често фотографирани заедно насекаде, од роденденски забави, бизнис конференции, итн. Во февруари годинава, Хјустон беше назначен за член на бордот на директори на Facebook. „Дру носи драгоцена перспектива со себе како лидер на технолошка компанија со сервиси што ги користат милиони луѓе и бизниси. Тој длабоко размислува за тоа каде оди технологијата и како да се изгради култура што испорачува услуги што секогаш ќе работат добро“, рече Закерберг во таа прилика.

XX КЕВИН СИСТРОМ И ЏЕК ДОРСИ Основачот на Instagram Кевин Систром и директорот на Twitter Џек Дорси беа блиски пријатели своевремено, но денес е тешко да се каже како стојат работите помеѓу нив. Според книгата „No Filter: The Inside Story of Instagram“, од Сара Фрир, двајцата се запознале кога биле вработени во Odeo, аудио и видео веб сајт креиран од подоцнежните ко – основачи на Twitter, Ив Вилијамс и Ноа Глас. Дорси мислел дека Систром не му е симпатичен кога дошол на летна пракса во средината на 2000-те, но двајцата си нашле заеднички интереси околу фотографијата и скапите видови на кафе. Систром и Дорси останале во контакт дури и откако овој првиот добил работа во Google, a кога работел на проектот Burbn, всушност претходникот на она што го знаеме како Instagram, тој го замолил Дорси да му помогне со совети. Дорси дури и вложил свои 25 илјади долари на почетокот, а кога апликацијата се претворила во Instagram, Дорси станал еден од најголемите фанови, постирајќи и на Twitter и на Instagram и помагајќи и на оваа втората да се рашири вирално откако била лансирана. Дорси сакал и да ја купи Instagram, но Систром одбил, наводно велејќи дека сака да го направи Instagram премногу скап за да биде купен. Но врската Дорси – Систром почнала да се ниша во 2012 година, кога Дорси дознал дека Instagram потпишал договор да биде преземен од Facebook, лутиот ривал на Twitter. Според авторот на книгата, Фрир, Дорси бил многу навреден што Систром не му се јавил прво нему за да преговараат околу евентуална продажба на Instagram. Оттогаш, од април 2012 година, Дорси нема постиранo ништо на Instagram, а последниот негов пост на оваа мрежа е фото од празен автобус во Сан Франциско, што наводно ја направил утрото кога дознал дека Instagram е продаден. nnn



Капитал број 1075 04.09.2020

40

www.kapital.mk

МЕНАЏМЕНТ

КОВИД – 19 ДОНЕСЕ НЕПРЕДВИДЛИВИ ПРОБЛЕМИ ЗА КОМПА

7 СТРАТЕГИИ ЗА РЕОРГАНИЗАЦИЈА ВО ВРЕМЕ НА КРИ


www.kapital.mk

АНИИТЕ

А ИЗА

Капитал број 1075 04.09.2020

41 Истражувањето на Harvard Business School и Quartz Associates покажува дека реорганизациите во компаниите предизвикани поради криза покажале релативен успех во само две третини од случаите; 19% од нив практично предизвикале штета во компаниите, а само 8% целосно и навремено исполниле она што било планирано. Што можат да направат бизнис лидерите за да ги зголемат своите шанси за успех? Без оглед дали мотивот за реорганизацијата било кратењето трошоци или растот, нивното истражување идентификува седум работи што компаниите може да ги сторат со цел да ги максимизираат своите шанси за постигнување на посакуваниот резултат во планираното време, а со минимизирање на штетите.

Harvard Business Review

К

Ковид – 19 пандемијата принуди безброј компании да се реорганизираат, и тоа со забрзано темпо. За да разбереме што е она што предизвикува реорганизацијата во криза да успее или не, го искористивме нашето 15- годишно искуство во советување компании за организациски промени, како и базата на податоци креирана од Quartz Associates и HBR каде што се документирани преку 2.500 реорганизации. Базата покажува дека реорганизациите предизвикани поради криза покажале релативен успех во само две третини од случаите; 19% од нив практично предизвикале штета во компаниите, а само 8% целосно и навремено исполниле она што било планирано. Што можат да направат бизнис лидерите за да ги зголемат своите шанси за успех? Без оглед дали мотивот за реорганизацијата било кратењето трошоци или растот, нашето истражување идентификува седум работи што компаниите може да ги сторат со цел да ги максимизираат своите шанси за постигнување на посакуваниот резултат во планираното време, а со минимизирање на штетите.

се брзо, но секогаш со план. 1. Движете

Времето е од суштинска важност. Ако реорганизацијата трае подолго од шест месеци, многу е поверојатно дека нема да успее. На крајот на денот, колку што подолго траат промените, поверојатно е дека бизнис контекстот може да смени (особено во време на брз развој на кризната ситуација), со тоа што новиот модел ќе го направи ирелевантен – нешто што сме го виделе во 30% од реорганизациите предизвикани од криза. Секако, брзото движење не значи и безглаво итање без некаков план. Само една третина од компаниите што биле присилени на реорганизација поради криза, развиле детален план; втората третина имале само една клучна точка што секој требало да ја исполни; и преостанатата третина немале никаков план. Податоците покажуваат дека вторите два случаи имаат многу пониска стапка на успех. Во книгата на HBR Press, „ReOrg: How To Get it Right”, навлегуваме подетално во тоа како успешно да се планира и имплементира реорганизација.

ги вашите ресурси на човечки капитал. 2. Анализирајте Кај голем дел компании капацитетите за анализа на човечкиот капитал не се ни приближно развиени како оние за финансиска анализа, да речеме, што на крајот ќе значи жртвување на нивната брзина или темелност во реорганизацијата. Како што објаснува шефот на одделот за човечки ресурси во голема британска енергетска компанија, „Ги немаме вистинските податоци за луѓето, па мораме да користиме не баш јасни алатки во процесот, односно, знаеме дека треба


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

42

МЕНАЏМЕНТ

Брзото движење не значи и безглаво итање без некаков план. Само една третина од компаниите што биле присилени на реорганизација поради криза, развиле детален план; втората третина имале само една клучна точка што секој требало да ја исполни; и преостанатата третина немале никаков план. Податоците покажуваат дека вторите два случаи имаат многу пониска стапка на успех.

да го намалиме бројот на вработени со цел да скратиме трошоци, но не знаеме точно каде сме неефикасни.“ Нашето искуство укажува дека ваквите ситуации може да се надминат во рок од повеќе денови или недели, и не бараат имплементација на повеќегодишни опсежни програми за планирање на ресурсите на компанијата и сл. Меѓутоа, наместо да направат истражување во сопствените редови, некои компании се обидуваат да ги „бенчмаркираат“ своите цели за кратење трошоци со оние од компаниите од истиот сектор. Ова вообичаено одзема многу време и резултира со помалку веродостојни споредби, бидејќи лидерите не знаат дали разликите се плод на различен контекст, ниво на автоматизација, ниво на аутсорсинг, или само полоши перформанси. Исто така, овој вид на анализи во суштина се ретроградни, па било какви заклучоци од нив може да не бидат повеќе релевантни. Наместо тоа, нашето искуство вели дека интерните бенчмарк анализи (на пример, „зошто мојот оперативен тим е поефикасен во регионот А одошто

во регионот Б?“) поверојатно е да доведат до успешна реорганизација. Интерното бенчмаркирање им овозможува на компаниите да се движат побрзо, да разберат што ги предизвикува разликите, да воведат најдобри практики, и поефективно да ги убедат скептиците со детални докази.

Поставете диференцирани таргети и направете 3. фокусирани инвестиции.

Да се скрати 20-30% од трошоците на секое ниво не е секогаш вистинскиот одговор на проблемите – можеби во некој организациски единици кратењето треба да биде 50, 80, па и 100%, додека кај некои други можеби треба повеќе инвестирање. На пример, ние еднаш работевме со енергетска компанија којашто постави иста цел за кратење трошоци за сите оддели. И после тоа открија дека некои оддели, како оној за човечки ресурси на пример, останаа неефикасни и после кратењето на трошоците, додека други, како оној за развој на технологии, практично беа неспособни за функционирање откако ја спроведоа реорганизацијата. Во

овој случај, диференциран таргет систем ќе беше подобро решение за сите. Компаниите што се способни да реинвестираат дел од нивните заштеди во трошоците во јакнење на сопствените внатрешни капацитети имаат значително поголеми шанси за успех, дури ова и да значи подлабоко кратење на трошоците на одредени места. Ова на прв поглед може да изгледа очигледно, но лесно се заборава во време на криза. На пример, кога работевме со една логистичка компанија со цел да ги намалиме трошоците во нивниот оддел за контрола на квалитетот, откривме дека постоечката рамка за мерење на успехот заедно со скапо платените статистичари што беа одговорни за неа, всушност само ги влошува перформансите. Затоа, решивме да го затвориме овој тим и да инвестираме во развој на тимот за тренинзи во самиот оддел, што на крајот роди со плод.

го целиот лидерски тим. 4. Вклучете

Начинот на којшто одлучувате за организациските промени е навистина


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI www.kapital.mk

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156

Капитал број 1075 04.09.2020

43


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

44

МЕНАЏМЕНТ

важен – некогаш и поважен од самата одлука. Податоците на Quartz и HBR јасно покажуваат дека најуспешните реорганизации се случиле таму каде што бил вклучен целиот лидерски тим во процесот на носење одлуки, често и со придонес на некого од вработените. Нашето искуство ни кажува дека причината за ова е што целиот лидерски тим ќе треба да го поддржи спроведувањето на планот за реорганизација, па оттаму и сите топ менаџери треба да бидат вклучени во неговото подготвување. За жал, податоците покажуваат дека овој пристап не е баш распространет кај сите компании. Наместо тоа, реорганизацијата најчесто се подготвува од лидерот и неколку од најблиските соработници. Ова е уште полошо и од одлучувањето од само еден човек, во диктаторски стил, затоа што директорите што се чувствуваат исклучени од процесот подоцна веројатно е дека ќе се опираат на извршувањето на планот.

извесна флексибилност во тоа 5. Дозволете како се спроведува новиот организациски модел.

Во 50% од случаите, реорганизациите предизвикани од криза не успеваат да ги испорачаат посакуваните резултати, затоа што лидерите се опираат на централизирано извршување на планот. Компаниите што им дозволуваат на лидерите извесна флексибилност во одлуките како ќе се одвиваат промените – во идеален случај базирано на солиден бизнис резон – имаат далеку поголеми шанси за успех. На пример, кога реорганизиравме оддел на компанија за нафта и гас, се согласивме дека ако одредена географска бизнис единица е под извесно ниво на приходи и некои други параметри, да не мора да ги прави сите промени што ги очекуваме од поголемите бизнис единици, туку да го адаптира својот реорганизациски дизајн на своите специфични околности. Кога работиме со компании, им помагаме да го дефинираат генералниот дизајн, да постават граници за она што е прифатливо, да таргетираат трошоци, и да ги повикаат локалните лидери да придонесат со свои детали. Се испоставило дека ова е доста побрзо и поверојатно води до успех, одошто да се одлучува за секој можен детаљ однапред.

Податоците на Quartz и HBR јасно покажуваат дека најуспешните реорганизации се случиле таму каде што бил вклучен целиот лидерски тим во процесот на носење одлуки, често и со придонес на некого од вработените. Нашето искуство ни кажува дека причината за ова е што целиот лидерски тим ќе треба да го поддржи спроведувањето на планот за реорганизација, па оттаму и сите топ менаџери треба да бидат вклучени во неговото подготвување.

комуникацијата по имејл. Меѓутоа, во реорганизациите во време на криза, електронската комуникација всушност е поверојатно да доведе до успех – веројатно затоа што во ситуација што брзо се менува, вработените претпочитаат да ги добиваат информациите брзо одошто да бидат оставени во информативен мрак. Конечно, најважната работа што треба да ја запомнат лидерите е дека реорганизацијата не значи само бројки - тука се работи пред се’ за луѓето. Пријатели и колеги може да ги загубат своите работни места. Должност на лидерите е да ги третираат фер и со емпатија, а оние што останале на работа ќе ги судат токму според тоа како ја изменаџирале целата таа ситуација. Масовни отпуштања, направени без никаков знак и предупредување, нема да ви донесат поени ниту кај пошироката заедница. Подобар пристап е да им се објасни на сите вработени што се случува и зошто, а менаџерите од човечки ресурси коишто ги познаваат луѓето, да зборуваат со нив директно (што може да се направи и прилагодено на пандемијата, преку видео врска и сл.). Дури и кога промените се случуваат брзо, вработените треба да разберат зошто, кога и како ќе настапат тие промени.

за промените колку што можете побрзо – 6. иКомуницирајте круг на почовечно. позитивен фидбек. 7. Креирајте За време на секојдневните реорганизации, комуникацијата лице – в – лице има многу поголема корелација со успехот одошто

Ненси МкКинстри од Wolters Kluwer (рангирана од HBR како најдобра жена директор за 2019 година) ни рече: „Нереално е да се очекува

реорганизацијата да функционира перфектно од самиот почеток. Треба да живеете со неа и да ја сварите, како и брзо да направите прилагодувања доколку се појават проблеми.“ Реорганизациите во криза коишто имаат формални механизми за фидбек (како што се анкети со вработените, или формални извештаи на секои 3- 6 месеци) поверојатно е да бидат успешни, додека онаму каде што нема јасни процеси за ескалирачките проблеми, резултатот ќе биде многу понеповолен. Интересно е што, додека реорганизациите со цел раст постојано имаат бенефит од анкети меѓу вработените околу евентуалните проблеми и предизвици, нашето истражување покажува дека овој пристап е помалку ефективен кога целта на реорганизацијата е кратење на трошоци. Причината е можеби што кратењето трошоци по природа е повеќе веројатно да предизвика конфликти и несогласувања, па на вработените им треба подолго време да ги прифатат промените и да придонесат позитивно, одошто да се фокусираат на своите грижи. Сепак, компаниите што направиле реорганизација за кратење трошоци не треба да ги занемарат останатите формални средства за евалуација на организациските перформанси после промените. Организациските промени во време на криза никогаш не се лесни, а Ковид – 19 донесе непредвидливи предизвици. Но, опремени со овие седум стратегии што ги наведовме досега, вашите шанси за успех се многу поголеми. nnn



www.kapital.mk www.kapital.mk

Капитал број 04.09.2020 Капитал број 9641075 20.04.2018

МАРКЕТИНГ 4046БРЕНДОВИ KNOW - HOW

КАДЕ ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА ВАШИОТ ТИМ ЗА ДА ИЗГРАДИ БРЕНД ШТО ТРАЕ Желбата и способноста да се изградат силни брендови станува сè поголем предизвик како што маркетинг светот е сè покомплексен. Со огромниот наплив на нови технологии и медиуми и барањата и потребите на новите генерации што се менуваат секојдневно, лесно е да се распрскате во своите напори на повеќе полиња и да го загубите фокусот. Шефот на маркетинг во секоја компанија игра критична улога во напорот да се задржи организацијата фокусирана на тоа што навистина е битно во градењето на брендот, како и во поставувањето високи очекувања од бренд менаџерите.

Г

Градењето на “ѕвездени брендови“ (star brands), оние што се обожувани, носат многу профит и блескаат во однос на другите, подразбира неколку основни принципи и одговорности, кои што Inc.com ги издвои за вас:

n ЈАСНОСТ

Ѕвездените брендови знаат кои се, што се, за кого се, и што ги водело или лимитирало на патот кон успехот досега. Постигнувањето на ова ниво на јасност во стратегијата бара искуство, работа и решителност. Комплексноста не треба да се пренесува надолу во хиерархијата. Одговорност е на главниот маркетинг директор да објави и објасни како брендот ќе креира вредност и ќе се претставува на пазарот. Ова е потребно за брендот да може да го спроведе својот комуникациски план и продажната понуда со вистинска извонредност.

n КОНЗИСТЕНТНОСТ

Ѕвездените брендови имаат конзистентно и препознатливо брендирање и комуникации. Ова е лесно да се покаже во фина Power Point презентација, но тешко да се спроведе. Конзистентноста бара дисциплина и шефот на маркетингот треба да го потенцира тоа постојано. Секогаш кога правите промена во вашата бренд порака или идентитет, треба да ги “обучите“ вашите потрошувачи да го препознаат тоа. Третирајте ги овие промени со особена грижа и внимание и ценете ја конзистентноста.

n ПОВИСОКА ЦЕЛ

Ѕвездените брендови имаат цел да испорачаат поголема вредност од самиот продукт или услуга што се продава. Ова

го демонстрира вистинскиот карактер на брендот и докажано ја зголемува продажбата. Шефот на маркетинг е најдобро екипиран за да ја дефинира и промовира повисоката цел на брендот внатре во самата организација. Мотивирањето и лидерството базирано врз идејата на брендот треба да биде секојдневната активност на главниот маркетинг директор. Тој е ултимативно одговорен за ефективно градење на брендот и вредноста на брендовите, а бренд менаџерите се тие што го овозможуваат тоа. Додека шефот на маркетинг треба да се фокусира на промовирање на јасноста во стратегијата, конзистентноста и идеалите на брендот, тој/таа треба да ги бараат од своите менаџери следниве три нешта:

n СУПЕРИОРНИ БЕНЕФИТИ

Задача на бренд менаџерот е да биде одличен во испораката, комуницирањето и негувањето супериорни бенефити од брендот што го менаџираат. Ова е тоа што овозможува различност, преференција кон брендот и на крајот ја подига самата вредност на брендот.

Барајте максимален фокус кон релевантни и убедливи супериорни бенефити што вистински ги задоволуваат потребите на потрошувачите.

n ЕМОЦИОНАЛНИ КОНЕКЦИИ

Бренд менаџерите треба да прават релации, а не трансакции со потрошувачите. Силните брендови траат долго заради лојалното следење од нивните потрошувачи. Наградете го својот тим секогаш кога демонстрира дека го разбираат својот потрошувач. Разговори со клиентите или проучување на сведочењата на потрошувачите треба да бидат во неделната агенда на бренд менаџерот.

n ПОСВЕТЕНОСТ КОН УЧЕЊЕ

Инсистирајте вашите бренд менаџери да ги водат своите тимови како организации што постојано учат и ги стимулираат своите членови на размислување и способност за се адаптираат на пазарните промени. Јасни визии за брендот, чести експерименти и дисциплинирано документирање на тоа што функционира, а што не, се примери на учење што го зголемуваат пазарниот успех на брендот со тек на време. nnn

ФОКУС: НЕ СЕ РАСПРСКУВАЈТЕ НА ПРЕМНОГУ СТРАНИ ГРАДЕЈЌИ ГО БРЕНДОТ


www.kapital.mk Капитал број 964 20.04.2018

42

Капитал број 1075www.kapital.mk 04.09.2020

47

БРЕНДОВИ

НАПРЕДНИ АЛАТКИ - НЕВРОМАРКЕТИНГ

КАКО БРЕНДОВИТЕ ВЛИЈААТ НА НАШИОТ УМ

Невромаркетингот и брендирањето се создадени едно за друго. И двете се занимаваат со тоа како се раѓаат идеите и како се поврзуваат во човековиот ум.

K

Кога по прв пат ќе се сретнете со некој бренд, вашиот мозок може да креира меморија од тој бренд. Оваа меморија може да се поврзе со различни елементи – можеби со рекламата што го промовира брендот, производот кој се нуди под тој бренд, можеби дизајнот или пак искуството од негова консумација или употреба. Без разлика кои елементи ја прават меморијата, тие се поврзани едни со други и формираат бренд меморија. Кога вашиот мозок повторно ќе се

сретне со овој бренд, нови мемории може да бидат зачувани, проширувајќи ја претходната бренд меморија. Поврзаноста може да биде направена меѓу таа бренд меморија и други мемориски шаблони. На пример, кога една реклама го покажува брендот во контекст на летен одмор, нашиот мозок можеби прави конекција помеѓу брендот и нашата мрежа на слики од летен одмор. Како што овој процес се зголемува, бренд меморијата постојано се формира и се менува. Како што се шири и диверзифицира, значењето на брендот исто така се менува и се диверзифицира. Овој процес природно се случува во нашата глава. Луѓето кои работат на маркетинг на брендот, сакаат да влијаат

на овој процес на тој начин што повеќе нè изложуваат на брендот и истиот го поврзуваат со одредени вредности, емоции, можности итн. Ова тие го прават преку рекламите, производот и неговото пакување, преку продажниот маркетинг, преку онлајн маркетинг и други средства. Проблемот за маркетинг професионалците е како можат тие да ја мерат оваа бренд меморија што се создава кај нас. На пример, кога маркетинг кампањата се обидува да ја поврзе бренд меморијата на клиентот со одреден квалитет, маркетинг луѓето сакаат да знаат дали навистина овие врски постојат во главата на потрошувачот, или тие се посилни по рекламната кампања или лансирањето на новиот производ. nnn

БРЕНД МЕМОРИЈА: КАКО ДА ЈА МЕНАЏИРААТ, Е ПРЕДИЗВИК ЗА МАРКЕТИНГ ТИМОВИТЕ


Капитал број 1075 04.09.2020

48

СТАВ

БЛАГОЈ МИТЕВСКИ адвокат, магистер по финансово право

ЌЕ ГО „ ПРЕЛЕЖ СИСТЕМ КОРОН

И

Имајќи го предвид фактот дека Ковид кризата очигледно ќе трае подолг временски период, време е да се запрашаме дали нашиот пензиски систем, вклучително и првиот државен столб, но и вториот и третиот столб кои се приватни, се во состојба да ја преживеат оваа Ковид криза. Ударот, како и во секој друг сегмент од економијата, и тука ќе биде неминовен. Прашањето е колку истиот ќе биде голем и што е потребно за да се ублажи ударот? Но и големото прашање е што ако кризата потрае? Дали има опасност од целосен крах на пензискиот систем.

Време за реални анализи на состојбата Замислете ситуација во која би имало намалување на 50.000 работни места, за кои нема да се плаќаат придонеси, а бројот на пензионери да остане ист. Приходите кои сам по себе ги генерира пензискиот систем ќе падна уште за околу 5%. Токму затоа улогата на Фондот, но и на МАПАС како државни институции, не треба да биде повеќе пасивна. Треба да поткренат иницијатива заедно со Агенцијата за вработување, да се потрудат ниту едно работно место да не биде непополнето. Но, и да покренат иницијатива за субвенционирање на ново отворени компании, испразнети работни позиции.

Дојдено е време за вистината. А тоа е да точно се каже колкумина има вработени во Македонија. Но и да се каже колкумина од нив се во реален сектор ( приватни компании ), а колкумина од нив се во државен сектор ( јавна администрација и локални јавни претпријатија ). Внесувањето на сувопарни податоци овде не треба да застане. Треба и јасно да се каже кои приватни компании се ликвидни, односно на месечно ниво ги покриваат и внесуваат паричните средства за пензиско и здравствено осигурување. Треба и да се има бројка на компании кои доцнат со тоа внесување, неколку месеци, но се трудат да бидат ликвидни. И на крај треба да се има и бројка на компании, но и на вработени лица, за кои придонесите не се плаќаат со месеци наназад, кои официјално се водат како вработени, но пензиските фондови немаат приноси од нив со месеци. Мора да постојат и точни податоци за тоа колку секој месец пари влегуваат во првиот пензиски столб, а колку во вториот пензиски столб. Оваа анализа може да се направи и по сектори, но и по региони, како и по градови. Потребни се и релевантни податоци за тоа колку точно парични средства се исплаќаат на име на пензија, од првиот државниот столб, како и од вториот приватниот столб. Покрај анализите кои можат да дадат точни податоци, буквално до денар, потребно е да постојат и анализи кои

ќе ги предвидуваат тековите во иднина. Односно, да постои навремено собирање податоци за идни пензионери. Пензискиот систем е жива материја, која до крај не може да биде предвидена, од причини што никогаш не можете да знаете дали веќе некој утре ќе побара да го користи правото на семејна или инвалидска пензија. Но, затоа пензијата по основ на старост – старосната пензија, лесно може да биде предвидена. Оттука, изработката на анализа на ниво на подрачни единици на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, во поглед на тоа кои лица во тековната година исполнуваат услови за старосна пензија, е и тоа како е потребен податок, со цел да се предвиди колку парични средства ќе биде потребно да бидат исплатени на име на пензии, веќе во следниот период. Овој податок има и друга предност. Со него можат да се предвидат и слободните работни позиции, и во соработка со други државни институции, пред се со Агенцијата за вработување, да се побара соодветен кадар и да се понуди на компаниите, со цел да работното место кога ќе биде испразнето по основ на пензионирање, да не стои празно ниту еден ден. Со тоа и Фондот да остварува добивка на име придонеси од тоа работно место. Ковид кризата покажа до сега дека состојбите брзо се менуваат. Податоците говорат дека од почетокот на кризата 30.000 наши сограѓани останале без работни места, од кои поголем процент се млади. Тоа несомнено преставува удар и врз државниот пензиски фонд , но и за вториот пензиски столб, кај кој членови се токму релативно помладите граѓани, за кои е задолжително членувањето во овој столб. Губењето на работни места, кои процентуално се со над 95% од реалниот, приватен сектор, значи и губење значителен паричен принос за пензиските столбови. Но од друга страна еден статистички податок во оваа Ковид криза, влева оптимизам. А тоа е податокот дека процентот на затворени приватни правни лица, или фирми, е многу мал. Само 20 –тина компании побарале да се отвори постапка за стечај за нив. Процентот на ликвидирани фирми е исто така мал. Зошто овие податоци се битни и релевантни? Затоа што и покрај значителното губење на работни места, фактот дека компаниите не се ликвидираат и не одат во стечај, говори дека претприемачите имаат желба да продолжат да опстојуваат на пазарот.


www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

49

ЖИ“ ЛИ ПЕНЗИСКИОТ НА - ГРИПОТ?

Ова укажува на тоа дека штом се создадат услови за раст на економијата, сите работни места кои сега се загубени лесно и брзо можат да бидат повратени.

Создавање нови работни места во криза

Навидум голем предизвик, но не и невозможен. Досега мерките од државните институции одеа кон тоа да се заштитат постоечките работни места. И тоа во голема мера, беше успешна мисија. Нормално и логички е да државата нема контрола во одлуките на приватните сопственици на компании, во поглед на тоа дали во следниот период истите ќе одјавуваат вработени, или ќе намалуваат обем на работа. Сепак државата може да одигра добра улога во создавање на нови работни места во иднина. И тоа на начин на субвенционирање на создавање на нови работни места. Државата субвенционира задржување на моментални работни места. Но што кога овие субвенции ќе завршат? Што доколку работното место остане непродуктивно, односно непотребно? Овде треба улогата да ја преземат Фондот за ПИОМ и МАПАС како заинтересирани институции бројот на вработени во реалниот приватен сектор

да не се намалува. Како? Едноставно, на сите поголеми работодавачи (сите кои вработуваат над 50 луѓе), да им се направи анкета, колку од работните места имаат намера да задржат по завршувањето на субвенциите. Дали имаат потреба од нов кадар. Дали имаат недостаток на соодветен специфичен кадар. Мапирањето на тоа колку работници би останале без работа во следен период, колку од нив веднаш можат на најдат работа кај друг работодавец, и дали постојат работни места кои се слободни, е многу потребни во овој момент. Фондот и МАПАС се институции кои имаат капацитет, потребни податоци, и потребен интерес кој директно задира во нивните приходи и во, дадената ситуација, обем на нивна одржливост. Со оглед на долгиот временски период во кој кризата опстојува и го диктира пазарот на труд, потребно е да се размислува за промената на моделот на субвенционирање на работните места. Мапирање на недостаток на работници со соодветни класификации кај определени индустрии, ќе покаже кон каде треба да се насочи државата со субвенциите кои ги нуди. На пример, доколку имате недостаток

на работници, во компании кои работат во информатичката индустрија (логички од причина што светот живее онлајн во моментот ) треба сите невработени лица кои имаат познавање, макар и основни од оваа индустрија да ги насочите кон работодавци кои нудат работни места во овој сектор. Бесплатно основање на компании или помош при потребната документација, е мерка за лица кои самостојно од дома работат како „ фриленсери “ со цел истите да се мотивираат да плаќаат придонеси. Иновациите и стартапите кои можат да понудат барем едно вработување на пазарот, заслужуваат внимание и субвенционирање. Прекомандата на работна сила од компании кои мораат да отпуштат вработени, кон компании кои имаат потреба од вработени со истите или слични класификации, е потребна. На тој начин нема ниту денар да се загуби од приходи по основ на придонеси кои ги има Фондот. Овој „вакуум “ период им дава шанса на институциите да создадат систем за во иднина со кој секое работно место ќе биде пополнето во реално време и со тоа да не се губат средства на име придонеси ниту еден ден. Ваквиот воспоставен систем е потребен за


Капитал број 1075 04.09.2020

50

СТАВ

Со оглед на долгиот временски период во кој кризата опстојува и го диктира пазарот на труд, потребно е да се размислува за промената на моделот на субвенционирање на работните места. Мапирање на недостаток на работници со соодветни класификации кај определени индустрии, ќе покаже кон каде треба да се насочи државата со субвенциите кои ги нуди. општо добро и на компаниите и на работниците, но и на државата. И овде Фондот за свое добро, мора да преземе улога на „ медијатор “ меѓу сите заинтересирани страни.

Ќе преживеат ли првиот и вториот столб ?

Вториот столб би требало да ја „ прележи „ Корона кризата без посебни поголеми проблеми. Со оглед на начинот на кој функционира и создава профит, се’ што е потребно е досегашните парични средства да ги вложи на сигурен пазар. А сигурни пазари и во време на корона постојат. Како што се банкарските депозити, кои нема да ја зголемат активата на столбот, но ќе ја држат стабилна, до државни обврзници кои се стабилен пазар, па се до акции во големи фармацевтски, информатички, и друг вид компании кои остваруваат огромни профити и во време на корона. Инвестициските фондови , како и пензиските фондови се исто пазар кој е стабилен и може да придонесе за зголемување на активните средства на компаниите кои раководат со паричните средства од вториот столб. Но за таа сметка државниот прв столб е во големо искушение. Прво, тој не е ликвиден. Едноставно во моментот за државата истиот претставува „ некорисен потрошувач “. Влече многу пари од Буџетот, а не придонесува за зголемување на парични средства во истиот. Второ, не постојат напори за ситуацијата да се промени. Со месеци и години наназад овој столб тоне се’ повеќе. Потребно е да се направат напори истиот да биде стабилен. Замислете ситуација во која би имало

намалување на 50.000 работни места, за кои нема да се плаќаат придонеси, а бројот на пензионери да остане ист. Приходите кои сам по себе ги генерира пензискиот систем ќе падна уште за околу 5%. Токму затоа улогата на Фондот, но и на МАПАС како државни институции, не треба да биде повеќе пасивна. Треба да поткренат иницијатива заедно со Агенцијата за вработување, да се потрудат ниту едно работно место да не биде непополнето. Но, и да покренат иницијатива за субвенционирање на ново отворени компании, испразнети работни позиции. Токму затоа и се даваат идеи во овој текст како истото да се постигне. Пасивноста на институциите кои раководат со првиот пензиски столб, во иднина, доколку оваа криза потрае, може навистина да доведе до ситуација на крах на пензискиот систем. Затоа потребно е да се размислува за многу алтернативи. Во време на криза не би се препорачало зголемување на процентот за придонеси (иако тој „ незабележително“ се зголемува постојано, со зголемувањето на минималната плата и зголемувањето на просечната плата, кои и покрај кризата сепак се зголемени). Ваква одлука би била дополнителен удар за приватните компании и би довела до дополнително губење на работни места. Но, зголемување на процентот на уплати во вториот столб, кој е далеку постабилен е можна варијанта. Овозможувањето на управување со повеќе парични средства на компаниите кои раководат со овие фондови, може да биде паметна одлука, доколку се изнајде модел тие

компании да одвојуваат определен процент од својата заработка за помош на првиот столб. Би имале вин – вин ситуација. Приватните компании повеќе пари за управување, со тоа и раздвижување на другите финансиски пазари, а од друга страна првиот столб со дотур на парични средства кои, прво би биле стабилни и постојани, второ не би биде од Буџетот. Вака теоретски воспоставениот систем би довел до предизвици и за првиот пензиски столб, но и за вториот пензиски столб. Би се раздвижиле финансиските пазари, би се пуштиле повеќе средства во оптек , да со нив работат професионалци, а државниот систем би остварувал првпат добивка од друга страна која не е Буџетот и би имал задача и обврска да менаџира паметно со тие парични средства, и за првпат би создал и свој приход, односно би заработил пари. Или попросто објаснето, државниот пензиски столб би се откажал, односно би вложил од своите пари, пример 3 % во приватниот втор пензиски столб, и би остварувал приход, односно добивка од тие пари, или уште попросто кажано, би купил удел во приватниот столб. Секако за оваа теорија да стане реалност и пракса, државата мора да гарантира за евентуални злоупотреби. Сепак отвореноста на пазарот и стабилноста на приватниот втор столб треба да се доволна гаранција. Еве може да се направи тест период од три месеци. И доколку е неуспешен да се задолжат компаниите од вториот столб да ги вратат во целост парите на првиот столб. Зошто да не пробаме? nnn




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.