1075- Kapital magazine

Page 8

www.kapital.mk

Капитал број 1075 04.09.2020

8

COVER STORY

Владата ветува и нов Закон за царинска тарифа и забрзано прилагодување (укинување и елиминирање и намалување на висината на царинските стапки царинските тарифи) во сооднос корелација со висината на царинските стапки во Заедничката царинска тарифаи на Европската Унија. Со ова ќе се постигнат пониски цени за домашните компании за суровините и репроматеријалите, правејќи ги компаниите поконкурентни за извоз.

Поддршката од Планот за економски раст ќе се зголемува за 25% секоја година

За поддршка на динамичниот раст зацртан во програмата, Владата најавува дека ќе обезбеди директна поддршка на домашните и странски инвестиции во износ од 300 милиони евра од домашните буџети и директна алокација на очекувани 300 милиони евра од европските фондови. Директната поддршка на домашните компании ќе се реализира преку Планот за економски раст и Законот за финансиска поддршка на инвестициите со авансно финансирање на технолошките и на иновативните потреби во функција на извозот во висина од 10% до 15% на проектираната инвестиција. Владата ќе го зголемува обемот на финансиска поддршка за домашните компании преку Планот за економски раст за 25% секоја година во однос на претходната. Во продолжение следат најзначајните точки од економската програма на новата влада, составена од министри предложени од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и ДУИ. u Воведување на т.н. развојна обврзница во следните шест месеци, за своевидно ко – инвестирање на граѓаните и бизнис секторот во иновативен развој на економијата. Целта ќе биде да се финансираат развојни проекти во кои има поврат на средства од приходи, односно намалување трошоци, поттикнување развој -

зголемување на продуктивност и модернизација на процесите на производство (инфраструктура, кофинансирање на инвестиции во приватен сектор, енергетска ефикасност и дигитализација на јавен сектор). u Постепена либерализација на инвестициските политики на приватните пензиски фондови во вториот и третиот столб на капитално финансираното пензиско осигурување. Анализата за овој процес ќе се изработи во соработка со меѓународна финансиска институција и/ или европски партнер (ЕИБ, Европска комисија) и треба да утврди оправданост и модел за постепено зголемување на износот на средствата (% од портфолио) што фондовите може да го вложуваат во проекти што имаат потенцијал за повисок поврат на средства. Таквиот пристап е директно поврзан и со воведувањето на моделот на „животни циклуси“ и воведување на ризично портфолио, кое за младите пензиски осигуреници ќе овозможи повисоки приноси на вложувањата и, второ, конзервативно, за постарите осигуреници кои се ориентирани кон понизок ризик. u Формирање на посебен еквити фонд во 2020 година, што треба да го стимулира влезот на странски инвестициски фондови во Македонија. Со еквити фондот е предвидено да управува друштво за управување со фондови, избрано

на меѓународен повик. Со условите за избор на друштво предвидено е, покрај средствата од државата, друштвото да вложи и сопствени, односно средства од приватни инвестициски фондови. u Данокот на добивка останува на ниво од 10% во целиот период 2020-2024 година, а се предвидува ослободување од овој данок при реинвестирање на добивката во 2021 г. како одговор на влијанието на ефектот од Ковид пандемијата. Персоналниот данок на доход се намалува на 0% во 2023 година за ИТ индустријата и тоа скалесто: 5% во 2021, 3% во 2022 и 0% во 2023. Персоналецот за останатите категории останува на 10%, но Владата не се откажува од воведувањето прогресивно оданочување, што треба да се случи преку инклузивен процес на разговори и креирање консензус за воведување на истото. Исто така, ќе се отвори процес на разговори за даночниот систем во поглед на соодносот меѓу директните и индиректните даноци, односно за соодносот на оданочување на имотот, доходот и потрошувачката според примерот на развиените земји и спецификите на нашата економија. Владата ветува понуда на осмислен систем на прогресивното оданочување на вкупните лични приходи, по претходно сериозна и детална анализа и јавна дебата, со фокус на реконфигурирање на концептот


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.