1088- Kapital magazin

Page 1

АЛКАЛОИД: ПУШТЕНА ВО ПОГОН НОВАТА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 11 МИЛИОНИ ЕВРА

business magazine

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1088

цена 100 ден. l 11 декември 2020 петок l година 21

Нобеловецот Мохамед Јунус отвори прв Центар за социјални бизниси на Економскиот факултет при УКИМ - Скопје www.kapital.mk

COVER STORY Двата брана на пандемијата направија „поплава“ во економијата што ќе „држи влага“ и догодина MЕДИУМИ Центрите за пропаганда не мируваат и во време на здравствена криза За дезинформациите нема вакцина!

INTERVIEW

Д-р МАЈА СТЕВКОВА ШТЕРИЕВА главен финансиски директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје

ВИСОКА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ И ФЛЕКСИБИЛНА ПОДДРШКА НА КЛИЕНТИТЕ ЗА ЗАЕДНО ДА СЕ СПРАВИМЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ПАНДЕМИЈАТА Свет: Пребрз оптимизам на пазарите за капитал?!


ЧАЈНА МЕШАВИНА КОЈА ПОВОЛНО ДЕЈСТВУВА ЗА ДЕТОКСИКАЦИЈА НА ОРГАНИЗМОТ

Чајната мешавина се состои од лист од нане, плод од бел трн, корен од глуварче, плод од сладок анасон, лист од магдонос, цвет од бозел, лист од орев, лист од мечкино грозје и сладок корен. Билките поволно дејствуваат за детоксикација на организмот и се препорачува чајот да се пие двапати на ден, незасладен.

www.goodnature.mk | www.facebook.com/GoodNatureMKD | www.instagram.com/goodnaturemk * Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.


СОДРЖИНА

Kapital... 1088 4

COVER STORY

12

Двата брана на пандемијата направија „поплава“ во економијата што ќе „држи влага“ и догодина

ИНТЕРВЈУ

Д-р Маја Стевкова Штериева

главен финансиски директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје

18

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

„Алкалоид“ пушти во употреба нови производни капацитети Реализирана е инвестиција вредна 11 милиони евра

26

МЕДИУМИ И ОПШТЕСТВО

Центрите за пропаганда не мируваат и во време на здравствена криза За дезинформациите нема вакцина!

22

ЕКОНОМИЈА

Erste Investors’ Breakfast Осма онлајн конференција во организација на Ерсте Банка и Шпаркасе Банка Македонија

COVER STORY Целосно економско закрепнување и надоместување на штетите дури во 2022 година ...........................................................4 Двата брана на пандемијата направија „поплава“ во економијата што ќе „држи влага“ и догодина ИНТЕРВЈУ Д-р Маја Стевкова Штериева главен финансиски директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје ....................................................12 Висока општествена одговорност и флексибилна поддршка на клиентите за заедно да се справиме со последиците од пандемијата

26

МЕДИУМИ И ОПШТЕСТВО

32

ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

Центрите за пропаганда не мируваат и во време на здравствена криза

Нобеловецот Мохамед Јунус го отвори првиот центар за социјални бизниси во Македонија

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ „Алкалоид“ пушти во употреба нови производни капацитети ...............................18 Реализирана е инвестиција вредна 11 милиони евра

ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ Нобеловецот Мохамед Јунус го отвори првиот центар за социјални бизниси во Македонија....................................................................32 „Да создадеме генерации претприемачи што ќе мислат на општото добро, а не само на профитот“

За дезинформациите нема вакцина!

ЕКОНОМИЈА Erste Investors’ Breakfast ...............................22 Осма онлајн конференција во организација на Ерсте Банка и Шпаркасе Банка Македонија МЕДИУМИ И ОПШТЕСТВО Центрите за пропаганда не мируваат и во време на здравствена криза ............................................26 За дезинформациите нема вакцина!

СВЕТ Пазари на капитал..................................................36 Пребрз оптимизам?! ЛИДЕРСТВО Менаџерски заблуди...........................................40 Не мора да сте први ЛИДЕРИ Карл Албрехт, основачот на трговскиот синџир Aldi..........44

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 10.12.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1088 11.12.2020

4

COVER STORY

ДВАТА БРАНА НА ПАНДЕМИЈАТА НАПРАВИЈА „ПОПЛАВА“ ВО ЕКОНОМИЈАТА ШТО ЌЕ „ДРЖИ ВЛАГА“ И ДОГОДИНА

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

ЦЕЛОСНО ЕКОНОМСКО ЗАКРЕПНУВАЊЕ И 5 НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ШТЕТИТЕ ДУРИ ВО 2022 ГОДИНА ИЗБОРИ 2020

Макроекономските податоци што ја отсликуваат ситуацијата во економијата, се запрепастувачки. Во вториот квартал годинава, периодот од април до јуни кога вирусот забрзано се прошири а властите воведоа полициски час во обид да се запре ширењето на заразата, имаме историски најдлабок пад на бруто домашниот производ (БДП) од 14,9%. Потоа во текот на летните месеци, кога се почувствува одредено релаксирање, очигледно е и ублажувањето на економскиот пад на 3,3%. Меѓутоа, вториот бран на пандемијата повторно покажа „заби“ од октомври, па евидентирано е намалување на индустриското производство од 5,2%, што е повторно продлабочување споредено со месецот претходно. Првичните податоци покажуваат дека и во овој квартал продолжува намалената инвестициска активност и послабата приватна потрошувачка. Загрижувачка дисторзија има на пазарот на труд, каде што заклучно со октомври, бројот на невработени годинава е зголемен за речиси 52 илјади луѓе. Но, како што објаснуваат од Агенцијата за вработување, бројот на граѓани што на сопствена кожа ја почувствувале корона – кризата и добиле отказ е 15.858. Сумирано, се проценува оваа година да заврши со пад на економската активност од 4,9% според последните прогнози на Народната банка, до најмногу 5,4%, колку што прогнозира Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

6

COVER STORY

Според прогнозите на Народната банка, ќе има пад кај сите компоненти на БДП во 2020 година, освен кај јавната потрошувачка, и тоа најголем пад кај бруто -инвестициите од 12,8% во услови на намалени странски директни инвестиции и послаби домашни инвестиции од страна на приватниот и јавниот сектор; потоа намалување на личната потрошувачка за околу 4% во услови на пад на расположливиот доход на населението, при неповолни поместувања на пазарот на труд и помали приватни трансфери, но и поголема воздржаност од потрошувачка; извозот ќе забележи пад од 11,7%, поради намалена странска побарувачка и привремен застој во глобалните синџири на снабдување; а намалената лична и инвестициска побарувачка, заедно со падот на извозот ќе доведат и до помали увозни притисоци, односно увозот ќе се намали за околу 12%.

пишува:

Александар Јанев

С

aleksandar.janev@kapital.mk

Сурови се последиците што ги направи пандемијата со коронавирусот годинава, мерени преку огромниот број на заразени и починати граѓани досега, но и низ призмата на најбитните макроекономски индикатори што ја отсликуваат економската состојба. Податоците што ни се досега познати, се запрепастувачки. Во вториот квартал годинава, периодот од април до јуни кога забрзано се прошири вирусот а властите воведоа полициски час во обид да се запре ширењето на заразата, имаме историски најдлабок пад на бруто домашниот производ (БДП) од 14,9%. Потоа во текот на летните месеци, од јули до септември, кога се почувствува одредено релаксирање и низ извештаите на Министерството за здравство кое на дневна основа не информираше за бројот на новозаразени и починати, соодветно на тоа и олабавувањето на рестриктивните мерки, очигледно е и ублажувањето на економскиот пад на 3,3%. Меѓутоа, вториот бран на пандемијата повторно покажа „заби“ од октомври, па иако властите одолеаја на

воведување локдаун како најголем број од земјите во светот, сепак, економските резултати се влошуваат главно како последица на огромна воздржаност и на бизнис секторот да инвестира, но и на граѓаните помалку да трошат. Со оглед на тоа што податоците за движењето на БДП последниот квартал од годинава, ќе се знаат дури следната година, неколку показатели навестуваат дека наместо очекуваното благо закрепнување, сосема извесно е дека ќе продолжи трендот на намалување на економската активност со пад од околу 2%. Кон тоа упатува намалувањето на индустриското производство, кое во октомври бележи пад од 5,2%, што е повторно продлабочување споредено со месецот претходно. Надворешната трговска размена, пак, во октомври бележи одредено закрепнување, со раст од 2,3%, при зголемување на извозот за 5,6% и намалување на увозот за 0,1%. Меѓутоа, првичните податоци покажуваат дека и во овој квартал продолжува намалената инвестициска активност и послаба приватна потрошувачка. Загрижувачка дисторзија има на пазарот на труд, каде што заклучно со октомври, бројот на невработени годинава е зголемен за речиси 52 илјади луѓе. Но, како што објаснуваат од Агенцијата за вработување, бројот на граѓани што на сопствена кожа ја почувствувале корона – кризата и

добиле отказ, е 15.858, а вкупниот број на невработени бил зголемен поради поголем интерес за пријавување во Агенцијата од страна на невработените поради спроведување на социјални реформи односно право на одредена социјална помош, а имало и граѓани што се вратиле од странство и останале, па биле исто така евидентирани како нови невработени. Сумирано, се проценува оваа година да заврши со пад на економската активност од 4,9% според последните процени на Народната банка, до најмногу 5,4%, колку што прогнозира Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Според прогнозите на Народната банка, ќе има пад кај сите компоненти на БДП во 2020 година, освен кај јавната потрошувачка, и тоа најголем пад кај бруто -инвестициите од 12,8% во услови на намалени странски директни инвестиции и послаби домашни инвестиции од страна на приватниот и јавниот сектор; потоа намалување на личната потрошувачка за околу 4% во услови на пад на расположливиот доход на населението, при неповолни поместувања на пазарот на труд и помали приватни трансфери, но и поголема воздржаност од потрошувачка; извозот ќе забележи пад од 11,7%, поради намалена странска побарувачка и привремен застој во глобалните синџири на снабдување; а намалената лична и инвестициска побарувачка, заедно со падот на извозот ќе доведат и до помали увозни притисоци, односно


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

7

АНИТА АНГЕЛОВСКА БЕЖОСКА

ФАТМИР БИТИЌИ

Согласно со тековните оцени, последиците од кризата ќе се чувствуваат и во 2021 година, додека целосно закрепнување и надоместување на економските загуби се очекува во текот на 2022 година. Макроекономското сценарио и ризиците околу него во најголема мерка се условени од развојот на здравствената криза во глобални рамки, односно од справувањето со пандемијата и нејзините последици врз однесувањето и очекувањата на економските субјекти.

Остануваме на проекциите дека крајот на годината ќе биде со пад од 4,4%. На неколку наврати кажав дека индустриското производство е во нагорна линија во смисла на закрепнување. Не може да очекуваме, кога имаме над 30% пад во вториот квартал, да имаме нагло одење во позитива во третиот квартал. Мислам дека се движиме во правец кој ни дава надеж дека следната година ќе можеме да имаме подобар старт.

гувернерка на Народната банка

вицепремиер за економски прашања

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ САМО 1,6% ОД БДП

С

транските директни инвестиции годинава ќе бидат забавени на ниво од 1,6% од БДП, а за догодина се очекува постепено стабилизирање на 3% од БДП, односно враќање на преткризното ниво. „Странските директни инвестиции пред кризата во просек изнесуваа некаде околу 3,3% од БДП. Оваа година очекуваме значајно забавување на странските директни инвестиции на ниво некаде околу 1,6% во услови на овој нов контекст и веќе од наредната година очекуваме постепено стабилизирање на странските инвестиции и постепено враќање на преткризното ниво. Така што, за наредната година очекуваме прилив на странски директни инвестиции од околу 3% од БДП, а потоа постепено зголемување на нивното учество во БДП на среден рок од 3,5%“, појасни гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска. Според неа, ова е очекувано бидејќи ако се вратиме наназад при секоја кризна епизода инвестициите се еден од најзначајните пунктови каде што најмногу доаѓаат до израз неповолните ефекти од кризните состојби. „За наредните две години очекуваме постепено стабилизирање на инвестициите односно поповолни трендови и во глобални рамки се очекува попозитивен амбиент закрепнување. Очекуваме и раст на странските директни инвестиции, имајќи ги во предвид стапките на ММФ за стабилни финансиски пазари и поповолни очекувања на меѓународните инвеститори“, наведе гувернерката на Народната банка. Таа очекува инвестициската активност во наредните две години да биде поддржана и од засилениот инфраструктурен циклус од страна на државата

со проекциите во Предлог буџетот на државата, како и солидната кредитна поддршка која што, потенцираше, исто така е многу значаен сегмент. Според неа, тешко е да се кажат очекувањата за натамошна стабилизација на финансиските пазари бидејќи пазарите реагираат на многу фактори. „Меѓутоа, засега барем ММФ во рамки на своите среднорочни макроекономски проекции очекува финансиските пазари да се задржат на стабилно ниво, односно да нема позначајно затегнување на условите на финансиските пазари што во голема мера го врзуваат и со нивната препорака дека носителите на политките и натаму треба да обезбедуваат поддршка на економската активност“, истакна Ангеловска Бежоска.


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

8

COVER STORY

Иако веќе сите одбројуваме и со душа чекаме да заврши оваа година, за жал, тешко веројатно е дека нешто драстично ќе се измени само со календарската промена на годината. Она на што се крстат и економистите, не само лекарите, е одобрувањето на вакцината против коронавирусот и масовна имунизација на почетокот на следната година како предуслов за враќање во нормала на општествата. увозот ќе се намали за околу 12%. „Се работи за синхронизирана економска криза којашто истовремено ги погодува речиси сите економии во светот и се очекува дека само околу 26 земји ќе имаат мала позитивна стапка на економски раст. Се работи за криза којашто за разлика од големата економска криза од 2008 година не е резултат на слаби економски фундаменти или слабости на финансискиот систем, туку е здравствена криза којашто брзо се прелеа во реалниот сектор. Општо земено, правиме надолна ревизија на економските проекции при понеповолно надворешно окружување, односно поизразен пад на странската побарувачка оваа година и зголемена неизвесност и од домашното окружување со појавата на вториот бран на коронавирусот, којшто се очекува да има продолжени економски ефекти врз потрошувачката и приватните инвестиции и во првата половина на наредната година“, истакна гувернерката Анита Ангеловска Бежоска. Според процените на Народната банка, се очекува дека странската побарувачка за нашите стоки и услуги ќе се намали за 6,3% оваа година што е подлабок пад и од 2008 во екот на

финансиската криза, а потоа НБМ очекува раст во наредните 2 години од 4,6% и 3% во 2021 и 2022 година, соодветно. „Надолната корекција за оваа година се објаснува со послабите очекувања кај речиси сите наши значајни трговски партнери, при најголем придонес од германската економија, којашто е наш најзначаен трговски партнер. Ризиците за проекциите за растот на странската побарувачка се главно надолни, условени од времетраењето на пандемијата, мерките за справување со вирусот, како и брзината на враќање на довербата и стабилизирање на очекувањата“, потенцираше Ангеловска Бежоска.

Надежите во новата година и во вакцината

Иако веќе сите одбројуваме и со душа чекаме да заврши оваа година, за жал, тешко веројатно е дека нешто драстично ќе се измени само со календарската промена на годината. Она на што се крстат и економистите, не само лекарите, е одобрувањето на вакцината против коронавирусот и масовна имунизација на почетокот на следната година како предуслов за враќање во нормала на општествата. „Побрзиот напредок во третманот на коронавирусот, како и во развојот на

вакцина се фактори на оптимистичката страна. Доколку заканата од коронавирусот се надмине побрзо од очекуваното, зајакнатата доверба би можела значително да ја поттикне глобалната економска активност“, оценува Народната банка. Според нивните процени, на среден рок се предвидува постепено, но поумерено закрепнување со стапки на раст од 3,9% во 2021, 3,6% во 2022 и 4% во 2023 година. Оваа патека на раст значи дека економијата би се вратила на преткризното ниво во текот на 2022 година. „Согласно со тековните оцени, последиците од кризата ќе се чувствуваат и во 2021 година, додека целосно закрепнување и надоместување на економските загуби се очекува во текот на 2022 година. Макроекономското сценарио и ризиците околу него во најголема мерка се условени од развојот на здравствената криза во глобални рамки, односно од справувањето со пандемијата и нејзините последици врз однесувањето и очекувањата на економските субјекти. Засега, имајќи предвид дека ковид - шокот е од неекономска природа, не се очекува тој да има позначителни


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

9

НЛБ Потрошувачки кредити

Кога е вистинското време да земете кредит? Аплицирајте за НЛБ Потрошувачките кредити без трошоци за одобрување и фиксна каматна стапка за првите 35 месеци, по повод 35 години НЛБ Банка! Понудата трае до 31-ви декември! • Брза и едноставна процедура. • Поволни услови. • Бесплатна Visa Classic или Mastercard Standard кредитна картичка.

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600

ПРИМЕР ЗА ПРЕСМЕТКА ЗА ВИОЛЕТОВ ПЛУС ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ Износ: 600.000 МКД, каматна стапка 5,2% фиксна за првите 35 месеци (СВТ: 6,65%), рок на отплата 120 месеци, 0% манипулативни трошоци, 600 МКД трошок за апликација, месечен ануитет: 6.422 МКД, вкупен износ за враќање: 793.062 МКД. *Каматната стапка од 5,2% е фиксна за првите 35 месеци, за остатокот од периодот каматната стапка е варијабилна и во моментот изнесува 6,41% (НРКС + 5% фиксен додаток). Висината на НРКС (национална референтна каматна стапка) се утврдува на месечно ниво и истата се објавува на веб страната на НБРСМ секој 25-ти во месецот. **Во пресметката за СВТ кај Виолетовиот плус потрошувачки кредит е вклучен износот на Ризико полисата.


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

10

COVER STORY

ефекти врз долгорочниот потенцијал за економски раст“, истакна гувернерката Ангеловска Бежоска. Закрепнувањето на економската активност во 2021-2022 година се очекува да биде поддржано и од домашната побарувачка, во услови на стабилизирање на пазарот на труд, континуитет на кредитните текови, зголемување на довербата, како и натамошна фискална поддршка на потрошувачката, а особено на инвестициите. Воедно, импулс врз растот се очекува и од извозниот сегмент, којшто релативно брзо закрепнува, поддржан од брзото реактивирање на глобалните синџири на производство, а во следниот период и од закрепнувањето на странската побарувачка.

Оптимизмот е кај властите

Сè паѓа, освен јавната потрошувачка. Властите преку контрациклична фискална политика, односно зголемено трошење се обидуваат да ги ублажат последиците од корона – кризата. Јавната потрошувачка во третиот квартал е зголемена за дури 13,5% со што е ублажен падот кај финалната потрошувачка, а во исто време и поради зголемувањето на јавните капитални инвестиции, статистички е регистриран раст на бруто инвестициите во овој период од 4,2%. Досега се донесени четири пакети

антикризни мерки, кои според проценките вредат околу една милијарда евра. Меѓутоа, како што информираше вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, досега се реализирани околу 300 милиони евра. Економските трендови годинава не се изненадувачки за вицепремиерот Битиќи туку очекувани. Тој вели дека Владата уште во април најавила дека ова ќе биде година во рецесија, и не само кај нас туку и во најголем дел од земјите во Европа. „Остануваме на проекциите дека крајот на годината ќе биде со пад од 4,4%. На неколку наврати кажав дека индустриското производство е во нагорна линија во смисла на опоравување. Не може да очекуваме, кога имаме над 30% пад во вториот квартал, да имаме нагло одење во позитива во третиот квартал. Мислам дека се движиме во правец кој ни дава надеж дека следната година ќе можеме да имаме подобар старт“, изјави вицепремиерот Битиќи. Дел од оптимизмот се должи и на остварувањето во поглед на вакцините за што информираше дека за набавка на вакцините за ковид -19, обезбедени се околу 8,4 милиони евра, а доколку има потреба за дополнителни дози, ќе бидат обезбедени дополнителни средства.

„За првпат во државата ќе имаме ситуација во која поголем број на лица ќе треба да се вакцинираат. Над 400 илјади луѓе ќе се вакцинираат. Имаме донесено одлука за достапност на средства за набавка на вакцини околу 8,4 милиони евра. Остануваме на ставот дека ќе најдеме средства, доколку се потребни за дополнителен број вакцини во наредниот период“, рече Битиќи. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, пак, истакна дека и покрај негативниот економски резултат во третото тримесечје, се гледа тенденција на подобрување. „Бруто - инвестициите и јавната потрошувачка, по остриот пад во второто тримесечје, забележуваат раст, што укажува на тоа дека антикризните мерки кои се преземаат даваат резултати“, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими. Бесими посочи дека и во наредниот период ќе продолжат да се спроведуваат мерките од четвртиот пакет со кој ќе се даде поддршка на стопанството, како финансиската поддршка на работодавачите за исплата на плати, бескаматната кредитна линија со грант компонента, но и државната гарантна шема кои ќе обезбедат подобар пристап до финансии. nnn

business magazine

ИЗВЕСТУВАЊЕ Ве известуваме дека 37. сесија на Клубот на истражувачите ќе се одржи на 17 декември 2020 година (четврток) со почеток во 14 часот, преку видеоконференциска врска на е-платформата „Вебекс“. На сесијата ќе бидe презентиран трудот:

• „Влијанието на капиталните текови врз домашните инвестиции во избран примерок од земји во транзиција“, од Весна Стојчевска и Тијана Анѓелковска. Сите заинтересирани за учество на оваа сесија на Клубот на истражувачите можат да го најават своето учество најдоцна до 16 декември 2020 година (среда) на е-адресата: info@nbrm.mk. По најавата на учеството, на сите пријавени учесници ќе им бидат испратени информации за најава на е-платформата на која ќе се одржи сесијата. Зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.



Капитал број 1088 11.12.2020

12

ИНТЕРВЈУ

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

13

Д-Р МАЈА СТЕВКОВА ШТЕРИЕВА ГЛАВЕН ФИНАНСИСКИ ДИРЕКТОР И ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

ВИСОКА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ И ФЛЕКСИБИЛНА ПОДДРШКА НА КЛИЕНТИТЕ ЗА ЗАЕДНО ДА СЕ СПРАВИМЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ПАНДЕМИЈАТА Остварените резултати секоја година ја рангираат Комерцијална банка во самиот врв на македонскиот банкарски сектор. Банката ја гради својата лидерска позиција преку професионално, стручно и одговорно работење, континуирана финансиска поддршка за раст и развој на компаниите и понуда на иновативни производи и услуги креирани согласно потребите на клиентите. Инвестициите во технолошката инфраструктура на Банката го доведоа дигиталниот свет на банкарски услуги сè поблиску до граѓаните и компаниите. А, помошта и поддршката што ја дава Комерцијална банка за општеството придонесоа за унапредување и подобрување на образовниот процес, здравствениот сектор, културата, уметноста. Наградата „Банка на годината“ е доказ дека се движиме во вистинската насока.


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

14

ИНТЕРВЈУ

Тоа што Комерцијална банка го добива признанието „Банка на годината за 2020“ токму во оваа неверојатно тешка година нè прави особено горди. Комерцијална банка уште еднаш покажа дека е поим за стабилност и незаменлив економски фактор за напредок во нашата земја.

разговара:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

K

Комерцијална банка АД Скопје деновиве по осми пат го доби признанието „Банка на годината“ од страна на престижниот магазин „The Banker“.За оваа награда, која се смета за „стандард за банкарска извонредност“, магазинот The Banker (издание на Financial Times), разгледува широк спектар на критериуми. Наградата се доделува на банките кои покажале успешни финансиски резултати, успех во целокупната деловна стратегија со кој оствариле конкурентска предност, унапредување и развој на технологијата и на производите и услугите, како и соодветен одговор на кризата наметната од Covid-19.

Со главниот финансиски директор и член на Управниот одбор, д-р Маја Стевкова Штериева разговаравме за повеќе нешта: околу тоа како Комерцијална банка се справи со предизвиците наметнати од корона – кризата годинава, за тоа какво влијание имаше пандемијата врз динамиката на кредитирање и депозити, но и врз развојот на дигиталното банкарство, како и за активностите што беа преземени од банката во областа на општествената одговорност. XКажете X ни за почеток, што значи за вас како банкарска институција оваа најнова награда од The Banker? Тоа што Комерцијална банка го добива признанието „Банка на годината за 2020“ токму во оваа неверојатно тешка година нè прави особено горди. Комерцијална банка уште еднаш покажа дека е поим за стабилност и незаменлив економски фактор за напредок во нашата земја. Наградата „Банка на годината“, која ја доделува престижниот магазин „The

Banker“ од Лондон, ја добиваме по осми пат, но сега ни е доделена во година која е по многу нешта различна од која било друга. Соочувајќи се со предизвиците од пандемија од досега невидени размери, Комерцијална банка успеа да ги заштити своите вработени, веднаш да им излезе во пресрет на клиентите, а притоа да забележи одлични деловни резултати, и уште поважно, да покаже лидерство преку несебична помош за медицинските херои во првите борбени редови. Остварените резултати секоја година ја рангираат Комерцијална банка во самиот врв на македонскиот банкарски сектор. Банката ја гради својата лидерска позиција преку професионално, стручно и одговорно работење, континуирана финансиска поддршка за раст и развој на компаниите и понуда на иновативни производи и услуги креирани согласно потребите на клиентите. Инвестициите во технолошката инфраструктура на Банката го доведоа дигиталниот свет на банкарски услуги сè поблиску до


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

15 КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА E ЛИДЕР ВО ПОДДРШКА НА ЗДРАВСТВОТО И ОБРАЗОВАНИЕТО XКои X беа најзначајни активности во делот на општествената одговорност што ги спроведе Комерцијална банка со цел поддршка на државата и економијата во ваквите услови? Општествената одговорност со години е императив во деловните политики на Комерцијална банка АД Скопје, а секоја година се надградува со нови проекти и нови предизвици, кои придонесуваат Банката да биде признаена и прифатена во општеството како одговорен деловен субјект. Со оглед на тоа што пандемијата од вирусот Covid-19 предизвика криза од досега невидени размери, Комерцијална банка годинава ја продолжи својата лидерска мисија во сферата на општествена одговорност на највисоко ниво, помагајќи ги сегментите на заедницата кои имаа најголема потреба од поддршка, како што се здравството и образованието. За потребите на македонското јавно здравство Банката годинава обезбеди вкупна помош во износ од 590.000 евра. Во март, дониравме медицински заштитни маски за лице во вредност од околу 1.198.750,00 денари, обезбедивме финансиска помош - донација во износ од 6.150.000,00 денари за потребите на Министерството на здравство и дополнителни 8.220.000,00 денари за вработените во Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби Скопје и Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија. Со најновата донација, во вредност од 20.700.855,00 денари, за потребите на јавните здравствени установи Комерцијална банка обезбеди две амбулантни возила за Итна медицинска помош, 280 кислородни концентратори наменети за континуирана кислородна терапија на пациенти со хронични белодробни заболувања, 7.000 брзи тестови за утврдување на присуство на вирусот Covid-19, 120 реагенси за тестови, како и маски за неинвазивна вентилација за еднократна и повеќекратна употреба. Во март годинава, Комерцијална банка АД Скопје однапред изврши плаќање на своите месечни обврски по основ на аконтативно плаќање на данокот на добивка за 2020 година. Со тоа е веднаш исплатен вкупен износ од 120.000.000,00 денари, наместо вообичаената исплата преку месечни аконтативни износи. Со ваквата одлука, Банката придонесе

за поголема ликвидност на државата и нејзиниот буџет, со цел поголем капацитет на државните органи за обезбедување на сите потребни мерки и активности за заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување континуитет во функционирањето на виталните процеси во општеството. Комерцијална банка оваа година одлучи и наместо за репрезентативен материјал по повод Новогодишните празници да одвои средства за донација на 46 лаптопи на ученици. Со тоа, Банката, како општествено одговорна компанија, во услови на глобална пандемија го даде својот придонес и за обезбедување достапно и квалитетно образование на деца кои досега немаа таква можност. Ова не е првпат Комерцијална банка да го поддржува образовниот процес во земјава. Досега се донирани стотици

компјутери за потребите на повеќе училишта. Во услови на ограничен пристап на учениците до наставните процеси, Комерцијална банка успеа над 500 средношколци од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје да им пренесе практични вештини и знаење на теми од суштинско значење за нивното образование, идно вработување и градење здрави финансиски навики. Онлајн предавањата беа одржани во рамките на Програмата на училиштето за феријална практика, која пак е задолжителен елемент од наставната програма во дуалното стручно образование. Таа дава можност сите ученици кои ја следат да се запознаат и да стекнат знаења и вештини во одредено подрачје, директно пренесени од определен работодавец.


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

16

ИНТЕРВЈУ

граѓаните и компаниите. А, помошта и поддршката што ја дава Комерцијална банка за општеството придонесоа за унапредување и подобрување на образовниот процес, здравствениот сектор, културата, уметноста. Наградата „Банка на годината“ е доказ дека се движиме во вистинската насока. XКои X беа најголеми предизвици за банката годинава во контекст на ковид - кризата и како се справивте со нив? Секако еден од првите предизвици со кој се соочивме на самиот почеток на кризата беше како да се обезбеди непречен технолошки процес и при тоа да се сочува здравјето на вработените и на клиентите во услови кога никој не знаеше како точно се однесува вирусот. Ние во банките редовно тестираме евентуални прекини на работа поради различни причини, пад на компјутерски системи, елементарни непогоди, имаме секундарни локации за компјутерските системи, работиме стрес-тестирања на економските параметри. Но, се покажа дека и тоа не е доволно со оглед дека досега никогаш никој не помислил што ако човечкиот фактор, ресурсот вработени е оневозможен да функционира. Да се потсетиме дека на почетокот на кризата работа од дома беше нешто ново, набавките на лаптопи беа ограничени, се’ уште имаше дилеми околу носењето маски. Од сегашна перспектива може да оценам дека одлично се справивме со целиот предизвик на континуитет на работењето во услови на пандемија. Што се однесува до влијанието врз клиентите на Covid-19, најголемо влијание имаше врз корпоративниот сектор, каде ја намали или оневозможи исплатата на плати, што посредно се одрази и на секторот население. Несаканите економски ефекти од Covid-19 беа ублажени преку воведените промени во отплатата на кредитните обврски на граѓаните и на компаниите (вклучувајќи и мораториум во отплатата на обврските на одреден период), со цел да им го олесниме финансискиот товар со кој се соочуваат или би можеле да се соочат. Комерцијална банка, исто така, понуди и потрошувачки кредити со променети услови, а одобривме и нови корпоративни кредити за покривање на потребите за ликвидност на компаниите. Со оглед на тоа што најголемата закана од вирусот Covid-19 е за здравјето на граѓаните, Банката воведе безбедни процедури за онлајн аплицирање со цел да излезе во пресрет на потребите на клиентите и притоа да ги заштити не само од непотребно изложување на финансиски ризик, туку да им понуди и безбедно и ефикасно извршување на банкарските трансакции без загрозување на нивното здравје. Со цел стимулирање на граѓаните за поголемо користење на предностите на електронското и мобилното банкарство

и избегнување на физичко присуство во Банката, Комерцијална банка им овозможи нивно бесплатно користење, а го зголеми и лимитот за бесконтактни трансакции. XКако X се движеше динамиката на кредитирањето и депозитите во услови на наметнатата криза? Податоците заклучно со септември покажуваат дека банката бележи раст и во двата сегменти, односно раст е забележан и во кредитирањето и кај депозитите. Имено, растот на кредитите и побарувањата од други комитенти со споменатиот датум изнесува 9,9%, додека во делот на депозитите изнесува 6,9%. Ова се сосема солидни податоци ако се земе предвид во какви околности се остварени. Сепак мора да се има предвид важечкиот мораториум на отплата на кредити, кој се уште беше во сила со септември и кој што има влијание на перцепциите за ризик во корпоративниот сектор. Тоа што е важно во делот на кредитирањето е неизвесноста околу понатамошниот развој на пандемијата, работењето на компаниите и нивните резултати во понатамошниот период и, што е најважно, нивната способност да ги сервисираат обврските по завршувањето на мораториумот. Комерцијална банка, како и повеќето од банките во Македонија, од 01.10.2020 направи ново продолжување на олеснетите услови за сервисирање на обврските, при што тоа беше направено врз основа на селективен пристап за најпогодените субјекти, физички и правни лица. Во таа смисла ефектите од кризата врз способноста за сервисирање на обврските и капацитетот на компаниите, па и физичките лица опфатени со второто одложување на отплатите, ќе се видат дури наредната година кога ќе започне отплатата. Во изминатиот период, менаџментот на банката настојуваше да обезбеди квалитетен баланс меѓу поддршката на клиентите и управувањето со ризиците со цел истовремено да обезбеди одржлива профитабилност и стабилност на банката. XКомерцијална X банка ја доби и првата инвестициска анализа од консултантската компанија WOOD&Company, што претставува и прва изработена инвестициска анализа воопшто за македонско акционерско друштво во рамките на регионалниот проект на Европската банка за обнова и развој. Како ја коментирате анализата? Дополнителна потврда за доброто работење на банката, но, што е уште поважно, за нејзините идни перспективи во изминатиот период дојде и преку објавената инвестициска анализа во рамките на регионалниот проект

којшто го иницираше Македонска берза со помош на ЕБРД. Реномираната инвестициска компанија Wood Investments во својата јавно објавена анализа за Комерцијална банка излезе со препорака за купување на акциите на банката и со прогноза за ценовен таргет над моменталната пазарна цена. Секако, за истакнување е и постигнатиот финансиски резултат на банката во првите девет месеци од 2020 година, кој изнесува 1.310,6 милиони денари, што е 0,8% повеќе во однос на ланската добивка во истиот период и 89,1% од планираната добивка. XКолку X пандемијата, можеби побрзо од очекуваното, го забрза процесот на дигитализација, и во делот на банкарското работење, но и на страната на корисничкото искуство? Неспорна вистина е дека пандемијата го забрза процесот на дигитализација и можеме само да бидеме благодарни што ја имаме привилегијата да се поврзуваме компјутерски или со мобилни телефони, да работиме и комуницираме виртуелно и при тоа сите активности да се одвиваат непречено. Според јавно достапните податоци на ниво на банкарски систем, во првата половина на 2020, споредено со истиот период претходната година, може да се забележи значајна промена во учеството на електронски наспроти хартиени налози во платниот промет од 3 процентни поени во полза на електронските трансфери. Во истиот извештаен период, плаќањата преку мобилен телефон се зголемени за над 50%, а вкупните плаќања со платежни картички за 11%. Често во разговор како илустрација за користа од дигитализацијата на соговорниците им велам да замислат како ќе изгледаа банкарските експозитури и филијали и дали некој ќе можеше да се справи со гужвите пред просториите на банките ваква криза да се случеше пред 20 години. Не само што нема да се одвиваа работите како сега, туку и жртвите од пандемијата ќе беа многу побројни. Во целата оваа несреќа која го снајде човештвото, среќа е што во многу области вработените може да работат од дома, а работниот процес да се одвива нормално. Дигитализацијата целосно ги задоволува потребите на еден голем дел од клиентите, а сметам дека корисничкото искуство е на многу високо ниво. XКолку X се променија навиките на клиентите, имаше ли значаен пораст на користење на е банкарство и останатите дигитални услуги? Како што истакнав, секојдневно забележуваме зголемување на примената на дигиталните услуги од страна на нашите клиенти и можам да кажам дека тоа е присутно во сите дигитални канали, е - банкарство,


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

17

Податоците заклучно со септември покажуваат дека банката бележи раст и во двата сегменти, односно раст е забележан и во кредитирањето и кај депозитите. Имено, растот на кредитите и побарувањата од други комитенти со споменатиот датум изнесува 9,9%, додека во делот на депозитите изнесува 6,9%. Ова се сосема солидни податоци ако се земе предвид во какви околности се остварени. Сепак мора да се има предвид важечкиот мораториум на отплата на кредити, кој се уште беше во сила со септември и кој што има влијание на перцепциите за ризик во корпоративниот сектор. м - банкарство, картично работење, плаќање со мобилни телефони. За жал, ние се уште сме сведоци на клиенти кои едноставно не можат да ги прифатат новите начини на работење, иако картичното работење воопшто не е ново, и кои едноставно чувствуваат дека мора да дојдат во банка. Тука влегуваат пензионерите, пред се, но и голем број други корисници, кои не само што не ги употребуваат основните дебитни картички за подигнување пари од банкомат, туку и не помислуваат да плаќаат со картички при купување во трговија. Тоа е всушност и објаснувањето за бројните гужви пред банките во време на исплата на пензии, како и исплата на социјална помош. Ние во Комерцијална банка во минатото се обидовме преку поединечни акции да ја подигнеме свеста за употребата на картички на банкомати, особено кај пензионерите, но и покрај обидите со физички пример

да им се покаже поединечно како тоа функционира беше забележан отпор и незаинтересираност. Сакам да верувам дека сме на добар пат во процесите на дигитализација, дека можеби во одредени сегменти процесот е бавен, но најважно е дека општата свест за овој процес е на повисоко ниво и дека и покрај високата цена која банките ја плаќаат во овој процес на никого не му е ни на крај памет да го намали ангажманот и посветеноста во оваа насока. XКолку X пропаѓањето на една од помалите банки што се случи годинава, може да биде опасност за целокупната стабилност на банкарскиот сектор, со оглед и на предизвиците наметнати од самата ковид - криза? Банкарскиот систем е во одлична кондиција. Отворањето стечај на Еуростандард банка треба уште еднаш да не’ потсети на нешто што

во јавноста понекогаш се заборава. Деловните универзални банки, а такви се сите банки во нашата земја, работат со средства на депонентите и една од нивните главни функции претставува не само тие средства да се пласираат како кредити, туку и тие кредити редовно да се наплатуваат и во секој момент кога депонентите ќе ги побараат своите пари, истите да се исплатат на сопствениците. Поради тоа кога се критикуваат банките дека не кредитираат во обем кој го посакуваат барателите на кредити мора да се има предвид дека банките го проценуваат и мерат ризикот тие кредити да не бидат вратени. Верувам дека ова е еден поединечен инцидент и дека банкарскиот систем и во иднина ќе продолжи да се развива во модерен и стабилен систем, кој што квалитетно ја извршува својата улога во економските текови. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

18

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

„АЛКАЛОИД“ ПУШТИ ВО УПОТРЕБА НОВИ ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ

РЕАЛИЗИРАНА Е ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 11 МИЛИОНИ ЕВРА Новите производни капацитети за цврсти фармацевтски форми се простираат на површина од 7.000 м2 и се изведени во согласност со строгите прописи за Добра производствена пракса.

пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

П

Посветеноста на постојаниот раст и развој, следењето на трендовите и најновите достигнувања во сферата на фармацијата се главните причини поради кои во изминативе две децении „Алкалоид“ АД Скопје се задржа на курсот на континуирано инвестирање, вложувајќи

преку 200 милиони евра. Во таа насока се и инвестициите во новите производствени капацитети, изведени во согласност со строгите барања за Добра производствена пракса (GMP). Три и пол милиони евра од инвестицијата беа наменети за целосно технолошко подготвување на Одделението за пакување цврсти форми, со површина од 2.000 м²; 5,2 милиони евра беа искористени за техничко -технолошко опремување, а 2,3 милиони евра чинеше изградбата на два нови ката наменети за


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

19 производство на цврсти фармацевтски форми и придружен простор за техничко - технолошка опрема, со вкупна површина од 5.000 м². Целта на оваа инвестиција и идните вложувања во овој оддел се во насока на зголемување на производствените капацитети на цврсти фармацевтски форми за 50%. Поради специфичноста на процесите и поради пандемијата, примопредавањето на новите капацитети церомонијално го спроведоа г-ѓа Милкица Глигорова, директор на производствениот сегмент на ПЦ Фармација, и г. Живко Мукаетов, генералeн директор/претседател на Управниот одбор на компанијата, во присуство на членови на високиот менаџмент на „Алкалоид“ АД Скопје. „Осум месеци по започнувањето на оваа капитална инвестиција пандемијата го парализираше светот. Работевме во вонредни услови без да ги попречиме тековните производствени процеси. И покрај сите објективни и субјективни предизвици во изминатиов период, особено сме горди што на прагот на годината на нашиот 85-годишен јубилеј предаваме во употреба уште еден комплетиран инвестициски проект. По истиот курс ќе продолжиме и во иднина – со нови вложувања во истражување, развој, нови технологии, во знаење, кадар и во освојување нови пазари. „Алкалоид“ како македонска компанија ќе продолжи достоинствено, рамо до рамо да се носи и да биде конкурентна со големите светски фармацевтски системи, како со знаење така и со капацитети. Тој пат го трасиравме сами и на тој пат ќе останеме зашто веруваме во себе!“, изјави г. Живко Мукаетов. Оваа инвестиција е во согласност со политиката на компанијата за вложување во капитални проекти, а со оглед на тројното зголемување на консолидираните приходи од продажби во изминативе 15 години, ваквиот потфат беше неопходен за осигурување на уште поинтензивни пласмани и на континуиран раст. Комплетирањето на оваа инвестиција создаде услови за реализирање на повеќе од 200 нови вработувања во компанијата. nnn

Поради специфичноста на процесите и поради пандемијата, примопредавањето на новите капацитети церомонијално го спроведоа г-ѓа Милкица Глигорова, директор на производствениот сегмент на ПЦ Фармација, и г. Живко Мукаетов, генералeн директор/претседател на Управниот одбор на компанијата, во присуство на членови на високиот менаџмент на „Алкалоид“ АД Скопје.

Три и пол милиони евра од инвестицијата беа наменети за целосно технолошко подготвување на Одделението за пакување цврсти форми, со површина од 2.000м², 5,2 милиони евра беа искористени за техничко -технолошко опремување, а 2,3 милиони евра чинеше изградбата на два нови ката наменети за производство на цврсти фармацевтски форми и придружен простор за техничко - технолошка опрема, со вкупна површина од 5.000 м².


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

20

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ „АЛКАЛОИД“ ИЗВЕДЕ НАЈКОМПЛЕКСЕН ИНФОРМАЦИСКИ ПРОЦЕС ВО РЕГИОНОВ

КОНВЕРЗИЈА ВО РАМКИ НА SAP СИСТЕМОТ Со помош на долгогодишниот партнер, хрватската компанија b4b, „Алкалоид“ направи вистински подвиг: најголемиот и најсложениот проект за миграција на системот SAP ERP кон SAP S / 4 HANA кој досега е реализиран во регионот, а на оваа реализација посебна тежина и даваат условите во коишто е спроведен проектот, затоа што поради пандемијата на Ковид – 19 сè e направено со далечински пристап и примена на онлајн колаборациски алатки, како што пишува хрватски Jutarnji list.

К

он крајот на ноември 2020 година, хрватската технолошка компанија b4b го заврши проектот за конверзија на постојниот SAP ERP 6.0 систем на Алкалоид во SAP S / 4HANA верзија, што создаде услови за понатамошен развој на деловниот информативен систем на компанијата и примена на најсовремени ИТ технологии во компанијата, пишува хрватскиот магазин Jutarnji list. Ова е најголемиот и најсложениот проект за миграција на системот SAP ERP кон SAP S / 4 HANA кој досега е реализиран во регионот, а на оваа реализација посебна тежина му даваат условите во коишто е спроведен проектот, затоа што поради пандемијата на Ковид – 19 сè e направено со далечински пристап и примена на онлајн колаборациски алатки. „Првата операција во системот SAP ERP во Алкалоид започна уште во 2007 година, а системот успешно го поддржуваше нашиот континуиран раст и развој, па по 13 години постојана надградба и за рекордно кратко време, го претворивме AlkaSAP системот SAP ERP 6.0 во SAP S / 4HANA. Предизвикот беше повеќе од голем! Специфичноста на состојбата во која живееме, динамичните процеси во фармацевтската индустрија што секогаш треба да ги следиме во чекор, комплексноста на геополитичкото окружување за време на нашето работење и крајно непредвидливите услови во кои сите работиме во текот на годинава – сето тоа бараше решение од следната генерација коешто овозможува аналитика во реално време. Дури и во услови на виртуелно функционирање, во чекор нè следеше нашиот долгогодишен сигурен партнер, компанијата b4b, а нивниот квалитет и искуство во толку обемен потфат и во исклучително специфични услови ни значеа и беа исклучително важни. Исто така бевме поддржани и од

групацијата SAP RIG, а нашиот партнер од Бразил, FIVE Validation, заврши одлична работа во валидацијата на системот. Ние сметаме и на идна успешна соработка “, изјави Живко Мукаетов, првиот човек на „Алкалоид“ за Jutarnji. Приказната за успешната соработка помеѓу Алкалоид и b4b започнала пред 13 години со имплементација на SAP ERP системот, а оваа година, и покрај предизвиците на пандемијата, тие поставија друга заедничка цел - миграција на SAP ERP системите на сите компании од групацијата Алкалоид кон SAP S / 4HANA. Со проектот е конвертиран целиот SAP систем од шест компании на Алкалоид во четири земји, на S/4 HANA верзијата, што вклучува деловни области на финансии и контролинг, набавки, продажба и дистрибуција, планирање и управување со производството, управување со квалитет, како и управување со човечки ресурси. „Овој проект беше голем предизвик за нас, обврска, но и задоволство. Предизвик затоа што се соочивме со многу сложена задача во специфични услови, обврска кон нашиот исклучителен партнер Алкалоид кој ни укажа голема доверба, и задоволство затоа што работевме на проектот со партнер кој точно знаеше што сака и кога сака, кој беше многу добро организиран и многу посветени на проектот. Сето ова, со заеднички

напори, резултираше со успех. За Алкалоид, овој проект е дополнителен ветер во грбот во нивните амбициозни планови за раст и развој, а за нас е огромно позитивно искуство за миграционите проекти на S/4 HANA коишто ќе следат “, вели Сањин Катиниќ, претседател на управата на компанијата b4b. Проектот траеше пет месеци и во него учествуваа повеќе од 100 членови на проектниот тим од Алкалоид и b4b. Дополнителен предизвик во планирањето и спроведувањето на проектот беше обврската да се спроведе валидација на процесот во согласност со барањата на фармацевтската индустрија (GMP) во рамките на деловниот систем што се одвиваше како паралелен проект на корисникот и надворешниот партнер, чијашто временска рамка требаше да се усогласи со проектот за конверзија на SAP системот. Бидејќи проектот се одвиваше за време на епидемијата на вирусот Ковид-19, тој беше целосно реализиран со далечински пристап (remote) со употреба на алатки за колаборација за потребите на онлајн состаноци, работилници и обуки. Без оглед на промените и ризиците предизвикани од ваквиот начин на работа, сите активности на проектот завршија во предвиденото време, обем и финансиска рамка благодарение на исклучителната посветеност на Алкалоид и b4b.


УНИБАНКА ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ЗА ОСОБЕН ПРИДОНЕС ВО РАЗВОЈОТ НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИ УКИМ – СКОПЈЕ

В

Високото образование е клучно за поттикнување на растот и зајакнувањето на заедничкиот просперитет. Целта кон колективен успех во едно општество е токму кон зајканување на капацитетите на секој поединец одделно, токму преку целокупниот образовен систем. Силно образован кадар е предуслов за иновации и раст на многу полиња во општеството. Високообразовните институции ги подготвуваат поединците не само со соодветни и релевантни вештини за работа, туку и да бидат активни членови во нивните заедници со давање на значаен печат во истата. Кога станува збор за високото образование и колку банките се дел од истото, дознаваме од УНИБанка дека тоа лежи во спојот на растот, работните места и конкурентноста, и има потенцијал да послужи како катализатор за економска трансформација. Бидејќи земјите во развој

ги поддржуваат образовни системи и се повеќе преминуваат во економија на знаење, високото образование ќе игра клучна улога во базата на знаење и човечкиот капитал потребни за промовирање и одржување на развојот во многу сектори. На УНИБанка АД Скопје по повод 70 годишнината од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, со голема чест и беше доделено посебно признание за особен придонес во развојот на Факултетот. Ова признание е од голема важност за Банката. „Имаме можност да им помогнеме на студентите, а високото образование е клучно. Ние сакаме да изградиме подобра, поинклузивна и поодржлива иднина, нудејќи можности за обуки, вработување на идните млади генерации кој ќе бидат дел од претприемништвото и бизнис секторот“, велат од УНИБанка.

Имаме можност да им помогнеме на студентите, а високото образование е клучно. Ние сакаме да изградиме подобра, поинклузивна и поодржлива иднина, нудејќи можности за обуки, вработување на идните млади генерации кој ќе бидат дел од претприемништвото и бизнис секторот, велат од УНИБанка АД Скопје.


Капитал број 1088 11.12.2020

22

www.kapital.mk

ЕКОНОМИЈА

ERSTE INVESTORS’ BREAKFAST

ОСМА ОНЛАЈН КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЕРСТЕ БАНКА И ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

23

Редакција Капитал

O

Осма година по ред, во организација на Ерсте Банка и Шпаркасе Банка Македонија, преку онлајн платформата Microsoft Teams, се одржа конференцијата „Erste Investors' Breakfast“. Како и претходните години, на конференцијата присуствуваа аналитичари и експерти од Ерсте и Шпаркасе Групацијата, како и реномирани претставници од македонскиот финансиски сектор, со свои анализи и предвидувања за актуелните трендови во финансискиот свет и со посебен осврт на влијанието на ковид-19 пандемијата врз макроекономските и финансиските движења во Република Северна Македонија и пошироко во регионот. Конференцијата свечено беше отворена со поздравно обраќање од претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, д-р Глигор Бишев, и министерот за финансии д-р Фатмир Бесими, кој во своето поздравно излагање се осврна на фискалната и на финансиската стабилност. Првата стручна презентација на настанот ја одржа гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, со осврт на монетарната политика во текот на ковид-кризата и предизвиците што следуваат во наредниот период. Потем, за движењата на пазарите во Централна и во Источна Европа и одржливоста на ниските приноси на пазарите на капитал, говореше г.

Мате Јелиќ, сениор макроаналитичар во Ерсте и Штаермеркише Банка д.д. Хрватска. За актуелните состојби на пазарот на обврзници во Југоисточна Европа говореше г. Филип Јукиќ, директор на Дирекцијата за управување со пазари на хартии од вредност во Ерсте и Штаермеркише Банка д.д. Хрватска. „И во услови на светска пандемија предизвикана од коронавирусот ковид-19, ја продолживме традицијата по осми пат да бидеме почесни домаќини на дигиталниот Erste Investors’ Breakfast во Република Северна Македонија. Ни претставува особена чест што и оваа година заедно со нашите колеги од Ерсте Групацијата ги разменивме нашите видувања во областа на финансиските пазари, како и за предизвиците со кои се соочуваат финансиските институции, во регионот и во Република Северна Македонија, како и нивното влијание врз економската активност. Прилагодливите монетарни политики успееја да ги смират и да ги стабилизираат финансиските пазари. И покрај рекордните буџетски дефицити и емисија на државни обврзници, приносите се во постојано опаѓање. Цените на обврзниците и на акциите постојано растат, најавувајќи го почетокот на економската обнова и раст. Сепак, економската обнова ќе зависи од три фактори: справување со пандемијата, справување со билансите на компаниите и капацитетот на монетарната и фискалната политика за реализација на прилагодливите политики на подолг рок“, изјави д-р Глигор Бишев, Претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.

Прилагодливите монетарни политики успееја да ги смират и да ги стабилизираат финансиските пазари. И покрај рекордните буџетски дефицити и емисија на државни обврзници, приносите се во постојано опаѓање. Цените на обврзниците и на акциите постојано растат, најавувајќи го почетокот на економската обнова и раст. Сепак, економската обнова ќе зависи од три фактори: справување со пандемијата, справување со билансите на компаниите и капацитетот на монетарната и фискалната политика за реализација на прилагодливите политики на подолг рок, изјави д-р Глигор Бишев, Претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

24

ЕКОНОМИЈА

Министерот Бесими посочи дека планираната фискална консолидација, Стратегијата за економско заздравување и забрзан раст (SmartER Growth) и планот за јавни инвестиции поставуваат цврста основа за враќање на економијата на патеката на позитивни економски остварувања, достигнување на нивото на економијата од преткризниот период во втората половина на 2022 година. Гувернерката Ангеловска – Бежоска рече дека овој период на порелаксирани финансиски услови во банкарскиот систем, треба да биде искористен за насочување на финансирањето кон продуктивни и иновативни проекти, кои ќе имаат не само краткорочни ефекти врз економскиот раст, туку ќе овозможат и структурни подобрувања и подигнување на долгорочниот потенцијал на економијата

Релаксираната монетарна политика значајна поддршка на економијата во време на ковид - кризата

Министерот Бесими посочи дека планираната фискална консолидација, Стратегијата за економско заздравување и забрзан раст (SmartER Growth) и планот за јавни инвестиции поставуваат цврста основа за враќање на економијата на патеката на позитивни економски остварувања, достигнување на нивото на економијата од преткризниот период во втората половина на 2022 година и обезбедување побрза динамика на економски раст потоа. Според проектираното, економскиот раст во 2025 година се очекува да достигне 5,9%, а во периодот од 2026 до 2030 година се предвидува стабилизирање на просечната стапка на економски раст на 5,75% годишно. „Целокупниот процес на реформи во јавните финансии ќе значи воведување и операционализација на концептот на SMART Finance (Стратешки, Одржливи, Одговорни, Реформски и Транспарентни), односно јавни финансии што ќе поддржат забрзан економски раст на среден и долг рок, а притоа задржување на фискална одржливост и макроекономска и финансиска стабилност (Smart Finance for SmartER Growth)“, рече министерот

Бесими. Во својата презентација, гувернерката Анита Ангеловска - Бежоска осврнувајќи се на релаксираната монетарна политика на Народната банка од почетокот на ковид-кризата наваму, посочи дека таквата политика и регулаторната флексибилност на Народната банка придонесоа за натамошно намалување на цената на кредитите и забрзување на кредитната активност, што обезбедува значајна поддршка на економијата. Всушност, како што истакна гувернерката, каматните стапки на кредитите во нашата економија се едни од најниските во регионот, додека динамиката на кредитен раст е над просечната во регионални рамки. „Овој период на порелаксирани финансиски услови во банкарскиот систем, треба да биде искористен за насочување на финансирањето кон продуктивни и иновативни проекти, кои ќе имаат не само краткорочни ефекти врз економскиот раст, туку ќе овозможат и структурни подобрувања и подигнување на долгорочниот потенцијал на економијата, што е клучно за побрза реална конвергенција по завршувањето на пандемијата“, порача АнгеловскаБежоска. „Шпаркасе Банка Македонија, како дел од големото семејство на

австриската групација на Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе, континуирано ги следи трендовите во банкарството и се стреми да стане еден од предводниците во развојот на банкарските услуги во Република Северна Македонија. Банката и во иднина ќе продолжи да ги вложува своите ресурси во насока на креирање конкурентска понуда според потребите и очекувањата на клиентите, унапредување на банкарските процеси, поголема дигитализација и градење позитивно корисничко искуство при користењето на финансиските услуги.“, велат од менаџментот на банката. Штаермеркише Шпаркасе Групацијата е најголем провајдер на финансиски услуги во Јужна Австрија. Со 3.180 вработени опслужува 795.273 клиенти на 259 локации во Штаерска и во Југоисточна Европа. Пазарното учество на Групацијата Штаермеркише Шпаркасе во Штаерска изнесува околу 32% во сегментот на работење со физички лица. Со 9.139 вработени во Штаермеркише Шпаркасе Групацијата се опслужуваат околу 2,6 милиони клиенти на вкупно 518 локации. „Шпаркасе“, или во превод „штедна банка“, претставува економски успешна идеја, која е предодредена како непрофитна уште при нејзиното основање. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

26

МЕДИУМИ И ОПШТЕСТВО

ЦЕНТРИТЕ ЗА ПРОПАГАНДА НЕ МИРУВААТ И ВО ВРЕМЕ НА ЗД

ЗА ДЕЗИНФОРМАЦИ НЕМА ВАКЦИНА! пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

Ш

„Шокантно: Вирусот е измислен за да исчезне човековиот род“, “ Вакцините ќе содржат чип“, „Шестмина мртви од новата вакцина“, „Коронавирусот е само обичен грип“, „Коронавирусот нема шанса да го преживеете' „Еминентен

доктор тврди дека маските се чиста глупост“ „Овој лек за корона го имате сите дома -направете гаргара со...“ инт. итн,... Овие сензационалистички наслови (често пати и меѓусебно исклучиви, а објавени во ист медиум) секојдневно се среќаваат низ медиумскиот простор, не само во Македонија туку и низ Европа и светот. Пандемијата со коронавирусот се покажа како исклучително поволна за ширење не само на лажни вести, туку и за креација и дистрибуција на цели наративи што директно се судираат со јавниот интерес, правото на граѓаните да бидат вистински информирани (што

во вакви времиња може живот да значи) и со битката на науката и напорите на научниците за справување со оваа болест. Текстови без наведен извор на информацијата, ама и текстови кои се повикуваат на непостоечки научни институти или научници и професори, полуинформации, шпекулации, лаги и спинувања - сето ова зачинето со привлечен наслов полн со сензационализам („нема да верувате“, „видете како“, „скандалозно“, „откриена е големата вистина“, „ова го кријат од вас“....) се совршен рецепт за медиумска катастрофа од која губат и оние кои


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

27 На прв поглед изборот помеѓу тоа дали да му се верува на сопствениот лекар или на „познат научник од Русија“ чие име не ни постои на интернет се чини логичен. Но, нештата не се толку едноставни - голем дел од граѓаните, особено во земји со висока сиромаштија и слабо образование прво ја немаат изградено неопходната релација со своите матични лекари (некои дури и ги немаат), а брзината со којашто се шират (дез)информациите на интернет (без елементарна проверка и професионален новинарски филтер) и нивната сеприсутност создава сериозен хаос во којшто понекогаш тешко се снаоѓаат дури и медиумски најписмените. којшто понекогаш тешко се снаоѓаат дури и медиумски најписмените.

Вакцината уште непримена, појавени нус - ефекти

ДРАВСТВЕНА КРИЗА

ИИТЕ вистински се борат со болеста и самите граѓани. На прв поглед изборот помеѓу тоа дали да му се верува на сопствениот лекар или на „познат научник од Русија“ чие име не ни постои на интернет се чини логичен. Но, нештата не се толку едноставни - голем дел од граѓаните, особено во земји со висока сиромаштија и слабо образование прво ја немаат потребната релација со своите матични лекари (некои дури и ги немаат), а брзината со којашто се шират (дез) информациите на интернет (без елементарна проверка и професионален новинарски филтер) и нивната сеприсутност содзава сериозен хаос во

Последен пример со скандалозно ширење на лага поврзано со пандемијата беше токму неделава. Скандалозноста тука освен во немањето на одговорност за јавно кажаниот збор се состои во фактот што „ширачот“ на лаги е новинар, кој би требало да знае што значи проверка на информација. Новинарот Бобан Нонковиќ на јавноста и презентираше, како што тој нагласува, „Истражување на Центарот за биолошка евалуација и истражувања на Американската агенција за храна и лекови (ФДА), кое се нарекува План за набљудување и мониторинг на вакцините Ковид-19, нивната безбедност и ефикасност, потпишано од Стив Андерсон, првиот човек за биостатика и епидемиологија на центарот за евалуација на ФДА“ од 30 октомври. Дека станува збор за манипулација односно полуинформација набрзо се разоткри низ социјалните мрежи од луѓе кои не ги мрзело да отворат и да прочитаат повеќе самите, а од „Вистиномер“ (сервис за фактчекинг на информации) направија и целосна анализа на неговите тврдења. Таму стои дека главен проблем, односно главната невистина во ова видео се редицата (поточно 22) набројани нус-појави за кои се добива впечаток дека веќе се случиле, односно дека биле „утврдени од ФДА“, а, всушност, станува збор за план на нус појави кои ќе бидат предмет на опсервација во иднина, односно во текот на вакцинирањето. Токму затоа за нив се вели дека се можни (possible) нус-појави, а се дополнува и дека листата може да се менува во иднина во зависност од ситуацијата. Ако стануваше за нешто што е веќе утврдено дека се случило, односно дека наведените нус-појави се реалност, тогаш тие не ќе можеа да се менуваат. Според авторот на видеото, станува збор за „извештај за појавата на несакани

дејства од вакцините кои веќе почнаа да се даваат против Ковид-19 во Велика Британија“, на Астра Зенека и на Фајзер и Бионтек, оние што треба да се чуваат на минус 70 степени“. Ова е делумно неточно, бидејќи во Велика Британија е одобрена само вакцината на Фајзер и Бионтек, не и на Астра Зенека. Модерна и Астра Зенека побараа вонредно регулаторно одобрување во САД и ЕУ. Исто така, лага е дека овие вакцини треба да се чуваат на минус 70 степени, бидејќи ова важи само за вакцината на Фајзер и Бионтек. „Внимавајте колку утврдени од американска овластена државна агенција има несакани дејства. Ќе ви ги кажам за да знаеме сите што ќе сакаме да шетаме по трговски центри, да работиме во приватни компании, да одиме надвор од границите на нашите земји, што не’ чека бидејќи ќе мора да ја примиме оваа вакцина. Не зашто ќе сакам, туку ќе бидам натеран и за тоа ќе биде баран тој здравствен ковид-19 картон дека сум ја примил вакцината и ревакцинацијата, 21 ден после првата“ посочува Нонковиќ во видеото, што е целосна лага оти здравствените власти кај нас потенцираа дека вакцината нема да биде задолжителна, туку ќе се прима на доброволна основа. И, никој не кажал дека ќе има „здравствен картон за Ковид-19“. Имено, СЗО не препорачува пасоши за имунитет или тестирања заради патувања. СЗО размислува да воведе електронски сертификати за вакцинација, како што се оние што ги развива во соработка со Естонија. Естонија и агенцијата на ООН започнаа пилот проект во октомври за изработка на дигитален сертификат за вакцинација или „паметен жолт картон“ како дел од иницијативата Ковакс, чија цел е да се промовира вакцинацијата против коронавирус во земјите во развој... „Вистиномер“ тука го разобличуваат целосно овој опасен наратив (ФДА не утврдила нус појави на вакцините против Kовид-19 – Truthmeter (vistinomer.


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

28

МЕДИУМИ И ОПШТЕСТВО

Лажните вести во време на пандемијата не се само македонски проблем - целиот свет се соочува со овој феномен. Но, не се само дезинформациите закана и проблем за работата на професионалните новинари и за правото на граѓаните да бидат вистински информирани. Сензационалистичкото известување во медиумите, недоволната заштита на приватноста и личните податоци и отежнатиот пристап до информации се меѓу најчесто пријавуваните проблеми до советите за етика во медиумите во регионот на Балканот и Европа во периодот на пандемијата. mk)) во период кога човештвото се бори за излез од оваа огромна криза, но се наметнува прашањето за реалната вредност на тезата дека пуштање на лажна вест во етер е како да искинете перница полна со пердуви и да ја фрлите од авион, а демантот и побивањето на истата е како да се обидувате пердувите да ги соберете. Кога се работи за важни општествени теми, како што е здравјето на граѓаните, проценката на медиумските експерти, е дека сепак, вреди секој еден собран „пердув“ од лажните наративи.

Глобален проблем

Лажните вести во време на пандемијата не се само македонски проблем целиот свет се соочува со овој феномен. Но, не се само дезинформациите закана и проблем за работата на професионалните новинари и за правото на граѓаните да бидат вистински информирани. Сензационалистичкото известување во медиумите, недоволната заштита на приватноста и личните податоци и отежнатиот пристап до информации се меѓу најчесто пријавуваните проблеми до советите за етика во медиумите во регионот на Балканот и Европа во периодот на пандемијата. Ова се дел од наодите од анализата што ја спроведе Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во периодот јули – септември годинава, анализирајќи ги искуствата на медиумските саморегулаторни тела - членки или придружни членки на Алијансата за независни совети за етика во медиумите во Европа (АИПЦЕ), каде

што полноправно членува и СЕММ. Истражувањето на СЕММ, коешто е прво од ваков вид во глобални рамки, според УНЕСКО е проект што многу помага во детекција на критичните точки и во креирање на една појасна слика за медиумската состојба низ континентот:„Задоволни сме што преку проектот финансиран од ЕУ го поддржавме објавувањето на ова истражување. Во УНЕСКО, силно веруваме дека советите за етика имаат критична улога во одбраната на слободата на изразување и во адресирањето на проблемот со дезинформациите. Ова особено се потврдува за време на криза. Сепак, зголемена е загриженоста за влијанието на пандемијата и последиците од проблемот што ќе го има финансиската криза во медиумите врз иднината на овие совети. Се надеваме дека со анализата на СЕММ ќе се зголеми свесноста за потребата од обезбедување финансиска стабилност“, вели Аделин Хулин од канцеларијата на УНЕСКО во Брисел. Советите за етика периодов, неретко, добивале и жалби за известување во насока на теориите на заговор:„Коронавирусот е проект, не е неизлечив, имаме ‘лек’! Вирусот е патентиран во 2015 година“. „Кликбајт“ наслови од типот „Коронавирусот не може да преживее“, ,„Лек за коронавирусот почнува да се продава од утре“ се дел од новинарските текстови за коишто биле поднесени жалби на пример до босанскиот Совет за етика. Со

ширењето на пандемијата, се зголеми и загриженоста околу заштитата на приватноста и заштитата на податоците во медиумското известување. Случаи во кои биле нарушени овие принципи многу често се пријавувале до советите за етика во медиумите во повеќе држави. Во Советот за етика во Ирска биле пријавени случаи кога одредени весници објавиле имиња на лица заразени со ковид-19, што предизвикало негативни реакции во јавноста. „Сепак, весниците беа многу внимателни и ги идентификуваа само оние лица коишто се согласиле на тоа. Можеби секогаш постои аргументот за јавниот интерес, но идентификувањето на поединците е избрзан чекор“, нагласуваат од ирскиот Совет за етика. Во одредени држави имало реакции и на објавувањето фотографии од медицински лица. Таков пример е регистриран во саморегулаторното тело во Велика Британија ИПСО. Самиот здравствен персонал укажал дека во услови кога се под екстремен притисок и поминуваат низ многу тешки времиња ваквото однесување е нападно. „За нас, како саморегулаторно тело, беше интересно прашање за тоа какви се правата на медицинските работници во овие околности, бидејќи во нормални услови би им објасниле дека се во фокус на јавноста и се претставени во професионално светло, а тоа не е во доменот на приватното“, нагласуваат од таму.


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

29


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

30

МЕДИУМИ И ОПШТЕСТВО

Пристапот до информации е уште еден клучен проблем со кој се соочуваа медиумите и новинарите за време на пандемијата, што се рефлектираше и врз работата на советите за етика. Споделените искуства потврдуваат дека здравствените институции и властите го ограничувале протокот на информации, како и пристапот на новинарите до локациите, селектирале што може да се објавува или ги ограничувале прашањата коишто новинарите можеле да ги поставуваат, а притоа биле од јавен интерес. Некои институции во одредени држави го забранувале присуството или селектирале кои медиуми ќе бидат поканети, што го ограничува пристапот до информации, како за медиумите, така и за граѓаните. Пристапот до информации е уште еден клучен проблем со кој се соочуваа медиумите и новинарите за време на пандемијата, што се рефлектираше и врз работата на советите за етика. Споделените искуства потврдуваат дека здравствените институции и властите го ограничувале протокот на информации, како и пристапот на новинарите до локациите, селектирале што може да се објавува или ги ограничувале прашањата коишто новинарите можеле да ги поставуваат, а притоа биле од јавен интерес. Некои институции во одредени држави го забранувале присуството или селектирале кои медиуми ќе бидат поканети, што го ограничува пристапот до информации, како за медиумите, така и за граѓаните. За справување со овие нови ситуации во едно комплексно време, имајќи предвид дека во некои држави корона кризата се поклопи со одржување и на избори, како што е случајот со нашата држава, соработката и партнерството со граѓанскиот сектор, медиумите и нивните асоцијации, со институциите и граѓаните, се покажа како мошне значаен механизам за советите за етика. Мултисекторската соработка меѓу сите засегнати страни е во согласност со некои од клучните препораки на

меѓународните организации за заштита на слободата на изразувањето и информирањето во време на криза.

Има ли решение?

Нема. Барем нема конечно. Проблемот е комплексен и битката мора да е секојдневна и постојана. Исто така, проблемот е на толку многу нивоа, што бара апсолутна синхронизираност и организација на напорите на сите кои вистински се борат да се исчисти јавниот наратив - медиумите, самите новинари, новинарските и невладини организации, државните институции, образованието, самите граѓани. Познато е дека нема подобар лек за лажните вести - од вистински, што значи дека потребна е што поголема продукција на сериозни новинарски содржини и информации кои се обработени професионално. Исто така потребна е проверка на вестите што треба да ја прават самите новинари и редакции, односно медиумите. Постоењето на организации со таква мисија многу помага, но клучно е да се врати принципот на проверка како основен постулат на новинарската професија. Креацијата на медиумски простор кој е преполн со партиски препукувања, „дебати“ без аргументација и никаква додадена вредност, партиски соопштенија и чиста, гола, партиска

реторика на сметка на новинарски израз и простор и почит за целиот спектар на новинарските жанрови и рубрики (репортажи, интервјуа, култура, уметност, образование...) им помага на дезинформациите. Медиумите мора да се одговорни кон јавниот интерес и во својата продукција и програма да вклучат сеопфатен поглед кон сите општествени аспекти за да се создава здрав јавен наратив. Тука е и медиумската, ама и општата писменост, односно самото образование кое мора активно да се вклучи во битката со лажните наративи. Да не забораваме дека има држави каде што предметот „медиумска писменост“ е воведен како задолжителен во основно и/или во средно образование. Министерката за образование Мила Царовска неодамна најави дека и кај нас ќе се оди кон овој пристап, што е за поздрав, оти за медиумските експерти долгорочно ова е една од најдобрите алатки за битка со лагите. Клучно, е сепак, сите овие механизми заедно со препораките од новинарските организации да се впрегнат паралелно, оти ако во нешто се добри ширачите на лаги - тоа е сигурно нивното мрежно поврзување и заедничко дејствување, и тоа не само кај нас, туку низ целата планета. nnn



Капитал број 1088 11.12.2020

32

www.kapital.mk

ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

НОБЕЛОВЕЦОТ МОХАМЕД ЈУНУС ГО ОТВОРИ ПРВИОТ ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНИ БИЗНИСИ ВО МАКЕДОНИЈА

„ДА СОЗДАДЕМЕ ГЕНЕРАЦИИ ПРЕТПРИЕМАЧИ ШТО ЌЕ МИСЛАТ НА ОПШТОТО ДОБРО, А НЕ САМО НА ПРОФИТОТ“

„Јунус“ центарот во земјава ќе работи во склоп на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ, и ќе се приклучи на глобалната мрежа на центри за социјални бизниси основани на повеќе од 80 универзитети низ целиот свет. Јунус центрите за социјални бизниси се истражувачки хабови за социјални бизниси основани од професорот по економија Мохамед Јунус, добитник на Нобеловата награда за мир во 2006 година и познат како “татко на микро – кредитирањето“, основач на легендарната Грамен банка во Бангладеш, којашто сега функционира и во повеќе земји од светот.


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

33

ПРОФ. МОХАМЕД ЈУНУС нобеловец и основач на Грамен банката

Ако не направиме драстични промени, одбројани ни се деновите на планетава! Да допреме до новите генерации што преку универзитетите се подготвуваат за својата иднина. Во ова време, сето знаење што го поседуваме е под сериозен испит на јавноста. Дали сме сигурни дека иднината ќе биде изградена врз кредибилни знаења, дали светот што го креираме ќе не’ направи горди или ќе се срамиме? Во моментов, патеката по која одиме не влева надеж. Ја уништуваме животната средина, ја зголемуваме нееднаквоста, создаваме фрустрации, гнев и очај. Ваков ли свет сакаме? Ако не направиме драстични промени, нам ни се одбројани деновите на планетава. Часовникот забрзано отчукува. Токму затоа во центрите за социјално претприемништво што ги формираме низ цел свет, сакаме да создадеме свест кај младите луѓе дека бизнисот ориентиран само кон профит не може да биде бизнис на иднината. Дека мораме да создаваме претпријатија што ќе се стремат кон одржлив развој, кон придонесување на општото добро, а не само за доброто на сопствениците и акционерите.

пишува:

Игор Петровски

Е

igor.petrovski@kapital.mk

Еден од најзначајните говорници и глобални лидери на темата социјални бизниси, нобеловецот Мохамед Јунус, вчера беше главен гостин на онлајн настанот што се организираше по повод официјалното отворање на Јунус центарот за социјални бизниси. Центарот ќе работи во склоп на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ, и ќе се приклучи на глобалната мрежа на центри за социјални бизниси основани на повеќе од 80 универзитети низ целиот свет. Јунус центрите за социјални бизниси се истражувачки хабови за социјални бизниси основани од професорот по економија Мохамед Јунус, добитник на Нобеловата награда за мир во

2006 година и познат како “татко на микро – кредитирањето“, основач на легендарната Грамен банка во Бангладеш, којашто сега функционира и во повеќе земји од светот. Инаку, секој ваков центар ги следи принципите и упатствата на професорот и се обидува да ја унапреди улогата на социјалниот бизнис во решавањето на најитните, приоритетните проблеми во општеството поврзани со сиромаштијата, нееднаквоста, невработеноста, општествената инклузија, деградацијата на животната средина, како и унапредување на општествената благосостојба и квалитетот на живот на одржлив и ефективен начин. „Јас верувам дека ако некој знае како да го реши проблемот на едно лице, тој всушност го има најдено никулецот на можното решение на тој ист проблем за целиот свет. Бидејќи се работи за повторување. Во Македонија ќе се обидеме да создадеме мал никулец на можно решение, и кога ќе се осигуриме дека функционира, тоа ќе биде и за целиот свет. Решението на проблем од светски размери не е тешка работа. Сè

што е потребно е сосема мал пример. Тоа што ме охрабрува да го кажам ова, е фактот дека кога ги дизајнирав микро - кредитите немав претстава дека тоа би било корисно во Македонија или во САД. Јас само се обидував да го решам проблемот на селото кое беше во мојата непосредна околина. Иницијативата се прошири прво низ целата земја, а потоа и низ светот. Не ни требаа некои посебни средства. Тоа беа мои пари. Тоа е она што го очекуваме од секој од Јунус центрите, мали идеи од кои некои се исклучителни, некои не можеби толку на почетокот, но, со тек на време, и мала идеја може да стане исклучително моќна. Тоа е она што го бараме“, рече нобеловецот во своето поздравно обраќање, а опширно интервју со проф. Јунус ќе биде објавено во декемврискиот број на уличното списание за одржлив развој „Лице в лице“.

Место за развивање на свеста и потребата од социјални претпријатија

Целта на новоформираниот Центар за социјални бизниси „Јунус“ во рамките на


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

34

ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ ПРОФ. ПРЕДРАГ ТРПЕСКИ декан на Економскиот факултет – Скопје

Јунус центарот за социјални бизниси ќе овозможува на академскиот кадар, студентите и луѓето од бизнис, јавниот и граѓанскиот сектор да споделуваат знаења и искуства поврзани со концептот на социјалниот бизнис, како и да го промовираат концептот низ различни универзитети и региони. Исто така, ќе претставува место за различни видови на волонтерска и практикантска работа преку кој студентите дознаваат и учат за социјалниот бизнис, а ќе можат да реализираат претприемачки идеи кои иницијално ги работеле на предметните програми на Факултетот.

Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје е да се развијат и реализираат акциони програми за социјални бизниси, курсеви, обуки, семинари, конференции, истражувања, публикации, лаборатории за социјален бизнис, инкубатори, акцелераторски програми, програми за размена, посети, стажирање и програми за стипендии. „Центарот ќе овозможува на академскиот кадар, студентите и луѓето од бизнис, јавниот и граѓанскиот сектор да споделуваат знаења и искуства поврзани со концептот на социјалниот бизнис, како и да го промовираат концептот низ различни универзитети и региони. Исто така, ќе претставува место за различни видови на волонтерска и практикантска работа преку кој студентите дознаваат и учат за социјалниот бизнис, а ќе можат да реализираат претприемачки идеи кои иницијално ги работеле на предметните програми на Факултетот.“, објасни проф. Предраг Трпески, декан на Економскиот факултет - Скопје. Отворањето на „Јунус“ центарот го поздравија и проф. Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ и Фатмир Битиќи, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања. Во рамки на онлајн настанот се одржа и вебинар на тема „Креирање бизниси базирани на вредност“ посветен на градењето екосистем за поддршка на социјалните бизниси на кој што зборуваа проф. Стојан Дебарлиев, професор на Економскиот факултет, Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика, Климентина Илијевски, извршна директорка на „Паблик“, како и Миндаугас Данис, експерт во актуелниот проект на Министерството за труд и социјална политика, „Поддршка на социјалните претпријатија“. Овој настан е и најава за Форумот на добри компании, кој го организира Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, на кој учествуваат реномирани претприемачи од светот, иницијатори на социјални бизниси, лидери, професори, консултанти за одговорни бизниси, а ќе се одржи на почетокот на следната година во соработка со Јунус центарот и со Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ).

nnn



www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

36

СВЕТ

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ПРЕБРЗ ОПТИМИЗАМ?!

„Станува очигледно дека превисоки се економските прогнози за растот на БДП во последниот квартал на 2020 година и првиот квартал од 2021 година. Затоа, земјите продолжуваат со постојните и преземаат нови мерки за ублажување на економските тешкотии. Ова ги зголемува задолженоста и дефицитите во јавните финансии. Пазарите продолжуваат да го гледаат ова како краткорочен ефект сè додека заврши пандемијата. Вакцините низ нивна призма ветуваат неизбежен крај на пандемијата и враќање во нормала. Оптимизмот се чини малку пребрз, бидејќи нормализацијата може да се очекува дури во текот на летото, под услов вакцините да бидат ефикасни.“, велат аналитичарите на Генерали Инвестментс.


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

37 Генерали Инвестментс

П

(редакциска опрема Капитал)

Првата недела од декември не донесе спас во земјите низ целиот свет. Ковид-19 продолжува рапидно да се шири и бројот на дневни позитивни случаи се приближува до 700 000, а бројот на дневни смртни случаи околу 13 000. Охрабрувa тоа што вториот бран го достигна својот врв во некои европски земји и таму состојбата се подобрува. Од друга страна, загрижува влошената состојба во најголемата светска економија САД, каде што новите ограничувачки мерки сериозно ќе го забават растот. Пазарите на капитал градат оптимизам за вакцината, а најнадежната вакцина на Pfizer веќе започна да се употребува во Велика Британија па наскоро тоа може да се очекува и на друго место. Станува очигледно дека превисоки се економските прогнози за растот на БДП во последниот квартал на 2020 година и првиот квартал од 2021 година. Затоа, земјите продолжуваат со постојните и преземаат нови мерки за ублажување на економските тешкотии. Ова ги зголемува задолженоста и дефицитите во јавните финансии.

Индустриските компании, секторот за понуда и други активности поврзани со таканаречената „зелена зделка“, односно преминот кон поеколошки начин на живот, продолжуваат да се зајакнуваат. Со оглед на сличниот план на ЕУ, кој исто така ќе финансира пост-пандемиско обновување преку „позелен“ начин на деловно работење и живеење, сè што е поврзано со концептот заштита на животната средина, се чини дека е еден од главните инвестициски трендови за 2021 година.

Инвеститорите како да не ги фермаат лошите економски резултати

Пазарите продолжуваат да го гледаат ова како краткорочен ефект сè додека заврши пандемијата. Вакцините низ нивна призма ветуваат неизбежен крај на пандемијата и враќање во нормала. Оптимизмот се чини малку пребрз, бидејќи нормализацијата може да се очекува дури во текот на летото, под услов вакцините да бидат ефикасни. Онаму каде што контролата на епидемијата е успешна на пр. Кина, гледаме натамошно брзо закрепнување и движење на економските индикатори во форма на V. Ова е охрабрувачки и носи оптимизам на пазарите. Инвеститорите продолжуваат да ги менуваат инвестициите помеѓу индустриите и компаниите, иако одливот на пари во најпогодените индустрии и акции од корона кризата забави, бидејќи остануваат отворени многу непознати во дејностите. Администрацијата на Бајден станува сè појасна и појасна, а пазарот реагира позитивно. Може да очекуваме посилен стимул на почетокот на следната година, а на тоа реагира и доларот, кој во

На краток рок, технолошките гиганти веројатно достигнаа врв со најавите за можна вакцина, а вниманието е исто така насочено и на другите сегменти на пазарот. На долг рок, акциите на компаниите од областа на технологијата и е - трговијата и работата од дома остануваат сегменти со натпросечен раст, но остануваат скапи, па инвеститорите ќе бидат повнимателни и воздржани.


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

38

СВЕТ

последните денови продолжува да губи во споредба со другите глобални валути. Тековните нивоа од 1,21 американски долар за евро, според аналитичарите, би паднале на 1,30 долари за евро до крајот на 2021 година, што ќе има значително негативно влијание врз европската економија. За инвеститорите, сегашното затворање на економиите и како последица на тоа лошите економски податоци од крајот на 2020 година и почетокот на 2021 година остануваат ирелевантни. Аналитичарите зборуваат дека во втората половина на 2021 и 2022 година, кога веќе нема да има пандемии и значителен раст на БДП, се очекува профит и деловна активност. И покрај растечката нееднаквост, на светот се гледа преку розови очила, особено во САД.

Малку променета структурата на растот

Пазарите на капитал пораснаа и минатата недела, иако побавно, но сепак се искачуваат на нов рекорд. Вистина е, сепак, дека овој пат не беа акциите од главните технолошки компании во првите редови, туку индустријата, понудата, погодените индустрии и здравствената заштита. Може да се каже дека структурата на растот е малку променета. Повеќето, се разбира одат на оптимизам за претстојните вакцини, но дел од оптимизмот може да се припише и на очекувањата за промена на економската политика што доаѓа со новата американска администрација. Така, индустриските компании, секторот за понуда и други активности поврзани со таканаречената „зелена зделка“, односно преминот кон поеколошки начин на живот, продолжуваат да се зајакнуваат. Со оглед на сличниот план на ЕУ, кој исто така ќе финансира пост-пандемиско обновување преку позелен начин на деловно работење и живеење, сè што е поврзано со концептот заштита на животната средина, се чини дека е еден од главните инвестициски трендови за 2021 година. Како резултат, капиталот исто така забрзано преминува во оваа инвестициска класа, и покрај фактот дека некои акции се веќе многу скапи. Но, како што видовме кај Tesla, само небото е лимит и пазарите можат да бидат ирационални подолго отколку што може да очекуваат инвеститорите.

nnn

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

БАЛАНСИРАН ПРИСТАП ВО ПОРТФОЛИОТО Можно е во 2021 година, носители на раст на индексот да не бидат најголемите технолошки компании, туку други, помали. Затоа е неопходен балансиран пристап кон инвестициите, а тежината во форма на индивидуални учества може да биде претставена од индустрии кои подобро би ја пребродиле оваа криза и каде проценките не се претерани. Ова главно вклучува здравствена заштита, индустрија и нега, но исто така и повеќе засегнати индустрии со цел да се додаде „зачин“ во портфолиото. Информациите за вакцините и ликвидноста од страна на централната банка ќе продолжат да ги обликуваат берзите. На краток рок, технолошките гиганти веројатно достигнаа врв со најавите за можна вакцина, а вниманието е исто така насочено и на другите сегменти на пазарот. На долг рок, акциите на компаниите од областа на технологијата и е - трговијата и работата од дома остануваат сегменти со натпросечен раст, но остануваат скапи, па инвеститорите ќе бидат повнимателни и воздржани. Скапите обврзници и негативните приноси од банкарски производи продолжуваат да ги принудуваат инвеститорите на инвестиции во акции. Поради очекуваните вакцини и позитивниот исход во американската политика, инвестирањето во акции денес е помалку ризично отколку порано. Остануваме посветени на општата препорака дека е неопходна диверзификација на портфолиото. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Продолжува ликвидносната поддршка и за обврзници и за акции, а интересот на инвеститорите за акции од технолошкиот сектор ќе продолжи да биде силен. Можностите надвор од технолошкиот сектор се привлечни, особено во сегментите на пазарот кои очекуваат силна промена во деловното опкружување на подобро. Еден таков сегмент е сè што е поврзано со почиста животна средина и поодржлив начин на живеење. На некои места, силниот скок можеби започна да ја надминува реалноста во работењето на овие компании, но во услови на огромна ликвидност, ова засега не ги загрижува инвеститорите. Најновите деловни резултати во некои „заборавени“ индустрии се охрабрувачки и ако вакцината навистина се појави на пазарот пролетта 2021 година, тогаш динамиката во најпогодените сектори ќе се промени од темел и ротацијата помеѓу индустриите ќе се интензивира. Трендот на раст на пазарите, исто така, може да продолжи како резултат на очекуваниот стимул, кој ќе биде повеќе насочен кон индустријата, инфраструктурата и еколошкиот живот, а структурата на растот ќе се промени. Можно е во 2021 година, носители на раст на индексот да не бидат најголемите технолошки компании, туку други, помали. Затоа е неопходен балансиран пристап кон инвестициите, а тежината во форма на индивидуални учества може да биде претставена од индустрии кои подобро би ја пребродиле оваа криза и каде проценките не се претерани. Ова главно вклучува здравствена заштита, индустрија и нега, но исто така и повеќе засегнати индустрии со цел да се додаде „зачин“ во портфолиото. Инвеститорите со долгорочни цели на инвестирање треба да издржат и да продолжат со периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума, истата треба да ја распределат на подолг временски период. Како инвеститори во овој момент, не смееме да заборавиме на долгорочните трендови и да гледаме премногу во дрвото, бидејќи ќе превидиме што се случува со шумата. Дигитализацијата, автоматизацијата, е - трговијата, работењето од дома, почиста енергија, работењето во согласност со социјалните норми и придржувањето кон таканаречените препораки на ESG се долгорочни трендови. Компаниите и индустриите на кои им е тешко да се прилагодат на ова, ќе станат сè помалку популарни меѓу инвеститорите. Иако флуктуациите во една или друга насока можат да бидат силни, тие сами не треба да нè заведат кога размислуваме како да го структурираме и позиционираме портфолиото за долг период на инвестиција.



Капитал број 1088 11.12.2020

40

МЕНАЏМЕНТ

МЕНАЏЕРСКИ ЗАБЛУДИ

НЕ МОРА ДА СТЕ ПРВИ n СÈ ШТО Е НОВО Е ДОБРО

Флуктуација на менаџерите од фирма во фирма е вообичаена појава. Исто така вообичаено е новите менаџери да носат со себе идеи и менаџерски алатки од своите претходни компании. Меѓутоа, многу често, алатките што функционирале успешно во една фирма, може да се покажат неуспешни на новото работно место. Особено тоа е случај кога менаџерот претходно работел во друга индустриска бранша, различна од новата според големината и карактеристиките на вработените и организациските процеси. Има еден пример на македонски маркетинг менаџер што бил многу успешен во својата бивша информатичка бранша, а потоа ја продолжил кариерата во прехранбената индустрија. Таму предложил примена на нов систем на наградување и известување во маркетингот, сличен на оној што извонредно фунционирал во старата компанија. Но, во новото окружување, системот се покажал неуспешен. Пред сè, се работело за поинакви производи,

Сè што е ново не е добро, кој рано рани не мора две среќи да граби и ако ја имитирата успешната конкуренција не мора да бидете успешни ка ко неа... Капитал во овој број ќе ви претстави неколку заблуди што често се јавуваат во менаџерството, за да не ве “заведат” и вас.

поинакви начини на маркетинг стратегија и дистрибуција и за поинаква култура на вработените што не го прифатиле новиот систем за наградување. Исто така, информацискиот систем не можел да ги поддржи новите маркетинг извештаи. Контраефектот само го потврдил мислењето на вработените дека секој нов менаџер носи со себе нови промени што ја нарушуваат конзистентноста на работењето и уште повеќе ги затвораат во однос на можните добредојдени новини.

n АКО МЕНАЏЕРОТ СТАНЕ АКЦИОНЕР, ПОВЕЌЕ ЌЕ РАБОТИ ВО ИНТЕРЕС НА КОМПАНИЈАТА

Давање на акции на менаџерските структури во рамки на планот за наградување е вообичаена пракса во западните компании, а сè повеќе и кај нас. Се смета дека менаџерите ако станат и сопственици на дел од компанијата, ќе им биде во личен интерес таа да работи


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

41 Самото копирање на производниот систем на конкуренцијата, не значи автоматски и успех. Примерот на американската автомобилска индустрија што се обидува да ја копира јапонската, е најдобар пример.

Џеф Безос, основачот на amazon.com не беше првиот што почна со онлајн продажба на производи, па сепак подоцна го зема најголемиот дел од колачот во оваа индустрија

добро, па така тие ќе сторат сè што е потребно за да се зголеми ефикасноста и продуктивноста, па така и пазарната цена на нејзините акции. Меѓутоа, има многу малку докази дека т.н. ”stock options” план ја поттикнува ефективноста на компанијата. Ден Далтон од Универзитетот Индијана ги сублимирал резултатите од преку 200 студии што се обиделе да одговорат на прашањето како давањето на менаџерите удел во фирмата влијае врз нејзиниот успех. Неговата анализа покажала дека оваа пракса давала повеќе резултати во помали фирми што се во почеток од своето работење со наглесена претприемничка активност, отколку во големи конгломерати. Иако нема цврсти докази, генерално се смета дека еланот при остварувањето на нов проект, но и неизвесноста за успехот на претприемничкиот потфат и личната исполнетотст на претприемачот се најбитни за остварување на добри резултати.

n КОЈ ПРВ, НЕМУ ДЕВОЈКАТА(ПАЗАРОТ)

Еден од митовите што стана составен дел од повеќето учебници за стратешки менаџмент се однесува на феноменот ”first mover advantage” или на големата

предност што ја има компанијата која прва се појавува на пазарот со некој производ. Меѓутоа, не е до крај потврдено дали тоа навистина е предност и колку долго. Многу компании се соочиле со феноменот нивниот бестселер производ бргу да ја загуби својата пазарна надмоќ. На пример, Амазон не беше прва онлајн продавница за книги во светот, па знаеме што направи до сега и како завршија тие што беа први. Понекогаш и вториот, или пак третиот ја добива “девојката”, а и оној што не ранел рано, туку причекал да види како диши пазарот, па на крајот грабнал не само две среќи, туку и голем дел од пазарниот колач.

n СПОРЕДИ СЕ И УГЛЕДАЈ СЕ НА УСПЕХОТ НА КОНКУРЕНЦИЈАТА

Bencmarking е една од многу честите методи на споредба со кои што се користи мнозинството од компаниите. Да се споредите со конкуренцијата може да биде многу корисно, како и да примените некои од нејзините практики, што може да заштеди време и брзо да ја зголеми ефикасноста. Меѓутоа,

опасноста при имитирањето е фирмата да стане само лоша копија на оној кого го имитира. Познат е примерот со повеќедецениската споредба помеѓу американските и јапонските автомобилски производители. Американската најчесто се споменува со Toyota, а многумина пробаа да го копираат нивниот систем на производство со ”just-in-” системот на управување со залихите, запирање на производството ако се увиди грешка, наградување на иновативните работници, иновативните и блиски односи со добавувачите и сл. Иако некои, на прiмер General Motors, успеаја да ја подобрат својата продуктивност, сепак и понатаму, заедно со остатокот на американската авто-индустрија заостануваат зад продуктивноста и ефикасноста на Тоyota. Причината е во тоа американските компании многу често го имитираат она што е највидливо, а што е најмалку важно. Тајната на успехот на Јапонците не е само во техничките достигнувања, туку и во целовкупната филозофија на менаџментот и континуирано подобрување на ниво на целата компанија. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

42

МЕНАЏМЕНТ

КРИТИЧКА МЕТОДА “360 СТЕПЕНИ”

АНОНИМНИ ПРОЦЕНИ НА КОЛЕГИТЕ И ШЕФОВИТЕ

Според некои истражувања, со методот на оценување на вработените, наречен “360 степени”, се служат една третина од компаниите во САД, но сè попопуларен е и во останатите делови од светот. Се смета дека анонимната процена на колегите и шефовите е прилично доверлив извор на информации, но методот има и многу лоши страни

П

остои метод за оценување на вработените со кои што работната средина толку се протресува што се чини дека 50% од луѓето добиле отказ, а сите имаат чувство дека се случуваат историски промени. Но, како последица, оваа иста техника може толку да ја убие волјата и психата на оценетиот вработен, па тој никогаш да не се опорави сосема. Се работи за методот на оценување наречен “360 степени” затоа што секој вработен анонимно го оценува не само неговиот шеф, туку и колегите во разни видови на работен однос – дури до десетина соработници. Секако, тоа значи дека повратната информација за работата и успешноста мора да се сфати прилично сериозно. Кога оцената е позитивна, се поттикнува еланот, креативноста и работната дисциплина, и се развиваат подобри односи со клиентите и поуспешен развој на кариерата. Но, ако е лоша, компанијата може да има повеќе проблеми отколку пред оценувањето.

Колеги или непријатели

Повратните информации од “360 степени” му овозможуваат на секој поединец да разбере како другите го гледаат како вработен, колега или член на персоналот. Критиките се најефективни затоа што се одраз на односите, силите и маните што само другите колеги или клиенти

може да ги видат. Корените на овој метод досегаат до времето на Втората светска војна: во тоа време, имено, германската полиција на непопуларен начин прибирала мислења за своите членови. Во педесеттите методот почнал почесто да се употребува, за да во деведесеттите ја прифатат многу организации и професионалци од одделите за човечки ресурси. Проблемот бил во тоа што податоците се прибирале и споредувале на хартија, заради што процесот бил бавен и скап. Денес таквите анкети заради употребата на интернет се сè попопуларни; според некои истражувања со нив се служат дури една третина од компаниите во САД или речиси 90% од компаниите од Форчновата листа на 500 најголеми. Очигледно, методот може на фирмата да и донесе многу корист. Меѓутоа, ако негативното мислење за нечија работа одекнува на неколку управни нивоа, потребно е крајно позитивно стојалиште и цврста глава за да искуството се пренасочи во поттикнувачко и позитивно, и дотогашните колеги параноично да не ги претвори во непријатели. “Освестување за своите мани и менување во склад со она што се дознава од таква полифонична критика многу е поимпресивно отколку некој да се развива само врз основа на пофалби. Негативната

критика може да биде прилика човек да покаже дека може да слуша и да учи”, вели проф. Лариса Тајденс од бизнис училиштето на Стенфорд универзитетот.

Не ги барајте “кодошите”

Што да се стори кога ќе се добие негативна критика? Харвард Бизнис Ривју дава неколку корисни совети за совладување на лутината, разочарувањето, па и желбата за одмазда. Прво, не треба панично да се реагира да се истресете на првиот (најверојатно сосема невин) колега и да се заземе одбранбена позиција. Треба малку да се причека да слегнат впечатоците, а себеси да си кажете дека критиката е прилика да се видите во ново, поинакво светло. Треба да се прашате дали промената на однесувањето што критиката ја имплицира е вредна за вашето време и енергија. Треба исто така со тимот и надредените да поделите некои идеи околу промените што е решено да се направат. Никако не треба да ги барате “кодошите”. Не треба ниту да се обидувате да го промените секое негативно оценето однесување; фокусирање само на некои проблеми е подобра стратегија. Исто така, немојте интуитивно да се фокусирате на негативното – повеќето критики содржат и позитивни и негативни повратни информации. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 1088 11.12.2020

44

ЛИДЕРИ

КАРЛ АЛБРЕХТ

ГЕРМАНСКИ ПРЕТПРИЕМАЧ И МИЛИЈАРДЕР

ИМА ДВА НАЧИНИ ЗА ДА СТЕКНЕТЕ КОНКУРЕНТСКА ПРЕДНОСТ: ПРАВЕТЕ ГИ НЕШТАТА ПОДОБРО ОД ДРУГИТЕ ИЛИ ПРАВЕТЕ ГИ ПОИНАКУ

Р

Роден во 1920 година, Карл Ханс Албрехт бил германски претприемач којшто го основал синџирот дисконтни маркети Aldi заедно со неговиот брат Тео. Долго време Албрехт бил најбогатата личност во Германија, и на

Потрошувачот чии потреби не се задоволени, станува нервозен, и тоа нема долго да трае.

листата најбогати луѓе на светот. Пред да почине, во 2014 година, Forbes го проценил неговото богатство на 23 милијарди долари. Бил таинствен и повлечен од јавноста, па малку се знае за неговиот живот.

Старите парадигми тешко умираат, дури и кога не функционираат.

Има два начини за да стекнете конкурентска предност: правете ги нештата подобро од другите или правете ги поинаку.

Кога ќе сместите интелигентни луѓе во организациски систем, тие ќе инклинираат кон колективна затапеност.

Во голема компанија главните директори не може да креираат визија сами, мора да ја развиваат организацијата во констелација на тимови, ако сакаат на површина да излезе талентот на поединците.

Ретко може да го подобрите квалитетот со кратење трошоци, но често може да скратите трошоци подобрувајќи го квалитетот.

Според Зен филозофијата човечкото суштество страда, а причината за тоа е копнежот. Како да го спречите страдањето: престанете да посакувате се’ и сешто, цело време.



Да се сакате е ваша работа, да се грижиме е наша. Осигурете го своето куче со пакетот #МојМиленик.

Обезбедете лекување и осигурување на Вашето куче од ризиците смрт од болест и од несреќен случај.

#МојМиленик пакетот вклучува и MyKi уред за следење, што Ви овозможува во секое време да знаете каде е Вашето куче.

Услугата MyKi Pet е овозможена од А1.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.