www.kapital.mk
Капитал број 1088 11.12.2020
26
МЕДИУМИ И ОПШТЕСТВО
ЦЕНТРИТЕ ЗА ПРОПАГАНДА НЕ МИРУВААТ И ВО ВРЕМЕ НА ЗД
ЗА ДЕЗИНФОРМАЦИ НЕМА ВАКЦИНА! пишува:
Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk
Ш
„Шокантно: Вирусот е измислен за да исчезне човековиот род“, “ Вакцините ќе содржат чип“, „Шестмина мртви од новата вакцина“, „Коронавирусот е само обичен грип“, „Коронавирусот нема шанса да го преживеете' „Еминентен
доктор тврди дека маските се чиста глупост“ „Овој лек за корона го имате сите дома -направете гаргара со...“ инт. итн,... Овие сензационалистички наслови (често пати и меѓусебно исклучиви, а објавени во ист медиум) секојдневно се среќаваат низ медиумскиот простор, не само во Македонија туку и низ Европа и светот. Пандемијата со коронавирусот се покажа како исклучително поволна за ширење не само на лажни вести, туку и за креација и дистрибуција на цели наративи што директно се судираат со јавниот интерес, правото на граѓаните да бидат вистински информирани (што
во вакви времиња може живот да значи) и со битката на науката и напорите на научниците за справување со оваа болест. Текстови без наведен извор на информацијата, ама и текстови кои се повикуваат на непостоечки научни институти или научници и професори, полуинформации, шпекулации, лаги и спинувања - сето ова зачинето со привлечен наслов полн со сензационализам („нема да верувате“, „видете како“, „скандалозно“, „откриена е големата вистина“, „ова го кријат од вас“....) се совршен рецепт за медиумска катастрофа од која губат и оние кои