1097- Kapital magazin

Page 1

ИНТЕРВЈУ

business magazine

ВЛАДИМИР ЃОРЃЕВИЌ БРОЈ 1097 l 2 април 2021 петок l година 21 www.kapital.mk

АНАЛИЗА МАКЕДОНСКАТА ВАКЦИНА ЗА ЕКОНОМИЈАТА ДОСТИГНА 700 МИЛИОНИ ЕВРА

ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР НА VISA ЗА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

ВЕРУВАМ ДЕКА ДИГИТАЛНИТЕ ПЛАЌАЊА ЌЕ ОСТАНАТ ПРВ ИЗБОР ДУРИ И ПО ВРАЌАЊЕТО ВО (НОВОТО) НОРМАЛНО КОЛУМНА БЛАГОЈЧЕ КОТЕСКИ МАГИСТЕР ПО ЕНЕРГЕТСКО МАШИНСТВО

ГАСИФИКАЦИЈА – ПОМЕЃУ МИТОТ И РЕАЛНОСТА

COVER STORY

ТРЕТИОТ БРАН НА ПАНДЕМИЈАТА ГО ПОКОСИ ЧОВЕШТВОТО

ГЛОБАЛНА ВОЈНА ЗА ВАКЦИНИ ПЛАЌАЊА

ПАНДЕМИЈАТА И НАВИКИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОТРОШУВАЧИ

СВЕТ

РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРВИОТ КВАРТАЛ ЌЕ ЈА РЕДЕФИНИРААТ ДИНАМИКАТА НА БЕРЗИТЕ



3

КАПИТАЛ... 1097 4

16

COVER STORY

ЕКОНОМИЈА

Третиот бран на пандемијата го покоси човештвото

Пандемијата ги сврти македонските потрошувачи кон дигиталните услуги

Глобална војна за вакцини

Плаќањата преку мобилен телефон двојно побројни лани

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

20

ИНТЕРВЈУ

Владимир Ѓорѓевиќ , генерален менаџер на компанијата Visa за Југоисточна Европа Верувам дека дигиталните плаќања ќе останат прв избор дури и по враќањето во (новото) нормално

10

ЕКОНОМИЈА

Анализа на антикризните мерки Македонската вакцина за економијата достигна 700 милиони евра

26

24 СТАВ

Благојче Котески, магистер по енергетско машинство Гасификација – помеѓу митот и реалноста

STARTUP

Како да не прегорите во вашите претприемачки напори Страста за вашиот стартап не мора да значи хроничен стрес

COVER STORY Третиот бран на пандемијата го покоси човештвото................................................4 Глобална војна за вакцини ЕКОНОМИЈА Анализа на антикризните мерки............10 Македонската вакцина за економијата достигна 700 милиони евра ЕКОНОМИЈА Пандемијата ги сврти македонските потрошувачи кон дигиталните услуги..............................................16 Плаќањата преку мобилен телефон двојно побројни лани

ИНТЕРВЈУ Владимир Ѓорѓевиќ, генерален менаџер на компанијата Visa за Југоисточна Европа................................................20 Верувам дека дигиталните плаќања ќе останат прв избор дури и по враќањето во (новото) нормално СТАВ Благојче Котески, магистер по енергетско машинство...........24 Гасификација – помеѓу митот и реалноста STARTUP Како да не прегорите во вашите претприемачки напори....................................26 Страста за вашиот стартап не мора да значи хроничен стрес

32 СВЕТ

Пазари на капитал

Резултатите од првиот квартал ќе ја редефинираат динамиката на берзите

СВЕТ Пазари на капитал................................................32 Резултатите од првиот квартал ќе ја редефинираат динамиката на берзите ФЕЉТОН Македонската економија на среден и долг рок (8)..................................................................36 Преобликување на системите на социјална заштита и социјално осигурување на среден рок ЛИДЕРИ Марк Бениоф, основач и директор на Salesforce....................41 Не заборавајте да сторите нешто и за другите луѓе

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 31.03.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија

АПР. 2021


АПР. 2021

COVER STORY 4 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

ГЛОБАЛНА ВОЈНА ЗА ВАКЦИНИ Глобалниот одговор на пандемијата се претвори во трка помеѓу богатите и снаодливите - кој ќе зграби повеќе вакцини? Македонија се покажа дека не е ниту едното, ниту другото. Доцнењето во набавката, ама и слабото почитување на мерките, доведоа до алармантна ситуација на голем број на заболени и починати и силен притисок врз здравствениот систем.


ТРЕТИОТ БРАН НА ПАНДЕМИЈАТА ГО ПОКОСИ ЧОВЕШТВОТО

5

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

Во декември, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, прилично оптимистички најави дека Европа ја одобрува првата вакцина против Ковид истакнувајќи го тоа како успешна европска приказна. Три месеци подоцна, речиси цела Европа се’ уште е во локдаун. Се чини дека ЕУ ќе се измачи додека ја достигне посакуваната цел околу 70% од своето население да биде вакцинирано до крајот на летото, бидејќи засега само околу 10% од луѓето во Германија, Франција или Италија ја примиле својата прва доза. За споредба, половина од Британците, 28% од Американците и 60% од Израелците се досега вакцинирани.

В

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ акцинацијата на граѓаните официјално стартуваше неделава низ здравствените домови во Македонија. Но, имунизацијата на македонските граѓани неофицијално тече од минатиот викенд кога голем број лица се вакцинираа во Србија. Иако првата пратка на 24 илјади вакцини на Астра Зенека од КОВАКС механизмот стигна уште во неделата, таа не стигна веднаш до граѓаните бидејќи на здравствените власти им беа потребни три дена да ги дистрибуираат вакцините во

АПР. 2021

другите градови и да го разработат Националниот план за ковид-19 вакцинација напишан пред два месеци. Доцнењето пред се’ во набавката на вакцините, но и слабото почитување на мерките го направи третиот бран многу голем, но и многу фатален. Во ризик влегоа голем број категории на граѓани, вели докторката Ирена Витановска, специјалист по семејна медицина. „Вакцините доцнат, а ситуацијата на терен е алармантна. Цели фамилии се заболени, имаме наплив на многу пациенти, се’ повеќе се зголемува бројот, ние како матични доктори гледаме колку влез има на позитивни лица. Старите луѓе се загрижени затоа


АПР. 2021

6 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

XДАЛИ X ЗАДОЦНЕТАТА ВАКЦИНАЦИЈА Е ЕДНА ОД ПРИЧИНИТЕ ШТО ОВОЈ ТРЕТ БРАН НА КОВИД-19 КОСИ? Причина е тоа што не постигнавме доволно имунитет пред да дојде третиот бран кој што погоди многу земји. Дека задоцнивме, задоцнивме, но сега имаме можност да го фатиме чекорот сите сили да ги насочиме кон брза и масовна вакцинација на што поголем дел од населението.

Доцнењето пред се’ во набавката на вакцините, но и слабото почитување на мерките го направи третиот бран многу голем, но и многу фатален. Во ризик влегоа голем број категории на граѓани. Tретиот бран, според изјавите на матичните лекари, ги поштедил помладите, ако не од зараза, тогаш од потешки компликации, но вирусот е многу опасен и непредвидлив. Лекарите се изнемоштени, работат без одмор и немаат јасна слика за тоа како и кога точно ќе можат да чекаат вакцини – и тие и нивните пациенти. што се ранливи“ вели таа. Витановска додава дека третиот бран, барем во нејзината ординација, ги поштедил помладите, ако не од зараза, тогаш од потешки компликации, но дека вирусот е многу опасен и непредвидлив. Додава дека лекарите се изнемоштени, работат без одмор и немаат јасна слика за тоа како и кога точно ќе можат да чекаат вакцини – и тие и нивните пациенти. Радосна вест, вели докторката, е што голем број на граѓани ја искористија можноста за вакцинација во соседството. Со почетокот на вакцинацијата и дома, очекува дека бројките на заболени постепено ќе се намалуваат. „Сведоци сме дека викендов сите отидоа за Србија да се вакцинираат. . . Предолго трае ова се и нормално е дека народот нема трпение“ вели таа. Досега кај нас пријавени се над 20 илјади граѓани, иако според планот за вакцинација оваа категорија на граѓани од ризични групи брои 170 илјади граѓани. Матичните лекари, кои се предвидени

како контакт со граѓаните за закажување на термините за вакцинација, велат дека тоа им е дополнителна обврска во и онака преполните амбуланти. Докторката Витановска успеала да закаже термини за вакцинација на нејзини пациенти од највозрасната загрозена категорија, но термините брзо се пополнуваат, додава таа. Од друга страна пак, граѓанските организации забележуваат дека самиот план за вакцинација не е доволно детален и јасен, а покажуваат и загриженост за темпото со кое таа ќе се одвива. Дополнителни капацитети, како спортската сала Борис Трајковски, се ставаат во функција, но не во оваа фаза од вакцинирањето. Најавите на Министерството за здравство се дека на оваа локација ќе има 30 позиции за вакцинирање коешто ќе го спроведуваат лекари и медицински сестри од Здравствен дом Скопје.

Пораз на солидарноста

Во меѓувреме, останува фактот дека

XКОГА X МОЖЕ ДА СЕ ОЧЕКУВААТ ЕФЕКТИТЕ? Вакцинацијата ќе го промени правецот, а тоа го гледаме во земјите каде што е во тек вакцинацијата правецот се менува драстично. Во Велика Британија ќе се олабавуваат мерките и се размислува за настани со публика. Нема дилема дека успешна вакцинација ќе го промени текот на пандемијата и ќе не врати во нормалниот живот. За ефектите да се видат важно е да биде голем дел од населението. Ако голем дел од населението остане без имунитет, вирусот ќе кружи и ќе си живее подолго време. Ако масовно се вакцинираме и ги затвориме шансите за преминување на вирусот од еден на друг, следните два месеци можеме да очекуваме олабавување. Имајќи го предвид искуството од лани,летото е погодно за запирање на пандемијата. Така што вакцини со лето и широк колективен имунитет ќе ни дадат добар старт пред есента. XДА X ДЕФИНИРАМЕ - ШТО Е МАСОВНА ВАКЦИНАЦИЈА? Ако на 30 проценти со прележан имунитет, додадете уште толку, односно ако сме 2 милиони, треба да се вакцинираат 600.000, тогаш ќе бидеме поблиску до победа над епидемијата. Србија е одличен пример како се користат сите можни капацитети за покривање на што поголем дел од населението. XШТО X Е ВАЖНО ЛУЃЕТО ДА ЗНААТ ПО ПРИМАЊЕТО НА ПРВАТА ДОЗА НА ВАКЦИНА? Многу е важно да знаат дека со примањето на прва доза, не ја завршиле вакцинацијата и утредента не се имуни. После тоа е важно да очекуваат благи несакани ефекти како локална болка каде што е аплицирана вакцината, можеби температура еден два дена во зависност од вакцините, малаксаност. Зборуваме за краткотрајни и бенигни состојби кои со еден парацетамол се решаваат. Тоа е имунолошки одговор на вакцината. Но периодот по првата доза до втората, луѓето се чувствителни иако има податоци дека по две недели на некои вакцини се создава голема количина на антитела, сепак правило е дека вакцините и имунитетот се комплетни со заокружување на двете дози и поминување на две до три недели од втората доза. Тогаш може олабавување. XМОЖЕ X ЛИ ДА ЈА РАСЧИСТИМЕ ДИЛЕМАТА СО „АСТРАЗЕНЕКА“, БЕЗБЕДНА Е ИЛИ НЕ? „АстраЗенека“ е најнекомерцијалната вакцина, со најмалку кампањи, со најмалку интерес и со најниска цена. Тој вели дека во тек на испитувањето на безбедноста се поминати сите предвидени протоколи за


ТРЕТИОТ БРАН НА ПАНДЕМИЈАТА ГО ПОКОСИ ЧОВЕШТВОТО

ДИРЕКТОР НА ИНСТИТУТОТ ЗА ИМУНОБИОЛОГИЈА И ХУМАНА ГЕНЕТИКА

СÈ УШТЕ МОЖЕМЕ ДА ФАТИМЕ ЧЕКОР СО ВАКЦИНИТЕ!

Доцниме, ама сè уште можеме да фатиме чекор. Важно е да има силна организација за брза имунизација како што ќе пристигнуваат вакцините, вели професор доктор Александар Петличковски, директор на Институтот за имунобиологија и хумана генетика во интервју за емисијата „Агенда 35“. споредено, дали човек ќе ја прими вакцината или нема да ја прими, нема поголем ризик за развој на тромбоза. Преведено во наши околности, ако еден милион во Македонија се вакцинираат со „АстраЗенека“, се очекува еден, двајца или тројца да имаат некаков проблем. „АстраЗенека“ и сите одобрени вакцини штитат од тешка болест и смртен исход стопроцентно. Значи од Ковид-19, глобално умираат тројца на 100, 30 на 1.000, 300 на 10.000, 3.000 на 100.000, 30.000 на еден милион. Што значи, превенираме 30.000 смртни случаи на еден милион, наспроти една тромботична случка на еден милион. XШТО X ПОКАЖУВААТ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИСПИТУВАЊАТА НА АНТИТЕЛАТА НА ВАКЦИНИРАНИ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ СО ФАЈЗЕР? Стигнавме до 250 анализирани здравствени работници, кои примиле една доза, а сега ја следиме и втората покажува дека кај ниту еден од анализираните здравствени работници што примиле една доза, ниту еден нема одговор лош на Фајзер туку сите имаат антитела, кои почнуваат околу две недели, многу повеќе на три недели и ќе бидат многу повеќе после втората доза. Вакцината е ефикасна. Ги распрашуваме

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

АЛЕКСАНДАР ПЕТЛИЧКОВСКИ

тоа прво дали вакцината е безбедна, а потоа дали е ефикасна. Анализите се прават на тој начин што се земаат 40.000 луѓе кои примаат и 40.000 кои не примаат вакцина и се следат несаканите ефекти, по жалбите и поплаките на испитаниците. Во ова клиничко испитување на „Астра Зенека“, апсолутно не се пријавени почесто несакани ефекти во групата луѓе што ја примаат вакцината, споредено со луѓе што не ја примаат вакцината. Кога ќе почне да се користи вакцината на милиони луѓе, нормално е некој од тие луѓе да имаат некаков проблем, што не мора да биде директно поврзан со давањето на вакцината. Апсолутно нема можност во моментот да се процени дали смртта настанала како последица на примањето на вакцината. Велика Британија најмногу предничи со користење на „АстраЗенека“, 20 милиони луѓе ја примиле вакцината „АстраЗенека“. И во таа група се гледа дека, 30 навистина имале проблем со коагулација на крвта. Во општа популација да земеме да ги изброиме луѓето, се јавува од прилика 1 на 100, или 1 на 500 луѓе. Значи тоа е честа појава. Во оваа група 20 милиони вакцинирани Британци со „АстраЗенека“, појавата на тромбоза е поретка отколку во општата популација. Популациски нема ризик

7

и за несакани ефекти и на оваа мала група од 250 нема значаен несакан ефект. Кај 80 проценти локална болка која трае еден ден и ништо страшно. Ние го потврдуваме тоа што го знаеме од големите серии како Израел, САД, Обединети арапски емирати, дека вакцините се исклучително ефикасни во создавање на антитела и влијае врз спречување на ширење на епидемијата. XКОЕ X Е ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ ЗА ТОА ШТО ОКОЛУ 10.000 МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ СЕ ВАКЦИНИРАА ВО СРБИЈА? Секоја чест за жртвувањето на дел од нивните пари, пожртвуваност на здравствените работници и од тоа не направија никаква политичка кампања. Значајно е што овие десетина илјади за еден викенд покажаа дека нашите граѓани имаат интерес за вакцинација. Значи, ако им се понудат вакцини тука, одговорот ќе биде добар и дека има расположение што е тренд во цел свет. Ако на почетокот луѓето беа скептични за ефикасноста, безбедноста, сега веќе гледаат дека е единствен излез и мислам дека ги бараат сите можности да ги искористат за вакцинирање. Србите покажаа како треба држава да се однесува во лошо време, ваква добрина одамна немаме видено.


АПР. 2021

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

Граѓанските организации во земјава забележуваат дека самиот план за вакцинација не е доволно детален и јасен, а покажуваат и загриженост за темпото со кое таа ќе се одвива. Дополнителни капацитети, како спортската сала „Борис Трајковски“, се ставаат во функција, но не во оваа фаза од вакцинирањето. Најавите на Министерството за здравство се дека на оваа локација ќе има 30 позиции за вакцинирање коешто ќе го спроведуваат лекари и медицински сестри од Здравствен дом Скопје.

пандемијата ги соголи капацитетите за менаџирање на кризи не само кај нас, туку и низ цела Европа и светот. Глобалниот одговор на оваа пандемија, несомнено ни покажа дека фразите како „еднаков пристап“ или „заедничка цел“ повеќе делуваат како празни флоскули, а на виделина излезе лицемерието на земјите чија надворешна политика е

„заснована на вредности“. Наместо тоа, сведочевме на запленување на вакцини и заштитни маски на пат кон други земји, забрани за извоз на медицински материјали и лекови, со што побогатите земји се свртеа кон себе, занемарувајќи ги напорите за глобален одговор на пандемијата. Но, оваа логика не носи добро никому. Па

дури ни на земјите кои се заинтересирани само за себе и се фокусираат на заштита на нивната популација, односно да ги вакцинираат само своите жители, бидејќи во исто време дозволуваат вирусот да се шири неконтролирано на некое друго место, со што се создаваат моќни мутации кои претставуваат реален ризик да ги поништат сите досегашни резултати од


ТРЕТИОТ БРАН НА ПАНДЕМИЈАТА ГО ПОКОСИ ЧОВЕШТВОТО вакцинацијата. На ова прилично отворено, без дипломатски ракавици предупреди и Светската здравствена организација, коментирајќи дека светот е на раб на морална катастрофа во која побогатите земји се обидуваат да стигнат до вакцини преку ред, оставајќи ги сиромашните на листата на чекање. Таканаречениот Ковакс механизам, на кој што се потпре и нашата земја, иако добро осмислен да овозможи еднаков пристап до вакцини и во посиромашните земји, сепак кубури да ги испорача ветените дози. Во декември, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, прилично оптимистички најави дека Европа ја одобрува првата вакцина против Ковид истакнувајќи го тоа како успешна европска приказна. „Ова е многу добар начин да се стави крај на оваа тешка година и конечно да започнеме со свртување страница од КОВИД-19.“ кажа таа. Три месеци подоцна, речиси цела Европа се’ уште е во локдаун. Се чини дека ЕУ ќе се измачи додека ја достигне посакуваната цел околу 70% од своето население да биде вакцинирано до крајот на летото, бидејќи засега само околу 10% од луѓето во Германија, Франција или Италија ја примиле својата прва доза. За споредба, половина од Британците, 28% од Американците и 60% од Израелците се досега вакцинирани.

Како Европа потфрли толку? Но, како Европа потфрли толку?!

Одговорот се сведува на бавни преговори, проблеми со испораката, и збунувачки информации за одредени вакцини. Ефикасната дистрибуција на вакцините започнува со нарачка на потребните дози. ЕУ беше побавна од Велика Британија, САД и Израел во овој клучен чекор. Долготрајните преговори на ЕУ да обезбеди најниски цени за вакцините значеа дека таа заостанува во обезбедувањето голем број дози. Преговорите исто така беа забавени од фактот што нејзините 27 земји-членки имаат различни закони за прифаќањето на потенцијалните несакани ефекти од вакцините. Сепак, Европската комисија на крајот направи нарачки на повеќе од милијарда дози што е доволно за европските земји да извакцинираат двојно повеќе од нивното население. Меѓутоа, производството не оди според планираната динамика. Фајзер, привремено го забави производството бидејќи ги надградуваше своите европски фабрики за да достигне капацитет од 2,5 милијарди дози до крајот на годинава; Франција на пример доби само четвртина од вакцината на Модерна, а АstraZeneca тешко дека ќе испорача и третина од договорените 300 милиони дози до јуни поради проблеми со производството. Ваквите проблеми ги натераа некои европски земји како Унгарија, Полска, Чешка и Словачка да преговараат со Русија за набавка на вакцините Спутник V и кинеските Синофарм, во обид побрзо

9

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

да го вакцинираат своето население. Па така, Унгарија сега има двојно повеќе имунизирано население од просекот во ЕУ. Од друга страна, пак, контрадикторно е што во услови на недостиг од вакцини, повеќе од 14,2 милиони дози останале неискористени. Причините најверојатно повеќе се кај одредени земји, отколку кај самата Европска комисија. Но, факт е дека некои граѓани во Европа не сакаат да се вакцинираат, делумно поради различните информации за вакцините, особено оние на АстраЗенека, кои иако се веќе одобрени во ЕУ, нивното користење постојано се паузира. Угледот на вакцината на АстраЗенека е нарушен откако се појавија сомнителни случаи на згрутчување на крвта како потенцијален несакан ефект. Сепак, последниот збор на Европската агенција за лекови ЕМА е дека вакцината е безбедна и ефикасна. Во целата оваа ситуација, потпирајќи се на Ковакс механизмот кој го поддржа и самата ЕУ со над 800 милиони евра, но и чекајќи одредени количини од некои соседни земји членки на ЕУ, извиси и Македонија. Со неколку месечно одолговлекување, имунизацијата кај граѓаните штотуку започна, и тоа со вакцини набавени преку Ковакс механизмот, додека пак од билатералните преговори со неколку производители како што се Фајзер, Синофарм или руски Спутник, информациите постојано се менуваат и нема конкретна испорака на повидок.


АПР. 2021

10 ЕKОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

АНАЛИЗА НА АНТИКРИЗНИТЕ МЕРКИ

МАКЕДОНСКАТА ВАКЦИНА ЗА ЕКОНОМИЈАТА ДОСТИГНА 700 МИЛИОНИ ЕВРА Македонскиот фискален стимул од досега реализираните мерки изнесува 704 милиони евра, односно 6,5% од БДП, што е две третини од проценетата вредност на сите пет пакети антикризни мерки. Според анализата на Министерството за финансии што е доставена и до Европската Комисија, одговорот на фискалната политика на пандемијата во земјата бил брз и значаен во поддршката на претпријатијата и вработените во најпогодените дејности и на ранливите категории на население. Се проценува дека преку овој фискален стимул, падот на економската активност е ублажен, односно без овие мерки падот на економската активност би бил повисок за 3,9 процентни поени во 2020 година, и би изнесувал 8,4%, наспроти остварениот пад од 4,5%.


11

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

М

акедонскиот фискален стимул од досега реализираните мерки изнесува 704 милиони евра, односно 6,5% од БДП, што е две третини од проценетата вредност на сите пет пакети антикризни мерки. Според анализата на Министерството за финансии што е доставена и до Европската Комисија, одговорот на фискалната политика на пандемијата во земјата бил брз и значаен во поддршката на претпријатијата и вработените во најпогодените дејности и на ранливите категории на население и имало значително влијание кон ублажување на негативните последици на пандемијата врз доходот и потрошувачката на домаќинствата и активноста на деловните субјекти. Се проценува дека преку фискален стимул од 704 милиони евра, падот на економската активност е ублажен, односно без овие мерки падот на економската активност би бил повисок за 3,9 процентни поени во 2020 година, односно би изнесувал 8,4%, наспроти остварениот пад од 4,5%. Според анализата, со четирите антиковид мерки ублажени се последиците и во однос на стапката на невработеноста која во првото тромесечје на минатата година порасна од 16,2% на 16,7%, додека во третото и четвртото тромесечје бележи постепено намалување на 16,5% и 16,1% соодветно, со што просечната стапка на невработеност во 2020 година изнесува 16,4%. Просечната месечна нето-плата во 2020 година, согласно предвидувањата, има раст од 7,8%, кој произлегува од мерките преземени пред пандемијата, како што се: зголемувањето на нивото на минимална плата, владината мерка за финансиска поддршка на работодавците коишто ќе извршат зголемување на платата до одреден износ, зголемените плати на вработените во јавниот сектор во септември 2019 година, како и дополнителното зголемување на платите во образованието и здравството во 2020 година. Владата во исто време го утврди и текстот на Предлог-законот за гаранција на обврските по Финансискиот договор за одговор на КОВИД-19. Предлог-законот, кој е доставен на усвојување во Собранието, е наменет да го поддржи финансирањето на малите и средни претпријатија и средно пазарно капитализирани претпријатија, кое ќе се оствари со договор меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Северна Македонија со кој ќе се обезбедат 100 милиони евра свеж капитал за поддршка на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството и зголемен извоз. Инаку, од март минатата година кога коронавирусот почна забрзано да се шири во Европа и во земјава, ги затвори и границите и граѓаните дома, нагло се прекина вообичаената економска активност. Оттогаш досега, државата во

пет наврати креираше таканаречени антикризни мерки, коишто главно имаа за цел да им помогнат на компаниите да се справат со неликвидноста поради застојот во производството и да можат да ги исплатат платите на своите вработени, да обезбедат бескаматни кредити, но освен тоа имаше и повеќе социјални мерки со директно исплаќање пари на сметките на граѓаните коишто најмногу ја почувствувале корона – кризата. Од Народната банка, коментираа дека се уште е рано додека се справуваме со ефектите од пандемијата врз економијата и таа сè уште трае, да се даде прецизна и детална оценка за успешноста на преземените мерки. Но, општата оценка е дека природата на мерките коишто ги преземаат носителите на политиките кај нас е слична со мерките коишто се преземаат и во другите економии, а и се во согласност со препораките на главните меѓународни финансиски институции. „Јачината на мерките зависи од просторот којшто го имаат носителите на политиките. Она што е клучно во однос на мерките е општиот став тие да не бидат повлечени предвреме, односно мерките треба да продолжат сè додека не се достигне одржливо закрепнување на реалниот сектор од економијата. Во следниот период, согласно со најавите, антикризните мерките ќе бидат фокусирани пред сè на поддршка на најпогодените сектори/ бизниси, преку повеќе механизми. Со оглед на карактеристиките на самата криза, потребно е постојано следење, реоценка на првичните ефекти од мерките и нивно приспособување на состојбите во реалниот сектор, како во однос на обемот, така и во однос на нивното времетраење“, коментира вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска.

Позитивни оценки од Светска банка

Позитивни оценки за фискалните мерки даде и Светската банка. Директорот на оваа меѓународна финансиска институција во земјава, Масимилијано Паолучи, зборувајќи за ефектите вели дека мерките го ублажиле ударот од пандемијата врз економијата, но предупреди да се внимава бидејќи пандемијата не е завршена. „ Владата на Северна Македонија со пет пакети антикризни мерки го амортизираше влијанието на кризата особено врз најранливите сектори. Макроекономскиот импакт од тоа во однос на дефицитот и јавниот долг е јасен и можеме да дискутираме за тоа, но она што е важно да се забележи е дека Владата имаше можност да продолжи со овие пакети мерки и да го амортизира влијанието на кризата, бидејќи имаше фискален простор којшто овозможи реализирање на овие мерки. Гледајќи напред, она што е важно, прво да се следи еволуцијата на пандемијата и да се преземат потребните мерки, но преку таргетирање, особено имајќи ги предвид оние што ќе бидат најпогодени од продолжувањето на пандемијата. Пораката што ние како институција ја имаме е дека пандемијата е се’ уште тука, дека секогаш треба да ги имаме предвид оние што ќе бидат најпогодени, но во исто време да почнеме да размислуваме


АПР. 2021

12 ЕKОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

Се проценува дека преку фискален стимул од 704 милиони евра, падот на економската активност е ублажен, односно без овие мерки падот на економската активност би бил повисок за 3,9 процентни поени во 2020 година, односно би изнесувал 8,4%, наспроти остварениот пад од 4,5%. за иднината, за она што сакаме да го видиме после пандемијата и да го посееме семето сега за понатамошното заздравување“, вели Паолучи. Секоја земја преземаше мерки согласно расположливиот фискален простор. Согласно податоците на ММФ, фискалниот стимул во земјите во регионот се движи од 2,4% од БДП во Бугарија, 2,8% во Албанија, 3% Босна и Херцеговина, 3,7% во Црна Гора, 4,1% Косово, Хрватска со 7%, ние со околу 10%, Србија на слично ниво со 11,3% и Словенија и Грција со околу 14% од БДП. Но во исто време, кај Словенија и кај Грција има значително зголемување на државниот долг од почетокот на кризата, кај едната за 13 процентни поени, а кај другата за 19,4 процентни поени. Со тоа државниот долг на Словенија на крајот на третиот квартал изнесува 78,5% од БДП, додека на Грција двојно повеќе од БДП. Кај останатите земји во регионот тој се движи од 90,8% Црна Гора, 56,8% Србија, Босна и Херцеговина 38,9% и Косово 22,1%, согласно податоците на европската статистичка агенција „Евростат“. „Согласно овие податоци, може да се

види дека кај нас е направен добар баланс помеѓу стимулативните пакети и задржувањето на долгот на едно ниво, коешто на среден рок ќе се стабилизира и нема да преставува закана или пречка за понатамошниот економски развој и макрофинансиската стабилност“, објаснува министерот за финансии, Фатмир Бесими. Покрај мерките кои ги преземаа фискалните власти, дополнителна поддршка кон ублажување на ефектите од Ковид-кризата имаа и мерките кои ги преземаа монетарните власти. Намалувањето или задржување на референтната каматна стапка на ниско ниво и дополнителни мерки преку други инструменти на монетарната политика, придонесоа за одржување на ликвидноста во економиите. Така на пример, Европската Централна Банка преку нејзините каматни стапки водеше приспособливо-монетарна политика во насока на поддржување на економијата, односно цело време ја одржуваше на негативно ниво. Со тоа се влијаеше врз останатите каматни стапки, на пример ЕУРИБОР

остана негативен за цел кризен период а со тоа и трошоците за финансирање беа поволни. Оваа поставеност на монетарната политика влијаеше на зголемена понуда на пари во финансиските пазари што придонесе за намалување на каматните стапки и трошоците за позајмување на земјите за финансирање на економските мерки. Истовремено, ниската инфлација овозможи монетарната политика да биде поактивна во борбата против ефектите од пандемијата.

Големи задолжувања

Потребата од зголемен фискален стимул кој подразбираше поголеми задолжување го зголеми и јавниот долг на Македонија над 60% од бруто домашниот производ. Новиот директор на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи којшто има искуство од координирање на земјите што во екот на должничката криза се соочија со најголеми проблеми, како Шпанија, Португалија и Грција, вели дека иако овие кризни времиња наметнаа потреба од непланирани задолжувања за да се одговори соодветно на


13

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097


АПР. 2021

14 ЕKОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

ситуацијата, мора внимателно да се управува со долгот на државата. „Уште една лекција од оваа криза е да бидеме прагматични во начинот на кој управуваме со ресурсите. Навистина јавниот долг како удел во БДП овде надминува 60%, но во исто време ако ја погледнеме целата слика на европските земји, ова е пониско ниво отколку нивоата на јавниот долг од БДП што ги спомнавте. Важната работа што треба да ја знаеме е како што ќе излегуваме од оваа ситуација, затоа што навистина ќе излеземе од оваа ситуација, да погледнеме што ќе им овозможи на земјите да ги изградат оние амортизери што ги спомнавме претходно. Тоа значи да ги преземат потребните реформи од една страна, да ги зголемат приходите, и од друга страна да се менаџираат трошењата поефикасно. Да се погледне во даночниот систем, да се зголемат приходите, но не само заради тоа, туку да се зголемат приходите во оние сектори што ќе и овозможат на земјата да оди кон друг економски модел. Зборувам за зелен раст и зелени даноци, дигитален раст и дигитални даноци, така што ќе се создадат ресурси за поттикнување на приходите и економски добра во исто време. На страната на трошењата, тоа значи ревидирање на економскиот модел кон раст воден од приватниот сектор. Или во основа намалување на државната помош, и кратење на сите оние непродуктивни трошења коишто може да бидат товар на фискалната сметка. И да се оди повеќе и повеќе кон поефикасно менаџирање на трошењата и поттикнување на условите за да се развива приватниот сектор во земјата“, истакна Паолучи. Народната банка, која што ја води монетарната политика, исто така предупредува да се заузди експанзивната фискалната политика откако пандемијата ќе стивне, односно големите фискални дефицити да бидат само од привремен карактер. „Во однос на буџетскиот дефицит минатата и оваа година, тоа е одраз на контрациклично делување на фискалната политика. Имено, при пад на економската активност, јавната потрошувачка во принцип се зголемува, за да ја поддржи економијата. Се разбира дека за тоа треба да постои доволно фискален простор и цврста определба за привремен карактер на фискалниот импулс и брзо враќање кон патеката на консолидација и градење на просторот по исцрпувањето на шокот. Високите буџетски дефицити се тековно глобален, но и очекуван феномен, бидејќи секоја држава во светот се соочува со истиот проблем и го решава на сличен начин. Секако, потребата за финансирањето на дефицитите се одразува и врз нивото на јавниот долг, што упатува на потреба од внимателност во следниот период и она што е важно, буџетските расходи да се целно насочени кон поддршка на растот и потенцијалот на економијата. На таков начин ќе се овозможи и побрзо стабилизирање на нивото на јавниот долг како учество во бруто домашниот производ, на среден рок“, истакна Емилија Нацевска, вицегувернерка на Народната банка.

Просечната месечна нето-плата во 2020 година, согласно предвидувањата, има раст од 7,8%, кој произлегува од мерките преземени пред пандемијата, како што се: зголемувањето на нивото на минимална плата, владината мерка за финансиска поддршка на работодавците коишто ќе извршат зголемување на платата до одреден износ, зголемените плати на вработените во јавниот сектор во септември 2019 година, како и дополнителното зголемување на платите во образованието и здравството во 2020 година. Оптимизмот за годинава сè уште присутен

Иако среде огромен трет бран на ширење на заразата и исклучително бавен процес на имунизација, коишто ги нарушуваат економските планови, сепак засега меѓународните финансиски институции имаат се’ уште оптимистички прогнози дека годинава може да се спаси. Домашните власти, исто така очекуваат втората половина од годината да почне заздравувањето од здравствената и економската криза. „Како што изминува времето, се очекува слабеење на здравствената криза и етапно подобрување на епидемиолошката слика, повисока искористеност на производствените и услужните капацитети и поволни ефекти од економските мерки. Согласно основното сценарио очекуваме раст на економијата од 4,1% за годинава“, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими. Светска банка во најновиот извештај ја потврди својата стара прогноза дека македонската економија годинава ќе забележи раст од 3,6%. За следната

година, предвидувањата на Светска банка се дека економијата ќе порасне за 3,5%. Од земјите во регионот најголем раст за годинава е предвиден за Црна Гора од 7,1%, потоа Србија од 5%, Албанија 4,4%, Косово 4% и Босна и Херцеговина од 2,8%, покажува извештајот на СБ. За 2022 година Светската банка прогнозира раст на економијата во Црна Гора и Косово од по 4,5%, во Србија и Албанија по 3,7% и по 3,5% за Македонија и Босна и Херцеговина. Светската банка посочува дека на стартот на 2021 година економиите на Западен Балкан се едни од најтешко погодените од коронавирусот во Европа и Централна Азија, со најголем број на случаи на новозаболени во еден ден, со што далеку го надминуваат просекот на европско-ценралноазискиот регион. Банката додава и дека Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија се меѓу 10-те земји во развој со најголем број смртни случаи од Ковид-19 по глава на жител, што дополнително ги оптоварува здравствените системи. nnn



АПР. 2021

16 ЕKОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

ПАНДЕМИЈАТА ГИ СВРТИ МАКЕДОНСКИТЕ ПОТРОШУВАЧИ КОН ДИГИТАЛНИТЕ УСЛУГИ

ПЛАЌАЊАТА ПРЕКУ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ДВОЈНО ПОБРОЈНИ ЛАНИ


17

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

Во четвртиот квартал од 2020 продолжува трендот на пораст на бројот на плаќања извршени со мобилен телефон во Македонија, и достигнува 105%. Плаќањата со платежните картички од страна на граѓаните во трговијата во земјата, имаат раст и кај вредноста и бројот на остварените трансакции од 34% и 29%, соодветно, покажува статистката на Народната банка. автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

П

лаќањата со платежните картички од страна на граѓаните во трговијата во земјата, во четвртиот квартал од 2020 година, забележаа значителен годишен раст кај вредноста и бројот на остварените трансакции од 34% и 29%, соодветно, вели статистиката на Народната банка. Високиот годишен раст на бројот на плаќањата на граѓаните во трговијата е пред сè резултат на исклучителниот пораст на бројот на плаќањата со платежни картички на местата на продажба на интернет, којшто во последниот квартал од 2020 година изнесуваше 153% и притоа беше двојно повисок од годишниот раст во истиот квартал од 2019 година (71%). Овие трендови во земјава ги потврдува и директорот на глобалната компанија за работа со картички Visa, Владимир Ѓорѓевиќ, во интервјуто за Капитал. „Македонија бележи добри резултати во сегментот за дигитални плаќања. Бесконтактните опфаќаат скоро 60 проценти од сите Visa трансакции што се случуваат лице в лице. На светско ниво, оваа бројка е 43 проценти, а кога зборуваме за земјите од ЕУ, тоа е околу 80 проценти. Податоците потврдуваат дека потрошувачите сакаат секојдневните, рутински активности како што е плаќањата да ги извршуваат едноставно, безбедно и со минимално потрошено време.“, вели Ѓорѓевиќ. Во однос на користењето на платежните картички на физичките места на продажба од страна на граѓаните, во последниот квартал од 2020 година беше остварен годишен раст од 22%, што укажува на стабилна и непроменета состојба во растот па плаќањата со платежните картички на физичките места на продажба, во споредба со годишниот раст остварен во последниот квартал од 2019 година. Од друга страна, негативното влијание на пандемијата е изразено кај плаќањата на граѓаните со користење на инструментот кредитни трансфери, коишто забележаа годишен пад од 3% кај вредноста на трансакциите, односно умерен годишен раст од 1,8% кај бројот на трансакциите.

Банкарските мобилни апликации сè почесто се користат Од почнувањето на ковид-кризата па наваму, во услови на потреба од заштита на јавното здравје, изолација и социјална дистанца, граѓаните сè

БРОЈКИ:

153%

е порастот на плаќањата преку интернет во четвртиот квартал од 2020

22%

е порастот на плаќања на ПОС терминали со картичка

105%

е порастот на бројот на плаќањата извршени преку мобилен уред почесто ги користеле придобивките на електронското банкарство. Бројот на електронските кредитни трансфери иницирани од страна на граѓаните, во последниот квартал од 2020 година, се зголемил за значителни 39,5% на годишна основа, што е трипати повеќе во споредба со годишниот раст во истиот квартал во 2019 година (11,8%). За извршување на плаќањата, граѓаните особено ги користеле мобилните апликации, што укажува на натамошно менување на платежните навики во прилог на користењето на дигиталните канали за плаќање. Како и во изминатиот период во услови на пандемија, продолжува трендот на пораст на бројот на плаќања извршени со мобилен телефон,а во последниот квартал од 2020 година достигнува 105%. „Мобилното искуство како прво и најважно во обезбедувањето дигитални услуги станува сè побарано во доменот на платната индустрија. Ако знаеме дека скоро четвртина од времето во текот на денот поминуваме користејќи мобилен телефон, очекувам дека во наредниот период ќе бидеме сведоци на зголемена миграција кон плаќање со паметни уреди.“, вели Владимир Ѓорѓевиќ од Visa. Остварениот раст кај плаќањата извршени на ваков начин е исто така многу повисок од годишниот раст


АПР. 2021

18 ЕKОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

Менувањето на навиките на граѓаните, во услови на ограничено движење заради пандемијата, придонесе за висок годишен раст на нивните плаќања со платежни картички преку интернет во земјата од 145%, како и на кредитните трансфери иницирани по електронски пат од 31%, во текот на целата 2020 година. остварен во четвртиот квартал од 2019 година, којшто изнесуваше 42,6%. Покрај тоа, во четвртиот квартал од 2020 година, иако послабо во однос на употребата на мобилните апликации, продолжува и растот на употребата на компјутерите за извршување плаќања во земјата од страна на граѓаните. Поконкретно, кај овие плаќања, во четвртиот квартал од 2020 година се забележува висок годишен раст од 18,3%, којшто е повисок за четирипати од годишниот раст во четвртиот квартал од 2019 година, којшто изнесуваше 4,7%. Од друга страна, условите коишто

ги наметна пандемијата на ковид-19 придонесоа за менување на навиките на граѓаните и во однос на иницирањето кредитни трансфери на хартија, при што бројот на кредитните трансфери иницирани на овој начин забележа годишен пад од 14% во четвртиот квартал од 2020, наспроти годишниот раст во истиот квартал во 2019 година, од 12,3%. Менувањето на навиките на граѓаните, во услови на ограничено движење заради пандемијата, придонесе за висок годишен раст на нивните плаќања со платежни картички преку интернет во земјата од 145%, како и на кредитните трансфери

иницирани по електронски пат од 31%, во текот на целата 2020 година.

Македонските граѓани онлајн најмногу купуваат облека и спортска опрема

Што се однесува на плаќањето преку интернет, македонските е - купувачи како и европските, онлајн најмногу купуваат облека и спортска опрема, покажа анализата што ја направи неодамна Асоцијацијата за електронска трговија на Македонија - АЕТМ. За време на Ковид кризата и понатаму оваа категорија е најкупувана онлајн со малку намалена динамика.


19

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

Значително намалување како резултат на COVID-19 секако имаат категориите хотелско и друго сместување, билети за настани, други аранжмани за патување. Најголемо зголемување на онлајн купување има кај храна или производи за секојдневна употреба. Значајно се променети и навиките за плаќање сметки онлајн за електрична енергија, вода и телекомуникациски услуги. „Онлајн нарачките под влијание на COVID-19 се зголемиле, но главното прашање е што по завршување на кризата, дали е - купувачите ќе продолжат со исто темпо. Од испитаниците, 76% се изјасниле дека ќе продолжат со исто темпо да купуваат онлајн. Главна мотивација за онлајн купување е пониската цена и бесплатна достава, а дополнителни причини се заштедата на време, потоа флексибилност да купуваат било кога, било од каде, а секако и во време на COVID-19 поголема безбедност за здравјето.“, вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска. Заклучокот на анализата на АЕТМ е дека е - трговијата и понатаму бележи континуиран раст во земјава, но ниското ниво на дигитални вештини го забавува дополнителниот развој на е – трговијата. Исто така, препораката до бизнисите е дека дигиталната комуникациска стратегија на брендовите мора да се адаптира во време на криза, исто како што е значајно да се адаптираат начинот на работење, на продажба, на производство, е - трговците треба да го прилагодат и начинот на комуникација односно да го адаптираат тонот и пораките кон јавноста согласно фазите во кризата. Од АЕТМ велат дека онлајн безбедноста и заштитата на потрошувачите се клучни за раст - со што се покажува дека работата на е - трговците е директно контролирана од меѓународните картични организации и може да се смета за сигурна и безбедна. nnn

Во однос на користењето на платежните картички на физичките места на продажба од страна на граѓаните, во последниот квартал од 2020 година беше остварен годишен раст од 22%, што укажува на стабилна и непроменета состојба во растот па плаќањата со платежните картички на физичките места на продажба, во споредба со годишниот раст остварен во последниот квартал од 2019 година.


АПР. 2021

20 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

Онлајн купувањето во Македонија забележа значаен скок и, според нашите податоци, е зголемен за 189 проценти во споредба со 2019 година. Почестите плаќања со дигитални методи секако се поврзани со одговорот на пандемијата и желбата да се зачува здравјето. Бидејќи, во прашање е исклучително безбеден начин на плаќање, што е многу важно за нас, бидејќи безбедноста е приоритет за сите нас во компанијата Visa. Поради сето ова, верувам дека дигиталните плаќања ќе останат прв избор дури и по враќањето во (новото) нормално.


21

AПР. 2021

INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

ВЛАДИМИР ЃОРЃЕВИЌ

ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР НА КОМПАНИЈАТА VISA ЗА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

ВЕРУВАМ ДЕКА ДИГИТАЛНИТЕ ПЛАЌАЊА ЌЕ ОСТАНАТ ПРВ ИЗБОР ДУРИ И ПО ВРАЌАЊЕТО ВО (НОВОТО) НОРМАЛНО


АПР. 2021

22 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

Е

-трговијата во Македонија достигна рекордни нивоа – податоците на Народна банка на Македонија покажуваат дека во 2020 година онлајн плаќањата со платежни картички се значително зголемени, за разлика од 2019 година. Истовремено, за зголемената склоност на потрошувачите кон дигитални плаќања во годината на пандемија сведочат и податоците на компанијата Visa, која забележа зголемување на интернет купувањето за 189 проценти во споредба со 2019 година. За платежните навики на потрошувачите и развојот на дигиталните плаќања во Македонија, разговаравме со г- дин Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на компанијата Visa за Југоисточна Европа. Ѓорѓевиќ сподели со нас информации за експанзијата на дигиталната трансформација, технолошки иновации за спречување злоупотреба, како и за темата за која се интересираат многу граѓани - иднината на криптовалутите. XКакви X се предвидувањата во врска со однесувањето на потрошувачите за 2021 година и за периодот кој следи по пандемијата? Дали ќе ги задржат навиките што ги стекнале за време на кризата со коронавирусот? Постојат неколку аспекти поврзани со потрошувачките навики стекнати за време на пандемијата, за кои верувам дека ќе имаат свое место и во 2021 година. Иако е ослабена, пандемијата е сè уште присутна, а на потрошувачите сè уште им е потребно платежно искуство што е најбезбедно за нивното здравје. Ограничувањата на купување без внесување ПИН код се зголемија за 25 проценти во текот на претходната година, правејќи го бесконтактното плаќање секојдневно искуство за повеќето наши клиенти. Затоа, очекувам иновативните технологии за плаќање да останат избор број еден оваа година, како и да се задржи нивната популарност по пандемијата, бидејќи тие во основа овозможуваат брзо, лесно и удобно искуство за корисниците. Некои од потрошувачите во текот на 2020 година, за прв пат, нарачаа достава на намирници, храна или лекови до нивните домашни адреси, купија подароци, а дигиталните плаќања преку Интернет или мобилни апликации им овозможија да останат поврзани, да покажат грижа и да бидат тука за најблиските, со само неколку кликања. Онлајн купувањето во Македонија забележа значаен скок и, според нашите податоци, е зголемен за 189 проценти во споредба со 2019 година. Почестите плаќања со дигитални методи секако се поврзани со одговорот на пандемијата и желбата да се зачува здравјето. Бидејќи, во прашање е исклучително безбеден начин на плаќање, што е многу важно за нас, бидејќи безбедноста е приоритет за сите нас во компанијата Visa. Поради сето ова, верувам дека дигиталните плаќања ќе останат прв избор дури и по враќањето во (новото) нормално.

XКолку X се развиени дигиталните плаќања во Македонија во споредба со земјите од ЕУ? Македонија бележи добри резултати во сегментот за дигитални плаќања. Бесконтактните опфаќаат скоро 60 проценти од сите Visa трансакции што се случуваат лице в лице1. На светско ниво, оваа бројка е 43 проценти, а кога зборуваме за земјите од ЕУ, тоа е околу 80 проценти2. Податоците потврдуваат дека потрошувачите сакаат секојдневните, рутински активности како што е плаќањата да ги извршуваат едноставно, безбедно и со минимално потрошено време. Мобилното искуство како прво и најважно во обезбедувањето дигитални услуги станува сè побарано во доменот на платната индустрија. Ако знаеме дека скоро четвртина од времето во текот на денот поминуваме користејќи мобилен телефон3, очекувам дека во наредниот период ќе бидеме сведоци на зголемена миграција кон плаќање со паметни уреди. Сепак, со оглед на нивото на зрелост на пазарот за мобилни плаќања во Македонија, мислам дека е сè уште рано да се прават споредби со пазарот на ЕУ. XДали X очекувате експанзија на дигитални трансформации на бизнисите во наредниот период и што е потребно за компаниите да ги подобрат своите деловни системи? Од четвртата индустриска револуција не може да се побегне, светот се движи во една насока и ние мора да скокнеме на тој воз. Паметните уреди се дел од нашиот секојдневен живот. Преку нив, комуницираме, работиме, добиваме информации, но и купуваме. Многу бизниси во текот на 2020 година сфатија дека прашањата за дигиталното присуство и интеракција со потрошувачите го одредуваат опстанокот. Глобално, трансформацијата на малите и средни претпријатија трае долго, но кога зборуваме за Југоисточна Европа, значајните промени и експанзијата на дигитализација допрва следуваат. Компанијата Visa е посветена на зајакнување на малите и средни бизниси, а само во текот на претходната година им помогнавме на малите бизниси да започнат, продолжат или завршат со дигитализацијата на бизнисот во соработка со партнери од банкарскиот и деловниот сектор. Ставањето на нашите сопствени ресурси и знаење во служба на дигитализацијата на малите и средни претпријатија ќе остане еден од нашите приоритети и во 2021 година. XКакви X се Вашите предвидувања кога станува збор за технолошки иновации што можат да спречат обиди за злоупотреба? Светските компании претходната година забележаа зголемен број на обиди за злоупотреба. Низ Централна Европа, Блискиот исток и Африка, забележавме зголемување на сајбер нападите извршени од една од најпознатите измамнички техники - социјалниот инженеринг. Заради тоа, повеќето потрошувачи преземаат чекори да се

заштитат од потенцијална злоупотреба при онлајн купување, а скоро половина од деловните субјекти веруваат дека управувањето со ризиците е клучна област за успешно деловно работење оваа година. Бизнисите ширум светот започнуваат борба против сајбер нападите со усвојување на уште понапредни и побезбедни технологии како што се токенизација, безконтактни плаќања и EMV чипови на паметни картички. За компнаијата Visa, токенизацијата претставува важно решение што е директно поврзано со заштита на корисниците и овозможување безбедна дигитална трговија. Токенизацијата ги заменува чувствителните информации за сметката со единствен дигитален идентификатор кој е наречен токен, кој што овозможува да се обработуваат плаќањата без да се изложуваат податоците. Дополнително, безконтактните Visa картички го имаат истиот EMV безбедносен чип како и контактните,

Податоци од компанијата Visa Годишен Visa извештај 3 Извор: https://www.forbes.com/sites/johnkoetsier/2020/08/17/weve-spent-16-trillion-hours-on-mobile-so-far-in-2020/?sh=52fb3e406d61 1 2


23

ВЛАДИМИР ЃОРЃЕВИЌ

ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР НА КОМПАНИЈАТА VISA ЗА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

Мобилното искуство како прво и најважно во обезбедувањето дигитални услуги станува сè побарано во доменот на платната индустрија. Ако знаеме дека скоро четвртина од времето во текот на денот поминуваме користејќи мобилен телефон, очекувам дека во наредниот период ќе бидеме сведоци на зголемена миграција кон плаќање со паметни уреди. Сепак, со оглед на нивото на зрелост на пазарот за мобилни плаќања во Македонија, мислам дека е сè уште рано да се прават споредби со пазарот на ЕУ.

а секоја трансакција вклучува единствен еднократен код, кој спречува информациите да се злоупотребат. Веруваме дека современата трговија се заснова на беспрекорно и безбедно искуство за плаќање за сите, а иновациите во областа на безбедноста ќе останат наш приоритет во иднина. XЗемајќи X го предвид актуелниот скок на вредноста на биткоинот, какво е Вашето гледиште за иднината на криптовалутите?

Важно е да се разбере разликата помеѓу децентрализираните криптовалути како што се биткоинот и другите дигитални валути кои се директно поддржани од страна на постоечките, декретни. Повеќето луѓе кои поседуваат биткоин ја сметаат оваа валута како дигитално злато, односно како вид на добро што потенцијално носи профит, наместо како средство за плаќање на стоки и услуги. Од друга страна,

AПР. 2021

декретните валутите, вклучуваат и стејбиткоин и дигитални валути на централните банки, имаат статус на иновативни платежни средства што имаат потенцијал да се користат на глобалниот пазар. Денес, 35 водечки платформи за тргување со криптовалути избираат да работат со компанијата Visa, вклучувајќи ги Coinbase, crypto.com, BlockFi, Fold, Bitpanda, што претставува потенцијал за повеќе од 50 милиони наши корисници. nnn


АПР. 2021

24 СТАВ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

ГАСИФИКАЦИЈА

ПОМЕЃУ МИТОТ И РЕАЛНОСТА

Ж

ивотот е како возење во автомобил. Сегашноста е во кабината на автомобилот, иднината ја гледаме преку автомобилското предно стакло, а минатото преку малите огледала ретровизори. Ако сме заглавени со погледот во ретровизорот ќе излетаме од патот, но од друга страна ако не гледаме од време на време во ретровизорот, може да бидеме непријатно изненадени од тоа што се случува(ло) на патот кој што сме го поминале. Минатото е тука за да учиме од него, да се коригираме и да не ги повторуваме грешките. Тоа треба да ни послужи да изградиме подобра иднина за сите нас. За да пробаме да го разбиеме митот за гасификацијата во Република Северна Македонија, ќе треба да погледнеме во ретровизорите и да се вратиме назад повеќе од 30 години. Овој поглед во ретровизорот ќе треба да ни помогне да видиме подалеку на патот преку нашето автомобилско предно стакло.

Поглед во ретровизорот

Во текот на март 1987 година, Собранието на Социјалистичка Република Македонија – СРМ, дава согласност на Одлуката за утврдување на Програмата за

реализација на гасоводниот систем на СРМ од 1986 година до 2000 год., донесена од страна на Собранието на интересната заедница за енергетика на СРМ. Со оваа Програма била дефинирана динамиката на активностите што во период од нејзиното усвојување требало да бидат спроведени за согласно со планските определби, природниот гас да биде вклучен во задоволувањето на енергетските потреби на СРМ после 1990 година. Програмата за гасификација на СРМ предвидувала реализација на Гасоводниот Систем на Македонија (ГСМ) да се одвива во две фази. Во првата фаза, која требало да се реализира до 1990-та година, било предвидено доведување на природниот гас до потрошувачите во Скопје, Куманово, Кратово и Крива Паланка. Во втората фаза било предвидено проширување на ГСМ кон потрошувачите во Тетово, Гостивар, Свети Николе, Штип, Пробиштип, Велес, Кочани и Струмица. Оваа фаза било планирано да се реализира во периодот од 1990 до 2000 година. Во оваа фаза било предвидена и изградба на магистрални гасоводи кон Србија и Косово, секако приклучени на нашиот магистрален гасовод.

Како носител на севкупните активности за реализација на оваа Програма, од страна на тогашното СИЗ за енергетика на СРМ бил определен РО „Макпетрол“ – Скопје. За момент да се вратиме во кабината на автомобилот, т.е. повеќе од 30 години назад во сегашноста. Од првата фаза, имаме еден магистрален гасовод, засега единствен, од Жидилово до Скопје. Во Скопје, немаме реална гасификација и изградена дистрибутивна мрежа до краен корисник, Куманово има делумна гасификација, која срамежливо, но упорно се пробива до крајниот корисник. Кратово и Крива Паланка не се гасифицирани. Резимето за втората фаза е, имаме магистрален гасовод во изградба до Тетово и Гостивар, со реализација од 75%, Струмица е гасифицирана со „виртуелен гасовод“, додека Свети Николе, Штип, Пробиштип, Велес, Кочани не се гасифицирани. Денес не може да се зборува за изградба на магистрални гасоводи кон Србија и Косово како дел од таа втора фаза од пред 30 години. Од овој пресек може да се каже дека сегашната состојба или изграденост на ГСМ и плановите за негов натамошен


25

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

развој главно не се променети во однос на предвиденото со Програмата за гасификација, освен што целата динамика е поместена за едно 20 години. Како исчекор во гасификацијата може да се каже дека во моментов три делници на преносната мрежа се во градба. Делницата од Клечовце до Неготино во должина од 96 км е 100% завршена, делницата од Неготино до Битола од 92 км е реализирана 94%, а од Скопје до Тетово и Гостивар се реализирани 75%. Во напредна фаза е документацијата за изградба на интерконектор со Грција што ќе обезбеди енергетска независност во однос на добавувачот на гас.

Како ги искористивме изминатите 30 години?

Реално процесот на гасификација на една земја е сложен и бавен процес. Потребно е да се согледаат потребите и можностите за примена на ваков енергенс, потоа да се разгледаат и проучат можностите за квантитативно и квалитетно снабдување со доволни и навремени количества на природен гас, да се одберат и гарантираат потребните инвестициони средства и да се надополни, заокружи или создаде сосема нова законска регулатива со која ќе се дефинираат односите меѓу сите учесници во процесот на гасификацијата (државата од една страна, дистрибутерот од друга, производителите на опрема, проектантите и изведувачите од трета страна и на крајот секако најважните, крајните корисници). Дали повеќе од 30-тина години (колку што трае нашиот процес на гасификација) беа доволни, или поточно доволно добро искористени да се изврши неопходното дополнување, доградување и заокружување на законската регулатива за пренос, дистрибуција и непречена експлоатација на природниот гас? Дел од стандардите и прописите кои и денес се користат се донесени до 08 септември 1991 година, во периодот на распаѓањето на СФРЈ и истите се прифатени и по автоматизам пренесени во нашата законска легислатива. И тука како да е застанат процесот на дополнување и заокружување на нашата законска регулатива во делот на непречена експлоатација на природниот гас. Тоа е сериозно бреме кај сите субјекти учесници во процесот на гасификација. Процедурата за изработка и донесување на стандард е сложена и обично долготрајна постапка. Стопанството и субјектите коишто учествуваат во неговото градење не секогаш имаат време, средства и трпение да ја забават својата активност чекајќи нови регулативи.

На сметка на тоа оваа област ја покриваат повеќе министерства и институции. Иако сите одделно може да се каже и дека коректно си ја работат својата работа недостасува алатката која што ќе ги координира и води процесите.

Потребно е посебно министерство за енергетика

Благојче Котески

магистер по енергетско машинство

Енергетиката е носечката гранка или клучот кој ја отвора вратата на новата индустриска револуција чиј камен темелник е енергетската транзиција. Во енергетиката, нема место за импровизации, енергетските проекти се планираат однапред за да служат со години и на идните генерации. Гасот се’ уште чука на нашите порти, дали ние како генерација сме навистина спремни да му отвориме?

Ајде сега да погледнеме низ големото автомобилско стакло. Да го видиме патот пред нас. Природниот гас треба да донесе подобрување на енергетската состојба на нашата земја, треба да даде подобра и посигурна енергетска понуда и посебно важно да даде придонес во подобрувањето на животната средина. Пред да стигнеме до алатката, збор два и за потенцијалот за вработување во овој сектор. Пред нас се отвора цела една гранка која што треба да обезбеди вработувања на стручен кадар кој што ние реално го немаме, а ќе треба да се спреми и обучи. Луѓето кои ќе се одлучат да се профилираат во оваа дејност сигурно може да сметаат на добра перспектива. Но за да се помогне и во овој енергетски проект ни е потреба алатката. Таа алатка се вика Министерство за енергетика. Ова министерство треба да биде кадровски и материјално опремено и да биде во состојба да се зафати со креирање и спроведување на квалитетна политика и изградба на односи и критериуми во комплексот на енергетиката, кои ќе донесат за нејзино навремено, квалитетно и ефикасно функционирање. Без оваа алатка и понатаму ќе биде присутна конфузијата и мешањето на ингеренциите на поедини министерства и институции каде се јавува реален судир на надлежности. Иако секоја институција може да си ја извршува својата работа коректно и навремено, недостасува носителот, кој треба да биде едуциран, стручен и опремен, кој ќе може да ја води државата во енергетската транзиција. Овде акцентот се става на енергетска транзиција а не на еден нејзин сегмент – гасификација. Анализите од страна на експертите изложени во Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година, покажуваат дека за енергетска транзиција на Северна Македонија, неопходни се скоро 800 до 900 милиони евра годишно. Енергетиката е носечката гранка или клучот кој ја отвора вратата на новата индустриска револуција чиј камен темелник е енергетската транзиција. Во енергетиката, нема место за импровизации, енергетските проекти се планираат однапред за да служат со години и на идните генерации. Гасот сè уште чука на нашите порти, дали ние како генерација сме навистина спремни да му отвориме?

nnn

Како исчекор во гасификацијата може да се каже дека во моментов три делници на преносната мрежа се во градба. Делницата од Клечовце до Неготино во должина од 96 км е 100% завршена, делницата од Неготино до Битола од 92 км е реализирана 94%, а од Скопје до Тетово и Гостивар се реализирани 75%. Во напредна фаза е документацијата за изградба на интерконектор со Грција што ќе обезбеди енергетска независност во однос на добавувачот на гас.


АПР. 2021

26 STARTUP

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

КАКО ДА НЕ ПРЕГОРИТЕ ВО ВАШИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧ

СТРАСТА ЗА ВАШИОТ СТАРТАП НЕ М Што ако хроничниот стрес, напнатост, непреспани ноќи и останатите саможртви што ги прават претприемачите и не мора да се предуслов потребен за успех? И понатаму, што ако е можно да се обучат претприемачите да ги изменаџираат стресовите на претприемништвото, така што да не се изложат на хронични психо – физички проблеми? Во акцелераторот Delta v при школата за менаџмент на МИТ универзитетот во САД, изминатата година, презеле чекори со цел да одговорат на овие прашања, создавајќи прва од ваков вид, истражувачка програма за самосознавање, за да им помогнат на 84 основачи на стартапи и нивните колеги од тимот. Помошта била насочена кон тоа да се развие способност за давање приоритет на сопствената благосостојба додека се гради бизнисот и се мерат резултатите. HARVARD BUSINESS REVIEW

П

ретприемачите се толку страсни за она што го креираат - и честопати, толку исплашени дека ќе го разочараат својот тим и инвеститорите – па се во состојба да сторат речиси се’ за да го реализираат потенцијалот на нивниот

стартап. Многубројни се приказните за ваквите жртвувања што може да ги најдеме во блоговите на основачите и во “прошталните писма“ оставени после некој неуспешен стартап, каде што се споменуваат безбројните непреспани ноќи, запоставени пријателства, семејни врски, заборавањето да се вежба, добрата исхрана....се’ ова за доброто на стартапот. Овој пристап на „стартапот пред се’“ може да доведе до хроничен стрес, кој предизвикува штети

на физичкото и менталното здравје на претприемачите. Една студија на Универзитетот на Сан Франциско во Калифорнија (UCSF) открила дека претприемачите можат да бидат склони кон проблеми со менталното здравје повеќе од останатите, а според досегашните искуства, нервозата, недостигот на самодоверба, депресијата и осаменоста се мошне распространети кај претприемачите. А што ако загрозувањето себеси и не


27

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

ЧКИ НАПОРИ

МОРА ДА ЗНАЧИ ХРОНИЧЕН СТРЕС мора да е предуслов потребен за успех? И понатаму, што ако е можно да се обучат претприемачите да ги изменаџираат стресовите на претприемништвото, така што да не се изложат на хронични психо – физички проблеми? Во акцелераторот Delta V при школата за менаџмент на МИТ универзитетот во САД, изминатата година, презеле чекори со цел да одговорат на овие прашања, создавајќи прва од ваков вид, истражувачка програма за самосознавање, за да им помогнат на 84 основачи на стартапи и нивните колеги од тимот. Помошта била насочена кон тоа да се развие способност за давање приоритет на сопствената благосостојба додека се гради бизнисот и се мерат резултатите. До крајот на програмата, 93% од фокус групата изјавиле дека вежбањето на самосознавањето може да им помогне на претприемачите да создадат поуспешни бизниси. „Повеќе од сè, тоа му даде на нашиот тим неутрален, заеднички јазик за градење на нашите односи и култура“, вели еден од учесниците во програмата.

Со тренинг за самосознавање до подобро донесување одлуки

При развивањето на програмата, од МИТ велат дека биле свесни оти препорачувањето некакви практики на грижа за себе – во смисла на добра исхрана, правење паузи, медитација пред спиење и сл. – едноставно нема да биде доволно за да се промени всаденото мислење кај претприемачите за тоа дека прекумерниот стрес и постојано жртвување е неминовно при работењето на еден стартап, односно да се убедат претприемачите да потрошат дел од своето и онака ограничено време на нешто друго освен самиот стартап. Наместо тоа, авторите дизајнирале тест програма со цел да им помогнат на учесниците во акцелераторот да развијат поголема самосвест. Авторите претпоставиле дека доколку претприемачите би разбрале повеќе за сопствената “механика“ - нивните мисли, чувства и автоматските физички и емотивни реакции - тие би можеле да направат подобри лични избори во однос на секојдневните стресови што ги носи

претприемништвото. Учесниците требало да научат едноставна рамка за градење на самосвесност: 1. Забележување: Обрнување внимание на вашите мисли, чувства и физички дразби во сегашниот момент. 2. Означување: Доделување едноставна ознака (на пр. „чувствување лутина поради постапка на мојот ко-основач“) на она што го забележувате, секој пат кога ќе забележите. 3. Покажување љубопитност: Без да судите, осврнете се на обрасците што ги забележувате со текот на времето. (на пр. Хм, се чувствувам прилично напнато поради мојот партнер во фирмата. Зошто е тоа така? Дали очекувам нешто од него/неа и не го добивам, можеби?) 4. Активно правење на избор: Да се направи избор врз основа на добра информираност, заснован на вашата авто - рефлексија. (на пр. наместо да вријам со овие емоции и понатаму, би можел да разговарам со менторот околу проблемот, како и да седнам со


АПР. 2021

28 STARTUP

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

До крајот на програмата, 88% од учесниците самостојно воспоставиле своја редовна, неделна медитација или некаква мисловна практика. Пред програмата, 65% од испитаните никогаш не медитирале, а само 21% редовно вежбале медитација или самосвесност.

мојот ко-основач за да разговараме за тоа како се чувствувам.) Рамката на акцелераторот од МИТ е всушност проширена форма на свесност - дефинирана од Џон Кабат - Зин како „обрнување внимание, фокусирано, во самиот момент, без да судите“. За да ја практикуваат рамката, на учесниците им била објаснета и т.н. медитација на свесноста, за којашто е докажано дека го намалува стресот и вознемиреноста и помага во регулирањето на емоциите, меѓу многуте други придобивки. Тие исто така научиле и куси практики на свесност што можат да се интегрираат во нивните животи. Покрај тоа, менторите спровеле и групни сесии, каде се разговарало за клучните предизвици со кои се соочуваат претприемачите. Учесниците можеле да ги искористат овие сесии за малку да ги „испуштат вентилите“ и да добијат фидбек и различни гледишта на проблемите во средина каде што се чувствуваат безбедно и имаат доверба. Овие сесии биле задолжителни, а сè друго било по избор.

Како претприемачите да прават избор што е поздрав за нив

За да го измерат влијанието на оваа методологија врз студентите претприемачи, менторите ги анкетирале пред и по програмата Delta V, при што 60 учесници одговориле на прашалниците. Резултатите биле видливи. До крајот на програмата, 88% од учесниците самостојно воспоставиле своја редовна, неделна медитација или некаква мисловна практика. Пред програмата, 65% од испитаните никогаш не медитирале, а само 21% редовно вежбале медитација или самосвесност. Менторите не барале од нив да започнат самите со свои практики. Едноставно им ги претставиле придобивките поткрепени од истражувања и им покажале како е можно да се интегрираат во нивниот веќе исполнет ден. Тие сфатија дека вреди да се обидат и дека не треба да го гледаат тоа како уште една додадена обврска на нивниот список на дневни обврски. Додека некои учесници одлучиле редовно да медитираат, други избраа,

на пример, да го претворат своето утринско патување со метрото во една вежба за самосвесност, фокусираност, односно да издвојат 5 минути и да ги начулат сите свои сетила – вид, слух, како ги доживуваат сите тие дразби, итн. А, како што ќе се појавувале мисли или чувства, тие би ги „означиле“ и потоа би се вратиле назад кон фокусирање на околината. Менторите исто така откриле и дека нивната практика се исплати и создава промена во однесувањето на претприемачите. По програмата, 53% од учесниците почесто користеле некаква алатка или техника за менаџирање на стресот, а 40% биле повеќе свесни за своите емоции. Овие претприемачи правеле активни, од момент – во момент избори со цел да променат своите вообичаени реакции на стресни ситуации. И конечно, учесниците станале повеќе свесни за себеси преку споделување на своите предизвици едни со други. Една третина од учесниците, изјавиле дека


29

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097


АПР. 2021

30 STARTUP

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

Учесниците станале повеќе свесни за себеси преку споделување на своите предизвици едни со други. Една третина од учесниците, изјавиле дека наоѓаат посебна вредност во учењето, другарството и отвореноста што ја доживеале во групите со своите колеги.

наоѓаат посебна вредност во учењето, другарството и отвореноста што ја доживеале во групите со своите колеги. „Станав поотворен за споделување на моите внатрешни предизвици со другите“, изјавил еден претприемач. „Слушањето на гледиштата и приказните на колегите во групата ми помогна да бидам помудар околу тоа како можам да им пристапам на комплицирани прашања со поголема самодоверба“.

Како може самосвесноста да му помогне на поширокиот претприемачки екосистем?

Самосвеста не е магично стапче. Програмата не го намалила целосно стресот. Во пост-програмската анкета направена само неколку дена пред “Demo Day“, кога претприемачите требало да ги претстават своите проекти пред повеќе од 1.000 луѓе, 40% од учесниците во акцелераторот имале повеќе тешкотии да заспијат или да имаат мирен сон, отколку што било случај на почетокот на акцелераторската

програма. Но, неверојатно, и во спротивност со претходните искуства од акцелераторските програми, тие направиле активен избор решително да заспијат. Културата на Delta V се сменила. Додека во претходните години, учесниците ги ценеле своите стартапи како најважни во својот живот, во оваа група, тие не само што ја ценеле сопствената благосостојба, туку тие многу почесто самите нуделе и прифаќале помош. Тие покажале постојано напнати и ненаспани за да ја покажат својата страст кон своите стартапи. Дали стартапите во од оваа група ќе бидат повеќе или помалку успешни од групите пред нив? Сè уште не можеме да кажеме, велат од МИТ Универзитетот. Тие ја продолжуваат програмата, ќе ја градат својата база на податоци врз основа на искуствата и ќе ги следат своите „ученици“ претприемачи. „Но, сметаме дека дополнителните алатки што ги обезбеди програмата ќе им помогнат во нивните претприемачки

напори сега и долгорочно. Наместо состојба само на битисување, самосвеста е навика што треба да се практикува одново и одново. Тие 12 недели во акцелераторот им овозможија на претприемачите да го практикуваат она што го учеа, да ги видат последиците со текот на времето и да ги интегрираат научените работи во нивните стартап активности. Ние веруваме дека тие ќе продолжат да го прават тоа, градејќи ги своите компании надвор од Delta V. Веруваме дека интегрирањето на самосвеста во претприемачкиот екосистем - претприемач по претприемач - ќе доведе до поздрави стартап култури. Оваа придобивка не само што ќе им помогне на основачите, туку според наша проценка, ќе создаде и домино ефект и ќе се прошири на членовите на нивниот тим, нивните клиенти, добавувачи, што на крајот ќе резултира во поздрави - и поуспешни бизниси.“, вели Триш Котер, директорка на Delta V акцелераторот и организатор на програмата. nnn



АПР. 2021

32 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРВИОТ КВАРТ РЕДЕФИНИРААТ ДИНАМИКАТА Н Првиот квартал завршува и компаниите веќе се подготвуваат за првите објави, што може да се очекуваат во април. Резултатите ќе бидат лакмусов тест за состојбата на економијата, особено во Европа заради новите и најсилни ограничувања на јавниот живот досега (главно поради Германија). Резултатите исто така ќе ја редефинираат динамиката на пазарот. До денес победниците во кризата - технолошките компании, преработувачката индустрија и компаниите што сервисираат работа од дома и е-трговија треба да дадат потврда дека силниот раст во претходната година не е еднократен, туку тренд што останува.

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС

П

(редакциска опрема Капитал)

андемијата полека добива на интензитет. Состојбата во Азија е добра. Во САД, како и во Велика Британија, исто така, изгледа многу добро, а Латинска Америка и Европа изгледаат скоро катастрофално. Како резултат на ова, ограничувањата се најлоши на стариот континент, што има многу негативно влијание врз економијата и сè повеќе и врз расположението кај луѓето. Првомајските празници се изгубени, а јунскиот почеток на летната сезона сè уште не изгледа ветувачки. Услужниот сектор, кој е многу важен, особено за јужните земји во Европа, ќе продолжи да страда и се поставува прашањето колку може да трае и покрај дарежливата помош на земјите. Со оглед на состојбата со пандемијата, можеме да видиме врска помеѓу вакцинацијата и развојот на пандемијата, каде што стапката на вакцинација е поголема, таму пандемијата се смирува,

па затоа е клучно Европа конечно да ја забрза својата програма за вакцинација. Сето ова ќе биде многу тешко, со оглед на бирократската логика на носителите на одлуки во Брисел, така што се повеќе земји започнуваат со програма за вакцинација по сопствена иницијатива. Состојбата во индустријата е многу добра, нарачките се високи, а економските показатели се добри. Индустријата и делот од услужниот сектор што поддржува работа од дома ги одржуваат заедничките економски индикатори на солидни нивоа, што ги поддржува пазарите да останат на рекордни нивоа. Американскиот стимул се слева на пазарите и ова очигледно ќе се случува уште неколку недели. Острата реторика меѓу републиканците и демократите се намалува во последните неколку недели, тензиите се намалуваат, барем привремено, а тензиите меѓу Кина и САД и Европа благо растат. Најновите тензии се предизвикани од кинеските прекршувања на човековите права, па затоа ескалацијата на тензиите, што ќе се рефлектира и врз економиите и берзите, се чини неизбежна.

Хеџ фонд ги урниса профитите на неколку банкарски гиганти од Волстрит

Движењата на пазарите на обврзници се стабилизираа и иако 10-годишната американска обврзница е нешто над 1,70 проценти, тоа не ги загрижува премногу пазарите во моментот. Со зголемувањето на приносот на обврзниците, рекордните вредности на берзата и силниот долар кои се движи во опсегот од 1,17 американски долари за едно евро, па се очекува корекција. Неодамна скапоцените метали изгубија дел од својот сјај. Нафтата, се стабилизира малку пониско, околу 60 американски долари и се чини дека тоа им одговара на сите. Главната приказна за пазарите на капитал во последните денови е повторно проблем со еден од хеџ фондовите. Менаџментот на Archegos Capital очигледно го изгради своето огромно портфолио со позајмени пари што не успеа да ги врати, па банките беа принудени да го распродаваат портфолиото кон крајот на минатата недела. Некои од помалите акции кои беа ѕвезди поради нивниот раст


33

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

ТАЛ ЌЕ ЈА НА БЕРЗИТЕ

ЗАЧИНЕТЕ ГО ПОРТФОЛИОТО И СО АКЦИИ ОД РЕГИОНОВ Меѓу регионите, Европа се издвојува според привлечноста, а поради прекрасните дивидендни приноси и привлечните проценки, нашиот регион од Централна и Југоисточна Европа е интересен и за мал дел од портфолиото. Енергијата и материјалите се споменуваат како заштита од инфлација во последните неколку недели, иако проценките во оваа индустрија не се претерани, но по значителниот раст во последните неколку недели, доаѓа период на консолидација.

Р

оваа година, нагло паднаа. Неколку големи глобални банки како Goldman Sachs, JP Morgan, Credit Suisse и Nomura ќе објават милијарди загуби, повторно предупредувајќи ги инвеститорите дека поради ниските каматни стапки и како последица на нескротливите шпекулации на некои учесници, пазарот крие мини. Тие се многу тешки за избегнување, само диверзификацијата на портфолиото многу помага. Првиот квартал завршува за неколку дена и компаниите веќе се подготвуваат за првите објави, што може да се очекуваат во април. Резултатите ќе бидат лакмусов тест за состојбата на економијата, особено во Европа заради новите и најсилни ограничувања на јавниот живот досега (главно поради Германија). Резултатите исто така ќе ја редефинираат динамиката на пазарот. До денес победниците во кризата, технолошките компании, преработувачката индустрија и компаниите што сервисираат работа од дома и е-трговија, треба да дадат потврда дека силниот раст во

азвојот на пандемијата, државните стимуланси и ликвидноста на централните банки ги обликуваат берзите, но тие се туркаат на повисоко ниво заради плимата на ликвидност и ротацијата помеѓу инвестициите. Прашањето за инфлацијата останува во преден план. Акциите на технологијата, е-трговијата и работата од дома остануваат сегменти со натпросечен раст на бизнисот, но со многу високи проценки, претпазливоста не е излишна и инвеститорите се повнимателни. Индустријата се стабилизира, но новиот раст ќе бара подобри деловни резултати. И покрај зголемувањето на приносот, обврзниците остануваат скапи, заедно со негативните приноси од банките, тие продолжуваат да ги принудуваат инвеститорите првенствено во капитални инвестиции. Диверзификацијата на портфолиото останува итна. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Можностите надвор од технолошкиот сектор остануваат привлечни поради пониските проценки, особено во сегментите на пазарот каде се очекува силна промена во деловното опкружување на подобро заради вакцините или влијанието на новите политики. Тежината во форма на индивидуални учества треба да биде претставена од индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Ова вклучува главно здравствена заштита (исто така преку демографски трендови), индустрија, поради инфраструктурни стимули и грижа, како резултат на преминот кон „зелена“ енергија. Меѓу регионите, Европа се издвојува според привлечноста, а поради прекрасните дивидендни приноси и привлечните проценки, нашиот регион од Централна и Југоисточна Европа е интересен и за мал дел од портфолиото. Енергијата и материјалите се споменуваат како заштита од инфлација во последните неколку недели, иако проценките во оваа индустрија не се претерани, но по значителниот раст во последните неколку недели, доаѓа период на консолидација. Сепак, тие сè уште остануваат интересен зачин во портфолиото и преку секторски и регионален пристап. Инвеститорите со долгорочни цели на заштеди треба да издржат и да продолжат со периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума истата треба да ја распределат на подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работењето од дома, почиста енергија, работењето во согласност со социјалните норми и придржувањето кон таканаречените препораки на ЕСГ се долгорочни трендови, а фокусот на долгорочните трендови историски е важна компонента на постигнување натпросечни приноси.


АПР. 2021

34 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

Главната приказна за пазарите на капитал во последните денови е повторно проблем со еден од хеџ фондовите. Менаџментот на Archegos Capital очигледно го изгради своето огромно портфолио со позајмени пари што не успеа да ги врати, па банкарските гиганти од Волстрит беа принудени да го распродаваат портфолиото кон крајот на минатата недела.

претходната година не е еднократен, туку тренд што останува. Оваа недела, администрацијата на Бајден ќе открие повеќе податоци од огромниот стимуланс за инфраструктурата во САД, зголемувајќи го интересот за индустријата, како и материјалите.

Поголеми поместувања во Европа

Можеме да забележиме поголеми поместувања во Европа, каде што индустријата претставува многу поголема тежина во индексите отколку во САД. Кинеските акции, ако одземеме пад на неколку акции поради проблемите на гореспоменатиот хеџ-фонд, повторно наидоа на поддршка, иако постои загриженост за повторно заострување на односите со САД и заканата за повлекување од американските берзи. Затоа, тие остануваат натпросечна шпекулативна инвестиција уште некое време. Меѓу индустриите, вреди да се спомене широката потрошувачка, што во одредени сегменти (луксузни производи, возила и сл.) покажува добар раст, така што сегментот останува привлечен. Минатата недела идејата за рефлационо тргување беше целосно напуштена, а ротацијата во финансиските акции и материјалите се забави, иако последните остануваат привлечни заради инфраструктурни проекти. Нејасниот развој на пандемијата продолжува да создава голема несигурност во авионската индустрија, угостителството и во услужниот сектор воопшто. Бидејќи отворањето на јавниот живот останува силно вградено во сегашните нивоа, претпазливоста кај овие сегменти на пазарот не е излишна. nnn

Со оглед на состојбата со пандемијата, можеме да видиме врска помеѓу вакцинацијата и развојот на пандемијата, каде што стапката на вакцинација е поголема, таму пандемијата се смирува, па затоа е клучно Европа конечно да ја забрза својата програма за вакцинација. Сето ова ќе биде многу тешко, со оглед на бирократската логика на носителите на одлуки во Брисел, така што се повеќе земји започнуваат со програма за вакцинација по сопствена иницијатива.


За секој случај.

SOS пакетот покрива трошоци за операции и тешки болести.

Повеќе инфо на: info.zdravje@triglav.mk 02 5102 106 02 5102 108

SOS пакет за здравствено осигурување Кога надвор е облачно, дали со себе ќе понесете чадор, за секој случај? Животот, исто како времето, може да биде непредвидлив. Затоа, за некои одлуки добро е да се размислува однапред. SOS пакетот на Триглав е едноставно и достапно решение, коешто овозможува комплексна здравствена заштита - нуди бројни поволности, коишто се исти, без разлика на возраста, обезбедува еднократен надомест за тешки болести и директно ги покрива трошоците за операции кон приватните здравствени установи. SOS пакетот е тука да обезбеди финансиска сигурност тогаш, кога е таа најпотребна. Добро е да го имате, за секој случај.

Ваш партнер за здравје.

triglav.mk


АПР. 2021

36 ФЕЉТОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

ГОЛЕМАТА СЛИКА

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА НА С автори:

МАЈА ГЕРОВСКА – МИТЕВ МИЛА ЦАРОВСКА ПОГЛАВЈЕ 8 Преобликување на системите на социјална заштита и социјално осигурување на среден рок

Општествените промени кои вклучуваат изменети економски, социјални, демографски и семејни структури, неизбежно наметнуваат неопходност од промени и на системите на социјална заштита и социјално осигурување. Социјалните режими кои се соочија со потешкотии во прилагодување на структурните промени во 90-тите години од 20-тиот век, Еспинг-Андерсен ги нарече

„замрзнат пејзаж“, реферирајќи притоа на статус кво ситуациите и ригидноста на аранжманите на континенталноевропските социјалните држави (Еспинг-Андерсен, 1996). Низ призма на изменетите општествени текови во третата деценија од 21 век и потребите кои тие ги наложуваат, голем дел од социјалните држави повторно може да се наречат „замрзнат пејзаж“. Имено, прилагодувањето на социјалните системи треба да е континуиран процес и не треба да се гледа само низ параметриските измени на постоечкиот дизајн. Новите семејни структури, новите форми на вработување, новите социјални ризици изискуваат парадигматски промени, како и менување на логиката на функционирањето на системите на

социјална заштита, односно од систем на „последен излез“ во систем на „првична поддршка“, од систем на реципроцитет кон систем на дополнителност и од куративен во превентивен социјален систем. Реформските зафати во системите на социјална заштита и социјално осигурување во Северна Македонија беа карактеристични како за почетокот на 2000 година (воведување на капитално финансирано пензиско и инвалидско осигурување, измени во должината на осигурувањето во случај на невработеност и сл.), така и во последните неколку години со измените и дополнувањата на системот на социјална и детска заштита (2019), со кои се воведоа нови права (пр. образовен додаток),


37

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

СРЕДЕН И ДОЛГ РОК (8) се прошири опфатот и се изедначија референтните скали меѓу различни права со што се подобри еднаквоста во третманот на различни категории на корисници. Сепак, потребата од понатамошни промени е неминовна. Гледано на среден рок, системите на социјална заштита и социјално осигурување во Северна Македонија треба да претрпат преобликување, во насока на: опфат на нови социјални ризици, вклучување на нестандардните форми на вработување во социјалното осигурување, зголемување на финансирањето и диверзификација на изворите на финансирањето, проширување на универзалноста на социјалните права, како и дигитализација на социјална

заштита и социјално осигурување.

Опфат на нови социјални ризици

Опфатот на социјалното осигурување се засновува на покривање на очекуваните социјални ризици во текот на животниот и работниот век на човекот, како: раѓање, болест, повреда при работа (здравствено осигурување), професионална адаптација, невработеност (осигурување во случај на невработеност), инвалидитет, старост, смрт (пензиско осигурување). Ваквиот традиционален пристап на „штедење“ за социјалните ризици во најголема мера вклучува парично надоместување на моменталниот ризик со кој се соочува осигуреното лице. Но, имајќи ги предвид демографските промени кои се случуваат во однос на продолжениот човеков век, како и

Од почетокот на ковид - кризата, група на економисти, социолози, инженери, банкари, поранешни и актуелни министри работеа на поставување на “големата слика” за македонската економија. Нивниот труд е преточен во студијата „Големата слика: Македонската економија на среден и дол рок“,издадена од Фондацијата „Фридрих Еберт“, канцеларијата во Скопје. „Капитал“ ви ги претставува сите девет поглавја од студијата – целосно или делумно, со дозвола од Фондацијата. Составена од 11 членови (Глигор Бишев, Јане Богоев, Ивана Вучкова, Маја Геровска - Митев, Марија Дренковска, Бранимир Јовановиќ, Никола Поповски, Никола Стиков, Драган Тевдовски, Ванчо Узунов, Мила Царовска), хетерогената група што ја изработи научната студија креираше низа препораки за македонската економија на среден и долг рок. Целата публикација е достапна на веб страната на Фондацијата „Фридрих Еберт“ – www.fes-skopje.org


АПР. 2021

38 ФЕЉТОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

промените на пазарот на труд во однос на растечкиот број на „нетрадиционални“ форми на работа, социјалното осигурување се соочува со потреба да го прошири опфатот на социјалните ризици кои ги покрива, но и да го зголеми уделот на услугите наместо исплатите, како форма на социјално осигурување. Поаѓајќи од континуираниот пораст на населението на возраст над 65 години, кое во периодот од 2010 до 2019 година се зголеми за 22,3% (графикон 8.1.), како и нагласената потреба од долгорочна заштита на оваа возрасна категорија која во периодот 2010 – 2018 година речиси трикратно е зголемена (графикон 8.2.), неодминлива е дискусијата за можности од воведување осигурување за долгорочна нега. Искуствата на европските земји покажуваат дека сè уште најголемиот дел од паричните издатоци за долгорочна нега се финансираат од генералното оданочување. Исклучок од ова е Германија која има задолжителни придонеси за долгорочна нега, додека системите во Луксембург и Белгија/ Фландрија имаат комбинација на

придонеси и оданочување. Во Шведска, локалните самоуправи имаат право да одлучат и да воспостават шема за финансиски надоместоци за долгорочна нега (Spasova et al., 2018). Во Германија, која го воведе осигурувањето за долгорочна нега во 1995 година, финансирањето (традиционално) е подеднакво поделено меѓу работникот и работодавачот и изнесува 2,55% месечно од бруто-платата. Тоа ги покрива трошоците за нега во домот на корисникот или, пак, трошоците за сместување во институција за долгорочна нега. Овој вид осигурување ја преферира грижата во домот на корисникот или, пак, живеењето со поддршка. Сепак, во 2017 година околу една третина од корисниците живееле во институција за долгорочна нега, а од нив 50% биле лица со деменција (Federal Ministry of Health, 2017). Овој пример на пресретнување на демографските предизвици го следи и Словенија, која, во текот на 2020 година очекува усвојување на Законот за осигурување за долгорочна нега. Со цел да осигури стабилен

извор на финансирање на растечките издатоци за долгорочна нега, Словенија симулира повеќе сценарија во однос на тоа дали новото осигурување ќе биде задолжително или доброволно и дали ќе се зголемат даноците или ќе се воведе зголемен придонес за социјално осигурување. Според словенечките проценки, овој нов вид осигурување ќе чини половина милијарда евра. Во Северна Македонија, долгорочната нега е фрагментирана меѓу системот на социјална заштита и системот на здравствена заштита. Ваквата поделеност не резултира со интегриран пристап меѓу двата система и многу често корисниците на правата и услугите за долгорочна нега ги остваруваат преку долга и комплицирана процедура, која изискува посета и на центрите за социјална работа и на здравствените институции и комисии, зависно од типот на попреченост или болест. Ваквата дуалност на системот за долгорочна нега резултира и со нејаснотија во однос на издатоците за неговото финансирање. Според Евростат, издатоците за попреченост во 2017 година


39

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

изнесувале 1,7% од бруто-домашниот производ (БДП), додека издатоците за здравствена заштита 4,2% од БДП. Воведувањето дополнителен придонес за долгорочна нега би можел да ја подобри не само транспарентноста на издатоците, туку и стабилноста и диверзификација на финансиските извори за оваа намена. Исто така, придонесот за долгорочна нега би обезбедил, покрај пензиска, односно материјална заштита во староста, поддршка за трошоците за нега во домот на корисниците или трошоци за сместување во институција. Ова значително би влијаело и на подобрување на социјалната сигурност кај старите лица. Секако, воведувањето на нов или зголемен придонес за социјално осигурување за дологорочна нега треба да биде доведен во контекст и со севкупниот товар на трошоците за работната сила. Предизвиците за негово воведување во национален контекст се однесуваат и на сè уште ниската стапка на вработеност (47,3%), како и на значителниот број неформално вработени (15,7%). Дополнително, дебатата поврзана со моделот на фискална политика, која во делот на социјалното осигурување предвидува негово целосно засновување на даночно-финансиран модел, треба да биде земена предвид, при што доколку на среден рок истата биде реализирана, уделот на трошоците за финансирањето на долгорочната нега треба да бидат соодветно проектирани во даночните ставки. Имајќи ги предвид севкупните придобивки, кои освен на индивидуално ниво би се рефлектирале и на ниво на растоварување на семејните обврски за обезбедување издршка на родителите од страна на нивните деца, која обврска во определени случаи постои и помеѓу други роднини, проширувањето на социјалното осигурување со дологорочна нега е неминовност која на среден рок ќе придонесе Северна Македонија да го надополни конзервативниот систем на нега, да има отчетен и диверзифициран систем на финансирање и обезбедување долгорочна нега, како и зајакната социјална сигурност кај повозрасната популација. Дополнително, осигурувањето во случај на невработеност исто така треба да биде предмет на проширување, односно додавање можност за негово користење од страна на сите невработени за кои е платен придонес, без разлика на причините за настанување на невработеноста. Актуелниот систем на осигурување во случај на невработеност има одредби кои се косат со правата кои произлегуваат од работниот процес. Имено, Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност дефинира дека паричниот надоместок во случај на невработеност не може да оствари, меѓу останатите, „невработено лице на кое работниот однос му престанал поради: спогодбено престанување на работниот однос, престанок на работниот однос со отказ и неоправдано изостанување од работа три последователни или пет работни дена во годината“ (чл. 67, Службен весник, бр. 124/19). Ваквиот начин на третирање на невработеноста не коинцидира со фактот

Гледано на среден рок, системите на социјална заштита и социјално осигурување во Северна Македонија треба да претрпат преобликување, во насока на: опфат на нови социјални ризици, вклучување на нестандардните форми на вработување во социјалното осигурување, зголемување на финансирањето и диверзификација на изворите на финансирањето, проширување на универзалноста на социјалните права, како и дигитализација на социјална заштита и социјално осигурување.

дека придонесите за осигурување во случај на невработеност се уплатени без разлика на причините за прекин на работниот однос. Логиката на ваквиот пристап веројатно произлегува од фактот дека придонесите ги плаќа работодавецот, а не лично работникот, па оттаму заштитата во случај на невработеност треба да биде „заслужена“, односно се добива само ако причината за тоа не е директно самиот вработен. Ваквото конзервативно спроведување на осигурувањето во случај на невработеност го прави уплаќањето на овој придонес бесмислен. Најновите мерки за поддршка на невработеноста како резултат на Ковид-19 привремено ги измени овие одредби, па невработените може да се стекнат со право на осигурување во случај на невработеност, без разлика дали работниот однос се прекинал спогодбено или со отказ. Оваа мерка од времен карактер е неопходно да биде втемелена како гарантирано право на паричен надоместок во случај на невработеност, кое ќе може да се остварува без разлика на причината за невработеност. Дополнително, поради фактот дека Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување не ги дефинира како обврзници за плаќање придонес во случај на невработеност самовработените, земјоделците, сезонските работници, истите се исклучени од можноста за заштита во случај на невработеност преку системот на социјално осигурување. Една од мерките кои треба да се преземат на

среден рок е отворањето на социјалното осигурување и кон овие нестандардни форми на вработеност, како од аспект на нивно интегрирање во системот на задолжително плаќање придонес за осигурување во случај на невработеност, така и од аспект на непречена можност за негово користење (повеќе елаборирано во следниот дел).

Пристап до социјалната заштита и социјалното осигурување за нестандардните форми на вработување

Согласно дефиницијата на Меѓународната организација на трудот15 терминот нестандардни форми на вработување се користи како чадор за различни аранжмани за вработување што отстапуваат од стандардното вработување. Тоа вклучува привремено вработување; работа со скратено работно време и на повик; работа преку агенција за привремено вработување и други повеќестрани работни односи; како и прикриено вработување и зависно самовработување. Податоците за нестандардните форми на вработеност во Северна Македонија, согласно Евростат, покажуваат дека во 2019 година, 16,2% биле самовработени, 13,2% вработени со повремени договори и 4,0% вработени со нецелосно работно време. Самовработувањето бележи поголем раст од стандардното вработување со полно работно време, при што уделот на земјоделството во самовработувањето е најголем. Согласно анализите на Анкетата за работна сила, самовработувањето најчесто не е резултат на избор, туку на недостаток на достапни платени


АПР. 2021

40 ФЕЉТОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

Во случајот на самовработените, проблемите со остварувањето на правата, честопати се поврзани со пресметката на основата за проценка на приходот врз која се плаќаат социјалните придонеси. Имајќи ги предвид овие состојби, неопходно е отворање на системот на социјална заштита и социјално осигурување до сите форми на вработување, имајќи ја притоа на ум хибридноста на работните статуси. Во таа насока, покрај ефективното мониторирање и инспекција на спроведувањето на одредбите за формалниот пристап за нестандардните вработени, потребно е и прилагодување на критериумите за пристап, висина и должина на придонесите согласно спецификите во однос на должината на работното време и карактеристиките на самата работа (повремена, сезонска и сл.). работни места. Повеќе е прашање на економски опстанок што може да се забележи и со фактот дека мнозинството самовработени живеат со приходи под просечната плата. Следејќи ги заложбите на ниво на Европската Унија, во контекст на Европскиот столб на социјални права, состојбата со формално-правниот, но и ефективниот пристап до социјална заштита и социјално осигурување за „нестандардните вработени“ во Северна Македонија, има потреба од подобрување. Од аспект на формалниот пристап до социјална заштита и осигурување, самовработените лица се вклучени во задолжителното социјално осигурување, достапно до сите економски активни лица. Исклучок од ова е осигурувањето во случај на невработеност, со кое не се опфатени самовработени лица (освен оние кои се вработени кај самовработени лица). Исто така, постои разлика во однос на основата врз која се наплатуваат придонесите за социјално осигурување. Дополнително, привремените работници со договори за вршење физички и/или интелектуални услуги (договори за услуги за кои не се вработени) се исклучени од пензиско и инвалидско осигурување, како и од осигурување во случај на

невработеност. Придонесите за здравствено осигурување се задолжителни само за оние привремени работници чиј приход е поголем од законската минимална плата. Земјоделците исто така се посебна категорија и се исклучени од можноста за учество во вториот пензиски столб, како и во осигурувањето во случај на невработеност. Покрај недостаток од формален пристап, за одреден број вработени во нестандардни форми на вработување, реализирањето на ефективниот пристап до социјалната заштита и осигурување е отежнато во пракса. Имено, често, работодавачите не се придржуваат до законската одредба за продолжување на договорите на определено време коишто траат пет години, во постојани работни договори (освен ако не е вклучена трудовата инспекција), па намерно ги прекинуваат таквите договори пред крајот на петгодишниот период. Исто така, нестандардните работници, честопати се соочуваат со тешкотии во исполнувањето на условите за подобност за добивање бенефиции од социјалното осигурување (на пр. поради периоди на прекин на придонесот). Во случајот на самовработените,

проблемите со остварувањето на правата, честопати се поврзани со пресметката на основата за проценка на приходот врз која се плаќаат социјалните придонеси. Имајќи ги предвид овие состојби, неопходно е отворање на системот на социјална заштита и социјално осигурување до сите форми на вработување, имајќи ја притоа на ум хибридноста на работните статуси. Во таа насока, покрај ефективното мониторирање и инспекција на спроведувањето на одредбите за формалниот пристап за нестандардните вработени, потребно е и прилагодување на критериумите за пристап, висина и должина на придонесите согласно спецификите во однос на должината на работното време и карактеристиките на самата работа (повремена, сезонска и сл.). Поглавјето 8 продолжува во следниот број: -Зголемување на финансирањето и диверзификација на изворите на финансирање на социјалната заштита и социјалното осигурување; - Проширување на универзалноста на правата од социјална и детска заштита; - Дигитализација на социјалната заштита и социјалното осигурување;


41

ЛИДЕРИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

МАРК БЕНИОФ

ОСНОВАЧ И ДИРЕКТОР НА SALESFORCE

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА СТОРИТЕ НЕШТО И ЗА ДРУГИТЕ ЛУЃЕ

Педесет и шест годишниот Бениоф ја основаше Salesforce во 1999 година, откако забележа вртоглав скок во хиерархијата на Oracle, уште еден софтверски гигант. Марк Бениоф е препознатлив по блескавите облакодери што ги одбира за седишта на својата компанија, контроверзните говори што ги дава во Давос и екстравагантните корпоративни конференции. Неговото богатство се проценува на околу 8,5 милијарди долари во моментов, но тој е познат по своите заложби за нов вид на капитализам, каде што профитот за акционерите повеќе не треба да е врвен приоритет. За да бидат навистина успешни, компаниите треба да имаат мисија што е поголема од само правење профит. Голем број компаниски шефови сè уште имаат прилично испран мозок мислејќи дека работата на еден бизнис е само бизнисот.

Брзината е новата валута на бизнисот.

Не заборавајте да сторите нешто и за другите луѓе. Во бизнисот велиме дека луѓето го преценуваат она што може да го сторите за една година, а го потценуваат она што може да го сторите за една деценија.

Колку повеќе трансформативна е вашата идеја, толку повеќе трпение ќе ви треба за да ја реализирате.

АПР. 2021

Треба да го имате умот на почетник за да може да креирате храбра иновација.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.