1097- Kapital magazin

Page 24

АПР. 2021

24 СТАВ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

ГАСИФИКАЦИЈА

ПОМЕЃУ МИТОТ И РЕАЛНОСТА

Ж

ивотот е како возење во автомобил. Сегашноста е во кабината на автомобилот, иднината ја гледаме преку автомобилското предно стакло, а минатото преку малите огледала ретровизори. Ако сме заглавени со погледот во ретровизорот ќе излетаме од патот, но од друга страна ако не гледаме од време на време во ретровизорот, може да бидеме непријатно изненадени од тоа што се случува(ло) на патот кој што сме го поминале. Минатото е тука за да учиме од него, да се коригираме и да не ги повторуваме грешките. Тоа треба да ни послужи да изградиме подобра иднина за сите нас. За да пробаме да го разбиеме митот за гасификацијата во Република Северна Македонија, ќе треба да погледнеме во ретровизорите и да се вратиме назад повеќе од 30 години. Овој поглед во ретровизорот ќе треба да ни помогне да видиме подалеку на патот преку нашето автомобилско предно стакло.

Поглед во ретровизорот

Во текот на март 1987 година, Собранието на Социјалистичка Република Македонија – СРМ, дава согласност на Одлуката за утврдување на Програмата за

реализација на гасоводниот систем на СРМ од 1986 година до 2000 год., донесена од страна на Собранието на интересната заедница за енергетика на СРМ. Со оваа Програма била дефинирана динамиката на активностите што во период од нејзиното усвојување требало да бидат спроведени за согласно со планските определби, природниот гас да биде вклучен во задоволувањето на енергетските потреби на СРМ после 1990 година. Програмата за гасификација на СРМ предвидувала реализација на Гасоводниот Систем на Македонија (ГСМ) да се одвива во две фази. Во првата фаза, која требало да се реализира до 1990-та година, било предвидено доведување на природниот гас до потрошувачите во Скопје, Куманово, Кратово и Крива Паланка. Во втората фаза било предвидено проширување на ГСМ кон потрошувачите во Тетово, Гостивар, Свети Николе, Штип, Пробиштип, Велес, Кочани и Струмица. Оваа фаза било планирано да се реализира во периодот од 1990 до 2000 година. Во оваа фаза било предвидена и изградба на магистрални гасоводи кон Србија и Косово, секако приклучени на нашиот магистрален гасовод.

Како носител на севкупните активности за реализација на оваа Програма, од страна на тогашното СИЗ за енергетика на СРМ бил определен РО „Макпетрол“ – Скопје. За момент да се вратиме во кабината на автомобилот, т.е. повеќе од 30 години назад во сегашноста. Од првата фаза, имаме еден магистрален гасовод, засега единствен, од Жидилово до Скопје. Во Скопје, немаме реална гасификација и изградена дистрибутивна мрежа до краен корисник, Куманово има делумна гасификација, која срамежливо, но упорно се пробива до крајниот корисник. Кратово и Крива Паланка не се гасифицирани. Резимето за втората фаза е, имаме магистрален гасовод во изградба до Тетово и Гостивар, со реализација од 75%, Струмица е гасифицирана со „виртуелен гасовод“, додека Свети Николе, Штип, Пробиштип, Велес, Кочани не се гасифицирани. Денес не може да се зборува за изградба на магистрални гасоводи кон Србија и Косово како дел од таа втора фаза од пред 30 години. Од овој пресек може да се каже дека сегашната состојба или изграденост на ГСМ и плановите за негов натамошен


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.