1097- Kapital magazin

Page 32

АПР. 2021

32 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРВИОТ КВАРТ РЕДЕФИНИРААТ ДИНАМИКАТА Н Првиот квартал завршува и компаниите веќе се подготвуваат за првите објави, што може да се очекуваат во април. Резултатите ќе бидат лакмусов тест за состојбата на економијата, особено во Европа заради новите и најсилни ограничувања на јавниот живот досега (главно поради Германија). Резултатите исто така ќе ја редефинираат динамиката на пазарот. До денес победниците во кризата - технолошките компании, преработувачката индустрија и компаниите што сервисираат работа од дома и е-трговија треба да дадат потврда дека силниот раст во претходната година не е еднократен, туку тренд што останува.

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС

П

(редакциска опрема Капитал)

андемијата полека добива на интензитет. Состојбата во Азија е добра. Во САД, како и во Велика Британија, исто така, изгледа многу добро, а Латинска Америка и Европа изгледаат скоро катастрофално. Како резултат на ова, ограничувањата се најлоши на стариот континент, што има многу негативно влијание врз економијата и сè повеќе и врз расположението кај луѓето. Првомајските празници се изгубени, а јунскиот почеток на летната сезона сè уште не изгледа ветувачки. Услужниот сектор, кој е многу важен, особено за јужните земји во Европа, ќе продолжи да страда и се поставува прашањето колку може да трае и покрај дарежливата помош на земјите. Со оглед на состојбата со пандемијата, можеме да видиме врска помеѓу вакцинацијата и развојот на пандемијата, каде што стапката на вакцинација е поголема, таму пандемијата се смирува,

па затоа е клучно Европа конечно да ја забрза својата програма за вакцинација. Сето ова ќе биде многу тешко, со оглед на бирократската логика на носителите на одлуки во Брисел, така што се повеќе земји започнуваат со програма за вакцинација по сопствена иницијатива. Состојбата во индустријата е многу добра, нарачките се високи, а економските показатели се добри. Индустријата и делот од услужниот сектор што поддржува работа од дома ги одржуваат заедничките економски индикатори на солидни нивоа, што ги поддржува пазарите да останат на рекордни нивоа. Американскиот стимул се слева на пазарите и ова очигледно ќе се случува уште неколку недели. Острата реторика меѓу републиканците и демократите се намалува во последните неколку недели, тензиите се намалуваат, барем привремено, а тензиите меѓу Кина и САД и Европа благо растат. Најновите тензии се предизвикани од кинеските прекршувања на човековите права, па затоа ескалацијата на тензиите, што ќе се рефлектира и врз економиите и берзите, се чини неизбежна.

Хеџ фонд ги урниса профитите на неколку банкарски гиганти од Волстрит

Движењата на пазарите на обврзници се стабилизираа и иако 10-годишната американска обврзница е нешто над 1,70 проценти, тоа не ги загрижува премногу пазарите во моментот. Со зголемувањето на приносот на обврзниците, рекордните вредности на берзата и силниот долар кои се движи во опсегот од 1,17 американски долари за едно евро, па се очекува корекција. Неодамна скапоцените метали изгубија дел од својот сјај. Нафтата, се стабилизира малку пониско, околу 60 американски долари и се чини дека тоа им одговара на сите. Главната приказна за пазарите на капитал во последните денови е повторно проблем со еден од хеџ фондовите. Менаџментот на Archegos Capital очигледно го изгради своето огромно портфолио со позајмени пари што не успеа да ги врати, па банките беа принудени да го распродаваат портфолиото кон крајот на минатата недела. Некои од помалите акции кои беа ѕвезди поради нивниот раст


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.