1098-Kapital magazin

Page 20

АПР. 2021

20 МЕДИУМИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

МЕДИУМСКИ ХАОС ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА

ОПАСНИОТ ВИРУС НА ЛАГИТЕ Е СОЈУЗНИК НА КОВИД - 19 Не е многу тешко да се разбере на какви маки е новинарската професија во време на пандемија исправена пред предизвикот како да си ја исполни основната мисија - професионално и навремено известување, во услови кога официјалните извори на информации секојдневно ги менуваат ставовите, насоките и препораките до граѓаните

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

Н

е е многу тешко да се разбере на какви маки е новинарската професија во време на пандемија исправена пред предизвикот како да си ја исполни основната мисија - професионално и навремено известување, во услови кога официјалните извори на информации секојдневно ги менуваат ставовите, насоките и препораките до граѓаните. Хаосот којшто владее кај оние кои (треба да) знаат како да борат со вирусот и на кои тоа им е професија неминовно се рефлектира на медиумската сцена – медиумите во чекор ја следат хистеријата тотално и самите несигурни во веродостојноста или барем во времетраењето на информациите што ги пласираат.

Брзината со којашто се менуваат сознанијата за вирусот (кој за да биде бељата поголема – исто мутира и се менува) не дава спокој дека вашите читатели ќе можат и утре да се потпрат на тоа што сте го напишале денеска, без разлика дали таа информација е обработена според сите начела на Кодексот на новинари, оти не е исклучено и самите официјални претставници да го променат ставот врз основа на некоја нова информација од ново истражување. Катастрофата што го погоди човештвото е таква што одговорот мора да се бара и наоѓа „во од“, учејќи секојдневно нови механизми за битката со овој недоволно истражен и непознат непријател. И ова се маките на професионалните редакции и медиумски работници, кои ја бараат вистината и си ја вршат работата притиснати и од финансиските слабости со кои се соочија медиумските куќи и од силната динамика на (прекувремена) работа. Но, тука треба

да се додадат оние медиуми на коишто новинарството им е само завеса за криење на вистинските цели – заштита и/или напад на даден центар на моќ... и дури тогаш нештата стануваат прилично комплицирани.

Пандемија од псевдо – медиуми

Македонскиот медиумски простор е премногу децентрализиран и тоа ја прави борбата против дезинформациите комплексна вели комуникологот Сеад Џигал. „За успешно справување со дезинформациите потребни се професионални медиумски редакции, подигнување на јавната свест и на медиумската писменост и парирање на дезинформациите со вистински важните вести. Само на тој начин можеме да ги ограничиме штетните ефекти на инфодемијата - изобилството информации – некои точни, а некои неточни – што им отежнува на луѓето да најдат


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.