1098-Kapital magazin

Page 30

АПР. 2021

30 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

Барселона

Сингапур

ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА СЛУЧАЈОТ „МНОГУ ЛУЃЕ ВО МАЛИ, К

КАКО ЕДЕН ГРАД СТАНУ

С

амо по 30 години 66% целото население на Земјата ќе живее во градови, тврдат анализите на Организацијата на обединетите нации. Случајот „многу луѓе во мали, концентрирани пространства“, ќе се развива сè побрзо. А со засилувањето на овој процес ќе има сè поголеми предизвици за општините што ги управуваат овие пространства; за компаниите што им доставуваат услуги; и за граѓаните кои ќе ги бидат во ситуација не лесно да ги обезбедуваат дури и основните ресурси како водата и храната. Засега светот верува дека решението е во таканаречените „паметни градови“. Тие користат технологии за да ги управуваат сите сегменти – транспортот, болниците, училиштата, водоводните и канализациските мрежи, системите за прочистување ... Користа од ова е јасна. Кога информацијата се собира, се анализира и се употребува правилно, тоа го прави управувањето на еден град поефективно, поевтино и попријатно за жителите. Но, како еден град станува „смарт“? Засега никој не открил целосно решение.

Според Техничкиот универзитет во Виена, на пример, паметниот град треба да се покаже добар во шест различни категории: економија, мобилност, животна средина, управување, начин на живот и луѓе. Универзитетот истражува и класифицира десетици европски градови.

Пионерите

Паметни градски системи и проекти постојат со децении. Системот за управување со сообраќајот во Сингапур, на пример, за првпат е воведен во 1975 година. Денеска тој веќе користи мрежа од камери, од сензори, од GPS уреди, за да предвидува и спречува сообраќајни метежи, така што ги менува таксите што сопствениците на автомобили ги плаќаат за да стигнат до различни делови од градот. Пешаците се, исто така вклучени. Повозрасните и луѓето со посебни потреби добиваат специјални RFID (Radio-frequency identification) чипови, преку кои семафорите ја регистрираат нивната местоположба и го оставаат зеленото светло пуштено додека не поминат. Во 2016 година Сингапур застана на прво место на листата „Најпаметен град“ на британската компанија Juniper Research. Истражувањето што го даде

овој резултат вклучувало комбинација од фактори како технологии за интелигентни мрежи, паметно осветлување, користење на технологии за подобрување на сообраќајот, пристап до безжичен интернет, употреба на смартфони и достапни мобилни апликации. „Применивме различни коефициенти за тоа како градот се справува со транспортните и енергетските системи, кои, според нас се најважните елементи за еден паметен град“, вели претставникот на Juniper Research, Стефан Сорел, за Гардијан. Шпанскиот град Барселона, исто така е на високо место на листата, поради системот за управување со сообраќајот. Во градот има интелигентен систем за паркирање, интелигентно LED улично осветлување, систем од сензори за набљудување на квалитетот на воздухот и нивоата на звукот. Односот на градот кон управувањето со водните ресурси, исто така, ја става Барселона на светската карта на паметни градови. Пред неколку години главниот град на Каталонија помина период на суша, по што беше воведен интелигентен систем за наводнување. Сензори во почвата ги анализираат реализираните и прогнозираните врнежи, и го менуваат


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.