Katalog goran jovanov

Page 1

Горан Јованов Goran Jovanov графики



Имајќи го задоволството и среќата да го следам творештвото на Јованов од неговите почетоци како студент на факултетот за ликовни уметности па се денес како активен и вреден чинител на ликовната сцена со својот уметнички импулс, Горан Јованов останува доследен на ликовен израз. Метафорички и поетски ја гради апстрактната форма на графиката, со силен израз на линијата како карактер кој доминира во неговите дела со широк распон на експресија. Од доминантен експресивен и сигурен израз, на моменти и груб, се до лесна гестуална нарација во градењето на ликовната композиција на графиката. Јованов оправдано го заслужува насловот мајстор на графиката – особено на длабокиот печат, со сигурност можеме да го тврдиме, бидејќи досега неброено пати ни го докажал со своите изложби. На своето најново претставување не изненадува со нов графички израз – дигитални графики кои се јавуваат како еден вид на сублимација на претходните усвоени искуства во полето на класичната графика и искуствата кои ги носи од своето професионално занимавање во дизајнот и секојдневнот користење на современите комуникациски алатки. Што несомнено претствува предизвик со кој Јованов сериозно се соочува со новите технологии да ја претстави аналогијата на ликовната графика. Креирајќи нови содржини, но и превземајќи одредени структури и текстури од веќе реализирани графики (можеби еден современ енформеловски пристап) тој ги обработува дигитално и ни преставуава една нова ликовна поетика. Сериозноста во пристапот и начинот на создавање со помош на современите алатки не би била на вистинското ниво ако Јованов претходно своето познавање и искуство на класичниот графички пристап не го довел до највисокото можно ниво. Во најновите дела Јованов, тоа е повеќе од очигледно, пред се во начинот на изработка и третирање на графичкиот лист но и од ликовно-композиски аспект. Текстурите сега преаранжирани во нови односи стануваат доминантни, со тоа што, лазурноста на тонските односи кај мануелниете техники одлично ни е преставена со полутонските слоеви на плохи и колорит, добиени со новиот пристап.



Во последните децении, дигиталната технологија е се поприсутна во сите области на нашето живеење и сосема е природно многу уметници во своето творештво да се изразуваат во новите „медиски алатки.“ Уметничката пракса покажува дека дигиталниот однос во графиката продира како креативен процес кај многу графичари во светот, па и кај нас. Секој современ графички уметник тргнувајќи првенствено од себе, од своето творештво, ќе ја забeлежи очигледната промена и разлика во целиот процес на создавање во медиумот графика. Почнувајќи од осмислувањето на концептот на делото, па до финалната реализација, и тоа пред се заради влијанието на дигиталната технологија. Затоа, станува се појасно дека овој нов начин не нè води само во насока кон пружање на можности за нови алатки за обавување на постоечките практики, туку не води во еволуција на активности и начин на мислење без преседан. „Дигитализацијата“ како феномен, драстично ја менува улогата на графиката и ликовните уметности во 21. воопшто, влијае на поимањето и редефинирањето на стандардите и мерилата за естетско вреднување на графиката како уметничка дисциплина. Со тоа не може да стане збор дека на некој начин се губи од уникатноста на графиката како медиум туку напротив само се користат сите техничко технолошки предности кои ни се на дофат. Графиката станува подостапна до публиката со сите свои можности и убавина која ја носи.

Д-р Тони Васиќ


Креацијата за мене, а верувам и за другите претставува мистериозна, енигма­тична, мистична дејност и дека вистинско уметничко дело се раѓа во самиот уметник. Креацијата е застапена во двата случаи, со што делото добива автономен израз со сопствен духовен живот односно реална егзистенција во реалниот живот. Процесот на творење во класичната графика или дигитлана ни дава можност на надградување, дополнување и проширување на почетните ликовни предизвици, единствено различно е матријалното. Класичната графика сеуште не ги истрошила своите ресурси, туку напротив поради иконографската посебност, провакативноста, веродостојноста на нејзиниот идентитет и статусот што го нуди овој медиум треба да егзистира во конти­нуирана борба за нови простори. Дигиталната графика во денешно време е се почесто користен медиум од страна на креативци, дизајнери и уметници. Да напоменам дека во класичната графика е потребно големо знаење и огромно искуство, додека за дигиталната графика воопшто не е ни потребно а истотака имаш преголема слобода, затоа младите се повеќе се свртени во овој медиум. Дигиталната графика се смета за оргинално уметничко дело во двата медиуми меѓутоа неможе да се мерат на исто рамниште. Разликата е што класичната графика се заснова на традиционлани класични графики додека дигитлната на нова уметничка алатка-ново уметничко изразување.

Горан Јованов

дигитален печат / digital print 70x32 cm





дигитален печат / digital print 70x32 cm





дигитален печат / digital print 70x32 cm





дигитален печат / digital print 70x32 cm





дигитален печат / digital print 70x32 cm





дигитален печат / digital print 70x32 cm




Горан Јованов е роден 1982, во Гевгелија. 2009 - Магистрира на Факултетот за ликовни уметности, Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ - Скопје на отсек графика под менторство на проф. Димитар Малиданов. Групни изложби: 2000: МКЦ – Скопје, Француски младински центар, Народен театар, Гевгелија – репродукции од импресионизмот, 2001 - 2005: Годишни изложби нa Ф.Л.У. (СулиАн) - Скопје, 2002: 50 години од УЦ - Јосиф Јосифовски вo Хотел “Југо “, 2004, 2006 и 2008: Меѓународно биенале на мала графика - Тетово, 2005 и 2007: Меѓународно биенале на мала графика - Велес, 2005: Студентско интернационално биенале - СИАБ, Музеј на град Скопје, Меѓународна изложба „Дечје Село“ , Нови Сад, Групна изложба во Дом на култура, Белград, Виртуелна изложба - Берлин, под покровителство на Министерството за култура на Германија, 2006 - 2014: Годишна изложба на Друштво на ликовни уметници на Гевгелија -Хoтел “Југо “, Гевгелија, 2006,2009,2012, 2015: Меѓународно триенале на голем формат – Битола, 2007-2014: Интернационален ликовен караван-Струга, Охрид, Кавадарци, Скопје, Велес, Галерија Леонардо центар- Белград, Галерија Мост-Нови Сад, Њујорк, Бостон, Детроид., 2008: Хуманитарна изложба Национална галеријаМала станица, Скопје, Македонско ликовно творештво во мал формат на ДЛУМ, КИЦ, Скопје, 12-ти Зимски салон ”Непристоен предлог”- Мала станица, Скопје, 2008, 2010: 13-та и 14-та Meѓународна изложба на мала графика во Лож, Полска, 107-Македонски уметници во Париз, Меѓународно триенале во Caixnova, Шпанија, 2009: 43 Ликовни средби – Модерна галерија Суботица, Дом на АРМ, Скопје - графика и цртеж - ДЛУМ, Хуманитарна изложба за Искра Донева, МКЦ, Meѓународна изложба на мала графика “Lessendra” во Софија, Бугарија, Светски ден на книгата-Национална и универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“ Скопје, Национална галерија на Македонија, Чифте аман- “Младински пролетен салон”, Групна изложба на бугарски и македонски автори, Севлиево, Р.Бугарија, Меѓународно биенале на мала графика, сува игла, Ужице, Македонски уметници во Софија - Национален двор на културата, Софија, Р.Бугарија, 14-то Меѓународно биенале на млади уметници од Европа и Медитеранот, Скопје, Изложба на мал формат, ДЛУМ, Дом на АРМ, Скопје, Интернационална изложба на графики за мир, Мексико, Монттереј, 56-та годишна изложба на ДЛУМ, Музеј на град Скопје, 2009-

2013: Светска галерија на цртеж, Остен, Скопје, 2010: 13-ти, Зимски салон, Музеј на современа уметност, 8ème MONDIAL de l’ESTAMPE et de la GRAVURE ORIGINALE Triennale de Chamalières, Франција, 2011: Born Digital print” Grays School of Art, Robert Gordon University-Aberdeen, Велика Британија, International biennial festival of portrait, drawings, graphics XIV INTERBIFEPInternational portrait galery-Тузла, Босна и Херцеговина, Мултимедијална изложба на Мултимедиа центар-Народен театар, Гевгелија, Interntional Graphic Art Biennale, Сува игла, Ужица, 3rd QIJIANG INTERNATIONAL PRINT FESTIVAL, Кијанг, Кина, Годишна изложба на ДЛУМ, XI BIENAL INTERNACIONAL DE GRABADO “JOSEP DE RIBERA” - XÀTIVA, Шпанија, First International Printmaking Triennial, Белград, Србија, 2011-2013: Меѓународна изложба на Широка стаза, Земунска галерија, Белград, 2012: Мултимедијална изложба на Мултимедиа центар-Ахроматското наспроти колоритноста, Народен театар, Гевгелија, Интернационално триенале за графика Варна Р. Бугарија, Изложба на ликовната колонија, Хотел Аполонија, Прво International biennale of graphic arts CACAK , Белград, 2012-2013:Изложба од графичката колонија Локвица, Дом за култура, Македонски брод, 2013: Second International Mezzotint Festival-2013, Ekaterinburg Museum of Fine Arts, Екатеринбург, Русија, Изложба на мал формат на ДЛУМ, Изложба на минијатура на ДЛУМ, Годишна изложба на ДЛУМ, Дом на АРM, Изложба на ДЛУГ- Културен центар, КОРА, Скопје, Мултимедијална изложба-INTO Frame- Скопско лето 2013, НЛБ Тутунска банка, Галериски простор, Скопје, 2014: Експериментален цртеж , Дом на АРМ, ДЛУМ, Изложба на слики од ликовната колонија „Охрид 2014” Порта Македонија, Годишна изложба на ДЛУМ (Мала станица, Скопје) 2015: graphics XIV INTERBIFEP- International portrait galery-Тузла; Tokyo International Mini-Print Triennial, Toкио, Јапонија, мал формат ДЛУМ, Ликовна галерија, Дом на АРМ 2016: “Mirror, Face To Face” Венеција, Италија и Битола, 2016 GOGYOSHI ART PROJECT INTERNATIONAL - MACEDONIA, Скопје, Куманово, Кавадарци, Прво интернационало Биенале на графика Скопје, Музеј на Град Скопје, Годишна изложба на ДЛУМ - Минато Сегашност Иднина, Мала Станица, Скопје, Корени, порти, патишта, КО-РА, Скопје: Dvorecot Trakošćan, R.Hrvatska, 2017: Корени, порти, патишта, КО-РА, Скопје: Makedonskoto kulturno drustvo “MKD Ilinden” vo Rijeka, MKD “Makedonija” vo Split, Годишна изложна ДЛУГ, Изложба на ММЦГ-СИНЕСТЕЗИЈА, 2017: Македонски културен центар - Љублјана, Словенија ...


Самостојни изложби 2016 декември: Галерија НУ Центар за култура Григор Прличев, Охрид 2016: Галерија НУ Центар за култура „Антон Панов”, Струмица 2016: Галерија Центар за култура Марко Цепенков, Прилеп 2015: Галерија НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев”, Неготино 2015: Галерија Дом на култура “Мирка Гинева”, Демир Капија 2015: Галерија Дом на култура “Иван Мазев-Климе”, Kавадар­ци 2014 декември: Ликовен салон - Дом на армија, Скопје 2013: самостојни изложби во склоп на Интернационалниот ликовен караван - Струга, Дом за култура, Охрид, Центар за култура, Велес, Ликовен салон (Изложба со масло на платно СЕТА ТАА УБАВИНА). Организатор: Тихомир Кондев 2012, септeмври: Ликовен перформанс „ЗАД ВИНОЖИТОТО” заедно со Елена Пренџова, Кинотека на Македонија, Скопје 2011, ноември: Изложба на слики, во рамките на Град на култура, Гевгелија, Ликовен салон, хотел Аполонија 2010, април: Ликовен салон, Хотел Аполониа, Гевгелија 2009 декември: Факултет за ликовни уметности, Сули ан, Скопје - графики 2008 јуни: MKЦ, Скопје - графики, во склоп на манифес­тацијата Скопско лето. Куратор: Мирко Стефаноски, Нате Кецкароска и Маринко Бороевиќ 2008 септември: Леонардо Центар, Белград, цртежи и графики. Организатор: Тихомир Кондев НАГРАДИ 2008 - Признание за графика - 13-та Meѓународна изложба на мала графика во Лож, Полска 2009 - За графика „Димче Николов” на 56-та годишна изложба на ДЛУМ 2010 - Признание за графика 8ème MONDIAL de l’ESTAMPE et de la GRAVURE ORIGINALE Triennale de Chamalières, Франција 2011- Откупна награда за графика 3rd QIJIANG INTERNATIONAL PRINT FESTIVAL, Кијанг, Кина

2016 - Специјална награда за графика, Прво интернационало Биенале на графика Скопје, Музеј на Град Скопје, ЧЛЕН ВО 2006 - Друштво на ликовни уметници на Македонија Друштво на ликовни уметници Гевгелија Член на Мултимедиа Центар, Гевгелија Интернационален Ликовен Карван Друштво на уметници и љубители на уметноста - “Широка стаза“ Ликовни колонии и работилници 2001-2003: Ликовен проект за заштита на Охридското езеро- 2001 пастрмка, Струга 2005: Ликовна колонија, „СОС Детско село”-Нови Сад 2008-2011: Ликовна колонија - Интернационален ликовен карван, Струга 2010: Ликовна колонија, Балчик, Бугарија 2012: Ликовна колонија, Хотел Аполонија, Гевгелија 2012-2013: Ликовна колонија -Локвица - Македонски брод 2012-2013: Работилница за рачно правена хартија, со проф. Симон Шемов 2014: Ликовна колонија Св. Наум - Охрид, организатор Климе Коробар 2014: Ликовна колонија „Охрид 2014” - Охрид 2015: Ликовна колонија Нови Кнежевац, Србија организатор: Здружение Multiple Skleroze Severobanatskog okruga и др. 2016-2017: Ликовна колонија „Михајлово“ Кавадарци 2017: Македонски културен центар - Љублјана, Словенија Контакт T: 072 248 725 E: jovanov8@gmail.com www.goranjovanov.com



Министерство за култура на Р.М. Ministry of culture of R.M.

Галерија АМАМ - Гевгелија, 2017 Design &print: Royal Art


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.