GPJrMK • 2012
Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) е независна меѓународна организација чија мисија е помагање во решавање на проблемите со животната средина. РЕЦ ја исполнува својата мисија преку промовирање на соработката помеѓу владите, невладините организации, бизнис секторот и други заинтересирани страни, како и преку поддршка на слободна размена на информации и учество на јавноста во процесот на донесување одлуки за животната средина. РЕЦ е основан во 1990 година од страна на Соединетите Американски Држави, Европската комисија и Унгарија. Денес, РЕЦ е правно заснован на Статутот потпишан од владите на повеќе од 30 земји. Има канцеларии во 17 земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Македонија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска, Црна Гора и Република Чешка. Седиштето на РЕЦ се наоѓа во Сентендре, Унгарија. РЕЦ активно учествува во сите клучни глобални, регионални и локални процеси и придонесува во изнаоѓање на решенија од областа на животната средина и одржливиот развој во рамките на мрежата на канцелариите на РЕЦ во наведените земји, но и надвор од неа, преку пренесување на знаење и искуство на земјите и регионите. Донатори на РЕЦ се Европската Комисија, како и владите на Австрија, Албанија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Италија, Јапонија, Македонија, Малта, Норвешка, Обединетото Кралство, Полска, Република Чешка, Словачка, САД, Словенија, Србија, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, Шведска, Шпанија, Швајцарија, и како и други меѓувладини и приватни институции. РЕЦ е присутен во Република Македонија со свој координатор од јули 1993 година. Канцеларијата на РЕЦ во Македонија официјално ја започна својата работа во јануари 1995 година. Австриската соработка за развој (АДЦ), преку нејзината оперативна единица Австриската агенција за развој (АДА) во Македонија, финансиски го поддржа РЕЦ, донирајќи средства за изработка на „Зелениот пакет јуниор“ на македонски и на албански јазик. Изработката на овој пакет, кој се дистрибуира бесплатно до сите основни училишта во Република Македонија, е дел од активноста на програмата за образование за животна средина на РЕЦ. Преку оваа програма, РЕЦ се обидува да ги зголеми индивидуалните капацитети на сегашните и идните обучувачи и наставници и да го поддржи развојот на институциите и програмите посветени на подобрувањето на образованието во областа на животната средина во Централна и Источна Европа.
Австриска соработка за развој (АДЦ) Австриска соработка за развој е дел од австриската надворешна политика и од развојната политика на Европската унија, која има за цел да го промовира светскиот мир во соработка со други индустријализирани земји и земји во развој. АДА е задолжена за реализација на сите билатерални програми и проекти во земјите-партнери на АДЦ и за администрирање на соодветните буџети. Австриската развојна политика е водена од следниве цели: 1. Борба против сиромаштијата во земјите во развој преку унапредување на економскиот и социјалниот развој низ процес на одржлива економска активност и економски раст комбиниран со структурни, институционални и социјални промени. 2. Обезбедување мир и безбедност за луѓето, особено преку унапредување на демократијата, владеењето на правото, човековите права и доброто управување. 3. Заштита на животната средина и на природните ресурси како основа за одржлив развој. Австриската развојна политика се заснова на следниве начела: 1. Целите на владите и на населението во земјите во развој, во поглед на брзината и видот на развојниот процес и нивното право да го изберат сопствениот пат на развојот. 2. Интеграцијата на мерките во конкретното општествено опкружување, со посебно внимание на културолошките аспекти и на употребата на соодветна технологија; 3. Еднаквост помеѓу мажите и жените. 4. Потребите на децата и на хендикепираните. Австриска соработка за развој работи во одбрани партнерски земји во Африка, Азија, Латинска Америка и во Југоисточна Европа. Програмите на Австриска соработка за развој ги спроведува Австриската агенција за развој во тесна соработка со развојни организации и претпријатија. Во име на Австриска соработка за развој, Австриската агенција за развој, исто така, работи со влади на партнерски земји и со други донаторски земји. Повеќе информации може да се најдат на www.ada.gv.at.
Прирачник за наставници
Прирачникот за наставници е подготвен од Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) во соработка со македонски, бугарски и унгарски едукатори, наставници и советници за образование. Тој е дел од едукативниот пакет од областа на животната средина „Зелен пакет јуниор“, изработен со финансиска поддршка од Австриската соработка за развој (АДЦ) и придонес на Министерството за животна средина и просторно планирање и на Министерството за образование и наука на Република Македонија. Мултимедијалниот пакет „Зелен пакет јуниор“ е бесплатен за сите основни училишта во Република Македонија.
Автори на основната верзија на лекциите: Климент Минџов Татјана Митева Автори на Прирачникот за наставници на македонски и на албански јазик: Анета Тренкоска Валентина Неделкова Весна Вељановска-Миладинова Весна Николовска Ирена Пантова Катарина Георгиевска Корнелија Радовановиќ Наталија Ацеска Олгица Наумоска Роза Василевска Руска Мицева Светлана Брашнарска Сашо Секуловски Уредување: Светлана Брашнарска Катарина Георгиевска Олгица Наумоска Корнелија Радовановиќ Сашо Секуловски Лектура на македонски јазик: Оливера Јовеска Превод на албански јазик: Билкизе Исмаиљи Зекије Рамадани Лектура на албански јазик: Шпреса Рамадани Дизајн: Силвија Маџар Илустрации: Ласло Фалви Стојан Николов Раководител на проектот: Корнелија Радовановиќ Печатење: Типонова Кфт
Посебна благодарност на одделенските наставници: Јасмина Митева од ОУ „Кирил и Методиј“ и Виолета Гоцева од ОУ „Гоце Делчев“ од Босилово; Вангелица Дрнкова од ОУ „Кирил и Методиј“ и Славица Петрова од ОУ „Блаже Конески“ од Велес; Сание Абдулаи и Јехона Села од ОУ „Саид Најдени“ од Дебар; Лујза Спасова од ОУ „Крсте Петков Мисирков“, Јанка Стојчева од ОУ „Коста Рацин“ и Фатиме Лимани од ОУ „Никола Карев“ од Радовиш; Наташа Богатиновска и Сузана Поповска од ОУ „Мирче Ацев“ од Скопје; Василка Тодоровска и Лидија Божиноска од ОУ „Рајко Жинзифов“ од Скопје и Татјана Чуприна и Ванѓа Јанкуловска од ОУ „Шемшево“ од Јегуновце, Благој Костадинов и Војо Стојановски од ОУ „Синиша Стоилов“ од Зрновци, Ленче Петкоска од ОУ „Страшо Пинџур“ и Весна Паноска од ОУ „Коста Рацин“ од Прилеп, Катарина Матевска од ОУ „Кирил и Методиј“ и Марија Петрова од ОУ „Гоце Делчев“ од Битола, Марија Узунова и Наталија Дикова од ОУ „Сандо Масев“ од Струмица, за нивните забелешки, сугестии и пофалби поврзани со изработените материјали и нивната посветеност при користењето на „Зелен пакет јуниор“ во пилот-проектите што се спроведуваа во рамките на грант-програмата „Зелен пакет јуниор“, како и на учениците Ангела Стојковска, Теодора Стојковска и Мила Николовска за нивните идеи и приказни.
©2012 The Regional Environmental Center for Central and Eastern Europe
ISBN 978-963-9638-62-4
За изработка на „Зелен пакет јуниор“ се користени два вида рециклирана хартија 100g Mohawk Via Felt Flax и 115g и 170g Dalum Cyclus Offset.
Содржина
Предговор
2
Користење на „Зелен пакет јуниор“
5
Поврзаност Сî околу нас е поврзано
7 9
Воздух Без воздух не можеме
17 18
Вода
25
Неопходност од вода
27
Водата и луѓето
28
Почва
41
Што знаеме за почвата?
42
Почвата и луѓето
45
Енергија
51
За сî е потребно сонце
52
Како да се зачува енергијата
54
Биолошка разновидност
63
Растенијата и животните околу нас
64
За луѓето и за природата
66
Природни богатства Природни богатства
89 90
Население Што значи пораст на населението?
95 96
Потрошувачка и отпад
101
Создавање отпад
103
Фестивал на отпадот
104
Општествен развој и животна средина Општествен развој
112
Здрав начин на живеење
123
(НЕ)здравите навики на семејството
125
Моето седумдневно мени
126
Климатски промени Стаклена градина или оранжерија
Диплома
111
133 134
138
1
Предговор Регионалниот центар за животна средина го изработи првиот „Зелен пакет“ во 2002 година за потребите на основните училишта во Полска. Оттогаш РЕЦ успешно ја шири приказната за „Зелен пакет“ преку цела Централна и Источна Европа. Благодарение на заедничките напори на РЕЦ и на нашите посветени партнери и соработници, едукативните материјали и наставните помагала од „Зелен пакет“ досега се адаптирани за користење на 16 јазици во 18 земји. Образованието за животната средина досега го приближивме до 3,5 милиони ученици и 35.000 наставници. Овој нов образовен материјал отвора ново поглавје во нашите напори да се прошири целната група и да им се претстави „Зелен пакет“ на најмладите преку развивање на „Зелен пакет јуниор“. Верувам дека пакетот „Јуниор“ специфичен во многу нешта и развиен за потребите на основното образование во Македонија ќе се применува и во други земји. Македонската верзија на „Зелен пакет јуниор“, единствена досега, содржи дополнителни едукативни алатки и помагала, развиени како резултат на заедничката соработка меѓу тимот на РЕЦ и групи компетентни наставници и едукатори од основните училишта и институции во Македонија. Овој производ е уште една успешна приказна поврзана со напорите на РЕЦ за подигнување на капацитетите на сегашните и идните наставници и обучувачи и за поддршка во развојот на институциите и програмите што го подигнуваат квалитетот на образованието за животна средина и одржлив развој во Централна и Источна Европа. „Зелен пакет јуниор“ помага во развивање нови вредности кај учениците и нов модел на однесување во училиштето, во домот и воопшто во општеството. Со овој производ децата ќе станат амбасадори на одржливоста на едно општество и ќе им ги пренесат своето знаење и своите нови навики на пријателите и во кругот на семејствата. Како што изјавивме за време на „Рио+20“ – Конференцијата на Обединетите нации, ние сме посветени на образованието за одржлив развој и го продолжуваме нашето партнерство со децата, со политичарите, со претставниците на бизнис-секторот, и со целото општество, и во нашиот регион и надвор од него. Овој пакет е опиплив резултат на нашите напори да изградиме силни заедници за сегашноста и за иднината. Сакам да го изразам моето признание и благодарност до авторите и останатите учесници во изработката на овој нов и иновативен образовен материјал, како и до Австриската соработка за развој (АДЦ), Министерството за животна средина и просторно планирање и до Министерството за образование и наука на Република Македонија за нивната безрезервна поддршка, која претставуваше наш основен двигател при изработката на „Зелените пакети“ во Македонија уште од 2006 година. Марта Сигети Бониферт Извршен директор Регионален центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) Главна Канцеларија Денес е очигледно дека широко распространетиот модел на општествен развој е неодржлив. Сите ние како граѓани се соочуваме со итна потреба од промена на начинот на живеење, со цел да се спречи неодржливата употреба на природните богатства и деградација на околината и да се обезбеди живот во согласност со можностите на нашата планета. Образованието има многу важна улога во подигнувањето на свеста на едно општество, а исто така има клучна улога при разбирањето како принципите на одржливиот развој да се применат на конкретен начин. Образованието за одржлив развој овозможува да се развијат потребните капацитети за критично и систематско размислување во иднина, па затоа напорите на Министерството за животна средина и просторно планирање се насочени кон најмладата популација. Развивањето на одржливо општество треба да се гледа како континуиран процес на учење и промени, во кој се вклучени низа актери кои што обезбедуваат насоки за размислување и делување како во формалното, така и во неформалното образование. Ова бара постојан ангажман од компетентни едукатори, наставници и просветни работници, но секако не смее да се запостави и потребата од учебници и наставни
2
помагала. Токму поради тоа, Министерството за животна средина и просторно планирање континуирано инвестира, и финансиски и човечки ресурси, во изработка на мултимедијалните пакети за образование за одржлив развој. Изработката на „Зелен пакет јуниор“ е од исклучително значење, затоа што заедно со веќе изработениот „Зелен пакет“ се заокружува образованието за одржлив развој во основните училишта од прво до деветто одделение. Верувам дека „Зелениот пакет јуниор“ ќе биде уште поголем предизвик и за наставниците и за учениците, но и за нивните родители и ќе придонесе кон тоа сите активно да се вклучиме кон градење на едно одржливо општество, чија цел е да се зачува природното наследство и тоа не само заради нас самите, туку и заради идните генерации. Abdilaqim Ademi Министер за животна средина и просторно планирање Националниот приоритет на Република Македонија во областа на образованието и воспитувањето на младите од предучилишното, основното и средното образование се фокусира на создавање услови за остварување на правото на квалитетно образование на сите млади, со оглед на тоа што образованието на младите претставува неисцрпен ресурс за одржлив развој на нашата земја. Соочувајќи се со новите предизвици на глобалната криза и со истражувањата на нови пристапи за одржлив развој, образованието е основен предуслов за зајакнување на нашето општеството во таа насока. Самото образование не може да ги реши проблемите, но сепак е еден од основните двигатели на промените кои водат кон транзиција во одржлива иднина. Во тој контекст Министерството за образование и наука спроведува и поддржува повеќе проекти од областа на образованието за одржлив развој. Мултимедијалниот пакет „Зелен пакет јуниор“ е уште еден доказ за ваквата заложба на Министерството, а особено со веќе изработениот „Зелен пакет“ сите ученици од прво до деветто одделение имаат можност да се запознаат со принципите на одржливиот развој, на мошне интересен и креативен начин. Во училиштата работи соодветно образован наставен кадар, постои соодветен простор и прифатлива опрема што овозможува комплетно искористување на содржините на „Зелен пакет јуниор“. Верувам дека иновативноста на наставникот ќе предизвика многу позитивни реакции кај учениците, кои преку игра и забава ќе научат да бидат одговорни граѓани на Република Македонија. Панче Кралев Министер за образование и наука Центрот за едукација и одржлив развој од општина Босилово е едно од десетте здруженија на граѓани во Македонија што се здобија со можност да ги реализираат темите од „Зелен пакет јуниор“ во четиринаесет основни училишта од општината. Преку проектните активности не порасна само нашата свест, пораснавме и ние како тим, затоа што работевме со најблагородната целна група, а тоа се најмалите. Беше прекрасно да се видат тие мали лица кои со вечна насмевка и љубопитност во очите ги очекуваа новите задолженија и наградите за успешно реализираните активности. Кога ќе ја погледнеме сликовницата за билошката разновидност во Моноспитовско Блато, и сликовницата за водните ресурси во општината, изработени од вредните раце на учениците ќе сфатиме колку е богати нивната фантазија и креативност. Но, „Јуниор“ не беше само предизвик за членовите на Здружението туку и за наставниците кои беа вклучени во активностите на проектот. Една од наставничките се изјасни дека преку „Зелен пакет јуниор“ добила многу поголема инспирација за текот на својот наставен час.
3
Таа рече: „Морам да признаам дека пред да се запознаам со темите од пакетот, понекогаш се случуваше да ми недостига имагинација за да го задржам вниманието на моите ученици со необични и интересни теми од областа на екологијата. Штом го добив материјалот и внимателно го разгледав, знаев дека добивам драгоцена алатка за моите предавања. Навистина е прекрасно кога децата на крајот од активностите се среќни и задоволни и кога ќе констатираме дека часот поминал со брзина на светлината“. Но, сметам дека најголем показател дека пакетот влијаеше и на главните актери – учениците е доказот што тие веќе почнаа да сé препознаваат и идентификуваат со „Зелен пакет јуниор“, па на секоја наша средба се трудеа да ни покажат колку биле вредни и исполнителни во зададените задачи. Лично сметам дека училиштата од општина Босилово ја имаа таа привилегија да го почувствуваат „Зелен пакет јуниор“ на вистински начин, дека тој иницира позитивни промени во секој од нас и дека образовниот систем е збогатен за една прекрасна и уникатна алатка која значително ќе го олесни и разубави наставниот процес. Љиљана Шопова Граѓанско здружение „Центр за едукација и одржлив развој“, Босилово Почитувани наставници, ученици, родители, Почитувани корисници на овој пакет, Пред вас е мултимедијалниот пакет „Зелен пакет јуниор“ наменет за учениците од одделенска настава. „Jуниор“ е изработен како продолжување на идејата за воведување образование за одржлив развој во основните училишта во Македонија, која започна да се реализира со изработката на „Зелен пакет“, мултимедијален пакет за учениците од предметна настава, кој веќе го имате во вашите училишта. На тој начин воведот во образованието за одржлив развој што ќе го добијат учениците преку користење на материјалите во „Зелен пакет јуниор“ се основа за понатамошна надградба на знаењето во оваа област преку користење на „Зелен пакет“, сé до завршувањето на основното образование на ученикот. И додека „Зелен пакет“досега е изработен во 18 земји од Централна и Источна Европа, „Зелен пакет јуниор“ е нашиот првенец, за прв пат развиен во Македонија, и вие, драги наставници и ученици, ја имате привилегијата први да го користите. Тој потоа ќе биде основа што ќе ја преземат и други земји чија определба е да инвестираат во образованието на најмладите и во одржливоста на живеењето на планетата Земја. Се обидовме да направиме интересно учебно помагало со многу игри, раскази, квизови и експерименти што ќе го задржат вашето внимание и ќе им бидат интересни на учениците. Искрено се надеваме дека успеавме во нашите намери и заложби. Ќе ви бидеме многу благодарни доколку ги поделите со нас вашите мислења и сугестии во врска со пакетот. Упатуваме искрена благодарност до нашите донатори од Австриската соработка за развој (АДЦ) преку нивната оперативна единица Австриската агенција за развој (АДА). Нивното разбирање и довербата во она што го работиме нé придружуваа и нé охрабруваа во текот на месеците напорна работа вложена и во „Зелен пакет“ и во „Зелен пакет јуниор“. Без нивната финансиска поддршка „зелената приказна“ не ќе беше возможна. Исто така, посебна благодарност им упатуваме на Министерството за животна средина и просторно планирање и на Министерството за образование и наука на Република Македонија за нивната безрезервна поддршка и за кофинансирањето на проектот, како и на Бирото за развој на образованието на Република Македонија, кое вложи незаменливи човечки ресурси во изработката на двата мултимедијални пакети „Зелен пакет“ и „Зелен пакет јуниор“. Проектниот тим на „Зелен пакет јуниор“
4
Користење на „Зелен пакет јуниор“ Современиот развој на модерното општество покажа дека целото наше знаење го насочуваме на прекумерното искористување на природата а не и на мудроста за одржувањето на природната рамнотежа. Како последица на тоа, ние ги уништуваме нашите шуми, ги здробуваме планините, ги преместуваме реките од нивниот тек, ги поплочуваме рамниците, ја менуваме нашата клима, го загадуваме нашиот воздух и ја труеме нашата крв. Со еден збор, ние создаваме свет кој никој од нас не го сака. Затоа расте и потребата јавноста да ги разбере поврзаноста и грижата за животната средина, социјалните и економските услови, безбедноста и сигурноста. Образованието за одржлив развој е една од основните алатки во менувањето на моделите на социјалното и економското однесување и нивното влијание врз животната средина. Традиционално, образованието во училиштата е ограничено на одредени предмети и наставата се предава преку пристап кој главно е фокусиран да им овозможи на учениците да ги положат тестовите и испитувањата и да развиваат конкретни знаења за одредена технологија. Сепак, денешниот предизвик е да ги обучиме учениците, да ја подигнеме нивната свест и да развијат нови вештини, ставови и вредности за одржлив развој. Образовниот процес треба да се фокусира на оспособување на граѓаните за да можат да имаат активна улога во формирањето на политиките и во нивното спроведување. „Зелен пакет јуниор“, кој го држите в раце, развиен е на начин што ќе им овозможи на наставниците и на нивните ученици, преку оригинален, лесно достапен и атрактивен материјал, да почнат да предаваат и да учат за прашањата поврзани со одржливиот развој, почнувајќи од прво одделение во основните училишта. Неговиот мултимедијален карактер е претставен преку четири главни едукативни материјали: прирачник за наставници, интерактивно ДВД-издание, книга со поучни раскази и игра со карти, сите меѓусебно поврзани и наменети за паралелно користење, како на самите часови така и за воннаставни активности. Прирачникот за наставници е поделен на 12 теми кои ја обработуваат заемната поврзаност помеѓу животната средина, општеството и развојот на економијата. Застапени се следниве теми: поврзаност воздух вода почва енергија биолошка разновидност
природни богатства население потрошувачка и отпад општествен развој и животна средина здрав начин на живеење климатски промени
Овие теми се одбрани за да се покаже дека човештвото е тесно поврзано и има влијание врз непосредната околина во која живееме и што е особено важно - што може тоа да значи за самото општество. Секоја од темите се состои од структурен план со содржини и придружни материјали што се потребни за самиот план и за предавањето за темата. Содржините се темелат на интерактивен начин на учење преку употреба на дискусии, размена на идеи, играње на улоги, решавање проблеми и тестови и надворешни активности. Секоја од дневните подготовки за содржините му овозможува на наставникот дополнителни информации за темата, целите на предавањето, користената методологија, кои материјали се потребни, дава предлог за времето потребно за реализација и за можната локација. Предложеното време во секоја дневна подготовка може да се менува во зависност од потребите на наставата. На крајот од секоја содржина, наставниците ќе можат да најдат дополнителни материјали со податоци и шеми, тестови, дилема-игри и приказни. Тие можат да се фотокопираат и да им се поделат на учениците како составен дел од самата содржина.
5
Интерактивното ДВД-издание им дава можност на учениците да направат виртуелна посета на природната животна средина, што вклучува неколку локации: • домот во кој живее семејството; • училиштето во кое учениците секојдневно минуваат дел од времето; • супермаркетот каде што семејството купува продукти; • паркот/градината каде што децата одат да играат; • местата за одмор каде што децата одат заедно со родителите, • како и други интересни содржини. Книгата со поучни раскази ги претставува двата лика Јана и Бојан, кои минуваат низ бројни авантури. Секој од расказите содржи соодветна порака поврзана со одржливиот развој. Тие се напишани на начин што овозможува користење на текст-метода, довршување на текст, размена на сопствени искази и идеи и поддржување на тематски зададена дискусија. Играта „Размисли и кажи“ може да се игра со мала или со голема група ученици кои ќе учествуваат во вежбата на одговарање прашања, со која се собираат поени. Играта може да се организира на различен начин, во зависност од возраста и бројноста на учениците. Користејќи го овој иновативен едукативен материјал, наставниците треба да запомнат дека може да го употребуваат при интегративното планирање на наставниот процес, при што тој е добра алатка за осмислување на содржините од различни наставни предмети кои наставникот ги реализира во текот на еден работен ден, недела или една наставна тема. Притоа, наставникот треба да внимава на возраста на учениците, дозирајќи ги содржините и материјалите согласно со нивните психофизички можности. На сличен начин наставникот треба да ги избира количината информации, активностите и видот на материјалите. Тоа значи дека е многу важно наставникот да ги користи само оние содржини и материјали кои неговите ученици можат да ги разберат и да ги употребуваат. Од изобилството понудени материјали и содржини треба да ги избира оние што се соодветни за возраста на учениците и наставната програма што треба да се реализира, како и во согласност со карактеристиките на местото на живеење. Преку наставниците и учениците, главните пораки на „Зелен пакет јуниор“, исто така, можат да им се пренесат на другите членови на семејството и на општеството. Тоа ќе им овозможи да размислуваат критички во врска со проблемите поврзани со заштитата на животната средина и одржливиот развој на општеството и да бидат активно вклучени граѓани преку практична примена на своето знаење.
6
Поврзаност Во минатото луѓето успеале прв пат да ја видат планетата Земја од вселената. Она што го виделе тие било една огромна топка, покриена со вода од морињата и океаните, со копно и планини, рамнини и пустини, а целата била во воздушна обвивка. Околу Земјата се наоѓаат: Месечината, Сонцето, останатиот дел од Сончевиот систем и бескраен простор. Тешко е да се одговори на прашањето дали сме сами во тој простор. Зошто Земјата eтаа на која започнал животот пред многу, многу години и се развил така како што е денес. Одговорот лежи во основните услови за живеење на Земјата: сонцето, почвата, водата и воздухот.
Воздух — Воздухот е комбинација од повеќе гасови, водна пареа и друго. Опстанокот на растенијата и на животните зависи од рамнотежата на овие гасови. Кога оваа рамнотежа е нарушена, се чувствуваат негативни ефекти врз животните заедници на планетата Земја. Понекогаш нарушувањето е предизвикано од природни појави, како што се вулканските ерупции, силните ветрови и земјотреси, но најчесто човекот со своите активности го загадува воздухот. Вода — Водата е насекаде околу нас. Таа покрива две третини од површината на Земјата. Водата претставува две третини од тежината на човекот. Кај другите организми водата е различно застапена. Во секој случај, водата е важна за секој организам, исто како што е одговорна и за времето и за климата на планетата Земја.
Почва — Почвата претставува најгорен слој од површината на Земјата. Иако тој слој е тенок како лист хартија во споредба со остатокот на Земјината кора, почвата е основа за целиот живот на Земјата. Растенијата се прикрепени на едно место со корењата, впивајќи ја водата со минералните материи од почвата. Почвата е богата со разновидни организми. Таа е нивна животна средина.
Сончева топлина и светлина — Сончевата енергија доаѓа до Земјата во вид на зраци што навлегуваат во воздушната обвивка и ја затоплуваат нашата планета. Светлината од Сонцето е основен услов во процесот на создавањето храна, заедно со водата.
7
Поврзаност
Биосфера — Биосферата е целокупниот простор на Земјата кој го населуваат живи организми и во кој се одржува животот. Покрај живиот свет на Земјата, биосферата ги опфаќа и воздухот, водата, горните слоеви на почвата. Различните растенија и животни во биосферата ја претставуваат биолошката разновидност. Лесно може да се види дека многубројни и разновидни растенија и животни се приспособени на различните услови на Земјата (воздухот, водата, почвата и климата). Животна заедница — Животната заедница претставува група организми што влијаат едни на други, влијаат на животната средина како и таа на нив. Животните заедници се променливи и храната и енергијата во нив постојано се движат помеѓу живите организми и неживата природа. Градските области, исто така, содржат животни заедници со организми што се приспособиле на таа специфична животна средина. Тие, исто така, влијаат врз природните услови во својата блиска околина. Активностите што ги извршува човекот во населените места имаат големо влијание врз животната средина и често доведуваат до нарушување на постојните животни заедници. Природни богатства и енергија — Природните богатства и енергијата се потребни за општествен развој. Под природни богатства се подразбира она што може да се добие од животната средина. Природните богатства се поделени на обновливи — нивното исцрпување до крајна мера е невозможно (сончева енергија, енергија на ветер, енергија на вода, животни и растенија) и необновливи — нивната достапност е ограничена и само прашање на време е кога тие ќе се потрошат во целост (нафта, јаглен, руди, вода за пиење). Постапно и незабележително, потрошувачката станува значаен дел од животот на луѓето, заземајќи голем дел од нивното време и од финансиските средства. Тоа води кон сî поголемо искористување на природните богатства и на сите видови енергија, како и кон сî поголемо загадување на животната средина. Денешните општества обезбедуваат производи, простор за живеење, работни места и забава. За да ги задоволат барањата на луѓето, модерните општества вршат огромно искористување на природните богатства и на животните заедници на планетата Земја, чии капацитети и резерви се ограничени. Денес, како никогаш порано, човештвото на планетата се соочува со предизвик за подобрување на животот на луѓето, а истовремено и за зачувување на природните богатства. Двете цели мора да се исполнат во услови на зголемен пораст на населението и зголемени потреби за храна, вода, засолниште, канализација, енергија, здравство и економска сигурност. Образованието е едно од најмоќните орудија што помагаат нашето општество да постигне одржлив развој. Наставниците имаат важна улога во подучувањето на децата за поврзаноста помеѓу животната средина и општеството. Семето на разбирање што е посеано сега ќе создаде одговорни и свесни граѓани кои ќе дејствуваат во вистинско време.
8
Поврзаност
Дневна подготовка: Сî околу нас е поврзано
Времетраење Годишно време Место Материјали Цели Методи
1-2 училишни часа Сите 4 годишни времиња Училница или надвор — на отворено Училишната чанта и предметите во неа • Учениците да ја сознаат поврзаноста на сî околу нас Дискусија, игра, решавање дилеми
Дел I: Животот зависи од ... (бура на идеи)
1
Прашајте ги учениците што мислат за тоа кои се најважните услови за постоење на животот на планетата Земја. Напишете ги нивните одговори на табла или (и) претставете ги со соодветни илустрации.
2
Поделете го работниот лист „Животот зависи од ...“. Во празните прозорчиња на врвот на работниот лист учениците нека ги напишат имињата на најважните услови за животот. Наведувајте ги на заклучок дека нема живот без сонце, воздух, вода, почва, храна и место за живеење. Дискутирајте зошто и другите услови се важни во животот, но не се најважни.
Дел II: Тајните на мојот училиштен ранец
1
Побарајте еден ученик да биде доброволец, да ги извади и да ги истражи предметите од својот ранец, заедно со другите ученици. Потпомогнете во истражувањето преку прашања што наведуваат на заклучок. На пример: Има книга, молив и храна во ранецот. Поделете му на секој ученик работен лист од „Тајните на мојот ранец“ за индивидуална работа и нацртајте ја шемата од листот на табла.
2
Разгледајте ги предметите од ранецот и од работниот лист. Дискутирајте за прашањата дадени подолу, а учениците нека повлечат линии на работниот лист, поврзувајќи ги шесте предмети во прозорците со потеклото на материјалите (сликите во средина). • Од што е направен училишниот ранец? (на пример, пластична материја — поврзете ја со училишниот ранец на листот со стрелка); • Што друго е потребно за да се произведе еден училиштен ранец? (на пример, енергија, вода — нацртајте стрелка од училишниот ранец до водата и фабриката што снабдува со енергија); • Од што е направена книгата? (хартија, која е произведена од дрвна каша — нацртајте стрелка кон растението, фабриката и водата); • Од што е направен моливот? (дрво — нацртајте стрелка кон фабриката и графитот — црнка со која се пишува, кој се добива од почвата); • Што има во ужинката? (леб, месо, зеленчук, вода и енергија за производство); • Што им е потребно на животните и на растенијата за да можат да живеат и да опстанат? (воздух, вода, почва, сонце); • Можете да ја продлабочите дискусијата со дополнителни прашања за ослободување од отпадот во текот на производството на овие предмети и каде оди тој отпад.
9
Поврзаност
3
Учениците треба да сфатат дека дури и едноставните нешта околу нас се поврзани помеѓу себе, а основа за сето тоа е потребата од воздух, вода, почва, растенија, животни и енергија.
4
Можете да ја направите дискусијата поедноставна преку намалување на бројот на предметите од ранецот или, пак, доколку изберете поинакви примери, како што се: блуза со кратки ракави, работна маса, гума за џвакање итн. Друга варијанта на оваа активност е да поделите посебни копии на листот за секој ученик и да организирате отворена дискусија во одделението (да се внимава на тоа секој ученик да отвора и да пребарува сам во својот ранец за да се испочитува приватноста).
Дел III: Сî околу нас е поврзано
1 2
Поделете им ги на учениците работните листови „Дрвјата од шумата“ и опишете им ја следнава ситуација: за да се изгради нов пат, мора да се исече една стара шума. Дискутирајте: • •
Како ќе се смени животната средина ако се исечат дрвјата? Како ќе влијае сечењето на дрвјата врз природата (врз животните, растенијата, водата, температурата, светлината, итн.)? Одговорите се дадени во табелата подолу.
Учениците треба да се обидат да ги дадат одговорите и да ја пополнат табелата во работниот лист.
3
Фактори
Неисечена шума
Исечена шума
Светлина
Слаба
Силна
Температура
Пониска
Повисока
Влажност
Повисока
Пониска
Подземни води
Течат поблиску до површината
Течат подлабоко
Сила на ветерот
Ограничена
Неограничена
Животни (птици, инсекти, итн.)
Разни животни што живеат само во шумите
Растенија (грмушки и трева)
Разни шумски видови
Шумските животни се преселуваат Растителниот свет се менува
Наведете ги учениците на заклучок дека промените во шумата доведуваат до други промени во природата.
Дел IV: Живи слики (Игра на отворено) На отворен простор, во училишниот двор или во паркот, замолете ги учениците да застанат на одредено растојание и со затворени очи да се завртат неколку пати околу себе. Пред да ги отворат очите, учениците ги ставаат рацете пред лицето како замислена камера. Кога ќе ги отворат очите, една минута го „фотографираат“ она што го гледаат, обидувајќи се да запомнат колку што можат повеќе елементи, кажувајќи како овие елементи се поврзани меѓу себе (пчелите, пеперутките и цвеќињата, птиците и дрвјата, зградите, автомобилите итн.). Организирајте групни презентации на „фотографиите“ (на виденото).
10
Поврзаност
Дел V: Игра — Колкав простор ни е доволен?
1
Преку оваа игра учениците ќе научат дека просторот на планетата Земја е ограничен, а во него сите живи организми треба да живеат во рамнотежа и да имаат еднаков пристап до природните богатства. Потребни ви се: 3 хамери, фломастери, дрвени боици, хартиени сликички, макети, исечоци од списанија
2
Учениците се делат во три групи и на секоја група и се даваат по еден хамер, маркери, фломастери, дрвени боици и хартиени или картонски макети (или исечоци од списанија) на згради, училишта, паркови, фабрики и др. Хамерот претставува еден град и неговата околина. На сите три хамери со маркер е обележана границата на градот и таа е различна за секоја група. За првата е најголема, речиси до рабовите на хамерот, на вториот помала, а на третиот хамер прстенот е мал, така што останува голем празен простор околу. Учениците треба сами да го осмислат просторот, да ги постават хартиените макети во просторот, да ги поврзат со улици, да доцртаат предмети со боиците за да ја збогатат сликата. Кога ќе завршат, по еден претставник од групата ја објаснува сликата и зошто ги избрале тие предмети.
3
Да се развие дискусија со сите ученици за различните творби, но и да се размисли: • Дали просторот на хамерот бил доволен за да ги сместат сите сликички и макети? • Дали со поставените објекти се овозможува нормално живеење на човекот, растенијата и на животните? • Кои сликички им останале бидејќи немало доволно простор на хамерот? • Што доцртале и зошто? • Кои објекти не се прикажани и дали се неопходни? Целта на играта е да увидат дека сите живи организми треба да опстојуваат во ограничен простор и да имаат еднаков пристап до неопходните природни богатства.
Други активности •
Замолете ги учениците да нацртаат слики од своите „фотографии“ (од тоа што го виделе) снимени на отворено и да се обидат да најдат поврзаност помеѓу елементите на нив.
•
Замолете неколку доброволци да дојдат пред останатите ученици, да формираат мала група и да дискутираат за дилемата „Ајде да изградиме фабрика“.
•
Направете копии од тестот „Предметите наоколу“ и дајте им ги или како индивидуална работа на учениците или организирајте отворена ученичка активност со однапред договорени знаци — невербални одговори за точно и неточно (на пример, клекнување, ракоплескање).
•
Направете копии од работниот лист „Сé околу нас е поврзано“ и објаснете им на учениците дека секој поим, што всушност претставува и тема во „Јуниорот“, треба да го поврзат со соодветното место на сликата.
11
Поврзаност
ДИЛЕМА
Ајде да изградиме фабрика Вие сте работодавец. Мора да донесете одлука дали да изградите нова фабрика. Важно е да размислите за следново: • Колку пари ќе чинат земјата на која ќе ја градите фабриката и машините што ќе ги купите; • Дали имате на располагање доволно потребни материјали -природни богатства и електрична енергија за фабриката; • Какво ќе биде влијанието на фабриката врз воздухот, почвата и водата; • Какво влијание ќе има изградбата на фабриката врз живиот свет во непосредната околина; • Влијанието и улогата на фабриката врз животот, работата и здравјето на луѓето во блиските градови и села; • Други фактори.
ТЕСТ
Предметите наоколу ТОЧНО НЕТОЧНО
1 2 3 4 5 6 7 8
Животот на Земјата зависи од положбата на планетата Земја спрема Сонцето. Воздухот не влијае врз водата или почвата. Без вода, целиот живот на Земјата би згаснал. Сончевата енергија е важна само за растенијата. Почвата постојано се создава и се уништува. Биосферата е раширена низ целата планета. Деловите на природата меѓусебно се поврзани и зависат едни од други. Луѓето, исто така, се дел од големата меѓусебна поврзаност на живата и неживата природа на планетата Земја. Клуч: 1. Точно 2. Неточно 3. Точно 4. Неточно 5. Точно 6. Точно 7. Точно 8. Точно
12
Поврзаност
РАБОТЕН ЛИСТ
Животот зависи од ...
Воздух
Автомобили
Мобилни телефони
Храна
Отпад
Книги
Вода
Ел. енергија
Пари
Место за живеење
Облека
Сонце
13
Поврзаност
РАБОТЕН ЛИСТ
Тајните на мојот ранец
14
Поврзаност
РАБОТЕН ЛИСТ
Дрвјата од шумата Фактори
Шума
Прочистување
Светлина
Температура
Влажност
Подземни води
Сила на ветерот
Животни (птици, инсекти и др.)
Растенија (грмушки и трева)
15
Поврзаност
РАБОТЕН ЛИСТ
Сé околу нас е поврзано Воздух
Вода
Почва
Енергија
Биолошка разновидност
Природни богатства
Население
Потрошувачка и отпад
16
Општествен развој
Здрав начин на живеење
Воздух Воздухот ја обвива Земјата. Воздухот нема боја, ниту мирис, и тоа е причината што често забораваме дека е тука. Дури и велиме: чашата е празна или нема ништо во ходникот.
Што е воздух? Тоа е комбинација од бројни гасови и малку водна пареа. Од нив најважен е кислородот, кој го дишат сите организми. Постојат некои природни нечистотии во воздухот, како што се прав и вулканска пепел, но и загадување од човековите активности. Воздухот служи за дишење, но и за да: • ја задржува температурата на површината на Земјата, што им овозможува живот на живите организми; • ја одржува климата на Земјата; • не ги пропушта оние зраци од Сонцето што се штетни за луѓето, растенијата и за животните; • ги разнесува чадот и штетните гасови ослободени како последица на природните процеси и човековите активности; • служи како резервоар за различни гасови што се важни за животот; • игра важна улога во кружењето на водата; • ги пренесува звуците и • претставува средина во која се шират различни мириси и вкусови. Луѓето го користат воздухот во секојдневниот живот. На пример, воздухот се пумпа во гумите, за да бидат надуени, а и разни машини работат на воздух (на пример, машина за кршење бетон). Планинарите и нуркачите користат боци со кислород кога се качуваат на високи планини или нуркаат длабоко под вода.
17
Воздух
Растенијата и животните зависат од гасовите во воздухот. • Со помош на гасовите од воздухот, растенијата создаваат храна (шеќери) со која се хранат сите живи организми. • При создавањето храна, растенијата испуштаат кислород кој потоа сите живи организми го користат за дишење. Во денешно време, согорувањето на горивото, обработката на отпадот, интензивното земјоделство, сообраќајот и другите човекови активности го загадуваат воздухот. Загадениот воздух е штетен за човековото здравје, растенијата, животните и за природните живеалишта и, исто така, може да придонесе за промени во климата. Издувните гасови од сообраќајот, на пример, содржат повеќе од 200 видa состојки, повеќето од нив штетни за човековото здравје и за животната средина. Во зависност од условите, главните загадувачи може да останат долго време во близина на местото каде што биле ослободени. Повеќето од поголемите честички се таложат во непосредна близина на изворот на загадување. Некои загадувачи може да влијаат не само на непосредната околина туку и подалеку.
Штетните материи во воздухот се загадувачи и, ако ги има многу, може сериозно да им наштетат на човековото здравје и на животната средина. Една од најопасните појави е смогот, кој е составен од водна пареа и штетни гасови, а се создава во градовите со голем сообраќај. Повеќето загадувачи на воздухот се штетни за здравјето на луѓето бидејќи предизвикуваат: • воспаление на очите и на дишните органи; • труење; • алергии и други болести.
Дневна подготовка: Без воздух не можеме
Времетраење Годишно време Место Материјали
Цели
2-3 училишни часа Сите годишни времиња Училница Хартија, ножици и пенкала во четири бои (варијанти: табла и креди во четири бои или детски мозаик што се состои од копчиња или парчиња во разни бои) Учениците да: • запаметат кои се основните состојки на воздухот • ја согледаат важноста на воздухот за Земјата • разберат дека воздухот треба да биде чист
Методи
Игра на асоцијации, демонстрација, дискусија, решавање дилема
Дел I: Воздухот може да биде… (игра на асоцијации) На таблата нацртајте неколку балони и започнете ја реченицата: воздухот може да биде... Замолете ги учениците да смислат зборови и да ја надополнат реченицата. Запишете ги одговорите во балоните. Тие можат да вклучат: чист, проѕирен, топол, загаден, итн.
18
Воздух
Дел II: Што има во воздухот? (демонстрација и дискусија)
1
Започнете го часот прашувајќи ги учениците колку долго може еден човек да живее без воздух. Неколку доброволци нека вдишат длабоко и нека го задржат воздухот, но не подолго од половина минута. Нека им објаснат на другите ученици како се чувствувале во текот на обидот.
2
Раскажете им на учениците за улогата и за составот на воздухот, користејќи ги информациите од почетокот на ова поглавје. • Кои загадувачи на воздухот можат да ги наведат учениците? (на пример, чадот од оџаците на фабриките, гасовите од ауспухот на автомобилите, чадот од оган). • Како би се чувствувале луѓето и другите организми ако воздухот е загаден? Кога учениците се нашле во слична ситуација? Охрабрете ги да ги раскажат своите приказни пред другите ученици. Еден пример би можела да биде соба полна со чад од цигари. • Споредете ги овие приказни со доживувањата и чувствата во однос на воздухот во текот на една прошетка во шума, планина или на плажа. Охрабрете ги учениците да ја разработат темата.
3
Наведете ги учениците да сфатат дека целиот жив свет — луѓето, животните и растенијата — имаат потреба од чист воздух за добро здравје и квалитетен живот.
Дел III: Важноста на воздухот за Земјата (дискусија)
1
Поставете прашање: зошто воздухот е важен за Земјата и за живите организми? Напишете ги одговорите на табла. Комплетирајте ги одговорите на учениците, користејќи ги текстовите од воведниот дел.
2
Опишете каква би била Земјата без воздух. Помогнете им на учениците да сфатат дека без воздух Земјата би била променета и животот би бил невозможен (би било многу постудено, не би имало воздух за дишење, растенијата не би можеле да создаваат храна, процесите на согорување би биле невозможни, би имало големи климатски промени, не би имало звуци или мириси итн.).
3
Разделете го работниот лист „Зошто на Земјата í треба воздух“. Учениците нека ги напишат одговорите на празните места.
Дел IV: Квалитет на воздухот во затворен простор (дискусија) Објаснете им на учениците дека многу често вниманието на јавноста е насочено кон чистотата на воздухот на отворено, додека квалитетот на воздухот во затворен простор се потценува или се занемарува. Научниците тврдат дека понекогаш воздухот во затворен простор може да биде многу позагаден отколку воздухот надвор, дури и во индустриските градови. На пример, и во училницата и во домот има прав од мебелот и подните облоги, испарување од средствата за чистење, испарување од грејните тела, испуштен јаглероден диоксид од дишењето на луѓето, животните и растенијата, испарување од најразлични парфеми и хигиенски средства и друго.
Дел V: Зајакот-фалбаџија Прочитајте го расказот „Зајакот-фалбаџија“. Поведете дискусија. • Замолете ги учениците да ги споделат своите впечатоци. • Наведете ги учениците на заклучок дека со своето негативно однесување ги уништуваат прекрасните работи што ги опкружуваат и дека не се свесни за штетите што ги нанесуваат.
19
Воздух
Дел VI: Игра — Воздушно танцување
1
Поделете ги учениците во две групи. Едната група ги претставува растенијата, а другата животните. Секој од учениците нека одбере кое растение или животно сака да биде и нека им го каже тоа на другите.
2
Објаснете дека животните и растенијата дишат на различен начин, но сите вдишуваат кислород и издишуваат јаглероден диоксид. Кажете им на учениците кои избрале животно да се движат меѓу растенијата и да дишат, а тие што избрале растение да стојат во место, да дишат и од свиена положба полека да се исправаат и да демонстрираат растење.
3
Целта е учениците да разберат дека и растенијата дишат, иако тоа не се забележува. Прашајте ги учениците што им е потребно на растенијата и на животните за да пораснат и за да се движат (воздух, вода, сонце, храна).
Други активности • •
• • •
20
Разделете им на учениците копии од тестот „Дали го познаваме воздухот?“ и нека го изработат самостојно. Разделете им на учениците копии од работниот лист „Одржување здрав воздух во вашиот дом“ на страница 23. Нека поразговараат со родителите и на следниот час продискутирајте за нивните согледувања. Побарајте неколку доброволци да формираат мала група и да дискутираат за дилемата „Престапник“ пред другите. Замолете ги учениците да ја претстават преку цртежи важноста на воздухот и каква би била Земјата без воздух. Поставете изложба. Со учениците одиграјте ја играта „Воздушно танцување“. По играта, поведете дискусија за поврзаноста на живите организми (растенија и животни) во животната средина.
Вода Поголемиот дел од површината на Земјата е покриен со вода, поради што е наречена Сина планета. За жал, поголем дел (97%) од водата на Земјата е солена и не може да се користи директно од страна на луѓето. Останатите 3% е слатка вода (несолена) и се наоѓа во реките и во езерата, под површината на земјата, во живите организми, во ледниците, на половите и високо во планините. Според истражувањата, од страна на луѓето се користи само 1% од целото количество вода на нашата планета.
Карактеристики на водата • • •
•
• •
Водата е единствената материја што е присутна во природата во три состојби: цврста, течна и гасовита. Чистата вода врие на 100оС и замрзнува на 0оС. На поголеми височини, каде што воздушниот притисок е понизок, температурата на вриење на водата е пониска. Растворањето на некоја материја во вода ја намалува температурата на замрзнување на водата. Ова им е добро познато на луѓето кои, за да го спречат замрзнувањето во зима, фрлаат сол или додаваат разни материи во водата за да ги измијат стаклата на автомобилите и прозорците. Водата се нарекува општ растворувач. Таа може да раствори повеќе супстанции отколку кој било растворувач. Водата се искачува низ растенијата до нивните врвови.
Значењето на водата за животот •
Скоро сите материи стануваат потешки и погусти кога преминуваат од течна состојба во цврста. Меѓутоа, водата ја зголемува својата зафатнина и станува полесна кога се претвора во мраз. Ова својство е од големо значење за одржување на животот во реките во текот на зимата.
25
Вода
•
•
•
Дождовните капки при паѓањето низ воздухот ги раствораат воздушните гасови. Кога ќе падне на Земјата, дождот влијае врз квалитетот на почвата, езерата и реките. Водата може да складира огромни количества енергија, која може да ги претвори океаните, морињата и езерата во џиновски резервоари на топлина. Ова особено својство влијае на климата во областите што се наоѓаат во близина на водните басени. Исто така, поради нејзиното својство за задржување на енергијата, водата насекаде се користи за разладување, но и за пренесување на топлината. Луѓето треба да пијат околу два литра вода дневно за да ги одржат функциите на телото.
Водни богатства •
Местата каде што се зачувува водата на земјата се нарекуваат водни басени (резервоари). Слатка (несолена) вода може да се најде во: – реките, езерата, барите (површинска вода); – растенијата, животните и човекот; – под површината на земјата (подземни води).
Влијание на човекот •
– – – –
–
– – –
26
Водата се користи за наводнување во земјоделството, како материја за загревање или за ладење во индустријата, исто како и за секојдневни намени: пиење, лична хигиена, чистење, одмор, добивање електрична енергија, итн. • Постојат различни начини на кои луѓето ги оштетуваат водните резервоари или ја загадуваат водата: – Фрлањето отпадоци во водата го намалува нејзиниот квалитет. Земјоделските активности, како што се растурањето отрови, ѓубрива и други средства, предизвикуваат големо загадување на воздухот и на водата. Градењето еден мост или менувањето на едно речно корито може да предизвика промени во текот на реката или на нивото на подземните води. Вадењето песок и камења од реките ги уништува речните брегови. Индустриските води што се испуштаат во реките без пречистување на отпадните води е штетно за растенијата и за животните во водата и влијае врз човековото здравје. Фармите за свињи и живина создаваат многу отпадоци. Испуштањето на овие отпадоци во реките без пречистување може да предизвика смрт кај растенијата и животните во водата и, секако, влијае врз човековото здравје. Истекувањето на нафтени производи ги уништува живите и неживите елементи во водата. Реките често се загадени од канализациските води и од водите што не може да ги впие земјата. Многу градови немаат станица за пречистување на отпадните води. Директното испуштање на отпадните води во реките ги загадува водите.
Вода
Дневна подготовка: Неопходност од вода
Времетраење Годишно време Место Материјали
Цели
1-2 училишни часа Сите годишни времиња Училница Работниот лист за ученици „Кружење на водата“, табла, чаша вода за пиење, едно тенко стакло, лонче наполнето со вода, сунѓер, бел цвет, мастило Учениците да: • ги прошират знаењата за кружењето на водата во природата • станат свесни за својствата на водата и за нејзиното значење за живите организми
Методи
Демонстрација, предавање, дискусија, самостојна работа, решавање дилема
Дел I: Кружење на водата
1
Донесете чаша вода за пиење. Замолете некого од учениците да се напие и да каже што мисли, од кога постои водата, колку е стара. Објаснете им на учениците дека водата е стара приближно 4,5 милијарди години (исто колку нашата планета) и е во постојано кружење помеѓу Земјата и воздухот. Сонцето и ветерот предизвикуваат испарување на водата од почвата, од лисјата на растенијата, од телата на животните и од површината на реките, езерата и океаните. На тој начин водата се претвора во пареа. Под одредени услови, пареата преминува во водни капки и повторно паѓа на земјата во форма на дожд или снег, често собирајќи други материи во текот на паѓањето. Дождот и снегот повторно ги полнат реките и езерата. Реките течат во океаните. Дел од дождот протекува низ почвата и станува подземна вода.
2
Разделете го работниот лист „Кружење на водата“ и заедно со учениците именувајте ги различните фази на кружење на водата.
Дел II: Водата: единствена компонента на нашата планета
1
Кажете им на учениците за некои уникатни својства на водата и за нејзиното значење за живите организми преку разговор околу следниве прашања (користете ги информациите од почетокот на ова поглавје): • Во колку различни состојби може да се најде водата? Дајте примери. • Зошто се создава мраз на површината на водите во реките и во езерата? Кое е значењето на ова својство за одржувањето на животот во зима? • Водата може да раствори многу материи. Дајте примери. • Разни материи растворени во вода ја снижуваат температурата на нејзиното замрзнување. Зошто водата во морињата и во океаните не замрзнува во зима на средна географска широчина? Што е растворено во неа? Дајте други примери од секојдневниот живот за спречување на замрзнувањето. • Водата може да складира огромна количина енергија (топлина). Зошто зимите се поблаги, а летата посвежи во близина на езерото или морето во споредба со внатрешното копно? Дајте примери од нашата земја. • Зошто на површината на водата се создаваат бранови?
27
Вода
•
2
Демонстрирајте го впивањето на водата со соодветно тенко стакло, собирајќи ја водата со сунѓер или ставајќи корен од растение кое има бело цветче во вода во која има мастило (за втората демонстрација треба повеќе време). Објаснете го значењето на водата за растенијата. Што друго оди нагоре заедно со водата?
Објаснете им на учениците дека е водата секаде околу нас. Направете копии од работниот лист „Колку вода има во...“. Замолете ги учениците да ги следат линиите за да научат колку вода содржи секој од наведените примери.
Дневна подготовка: Водата и луѓето
Времетраење Годишно време Место Материјали
Цели
3-4 училишни часа Сите годишни времиња Училница Шише од 1 литар, тестот „Колку ја познавате водата“, работниот лист „Употреба на водата I“, 2 пластични чаши, долга игла, клинец, целофанска лента, штоперица, работен лист „Извори на загадување на водата“, лист за цртање А4-формат, боички, фломастери Учениците да: • сфатат дека во своето секојдневие можат да заштедат многу вода • станат свесни дека со мали промени во своите хигиенски навики можат да заштедат многу вода • се запознаат со разни извори на загадување на реките
Методи
Предавање, дискусија, комплетирање на тестот, индивидуална работа, спонтана дискусија
Дел I: Трагачи по вода
28
1
Дискутирајте со учениците: Зошто водата е неопходна во секојдневниот живот на луѓето (за лични потреби: пиење, готвење, лична хигиена, чистење, перење, одмор и рекреација на вода итн.; за економски цели: наводнување на посевите, производство на разни стоки и нудење услуги, за сообраќај)? Напишете ги одговорите на табла. Учениците нека ги именуваат разните примери за употреба на водата.
2
Објаснете ја количината вода што му е потребна на секого од нас. За да се направи тоа, прво покажете им на учениците едно пластично или стаклено шише од 2 литри. Тоа ќе им олесни да ја замислат дневната потреба од различни количини вода. Разделете копии од работниот лист „Колку вода има во...“. Откако ќе го завршат, продискутирајте со учениците за различната количина вода во храната и во живите организми.
Вода
3
Објаснете дека разумното користење на водата е важно, бидејќи светот се соочува со светска криза во однос на водата. Зборувајте во кои случаи водата би можело да се користи поекономично. Замолете ги учениците да изразат свои идеи за заштеда на водата во следниве случаи: • миење на храната; • миење на садовите; • машинско перење на облеката; • наводнување на градината; • миење на автомобилот.
4
Дајте неколку примери, употребувајќи ги информациите од работниот лист „Употреба на водата“. Разделете копии од работниот лист и замолете ги учениците да поразговараат со родителите за можните начини како да се заштеди вода во домот.
Дел II: Водата и личната хигиена
1
Објаснете им на учениците дека со некои мали промени во однесувањето или со разни технички апарати секој може да заштеди вода во своите секојдневни навики за одржување хигиена. Кажете им на учениците дека вие ќе им го докажете тоа со помош на еден пример и еден математички проблем.
2
Демонстрирајте го следниов експеримент: • • •
•
3
Земете две исти хартиени чаши и направете ист број дупки на нивното дно (пет или шест). Употребете голема игла за едната чаша и голем клинец за другата. Залепете малку целофанска лента од надворешната страна на дното на чашата. Замолете двајца доброволци да ги наполнат чашите со еднаква количина вода. Потоа истовремено извадете ја лентата од нивните дна. Учениците мерат колку време е потребно за да истече водата. Повторете го експериментот доколку има потреба. Кажете им на учениците дека тоа претставува едноставен начин да се заштеди вода при туширање. Во денешно време маркетите нудат многу различни чешми и тушеви, со различни функции, а некои од нив штедат вода токму на ваков начин. Кажете им на учениците да им дадат „стручен совет“ на своите родители кога ќе одлучат да купат нов туш за бањата.
Илустрирајте го следниов математички проблем: •
•
•
Прашајте ги учениците колку пати дневно ги мијат забите. Замолете еден доброволец да оди до лавабото и да покаже како го прави тоа (забелешка: во случај да нема вода во училницата, ученикот може да ја објасни постапката). Поведете дискусија за можноста да се најде друг, штедлив начин на миење заби. Оној што ги мие забите ја пушта чешмата само кога треба да ја исплакне четката или забите, а ја затвора додека ги четка забите. Кажете им на учениците дека прв впечаток е дека овој штедлив начин нема значаен ефект во заштедата на вода. Меѓутоа, во реалноста, ако секој ја применува оваа мала промена во однесувањето, може да има огромен ефект. За да ги убедите оние што се сомневаат, замолете ги учениците да го решат следниов проблем:
29
Вода
Замислете дека секој во вашето семејство ги мие забите додека водата тече цело време. Откако сте им кажале дека сите можат да заштедат вода, тие се согласуваат да ги сменат своите навики и да ја пуштаат водата да тече само кога ги плакнат четките и забите. Експериментот ги опфаќа следниве податоци: • Вашето семејство се состои од 5 члена. • Секој член на семејството ги мие забите двапати дневно. • Миењето заби обично трае околу 3 минути, а просечниот проток на вода е 2 литра во минута. • Со методот за заштеда на вода се заштедува 1 литар по лице. Замолете ги учениците заедно со своите родители да пресметаат: а) Количината вода што ја користи семејството кога ја пушта водата да тече постојано. б) Количината вода што ја користи семејството кога го применува методот за заштеда. в) Количината вода што може да се заштеди за еден ден од страна на семејството. г) Што би се случило ако сто семејства од вашиот град би го следеле овој пример? Одговор: a) 3 x 2 x 2 x 5 = 60 литри дневно Објаснете им на учениците дека ако се прави тоа една година, резултатот ќе биде: 60 х 365 = 21.900 литри b) 1 x 2 x 5 = 10 литри дневно Објаснете им на учениците дека ако се прави тоа една година, резултатот ќе биде: 10 х 365 = 3.650 литри c) 60 литри – 50 литри = 10 литри дневно Заедно пресметајте ја заштедената вода по семејство за една година (18.250 литри). За олеснување, заокружете на цифра од 20.000 литри или 20 кубни метри по семејство. d) 50 литри х 100 = 5.000 литри дневно Заедно пресметајте ја заштедената вода од 100 семејства за една година – 1.825.000 литри (1.825 кубни метри) или ако избравте да заокружите – околу 2.000 кубни метри. Објаснете дека со 2.000 кубни метри вода би можеле да наполните базен голем колку олимписки базен (50 м х 20 м х 2 м).
Дел III: Нашата река Оваа активност може да се изведе со целото одделение или во групи, ако одделението е големо.
30
1
Направете доволно копии од работниот лист „Извори на загадување на водата“ така што по сечењето на одделните слики да има по една слика за секој ученик. Дајте му слика на секој ученик и замолете го да нацрта цртеж на А4-формат поврзан со изворот на загадување на сликата. Нацртајте река на таблата.
2
Кога сите ќе завршат, кажете им да ги залепат своите цртежи на најсоодветното место на реката нацртана на таблата. Секоја активност различно влијае врз водата во реката. Дискутирајте со учениците за различните видови и извори на загадување на водите. Замолете го секој ученик да каже пред одделението на кој начин неговиот загадувач го намалува квалитетот на водата. Обидете се учениците да сфатат дека сите активности на човекот по должината на реката имаат негативно влијание врз квалитетот на водата.
Вода
3
Објаснете дека веќе милиони години живиот свет во реките, растенијата и животните се приспособуваат на природните услови за живеење. Кога активностите на човекот ја менуваат животната средина, живиот свет нема доволно време да се приспособи и набрзо изумира. Потсетете ги учениците дека, заедно со останатите живи организми, луѓето исто така зависат од чистотата на речните води, кои ги користат за пиење, во домаќинствата, во индустријата, на фармите и за спорт и рекреација на вода.
4
Замолете ги учениците да дадат предлози за разни активности наменети за заштита на реките. Направете листа на најсоодветни идеи. Посветете внимание на оние што се тесно поврзани со дневните навики (фрлање отпад или испуштање канализациска вода во реките, итн.)
Дел IV: Поточето и рипката Прочитајте ја приказната „Поточето и рипката“ на страница 40.
1 2
Замолете ги учениците да ги споделат своите впечатоци. Наведете ги учениците на заклучок дека со своето негативно влијание ги уништуваат прекрасните работи што ги опкружуваат и дека притоа не се свесни за штетите што ги нанесуваат.
Дел V: Игра — Движење на водата
1
Учениците нека ги направат следниве активности за да научат како се движи водата низ каменчиња, песок и глина. Во еден сад со отвори на дното ставете ситни камења, во друг песок и во трет глина. За да демонстрирате како се движи водата низ каменчињата и другите видови почва, налевајте вода во секој од садовите. Набљудувајте и дискутирајте за резултатите. Кој сад најбрзо ја пропушта водата? Кој најбавно? Како се движи водата низ различните видови почва.
2
Направете ги следниве обиди за да покажете како различни видови почва ја пропуштаат водата. Одберете неколку ученици да „станат“ вода. Другите ученици ќе бидат: каменчиња, песок и глина. • Движење на водата низ каменчиња Учениците „стануваат“ ситни каменчиња допирајќи се меѓусебно со испружени раце. Целта на учениците кои ги претставуваат капките вода е да поминат (протечат) низ учениците кои ги претставуваат ситните камења. • Движење на водата низ песок Учениците „стануваат“ песок ширејќи ги рацете, свиткувајќи ги лактите и допирајќи се меѓусебно со лактите. Учениците-капки вода ќе имаат тешкотии при поминувањето, но сé уште ќе можат да поминат (протечат) низ учениците. • Движење на водата низ глина Учениците „стануваат“ глина држејќи ги рацете спуштени до телото и припиени еден до друг. Тие треба да бидат многу блиску еден до друг, правејќи препрека за капките вода. Без да бидат груби, учениците-капки вода треба бавно да го пробијат својот пат низ глината. Можеби нема да можат сите да поминат низ глината.
31
Вода
Други активности • • • • • •
32
Разделете им на учениците копии од тестот „Дали ја познавате водата?“ и нека го изработат самостојно. Замолете неколку доброволци да формираат мала група и да дискутираат за дилемата „Капка по капка“ пред другите. Дознајте за водните богатства во вашиот град или село и во нашата држава. Одбележете го денот за заштита на водата и презентирајте го вашето истражување. Соодветен ден е 22 Март, бидејќи тоа е Светски ден на водата. Најдете приказни, песни и гатанки за водата. Замолете некој од учениците (3-5 одделение) да го прочита текстот „Поточето и рипката“. За учениците од прво до трето одделение наставникот ја чита приказната. Потоа разговарајте за загадувањето на водата и за последиците од загадувањето врз живите организми.
Вода
ДИЛЕМА
Капка по капка Вие сте во посета на другарче и во дворот го гледате неговиот татко со црево во рацете како се подготвува да го мие семејниот автомобил. Одлучувате: • да се понудите да му помогнете; • да предложите дека со употреба на кофа вода и четка за миење на автомобилот би се заштедило многу вода; • да предложите автомобилот да се однесе во салон за миење автомобили; • да не кажувате ништо, бидејќи сте срамежлив, а мислите и дека тоа не е ваша работа; • да направите нешто друго.
ТЕСТ
Дали ја познаваме водата? ТОЧНО НЕТОЧНО
Помалку од една половина од површината на Земјата е покриена со вода. Водата ја има во две состојби на Земјата. Водата може да зачува огромно количество енергија. Кога различни материи се растворени во вода, температурата на замрзнување на водата се зголемува. Само 3% од водата што ја користат луѓето е за пиење. Разумно е да се користи една иста вода за пиење, за наводнување на градините и за миење на тротоарот. Разумно е да се користи студена вода што тече за да се изладат пијалаците или храната. Главни загадувачи на водата се индустријата и водниот сообраќај. Без вода, Земјата би била пуста планета. Клуч: 1. Неточно 2. Неточно 3. Точно 4. Неточно 5. Точно 6. Неточно 7. Неточно 8. Точно 9. Точно
1 2 3 4 5 6 7 8 9
33
Вода
РАБОТЕН ЛИСТ
Кружење на водата
34
Испарување — Бидејќи сонцето ја загрева водата, таа испарува и се подигнува во воздухот како невидлива пареа.
1
Транспирација — Водната пареа се испушта и од лисјата на растенијата преку процес наречен транспирација/испарување.
2
Кондензација — Водната пареа се подигнува, се лади и преминува во капки вода — течност. Кога температурите се пониски, директно се претвора во цврста состојба (мраз, град или снег).
3
Врнежи — Врнежите во форма на дожд, снег и град доаѓаат од облаците.
4
Вода која земјата не може да ја впие — Водата која земјата не може да ја впие е видливиот водотек во потоците, реките и езерата.
5
Природно пречистување на водата — Врнежите и снеговите што се топат се движат низ почвата, се пречистуваат од покрупните честици и навлегуваат низ пукнатините и порите во почвата.
6
Подземни води — Подземната вода се задржува во пукнатините и во празнините. Таа може да биде искористена преку бунари.
7
Ниво на подземна вода — Нивото на подземни води е нивото до кое водата се подигнува во отворен бунар.
8
Вода
РАБОТЕН ЛИСТ
Колку вода има во?
35
Вода
РАБОТЕН ЛИСТ
Употреба на водата Лична хигиена
Чистење
• Не оставајте ја водата да тече додека ги миете забите или додека ги миете рацете и лицето.
• Пред миењето садови, исчистете ги остатоците од чиниите.
• Размислете што би сакале повеќе да направите: да се искапете (100-200 литри) или да се истуширате (околу 80 литри). • Не фрлајте отпадоци во тоалетот.
• Не натопувајте ги нечистите чинии под вода што тече — наместо тоа, наполнете го лавабото со вода. Ова заштедува 50% од водата што ви е потребна. • Вклучувајте наполнета машина за перење облека. • Претходно потопете ја облеката што е извалкана од земја во посебен леген со вода и прашок за перење. • Користете кофа вода во која има прашок за да го исчистите автомобилот, а црево употребете само на крајот. • Мијте ги балконите додека врне. • Користете метла, наместо црево, за да ги отстраните паднатите лисја.
Готвење/пиење
Наводнување
• Ставете затворач на лавабото кога ги миете овошјето и зеленчукот.
• Не употребувајте вода за пиење за наводнување на градината — користете вода од извор или дождовница собрана претходно.
• Не ладете ја храната или пијалаците со вода за пиење. • Ако сакате постудена вода од чешмата, не чекајте долго време водата да тече за да се излади, туку подобро чувајте шише со вода за пиење во фрижидерот.
• Избегнувајте наводнување кога е ветровито или топло, тогаш водата најбрзо испарува. • Користете прскалка, со чие наводнување се заштедува голем дел од водата. • Покријте ги наводнетите области со слама или лисја за да го ограничите испарувањето.
36
Вода
РАБОТЕН ЛИСТ
Извори на загадување на водата
Бродови, моторни чамци и скутери на вода Водните спортови ја загадуваат водата со масло и со нафта.
Ѓубрива и земјоделски заштитни средства Ѓубривата и земјоделските заштитни средства ги загадуваат езерата и реките кога водата ја мие земјата од обработливите ниви.
Животни и фарми Отпадните материи од животните што се чуваат на фарма често завршуваат во водните корита без да бидат пречистени, убивајќи ги растенијата и животните и штетејќи му на човековото здравје.
Отпадни води Секоја фабрика, фарма и населено место треба да има пречистителна станица за отпадна вода. Само пречистената отпадна вода може да се испушти во реките, езерата и морињата.
37
Вода
РАБОТЕН ЛИСТ
Извори на загадување на водата (продолжува)
Отпад на плажите Кога одите на плажа, задолжително соберете ги отпадоците и фрлете ги во корпа.
Промени на бреговите на реките Градењето мостови и менувањето на бреговите на реките може да ги сменат текот на реките и нивото на подземните води.
Вадење песок и камен Вадењето песок и камен од реките ги уништува бреговите на реките и го зголемува загадувањето.
Автомобили Луѓето понекогаш ги мијат своите автомобили веднаш до водното корито.
38
Вода
РАБОТЕН ЛИСТ
Извори на загадување на водата (продолжува)
Фрлање отпадоци Фрлањето отпадоци во водното корито го намалува квалитетот на водата и ги уништува водните средини.
Градилишта Употребата на бои, масла и други материи на градилиштата во непосредна близина на вода може да ги загади водните корита.
Рибокрадци Недозволените техники за риболов може да го оштетат квалитетот на водата и да ги уништат водните животни заедници.
Поројни дождови Реките често се загадени и од водите кои земјата не може да ги впие, предизвикано од поројни дождови, поплави и други природни катастрофи.
39
Вода
РАБОТЕН ЛИСТ
Поточето и рипката
Тој ден поточето ја виде рипката како си оди од неговите води, па зачудено ја запраша: – Рипке, каде си тргнала? – Одам колку што може подалеку од оваа матна и смрдлива вода. – А зошто? — се зачуди поточето. – Па не можам повеќе да најдам мирен дом кај тебе. Нема тревки каде да се сокријам, ги нема повеќе ниту црвчињата, бубачињата и ракчињата со кои се хранам... сî повеќе сум гладна. Морам да барам спас, затоа што и воздух ми недостасува во водава. Поточето се навреди од ваквите зборови на рипката, па со насмевка ја праша: – А каде ќе одиш? – Ќе барам друго почисто поточе, таму горе во планината, каде што нема луѓе да ја заматуваат бистрата изворска вода – одговори рипката. – Но, рипке... — се пожали поточето, станувајќи љубоморно на бистрата изворска вода... — почекај, не напуштај ме, те молам, ќе се обидам да ги исчистам моите води. – Но, како? – Една стара добра бабичка ми кажа дека ако поминам преку 40 каменчиња, ќе станам бистро како нејзината солза. – Ха, но луѓето повторно ќе те загадат — му врати рипката не верувајќи. – Е па тогаш, ми нема спас. И кога сите извори ќе станат како мене, луѓето ќе мора да пијат загадена вода, па сите ќе бидеме во опасност...
40
Почва Почва е горниот слој на површината на земјата. Таа е населена со разновидни живи организми и е во постојан процес на создавање и уништување. Почвата има единствено својство — плодност.
Создавањето на почвата е долготраен и сложен процес, кој е резултат на постојаното кружење на материите и енергијата помеѓу живите организми (растенија, животни и микроорганизми) и неживата природа (карпи и минерали). Бидејќи овој процес е многу долг, почвата може да се смета за природно богатство што не се обновува. Околу 65% од вкупната површина на копното на Земјата е покриена со почва. Од таа почва, помалку од една третина може директно да се употреби за земјоделски активности: пасишта, ливади и обработливи површини. Следниве фактори влијаат на создавањето на почвата: живите организми (растенијата, животните, активноста на луѓето, микроорганизмите), климата, местоположбата и времето. Почвата се состои од четири дела: • Цврст дел — минерали и органски материи; • Течен дел — вода; • Гасовит дел — воздух и • Дел со живи организми — микроорганизми и почвени животни. Во горниот слој на почвата има организми, како што се бактерии, печурки, црви и ларви. Организмите — полжави, глувци и црви, претставуваат од 50 до 75% од сите живи организми во обработливата земја. Корењата на растенијата и животните во почвата ги претвораат органските материи во плодна почва — хумус, кој потоа се меша со минералните материи. Покрај тоа, црвите ја прават почвата ровка, што е важно за корењата на растенијата.
41
Почва
Почвата извршува повеќе различни функции: • Таа е основа за производство на храна за растенијата, животните и за луѓето. Исто така, разложувањето на мртвите растенија и животни се случува во почвата. • Ги пречистува подземните води и има улога на природен пречистувач (филтер). • Служи како живеалиште на растенија и животни. • Служи за добивање материјали за изградба. • Служи како обновлив извор на природно гориво (на пример, слама, тресет, дрвни отпадоци). • Таа е историска средина што го зачувува вредното историско и културно наследство. Слојот на почвата е истенчен и на многу места нејзиниот квалитет е влошен. Треба да го спречиме процесот на уништување на почвата, со цел да може да ги извршува сите свои функции. Најсериозни проблеми и закани за почвата се нејзиното разнесување со вода, загадувањето, закиселувањето и засолувањето од индустријата. На околу 75% од сите почви на планетата им е намалена плодноста поради недоволна влажност и топлина. Еден од највознемирувачките факти е дека, поради лошото управување, голем дел од плодното земјиште се губи секоја година, што доведува до претворање на природните почви (ливади, шуми и пасишта) во градежно земјиште. Повеќе отколку порано, општеството треба да ги насочи своите напори кон заштита на почвата и зачувување на нејзината плодност. Тоа мора да ги намали негативните ефекти на активностите на човекот врз квалитетот на почвата колку што е можно повеќе. Заштитата на почвата е многу важна. Таа лесно впива разни штетни материи испуштени од различни извори на загадување во животната средина. Периодот на разложување на штетните материи во почвата е подолг во споредба со оној во воздухот или во водата. За разлика од воздухот и од водата, почвата може да биде приватна сопственост, што ја отежнува нејзината заштита, бидејќи тоа зависи од волјата на сопствениците.
Дневна подготовка: Што знаеме за почвата?
Времетраење Годишно време Место Материјали
Цели
2-3 училишни часа Сите годишни времиња Училница, отворен простор Табла, фломастери, креда, работни листови за боење, голема стаклена или пластична тегла, крупен песок, песок, лисја, вештачки црви и инсекти (може да се направат од хартија), вода, голема лажица, лупа, почва собрана од различни места, 3-4 лабораториски стакла, нож, хартија што впива или филтер-хартија Учениците да: • се запознаат со почвата и со нејзините основни функции и карактеристики • разберат дека создавањето на почвата трае долго време
Методи
42
Дискусија, експеримент, самостојна работа
Почва
Дел I: Што е почва (дискусија)
1
На таблата напишете различни зборови и искази поврзани со почвата, како што се: • Горен слој, дел од кората на Земјата; • Ја покрива целата планета; • Течна, цврста, жива, плодна; • Сложена комбинација од жива и нежива природа. Потоа замолете ги учениците да ги дополнат речениците: • Почвата настанува... • Плодноста на почвата... • Почвата ќе се заштити со...
2
Прашајте ги учениците зошто почвата е толку важна за Земјата и кои се нејзините главни функции за живите организми и за луѓето. Напишете ги одговорите на табла. Помогнете им преку давање дополнителни информации од воведот.
Дел II: Ајде да создадеме почва (експеримент)
1
Објаснете им на учениците дека многу луѓе мислат за почвата како за нечистотија што треба да се отстрани од чевлите и да се измие од рацете. Прашајте ги учениците што има во почвата. Додајте повеќе информации, користејќи ги податоците од воведот. Објаснете дека не можат да се видат сите составни делови на почвата на прв поглед. Неживите материи, како што се крупен песок, песок и глина, се измешани со материи од живи организми. Исто така, во неа се измешани вода и воздух. Обрнете внимание на трите фактори (климата, местоположбата и времето) што го одредуваат создавањето на почвата. Климата игра важна улога во брзината со која се случуваат процесите во почвата. Топлите подрачја се погодни за создавање почва. Местоположбата се однесува на тоа дали почвата е во планина или рамнина и дали областа е стрмна или рамна. Многу е потешко да се спречи спуштање на почвата таму каде што областа е стрмна. Затоа луѓето сметаат дека заштитата на почвата во планините е најважна. Истакнете им на учениците дека почвата не може да се создаде само со просто мешање на нејзините составни делови туку е потребно и време.
2
За да го докажете последното тврдење, направете ја следнава демонстрација со помош на неколку ученици: • Ставете малку крупен песок, песок и глина во една празна тегла. Измешајте ги добро. Додајте неколку лисја и вештачки црви и инсекти. Протресете повторно. Додајте малку вода, но не полнете ја теглата до врвот. Објаснете дека во оваа смеса, исто така, има и воздух, кој е неопходен за животните и за корењата на растенијата. Прашајте ги учениците дали мислат дека тоа е вистинска почва. • Поделете го одделението во групи и замолете ја секоја група да ископа и да донесе две-три раце вистинска почва (оваа задача може да им се зададе на неколку доброволци претходниот ден). Замолете ги учениците да ја споредат почвата што е донесена со онаа од експериментот. Направете го тоа со лупа и без лупа. Дискутирајте за разликите што можат да се видат.
3
Истакнете дека создавањето на почвата е долг процес што трае многу години и зависи од почетните материјали, живите организми (растенијата, животните, активностите на човекот и микроорганизмите), климата, положбата и од временските услови. Објаснете дека сите тие услови не можат да се создадат во училница. Наведете ги на заклучок дека почвата треба да се цени и да се штити.
43
Почва
Дел III: Ајде да ја проучиме почвата (експеримент) Објаснете им на учениците дека почвата има многу својства, но денес вие ќе истражите три од нив: боја, влажност и густина. За оваа намена ќе треба да се изведе следнава истражувачка задача:
1
Ставете во исти кутии свежи примероци на почва земена од различни места. Означете ги кутиите и нацртајте табела, како што е покажано подолу:
Боја
Почва
Влажност
Густина
Бр. 1 Од училишниот двор Бр. 2 Од шумата Бр. 3 Од фарма Бр. 4 ….
2
Бојата на почвата зависи од присуството на разни материи и вода. Во поглед на составот, постојат три основни бои: • Црна — поради присуството на хумус (остатоци од живи организми); • Кафеава (црвеникава, боја на ’рѓа) — поради присуството на железни состојки и • Сива (белузлава) — поради присуството на минерални материи. Односот на различните состојки ја дава нијансата на основната боја. Повлажните почви секогаш изгледаат потемно. Запишете ги резултатите од истражувањето во првата колона.
3
Влажноста на почвата зависи од присуството на вода во моментот на истражувањето. Таа може да се одреди грубо со помош на хартија што впива. Разгледајте ги следниве степени на влажност: • Сува почва — кога ја допирате, се рони во прав и не ја навлажнува хартијата; • Свежа почва — кога ја допирате, таа е студена, но не ја навлажнува хартијата; • Влажна почва — кога ја држите в рака, се прави грутка и ја навлажнува хартијата; • Водена почва — кога ја држите в рака, од неа капе вода и е леплива. Идентификувајте ја влажноста на почвите и пополнете ја втората колона со резултатите.
4
Густината на почвата може да се одреди со употреба на тап нож. Разгледајте ги следниве степени на густина: • Многу густа — ножот не може да навлезе во почвата; • Густа — ножот тешко навлегува во почвата; • Прилично густа — ножот доста лесно навлегува во почвата; • Растресита — почвата лесно се рони. Напишете ги резултатите во третата колона. Објаснете дека има стотици видови почва во светот и дека нивните имиња често се поврзани со нивната боја, на пример, црница, црвеница, итн.
Други активности •
44
Разделете копии од тестот „Што знаеме за почвата?“. Замолете ги учениците да го решат како индивидуална задача.
Почва
Дневна подготовка: Почвата и луѓето
Времетраење
3-4 училишни часа За експериментот: 10 минути дневно 2-3 седмици, следено со дискусија од 1 час
Годишно време
Кое било годишно време За експериментот: по можност, во текот на потоплиот дел од годината
Место Материјали
Училница, лабораторија Едно јаболко, џебно ноже За експериментот: пластична кеса, лупа, термометар, лепенки, мали парчиња отпадоци (метал, обвивка од гума за џвакање, пластична чаша, празна конзерва од пијалак, парче памучна облека, парче стакло, парче хартија, кора од банана), малку почва од градина Работни листови за боење
Цели
Учениците да: • разберат дека количината почва во светот е ограничена • разберат што може да се разложи во почвата по природен пат
Методи
Демонстрација, експеримент, дискусија
Дел I: Колку почва има на Земјата? (демонстрација)
1 2
Започнете ја активноста со потсетување на улогата што ја има почвата во исхраната на растенијата, животните и луѓето и за важноста на нејзината плодност. Прашајте ги учениците дали постои многу плодна почва во светот. Откако ќе ги слушнете нивните мислења, покажете им едно јаболко. Кажете им да замислат дека тоа е мал модел на Земјата. Објаснете им дека со следната демонстрација ќе им докажете дека во светот има многу помалку плодна почва отколку што изгледа: • Пресечете го јаболкото на четири еднакви дела и три од нив тргнете настрана. Објаснете дека три четвртини од површината на Земјата заземаат морињата и океаните, • Пресечете го четвртиот дел на две половини и тргнете ја настрана едната половина. Објаснете дека тој дел на Земјата го заземаат пустините, каде што не може да се одгледуваат посеви. • Пресечете ја преостанатата осмина од јаболкото на четири дела и тргнете настрана три од нив. Објаснете дека деловите што ги тргнавте настрана претставуваат дел од површината на Земјата што го заземаат карпите и камењата — овој дел не е плоден. • Кажете им на учениците дека останатиот дел претставува 1/32 од површината на Земјата — дел што се смета за плоден. Излупете ја кората од тој дел, објаснувајќи дека тоа е всушност горниот слој — почвата, што ги храни растенијата и произведува храна за сите животни и луѓе. Истакнете дека градењето патишта, куќи и фабрики на плодна почва ја намалува површината на почвата способна да ги одржи посевите понатаму.
45
Почва
Дел II: Што ја загадува почвата?
1
Подготовка: организирајте го и изведете го следново истражување со учениците во текот на две или три недели: • Наполнете две третини од пластична кеса со почва од градината. Додајте мали парчиња отпадоци (метал, обвивка од гума за џвакање, пластична чаша, празна конзерва од пијалак, парче памучна облека, парче стакло, парче хартија и кора од банана. Измешајте ги добро и ставете вода во смесата. Добро затворете ја кесата и ставете лепенка на неа со натпис за она што сте го додале и датум. • Ставете ја кесата близу прозорецот, на сонце (ако го изведувате истражувањето во текот на топло годишно време) или близу греење (но, не на него) ако е зима. • Секој ден во следните две или три недели испитувајте и запишувајте ги вашите набљудувања за температурата, мирисот, надворешниот изглед и видливите промени. Ако почвата во кесата е сува, додајте вода.
2
Дискусија: по две или три недели, замолете ги учениците да ги анализираат промените и да подготват краток извештај во кој ќе одговорат на следниве прашања: • Можете ли да видите какви било организми во смесата? • Кои промени на температурата ги забележавте во текот на истражувањето? • Кои отпадоци се промениле, а кои изгледаат исто како порано?
3
Размислете кои отпадоци се разложиле во почвата, а кои останале непроменети. Кои други видови отпадоци, според мислењето на учениците, не би се разложиле во почвата?
4
Упатете ги учениците меѓу себе да ги разменат своето искуство и впечатоците од загадувањето на почвата со отпадоци, ѓубре и употребата на ѓубрива и хемикалии во земјоделството. Наведете ги да разберат дека зачувувањето на чистотата на почвата е од големо значење за нејзините својства и за надворешниот изглед на животната средина.
Дел III: Што ја загрозува почвата? (дискусија, бура на идеи)
46
1
Замолете ги учениците, по наставата, да ги набљудуваат загадувачите на почвата во училишниот двор и во паркот кога одите на екскурзија. Врз основа на претходниот експеримент, нека анализираат колку е можно отпадот што го гледаат брзо да се изедначи со животната средина. Направете краток извештај за нивните набљудувања и прочитајте некои од нив пред учениците.
2
Разделете копии од работниот лист „Што ја загрозува почвата?“. Заедно дискутирајте за главните закани врз почвата (загадувањето, и тоа најмногу од загадена вода, набиеноста под патиштата и зградите, издувните гасови и разнесувањето на почвата) и нивното влијание врз почвата. Забележете дека состојбата на почвата е директно поврзана со другите составни делови на природата — воздух, вода, живи организми.
3
Преку бура на идеи наведете ги учениците да размислат како да се заштити почвата во училишниот двор, во паркот, на фармата и на други познати надворешни области.
Почва
Дел IV: Игра — Звукот на семките
1
Замолете ги учениците да донесат семки со различна големина, форма, тежина или цврстина, лименки и пластична кеса. Разговарајте со учениците за важноста на почвата во процесот на никнувањето на семето, потребата од хранливи материи и вода. За оваа игра изберете семки со различна големина, форма и тежина или цврстина. За помладите ученици користете семки со големи и лесно уочливи разлики, а за постарите користете семки со потешко уочливи разлики. Семките затворете ги во празни лименки од кафе. Семки за користење (може да се користат во секоја комбинација).
2
Големи
Средни
Мали
Орев со лушпа
Пченка
Семе од трева
Бадем со лушпа
Грашок
Мелено кафе
Лешник со лушпа
Цели семки од кафе
Овесни снегулки
Подајте им ги лименките на неколку ученици во групата. Осигурајте се дека тие не можат да видат што има во лименката. Објаснете дека секоја лименка е наполнета со различен вид семки. Истовремено, секое дете нека ја протресе лименката на различни начини (горе-долу, од една страна на друга, со тркалање итн.). Кажете им на децата внимателно да го слушаат звукот што го прават семките. Поделете го одделенитето во мали групи, секоја да има своја лименка со семки. Учениците нека ги погодуваат карактеристиките на семките. Дали се големи? Дали се мали? Тврди? Меки? Тркалезни? Со рабови? Мазни? Дали има многу семки во лименката или само неколку?
3
Покажете им ја на учениците комбинацијата од семки во чистите пластични кеси. Објаснете дека кесите ги содржат истите видови семки како и лименките. Групите ученици нека ги поврзат семките во кесите со звукот што го слушнале од лименката.
4
Учениците нека дискутираат за заклучоците во своите групи. Кога секоја група ќе донесе заклучок, замолете ги групите, една по една, да ја протресат лименката и да го кажат својот избор. Останатиот дел од одделението нека покаже дали се согласува со изборот на групата со палците кренати нагоре или спуштени надолу. Во исто време отворете ги лименките за да ги проверите заклучоците.
5
За крај, разговарајте со учениците за важноста на почвата во процесот на создавање на семките, нивното никнување, потребата од хранливи материи и вода во почвата за да можат семињата да никнат.
Други активности • •
•
Замолете неколку доброволци да формираат мала група и да дискутираат за дилемата „Градината во есен“. Замолете некој од учениците (3-5 одделение) да ја прочита приказната „Приказна за почвата“. За учениците од прво до трето одделение приказната ја чита учителот. Потоа разговарајте за заемното помагање и дружење. Проучувајте различни почви во вашиот град или село.
47
Почва
ДИЛЕМА
Градината во есен Еден ден доаѓате дома и го наоѓате целото семејство во дворот како собира и фрла лисја што паднале од дрвјата. Вие одлучувате: • да помогнете при фрлањето на лисјата; • да предложите да се ископа дупка и да се закопаат лисјата, при што тие ќе скапат и на тој начин ќе ја направат вашата градина поплодна; • да потврдите дека палењето на лисјата е добра идеја; • да не правите ништо и да одите да гледате телевизија; • нешто друго.
ТЕСТ
Што знаеме за почвата? Во речениците подолу има парови изрази што се затемнети. Прецртајте го оној за кој мислите дека е погрешен за да направите точна реченица.
1 2 3 4 5 6 7 8
Почвата ја покрива/не ја покрива целата површина на Земјата. Најважно својство на почвата е нејзината густина/плодност. Живите организми не учествуваат/учествуваат активно во создавањето на почвата. Поради својот состав, почвата задржува/не задржува многу загадувачи. Активностите на човекот имаат поволно/неповолно влијание врз состојбата на почвата во денешно време. Палењето на стрништата по жнеење е добро/не е добро за почвата. Употребата на хемикалии против штетниците ја загадува/не ја загадува почвата. Состојбата на почвата зависи/не зависи од состојбата на другите елементи во природата — воздух, вода и живи организми. Одговори: 1. не ја покрива 2. плодност 3. учествува 4. задржува 5. неповолно 6. не е добро 7. ја загадува 8. зависи
48
Почва
РАБОТЕН ЛИСТ
Што ја загрозува почвата? Разнесување на почвата — Горниот плоден слој на почвата е добар за земјоделството, обезбедува пасишта за животните и задржува хранливи материи за растенијата. Кога дрвјата, грмушките и тревата ќе се отстранат, почвата е незаштитена и започнува разнесување на почвата. Тоа е процес што го предизвикуваат водата и ветерот. Разнесувањето на почвата може да е последица на различни активности на човекот со кои почвата се изложува на вода и ветер. Земјоделските активности, како што се орање стрмнини, отстранување на плодниот слој на почвата, зголемување на бројот на животни што пасат, придонесуваат за сî поголемо разнесување на почвата.
Закиселување — Во зависност каде се наоѓа, почвата може да содржи различни количини киселина. Растенијата што растат таму се приспособени на тие количини, па промената на закиселувањето на почвата може да им наштети. Активностите на човекот често ја зголемуваат киселоста на почвата. Загадување — Во повеќето случаи почвата е загадена со метали и со други отровни материи, нафта и катран, експлозиви и отровни гасови, гориво и други штетни материи. Овие материи најчесто доаѓаат од индустрискиот и комуналниот отпад.
Набиеност (компактност) — Почвата е набиена како последица на постојаниот притисок од тешките машини или од тешки предмети и материјали на влажните почви.
Соленост — Почвата станува презаситена со соли поради преголемата употреба на минерални ѓубрива. Овој процес е неповолен за живите организми во почвата и за квалитетот на земјоделското производство.
49
Почва
РАБОТЕН ЛИСТ
Приказна за почвата
Беше топол августовски сончев ден. Мравката Мими и штурчето Ставре црцореа под сенката на големиот даб. Тие зборуваа дека наближува зимата, па треба да обезбедат храна за своите деца. Наредниот ден дојде едно семејство на излет под дебелата сенка на дабот. Мими и Ставре веднаш помислија дека може да искористат нешто од нивната храна. Кога семејството си отиде, на местото каде што седеше имаше трошки. Мравката и штурчето ги зедоа трошките и ги однесоа во своите домови. Но, кога ја внесоа храната, преостана многу мал простор во домот. Тогаш Мими се досети дека може да го викнат кртот Ровко за да им помогне да ископаат поголем дом. Ровко со задоволство се согласи, бидејќи многу сакаше да им помага на своите пријатели. Тој е многу добар копач. Работата брзо се заврши и тие сега имаа повеќе место во домот. Следниот ден заврна дожд. Од дождот навлезе малку вода во домот, па сега имаа и што да пијат. Есента полека доаѓаше. Знаејќи дека доаѓа зима, ластовичките тргнаа кон југ. Тие понесоа разни семиња со себе, мислејќи дека се добра храна за по пат. Прелетувајќи над домовите на Мими и Ставре, од небото паднаа неколку семиња. Од лисјата што ги внесоа штурчето и мравката во своите домови почвата стана поплодна, а пак од семињата што ги донесоа ластовичките следната пролет никнаа разнобојни цвеќиња. Ова лето, Мими и Ставре уште повеќе уживаа под сенката на стариот даб, овој пат вдишувајќи го опојниот мирис на новите цвеќенца.
50
Енергија Енергијата е неопходна за сите активности на човекот. Со неа се загреваат домовите, се движат автомобилите, се обработува земјата и машините работат. Забрзаното искористување на светските енергетски извори во текот на последните неколку века предизвикува невиден пораст на животниот стандард. Во денешно време луѓето се толку зависни од употребата на енергија што тешко би можеле да го замислат животот без неа.
Сончевата енергија е извор на сите видови енергија во светот и таа го овозможува животот. Дел од сончевата енергија се враќа во вселената. Преостанатиот дел од светлината останува во Земјината атмосфера, што се должи на гасовите во воздухот. Овие гасови се како ќебе што ја покрива Земјата и играат природна улога во одржувањето на топлината на Земјата.
Сончевата светлина е важна во процесот на создавање храна кај растенијата. Таа е многу важна за опстанокот на растенијата и на животните. Областите со поволна светлина и топлина обично се истакнуваат со голема разновидност на растенија и на животни, а животот на човекот е многу полесен. Денес луѓето користат разни видови извори на енергија: • необновливи извори (јаглен, нафта, природен гас); • обновливи извори (сонце, вода, ветер, природно топла вода, итн.) Користењето енергија од необновливи извори предизвикува сериозни, негативни влијанија врз животната средина. Горењето на цврстото и на течното гориво е придружено со ослободување отровни гасови, прав, чад и други загадувачи. Копањето руда во отворени јами доведува до промени и уништување на природната околина. Големите еколошки проблеми, како што се отровните дождови и климатските промени, се проучуваат со децении и стануваат подобро разбрани од страна на луѓето. Овие негативни појави во голема мера се предизвикани од процесот на користење енергија од необновливи извори.
51
Енергија
Енергија може да се произведе со „почисти“ техники, со употреба на обновливите извори на енергија — сонцето, водата, ветерот. Енергијата треба да се користи колку што може поефикасно во секојдневниот живот, во индустриското производство и во изведувањето разни активности.
Дневна подготовка: За сî е потребно сонце
Времетраење Годишно време Место Материјали Цели
Методи
1-2 училишни часа Сите годишни времиња Училница Различни предмети во училницата, работни листови • Учениците да разберат дека сонцето е главен извор на енергија на Земјата Дискусија, групна работа, дискусија
Дел I: За сî е потребно сонце
1
Прашајте ги учениците што мислат — каква е улогата на сонцето во опстанокот на растенијата, животните и на луѓето. Најдете примери од секојдневниот живот што ги покажуваат потребата и желбата на живите организми за сончева светлина (на пример, сончогледот се врти кон сонцето; мачките сакаат да се греат на сонце; луѓето се сончаат кога времето е убаво).
2
Сонцето е ѕвезда. Земјата прима топлина и светлина од него. При стигнувањето на Земјата, сончевата светлина се претвора во различни видови енергија, која потоа се употребува на многу различни начини. Објаснете ги вашите примери, користејќи ги информациите од воведниот дел.
3
Поделете го одделението во групи по шест или седум ученици. Замолете ја секоја група да избере различен предмет од училницата (на пример, предмети направени од дрво, стакло, метал, хартија, пластика, кожа или керамика). Објаснете дека за да се произведе секој од тие предмети, потребна е енергија. Секој организам расте и се движи. Извор на сите форми на енергија е сонцето. Замолете ги сите групи 10-15 минути да дискутираат за идеи околу улогата што ја има сончевата енергија во процесот на производство на разните предмети. Пример: Една дрвена маса е направена од дрво и метал. На крајот е обоена • Дрво: Прво, дрвото треба да порасне, што е можно само со сончева светлина. За сечењето, превозот и обработката на дрвото е потребна енергија. Оваа енергија обично се добива од природните горива. • Метали: Ископувањето, превозот, производството и обработката на метали се можни само со употреба на различни машини што работат на енергија. • Боите обично се добиваат од нафтените продукти и нивното производство бара електрична енергија. • Горивата (јаглен, нафта и природен гас) се добиваат од внатрешноста на земјата. Тие се создале пред милиони години од закопаните прастари растенија и животни.
52
Енергија
• Електричната енергија најчесто се добива преку согорување гориво или преку употреба на енергијата на водата во хидроцентралите. • Други извори на енергија се: ветерниците, кои ја користат енергијата на ветерот, или сончевите плочи (панели), кои ја користат енергијата од сонцето. • Испораката на дрвената маса до училиштето е со превозно средство што користи гориво. • Луѓето кои учествуваат во сите фази на производството и превозот на масата до училиштето добиваат енергија од храната. • Основата на сите синџири на исхрана се растенијата, кои ја примаат енергијата од сонцето за да создадат храна.
4
Замолете еден од учениците од секоја група да ги презентира резултатите од дискусијата пред одделението.
Дел II: Форми на енергија
1 2
Разделете копии од работниот лист „Форми на енергија“. Прво погледнете ја првата половина на работниот лист, на која е прикажан обичен сендвич.
3
Обрнете внимание на втората половина од работниот лист „Форми на енергија“. Погледнете ги различните лица и прашајте ги учениците да објаснат што прават тие.
4
Дискутирајте заедно за следниве прашања:
Дискутирајте за состојките на сендвичот. Обидете се да го следите процесот на производство на секоја состојка и енергијата употребена во тие процеси. Помогнете им на учениците, ако е потребно, со следниве дополнителни информации: • Состојките на сендвичот се леб, сирење и домат. • Житарките растат во полиња каде што работата се врши со машини што трошат енергија. • Правењето на лебот од житарките опфаќа неколку постапки и секоја од нив бара енергија, особено загревање. • Сирењето се прави од млеко од домашните животни (крави, овци, кози) со помош на машини што работат на енергија. • Доматите растат и созреваат благодарение на сонцето. Но, нивното собирање и превозот се вршат со помош на машини што согоруваат горива. • Луѓето прават сендвичи со енергијата што ги движи нивните мускули, а тие нивните раце.
• • • • • •
5
Што се случува со енергијата содржана во дрвото за огрев? (енергијата што ја има во дрвото, кога гори, се видоизменува во топлина) Каков вид енергија користат гитаристот и тапанарот и во што се менува таа? (механичката енергија ги придвижува рацете и се менува во звук) Како фенерот дава светлина? (преку претворање на енергијата содржана во течното гориво во светлина) Како се готви храната? (преку претворање на енергијата од гасот во топлина) Како детето го наоѓа патот во темнина? (со светилка - енергијата од батериите се претвора во светлина) Како мотоциклистот го пали својот мотоцикл? (преку согорување на нафтата во движење на моторот)
Обидете се да се сетите на некој предмет на кој не му треба енергија.
53
Енергија
Дневна подготовка: Како да се зачува енергијата
Времетраење Годишно време Место Материјали
Цели Методи
2 училишни часа Сите годишни времиња Училница Работните листови „Зачувување на енергијата“, тестот „Што знаеме за енергијата“ • Учениците да ги именуваат разните форми на енергија Споделување искуства, дискусија
Дел I: Лесно е да се зачува енергија
54
1
Започнете го часот со исклучување и вклучување на светлото неколку пати. Прашајте ги учениците дали мислат дека оваа активност на некој начин влијае на животната средина.
2
Објаснете дека производството и потрошувачката на електрична енергија доведува до поголемо загадување. Согорувањето на цврстите и на течните горива е придружено со ослободување штетни гасови, прав, чад и други загадувачи. Моторите што согоруваат нафта или бензин ослободуваат издувни гасови. Замолете ги учениците да дадат примери на загадување што го виделе, а било предизвикано од производство или употреба на енергија (чадот од оџаците на електричните централи, гасот од ауспусите на автомобилите, чадот од каминот или печката дома).
3
Вратете се на примерот со вклучувањето и исклучувањето на светлото во училницата и објаснете дека од 15 до 20 проценти од произведената енергија во државата се користи за осветлување. Ако секое семејство исклучи една светилка дома во траење од еден час, тоа би довело до значителна заштеда на енергија. За возврат, тоа би значело помала загаденост на животната средина и повеќе пари во семејниот буџет.
4
Разделете копии од тестот „Што знаеме за енергијата“. Откако учениците ќе го изработат, дајте им ги одговорите и дискутирајте за нив. Истакнете дека производството и употребата на енергија имаат сериозно влијание врз животната средина. Секој може да помогне со поекономично користење на енергијата.
5
Поделете го одделението во четири работни групи и на секоја група дајте í различна верзија на работниот лист „Како да заштедиме енергија“. Дајте им доволно време на учениците да продискутираат за посебните информации од работните листови за тоа како би можела да се намали потрошувачката на струјата. Потоа еден претставник на секоја група им кажува на останатите ученици во одделението кои едноставни промени во дневните навики ги предлагаат тие за да се заштеди енергија. Изберете интересен начин на презентација на информациите, како што се раскажување приказни, демонстрирање, пантомима, интервју, рекламирање, итн.
Енергија
Дел II: Игра — Запознајте го Сонцето Потребен материјал — домат, гранка од дрво, диносаурус-играчка и автомобил-играчка. Направете маска на сонце, така што во средината ќе има отвор за лицето. Оваа маска треба да стои околу лицето без да се држи. • Сонцето: Здраво, момчиња и девојчиња! Јас сум Сонце. Не сакам да се фалам, но јас сум најважниот извор на енергија. Ве топлам и ви давам светлина. Јас можам да бидам искористено за да ви ја затоплам куќата и да ви ја загреам водата. Мора да се согласите дека сум навистина корисно! • Доматот: Растенијата не јадат како луѓето. Наместо тоа, тие користат сончева светлина за да имаат енергија за растење и да останат живи. Ако нема растенија, што ќе јадат животните и луѓето? Јас сум ви многу потребен! • Гранката: Како што растам, во себе ја складирам сончевата енергија. Кога ќе ме запалат, ја ослободувам сончевата енергија во вид на топлина и светлина. • Автомобилот: Кога ние, автомобилите, го согоруваме бензинот, всушност, користиме многу стара сончева енергија за да можеме да се движиме.
Други активности • • • •
Замолете неколку доброволци да формираат мала група и да дискутираат пред другите за дилемата „Потопол дом“. Замолете ги учениците да смислат план за штедење на енергијата дома, за што треба да разговараат со своите родители. Побарајте повратна информација од разговорот. Направете план за заштеда на енергијата во училницата и сторете сî за да го следите. Замолете некого од учениците (3-5 одделение) да ја прочита приказната „За електричната енергија“. За учениците од прво до трето одделение наставникот ја чита приказната. Потоа разговарајте за разумното користење на електричната енергија. Секое од децата да каже како се однесува во домот кога ја употребува електричната енергија.
55
Енергија
ДИЛЕМА
Потопол дом Вашето семејство се сели во нов дом што сî уште не е завршен и треба да се опреми. Една од вашите први задачи е да се погрижите за затоплувањето и за удобноста. Кое од следниве решенија би било најважно за вас: • Затоплување со употреба на електрични апарати; • Затоплување со јаглен и дрво; • Изнаоѓање начини да го употребите природниот гас; • Подобрување на изолацијата на надворешните ѕидови и прозорци; • Поставување сончеви плочи на покривот; • Обезбедување апарати со минимум потрошувачка на електрична енергија; • Друго.
ТЕСТ
Што знаеме за енергијата ТОЧНО НЕТОЧНО
1 2 3 4 5 6 7 8 9
Сончевата енергија е извор на сите други извори на енергија. Најголем загадувач на животната средина е цврстото гориво. Никогаш нема да ни снема јаглен. Согорувањето на јагленот ја загадува животната средина повеќе од природниот гас. Употребата на обновливи извори на енергија ги забрзува негативните промени на климата. Домаќинствата и семејствата можат да заштедат енергија на едноставни и лесни начини. Подобрувањето на изолацијата во домот штеди енергија. Сончевите батерии и сончевите плочи би биле корисни само во далечна иднина. Не треба да ставаме топла храна во ладилникот. Одговори: 1. Точно 2. Точно 3. Неточно 4. Точно 5. Неточно 6. Точно 7. Точно 8. Неточно 9. Точно
56
Енергија
РАБОТЕН ЛИСТ
Форми на енергија
57
Енергија
РАБОТЕН ЛИСТ
Како да заштедиме енергија дома Поставете топлинска изолација на надворешната страна на ѕидовите на вашата куќа/стан.
Пополнете ги празнините на прозорските рамки.
Подобрете ја топлинската изолација на подот.
Новите згради во областите со студена клима треба да имаат големи прозорци што гледаат на југ за да добијат многу светлина и топлина од сонцето во текот на зимата.
РАБОТЕН ЛИСТ
Како да заштедиме енергија додека загреваме Поставете ги грејните тела (радијатори, печки) под прозорците, така што ќе можат да го загреваат воздухот додека влегува внатре.
Користете автоматски терморегулатори што се постојано зацврстени на апаратите, тие одржуваат постојана температура.
Заменете ги старите грејни тела (не мора да ги замените сите одеднаш) со понови и поекономични модели.
58
Енергија
РАБОТЕН ЛИСТ
Како да заштедиме енергија додека готвиме и ладиме Добро затворената врата на рерната додека готвите заштедува енергија.
Кога се готви во рерна, целата нејзина зафатнина треба да се користи, а кога е можно, гответе неколку јадења едноподруго за да го избегнете повторното загревање.
Користете експрес-лонци, кои штедат енергија и време.
Користете садови чиј дијаметар на дното е еднаков или поголем од дијаметарот на ринглата.
Садовите во кои готвите треба да имаат рамни и дебели дна.
Одмрзнувајте го ладилникот редовно.
Не ставајте топла храна или садови во ладилникот.
59
Енергија
РАБОТЕН ЛИСТ
Како да заштедиме енергија додека пегламе, чистиме и переме Користете пегли на пареа.
Дополнете ја машината за перење пред да ја вклучите. Секогаш избирајте најсоодветна програма.
Редовно празнете ја кесата за прав од правосмукалката.
Заменете ги скинатите црева на правосмукалката.
60
Енергија
РАБОТЕН ЛИСТ
Како да заштедиме енергија при осветлување на домот Обојте ги ѕидовите во светли бои.
Садете дрвја најмалку 5 метри подалеку од ѕидовите на домот.
Секогаш одржувајте ги прозорците чисти.
Исклучете ги светилките кога не ви се потребни. Ставете тајмери или сензори за движење за да ги контролирате надворешните светилки, така што тие ќе се исклучат кога не ви се потребни.
Заменете ги старите светилки со штедливи светилки. Тие се многу издржливи (траат до седум години). Замената на обична 75-ватна светилка со 20-ватна штедлива светилка за 10 часа работа дневно ќе ги надомести вложените пари за помалку од една година.
Не оставајте ги електричните апарати во состојба на готовност. Апаратите во ваква состојба користат електрична енергија цело време, дури и кога се исклучени.
61
Енергија
РАБОТЕН ЛИСТ
За електричната енергија
Тоа беше многу студена зима. Браќата Игор и Кире останаа сами дома, а нивните родители отидоа на викенд. Игор го вклучи компјутерот, а Кире отиде кај телевизорот и го вклучи ДВД-плеерот за да гледа филм. Игор изигра неколку пати и кога му здодеа, му се придружи на својот брат, но не го исклучи компјутерот. Се стемни и децата ги вклучија светилките во дневната соба, во кујната, па во детската соба..., но ништо не исклучија. Им пристуде, па Кире ја вклучи и греалката на струја. Доцна во ноќта децата си легнаа да спијат. Целата куќа светеше. Светилките светеа во сите соби и во ходникот, а и телевизорот, компјутерот и греалката беа вклучени. Тоа се повторуваше и следните три дена. Но, Кире и Игор не беа единствени, сите во населбата се однесуваа на истиот начин. Одеднаш нешто пукна и снема струја. Ништо во куќата не работеше. Децата се исплашија и отидоа кај соседите. Но, и кај нив беше исто. Им кажаа дека се случил голем дефект и дека целата населба нема струја. Чекаа неколку часа за да се поправи дефектот. Родителите на Игор и Кире се вратија следниот ден и дознаа што се случило. По неколку дена пристигна и месечната сметка за струја. Родителите беа непријатно изненадени. Сметката за струја беше превисока.
62
Биолошка разновидност Живите организми на Земјата се групираат во видови. Видот го сочинуваат група организми што се слични по изгледот, начинот на живеење и однесувањето. До крајот на 20 век, научниците откриле само мал дел од сите видови организми — околу 1,5 милион видови. Според пресметките на некои научници, постојат од четири до пет милиони други видови кои сî уште се неоткриени и неопишани. Луѓето ја споделуваат планетата со неколку милиони видови растенија, животни и микроорганизми, кои заедно се нарекуваат биолошка разновидност или биодиверзитет. Биолошката разновидност е најважно природно богатство и се состои од три компоненти: • Генетичка разновидност. Сите видови на Земјата наследуваат генетички пораки, според кои се приспособуваат на условите во животната средина. Во иднина, луѓето можеби ќе имаат можност да обноват некои изумрени видови ако располагаат со нивни генетички материјал. • Разновидност на видовите. Различните услови во животната средина ја условуваат големата разновидност на формите. Новите видови се создавале во тек на милиони години, а оние што не успеале да се приспособат на условите што се менувале, изумреле. Секој растителен и животински вид има сопствена животна средина од која ги добива сите неопходни услови за живеење: воздух, храна, вода, животен простор и засолниште. Кога живеалиштето на еден организам ќе се смени, тој се приспособува, се сели или изумира. • Разновидност на екосистемите. Екосистемот претставува спој меѓу сите биозаедници и нивниот животен простор. Екосистеми се шумите, пустините, полињата, реките, морињата и океаните. Жителите на еден екосистем си влијаат меѓусебно, но си влијаат и со неживата животна средина. Екосистемите опстануваат поради големиот број видови. Секој вид добива материи, енергија и информации од живеалиштето. Поимот биолошка разновидност обично се однесува на разновидноста на видовите, но не треба да бидат заборавени и другите две негови компоненти — генетичката разновидност и разновидноста на екосистемите. Најбогати држави со видови се Бразил (амазонскиот слив), Индонезија, САД, Русија (Сибир), Индија и Кина.
63
Биолошка разновидност
Заштитата на биолошката разновидност е многу важен услов за стабилноста на природните системи, бидејќи само тогаш тие ќе можат да се обноват и да се развијат. Заштитата на биолошката разновидност е важна за: • Природните системи (видовите), кои имаат способност сами да се одржуваат, да се заштитуваат и да се развиваат. Секој организам во текот на својот живот се исхранува и создава органски материи (расте). Тие учествуваат во сите процеси во природата. Водните организми ја чистат водата, грабливците обезбедуваат природна контрола на штетниците, а инсектите се главни опрашувачи на растителниот свет. • Луѓето од природата користат различни материи: храна, дрво, ткаенини, различни суровини, хемикалии и лекови, за да го одржуваат здравјето и да ги задоволуваат своите потреби. Во природата, исчезнувањето на видовите е природен процес. Испитувањата на фосилите покажуваат дека во тек на милиони години изумирале веројатно од еден до три вида годишно. Современите процени покажуваат дека денес неколку илјади видови животни и растенија изумираат секоја година, што е причина за сериозна загриженост. Три четвртини од сите познати видови птици и една четвртина од сите познати видови цицачи денес се смета дека се во опасност од исчезнување.
Најсериозни причини за забрзаното исчезнување на видовите се: загадувањето како последица на економскиот развој, зголемената употреба на плодна почва, развојот на транспортот и ширењето на градовите. Невнимателното однесување на човекот веднаш и директно влијае на намалувањето на биолошката разновидност преку уништување на самите видови животни и растенија или индиректно — преку уништување на нивните живеалишта.
Дневна подготовка: Растенијата и животните околу нас
Времетраење Годишно време Место Материјали
Цели
3-4 училишни часа Сите годишни времиња Училница, отворен простор Табла, цртеж на кој се означени неколку живеалишта, креди во боја или боички, работни листови Учениците да: • ги разберат значењето и важноста на биолошката разновидност и нејзината улога за луѓето и за природата • ги разберат поимите животна заедница и синџир на исхрана
Методи
Асоцијација, дискусија, игра на отворено
Дел I: Биолошка разновидност
1 2
64
Претходно на хамер или на табла нацртајте: шума со неколку дрвја, ливада со трева и грмушки, воден слив со реки или езеро и куќа со двор. Разделете го работниот лист „Кога би бил....“ и замолете ги учениците да го пополнат следново: Кога би бил растение, би бил ...................................., затоа што .................................... Кога би бил животно, би бил ...................................., затоа што .................................... Секој ученик би требало да избере едно водно или копнено животно и растение. Потоа нека го пополнат работниот лист „Мојот избор“ и нека ја објаснат важноста на избраното животно или растение.
Биолошка разновидност
3
Покажете ги цртежите објаснувајќи дека тоа се различни живеалишта. Секој ученик кажува кое растение или животно го избрал. Секој ученик нека го стави својот работен лист на цртежот на соодветното живеалиште. Прашајте ги учениците дали знаат други растенија или животни што живеат во овие живеалишта и додајте ги на цртежите.
4
За учениците од повисоките одделенија: замолете четворица доброволци да ги презентираат информациите од работниот лист „Значењето на живите организми“. Дискутирајте со учениците дали може да се најдат растенија, животни, бактерии и печурки во четирите споменати живеалишта. Додајте ги имињата на четирите групи организми, ако тие не се веќе опфатени.
5
Дискутирајте со учениците што им е потребно на овие растенија и животни за да опстанат (воздух, вода, светлина, храна, топлина, простор, засолниште). Напишете ги предлозите на табла или на хартија. Изведете заклучок дека живеалиштата се променливи.
6
На учениците дајте им повеќе информации за биолошката разновидност и за важноста на нејзината заштита. Информациите во воведот можат да се искористат за оваа намена.
Дел II: Зошто растенијата и животните се важни?
1 2
Замолете ги учениците да размислат за растенијата и за животните што ги избраа во претходната активност и да го пополнат работниот лист „Мојот избор“.
3
Дискутирајте околу прашањето: дали постојат штетни растенија и животни во природата? Заклучокот е дека секој организам е важен во природата и дека тие не се групираат како корисни и штетни.
Потоа учениците нека разгледаат наоколу и нека препознаат предмети што потекнуваат од растенија или од животни (моливи, хартија, мебел, облека) и замолете ги да размислат што појадувале или ручале. Прашајте ги кои растенија или животни ги чуваат дома, зошто и каде одат нивните семејства на одмор или за викенд. Сумирајте ги резултатите.
Дел III: Моето растение е...
1
Изнесете ги учениците надвор, во училишниот двор или во паркот, и замолете ги да појдат во потрага по растенија — секое дете треба да го побара растението што го сака најмногу. Без да го скине, ученикот треба да го разгледа внимателно, да го допре и да го помириса и потоа да каже пред групата за него преку опишување на следниве работи, без да го каже неговото име: • Моето растение живее во ............................................................... • Моето растение е ............................................................... (некоја особена карактеристика — висина, цвет, плод, мирис, кора итн.) Ученикот треба да наброи колку што може повеќе особини. • Моето растение е важно, бидејќи ............................................................... (прави сенка, убаво е, може да се јаде итн.)
2
Останатите ученици погодуваат кое е тоа растение според описот. Ако им е тешко тоа, можат да поставуваат да/не прашања.
Дел IV: Синџири на исхрана
1
Животна заедница е заедница на организми што си влијаат меѓусебно, но и со животната средина. Животните заедници се променливи и во нив храната и енергијата се во постојано кружење меѓу живите организми и неживата природа. Примери за вообичаени животни заедници се шумите, реките, езерата, морињата, ливадите, фармите и градовите.
65
Биолошка разновидност
2
Растенијата се нарекуваат произведувачи (трева, грмушка, дрво, плод), бидејќи произведуваат (создаваат) храна од минералните материи и сончевата енергија во лисјата. Хранливите материи остануваат во растенијата сî додека не ги изедат животните или додека тие не умрат и не се разградат.
3
Животинските организми што се хранат со растенија и со други животни се нарекуваат потрошувачи (зајак, верверичка, инсекти, срна, крава, овца, коза, коњ). Исто така, животните што се хранат со растенија помагаат во кружното движење на енергијата и на хранливите материи. Бактериите и печурките, кои имаат улога на разградувачи, ги разградуваат мртвите организми и со тоа ги враќаат материите во почвата, од каде што кружното движење може повторно да започне.
4
Синџирот на исхрана покажува голема поврзаност меѓу растителните и животинските организми во животните заедници. Секој синџир на исхрана започнува со зелено растение — произведувач на храна, со кое се храни некое тревојадно животно — потрошувач. Синџирот на исхрана завршува со некое грабливо животно (орел, змија, лисица, волк, мечка, рис), кое се исхранува со животно што се исхранува со растенија или со животни.
Дел V: Кој кого јаде
1
Ископирајте го работниот лист „Синџир на исхрана“ и поделете им го на учениците. Учениците нека исечат сликички од различни растенија и животни и нека ги стават во прозорците на синџирите на исхрана. Нека ги поврзат со стрелки, при што ќе покажуваат кои животни со што се хранат.
2
Учениците нека дискутираат што се случува ако дел од животните заедници исчезнат.
Дневна подготовка: За луѓето и за природата
Времетраење Годишно време Место Материјали Цели
3-4 училишни часа Сите годишни времиња Училница, отворен простор 7-8 јажиња, секое со должина од 3-4 метри Учениците да: • разберат дека кога се случуваат промени во животната средина, некои организми се приспособуваат, други се селат, а некои сепак умираат • се запознаат со тешкотиите со кои се среќаваат птиците во текот на преселба
Методи
Игра на улоги, игри на отворено, дискусија
Дел I: Шумата и дрвосечачите (игра на улоги во училишниот двор)
66
1
Појдете со вашите ученици во училишниот двор или во паркот. Со помош на јажето (или, едноставно, нацртајте на земјата) нека направат седум или осум области (од околу еден квадратен метар во облик на круг или квадрат). Објаснете им на учениците дека овие области претставуваат стара шума населена со различни растенија и животни.
2
Изберете 12-15 доброволци. Замолете двајца од нив да играат улога на дрвосечачи. На останатите дајте им картички со имиња на разни животни и растенија.
Биолошка разновидност
3
Играта започнува со распоредување на животните во шумата: ставете едно или две животни во рамките на секоја област. Кога доаѓаат во шумата, дрвосечачите велат дека ќе исечат дел од неа. Избираат област каде што „сечат“ дрвја со земање на јажето или со бришење на областа од земјата. Шумските животни ги напуштаат своите живеалишта и се селат во друга област или остануваат, како што ќе решат. Замолете ги учениците со движења да ги одглумат начинот и брзината на нивната преселба — летајќи, скокајќи, лазејќи итн. Кога дрвосечачите ќе дојдат повторно, тие „сечат“ друг дел од шумата, животните ги напуштаат своите живеалишта и ова продолжува сî додека не останат две области. На крајот, многу животни се натрупани во последните два дела.
4
По играта, дискутирајте со учениците за тоа како се чувствувале додека играле. Што морале да направат животните додека нивната шума се сечела? Обидете се да погодите што се случило со другите шумски организми, како што се растенијата и печурките. Објаснете дека во вистинска средина, некои организми можат да бидат уништени веднаш, некои се принудени сами да се приспособат на промените во животната средина, некои успеваат да се преселат во поинакви живеалишта, а некои се осудени да умрат. Заклучете дека активноста на човекот, во овој случај, предизвикала намалување на биолошката разновидност, главно, преку уништување на живеалиштето на шумските животни и растенија.
Дел II: Преселбата не е лесна
1
Изберете убав сончев ден за да ги однесете учениците на ливада или во парк. Замолете ги да дадат разни примери за преселбата на животните. Употребете ги информациите дадени во работниот лист „Податоци за преселба“.
2
Кажете им на учениците дека ќе играте игра наречена „Преселбата не е лесна“. • Учениците ќе бидат јато бели штркови, кои секоја есен се селат на југ за таму да ја поминат зимата, а во пролет се враќаат назад на север во местата каде што се родиле. • Обележете две области оддалечени 20-30 метри: едната ќе претставува место за презимување, а другата место за гнездење. Обезбедете четири-пет места помеѓу двете области како безбедни зони, каде што штрковите би можеле да се одморат во текот на преселбата. Безбедни зони можат да бидат дрвја, големи карпи, мочуришта или некои други природни места на кои птиците можат да слетаат. • Замолете ги учениците да изберат улоги или нека извлечат ливчиња со напишани улоги по случаен избор. Двајца ученици ќе имаат улога на ловци (човек и грабливец — лисица), со потсетување дека другите ученици играат улога на штркови. Птиците се движат брзо, трчаат од една до друга област, при што имаат право да застанат само во безбедните зони за време на своето поминување. Ловците се обидуваат да ги уловат птиците додека тие се селат, но не можат да влезат во безбедните зони, во местата за презимување и за гнездење. Секоја уловена птица излегува од игра. Почетокот на секоја преселба го означува наставникот. • Во текот на првата преселба, сите зони се активни. Но, пред да почне втората, кажете им на учениците дека една од зоните е исушена бара и не може повеќе да се користи. Пред да почне третата преселба, објаснете дека на другата безбедна зона се изградени ветерници, па така и таа не може да се користи. Продолжете со играта сî додека не исчезнат сите безбедни зони. Измислете разни причини за уништување на безбедните зони — изградба на фабрика или автопат, претворање на областа со вода во рекреативен центар итн. • Запишете го бројот на штрковите што опстанале по секоја преселба. Очигледно е дека тие ќе бидат полесни за ловење од страна на ловците, бидејќи остануваат сî помалку безбедни зони. Ако штрковите се жалат дека тоа не е фер, кажете им дека ловците настојуваат да ги најдат местата каде што се одмораат птиците во текот на својот лет и, исто така, дека кога безбедните зони се уништени, многу е тешко птиците да преживеат во текот на преселбата.
67
Биолошка разновидност
3
Дискутирајте со учениците за тоа како се чувствувале додека ги играле улогите и што им било најтешко. Посветете поголемо внимание на фактот дека во текот на вистинските преселби, исто како и во играта, местата за одмор се преполни со грабливци и ловци кои им се прикрадуваат на птиците во преселба, со што ги загрозуваат нивните животи. Додајте информации за други закани што ги загрозуваат, на пример: електричните кабли, недостигот од храна, отровите што се користат во земјоделството или дамките нафта во водните корита.
4
Објаснете им го на учениците верувањето дека преселбата на животните е лесен и безбеден начин тие да се справат со зимата, но во реалноста не е така. Преселбите се опасни и многу често ризични за птиците. Во текот на преселбата, на животните им се потребни многу енергија, храна и места за одмор. Тие мора да ги избегнуваат грабливците и да бидат способни да најдат с оодветни живеалишта кога ќе пристигнат.
Дел III: Игра — Синџир на животот
1
Играта започнете ја со поделба на улоги помеѓу учениците. Едно дете е Сонце, неколкумина се разградувачи, а остатокот од одделението растенија или животни. Разговарајте за важноста на Сонцето за животот на Земјата. Земете јаже (или неколку јажиња) што ќе ги држи Сонцето. Сонцето директно ќе се поврзе со растението, затоа што само растенијата можат да ја користат сончевата енергија и потоа да ја претворат во храна која другите организми преку исхраната ја користат како енергија. Откако ќе се поврзат растенијата, и животните се фаќаат за долгото јаже, па така тие ќе завршат поврзани на истиот начин како што би биле поврзани со синџирот на исхрана.
2
Откако ќе го формирате синџирот, кажете им на учениците дека доаѓа студена зима и дека некои од растенијата ќе изумрат, па тие ученици седнуваат. По зимата, глувците и гасениците (или другите животни) немаат доволна храна и умираат, па и тие ученици седнуваат итн. Набрзо сите ќе седнат, освен Сонцето и разградувачите. Разградувачите можат да скокаат горе-долу за да покажат колку се среќни што имаат многу за јадење. Зборувајте за тоа како тие ќе ги разградат телата во основни материи кои ќе ја збогатат почвата, со тоа што растенијата повторно ќе пораснат, а гасениците ќе имаат што да јадат, па така секое од децата станува како што секој од неговиот вид се враќа по промената.
3
68
Разговарајте со учениците за тоа дека секој жив организам е еднакво важен во синџирот на исхрана. Потенцирајте го фактот дека изумирањето, односно исчезнувањето на некој вид, негативно се одразува врз опстанокот на другите видови што се директно или индиректно поврзани со него. Потсетете ги дека човекот со своето однесување треба да придонесува за зачувување на најразличните видови жив свет.
Биолошка разновидност
Други активности • •
•
• • • •
• • •
Замолете ги учениците да најдат повеќе информации за разни видови животни што се селат. Ова нека биде дискусија за еден од следните часови. Учениците нека го земат тестот „Животни и растенија“. Организирајте групна дискусија за секое прашање. Заклучете дека многу е важно луѓето секогаш да размислат пред да направат нешто и за тоа какво влијание ќе има врз животната средина. Прочитајте ја дилемата „Еден пар штркови“. Дискутирајте со своите ученици за нејзината содржина и за понудените решенија на проблемот. Дозволете им на учениците да искажат разни идеи за тоа што мислат тие дека е правилно да се направи. Поканете стручно лице да ви презентира информации за специфичните видови во вашиот регион и да дискутира за проблемите поврзани со нивната заштита. Направете истражување за локалното растително и животинско богатство и за заштитените области во вашето место. Прочитајте го текстот „Прошетка на плажата“. Дискутирајте со учениците за неговата содржина и зошто е значаен животот на секој жив организам. Напишете писмо како да зборува некое растение или животно на кое му се заканува исчезнување и објавете го. Може да почнува вака: „Драги луѓе, јас сум белиот штрк и ви пишувам, бидејќи...“. Истакнете го писмото на видно место, по можност надвор од училиштето. Организирајте активности, како што се: градење хранилишта за птици, садење дрвја и слично. Славете го 22 Мај, Меѓународниот ден за заштита на биолошката разновидност преку организирање натпревари и квизови. За да ги запознаете учениците со еден од ретките видови животни во Р. Македонија, прочитајте ја приказната „Како научив да пливам“ што се наоѓа во работните листови. Откако ќе ја прочитате, разговарајте со вашите ученици за нејзината содржина, но посебно ставете акцент на биволот како животно кое во минатото во нашата земја се одгледувало во многу поголем број, а сега е многу редок вид.
69
Биолошка разновидност
ДИЛЕМА
Еден пар штркови Пар штркови направил гнездо на електричен столб недалеку од вашиот дом. Електричната струја е опасна за штрковите. Што правите? • Ги бркате штрковите, бидејќи сте загрижени за нивната безбедност. • Градите друго гнездо на безбедно место во непосредна близина. • Повикувате електричар. • Повикувате друштво за заштита на животни. • Ништо. • Нешто друго.
ТЕСТ
Животни и растенија ТОЧНО НЕТОЧНО
1 2 3 4 5 6 7 8 9
Кога се собираат печурки, добро е да се сечат со нож. Кога се собираат тревки, добро е да се извлечат со коренот. Кога се собираат корења од некое лековито растение, добро е да се искорнат и другите растенија што се наоѓаат наоколу. Добро е да се собираат само големи полжави, оставајќи ги помалите во нивното живеалиште. Нема проблем да се остави отров во градината за да се заштити од полските глувци и од градинарските штетници. Гнездата на птиците што одлетале во пролет треба да се уништат. Ако едно диво животно е болно, треба да се изнесе од неговото гнездо/дувло. Добро е да бидете тивки и да не влегувате во области што се користат за гнездење и размножување. Не треба да ловите риба во сезона на мрестење. Одговори: 1. Точно 2. Неточно 3. Неточно 4. Точно 5. Неточно 6. Неточно 7. Неточно 8. Точно 9. Точно
70
Биолошка разновидност
РАБОТЕН ЛИСТ
Кога би бил... Кога би бил растение, би бил бидејќи
Кога би бил животно, би бил бидејќи
РАБОТЕН ЛИСТ
Мојот избор МОЕТО
(име на избраното растение или животно)
Означете ги квадратчињата, при што во оние кои содржат точни изјави во однос на вашето избрано растение или животно ќе го ставите знакот √, а во останатите знакот X.
I се користи за јадење за производство I сена користи лекови и хемикалии I содржи корисни материи I се користи за затоплување I се користи за правење облека I сецеликористи за научни/истражувачки I се користи за градење I се користи за сточна храна
I предизвикува пријатни чувства составот и плодноста I гина одржува почвата I често е прикажано во уметноста I помага во опрашувањето I помага во кружењето на материите I добар пријател е на луѓето I друго (пополни)
Еве зошто моето растение/животно е значајно за луѓето и за другите живи организми.
71
Биолошка разновидност
РАБОТЕН ЛИСТ
Значењето на живите организми Растенијата се организми што не се движат и имаат хлорофил, кој е важен за процесот на создавање хранливи материи — фотосинтеза. Сите растенија дишат, самостојно се хранат, можат да се размножуваат и не го менуваат местото на живеење. Повеќето растенија имаат корења, стебло и лисја. Постојат многу видови растенија на Земјата. Тие имаат главна улога за животот на Земјата, бидејќи ослободуваат кислород и произведуваат храна за животните и за луѓето. Користејќи ја енергијата на сонцето, растенијата создаваат хранливи материи, поради што имаат улога на производители во живеалиштата. Растенијата затрупани во земјата пред милиони години станале природно гориво, кое го користиме како извор на енергија. Животните се организми што имаат повеќе различни сетила, способни се за самостојно движење и можат да се размножуваат. Животните, за разлика од растенијата, се изградени од органи и органски системи (нервен систем, крвен систем итн.). Сите животни зависат од хранливите материи создадени од растенијата, а оваа енергија животните ја примаат преку исхраната. Исхраната на животните зависи од растенијата поради тоа што тие се потрошувачи во рамките на животните заедници. Тие дишат земајќи го кислородот од животната средина и притоа ослободуваат јаглероден диоксид. Печурките се разградувачи на телата на изумрените растенија и животни. Некои печурки се развиваат по должината на корењата на дрвјата, а со тоа му помагаат на дрвото да ги зема водата и минералните соли од почвата. Постојат многу видови печурки.
Бактериите се мали организми невидливи со голо око. Тие се разградувачи. Нив ги има насекаде, во воздухот, водата, почвата, растенијата, животните, луѓето, производите за исхрана и во предметите. Тие учествуваат во создавањето и уништувањето на минералите и на рудите, како и во составот и плодноста на почвата. Постојат бактерии што се користат за производство на храна (јогурт, кисело млеко, сирење). Некои бактерии предизвикуваат болести кај растенијата, животните и луѓето (на пример, туберкулоза, бруцелоза). Се верува дека бактериите биле првите организми што се појавиле на Земјата.
Печурките и бактериите имаат дополнително значење за живиот свет. Тие се нарекуваат разградувачи бидејќи ги разложуваат хранливите материи преку гниење и ги претвораат во неоргански материи. На овој начин, синџирите на исхрана се затвораат и зелените растенија можат да ги примаат неорганските материи за повторно да создадат хранливи материи. Разградувачите придонесуваат за подобрување на плодноста на почвата.
72
Биолошка разновидност
РАБОТЕН ЛИСТ
Приказна: Како научив да пливам Детството го поминав во едно мало прилепско село сместено во последните свиоци на Пелагониската Котлина. Пред повеќе од четириесет години, во моето место имаше околу 500 биволи. Тоа беа прекрасни питоми црни животни што беа нераскинлив дел од моето растење. Се уште го чувствувам вкусот на здравото биволско млеко со кое пораснав, како и лековите од биволска маст со кои ме лекуваше мајка ми од силните кашлици и настинки. Навистина беа чудотворни, денес болен, а утре здрав како дрен! Наутро, нивните стопани ги потеруваа на пасење во големи стада кои бавно се слеваа кон пасиштата. На еден дел од патот имаше езеро, кое биволите мораа да го препливаат за да стасаат до широките зелени пасишта и дебелите пладневни сенки на врбите. Биволите беа нераскинливо поврзани со реката и со малото езеро. Често одев да ги чувам. Сî уште многу добро се сеќавам на една случка со нив, која секогаш ме разнежува. Бев десетгодишно момче. Стоев до брегот на езерото, а толку сакав да го препливам. Но, не знаев да пливам. Во еден момент, кога во моја близина помина еден голем бивол што се подготвуваше да влезе во водата, храброста надвладеа. Се затрчав и успеав да се качам на неговиот грб. Цврсто ги зграпчив неговите рогови. Тој почна да плива, а јас уживав во свежината на водата и чувството на победа. Беше прекрасно сî до моментот кога тој се нурна под водата. Се исплашив, мислев дека ќе се удавам. Почнав да мавтам со нозете и со рацете. Наеднаш сфатив дека пливам, дури успеав да испливам на брегот сосема сам. Благодарение на мојот нов црн пријател, од тој ден почнав да пливам. Нема да заборавам дека приквечер, кога се враќаа дома, нивните стопани ги пречекуваа со лепче во рацете. Задоволни од глетката на полните вимиња, сопствениците ги погалуваа по чистите тела и ги поведуваа кон нивните живеалишта. Денес тажно и болно исчезнуваат биволите од моето село. Го снема езерото, ги снема зелените пасишта, се намали бројот на црните биволи од моето детство. Природата се измени, а со тоа и можноста за опстанок на моите црни питоми пријатели. Се надевам дека луѓето ќе ја сфатат убавината на овие животни и дека ќе се преземат мерки пред да биде премногу доцна.
73
Биолошка разновидност
РАБОТЕН ЛИСТ
Синџир на исхрана
74
Биолошка разновидност
РАБОТЕН ЛИСТ
Шумски животни заедници 1
Темножолт був
Еж
Градинарски глушец
(Strix aluco)
(Erinaceus europaeus)
(Eliomys quercinus)
Паун-пеперутка
Бука
(Inachis io)
(Fagus sylvatica)
Планинска бреза
Шумска јагода (Fragaria vesca)
(Ulmus glabra)
Темножолт був (Strix aluco) Овој був со средна градба има големи и црни очи, како и пердуви во повеќе нијанси, почнувајќи од сивкава, па до црвено-кафеава боја. Се размножува главно во дупките на дрвјата во шумите, парковите и фармите со дрвја. Може да се најде во близина на градините и градовите во цела Европа, со исклучок на Ирска и далечниот север. Живее на исто место цела година и е активен ноќе. Неговиот глас „хоу, хо, хо, хоу“ се слуша во рана пролет и есен. Јаде глувци и инсекти, но исто така и птици, вклучувајќи и бувчиња.
Еж (Erinaceus europaeus) Главата и телото на ежот се долги 25 см, а опашката е долга 3 см. Тежи до 1 кг и живее околу 9 години. Неговото тело е покриено со околу 6.000 боцки долги 2-3 см, кои се темнокафени со бели врвови. Има жолти влакна на главата и на грлото. Муцката му е испакната, а очите мали. Ежовите живеат во паркови, градини, шуми и полиња. Се наоѓаат насекаде низ Европа. Тие јадат црви, полжави, пајаци, стоногалки, инсекти, жаби, гуштери и плодови. Малечките се раѓаат слепи, голи и без боцки. Ежовите излегуваат ноќе. Кога се појавува опасност, тие се завиткуваат како топка и не се движат. Преспиваат во текот на зимата, скриени во лисјата или во некоја дупка.
75
Биолошка разновидност
РАБОТЕН ЛИСТ
Шумски 1 (продолжува) Градинарски глушец (Eliomys quercinus) Главата и телото на градинарскиот глушец заедно се долги околу 15 см, а само неговата опашка е долга 10 см. Има сиво, кафено и црвено крзно на горниот дел од телото, а бело на долниот дел. Има црна маска на лицето. Живее во парковите, овоштарниците, шумите, лозјата, карпестите области, како и во градби слични на амбари. Може да се најде во Европа, Азија и во Мала Азија. Јаде инсекти, пајаци, стоногалки, полжави, гуштери, јајца, овошја и кора од дрвјата. Тој е ноќно животно, се качува на ѕидовите и дрвјата и е добар скокач. Преспива од октомври до април во дупките на дрвјата или во некој затворен објект.
Паун-пеперутка (Inachis io) Распонот на крилјата на паун-пеперутката е 6 см. Има црвено-кафеава боја на горниот дел од крилјата, а секое од нив на краевите е украсено со големи точки во вид на око. Внатрешната страна е скоро црна, а тоа е одлично за прикривање кога инсектот преспива. Во почетокот од својот развој пеперутката прво е гасеница. Гасеницата е долга до 45 мм. Таа е црна со мали бели точки и жолти нозе и има 11 пара густи боцки. Оваа пеперутка живее на отворено, во градини, паркови и на други места со цвеќе. Се наоѓа низ цела Европа, освен во далечниот север. Ги положува јајцата на лисјата, кои младите гасеници потоа ги јадат. Точките во форма на око на нејзините крилја ги плашат повеќето грабливци.
Бука (Fagus sylvatica) Буката расте 30-40 метри високо и има огромна раширена крошна. Кората е мазна, тенка и сива. Лисјата се со овален облик, светкави, темнозелени по боја која станува кафеава во есен. Машките семиња висат на стеблото, додека, пак, женските се создаваат во исправените гроздови со кратка дршка. Цветовите се појавуваат веднаш по лисјата во пролет. Плодовите се триаголни, светлокафеави и можат да се јадат. Се наоѓаат во дрвена лушпа што се дели на четири дела. Во Централна Европа буката расте во планините, создавајќи шуми заедно со даб или оморика. Нејзиното стебло се користи за мебел.
Планинска бреза (Ulmus glabra) Ова дрво е високо 10-40 метри и развива широка, раширена крошна. Во почетокот кората е мазна, но подоцна станува густа, ребреста и сива. Лисјата имаат кратки дршки и се во форма на јајце со остро истакнати врвови и основа во форма на срце. Горната површина е темнозелена, влакнеста и многу груба на допир. Кон крајот на февруари се појавуваат црвени цветови, а плодот во форма на крилја е видлив пред да се рашират лисјата. Планинската бреза се наоѓа насекаде низ Европа, обично во шумите во ридести области и во подножјата на планините.
Шумска јагода (Fragaria vesca) Лисјата од шумската јагода се со остри врвови и ги има по три на една лисна дршка. Цветовите имаат бели ливчиња и излегуваат од април до јули. Се опрашува со помош на пчелите, мувите, молците и пеперутките. Плодот изгледа како мала јаготка, со пречник од околу 1 см и зрее од мај до септември. Инаку, шумската јагода расте во шуми, тревници и грмушки, а најмногу ја има во регионите со умерена клима во Евроазија.
76
Биолошка разновидност
РАБОТЕН ЛИСТ
Шумски животни заедници 2
Европска дива мачка
Јазовец
Црвена верверица
(Felis sylvestris)
(Meles meles)
(Sciurus vulgaris)
Шумски глушец
Англиски даб
Глог
Шумска јагода
(Apodemus sylvaticus)
(Quercus robur)
(Crataegus monogyna)
(Fragaria vesca)
Европска дива мачка (Felis sylvestris) Телото на европската дива мачка е долго 60-70 см, а опашката е околу 30 см. Нејзиното крзно е сиво до жолто-кафеаво со потемни линии. Мажјакот, во споредба со женката, е поголем и потемен. Изгледа како домашната шарена мачка со побушава и округла опашка. Очите се жолто-зелени со вертикални зеници. Малите мачиња имаат тенко, жолтеникаво крзно со темни дамки. Овие мачки живеат на многу места, но главно во шумските предели и грмушките низ Европа. Мачките го шират својот мирис за да ја обележат својата територија. Подмладокот од две до шест мачиња, обично родени во мај, го започнува својот живот во дувлата сместени најчесто во дупките на дрвјата, но понекогаш и во напуштените дупки на лисиците или јазовците. Јадат глувци и стаорци, но исто така и птици и мали цицачи.
Јазовец (Meles meles) Долг до 90 см, вклучувајќи ја и опашката, јазовецот тежи 10-20 кг. Може да живее до 20 години. Јазовецот има кратки нозе, долга и тапа муцка, куси уши и мали очи. Горниот дел од телото е сив, а страничните делови се кафеави. На главата има црни и бели линии, црни екстремитети и долги остри нокти. Јазовецот се населува во листопадни и мешовити шуми, како и на тревните површини во планините. Се наоѓа низ цела Европа. Јазовците јадат црви и полжави, како и глодачи и младенчиња. Тие преспиваат во дувла од октомври да февруари. Живеат во парови или во проширени семејни групи, понекогаш во големи широки тунели што сами ги копаат и ги населуваат со децении, а се состојат од ходници долги до 40 метри и со различни „соби“.
77
Биолошка разновидност
РАБОТЕН ЛИСТ
Шумски 2 (продолжува) Црвена верверица (Sciurus vulgaris) Главата и телото на црвената верверица заедно се долги 21-25 см, а нејзината бушава опашка е долга 15-20 см. Живее 10-12 години. Нејзиното крзно најчесто е кафеаво или црвено, но, исто така, може да биде црно-кафеаво. Долниот дел од телото е бел, а на краевите од ушите има перчиња од долги влакна. Црвената верверица живее во шумите и во парковите, а може да се најде во Европа, Сибир, Јапонија и Кореја. Таа се храни со растенија и пупки од лисја, семе од дрвја, печурки, инсекти, како и со јајца и младенчиња на одредени птици. Активна е цела година, гради гнездо од лисја, мов и мали гранки високо на дрвјата. Претежно се движи на дрвјата, скокајќи од гранка на гранка и од дрво на дрво во текот на денот, а ретко оди на земја заради храна.
Шумски глушец (Apodemus sylvaticus) Неговото тело е долго 7,5-11 см, покриено е со жолто-кафеаво крзно и има бледосив стомак. Неговите очи и уши се големи, додека неговата опашка има приближно иста должина како и неговото тело. Има белузлав долен дел покриен со слаби влакна. Шумскиот глушец живее во полињата, шумите, оградите и многу други места што не се премногу влажни. Понекогаш, особено во текот на зимата, се сели во градби направени од луѓето. Се наоѓа насекаде низ Европа. Во земјата копа дупка каде што живее, која има долги тунели со посебни делови за гнездење и за јадење. Брзо трчаат и добро скокаат и се качуваат. Шумскиот глушец јаде зрна, семиња, ластари, печурки и сл.
Англиски даб (Quercus robur) Ова големо дрво расте до 35 метри висина. Кората во почетокот му е мазна и црвеникаво-кафеава, а подоцна станува темносива и убаво распукана и цврста. Плодот е познатиот желад, плитко затворен во чашка со лушпи во мал грозд на дршка долга 5-12 см. Англискиот даб е вообичаен за цела Европа, освен на далечниот север. Некои животни, како што се сојките и вервериците, закопуваат желади како залиха за зима, па затоа понекогаш можат да се видат групи мали дрва.
Глог (Crataegus monogyna) Глогот расте како густа бодликава грмушка, но може да стане и мало дрво високо и до 12 метри. Кората му е светлокафеава и белузлава. Лисјата се различни, но обично имаат три или четири пара реси. Белите цветови се појавуваат кон крајот на мај и во почетокот на јуни и стануваат розови како што зреат. Плодот е мал, во форма на јаболко, темноцрвен и зрее во септември. Глогот може да се најде во низините на Европа.
Шумска јагода (Fragaria vesca) Лисјата од шумската јагода се со остри врвови и ги има по три на една лисна дршка. Цветовите имаат бели ливчиња и излегуваат од април до јули. Се опрашува со помош на пчелите, мувите, молците и пеперутките. Плодот изгледа како мала јаготка, со пречник од околу 1 см и зрее од мај до септември. Инаку, шумската јагода расте во шуми, тревници и грмушки, а најмногу ја има во регионите со умерена клима во Евроазија.
78
Биолошка разновидност
РАБОТЕН ЛИСТ
Ливадски животни заедници 1
Крастава жаба
Кукавица
Полски штурец
(Bufo bufo)
(Cuculus canorus)
(Gryllus campestris)
Жолтоопашеста земјена пчела
Црвена детелина
(Bombus terrestris)
(Trifolium prаtense)
Чадорче
Глог
(Convolvulus arvensis)
(Crataegus monogyna)
Крастава жаба (Bufo bufo) Долга до 15 см, со тоа што женката-жаба е многу поголема од мажјакот. Кожата е брадавичеста, сивкаво кафеава, жолта или цигла боја со мали или скоро без шари. Жлездите во форма на грав зад ушите се видливи и ја штитат жабата со тоа што испуштаат непријатна течност на нејзината кожа. Обичната жаба се наоѓа во сите видови копнени живеалишта. Таа ја населува цела Европа, освен Ирска и далечниот север. Обичната жаба поминува поголем дел од времето на копно. Овој ноќен водоземец јаде многу мали животни.
Кукавица (Cuculus canorus) Куквицата е птица со средна градба, со долга и округла опашка и истакнати крилја. Мажјакот на горниот дел и на градите е сив, со хоризонтални бели линии во долниот дел од телото. Женката во горниот дел може да биде сива или кафеава, со две вертикални линии на стомакот, градите и на грлото. Личи на ветрушка. Кукавицата лесно се приспособува во различни живеалишта, вклучувајќи ги сите видови шумски и земјоделски предели, планини и брегови. Може да се најде низ Европа. Најчесто јаде гасеници. Позната е по тоа што женката го положува своето јајце во гнездото на друга птица. Потоа птицата-домаќин лежи на јајцето и кога младото на кукавицата ќе се изведе, тоа ги исфрла другите јајца и младенчиња од гнездото.
79
Биолошка разновидност
РАБОТЕН ЛИСТ
Ливадски 1 (продолжува) Полски штурец (Gryllus campestris) Долг до 3 см, полскиот штурец е целосно црн, освен на предните крилја, кои се кафеави со жолта основа. На својата голема глава има убави и кратки антени. Се наоѓа во Европа, Мала Азија и во Северна Америка и ги населува сувите и сончеви региони, како што се тревниците, градините и оградите во близина на селските патишта. Неспособен да лета, мажјакот ја штити својата територија со црцорење од мај до септември, триејќи ги задните нозе. Се крие во дупки што ги копа во земјата. Најчесто јаде растенија што содржат многу вода.
Жолтоопашеста земјена пчела (Bombus terrestris) Матицата е долга над 2 см и има распон на крилјата до 43 мм. Работничките и трутовите се долги 14-17 мм и имаат распон на крилјата 30-35 мм. Во посебно приспособените задни нозе има кошничка за полен, каде што пчелата создава густа маса на полен, малку навлажнета со нектар. Потоа се пренесува во гнездото. Таа е една од најчестите видови пчели во Европа, а живее скоро во секакво живеалиште со голема вегетација низ цела Европа. Се гнезди на земјата, понекогаш во глувчешка дупка или во дувло на крт. Кога е сосема развиена, секоја заедница од пчели има една единствена женка-матица, која положува јајца, и бројни стерилни женки, наречени работнички. Генерално, во едно пчелно семејство има минимум сто пчели, но поголеми заедници можат да содржат и повеќе од 600 пчели.
Црвена детелина (Trifolium prаtense) Лисјата на црвената детелина се длабоко поделени на три посебни реси со блед знак во облик на „V“ во центарот на секоја реса. Нејзините стебла се разгрануваат и се долги до 50 см. Розовите цветови се групирани во исправени цветни глави. Црвената детелина расте на отворени места, особено во влажни ливади и пасишта. Се наоѓа низ цела Европа.
Чадорче (Convolvulus arvensis) Чадорчето ползи, односно се качува, а неговите стебла растат до 200 см во должина, виткајќи се во спротивна насока од стрелките на часовникот околу секакво соодветно лежиште. Лисјата имаат форма на врв на стрела, а неговите цветови се во форма на инка со бели и розови бои. Чадорчето расте во пусти места, тревници и обработливи области. Често се искачува на стеблата од житата што растат во полето.
Глог (Crataegus monogyna) Глогот расте како густа бодликава грмушка, но може да стане и мало дрво високо и до 12 метри. Кората му е светлокафеава и белузлава. Лисјата се различни, но обично имаат три или четири пара реси. Белите цветови се појавуваат кон крајот на мај и во почетокот на јуни и стануваат розови како што зреат. Плодот е мал, во форма на јаболко, темноцрвен и зрее во септември. Глогот може да се најде во низините на Европа.
80
Биолошка разновидност
РАБОТЕН ЛИСТ
Ливадски животни заедници 2
Јастреб-глувчар
Невестулка
Полски глушец
(Buteo buteo)
(Mustela nivalis)
(Clethrionomys glareolus)
Лозов полжав (Helix pomatia)
Ливадска трева (Poa annua)
Глуварче
Тегавец
(Taraxacum officinalis)
(Plantago major)
Јастреб-глувчар (Buteo buteo) Расте до 50 см должина, со распон на крилјата до 125 см. Има широки крилја, краток врат и опашка со средна големина во лет. Бојата варира, и тоа од темнокафеава, преку црвеникаво кафеава, па до бела со темни дамки. Често има блед знак на градите. Се размножува во разни видови шуми или на рабовите на шумите со пристап до отворено, а се гнезди во дрвјата. Често може да се види како демне плен застанат на столбовите од оградите или на телефонските столбови. Тој е многу гласен, особено во пролет. Се храни со глувци, но, исто така, и со птици, змии, гуштери, жаби, а понекогаш со инсекти и дождовни црви.
Невестулка (Mustela nivalis) Со 11-26 см должина на телото и 4-9 см долга опашка, невестулката е најмалиот месојад во Европа. Има долго тенко тело, кратки нозе и кратка опашка. По боја е кафеава до боја на ѓумбир, а стомакот е бел. Во Северна Европа, невестулката станува бела во текот на зимата. Расте во бројни живеалишта низ Европа, Азија и Северна Америка, како што се шуми, полиња, градини, паркови и места во непосредна близина на луѓето. Ова подвижно животно е активно цело време. Најчесто јаде мали глодачи, како што се глувците, но, исто така, демне и птици и инсекти.
81
Биолошка разновидност
РАБОТЕН ЛИСТ
Ливадски 2 (продолжува) Полски глушец (Clethrionomys glareolus) Главата и телото на овој вид глушец се долги до 12 см, со опашка до 7 см. Од горната страна е кафеаво-црвен, а од долната — сив. Младите имаат побледа кафеаво-црвена боја. Живее во шуми, огради и грмушки, како и во селски градини. Го има скоро насекаде низ Европа. Активен е и дење и ноќе, јаде плодови, семки, лисја, мов, печурки и други мали животни. Се качува многу добро и често ги јаде плодовите на дрвјата и грмушките. Обично има три-седум младенчиња одеднаш.
Лозов полжав (Helix pomatia) Куќичката на лозовиот полжав има пречник 6-7 см, округла е со светлокафеава, сива или жолта боја, а исто така, има и линии што се распоредени по должината. Има четири (два пара) пипала, со очи на долниот пар. Се населува во различни живеалишта, како што се живи огради, градини, паркови, тревници и шуми. Се наоѓа низ цела Европа. Младите полжави растат скоро три години. Кога презимуваат, полжавите ги запечатуваат отворите на своите оклопи. Истото тоа го прават и за време на долгите сушни периоди за да заштедат вода. Поактивни се во влажни услови, особено наутро поради росата. Јадат тревни растенија.
Ливадска трева (Poa annua) Оваа трева расте до 30 см во висина и има лисја што се светлозелени и излегуваат од рамни фиданки. Цветните гроздови имаат неколку гранки. Цветовите се опрашуваат преку ветерот или се самоопрашуваат дури и без да се отвори цветот. Годишната ливадска трева има доста слаб и плиток систем на корења. Добро вирее во влажни области со многу сонце. Меѓутоа, исто така, може добро да расте во услови на полусенка. Во крајбрежните региони или во области со умерена температура каде што тревниците редовно се наводнуваат, годишната ливадска трева може да опстои цела година. Во потоплите области во лето обично умира. Се наоѓа на обработливо земјиште, тревници и во градини.
Глуварче (Taraxacum officinalis) Глуварчето има основни лисја што се поделени на неколку триаголни реси. Стеблото на кое се наоѓа цветот е шупливо и долго 50 см. Има жолти цветови, а неговото семе има структура во вид на чадор што служи како падобран кога дува ветер. Кога лисјата или стеблото ќе се скршат, излегува течност како млеко. Расте на разни видови пусти места, особено на ливади, по должината на патиштата и во градините низ цела Европа.
Тегавец (Plantago major) Трајна тревка со широки лисја. Тенките цветови се групираат во долги густи главички со темен цвет. Стеблото на кое се наоѓа цветот е високо до 50 см. Најнискиот цвет се отвора прв и кругови на виолетови прашници постепено се движат кон врвот на цветот. Расте на отворено и е отпорна на газење. Често се гледа на патеките и тротоарите. Вообичаена е за цела Европа.
82
Биолошка разновидност
РАБОТЕН ЛИСТ
Речни животни заедници
Европска видра
Зелена жаба
Караш
(Lutra lutra)
(Rana ridibunda)
(Carassius carassius)
Смрдливка
Трска
Водна леќа
Воден морач
(Palomena prasina)
(Phragmites australis)
(Lemna minor)
(Utricularia vulgaris)
Европска видра (Lutra lutra) Телото на европската видра е долго 70-80 см, а опашката 40 см. Мажјакот е малку поголем во однос на женката. Главата на видрата е рамна, а нејзините уши се мали и округли. Крзното е сјајно и кафеаво. На стапалата има кожички за пливање и канџи. Европската видра живее во сите видови области со истечна вода, а понекогаш ги населува и крајбрежните области. Живее низ цела Европа, Северна Америка и Евроазија. Видрите се активни во зори и во текот на ноќта. Тие добро пливаат и нуркаат, затворајќи ги ушите и ноздрите кога нуркаат. Нивното крзно е водоотпорно, а густиот поткожен дел задржува слој воздух што ги топли. Дувлата се наоѓаат во тунели под земја, корења на дрвјата, карпести столбови, грмушки и брегови, а обично влегува под водната површина. Видрите најчесто јадат риби, но, исто така, и водни птици, жаби, ракови и полжави.
Зелена жаба (Rana ridibunda) Зелената жаба е најголемата жаба во Европа и расте до 15 см. Нејзиното тело може да биде во многу бои. Генерално, нејзиниот грб е црн, понекогаш со темни дамки. Мажјакот има големи звучни меури на страните од устата кои, кога ќе се надујат, добиваат сива боја. Зелената жаба живее во разни видови мочуришта во Централна Европа, Мала Азија и во некои делови на Северна Африка. Кога ловат, тие поминуваат многу време близу бреговите на реките или барите. Периодот на парење им е во текот на април и мај, кога мажјаците повикуваат во текот на целата ноќ. Женките положуваат меѓу 700 и 13.000 јајца што се закачуваат на растенијата во водата. Тие најчесто јадат инсекти, но, исто така, и други жаби или риби, а понекогаш и мали глодачи, фаќајќи го пленот со еластичниот јазик. Тие преспиваат под вода.
83
Биолошка разновидност
РАБОТЕН ЛИСТ
Речни (продолжува) Караш (Carassius carassius) Карашот може да порасне до 51 см во должина. Грбната перка е долга со силна, малку запчеста трета боцка. Боите на грбот се движат од маслинесто зелена до црвеникаво кафеава, додека во близина на опашката таа добива медова боја со округли темни дамки. Другите перки се со боја на светлоцрвена бронза. Карашот се наоѓа низ цела Европа во мирни води, како и во реките што течат бавно во низините. Живее во мочуришта со повремен доток на свежа вода и во мали бари. Јаде мали ’рбетници и водни растенија.
Смрдливка (Palomena prasina) Смрдливката е бубачка со зелен оклоп, има рамно тело во форма на штит, долго околу 10-15 мм. Во пролет и во лето таа е светлозелена, но во есен, пред презимување, станува темнобронзено-зелена. Живее во шумите, грмушките и близу коритата на водите во поголемиот дел на Европа. Овој вид минува низ пет фази на чаура и притоа ги губи своите штитови. Секоја фаза има различна боја, а кратките крилја се појавуваат во последната фаза. Оваа бубачка има специјализирани делови во устата за цицање што ги користи за да го цица растителниот сок од широка низа дрвја, грмушки и високи растенија. Во Европа таа претставува мал штетник кој најмногу му предизвикува штета на гравот.
Трска (Phragmites australis) Водната трева трска расте до 6 метри висина. Силните и жилави хоризонтални фиданки што растат на земјината површина или под неа овозможуваат растење на корењата и на цврстото вертикално стебло. Овие стебла ги држат широките лисја кои се долги 20-40 см. Има голема виолетова цветна главичка што станува сива кон крајот на летото. Трската расте во густи колонии по должината на влажни копнени живеалишта, како што се речни брегови, мочуришта, бари и езерски брегови. Често се наоѓа во загадени почви по должината на патишта, ендеци и ископани области.
Водна леќа (Lemna minor) Водната леќа спаѓа меѓу најмалите цветни растенија во светот. Посебните растенија на водната леќа се тенки, округли, светлозелени плочки, секоја со еден корен. Тие се наоѓаат расфрлани меѓу другите никнати растенија или се собира заедно во купче што плови на површината на водата. Немаат вистински лисја. Телото во вид на лист се нарекува талус. Има кружна, скоро овална форма, 2-5 мм во пречник. Цветовите се тенки и слабо се гледаат. Плови слободно во барите со свежа вода, мочуриштата, езерата и мирните потоци, се шири брзо низ водните корита кои се богати со хранливи материи.
Воден морач (Utricularia vulgaris) Морачот е месојадно подводно растение, кое слободно плови во водата. Неговите лисја се нежни и убаво поделени под вода, а неговите цветови се светложолти. Користи мали стапици за да ги улови малите животни, па дури и малите риби што се доближуваат до вратата на стапицата. Користи сокови за да го свари пленот и си создава хранливи материи. Морачот живее онаму каде што има многу микроскопски живот, што значи таму каде што има здрава водна животна средина.
84
Биолошка разновидност
РАБОТЕН ЛИСТ
Податоци за преселба
Животните се селат периодично заради размножување, наоѓање храна, смена на годишното време, промена на должината на денот и ноќта, како и од други причини.
Многу птици, како што се ластовиците, штрковите, славејот, златката, водомарот и чапјата, доаѓаат во пролет и ги градат своите гнезда во Европа, а некои видови, како што се чавките, галебите, пајките и дивите гуски, доаѓаат од север за да ја поминат зимата во потоплите краишта што се наоѓаат на југ.
Само неколку видови птици можат да летаат преку големи водни површини без одмор.
Селењето на животните може да се случи и на мали растојанија. Полското врапче се сели во есен од полињата во градовите; некои птици, кога времето станува студено, слегуваат од повисоките во пониските области на планините.
Селењето на животните може да трае кратко, но некои траат и со години. На пример, европската јагула оди во Саргаското Море да се размножува, патувајќи околу 10.000 км. За повеќе информации погледнете го филмот „Патот на јагулите“ од ДВД-колекцијата филмови од „Зелениот пакет“.
85
Биолошка разновидност
РАБОТЕН ЛИСТ
Што знаеме за... Црвен елен (Cervus elaphus) Опис: Должината на неговото тело е околу 2 метри. Мажјакот е поголем од женката. Во текот на летото, бојата на телото е црвено-кафеава, а во зима е сивкаво-кафеава. Младенчињата се со дамки. Мажјаците имаат впечатлив пар рогови кои можат да тежат до 15 кг. Тие се отфрлаат секоја година и повторно растат поголеми од претходните. Формата и големината на роговите зависат од возраста и здравјето на мажјакот и во голема мера го одредува неговиот статус и ранг меѓу членовите на неговиот вид. Живеалиште и простор: Црвениот елен живее во листопадни, мешовити и иглолисни шуми, како и во паркови, нископланински тресетишта и речни долини низ цела Европа. Навики и исхрана: Многу добро трча и скока. Женките живеат во групи со своите младенчиња. Мажјаците се натпреваруваат со своите противници во текот на сезоната за парење. Тој е преживар, јаде лисја, гранки, кори од дрвја и плодови. Ова импресивно животно често е жртва на сообраќајни несреќи и нелегално ловење.
Мал був (Athene noctua) Опис: Овој прилично мал був е долг 25 см, има голема, широка и округла глава, долги нозе и кратка опашка. Кафеав над белите дамки, тој е белузлав под густо ишараните кафеави пердуви, со жолти очи. Живеалиште и простор: Малиот був повеќе сака отворен простор: полиња, шумички, гребени, градини, паркови, дрвја за ограда, карпи и полупустини. Се наоѓа низ Европа, освен во Ирска и далечниот север. Навики и исхрана: Малиот був делумно е дневно животно кое често може да се види на гранките. Се храни со глувци, црви, инсекти, птици, мали водоземци и влекачи. Се гнезди во дупки на дрвја, градби или карпи. Најпознат е по својот остар глас „кии -ив“. Оваа фасцинантна птица често се спомнува во митовите, фантастичните приказни и народните верувања.
Пупунец (Upupa epops) Опис: Долг околу 27 см, пупунецот е една од најкарактеристичните и најизразити птици во Европа, со забележителна розова глава, врат и граден кош и бело-црни крилја, грб и опашка со линии. Неговиот долг и тесен клун се криви малку надолу. Има исправена перјаница на врвот на главата, поради што изгледа како индијански поглавар. Живеалиште и простор: Преселна птица што живее на отворени пасишта со огради и грмушки. Се наоѓа низ Европа, освен во Обединетото Кралство, Ирска и Северна Европа. Навики и исхрана: Песната на пупунецот е засипнато „оопп-ооп-ооп“ кое се повторува неколку пати. Се гнезди во дупки на дрвјата или ѕидовите. Ако младенчињата се вознемирени, тие испуштаат течност со непријатна миризба. Се храни главно со инсекти. Оваа птица лесно се препознава по својот надворешен изглед и песна.
86
Биолошка разновидност
РАБОТЕН ЛИСТ
Што знаеме за... (продолжува) Барска желка (Emys orbicularis) Опис: Долга до 36 см, барската желка има животен век од 70 години. Нејзиниот грбен оклоп е прилично рамен, кафеаво-црн до зелен и сивкав со светли линии или точки. Нејзините нозе, врат, глава и опашка се сивкаво-црни со жолти дамки. Живеалиште и простор: Ги населува сите видови слатки и полусолени водни мочуришта, па дури и мали бари и се наоѓа во Европа и во Источна Азија. Навики и исхрана: Се храни со жаби, риби, водни животни и мрши (умрени животни). Барската желка многу зависи од достапноста до мочуришни области. Исушувањето на мочуриштата, всушност, е смртна пресуда за неа.
Европска дрвна жаба (Hyla arborea) Опис: Долга до 5 см со чашки на врвовите на прстите, европската дрвна жаба има различна боја во зависност од животната средина, температурата и влажноста. Може да биде сивкаво-кафеава или светлозелена. Живеалиште и простор: Населува листопадни дрвја и грмушки и може да се најде во Централна и Јужна Европа. Навики и исхрана: Оваа жаба се качува на дрвјата многу добро. Зимата ја поминува под камења, дрвја и зеленило. Во текот на сезоната на парење, мажјакот повикува со звуци што ги испушта од грлото и може да се слушне на далечина од 1 км. Активна е главно ноќе, но, исто така, и во текот на денот. Се храни со мали животни. Ова атрактивно животно е лесно препознатливо. Размножувањето зависи од опстанокот на водните сливови.
Пчела (Apis melifera) Опис: Пчелата е совршено приспособена на својот начин на живеење. Работничките и трутовите растат до 15 мм во должина, а матицата достигнува до 20 мм. Стомакот е главно кафеав со темни и светли линии. Целото тело е покриено со нежни влакна, а на задниот пар нозе има посебна шмукалка каде што собира полен. Живеалиште и простор: Дивата популација пчели живее во карпести и шумски региони, но луѓето често чуваат пчели за да произведуваат мед. Тие се наоѓаат во Европа, Африка и во Азија. Навики и исхрана: Колониите пчели имаат многу работнички, неколку трутови и една матица. Тие имаат високо развиено општество и систем за комуникација. Пчелите-медарки собираат полен и произведуваат мед кој служи како храна во текот на зимата. Медот и ларвите се чуваат во саќе направено од восок. Пчелите користат сложен систем на сигнали за да разменат информации во врска со цветните полиња. Кога презимуваат, тие мавтаат со крилјата за да ја одржат посебната температура во кошницата. Во ситуација кога треба да се одбранат, боцкаат, т.е. каснуваат еднаш и потоа умираат. Некој научници мислат дека мобилните телефони ги збунуваат пчелите и ја намалуваат нивната популација.
87
Биолошка разновидност
РАБОТЕН ЛИСТ
Прошетка на плажата Некаде по должината на плажата на океанот, на зајдисонце, имало еден старец кој се шетал. Големата бура само што се смирила и човекот уживал во вдишувањето на морскиот воздух. Бил замислен кога одеднаш забележал едно дете. Детето собирало нешто од песокот и го фрлало во водата. Старецот станал љубопитен, па затоа отишол поблиску и видел дека детето собирало морски ѕвезди од песокот и ги враќало назад во океанот. Дури тогаш старецот забележал дека плажата била распослана со стотици, можеби илјадници морски ѕвезди. — Што правиш!? — извикал старецот. — Ти си едно мало момче, а овде има илјадници морски ѕвезди наоколу. Дали навистина мислиш дека можеш да смениш нешто? Момчето го погледнало, зело една морска ѕвезда од песокот, ја фрлило во океанот и рекло: — Па, за оваа морска ѕвезда јас штотуку сменив сî!
Задача за размислување — дома: Што можеме јас и моето семејство да направиме за да помогнеме за заштита на растенијата и на животните околу нашиот дом, во нашиот регион, во нашата држава (предложете идеи и, ако е можно, разговарајте за нив со вашето семејство):
1
Во близина на мојот дом има:
Ние би можеле:
2
Во нашиот регион можеме да најдеме:
Ние би можеле:
3
Нашата држава е горда што е дом на следниве растенија и животни:
За да ги заштитиме тие растенија и животни, ние треба да:
88
Природни богатства Кога зборуваме за природни богатства, зборуваме за работи што можеме да ги земеме од животната средина и да ги употребиме за да го подобриме нашиот живот. Некои од овие природни богатства, како што се сончевата енергија, воздухот, водата од реките и езерата, растенијата и животните, веднаш ни се достапни за користење. Други природни богатства ни се достапни само по нивното ископување и преработка. Тоа се подземните води, природните горива, нафтата, јагленот и рудите, како што е железната руда (ја користиме за да направиме челик). Природните богатства можат да бидат обновливи или необновливи. Обновливите природни богатства се надоместуваат сами со текот на времето. Ние можеме да ја искористиме силата на ветерот за да создадеме енергија, затоа што ветерот постојано го има. Необновливите природни богатства, од друга страна, ќе ги снема штом еднаш сме ги искористиле. Во земјата има големи резерви нафта, но тие се трошат. Луѓето постојано трагаат по нови резерви на природни богатства, но и тие еден ден секако ќе бидат потрошени. Ако воздухот, водата, почвата и разновидноста на живиот свет се користат неразумно, овие обновливи природни богатства не би можеле повторно да се обновуваат. Затоа модерното општество воведува план за одржлива употреба на природните богатства. Одржлива употреба претставува најголемата количина на едно природно богатство што може да биде употребено за нашите цели и притоа не ја загрозува неговата природна обнова. Користење поголем дел од природните богатства доведува до постепено пропаѓање на животната средина.
89
Природни богатства
Дневна подготовка: Природни богатства
Времетраење Годишно време Место Материјали Цели
1-2 училишни часа Сите годишни времиња Училница Табла (графикон) Учениците да: • се запознаат со видовите природни богатства • научат како правилно се користат природните богатства
Методи
Дискусија, игра, анализа на учење преку примери
Дел I: Природни богатства (дискусија)
1
Замолете ги учениците да именуваат некои работи кои луѓето ги земаат од природата за да ги задоволат своите потреби (на пример, растителна или животинска храна, вода, воздух, енергија). Напишете ги нивните одговори на табла.
2 3
Објаснете им на учениците дека природните богатства се обновливи или необновливи. На посебни картички напишете ги имињата на следниве природни богатства на енергија и материјали: • Нафта, природен гас, сончева енергија, енергија на ветерот • Растенија, животни, слатки води (реки, езера, извори), почва, воздух, руда (железо, други метали), материјали за градење (глина, камен, песок) итн. Нацртајте ја следнава шема: Природни богатства
Обновливи
Необновливи
Започнете ја дискусијата и категоризирајте ги природните богатства од картичките и соодветно распоредете ги во две колони. Дискутирајте со учениците за позитивните и за негативните страни на различните видови природни богатства. Наведете примери. Објаснете дека луѓето денес користат многу повеќе природни богатства отколку во кое било време во историјата на човекот. Заедно со учениците, одлучете кои од споменатите природни богатства се најдостапни во нашата земја.
90
4
Посочете примери за разумно користење на природните богатства:
5
Разделете копии од играта за поврзување „Одржливо — неодржливо“.
• • •
Не лови риба повеќе од потребното. Не троши вода повеќе отколку што ти треба. Не уништувај ги растенијата, тие ти даваат живот.
Природни богатства
Дел II: За кокошката и златното јајце
1
Објаснете им на учениците дека луѓето постојано треба да се трудат за да имаат подобар живот. Многумина од нив повеќе сакаат активности и услуги со брза заработувачка, за која мислат дека ќе им донесе брз напредок, без да размислат за последиците на тие активности. Ефектите често водат до проблем или негативно влијание врз животната средина и општеството.
2 3
Прочитајте им го на учениците како пример текстот „Градот Прекрасен“.
Прашајте ги учениците какви мисли и чувства им предизвикала оваа приказна. • •
Дали луѓето од Прекрасниот град направиле некакви грешки? Што може да се случи погрешно кога луѓето дејствуваат без размислување или кога бараат брза заработувачка?
Дискутирајте и заклучете дека потребите на луѓето се во рамнотежа со оние од природата. Обидете се да покажете дека решението е во внимателно користење на природните богатства.
Дел III: Игра — Грижа за идните генерации
1
Одржлив развој е максимално користење на обновливите природни богатства кои сî уште ќе можат да се обновуваат. На пример, сечењето на дрвјата треба да биде плански за да можат да се обноват. Одржливиот развој зависи од место до место, од регион до регион и може да се менува во зависност од условите. Пример за полесно да се објаснат обновливите и необновливите природни богатства се следниве игри. Со нив учениците ќе научат како треба правилно да се користат богатствата за да се обезбедат доволни количини и за идните генерации.
2
Потребни се повеќе пакувања со грицки, кои се истураат во еден поголем сад. На ливчиња се испишуваат зборовите: генерација 1, генерација 2, генерација 3, но така што, на пример, за 14 учесници би имало две ливчиња со генерација 1, четири ливчиња со генерација 2 и осум ливчиња со генерација 3. Значи, крајниот број на испишани ливчиња да биде вкупно 14. Доколку имаме 28 ученици, бројот се дуплира и така натаму.
3
Играта започнува со тоа што им се делат ливчињата на децата по случаен избор. Секој треба да види што му пишува на ливчето. Им се објаснува на децата дека грицките во садот, всушност, ги претставуваат необновливите природни богатства на Земјата. Сите оние што имаат ливче на кое пишува генерација 1 да излезат напред и да дојдат пред садот. Децата си земат од грицките онолку колку што сакаат. Потоа се повикуваат учениците од генерација 2. Истото важи и за нив. Откако и тие ќе си земат, веќе се уочува дека грицките во садот се намалуваат и остануваат се помалку за следните. Може да се случи дури и да снема за третата генерација. Значи, на крај се повикуваат и оние од генерација 3, за кои важат истите правила. Грицки има сî помалку и помалку, а може и да снема. Разговарајте со учениците што би се случило ако навистина тоа беа необновливи природни богатства, дали во тој случај разбираат што сториле.
Други активности • • • •
Замолете ги учениците да дискутираат со своите семејства за приказната „Градот Прекрасен“ и за кокошката што несела златни јајца. Разделете копии од тестот „Што знаеме за природните богатства?“ и замолете ги учениците да го изработат како индивидуална задача. Замолете неколку доброволци да направат мала група и да дискутираат пред останатите за дилемата „Да ловиме риба или не“. Со учениците изиграјте ја играта за природните богатства (во текстот за играта се дадени правилата). По играта, дискутирајте со учениците за неразумното користење на природните богатства и за последиците.
91
Природни богатства
ДИЛЕМА
Да ловиме риба или не Вие и вашите родители одите на тридневно патување до едно убаво езеро каде што можете да одите на риболов. Правилата за риболов велат дека твоето семејство може да улови до десет риби во текот на вашиот престој. Првиот ден риболовот оди бавно и вие успевате да уловите само три малечки риби. Меѓутоа, вториот ден сте посреќни и само за неколку часа успевате да уловите седум големи риби. Се потсетувате дека постојат правила за тоа колку риби можете да уловите. Што треба да сторите? • Продолжувате со риболовот без оглед на сî. • Ги фрлате малите риби во езерото и продолжувате со риболовот, надевајќи се дека следните три риби ќе бидат поголеми. • Ќе престанете со риболовот и ќе ги зготвите рибите што сте ги уловиле. • Ќе престанете со риболовот и одлучувате да се одморите и да уживате во глетката. • Нешто друго.
ТЕСТ
Што знаеме за природните богатства? ТОЧНО НЕТОЧНО
1 2 3 4 5 6 7
Природните богатства се работи што ги земаме од природата за да ги задоволиме нашите потреби и желби. Можеме да ловиме колку што сакаме риби и секогаш ќе ги има повеќе. Сончевата енергија е обновлив и неисцрпен извор на енергија. На луѓето им се потребни само чист воздух, слатка вода, вкусна храна и засолниште-живеалиште. Ние ги исцрпуваме природните извори на нафта. Со повторно користење на предметите и материјалите ги штедиме природните богатства и енергијата. Кога се сечат дрвја, треба да се посадат нови. Одговори: 1.Точно 2. Неточно 3. Точно 4. Неточно 5. Точно 6. Точно 7. Точно
92
Природни богатства
РАБОТЕН ЛИСТ
Одржливо — неодржливо Упатство: Ископирајте го работното ливче и поделето им го на учениците. Исечете ги сликичките и поставете ги на соодветните места според дадените упатства. Прочитајте ги речениците под секој пар. Изберете две слики што одат со секоја реченица. Ставете ги сликите со природните богатства во левиот прозорец, а сликата како го користиме во десниот прозорец.
Кога ќе уловиме мала риба, треба да ја вратиме во водата.
Кога се сечат дрвја, треба да се посадат нови.
Водата не треба да се троши побрзо отколку што се обновува.
Со ловот не треба да се намалува бројот на животните.
93
Природни богатства
РАБОТЕН ЛИСТ
Градот Прекрасен Еднаш одамна, имало еден мал град до морето. Бил многу убав, со чисто сино море, песок мек како свила и прекрасни шуми по должината на брегот. Луѓето го нарекле Прекрасен и тие живееле во него мирно и среќно. Ловелериби, примале туристи во своите домови и им нуделе прошетки во блиската шума или патување со брод. Им нуделе храна приготвена од растенија и животни што живееле во блиската околина. Еден ден жителите на Прекрасен се собрале и решиле да го променат својот град и да го претворат во голем и атрактивен туристички центар кој би им дал можност повеќе да заработат. Ја исекле шумата и започнале да градат нови хотели. Исто така, изградиле широки патишта по должината на брегот, што ги уништило песочните брегови и растенијата. Многу туристи доаѓале со своите автомобили во Прекрасен, со што градот станал многу бучен. Секој ден камиони носеле храна и производи од далечни места за да ги задоволат потребите на туристите. Отпадот почнал да се зголемува. Прекрасен постојано растел. Скоро ништо не останало од малиот град — тој се променил и не можел да се препознае. Луѓето престанале да мислат за Прекрасен како за убаво место за одмор и многумина престанале да доаѓаат. На луѓето кои живееле во Прекрасен почнал да им недостасува градот каков што бил порано. Еден ден, еден непознат човек се појавил на централниот плоштад, каде што навечер се собирале многу луѓе. Тој останал таму долго време, слушајќи ги луѓето како разговараат и на крајот им ја кажал следнава приказна: Еднаш одамна, имало една посебна кокошка. Секој ден таа несела едно златно јајце, кое светело како мало сонце во кокошарникот. Сопственикот на кокошката ја проверувал тежината на јајцата секој ден. Постојано се жалел дека тие не се поголеми и велел: „Можеби треба едноставно да ја убијам таа кокошка. Мора да има богатство во нејзиното тело. Ако го извадам, ќе бидам најбогатиот човек на светот“. Извесно време тој се колебал, но на крајот се одлучил: ја убил кокошката и можете да го замислите неговиот шок кога открил дека внатрешноста на кокошката била иста како и кај секоја друга! Почнал да ја кубе својата коса во очај и да плаче, но се било залудно. Лакомиот ги загубил и јајцата и кокошката. Непознатиот погледнал во натажените луѓе од градот и рекол: „Оние кои брзаат да се збогатат често ќе завршат со ништо“.
94
Население Земјата постепено станува пренаселена. Во овој период, повеќе од 7 милијарди луѓе ја населуваат планетата Земја. Ако порастот на населението остане ист, до средината на овој век (2050 година) ќе има повеќе од 10 милијарди луѓе на Земјата. Главна причина за овој раст е фактот што се раѓаат повеќе луѓе отколку што умираат. Во денешно време, луѓето живеат поквалитетно и подолго поради промените во начинот на живеење. Со порастот на населението се зголемува потребата од поголемо користење на природните богатства на Земјата. Поголем број луѓе значи поголема побарувачка на храна и на вода за пиење, а со тоа и зголемена потреба од поголема обработлива површина. Проблемот на пренаселеност е многу сериозен, но може да се дејствува во правец на негово решавање. Согледувајќи ја моменталната состојба со бројот на луѓето и способноста на животната околина да ги обезбеди неопходните природни богатства и соодветните животни услови, многу земји преземаат мерки да ја контролираат оваа состојба. Понекогаш природата успева да го контролира бројот на луѓето на едноставен и суров начин, преку природни катастрофи и непогоди (земјотреси, поплави, болести и епидемии). Во европските земји има мал пораст на населението. Во одделни делови на светот е заблежано опаѓање на наталитетот на населението, а во одделни региони пренаселеност. Во Македонија, во различни региони на земјата, има нееднаква распределба на населението. Особено разликата се забележува при споредбата меѓу селска и градска средина.
95
Население
Дневна подготовка: Што значи пораст на населението?
Времетраење Годишно време Место Материјали Цели
2-3 училишни часа Во текот на целата година Училница, на отворено Креда, клупа во градината, работен лист за ученици Учениците да: • разберат дека бројот на населението двојно се зголемува • разберат дека природните богатства на Земјата се ограничени
Методи
Игра, дискусија, решавање дилема
Дел I: Што е двојно зголемување на бројот на населението?
1 2
Објаснете им на учениците дека двојно зголемување значи зголемување преку удвојување на броевите: 1, 2, 4, 8, 16, 32, 64... Дајте го следниов пример за двојно зголемување на бројот на населението: • •
•
Садиме во саксија гранка од некое растение. По извесен период гранчето го делиме на два дела, кои повторно ги садиме во саксијата. Кога и тие ќе потпораснат и ќе пуштат ливче, секое од гранчињата повторно го делиме на две. Добиваме вкупно четири гранчиња. Овој процес се повторува со удвојување на бројот на гранчиња и на тој начин се добива сî поголем број нови растенија. За колкав временски период саксијата ќе се наполни ако продолжиме да ја повторуваме постапката?
3
Нацртајте со креда на земјата круг со пречник од околу 2 метра. Замолете еден ученик да застане во центарот и прашајте го дали има доволно простор во кругот. Друг доброволец нека му се придружи на првиот и поставете им го истото прашање. Уште двајца ученици нека влезат во кругот. Се повторува истото прашање. Уште четворица ученици нека се приклучат, потоа осум, секогаш поставувајте го истото прашање. На крајот, прашајте ги учениците: Може ли овој процес на зголемување да трае вечно?
4
Презентирајте повеќе информации за растот на населението и за неговата поврзаност со зголеменото исцрпување на природните богатства, користејќи го воведниот текст на ова поглавје.
Дел II: Колку ученици може да собере кругот направен од јаже?
1 2
96
Однесете ги учениците во училишниот двор.
Објаснете дека со порастот на населението се јавува зголемена потрошувачка на природни богатства и енергија. Употребете дополнителни информации од воведниот дел на поглавјата „Природни богатства“ и „Население“.
Население
3
Замолете ги учениците да замислат дека кругот направен од јаже ја претставува планетата Земја и нејзините природни богатства: минерали, енергија, вода итн. Играта ќе ви послужи за претставување на проблемот со количините на природните богатства и бројот на луѓето. Замолете еден ученик да влезе во кругот направен од јаже. Прашајте го дали му е удобно и дали просторот — „природното богатство“ е доволен. Друг ученик нека влезе во кругот покрај првиот. Повторете го прашањето за двајцата. Поканувајте сî повеќе ученици да им се придружат на првите двајца, секогаш повторувајќи го истото прашање. Продолжете сî додека има простор во кругот. Прашајте ги учениците на кој начин тие би можеле да ја споредат можноста да влезат во кругот направен од јаже со способноста на Земјата да ги снабдува луѓето со природни богатства. Прашајте ги дали постои можност да се скине јажето ако учениците продолжат да влегуваат во него и што би било со просторот на планетата Земја ако се случи тоа.
4
Замолете ги учениците да размислат и да опишат слични примери за да го претстават проблемот на растот на населението и ограничените природни богатства. На пример: донесете една чаша со вода во одделението. Прашајте ги децата дали оваа чаша со вода е доволна за сите ученици во училницата кои се жедни? Развијте дискусија со децата околу ова.
Дел III: Игра — Каде, во град или во село?
1
Наставникот ја дели училницата со креда на два дела и ги означува со натписите: град и село. Потоа поведува разговор со учениците и ги поттикнува на размислување каде би сакале да живеат и зошто?
2 3
Секој ученик кажува која е неговата одлука и застанува на соодветниот дел. Откако ќе се поделат сите ученици, наставникот ги пребројува двете групи. Резултатот од пребројувањето треба да иницира понатамошна дискусија меѓу наставникот и учениците за рамномерната, односно нерамномерната прераспределба на населението меѓу градот и селото. Целта е учениците да разберат дека најдобро за нашата татковина и за развојот на општеството е да постои рамномерна распределба на населението во градовите и селата.
Други активности • •
•
•
Разделете го тестот „Пораст на населението“. Дискутирајте за одговорите во група. Изработете ја дилемата „Колку деца на игралиштето?“. Замолете ги учениците да дускутираат за тоа во групи. Дајте им слобода да поддржат различни докази во корист на она што мислат дека треба да се направи. Прочитајте го текстот во работниот лист „Јаболкници“ и дајте им на учениците да напишат како ќе ги распределат јаболката. Помалите деца можат да бојат јаболка и да ги распределуваат. Повозрасните ученици треба да бидат активни преку прашања, дискусии и разговор за решавање на ситуацијата. Разделете им го на учениците работниот лист „Предности на живеењето во град и на село“. Секој ученик нека напише зошто сака да живее во град или на село. Целта е секој ученик да ги истакне вредностите на градот или на селото. Забележете колку ученици сакаат да живеат во град, а колку на село. Дискутирајте со учениците за нивниот избор.
97
Население
ДИЛЕМА
Колку деца на игралиштето? Размисли како ќе го решиш овој проблем. Во една нова населба се вселиле многу семејства што имаат повеќе од едно дете. Единствено место за играње за сите тие деца било блиското игралиште. Но, на самиот почеток се јавил проблем: многу деца на игралиштето, а мал простор за играње. Како ти би го решил овој проблем? • Секое попладне ќе сакаш да бидеш прв на игралиштето и нема да дозволиш никој друг да го користи. • Ќе се задоволиш со играње во турканица, ништо нема да ти пречи само да играш. • Ќе побараш помош од родителите — да се обратат до градоначалникот за евентуална помош да се изгради ново игралиште. • Нешто друго. Развијте дискусија со учениците за понудените предлози и поттикнете предлагање нови идеи околу користењето на игралиштето.
ТЕСТ
Пораст на населението ТОЧНО НЕТОЧНО
1 2 3 4 5
На нашата планета има места што се густо населени. Во следните десет години, бројот на луѓето во светот нема да се зголеми. Луѓето, за разлика од животните, многу повеќе се обидуваат да ја приспособат животната средина на своите потреби. Во иднина, природните богатства на Земјата (обработлива земја, храна, вода, енергија) ќе бидат доволни за населението. Порастот на населението е дополнителен притисок што треба да го поднесе целата животна средина. Одговори: 1. Точно 2. Неточно 3. Точно 4. Неточно 5. Точно
98
Население
РАБОТЕН ЛИСТ
Јаболкници Во градината на баба Мара и на баба Јована има по една јаболкница-петровка. Секое лето кај нив доаѓаат нивните внучиња за време на распустот. Така се случило и ова лето. Но, заборавивме да ви кажеме дека двете баби имале различен број внучиња. Баба Мара имала две внучиња, а баба Јована шест. Деца како деца, кога дошле, веднаш тргнале кон јаболкниците, и тоа секое кај јаболкницата на својата баба. За големо чудо, на двете јаболкници имало по еднаков број зрели јаболчиња, и тоа по 12. Секој ученик да напише како ќе им ги распредели јаболката на децата и да го образложи одговорот. а) По колку од зрелите јаболка ќе земе секое внуче од јаболкницата на својата баба? б) Кое од нив доволно ќе се најаде јаболка? ц) Зошто е тоа така? д) Секој ученик да го запише и да го образложи својот заклучок.
99
Население
РАБОТЕН ЛИСТ
Предности на живењето во град или на село
Сакам да живеам во град, затоа што:
100
Сакам да живеам во село, затоа што:
Потрошувачка и отпад Потребите на современиот потрошувач постојано се зголемуваат, а луѓето, свесно или не, постојано го зголемуваат видот на производи и услуги што ги користат. Во денешни услови, постојат неограничени можности за транспорт на производите, што овозможува најразлични производи да доаѓаат од далечни места и да станат дел од секојдневниот живот. Потрошувачкиот пазар е презаситен со реклами за нови производи и услуги. Постепено и одвај забележливо, потрошувачката станува многу важен дел од животот на луѓето, заземајќи голем дел од нивното време и од финансиските средства.
Производството на разни производи и услуги во минатото траело долго и барало многу труд. Луѓето биле свесни за тешкотиите и трошоците што ги придружувале производството, преносот и разнесувањето на призводите. Во минатото, начинот на живеење наложувал чување и грижа за производите, со цел да можат да се употребуваат подолго, за разлика од денес. Во денешно време, најчесто се користат производи за една употреба, што преминува во негативна навика. Затоа денешното општество се нарекува потрошувачко. Кои се последиците од порастот на потрошувачката? • Зголемена потрошувачака на природните богатства и енергија. На пример, количеството руди и минерали што се користат низ светот се удвојува секои 15 години. • Зголемено ослободување на повеќе материи што ги загадуваат воздухот, водата и почвата во животната средина. Отпадот од домаќинствата и од индустријата се собира во отпадни депонии; отпадните води од домаќинствата и од индустријата се испуштаат во реките, езерата и во морињата; а автомобилските издувни гасови и индустриските гасови се испуштаат во воздухот. Основна причина за тоа е зголемувањето на бројот на населението. Моментно се проценува дека населението на Земјата е 7 милијарди луѓе. Во почетокот на 20 век тоа било околу 2 милијарди, а во средината на 21 век се очекува население од 10 милијарди.
101
Потрошувачка и отпад
Сите овие состојби претставуват сериозни предизвици за одржливиот развој на современото општество. Крајно време е луѓето да почнат разумно и свесно да ги употребуваат производите и да ги извршуваат услугите. Луѓето треба да стекнат навика: • Да употребуваат производи што се со повисок квалитет и траење. • Да настојуваат да купуваат производи што се изработени од обновливи материјали и енергија, како и добиени со преработка на веќе искористени предмети. • Активно да ја поддржуваат повторната преработка на предмети и материјали. • Да употребуваат производи што може да се користат повеќе пати. • Да користат обновливи природни богатства и извори на енергија во производствените процеси. • Да изнаоѓаат најдобри начини што не се штетни за природата во однос на превозот и испораката на производите на различни далечини. Суровините стануваат отпад како последица на процесот на производство и потрошувачка. Непотребните меѓупроизводи од производствените процеси се испуштаат директно во воздухот и во водата и тој процес се нарекува емисија. Непотребните производи кои понатаму се обработуваат пред да бидат испуштени се нарекуваат отпад. Кога еднаш е создаден, отпадот може да се користи повторно, да се преработи, може да се запали во посебни фабрики (за да се намали неговата зафатнина) или да се закопа во депонии. Цврст комунален отпад се нарекува домашниот, јавниот и комуналниот смет, значи сето она што е исфрлено по употреба или повеќе не се користи. Во денешното општество, при масовно производство, потрошувачка и пренаселеност, се зголемува количината отпад што секојдневно се создава и природата повеќе не може да го разложи. Затоа основна цел е да се создава колку што може помалку отпад, како и од отпадот да се искористи и употреби колку што може поголем дел. Со повторно враќање на отпадоците во процесот на преработка, постигнуваме заштеда на суровини и енергија и заштита на животната средина. Најчесто во отпадот се среќаваат следниве материјали: хартија, стакло, пластика, метал, растителни остатоци од дворови и паркови, храна, текстил, гума и кожа и други остатоци. Овие материјали, оставени како отпад во депониите, се распаѓаат во различен временски период — од неколку дена (за растителниот отпад) до неколку стотици години (за пластичниот отпад). Управувањето со отпадот опфаќа три основни чекори што треба да се поминат пред некој предмет да се исфрли како отпад. Тие се: намалување, повторна употреба и преработка на отпадот. Овие основни чекори се применуваат за да се намали количината отпад што секојдневно се исфрла во депониите и за заштита на животната средина.
Намалување Сите треба да ја намалиме употребата на производи, а со тоа ќе ги намалиме отпадните продукти во корпата за отпад. Затоа е подобро да се купува во поголеми пакувања. Потоа, треба да се пазари во платнена торба, а не во пластични кеси. Исто така, треба да внимаваме на количината што ја набавуваме, да оцениме колку е доволно за денот или за неделата според потребите, за да не фрламе неискористени продукти или расипана храна.
Повторна употреба Некои производи можат повторно да се употребат за одредена намена и да не се фрлаат веднаш во корпата. Затоа треба да се размисли пред да се исфрли нешто: дали можам повторно да го искористам ова? Треба да бидеме креативни и да смислиме многу нови начини на повторна употреба на искористени предмети, на пример, кутии од чевли за кутии за накит, лименки за кутии за моливи и пенкала. Преработка Преработката е процес при кој искористените предмети (стаклени шишиња, весници и друга хартија, лименки, пластични шишиња) се носат во фабрики, се преработуваат, со цел повторно да се добијат нови производи што можат да се употребуваат. Со ова се овозможува заштеда на природните богатства и намалување на отпадоците во депониите.
102
Потрошувачка и отпад
Дневна подготовка: Создавање отпад
Времетраење Годишно време Место Материјали
Цели
2-3 училишни часа Сите годишни времиња Училница Пластични кеси, заштитни ракавици, стаклено шише, пластично шише, алуминиумска конзерва, весник, парче облека, банана, железо Учениците да: • развијат вештини за набљудување и препознавање на отпадот • разберат како се намалува отпадот
Методи
Дискусија, демонстрација, групна работа, излет
Дел I: Што има во отпадот?
1
Објаснете им на учениците дека денес се троши голема количина енергија и природни богатства создава и толку многу отпад што ги загадува воздухот, водата и почвата. Луѓето создаваат многу отпад, па постои опасност да се затрупаат во него.
2
За да докажете и понатаму да ја истражите оваа изјава, организирајте една од активностите опишани подолу: Пример 1: Кој го загадува училиштето? Излезете во училишниот двор и набљудувајте го отпадот. Кој го создава? Пример 2: Што може да се најде во корпата за отпадоци? Истражете ја корпата за отпадоци во вашата училница.
3
Поделете го отпадот според основниот материјал (на пример, метал, хартија, остатоци од храна, пластика, стакло). Поделете го одделението во пет групи и на секоја група дајте ñ копија од работните листови „Нашиот отпад“. Групите нека го пополнат листот.
4
Покажете им на учениците стаклено шише, пластично шише, алуминиумска конзерва, весник, парче стара облека, лушпа од банана и железен отпадок. Прашајте ги учениците дали сличен отпад се создава во нивните домови, како и за други видови отпад на кој можат да се сетат, а го создаваат нивните семејства.
5
Обрнете внимание на податокот дека некои отпадоци, штом еднаш се наталожени во депонија, никогаш нема да се разградат. Поставете прашања: • Кои материјали нема да се разградат? • Кои материјали ќе се разградат први? • За кои од нив процесот на разградување ќе трае подолго време? • Кои од нив можат повторно да се користат или да се преработат? Организирајте дискусија за активности што би можеле да се преземат за: • стаклени шишиња (собрани, измиени, вратени повторно во употреба); • пластични шишиња (собрани, сортирани, згмечени, спакувани), алуминиумски конзерви (собрани, згмечени за да се намали волуменот, спакувани); • весници, парчиња облека, железо (собрани, спакувани). Помогнете им да увидат дека собирањето и обработката на отпадот бара учество на целото општество, почнувајќи од семејствата, кои можат да го одделат домашниот отпад и да го однесат на специјализирани места за негова преработка.
103
Потрошувачка и отпад
Дел II: Семафор за отпадот
1
Со цел да се поттикнат учениците да размислуваат пред да исфрлат нешто во корпата за отпадоци, применете ја следнава активност. Нацртајте семафор на лист хартија или картон и означете ги трите светла: црвено, жолто и зелено, а во полињата внесете текст. • Црвено светло: Не фрлај, може да се употреби повторно или да се предаде на пункт за откуп и да се однесе на преработка. Зошто фрлаш? • Жолто светло: Размисли дали е отпад или предметот може повторно да се искористи. • Зелено светло: Фрли го отпадот. Не може повторно да се употреби. Поставете го семафорот до корпата за отпадоци и упатете ги учениците да погледнат во семафорот пред да фрлат нешто. Развијте дискусија меѓу учениците: дали навистина предметот треба да заврши во корпата за отпадоци, да се разгледаат можностите и дури на крај, доколку нема друг начин, да се фрли во корпата.
2
Разделете им го на учениците работниот лист „Отпадот дома“ и замолете ги да го истражат отпадот создаден од нивните семејства за една недела. По една недела, побарајте од неколку ученици да ги презентираат пред одделението добиените резултати и да објаснат кои материјали би можеле повторно да се употребат или да се преработат. Дискутирајте колку семејства редовно го сортираат својот отпад.
Дневна подготовка: Фестивал на отпадот
Времетраење Годишно време Место Материјали
Цели
Методи
2-3 училишни часа Сите годишни времиња Училница Картонски кутии, пластични шишиња и чаши, алуминиумски конзерви, стари весници и списанија • Да се поттикне интерес кај учениците за правилно управување со отпадот и повторна употреба на искористени предмети Игра на асоцијации, групна работа, демонстрација, дискусија, презентација, претстава, изложба
Дел I: Фестивал на отпадот
104
1
Учениците нека соберат различни отпадни материјали и предмети — картонски кутии, пластични шишиња и чаши, алуминиумски конзерви, стари весници и списанија и други предмети што би можеле да се употребат за Фестивалот на отпадот.
2
Испланирајте кои активности би можеле да се изведат на таков фестивал (на пример, изложба на скулптури направени од алуминиумски и картонски кутии, изложба на украси и предмети направени од хартиени ленти, парчиња облека или различна пластика; модна ревија со костими направени од отпадни материјали или костими што презентираат разни видови отпад; концерт со учениците, кои ќе создадат оригинални стихови поврзани со отпадот за познати мелодии, поеми и други литературни творби).
Потрошувачка и отпад
3
Подгответе кратка претстава што го прикажува невнимателниот однос на човекот кон проблемот на отпадот. Не заборавајте да додадете елемент на натпреварување во настанот.
4
Внимателно одберете го терминот за организација. Поканете ученици од други училишта, родители и претставници на Општината. Исто така, обидете се да поканите и локални бизнисмени, кои можат да обезбедат симболични награди за победниците. Поканете и новинари, но претходно разговарајте со нив за најдобриот начин на промовирање на Фестивалот на отпадот.
5
Внимателно изберете го местото на настанот. Дозволете секој да може да го види вашиот фестивал и бидете уверени дека по настанот многу луѓе ќе почнат да мислат посериозно за пораките пренесени со фестивалот и со вашите напори.
Дел II: Каков потрошувач сум јас
1
Прочитајте го текстот „Каков потрошувач сум јас?“ во приложениот работен лист. Организирајте ја активноста во паралелката и следете го трошењето на хартијата за одредено време.
2
Дискутирајте со учениците за потрошената хартија во првиот обид при слободно трошење на хартијата и во вториот кога сте ги насочиле разумно да ја искористуваат хартијата.
3
Вежбата може да се изведе и како натпревар меѓу паралелки со наслов „Какви потрошувачи сме ние учениците?“ (за хартија, тетратки, фломастери, блокови за цртање).
Дел III: Акција за собирање стара хартија Предложете учениците да размислат за организирање акција за собирање стара хартија и пластика. Пример за план на акцијата е даден подолу: • Воспоставете соработка со Општината за обезбедување награди. • Објавете го датумот на организираната акција. Повикајте ги луѓето да учествуваат преку: летоци, локални весници, локално радио или ТВ-станици. • Обезбедете картонски кутии што ќе ги користите за собирање пластика и хартија. • На денот на настанот, сфатете го процесот на собирање отпад сериозно. Ако е можно, обезбедете вага и мерете ја масата на она што е донесено и запишете од кого е донесено. Поделете награди. • Објавете ги конечните резултати и одлучете дали да дадете „награда“ за најголем загадувач или за најдобар собирач на отпад. • Не заборавајте — убаво е вашиот настан да биде прикажан во печатот!
Други активности •
За изведба на драмата „Необични гласови“ во приложениот работен лист потребни ви се неколку листови хартија, 2 пластични шишиња, стаклено шише или чаша, канта за отпадоци, кружно исечен картон со слика на планетата Земја, кај ќе служи како маска за улогата. Дискутирајте за впечатоците од текстот и количината и видот на отпадот што се создава во училиштето.
105
Потрошувачка и отпад
ДИЛЕМА
Отпад во кампот Во текот на кампувањето забележувате дека едно семејство си заминува дома без да го собере отпадот околу својот шатор. Што ќе направите? • Веднаш одите кај нив и им објаснувате дека мора да го соберат својот отпад пред да заминат. • Чекате да заминат и потоа вие го чистите нивниот отпад. • Го запишувате регистарскиот број на нивното возило и ја информирате полицијата. • Го информирате комуналниот инспектор во општината. • Ништо, тоа не е ваш проблем. • Нешто друго.
ТЕСТ
Одговорна потрошувачка ТОЧНО НЕТОЧНО
1 2 3 4 5 6 7 8 9
Во денешното општество се троши без мера и грижа за природните богатства. При зголемено трошење производи, користиме помалку природни богатства и енергија. Во денешно време повеќето материјали можат да се преработат. Со повторна употреба на производите се намалува отпадот. Преработката го намалува изворот на природните богатства. Предметите треба да се користат повеќе пати, а не само еднаш. Хартијата и пластиката не можат да се преработуваат. Ако ги фрлиме пластичните шишиња без да ги згмечиме, тие заземаат многу место. Употребата на платнена торба е подобро за животната средина отколку на пластични кеси. Клуч: 1. Точно 2. Неточно 3. Точно 4. Точно 5. Неточно 6. Точно 7. Неточно 8. Точно 9. Точно
106
Потрошувачка и отпад
РАБОТЕН ЛИСТ
Наш отпад
1
Истражете ги основните материјали од кои е создаден отпадот што се наоѓа во корпата за отпадоци во вашата училница. Основни материјали
Број на предмети најдени во корпата за отпадоци
Метал
Хартија
Органски материи
Пластика
Стакло
2
Колкава е масата на отпадот што го создаваат учениците од едно одделение за еден ден?
3
Ако секое одделение во училиштето создава толку многу отпад, колку отпад се прави од сите одделенија во еден ден?
107
Потрошувачка и отпад
РАБОТЕН ЛИСТ
Отпадот дома Истражете го отпадот во вашиот дом, ставајќи големи картонски кутии веднаш до корпата за отпадоци. Означете ги кутиите со следниве наслови: За пластика, метал, хартија, цели стаклени шишиња, картон и други видови пакувања. Замолете ги членовите на семејството да ги собираат овие предмети во кутиите, додека останатиот отпад (отпадоци од храна, скршено стакло итн.) треба да се фрла во корпата за отпадоци како и обично. Продолжете да го одделувате отпадот една недела. Внесете ги податоците во табелата подолу. Собрани материјали
Број на парчиња
Стаклени шишиња
Пластика
Метал
Хартија
Картон
Други пакувања
Други материјали
Име на истражувачот:
Испитувањето започна на:
Број на членови во семејството:
108
Заврши на:
Потрошувачка и отпад
РАБОТЕН ЛИСТ
Каков потрошувач сум јас
Земете одредено количество хартија (топ хартија А4) и кажете им на учениците дека таа ќе служи за цртање, сечење и за општо користење во паралелката. Не спомнувајте им ништо дека хартијата треба да трае подолго и дека учениците ќе треба да ја штедат и да ја користат рационално. Оставете таа да се користи спонтано (на кој како што му треба). Вие како наставник забележете го датумот кога сте ја дале хартијата и следете до кога ќе се користи, односно до кога ќе трае. Можете нацртаната и искористена хартија да ја собирате во една картонска кутија. Откако таа ќе се потроши, кажете им на учениците дека хартија повеќе нема, но вие повторно им давате топ хартија за трошење. Овој пат напоменете им го следново: искористувајте ја хартијата од двете страни, доколку имате потреба за помал лист, преполовете ја хартијата, при сечење и лепење да се искористува секој дел од листот. Едноставно, кажете им на учениците овој пат да бидат повнимателни при трошењето на хартијата. Забележете го датумот кога сте ја дале хартијата на трошење и до кога таа ќе им служи на учениците. Чувајте ги сите изработки на учениците. • Споредете го времето на користење на хартијата (првиот и вториот пат). • Избројте колку изработки има во едната кутија и во другата. • Разговарајте кога пакетот хартија ви трае подолго. • Наведете ги учениците да размислуваат и за останатите постапки кога се во улога на потрошувачи.
109
Потрошувачка и отпад
РАБОТЕН ЛИСТ
Необични гласови Лица: Зоки, Маја, хартијата, пластиката, стаклото и планетата Земја Зоки: Здраво, Маја! Гледам дека и ти си дошла порано. Маја: Здраво, Зоки! Мило ми е што те гледам. Зоки: Што има ново? Како си? Маја: Сî е по старо... (престанува) Молам? Зоки: Што? Што рече? Маја: Јас ништо, но слушнав некои гласови! Зоки: (зачудено) И јас го чув истото. Шшшшшт! Слушај, отпадоците зборуваат! Забележуваш? Маја: Да... Но, како е можно ова!? (зачудено) Ајде да слушнеме што зборуваат!
Хартијата: Леле, леле! Ми се смачи постојано да бидам на истото место, неподвижна и валкана. Веќе една недела лежам на ова место. На никого не му текнува да ме крене и да ме стави во кантата за отпадоци, а потоа да ме преработи. Тогаш би била чиста и корисна. Уф, тешко мене... Кој ли ќе чека една година да се распаднам и да се спасам од овие маки!
Пластиката: Не би требало да се жалиш, една година е ништо! Јас овде стојам вака валкана, изложена на дожд, ветер и снег! Тешко мене. За да се распаднам, треба да чекам пет века! Ееееј, слушаш, петстотини години! Би сакала да се најдам во кантата за отпадоци, па да ме однесат во блиската фабрика за преработување, да ме исчистат и повторно да ме употребат, пак да станам шарена и корисна! Стаклото: Е доста веќе се жалите! Не можам да ве слушам! Барем вас еден ден ќе ве снема! (налутено) А што да кажам јас!? Јас постојано ќе живеам, никогаш нема да се распаднам. Ех, да бев во некоја канта само за стакло, досега сто пати ќе ме преработеа! Воопшто не се чувствувам добро!
Планетата Земја: Престанете веќе еднаш! Зошто мислите само на себеси? Јас постојано сум загадена. Го носам товарот на целиот овој отпад, фрлан со векови наназад, ама станува неиздржливо. Не можам веќе да го поднесам. Ве молам да престанете да се жалите, бидејќи ако се распаднам јас, и вие ќе пропаднете заедно со мене. Ги трошам последните сили...
Маја и Зоки: (се гледаат запрепастено, зачудено, со многу идеи во главата) Маја: Зоки, ајде да направиме еколошка секција. Ајде да ги собереме сите наши другарчиња, да им кажеме што слушнавме и да се фатиме за работа. Да ги собереме овие отпадоци и да ја спасиме нашата драгоцена планета!
110
Општествен развој и животна средина Сите луѓе се дел од едно општество. Животот на луѓето во едно општество е овозможен со низа услови, како што се: храна, дом, работа, забава и многу други нешта. Многу од луѓето се задоволни со начинот на живеење и со тоа што го имаат, но некои не. За да си овозможат подобри услови за живеење, луѓето ги користат природните богатства. Сите активности на човекот, како што се: производство и потрошувачка, користење руди, шуми и води, градење нови згради на слободни зелени површини и друго, имаат сериозно влијание врз животната средина. Да се живее во одржливо општество значи да се бара рамнотежа меѓу луѓето и природата. Ние денес само ги трошиме природните богатства. Користиме вода за пиење, воздух, јаглен и дрва за огрев, земјени површини за патишта и слично, а не сме придонеле за обнова на дрвјата, чиста вода или за чист воздух. Луѓето треба да си постават обврска да се грижат за одржливоста на развојот на самата природа, затоа што таа не може повеќе да дава суровини, а луѓето да не размислуваат за последиците од таквиот начин на искористување. Градењето одржливо општество е долг процес во кој секој поединец треба да придонесува со своето однесување и со постапките во насока на зачувување — одржливост на сите добра на Земјата и живиот свет. Со тоа ќе се овозможи и ние и следните генерации да имаме услови за добар живот и притоа да се зачува природата. Досегашното живеење често предизвикува катастрофи, токму затоа што потребите на луѓето се премногу големи, а природата е исцрпена и уништена. Не смееме да ги трошиме природните богатства без мерка. Треба да размислуваме и за следните генерации да имаат неопходни услови за живеење. Исто така, треба да знаеме дека средината во која живееме има свои граници, кои треба да ги почитуваме. Целиот живот на планетата Земја се одвива во тие граници. Сите организми живеат во рамнотежа. Секое нарушување на рамнотежата доведува до низа катастрофи со големо влијание врз животот на сите организми. Заштитувањето на природата е неопходна за развојот, затоа што тоа обезбедува природни богатства, чиста вода, енергија, воздух и почва. Одржлив развој е развој на општеството што овозможува економски напредок и благосостојба на луѓето, а истовремено заштита на природата и живиот свет.
111
Општествен развој и животна средина
Дневна подготовка: Општествен развој
Времетраење Годишно време Место Материјали Цели
4-5 училишни часа Сите годишни времиња Училница 2 чаши за пиење со различна големина, хартија во боја Учениците да: • разберат дека во природата постои рамнотежа што не смее да се наруши • ги воочат и да ги анализираат негативните причини во непосредната околина што доведуваат до создавање одреден проблем • осознаат дека тешкотиите можат да се надминат преку соработка • разберат дека секој би можел да придонесе за одржлив развој на општеството
Методи
Демонстрација, дискусија
Дел I: Капацитет на носивост (врска меѓу големината на живеалиштето и бројот на единки во него)
112
1
Објаснете им на учениците дека капацитетот на носивост во природата го означува бројот на организми што можат да живеат во едно место. Најважни фактори што го дефинираат капацитетот на носивост се: достапноста до вода, храна, живеалиште и простор. Капацитетот на носивост важи за сите живи организми, иако луѓето можат да се приспособат полесно на ненадејните промени во условите на животната средина. За животните и за растенијата, приспособувањето е потешко. Приспособувањето на организмите во една животна средина се менува во зависност од промените на годишните времиња. Природните несреќи (на пример, поплави, невреме, мраз, вулкани) може многу да влијаат врз активностите на човекот.
2
Еве неколку примери/прашања за врската меѓу големината на живеалиштето и бројот на единки во него: • Прашајте ги учениците дали некој од нив дома има аквариум и дали можат бескрајно да додаваат нови рипки во него. • Колку членови има секое семејство одделно? Има ли случаи во кои бројот на луѓето кои живеат заедно може значително да се зголеми? (големи згради, кампови) Како се чувствуваат луѓето кога живеат во тесен простор? • Што се случува со жителите на влажните области (на пример, мочуришта, бари) откако тие се исушени? Кои од нив тргнуваат во потрага по ново живеалиште, а кои од нив умираат? • Ако луѓето кои живеат во регион со река/езерце одлучат да ја употребат целата вода за сопствени цели (на пример, за пиење, наводнување, индустрија), што ќе се случи со растенијата, животните и луѓето кои живеат покрај реката? Може ли ваквата ситуација да предизвика проблем?
3
Објаснете им на учениците дека животните се селат или умираат. Растенијата обично не можат да се приспособат доволно брзо и умираат. Оваа ситуација е поинаква кај луѓето, бидејќи тие можат да се приспособат многу полесно на новите услови и да се справат со разни тешкотии. И покрај оваа приспособливост, надминувањето на капацитетот на носивост многу често придонесува за проблеми, војна и масовно страдање.
Општествен развој и животна средина
Дел II: Реката тече низводно
1
Објаснете им на учениците дека добро место за живеење е она во кое има доволно храна, вода, чист воздух и засолниште. На овој начин нашите предци размислувале кога одлучувале каде да се населат. На крајот, групните домови — заедници станале села, а селата прераснале во градови. Создадените нови заедници развивале сложени односи и со соседните заедници. Денес, и покрај развојот на модерната цивилизација и највисоките достигнувања на технологијата, добросостојбата и безбедноста на луѓето сî уште зависат од зачувувањето на животната средина и од одржливата употреба на природните богатства. Многу често притисокот и проблемите во различни региони започнуваат од еколошките проблеми.
2 3
Прочитајте ја приказната „Низводно“ од приложениот работен лист. Дискутирајте околу следниве прашања со учениците: •
•
•
•
•
Што е водата во реката? (Природно богатство што им служи и на животната средина и на луѓето што живеат во двете села.) Зошто реката е среќна кога ќе дојде до морето? (Реката била среќна затоа што успевала да им даде еднакво количества вода на сите села низводно за на крајот да се влее во морето.) Од која причина старешината од погорното село предложил изградба на брана? (Поради желбата за подобар и побогат живот. Нема ништо лошо во таа желба, бидејќи природна желба на сите луѓе е да се развиваат и живеат добро.) Какви грешки направиле луѓето од погорното село? (Тие одлучиле да го искористат скоро целото водно богатство без да водат сметка за потребите на луѓето во долното село, што довело до сериозни последици.) Кои се последиците? (Исчезнување на животни и растенија, намалување на приносите, сечење на шумата, осиромашување и селење на луѓето од подолното село, проблем меѓу двете села, загуба на пријателските односи и традиции.)
Организирајте ги одговорите од учениците следејќи го примерот: • Состојба — вода (природно богатство); нејзината употреба била урамнотежена, еднакво користена од сите • Промена — старешината решава да изгради брана • Причини — желба за развој и подобар живот на горното село • Грешки — не се водело сметка за потребата на животната средина и за луѓето во подолното село • Последици — загуба на растенија и животни, осиромашување на луѓето, преселба и караници.
4
Заклучете дека кога се донесуваат важни одлуки, можно е да се повредат различни, и прилично често, спротивни интереси. Последиците не можат секогаш лесно да се предвидат и многу често доведуваат до сериозни проблеми. За да се избегнат компликации и критични ситуации, сите причини и последици треба да се разгледаат однапред. Тоа не е лесно и често се потребни време, трпение и заедничка почит.
5
Кажете им на учениците да разговараат со своите родители за приказната „Низводно“. На следниот час, замолете ги учениците да ги донесат своите предлози за решавање на проблемите.
6
Однапред разделете копии од приказната „Кој е посилен?“ во приложениот работен лист. Замолете ги учениците да најдат решенија за судири што можат да се засноваат на главната идеја во приказната.
113
Општествен развој и животна средина
Дел III: Рамнотежа
1 2
Објаснете дека луѓето се дел од природата и дека развојот на општеството отсекогаш зависел од животната средина. Објаснете дека ќе се потрудите да го следите начинот на кој се променил односот меѓу природата и човекот со сликовит приказ на „вага“ во природата. Нацртајте на таблата вага, како што е покажано на текстот подолу. Најпрво напишете ги врските меѓу луѓето и природата во почетокот на историјата на човековото општество: Природата обезбедува: • Воздух, вода, почва • Растенија, животни • Природни богатства, енергија
Активности на човекот: • .................................................... • .................................................... • ....................................................
Рамнотежа •
• •
Луѓето собирале овошје и зеленчук, одгледувале растенија, ловеле и припитомувале животни, собирале дрво за огрев и живееле во домови кои биле едноставно изградени. Напишете ја оваа информација во десната колона. Разговарајте за населението во блиското минато (откако има технолошки развој) и за тоа каква технологија имале луѓето тогаш. Дискутирајте дали општествата во минатото ја нарушувале рамнотежата меѓу луѓето и природата.
Заклучете дека во минатото активностите на луѓето не можеле да ја нарушат рамнотежата на природните системи.
3
На сличен начин анализирајте ги природните богатства и активности на човекот во современото општество. Учениците ќе знаат од претходните лекции дека воздухот, водата, почвата, растенијата и животните не се промениле многу. Луѓето, до некаде, ја развиле својата способност да користат нови суровини и материјали. Од друга страна, активностите на човекот (на пример, ископувањето, развојот на индустријата и транспортот, производството на енергија за добивање електрична струја и затоплување, сечењето на шумите, сушењето на мочуриштата, копањето канали, риболовот и ловот на големо) стануваат бескрајни. Напишете ги овие информации на во десната колона. Дискутирајте за начинот на кој населението се променило во последниот век, додавајќи повеќе информации за новите технологии што се воведуваат во модерното општество и просечниот стандард на живеење. Одлучете дали сî уште може да се надеваме дека постои можност вагата да се одржува во рамнотежа.
Дел IV: Како да одговорите на предизвикот
114
1
Кажете им на учениците дека брзиот развој на современото општество предизвикува појава на многу сериозни проблеми, како што се климатските промени, загадувањето на живатната средина и изумирањето на бројни видови. Решавањето на овие проблеми е важно, но тоа не може да го постигне само една држава, институција или една личност.
2
Кажете им на учениците дека ќе играте игра што ќе им покаже како да пристапат до проблемите за да ги решат. Замолете доброволец да ја прочита приказната „Предизвик“ во приложениот работен лист. Можете како алтернатива да организирате претстава со улоги, избирајќи доброволци кои ќе ги играат улогите на лицата од приказната.
Општествен развој и животна средина
3 4 5
Прашајте ги учениците како се чувствувале додека глумеле. Што им оставило најголем впечаток. Направете споредба меѓу приказната и можностите на современото општество да ги реши сериозните проблеми. Распределувајќи ги новите улоги на ваков начин, повторно одиграјте ја претставата во која предизвик претставува еден посебен глобален проблем (на пример, климатска промена, загадување на водата, почвата). Донесете заклучоци за важноста на секој учесник и за потребата да се обединат напорите во решавање на проблемите. Забележете дека една заедничка причина ги обединува сите што се засегнати, а тоа е заштитата на животната средина.
Дел V: Денес ние ја позајмуваме природата од нашите деца
1 2
Кажете ја древната поговорка — Ние ја позајмуваме природата од нашите деца. Дискутирајте за нејзиното значење.
3
Замолете ги учениците да нацртаат слика на тема „Земјата за сто години“ и да ги претстават своите очекувања и идеи за животот во иднина. Организирајте изложба и дискусија за сликите.
Во контекст на поговорката, дискутирајте за одговорноста на секоја генерација кон следната. Обидете се да го илустрирате тоа преку давање примери поврзани со вашиот град или село и со животната средина (промена на околината, состојбата на водата во блиската река или езеро, заканите за посебните видови животни и растенија итн.).
Дел VI: Како можам јас да помогнам?
1
Потсетете ги учениците дека секој е одговорен за решавање на проблемите со кои се соочува современото живеење. Кажете им дека од најголема важност е секој од нив да одговори на прашањето: што би можел да направам јас за да помогнам за одржливиот развој на општеството? За таа цел, нацртајте на табла стебло на листопадно дрво во зима, без лисја, и разделете неколку листа хартија во боја кои претходно се исечени во форма на лисја. Замолете ги малку да размислат во групи и да напишат на секој лист нешто што тие би можеле да го направат за да го подобрат животот во заедницата. Притоа, треба да внимаваат да не предизвикаат штета за човековото здравје или за животната средина. Потсетете ги учениците на активностите поврзани со нивната работа од претходните часови (на пример, садење дрво, грижа за цвеќињата и животните, штедење енергија и вода, прошетка, велосипед, чист училиштен двор, сортирање и рециклирање на отпадот).
2
Сите групи наизменично ги презентираат своите идеи и ги закачуваат своите „лисја“ на гранките од дрвото. На крајот од оваа активност, резултатот ќе биде прекрасно шарено дрво создадено преку здружените напори на одделението.
Дел VII: Игра — Авиони за одржлив развој
1
Учениците се делат на две групи и седнуваат на столчиња едни спроти други во две паралелни редици, оддалечени неколку метри. Секој ученик прави авионче од хартија и на него со фломастер испишува порака што содржи: што им посакувам или порачувам на другите деца на Земјата за природата, водата, почвата, воздухот, семејството, дружењето, храната и др. Наставникот треба да ги поттикне учениците да размислуваат со прашање: што е неопходно и важно за сите нас, за животот на Земјата и што ќе им порачате на децата од другите делови на светот?
115
Општествен развој и животна средина
2
Секој ученик пишува сам. Пример: Водата е неопходна и треба да ја чуваме! Го фрла авионот кон другата група, а ученик отспротива го фаќа и чита на глас. Го коментира или додава уште нешто на листот и потоа го фрла кон групата, но го фрла и својот авион. Останува без авион, чекајќи да слета следен. Двајца ученици од другата група ја продолжуваат постапката, со фрлање два авиона. Истата постапка се повторува. Во еден момент наставникот го означува крајот на играта и пребројува колку авиони има секоја група. Доброволци ги читаат пораките на глас и можат да ги запишат запишат на табла.
3
Целта на играта е на креативен начин да се поттикнат учениците да даваат идеи, да дополнуваат идеи за природата, живиот свет, начинот на живеење и да се дружат. Авионите остануваат за спомен кај секој ученик или можат да бидат закачени сите на една табла, видливи и за други ученици.
Други активности •
116
Направете календар за животната средина, при што во секој месец ќе ги забележите деновите кога се одбележуваат празници за животната средина, ваши еколошки училишни активности, излети во природа. Можете да ставите и слики од вашите активности или од растителни и животински видови. Календарот можете да го направите на хартија и хамери, при што ќе ги исцртате сите месеци со табела на деновите во месецот и ќе внесувате во празните полиња. Исто така, можете да го направите тоа и електронски и на компјутер.
Општествен развој и животна средина
ДИЛЕМА
Шумска кражба Се шетате низ шума и здогледувате некој познајник како незаконски сече дрва за огрев. Еден час подоцна, кога ја напуштате шумата, го среќавате шумарот, кој ве прашува дали сте виделе некој како сече дрва. Што ќе направите? • Ќе кажете дека не знаете ништо и не сте виделе никого. • Ќе признаете дека знаете кој го сторил тоа. • Ќе му кажете на шумарот дека сте слушнале некого во спротивната насока. • Нема да му кажете ништо, но подоцна ќе му се јавите со информации, без да го кажете своето име. • Нема да му кажете на шумарот ништо, но ќе му кажете на познајникот дека сте му лути. • Нешто друго.
ТЕСТ
Одржлив развој ТОЧНО НЕТОЧНО
Најважни фактори што ја создаваат врската меѓу големината на живеалиштето и бројот на единки во него се вода, храна, засолниште и доволно простор. Врската меѓу големината на живеалиштето и бројот на единки во него важи за сите живи суштества, освен за човекот. На животните и на растенијата им е потешко да се приспособат на големи промени во животната средина отколку на луѓето. Активностите на човекот не влијаат врз врската меѓу големината на живеалиштето и бројот на единки во него во природната средина. Денес многу често притисоците и судирите доаѓаат заедно со проблемите во животната средина. Сите се одговорни за одржувањето чиста животна средина. Кога луѓето велат: ние ја позајмуваме природата од нашите деца, мислат дека децата треба повеќе да работат во градината. Децата не треба да се грижат за животната средина. Возрасните се грижат за сî. Одговори: 1. Точно 2. Неточно 3. Точно 4. Неточно 5. Точно 6. Точно 7. Неточно 8. Неточно
1 2 3 4 5 6 7 8
117
Општествен развој и животна средина
РАБОТЕН ЛИСТ
Низводно Порано имаше една длабока немирна река што извираше во планината како мал поток. Потокот течеше низ планинските пасишта, уживајќи во погледот на огромните стада овци, кози и крави. Потоа потокот поминуваше низ една голема шума, давајќи им патем дел од својата вода на дрвјата, растенијата и на животните. Други потоци и поточиња му се придружуваа и на крајот тој излегуваше од шумата како голема и длабока река која мирно стигнуваше до долината. Минуваше низ полињата и ливадите и нејзините води беа дом на многу риби и на други речни суштества. Откако ќе направеше многу добри дела на своето долго патување, на крајот реката се среќаваше со морето и се влеваше среќно во него. Имаше едно село на горниот тек на реката, чии жители го пасеа својот добиток, ловеа или собираа секакви плодови. Имаше уште едно село во долината, чии жители ги сееја и жнееја своите полиња, одгледуваа добиток и ловеа риби во реката. Понекогаш одеа на лов во шумата. Селаните беа среќни. Понекогаш тргуваа меѓу себе. Се посетуваа, се гоштаваа и ги венчаваа своите синови и ќерки со оние од другото село. На тој начин, двете села живееја во мир и среќа сî до денот кога градоначалникот од погорното село не предложи поставување брана на реката. „Ако зачуваме повеќе вода од реката — им рече тој на луѓето — ќе можеме да одгледуваме повеќе стока. Ќе изградиме мала електрична постројка што ќе ги движи нашите пилани. Ќе живееме подобро и ќе напредуваме“. Селаните се согласија и поставија брана на реката, оставајќи само мал дел од нејзината вода да тече низводно. Тие го зголемија бројот на своите стада и наскоро повеќе дрва беа потребни за обработка во пиланите. Промените брзо беа забележани во подолното село. Водата што стигнуваше во нивните полиња и пасишта не беше доволна. Посевите на нивите исчезнаа и риба имаше сî помалку и помалку. Помалку животни и плодови можеа да се најдат во шумата. Луѓето од подолното село стануваа сî посиромашни. Дружбата меѓу луѓето од двете села престана и заедничките гозби повеќе не се организираа. Некои млади луѓе од подолното село заминаа, селејќи се насекаде, барајќи подобар живот. Меѓу оние што останаа, некои се скараа со луѓето од погорното село. На тој начин, среќата и мирот беа протерани од двете села.
118
Општествен развој и животна средина
РАБОТЕН ЛИСТ
Кој е посилен? Многу одамна Сонцето и Ветерот биле најдобри пријатели. Тие среќно си играле, но, исто така, биле и многу горди. Еднаш се скарале за тоа кој е посилен. „Кога јас ќе почнам да дувам во шумата — рекол Ветерот — ги виткам дрвјата и ги тресам нивните лисја. Јас сум посилен“. „Кога јас ја загревам земјата – рекло Сонцето – го топам снегот и ја претворам водата од езерата и од реките во пареа“. Така тие долго се карале, но никој не сакал да признае дека другиот е посилен. Одеднаш забележале човек во полето, кој брзал по патот. Човекот носел дебело кожено палто. „Ајде да ги измериме силите!“, предложил Ветерот. „Оној што ќе успее да го натера човекот да го соблече своето палто, тој е посилен“. „Ти си на ред!“, се согласило Сонцето. Ветерот прв ја пробал својата сила. Се нафрлил врз човекот дувајќи бесно, обидувајќи се да влезе под палтото на човекот за да го оддува. Човекот го држел своето палто цврсто околу себе, ја наведнал главата и продолжил да оди низ полето. Ветерот дувал и дувал, но не можел да го соблече палтото на човекот. Набрзо Ветерот се изморил и отстапил засрамено. Потоа било ред на Сонцето. Тоа почнало да се смее и ги испратило своите топли зраци над човекот. Човекот продолжил да оди сî додека не се испотил. Тогаш го избришал челото и полека го соблекол своето палто. Го префрлил преку рамото и продолжил да оди. Така Сонцето и Ветерот ја завршиле својата расправија. Ветерот разбрал дека една топла насмевка е посилна од сето дување на светот. Истото тоа може да се случи и во животот: една топла насмевка и љубезен збор може да постигнат повеќе од силата.
119
Општествен развој и животна средина
РАБОТЕН ЛИСТ
Предизвик
Малиот Јане живееше во населба до блиската шума. Секојдневно си играше во прекрасната шума и другаруваше со нејзините жители. Но, еден ден Јане слушна чуден глас што го повикуваше. Помисли дека верверичката го повикува на игра. Но, овој пат на нејзиното лице тој забележа вознемиреност и тага. Верверичката му даде знак да ја следи и двајцата се упатија по тесната патека. По кратко време пред нив се појави страшна глетка. Огромен куп смет, шут, отпад. Јане се вчудовиди. Знаеше дека мора брзо да реагира. Сакаше да го направи тоа сам, но сфати дека не е возможно. Се стрча по своите родители. Понесоа количка и лопати и дојдоа до купот. Но, кога видоа дека има многу отпад и не ќе можат сами да го исчистат, решија да ги повикаат соседите. Дојдоа и тие и со себе понесоа пластични вреќи. Работеа сложно, а на работата и немаше крај. Тоа не беше доволно. Затоа решија да повикаат еколошко здужение кое сигурно ќе им помогне. Кога слушнаа за што станува збор, тие веднаш дојдоа и се вклучија во акцијата. Чистеа сите заедно и работата навистина даде резултат. Но, на крајот се појави проблем каде, како и со што да се префрли отпадот. Проблемот можеше да го реши само комуналната служба на нивната општина. На крајот, со специјално возило дојдоа претставници од општината, го натоварија насобраниот отпад и го однесоа на соодветното место. Тие поставија и табли како потсетување за забрането фрлање отпад во шумата.
120
Општествен развој и животна средина
РАБОТЕН ЛИСТ
Календар за животната средина 2 Февруари • Светски ден на мочуриштата Овој ден се слави од локалните заедници низ светот, кои ја промовираат јавната свест за вредноста и функцијата на мочуриштата за животната средина и за луѓето.
21-28 Март • Денови на пролетта денови на екологијата Се одржуваат активности, како што се садење дрвја и истакнување на потребата од зголемување на зелената покривка.
22 Март • Светски ден на водата Одлуката да се прославува овој ден е донесена неодамна, бидејќи изворите на вода за пиење брзо се исцрпуваат. Светот мора да стане свесен за овој проблем и да почне да ја штеди водата.
7 Април • Светски ден на здравјето Светската здравствена организација (СЗО) е основана на овој ден во 1948 година. Во животната средина, која се менува околу нас, здравјето станува значајна тема.
22 Април • Ден на планетата Земја Во 1970 година, група луѓе во САД се собрале за да го привлечат вниманието на светот кон проблемите предизвикани од модернизацијата. Оттогаш овој ден се прославува низ целиот свет како Ден на планетата Земја. 14 и 15 Мај • Меѓународен ден на птиците-преселници Овој ден ја поддржува заштитата на птиците и ја зголемува свеста за птиците преку набљудување на птици, давање информации за птиците и нивното преселување, јавни настани и различни други образовни програми.
22 Мај • Меѓународен ден на биолошката разновидност Меѓународниот ден на биолошката разновидност е прогласен од страна на Обединетите нации за да се зголемат разбирањето и свеста за темите од областа на биолошката разновидност.
121
Општествен развој и животна средина
РАБОТЕН ЛИСТ
Календар (продолжува) 5 Јуни • Светски ден на животната средина На овој ден во 1972 година, била одржана Стокхолмската конфереција за човековата околина во Шведска. Имало голем број учесници од целиот свет и луѓето ја изразиле својата загриженост за зголемениот број проблеми во животната средина. 17 Јуни • Светски ден за борба против опустинување Овој ден се слави секоја година и неговата цел е да се истакне итната потреба да се забави процесот на опустинување (ширење на пустината) и да се насочи вниманието кон сериозните прашања во врска со сувите земјишта на меѓународната агенда за животна средина.
16 Септември • Светски ден за заштита на озонската обвивка Обединетите нации го прогласија овој ден за Меѓународен ден за зачувување на озонската обвивка. Тоа е денот кога е потпишан Монтреалскиот протокол.
28 Септември • Ден на зелената потрошувачка Проблемот на потрошувачката и нејзиното влијание врз животната средина е област што претставува главна грижа во денешниот свет. Треба сериозно да се сфати важноста на рециклирањето и повторната употреба и да се изгради свест кај луѓето за тоа. Првиот понеделник во октомври • Светски ден на живеалиштето Првиот понеделник во октомври е Светски ден на живеалиштето за да се одрази состојбата на човековите населби и да се укаже на основните права за еднакво засолниште за сите. Луѓето го делат светот со сите живи суштества, па така нашиот свет е и нивни свет. 4 Октомври • Светски ден на животните На овој ден, групите за заштита на животните, резерватите и поединци низ целиот свет одржуваат посебни настани за да ја подигнат свеста на јавноста за прашањата на животните и да ги охрабрат луѓето да размислат како ние како луѓе се однесуваме кон животните. 11 Декември • Меѓународен ден на планините Планините се важни за животот. На овој ден ги истакнуваме можноста и ограничувањата во планинскиот развој и градењето партнерства што ќе донесат позитивна промена за светските планини и планински места.
122
Здрав начин на живеење Kaj здравиот начин на живеење сите фактори треба да функционираат во рамнотежа. Многумина сметаат дека само исхраната е битен фактор за здрав начин на живеење. Но, не е така. Многу фактори се битни за одржување здрав избалансиран живот. Да споменеме некои и од другите услови: • Здрава храна (наспроти брза храна) • Спорт • Одмор (здрав сон) и разонода • Читање корисна литература • Дружење — комуникација или друштвени игри на улица • Семеен ручек и разговор • Позитивен и одговорен однос кон домашните миленици • Ментална хигиена (развивање позитивни мисли)
Храна е сето она што се консумира секојдневно — сето она што се јаде и се пие. Многу е важно каква храна се јаде. Пред сî, таа треба да биде разновидна, добро одбрана и притоа треба да се јаде храна и од животинско и од растително потекло. Многу е важно храната да биде свежа, да содржи разновидни хранливи состојки, да заситува и да биде распоредена во неколку дневни оброци. Храната што ја консумираме не смее да содржи хемикалии, како што се конзерванси и други додатоци. Здравата исхрана е навика што треба да ја градиме од најмала возраст. Наспроти здравата храна, таканаречената брза храна (фаст фуд) дава спротивни ефекти кои негативно се одразуваат на целокупниот организам и на неговиот развој. Храната е повкусна кога ја споделуваме со блиски луѓе. Семејниот ручек е важен за хармоничен семеен живот.
123
Здрав начин на живеење
Спорт За здрав начин на живеење придонесуваат физичките активности и спортувањето. Добро е денот да се започне со утринска гимнастика, но важно е во текот на денот да се вршат и други физички активности. Се препорачуваат пешачење, движење и игра со врсниците на игралиште, минувајќи го слободното време во дружење, возење велосипед или ролерки, играње со топка, криенка, одбојка, кошарка, брканица и сл. Наспроти ваквиот активен начин на живеење, децата сî повеќе седат пред компјутер или пред ТВ-екраните. Долготрајното неподвижно седење предизвикува разни деформитети на телото, а потоа и ослабен вид, осаменост, отуѓеност.
Хигиена Здравиот начин на живеење подразбира и редовно одржување на хигиената. Хигиената претставува одржување на чистотата на телото и на просторот во кој живееме, работиме, учиме, другаруваме. Личната хигиена претставува одржување на чистотата на целото тело. Редовното бањање и туширање, како и миењето коса се дел од тоа. Составен дел на личната хигиена е и носењето чиста и испрана облека и обувки. Да се потсетиме дека миењето раце пред секој оброк е задолжително, како и миењето и четкањето заби по секој оброк. Просторот во кој престојуваме треба да биде чист и редовно да се проветрува. Исто така, треба да ги одржуваме чисти и училишниот двор, игралиштето и целокупниот простор во нашата поширока околина. Покрај здравата исхрана, треба да се спомене и внатрешната (менталната) хигиена, која подразбира позитивни и здрави мисли.
Одмор По долга и напорна работа, на секој организам му е потребен одмор. Затоа е препорачливо по секоја работа (физичка или психичка), да следува одмор. Исто така, многу е важно во текот на неделата да се најде време за прошетки во природа, другарување, возење велосипед, рекреација, дружење со пријатели и друго. Ова другарување е дел од разонодата. Секој човек ја доживува разонодата на свој начин, па така секој има свое хоби (да чита, да патува, да собира предмети и слично). Разонодата му помага на човекот да си го исполни животот со убавина, среќа и со пријатни мигови. Дел од одморот треба да се искористи за читање книги. Изборот на книги и воопшто на литература зависи од интересот на секој читател. За здраво живеење, исто така, на организмот му е потребен здрав и мирен сон. Препорачливо е сонот да трае околу осум часа.
Дружење Дружењето е составен дел од живеењето на секој човек. Човекот живее опкружен со своето семејство, пријатели, соседи. И во текот на својата работа соработува со другите и постигнува поголеми успеси. Но, и во другите сегменти од животот човекот има потреба да биде со други луѓе. Покрај дружењето и соживотот со други луѓе, човекот има потреба да одгледува домашни миленичиња. Кога едно дете чува домашно милениче, треба да знае дека е одговорно за него, за неговата исхрана, хигиена, здравје и друго. За возврат, миленичињата покажуваат голема приврзаност, љубов и верност кон тој што ги одгледува.
124
Здрав начин на живеење
Дневна подготовка: (НЕ)здравите навики на семејството
Времетраење Годишно време Место Материјали
Цели
1-2 училишни часа Сите годишни времиња Училница Приказна: „(Не)здравите навики на семејството Здравевски“, работни листови: „Листа на совети“, „Семејството Здравевски низ слики и цртежи“ Учениците да: • се запознаат со здравиот начин на живеење • ги препознаваат нездравите навики на исхрана и живеење
Методи
Дискусија, игра, решавање дилеми
Дел I: (НЕ)здравите навики на семејството Здравевски (дискусија) Поделете им ја или прочитајте им ја на учениците приказната за семејството Здравевски. Разговарајте со нив за позитивните и за негативните навики што ги практикува ова семејство. Прашајте ги дали препознаваат некој близок пријател или сосед во оваа приказна.
Дел II: Листа на совети (дискусија) По читањето на приказната и дискусијата, на учениците поделете им го работниот лист „Листа на совети“. Упатете ги децата дека тие се сега во улога на лекар или советник, кој ќе треба да состави листа на совети и препораки што ќе доведат до промена на вообичаените секојдневни навики и начинот на живеење на семејството Здравевски.
Дел III: Семејството Здравевски низ слики и цртежи (вежба) Изработете стрип што ќе биде упатен до семејството Здравевски, а ќе се однесува на здравиот начин на живеење и на добрата комуникација меѓу неговите членови. Претставете неколку ситуации што ќе им помогнат на родителите да увидат како треба правилно да се грижат за своите деца за да им овозможат здрав начин на живеење. Притоа, користете го работниот лист „Семејството Здравевски низ слики и цртежи“, кој ќе ви помогне да ги претставите овие ситуации, но, се разбира, можете да додадете и свои идеи.
Други активности •
•
Направете копии од работниот лист „Здрав живот“ и поделете му по една копија на секој ученик. Во полињата почитувам/не почитувам учениците ќе треба да пишуваат исклучиво за своите животни навики. Настојувајте учениците да бидат искрени, затоа што само така ќе добијат вистинска слика за својот начин на живеење. Доколку некои од правилата не ги почитуваат, разговарајте со нив за тоа како ќе ги поправат навиките. Новите одлуки нека ги запишат во последната колона. Замолете ги учениците да го однесат дома работниот лист пополнет на овој начин и да разговараат со своите родители околу тоа. По извесен период, прашајте ги учениците дали ги применуваат своите одлуки. Развијте дискусија со учениците за понудената дилема. Претставените решенија од учениците запишувајте ги на табла.
125
Здрав начин на живеење
Дневна подготовка: Моето седумдневно мени
Времетраење Годишно време Место Материјали Цели
Една седмица Сите годишни времиња Дома и на училиште Работен лист „Моето седумдневно мени“ Учениците да: • воочат каква храна консумираат во текот на една седмица • направат разлика меѓу двата вида храна • се запознаат со здрава храна и со правилна исхрана
Методи
Дискусија, практична работа, метод на следење, работа со податоци, презентација
Дел I: Неделно мени
1
Ископирајте го работниот лист „Моето седумдневно мени“ и поделете го на учениците. кашете ин да запишуваат што јаделе во текот на една седмица. По една седмица, учениците ги носат работните листови. Наставникот бара доброволци кои ќе сакаат да прочитаат со што се хранеле во текот на изминатата седмица, а останатите ученици внимателно следат и слушаат за да можат да се вклучат во дискусијата. Тие даваат свои коментари за тоа кој од соучениците се хранел здраво.
2
По читањето на работните листови, секој ученик самостојно треба да пристапи кон анализирање на сопствениот начин на исхрана. Со зелен фломастер или боичка да го заокружи тоа што припаѓа во здрава храна, а со црвен фломастер или боичка да го пречкрта тоа што е нездрава храна. Потоа, секој треба да ги преброи зелените и црвените полиња и на тој начин самиот да процени како се храни. Ученикот кој ќе има најмногу зелени полиња може да биде истакнат како пример пред останатите ученици.
3
На истиот час наставникот може да повика и стручно лице (педијатар, нутриционист и слично). Ова лице може да помогне за полесно препознавање на здравата и нездравата исхрана, а притоа и да дава совети и објаснувања за потребата и важноста од здравата исхрана како еден од основните предуслови за здрав и правилен развој и растење.
Дел II: Игра — Што треба да јадам?
126
1
Целта на оваа игра е учениците да научат и да ја разберат потребата од внесување разновидна храна во доволни количества за здрав и правилен развој. Потребни се: два листа плакатна хартија, маркери, сликички – исечоци од списанија на различна храна, селотејп/лепило
2
Наставникот ги лепи трите листа хартија на табла и ги означува:
3
Поведува разговор со учениците за храната и ги потсетува на нејзината поделба. Ги замолува учениците да ги донесат сликичките на катедрата, а потоа добро ги меша. Секој ученик поединечно извлекува по една сликичка и сам определува на кој лист би требало да биде залепена. На крајот, листовите хартија може да се истакнат во истражувачкото катче во училницата.
• •
здрава храна брза храна (нездрава)
Здрав начин на живеење
ДИЛЕМА
Прошетка Заедно со своето другарче тргнуваш на прошетка до блиската река. Но, во тој миг небото се стемнува и започнува да врне силен дожд. Веднаш треба да решите што ќе преземете: • Ќе се вратите дома и ќе ја одложите прошетката за некој друг ден. • Ќе го поканиш другарчето на гости за да играте на компјутер или да гледате ТВ. • Ќе се скриете во блиското засолниште и ќе разговарате. • Ќе земете чадори и, сепак, ќе ја направите прошетката. • Нешто друго.
ТЕСТ
Колку здраво живееш ТОЧНО НЕТОЧНО
Здравиот начин на живеење не е важен за животот на човекот. За да бидеш здрав, треба да јадеш разновидна храна. Храната треба да се внесува преку неколку умерени оброци. Прејадувањето е многу штетно за здравјето. Наместо да спортуваш, подобро е да седиш два-три часа пред компјутер. Само редовното бањање спаѓа во лична хигиена. Сонот е потребен за одмор на човекот. Грижата за домашните миленичиња е обврска само на родителите. Човекот може да живее сам, без другите. Клуч: 1. Неточно 2. Точно 3. Точно 4. Точно 5. Неточно 6. Неточно 7. Точно 8. Неточно 9. Неточно
1 2 3 4 5 6 7 8 9
127
Здрав начин на живеење
РАБОТЕН ЛИСТ
(НЕ)здравите навики на семејството Мартин и Мартина се близначиња во семејството Здравевски. Нивните родители беа многу загрижени за нив. Тие ги исполнуваа сите нивни желби и барања. Кога одеа во продавница, децата одлучуваа што ќе се купи. Така торбите беа полни со најразновидни чипсови, чоколади, сокчиња, бонбони, лижалчиња, гумени бонбони и наполитанки и што ли уште не. Дома Мартин и Мартина седнуваа пред компјутерот или телевизорот и со часови остануваа пред нив грицкајќи од купените работи. Ова беше секојдневието на двете деца. Кога нивните другари ќе ги повикаа на игра и дружење, Мартин и Мартина никогаш не одеа. Често ги посетуваа пријателите на своите родители, каде што пиеја газирани пијалаци. Таму се задржуваа до доцна во ноќта, па легнуваа по полноќ. Наутро беа нервозни, недоспани и уморни, а за време на часовите беа заморени и немаа концентрација. За време на одморите тие често се караа со своите врсници. Наставничката го забележа ова однесување кај двете дечиња и веднаш ги повика нивните родители. По долгиот разговор, родителите сфатија дека нивните деца не се развиваат правилно. Затоа отидоа на лекар и побараа помош. Лекарот ги замоли родителите да раскажат што јадат нивните деца, колку време поминуваат во учење, а колку во играње, забава, прошетки и разонода, колку пати неделно спортуваат и колку време во текот на денот поминуваат пред ТВ и компјутер. По објаснувањето, лекарот им ги дал следниве совети:
Мора да го смените начинот на исхрана кај вашите деца, а тоа е ...
Веднаш да ги запишете на c ...
Трето
Четврто
Петто
128
Здрав начин на живеење
РАБОТЕН ЛИСТ
Семејството Здравевски низ слики и цртежи Во продавница:
Семеен ручек:
Училишна ужинка:
Игра со другарчињата:
Прошетка во парк:
Собата на Мартин и Мартина:
129
Здрав начин на живеење
РАБОТЕН ЛИСТ
Здрав живот За здраво живеење треба да ги почитувам следниве правила
Често јадам зеленчук и овошје:
Одбегнувам да јадам грицки, бонбони и слатки:
Често пешачам:
Спортувам:
Одам пеш до училиште и назад:
Пред компјутер поминувам помалку од еден час дневно:
Во слободно време често играм разни игри со моите другари на отворено:
Навечер навреме легнувам да спијам:
130
Почитувам
Не почитувам
Како ќе ги поправам навиките
Здрав начин на живеење
РАБОТЕН ЛИСТ
Здрав живот (продолжува) За здраво живеење треба да ги почитувам следниве правила
Почитувам
Не почитувам
Како ќе ги поправам навиките
Мојот сон трае осум часа
Имам свое хоби
Сакам да читам книги
На телевизија гледам само емисии соодветни на мојата возраст
Барем еднаш неделно јас и моето семејство одиме на прошетка во природа
За сите мои случувања и проблеми се советувам со моите родители
Моите работи и собата си ги средувам сам
По часовите, разговарам со моите родители за тоа како ми поминал денот и имало ли некој проблем
131
Здрав начин на живеење
РАБОТЕН ЛИСТ
Мојата исхрана Појадок
Понеделник
Вторник
Среда
Четврток
Петок
Сабота
Недела
132
Ужина
Ручек
Ужина
Вечера
Климатски промени Време Bременските прилики се моментални појави на сонце, облаци, дожд, снег, ветер. Може да има и различни временски прилики (промена на времето) во текот на еден ист ден или во една иста седмица. Климата претставува комбинација на одредени временски услови во еден регион во текот на подолг временски период. Обично велиме дека еден одреден регион има сува или влажна клима, а тоа зависи од повеќе фактори, како што се релјефот (планините, долините, реките), надморската височина, близината на море итн. Овие фактори директно влијаат врз просечната температура и количеството врнежи. Климата во одреден регион условува кои животни и растенија ќе живеат таму. Од климата, исто така, зависи со што ќе се занимава населението, каква храна ќе јаде, какви ќе бидат домовите и многу други работи. За разлика од времето, кое може да се промени и само за неколку часа во текот на денот, за промена на климата се потребни стотици години. На планетата Земја климата постојано се менувала. Но, за разлика од минатото, кога таа промена била исклучиво природен процес, денес климатските промени се случуваат и како последица на активностите на човекот (напредок на технологијата, изградба на голем број фабрики, масовно производство, механизирано и интензивно замјоделство и слично). Она што ги загрижува сите е брзината со која се менува климата, т.е. климатските промени, за кои во минатото биле потребни илјадници години, а денес се случуваат за помалку од сто години. Што е уште поважно — тие промени се сî поголеми и сî повеќе се чувствуваат, а тоа се: многу пожешки лета и многу постудени зими, кратки пролет и есен, силни ветрови, урагани, поплави и суши (ширење на пустините) и друго, кои ги погодуваат сите делови на светот.
Глобално затоплување Сите мерења покажуваат дека температурата на површината на Земјата постојано расте. Тој процес е наречен глобално затоплување кое, пак, предизвикува промена на климата во целиот свет. За да се разберат причините што го предизвикуваат глобалното затоплување, треба да се разбере ефектот на стаклена градина. Но, прво да се потсетиме дека планетата Земја е заштитена со воздушна обвивка наречена атмосфера, која во текот на денот нî заштитува од јаките сончеви зраци, а преку ноќта ја одржува темперетурата на ниво нормално за живот на Земјата. Всушност, составот на атмосферата го контролира степенот на загревање на планетата.
133
Климатски промени
Таа во најголем дел е составена од кислород и азот (без овие два гаса не би постоел живот на Земјата). За покачената температура на Земјата се одговорни таканаречените стакленички гасови. Тоа име го добиле бидејќи обвивката од овие гасови се однесува како стаклото во стаклените градини — оранжерии, а дејството на овие гасови е познато како ефект на стаклена градина.
Ефект на стаклена градина Зелените растенија создаваат храна така што го примаат гасот јаглерод диоксид од воздухот, како и некои други материи од почвата. При дишењето на сите живи организми (растенија, животни, човек), јаглерод диоксидот се враќа во воздухот. Исто така, и при процесите на согорување во воздухот се испушта јаглерод диоксид, како и други гасови и сите тие се нарекуваат стакленички гасови. Примањето и испуштањето на јаглерод диоксид во природата би требало да биде во рамнотежа. Но, човекот ја нарушува оваа рамнотежа со согорување на сî повеќе горива, поради што количината на јаглерод диоксидот и на другите гасови во воздухот постојано расте. Јаглерод диоксид во воздухот — во атмосферата сега има улога слична на стаклото во некоја стаклена градина. Тој ги пропушта сончевите зраци до површината на Земјата, но не дозволува топлината да ја напушти атмосферата. Така, површината на Земјата не може да се олади и станува сî потопла. Тоа затоплување на површината на Земјата е наречено ефект на стаклена градина. Ефектот на стаклена градина е опасен, затоа што предизвикува постојано затоплување на целокупната површина на Земјата, кое се нарекува глобално затоплување. Доколку продолжи, глобалното затоплување може да предизвика топење на ледниците на високите планини и на ледените поларни капи на Северниот и на Јужниот пол на Земјата. Топењето на толку големи ледени маси би го покачило нивото на светскиот океан и на сите мориња, а тоа би предизвикало големи поплави. Меѓу другото, многу од големите градови во светот би биле потопени. За да се забави глобалното затоплување и за да се спречат катастрофални поплави, луѓето треба постојано да го намалуваат испуштањето на стакленичките гасови во атмосферата и да користат извори на енергија за своите фабрики, фарми и домови што не создаваат стакленички гасови.
Дневна подготовка: Стаклена градина или оранжерија
Времетраење Годишно време Место Материјали
Цели
2-3 дена Пролет, есен Училница — крај прозорец со доволна светлина Саксии со цвеќе, стаклени садови, термометар, ноќна ламба; работен лист со приказна 1 и приказна 2 Учениците да: • разберат дека има појава на ефект на стаклена градина • разберат дека ефектот на стаклена градина го предизвикува глобалното затоплување • осознаат дека штетните гасови се опасни за здравјето на сите живи суштетства на планетата Земја
Методи
134
Дискусија, практична работа, експеримент, метод на следење, работа со податоци, презентација
Климатски промени
Дел I: Стаклена градина (експеримент)
1
Потребно е да се донесат едно стаклено ѕвоно и две саксии во кои се засадени цвеќиња. Со стакленото ѕвоно ја покриваме едната саксија, а другата саксија ја оставаме непокриена. Двете ги ставаме надвор, на сонце, неколку дена. Во меѓувреме, треба да се мери температурата под стаклениот сад и да се бележи. Учениците со помош на наставникот ги бележат измерените температури во табела, со цел да се види дека температурата расте.
2
Објаснете им на учениците дека со овој експеримент докажуваме дека стаклениот сад игра улога на задржувач на топлината. Разговарајте со учениците дека овој ист процес на глобално затоплување се случува и на планетата Земја како последица на ефектот на стаклена градина, каде што улогата на задржувач на топлината ја играат стакленичките гасови.
Дел II: Оранжерија (дискусија)
1
Оранжериите се посебни градби каде што се одгледуваат растенија. Тие често се користат за одгледување цвеќиња, зеленчук или овошје. Оранжериите или стаклените градини се заградени со стакло или со пластика. Загреаниот воздух се задржува во оранжериите со помош на стаклото или пластиката. Стаклото и пластиката што се користат за изградба на оранжериите имаат задача да ја зачуваат топлината во внатрешноста на оранжеријата, која ги загрева растенијата и земјата и помага тие побрзо да растат и да се развиваат.
2
За да можат учениците да го почувствуваат ефектот на загревање постигнат во оранжериите, можете да организирате посета на оранжерија за одгледување ран зеленчук во блиската околина.
3
Подгответе ги децата така што ќе им го објасните начинот на функционирање на оранжериите, а потоа прочитајте им ја приказната „Градината на Ана“. Поведете дискусија за постапките на Ана опишани во приказната: • Како постапила Ана? • Како би постапиле вие? • Каде е поубав животот за сите живи суштества - во градина под фолија или на свеж воздух? • Која е пораката од оваа приказна, како може да се поврзе оваа ситуација со вашиот секојдневен живот?
Дел III: Игра — Каде ќе одат белите мечиња?
1
Целта на играта е децата да разберат дека човековите активности доведуваат до промена на климатските услови и дека со топење на мразот на половите се намалува животниот простор на еден загрозен вид.Потребни ви се 8-12 парчиња картон (исечени во квадрати со димензии на страна околу половина метар) или бели листови во А4-формат.
2
Наредете ги картоните на подот од училницата така што ќе бидат групирани во средината на училницата и барем некои од страните или аглите ќе се допираат со соседните картони. Објаснете им на учениците дека картоните ја претставуваат површината на Северниот пол и дека секој картон претставува една санта мраз. На Северниот пол живеат белите мечки, кои претставуваат еден од загрозените животински видови директно погодени од климатските промени.
3
На секое парче картон нека застане по еден ученик. Замолете ги учениците да замислат дека се мали бели мечиња. Потоа објаснете им дека како што се затоплува климата така се топи мразот на Северниот пол и мечињата се принудени да се селат и да живеат на тој мал простор што им преостанува. Притоа, извлекувајте едно по едно парче картон (од периферните кон внатрешните парчиња) и замолете ги учениците кои стоеле на тоа парче да се поместат и да си најдат простор на некое друго парче картон (или на две соседни, со тоа што едната нога ќе биде поставена на едно парче картон, а другата на соседното), кое е веќе заземено од друго дете. Прекинете со играта кога ќе процените дека децата навистина веќе немаат место и дека играта понатаму не е безбедна.
135
Климатски промени
ДИЛЕМА
Колку топлина ни е потребно Знаеме дека во зимските денови секој дом се затоплува на најразличен начин. За да се загреат нашите домови и работните простории во кои престојуваме, потребно е да се искористи поголемо количество енергија. Во зимскиот период има и потопли денови, но и понатаму е потребно да ги загреваме нашите домови. Што би направиле? • Во секој случај, нема да го исклучиме греењето, ќе оставиме да работи како и секој ден, затоа што сакаме секогаш да ни биде топло дома. • Тој ден воопшто нема да се грееме. • Ќе вклучиме помалку грејни тела, печката ќе ја ставиме на пониска температура или ќе ставиме помалку дрва во печката, знаејќи дека со тоа ќе заштедиме пари и енергија. • Ќе ги оставиме грејните тела да работат и ќе го отвориме прозорецот. • Нешто друго? На пример, што?
ТЕСТ
Колку знаеш за климата? ТОЧНО НЕТОЧНО
1 2 3 4 5 6 7 8 9
Климата никогаш не се менува, постојано е иста. На климатските промени влијае брзиот развој на индустријата. Активностите на човекот не влијаат на климатските промени. Штетните гасови на природната стаклена градина ја задржуваат топлината на планетата Земја. Глобалното затоплување значи сî поголема топлина на планетата. Одговорноста за здрава и чиста планета ја носат само возрасните. Со разумно користење на енергија се намалува глобалното затоплување. Само со зголемена употреба на јагленот, нафтата и на природниот гас ќе го спречиме глобалното затоплување. Глобалното затоплување позитивно влијае врз здравјето на луѓето. Клуч: 1. Неточно 2. Точно 3. Неточно 4. Точно 5. Точно 6. Неточно 7. Точно 8. Неточно 9. Неточно
136
Климатски промени
РАБОТЕН ЛИСТ
Градината на Ана Ана заедно со својата мајка беше на гости кај баба ѝ. Додека Ана весело трчаше, баба ñ се грижеше за засадените растенија во градината. По неколку дена, бабата мораше да замине во посета на својата сестра, која живееше во друг град. Обврските околу куќата и градината требаше да ги преземат Ана и нејзината мајка. Утредента, мајка ñ замина на работа. Ана погледна низ прозорецот и ги забележа цвеќињата во градината. Тоа ја натера да отрча и да види што им е потребно. Кога влезе во градината покриена со пластична фолија, имаше што да види. Цвеќињата беа овенати бидејќи тој ден не биле полеани. Ана веднаш им тури вода, но и покрај тоа, нивната состојба не се подобри. Остана затворена во градината под фолијата и размислување што е причината за ваквата состојба на цвеќињата. Наеднаш ñ се слоши и почувствува дека ñ недостасува свеж воздух и дека е премногу топло и задушливо. Истрча надвор, вдиши неколку пати свеж воздух и веднаш се почувствува подобро. Во тој миг ја разбра причината поради која растенијата овенале. И на растенијата им е потребен свеж воздух. Таа веднаш ја отвори фолијата за да се проветри.
137
Наставник
успешно ја помина програмата „Зелен пакет јуниор”
потврдува дека ученикот/ученичката
во соработка со училиштето
Датум, место
Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа Канцеларија во Македонија
Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) е независна меѓународна организација чија мисија е помагање во решавање на проблемите со животната средина. РЕЦ ја исполнува својата мисија преку промовирање на соработката помеѓу владите, невладините организации, бизнис секторот и други заинтересирани страни, како и преку поддршка на слободна размена на информации и учество на јавноста во процесот на донесување одлуки за животната средина. РЕЦ е основан во 1990 година од страна на Соединетите Американски Држави, Европската комисија и Унгарија. Денес, РЕЦ е правно заснован на Статутот потпишан од владите на повеќе од 30 земји. Има канцеларии во 17 земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Македонија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска, Црна Гора и Република Чешка. Седиштето на РЕЦ се наоѓа во Сентендре, Унгарија. РЕЦ активно учествува во сите клучни глобални, регионални и локални процеси и придонесува во изнаоѓање на решенија од областа на животната средина и одржливиот развој во рамките на мрежата на канцелариите на РЕЦ во наведените земји, но и надвор од неа, преку пренесување на знаење и искуство на земјите и регионите. Донатори на РЕЦ се Европската Комисија, како и владите на Австрија, Албанија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Италија, Јапонија, Македонија, Малта, Норвешка, Обединетото Кралство, Полска, Република Чешка, Словачка, САД, Словенија, Србија, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, Шведска, Шпанија, Швајцарија, и како и други меѓувладини и приватни институции. РЕЦ е присутен во Република Македонија со свој координатор од јули 1993 година. Канцеларијата на РЕЦ во Македонија официјално ја започна својата работа во јануари 1995 година. Австриската соработка за развој (АДЦ), преку нејзината оперативна единица Австриската агенција за развој (АДА) во Македонија, финансиски го поддржа РЕЦ, донирајќи средства за изработка на „Зелениот пакет јуниор“ на македонски и на албански јазик. Изработката на овој пакет, кој се дистрибуира бесплатно до сите основни училишта во Република Македонија, е дел од активноста на програмата за образование за животна средина на РЕЦ. Преку оваа програма, РЕЦ се обидува да ги зголеми индивидуалните капацитети на сегашните и идните обучувачи и наставници и да го поддржи развојот на институциите и програмите посветени на подобрувањето на образованието во областа на животната средина во Централна и Источна Европа.
Австриска соработка за развој (АДЦ) Австриска соработка за развој е дел од австриската надворешна политика и од развојната политика на Европската унија, која има за цел да го промовира светскиот мир во соработка со други индустријализирани земји и земји во развој. АДА е задолжена за реализација на сите билатерални програми и проекти во земјите-партнери на АДЦ и за администрирање на соодветните буџети. Австриската развојна политика е водена од следниве цели: 1. Борба против сиромаштијата во земјите во развој преку унапредување на економскиот и социјалниот развој низ процес на одржлива економска активност и економски раст комбиниран со структурни, институционални и социјални промени. 2. Обезбедување мир и безбедност за луѓето, особено преку унапредување на демократијата, владеењето на правото, човековите права и доброто управување. 3. Заштита на животната средина и на природните ресурси како основа за одржлив развој. Австриската развојна политика се заснова на следниве начела: 1. Целите на владите и на населението во земјите во развој, во поглед на брзината и видот на развојниот процес и нивното право да го изберат сопствениот пат на развојот. 2. Интеграцијата на мерките во конкретното општествено опкружување, со посебно внимание на културолошките аспекти и на употребата на соодветна технологија; 3. Еднаквост помеѓу мажите и жените. 4. Потребите на децата и на хендикепираните. Австриска соработка за развој работи во одбрани партнерски земји во Африка, Азија, Латинска Америка и во Југоисточна Европа. Програмите на Австриска соработка за развој ги спроведува Австриската агенција за развој во тесна соработка со развојни организации и претпријатија. Во име на Австриска соработка за развој, Австриската агенција за развој, исто така, работи со влади на партнерски земји и со други донаторски земји. Повеќе информации може да се најдат на www.ada.gv.at.
GPJrMK • 2012