Поважно е што ќе станеш, отколку што ќе постигнеш. Вети го само тоа што можеш да го исполниш, а потоа исполни повеќе отколку што си ветил Понекогаш , повеќе ќе видиш преку срцето ,отколку преку окото. Големиот човек се покажува по тоа ,како се однесува спрема малите луѓе. Понекогаш подобро воспитание се состои во тоа, да ги истрпиш невоспитаните. Ако сакаш да бидеш среќен, не настојувај секогаш да бидеш во право! Секој човек знае нешто што ти не го знаеш. Учи од секого! Пријател ти е оној кој знае се за тебе и пак те сака . Ако одиш во вистинската насока, и најмалиот чекор те доближува до целта. Секогаш има простор да подобриш нешто. Тоа е најголемиот простор во животот! Голем број од нашите незадоволства се јавуваат затоа што се споредуваме со некого. Твојот вистински карактер се гледа кога никој не те гледа! Најсреќниот ќе бидеш кога ќе направиш некој да се чувствува среќен. Биди попаметен од другите, но никогаш не вели го тоа пред другите. Запомни: и најдолгиот пат започнува со првиот чекор. Никогаш не прекршувај го златното праволо : „Постапувај со луѓето онака како што сакаш тие да постапуваат со тебе“. Љубезноста е јазик што и глувиот го слуша, и слепиот го гледа. Мудар човек, зборува од искуство; Помудар човек , од искуство, не зборува! И најмалото дело е подобро од најголемата намера. Кучето има многу пријатели затоа што мафта со опашката, а не со јазикот! Тој што штеди на добрина,никогаш не добива камата. Подобро е да поставуваш глупави прашања, одоштода правиш глупави грешки. Ако не си внимателен во младоста, ќе ја плаќаш цената во староста. Ако не си ја поправиш грешката, правиш уште една грешка. При повторена грешка, цената што ќе ја платиш е двојна! За жал , шансите многу појасно се гледаат кога заминуваат , отколку кога се појавуваат. Тој што не прави грешки, обично не прави ништо.***Кој не прави грешки,пропушта можност да научи нешто.