ПРОГРАМА/PROGRAMME 9 НОЕМВРИ МКЦ Кино Фросина, 18:00
The Art of Amália documentary film НОБ, 20:00
LINA_RAÜL REFREE Portugal/Spain 11 НОЕМВРИ НОБ, 20:00
ŠIROM Slovenia KIKO DINUCCI Brazil 13 НОЕМВРИ НОБ, 20:00
PIJAN SLAVEJ N. Macedonia BLICK BASSY Cameroon/France
Билети во продажба: НОБ и mktickets.mk
www.offest.com.mk
LINA_RAÜL REFREE
Portugal/Spain
9 НОЕМВРИ 20:00
НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ
LINA voice, synthesizers RAÜL REFREE piano, synthesizers Извонредно моќна, возбудлива и оригинална музичка врска меѓу двајца неверојатни музичари. Раул Рефри, еден од најиновативните европски продуценти во последната деценија (Росалиа, Силвиа Перез Круз, Ли Раналдо од Sonic Youth итн.), бил длабоко импресиониран од гласот на Лина, кога ја слушнал како пее во култниот „Clube de Fado“ во Лисабон. Лина, пак, истакната фадо пејачка со класично образование, два албума за Sony Music и експерт за Амалиа Родригез, избрала некои од класиците на фадо дивата и тие веднаш започнале да работат во студио. Раул создава сосема нова звучна подлога за нејзините фасцинантни интерпретации на класичниот репертоар на кралицата на фадото, со брилијантни аранжмани, комплетно нов, неиспробан пристап и уникатен електронски поглед кон фадото, истакнувајќи ја нејзината универзална димензија. Заменувајќи ги гитарите со пијано и аналогни синтисајзери, тие ја реобмислуваат музиката, задржувајќи ја притоа раскошната убавина на мелодиите и копнежливоста на поезијата, толку витален дел од традицијата. Нивниот албум “Lina_Raül Refree” (Glitterbeat, 2020), испорачува осовремено и надградено фадо, звук што ги надминува географските одредници. Two incredible musicians generating an intense, moving and very special musical relationship. Raül Refree, one of the most innovative European producers of the last decade (Rosália, Silvia Perez Cruz, Sonic Youth’s Lee Ranaldo etc), was blown away by Lina´s voice, when he saw her sing at Lisbon’s iconic Clube de Fado. Lina, a fado singer with classical training, 2 records on Sony Music and an expert on Amália Rodrigues, selected some of the diva´s fado classics and they immediately started to work in studio. Raül created a new soundscape for her haunting interpretations of the great fado queen’s classic repertoire, with brilliant arrangements and a never-before-tried approach, giving fado a unique electronic view underlining its universal condition. Replacing guitars with piano and analogue synths, they have reinvented the music, and done it while keeping the rich beauty of the melodies and the aching poetry of the words that are such a vital part of the tradition. Their album Lina_Raül Refree (Glitterbeat, 2020), delivers a 21st century spin on fado, rewired and recast, a sound that goes beyond geography.
www.lina-raulrefree.com
ŠIROM
Slovenia
11 НОЕМВРИ 20:00
НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ
ANA KRAVANJA violin, viola, ribab, daf, ocarinas, mizmar, flute, balafon, cümbüş, kalimba, various objects, voice IZTOK KOREN guembri, banjo, three-string banjo, tank drum, bass drum, percussion, balafon, chimes, various objects SAMO KUTIN hurdy gurdy, tampura brač, lyre, lute, brač, chimes, balafon, frame drum, ocarina, ikitelli, one string bass, ukulele, mizmar, gongoma, acoustic resonators, various objects, voice „Не сакаме да свириме нешто што звучи како да веќе постои“. Словенечкото инструментално трио Širom, се враќа со својот „имагинарен фолк“ на калеидоскопскиот трет албум, „A Universe that Roasts Blossoms for a Horse“ (Glitterbeat) и со нова серија концерти низ светот. Испреплетувањето на различни музички пристапи и инструменти, истории на звуци и нескротлива музичка фантазија и вештина е широкиот водечки принцип на триото Širom, чии членови потекнуваат од различни региони на Словенија (Прекмурје, Толминско и Крас). Повеќе од дузина инструменти, некои од нив рачно изработени, може да се најдат на репертоарот на Изток Корен, Само Кутин и Ана Кравања и најмалку уште толку музички форми што можат да се доживеат како инспирација зад ликот на овој нов ансамбл. Музиката на Širom осцилира помеѓу еден широк спектар на фолк звуци и современи акустични рок медитации. Таа е контемплативна, но може да стане и тврда кога е потребно, повеќе бендовска одошто камерна и повеќе улична одошто урбана по својата природа. „We don’t want to play something that sounds like it already exists“. Slovenian ‘imaginary folk’ instrumental trio Širom returns with a kaleidoscopic third album, „A Universe that Roasts Blossoms for a Horse“ (Glitterbeat) and with the new series of concerts throughout the world. The intertwining of diverse musical approaches and tools, histories of sounds and unbridled musical imagination and craftsmanship is the expansive guiding principle of the Širom trio, whose members stem from the different regions of Slovenia (Prekmurje, Tolminsko and Kras). More than a dozen instruments, handmade and global, can be found in the repertoire of Iztok Koren, Samo Kutin and Ana Kravanja and at least as many given musical forms that can be perceived as an inspiration behind the character of this new ensemble. Širom’s music oscillates between a wide array of folk sounds and contemporary acoustic rock-style meditations. It is contemplative, but can get harder when necessary, it is closer to being band- than chamber-like, to being street as opposed to urban in nature.
www.siromband.si
KIKO DINUCCI
Brazil
11 НОЕМВРИ 21:30
НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ
KIKO DINUCCI аcoustic guitar JUÇARA MARÇAL vocal Роден во 1977, Кико Динучи е бразилски гитарист и композитор од Сао Паоло. Тој е еден од основачите на групите Metá Metá и Passo Torto. Има соработувано со Елза Соарес, Том Зе, Криоло и други. Искуството што го стекна на панк-рок/хардкор сцената од деведесеттите во Сао Паоло, како и од самба сцената и религиозните „кондомбле“ активности, го обликуваа неговиот стил на свирење. Отсекогаш се водел од идејата гитарата да ја свири како перкусивен инструмент. Првиот соло албум, „Cortes Curtos”, го издаде во 2017, а во 2019 година Динучи започна да работи на следното издание. „Rastilho”, опишан како „апокалиптична самба“, излезе во октомври 2020 и постигна молскавичен успех и репутација на ремек-дело. Вистински гитарски албум, каде инструментот „покрива“ сè друго, а вокалите и текстовите ги истражуваат текстурите на фолк музиката со масивен, перкусивен и енергичен начин на свирење. Албумот потсетува на ремек делата на бразилската музика од минатиот век. Динучи во себе ги носи влијанијата на легендите на бразилската песна и акустичната гитара како Доривал Каими, Баден Пауел, Жоао Боско или Жилберто Жил. „Извонреден од почеток до крај“ (Џајлс Питерсон), албумот „Rastilho“ го зацврстува Кико Динучи како еден од најзначајните експоненти на современата бразилска музика. Born in 1977, Kiko Dinucci is a Brazilian musician and composer from São Paulo. Founding member of Metá Metá and Passo Torto. He collaborated with artists such as Elza Soares, Tom Zé, Criolo, Jards Macalé. The experiences in the São Paulo punk rock/hardcore scene of the 90s, the samba scene and in candomble religious activities shaped the way he plays. His basic idea has always been to play the guitar as a percussion instrument. The debut solo album, “Cortes Curtos”, was released in 2017. In 2019 Dinucci started to work of the next one. “Rastilhho”, an album of “apocalyptic samba”, came in October 2020, with instant success, considered a real masterpiece. It is truly a guitar record, where the instrument overlaps everything else, the voices, the lyrics, exploring folk music textures with a chunky percussive vivid playing style. The album recalls the masterpieces from the 60s and 70s onwards. Kiko carries those influences from legends of the Brazilian song and acoustic guitar such as Dorival Caymmi, Baden Powell, João Bosco or Gilberto Gil. “Outstanding from start to finish” (Gilles Peterson), “Rastilho” cements Kiko Dinucci as one of the most important voices in contemporary Brazilian music.
www.facebook.com/kikodinuccioficial
PIJAN SLAVEJ
N. Macedonia
13 НОЕМВРИ 20:00
НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ
PIJAN SLAVEJ vocal PECE TRAJKOVSKI digital accordion ANDREA MIRCHESKA double bass MARTIN DJORLEV keyboards MARTINA BARAKOSKA drums Пијан Славеј (или Бранислав Николов) е реномиран музички уметник, изведувач, автор, поет, пејач и фронтмен на групата Фолтин. Роден е 1971 година во Битола. Како еден од основачите и клучни членови во бендот, зад себе има девет студиски изданија, како и музика за преку триесет театарски претстави и неколку документарни и играни филмови, меѓу кои, кандидатот за Оскар „Медена Земја“, интернационално наградуваните „Исцелител“, „Avec L’Amour (со љубов)“, „Cash & Marry“ и други. Со концертни настапи и театарски претстави гостувал во Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Русија, Црна Гора, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка. За својата творечка активност има добиено повеќе признанија и награди. Тој е денес, без сомнение, еден од најоригиналните и најхаризматичните дејци на домашната музичка сцена, познат по својата спонтаност, експлозивност, емотивност и страст во живите настапи. Надвор од работата во групата, одржал концерт со Македонската филхармонија и објавил две збирки поезија. Пијан Славеј е неговиот прв музички и поетски соло излет. Pijan Slavej (a.k.a. Branislav Nikolov) is a renowned musician, performer, songwriter, poet, singer and frontman of the group Foltin. He was born in 1971 in Bitola. As one of the founders and key members of the band, he has nine studio releases, as well as music for over thirty theatrical performances and several documentary and feature films, including the Oscar nominee “Honeyland”, the internationally acclaimed “Secret Ingredient”, “Avec L’Amour”, “Cash & Marry” etc. He has performed in Croatia, Italy, Austria, Slovenia, Serbia, Bosnia and Herzegovina, Albania, Bulgaria, France, Germany, Hungary, Israel, Russia, Montenegro, England, Lebanon, Netherlands, Belgium, Turkey and Czech Republic. Nikolov has received many recognitions and awards for his creative work. He is, without a doubt, one of the most original and charismatic individuals on Macedonian music scene today, known for his spontaneous, explosive, warm and passionate live performances. Apart from his work with Foltin, he has performed with Macedonian Philharmonic and has two poetry books published. Pijan Slavej is his first solo outing in music and poetry.
BLICK BASSY
Cameroon/France
13 НОЕМВРИ 21:30
НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ
BLICK BASSY guitar, vocal ARNO DE CASANOVE trumpet, keyboards, backing voice
Весникот Гaрдијан го нарече Блик Баси „еден од најинвентивните и најоригиналните африкански музички автори“. Камерунскиот гитарист и вокалист, со живеалиште во Париз, ги вкрстува африканските традиции, бразилската боса-нова и Мисисипи блузот со полетните мелодии и сугестивниот, кршливо нежен, фасцинантен вокал. Тој пее на јазикот Баса, еден од 260-те јазици што се зборуваат во Камерун. Песните на Баси се возбудливи, емотивно и политички набиени и поткрепени со впечатлива инструментација на виолончело, труба и тромбон. Неговиот нов албум „1958“ има сериозна политичка конотација: во таа година е застрелан Рубен Ум Нјобе, водачот на борбата за независност на Камерун, од страна на колонијалните француски трупи. Баси ги враќа сеќавањата за него, истовремено потенцирајќи ја врската со сегашноста, со денешниот Камерун. Земјата е можеби независна денес, но сепак управувана од авторитарен режим којшто ги потиснува сите сеќавања на активистите како Нјобе. Современ звук без граници, своевидна декларација за независност и воедно чин на нескротливост. The Guardian calls Blick Bassy “one of Africa’s most inventive and distinctive singer-songwriters.” The Cameroon-born, Paris-based guitarist/vocalist weaves together African traditions, Latin forms like bossa nova, and Mississippi blues with soaring melodies and a haunting, delicate, and devastating voice. He sings in Bassa, one of 260 Cameroonian languages. His moving songs are emotionally and politically-charged, backed by an idiosyncratic instrumentation of cello, trumpet, and trombone. There is a serious political background to his new album “1958”: in that year, Ruben Um Nyobé, the leader of Cameroon’s fight for independence, was shot dead by colonial French troops. Bassy remembers him, while also highlighting the connection with the present, to the Cameroon of today. The country may be independent but it is still governed by an authoritarian regime that suppresses the remembrance of activists such as Nyobé. A contemporary borderless sound that is both a declaration of independence and an act of defiance.
www.blickbassy.com
The Art of Amália Documentary film
9 НОЕМВРИ 18:00 МКЦ КИНО ФРОСИНА
DIRECTED BY: BRUNO DE ALMEIDA WITH: AMALIA RODRIGUES INTRODUCTION: DAVID BYRNE RUNTIME: 90min. Долгометражниот документарен филм „The Art of Amália“ за неверојаниот живот и музика на една од најголемите и најзначајните светски диви - Амалиа Родригез, е далеку најсеопфатната визуелна архива за легендарната фадо пејачка собрана досега. Изработен со снимки направени во периодот од 1920 до 1999 година, филмот содржи видео клипови од светските настапи на Амалиа во живо, телевизиски настапи, сцени од филмови, моменти во бекстејџ и интервју со неа кое открива многу нешта. „Кралицата на фадото“ се смета за еден од гласовите на векот. Таа останува убедливо најголемата интернационална ѕвезда од португалските уметници и пејачи, а во самата Португалија - национална икона. Амалиа го постави фадото на светската мапа како музички жанр, популаризирајќи го низ целиот свет и патувајќи насекаде во текот на својата кариера. Нејзиното дело продолжува да ги инспирира другите изведувачи и пејачи денес, а многу од нив го пеат нејзиниот репертоар. A feature documentary about the extraordinary life and music of one of the world’s great divas, “The Art of Amália”, is by far the most comprehensive visual archive ever assembled about the legendary fado singer Amália Rodrigues. Constructed with footage ranging from 1920 to 1999, the film includes live clips from Amália’s worldwide concerts, television appearances, scenes from movies, backstage moments and a revealing interview with Amália herself. The “Queen of Fado” is considered as one of the voices of the century. She remains the most international of Portuguese artists and singers, and in Portugal, a national icon. Amália put fado in the world map as a musical genre popularising it worldwide and travelled internationally throughout her career. Her works continue to inspire other performers and singers today, many of whom sing her repertoire.
SJF RECORDS DIVISION OF SKOPJE JAZZ FESTIVAL
dobrila & dorian duo APOCRYPH
20TH INTERNATIONAL WORLD MUSIC FESTIVAL Organization Skopje Jazz Festival Maksim Gorki 5, 1000 Skopje, North Macedonia tel: +389 2 3131090 e-mail: sjf@skopjejazzfest.com.mk www.skopjejazzfest.com.mk www.offest.com.mk
Under the patronage of Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia
Supported by City of Skopje
Sponsors Zlaten Dab, Tikveš Winery, OKTA, Neotel, Sava Penzisko Društvo, DHL Express Macedonia
Media sponsors Jazz Fm, Kanal 103, Sloboden pecat, nezavisen.mk, sdk.mk, plusinfo.mk, libertas.mk, mkd.mk, okno.mk, 25minuti.platform.mk, platform.mk, mia.mk, prizma.mk, time.mk, frontline.mk, civilmedia.mk
Poster & Cataloque design Zoran Cardula