40. SKOPJE JAZZ FESTIVAL 2021 20-24 October 20 ОКТОМВРИ Национална опера и балет 20:00 MATS GUSTAFSSON (SE) LINDA MAY HAN OH (US)
21 ОКТОМВРИ МКЦ Кино Фросина 18:00 BLUE NOTE RECORDS: BEYOND THE NOTES - документарен филм Национална опера и балет 20:00 TANIA GIANNOULI TRIO (GR) JAKOB BRO QUARTET feat. Mark Turner, J orge Rossy & Thomas Morgan (DK/US/ES)
22 ОКТОМВРИ Национална опера и балет 20:00
YORDAN KOSTOV ENSEMBLE (MK) L.U.M.E. (PT) МКЦ Дансинг сала 24:00 MOOR MOTHER with Dudù Kouate & Mats Gustafsson (US/SE)
23 ОКТОМВРИ МКЦ Кино Фросина 18:00 ARETHA FRANKLIN “AMAZING GRACE” - документарен филм Национална опера и балет 20:00 SHAKE STEW (AT) NU MUSIC 4 feat. Christer Bothén, Goran Kajfeš, Mats Gustafsson & Okay Temiz (SE/TR)
24 ОКТОМВРИ МКЦ Кино Фросина 16:00 ЦД промоции: Yordan Kostov Ensemble / Svetlost + Odron Ritual Orchestra 17:00 Награда за најдобар македонски млад џез музичар 2021 + концерт 18:00
AJS QUARTET (AL)
Национална опера и балет 20:00 ROBERTO FONSECA TRIO (CU) 18 ОКТОМВРИ МКЦ Галерија 19:00 “COMPLICATE SIMPLY“ Изложба на плакати на Скопскиот џез фестивал МКЦ Кино Фросина 20:00 ARETHA FRANKLIN “AMAZING GRACE” - документарен филм БИЛЕТИ ВО ПРОДАЖБА: НОБ, МКЦ И MKTICKETS.MK
MATS GUSTAFSSON
20 ОКТОМВРИ, 20:00
Национална опера и балет
MATS GUSTAFSSON saxophones (bass, baritone, tenor, alto and soprano), flute, french flageolet and G-clarinet Матс Густафсон е шведски саксофонист, импровизатор, композитор и херој на скандинавската фри-џез сцена. Неговите богати свиречки техники се вкоренети подеднакво во фри-џез традициите и во европската микротонална школа. Неговите стотици албуми - како лидер на бендови (Gush, Fire!, Fire Orchestra, Swedish Azz, The Thing), или неговите многубројни соработки - откриваат енциклопедиско познавање на џезот, блузот, авангардната класика, фолкот, па дури и популарната музика, но и кураторска дарба за концепт, додека внимателниот сенс за особеностите на неговите музички партнери му донесе драгоцена репутација на исклучително баран и посакуван соработник. Има настапувано и снимано со неверојатно долга и шарена листа врвни музичари како Петер Броцман, Џо Мекфи, Дерек Бејли, Нене Чери, Еван Паркер, Џим О‘Рурк, The Ex и Томика Рид. Неговата соработка со Бери Гај и Пол Ловенс на албумот “Mouth Eating Trees and Related Activities” (1992) е општоприфатен како есенција на авант-џезот. Соло саксофон објавите на Густафсон „Mats G Plays Duke E” (2008) и „Bengt” (2012) ги откриваат основите на неговите познавања и интереси, додека „Cuts of Guilt, Cuts Deeper” (2015) со Трстон Мур, Merzbow и Балаж Панди ја експонира естетиката на импровизацијата со рок елементи, а „Timeless” (2018), пак, во дуо со вибрафонистот Џејсон Адашевиц, се фокусира врз интимата на проширените хармонии низ речиси мелодичен јазик. На покана на 40. Скопски џез фестивал, Матс Густафсон ќе изведе специјален соло концерт за јубилејот.
Mats Gustafsson is a Swedish reed player, improviser, composer and a stalwart on the Scandinavian free jazz scene. His extended saxophone techniques draw equally from the fiery free jazz blowing tradition and the European microtonal school. His hundreds of albums - either as a leader, in groups (Gush, Fire!, Fire Orchestra, Swedish Azz, The Thing), or his many collaborations - showcase an encyclopedic knowledge of jazz, blues, the vanguard classical tradition, folk and even popular song, as well as a curator’s gift for concept, while a canny feel for the idiosyncrasies of his musical partners has established his golden reputation as a highly sought-after collaborator. He has recorded and toured with an astonishing variety of players including Peter Brötzmann, Joe McPhee, Derek Bailey, Neneh Cherry, Evan Parker, Jim O´Rourke, The Ex, and Tomeka Reid. His “Mouth Eating Trees and Related Activities” (1992) with Barry Guy and Paul Lovens is widely recognized as an avant-jazz essential. His solo saxophone albums such as 2008’s “Mats G Plays Duke E” and 2012’s “Bengt” reveal the poles of his knowledge and interest, while 2015’s “Cuts of Guilt, Cuts Deeper” with Thurston Moore, Merzbow, and Balazs Pandi, showcases an improvisational aesthetic that embraces rock, even as 2018’s “Timeless”, a duo set with vibraphonist Jason Adasiewicz, focuses on the intimacies of extended harmonics in near melodic language. At the invitation of 40. Skopje Jazz Festival, Mats Gustafsson will perform a special jubilee solo concert. Photo: Johan Bergmark
LINDA MAY HAN OH
20 ОКТОМВРИ, 22:00
Национална опера и балет
LINDA MAY HAN OH acoustic & electric bass FABIAN ALMAZAN piano BEN WENDEL saxophone ERIC DOOB drums Линда Меј Хан О е реномирана басистка и композиторка од Њујорк која има настапувано и снимано со џез музичари како Пет Метини, Кени Барон, Џо Ловано, Дејв Даглас, Тери Лин Керингтон, Стив Вилсон, Џери Ален, Виџеј Ајер и други. Родена е во Малезија, а израсната во Перт, Австралија, кадешто го изучува контрабасот и соло транскрипциите на Дејв Холанд. Нејзините музички почетоци беа во Австралија, но вистинскиот подем го доживеа во Њујорк, каде што доаѓа во 2008 година и каде што дипломира на престижниот Manhattan School of Music. Истата година, придружувана од трубачот Амброуз Акинмузире и тапанарот Обед Калвер, го издава својот дебитантски албум „Entry”. Во последниве неколку години Линда Меј Хан О стекнува извонредна репутација. Американската Асоцијација на џез-новинари во 2018 и 2019 ја прогласува за басист на годината, а во 2019 и за музичар на годината. Наградите и признанијата се мултиплицираат. Како лидер, таа има издадено пет албуми. Најновиот, „Aventurine”, со двоен квартет и вокална група, го покажува нејзиниот раскошен талент како композитор и аранжер. Како член на квартетот на Пет Метини, Линда добива одлични критики за својот придонес на последниот албум на Метини „From this place”. Нејзиниот иновативен музички опсег и извонредните импровизации ја прават една од најдинамичните појави во џезот денес.
Based in New York City, Linda May Han Oh is an acclaimed bassist - composer who has performed and recorded with artists such as Pat Metheny, Kenny Barron, Joe Lovano, Dave Douglas, Terri Lyne Carrington, Steve Wilson, Geri Allen, and Vijay Iyer. Born in Malaysia and raised in Perth, where she picked up the upright bass and studied solo transcriptions of Dave Holland. Her roots were in Australia but her real growth in New York. After more scholarships she moved to New York in 2008, where she completed her master’s degree at the Manhattan School of Music. In the same year she released her debut album “Entry”, with the trumpeter Ambrose Akinmusire and drummer Obed Calvaire. In the recent years she got a tremendous reputation and success. Linda May Han Oh was voted the 2018 and 2019 Bassist of the Year by the Jazz Journalists Association, as well as 2019 Artist of the Year. The awards were getting multiplied. She has five releases as a leader which have received critical acclaim. Her most recent release “Aventurine” is a double quartet album, featuring string quartet and vocal group Invenio, showing her abilities as a skilled composer and arranger. Linda has written for large and small ensembles as well as for film. Linda is currently bassist of Pat Metheny’s quartet, praised for her contribution on the last album of the guitarist, “From this place”. The innovative range and stellar improvisations have made her one of the most dynamic rising stars in jazz today. Photo: Shervin Lainez
TANIA GIANNOULI TRIO
21 ОКТОМВРИ, 20:00
Национална опера и балет
TANIA GIANNOULI piano ANDREAS POLYZOGOPOULOS trumpet KYRIAKOS TAPAKIS oud Грчката пијанистка, композиторка и импровизаторка Тања Џанули го истражува џезот како најкреативна музичка форма, редовно користејќи импровизација во својата пракса. Инспирирана е од многу различни традиции и влијанија, а нејзината музика и интердисциплинарни проекти опфаќаат импресивен опсег на стилови - инвентивен и нелимитиран амалгам на денешната глобална реалност. Нејзиниот „отворен музички јазик“, што им пркоси на жанровите, често се опишува како лирски, инспиративен, комплексен, еклектичен, опоен и исклучително оригинален. Имагинативната и истражувачка музичка природа на Џанули резултираше со четири уникатни албумски соработки: „Forest Stories“ (2012, со португалски дувач, Пауло Шагас), „Transcendence“ (2015, композиции за нејзиниот Tania Giannouli Ensemble), „Rewa“ (2018, целосно импровизирана колаборација со традиционалниот Маори инструменталист Роб Торн) и „In Fading Light“ (2020, неочекувано трио со трубачот Андреас Полизогопулос и утистот Киријакос Тапакис). Сите четири албуми стекнаа одлична светска репутација и беа вклучени во многубројни „best-of” листи. Често е вмешана во разни мултимедијални проекти, а нејзината музика за видео, филм и документарци е присутна во програмата на многу фестивали, музеи и галерии низ целиот свет. Триото на Тања Џанули изведува возбудливи оригинални композиции со несекојдневни музички синтези, бришејќи ги границите помеѓу Истокот и Западот, современата музика, музиката на светот и џезот.
Greek pianist, composer, improviser and bandleader Tania Giannouli explores jazz as the most creative music form and regularly employs improvisation in her practice. Inspired by many different traditions and influences, her music and interdisciplinary projects span an impressive range of styles - a creative and borderless amalgamation of the global today’s reality. Her genre-defying “open sound language” is often described as lyrical, inspired, complex, eclectic, intoxicating and highly original. Her imaginative, explorative musical nature has led to four unique recording collaborations: “Forest Stories” (2012, with Portuguese wind player, Paulo Chagas), “Transcendence” (2015, featuring works composed for her Tania Giannouli Ensemble), “Rewa” (2018, a critically acclaimed, entirely improvised collaboration with traditional Maori instrumentalist, Rob Thorne) and “In Fading Light” (2020, an unexpected trio with trumpet player Andreas Polyzogopoulos and oud player Kyriakos Tapakis). All four albums received wide international acclaim and were included in numerous ‘Best of’ lists. She is much involved in mixed media and her music for video, documentaries and film has travelled to many festivals, museums, galleries and Biennales worldwide. Her concert music has been performed by the Camerata/Armonia Atenea String Orchestra, Dissonart Ensemble, the Athens Youth Orchestra and the Galaxy String Quartet. Tania Giannouli Trio performs exciting original compositions of an idiosyncratic blend of music, blurring the boundaries between East and West, contemporary, world and jazz.
Photo: Christian Gaier
JAKOB BRO QUARTET feat. Mark Turner, Jorge Rossy and Thomas Morgan
21 ОКТОМВРИ, 22:00
Национална опера и балет
JAKOB BRO guitar MARK TURNER saxophone JORGE ROSSY drums THOMAS MORGAN bass Јакоб Бро е дански гитарист и композитор кој живее во Копенхаген. Тој во моментов го предводи квартетот со Марк Тарнер, Џои Барон и Томас Морган, квартетот со Пале Микелборг, Томас Морган и Хорхе Роси, како и триото со Џои Барон и Томас Морган. Во пролетта 2018 година го издаде високо оценетиот албум „Returnings” за ECM Records. Во октомври истата година излезе албумот „Bay Of Rainbows“, снимен со неговото трио во њујоршкиот клуб Jazz Standard. Бро, исто така, работи и со неговиот тентет, а соработува и со Томас Кнак (Opiate) и со Лари Гренадиер, Хорхе Роси и Арве Хенриксен. Јакоб Бро е поранешен член на Paul Motian & The Electric Bebop Band („Garden of Eden“, ECM - 2006) и на квинтетот на Томаж Станко („Dark Eyes“, EСМ - 2009). Има објавено 15 албуми како водач на бенд, со импресивна листа музичари како Ли Кониц, Бил Фризел, Пол Моушн, Кени Вилер, Пол Блеј, Крис Чик, Томас Морган, Бен Стрит, Марк Тарнер, Курт Розенвинкел, Крис Спид, Крег Таборн, Оскар Нориега и многу други. Настапувал во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, Австралија, Бразил, Аргентина, Колумбија, Јужна Африка, САД и безмалку насекаде во Европа. Успешната кариера на Јакоб Бро е резултат на неговата страст за истражување и откривање разновидни музички форми и се чини дека оваа страст ќе продолжи да го инспирира во создавањето на уште повеќе специјални проекти во догледна иднина.
Jakob Bro is a Danish guitar player and composer living in Copenhagen. He is currently leading a quartet with Mark Turner, Joey Baron and Thomas Morgan, a quartet with Palle Mikkelborg, Thomas Morgan and Jorge Rossy and a trio with Joey Baron and Thomas Morgan. In the spring of 2018 he released the highly acclaimed album “Returnings” through ECM Records. In October that same year his trio released the album “Bay Of Rainbows”, recorded at the Jazz Standard in New York. Bro is also working with his tentet and he collaborates with Thomas Knak (Opiate) and with Larry Grenadier, Jorge Rossy and Arve Henriksen. Jakob Bro is a former member of Paul Motian & The Electric Bebop Band (“Garden of Eden”, ECM - 2006) and of Tomasz Stanko’s Dark Eyes Quintet (“Dark Eyes”, ECM - 2009). He has released 15 records as a bandleader featuring an exceptional roster of musicians, including Lee Konitz, Bill Frisell, Paul Motian, Kenny Wheeler, Paul Bley, Chris Cheek, Thomas Morgan, Ben Street, Mark Turner, Kurt Rosenwinkel, Chris Speed, Craig Taborn, Oscar Noriega and many more. He has toured in Japan, China, South Korea, Australia, Brazil, Argentina, Columbia, South Africa, USA and most of Europe. Jakob Bro’s successful career is driven by his passion to discover various musical forms, and it looks like this passion will continue to help him create more special projects for the foreseeable future.
Photo: Mike Højgaard
YORDAN KOSTOV ENSEMBLE
22 ОКТОМВРИ, 20:00
Национална опера и балет YORDAN KOSTOV accordion, toy piano, taishogoto, direction
KIRIL KUZMANOV alto saxophone, flute
YAPING WANG yangqin
STEFAN KARASTOJANOV double bass
KLIMENT TODOROVSKI violin
ALEKSANDAR NINICH tuba
ANDREAS GÜNTER tenor saxophone, flute, piano
STEFANA MARKOVIC flute
AGNI AVSHAR vocal
DAMJAN GRUJO drums
PETAR HRISTOV clarinet, tenor saxophone, lira
DRAGAN TEODOSIEV drums
FILIP BUKRSHLIEV electric guitar
SASHKO TEMELKOVSKI bass clarinet
ANDREA MIRCHESKA double bass, electric bass
BLAGOJCHE TOMEVSKI bass clarinet
Јордан Костов е македонски музички уметник, хармоникаш, пијанист, композитор, импровизатор, аранжер и продуцент. Тој и припаѓа на генерацијата млади македонски уметници кои поодамна имаат раскрстено со предрасудите и кои го имаат надминато стравот од нормална творечка комуникација со светот, создавајќи свој, уникатен музички израз што упорно им пркоси на сите форми на комерцијалната музика. Слободна по својата суштина, авангардната музика на овој сестран композитор и инструменталист плови во водите на џезот и музиката на светот, едновремено апсорбирајќи ги влијанијата од класичното творештво и одржувајќи врска со македонската музичка традиција и нејзините егзотични скали и ритмови. Како плоден композитор и поткован инструменталист, тој од родното Кавадарци, преку работата со „Ансамбл модерна“, „Свирци из Кавадарци“ и „Старовски“, во 2013 година беше поканет да земе учество во реномираниот проект „Swatch Art Peace Hotel”, швајцарско-кинеска програма за иницијатива во културата и уметноста. За таа намена Костов напиша комплетно нова музика која во ноември истата година беше изведена со Оркестарот на традиционални инструменти во Шангај. Оттогаш започнува неговата номадска музичка авантура во новото опкружување којашто трае до денес и која спорадично е прекинувана со кратките негови престои во родната Македонија. Настапот на Yordan Kostov Ensemble на Скопскиот џез фестивал претставува концертна промоција на албумот „Intertwining a Fugue”, најновото издание на SJF Records.
Yordan Kostov is a Macedonian musician, accordionist, pianist, composer, improviser, arranger and producer. He belongs to the generation of young Macedonian artists who has overcome challenges and fears of conventional creative communication with the global world, creating his own unique expression that persistently defy the forms of commercial music. Mostly free in his musical forms, the avant-garde music of this versatile composer and accordionist, moves within the frames of jazz and world music, at the same time nurturing the influence of the classical middle age masters, and keeping the connection with the Macedonian music including its exotic scales and rhythms. Performing in different formations including “Ensemble Moderna”, “Svirci iz Kavadarci” and “Starowski”, his path has taken a new direction, back in 2013, with his participation and artist residency in a Swiss /Chinese program for initiative in culture and art “Swatch Art Peace Hotel” in Shanghai. This project resulted with two hours of new original music. This is only one part of Yordan Kostov’s nomadic musical adventure that lasts until today, sporadically interrupted by short stays in his native Macedonia. He has been always living and working as a world citizen - providing value to society by using knowledge acquired across cultural contexts, acting like a traveler who is connecting cultures and supporting art. The Yordan Kostov Ensemble’s performance at 40. Skopje Jazz Festival is a live premiere of their new album “Intertwining a Fugue”, the latest release of SJF Records.
Photo: Sasho Alushevski
L.U.M.E.
22 ОКТОМВРИ, 22:00
Национална опера и балет MARCO BARROSO composition, direction, piano MANUEL LUÍS COCHOFEL flute PAULO BERNARDINO soprano clarinet JOÃO PEDRO SILVA soprano saxophone TOMÁS MARQUES alto saxophone GONÇALO PRAZERES tenor saxophone ELMANO COELHO baritone saxophone L.U.M.E. (Lisbon Underground Music Ensemble), формиран и предводен од Марко Баросо, е бенд составен од 15 џез и класични музичари којшто гравитира помеѓу афинитетите кон класичниот модел на биг-бенд и неговите реинтерпретации или провокации. Во рамките на честопати ироничната драматизација на практиките и вокабуларот на џез, рок или класичната музика, и продорот во експерименталните сфери, музиката на Марко Баросо и L.U.M.E. го трансформираат наследството на биг-бендовите, ослободувајќи ја од нејзините конвенционални модели и отворајќи нови естетски перспективи - своевиден калеидоскоп со широки хоризонти, во континуирана „што ако?“ перспектива. Родени во 2006, L.U.M.E го издадоа својот прв истоимен албум во 2010 година, што доживеа и второ издание во 2013 година. Нивниот втор албум, „Xabregas 10“, во светот беше оценет како едно од најоригиналните и најхрабрите музички дела во последните години. Третиот албум на L.U.M.E., „Las Californias”, којшто официјално излегува овој октомври, го прикажува креативното вибрирање на ансамблот што поврзува 15 музичари со иста визија: потрага по неочекувани и непредвидливи патеки, во постојана тензија меѓу композицијата и импровизацијата. Прикажувајќи различни состојби на умот, музиката на „Las Californias” креира фантастичен пејзаж од спомени и изгубени соништа што лебдат над урнатините на една замислена реалност. Проект што се движи по неизвесната патека од нивните претходни албуми, градена сè додека секоја композиција не заврши како студиска снимка.
SÉRGIO CHARRINHO JÉSSICA PINA RICARDO CARVALHO trumpets RÚBEN DA LUZ EDUARDO LÁLA MÁRIO VICENTE trombones MIGUEL AMADO bass VICKY MARQUES drums L.U.M.E. (Lisbon Underground Music Ensemble), created and led by Marco Barroso, is a 15 piece ensemble of jazz and classical musicians that moves in between affinities with the Big Band classical model and re-interpretations or provocations towards it. Within a dramatization, frequently ironic, of the practices and vocabularies of jazz, rock or classical music, and incursions into experimentalism, Marco Barroso and L.U.M.E. music transforms the Big Bands patrimony, breaking free of its conventional patterns and opening new aesthetic perspectives - a sort of kaleidoscope with broad horizons, in a permanent “what if?”. Born in 2006, L.U.M.E released its first homonymous album in 2010, and its second edition in 2013. Their second album, “Xabregas 10”, was considered worldwide as one of the most original and defying music in the last years. L.U.M.E.’s third original album, “Las Californias”, to be officially released in October 2021, reveals the creative bubbling of the ensemble that connects 15 musicians with the same vision: the search for unexpected and unlikely paths, in a permanent tension between composition and improvisation. Covering dissimilar states of mind, the music of “Las Californias” converges to an unreal landscape, of memories and lost dreams hovering over the rubble of an imagined reality. A project that continues their previous albums, in an uncertain path that is built until the studio audio recording of each piece. photo: Cátia Barbosa
MOOR MOTHER with Dudù Kouate & Mats Gustafsson
22 ОКТОМВРИ, 24:00 МКЦ Дансинг сала
MOOR MOTHER MC, poetry, electronics DUDÙ KOUATЕ vocals, african percussion, flute, djembe, water pumpkins drums, talking drum, ngoni MATS GUSTAFSSON saxophones Каме Ајева (попозната како Moor Mother) е американска поетеса, музичарка, пејачка, визуелен уметник и активист од Филаделфија. Има настапувано на бројни фестивали низ светот, во колеџи, галерии и музеи, соработувајќи со голем број уметници, како Кинг Брит, Роско Мичел, Клаудија Ранкин, Бел Хукс, Никол Мичел, и многу, многу други. Заедно со Рашида Филипс, таа е дел од колективот Black Quantum Futurism. Пејачка и ко-лидер на три групи: Irreversible Entanglements, MoorJewelry и 700bliss. Како Moor Mother таа во 2016 година за етикетата Don Giovanni го издаде својот деби албум „Fetish Bones“, еуфорично пречекан од музичката критика. Тој беше оценет како едно од најиновативните изданија на деценијата. Истата година, за The AfroFuturist Affair, беше издадена и нејзината прва книга поезија. По „Fetish Bones“ Каме постојано реализира голем број нови албуми, кои заедно со нејзините други интердисциплинарни проекти, изложби и резиденции во култни музеи и фестивали во светот и донесоа статус на водечки визионер, борец и раскажувач на црнечката кауза од новата генерација. Репутацијата ја стекна со бескомпромисноста и редизајнирањето на електронскиот ноиз во протестни песни. Со својот длабоко личен музички израз, соединувајќи ги ноизот, политиката и Афрофутуризмот, вокабуларот на хипхопот и енергијата на панк-рокот, Moor Mother создава нов, огигинален музички „тур де форс“. Во Скопје таа ќе настапи со специјалните гости: Дуду Којате (со кого изминативе години настапуваше и снимаше како дел од Art Ensemble of Chicago) и Матс Густафсон.
Camae Ayewa (stage name - Moor Mother) is an American poet, musician, visual artist, workshop facilitator and activist from Philadelphia. She has performed at numerous festivals, colleges, galleries, and museums around the world sharing the stage with King Britt, Roscoe Mitchell, Claudia Rankine, Bell Hooks, Nicole Mitchell, Art Ensemble of Chicago and many, many more. Along with Rasheedah Phillips she is one half of the collective Black Quantum Futurism. A vocalist and co-leader in three collaborative performance groups: Irreversible Entanglements, MoorJewelry and 700bliss. As Moor Mother, she released her debut album Fetish Bones on Don Giovanni records to critical acclaim in 2016. Fetish Bones was named one of the most innovative and important records of the decade. Same year, Camae’s debut book of poetry was released by The AfroFuturist Affair. Camae has released multiple albums every year since Fetish Bones, what with variety of other projects, commissions, exhibitions and residencies throughout the world created a status of a leader of the new generation of visionary black storytellers. Garnering acclaim for masterfully reimagining electronic noise as protest songs, in her singular, deeply personal music, she combines noise, politics, and Afrofuturism. Camae Ayewa shapes the vocabulary of hip hop and energy of punk rock into a musical tour de force. In Skopje Moor Mother will have two special guests, Dudù Kouatе (with whom she performed and recorded as a part of the Art Ensemble of Chicago) and Mats Gustafsson. photo: Melanie Marsman
SHAKE STEW
23 ОКТОМВРИ, 20:00
Национална опера и балет
LUKAS KRANZELBINDER bass, guembri, bandleader ASTRID WIESINGER alto saxophone, stritch FABIAN RUCKER tenor saxophone, flute RICHARD KOCH trumpet Австрискиот бенд Shake Stew е своевиден феномен. Експлодираа на сцената, речиси од никаде, со премиерниот настап на џез-фестивалот Saalfelden во 2016, а веднаш потоа и со нивното албумско деби „The Golden Fang”. Оттогаш, нивниот извонредно енергичен микс од хипнотички афробит и џез грув им донесе огромен успех не само на домашен терен, туку и низ цела Европа. Предводени од ѕвездата во подем - басистот Лукас Кранцелбиндер, тие со молскавична брзина станаа еден од најжешките лајв бендови наоколу, а одличниот прием на вториот албум „Rise And Rise Again“ (со Шабака Хачингс) им обезбеди поширок пласман на нивниот уникатен звук, овозможувајќи им голема турнеја низ Канада, Мексико, Мароко и извонредни настапи на престижните фестивали како Montreal, Rochester и North Sea Jazz Festival. Невообичаената формација на Shake Stew од 2 тапанари, 2 басисти и 3 дувачи е еден од клучните фактори што го прават овој седумчлен бенд посебен. Оваа, на прв поглед, малку чудна инструментација, е меѓу себе природно, органски поврзана, создавајќи го препознатливиот суперенергичен звук на Shake Stew, врз кој ја изградија својата репутација. Иако се кратко на сцената, тие имаат веќе 3 студиски албуми зад себе, а во моментов се актуелни со (A)live! - нивниот прв албум во живо: високооктанска мешавина од жесток џез и трансоидни грув инјекции комбинирани со мистериозни звучни пејзажи и спиритуални фри-џез ерупции. Со неодамна освоената награда на German Jazz Award во категоријата „интернационален бенд на годината“, Shake Stew се спремни да го освојат и Скопје.
BEATE WIESINGER bass NIKOLAUS DOLP drums, percussion HERBERT PIRKER drums, percussion Austrian band Shake Stew has become something of a phenomenon. With their premiere at Jazzfestival Saalfelden 2016 and their following debut “The Golden Fang” they seemingly exploded into the scene out of nowhere. Since then their high energy mixture of hypnotic afrobeat and jazz grooves has made them enormously successful not only on home turf but across Europe. Led by rising star bassist Lukas Kranzelbinder they quickly became one of the hottest live acts on the circuit, while the impact of their second album “Rise And Rise Again” (featuring Shabaka Hutchings) enabled them to spread their unique sound further afield, including an extensive tour of Canada, Mexico, Morocco and stand out shows at prestigious festivals like Montreal, Rochester and North Sea Jazz Festival. Shake Stew’s unusual configuration of 2 drummers, 2 bass players and 3 horns is one of the key things that make this 7-piece band stand out. This instrumentation, which at first seems a little strange, seamlessly blends together, creating the trademark Shake Stew high-energy sound that their reputation has been built on. Despite being on the scene for only a short time, they already released 3 studio albums and now take the stage with (A)live! - their first ever live album: A high-octane mix of fiery jazz and trancelike groove injections combined with mysterious soundscapes and spiritual free jazz eruptions. They only recently won the German Jazz Award as “Band of the year International” and will play in Skopje for the first time! Photo: Severin Koller
NU MUSIC 4
feat. Christer Bothén, Goran Kajfeš, Mats Gustafsson & Okay Temiz
23 ОКТОМВРИ, 22:00
Национална опера и балет
CHRISTER BOTHÉN donso ngoni, bass clarinet, piano GORAN KAJFEŠ trumpets, keyboard MATS GUSTAFSSON saxophones and flutes OKAY TEMIZ drums, berimbau and percussion Под заедничкото име NU Music 4, Матс Густафсон и Горан Кајфеш за прв пат се здружуваат со Кристер Ботен и Окај Темиз - некогашните соработници на легендарниот американски музичар Дон Чери. Се работи за нов квартет кој во слободни форми ќе исполнува свои суити и композиции (но и фрагментирани дела на Дон Чери), како реминисценција на еклектичните аранжмани и мултикултурниот пристап на Чери и неговото богато наследство. Дон несомнено беше голема инспирација во нивните кариери. Окај Темиз, славниот турски перкусионист, се сретна со Дон кон средината на шеесеттите години од минатиот век во Стокхолм, поттикнувајќи го толку плодотворниот интерес на Чери за ориенталната музика. Нивната соработка ќе трае десетина години. Најчесто настапуваа во дует и трио формација, со јужноафриканскиот басист Џони Дијани. Во седумдесеттите години, Дон Чери се сретна со Кристер Ботен, една од клучните фигури во историјата на шведската џез музика. Средбата се случи на еден концерт на кој Ботен свиреше нгони, традиционален инструмент од Мали. Дон и Кристер имаа плодна и креативна дружба, со неколку екстензивни заеднички турнеи. Швеѓаните Матс Густафсон и Горан Кајфеш, зад себе имаат реализирано проекти со децата на Дон: Нене и Игл-Ај Чери. NU Music 4 ги користат влијанијата од фри-џезот, етничката музика од Африка, Турција, Бразил и Скандинавија, потоа од експерименталните музички традиции, како и од формите, структурите и содржините на авангардниот рок и џез. Светската фестивалска премиера ќе ја имаат на Скопскиот џез фестивал.
Performing under the moniker NU Music 4 for the first time, Mats Gustafsson and Goran Kajfeš join former Don Cherry collaborators Christer Bothén and Okay Temiz as a new quartet, sprung from the radical spirit and collaborative models Don championed in his lifetime. The quartet will perform free-form suites and compositions (by all members of the group as well as fragments and pieces by Don Cherry) all drawing from a vibrant, cross-cultural array of instruments and sounds. With its exuberant style, the quartet is reminiscent of Don’s own eclectic arrangements, and each performer has been profoundly influenced by his enduring legacy. Okay Temiz, a Turkish percussionist, met Don Cherry in the mid-1960s in Stockholm and helped spark his interest in non-Western music - the two performing together, often as a trio with South African bassist Johnny Dyani, over the next decade. Don Cherry met Christer Bothén, a key figure on the Scandinavian creative music scene, in the early 1970s after seeing him play the donso ngoni, a traditional Mali instrument. They toured together extensively. Completing the quartet are Swedish saxophonist Mats Gustafsson, and CroatianSwedish trumpeter Goran Kajfeš, both of whom have collaborated with Don’s children: Neneh and EagleEye Cherry. The group is using influences from free jazz, ethnic music from North Africa, Turkey, Brazil, Scandinavia and various experimental music traditions as well as forms, structures and contents from radical rock and jazz. NU Music 4 will have its world festival premiere at Skopje Jazz Festival.
ROBERTO FONSECA TRIO
24 ОКТОМВРИ, 20:00
Национална опера и балет
ROBERTO FONSECA piano, keyboards, vocals YANDY MARTINEZ double bass, electric bass RULY HERRERA drums Роберто Фонсека е кубански пијанист, пејач, мултиинструменталист, композитор, продуцент и водач на состав. Роден 1975 година во Хавана, тој има снимено девет соло албуми, работено во повеќе жанрови, номиниран за Греми, а свирејќи ја својата музика во живо го има обиколено светот неколку пати. На тој свој пат ја постигнал и целта што си ја поставил пред себе уште од почетокот на својата професионална кариера, во раните 1990-ти: „Каде и да се наоѓаат, луѓето што ќе ја слушнат мојата музика би сакал да речат: Е, ова е Роберто Фонсека!“ Како син на татко тапанар и мајка танчерка и пејачка, Роберто започнал да свири тапани на четири, а пијано на осум години. Неговиот музички вкус отсекогаш бил еклектичен: хард рок, американски џез, фанк и соул, африканска и бразилска музика, класика, регетон, електроника, хип-хоп... Неговите афро-кубански корени го крепат звукот што гради мостови помеѓу традиционалното и модерното и ја носат кубанската, воопшто музиката, напред кон иднината. Во 2012 го објави Греми номинираниот албум „Yo“ на кој соработуваше со 15 познати музичари од Куба, САД и од Африка меѓу кои Фатумата Дијавара од Мали, со која воспостави успешна концертна соработка што резултираше со албумот „At Home”, снимен 2015 година во живо на фестивалот Jazz in Marciac. Во 2019 година го објави „Yesun“ на кој му гостуваат реномираниот саксoфонист Џо Ловано и прочуениот француско-либански трубач Ибрахим Маалуф. Денес извонредниот Роберто Фонсека ја создава музиката што отсекогаш сакал да ја твори.
Roberto Fonseca is a Cuban pianist, vocalist, multiinstrumentalist, composer, producer and bandleader. Havana-born and based, he has released nine solo albums, collaborated across genres, been nominated for a Grammy Award and toured the world several times over. Along the way he has achieved the aim with which he began his professional career in the early 1990s: “Wherever people are, I want them to hear my music and say, ‘This is Roberto Fonseca’.” Born in Havana in 1975, the son of a drummer father and dancer/singer mother, Fonseca started playing drums aged four and the piano aged eight. His tastes were always eclectic: hard rock, American jazz, funk and soul, music made in Africa and Brazil, classical music, reggaeton, electronica, hip-hop and the music of Cuba. Fonseca’s deep AfroCuban roots underpin a sound that builds bridges between the ancient and modern and takes Cuban music – all music – forward. In 2012 came his Grammy-nominated masterwork Yo, a turbocharged album aided by 15 musicians from Cuba, the US and Africa. Among them, Malian singer-songwriter and guitarist Fatoumata Diawara, with whom Fonseca embarked on an acclaimed live collaboration that resulted in 2015’s At Home, also recorded live at the Jazz in Marciac festival. Released on 18 October 2019, Yesun features guests including Grammy-winning saxophonist Joe Lovano and lauded French-Lebanese trumpeter Ibrahim Maalouf. Having long proved himself exceptional, Fonseca is making the music he has always wanted to make. Photo: Carles Roig
24 ОКТОМВРИ, 18:00
МКЦ Кино Фросина
AJS QUARTET GENT RUSHI piano ERMAL RODI saxophone, flute
EMILJAN DHIMO drums RONI GJURA double bass
Квартетот AJS e денес најпопуларната џез група во Албанија. Четворицата музичари заедно свират веќе 10 години, а споделувањето на идеите и искуствата ја прави нивната музика привлечна за слушателите. Инспирацијата ја црпат од широк спектар на стилови, обоени со современи балкански мотиви. Групата веќе има настапувано на повеќе интернационални фестивали. Нејзините членови ја оформија првата организација на албански џез музичари и се активни педагози на Универзитетот за уметности во Тирана.
AJS Quartet is the most popular jazz group in Albania. The four musicians have been playing together for 10 years. Jointed ideas and experiences of these artists makes their performance and sound attractive. The AJS Quartet music is inspired by a wide range of styles, all of which come with the colors of contemporary Balkan jazz. The band already performed on international jazz festivals and its members created the first organization of Albanian jazz musicians, being part of the academic staff of the University of Arts in Tirana. Photo: Erald Deda
SJF RECORDS DIVISION OF SKOPJE JAZZ FESTIVAL
NEW!
Yordan Kostov Ensemble Intertwining a Fugue
Svetlost + Odron Ritual Orchestra A Wave Returns to the Ocean
18 ОКТОМВРИ, 20:00 / 23 ОКТОМВРИ, 18:00 МКЦ Кино Фросина
ARETHA FRANKLIN AMAZING GRACE DOCUMENTARY FILM, 2018 Realized by: Alan Elliott with original 1972 Warner Bros. footage Producers: Alan Elliott, Joe Boyd, Rob Johnson, Chiemi Karasawa, Sabrina Owens, Jerry Wexler, Tirrell D. Whittley, Joseph Woolf Starring: Aretha Franklin, James Cleveland, Alexander Hamilton and The Southern California Community Choir Distribution: SPI International Runtime: 87 min. Amazing Grace е извонредeн концертен филм за Арета Френклин кој го документира враќањето на соул кралицата во госпел музиката во 1972 годинa, со два легендарни настапи, придружена од хор, во една баптистичка црква во Вотс, Лос Анџелес. Таму каде што таа го снимаше истоимениот албум, Amazing Grace, кој доби Греми и стана најдобро продаваната госпел плоча во музичката историја. Материјалот за филмот го сними режисерот Сидни Полак, но тој заврши во магацините на Warner Brothers, како последица на низа технички и правни проблеми, вклучувајќи ги и оние што ги создаваше самата Арета. Подоцна, кога продуцентот Алан Елиот ги обезбеди правата за него, филмот беше конечно реставриран и комплетиран. Музичките сладокусци чекаа речиси половина век за да ги видат фасцинантните изведби на Арета, кои се сметаат за неспоредливи со било што слично во музиката и кои ја доведоа до екстаза „привелегираната“ публика во црквата во далечната 1972. Дозволата за прикажувањето на филмот стигна по смртта на Арета, од нејзинито семејство.
Amazing Grace is a remarkable Aretha Franklin concert film that documents the Queen of Soul’s return to gospel music in 1972, her famed twonight performances with the choir at New Bethel Baptist Church in Watts, Los Angeles, where she was recording the Grammy–winning live gospel album of the same name, Amazing Grace, that went on to become the highest-selling gospel music album of all time. The footage was originally captured by the director Sydney Pollack but ended up languishing in the vaults owing to various technical and legal issues, including the ones of Aretha herself. Later on, after producer Alan Elliott acquired the rights to it, the film was finally restored and completed. Music fans have been waiting almost half a century to see a storied documentary of the legendary performances, that were considered unparalleled to any others in music, taking the privileged audience in the church to ecstasy. The necessary permission for releasing the film was given by Aretha’s estate, following Franklin’s death.
21 ОКТОМВРИ, 18:00
МКЦ Кино Фросина
BLUE NOTE RECORDS: BEYOND THE NOTES DOCUMENTARY FILM, 2018 Directed by: Sophie Huber With: Herbie Hancock, Wayne Shorter, Lou Donaldson, Norah Jones, Robert Glasper, Ambrose Akinmusire, Don Was, Rudy Van Gelder… Production: Mira Film Runtime: 85 min.
Blue Note Records, една од најзначајните издавачки куќи во историјата на џезот и американската музика воопшто, беше дом на такви револуционерни уметници како Мајлс Дејвис, Телониус Монк, Џон Колтрејн, Бад Пауел и Арт Блеки, како и на денешните ѕвезди Роберт Гласпер, Амброуз Акинмузире и Нора Џонс. Основана во 1939 година во Њујорк од страна на германските еврејски бегалци Алфред Лајон и Френсис Вулф, историјата на Blue Note Records не ги подразбира само легендарните снимки, туку ја содржи и потрагата по музичка слобода, конфликтот меѓу уметноста и парите, како и идејата за музиката како трансформативна и револуционерна сила. Низ раритетните архивски снимки, тековните студиски сесии и разговорите со џез иконите Херби Хенкок, Вејн Шортер и сегашните Blue Note ѕвезди, BLUE NOTE RECORDS: BEYOND THE NOTES одгатнува една моќна мисија, осветлувајќи ги виталните врски меѓу џез и хип хоп музиката.
One of the most important record labels in the history of jazz — and, by extension, that of American music — Blue Note Records has been home to such groundbreaking artists as Miles Davis, Thelonious Monk, John Coltrane, Bud Powell and Art Blakey, as well as present-day luminaries like Robert Glasper, Ambrose Akinmusire and Norah Jones. Founded in New York in 1939 by German Jewish refugees Alfred Lion and Francis Wolff, the history of Blue Note Records goes beyond the landmark recordings, encompassing the pursuit of musical freedom, the conflict between art and commerce and the idea of music as a transformative and revolutionary force. Through rare archival footage, current recording sessions and conversations with jazz icons Herbie Hancock, Wayne Shorter and today’s groundbreaking Blue Note musicians, BLUE NOTE RECORDS: BEYOND THE NOTES reveals a powerful mission and illuminates the vital connections between jazz and hip hop.
40. SKOPJE JAZZ FESTIVAL Under patronage of
MINISTRY OF CULTURE Supported by
EMBASSY OF THE UNITED STATES OF AMERICA DELEGATION OF THE EUROPEAN UNION AUSTRIAN EMBASSY SKOPJE EMBASSY OF SWEDEN SKOPJE REPÚBLICA PORTUGUESA CULTURA / DIREÇÃO-GERAL DAS ARTES UNHCR and
CITY OF SKOPJE Sponsors:
PRILEPSKA PIVARNICA OKTA TIKVEŠ WINERY NLB BANKA APOLLONIA GROUP AND FOUNDATION NEOTEL NEOCOM MAK-SYSTEM SAVA PENZISKO DRUŠTVO ALKALOID DHL EXPRESS MACEDONIA Media Sponsors
Kanal 103, Jazz FM, Kanal 77, Sloboden Pecat, Nezavisen Vesnik, idividi.com.mk, plusinfo.mk, time.mk, mkd.mk, okno.mk, sdk.mk, libertas.mk, novatv.mk, prizma.mk, mia.mk, frontline.mk Poster design Slavimir Stojanovic Futro Catalogue design Ivan Petrushevski Print Arcuss Publisher Skopje Jazz Festival
SKOPJE JAZZ FESTIVAL Maksim Gorki 5, 1000 Skopje, North Macedonia phone: +389 2 3131 090 e-mail: sjf@skopjejazzfest.com.mk www.skopjejazzfest.com.mk