DAVID TORN
17 ОКТОМВРИ МОБ, 20:00
DAVID TORN electric guitar, live-looping, electronics
Дејвид Торн е композитор, текстуралист, гитарист, импровизатор, филмски композитор и продуцент со извонредна светска репутација, познат по својот уникатен музички израз што опфаќа и воедно проблематизира низа идиоми и стилови. Неговиот карактеристичен и композиторски текстурален опус изврши сериозно влијание како врз филмската музика така и врз современата електрична, електроакустична и електронска музика. Креативниот придонес на Торн ги збогати и облагороди делата на голем број познати музички уметници, како Дејвид Боуви, Лори Андерсон, Тим Берн, Мадона, Тори Амос, Руичи Сакамото, Мик Карн, Дејвид Силвијан, Јан Гарбарек и Еберхарт Вебер, Стив Роуч, Марк Ишам, Џеф Бек и Дон Чери. Покрај овие ангажмани, Торн првенствено се докажа како еден од најживописните и најимагинативни композитори и иноватори на гитарата во последните 40 години. Користејќи комплексен систем на сложени лупови и ефекти, тој гради звучни визии што асоцираат на отворени рамнини и шилести кањони, на поларни светлини и сиви мугри. Создавајќи волшебни, вонземски пејзажи и пасторални предели, преполни градски авении и океански длабочини, Торн доловува посебна атмосфера како што тоа им успева само на неколку современи музички визионери. Списанието Jazzwise го опиша неговото соло издание „Only Sky” (2015, ECM) како „вибрирачки колаж полн со треперливи звучни форми, мрачен, урбан електронски звучен пејсаж - моќна мешавина на џез, слободен рок и технологија којашто е едновремено комплицирана и благодарна“.
David Torn is a composer, texturalist, guitarist, improviser, film composer and producer of actual international stature, renowned for his unique musical voice which seems to span & un-define a range of idioms and styles. His characterful and compositionally textural work has had material impact & influence on both film scoring and, generally, upon contemporary electric, electro-acoustic & electronic music. David’s creative contributions have graced & assisted the works of other musical artists-of-note as diverse as David Bowie, Laurie Anderson, Tim Berne, Madonna, Tori Amos, Ryuichi Sakamoto, Mick Karn, David Sylvian, Jan Garbarek & Eberhard Weber, Steve Roach, Mark Isham, Jeff Beck and Don Cherry. Apart from the celebrities and scores, though, Torn has emerged as one of the most vivid and imaginative guitar composers and innovators of the last 40 years. Using a complicated system of intricate loops and effects, he builds soundscapes that suggest open plains and jagged canyons, northern lights and gray dawns. Conjuring alien landscapes and pastoral vistas, busy city avenues and oceanic depths, Torn elicits atmosphere like few other modern instrumentals. Jazzwise described Torn’s 2015 solo release, “Only Sky” (ECM) as “a vibrating collage full of shimmering sonic shapes, a dark, urban electronic soundscape – a potent mix of jazz, freeform rock and technology that is both demanding and rewarding.”
Photo by Tim Berne
FRED FRITH TRIO
17 ОКТОМВРИ МОБ, 22:00
FRED FRITH guitar, bass, voice
JASON HOOPES bass
JORDAN GLENN drums Aнглискиот гитарист, композитор, иноватор и импровизатор Фред Фрит е активен на авангардната музичка сцена уште од шеесеттите години на минатиот век. Три децении ја водеше легендарната група Henry Cow. Во доцните седумдесетти се сели во Америка и почнува да соработува со познати њујоршки експериментални музичари. По издавањето на влијателниот албум “Guitar Solos” во 1974 година, Фрит обезбедува извонредно значајно место на светската импровизаторска сцена, не само како признат соло изведувач, туку и во друштво на музичари како Бил Ласвел, Брајан Ино, Дерек Бејли, Хан Бенинк, Крис Катлер, Лол Коксхил, Роберт Вајат, Том Кора, Зина Паркинс, The Residents, Икуе Мори, Мајк Патон, Џон Зорн (во групата Naked City) и други. Неуморно работеше со поголем број состави, како Skeleton Crew, Massacre, Keep the Dog, Art Bears, Guitar Quartet, Eye to Ear и Cosa Brava, а компонираше музика и за ROVA, Ensemble Modern и Arditti Quartet. Неговото име се среќава на повеќе од 400 дискографски изданија. Од неодамна настапува со своето Fred Frith Trio, во кое членуваат две исклучително талентирани музички фигури од Сан Франциско: басистот Џејсон Хупс и тапанарот Џордан Глен. Триото има издадено два албума за Intakt Records: “Another Fucking Day in Paradise” (2016) и “Closer to the Ground” (2018). Критиката ги опиша како „тројца екстравагантно креативни музичари кои создаваат музика каква што досега никогаш не сме слушнале“.
The English guitarist, composer, innovator and improviser Fred Frith has been active on the avantgarde music scene since the 1960s. He led the legendary group Henry Cow for three decades. Frith moved to the U.S. in the late ‘70s, where he began associations with renowned New Yorkbased experimental musicians. The release of the seminal album “Guitar Solos” in 1974 enabled him to simultaneously carve out a place for himself in the international improvised music scene, not only as an acclaimed solo performer but in the company of artists like Bill Laswell, Brian Eno, Derek Bailey, Han Bennink, Chris Cutler, Lol Coxhill, Robert Wyatt, Tom Cora, Zeena Parkins, The Residents, Ikue Mori, Mike Patton, John Zorn’s Naked City and others. He is also well known for his restless work with bands like Skeleton Crew, Massacre, Keep the Dog, Art Bears, Tense Serenity, Guitar Quartet, Eye to Ear, Cosa Brava as well as for composing music for ROVA, Ensemble Modern and the Arditti Quartet, among others. Friths’s name appears on more than 400 recordings. The Fred Frith Trio teams the leader with a pair of gifted San Francisco Bay Area musicians, bassist Jason Hoopes and drummer Jordan Glenn. The trio has released two albums on Intakt Records: Another Fucking Day in Paradise (2016) and Closer to the Ground (2018). Critics called them “three extravagantly creative musicians employed in making music like we’ve never heard before”.
Photo by Heike Liss
SOKRATIS SINOPOULOS QUARTET
18 ОКТОМВРИ МОБ, 20:00 SOKRATIS SINOPOULOS lyra
YANN KEERIM piano
DIMITRIOS TSEKOURAS double bass
DIMITRIOS EMMANOUIL drums Сократис Синопулос е роден 1974 година во Атина. Тој уште како дете ја изучува византиската музика и класичната гитара. Во 1988 година почнал да свири лира и лејта, под менторство на Рос Дејли. Следната година е веќе член на групата на неговиот ментор - Labyrinthos. Оттогаш снима и настапува со композитори, музичари и пејачи од Грција и светот, во најразлични жанрови, од фолк музика до џез, учествувајќи на безброј концертни настапи и снимки низ целиот свет. Во 1999 година е одликуван со националната награда за млади уметници „Мелина Меркури“. Во џез водите се пробива, пред сè, благодарание на неговото учество во снимањето на ECM-изданијата на Чарлс Лојд, Марија Фарантури и Елени Караиндру. Во 2011 година го оформува Sokratis Sinopoulos Quartet. Деби албумот на квартетот под наслов “Eight Winds” (2015), продуциран од Манфред Ајхер за ECM Records, предизвика одлични критики на глобално ниво. Четири години подоцна, Sokratis Sinopoulos Quartet се враќа со својот нов албум “Metamodal” (2019, ECM). Станува збор за уникатен бенд, квартет што суптилно ги разоткрива различните музички влијанија, создавајќи дело коешто е резултат на спознанијата и искуството на музичарите во однос на фолклорните форми, византиската и класичната музика, како и бројните форми на импровизација, вклучувајќи и џез. “Metamodal”, снимен во Атина и повторно продуциран од првиот човек на ECM Манфред Ајхер, претставува гигантски чекор напред за групата во однос на нивното деби издание.
Born in Athens in 1974, Sokratis Sinopoulos studied Byzantine music and classical guitar as a child, and began playing lyra and lute in 1988, under the instruction of Ross Daly; within a year he was a member of his mentor’s group, Labyrinthos. He has since recorded and performed with composers, musicians and singers from Greece and abroad in various genres, from folk music to jazz, participating in countless concerts and recordings all around the world. In 1999 he was honored with the Melina Mercouri national award for young artists. He made his name in the jazz world thanks to the ECM recordings of Charles Lloyd, Maria Farantouri and Eleni Karaindrou. In 2011 he created Sokratis Sinopoulos Quartet. The debut album of the quartet entitled “Eight Winds” (2015), was produced by Manfred Eicher for ECM records and received excellent reviews globally. Four years after the critically lauded debut, the Athens-based Sokratis Sinopolous Quartet returns with their new album “Metamodal” (2019, ECM). A unique band, the quartet subtly sifts a vast pool of influence, its music informed by the players’ experience of folk forms, Byzantine and classical music, and many modes of improvising, including jazz. With “Metamodal”, recorded at Sierra Studios in Athens and produced again by Manfred Eicher, the group as a whole has made giant steps since its debut.
Photo by Sevi Tsoni
ANOUAR BRAHEM QUARTET The Astounding Eyes of Rita
18 ОКТОМВРИ МОБ, 22:00 ANOUAR BRAHEM oud
KLAUS GESING bass clarinet
BJÖRN MEYER bass
KHALED YASSINE percussion Ануар Браем е волшебник на инструментот ут, автентичен мајстор кој успева да ја изнесе на површина сета акустична магија што ја носи оваа стара традиционална ориентална лејта во својата утроба: музичкото наследство на арапскиот и исламскиот свет. Браем е феномен, концентрирана мешавина на плодни парадокси: тој е крајно субверзивен класицист; осамен солист, недвосмислено отворен кон светот; човек склон кон поместување на сопствените и на музичките граници, не попуштајќи ни сантиметар од естетските стандарди ковани низ времето и калени со длабока почит кон традицијата. И бидејќи речиси четириесет години настојува да го вткае ова изобилство на влијанија и различни страсти во самата срж на своите дела и композиции, Ануар Браем денес создава музика водена првенствено од неговата лична, сопствена визија, ослободена од какви било познати традиционални влијанија. Од богатиот репертоар на џезот - Џон Сурман, Дејв Холанд, Јан Гарбарек и Џек Ди Џонет се само некои од врвните музичари што подлегнаа на волшебните мелодии на Браем – па сè до повеќето различни традиции од медитеранско и ориентално потекло (од родниот Тунис до границите на Индија и Иран), неговиот чувствителен, но сепак строг музички израз постојано го редефинира оној умно составен универзум на поезија и култура, секогаш балансирајќи меѓу дискретноста и сензуалноста, носталгијата и контемплацијата. Проектот “The Astounding Eyes of Rita” (ECM, 2009) е посветен на сеќавањето на палестинскиот поет Махмуд Дарвиш.
Anouar Brahem is the oud’s conjuror, an authentic master at bringing out the acoustic magic which this age-old traditional Oriental lute carries inside its calabash: the musical heritage of the Arab and Islamic worlds. Brahem is a phenomenon, a concentrated mix of prolific paradoxes: he is a supremely subversive classicist; a solitary soloist, resolutely open to the world; a man ever inclined to venture beyond his own limits and push back musical frontiers… without yielding an inch to aesthetic standards forged across time and tempered with deep respect for tradition. And because he’s sought to weave this abundance of influences and disparate passions inside the very material of his work and compositions for nearly forty years, Anouar Brahem now creates music free of any named traditional influences but rather in his own image. From the rich repertoire of јazz – John Surman, Dave Holland, Jan Garbarek and Jack De Johnette are just some of the leading players to succumb to Brahem’s melodic spells – to the multiple and diverse traditions of Mediterranean and Oriental influence (from his native Tunisia to the confines of India and Iran), his sensitive yet rigorous music constantly redefines a cleverly composite universe of poetry and culture, ever balancing between discretion and sensuality, nostalgia and contemplation. “The Astounding Eyes of Rita” (ECM, 2009) is dedicated to the memory of Palestinian poet Mahmoud Darwish.
Photo by Marco Borggreve
JON BALKE BATAGRAF
19 ОКТОМВРИ МОБ, 20:00 JON BALKE percussion and keyboards
EMILIE STOESEN CHRISTENSEN vocal
GIORGIO LI CALZI trumpet
HELGE NORBAKKEN percussion
SNORRE BJERCK percussion
Врската на норвешкиот пијанист, клавијатурист, композитор, аранжер и перкусионист Jон Балке со дискографската куќа ECM датира уште од тинејџерско доба, кога се приклучува кон бендот на Арилд Андерсен за снимање на неговиот албум “Clouds In My Head” (1975, ECM). Подоцна, заедно со Андерсен и Јон Кристенсен, ја формира групата Masqualero. Учествува како водач / композитор / аранжер / клавијатурист во проектите Oslo 13, Magnetic North Orchestra и Siwan, а како соло пијанист во проектот Book of Velocities - низа афористични дела во манирот на Куртаг и Лигети. Автор е на обемни композициски дела за голем број најразлични ансамбли и проекти како балетски и театарски претстави, симфониски оркестри, пејачи и џез-ансамбли. Во неговата музичка биографија се запишани соработките со пејачки како Радка Тонеф, Сидсел Ендресен, Ане Ли Дрекер, Карин Крог и ТринеЛисе Варинг, како и живи и студиски сесии со музичари од типот на Арчи Шеп, Џон Сурман, Аирто Мореира/Флора Пурим, Мајкл Урбаниак, Енрико Рава, Џорџ Расел, Паоло Фресу, Нгујен Ле, Мерилин Мазур и др. Склоноста на Балке кон перкусивните инструменти, олицетворена во групата Batagraf, што ја формираше заедно со Хелге Андреас Норбакен и Сноре Бjерк, како своевиден „перкусивен тинк-тенк“ и „форум на идеи“, датира од периодот на неговата десетгодишна соработка со западноафрикански музичари во бендот E’Olen, во периодот меѓу 19781988 година.
Norwegian pianist, keyboard player, composer, arranger, bandleader and percussionist Jon Balke has an association with ECM dating back to his teens, when he joined Arild Andersen’s group to record “Clouds In My Head” (1975). Later he was a co-founder of the Masqualero group, with Andersen and Jon Christensen. He has been featured as leader/composer/arranger/ keyboardist of Oslo 13, Magnetic North Orchestra and Siwan, and as solo pianist on Book of Velocities, a sequence of aphoristic pieces that have affinities with Kurtág and Ligeti. He has written extensive compositional works for a vast variety of ensembles and projects like ballets, theatre plays, symphony orchestras, singers, and jazz ensembles. His history as musician include accompanying singers like Radka Toneff, Sidsel Endresen, Anne Li Drecker, Karin Krogh and Trine-Lise Vaering, as well as live and studio sessions with people like Archie Shepp, John Surman, Airto Moreira/Flora Purim, Michael Urbaniak, Enrico Rava, George Russel, Paolo Fresu, Nguyen Le, Marilyn Mazur etc. Balke’s involvement with percussion, foregrounded in the group Batagraf, which he cofounded with Helge Andreas Norbakken and Snorre Bjerck as a sort of “percussion think-tank” and “forum for ideas”, dates back to his ten-year collaboration with West African musicians in the band E’Olen, between 1978 and 1988.
Photo by Alexander Zuckrow
THE ART ENSEMBLE OF CHICAGO 50th Anniversary (1969-2019)
19 ОКТОМВРИ МОБ, 22:00 ROSCOE MITCHELL
BRETT CARSON
alto sax, soprano sax, sopranino sax and flute
piano
DON MOYE
SILVIA BOLOGNESI
drums, congas and bongos
double bass
HUGH RAGIN
JUNIUS PAUL
trumpet, flugelhorn and piccolo trumpet
double bass and objects
Само неколку музички појави можат се споредуваат со Art Ensemble of Chicago кога е во прашање нивната влијателност, мајсторство и долговечност. Овој исклучителен колектив произлезе од музичката визија, истражувањата и авантуристичките соработки на основачот Роско Мичел и долго време служеше како заштитен знак и главен адут на Здружението за унапредување на креативни музичари AACM (Association for the Advancement of Creative Musicians), извонредно значајна и влијателна организација од Чикаго, заслужна за развојот на кариерите на своите членови: Мухал Ричард Абрамс, Ентони Брекстон, Хенри Тредгил, Вадада Лео Смит и многу други. Групата ја промени историјата на музиката и музичките настапи засекогаш, поместувајќи ги границите на џезот, експерименталната музика и изведувачката уметност, создавајќи свој посебен универзум, сопствено творечко кралство. За оригиналните концертни настапи на AEOC придонесуваа и уникатните звуци и инструменти. Покрај стандардните саксофони, флејти, труби, контрабас и тапани, групата користеше свирчиња, тропалки, ѕвончиња, гонгови, како и разновидни своерачно направени и импровизирани звучни предмети. Легендарните живи настапи на AEOC се спој од музика, театар, поезија и танц, своевиден аудио-визуелен спектакл што ги прави една од највлијателните групи на 20-от век. Предводен од саксофонистот, флејтистот и овогодинешниот NEA Jazz Master Роско Мичел и тапанарот и перкусионистот Фамуду Дон Моје, како копилот, бендот одбележува 50 години од своето постоење, одавајќи им, во исто време, почит на своите заминати членови: Лестер Боуви, Малакај Фејворс и Џозеф Џарман.
TOMEKA REID
DUDU KOUATÉ
cello
african percussion
There are few musical outfits that can claim the influence, mastery and longevity of Art Ensemble of Chicago. This very special collective emerged from founder Roscoe Mitchell’s musical vision, explorations and adventurous collaborations, and has long served as the flagship ensemble of the Association for the Advancement of Creative Musicians (AACM), the august Chicago-based organization that also fostered the careers of members such as Muhal Richard Abrams, Anthony Braxton, Henry Threadgill, and Wadada Leo Smith, among many others. The group changed music and performance history forever, moving beyond the genres of jazz, experimental music and performance art into a creative realm that was entirely their own. AEOC’s performances were made even more distinctive through the use of unique sounds and instruments. Whistles, horns, bells, gongs, homemade and found sound objects feature alongside the saxophones, flutes, trumpet, flugelhorn, double bass and drum set. The group’s legendary live performances blend music, theatre, poetry and dance to create a visual and auditory spectacle that has seen them remain one of the most influential groups of the 20th century. Led by saxophonist, flutist and 2019 NEA Jazz Master Roscoe Mitchell, with drummer and percussionist Famoudou Don Moye as his wingman, the band is marking its 50 years together - and honoring departed members Lester Bowie, Malachi Favors and Joseph Jarman.
Photo by Barbara Barefield
JOELLE LEANDRE
20 ОКТОМВРИ МКЦ Кино Фросина, 18:00
JOELLE LEANDRE double bass
Француската басистка, импровизаторка и композиторка Џоел Леандре е една од најдоминантните фигури на новата европска музика. Вооружена со искуства во оркестарската и во современата музика, членувала во Ensemble L’Itinéraire, Ensemble 2E2M, како и во Ensemble InterContemporain на Пјер Булез. Таа, исто така, има соработувано со Мерс Канингам и со Џон Кејџ, кој компонирал специјално за неа - како и Шелси, Феленон, Херсант, Лејси, Кампана, Јолас, Клементи и околу 40 други композитори. Покрај инволвираноста во современата музика, Леандре има настапувано со некои од најголемите имиња на џезот и импровизацијата, како Дерек Бејли, Ентони Брекстон, Џорџ Луис, Еван Паркер, Ирен Швајцер, Вилијам Паркер, Бар Филипс, Паскал Конте, Стив Лејси, Лорен Њутон, Петер Ковалд, Урс Лејмгрубер, Мет Манери, Рој Кембел, Фред Фрит, Џон Зорн, Марк Наусеф, Мерлин Криспел, Индија Кук и многу други. Има извонредно обемен опус за танц и театар, а учествувала и настапувала во голем број мултидисциплинарни претстави. Во 2002, 2004 и 2006 година, таа е визитинг професор за импровизација и композиција на Милс колеџот во Оукланд, Калифорнија. Нејзиното творештво како композитор и изведувач, без разлика дали станува збор за соло рецитал или во рамките на некој ансамбл, ѝ овозможи настапи на најпрестижните сцени во Европа, Америка и Азија.
French double bass player, improviser and composer Joelle Leandre is one of the dominant figures of the new European music. Trained in orchestral as well as contemporary music, she has played with Ensemble L’Itinéraire, Ensemble 2E2M and Pierre Boulez’s Ensemble InterContemporain. Joelle Leandre has also worked with Merce Cunningham and with John Cage, who has composed especially for her - as have Scelsi, Fénelon, Hersant, Lacy, Campana, Jolas, Clementi and about 40 composers. As well as working in contemporary music, Leandre has played with some of the great names in jazz and improvisation, such as Derek Bailey, Anthony Braxton, George Lewis, Evan Parker, Irene Schweizer, William Parker, Barre Phillips, Pascal Contet, Steve Lacy, Lauren Newton, Peter Kowald, Urs Leimgruber, Mat Maneri, Roy Campbell, Fred Frith, John Zorn, Mark Naussef, Marilyn Crispell, India Cooke and so many others. She has written extensively for dance and theater, and has staged a number of multidisciplinary performances. In 2002, 2004 and 2006, she is visiting professor at Mills College, Oakland, CA, Chaire Darius Milhaud, for improvisation and composition. Her work as a composer and a performer, both in solo recitals and a part of ensembles, has put her under the lights of the most prestigious stages of Europe, the Americas and Asia.
Photo by Ziga Koritnik
TORD GUSTAVSEN TRIO
20 ОКТОМВРИ МОБ, 20:00
TORD GUSTAVSEN piano
GJERMUND SILSET double bass
JARLE VESPESTAD drums Пијанистот Торд Густавсен е роден 1970 година во Осло, но пораснал во норвешката внатрешност. Почнува да свири пијано на четири години, а компонира и импровизира пред воопшто да научи да чита музика и да изведува класични дела. На 19-годишна возраст се запишува на Универзитетот во Осло, развивајќи притоа особен интерес за џезот. Во 1993 година е примен на одделот за џез на Музичкиот конзерваториум во Трондхајм, каде што формира неколку состави со кои ја обиколува Скандинавија. Пред да ја започне својата соло кариера, Торд веќе неколку години е неодминлив актер на норвешката џез сцена. Неговото музицирање претставува клучна карика во проектите на некои од најдобрите норвешки пејачки: Солвег Слетахјел, Сиље Нергард, Сири Гјаре и Кристин Асбјорнсен. Поривот за индивидуално изразување соединет со интензивното внимателно слушање низ взаемна творечка интеракција, го прави Торд особено интересен и возбудлив, како солист и со бенд. Густавсен има издадено осум албуми за ECM со својот ансамбл и трио. Неговата музика доживува енормно позитивни критики насекаде во светот. Добитник е на норвешката награда Греми (Spellemannsprisen), како и на бројни други признанија и награди. Ансамблите на Торд откриваат уникатен универзум на лирика и суптилен фанк-призвук. Неговиот начин на комбинирање на џез-историјата со „нордиските“ медитативни расположенија и лирска убавина е вистинско освежување и провокација на денешната музичка сцена.
Pianist Tord Gustavsen was born in Oslo in 1970 and grew up in the Norwegian countryside. He began playing the piano aged 4, and was composing and improvising before he learned to read music and perform classical pieces. At the age of 19, he began his studies at the University of Oslo and his interest in jazz started to flourish. He was accepted into the jazz department at the Conservatory of Music in Trondheim in 1993, where he formed several bands and toured all over Scandinavia. Before starting his solo career, Tord had already been an important part of the Norwegian jazz scene for several years. His playing has formed a cornerstone in projects featuring some of the finest Norwegian singers, including Solveig Slettahjell, Silje Nergaard, Siri Gjære, and Kristin Asbjørnsen. The urge for individual expression fuses with acutely attentive listening in creative interplay, making Tord a very special experience both as a soloist and as an ensemble player. Gustavsen has released eight albums on ECM Records with his ensemble and trio. His music has been met by a huge volume of critical approval around the world. He has won the Norwegian Grammy Award (Spellemannsprisen) and numerous other awards and prizes. Tord’s ensembles present a unique universe of lyricism and subtle funkiness. His way of melding jazz history with ‘Nordic’ reflective moods and lyrical beauty brings about an intriguing voice on today’s music scene.
Photo by Hans Fredrik Asbjørnsen
JAMES BRANDON LEWIS UNRULY QUINTET
20 ОКТОМВРИ МОБ, 22:00 JAMES BRANDON LEWIS tenor saxophone
JAIMIE BRANCH trumpet
AVA MENDOZA guitar
LUKE STEWART electric bass
WARREN “TRAE” CRUDUP III drums Џејмс Брендон Луис, роден 1983 година во Бафало, Њујорк, е саксофонист, композитор, студиски музичар и едукатор кој е на добар глас кај критиката. Ги комбинира госпел и блуз традициите со искуствата на фри-џезот, експериментирајќи со најдлабоките тонови на својот инструмент. Сето ова го сместува во друштвото на големите. Бележи заеднички настапи и снима со врвни музичари како Вилијам Паркер, Хамиет Блует, Хамид Дрејк, Рави Колтрејн, Џими Хит, Џамаладин Такума, Џо Ловано, Дејв Даглас, Марк Рибо и Крег Харис. Лидер е на бројни ансамбли и еден е од основачите на американскиот поетскомузички состав Heroes Are Gang Leaders, добитник на наградата “American Book Award” во 2018 година. Поседува диплома од универзитетот Хауард и титула магистер на ликовна уметност од Институтот за уметност во Калифорнија. Џејмс Брендон Луис, миленикот на Сони Ролинс, има извонреден звук кој се карактеризира со жестокост, но во исто време поседува и една лирска, сонувачка нишка. Овие квалитети се особено успешно нагласени и вградени во албумите “Divine Travels” (2014), “Days Of FreeMan” (2015) и “No Filter” (2016). На својот последен проект “An Unfuly Manifesto” (2019), Џејмс Брендон Луис и неговиот Unruly Quintet го истражуваат поимот слобода. Овој албум, посветен на Чарли Хејден, Орнет Колман и надреализмот, Луис го опишува како повик за акција. „Секој ден е шанса да ја откриеш твојата највистинската верзија, за потоа постојано да ја одржуваш, полниш и стимулираш.”
Born 1983 in Buffalo, New York, James Brandon Lewis is a critically acclaimed saxophonist, composer, recording artist and educator. He blends the traditions of gospel and blues with the skills of free jazz and enjoys exploring his instrument’s bottom register. This puts him in the company of greats. Lewis has shared stages and recorded with amazing musicians such as William Parker, Hamiet Bluiett, Hamid Drake, Ravi Coltrane, Jimmy Heath, Jamaaladeen Tacuma, Joe Lovano, Dave Douglas, Marc Ribot and Craig Harris, among others. He leads numerous ensembles and is the co-founder of American Book Award winning poetry music ensemble Heroes Are Gang Leaders. He holds a Bachelor’s degree from Howard University and a MFA from California Institute of the Arts. Brandon Lewis, who was endorsed by Sonny Rollins, has a phenomenal sound with a fierce bite that still has a lyrical, dreamlike undertone. These capacities are highlighted extremely well on albums like “Divine Travels” (2014), “Days Of FreeMan” (2015) and “No Filter” (2016). In their latest project, “An Unfuly Manifesto” (2019), James Brandon Lewis Unruly Quintet explore the meaning of freedom. It is dedicated to Charlie Haden, Ornette Coleman and Surrealism. Lewis describes this album as a call to action. “Every day is a chance to discover the truest version of yourself and charge after that relentlessly.”
Photo by Ingrid Hertfelder
16 ОКТОМВРИ МКЦ Кино Фросина, 20:00
SOUND AND SILENCE: TRAVELS WITH MANFRED EICHER Документарен филм
Directed by: Peter Guyer, Norbert Wiedmer With: Manfred Eicher, Arvo Pärt, Eleni Karaindrou, Jan Garbarek, Dino Saluzzi, Anja Lechner, Anouar Brahem, Gianluigi Trovesi, Marilyn Mazur, Nik Bärtsch, Kim Kashkashian... Runtime: 88 min. Овој документарен филм го следи славниот продуцент и сопственик на ECM Records Манфред Ајхер во неговата обиколка на светот посетувајќи неколку музички уметници кои ги застапува. Ајхер ја основаше влијателната германска издавачка куќа ECM (Edition of Contemporary Music) во 1969 година за да ја промовира музиката во којашто тој најмногу ужива. Швајцарските режисери Петер Гујер и Норберт Вајдмер го придружуваат Ајхер во период од пет години во повеќе земји создавајќи исцрпен документ за еден човек и неговата љубов кон музиката.
Documentary following the celebrated record producer and label owner Manfred Eicher as he tours the world to visit various artists he represents. Eicher set up the influential German record label ECM (Edition of Contemporary Music) in 1969 to promote to others the music he most enjoyed. Swiss filmmakers Peter Guyer and Norbert Wiedmer followed Eicher for a period of five years to a number of countries to provide an exhaustive document of a man and his love for music.
16 ОКТОМВРИ МКЦ Кино Фросина, 22:00
NEXT TO SILENCE
ALEKSANDAR NIKOLOVSKI trumpet FILIP DIMIŠKOVSKI keyboards DRAGAN STOJKOVSKI bass GOCE NAUMOV drums Next to Silence е музички состав, формиран пред десет години, кој во својот репертоар вклучува исклучиво композиции од реномираната европска издавачка куќа ECM. Специфичниот карактер и автентичниот амбиент на ЕСМ композициите се основата од која тие го градат својот звук и натаму го носат во правец којшто се разликува од оригиналната мелодија и структура. Next to Silence умеат да бидат тивки и гласни, да ве однесат во спокојот на фантазмагоричните предели или да ве втурнат во прекрасниот хаос. Во своите настапи тие изведуваат неколку реаранжирани дела од богатиот опус на Енрико Рава, Карла Блеј, Џон Аберкромби, Дејв Холанд, Терје Рипдал, Шанкар, Јан Гарбарек, Џим Пепер, Гери Бартон, Art Ensemble of Chicago, Бил Фризел, Јон Балке, Томаж Станко, Нилс Петер Молваер и други. Неодамна почнаа да компонираат сопствена музика, којашто ќе биде, исто така, дел од репертоарот на овој концерт.
Founded ten years ago, Next to Silence is a band that performs only compositions from the renowned ECM label. The specific character and authentic ambient of the ECM compositions are the fundament that Next to Silence uses to build its own sound and to bring it further in direction that is detached from the original melody and structure. They can be quiet and loud, to transpose the listeners into the tranquility of phantasmagoric landscapes or to transpose the audience into the splendid chaos. Next to Silence mainly performs rearranged compositions from the rich opus of Enrico Rava, Carla Bley, John Abercrombie, Dave Holland, Terje Rypdal, Shankar, Jan Garbarek, Jim Pepper, Gary Burton, Art Ensemble of Chicago, Bill Frisell, Jon Balke, Tomasz Stanko and Nils Petter Molvaer, among others. They have recently started composing their own music that will be also a part of this performance. Photo by Zdenko Petrovski
19 ОКТОМВРИ МКЦ Дансинг сала, 24:00
DŽIJAN EMIN & THE MAGICAL ORCHESTRA
VLADIMIR KRSTEV violin ELENA TALEVSKA violin MARINA TRAJKOVSKA violin GORAN MURATOVSKI violin MARIJA TRAJKOVSKA violin MAGDALENA POPOSKA violin ALEKSANDAR STOJČESKI viola VERICA AJTOVSKA violin KIRIL JOSIFOV cello LJUPKA MANČEVSKA cello STEFANA MARKOVIC flute KIRIL KUZMANOV alto sax, flute IVAN IVANOV tenor sax IVAN TRAJANOSKI baritone sax TRAJČE VELKOV trumpet SENAD USEIN trumpet SAŠO NIKOLOVSKI trombone FILIP DIMIŠKOVSKI piano ARMEND DŽAFERI guitar DŽIJAN EMIN keybords KIRIL TUFEKČIEVSKI double bass GOCE STEVKOVSKI drums GOCE UZUNSKI pecussion VIKTOR FILIPOVSKI pecussion Џијан Емин, композитор, диригент, оркестратор и еден од најактивните македонски музички уметници, го претставува својот најнов еклектичен звучен пакет. Овојпат тој соединува симфониски оркестар и биг-бенд, умешно комбинирајќи ги грандиозноста на оркестарскиот звук и солистичката виртуозност, зачинети со суптилна електроника. Обединувајќи два оркестра во кои членуваат врвни музичари, Džijan Emin & Тhe Magical Orchestra создаваат вистинска музичка магија на која никој не може да остане рамнодушен. Хуморот, пак, како една од типичните состојки на творештвото на Емин, и тука е прикажан на несекојдневен начин. Сето ова ветува исклучително возбудливо концертно доживување.
Džijan Emin, composer, conductor, orchestrator, and one of Macedonia’s finest musicians, is bringing to the stage a new eclectic soundscape. Now he fuses the symphonic orchestra with a big band and skillfully combines the large orchestral sound with soloist virtuosity, adding a touch of subtle esoteric electronics in the mix. “Džijan Emin and the Magical Orchestra” is the name of this new project that brings to the stage some of the best Macedonian musicians and creates magic that doesn’t leave anyone indifferent. The humor which is an inseparable part of Emin’s creations is also present in his music. An extremely interesting and exciting live experience is guaranteed. Photo by Marko Markovski
“This is not a book for lovers and connoisseurs of jazz. It’s a book for lovers of music, and for lovers of photography who love music” - Sonja Porle, writer
“Cloud Arrangers is the new and essential editorial and photographic work by Žiga Koritnik, an eclectic giant of photography. He’s obviously in love with Skopje Jazz Festival. Not only the cover, but a huge amount of photos in this marvelous book were taken in Skopje. Thanks Žiga! Cloud Arrangers sounds better than any speaker” - Oliver Belopeta
18 ОКТОМВРИ Клуб Епицентар, 24:00
NICOLA CONTE dj set
Името на Никола Конте неизбежно се поврзува со nu jazz револуцијата од 90-тите. Како музичар, водач на група, диџеј, хиперактивен продуцент и стилски авангардист, тој е еден од најзначајните и највлијателните артисти во Европа кога е во прашање враќањето на џезот на подиумите за танц. Роден во 1964 година, Конте го формира уметничкиот колектив Fez во раните 90-ти во родниот град Бари. Оттогаш издава албуми за познатите етикети Blue Note, Impulse, Schema, Emarcy, Far Out и MPS. Овој иновативен џез ентузијаст неодамна повторно започна да биде активен како диџеј, презентирајќи го својот нов сет наречен COSMIC ECHOES - Cosmic Afro & Jazz & contemporary sounds - сончево, груви патување со стил низ афроамериканското и африканското наследство, од раритетниот фанк и соул музиката од 70-тите, преку афро-спиритуалниот џез, па сè до современите апдејтирани форми на deep house, nu disco…
Nicola Conte’s name is inevitably connected to the nu jazz revolution of the 90s. As a musician, band leader, dj, hyperactive producer and style avant-gardist, he is one of the most important and influential artists in Europe responsible for taking back jazz onto the dancefloors. Born in 1964, Conte formed the artist collective Fez in the early ‘90s in his native city of Bari, released albums for Blue Note, Impulse, Schema, Emarcy, Far Out and MPS. This innovative jazz revivalist has recently started again to be active as a dj, presenting his set called COSMIC ECHOES - Cosmic Afro & Jazz & contemporary sounds. The new set from Nicola Conte is a warm groovy stylish journey through Afro-American and African impressions, from 70’s soul & rare funk to afro spiritual jazz to contemporary up to date deep house, nu disco…
Photo by Mariagrazia Giove
38. SKOPJE JAZZ FESTIVAL Under patronage of
MINISTRY OF CULTURE Exclusive sponsors
PRILEPSKA PIVARNICA QATAR AIRWAYS NEOTEL Supported by
EMBASSY OF THE UNITED STATES OF AMERICA DELEGATION OF THE EUROPEAN UNION and
CITY OF SKOPJE Sponsors
OKTA TIKVEÅ WINERY APOLLONIA GROUP AND FOUNDATION NEOCOM DHL EXPRESS MACEDONIA GEMAK Media Sponsors
Televizija 24, TV 21, Kanal 103, Jazz FM, Kanal 77, Sloboden Pecat, Nezavisen Vesnik, idividi.com.mk, plusinfo.mk, time.mk, mkd.mk, okno.mk, libertas.mk, sdk.mk, a1on.mk, novatv.mk, prizma.mk, kritika.mk, mia.mk Poster & Cataloque design Zoran Cardula Print Arcuss Publisher Skopje Jazz Festival Festival director Oliver Belopeta
SKOPJE JAZZ FESTIVAL Maksim Gorki 5, 1000 Skopje, North Macedonia phone: +389 2 3131 090 e-mail: sjf@skopjejazzfest.com.mk www.skopjejazzfest.com.mk