3-8 JUNE, 2019 SKOPJE
3 ЈУНИ
CATRIN FINCH & SECKOU KEITA Wales/Senegal KRSTE RODZEVSKI MK/USA 20:00, МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ
4 ЈУНИ
Mali Blues documentary film 19:00, МКЦ КИНО ФРОСИНА
BASSEKOU KOUYATÉ & NGONI BA Mali 21:00, МКЦ ДАНСИНГ САЛА
5 JУНИ
FATOUMATA DIAWARA Mali 20:30, МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ
6 ЈУНИ
SONDORGO Hungary DZAMBO AGUSEVI ORCHESTRA MK 20:00, МКЦ ДАНСИНГ САЛА
7 ЈУНИ
LOVE & REVENGE Lebanon ROMPERAYO Colombia 20:00, МКЦ ДАНСИНГ САЛА
8 ЈУНИ
DADDY G
dj set UK (Massive Attack) 24:00, КЛУБ ЕПИЦЕНТАР Билети во продажба: Југотон Рекордс, МOБ, МКЦ и mktickets.mk
CATRIN FINCH & SECKOU KEITA
3 ЈУНИ 20:00 МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ
WALES/SENEGAL
CATRIN FINCH HARP, VOCALS SECKOU KEITA KORA, VOCALS Извонредниот, од критиката фален и неколку пати наградуван тандем составен од двa авантуристички музички виртуозa - велшката харфистка Катрин Финч и сенегалскиот кора мајстор Секу Кеита - гарантира врвно музичко доживување од светски ранг. Црпејќи инспирација од сопствените различни традиции, трансформирани со импресивна синергија, Катрин и Секу стекнаа висок углед со своите брилијантни настапи. Откако постигнаа огромен успех со деби албумот „Clychau Dibon“ (2013), нивниот долгоочекуван втор албум „Soar“ се појави во 2018 година, по што следеа неколку големи турнеи. Албумот патува на крилјата на оспри (орел рибар), прекрасна птица грабливка којашто неодамна се врати во Велс по неколкувековно отсуство, прелетувајќи 3000 милји од западноафриканскиот брег до речните устија на Велс за една година, извишувајќи се, како музиката и сништата, над сите граници што ги поставил човекот. Волшебна, фасцинантна, комплексна и рафинирана, ова е исклучителна музика и возбудливо искуство во живо. Апсолутно хипнотичен и уникатен брак на култури. This sublime, critically acclaimed and multi award-winning collaboration between two adventurous virtuoso musicians - Welsh harpist Catrin Finch and Senegalese kora player Seckou Keita - delivers a stunning exhibition of world class musicianship. Drawing deep on their own diverse traditions and transforming them with remarkable synergy, Catrin and Seckou have built a formidable reputation for their extraordinary performances. Following the huge success of their debut release “Clychau Dibon” back in 2013, their long-awaited second album “Soar” launched in 2018, followed by major tours. The album takes flight on the wings of osprey, the magnificent bird of prey recently returned to Wales after centuries of absence, which makes its annual 3000-mile migration from the coasts of West Africa to the estuaries of Wales, soaring like music and dreams over man-made borders. Entrancing, mesmerizing, intricate and ethereal, this is remarkable music and a thrilling live experience. Absolutely hypnotic and unique marriage of cultures. www.catrinfinchandseckoukeita.com
Photo: Andy Morgan
KRSTE RODZEVSKI MACEDONIA/USA
3 ЈУНИ 22:00 МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ
KRSTE RODZEVSKI GUITAR, VOCALS MARY HALVORSON GUITAR KIRK KNUFFKE CORNET TOMEKA REID CELLO MICHAEL BLANCO DOUBLE BASS TOMAS FUJIWARA DRUMS Македонскиот композитор, гитарист и пејач Крсте Роџевски, кој повеќе од 20 години живее и работи во Њујорк, своите почетоци ги бележи во 90-тите во Битола, заедно со група музичари од која подоцна ќе произлезат Фолтин и Љубојна. Пошироката публика го познава по музиката од филмовите „Сенки“ и „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски, „До Балчак“ на Столе Попов и „Војната заврши“ на Митко Панов, како и по соработката со Дуке Бојаџиев. Во оваа прилика, Роџевски ќе настапи со некои од највозбудливите музичари од првата лига на њујоршката џез-авангарда: Мери Халворсон, Кирк Кнафке, Томика Рид, Мајкл Бланко и Тома Фуџивара. Тоа е практично јадрото на екипата солисти со кои тој изминативе неколку години соработуваше при создавањето и снимањето на неговата трилогија: „Batania“ (2015), „Bitter Almonds“ (2017) и „The Rabbit And the Fallen Sycamore” (2018), што добија одлични рецензии и пофалби од светската музичка критика, а последниот беше избран за еден од најдобрите албуми во 2018 година според светски реномираните списанија Downbeat и Wire. Оваа ексклузивна македонска концертна премиера на музичкиот материјал на Роџевски ќе биде сочинета, главно, од композициите од „Batania“. Krste Rodzevski is a Macedonian born composer, guitarist and vocalist who has worked and lived in New York for more than 20 years. His musical beginnings were in the ‘90s in his hometown of Bitola. The wider audience knows him from the soundtracks of the films “Shadows” and “Bikini Moon” by Milcho Manchevski, “To The Hilt” by Stole Popov and “The War Is Over” by Mitko Panov, as well as his collaboration with Duke Bojadziev. On this occasion, Rodzevski will perform with some of the most exciting musicians from New York’s avant-jazz scene: Mary Halvorson, Kirk Knuffke, Tomeka Reid, Michael Blanco and Tomas Fujiwara. This is the core of the group of soloists with whom he collaborated in the creation and recording of his own album trilogy: “Batania” (2015), “Bitter Almonds” (2017) and “The Rabbit And The Fallen Sycamore” (2018). These records received excellent reviews and accolades from international music critics, and his last album was selected as one of the best releases of 2018 by “Downbeat” and “Wire”. This exclusive Macedonian concert premiere of Rodzevski’s music will solely consist of songs with Macedonian lyrics, primarily from “Batania”. www.facebook.com/kristorodzevski
Photo: Brendan McGowan
BASSEKOU KOUYATÉ & NGONI BA
4 ЈУНИ 21:00
МКЦ ДАНСИНГ САЛА
MALI
BASSEKOU KOUYATE LEAD NGONI AMY SACKO LEAD VOCAL MAMADOU KOUYATE NGONI BASS MAHAMADOU TOUNKARA YABARA, TAMA MOCTAR KOUYATE CALEBASSE Басеку Кујате е вистински мајстор и амбасадор на инструментот нгони, древна, традиционална лејта од Западна Африка. Во рацете на Басеку, овој навидум ограничен инструмент напредна толку многу што успеа да постигне поширок мелодиски опсег и прилагодливост, опфаќајќи ги западните стилови како џез, блуз и рокенрол, што го зацврсти неговиот статус на основач на електричниот нгони, виртуоз и визионер. Поместувајќи ги границите на возможното кога е овој инструмент во прашање, Басеку отиде дури и подалеку во својата револуционерност, формирајќи го првиот нгони бенд, Ngoni ba, составен исклучиво од нгони инструменти со различна големина и тонален опсег. Денес, Bassekou Kouyate & Ngoni ba, во чиј состав членуваат неговата сопруга Ејми Сако и синовите Маду и Мустафа Кујате, одржуваат редовни светски турнеи, со стотина концерти годишно, настапувајќи на фестивали како Fuji Rock, Roskilde, Northsea Jazz Festival, Glastonbury, Latitude и други. Басеку Кујате се враќа на OFFest со нов, посуптилен и носталгичен албум. „Miri“ (сон, контемплација) е албум за љубовта, пријателството, семејството и вистинските вредности во кризни времиња. Bassekou Kouyate is one of the true masters and the ambassador of the ngoni, an ancient traditional lute found throughout West Africa. In Bassekou’s hands this seemingly limited instrument has grown to accommodate a wider melodic range and versatility embracing western styles such as jazz, blues and rock and roll, confirming his status as the originator of the electric ngoni, a virtuoso and a visionary. Pushing the boundaries of what was previously thought possible with this instrument, Bassekou went even further in his rebellion when he eventually formed the first full ngoni band, the Ngoni ba, consisting of ngonis of various sizes and tonal range. Comprised of his wife Amy and sons Madou and Mustafa Kouyate, Bassekou Kouyate & Ngoni ba now tour the world playing hundreds of performances a year ranging from Fuji Rock, Roskilde, Northsea Jazz Festival to Glastonbury and Latitude. Bassekou Kouyate returns to OFFest with the more subtle and rootsy album: “Miri” (dream or contemplation in Bamana). “Miri” is an album about love, friendship, family and true values in times of crisis. www.bassekou.com
Photo: Thomas Dorn
FATOUMATA DIAWARA
5 ЈУНИ 20:30 МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ
MALI
FATOUMATA DIAWARA VOCALS, GUITAR SÉKOU BAH BASS YACOUBA KONÉ GUITAR JEAN-BAPTISTE EKOUÉ GBADOÉ DRUMS ARECIO SMITH KEYBOARDS Појавувајќи се експлозивно на сцената во 2011, Fatoumata Diawara во последниве години се етаблираше како една од водечките женски гласноговорнички на новата африканска творечка генерација. Нејзиниот спектакуларен деби албум „Fatou“ (2011), ја лансираше оваа пејачка, актерка и активистка од Мали, меѓу најекспонираните нови африкански уметници на планетата. Вториот албум „Fenfo“ („нешто да кажам“), пак, на драматичен начин ги исполни очекувањата испорачувајќи нова збирка живописни и оригинални композиции што се потпираат врз нејзините богати животни искуства. Храбро експериментален, но со длабока почит кон потеклото, ова е албум што ја дефинира како глас на младата африканска жена - горда на своето наследство, но со сопствена визија за иднината и универзална порака. Има соработувано со некои од најзначајните имиња на современата музика: Херби Хенкок, Боби Вомек, Дејмон Албарн, Тумани Диабате, Уму Сангаре, Ди Ди Бриџвотер, Роберто Фонсека и многу други. Во исто време, продолжува со својата паралелна кариера како актерка, вклучувајќи ја и извонредната улога во филмот „Тимбукту“ (2014), кој беше номиниран за БАФТА и Оскар. Having exploded onto the scene in 2011, Fatoumata Diawara has become in recent years one of the most relevant female voices of the new African artistic generation. Her spectacular 2011 debut album “Fatou” made the Malian singer, actress and activist the most talked about new African artist on the planet. Her second album “Fenfo” (which translates as “something to Say”) dramatically fulfils that promise on a set of vivid and original new compositions that draw on the rich experiences she has enjoyed since. Boldly experimental yet respectful of her roots, it’s a record that defines her as the voice of young African womanhood - proud of her heritage but with a vision that looks confidently to the future and a message that is universal. Those she has worked with include some of the biggest names in contemporary music: Herbie Hancock, Bobby Womack, Damon Albarn, Toumani Diabaté, Oumou Sangaré, Dee Dee Bridgewater and Roberto Fonseca, among others. She has also continued her parallel career as an actor, including an acclaimed appearance in 2014’s “Timbuktu”, which received both BAFTA and Academy Award nominations. http://fatoumatadiawara.com
Photo: Aida Muluneh
SONDORGO
6 ЈУНИ 20:00 МКЦ ДАНСИНГ САЛА
HUNGARY
ARON EREDICS TAMBURA, CELLO TAMBURA, DERBUKA, SAZ BENJAMIN EREDICS KONTRA TAMBURA, TRUMPET DAVID EREDICS ALT TAMBURA, CLARINET, ALT SAXOPHONE, SOPRANO SAXOPHONE, KAVAL SALAMON EREDICS ALT TAMBURA, ACCORDION, HULUSI, SHEPARDS FLUTE, CELLO TAMBURA ATTILA BUZAS TAMBURA BASS, TAPAN, KOBOZ Sondorgo е еден од водечките претставници на тамбурашката музика од Унгарија. Формиран од браќата Ередиќ кон средината на 90-тите години во Сентендре (мал унгарски град близу Будимпешта со долгогодишна српска традиција), овој возбудлив состав е посветен на изведувањето и промовирањето на јужнословенската фолк музика собрана од Бела Барток и Тихомир Вујичиќ, популарна кај заедниците што живеат долж реката Дунав. Нивната мисија е да ги оживеат скриените скапоцени камења на различните балкански звуци. Но, за разлика од повеќето групи што свират балканска музика, Sondorgo не изведуваат музика за дувачки оркестар, туку тамбурашка музика со извонредна техничка виртуозност и свежа интерпретација. Постојано присутни на унгарските и европските фестивали, Sondorgo континуирано настапуваат и со познатиот македонски саксофонист Ферус Мустафов - плод на оваа соработка е нивниот заеднички албум „Sondorgo & Ferus Mustafov In Concert“ (2009). Она што Sondorgo совршено го комбинираат е почитта кон традициите, желбата за иновација и блескавата незапирлива виртуозност. Sondorgo is one of the leading exponents of tamburitza music from Hungary. Founded by the Eredics brothers in the mid-90s in Szentendre (a small Hungarian town near Budapest, with long-established Serbian tradition), this exciting ensemble is committed to performing and promoting the southern slavic folk music collected by Béla Bartók and Tihamér Vujicsics and celebrated by communities along the Danube River. They are capable of bringing to life the hidden gems of different Balkan sounds. In contrast to most groups playing Balkan music, Sondorgo is not playing brass band music, but rather it is a tamburitza band with a technical virtuosity and a fresh interpretation. Nowadays Sondorgo is a constant performer of festivals in Hungary and Europe and they repeatedly have worked together with the famous Macedonian saxophonist Ferus Mustafov - fruit of this collaboration is their joint 2009 album entitled “Sondorgo & Ferus Mustafov In Concert”. What Sondorgo combine brilliantly is a respect for the traditions, a desire to innovate and a fizzing unstoppable virtuosity. www.sondorgo.hu
Photo: The Orbital Strangers Project
DZAMBO AGUSEVI ORCHESTRA MACEDONIA
6 ЈУНИ 22:00 МКЦ ДАНСИНГ САЛА
DZAMBO AGUSEV TRUMPET, VOCALS, BAND LEADER KOCO AGUSEV TRUMPET DZEMAL AGUSEV TRUMPET, VOCALS SUNAJ MUSTAFOV TRUMPET ALI ZEKIROV TENOR HORN DZAFER FAZLIOV TENOR HORN MUSTAFA ZEJNELOV TENOR HORN SUKRI DZEVATOV HELICON ORFEJ CHAKALOVSKI BIG DRUM REDZEP NEDZATOV DRUMS Dzambo Agusevi Orchestra е дувачки оркестар од Македонија којшто денес се смета за еден од најдобрите на Балканот. Музиката што виртуозно ја изведуваат може да се дефинира како своевидна фузија на традиционалните балкански, ромски и турски звуци со влијанијата на свинг, џез, поп и филмската музика. Од скромните почетоци во малата Струмица до освојување на сцените ширум планетава, Dzambo Agusevi Orchestra прерасна во врвна атракција на светската музичка сцена. Лидерот Џамбо Агушев, познат и по прекарот „the funky tiger“, е најпрославениот македонски музичар по заминувањето на Есма Реџепова, но тој, сепак, нема намера да подзаспива на ловориките на славата заработувајќи вистинско богатство со свирење на раскошни свадби и големи фестивали. Младиот виртуоз не беше задоволен со таквата кариера и оттогаш гледа како да ја одржи, развие и продлабочи репутацијата што тој и неговиот бенд ја имаат како музичари пар екселанс, освојувајќи ја публиката низ Европа и пошироко. На тој начин тие стекнаа голем број обожаватели. Dzambo Agusevi Orchestra is a brass band from Macedonia virtuously performing a music that might be defined as fusion of traditional Balkan, Gypsy and Turkish music influenced by swing, jazz and pop and film music, today considered as one of top Balkan brass bands. From humble beginnings in the small Macedonian city of Strumica to conquering stages across the globe, the Dzambo Agusevi Orchestra has risen to the very top of the international music scene. Dzambo Agusev, also known by the nickname ”the funky tiger”, is the most widely celebrated Macedonian musician and since the late Esma Redzepova but he’s not about to rest on his laurels earning a fortune playing glitzy weddings and big festivals. Yet the young virtuoso was not satisfied with such a career and has, since then, looked towards at developing the reputation he and his band hold as musicians par excellence and winning an audience across Europe and beyond. In doing so they have won many admirers. https://dzamboaguseviorchestra.com
LOVE & REVENGE
7 ЈУНИ 20:00 МКЦ ДАНСИНГ САЛА
LEBANON
LA MIRZA LIVE VIDEO EDITING RAYESS BEK MACHINES MEHDI HADDAB ELECTRIC OUD JULIEN PERRAUDEAU KEYBOARDS Love and Revenge е заеднички проект на либанскиот хип-хоп пионер Рејес Бек и визуелната уметница Ранда Мирза. Станува збор за музичка рефлексија на нивниот културен идентитет, со цел да им дадат втор живот на старите арапски популарни песни и филмови, прилагодувајќи ги на принципите на современата музичка продукција и модерната визуелна естетика. Материјалите за своите визуелни и аудио семплови ги наоѓаат во уметничките дела на т.н. „златна ера“ на арапската култура, во арапската музика и филмовите од 40-тите и 50-тите години на минатиот век. Love And Revenge настапуваат во живо, пред платното врз кое во текот на концертот се прикажуваат романтични сцени од класичните арапски филмови, а бендот е составен од четири члена: покрај Рејес Бек и неговите електронски битови и Ла Мирза со нејзините визуелни ефекти, тука се и Жулиен Перадо на клавијатури и виртуозот на електричен уд Мехди Хадаб. Нивниот перформанс претставува заводлива аудио-визуелна покана за патување во светот од другата страна на Медитеранот, зад завесата што води директно до Арапските ноќи и другите слични бајки за љубовта и одмаздата. Love and Revenge is the joint project of Lebanese hip-hop pioneer Rayess Bek and visual artist Randa Mirza. It is a musical reflection on their cultural identity, aiming to give a second life to old Arab popular songs and movies by adapting them to the principles of modern music production and modern visual aesthetics. They find the material for their visual and audio samples in the artistic works of the so-called “golden era” of Arab culture, in Arab music and films from the 40s and 50s of the 20th century. They perform live, in front of a screen onto which romantic scenes from classical Arab films are projected during the show, and there are four members in the band: besides Bek and his electronic beats, and Mirza with her visual effects, there are also Julien Perraudeau on keyboards and Mehdi Haddab, a virtuoso on an electrical version of Arab string instrument oud. Their work is a seductive music-visual invitation to the world on the other side of the Mediterranean, behind the curtain which leads directly to Arabian Nights and other similar fairytales about love and revenge.
http://rayessbek.net
Photo: Celia Bonnin
ROMPERAYO COLOMBIA
7 ЈУНИ 22:00 МКЦ ДАНСИНГ САЛА
PEDRO OJEDA DRUMS, PERCUSSION JUAN MANUEL TORO SAMPLER, KEYS JHON SOCHA BASS GUILLO CROS ELECTRIC GUITAR Romperayo звучат како брзодвижечко музичко патување низ колумбискиот тропски фолклор, палава и модерна интерпретација на психоделичните звуци на популарната кумбија и другите тропски ритми од 70-тите. Очекувајте фасцинантен музички огномет на електро-психоделична кумбија, кој не само што ги движи колковите и нозете, туку и го става вашиот ум во блажена состојба. Групата е дел од новата колумбиска музичка сцена, заедно со Meridian Brothers, Frente Cumbiero, Los Pirañas и други, коишто ги реинтерпертираат своите музички корени на еден фасцинантен начин, комбинирајќи ги традиционалните ритми и модерната електроника. Современа тропска музика со електронски ритуали, микс од двата брега на Колумбија, контаминирани со психоделија, семплери, сајзери и многу перкусии. Предводени од „капетанот“ на новата генерација колумбиски перкусионисти, тапанарот Педро Охеда (кој свири и во Los Pirañas, Palanca, CieloMama, Frente Cumbiero, Ondatrópica и Mucho Indio), Romperayo се активни од 2011 година. Имаат објавено, три албума, вклучувајќи го и новиот, одличниот „Que Jue?“ (2019). Во последните неколку години бендот бележи интензивни турнеи низ Европа, настапувајќи на значајни музички фестивали како португалскиот Sines и данскиот Roskilde. Romperayo sounds like a fast moving musical journey through Colombian tropical folklore, a mischievous and modern interpretation of the psychedelic sounds of 70s cumbia and other tropical rhythms. Expect fascinating electronic-psychedelic cumbia musical fireworks that don’t only move your hips and feet, but also direct your brain into a blissful mood. The group is part of the new Colombian music scene, like Meridian Brothers, Frente Cumbiero, Los Pirañas, among others, that re-interprets their roots in a fascinating way, combining both traditional rhythms and modern electronics. Contemporary tropical music with electronic rituals, “descargas” (jams) of both coasts of Colombia poisoned with psychedelia, samplers, synths and a lot of percussion. Led by the “capitán” of the new generation of Colombian percussionists: drummer Pedro Ojeda (who also plays in Los Pirañas, Palanca, CieloMama, Frente Cumbiero, Ondatrópica and Mucho Indio), Romperayo are active from 2011, having released three albums, including the new, much praised “Que Jue?” (2019). During the last few years, the band has been touring extensively in Europe, performing at important music festivals like Sines and Roskilde. www.romperayo.com
DADDY G DJ SET (MASSIVE ATTACK)
8 JУНИ 24:00 КЛУБ ЕПИЦЕНТАР
UK Грант Маршал, познат по неговиот уметнички псевдоним Daddy G, се смета за духовен татко на феноменот што во историјата е познат како „Бристолски звук“. Тоа е оној лабаво-мрачен звук што во себе вдишува даб, реге, фанк, диско и хип-хоп, звук што остави глобална трага во последниве речиси три децении, застапуван од неговите главни протагонисти: Massive Attack, Tricky, Portishead, Smith & Mighty... Тој e еден од основачите на Wild Bunch Sound System, од коj произлегоа Massive Attack. Покрај Mushroom и 3-D, Daddy G беше еден од клучните членови на групата како и еден од главните вокали. Сепак, далеку пред да формира бенд, Daddy G беше познат како диџеј. Во 1980 година тој беше еден од најмладите диџеи во Бристол, а неговото име стана синоним за музички еклектицизам. Неговите диџеј сетови беа легендарни не само поради самата селекција и вештини на миксање, туку и по неговата способност да го употреби микрофонот на толку различни начини како што тоа го правеше и со грамофоните. Успехот на Massive Attack во 90-тите ја проретчи активноста на Daddy G како диџеј, но тој никогаш целосно не го напушти овој свој вроден порив. А кога Massive Attack се на распуст, Daddy G продолжува да ги поттикнува луѓето да танцуваат во најдобрите клубови во светот. Grant Marshall, also known by the stage name Daddy G, can be considered a spiritual father of what has remained in history as “Bristol sound”. It’s that laid-back dark sound that breathes dub, reggae, funk, disco and hip hop, a sound that left its global traces for almost three decades, represented by protagonists like Massive Attack, Tricky, Portishead, Smith & Mighty… He was one of the founders of the Wild Bunch Sound System, from which the Massive Attack were born. Besides Mushroom and 3-D, Daddy G was both one of the core members of the group as well as one of the group´s main voices. Way before being part of a band though, Daddy G was known as a DJ. In 1980 he was one of the youngest DJs in Bristol, and his name become a synonym of musical eclecticism. His DJ sets were not only legendary because of their selection and his mixing skills, but because he rocked the microphone as versatile as the wheels of steel. The success of the Massive Attack in the 90s has slowed down the activity of Daddy G as a DJ, but he has never completely left his innate attitude. During Massive’s break periods, Daddy G continues to make people dance in the best clubs around the world. www.massiveattack.co.uk
MALI BLUES
4 ЈУНИ 19:00 KИНО ФРОСИНА
документарен филм DIRECTED BY: LUTZ GREGOR
WITH: FATOUMATA DIAWARA, BASSEKOU KOUYATÉ, MASTER SOUMY AND AHMED AG KAEDI RUNTIME: 93 min.
Низ суптилни звуци и поетична фотографија, „Mali Blues“ портретира четири извонредни музичари од Мали кои никогаш нема да ја прифатат омразата, недовербата, насилството или радикалниот ислам - дома во Мали, но и во остатокот од светот. Интернационалната ѕвезда Фатумата Дијавара, традиционалниот Гриот и виртуоз на инструментот нгони Басеку Кујате, младиот рапер Мастер Суми и туарешкиот гитарски херој Ахмед Аг Кади - сите тие имаат нешто заедничко: нивната музика поврзува, обединува, теши и лекува, поттикнувајќи ги луѓето на борба за промена, за подобра иднина, за живот во мир и толеранција. „Мали блуз“ е музички филм. Средба на африканскиот хип-хоп со духот на Џими Хендрикс, на пустинскиот блуз со динамичниот афро-рок. Филм за обединувачката моќ на музиката, која ја осветлува со надеж Африка и нејзините жители во овие турбулентни времиња. With subtle sounds and poetic images, “Mali Blues” tells the stories of four extraordinary musicians in West African Mali who will never accept hatred, mistrust, violence or a radical Islam - neither in Mali nor in the rest of the world. International shooting star Fatoumata Diawara, Ngoni virtuoso and traditional griot Bassekou Kouyaté, young rap singer Master Soumy, and Tuareg guitar hero Ahmed Ag Kaedi - they all have something in common: their music connects, unites, consoles, heals and gives people the power to fight for a change and for a future in tolerance and peace. “Mali Blues” is a film about music. African Hip Hop meets the spirit of Jimmy Hendrix, Desert Blues meets danceable AfroRock. A film about the connective power of music that shines a hopeful light on Africa and its people in these turbulent times.
Photo: Phil Sharp
SJF RECORDS
DIVISION OF SKOPJE JAZZ FESTIVAL
Big City Scare PANDA 5
Homage To A Dreamer GOCE STEVKOVSKI SEPTET
18TH INTERNATIONAL WORLD MUSIC FESTIVAL Organization Skopje Jazz Festival Maksim Gorki 5, 1000 Skopje, North Macedonia tel: +389 2 3131090 e-mail: sjf@skopjejazzfest.com.mk www.skopjejazzfest.com.mk www.offest.com.mk Under the patronage of Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia Supported by City of Skopje Sponsors Zlaten Dab, Tikves Winery, OKTA, Neotel, Euro-Farm, DHL Express Macedonia, Hungarian Embassy in Skopje, Kliping Media sponsors 24 Vesti, TV21, Jazz Fm, Kanal 103, Kanal 77, Sloboden pecat, Nezavisen vesnik, idividi.com.mk, plusinfo.mk, libertas.mk, mkd.mk, okno.mk, novatv.mk, sdk.mk, kritika.mk, a1on.mk, makfax.com.mk, mia.mk, prizma.mk, time.mk Poster design SITO, Ljubljana Catalogue design Ivan Petrushevski