OFFest 2018 brochure

Page 1

31 MAY-5 JUNE, 2018 SKOPJE, MACEDONIA



31 MAJ

JUPITER & OKWESS Congo 21:00, МКЦ ДАНСИНГ САЛА

1 JУНИ

FIGHTING WINDMILLS Macedonia DIRTMUSIC USA/AUS/Turkey 21:00, МКЦ ДАНСИНГ САЛА

2 ЈУНИ

OFFICINA ZOÉ Italy

20:00, МКЦ КИНО ФРОСИНА

IFRIQIYYA ELECTRIQUE Tunisia GAYE SU AKYOL Turkey 21:30, МКЦ ДАНСИНГ САЛА

DJ MUKAMBO Belgium 24:00, КЛУБ ЕПИЦЕНТАР

3 ЈУНИ

BARMER BOYS India TRANS-AEOLIAN TRANSMISSION France/Italy 20:00, МКЦ КИНО ФРОСИНА

5 ЈУНИ

OUMOU SANGARÉ Mali

20:30, МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ

Билети во продажба: Југотон Рекордс, МOБ, МКЦ и mktickets.mk


JUPITER & OKWESS

31 MAJ 21:00

МКЦ ДАНСИНГ САЛА

CONGO

JUPITER BOKONDJI LEAD VOCAL, TAM-TAM YENDE BALAMBA BASS, VOCAL BLAISE SEWIKA SHAKERS, VOCAL RICHARD KABAMGA LEAD GUITAR ERIC MALU-MALU SECOND GUITAR MONTANA KINUNU DRUMS Јупитер Боконџи, симболичниот „Генерал на бунтовниците“, го врати почесното место на Киншаса, како центар на африканската музика. По враќањето во Конго тој го откри доминантниот румба-стил, но истовремено и мноштвото на други ритми и стилови кои опстојуваат во сенките на румбата, реминисценции на фанкот, соулот и рокот. Користејќи ја врската помеѓу музичките традиции на Конго и западната музика, Јупитер создаде свој оригинален музички израз. Опкружен со извонредниот состав Okwess International, тој во митската румба на Конго ги внесе фанкот и урбаните ритми. Богатиот звук на бендот го привлече вниманието на продуцентот Дејмон Албарн и Jupiter & Okwess станаа едни од најсјајните ѕвезди на турнејата Africa Express, организирана од Дејмон, настапувајќи на многу места, меѓу кои и на фестивалите Glastonbury и Womad. Нивниот последен албум „Kin Sonic“, објавен во 2017 година за Glitterbeat Records, продолжува со истражувањата и патувањата низ богатото музичко наследство на Конго. Jupiter Bokondji, the “Rebel General”, emblematic figure of the Congolese scene, gives back to Kinshasa its rank of African music capital. Back in Congo, he discovered the ultra-dominant Congolese rumba style, but also a multitude of other rhythms and styles that vegetate in the shadows of rumba, all strangely reminiscent of funk, soul and rock. With the spark provided by this apparent complicity between Congolese traditions and Western music, Jupiter decided to create his own mode of musical expression. Surrounded by the marvelous Okwess International soul men, he infuses funk and urban groove to the mythical Congolese rumba. As a result of years of hard work, the band has become the melting pot of traditional Congolese music and modern, international sounds. The colorful sound of the band caught the attention of Damon Albarn and Jupiter & Okwess have since become one of the brightest stars of the Africa Express tour curated by Damon, performing at a variety of venues including Glastonbury and Womad. Their last album “Kin Sonic”, released in 2017 for Glitterbeat Records, finds its voice in the exploration of a heritage that has remained totally hidden until now. jupiterandokwess.com



FIGHTING WINDMILLS

1 ЈУНИ 21:00

МКЦ ДАНСИНГ САЛА

MACEDONIA

FILIP BUKRSHLIEV GUITAR NIKOLA GUGOSKI GUITAR NINOSLAV SPIROVSKI SAXOPNONE, CLARINET DENI OMERAGIC BASS ANTONIE VESKOVSKI DRUMS Fighting Windmills е состав, формиран во 2007 година, во кој членуваат пет музичари од помладата македонска генерација. Музиката која ја создава оваа група не подлежи на никаква категоризација, сосем природно пронаоѓајки го својот идентитет во играта со повеќе жанровски и стилски извори, меѓу другите и со пост-рок, фри-џез, пост-панк, фолклор, амбиентална и современа класична музика. Во својата дискографија имаат пет албуми, а во меѓувреме, соработуваат со некои од најинтересните чинители на македонската современа џез сцена, како Sethstat и Јордан Костов. Во моментов се актуелни со нивниот најнов албум „An Exercise in Surprise“, издаден во април 2018 година. На него, покрај веќе воспоставените насоки, бендот флертува со елементи на современиот скандинавски џез, диско-панк и теми од соло-делниците на Чарли Паркер. Насловот на албумот и насоката во којa се движи ова издание се делумно инспирирани од легендарниот квинтет на Кен Вандермарк.

Fighting Windmills is а band established in 2007, featuring five musicians from the younger Macedonian generation. The music created by this group is not subject to any categorization and naturally finds its identity in the interplay with several genres and styles, among others with post-rock, free jazz, post-punk, folklore, ambient and contemporary classical music. They have five albums in their discography, in between cooperating with some of the most interesting acts from the Macedonian contemporary jazz scene, such as Sethstat and Jordan Kostov. The brand new album “An Exercise in Surprise”, was released in April 2018. In addition to the already established directions, on their latest release the band coquettes with elements of contemporary Scandinavian jazz, disco-punk and themes from Charlie Parker’s solo sections. The title of the album, and not only, is partly inspired by Ken Vandermark’s legendary quintet.

fightingwindmillsmk.bandcamp.com



DIRTMUSIC

1 ЈУНИ 22:30

МКЦ ДАНСИНГ САЛА

USA/AUS/TURKEY

CHRIS ECKMAN ELECTRIC GUITAR, VOCAL HUGO RACE BARITONE GUITAR, VOCAL OSMAN MURAT ERTEL ELECTRIC SAZ, VOCAL UMIT ADAKALE PERCUSSION, DARBUKA MILAN CIMFE DRUMS Dirtmusic се формирани од американските музичари Крис Екман и Крис Броков и австралиeцот Хуго Рејс (The Bad Seeds), како „сирово” акустично блуз трио. Светски позната музичка група станаа речиси случајно. Пред една деценија на фестивалот во Тимбукту тие се здружија со туарезите од групата Тамикрест, и она што започна како џем-сејшн прерасна во соработка од која произлегоа неколку албуми кои подеднакво ги надградија и двете групи. Изненадувачки, новиот албум на Dirtmusic навлегува во друга територија. „Bu Bir Ruya”, објавен во јануари 2018 година, е веројатно досега најдобриот албум на Dirtmusic. На Крис и Хуго им се придружи и Мурат Ертел (Baba Zula). Со гитарите во раце тројцата “номади” ја креираа нивната нова, многу возбудлива музичка структура. Овие мулти-инструменталисти, од различен бекграунд, се соединија во еден заеднички јазик. „Bu Bir Ruya” е предизвикувачко издание, немирен запис за духовното, за главата но уште повеќе и за телата. Пост-панк, турска психоделија, фанк, рок и електроника, сето ова на едно место. Formed by the American musicians Chris Eckman and Chris Brokaw, and the Australian Hugo Race (The Bad Seeds) as a dusty acoustic blues trio, Dirtmusic became a world music group almost by accident. At a festival in Timbuktu a decade ago, they joined forces with the Touareg group Tamikrest, and what started as a tent-based jam session grew into a collaboration that extended over several albums and enriched both groups equally. Surprisingly enough, the new album of Dirtmusic goes to another territory. “Bu Bir Ruya”, released in January 2018, is probably the finest record yet. Murat Ertel (Baba Zula) joined Chris and Hugo, with guitars in hands, combining three musical nomads on their latest, and perhaps most thrilling form. Three multi-instrumental artists from diverse backgrounds, three voices discovering a new mutual language. Six strings, some keyboards, “found” percussion, steel bottleneck, roots feels, acoustic storytelling illuminated by an electronic vein. “Bu Bir Ruya” is a questing, restless record for the head, but perhaps more so for the body. It broods throughout, as post-punk, Turkish psych, funk, rock and electronics stalk the grooves with widescreen intent. glitterbeat.com/artists/dirtmusic



OFFICINA ZOÉ

2 ЈУНИ 20:00

МКЦ КИНО ФРОСИНА

ITALY

CINZIA MARZO VOCAL SILVIA GALLONE VOCAL, TAMBOURIN , TAMMORRA LAMBERTO PROBO VOCAL, TAMBOURIN, TAMMORRA DONATELLO PISANELLO ACCORDEON GIORGIO DOVERI VIOLIN LUIGI PANICO GUITAR Во Саленто, кој се наоѓа приближно таму каде што треба да бидат „врвките на италијанската чизма“, традициите се негуваат со голема гордост. Како една од најзначајните културни експресии во регионот е „пицика“ или „пицика тарантата“, народен танц и музички стил кои што се спојуваат во едно. Officina Zoé веќе неколку години се меѓу главните чувари на “пициката”. Нивните настапи во живо провоцираат искуство на транс. Долгите интензивни и повторувачки вокални делници, заедно со силните, огнени и бесни перкусии и вртоглавата хармоника експлодираат во бесконечен танц. Групата е постојано отворена за соработка и со другите култури, како на пример турскиот мулти-инструменталист Мерџан Деде, пејачот од Мали Мамани Кеита и Баба Сисоко. Уште од 1993 година Officina Zoé е најпознатата група која ја изведува традиционалната музика од регионот на Саленто, онаа на своите предци, со ритми кои се возбудливи, терапевтски и забавни, силни елементи на повторното музичко раѓање на целата Јужна Италија. Покрај Европа, Officina Zoé имаат настапувано во САД, Австралија, Кореја, Јапонија, Аргентина, Мароко, Индија. Down in Salento, located approximately where the laces would be on Italy’s “boot”, a great pride in protecting tradition is taken. One of the region’s most treasured cultural expressions is “pizzica” (or “pizzica tarantata”), the folk dance and musical style that come joined as one. Officina Zoé are among pizzica’s chief custodians for many years now. Their live performances provoke trance-like experiences, the long, drawn-out passages of intense vocals suddenly exploding into a flash fire of furious percussion and dizzying accordion. But this is also a group not tending to exist merely in splendid isolation. They also sought collaborations from elsewhere, like the Turkish multiinstrumentalist Mercan Dede, the Malian singer Mamani Keita or Baba Sissoko. Since 1993 Officina Zoé is the best known group that performs the musical traditions of the Salento area, its ancestral rhythms: exciting and touching, therapeutic and hilarious, strong elements in the musical rebirth of the whole of Southern Italy. The band has not only national but international experience as well, with concerts in Europe, USA, Australia, Korea, Japan, Argentina, Morocco, India… officinazoe.com



IFRIQIYYA ELECTRIQUE

2 ЈУНИ 21:30

МКЦ ДАНСИНГ САЛА

TUNISIA

FRANÇOIS CAMBUZAT GUITAR, ELECTRONICS, VOCAL GIANNA GRECO BASS, VOCAL TAREK SULTAN VOCAL, TABLA, TCHEKTCHEKAS YAHIA CHOUCHEN VOCAL, TABLA, TCHEKTCHEKAS YOUSSEF GHAZALA VOCAL, TCHEKTCHEKAS Ifriqiyya Electrique е уникатен проект. Повеќе од концепт, тоа е вистински адорцистички обред и транс кој што го практикува заедницата Банга. Настап на Банга музичарите во интеракција со електроника и засилувачи. Рекомпонирана музика, трансцендентална и пост-индустриска церемонија. Несомнено, вкоренета во африканските традиции и звуци, нивната традиционална звучност е целосно трансформирана меѓу индустриските звуци и острите гитарски линии. Банга е древна музичка традиција карактеристична за јужниот дел на пустината во Тунис, со цврсти, метални перкусии и групирани гласови. Истовремено, тоа е ритуал со кој се повикуваат духовите да влезат во телото и умот. Ifriqiyya Electrique се конверзација на ритмите и песните на тројцата Банга музичари, со гитарата, басот и електрониката. Нивниот деби албум „Rûwâhîne“ објавен во мај 2017 година за Glitterbeat Records беше меѓу првите десет на светските музички листи во Европа и САД. Тоа е неверојатнo делo, неслушнато досега и тешко повторливо. Ifriqiyya Electrique is an unique project. More than a concept, it is the true adorcist rite and trance as practiced by the Banga community. A performance with Banga musicians interacting with electronics and amplifiers. A recomposed music, a transcendental and post-industrial ceremony. Undoubtedly rooted in African traditions and sounds, their traditional-sounding music is completely transformed amongst industrial noises and hefty guitar lines. The Banga is an ancient musical tradition from the southern Tunisian desert that features stark, metallic percussion and grouped voices of cool urgency. It is also a ritual where spirits are coaxed and invited to possess one’s body and mind. Ifriqiyya Electrique is a conversation between the rhythms and chants of the band’s three Banga musicians and guitar, bass and electronics. Their debut album “Rûwâhîne”, released in May 2017 for Glitterbeat Records, was amongst the top-ten at World music charts in Europe and US. It is one of the most amazing pieces of work, maybe never heard before and never to be heard again. ifriqiyya-electrique.org



GAYE SU AKYOL

2 ЈУНИ 23:00

МКЦ ДАНСИНГ САЛА

TURKEY

GAYE SU AKYOL VOCAL ALI GÜÇLÜ SIMSEK GUITAR GÖKHAN SAHINHAYA BASS GÖRKEM KARABUDAK GUITAR, KEYBOARDS EMRAH ATAY DRUMS Пејачката Гаје Су Акјол растејќи во Истанбул, градот кој низ вековите привлекувал и спојувал различни култури, ја вдишува секоја длабока и слоевита историска одлика на секојдневието, заедно со древните корени на нејзиното семејство од Анатолија. Овие богати традиции се спојуваат за да формираат дел од звукот кој што таа го развива и совршените турски мелодии се испреплетуваат околу пикантните, вибрирачки гитари и ритми. Повторувањето на турските слатко - горчливи искуства од минатото и драматичната сегашност ги прават нејзините текстови храбри и особено лични. Гаје Су Акјол е извонредно успешна во спојувањето на рок и „инди” музиката со препознатливиот турски звук. „Мојот стил наликува на старото турско пеење, богатo и експресивнo“, вели таа. „Мојата музика е нешто ново во Турција, но и во светот затоа што е мешавина на многу стилови“. Во универзумот на Гаје Су Акјол, минатото ја обвиткува сегашноста и ја наговестува иднината. Нејзиниот последен албум „Hologram Ĭmparatorluğu“ е енергичен, моќно опоен и отровно убав. Тој беше проследен со брилијантна европска турнеја. Growing up in Istanbul, the city that across the centuries drew in cultures and blended them, singer and songwriter Gaye Su Akyol breathed all the deep, layered history in every day, along with her family’s Anatolian ancient roots. Those rich traditions combine to form part of the sound she’s developed where sultry Turkish melodies twine around spiky, twanging guitars and insistent rhythms. Echoing the bittersweet tendrils of Turkey’s faded past and dramatic present, her lyrics are bold and deeply personal. She artfully mixes Western rock and indie music with a very distinctive Turkish sound. “My style is a bit like old Turkish singing. It is a rich, expressive style” says Su Akyol. “My music is something new in Turkey and also in the world because it is a mixture of styles”. In Gaye Su Akyol’s universe, the past becomes folded into the present and launched into the future. Her last album “Hologram Ĭmparatorluğu” from 2016, released for the best label in the world, specialized in global sounds – Glitterbeat Records, is heady, vibrant, powerfully intoxicating and poisonously beautiful. Followed with acclaimed, masked performance tour in Turkey and at festivals across Europe. gayesuakyol.bandcamp.com



DJ MUKAMBO AFRO-GROOVES

2 ЈУНИ 24:00

КЛУБ ЕПИЦЕНТАР

BELGIUM BENJAMIN TOLLET Бенџамин Толет е белгиски музички новинар, глобален „грув” активист, радио-водител и продуцент и ди-џеј од Брисел, кој од 2005 пишувал и за неколку белгиски, холандски и француски весници и списанија како експерт за светската музика. Јасна е неговата наклонестост кон африканската музика со корени од континентот и дијаспората. Неговото Радио Мукамбо се нурнува во светскиот „грув” и пулсирањата на градовите, при што афробитот, етиопскиот грув, афро-латинските и афро-бразилските, сукус, арабеска и португалските звуци, како и хип-хопот, создаваат светска фузија без граници. Тој никогаш немал амбиција да стане ди-џеј, но музичкото новинарство и неговите неделни подкасти беа причина за постојаните покани за ди-џеј настапи. Мукамбо успева да го воведе афричкиот „грув” во ноќниот живот во градовите, држејќи го ритамот до раните утрински часови. Последните четири години Мукамбо е движечката сила на најголемата глобална „грув” забава во Брисел „Groovalicious“. As a Belgian music journalist, global groove activist, radio-maker and DJ based in Brussels , Benjamin Tollet since 2005 has been specialising in music from around the globe for several Belgian, Dutch and French newspapers and magazines. He has a clear penchant for African music from the mother continent and the diaspora. His weekly podcast Radio Mukambo immerses in global grooves and the pulsation of the cities where sounds get mixed up to create world fusion without borders: afro-beat, ethio-grooves, afro-latin and afro-brazilian, soukouss, arabesque, lusophone sounds, and hip-hop with an ethnic regional flavour. He never really planned to become a DJ, but via music journalism and his weekly podcasts, the calls for DJ-sets kept coming in. DJ Mukambo africanizes and groovalizes nightlife with afro-grooves that will make you all dance the whole nite round. He’s addicted to afro-beat but can also make the dancefloor shake to a selection of Brazilian vibes, urban grooves or global reggae, or a mix of it all. During four years Mukambo is the driving force behind Brussels’ biggest global groove party - „Groovalicious“. mukambo.be



BARMER BOYS

3 JУНИ 20:00

МКЦ КИНО ФРОСИНА

INDIA

MANGA VOCAL, HARMONIUM RAIS KHAN KHARTAAL, MORCHANG, BHAPANG, BEATBOXING RAJAK KHAN DHOLAK Barmer Boys се следната генерација на музичари кои ги продолжуваат вековно старите музички традиции на Манганиерите. Глобални амбасадори на современиот фолклор на Раџастан и Суфи музиката. Разновидноста на стиловите на ова трио и нескротливата енергија го надградуваат секој настап, почнувајќи од тажните Суфи калами, преку веселите свадбени песни, песните за љубовта и сеќавањата, до веселите „бит-бокс“ и ди-џеј џем-сејшни. Групата беше формирана во 2011 година за време на Amarrass Desert Music фестивалот во Њу Делхи, за потоа да ја маѓепса публиката на фестивалите и клубовите низ Индија, Северна Америка, Европа и Азија. Нејзиното интернационално деби беше на Roskilde фестивалот во 2014. Триото е предводено од Манџи и Раис. Манга „Манџи“ Кан му припаѓа на семејството на славни пејачи, а со својот огнен глас подеднакво пее традиционални Марвари свадбени песни и Суфи „кјовали“ (qawwalis). Тој свири и хармониум. Раис Кан е надарен млад музичар кој е волшебник на повеќе инструменти и свири на „morchang“, „bhapang“ и „khartaal“. Barmer Boys are the next generation of performers that carry forward the centuries-old musical traditions of the Manganiyars. Global ambassadors of contemporary Rajasthani folk and Sufi music. The band’s versatility of styles and bubbling energy infuses each performance - from soulful Sufi kalaams to uplifting wedding and celebratory songs, songs of love and remembrance, to boisterous jams with beat-boxing and live DJ sets. The group was formed in 2011 at the Amarrass Desert Music Festival in New Delhi, and have been wooing audiences at festivals and clubs across India, and in North America, Europe and Asia. Their international debut was at Roskilde Festival in 2014. The music of Barmer Boys is a harmonic blend of distinct performance styles and personalities. Starting as a quartet, the group now comprises of a trio led by Mangey and Rais. Manga “Mangey” Khan belongs to a family of illustrious singers, and with his electrifying voice is equally at home singing traditional Marwari wedding songs or belting out Sufi “qawwalis”. He also plays the harmonium. Rais Khan is a gifted young musician who wields magic as a multiinstrumentalist and plays “morchang”, “bhapang” and “khartaal”. amarrass.com/barmer-boys/artists/barmer-boys



TRANS-AEOLIAN TRANSMISSION

XINJIANG, TAKLAMAKAN & KARAKORAM - A ROAD-MOVIE FRANCE/ITALY

3 ЈУНИ 21:30

МКЦ КИНО ФРОСИНА

FRANÇOIS CAMBUZAT GUITAR, ELECTRONICS, VOCAL GIANNA GRECO BASS, VOCAL Нов концепт: патување, компонирање, пишување и снимање, некаде на сосем непознати места каде што ниту музичката индустрија ниту агенциите некогаш ќе однесат западен музичар. Средби со музичари од различни светови, долги патувања, долго престојување во длабочините на пустината Такламакан, во планините Каракорам или длабоко во срцето на последните градови од Патот на свилата. Неверојатна авантура меѓу Кашгар, Маркит, Иаркам и пакистанската, таџикистанската и киргиската граница. На враќање се руши старото и се моделира материјалот, без никаков страв, со цел да се приближи до она што навистина е музиката – слободоумна емоција. Двајцата музичари од Trans-Aeolian Transmission, Франсоа Камбузат, ветеран од медитеранската панк и авант-рок сцена, како и басистката Џана Греко, хероина на италијанската електрична музичка сцена и соработник на Лидија Линч (Франсоа и Џана се основачи на Ifriqiyya Electrique), го свират концертот заедно со проекцијата на документарниот филм за магичното патување што самите го снимиле. A new concept: traveling, composing, writing and filming somewhere else, far where neither the music industry nor the artistic agencies will ever take any western musician. Meeting musicians from other worlds. Throughout long trips out of the beaten tracks, during months in the depths of the desert of Taklamakan, up in the mountains of Karakoram as well as in the deep-hearts of last cities of the Silk Route. An incredible adventure between Kashgar, Marqit, Iarkam and on the Pakistani, Tajik and Kirghiz borders. Breaking everything when coming back, spiting and modelling the materials, without absolutely any fear, just to approach what really the music is - a libertarian emotion. The two musicians of Trans-Aeolian Transmission, François Cambuzat, a veteran of the Mediterranean punk and avant-rock scene, and bassist Gianna Greco, a heroin of the Italian electric musical scene and collaborator of Lydia Lunch (François and Gianna are the founders of Ifriqiyya Electrique) are performing a concert in front of the projection of a documentary-fiction-roadmovie realized by themselves. trasportimarittimi.net/trans-aeolian_transmission.html#widget2



OUMOU SANGARÉ

5 ЈУНИ 20:30

МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ

MALI

OUMOU SANGARE VOCAL GUIMBA KOYATE GUITAR ELISE BLANCHARD BASS JON GRANDCAMP DRUMS ALEXANDRE MILLET KEYBOARDS ABOU DIARRA KAMELE N’GONI EMMA LAMADJI BACKING VOCAL KANDY GUIRA BACKING VOCAL Уму Сангаре е суперѕвездата од Мали, најголемата африканска пејачка и добитник на наградата Греми. Таа е Амбасадор на добра волја на Обединетите нации, добитник на International Music Award на УНЕСКО и Womex 2017 Artist Award Winner. Родена е во Бамако, Мали, својата музичка кариера ја започна на рана возраст пеејќи традиционални песни. Таа го сними својот спектакуларен прв албум „Moussolou“ на дваесетгодишна возраст. Огромен е нејзиниот придонес кон развојот и збогатувањето на музиката преку интернационалната музичка соработка, каузата за мир и огромното разбирање помеѓу сите раси и народи. Стилот на пеење на Сангаре е Васулу и затоа е позната како „песнопојната птица на Васулу“. Тоа е популарен музички жанр произлезен од народните традиции во руралниот југозападен дел на Мали. Токму тој стил ѝ донесе меѓународен успех и со него продолжува да ја доближува Васулу културата и традицијата до светската публика. Последниот албум „Mogoya“, кој многумина го прогласија за албум на годината во 2017, претставува ново возбудливо поглавје во нејзината кариера. Oumou Sangare is the superstar diva from Mali, the greatest African singer and a Grammy-award winner. Goodwill ambassador of the United Nations, winner of UNESCO International Music Prize and. Born in Bamako, Mali, she started her musical career at an early age by singing traditional songs. She recorded her spectacular debut album “Moussolou” at only 20 years of age. Sangaré’s voice is a soulful joy, soaring to high notes and resounding with a husky richness. Her contribution to the enrichment and the development of music, as well as for the cause of peace, for the understanding among peoples and international cooperation is huge. Sangare’s style is wassoulou, and she is recognized as “The Songbird of Wassoulou”, a popular musical genre derived from folk traditions in the rural southwestern part of Mali. That style has brought her international stardom and she continues to bring the Wassoulou culture and traditions to a global audience. The latest album “Mogoya”, voted by many as best álbum for 2018, represents an exciting new chapter in her career.

last.fm/music/Oumou+Sangare









17TH INTERNATIONAL WORLD MUSIC FESTIVAL Organization Skopje Jazz Festival Maksim Gorki 5, 1000 Skopje, Macedonia tel: +389 2 3131090 e-mail: sjf@skopjejazzfest.com.mk www.skopjejazzfest.com.mk www.offest.com.mk Under the patronage of Ministry of Culture of the Republic of Macedonia Supported by City of Skopje Sponsors Zlaten Dab, Tikves Winery, OKTA, Neotel, DHL Express Macedonia, Embassy of Italia - Skopje, Puglia Sounds, Kliping Media sponsors 24 Vesti, TV21, Jazz Fm, Kanal 103, Sloboden pecat, Nezavisen vesnik, idividi.com.mk, plusinfo.mk, libertas.mk, mkd.mk, okno.mk, novatv.mk, sdk.mk, kritika.mk, a1on.mk, makfax.com.mk, prizma.mk, time.mk Poster design SITO, Ljubljana Video animation Jure Lavrin Catalogue design Ivan Petrushevski




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.