018 2 AL V I EST F AZZ J JE P O SK BER OCT 1 2 18-
O
SKOPJE JAZZ FESTIVAL 2018 18-21 ОКТОМВРИ 18 OКТОМВРИ 20:00 Македонска опера и балет
ALEXANDER HAWKINS (UK) DAVID MURRAY QUARTET feat. SAUL WILLIAMS “Blues for Memo” (USA) 24:00 МКЦ Дансинг сала
ARTO LINDSAY & PAAL NILSSEN-LOVE (USA/Norway) 19 OКТОМВРИ 20:00 Македонска опера и балет
WADADA LEO SMITH “Reflections and Meditations on Monk” (USA) HARRIET TUBMAN (USA) 24:00 МКЦ Дансинг сала
THURSTON MOORE (USA) 20 OКТОМВРИ 20:00 Македонска опера и балет
METTE RASMUSSEN (Denmark) TRONDHEIM VOICES (Norway) SUSANA SANTOS SILVA / AB BAARS / HAMID DRAKE (Portugal/Netherlands/USA) 24:00 МКЦ Дансинг сала
MOPO (Finland) 21 OКТОМВРИ 20:00 Македонска опера и балет
TONI KITANOVSKI 30 years in music PANDA 5 (Macedonia) TONI & FRIENDS (Macedonia/USA/Serbia/Peru) БИЛЕТИ ВО ПРОДАЖБА: ЈУГОТОН РЕКОРДС, МОБ, МКЦ И MKTICKETS.MK
www.skopjejazzfest.com.mk
ALEXANDER HAWKINS
18 ОКТОМВРИ, 20:00
Македонска опера и балет
ALEXANDER HAWKINS piano
Александар Хокинс е широко признат како еден од најиновативните и најимагинативните британски пијанисти и композитори. Тој е самоук музичар, со огромна љубов и длабоко познавање на џезтрадицијата што, заедно со класичните референци, ја пренесува во своите композиции и импровизации. Неговиот посебен, уникатен звучен универзум се обликува низ потрагата по помирување на љубовта кон слободната импровизација и длабоката фасцинација од композицијата и структурата. Покрај солистичките настапи, тој работи во широк спектар на креативни контексти, вклучувајќи ја водечката улога и компонирањето за неговиот квартет и ансамбл, во дуо со Еван Паркер, Џон Сурман, Хан Бенинк, Софија Јернберг, како и во проекти на современите музички лидери - Џо Мекфи, Ентони Брекстон, Маршал Ален, Вадада Лео Смит, Хамид Дрејк, Роб Мазурек, Матана Робертс, Шабака Хатчингс, Луис Мохоло и етио-џез пионерот Мулату Астатке. Неговите концертни ангажмани му донесоа настапи на големите клупски, концертни и фестивалски сцени низ целиот свет.
Alexander Hawkins is widely recognized as one of the UK’s most innovative and imaginative pianists and composers. He is self-taught with a great love and deep knowledge of the jazz tradition which he brings, along with classical references, to his compositions and improvisations. His own highly distinctive soundworld is forged through the search to reconcile both his love of free improvisation and profound fascination with composition and structure. Along with his solo performances, he works in a vast array of creative contexts including leading and composing for his Quartet and Ensemble, in duo with the likes of Evan Parker, John Surman, Han Bennink and Sofia Jernberg and in projects with contemporary leaders - Joe McPhee, Anthony Braxton, Marshall Allen, Wadada Leo Smith, Hamid Drake, Rob Mazurek, Matana Roberts, Shabaka Hutchings, Louis Moholo and Ethio-jazz pioneer Mulatu Astatke, among many others. Concert appearances have taken him to major club, concert and festival stages worldwide.
photo: Ziga Koritnik
DAVID MURRAY QUARTET feat. SAUL WILLIAMS “Blues for Memo”
18 ОКТОМВРИ, 22:00
Македонска опера и балет
DAVID MURRAY tenor saxophone, bass clarinet SAUL WILLIAMS spoken words DEZRON DOUGLAS double bass DAVID BRYANT piano NASHEET WAITS drums
Кога зборуваме за Дејвид Мареј, несомнено мора да го имаме предвид неговото долго музичко патешествие: речиси и не постои музичар кој со толку страст и посветеност ги има проучувано поврзаноста и кратенките меѓу авангардата и традицијата и во тој процес стекнал уметнички профил што го прави единствен меѓу саксофонистите од неговата генерација. Како голем љубител на поезијата, која секогаш била во служба на неговата музика, тој го запознава њујоршкиот слем-поет, рапер, писател, музичар, колумнист и актер Сол Вилијамс, на погребот на нивниот заеднички пријател, врвниот поет и активист на Black Power движењето, Амири Барака. Следниот ден се среќаваат и одлучуваат да му оддадат почит на поетот, но и на пионерот на истанбулската џез сцена, неодамна починатиот Мехмет „Мемо“ Улу, којшто ги отвори вратите на Турција за експерименталниот џез преку Акбанк џез фестивалот и преку неговиот култен клуб “Babylon” во Истанбул. Така се роди проектот/албумот “Blues for Memo”, каде што фуриозната и бескомпромисна поезија на слем-поетот е вдомена во музиката на легендарниот саксофонист и неговиот квартет. Оваа алхемија функционира беспрекорно во рамките на заедничкиот политички и поетски дискурс, еднакво моќен како и нивната музикалност.
David Murray can look back on a long journey: hardly anyone else has so energetically researched the connection and shortcuts between the avant-gardе and tradition and in the process acquired a profile that makes him unique amongst saxophonists of his generation. A great lover of poetry that has always been at the service of his music, he meets New York slammer, rapper, writer, musician, columnist and actor Saul Williams at the funeral of their mutual friend, the great poet and Black Power movement activist Amiri Baraka. The next day, the two artists meet and decide to pay tribute to the poet as well as to a pioneer of Istanbul’s jazz scene, Mehmet “Memo” Uluğ who opened the doors of Turkey to experimental jazz through the Akbank Jazz Festival and his club Babylon in Istanbul. Thus was born the project “Blues for Memo”, where the raging and uncompromising poetry of the slammer is inhabited by the saxophonist and his Quartet. On one hand, there’s David Murray and the free jazz notes of his saxophone that magically transport us to another world, and on the other, Saul Williams, man of letters, who recites incisive verses from his poems. The alchemy is perfect in their common political and poetic discourse as well as their powerful musicality.
ARTO LINDSAY / PAAL NILSSEN-LOVE
18 ОКТОМВРИ, 24:00 MKЦ Дaнсинг сала
ARTO LINDSAY guitar, vocals PAAL NILSSEN-LOVE drums
Роден во САД, а пораснат во Бразил, Арто Линдзи е една од најзначајните фигури на бруталната њујоршка no-wave сцена од доцните седумдесетти. Познат по својата специфична фузија на апстрактен noise, експериментален џез и елементи на бразилската tropicália, тој опстојува на крстопатот меѓу музиката и уметноста веќе четири децении. Пал Нилсен-Лав, пак, е еден од творечки најпродуктивните и најактивните норвешки музичари во последните 20 години. Со илјадници концерти и стотици снимки, тапанарот е познат по бендовите како The Thing, OffOnOff, Ballister, Hairy Bones, Chicago Tentet и Large Unit, како и по соработките со музичари како Кен Вандермарк, Џим О’Рурк, Питер Броцман, Трстон Мур, Мичијо Јаги и многу други. Арто Линдзи и Пал Нилсен-Лав првпат настапија заедно во Рио, кон почетокот на јули 2013-та година. Се сретнаа, си рекоа „здраво“ и изведоа 35-минутен крајно експлозивен сет, со мешавина на бразилски песни, вокали, бучни гитари и силни тапани коишто влегуваат и излегуваат од ритам. Следната средба се случи во музејот Гугенхајм во Њујорк, а потоа следеа настапите на фестивалите Moers, Roskilde, повторно Audio Rebel во Рио, Big Ears во Ноксвил како и бројни концерти низ Европа и светот. Нивниот прв концерт во Рио беше снимeн и издаден како албум за дискографската куќа на Нилсен-Лав, PNL records, под името “Scarcity”.
Born in the USA and raised in Brazil, DNA mastermind Arto Lindsay was an important figure on the brutal nowave scene of New York from the late 70’s. Renowned for his distinctive fusion of abstract noise, experimental jazz and the grooves of Brazilian tropicália, he has stood at the intersection of music and art for over four decades. Paal Nilssen-Love has been one of the world’s most prolific and active musicians that came out of Norway for the last 20 years. With thousands of gigs and hundreds of recordings the drummer is known for bands like The Thing, OffOnOff, Ballister, Hairy Bones, Chicago Tentet and Large Unit, as well as collaborations with musicians like Ken Vandermark, Jim O’Rourke, Peter Brötzmann, Thurston Moore, Michiyo Yagi and many others. Arto Lindsay and Paal Nilssen-Love played together for the first time in Rio in early July 2013. They met, said hello and performed a hammering 35-minute highly energetic set, with a mix of Brazilian songs, vocals, noisy guitar and hard beating drums going in and out of time. The next meeting was at the Guggenheim Museum in New York and since then they have played Moers Festival, Roskilde Festival, Audio Rebel in Rio de Janeiro again, Big Ears Festival in Knoxville plus more concerts in Europe and elsewhere. Their first concert in Rio was recorded and released on Nilssen-Love´s label PNL records under the name “Scarcity”.
Photo: Kim Hiorthøy
WADADA LEO SMITH
“Reflections and Meditations on Monk”
19 ОКТОМВРИ, 20:00
Македонска опера и балет
WADADA LEO SMITH trumpet
Ишмаел Вадада Лео Смит е трубач, мултиинструменталист, композитор и импровизатор. Има компонирано музика за соло изведби, ансамбли, класичен и креативен оркестар како и за сценски перформанси. Композициите на Вадада се изведувани од неговите сопствени ансамбли, како и од други современи музички состави. Настапувал со речиси сите значајни артисти на креативната импровизаторска музичка сцена. Добитник е на многубројни награди како композитор и музичар. Неговото истражување и уметнички развој веќе педесетина години се во насока на создавање нотиран јазик и дизајнирање компатибилни системи за илустрирање на својата уметничка експресија. Вадада Лео Смит, кого многумина го сметаат за најзначајниот и најкреативниот жив џез музичар, првенствено смел трубач, а потоа и мултинструменталист и композитор, достигна нов врв во својата кариера. Критичарите на магазинот Downbeat во 2017-та година го прогласија за најдобар во три категории: џез артист, трубач и џез албум на годината (“America’s National Parks”). Скопскиот џез фестивал ја има привилегијата да биде избран како единственото место во Европа за ексклузивна премиерна концертна изведба на неговиот албум “Reflections and Meditations on Monk”, уште едно негово ремек-дело од 2017-та година.
Ishmael Wadada Leo Smith is a trumpet-player, multiinstrumentalist, composer and improviser. He has composed music for solo, ensemble, classical and creative orchestra and stage works. His compositions have been performed by his own ensembles as well as other contemporary music ensembles. He has performed with almost every important artist in the creative improvised music scene. Wadada has received numerous awards as a composer and musician. For fifty years, his research and artistic development has been to create a notational language and design compatible systems to illustrate his artistic expression. Considered by many the most important and creative living jazz musician Wadada Leo Smith, boldly original trumpeter, multi-instrumentalist and composer has reached a new peak in his career, topping in 2017 three categories in Downbeat Magazine’s Annual Critics Poll: Jazz Artist, Trumpet and Jazz Album (for “America’s National Parks”). Skopje Jazz Festival has the privilege of being chosen for Europe exclusive live premiere of his work “Reflections and Meditations on Monk”, another masterpiece album from 2017.
Photo: Jimmy Katz
HARRIET TUBMAN
19 ОКТОМВРИ, 22:00
Македонска опера и балет
BRANDON ROSS guitar, banjo, vocals MELVIN GIBBS electric bass J.T. LEWIS drums Harriet Tubman е музички колектив оформен во 1998-та година кога тројцата музичари ги здружија силите за да создадат бенд со значење. Насловен по храбрата афро-американска робинка што го ризикувала својот живот за да се ослободи од ропство, помагајќи им на повеќе од 300 други робови да го сторат истото, Harriet Tubman е состав длабоко инспириран од идеалите за слобода. Музиката на триото - фузија на соул, рок, џез и блуз - ја истражува длабочината на овие жанрови постигнувајќи слободен и уникатен музички израз. Самите велат дека Jimi Hendrix, Ornette Coleman и ParliamentFunkadelic еднакво учествувале во создавањето на нивната музичка ДНК. Гитаристот и пејач Брендон Рос, басистот Мелвин Гибс и тапанарот Џ.Т. Луис имаат соработувано со голем број различни артисти како Касандра Вилсон, Living Colour, Лу Рид, Херби Хенкок, Хенри Тредгил, Стинг, Arrested Development, Тhe Rollins Band, Дејвид Мареј, Тони Вилијамс, Дон Пулен, Тина Тарнер, Џејмс Блад Алмер, Оливер Лејк, Мухал Ричард Абрамс, Арета Френклин, Буч Морис и многу други. Нивниот карактеристичен звук е чист и ослободен музички израз - длабока и душевна медитација на концептот за слобода, што и овозможува на публиката да ја доживее музиката � лишена од предрасуди во врска со стилот или жанрот. Четвртиот албум на бендот, извонредниот “Araminta”, е едно од најистакнатите изданија на 2017-та година.
Harriet Tubman formed in 1998 when the three musicians came together to start a band with meaning. Named after the heroic African-American slave who risked her life to escape from slavery and help more than 300 others to do the same, Harriet Tubman is deeply inspired by the ideals of freedom. The trio’s music - a fusion of soul, rock, jazz, and blues - examines the depths of these genres for their own unique liberated musical expression. The band counts Jimi Hendrix, Ornette Coleman and ParliamentFunkadelic as contributors to its musical DNA. Guitarist and singer Brandon Ross, bassist Melvin Gibbs and drummer JT Lewis have collaborated with artists as diverse as Cassandra Wilson, Living Colour, Lou Reed, Herbie Hancock, Henry Threadgill, Sting, Arrested Development, The Rollins Band, David Murray, Tony Williams, Don Pullen, Tina Turner, James Blood Ulmer, Oliver Lake, Muhal Richard Abrams, Aretha Franklin, Butch Morris and many others. Their own sound is pure and liberated musical expression - a deep and soulful meditation on the concept of freedom, allowing the audience to experience the music free from distracting labels of style or genre. The band’s fourth album, the outstanding “Araminta”, has become one of the most celebrated releases of 2017.
Photo: Michael Halsband
THURSTON MOORE
19 ОКТОМВРИ, 24:00 MKЦ Дaнсинг сала
THURSTON MOORE guitar
Трстон Мур се сели во Њујорк на осумнаесетгодишна возраст, во 1976-та година, за да свири панк. Во 1980-та ги оформува Sonic Youth. Оттогаш, тој е во првите редови на алтернативната рок-сцена, синтагма којашто беше првпат употребена за да се означи која било музика што ги предизвикуваше и се противставуваше на мејнстрим стандардите. Со Sonic Youth, Мур поттикна цела една генерација да го вреднува експериментирањето во рокенролот - од инспирирањето на Nirvana, што тогаш беа во зародиш, до албумот “Daydream Nation” на Sonic Youth, што во 2006-та година беше избран од библиотеката на Конгресот на САД за историско наследство во рамките на Националниот музички регистар. Трстон снима и настапува во низа дисциплини, движејќи се од слободни импровизации, преку акустични композиции, па сè до black/white metal/noise упади. Има соработувано со Јоко Оно, Џон Зорн, Дејвид Туп, Сесил Тејлор, Ирмин Шмит, Faust, Глен Бранка и многу други. Покрај неговите најразлични активности во музичкиот свет, тој е вклучен во издаваштво и поезија и предава креативно пишување на Универзитетот Наропа во Булдер, Колорадо, училиште основано од Ален Гинзберг и Ен Валдман во 1974-та година. Трстон, исто така, предава музика на Ритмичкиот музички конзерваториум (Rytmisk Musikkonservatorium) во Копенхаген. Во моментов работи и снима соло, со разни ансамбли, како и со својот бенд The Thurston Moore Group.
Thurston Moore moved to NYC at eighteen in 1976 to play punk. He started Sonic Youth in 1980. Since then Thurston Moore has been at the forefront of the alternative rock scene since that particular sobriquet was first used to signify any music that challenged and defied the mainstream standard. With Sonic Youth, Moore turned on an entire generation to the value of experimentation in rock n roll - from its inspiration on a nascent Nirvana, to Sonic Youth’s own Daydream Nation album being chosen by the US Library of Congress for historical preservation in the National Recording Registry in 2006. Thurston records and performs in a cavalcade of disciplines ranging from free improvisation to acoustic composition to black/white metal/noise disruption. He has worked with Yoko Ono, John Zorn, David Toop, Cecil Taylor, Faust, Glenn Branca and many others. Alongside his various activities in the musical world, he is involved with publishing and poetry, and teaches writing at Naropa University, Boulder CO, a school founded by Allen Ginsberg and Anne Waldman in 1974. Thurston also teaches music at The Rhythmic Music Conservatory (Rytmisk Musikkonservatorium) in Copenhagen. Presently he performs and records solo, with various ensembles and in his own band, The Thurston Moore Group.
Photo: Vera Marmelo
METTE RASMUSSEN
20 ОКТОМВРИ, 20:00
Македонска опера и балет
METTE RASMUSSEN alto saxophone
Мете Расмусен е данска саксофонистка којашто живее и твори во Трондхајм, Норвешка. Таа е истакнат претставник на новиот бран екстремни инструменталисти-импровизатори. Заснована врз енергијата на фри-џезот, нејзината беспрекорно остра, непредвидлива и длабоко структурирана музика е опишана како „глава полна со идеи“ еден тон совршено изведени музички каприци. Континуирано испитувајќи го звучниот потенцијал на саксофонот, Расмусен користи низа различни техники и придонесува кон проширување на азбуката на инструментот. Во соло проектите, како и во соработките со други музичари, таа ја рекапитулира сопствената, лична, визија за улогата на саксофонот, честопати претворајќи ја во целосно физичко искуство. Нејзините настапи ги обединуваат публиката и уметникот и ја овоплотуваат енергијата на таа врска. Актуелна и постојано барана, таа настапувала заедно со музичари како Алан Силва, Крег Тејборн, Крис Корсано, Матс Густафсон, Пол Ловенс, Аксел Дорнер, Мо, Џон Едвардс, Бери Гај и Зина Паркинс. Американскиот музички магазин Downbeat ја нарече „млада скандинавска саксофонска сензација“.
Mette Rasmussen is a Danish saxophonist based in Trondheim, Norway. She is a vital exponent of a new wave of extreme instrumental improvisers. Based on the energy of free jazz, her razor sharp, volatile and deeply textured music has been described as a “head full of ideas” - a ton of flawlessly executed musical whims. Rasmussen continuously explores the sonic potential of the sax, uses an array of different techniques and contributes to the expansion of the instrument’s ABC. In solo affairs as well as in collaborations, she has encapsulated her own personal vision of the role of the saxophone, often turning it into a complete physical experience. Her performances ties together audience and artist, and embodies the energy between the two. Much in demand, she has played alongside musicians such as Alan Silva, Craig Taborn, Chris Corsano, Mats Gustafsson, Paul Lovens, Axel Dörner, MoE, John Edwards, Barry Guy and Zeena Parkins. The American music magazine Downbeat called her a “young Scandinavian saxophone sensation”.
Photo: Ole Ekker
TRONDHEIM VOICES “Folklore”
Composed by Helge Sten and Ståle Storløkken for Trondheim Voices
20 ОКТОМВРИ, 21:00
Македонска опера и балет SISSEL VERA PETTERSEN ANITA KAASBØLL TONE ÅSE KARI ESKILDHAVENSTRØM NATALI ABRAHAMSEN GARNER HEIDI SKJERVE TORUNNSÆVIK INGRID LODE singers INGRID SKANKEHØSØIEN light design INGAR HUNSKAAR sound design
Trondheim Voices е револуционерен и иновативен норвешки ансамбл составен од вокалисткиимпровизаторки, постојано предизвикувајќи ја и менувајќи ја структурата на композицијата во поглед на тоа како еден вокален ансамбл може да креира уметност на звукот. Цврсто наметнувајќи се на сцената како уникатни креатори на вокалната и импровизирачката музичка уметност уште во 2001-та година, тиe го проширија традиционалниот концертен формат, барајќи нов музички израз во интеракцијата помеѓу пејачките, публиката, амбиентот и новата технологија. Во фокусот се индивидуалноста на секоја пејачка и нејзината боја на глас во комбинација со другите гласови, што резултира со извонреден квалитет на колективниот тон. Преку многубројните соработки со најсовремените композитори и сценски уметници, а особено преку соработката со дизајнерот на звук Асле Карстад и визуелната уметница Ен-Кетрин Хертлинг, Trondheim Voices досегнаа комплетно нов стадиум на импровизација, со музиката, движењата, новата технологија, просторот и времето. Суптилната интеракција меѓу пејачките, дизајнерот на звук, публиката и моментот, е нивната точка на навигација - создавање нова музика по пат на слушање и препуштање на мигот. Делото “Folklore” на Хелге Стен и Столе Сторлокен ја истражува дистанцата меѓу акустичниот и електронскиот звук, хармоничната и микротоналната музика, познатото и непознатото.
Trondheim Voices is a groundbreaking Norwegian ensemble of improvising vocalists, constantly challenging and changing the framework for how a vocal ensemble can produce sound art. Since 2001, they have made solid statements as developers within vocal and improvised music, expanding the traditional concert format, searching for new music in the interaction between the singers, the audience, the surroundings and new technology. Each singer’s individuality, and her timbre combined with the other voices, are in focus, resulting in a unique quality to the groups collective tone. Through their many collaborations with cutting edge composers and stage artists, and especially through their collaboration with sound designer Asle Karstad and visual artist Ann-Cathrin Hertling, Trondheim Voices has reached a whole new level of improvising, with both music, movement, new technology, space, and time. The subtle interaction between the singers, the sounddesigner, the audience, and the moment, is their point of navigation - making new music through listening and letting go. Helge Sten and Ståle Storløkken’s work Folklore explores the distance between acoustic and electronic sound, harmonic and microtonal music, the known and unknown.
Photo: André Loyning
SUSANA SANTOS SILVA /
AB BAARS / HAMID DRAKE
20 ОКТОМВРИ, 22:30
Македонска опера и балет
SUSANA SANTOS SILVA trumpet, flugelhorn AB BAARS tenor saxophone, clarinet HAMID DRAKE drums, percussion
Сузана Сантош Силва е трубач, импровизатор и композитор од Порто, Португалија. Во последниве години светската музичка критика ја смета за еден од најмоќните нови експоненти на современиот џез и импровизацијата. Со нејзиниот единствен пристап што произлегува од еден опсежен спектар на влијанија, од класичната и современата музика до џезот и текстуралната уметност на звукот, таа покажува интерес за проширување на границите на инструментот и за истражување нови начини на изразување во музиката. Еднакво комотна во регуларен ансамбл со структуриран музички израз, како и во слободната импровизација и напредните техники, Силва редовно настапува во најразлични формации, од оркестарски до соло. Таа патува, настапува и снима со врвни музичари од Португалија, Шпанија, Франција, Холандија, Белгија, Луксембург, Швајцарија, Германија, Австрија, Полска, Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Косово, Србија, Италија, Грција, Египет, Мароко, Ирска, Велика Британија, Шведска, Норвешка, Данска, Финска, САД, Уругвај, Аргентина, Бразил, Обединетите Арапски Емирати и Индонезија. Во оваа прилика, на 37-то издание на Скопскиот џез фестивал, Сузана ќе настапи во трио формат, заедно со извонредниот холандски саксофонист, кларинетист и композитор Аб Барс, како и со еден од најдобрите тапанари/ перкусионисти во џезот, чикашката легенда Хамид Дрејк.
Susana Santos Silva is a trumpeter, improviser and composer from Porto, Portugal. In the last years she has been considered by the international press as one of the strongest emerging voices in contemporary jazz and improvised music. With a singular approach/ voice that comes out of a comprehensive spectrum of influences, from classical and contemporary music to jazz and textural sound art, she is interested in stretching the boundaries of the instrument and in exploring new ways of expression within music. Equally at home with structured ensemble playing or free improvisation and extended technique, Silva regularly performs in a variety of settings, from orchestral to solo. She has been traveling, performing and recording with many amazing musicians in Portugal, Spain, France, Netherlands, Belgium, Luxembourg, Switzerland, Germany, Austria, Poland, Hungary, Romania, Slovenia, Croatia, Kosovo, Serbia, Italy, Greece, Egipt, Morocco, Ireland, UK, Sweden, Norway, Denmark, Finland, USA, Uruguay, Argentina, Brazil, United Arab Emirates and Indonesia. On the occasion of 37th edition of Skopje Jazz Festival, Susana will perform in trio formation, along with fantastic Dutch saxophone/clarinet player and composer Ab Baars and with one of jazz’s best percussionist, Chicago based drumming legend Hamid Drake.
Photo: Christer Männikus
MOPO
20 ОКТОМВРИ, 24:00 MKЦ Дaнсинг сала
LINDA FREDRIKSSON baritone & alto saxophone EERO TIKKANEN double & electric bass EETI NIEMINEN drums, percussion
Финското трио Mopo, составено од саксофон, бас гитара и тапани, е во центарот на вниманието на светските музички инфлуенсери веќе подолго време, токму поради својата уникатна фузија на панк, џез и инспирацијата од природата во Финска. Mopo (мопед) се движи со забрзување од нула до брзината на светлината, најчесто притискајќи ја гас-педалата, особено кога станува збор за брзо и грубо возење вон градот, во руралните области. Овој моќен состав се формираше во есента 2009-та година. Едноставниот трио формат им овозможува на трите инвентивни импровизатори да истражуваат бескраен број звучни сценографии, што брзо преминуваат од слатки и танцувачки мелодии до најсурови врисоци. Имаат објавено четири албуми: “Jee!”(2012), “Beibe”(2014), “Laivalla”(2016) и “Mopocalypse”(2017). Со албумот “Beibe” ја освоија финската Греми награда во категоријата „најдобар џез албум“. Линда Фредриксон успеа дури три пати да се појави во листата на „Растечки ѕвезди“ (Rising Star) на списанието Downbeat , а списанието All about Jazz ги вброи Mopo во својата листа од „15 европски музичари што треба да ги знаете“ (15 European Jazz Musicians You Need To Know About). Моќните настапи на Mopo ги освоија срцата на публиката насекаде во светот. Во последниве години, тие свират на турнеи низ Мексико, Велика Британија, Шведска, Словенија, Мароко, Норвешка и Турција.
Mopo, a trio of sax, bass and drums from Finland, has been on the radar of international tastemakers already for a while thanks to their unique blend of punk, jazz and inspiration from the Finnish nature. Mopo (a moped) accelerates easily from zero to speed of light, but mostly the trio steps on a gas pedal for a ruffride in the countryside. The energetic band saw daylight in the fall of 2009. The basic trio format allows the three inventive improvisers to explore an endless number of sonic sceneries, quickly moving from sweet and dancing melodies to the most ferocious screams. Captivating and fresh! Compositions are built together relying strongly in the magic of the moment. Mopo has released four albums, “Jee!”(2012), “Beibe”(2014), “Laivalla”(2016) and “Mopocalypse”(2017). “Beibe” won the Finnish grammy in best jazz album category. Linda Fredriksson has made it already three times to Downbeat’s Rising Star list and All about Jazz has listed Mopo in their list of “15 European Jazz Musicians You Need To Know About”. Mopo’s intense performances have stolen the hearts of their audiences all over the world. In recent years Mopo has toured Mexico, UK, Sweden, Slovenia, Morocco, Norway and Turkey.
photo: Ziga Koritnik
30 years in music
TONI KITANOVSKI
21 ОКТОМВРИ, 20:00
Македонска опера и балет
PANDA 5
TONI & FRIENDS
TRAJCE VELKOV trumpet KIRIL KUZMANOV alto saxophone KIRIL TUFEKCIEVSKI bass VIKTOR FILIPOVSKI drums TONI KITANOVSKI guitar
JON SASS tuba DAVE WILSON saxophones ASAN RASHID trumpet VASIL HADZIMANOV piano PIERO EPIFANIA OSAMBELA cajon TONI KITANOVSKI guitar
Тони Китановски е тешко да се опише во неколку реда. Ова се должи на неговиот крајно разновиден и значаен музички опус. Има свирено на турнеи со своите џез и world music проекти, снимил и продуцирал голем број албуми, пишувал музика за играни и документарни филмови, современ танц, симфониски и големи џез-оркестри. Соработува со хип-хоп диџеи, музичари од Конго, ромски оркестри... Себеси се смета за композитор кој свири гитара, а неговата прва љубов отсекогаш била џезот. Драган Ѓаконовски-Шпато е неговиот прв и највлијателен ментор. Токму во неговиот дом Тони првпат слуша една стара снимка од гитаристот Барни Кесел. Оттогаш, па сè до денес, тој чувствува дека за него не постои друг избор освен да биде музичар. Во деведесеттите живеел и студирал во Бостон, на музичкиот колеџ Беркли. Бидејќи карактерот не му дозволува некој да му сугерира како да ја свири гитарата, тој ја одбира композицијата, со цел да го унапреди своето музицирање. Враќањето дома, десет години подоцна, беше придружено со серија албуми за SJF Records и ENJA/Yellowbird Records од Минхен. “Big City Scare” е најновото музичко остварување на Китановски. Се работи за квинтет наречен Panda 5, во кој членуваат најдобрите млади македонски џез инструменталисти. Во втората половина на концертот ќе настапат голем број музички пријатели на Тони. Можеби ќе има потреба да ги облечете вашите чевли за танцување!
Toni Kitanovski is hard to be described in few lines. This is due to his vastly versatile and substantial musical opus. He has toured with his jazz and world music projects, recorded and produced number of albums, written scores for feature films, documentaries, contemporary dance, symphonic and large jazz orchestras. His collaborators are hip-hop DJs, Congolese musicians, Gypsy brass bands… He likes to think of himself as composer who plays the guitar and his first love has always been jazz. Dragan GjakonovskiShpato was his first and most influential mentor. It was in his house that he heard an old recording by guitarist Barney Kessell. From that moment until now he felt that he has no other choice but to be musician. In the nineties he lived and studied in Boston at Berklee College of Music. It wasn’t in his character to be told how to play guitar so he picked up composition in order to advance his performance. Homecoming ten years later was marked by series of albums for SJF Record Label and ENJA/Yellowbird Records from Munich. “Big City Scare” is Toni’s latest album collaboration. It’s a quintet called Panda 5 that features finest young Macedonian jazz players on their respective instruments. Second half of the concert brings on stage a number of Toni’s musical friends. You might need to put on your dancing shoes!
Photo: Daniel Gjurcinovski
SJF RECORDS DIVISION OF SKOPJE JAZZ FESTIVAL
Big City Scare PANDA 5
Homage To A Dreamer GOCE STEVKOVSKI SEPTET
Откријте го светот од Скопје Секој момент од Вашето време заедно е скапоценo. Затоа сме посветени на обезбедување на премиум услуга од оној момент кога ќе се чекирате, до моментот кога ќе слетате во една од нашите 150 дестинации низ целиот свет. Заедно може да создадеме спомени кои траат цел живот. qatarairways.com
37. SKOPJE JAZZ FESTIVAL Under patronage of
MINISTRY OF CULTURE OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA Exclusive sponsors
PRILEPSKA PIVARNICA QATAR AIRWAYS TELEKOM MACEDONIA Supported by
CITY OF SKOPJE and
EMBASSY OF THE UNITED STATES OF AMERICA Sponsors:
OKTA TIKVEÅ WINERY APOLLONIA GROUP AND FOUNDATION NEOCOM GEMAK DHL EXPRESS MACEDONIA KLIPING Media Sponsors
Televizija 24, TV 21, MRT, Kanal 103, Jazz FM, Kanal 77, Sloboden Pecat, Nezavisen Vesnik, idividi.com.mk, plusinfo.mk, time.mk, mkd.mk, okno.mk, libertas.mk, sdk.mk, a1on.mk, novatv.mk, prizma.mk, makfax.com.mk, kritika.mk Poster design Jana Misheva Catalogue design Ivan Petrushevski Print Arcuss Publisher Skopje Jazz Festival Festival director Oliver Belopeta SKOPJE JAZZ FESTIVAL Maksim Gorki 5, 1000 Skopje, Macedonia phone: +389 2 3131 090 e-mail: sjf@skopjejazzfest.com.mk www.skopjejazzfest.com.mk