Skopje Jazz Festival 2017 catalogue

Page 1

SKOPJE JAZZ FESTIVAL 2017 19-22 ОCTOBER



SKOPJE JAZZ FESTIVAL 2017 19-22 ОКТОМВРИ 19 ОКТОМВРИ 20:00 Македонска опера и балет

DAVID HELBOCK TRIO (Austria) TRONDHEIM JAZZ ORCHESTRA & OLE MORTEN VÅGAN (Norway) 20 ОКТОМВРИ 20:00 Македонска опера и балет

MARIO ROM’S INTERZONE (Austria) DEE ALEXANDER (USA) 24:00 МКЦ Дансинг сала

ORLANDO JULIUS & THE HELIOCENTRICS (Nigeria/UK) 21 ОКТОМВРИ 20:00 Македонска опера и балет

STEVE COLEMAN & FIVE ELEMENTS (USA) MARC RIBOT & THE YOUNG PHILADELPHIANS + STRINGS (USA) 24:00 МКЦ Дансинг сала

ANTHONY JOSEPH (UK) 22 ОКТОМВРИ 17:00 МКЦ Кино Фросина

ROBERTO OTTAVIANO (Italy) 20:00 Македонска опера и балет

CRAIG TABORN QUARTET (USA) PAAL NILSSEN-LOVE LARGE UNIT (Norway) SIDE PROGRAMME: 20 ОКТОМВРИ

12:00 MKЦ Кино Фросина

DIXIELAND Documentary film 21 ОКТОМВРИ

15:00 MKЦ Кино Фросина

16:00 MKЦ Кино Фросина

NEW MUSIC IN NEW YORK THE JAZZ LOFT ACCORDING TO W. EUGENE SMITH Presentation by: Ičo Vidmar Documentary film

БИЛЕТИ ВО ПРОДАЖБА: ЈУГОТОН РЕКОРДС, МОБ, МКЦ И MKTICKETS.MK


DAVID HELBOCK TRIO


19 ОКТОМВРИ, 20:00

Македонска опера и балет

DAVID HELBOCK piano

RAPHAEL PREUSCHL bass ukulele

REINHOLD SCHMÖLZER drums

Австрискиот пијанист Давид Хелбок припаѓа на генерацијата џез музичари кои функционираат по сопствени индивидуални насоки, поместувајќи ги границите радикално, повторно структуирајќи го нашето разбирање за тоа што е стара, а што нова музика, преуредувајќи ја композицијата и импровизацијата и предизвикувајќи ги вообичаените предрасуди за стилот и сопствениот белег. Не секој пијанист може да се соочи со импресивниот предизвик да тргне на внатрешно патување без музичката трага од тоа патување да звучи несмасно и тешкo. Концентрацијата и имагинацијата, точноста и моќта на изразувањето, музичката вредност и чистите технички вештини потребни за успешна изведба, за повеќето се недостижни. Но, Давид Хелбок, добитник на австриската „Награда за исклучителен уметник“, не е обичен пијанист. Тој има флексибилна техника, големо портфолио на нијанси, и е доволно длабок мислител за да изрони од копањето по длабочините на срцето и умот, без притоа да звучи како да се напрега прекумерно, меѓу другото и затоа што поседува саркастична досетливост и субверзивен шарм. Всушност, кога Хелбок се префрла од френетична виртуозност на лирична експанзивност, може да се види вистинската смелост на неговата техника и музикалност. Давид Хелбок свирел на турнеи и работел на различни проекти, во земјите како што се САД, Австралија, Мексико, Индија, Бразил и ширум Европа. Во 2016 година сегашното трио на Хелбок за престижната музичка куќа ACT го објави албумот “Into the Mystic”.

Austrian pianist David Helbock belongs to the generation of jazz musicians who are heading off in their own individual directions, pushing the boundaries, radically re-configuring our understanding of what old and new music is, re-aligning composition and improvisation, and challenging common pre-conceptions about style and personality. Not every pianist is able to risk the formidable challenge of making an inward journey without the musical record of that sojourn to sound ponderous and heavy going. The concentration and imagination, accuracy and power of expression, musicianship and plain technical skill needed to pull it off successfully is beyond the reach of most. However, David Helbock is no ordinary pianist. He has the flexible technique, large portfolio of nuance, and is a deep enough thinker to emerge from plumbing the depths of heart and mind without sounding over-effortful not the least because he is also possessed of a wry wit and subversive charm. In fact, when Helbock shifts from frantic virtuosity to lyrical expansiveness can be noted the true mettle of his technique and musicality. David Helbock played tours and recordings with different projects in countries like the USA, Australia, Mexico, India, Brazil, and all over Europe. The current trio of the pianist, who was awarded the Austrian „Outstanding Artist Award“, released their album “Into the Mystic” in 2016 for the prestigious ACT label.

Photo: Severin Koller


TRONDHEIM JAZZ ORCHESTRA & OLE MORTEN VÃ…GAN


19 ОКТОМВРИ, 22:00

Македонска опера и балет

OLE MORTEN VÅGAN bass, compositions

SOFIA JERNBERG vocal

EIRIK HEGDAL

saxophone, clarinet

KJETIL MØSTER

saxophone, clarinet

ESPEN REINERTSEN saxophone, bass clarinet

EIVIND LØNNING trumpet

ØYVIND BRÆKKE trombone

ØYVIND ENGEN cello

DANIEL FORMO hammond organ

HÅVARD WIIK piano

GARD NILSSEN drums

HÅKON MJÅSET JOHANSEN drums

Trondheim Jazz Orchestra е еден од најважните и најкреативни џез состави во Европа. Важна карактеристика на Trondheim Jazz Orchestra е флексибилната и променлива големина на оркестарот. Функционира на проектна основа и се менува во однос на инструментацијата и големината во зависност од еден до друг проект. Во текот на изминатите седумнаесет години, оркестарот имаше голем број возбудливи проекти со норвешки и други џез музичари, како Чик Корија, Пет Метини, Џошуа Редман, Ерленд Скомсвол, Ејрик Хегдал, Софија Јернберг, Џени Хвал и Стијан Вестерхус. Музичарите вклучени во оркестарот се меѓу најпознатите џез имиња од Норвешка. Оле Мортен Ваган е еден од најбараните норвешки басисти и композитори. Како водач на својот квинтет Mоtif од 1998 година тој ја изведува својата музика ширум светот. Во мај 2014 година премиерно го претстави своето ново дело, овојпат како уметнички директор на Trondheim Jazz Orchestra. Во април 2016 година проектот е одбран за промоција на Jazzahead во Бремен, а во 2017 година е присутен на џез фестивалите ширум Европа.

Trondheim Jazz Orchestra is one of the most important and creative jazz ensembles in Europe. An important feature with Trondheim Jazz Orchestra is the band’s flexible and varying size crew. The orchestra works on a project basis and is operated as a musicians’ pool, so that the orchestra changes the instrumentation and size from project to project. During the course of the last seventeen years, the orchestra had great number of exciting projects with Norwegian and international jazz musicians such as Chick Corea, Pat Metheny, Joshua Redman, Erlend Skomsvoll, Eirik Hegdal, Sofia Jernberg, Jenny Hval and Stian Westerhus. The musicians that have been involved in the orchestra are among Norway’s most famous jazz profiles. Ole Morten Vågan is one of Norway’s most wanted bass players and composers. Running his own quintet Motif since 1998, he has performed his own music all over the world. In May 2014, he premiered his new work as artistic director of Trondheim Jazz Orchestra. In April 2016, the project was picked out to showcase at Jazzahead in Bremen, and in 2017 Trondheim Jazz Orchestra and Ole Morten Vågan are touring throughout Europe.


MARIO ROM’S INTERZONE


20 ОКТОМВРИ, 20:00

Македонска опера и балет

MARIO ROM trumpet

LUKAS KRANZELBINDER bass

HERBERT PIRKER drums

Оние што се обидуваат да ги опишат Mario Rom’s Interzone постојано бараат суперлативи. По концертот на прочуениот Rochester Jazz Festival во Њујорк, главните критичари на фестивалот ги нарекоа – едни од најзабавните и највозбудливите изведувачи на фестивалот. Ваквата реакција на американскиот печат е сè освен очекувана за австриски бенд со просечна возраст под 30 години, но триото што го сочинуваат Марио Ром, Лукас Кранцелбиндер и Херберт Пиркер за многу кратко време доби големо внимание ширум светот. Групата со својата невообичаена инструментација (труба, бас и тапани) се покажа способна виртуозноста и хуморот да ги преточи во една забавна целина, оставајќи впечаток дека се четири, пет или повеќе музичари. Едно е јасно: Interzone свират џез. Сепак, нивно гесло е „сè е дозволено“. Медиумите ги опишуваат Interzone како „апсолутно откритие“ со „изненадувачки, ненадминлив темперамент“. Нивната виталност ја остава публиката жедна за бисови до исцрпување на репертоарот. Во 2017 година тие го објавија својот трет албум “Truth Is Simple To Consume“ којшто го донесе нивното импресивно музичко патување на уште повисоко ниво.

Those attempting to describe Mario Rom’s Interzone seem to be looking constantly for superlatives. After a concert at the famed Rochester Jazz Festival in New York, the festival’s main critic called them - one of the most entertaining and exciting acts on the festival. Such a reaction from the American press is anything but self-evident for an Austrian band with a mean age of less than 30 years old, but the trio consisting of Mario Rom, Lukas Kranzelbinder, and Herbert Pirker has undeniably received a great deal of attention from critics and media over the world in a very short time. The group, with its unusual instrumentation (trumpet, bass and drums), has proved able to spin virtuosity and humor into entertaining fullnesse by giving impression of being four, five, or more musicians. To make one thing clear: Interzone plays jazz. No¬netheless, their motto is “everything is permitted” and they’ve lived it in Europe, Mexico, China, Israel, South Africa and the USA in the past two years. Media describes Interzone as an “absolute discovery” and “surprising playfulness almost impossible to top”. Their flawless interaction breathes a vitality that leaves the audience clamoring for encores until their repertoire is exhausted. In June 2017 Interzone released the third album “Truth Is Simple To Consume“ taking the already impressive musical journey to next level.

Photo: Severin Koller


DEE ALEXANDER


20 ОКТОМВРИ, 22:00

Македонска опера и балет

DEE ALEXANDER vocal

MIGUEL DE LA CERNA piano

MIMI JONES bass

ERNIE ADAMS drums

Ди Александер е една од најталентираните и најпочитуваните вокалистки од Чикаго и истовремено вистински бисер во недолгата листа на денес најдобрите џез-пејачки во светот. Нејзините таленти се протегаат на секој музички жанр, но сепак, срцето и душата на Александер во најчиста форма се отсликуваат во џез музиката. Во меките, сензуални балади но, и во динамичното „скет-дивеење“ Ди пее со импресивна вокална длабочина и експлозивна драматичност. Израсната во опкружување во кое најмногубројни биле плочите на Дајна Вашингтон, таа ги наведува Сара Вон и Ела Фицџералд како свои најголеми влијанија. Тука е и чикашкиот саксофонист Хенри Хаф, кој ја насочи на вистинскиот пат до совршенството во вокалната импровизација. Во својата кариера Ди Александер имаше плодна соработка со џез-елитата на Чикаго: Ремзи Луис, Орберт Дејвис, Никол Мичел, Ернест Докинс и многу други. Ди, исто така е и член на славната и значајната „Асоцијација за унапредување на креативните музичари“ (AACM). Покрај постојаната работа со својот квартет, таа го формира и Evolution Ensemble, акустичен состав со гудачки инструменти и перкашн. Албумот “Wild is The Wind” од 2009 година (посветен на Дајна Вашингтон, Нина Симон и Хенри Хаф) е нејзиното најдобро остварување, а мнозина го оценија и како едно од десетте најдобри изданија на џезот во првата декада на новиот милениум. Последниот проект на Ди, “Songs My Mother Loves”, наиде на одличен прием кај музичката критика.

Dee Alexander is Chicago’s most gifted and respected vocalist but at the same time a real gem in not longlisted community of the best female jazz singers in the world. Her talents span every music genre yet her true heart and soul are experienced in their purest form through her performance of jazz music, singing with such interpretive depth and dramatic power - from a soft, sultry ballad to a scat-filled romp. Growing up in a household that was steeped in recordings of Dinah Washington, Dee Alexander names Sarah Vaughan and Ella Fitzgerald among her major influences. As well as Chicago saxophonist Henry Huff, setting her on the path to becoming one of the world most accomplished vocal improvisers. She boasts long and fruitful associations with Chicago’s jazz elite; including Ramsey Lewis, Orbert Davis, Nicole Mitchell, Ernest Dawkins, Chicago Jazz Orchestra and many others. Dee is also a member of the Association for the Advancement of Creative Musicians (AACM). Basically leading her own quartet, Dee has formed the Evolution Ensemble, an acoustic group that consists of string instruments and percussion. Dee Alexander’s CD “Wild As The Wind” from 2009 (dedicated to Dinah Washington and Nina Simone) is her best, and considered by many ас one of ten best jazz releases in the first decade of the new Millennium. Dee last project, “Songs My Mother Loves”, has received rave reviews.


ORLANDO JULIUS & THE HELIOCENTRICS


20 ОКТОМВРИ, 24:00 МКЦ Дансинг сала

ORLANDO JULIUS

vocal, tenor sax, organ

MALCOLM CATTO drums

JAKE FERGUSON bass

ADRIAN OWUSU guitar

JACK YGLESIAS percussion, flute

MATT ROBERTS trumpet

JASON YARDE baritone sax

LATOYA EKEMODE vocal, dancer

Малубројни се музичарите кои што биле позначајни од Орландо Џулиус за инвентивноста, развојот и популаризацијата на афро-поп музиката. Почнувајќи во шеесеттите години на минатиот век, Џулиус ги соединуваше традиционалните африкански звуци и ритми со оние на американскиот поп, соул и ритам и блуз. Покрај настапите и снимањата во својата родна Нигерија, многу години помина во САД, соработувајќи со Ламонт Дозие, Тhe Crusaders и Хју Масакела. Неговиот албум од 1966 година, “Super Afro Soul”, од него направи национална ѕвезда во Нигерија и влијателен музичар дури и во САД. Со драматичното, мошне мелодично вградување на соул, поп и фанк беше многу пред своето време, а некои би рекле и дека “Super Afro Soul” помогна да се обликува фанк движењето што наредните години го преплави САД. На почетокот на 2014 година, познатиот британски бенд The Heliocentrics го доведоа Џулиус во нивното студио во Северен Лондон и го придружуваа во низата снимки на стари песни кои никогаш не беа снимени, но и на новите композиции. На албумот “Jaiyede Afro”, Џулиус нè води назад кон неговите корени, навраќајќи се на неколку композиции од неговите рани години кои никогаш претходно не беа снимени. Како и во нивните незаборавни соработки со Мулату Астатке и Лојд Милер, The Heliocentrics го носат звукот на Орландо во нови, прогресивни насоки, задржувајќи ја сировата градба на неговите рани дела и додавајќи психоделични елементи и авантуристички нови аранжмани.

Few artists have been more crucial for the invention, development, and popularization of Afro-pop than Orlando Julius. Starting in the ‘60s, Julius was fusing traditional African sounds and rhythms with those of American pop, soul, and R&B. Aside from performing and recording in his native Nigeria, he spent many years in the United States working on collaborations with Lamont Dozier, the Crusaders, and Hugh Masekela. His 1966 effort, “Super Afro Soul”, made him a national celebrity in Nigeria and even went so far as to influence music in the United States. The record’s dramatic, highly melodic incorporation of soul, pop, and funk was very much ahead of its time, and some say that “Super Afro Soul” helped to shape the funk movement that swept over the United States in subsequent years. In early 2014, the renowned British band Heliocentrics brought him to their studio in North London, where they backed him in a series of recordings that featured vintage tunes that had never been recorded as well as new compositions. On “Jaiyede Afro” album, Julius takes us back to his roots, revisiting several compositions from his early years, which have never previously been recorded. Like their memorable collaborations with Mulatu Astatke and Lloyd Miller, The Heliocentrics takes Orlando’s sound into new, progressive directions, retaining the raw grit of his early work, and adding psychedelic touches and adventurous new arrangements.


STEVE COLEMAN & FIVE ELEMENTS


21 ОКТОМВРИ, 20:00

Македонска опера и балет

STEVE COLEMAN alto saxophone

JONATHAN FINLAYSON trumpet

ANTHONY TIDD bass

SEAN RICKMAN drums

Американскиот саксофонист Стив Колмен го опишуваат како „неуморен човек кој постојано учи, студира и набљудува“. „Учи од другите, од светот, од природата и го пренесува знаењето, ги споделува откритијата“ со „извонредната виталност што ја создава на музичката сцена“. Неговата музичка иновативност и потрагата по нови форми и идеи се бескрајни. Иницијално инспириран од саксофонистите Чарли Паркер, Сони Ролинс, Џон Колтрејн, Вон Фримен и Банки Грин, Колмен од 1985 година го дополнува џезот со своето уникатно, оригинално свртување. Тој е еден од основачите на таканареченото M-Base движење, во чија рана фаза беа вклучени и Грег Озби и Касандра Вилсон. M-Base Collective беше организација на црнечки музичари која имаше за цел обединување на сите форми на црнечката музика во една целина. Колмен водеше повеќе групи и интензивно снимаше. Во тоа време неговата музика наликуваше на органска синтеза помеѓу пост-бопот и фанкот, иако размислувањата на Стив веќе беа многу пошироки. Тој започна да создава концептуални линкови до сите комплексни системи: нумеролошки, астролошки, митско-религиозни. И покрај комплексноста и асиметричноста, ритмите во музиката на Колмен беа циркуларни и особено комплексно полуметрични кои го сочувуваа танцовиот карактер на популарниот фанк. Со својата долготрајна група Five Elements, Стив Колмен издаде дузина албуми, како што се легендарните “Rhytm people”, “Black Science”, “The Thao of Mad Phat”, а од поновиот период “Functional Arrhythmias”.

American saxophonists Steve Coleman has been described as an “indefatigable person who constantly learns, studies, observes”, searches to “learn from others, from the world, from nature, and to transmit that knowledge, share his discoveries, his quest”, with an “incredible vitality that he generates on the music scene”. His innovative playing and endless search for new forms and ideas are timeless. Initially influenced by saxophonists Charlie Parker, Sonny Rollins, John Coltrane, Von Freeman, and Bunky Green, Coleman since 1985 has been adding his own unique twist to jazz music. He was one of the founders of the so-called M-Base movement whose early ranks included t Greg Osby and Cassandra Wilson. M-Base Collective was self-help organization for black musicians, seeking to integrate all forms of black music into a new ecumenical style. Coleman led several groups, and recorded extensively. His music at the time suggested an organic synthesis of post-bop and funk, though he was already thinking more broadly. He began forming conceptual links to all manner of complex systems: numerological, astrological, myth-religious. The rhythms of Coleman’s music were circular and highly complex polymetric patterns, which preserve their danceable character of popular funk rhythms despite their internal complexity and asymmetries. With his long-lasting group Five Elements, he made a dozen of albums, like the legendary “Rhytm people”, “Black Science” and “The Thao of Mad Phat”, or the recent “Functional Arrhythmias”.


MARC RIBOT & THE YOUNG PHILADELPHIANS + STRINGS


21 ОКТОМВРИ, 22:00

Македонска опера и балет

MARC RIBOT guitar

JAMAALADEEN TACUMA bass

AL MACDOWELL piccolo bass

CALVIN WESTON drums

AXEL LINDNER violin

JOON LAUKAMP violin

NATHAN BONTRAGER cello

Преку децениската работа како придружен музичар на Том Вејтс, Дајана Крол, Елвис Костело, Ти-Боун Барнет, Каетано Велозо, Роберт Плант, Ален Гинзберг, Арто Линзи, Дејвид Силвијан, Џо Хенри, Ален Тусен, Black Keys, Тhe Lounge Lizards и многу други и особено преку неговата редовна соработка со Џон Зорн, гитаристот Марк Рибо се етаблира како великан на гитарата. Но, сите овие убедливи искуства претставуваат само дел од неговите музички потфати. Тој му помогна на Том Вејтс да го дефинира својот нов музички правец. Во тек на 35-годишната кариера Марк објави над 20 албуми под сопствено име, истражувајќи сè, од Алберт Ајлер со групата “Spiritual Unity” па до кубанската музика на Арсенио Родригез со две одлично примени изданија под името “Marc Ribot Y Los Cubanos Postizos”. Неговото пост-рок трио, Ceramic Dog го продолжува наследството на неговите претходни експериментални групи Rootless Cosmopolitans и Shrek. Последната смела авантура на Марк Рибо се The Young Philadelphians кои оддаваат почит на двојното наследство: зашеметувачкиот хармолодичен панк-фанк на легендарниот Prime Time бенд на Ornette Coleman и слаткиот, оптимистички пулс на стариот звук на филаделфискиот соул. Покрај басистот Џамаладин Такума и тапанарот Калвин Вестон, обајцата од Prime Time, родени во Филаделфија, при реализацијата Рибо вклучува уште еден соработник на Орнет – Ал МекДауел и тричлена гудачка секција.

Through his decades of work as a sideman—with Tom Waits, Diana Krall, Elvis Costello, T Bone Burnett, The Lounge Lizards, Caetano Veloso, Robert Plant, Alen Ginsberg, Arto Lindsay, David Sylvian, The Black Keys, Joe Henry, Allen Toussaint among many more, and, most notably, his regular work with John Zorn, guitarist Marc Ribot has established himself as a sixstring savant. However, those potent gigs represent only the tip of the iceberg of his musical endeavors. Marc Ribot helped Tom Waits define his new musical direction. Marc has released over 20 albums under his own name over a 35-year career, exploring everything from the pioneering jazz of Albert Ayler with his group “Spiritual Unity”, to the Cuban son of Arsenio Rodríguez with two critically acclaimed releases under “Marc Ribot Y Los Cubanos Postizos”. His avant post-rock band, Ceramic Dog continues the lineage of his earlier experimental Rootless Cosmopolitans and Shrek. His latest venture is The Young Philadelphians who pays tribute to twin legacies: the mind-blowing harmolodic punk-funk of Ornette Coleman’s legendary Prime Time band and the sweet, optimistic pulse of the vintage Philly Soul. Ribot enlists bassist Jamaaladeen Tacuma and drummer Calvin Weston, both Prime Time alumni and Philadelphia natives, this time along with another Ornette’s sideman Al McDowell plus a newly added 3-piece string section to do the job.

Photo: Barbara Rigon


ANTHONY JOSEPH


21 ОКТОМВРИ, 24:00 МКЦ Дансинг сала

ANTHONY JOSEPH vocal

ANDREW JOHN bass

CHRISTIAN ARCUCCI guitar

DENYS BATISTE saxophones

DAVID BITAN drums

Eнтони Џозеф е поет, писател, музичар и предавач роден на Тринидад, кој живее во Велика Британија, и ги спојува соул, фанк и карипските мелодии. Неговиот последен албум, “Caribbean Roots”, објавен во 2016 година претставува бескомпромисно враќање кон корените. Како и секогаш, Џозеф останал доследен на моќното, длабоко всадено чувство на сопствениот карипски идентитет. Доследен во рестартирањето на својата музичка матрица, како што веќе направи и со распуштањето на своите Spasm Band и Rubber Band, почнува со блескава идеја, регрутирајќи музичари од Гвадалупе и Тринидад. Почнувајќи како заеднички проект со исклучителниот перкусионист Роџер Распал (кој соработувал со Цезариа Евора и Папа Вемба), албумот набргу прерасна во големо дело кое што во себе ги вгради ритмите, звуците и вибрациите што одекнуваат на Карибите, од Сан Фернандо, Кингстон и Лез-Абим до Порт-о-Пренс и Хавана. Со поддршка на бендот составен од музичари со карипско потекло, албумот се обидува да ги обедини различните острови во единствен ентитет без да разводнува ниту една индивидуална нишка. „Идејата е дека Карибите се фрагментиран регион – социјално, политички и историски. Според мене, тоа е обединет простор со поголема поврзаност отколку разлики. Албумот бара луѓето да сметаат на своите корени кои се на Карибите, а генерациите кои имаат длабоко чувство на припадност сега можат да располагаат со правото на просторот кој припаѓа на нашите предци.”- вели Џозеф.

Anthony Joseph is Trinidad-born poet, novelist, musician, and lecturer, who lives in the UK and mixes soul, funk, and Caribbean melodies. His last album “Caribbean Roots”, released in 2016, represents uncompromising return to Joseph’s roots. Joseph has always remained true to a powerful, deep-seated sense of his o wn Caribbean identity. Follower of the reboot of his musical matrix, Anthony, as he had already done by dispersing his Spasm Band and his Rubber Band, starting from scratch with a gleaming training, thought as a brewing between musicians from Guadeloupe and Trinidad. Starting out as a joint project with the outstanding percussionist Roger Raspail (Cesaria Evora, Papa Wemba), the album swiftly grew into a major work incorporating the rhythms, sounds and vibes that rock the Caribbean from San Fernando, Kingston and Les Abymes to Port-au-Prince and Havana. Backed by a band made up of a blend of musicians with Caribbean origins or connections, the album attempts to unite the different islands into a single entity without diluting any individual strand. “The idea is that the Caribbean is a fragmented region, socially, politically, historically. In my view, it is a unified space with more relations than disparities. The album is asking Caribbean people to consider that their roots are in the Caribbean, that their generations run deep and that now, we can claim it as ancestral space.”- says Joseph.

Photo: Mirabel White


ROBERTO OTTAVIANO


22 ОКТОМВРИ, 17:00 МКЦ Кино Фросина

ROBERTO OTTAVIANO saxophones

Роден во Бари, Роберто Отавиано е еден од најпознатите италијански саксофонисти. Тој го усовршува свирењето саксофон со Федерико Монделчи и Стив Лејси, а компонирање и аранжмани со Бил Русо и Џорџ Расел. Од 1979 година има интензивна концертна активност, бројни снимања во цела Европа и соработки со некои од најважните американски и европски музичари како Мел Валдрон, Реџи Воркмен, Ендрју Сирил, Кит Типет, Реј Андерсон, Енрико Рава, Џон Бенинк, Кени Вилер, Марк Дресер, Пол Блеј, Грем Хејнс, Мајра Meлфорд, Тони Оксли, Ран Блејк, Стив Сволоу, Анри Тексие, Ралф Алеси, Марк Дукре. Ги води квартетите Pinturas и Roba со Глен Ферис, Жан Жак Авенел и Џон Беч. Заедно со Луис Мохоло член е на квинтетот Canto General како и на Karl Berger All Stars. Отавиано беше член и на Italian Instabile Orchestra. Неговата дискографија е богата и разновидна, со изданија за Red, Splasch, Soul Note, Dodicilune, Hat Art, Intakt, ECM, DIW и Ogun. Како педагог, тој е основачот на џез одделот на Музичкиот конзерваториум во Бари, каде што работи веќе 30 години. Неговиот сегашен соло проект наречен “Lontano” е дел од една мала серија на соло проекти со фокус на идејата за миграцијата и номадизмот.

Born in Bari, Roberto Ottaviano is one of the bestknown Italian saxophonists. He studies saxophone with Federico Mondelci and Steve Lacy, and composing and arranging with Bill Russo and George Russell. Since 1979, he has intense concert and record activity all over Europe, collaborating with some of the most important American and European musicians like Mal Waldron, Reggie Workman, Andrew Cyrille, Keith Tippett, Ray Anderson, Enrico Rava, Han Bennink, Kenny Wheeler, Mark Dresser, Paul Bley, Graham Haynes, Myra Melford, Tony Oxley, Ran Blake, Steve Swallow, Henri Texier, Ralph Alessi, and Marc Ducret. He runs his own quartet Pinturas and the Roba quartet with Glenn Ferris, Jean Jacques Avenel and John Betsch. Ottaviano is part of the Canto General quintet with Louis Moholo and Karl Berger All Stars. Ottaviano was a member of Italian Instabile Orchestra as well. His discography is rich and varied, with recordings for Red, Splasch, Soul Note, Dodicilune , Hat Art, Intakt , ECM, DIW and Ogun. As a teacher, he founded the Jazz course at the Conservatory in his hometown and he is coordinator for nearly 30 years. His last solo project called “Lontano” is part of small series of solo projects, this one focusing on the idea of migration and nomadism.


CRAIG TABORN QUARTET


22 ОКТОМВРИ, 20:00

Македонска опера и балет

CRAIG TABORN piano, keyboards

CHRIS SPEED

tenor saxophone, clarinet

CHRIS LIGHTCAP bass

DAVE KING drums

Пијанистот, органист, клавијатурист и композитор Крег Тејборн стана носечки столб на реномираната издавачка куќа ECM Records. Тејборн има широк спектар стилови кои често ги адаптира кон природата на инструментот и звуците кои што може да ги создаде. Тој започна да свири пијано и муг синтисајзер како адолесцент, а во раната фаза беше под влијание на широк спектар музички стилови, за него најзначајни фри-џезот и современа класична музика. До денес, Тејборн има објавено шест албуми под свое име, а се појавува на повеќе од 80 како придружен музичар, вклучувајќи ги соработките со Роско Мичел, Дејв Даглас, Дејвид Торн, Еван Паркер, Кристијан Мекбрајд, Дејв Холанд и други. Мнозина денес го сметаат Тејборн за најдобар џез пијанист на својата генерација. Повеќе пати ја доби наградата „Пијанист на годината” (DownBeat, JazzTimes, Jazz Journalists Association…). Тејборн веќе е на турнеја, промовирајќи го најновиот диск на својот квартет со етикетата на ECM, “Daylight Ghosts”, објавен во февруари 2017 година. Во фокусот повторно се неговото волшепство на клавијатурите и беспрекорните вештини за импровизација. Заедно со Тејборн (на пијано и клавијатури), квартетот на “Daylight Ghosts” е составен од музичари кои доаѓаат од широк уметнички круг и свират стилови како рок, електроника, “world music” и различни варијации на џез-музика.

Pianist, organist, keyboardist, and composer Craig Taborn has become a mainstay on the renowned jazz label ECM Records. Taborn has a range of styles, and often adapts his playing to the nature of the instrument and the sounds that he can make it produce. He started playing piano and Moog synthesizer as adolescent and at early stage was influenced by wide range of musical styles, most significantly by recordings of free jazz and contemporary classical music. To this date, Taborn has released six albums under his own name and appeared on more than 80 as a sideman including collaborations with Roscoe Mitchell, Dave Douglas, David Torn, Drew Gress, Evan Parker, Christian McBride, Dave Holland, and others. Many consider Taborn the best jazz piano player of the newer generation. A couple of times he already got the Pianist of the Year Award (by DownBeat, JazzTimes, Jazz Journalists Association…). Taborn is touring in support of his quartet’s newest disc on ECM, “Daylight Ghosts”, released in February 2017. And again, the spotlight is on his keyboard wizardry and impeccable improvisational skill set. Along with the questing Taborn on piano and electronic keyboards, the quartet of “Daylight Ghosts” features musicians that come from a broad artistic background and played styles as rock, electronica and diverse strains of world music, apart of various permutations of jazz.

Photo: Rue Sakayama


PAAL NILSSEN-LOVE LARGE UNIT


22 ОКТОМВРИ, 22:00

Македонска опера и балет

THOMAS JOHANSSON trumpet

MATS ÄLEKLINT trombone

KRISTOFFER BERRE ALBERTS tenor and alto saxophone

JULIE KJÆR

alto saxophone and flute

KLAUS ELLERHUSEN HOLM alto and baritone saxophone

PER ÅKE HOLMLANDER tuba

KALLE MOBERG accordion

KETIL GUTVIK electric guitar

TOMMI KERANEN electronics

CHRISTIAN MEAAS SVENDSEN electric and acoustic bass

INGEBRIGT HÅKER FLATEN electric and acoustic bass

ANDREAS WILDHAGEN drums, percussion

PAAL NILSSEN-LOVE drums, percussion

Пал Нилсен-Лав е еден од творечки најпродуктивните и најактивните норвешки музичари во последните 20 години. Со илјадници свирки и стотици снимки, тапанарот е познат по бендовите како The Thing, OffOnOff, Ballister, Hairy Bones, Chicago Tentet и Original Silence, и по соработките со музичари како Арто Линдзи, Отомо Јошихиде, Акира Саката, Кен Вандермарк, Џим О’Рурк, Питер Бротцман, Турстон Мур, Мичијо Јаги и многу други. Во 2013 година Нилсен-Лав решава дека е време да основа свој голем ансамбл. Со главно помлади норвешки музичари во својот состав, Large Unit се манифестира како интензивна и моќна сила на сцената, но исто така навлегува и во посуптилни и текстурални пасажи. Во групата членуваат музичари од Финска, Шведска и Данска. Со други зборови: нордиска музика во своето најмоќно издание. Евидентни се трагите од искуството на Нилсен-Лав со групите како што се Peter Brötzmann Chicago Tentet, Ken Vandermark’s Territory Band и Frode Gjerstad’s Circulasione Totale Orchestra, но нема сомнение дека со Large Unit, Нилсен-Лав се стреми да создаде група со сопствен звук. Large Unit “експлодираa” на сцената на Molde Jazz Festival во 2013 година, а оттогаш свират на турнеи низ Норвешка и фестивали ширум Европа. Во 2014 година Large Unit го објавија својот деби-албум ”Erta Ale” (вториот е “Ana“), на кој најсилно се чувствува моќта на целата група, со сите музичари во полна сила.

Paal Nilssen-Love has been one of the world’s most prolific and active musicians that came out of Norway for the last 20 years. With thousands of gigs and hundreds of recordings the drummer is known for bands like The Thing, OffOnOff, Ballister, Hairy Bones, Chicago Tentet, and Original Silence, as well as collaborations with musicians like Arto Lindsay, Otomo Yoshihide, Akira Sakata, Ken Vandermark, Jim O’Rourke, Peter Brötzmann, Thurston Moore, Michiyo Yagi and many others. In 2013, Nilssen-Love decided it was time to start his own big band ensemble. Consisting of mostly younger Norwegian musicians, Large Unit manifests as intense powerhouse force on stage, but also veers into more subtle and textural passages. The group also includes members from Finland, Sweden, and Denmark. In other words, Nordic music at its most powerful. Traces of Nilssen-Love’s experience from groups like Peter Brötzmann Chicago Tentet, Ken Vandermark’s Territory Band and Frode Gjerstad’s Circulasione Totale Orchestra are evident, but there is no doubt that with Large Unit, NilssenLove aims to create group with sound of its own. Large Unit burst into life at the Molde Jazzfestival in 2013 and since then has toured Norway and played festivals all over Europe. In 2014, Large Unit released their debut album ”Erta Ale” (followed by “Ana”) where the power of the whole group is felt the strongest with all musicians in full blast.

Photo: Johanna Siring


21 ОКТОМВРИ, 15:00 MKЦ Кино Фросина

NEW MUSIC IN NEW YORK Presentation by: Ičo Vidmar (Slovenia)

Ичо Видмар (роден 1961 година) е социолог по култура од Словенија и има докторат по социологија на Универзитетот во Љубљана. Тој е независен истражувач, музички новинар, преведувач, лектор, колумнист и радио водител. Автор е на монографијата „Новата музика во Њујорк: Независните музичари и правото на градот“ (Studia humanitatis, Љубљана 2017 година), социолошка студија за музичкиот живот во Њујорк. На почетокот на дваесеттиот век, Њујорк е центар на американската и светската музичка индустрија, со голема концентрација на моќни медиуми. Во градот постои преплет од сегментирани музички пазари и независни музички здружувања кои успеаја релативно да ја сочуваат својата автономија во текот на неколку децении. Од седумдесеттите па наваму, Њујорк е еден од светските центри за музички иновации – локација за нова музика во некомерцијални рамки. Новата музика (musica nova) во пошироки рамки е составена од различни музички форми и нивна взаемна поврзаност во урбаното опкружување (пред сè, Даунтаун Менхетен): новата музика на минимализам, панк и њу-вејв, ноу-вејв и алтернативен рок, лофт-џез, импровизирана музика и нов џез. Додека Њујорк се развиваше во глобален и неолиберален претприемачки град, во исто време прерасна во значително поделен град, во просторна и социјална смисла, со нова класна конфигурација.

Ičo Vidmar (b. 1961) is a sociologist of culture from Slovenia, and holds a PhD in Sociology from University of Ljubljana. He works as a self-employed independent researcher, music journalist, reviewer, translator, lecturer, columnist, and radio host. He is the author of monograph “New Music in New York: Independent Musicians and the Right to the City” (Studia humanitatis, Ljubljana 2017), a sociological account of musical life in New York City. New York has been the center of the American and world music industry, with a high concentration of media power, since the beginning of the 20th century. Throughout this period, the city was interlaced with specialized, segmented markets and independent musical formations, which managed to preserve their relative autonomy for a few decades. From 1970s onwards, New York has been one of the world centers of musical innovations – the site of new music at the non-commercial margins. New music (musica nova) as broadly understood here comprises variety of musical forms and their cooperative connections in concrete urban environment – above all Downtown Manhattan: the new music of minimalism, punk and new wave, no wave and alternative rock, loft jazz, improvised music and new jazz. While New York became global and neoliberal entrepreneurial city, it also became increasingly more divided city, in spatial and social terms with a new class configuration.


21 ОКТОМВРИ, 16:00 MKЦ Кино Фросина

THE JAZZ LOFT ACCORDING TO W. EUGENE SMITH Documentary film (USA) - 2015 Directed by: Sara Fishko Produced by: WNYC Studios Runtime: 88 min.

Филмот ја истражува џез-сцената во Њујорк, во периодот од 1957 до 1965 година, документирана преку десетици илјади фотографии на Јуџин Смит. Во педесеттите години од минатиот век во Менхетен, една темна и руинирана петкатница и нејзиното поткровје стануваат дом и опсесија на брилијантниот фотограф Јуџин Смит, кој го напушта своето семејство за да живее таму и да води уметнички живот. После ѕвездената, но за него фрустрирачка кариера во познатото списание Life, Смит го озвучува поткровјето и го документира секојдневието на Шестата авенија број 821 преку илјадници фотографии и бесконечни аудио снимки. На тоа место, во периодот од осум години џез-музичарите се собираат секоја вечер, останувајќи цели ноќи за слободни џем-сејшнс. Телониус Монк доаѓа во поткровјето на проби за негов прочуен биг-бенд концерт, Хал Овертон таму станува познат џез-гуру, а талентираниот тапанар Рони Фри блеснува и згаснува на џез сцената токму на број 821. Сите овие случувања и многу повеќе Смит ненаметливо ги документира. Тој беше пред своето време додека создаваше вистинско богатство од фотографии и музички снимки за идните генерации. Неговата работа обезбедува директен поглед кон овие скриени од јавност џем-сејшнс и ни дава многу побогато разбирање на Њујорк, уметноста и музичката сцена во доцните педесетти и раните шеесетти години од минатиот век. Она што го направил Смит во своето поткровје, во историјата не е документирано во таков обем на ниту една друга локација. Каква привилегија е да се навлезе во опсесивната работа на Смит и во неговата богата ризница и да се направи филм од неа.

The film explores the 1957-65 New York City jazz scene as documented through more then 10.000 photos taken by Eugene Smith. In 1950s Manhattan, a dingy, five-story wreck of loft building becomes the home and obsession of the brilliant photographer W. Eugene Smith – who leaves his family and moves there to live the artist’s life. Smith, crashing after a stellar but frustrating career at Life Magazine, wires the building for sound and captures daily life at 821 Sixth Avenue in thousands of pictures and endless hours of audio tape. Over eight years in this place, jazz players gather all night, every night, for freewheeling jam sessions both hot and cool; Thelonious Monk comes by to rehearse for a famous concert; Hall Overton emerges as jazz guru; and gifted drummer named Ronnie Free finds and loses his footing in the jazz world. Smith stealthily documents all that and more. He was ahead of his time when he created the treasure trove of photos and recordings for future generations to experience. Not only does his work provide a front-row seat to these private jam sessions, but it also gives us much richer understanding of New York and the art and music scene of the late ‘50s and early ‘60s. What he did was capture this place during those years as thoroughly as any one place has been documented over time. What luxury to be able to sort through Smith’s obsessive work and make it into a film.


SJF RECORDS

DIVISION OF SKOPJE JAZZ FESTIVAL

TONI KITANOVSKI

LETECKI PEKINEZERI

Dog Show

Me Mancas Mucho

Love is the way

Bioscopia

Ostrov

El raval

Swinging Macedonia

On Tour

Unfinished Business

Roots on a RoofBalcano Nuevo

Incubator

Korab

Boston

3x3

DUKE BOJADZIEV

VASIL HADZIMANOV TRIO

ZORAN MADZIROV

DD SYNTHESIS

PROJECT ZLUST

ELENA HRISTOVA & GORAJN TRAJKOVSKI

THE BACKYARD JAZZ ORCHESTRA

LETECKI PEKINEZERI

BAKLAVA

SYNTHESIS

OSCAR SALAS & KUBALKAN ENSEMBLE

BAKLAVA







36. SKOPJE JAZZ FESTIVAL 2017 Under patronage of

MINISTRY OF CULTURE OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA Exclusive sponsors

QATAR AIRWAYS TELEKOM MACEDONIA PRILEPSKA PIVARNICA Supported by

THE CITY OF SKOPJE and

EMBASSY OF THE UNITED STATES OF AMERICA EMBASSY OF AUSTRIA - SKOPJE EMBASSY OF ITALIA - SKOPJE PUGLIA SOUNDS Sponsors:

TIKVEÅ WINERY APOLLONIA GROUP AND FOUNDATION NEOCOM OKTA GEMAK DHL EXPRESS MACEDONIA KLIPING Media Sponsors

Televizija 24, TV 21, Kanal 103, Jazz FM, Antenna 5, Sloboden Pecat, idividi.com.mk, plusinfo.mk, time.mk, mkd.mk, okno.mk, libertas.mk, sdk.mk, a1on.mk, novatv.mk, prizma.mk, makfax.com.mk, kritika.mk

Poster design SITO, Ljubljana Catalogue design Ivan Petrushevski Print Arcuss Publisher Skopje Jazz Festival Festival director Oliver Belopeta SKOPJE JAZZ FESTIVAL Maksim Gorki 5, 1000 Skopje, Macedonia phone: +389 2 3131 090 e-mail: sjf@skopjejazzfest.com.mk www.skopjejazzfest.com.mk




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.