Presentation 2 2

Page 1

Карактеристики на Монтесори материјалите

Содржината на оваа публикација е исклучиво одговорност на „Македонското Монтесори Здружение“ и на ниеден начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.


 Марија Монтесори ги конципирала материјалите како одговор на свесните потреби на детето за самостојно учење. Тие го повикуваат детето на самостојност и му овозможува независно од возрасниот да гради логични структури. „Ние треба на децата да им го понудиме самиот свет. Се друго би било потценување на детската интелигенција.“ „Материјалот е клучот кон светот“ ( Марија Монтесори )


Карактеристики на Монтесори материјалите  Материјалите се естетски многу привлечни за децата и работата со нив кај децата остава трајни впечатоци.  Монтесори дидактичкиот материјал е систематски креиран. Сите објекти се поврзани во серија и заедно формираат материјал на развој.  Изолирана е само една тешкотија на материјалот. Тоа му овозможува на детето да се занимава само со еден проблем и концентрирано да работи на откривање на решението (пр. само бојата).


 Материјалите содржат „контрола на грешка“. Повеќето Монтесори материјали содржат можности за самоконтрола со цел детето самостојно да може да го контролира резултатот на својата работа. Детето учи по пат на обиди и грешки и увидување. Оваа карактеристика на дидактичкиот материјал го поштедува детето од непријатното чувство дека направило грешка, како и од обесхрабрувањето и критиките на другите. Од друга страна пак, кај детето се развива чувството на самокритичност и самоконтрола..


.

 Монтесори материјалите овозможуваат учење преку активирање на сите сетила.  Тоа му овозможува на детето да создаде јасни престави и поими (пр. преку манипулирање со розевата кула се формираат поимите за големо, мало, поголемо, помало).  Монтесори материјалите преставуваат конкретизација на апстракцијата.  Тој овозможува децата преку работа со него да се запознаат со закони и функции и од општото да стигнат до посебното.


.

 Материјалот ја поттикнува социјализацијата кај децата.  Секој од материјалите во Монтесори училницата се наоѓа само во еден примерок. Децата мораат да се договорат кое дете со кој материјал ќе работи.  Ниедно дете не се присилува да го дели материјалот со друго дете, но доколку децата меѓусебно се договорат можат и заеднички да работат со некој материјал.  Доколку пак во прашање е интересот на целата група тогаш тој има предност над индивидуалниот интерес.


Монтесори материјали  Вежби од практичен живот  Сетилен материјал  Математички материјали  Материјали за јазик  Материјали за космичко воспитание


Вежби од практичен живот


Вежби од практичен живот  Вежбите од практичен живот се вежби кои припаѓаат кон семејниот живот или заедницата.  Главната цел на овие вежби за детето се состои во тоа да се изгради неговата личност преку поврзување и координација на неговото внимание со неговите движења и сетила.  Вежбите доаѓаат во пресрет на потребите на детето, во мир и независно од возрасните да ги вежба движењата од секојдневниот живот, од миење раце, закопчување, врзување панделка, па до претурање на течности или поделба на различни зрна во повеќе садови.


.  При овие едноставни, скоро незабележиви активности се случуваат многу работи: радост на завршување на движењето вежбање на комплексни текови на движење развивање на математичкиот дух при проценување и делење  подготовка на моториката на раката за пишување итн.   


Сетила


Сетилен материјал  Со сетилниот материјал му се дава на детето едно упатство за класифицирање на впечатоците кои можат да бидат примени од секој сетилен орган.  Диференцираното спознавање преку сетилата ја поттикнува интелигенцијата.  Преку работа со сетилниот материјал се задоволува детскиот нагон за движење и се поврзува со желбата за стекнување на нови знаења.  При конструкцијата на материјалите на прво место стои изолирањето на еден проблем.


. 

 Целиот сетилен материјал се состои од еден систем на предмети кои се организирани според одредено физичко својство на телата како боја, форма, големина, звук, степен на рапавост на површините, тежина, температура итн.  Естетиката на предметите го привлкува интересот на детето и го активира за дејство.  Со сетилните материјали детето ги структуира различните претходни искуства затоа што при работата со нив се средува, спарува, комбинира, разликува, споредува и конструира.  Овие материјали го подготвуваат детето за светот ма математиката.


. „Ништо не е во разумот што претходно не било во сетилата“.


Математички материјали


Материјали од областа математика  Математичкиот материјал е најсилно подготвениот и најиздиференциран материјал.  Преку работата со математичките материјали стануваат материјално разбирливи апстрактните чекори на математичките операции.  Монтесори материјалите се еден вид „отварач на врати“ во царството на математичкиот дух. Тие им овозможуваат не само на децата, туку и на возрасните, еден нов приод кон „играта“ на математички правила.


Материјали за јазик


Материјали од областа јазик  Материјалите за јазик ги подржуваат децата во нивната желба за учење на пишувањето и читањето. По правило таа настапува на возраст од 4-5 години.  Материјалите за учење на пишувањето се надоврзуваат врз основите поставени преку вежбите од практичен живот. Тие се одговор на потребата на децата да навлезат во тајниот свет на знаците. Исто така тие делуваат поддржувачки кон градбата на говорот.


Материјали за космичко воспитание


Материјали за космичко воспитание  Материјалите за „космичко воспитание“ им овозможуваат на децата да ја доживеат нераскинливата врска меѓу природата и културата.  Можноста преку овие материјали да ги спознаат критериумите за ред во животот на земјата, ги сензибилизира децата за нивниот животен простор.  Кај децата се продлабочува и диференцира нивниот однос кон околината, односно светот.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.