Април 2018 / БРОЈ 26 - Публикација на Занаетчиска комора Скопје
www.zkomora.com.mk
ЗАНАЕТЧИЈА М А ЈС ТО Р С К И ИС П ИТ З А КВА Л И Ф И КАЦ И ЈА МАЈСТО Р ФРИЗЕР
РЕАЛИЗАЦИЈА НА МАЈСТОРСКИ ИСПИТ ЗА КВАЛИФИКАЦИЈА ФРИЗЕР МАЈСТОР УЧЕСТВО НА ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ НА САЕМ НА ПРОЕКТИ РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОБУКА ЗА ЗАНАЕТЧИСКИ ЗАНИМАЊА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОБУКА ЗА ФРИЗЕР НА РОМИ ПРОЛЕТЕН БАЗАР НА ДОМАШНИ РАКОТВОРБИ ОГЛАСИ И ЈАВНИ ПОВИЦИ “ДЕНОВИ НА ЗАНАЕТЧИСТВОТО СКОПЈЕ“ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАНАЕТЧИИ И ВРШИТЕЛИ НА ЗАНАЕТЧИСКА ДЕЈНОСТ
ПОДГОТОВКА НА ЗАНАЕТЧИИТЕ ФРИЗЕРИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА МАЈСТОРСКИ ИСПИТ 02-05.12.2017 ГОДИНА
Во Скопје од 02-05 декември 2017, идните фризери мајстори членови на Занаетчиската комора Скопје, се подготвуваа за полагање на практичниот дел од мајсторскиот испит во фризерството под водство на обучувачот фризер мајстор Ансгар Банер од Занаетчиската комора Кобленц Германија. Обуката за практичниот дел од мајсторскиот испит за фризер се подготвуваше и спроведе во организација на Занаетчиската комора Скопје и Балканската канцеларија за занаетчиство и мало стопанство како координативно тело за проектот Западен Балкан на Занаетчиската комора Кобленц.
Обуката се организираше со цел подготовка на фризерите за мајсторски испит за фризер, кој во Македонија се одржи по прв пат во март 2018 година. Реализацијата на мајсторскиот испит за квалификација мајстор фризер ќе биде резултат на напорите и залагањата на Занаетчиската комора Скопје во соработка со Министерството за образование и наука на РМ и Центарот за стручно образование на Република Македонија.
2
Подготовки за полагање на теоретски дел од мајсторскиот испит за квалификација мајстор фризер во Занаетчиска комора Скопје. Во Занаетчиска комора Скопје во текот на месец февруари 2018, идните фризери мајстори членови на Занаетчиската комора Скопје, се подготвуваат за полагање на теоретскиот дел од мајсторскиот испит за квалификација мајстор фризер. Во тек на месец февруари 2018 година се реализира предавањата од педагошко андрагошкиот дел, правно-економскиот дел и стручно теоретскиот дел од програмата за полагање на мајсторски испит за квалификација мајстор фризер.
ПОЛАГАЊЕ НА ПРАКТИЧЕН ДЕЛ ОД МАЈСТОРСКИОТ ИСПИТ
Полагање на практичен дел на мајсторски испит за квалификација мајстор фризер 10-11 март 2018 година Кандидатите за мајсторски испит во мартовскиот испитен рок го полагаа завршниот испит по практичен дел на 10 и 11 март 2018 година во Училишниот Центар во СУГС Димитар Влахов. Кандидатите го полагаа мајсторскиот испит пред комисијата за практичен дел во состав: Весна Стефкова-мајстор фризер, Сретен Костиќ-мајстор фризер и Билјана Јанкуловска-професор во СУГС Димитар Влахов. Секој кандидат имаше задача да реализира пет практични задачи кои беа зададени од комисијата.
3
ЗАВРШНА МАНИФЕСТАЦИЈА ОД ПРОЕКТОТ “ПРЕВЗЕМИ АКЦИЈА ЗА ПОДОБРА КОНКУРЕНТНОСТ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД”
Реализација на проектот Превземи акција за подобра конкурентност на пазарот на труд од страна на Занаетчиска комора Скопје во партнерство со Црвен Крст на Р. Македонија финансиран од Европска Унија, во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента 4). Во рамките на проектот „Преземи акција за подобра конкурентност на пазарот на труд“ , кој започна да се реализира на 14 декември 2015 година и заврши 14 август 2017 во вкупно времетраење од 18 месеци , согласно со планот за акција се реализираа обуките за изучување занаетчиски занимања за 35 невработени лица социјално исклучени. Со започнувањето на обуките се означи и почетокот на нова фаза во проектот која за корисниците ќе значи чекор поблиску до остварување на нивната цел – стекнување на сертификат за изучен занает и воедно можност за долгорочна промена на моменталната состојба, посебно на пазарот на труд. На почетокот на овој процес се даде важност на воспоставување на добра комуникација помеѓу занаетчиите, тимот од социални работинци, психологот и корисниците како и градење на меѓусебен професионален однос. Паралелно со овие обуки течеа и работилниците за личен раст и развој кои истовремено допринесуваат за зајакнување на нивните капацитети и градење
4
на професионална личност. За време на сите тековни активности, тимот од социјални работници и психолог постојано се во комуникација со корисниците следејќи ги нивните потреби и делувајќи преку давање на психосоцијална поддршка. По завршување на обуките, 38 корисници на 29 јуни 2017 на завршниот настан кој се одржа во Музеј на град Скопје 35 корисници добија сертификати за 13 занаети и тоа за фризер, козметичар за нега на лице и тело, шминкер и декорација на нокти, слаткар, пекар, декорирање на настани и уредување на ентериери, фотограф, рачно везење и плетење, кроење и шиење, филигранист, бравар, клучар и столар. На завршната манифестација беа презентирани резултатите од реализираниот проект Овој проект го реализира Црвениот крст на Република Македонија во партнерство со Занаетчиска комора Скопје и е финансиран од Европска Унија, во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента 4).
УЧЕСТВО НА ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ НА САЕМ НА ПРОЕКТИ РЕАЛИЗИРАНИ ВО РАМКИ НА ПОВЕЌЕГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ 2007-2013
Занаетчиска комора Скопје учествуваше на саемот на проекти реализирани во рамки на повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013, поддржан од Европската унија,
бра конкурентност на пазарот на труд... На штандот, покрај проектниот тим, присутни беа и кориснички кои се здобија со обука низ проектните процеси, и се самовработени лица занаетчии со финансиска подршка од Програмата Самовработување-2017 преку Оперативниот план за активни мерки за вработување на Владата на Р. Македонија. Во рамките на проектот пет кориснички се самовработија преку Програмата самовработување, и се занаетчии членови на Занаетчиската комора Скопје .
Занаетчиската комора Скопје заедно со своите партнери Црвен крст на РМ и Црвен крст на Град Скопје, имаа свој штанд на кој беа поставени промотивните материјали од проектот Превземи акција за подо-
Извршниот директор Снежана Денковска учествуваше на дебатата за стручното образование, стручниот соработник Атанасовска Анета зеде активно учество на дебатата на тема социјална инклузија.
Настанот беше организиран од страна на Министерството за финансии/ЦФЦД, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука.
РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОБУКА ЗА ЗАНАЕТЧИСКИ ЗАНИМАЊА СО ФИНАНСИСКА ПОДРШКА ОД ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ СОС-ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА
Занаетчиската комора Скопје во временскиот период од 25.09.2017 до 31.01.2018 година реализираше стручна обука за зајакнување на вештини од областа на побаруваните занимања на пазарот на трудот за занимањето фризер и изработка на слики од срма финансиски подржани од Здружение на граѓани СОС-Детско Село Македонија, преку проект Социјална инклузија ни економско јакнење на млади и млади семејства во ризик преку мерки за генерирање на приходи . Обуката се реализираше во текот на 4 (четири) месеци обука во рамки на програма за образование на возрасни верифицирана преку Министерство за образование и наука на РМ и Центар за образование на возраси на РМ, се обучија пет лица кои успешно го поминаа завршниот испит пред испитната комисија.
5
РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОБУКА ЗА ФРИЗЕР НА РОМИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ЛОКАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА НА БЕГАЛЦИ И ДРУГИ РАСЕЛЕНИ ЛИЦА EPTISA 136616/IH/SER Занаетчиска комора Скопје реализираше обука за фризер по верифицирана програма од Центарот за образование на возрасни на РМ и Министерство за образование и наука во рамките на проектот Локална интеграција на бегалци и други раселени лица EPTISA 136616/IH/SER. Преку овој подпроект се реализираше обука за 17 лица за фризер , и по завршување на обуката се реализираше завршен испит за фризер пред работодавачи. На ден 16.06.2017 година на завршниот настан се доделија сертификати на 17 фризери, обучени преку Образовниот Центар за возрасни при Занаетчиска комора Скопје.
ЗАНАЕТЧИСКАТА КОМОРА СКОПЈЕ УЧЕСНИК НА ОБУКАТА “ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО ЗАНАЕТЧИСТВОТО” КОБЛЕНЦ, ГЕРМАНИЈА 04-06.02.2018 ГОДИНА Во организација на Балканското биро за занаетчиство и мало стопанство –МББ од 04-06 февруари 2018 година во Центарот за дизајн, изработка и компетенции на Занаетчиската комора Кобленц се одржа обука со наслов” Дигитализација во занаетчиството на која учествуваа претставници на занаетчиски претпријатија од Југоисточна Европа и претставници од Занаетчиски партнерски организации. Обуката ја водеа германски експерти од Занаетчиската комомора Кобленц Кристофер Краус и Ролф Милер, кои што ги објаснија можностите за занаетчиството во времето на дигитализацијата. Претседателот на Балканското биро за занаетчиство и мало стопанство г-дин Никола Петров им додели признанија на експертите од Занаетчиската комора Кобленц и ја изрази својата благодарност за пренесување на искуствата и знаењата во коморите во земјите од Југоисточна Европа. Извршниот директор на Балканското биро за занаетчиство и мало стопанство Емил Василев имаше кратка презентација и ретроспектива за дваесетгодишната работа на проектот и досегашните постигнувања во рамките на проектот и им се заблагодари на експертите од Занаетчиската комора Кобленц за нивниот допринос за развој на занаетчиството во земјите на Југоисточна Европа.
6
УЧЕСТВО НА ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈА БАЛКАНСКА ОГРЛИЦА 19-22 СЕПТЕМВРИ 2017 ПЛОВДИВ, БУГАРИЈА Занаетчиска комора Скопје со свој претставник член на комората, филигранистката Катарина Дода учествуваше на манифестацијата Балканска огрлица 2017 која се одржа од 19-22 септември 2017 во Пловдив, Бугарија. Секој учесник од Балканските земји даде свој придонес изготвувајќи елементи во кои беа вклучени традиционалните вредности и симболи на земјата која што ја претставува и сите изработени елементи беа споени во Балканската огрлица. Организатори на настанот се Општина Пловдив, Балканската канцеларија за занаетчиство и мало стопанство и Регионалната занаетчиска комора Пловдив. Во изработката на Балканската огрлица активно учествуваа Ана Медарска –Пловдив, Петар Дудулов-Софија, Љубомир Николов-Софија, Петар Кошев-Софија, Катарина Дода-Скопје, Македонија, Мирослав Стојановиќ- Ниш, Србија, и Нина Престел-Германија.
СОРАБОТКА НА ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ СО ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА НИШ НА ПОЛЕТО НА ФИЛИГРАНТСТВОТО Занаетчиска комора Скопје долги години остварува соработка со Занаетчиска комора Ниш преку Балканската канцеларија за занаетчиство и мало стопанство со седиште во Софија. Занаетчиството на Балканот има исти или слични проблеми со кои се соочуваме, но и интересот за креативното занаетчиство е на слично ниво. Во интерес и на соработката на полето креативно уметничко занаетчиство Ивана Митиќ дипломиран биолог од Ниш која покажала особен интерес за филигрантството реализираше обука во филигрантската работилница во Занаетчиската комора Скопје. Ивана има искуство во изработка со накит од бакар, но интересот кон филигранот е нешто поинакво- истакна Ивана Митиќ. Според неа изработката на филигранот дава чувство на смиреност и, чувство на креативност и создавање ново дело. Занаетчиска комора Скопје се надева дека соработката со Занаетчиската комора Ниш ќе продолжи и во другите занаетчиски дејности.
7
2017 ГОДИНА РЕАЛИЗИРАНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА ПРОЛЕТЕН БАЗАР НА ДОМАШНИ РАКОТВОРБИ -2017 ГОДИНА Манифестацијата Пролетен базар на домашни ракотворби се одржа на 19 и 20 мај 2017 година на плоштадот Филип Втори и истата беше пропратена со прогласувањето на наградените занаетчии – учесници на јавниот конкурс за избор на најавтентичен сувенир на Град Скопје. Основна цел на оваа дводневна манифестација е промовирање и негување на занаетчиството како значаен сегмент на нашето општество, со посебен акцент на уметничкото занаетчиство. Домашното ракотворење и уметничкото занаетчиство , не случајно беа избрани како целна група, бидејќи тие се оној дел од занаетчиството кој полека но сигурно го буди интересот на младите. Не само што нудат можност за вработување на младите лице, туку и им овозможуваат преку своите творби да го изразат својот талент и и креативност. Стручната служба во Занаетчиска комора Скопје беше активно вклучена во текот на подготовките за реализација на проектната идеја и беа реализирани сите предвидени активности. На ден 17.05.2017 година се одржа избор на најавтентичен сувенир. Изборот го изврши Комисија во состав: г-ѓа Елена Љутикова моден креатор Ателје ЉУТИКОВА, г-ѓа Билјана Стојмановска-член (претставник од Град Скопје), г-ѓа Анета Атанасовска-член (претставник од Занаетчиска комора Скопје). Изборот се изврши од следниве пријавени кандидати: 1. Златко Китановски –Модни додатоци ВУДИС 2. Јасмина Главинче- ВИЗАРТ 3. Шадија Дервишевиќ – ВУЛ АРТ 4. Елена Поповска-МАЈ ПРЕШС 5. Станка Ѓурчевска ЕЛИ С Акцесорис 6. Коста Галиманоски 7. Кристина Хаџиевска-КСАНТИКА 8. Андријана Андреева-АНИ СОРО 9. Хедија Николиќ-ХЕДИ
8
Комисијата ги разгледа сите деветмина пријавени кандидати и ја донесе следнава одлука: 1.Прво место Кристина Хаџиевска-КСАНТИКА со изработена кујнска даска од дрво со логото на Град Скопје 2. Второ место Златко Китановски Модни додатоци ВУДИС за изработена лептир машна од дрво со мотиви од Скопје 3. Трето место Елена Поповска МАЈ ПРЕШС ѓердан со ружа изработен од бакар
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЗАНАЕТЧИИ ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ дека врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, за мерката 2.1 Субвенционирање на плати, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Македонија на, ден 16.03.2018 година, се објавува
ЈАВЕН ПОВИК до работодавачи за вклучување во мерката Субвенционирање на плати
1. Во мерката имаат право да учествуваат работодавачи кај кои: • вкупниот број на работници на денот на аплицирање и пред реализацијата на поддршката не е понизок од просечниот број на вработени лица на неопределено време во претходната календарска година; • ги имаат подмирено сите обврски по основ на исплатени плати и придонеси од задолжително социјално осигурување; • немаат финансиска загуба во претходната година; • работодавачот треба да има најмалку едно вработено лице на неопределно време во континуитет, најмалку 6 месеци пред аплицирањето, со исклучок на граѓанските организации кои во моментот на аплицирање немаат вработено лице; 2. Бројот на лица кои работодавачот може да ги вработи преку програмата Субвенционирање на плати, не може да биде поголем од 50% од просечниот број на вработени лица во претходната календарска година. Работодавач кој има вработено едно вработено лице и кај граѓанските организации кои немаат ниту едно вработено лице, максималниот број на поддржани вработувања изнесува едно лице. 3. Работодавачот ќе биде финансиски поддржан од Агенцијата за вработување на Република Македонија во износ од 19.000,00 денари месечно за период од 3, 6 или 12 месеци по вработено лице, од кои 18.000,00 денари како субвенција на платата на вработеното лице и 1.000,00 денари за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес. Работодавачот може на работникот да му исплати и повисока плата. 4. Работодавачот кој вработува невработено лице е должен да го задржи лицето во работен однос по завршување на периодот на субвенционирање во период од: • 6 дополнителни месеци ако користи 3 месеци субвенционирање (вкупен период на вработување 9 месеци); • 12 дополнителни месеци ако користи 6 месеци субвенционирање (вкупен период на вработување 18 месеци); • 18 дополнителни месециако вкупниот период на субвенционирање изнесува 12 месеци (вкупен период на вработување 30 месеци). 5. Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор за субвенционирано вработување помеѓу Агенцијата за вработување на РМ, работодавачите и кандидатите. 6. Заинтересираните работодавачи можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на РМ, контакт телефонот 02-3111-850 и веб страната (www.avrm.gov.mk)
9
ОГЛАСИ
Почитувани занаетчии и вршители на занаетчиска дејност:
Почитувани занаетчии, Ве информираме дека јавниот повик објавен од Министерство за економија на Р. Македонија согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година за субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност преку кофинансирање на 70% од докажаните трошоци e за следните намени: • набавка на опрема и алат • уредување и подобрување на деловниот простор • изработка на визуелен идентитет на производ/ услуга (веб страна, дизајн на логотип, рекламен материјал) • дизајн на производ • надоместување на трошоци за здобивање со мајсторска диплома • стручно оспособување на занаетчии Кофинансирани ќе бидат само докажани трошоци за предвидените промени настанати во 2017 година и 2018 година. Јавниот повик е објавен на веб страницата на Министерството за Економија на Р.Македонија , www.ekonomy.gov.mk Барањата со комплетна документација се доставуваат до Архивата на Министерството за Економија на РМ најдоцна до 31.08.2018 година. Занаетчиска комора Скопје нуди бесплатна помош за своите членови во однос на изготвување на барање за субвенции за занаетчии. Контакт лице: Атанасовска Анета, моб. 078 312-134, 02 3 237-850, email. info@zkomora.com.mk
ПОЧИТУВАНИ ВРШИТЕЛИ НА ЗАНАЕТЧИСКА ДЕЈНОСТ, Ве информираме дека јавниот повик објавен од Министерство за економија на Р. Македонија согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија преку кофинансирање на 70% од докажаните трошоци e за следните намени, најмногу до 300.000 денари: • набавка на опрема и алат • уредување и подобрување на деловниот простор • изработка на визуелен идентитет на производ/услуга(веб страна, дизајн на логотип, рекламен материјал) • учество на домашни саеми
10
Врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2018 година,усвоен од Владата на Република Македонија, за мерката Обука на работно место за познат работодавач, финансирана од буџетот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, на ден 19.03.2018 година , се објавува:
ЈАВЕН ПОВИК до заинтересирани работодавачи Се повикуваат заинтересираните работодавачи, кои имаат потреба за вработување на соодветни лица по претходно реализирана обука во траење од 3 (три) месеци, да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на РМ. Избраните кандидати ќе поминат тримесечна обука. Обуката на невработените лица ќе се спроведува во работните простории на работодавачите, согласно Програма за обука предложена од страна на работодавачите и на учесниците во обуката ќе им се издаде потврда за спроведената практична обука. Со оваа мерка ќе се поддржуваат обуки за занимања (работни места) за кои е потребно основно или средно ниво на образование и за кои не се издаваат сертификати/лиценци. Невработеното лице добива паричен надомест од 9.000,00 денари месечно, вклучувајќи и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. Работодавачот е должен месечно да доставува до АВРМ листа за евиденција на присуството. Работодавачот (менторот) е должен да ја спроведе програмата за обука, во согласност со претходно утврден план за истата. На работодавачот ќе му биде исплатен еднократен паушален износ од 3.000,00 денари по обучувано лице по завршена обука. Работодавачот има обврска да вработи најмалку 50 % од лицата вклучени во обуката со полно работно време и да не го намали вкупниот бројо на вработени лица на неопределено време во период од 6 месеци од денот на вработувањето, освен ако причините за престанокот на работниот однос е по вина и воља на работникот, остварување на право на пензија, смрт, неспособност за работа, а не како резултат на деловни причини. Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор за обука помеѓу Агенцијата за вработување на РМ, работодавачите и кандидатите.
• Кофинансирани ќе бидат само докажани трошоци за предвидените промени настанати во 2017 година и 2018 година. Јавниот повик е објавен на веб страницата на Министерството за Економија на Р.Македонија , www.ekonomy.gov.mk Потребни документи за пријавување : • Пополнет образец Барање СЗ 2018 • Пополнет образец Изјава 2018, заверена на нотар
• листа на вработени од АВРМ • фактура за направени трошоци • Извод од банка депонент или свифт од кој се гледа дека апликантот целосно ги подмирил обврските • уплатница на износ од 300,00 денари
Занаетчиска комора Скопје нуди бесплатна помош за своите членови во однос на изготвување на барање за субвенции за вршители на занаетчиска дејност
• Решение за упис во регистар на занаетчии или потврда/одобрение од евиденција на вршители на занаетчиска дејност,
Контакт лице: Атанасовска Анета,
• тековна состојба од Централниот регистар на РМ не постара од 2 (два)месеци,
email. info@zkomora.com.mk
• уверение за платени даноци и придонеси од Управа за јавни приходи на РМ, не постаро од 2 (два) месеци
моб.078 312-134, 02 3 237-850,
ОГЛАСИ
11
ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАНАЕТЧИИ И ВРШИТЕЛИ НА ЗАНАЕТЧИСКА ДЕЈНОСТ ПОЧИТУВАНИ ЗАНАЕТЧИ Почитувани занаетчи во прилог е информацијата на Министерство за финансии на РМ во однос на Правилникот за минимални трошоци за книговодствени работи 13 септември 2017, Скопје - Поради реакција на голем број сметководители и правни субјекти, Министерството за финансии уште еднаш укажува дека Предлог-правилникот за утврдување основни критериуми при утврдување минимални трошоци за вршење книговодствени работи, кој е објавен на веб-страницата на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ, е незаконски и затоа не треба да се применува. Претходно, на 19 јуни 2017 година, Министерството за финансии реагираше со допис до Институтот, на Актот донесен од нивна страна со кој се утврдуваат минималните трошоци за вршење книговодствени работи, укажувајќи им на фактот дека тој е противзаконски и дека Собранието на Институтот нема надлежност при утврдување на минималните трошоци за вршење книговодствени работи. И покрај тоа, Управниот одбор на Институтот донесе Предлог-правилник со кој се утврдуваат основни критериуми за утврдување минимални трошоци при вршење книговодствени работи, кој, како што се вели во самиот Предлог–правилник, треба да стапи на сила од први јули. Ова е спротивно на Законот за вршење сметководствени работи, во кој точно се утврдени надлежностите на Управниот одбор на Институтот, според кои тој може да ги утврдува критериумите за утврдување на цената на услугите, но не и минималните трошоци за нив. Согласно ова, известуваме дека во моментов Министерството за финансии, согласно законските овластувања утврдени во Законот за вршење сметководствени работи, врши надзор над работењето на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.
ПОЧИТУВАНИ ЗАНАЕТЧИ Советот на Град Скопје ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување стока на подрачјето на град Скопје. Со оваа одлука, времената одлука за забрана за запирање на возилата за доставување стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот, станува трајна. За потсетување, во декември минатата година Советот на Град Скопје ја донесе времената одлука за забрана на застанување на возилата при дотур на роба во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот која имаше важност до 31 март. Оваа одлука беше донесена како една од мерките со цел намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје, а истата беше предвидена и со „Препораките на Интервентната акциска група за итните мерки против загадување на воздухот“ донесена на ден 15.12.2017 година од Владата на Република Македонија. Со оваа одлука се регулира сообраќајот во потесното градско подрачје кое е опфатено со следните сообраќајници: - бул. ,,Илинден” (од ул.,,Франклин Рузвелт” до бул.,,Гоце Делчев”.), - бул. ,,Гоце Делчев” (од бул.,,Илинден” до ул.,,Лазар Личеновски”), - ул. ,,Лазар Личеновски”, - бул. ,,Никола Карев” (од ,,Лазар Личеновски” до ,,Беласица”), - ул. ,,Беласица”, - ул. ,,Никола Карев”(од ул.,,Беласица” до бул. ,,3-та Македонска Бригада”), 12
- бул.,,3-та Македонска бригада” (од ул.,,Никола Карев” до ул.,,Пролет”), - ул. ,,Пролет” (од бул.,,3-та Македонска бригада” до бул.,,Македонија”), - бул. ,,Македонија (од ул.,,Пролет” до ул.,,Павел Шатев”), - ул. ,,Павел Шатев” (од бул.,,Македонија” до ул.,,Јордан Мијалков”), - ул. ,,Јордан Мијалков”, - ул. ,,Васил Ѓоргов (од ул.,,Јордан Мијалков” до ул.,,Франклин Рузвелт”) и - ул.,,Франклин Рузвелт”;
ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАНАЕТЧИИ И ВРШИТЕЛИ НА ЗАНАЕТЧИСКА ДЕЈНОСТ
13
ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАНАЕТЧИИ И ВРШИТЕЛИ НА ЗАНАЕТЧИСКА ДЕЈНОСТ
ПОВИК ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА ЗА СТАРИ ЗАНАЕТИ Се повикуваат работодавачите кои се заинтересирани за спроведување обуки за занаети преку оспособување за стекнување на знаења и вештини, да се пријават најдоцна до 20.04.2018 година во надлежните центри за вработување. Обуките се однесуваат на следните стари занаети кои ќе се спроведуваат кај работодавачите: • ковач • бочвар • јорганџија • стаклар • оџачар • лимар • сликање на стакло • изработка на витражи (составување на стакленца со метал)
• изработка на накит од монисти (со техники на ќостек) • резбар • крзнар • грнчар • чевлар крпач • часовничар • рачно плетење и везење • и други занаети
Заинтересираните работодавачи занаетчии треба да ги исполнуваат следните услови:
1. Да имаат документ за регистрирана соодветна занаетчиска дејност како занаетчија или вршител на занаетчиска дејност (Решение за регистрирана занаетчиска дејност или потврда за вршење на занаетчиска дејност издадено од надлежната Занаетчиска комора) и 2. Тековна состојба не постара од 2 месеци издадена од Централен регистар на РМ Спроведувачите на обука во зависност од занаетот и времетраењето на обуката која може да биде од 3-6 месеци, ќе добијат до 30.000,00 денари паричен надомест по обучено лице. Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Македонија, Занаетчиска комора на Република Македонија и работодавачот.
Реализирани обуки за занаетчии во рамки на проектот Зголемување на конкурентност во занаетчискиот сектор финансиран од Министерството за Економија на Република Македонија Во месец март 2018 година во просториите на Занаетчиската комора Скопје во рамките на проектот Зголемување на конкурентност во занаетчискиот сектор финансиран од Министерството за Економија на РМ се одржи обука од страна на консултант за потребите од воведување на системи за контрола на квалитет и заштита на животна средина, информации за воведување на ХАСАП систем и сите информации поврзани со производство на храна.
Занаетчиската комора Скопје му одава последна почит кон својот поранешен Претседател Ѓорѓи Гајдов кој даде голем допринос за занаетчиството во Скопје и Македонија и го изгради Домот на занаетчии Скопје . Горди сме што имавме ваков човек и претседател кој како волонтер несебично и пожртвувано работеше за создавање услови и рамка за развој на занаетчиството и сочувување на местото на занаетчиството во стоанството и општеството. Неговото име ќе биде запишано во историјата на занаетчиството за се што направи и создаде во неговиот мандат. 14
“Денови на Занаетчиството Скопје “
Реализирана манифестација “Денови на Занаетчиството Скопје “ 2017 со финансиска подршка од Министерство за Економија на РМ
Манифестацијата започна на 27.04.2017 година со конференција на тема: Занаетчиството како фактор на одржлив економски развој во Република Македонија. Учесници на конференцијата беа Државен секретар во Министерството за Економија г-ѓа Анета Димовска, Државен советник во Министерството за труд и социјална политика на Р. Македонија г-ѓа Ленче Коцевска, Претставник на Агенција за Вработување на Р. Македонија г-ѓа Виолета Стојановиќ, Директор на Центарот на Стручно образование Линдита Ќазими и професор во АСУЦ Боро Петрушевски Александар Стрезов. На манифестацијата се изврши Избор на занаетчија во три категории, и се доделија плакети на следните занаетчии:
Проектот Денови на Занаетчиството Скопје е манифестација која има за цел да ги промовира занаетчиството и неговото значење, да го промовира средното стручно образование и доживотното учење и образованието на возрасни, да го подигне имиџот на занаетчиството и средното стручно образование и неговото значење за создавање квалитетна работна сила на пазарот на трудот, законската рамка за занаетчиството кој се реализираше на ден 27 и 28.04.2017 година, во Занаетчиската комора Скопје .
- мајстор занаетчија ,со минимум 30 години искуство, златар Ирфан Буши, Златара БУШИ - жена занаетчија со минимум 15 години искуство во самостојно вршење на занаетот, Сузана Блажевска, Козметичко студио АФРОДИТА С - млад занаетчија, со минимум 10 години искуство, Марија Саздова, Кетеринг Тетка БИБЕРЧЕ
Со Денови на занетчиството започне и една кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој, за зачувување на традицијата и културата на нашата земја, како и можност за квалификација на идниот занетчиски кадар . Денови на Занаетчиството е манифестација која ќе има за цел да ги промовира можностите и услугите кои ги нуди Занаетчиската комора Скопје, како и ќе го доближи занаетчиството до младите луѓе, обичниот граѓанин како и до институциите на системот. Со почетокот на овие Денови на занетчиството започна и кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој, за зачувување на традицијата и културата на нашата земја, како и како можност за квалификација на идниот заанетчиски кадар. 15
УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИ ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ • Регистрација на занаетчии преку едношалтерски систем • Упис на ТП, ТД (ДОО,ДООЕЛ) во евиденција на вршители на занаетчиска дејност за добивање лиценца • Заверка на договори за практична обука на ученици кај занаетчии • Спроведување на постапка за вработување и престанок на работен однос на работници и постапка за ослободување од плаќање придонеси за пропишаната категорија на лица • Изготвување на МПИН за занаетчии-паушално оданочени • Регулирање на пензиски стаж со изготвување на М4 обрасци • Совети за отпочнување на бизнис, бесплатни правни совети и финансиски и даночни советувања • Изработка на елаборати за заштита на животна средина за занаетчии по најповолни цени • Упис, промена, ликвидација и стечај на ТП, ТД (ДОО, ДООЕЛ) • Спроведување на стечај за занаетчии • Посредување при изготвување на потребни документи согласно Законот за безбедност и здравје при работа • Систематски прегледи • Обуки за прва помош • Изготвување на проценка на ризик со изјава за безбедност • План за евакуација и спасување во случај на опасност • Организирање на деловни средби,учество на семинари, настапи на саеми и базари за своите членови • Организирање на обуки за занаетчиски занимања во Центарот за образование на возрасни на Занаетчиска комора Скопје
веб страна: www.zkomora.com.mk FB. Zanaetciska Komora Skopje Skopje Издава: Занаетчиска комора Скопје Ул. Битпазарска бр.12, 1000 Скопје Телефон: +389 (0) 23237-850 Централа Email: info@zkomora.com.mk snezana.denkovska@zkomora.com.mk
Дизајн и припрема: Снежана Денковска, Анета Атанасовска
Печати: Полиестердеј
ISSN 1857-8322