Craft Chamber Issue 4

Page 1

Мај 2019 / БРОЈ 27 - Публикација на Занаетчиска комора Скопје

www.zkomora.com.mk

ЗАНАЕТЧИЈА

СУБВЕНЦИИ Тркалезни маси

Известувањa

базари

МАЈСТОРСКИ ИСПИТ ЗА КВАЛИФИКАЦИЈА ФРИЗЕР МАЈСТОР


ЗАНАЕТЧИИ И ВРШИТЕЛИ НА ЗАНАЕТЧИСКА ДЕЈНОСТ (ТП И ДОО, ДООЕЛ)

И з в е с т у в а њ е

Отпочнува примена на Законот за занаетчиство (сл.в.на РМ бр.215/2015 год.)

Согласно член 91 од Законот за занаетчиство кој гласи:

2) врши занаетчиска дејност и покрај отсуството на носителот на занаетчиската дејност;

,,Занаетчиите кои се регистрирани во регистарот на занаетчии и сите вршители на занаетчиска дејност кои се евидентирани во евиденција на вршители на занаетчиска дејност кои до денот на влегување во сила на овој закон вршат занаетчиска дејност, се должни во рок од 24 месеци од денот на започнување на примената на вршењето на јавните овластувања од член 89 став 1 од овој закон да го усогласат своето работење со одредбите од овој закон и да го усогласат своето работење со одредбите од овој закон и да поднесат барање да занаетчиската комора за издавање на решение за вршење на занаетчиска дејност и занаетчиска дозвола.“

................

Доколку занаетчиите кои се регистрирани во регистарот на занаетчии и сите вршители на занаетчиска дејност кои се евидентирани во евиденција на вршители на занаетчиска дејност не го усогласат своето работење во рокот утврден во ставот 1 ( 24 месеци) на овој член ќе се бришат од регистарот и од евиденцијата на вршители на занаетчиска дејност. Сите вршители на занаетчиска дејност ТП и ДОО или ДООЕЛ кои никогаш не се регистрирани во Регистарот на занаетчии имаат обврска да се запишат во Регистарот на занаетчии и да добијат занаетчиска дозвола, во спротивно Државниот пазарен инспекторат согласно член 80 од Законот за занаетчиство ќе им изрече глоба. Членот 80 од Законот за занаетчиство гласи: Глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на вршителот на занаетчиска дејност, ако: 1) врши занаетчиска дејност без да биде запишан во соодветниот регистар и без занаетчиска дозвола

Глоба во износ од 30% од одмерената глоба ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице и на одговорното лице во трговец поединец за дејствјата од ставот 1 на овој член. За прекршоците од ставот 1 на овој член се изрекува и посебна прекршочна мерка одземање нма предмети согласно со Законот за прекршоците. За прекршокот утврден во овој член Државниот пазарен инспектор е должен да му предложи на сторителот на прекршокот постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог.,, За усогласување со Законот за занаетчиство и добивање на занаетчиска дозвола во комората е потребно : • Последното решение или потврда за вршење занаетчиска дејност ( во оригинал) издадени од комората • Печат од фирмата • Тековна состојба за регистрација на ТП или ДОО или ДООЕЛ од ЦРМ • М1М2 образец за управителот и • М1М2 од вработениот ако на него ке гласи занаетчиската дозвола • Доказ за соодветна стручна оспособенот (диплома, државно признат сертификат)

За сите прашања обратете се во Занаетчиска комора Скопје на следниот лица за контакт: Елена Љамова, 078 31 21 41, contact@zkomora.com.mk Златко Трајановски, 078 31 21 35, info@zkskopje.org.mk 2


Тркалезна маса со наслов

„СПРЕЧУВАЊЕ НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА ВО ЗАНАЕТЧИСТВОТО“ 7 декември 2018 година

те во однос на инспекцискиот надзор. На тркалезната маса свое излагање во панел дискусија имаа и занаетчии претставници од секциитe кои делуваат во Занаетчиска комора Скопје и тоа: фризери, козметичари, пекари, слаткари,металци, автомеханичари, оптичари, креативни занаети, златари, каменоресци, поправка на компјутери, градежници, електромеханичари, сервисери на електрика, фотографи, чевлари и столари кои ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат. Занаетчиска комора Скопје, со поддршка од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, и проектот на УСАИД за модернизација на инспекциските служби одржа тркалезна маса на тема „Спречување на сивата економија во занаетчискиот сектор“. На тркалезната маса беа донесени заеднички заклучоци и предлог мерки од страна на занаетчиите и инспекциските служби кои ќе бидат доставени до надлежните институции и ќе придонесат за намалување на сивата економија во занаетчискиот сектор. Во неговиот говор пред присутните, Претседателот на Занаетчиската комора Скопје, истакна дека сивата економија, влијае негативно на занаетчиството Сивата економија создава незадоволство во занаетчискиот сектор затоа што нелегалните бизниси брзо растат и дејствуваат без никакви давачки, делуваат слободно без никакви контроли и надзори, и претставуваат нелојална конкуренција на регистрираните занаетчии Свое излагање на тркалезната маса имаа инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот трудов инспекторат, кои ги истакнаа надлежности-

Дискусијата помеѓу занаетчиите и инспекторатите која следуваше после официјалните излагање, отвори неколку горливи теми кој го мачат занаечискиот сектор. Првин, занаетчиите беа согласни дека се во загуба поради сивиот сектор, нивните колеги кои работат на „црно” ги спуштаат пазарните цените и ја превземаат работната сила. Дополнително, занаетчиите побараа од инспекторатите да се изменат дел од механизмите со кој се имплементира легислативата, да се подобрат инспекторските служби и да се зголемат нивните надлежности.

3


СУБВЕНЦИИ ЗА ЗАНАЕТЧИИ СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА ЗА КОНКУРЕНТНОСТ, ИНОВАЦИИ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА 2019 ГОДИНА ПРЕКУ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА НА Р.С.М. Почитувани занаетчии, Ве информираме дека јавниот повик објавен од Министерство за економија на Р. Македонија согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година за субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност преку кофинансирање на 60% од докажаните трошоци e за следните намени: • набавка на опрема и алат • уредување и подобрување на деловниот простор • изработка на визуелен идентитет на производ/услуга (веб страна, дизајн на логотип, рекламен материјал) • дизајн на производ Кофинансирани ќе бидат само докажани трошоци за предвидените промени настанати во 2018 година и 2019 година. Јавниот повик е објавен на веб страницата на Министерството за Економија на Р.Македонија, www.ekonomy.gov.mk

Потребни документи за пријавување : • Пополнет образец Барање СЗ 2019 • Пополнет образец Изјава 2019, заверена на нотар • Решение за упис во регистар на занаетчии / занаетчиска дозвола • тековна состојба од Централниот регистар на РМ не постара од 2 (два)месеци, • уверение за платени даноци и придонеси од Управа за јавни приходи на РМ, не постаро од 2 (два) месеци • фактура за направени трошоци • Извод од банка депонент или свифт од кој се гледа дека апликантот целосно ги подмирил обврските • уплатница на износ од 300,00 денари Занаетчиска комора Скопје нуди бесплатна помош за своите членови во однос на изготвување на барање за субвенции за занаетчии, субвенции за женско претприемништво и субвенции за мали и средни претпријатија Контакт лице: Елена Љамова, 078 312-141, 02 3 237-850, info@zkomora.com.mk

ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка на микро и мали претпријатија, занаетчии, саемско партнерство и семејни земјоделски стопанства 1. Предмет на јавниот повик е финансиска поддршка од Општина Гази Баба до 60.000 денари за следниве намени: • Набавка на опрема и алати за микро и мали претпријатија регистрирани не порано од 01.01.2017 год; • Дизајн на производ и изработка на визуелен идентитет на производот/услугата – веб страна, дизајн на логотип, рекламен материјал за микро и мали претпријатија регистрирани не порано од 01.01.2017 год; • Учество на регионални саеми (Србија, Грција, Бугарија, Албанија), за микро и мали претпријатија регистрирани не подоцна од 01.01.2015 год; • Набавка на опрема и системи за наводнување капка по капка, за семејни земјоделски стопанства Средствата од субвенциите не се наменети за финансирање на следниве трошоци: • Набавка на потрошен материјал, возила, За сите дополнителни информации може да се обратите во Занаетчиска Комора Скопје. 4

• • • • •

компјутери и компјутерска опрема Износот платен за ДДВ за намените/ трошоците за кои се бара финансирањето Царина за намените/трошоците за кои се бара финансирањето Курсни разлики Закупнина за деловен простор Трошоците чие плаќње е направено со компензација

2. Право на учество на јавниот повик имаат: Микро и мали претпријатија регистрирани како ТП, ДООЕЛ, ДОО или регистрирани субјекти како ЗАНАЕТЧИИ И СЕМЕЈНО ЗЕМЈОДЕЛСКО СТОПАНСТВО од лица со адреса на живеење на територија на Општина Гази Баба или со регистрирано седиште на фирма на територија Општина Гази Баба (предност ќе имаат оние со седиште и адреса на живеење на територија на Општина Гази Баба) кои го исполнуваат следниот услов: •

Да се регистрирани не порано од 01.01.2017 год, за микро и мали претпријатија и занаетчии

Лице за контакт: Анета Атанасовска тел: 078 312 134


ЗАВРШЕН НАСТАН НА ПРОЕКТ КОНКУРЕНТНОСТ ВО ЗАНАЕТЧИСКИ СЕКТОР И ДОДЕЛУВАЊЕ НА МАЈСТОРСКИ ДИПЛОМИ ЗА СТРУЧНА КВАЛИФИКАЦИЈА МАЈСТОР ФРИЗЕР На ден 24.04.2018 година во Холидеј Ин се одржа завршниот настан на проектот “Конкурентност во занаетчискиот сектор”, кофинансиран од Министерство за Економија на Република Македонија, реализиран од Занаетчиска комора Скопје. На настанот се доделија плакети на заслужни занаетчии во пет категории и тоа: 1. Категорија занаетчија за животно дело-Боро-Љупчо Кајевиќ 2. Категорија млад истакнат занаетчија-Катарина Дода 3. Категорија успешен занаетчија во модниот дизајн- Ивана Кнез 4. Категорија успешна жена занаетчија-Сузана Митовска, Пекара ВАТАША 5. Категорија успешен занаетчија за 2017 –МБР ДОГАН-Бектеши Фаредин Во рамките на завршната манифестација се доделија 10 дипломи за мајстор фризер за стручна квалификација мајстор фризер која во Македонската рамка на квалификација е на VБ ниво и е дел од потсредното образование во Р. Македонија. Исто така на настанот се доделија благодарници за долгогодишна соработка и партнерство на Евелина Парванова соработник од Занаетчиска комора Кобленц Германија и Емил Василев соработник од МББ. На настанот учествуваа голем број на претставници од државните институции, претставници од средните стручни училишта, регионалните занаетчиски комори , партнерите на Занаетчиската комора Скопје и занаетчии членови на Занаетчиската комора Скопје. На настанот на присутните се обратија Претседателот на Занаетчиската комора Скопје г-дин Никола Петров, државниот секретар во Министерство за Економија на РМ г-дин Зоран Павловски, државниот советник во Министерство за образование на РМ г-ѓа Наташа Јаневска и Емил Василев од Р. Бугарија долгогодишен соработник на Занаетчиска комора Скопје преку Балканската канцеларија за занаетчиство и мало стопанство во Софија.

5


ОБУКА ЗА КОЗМЕТИЧАР ЗА НЕГА НА ЛИЦЕ И ТЕЛО ПРЕКУ ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН ЗА АКТИВНИ МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МТСП ЗА 2018 ГОДИНА ФИНАНСКИСКИ ПОДРЖАНА ОД АВРМ Во периодот јуни – август 2018 година преку Образовниот Центар на ЗКСкопје се реализира обука за козметичар за нега на лице и тело за девет долгорочно невработени лица. Обучените лица се обучуваат согласно верифицираната програма за козметичар за нега на лице и тело од страна на МОН и ЦОВ и ќе добијат државно признати сертификати. Практичниот дел од обуката за козметичар за нега на лице и тело се реализира во Козметичкиот салон АФРОДИТА С. Обуката е финансиски подржана од АВРМ преку Оперативниот план за активни мерки за вработување на МТСП за 2018 година Контакт лице: Елена Љамова, 078 312-141, 02 3 237-850, info@zkomora.com.mk

ОБУКА ЗА ФИЛИГРАН ВО ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ Занаетчиска комора Скопје продолжува континирано со обуките за филигран во филигрантско-златарската работилница. Интересот за филигранство се одржува континуирано за овој занает кај лицата од најразличните генерации. Особено интерес пријавуваат лица кои имаат креативност во своите изразувања без разлика на претходното стекнато образование. Во прилог фотографии од групата на учесници на обуката која на завршниот испит покажа стекнати вештини и компетенции кои водат кон успех во филигрантството.

6


8 мартовски Базар -мо

во организација на Занаетчиска комора Скопје и Сојузот на микрофинансиски организации

Занаетчиската комора Скопје во соработка со Сојузот на микрофинансиски организации го организираа осмомартовски базар на ракотворби во Градски трговски центар каде жените претприемачи ги презентираа и продаваа своите производи по повод празникот на жената. На настанот учествуваа и микрофинансиските организации и високи претсавници на УСАИД Базарот е дел од Проектот на УСАИД за инклузија и иновации во микрофинансирањето. Жените занаетчии денеска се информираа како да пристапат до финансии за проширување на нивниот бизнис од претставниците на микрофинансиските организации кои учествуваат во базарот. – Обуките за изработка на накит од филигран ја завршив во Занаетчиска комора Скопје и се самовработив преку добивање грант преку програмата самовработување. Занаетчиската комора Скопје многу ни помага да се произнесеме и да се промовираме на најдобар можен начин. Интересот е голем, луѓето сакаат да осознаат што е филигранска техника, таа постои од времето, но ние внесовме нов тек и на мотиви и на традиција, изјави жена-занаетчија која изработува накит со филигран од сребро, Марина Јакшиќ, член на Занаетчиска комора Скопје.

7


Проект

“ПОДОБРУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНОСТА ВО ЗАНАЕТЧИСТВОТО И БИЗНИСИТЕ ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА“ ЧИРАШТВОТО КАКО МЕРКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ ВО ЗАНАЕТЧИСКИОТ СЕКТОР Со донесувањето на новиот Закон за занаетчиство (Сл. Весник на РМ 215/15) се воведува чиракувањето со цел стекнување на вештини, компетенции и знаења за изучување на определен занает. Во рамките на Проектот на УСАИД за развој на Деловниот екосистем , го пилотиравме чиракувањето со вклучување на 50 млади лица кај работодавачи фризери во период од 9 месеци да го изучуваат фризерскиот занает. Се надеваме дека интересот за занаетчиството кај младите луѓе ќе се зголеми и ќе се зголеми и бројот на чираците во занаетчискиот сектор, а со тоа ќе се намали и дефицитот на работна сила во занаетчиството.

Во рамките на Проект на УСАИД за развој на деловниот екосистем се креира веб платформа за комуникација на членките фризери при Занаетчиска комора Скопје. Начинот на користење на платформата беше презентирана од страна на вработениот Златко Трајановски, дел од стручната служба во комората во месец февруари 2019 година.

8


финансиски подржан од проект на УСАИД за развојот на деловниот екосистем, реализиран од Занаетчиска Комора Скопје.

РЕАЛИЗАЦИЈА НА МАЈСТОРСКИ ИСПИТ ЗА ФРИЗЕР ВО ПЕРИОД ОД НОЕМВРИ 2018-МАЈ 2019 ГОДИНА. Занаетчиската комора Скопје организираше мајсторски испит за фризер во рамките на проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Кандидатите за мајстори ги поминаа четирите дела и тоа педагошко-андрагошки дел, економија и право и правни прописи и теоретска подготовка на програмата за мајстор фризер. Кандидатите за мајстор фризер се подготвија за практичниот дел од испитот со мајстор фризер Горан Ставревски.

ОБУКА ЗА ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ И БИЗНИС АЛАТКИ ЗА ЗАНАЕТЧИИ Во рамките на Проект на УСАИД за развој на Деловниот еко систем се одржаа обуки за обучувачи со вработени од Занаетчиската комора Скопје, Занаетчиската комора Куманово и Занаетчиската комора на РМ. Во текот на месец април 2019 се одржаа обуки за пристап до финансии и обуки за бизнис алатки на повеќе занаетчиски сектори и беа опфатени околу 110 занаетчии.

Занаетчиската комора Скопје во соработка на Сојузот на микрофинансиски организации организираше презентација на Претставникот на Сојузот Горан Лазаревски, кој одржа презентација за можностите за микрофинансирање на занаетчиите кои се работници, претприемачи и продавачи, но за одржлив раст на долг рок, мораат да бидат и добри финансиски менаџери.

9


10


И з в е с т у в а њ е

Отпочнува примена на Законот за занаетчиство (сл.в.на РМ бр.215/2015 год.) Ве известуваме дека со одлука на Советот на Град Скопје донесена на 24 декември 2012 година, дефицитарни занаетчии и занаети во изумирање на подрачјето на Град Скопје се ковачи, грнчари, лимари, казанџии, копчари, свеќари, крзнари, шапкари, изработувачи на сувенири (ракотворби), јорганџии, опинчари и саатчии. Погоренаведените занаетчии и занаети се ослободени од плаќање на комунална такса за фирма односно назив на деловна просторија.

Доколку вршите занаетчиска дејност од наведените занаети и сте задолжени од Град Скопје за плаќање на комунална такса за фирма, Ве молиме да се обратите во Занаетчиска комора Скопјe или контактирајте на следниот телефонски број: 078 312 135

Тркалезна маса

„ПРЕДИЗВИЦИ ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАНАЕТЧИСТВО ОД ГЛЕДИШТЕ НА ЗАНАЕТЧИИТЕ“ Одржана во Занаетчиска комора Скопје, Дом на занаетчии, ул.Битпазарска бр.12

На ден 13 јуни 2018 година во Занаетчиска комора Скопје се реализираше тркалезна маса на тема Предизвици во имплементација на новиот Закон за занаетчиство од гледиште на занаетчиите. Обраќање на тркалезната маса имаше претставник од Занаетчиската комора Скопје која што ги презентираше новините кои се воведени во новиот Закон за занаетчииство и можните предизвици со кои ќе се соочуваме при имплементација на Законот за занаетчиство. Проф. д-р Мишо Докмановиќ, проектен менаџер. Пред присутните занаетчии ги воведе и го презентираше проектот. Проф. д-р Дарко Спасевски, Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје Презентираше на тема „Компаративни искуства во регулирањето на занаетчиската дејност и научени лекции од РМ. Тимот на Правниот Факултет по завршување на анализата ќе изготви стратегија врз основа на изготвените анализите што недостасува во занаетчискиот сектор со цел подобрување на стопанството во Република Македонија.

11


ОБВРСКИ ЗА ЗАНАЕТЧИИТЕ СОГЛАСНО ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА • Изготвување и спроведување изјава за безбедност во писмена форма • Обврска за обезбедување обука на вработените за безбедно извршување на работите • Обврска за обезбедување лична заштитна опрема за вработените како и нејзина употреба која се потврдува со потпишан реверс • Обезбедување повремени прегледи и испитувања на работната средина и опрема • Обезбедување здравствени прегледи на вработените • Организирање и обезбедување на прва помош на вработени во случај на повреда при работа • Одржување на средствата за работа во исправна состојба преку повремени прегледи и испитувања во рокови утврдени со актот што тој го донесува, односно според упатствата на производителот,техничките прописи и стандарди • Назначување на едно или повеќе лица одговорни за безбедност при работа во својата работна средина • Ангажирање на овластена здравствена установа за вршење стручни задачи за здравје при работа со склучување на договор со здравствената установа • Утврдување на безбедносни мерки

против пожар според посебни прописи • Утврдување на мерки за прва помош и евакуација за случај на опасност • Известување на органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата за труд за започнување со вршење на дејноста, осум дена пред започнувањето со истата • Пред започнувањето со градежните работи обврска писмено да го извести органот на државната управа надлежен за инспекцијата на трудот за местото каде што ќе се изведуваат работите • Утврдување на план за евакуација и спасување за вонредни ситуации • Испитување на хемиските, биолошките, физичките штетности,микроклимата и осветленоста во работните и помошните простории • Известување во рок од 48 часа на органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата на трудот и претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените и претставникот за секој смртен случај, колективна несреќа и повреди при работа кои предизвикуваат времена неспособност за работа повеќе од три работни дена, како и за секоја појава која претставува непосредна опасност и ја загрозува безбедноста на вработените при работа

обука за соларни

12


П р а в и л н и к

з а

оптичарската дејност донесен на 31 мај 2018 година Правилникот за условите во однос на просторот, опремата, кадарот и потребната документација за запишување во регистарот на специјализирани продавници за медицински средства на 31 мај 2018 година се донесе (Сл. Весник на РМ бр. 101/2018). Во овој правилник се пропишуваат условите по однос на просторот, опремата, кадарот и потребната документација за запишување во региостарот: 1. Специјализирана продавница оптика-12м2

4. да се осветлени со природна односно електрична светлина

2. санитарен јазол, по исклучок доколку оптиката се наоѓа во трговски центар, може да се користи санитарниот јазол во состав на трговскиот центар

5. Со распоредот на опремата да ги задоволуваат потребите за непречено вршење на работите

3. Просториите да се изградени со цврст материјал

6. Истакнат знак забрането пушење , земање на храна и пилалоци и други видови на забрани кои можат негативно да влијаат на хигиенските услови

СОРАБОТКА НА ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ СО СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА Занаетчиска комора Скопје даде целосна подршка на Проект за социјална инклузија и економско зајакнување на млади во социјален ризик спроведуван од СОС Детско село Македонија, со спроведување на обуки за фризер и изработка на слики од срма. Во рамките на Проектот дел од лицата кои ги поминаа обуките отворија сопствен занаетчиски бизнис. Благодарност до нашите соработници СОС Детско село Македонија за доделената благодарница за подршка на ЗКСкопје во Проект за социјална инклузија и економско зајакнување на млади во социјален ризик.

13


Базари во организација на

ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ

(2018-2019)

tekst


РЕГРЕС

Најдете повеќе информации на: www.zkskopje.org.mk

Најдете повеќе информации на: www.zkskopje.org.mk 15


УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИ ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ • Регистрација на занаетчии преку едношалтерски систем • Упис на ТП, ТД (ДОО,ДООЕЛ) во евиденција на вршители на занаетчиска дејност за добивање лиценца • Заверка на договори за практична обука на ученици кај занаетчии • Спроведување на постапка за вработување и престанок на работен однос на работници и постапка за ослободување од плаќање придонеси за пропишаната категорија на лица • Изготвување на МПИН за занаетчии-паушално оданочени • Регулирање на пензиски стаж со изготвување на М4 обрасци • Совети за отпочнување на бизнис, бесплатни правни совети и финансиски и даночни советувања • Изработка на елаборати за заштита на животна средина за занаетчии по најповолни цени • Упис, промена, ликвидација и стечај на ТП, ТД (ДОО, ДООЕЛ) • Спроведување на стечај за занаетчии • Посредување при изготвување на потребни документи согласно Законот за безбедност и здравје при работа • Систематски прегледи • Обуки за прва помош • Изготвување на проценка на ризик со изјава за безбедност • План за евакуација и спасување во случај на опасност • Организирање на деловни средби,учество на семинари, настапи на саеми и базари за своите членови • Организирање на обуки за занаетчиски занимања во Центарот за образование на возрасни на Занаетчиска комора Скопје

веб страна: www.zkomora.com.mk FB. Zanaetciska Komora Skopje Skopje Издава: Занаетчиска комора Скопје Ул. Битпазарска бр.12, 1000 Скопје Телефон: +389 (0) 23237-850 Централа Email: info@zkomora.com.mk

Дизајн и припрема: Анета Атанасовска

Печати: Полиестердеј

ISSN 1857-8322


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.