МАЈ 2021 / БРОЈ 29 - ПУБЛИКАЦИЈА НА ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ
WWW.ZKOMORA.COM.MK
ЗАНАЕТЧИЈА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ОСНОВА ЗА УСПЕШЕН ЗАНАЕТЧИСКИ Б ИЗНИС
ПРОЕКТОТ НА УСАИД
ЗА РАЗВОЈ НА ДЕЛОВНИОТ ЕКОСИСТЕМ
ЈАВНИ ПОВИЦИ
ЗА ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА ЗАНАЕТЧИИ
ПРОЕКТОТ ЕРАЗМУС + МАСТЕР 4.0 УНАПРЕДУВАЊЕ НА МАЈСТОРСКИТЕ ИСПИТИ
Печатењето на весникот Занаетчија е финансиски подржано од Министерството за Економија на РСМ во рамки на проектот “Претприемништвото основа за успешен занаетчиски бизнис” ЈАВНИ ПОВИЦИ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ СО СЕДИШТЕ ИЛИ БИЗНИС ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА МИКРО И МАЛИ ПРЕТПРИЈАТИЈА, ЗАНАЕТЧИИ, САЕМСКО ПАРТНЕРСТВО И СЕМЕЈНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ЗАНАЕТЧИИ ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ ЗА НАБАВКА НА ПОТРЕБНИ АЛАТИ И РЕПРОМАТЕРИЈАЛИ ЗА ЗАНАЕТИ ВО ИЗУМИРАЊЕ ЗА 2021 ГОДИНА
ИЗВЕСТУВАЊЕ ПРЕДЛОГ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ ЗА ЗАНАЕТЧИИТЕ ВО ШЕСТИОТ ПАКЕТ МЕРКИ ЗА ЕКОНОМИЈАТА ПОДНЕСЕНИ ОД ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД
ПОЧИТУВАНИ ЗАНАЕТЧИИ И ВРШИТЕЛИ НА ЗАНАЕТЧИСКА ДЕЈНОСТ
STOP COVID-19
Ве известуваме дека Управниот одбор на Занаетчиска комора Скопје поради ситуацијата со пандемија на вирусот COVID -19 ги ослободи занаетчиите и вршителите на занаетчиска дејност од плаќање на коморски придонес за Занаетчиска комора Скопје за период од 6 (шест) месеци од 01.04.2021 заклучно со 30.09.2021година. Занаетчиска комора Скопје на занаетчиите и вршителите на занаетчиска дејност кои извршиле уплата на чланарината за погоренаведениот период ќе им изврши пребивање на уплатената сума за наредниот период.
ЈАВНИ ПОВИЦИ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА МИКРО И МАЛИ ПРЕТПРИЈАТИЈА, ЗАНАЕТЧИИ, САЕМСКО ПАРТНЕРСТВО И СЕМЕЈНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА 1.Предмет на јавниот повик е финансиска поддршка до 60.000 денари на поединечно барање на микро и мали претпријатија, занаетчии, саемско партнерство и семејни земјоделски стопанства за следниве намени: Набавка на опрема и алати за микро и мали претпријатија регистрирани не порано од 01.01.2017год, Дизајн на производ и изработка на визуелен идентитет на производот/услугата – веб страна, дизајн на логотип, рекламен материјал за микро и мали претпријатија регистрирани не порано од 01.01.2017год Финансирани ќе бидат докажани трошоци настанати од датата на објавување на јавниот повик, за предвидените намени според овој јавен повик. Средствата од субвенциите не се наменети за финансирање на следниве трошоци: Набавка на потрошен материјал, возила, компјутери и компјутерска опрема Износот платен за ДДВ за намените/трошоците за кои се бара финансирањето Царина за намените/трошоците за кои се бара финансирањето Курсни разлики Закупнина за деловен простор Трошоците чие плаќање е направено со компензација
2.Право на учество на јавниот повик имаат: Микро и мали претпријатија регистрирани како ТП, ДООЕЛ, ДОО, или регистрирани субјекти како ЗАНАЕТЧИИ и СЕМЕЈНО ЗЕМЈОДЕЛСКО СТОПАНСТВО од лица со адреса на живеење на територија на Општина Гази Баба или со регистрирано седиште на фирма на територија на Општина Гази Баба (предност ќе имаат оние со седиште и адреса на живеење на територија на Општина Гази Баба) кои ги исполнуваат следниве услови: Да се регистрирани не порано од 01.01.2017 год, за микро и мали претрпијатија за првите две намени Да се регистрирани не подоцна од 01.01.2015 год, за микро и мали претпријатија кои бараат финансиска поддршка за саемско партнерство Носители на семејно земјоделско стопанство на возраст до 40 години Да имаат минимум еден вработен на неопределено полно работно време Намирено даночни обврски кон општина Гази Баба, државата и кон своите вработени Да не се вработени во Општина Гази Баба Да немаат претходно користено финансиски средства од истата програма во претходните години (со Образец – изјава заверена на нотар се потврдува оваа информација)
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ СО СЕДИШТЕ ИЛИ БИЗНИС ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА 1.Предмет на јавниот повик е финансиска поддршка до 60.000 денари на микро и мали претпријатија по поединечно барање на жени претприемачи со седиште или бизнис во Општина Гази Баба, согласно со утврдените критериуми кои ги содржат следниве точки: Набавка на опрема и алати. Уредување и подобрување на деловен простор. Воведување на софтверски решенија. Согласно Програмата за локален економски развој („Службен гласник на Општина Гази Баба“ број 15/20), предвидени се вкупно 300.000 денари. Финансирани ќе бидат докажани трошоци настанати од датата на објавување на јавниот повик за предвидените намени според овој јавен повик. Средствата од субвенциите не се наменети за финансирање на следниве трошоци: Набавка на потрошен материјал, возила, компјутери и компјутерска опрема. Износот платен за ДДВ за намените/трошоците за кои се бара финансирањето. Царина за намените/трошоците за кои се бара 2
финансирањето. Курсни разлики. Закупнина за деловен простор. Трошоците чие плаќање е направено со компензација. 2.Право на учество на јавниот повик имаат: Приватни компании регистрирани согласно Законот за трговски друштва и Законот за занаетчиство, со седиште во општина Гази Баба, и со доминантен домашен капитал управуван од жена претприемач. Сопственост над 50% во компанијата од жена претприемач. Да е регистрирано не порано од 01.01.2017 година. Спаѓа во категоријата на мали и микро претпријатија. Да имаат минимум двајца вработени на неопределено полно работно време (минимум сопственикот и еден вработен). Намирени даночни обврски кон општина Гази Баба, државата и кон своите вработени. Да немаат претходно користено финансиски
ЈАВНИ ПОВИЦИ средства од Програмата за локален економски развој на општина Гази Баба (со Образецизјава заверена на нотар се потврдува оваа информација).
Да не се вработени во општина Гази Баба Има статус на активно претпријатие над кое не е покрената стечајна постапка или ликвидација.
ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ЗАНАЕТЧИИ ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ ЗА НАБАВКА НА ПОТРЕБНИ АЛАТИ И РЕПРОМАТЕРИЈАЛИ ЗА ЗАНАЕТИ ВО ИЗУМИРАЊЕ ЗА 2021 ГОДИНА 1.Градот Скопје со цел да го поттикне развојот на традиционалните занаети во изумирање објави јавен повик за субвенционирање занаетчии во градот Скопје за набавка на потребни алати и репроматеријали за занаети во изумирање за 2021 година. Средствата со кои Градот Скопје ќе ги субвенционира занаетчиите за набавка на потребни алати и репроматеријали се во износ од 80% од нивната вредност, но не повеќе од 50.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Субвенциите важат за алат и репроматеријал набавен од 01.01.2021 година, a Јавниот повик трае заклучно со 10.12.2021 година, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до исцрпување на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2021 година. Во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за оваа намена се предвидени милион денари. Едно лице може да поднесе само едно барање. 2. Право на учество на јавниот повик имаат: Занаетчии кои не добиле буџетски средства од проекти за субвенционирање од други извори; Занаетчиите кои се регистрирани согласно Законот за вршење на занаетчиска дејност („Службен весник на РМ“ бр. 15/2015) и обавуваат занаетчиски дејности во изумирање, кои согласно обработените податоци бележат намалување на активноста во континуитет, се следните занаети: јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, венци, сита, саатчија, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, производство
на музички инструменти и самарџија); Регистрирани занаетчии кои имаат сопствен дуќан или под закуп лоциран во град Скопје, кои при поднесување на барање до Град Скопје за субвенции за набавка на потребни алати и репроматеријали на занаетчиите на подрачјето во градот Скопје за 2021 година, занаетчиите ќе поднесат фактура или фискална сметка за набавените алати и репроматеријали; Намирени обврски кон државата и вработените; Започнале со работење најмалку 1 (една) година пред објавувањето на јавниот повик (регистрација/упис во Регистарот на занаетчии). 3. Потребни документи за пријавување: Пополнетo Барање (може да се подигне од веб страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk); Решение за упис во Регистар на занаетчии, занаетчиска дозвола; Тековна состојба од Централниот регистар на РСМ не постарa од 6(шест) месеци; Уверение за платени даноци и придонеси од Управата за јавни приходи на РСМ, не постаро од 3 (три) месеци; Подмирени обврски кон Град Скопје (комунална такса - фирмарина и данок на имот). Проверка ќе се врши по службен пат во Град Скопје; Изјава од апликантот дека досега не користел средства од други извори за ниту една од намените; Оригинал фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со датум во период од 01.01- 10.12.2021 година;
ЗАНАЕТЧИИТЕ, САМОСТОЈНИ ВРШИТЕЛИ НА ДЕЈНОСТ РЕГИСТРИРАНИ СОГЛАСНО ЗАКОН ЗА ЗАНАЕТЧИСТВО, НЕМААТ ОБВРСКА ЗА УПИС НА ПОДАТОЦИ ВО РЕГИСТАРОТ НА ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ ВО ЦРРСМ На 27.01.2021година Регистарот на вистински сопственици е официјално ставен во функција и пуштен во употреба. Лицата од членот 25 став (1) од ЗСППФТ, со исклучок на трговци поединци, лица кои вршат јавни овластувања, буџетски корисници, правни лица во државна сопственост и правни лица во постапка на стечај и ликвидација и самостојни вршители на дејност, ги внесуваат податоците за нивните вистински сопственици во регистарот во рок од осум дена од уписот на основањето на деловниот субјект во соодветниот регистар или во
рок од осум дена од промената на податоците за вистинскиот сопственик. Согласно погоренаведеното занаетчиите, самостојни вршители на дејност регистрирани согласно Закон за занаетчиство немаат обврска за упис на податоци во Регистарот на вистински сопственици. Обврска за упис во регистарот на вистински сопственици во ЦРРСМ имаат вршителите на занаетчиска дејност со форма на регистрација ДОО или ДООЕЛ, регистрирани согласно ЗТД. 3
STOP COVID-19
ЗАНАЕТЧИИТЕ И ВРШИТЕЛИТЕ НА ЗАНАЕТЧИСКА ДЕЈНОСТ АПЛИКАНТИ НА ПОВИК ЗА ФИНАНСИСКА ПОДРШКА ЗА НАБАВКА НА АЛАТ, ОПРЕМА ЗА РАБОТА И РЕПРОМАТЕРИЈАЛИ ВО УСЛОВИ НА КРИЗА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ПАНДЕМИЈА ОД COVID-19 На ден 29.10.2020 година, Извршниот директор на Занаетчиска комора Скопје и претставници од Секцијата на фризери, одржаа работен состанок со Министерот за економија на РСМ, г-дин Крешник Бектеши. На состанокот беа разгледани можности за понатамошен развој на занаетчиството како важен сегмент од економијата, како и можности за финансиска помош и подршка за подобрување на економската состојба на занаетчиите, проширување на бизнисот како и креирање на политики за отварање на нови работни места. Занаетчиите на овој работен состанок ги истакнаа потешкотиите со кои се соочуваат во работењето, особено во услови на пандемија поради COVID-19, и побараат помош и подршка за опстанок.
На состанокот се разговараше и за намалувањето на даночната стапка на ДДВ за занаетчиски услуги од 18% на 5% со почеток на примена од 2021 година. Тема на состанокот беше и мерката за поддршка за исплата на платите како и пристапот до бескаматните кредити од Развојната банка на Северна Македонија. Се дискутираше и за идните предизвици и мерки за олеснување на работата на фризерите и другите самостојни вршители на дејност за што Министерството за економија во наредниот период ќе работи на зголемување на поддршката за занаетчиите. Како резултат на овој продуктивен состанок и по усвоениот ребаланс на Буџетот на РСМ, во рамките на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2020година, произлезе Повикот за кофинансирање на трошоци за занаетчиите и вршителите на занаетчиска дејност за набавка на репроматеријали и алат направени во текот на 2020година. Вкупниот предвиден буџет за оваа намена изнесуваше 20 милиони денари. Занаетчиите и вршителите на занаетчиска 4
дејност можеа да побараат поврат на 60% од вкупно потрошените средства за набавка на алат и репроматеријал, но не повеќе од 60.000,00денари. Оваа мерка беше искористена од страна на голем број на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност членови на Занаетчиска комора Скопје со подршка на комората во делот подготовка на апликација.
ОДРЖАН ВТОРИОТ ТРАНСНАЦИОНАЛЕН ОНЛАЈН СОСТАНОК НА ПРОЕКТ ПАРТНЕРИТЕ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ЕРАЗМУС + МАСТЕР 4.0: УНАПРЕДУВАЊЕ НА МАЈСТОРСКИТЕ ИСПИТИ
На ден 28 мај 2020 година (четврток), наместо вториот транснационален состанок, кој требаше да се одржи во Скопје, се одржа on-line состанок на претставници од партнерски организации вклучени во проектот МАСТЕР 4.0. Организатор на состанокот беше Занаетчиска комора на Хрватска. За време на состанокот сите партнери ги презентираа активностите што ги реализираа во врска со подобрувањето на прашањата за мајсторските испити и програмата за мајсторските испити, како и воведување на on-line платформа за подготовка и спроведување на мајсторски испити. Занаетчиската комора Скопје ја претстави работата за подобрување на прашањата за стручно-теоретските делови на испитот за мајсторски испит за козметичар. Прашањата беа подобрени според Методолошката рамка со упатства за развој на испити и испитни прашања за мајсторските испити. Занаетчиска комора Скопје исто така одржа 18 работни состаноци во врска со подобрување на прашањата и ја презентираа временската рамка во која треба да се завршат прашањата. После тоа, Здружението „Среќен живот“ од Северна Македонија ја претстави својата работа на развој на програмите за мајсторски испити за професиите автомеханичар и пекар. Занаетчиска и претприемничка комора на Црна Гора ги презентираше своите активности кои се состоеја од работа на подобрување на општите делови на мајсторскиот испит, подобрување на стручнотеоретските делови на мајсторскиот испит испит за професија кројач на висока мода и креирање на програма и испитни прашања за мајсторскиот испит за занимањето фотограф. Хрватската занаетчиска комора ги презентираше своите активности кои се состоеја од избор на експерти за изготвување прашања од областа на работната педагогија, одржување на два состанока во врска со договорот за методологијата на подготвување прашања, анализа на стари прашања од испит, создавање Каталог на прашања од испит, одржување онлајн воведна обука и дводневна работилница во врска со методологијата на изработка на испитни прашања.
PËRMIRËSIMI I PROVIMEVE PËR MJESHTËR Претставник на Високо училиште АЛГЕБРА ја презентираше моменталната состојба во врска со развојот на онлајн платформа за подготовка и полагање на мајсторски испити. Во оваа фаза на проектот, Високото училиште АЛГЕБРА ги претстави сите компоненти на платформата на која работеле досега: развојната околина, корисничкиот интерфејс и задните крајни или back end компоненти. Вториот ден од состанокот беше посветен на дискусија и договор за првиот полугодишен извештај и доставување на потребната документација, дисеминација на проектот и договор за временските рамки и следните чекори. Активности за подобрување на прашањата за мајсторскиот испит и програма за мајсторски испити во Хрватска, Словенија, Северна Македонија и Црна Гора - преглед на состојбата: Од почетокот на 2020година, партнерите од Хрватска, Словенија, Северна Македонија и Црна Гора работат на подобрување на прашањата за мајсторските испити како и на програма за мајсторските испити во рамките на проектот Еразмус + МАСТЕР 4.0: Подобрување на мајсторските испити. Хрватската Занаетчиска комора спроведе активности поврзани со подобрување на прашањата за мајсторскиот испит кои се состоеја од избор на експерти за изготвување прашања од областа на работната педагогија, одржување состаноци за договори за методологија за изготвување прашања, анализа на стари прашања од испит, создавање каталог на прашања од испит, одржување на воведна онлајн обука и дводневна работилница за методологијата на изработка на прашања од испит. Врз основа на опишаната методологија, се подготвуваат испитни прашања за општите делови на испитот од областа на работната 5
педагогија и економија и законските регулативи. Исто така, во почетната фаза се и активностите за поставување прашања за стручно-теоретскиот дел од мајсторскиот испит за професиите фризер, автосервисер и електричар.
Во овој период, партнерите од Словенија подготвија нацрт на испитни прашања и развија мрежен план за подготовка на испитни трудови. Исто така, во процесот на изготвување и финализирање се и испитните прашања за општите делови на мајсторскиот испит, како и стручно-теоретски делови од испитот за професиите, столар, ѕидар и електроинсталатер. Во Република Северна Македонија, Занаетчиската комора Скопје работеше на подобрување на стручнотеоретските делови на испитите за професијата козметичар и развија програми за мајсторските испити за професиите автомеханичар и пекар. Тие организираа состаноци со експерти и занаетчии кои ги извршуваат овие професии и со нивна помош ги подобрија прашањата и програмите на мајсторскиот испит во Северна Македонија. Партнери од Црна Гора, Занаетчиска и претприемничка комора на Црна Гора во наведениот период спроведоа активности кои се состојат од работа за подобрување на општите делови на мајсторскиот испит, подобрување на стручно-теоретските делови на мајсторскиот за професија кројач на висока мода и развој на програми и прашања за испит за мајсторскиот испит за професијата фотограф. Завршување на онлајн платформа за подготовка и полагање на мајсторскиот испит во рамките на проектот МАСТЕР 4.0 планиран за крајот на 2021 година Една од целите на проектот Еразмус + Магистер 4.0: Подобрување на мајсторските испити, е да се создаде онлајн платформа за подготовка и спроведување на мајсторските испити со цел понатамошно подобрување на полагањето мајсторски испити во земјите партнери. Онлајн платформата ќе овозможи полагање на мајсторскиот испит на компјутери или таблети во испитните центри, каде што се
6
обезбедени услови, а прашањата ќе можат да се креираат и печатат преку интернет-платформата за спроведување на испитот без компјутер. Платформата е развиена од Високото училиште АЛГЕБРА, со редовна комуникација со други партнери во проектот. Онлајн платформата ќе се состои од 3 дела: отворен дел, дел за подготовка на испитот и дел за полагање на испитот. Отворениот дел од платформата ќе биде наменет за јавноста, така што сите заинтересирани можат да добијат увид за изгледот на мајсторскиот испит и како да се подготват за испитот. За делот од онлајн платформата наменета за подготовка на испит, кандидатите, откако ќе се регистрираат успешно на испитот, ќе добијат лозинки за пристап до оној дел од платформата каде што ќе можат да вежбаат на примероци од претходни испити, а ќе и ќе бидат достапни и други материјали за подготовка на испитот. Исто така, за време на подготовката на испитот, кандидатите ќе можат да поставуваат прашања до лицата задолжени за помош преку образецот за контакт. Дел од платформата за полагање на магистерски испит ќе биде заклучена за пристап се до самиот испит. Затоа, во текот на 2019 и 2020 година Високото училиште АЛГЕБРА интензивно работеше на подготовка на развојната средина, развојот на корисничкиот интерфејс и административниот интерфејс. Исто така, во соработка со партнерите, платформата е преведена на сите јазици на партнерите кои учествуваат во проектот. По завршувањето на работната верзија на онлајн платформата, која е планирана за крајот на 2021 година, партнерите ќе бидат задолжени за внесување прашања на отворениот дел од платформата, за подготвување на кандидати за испит и за полагање мајсторски испит. Исто така, со техничка помош на Алгебра, сите партнери ќе бидат обучени да ги користат сите функции на платформата и ќе биде подготвен прирачник за административно користење на платформата. Паралелно, од почетокот на 2020година, партнери од Хрватска, Словенија, Северна Македонија и Црна Гора работатнаподобрувањенапрашањатазамајсторските испити и на програмата за мајсторските испити за да може да започне пилот верзија на платформата. Онлајн платформата е клучен иновативен елемент на проектот, бидејќи воведува целосно нов пристап во подготовката и спроведувањето на мајсторските испити во партнерските земји. Целта на проектот Еразмус + Мастер 4.0. е да се подобри квалитетот на мајсторскиот испит преку подобрување на програмата за испитот и испитните прашања. Исто така, целта е да се создаде онлајн платформа за подготовка и спроведување на мајсторски испити со цел да се подобри квалитетот на мајсторските испити во согласност со современите трендови и технологии и да се промовира образованието на возрасните и доживотното учење.
ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ОСНОВА ЗА УСПЕШЕН ЗАНАЕТЧИСКИ БИЗНИС проект финансиски подржан од страна на Министерството за економија на РСМ Проектот “ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ОСНОВА ЗА УСПЕШЕН ЗАНАЕТЧИСКИ БИЗНИС” е проект финансиски подржан од страна на Министерството за економија на РСМ кој се реализираше од страна на Занаетчиската комора Скопје во периодот од октомври 2020година до март 2021година.Целта на овој проект е да се утврди вистинското значење на занаетчискиот сектор во македонското стопанство како и да се влијае на зголемување на свеста за придобивките од легализација на занаетчискиот бизнис. Чекорите за постигнување на целта на овој проект се: анализа на законската регулатива во делот на придобивките и трошоците за регистрација на занаетчиски бизнис и издавање на флаер со наслов “Претприемништвото основа за успешен занаетчиски бизнис”. Голем дел од дејностите согласно Националната рамка за квалификација се занаетчиски дејности кои се двигател на економијата во РСМ. Во рамките на активностите на проектот проектниот тим изготви флаер за предностите од регистрација на занаетчиски бизнис на македонски и на албански јазик, кој се дистрибуира на заинтересираните невработени лица да отворат сопствен занаетчиски бизнис. Во рамките на проектот, на ден 14.02.2021година се реализираше обука за претприемништво со 40 (четириесет) учесници преку zoom платформата. Обуката се реализираше од страна на обучувачот Иван Стојанов-консултант и Анета Атанасовска - Извршен директор на Занаетчиска комора Скопје, со интерактивно учество од страна на пријавените учесници кои поставуваа прашања на обучувачите. Исто така, поради ситуацијата со епидемијата од Covid-19 се реализираа и идивидуални обуки со физички лица кои се регистрираа како занаетчии за вршење занаетчиска дејност. Индивидуалните обуки беа реализирани на следните теми и тоа:
1. Права и обврски согласно Закон за занаетчиство (Сл. Весник 215/15) 2. Регулатива и прописи поврзани со конкретна занаетчиска дејност 3. Оданочување во занаетчиството 4.Видови на инспекциски надзор во занаетчиски сектор 5. Обука за претприемништво 6. Обука за пристап до финансии Невработените лица од страна на проектниот тим добија појаснување за можности за поддршката и мерките од Оперативниот план за вработување на МТСП и АВРСМ, како мерката самовработување со грант со цел добивање на финансиска подршка за регистрирањето на бизнисот, како и информација за можности за ваучерски систем на советување за субвенција на трошокот за регистрација при отварање на сопствен бизнис. Во периодот од октомври 2020 заклучно со март 2021 се регистрираа 52 (педесет и два) занаетчиски бизниси на територија на Град Скопје од најразлични сектори. Од страна на проектниот тим на Занаетчиска комора Скопје занаетчиите добија информации за можности за субвенционирање во рамките на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2021 година и известување за бесплатна услуга од страна на комората за изготвување на апликации за субвенции за занаетчии членови на ЗКСкопје. На веќе регистрираните занаетчии флаерот им беше доставен во елекНАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНО ПРАШАЊЕ: PYETJA MË E PARASHTRUAR: тронска форма ЗОШТО ДА СЕ РЕГИСТРИРАМ КАКО преку софтвеЗАНАЕТЧИЈА–физичко лице кое врши занаетчиска дејност рот за информисогласно Закон за занаетчиство (Сл. Весник на РСМ бр.215/15)? рање на ЗанаетPSE TË REGJISTROHEM SI ZEJTAR чиската комора -person fizik që kryen aktivitet artizanal në përputhje me ligjin për zejtari Скопје, преку (Gazeta Zyrtare e RMV nr.215/15) ? електронска пошта, а преку систем за праќање пораки преку мобилен телефон им беше проследена информацијата за можноста за користење субвенции преку Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2021година на Министерството за Економија на РСМ. ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ОСНОВА ЗА УСПЕШЕН ЗАНАЕТЧИСКИ БИЗНИС SIPËRMARRJA ËSHTË BAZË PËR NJË BIZNES TË SUKSESSHËM ARTIZANAL
Проект Претприемништвото основа за успешен занаетчиски бизнис финансиски подржан од Министерството за економија на РСМ
7
ПРОЕКТОТ НА УСАИД ЗА РАЗВОЈ НА ДЕЛОВНИОТ ЕКОСИСТЕМ ВО ЗАВРШНА ФАЗА ОД РЕАЛИЗАЦИЈА ВО ПЕРИОД ОД 2018-2021 ГОДИНА Во рамките на тригодишниот проект реализиран од Занаетчиска комора Скопје финансиски подржан од проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем ги развивме следните услуги: Чираштвото е услуга преку која младите лица со наполнети најмалку 15 години и со статус на невработени лица, имаат можност за доквалификација или преквалификација за занает кај работодавачи занаетчии и можности за вработување по завршување на чираштвото. Чираштвото е регулирано во Законот за занаетчиство (Сл. Весник бр.215/15) и претставува законска можност занаетчијата да прими невработено лице во своите деловни простории да го обучува за соодветниот занает за период не повеќе од12 месеци. Целата постапка се регулира со склучување на договор за чираштво. Услугата е пилотирана во рамки на проектот на УСАИД и ја користеа 50 работодавачи. Чираштвото е можност за работодавачите сами да си креираат работна сила со вештини и компетенции кои им се потребни. �Финансиска поддршка на нови занаетчиски бизниси. Во рамките на проектот, 27 нови занаетчиски бизниси беа финансиски подржани со финансиска помош и поддршка за регистрација на занаетчиски бизнис и шесмесечна поддршка за придонеси за задолжително здравствено и социјално осигурување; Мајсторски испит за квалификација мајстор фризер-30 (триесет) фризери, занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, се стекнаа со дипломи за положен мајсторски испит за мајстор фризер; Обуки за претприемништво и обуки за финансии на која активно учествуваа занаетчии и вршители на занаетчиска дејност; Имиџ кампања за занаетчиство реализирана во десет основни училишта во Скопје, Охрид, Прилеп и Битола Обука за ментори - 66 (шеесет и шест) занаетчии и вршители на занаетчиска дејност од најразлични сектори се стекнаа со државно признати сертификати за ментори и се стекнаа со компетенции да реализираат практична обука на ученици од средните стручни училишта; Обука за пекари - се разви програма за образование на возрасни за изработувач на леб, бели пецива и бурек верифицирана преку Центарот за образование на возрасни и Министерство за образование и наука на РСМ
Лобирање и промена на законска регулатива и тоа: Иницијатива за зголемување на прагот на влез во ДДВ од 1.000.000,00 денари на 2.000.000,00 денариусвоена во декември 2019 година Иницијатива за намалување на комуналната такса за фирма за занаетчии и вршители на занаетчиска дејност поради пандемијата од КОВИД-19 –усвоена од Советот на Град Скопје во април 2020година Иницијатива за намалување на даночната стапка на Данокот на додадена вредност (ДДВ) од 18% на 5% за занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, која беше делумно усвоена и стапи на сила 8
на 01.01.2021година, со важност за занаетчиите со следниве дејности: фризери, поправка на чевли и производи од кожа, поправка на велосипеди поправка на облека и намалување од 18% и 10% за пекарите и кетеринг услугите. Систем за информирање на занаетчии - преку Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем се изгради база на членки и се креираше апликација за информирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, членки на Занаетчиска комора Скопје која што функционира во повеќе области комуницирање со членството преку електронска пошта со испраќање е-мејлови според потребите за проследување на информациите (збирно, поединечно, по шифри на дејност, по секции, по Општини итн.), ажурирана база на активни членки, комуницирање со членството преку модул на испраќање смс пораки исто така по избор (на цело членство, поединечен субјект, шифри на дејност, секции), воспоставување на евиденција за плаќање чланарина на членството, воспоставување на систем за автоматско креирање и печатење на решенија за коморски придонес за активните членови.
Клучните бенефити за Занаетчиска комора Скопје се: 1. брзо и навремено информирање на членството, со што добиваме задоволно членство; 2. извештаи за членките (занаетчии и вршители на занаетчиска дејност - ТП и ТД кои вршат занаетчиска дејност) кои се регистрирани во Занаетчискиот регистар и 3. точна евиденција за плаќање на коморскиот придонес. Членовите на Занаетчиска комора Скопје добиваат навремена информации за можности за аплицирање на Повиците за субвенции за користење на финансиска помош, информација за можности за користење на активните мерки за вработување преку АВРСМ и техничка помош за користење на истите. 9
ИЗВЕСТУВАЊЕ
ПРЕДЛОГ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ ЗА ЗАНАЕТЧИИТЕ ВО ШЕСТИОТ ПАКЕТ МЕРКИ ЗА ЕКОНОМИЈАТА ПОДНЕСЕНИ ОД ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ Економските мерки за поддршка на занаетчиите неопходно е да продолжат бидејќи само така може да се одржи економската активност на што поголем број занаетчии и да не дојде до затварање на занаетчиски дуќани и отпуштање на вработени во занаетчискиот сектор. Доцнењето на петиот пакет мерки предизвика негативни последици во занаетчискиот сектор, кој и така се соочува со финансиски проблеми во услови на пандемија . Занаетчиите треба да бидат вклучени во шестиот пакет мерки за економијата со директна подршка и тоа преку следните предлог мерки: 1. Финансиската подршка во износ на минимална бруто плата за самостојните вршители на дејност и вработените во занаетчискиот сектор во периодот на времетраење на кризата од пандемијата со COVID-19, финансиската подршка на самостојните вршители на дејност и за вработените во занаетчискиот сектор ќе им биде неопходна затоа што побарувачката на производите и услугите е сведена на минимум и реално остваруваат многу мал приход за да можат да ги одржат бизнисите ликвидни, а истовремено се соочуваат со тековни трошоци кои мора да ги подмират. Бараме намалување на условите кои треба да ги исполнат занаетчиите особено бришење на условот содржан во Закон за финансиска подршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено економската криза за месеците февруари и март 2021 година (Сл. Весник на РСМ бр.85/21)содржана во чл. 4 од Законот и тоа дека финансиска помош не може да оствари физичко лице вршител на самостојна дејност која се оданочува по вистински доход и кое во 2020 година на годишно ниво има остварено нето доход пред оданочување во износ поголем од
478.800,00 денари, односно физичко лице кое врши самостојна дејност и се оданочува според утврден годишен паушален нето доход и кое во 2020 година има утврден годишен паушален нето доход поголем од 478.800 денари. Сметаме дека финансиската помош треба да биде неповратна и за физичките лица кои вршат самостојна дејност кои се оданочени според вистински доход и за физичките лица кои вршат самостојно дејност и се оданочени според утврден годишен паушален нето доход. Исто така сметаме дека условите кои треба да ги исполнат за да можат да ја користат финансиската помош да бидат пофлексибилни и секој занаетчиски бизнис да има можност да ги користи мерките. 2.Занаетчиите регистрирани согласно Закон за занаетчиство(Сл. Весник бр.215/15) да бидат подобни апликанти за кредитните линии кои ќе се објават преку Развојна Банка на Република Северна Македонија и во рамки на шестиот пакет мерки за економијата. Со оваа мерка ќе им се на помогне овие бизниси да останат ликвидни и да ги задржат вработените, да ги исплатат финансиските трошоци кои настанале во периодот на криза од пандемијата од COVID-19. 3. Предлагаме занаетчиските бизниси кои имаат вработени да бидат ослободени од исплата на регрес за годишен одмор поради лошата финансиска состојба во која се наоѓаат, и поради тоа што исплатата на регрес за годишен одмор за вработените претставува дополнителен финансиски товар за работодавачот. 4. Бараме намалување на парафискалните давачки со кои се соочува секој бизнис да биде една од мерките содржани во шестиот пакет мерки за справување со кризата од COVID-19.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД (СЛ. ВЕСНИК НА РСМ БР.85/2021) Во рамките на 5-тиот пакет економски мерки за справување со кризата предизвикана од пандемијата со COVID-19, на 36-тата пленарна седница на Собранието на РСМ се усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за данок на личен доход (Сл.Весник на РСМ бр. 85/2021). Согласно овој Закон, обврзниците на данокот на личен доход кои остваруваат доход од вршење на занаетчиска дејност и се оданочувале според паушално утврден нето-доход во претходните
10
години, за 2021година им се пресметува данок само на 50% од утврдениот паушален нето доход за 2020година. За оврзниците кои започнале со вршење на занаетчиска дејност во текот на 2021 година им се утврдува паушален нето доход во износ од 50% од паушалниот нето доход утврден на обврзниците кои ја вршеле истата занаетчиска дејност во 2020 година, сразмерно за периодот во кој ја вршат дејноста.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
ПОВЛАСТЕНА СТАПКА НА ДДВ ОД 5 % САМО ЗА НЕКОЛКУ ЗАНАЕТЧИСКИ ДЕЈНОСТИ ЗА ЗАНАЕТЧИИ НО НЕ ЗА ВРШИТЕЛИ НА ЗАНАЕТЧИСКА ДЕЈНОСТ ТП И ТД (ДОО И ДООЕЛ) Во Службен весник на РСМ бр.20/316 се објави ОДЛУКАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ДОБРАТА И УСЛУГИТЕ КОИ ПОДЛЕЖАТ НА ПОВЛАСТЕНА СТАПКА НА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ.
на член 30-а од Законот за ДДВ се применува на услуги на предавање на храна и на пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци.
Одлуката се применува од 1 јануари 2021 година и со истата се дефинираат новите услуги кои се оданочуваат со повластена стапка од %5 и %10.
За ресторански и за кетеринг услуги се смета давањето на приготвена или неприготвена храна за човечка исхрана и послужување на безалкохолни пијалаци, со исклучок на послужување на алкохолни пијалаци, придружени со дополнителни услуги со цел да се овозможи нивно непосредно конзумирање.
Од 1 јануари 2021година, со даночна стапка од 5% за ДДВ се оданочуваат занаетчиски услуги коишто се вршат од страна на занаетчии коишто се запишани во Занаетчиски регистар согласно со Законот за занаетчиство, и тоа: a) поправка на: велосипеди, чевли и производи од кожа, облека и постелнина за домаќинството (вклучувајќи крпење и прекројување) и б) фризерски услуги. Согласно Одлуката повластената стапка на данокот на додадена вредност од %10 во смисла
Испораката на храна и послужување на безалкохолни пијалаци, со исклучок на послужување на алкохолни пијалаци претставува само една компонента од севкупната понуда, при што преовладува прометот на услуги. Ресторанска услуга е вршење на промет на такви услуги во просториите на давателот на услугата и простор кој е непосредно или посредно поврзан со просториите на давателот на услугата, а услуга за кетеринг е вршењето на промет на такви услуги надвор од просториите на давателот на услугата.
ОБУКА ЗА ФИЛИГРАН ВО ФИЛИГРАНСКАТА РАБОТИЛНИЦА ВО ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ На 15 март 2021 година започна обуката за филигран во филигранската работилница, со нова група на млади лица кои што се заинтересирани да го научат филигранскиот занает. Програмата за обука за филигран е верифицирана преку Центарот за образование на возрасни на РСМ и Министерството за образование и наука на РСМ. Кандидатите кои ќе реализираат минимум 70% од часовите, по завршување на обуката полагаат теоретски и практичен дел и се стекнуваат со државно признат сертификат.
11
ИНТЕРВЈУ ИНТЕРВЈУ ЗА INOVATIVNOST.MK Занаетчиската комора Скопје е самостојна, независна, невладина, непрофитна асоцијација на занаетчиите на Град Скопје кои се организирани за да бидат соодветен партнер за создавање поволни услови и клима за развој и унапредување на занаетчиството. Делува за подобрување на квалитетот на производите и услугите преку подобрување на човечките ресурси со спроведување на обуки, презентации, стручно оспособување на занаетчиите и подобрување на стручното образование за добивање квалитетен кадар, како и пружање на услуги согласно потребите на членството. Занаетчиската комора Скопје е основана во 1932 година, и постои веќе 88 години со цел подршка и развој на занаетчиството.
За работата на оваа институција разговаравме со Анета Атанасовска, извршен директор на Занаетчиската комора Скопје. Разговараше- Верица Јорданова – Занаетчиска комора Скопје преку Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем креираше апликација и база на членки која што функционира во повеќе области. Кажете ни подетално за што станува збор и кои се досегашните ефекти? Занаетчиска комора Скопје преку Проектот на УСАИД за развој на деловниот еко систем креираше апликација и база на членки кој што функционира во повеќе области: ажурирана база на активни членки, комуницирање со членството со модул на испраќање мејлови по избор (збирно, поединечно, по шифри на дејност, секции) во зависност од тоа информацијата до кого треба да биде упатена. Понатаму, содржи модул за испраќање смс пораки исто така по избор, помага за ефикасна евиденција за плаќање чланарина на членството и овозможува автоматско креирање и принтање на решенија за коморски придонес за активните членови. Клучните бенефити за Занаетчиска комора Скопје се брзо и навремено информирање на членството, со што добиваме задоволно членство, извештаи за членки кои се регистрирани во Занаетчискиот регистар и вршители на занаетчиска дејност (ТП и ТД кои вршат занаетчиска дејност) како и точна евиденција за плаќање на коморскиот придонес. Членовите на Занаетчиска комора Скопје добиваат навремена информации за можности за користење на финансиска подршка преку аплицирање на 12
Повици за користење субвенции информација за можности за користење на активните мерки за вработување преку АВРСМ и техничка помош за користење на истите. Каква е состојбата на занаетчиите во моментов, особено во контекст на Ковид кризата? Со оглед на тоа дека Ковид кризата продолжува во наредниот период занаетчиите од сите сектори се погодени од оваа криза. Имаат многу ниска побарувачка на производи и услуги, со што се доведува во прашање ликвидноста на занаетчиските бизниси. Голем дел од занаетчиите особено оние кои се најзасегнати како фотографите, кроење и шиење на облека и венчаници, фризери, козметичари, златари, домашно и уметничко ракотворење спасот го гледаат во мерките од државата кои се минимални за да се покријат обврските кои произлегуваат од еден бизнис. Занаетчиите се во паника како ќе ги подмират обврските кон државата, како и останатите обврски за закуп, струја, вода и парно за деловните простории и со кои финансиски средства ќе ја поминат оваа кризна состојба во ситуација кога воопшто не остваруваат приход. Занаетчиите кои имаат вработени се исто така во многу неповолна ситуација затоа што од нив зависи егзистенцијата на семејствата на вработените, а не се во ситуација да исплатат плати за вработените и ќе мораат да ги отпуштат од работа затоа што бизнисите стануваат неликвидни. Дали и како занаетчиите се опфатени со владините економски мерки и колку истите даваат ефект врз пособрување на позицијата на занаетчиите? Занаетчиите во претходниот пакет мерки беа опфатени само со мерката за финансиска подршка за самостојни вршители на занаетчиска дејност за период од три месеци април, мај и јуни и можност да се користи домашната платежна картичка купувам домашно во три занаетчиски дејност и тоа: фризерски услуги, кетеринг и останати лични услужни дејности. За жал не беа опфатени како можни апликанти во бескаматните кредитни линии на Развојна банка на РСМ. Во четвртиот пакет мерки за справување со економијата најавено е дека занаетчиите ќе можат да аплицираат за бескаматните кредитни линии на Развојна банка на РСМ, финансиска подршка во плати и намалување на процентот на ДДВ од %18 на %5 за занаетчиските производи и услуги. Потенцираме дека владините мерки се неопходни за да се преброди овој период, ефектите се мали но сепак се добредојдени во услови на криза.
Кои се клучните проблеми и предизвици со кои се соочуваат занаетчиите генерално? Генерално во овој период занаетчиите се соочуваат со намалена побарувачка на занаетчиските производи и услуги, проблеми со одржување на ликвидноста на бизнисот, како и исплата на плати за вработените, дефицит на стручен кадар во занаетчиството, преоптовареност со парафискални давачки за време на вршењето на дејноста како и сива економија како нелојална конкуренција на легалниот бизнис. Во периодот што следи комората се подготвува за бран на проблеми со кои ќе се соочат
занаетчиите и вршителите на занаетчиска дејност при функционирање во услови на пандемија со Covid-19 и со навремено информирање на членките и техничка подршка за користење на мерките од четвртиот пакет мерки за економијата. Исто така комората ќе делува на подобрување на стручното образование со цел добивање на квалитетен кадар на пазарот на труд кој е непходен за конкурентен занаетчиски сектор, како и превземање на активности и доставување на предлози до надлежните институции за намалување на сивата економија во занаетчискиот сектор која во услови на пандемија го загрозува занаетчиството со нелојалната конкуренција.
ИЗЈАВИ ЗА МЕДИУМИ ИЗЈАВИ ЗА МЕДИУМИ-локално.мк На последната седница на Владата минатата недела беа најавени неколку измени кои стапуваат на сила со почетокот на следната година. Имено на предлог на Министерството за финансии, е утврден предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, кој исто така како и Предлог законот за финансиска поддршка на работодавачите е дел од Пакетот 4 за справување со економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19.
Изјавата ја даде Горан Ристовски, Претседател на Занаетчиска комора Скопје Иако нема детали за ниту една од најавените мерки ве молам за коментар, што мислите за ваквите најави? Најпрво се одложува рокот за плаќање на ДДВ заради поддршка на ликвидноста на компаниите. Дали ова ќе се однесува и на занаетчиите.Што ќе значи тоа за нив? Одложувањето на рокот за плаќањето на ДДВ заради поддршка на ликвидноста треба да се однесува и за занаетчиите кои се ДДВ обврзници. Не очекуваме видлив позитивен ефект во однос на зголемена ликвидност кај занаетчиите, затоа што во догледно време не очекуваме и подобрување на економската состојба на занаетчиите затоа што ги очекува тежок период во однос на справување со кризата од епидемијата со коронавирусот.
Исто така од 01 јануари 2021 година, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 5% за определени занаетчиски услуги коишто се вршат од страна на занаетчии кои се запишани во занаетчиски регистар.Што за занаетчиите ќе значат овие 5%? На 14-та седница на Владата на РСМ, утврдени се измените и дополнувањата на Законот за ДДВ со одредба во која се пропишува намалување на процентот на ДДВ од 18% на 5% на занаетчиски производи и услуги кои се вршат од страна на занаетчии. Добивката, односно резултатите од работењето на занаетчиите драстично почнуваат да опаѓаат од 2014 година, и со намалување на прагот на 1.000.000,00 денари кога голем дел од занаетчиите преминаа во ДДВ обврзници. Ова доведе до појава на нелојална конкуренција помеѓу ДДВ и не ДДВ обврзниците, затоа што цената на услугата и производот што ја нуди ДДВ обврзникот е за 18% поголема од цената што ја нуди занаетчијата кој не е ДДВ обврзник. Намалување на процентот на ДДВ во занаетчискиот сектор Занаетчиската комора Скопје го анализираше уште од моментот кога прагот за влез на ДДВ се намали на 1.000.000,00 денари, кога занаетчиството се соочи со големи предизвици, но сега во услови на криза значењето е многу поголемо затоа што занаетчиите се соочуваат со проблеми да го одржат бизнисот ликвиден и да опстанат во услови на криза. Дали требаше овие мерки да се воведат порано а не дури догодина? Ќе има ли кој да ги ужива? Секако дека мерките е подобро да се воведуваат и анализираат веднаш по алармирањето од страна на бизнисот, затоа што конкретно за 13
функционираат голем број на субјекти кои претставуваат нелојална конкуренција на регистрираниот занаетчија. Конкретно намалувањето на процентот на оданочување на ДДВ не очекуваме да ја намали сивата економија, но очекуваме намалување на нелојалната конкуренција помеѓу занаетчиите кои се ДДВ и занаетчиите кои не се ДДВ обврзници со што би се зголемила конкурентноста и подигање на нивото на квалитетот на услугите и производите во занаетчискиот сектор. � Дали со овие мерки ќе успеете полесно да ја стартувате годината во услови на ковид криза? Законот за ДДВ и зголемување на прагот на оданочување Занаетчиска комора Скопје го бараше многу порано,а се воведе од 01.01.2019 година. Оданочувањето со 5% или 18% кај пекарите и слаткарите претставува долгогодишен проблем за кој што со години наназад комората доставува иницијативи за промена на законот за ДДВ со даночна стапка од 5% да се оданочуваат продажбата на пекарски и слаткарски производи кои се служат на маса. Доколку се изнајде законско решение ќе се реши и овој долгогодишен проблем за кој алармираме долги години.
Тежок ќе биде стартот за занаетчиите во наредната фискална година, затоа што очигледно е дека ќе има многу неликвидни бизниси, намалување на побарувачката на занаетчиски производи и услуги, минимизирање на најосновните потреби на граѓаните ќе значи и потежок опстанок за занаетчискиот сектор.
Колку занаетчии има запишано во регистарот односно колкумина ке ја користат оваа мерка? Колку од нив се даночни обврзници?
Во периодот што измина во занаетчискиот регистар на ЗК Скопје процентот на отварање на нови бизниси е скоро еднаков со процентот на затварање на занаетчиски бизниси. Занаетчиите се уште се обидуваат да ги одржат бизнисите ликвидни, што значи дека со сите сили се трудат да ги задржат бизнисите затоа што од нив егзистираат нивните семејства и семејствата на вработените во занаетчискиот бизнис.
Во занаетчиските регистри се регистрирани околу 5.400 активни занаетчии од најразлични занаетчиски сектори. Занаетчиите како самојстојни вршители на дејност регистрирани во занаетчиски регистар се поделени: • На паушално оданочени занаетчии кои плаќаат данок кој паушално е одреден од УЈП, кои немаат обврска за водење книги, немаат обврска за завршни сметки во Централен регистар и плаќаат данок по аконтативно решение од УЈП на 12 месеци и не се ДДВ обврзници. • Реално оданочени занаетчии кои водат книги и плаќаат данок по основ на реално остварен приход.По висина на годишен обрт како индикатор за тоа дали занаетчијата е или не е ДДВ обврзник и тоа,ДДВ обврзник со над 2 милиони годишен приход изанетчии кои не се ДДВ обврзници со годишен приход под 2 милиони денари. Најголем дел на занаетчии се оние кои не се ДДВ обрзници со годишен приход под 2 милиони денари.
Колку од занаетчиите беа принудени да го згаснат бизнисот? Kолкумина преживуваат во пандемијата?
Во Занаетчиска комора Скопје има регистрирано 1600 активни занаетчии кои се трудат да опстанат во услови на криза. Која од мерките е најдобродојдена? Најдобредојдена од мерките е финансиска поддршка за плата која во претходниот сет мерки ја користеа и реално оданочени и паушално оданочени занаетчии, како и пристапот до кредитните линии на Банката за обнова и развој на РСМ кој што за првпат за занаетчиите ќе биде овозможен во повикот што го очекуваме да биде објавен во наредниот период. Во изминатите повици занаетчиите немаа можност да аплицираат за бескаматните кредитни линии на Банката за обнова и развој на РСМ.
Дали овие мерки ќе имаат некакво влијание на сивата економија? За сивата економија, комората предлага мерки за потикнување за формализација на неформални бизниси или поточно излез од сивата зона во која
Најдете повеќе информации на: www.zkskopje.org.mk Занаетчиска комора Скопје
ДОДЕЛЕНА ПЛАКЕТА ЗА ПРИДОНЕС ЗА РАЗВОЈ НА ЗАНАЕТЧИСТВОТО НА ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗАНАЕТЧИСКАТА КОМОРА СКОПЈЕ Г-ДИН НИКОЛА ПЕТРОВ Управниот одбор на Занаетчиска комора Скопје во декември 2020 година му оддаде признание за досегашното залагање на Претседателот Никола Петров со доделување на плакета за придонес за развој на занаетчиството во текот на неговиот мандат. Плакетата беше врачена на Никола Петров од страна на Претседателот на Занаетчиска комора Скопје- Горан Ристовски. Никола Петров беше Претседател на Управниот одбор на Занаетчиска комора Скопје од Изборно собра� ние одржано на 04.06.2004 година, заклучно со 01.07.2020 година. Во времетраењето на мандатот беше донесен Законот за вршење на занаетчиска дејност во 2005 година , и се разви коморскиот систем. Формирани се филигранско-златарската работилница во ЗК Скопје, пекарската работилница во СУГС Лазар Танев и мехатроничката работилница во АСУЦ Боро Петрушевски со финансиска подршка од ЗК Кобленц преку партнерскиот проект.
БАЗАРИ ОРГАНИЗИРАНИ ОД СТРАНА НА ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ 8-МИ МАРТ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА СО COVID-19
Занаетчиска комора Скопје организираше продажни базари за секцијата домашни ракотворби и уметнички занаети во Градски Трговски Центар и Рамстор Мол по повод Празникот на жената 8-ми март во услови на пандемија со Covid-19, согласно сите протоколи. Базарите се реализираа од 03-ти до 8-ми март 2021 година. Интересот за учество на базарите од страна на занаетчиите се зголемува и е од особена важност затоа што на тој начин се врши промоција на креативното и уметничкото занаетчиство и се зголемува продажбата на занаетчиските производи од областа на креативното занаетчиство.
15
УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИ ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ • Регистрација на занаетчии преку едношалтерски систем • Упис на ТП, ТД (ДОО,ДООЕЛ) во евиденција на вршители на занаетчиска дејност за добивање лиценца • Заверка на договори за практична обука на ученици кај занаетчии • Спроведување на постапка за вработување и престанок на работен однос на работници и постапка за ослободување од плаќање придонеси за пропишаната категорија на лица • Изготвување на МПИН за занаетчии-паушално оданочени • Изготвување на ЕПДД за закуп • Регулирање на пензиски стаж со изготвување на М4 обрасци • Совети за отпочнување на бизнис, бесплатни правни совети и финансиски и даночни советувања • Изработка на елаборати за заштита на животна средина за занаетчии по најповолни цени • Упис, промена, ликвидација и стечај на ТП, ТД (ДОО, ДООЕЛ) • Спроведување на стечај за занаетчии • Посредување при изготвување на потребни документи согласно Законот за безбедност и здравје при работа • Систематски прегледи • Обуки за прва помош • Изготвување на проценка на ризик со изјава за безбедност • План за евакуација и спасување во случај на опасност • Организирање на деловни средби,учество на семинари, настапи на саеми и базари за своите членови • Организирање на обуки за занаетчиски занимања во Центарот за образование на возрасни на Занаетчиска комора Скопје
веб страна: www.zkomora.com.mk FB. Zanaetciska Komora Skopje Skopje Издава: Занаетчиска комора Скопје Ул. Битпазарска бр.12, 1000 Скопје Телефон: +389 (0) 23237-850 Централа Email: info@zkomora.com.mk
Дизајн и припрема: Анета Атанасовска
Печати: Европа 92 ISSN 1857-8322