Троичник бр.39, април 2014

Page 1



СО БЛАГОСЛОВ НА НЕГОВОТО ВИСОКОПРЕОСВЕШТЕНСТВО МИТРОПОЛИТ БРЕГАЛНИЧКИ Г. ИЛАРИОН

ТРОИЧНИК, број 39

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

ДЕН НА ВОСКРЕСЕНИЕТО Е, ДА СЕ ПРОСВЕТИМЕ СО ТОРЖЕСТВОТО... германски: Christus ist auferstanden! англиски: Christ is Risen!

француски: Le Christ est ressuscité! шпански: Cristo ha resucitado!

РАСКАЗ ЗА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ

...8

италијански: Cristo è risorto! грчки: Χριστος Aνεστη! бугарски: Христос Возкресе! српски: Христос Васкрсе! хрватски: Hristos voskrese!

...6

ПРАЗНИКОТ ВОЗНЕСЕНИЕ ГОСПОДОВО

...11

КОЛКУ СЕ НЕОПХОДНИ ЗА СПАСЕНИЕТО НАДВОРЕШНИТЕ ЦРКОВНИ ЧИНОВИ И ОБРЕДИ?

...13

Св. Игнатиј Брјанчанинов ...18 чешки: Kristus vstal z mrtvých! СЛОВО ЗА СМРТТА словенски: Kristus je vstal!

словачки: Christos vstal z mŕtvych!

Герман Мидлтон грузиски: Krist’e ağsdga! СТАРЕЦ ФИЛОТЕЈ (ЗЕРВАКОС)

албански: Krishti u ngjall! романски: Hristos a înviat!

полски: Chrystus Zmartwychwstał!

...26

ЗА СЕМЕЈСТВОТО, ЦРКОВНИОТ И ГРАЃАНСКИОТ БРАК

...31

австриски: Krisztus feltámadt!

Старец Пајсиј Светогорец ДУХОВНИ ЗАКОНИ ...35 литвански: Kristus prisikėlė!

естонски: Kristus on surnuist ülestõusnud! латвиски: Kristus Augšāmcēlies!

Aрхимандрит Рафаил Карелин ЗА НЕПРАВИЛНИОТ ОДНОС шведски: Kristus är uppstånden! КОН ДУХОВНИКОТ (2) ...38 фински: Kristus nousi kuolleista! ирски: Tá Críost éirithe! холандски: Christus is opgestaan! португалски: Cristo ressuscitou! арапски: Al-Masih-Qam! ‫ﻡﺍﻕ ﺡﻱﺱﻡﻝﺍ‬

ЗА ПОРОКОТ НА ПУШЕЊЕТО

...44

ПОУЧНИ ПРИМЕРИ ОД ЖИТИЈАТА НА СВЕТИИТЕ ...53

корејски: Kristo Gesso!

ТРОИЧНИК - списание за православна вера, култура, уметност, образование и воспитание. Година XII, број 39, април 2014 г. Излегува четири пати годишно. Издавач: Брегалничка Епархија на Македонската Православна Црква, Штип. Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Иларион. Уредувачки одбор: јеромонах игумен Дамаскин, протоереј Николче Ѓоргев, свешт. Влатко Мирасчиев, дипл. теолог Жаклина Трајчев, дипл. теолог Жаклина Ѓоргиева. Лектура: игумен Дамаскин. Дизајн: протоѓакон Тони Петрушевски. E-mail: slovo@t-home.mk Печати: Европа92, Кочани.


ВОВЕДНИК помогнеме во избавувањето на што повеќе човечки души од оваа погубна страст. Драги браќа и сестри!

Митрополит Брегалнички г. Иларион

Возљубени читатели!

П

о благодатта и милосрдието на Воскреснатиот наш Спасител, Господ Исус Христос, еве со голема пасхална радост дочекавме уште еден нов број на нашето заедничко списание Троичник, во кое со уште поголема усрдност се потрудивме да ги обогатиме и засладиме вашите срца и души со нов медоточен светоотечки нектар, собран од многуте раскошни цветови на Православното Свето Предание и вековното подвижничко искуство на многуте свети старци и богоугодници, кои со својот свет духовен живот полн со добродетели, ревносно чувајќи го изворното православно светоотечко учење и апостолско богооткриено предание, се прославија и во земната и во небесната Црква. Се надеваме дека и овој пат, со нашиот избор на богоугодни текстови ќе ви помогнеме во вашата духовна борба против сè повеќе обезбожениот и богопротивен свет, кој сака да ги подрие и уништи и последните темели на моралот и благочестивоста, особено во православното семејство. Пред сè, ви го изложуваме повторно светоотечкото учење за патот на душата низ небесните митарства по смртта, кое денес, за жал, дури и мнозина кои се нарекуваат себеси православни христијани, сакаат да го искриват и негираат, успивајќи си ја совеста и продолжувајќи да живеат немарно и безгрижно кон спасението на својата душа. Покрај поуките за семејството и повторно за правилниот однос кон духовниот отец, тука се и советите и размислувањата на духоносниот старец Пајсиј Светогорец, кој нè охрабрува и утешува, поучувајќи нè како вистински треба да ги примаме искушенијата и неволјите кои Бог ни ги испраќа заради наше вразумување и спасение, а со неколку текстови ви го изложуваме и православното видување и односот на Црквата кон еден од најраспространетите пороци на денешницата – пушењето, надевајќи се дека барем малку ќе

Денес го празнуваме Празникот над празниците. Денес е духовна радост насекаде во православниот христијански свет. Денес Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос сите ги просветли со Своето Воскресение. Небото и земјата во полна мера се радуваат, зашто светлината на Воскресението Господово ги преплави небото и земјата и адот, и сите кои беа затворени и врзани во веригите на смртта со надеж на воскресение ги изведе во вечна радост – ги избави Спасителот со Своето слегување во адот. Денес Христос, нашиот живот, поставува нов темел на човечкиот род со Своето Воскресение и ги крунисува сите преславни чуда кои ги направи на земјата. Денес, во денот на Воскресението Господово, е победа на помирувањето, прекин на непријателството, престанок на смртта и пораз на ѓаволот. Денес Господ Исус Христос ја победи смртта и го разоружа ѓаволот-тиранин, а нам со воскресението ни го дарува патот кон спасението. Затоа, сите да се радуваме, да воскликнеме и да се веселиме, зашто Спасителот ја победи смртта и пеколот и сето тоа го направи за наше спасение. Ако сакаме да имаме блажена вечност при општото воскресение, тогаш да не бидеме безгрижни, туку со страв и трепет да Му служиме на нашиот Предобар Бог до последниот наш здив. Дури и ако некој би бил полн со добри дела и добродетели, сепак не може да биде безгрижен во сегашниов век. Спасителот ни вели: „Кој истрпи до крај, ќе биде спасен“ (Мат. 20, 22). Да ги земеме за пример кормиларите кои доаѓаат со бродови полни со роба и богатства. Тие непрестајно бдеат, дури и кога ќе дојдат до пристаништето, треперат и стравуваат за да не удрат некако во некоја подводна карпа и со тоа да претрпат голема несреќа и штета. Слушнете што зборува божествениот отец Јован Златоуст во овој поглед: „Да не бидеме неразумни и неблагодарни кон добродетелите кои ги добивме со Воскресението Господово. Ниту пак да говориме: ете, Великиот пост замина, отсега можеме да бидеме безгрижни. Зашто сега, повеќе од било кога, би требало да имаме голема грижа за душата за да не би некако телото, гордеејќи се, да ја остави изгладнетата

4 • • • TROI^NIK • • •


душа во позадина. За да не би, грижејќи се за робата, да го заборавиме господарот. Зашто, нашата духовна ревност е за цел живот. Возљубени верници! Светиот апостол Павле вели: „А секој што се бори, од сѐ се воздржува“ (1. Кор. 9, 25). Додека, пак, св. Јован Златоуст говори: „Го отфрливме товарот на постот, но не го отфрливме и плодот на постот. Зашто невозможно е да го отфрлиме заморот и трудот на постот, а да го прибереме неговиот плод. Се заврши заморот на подвигот, но да не мине и ревноста за добродетелите. Замина постот, но да остане подвигот“. Преку духовниот пост ја согледуваме сржта на добродетелите, кои сме должни да ги извршуваме сите кои сме крстени во името на Пресвета Троица и кои веруваме во Христа Воскреснатиот од мртвите. На чело на добродетелите, која најмногу и ни помага во спасението на душите, е христијанската љубов. Без љубовта, без простувањето и милостината нема спасение, нема Пасха, ниту радост во душата, ниту воскресение од гревовната смрт, ниту мир во срцата наши. Денес е Пасхата Господова. Денес Христос, нашиот живот, ги победи смртта, пеколот и

• • • TROI^NIK • • •

5

ѓаволот. Денес ни се отворија дверите на рајот и на Царството Небесно. Денес ангелите меѓусебно се радуваат и го величаат Бога. Затоа, да ги исфрлиме од домовите и срцата наши сета злоба, сета жалост и грев и да Го примиме со радост Христа Воскреснатиот. Да се поклониме на Крстот на кој беше распнат Христос. Да го целиваме гробот од кој воскресна Господ. Да го следиме со вера и надеж нашиот Спасител, заедно со Мајката Божја, со апостолите, со сите светии, со отците и предците наши. Да се целиваме духовно, брат со брат, да се помириме, да се љубиме едни со други, зашто денес преку Воскресението задобивме простување и спасение. Никој да не биде тажен, никој да не ја загуби верата и надежта во неволјите и искушенијата на животот, зашто ВОСКРЕСНАТИОТ ХРИСТОС е постојано со нас. Го носиме во нас и ќе остане вечно со нас, ако останеме во Неговата љубов и ако ги сочуваме Неговите заповеди. Со оваа животворна вера, која ни дава сила и победа, да го запееме заедно тропарот на Воскресението: „Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите живот им дарува.“ Амин! ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!


Ден на Воскресението е, да се просветиме со торжеството...

П

овторно се поздравуваме со најрадосните зборови: „Христос Воскресна!” и повторно го слушаме одговорот, исполнет со остварена надеж: „Навистина Воскресна!” Празникoт Светло Христово Воскресение – Пасха е главниот годишен настан за православните христијани. Празникот на празниците и торжеството на торжествата – Пасха се празнува седум денови, т.е. цела седмица и затоа оваа седмица се нарекува „Светла Пасхална Седмица.” Секој ден од седмицава, исто така, се нарекува светол; Светол Понеделник, Светол Вторник итн. Целиот период до Христовото Вознесението – четириесетте денови по Пасха – се Пасхален период. Зборот „Пасха” доаѓа од еврејскиот јазик и значи „преминување, избавување”. Во овој ден го славиме избавувањето на целиот човечки род преку Христа Спасителот, од ропството на ѓаволот и дарувањето на животот и вечното блаженство. Како што со Христовата смрт на крст е извршено нашето откупување, така, преку Неговото Воскресение ни е подарен вечниот живот. Во поздравот „Христос Воскресна!” се состои целата суштина на нашата вера, целата цврстина на нашето надевање. Овие зборови, секоја година безброј пати повторувани, секогаш, со тоа повторување ништо помалку, го поразуваат нашиот слух со својата новост и значење на небесно откровение. Со овој пасхален поздрав е соединет и свет целив. Тоа е древен, апостолски знак на помирување и љубов. Пасхалната радост била природна состојба на духот на нашите светители. Преподобен Серафим Саровски секој негов посетител го поздравувал со зборовите: „Радост моја, Христос Воскресе!” Св. праведен Јован Кронштадски меѓу народот бил познат како „пасхалниот баќушка.”

ЗА СЕДУМДНЕВНОТО ПРАЗНУВАЊЕ НА ПАСХА Од апостолски времиња празникот христијанска Пасха (Велигден) трае седум денови, или осум – ако се сметаат сите денови на непрекинатото празнување на Пасха до Томин понеделник. Целата оваа седмица, заради големата радост, не се пости во средата и петокот. Во сите денови оваа седмица стојат отворени Царските врати – централната врата на олтарот – како символ на близината и достапноста на Небесното Царство за нас, по милоста и доброволните страдања на Господ наш Исус Христос. Во богослужебен однос, целата Светла седмица е еден празничен ден: богослужението оваа седмица во сите денови е исто, како во првиот ден, со мали измени. Пред почетокот на Литургијата, во деновите на Пасхалната седмица до Оддавањето на Пасха, свештенослужителите наместо молитвата „Цару Небесен” – го кажуваат тропарот „Христос Воскресе”. Во осмиот ден по Пасха следува особено торжество, нарекувано Антипасха, што значи „наместо Пасха.” Во тој ден се обновува споменувањето на Христовото Воскресение, зашто во тој ден Господ повторно им се јавил на своите ученици, посебно на апостолот Тома, за да го убеди со Своите рани дека токму со Него (со Воскреснатиот Христос) се сретнувале сите сведоци на Неговото Воскресение. Затоа, тој воскресен ден се вика уште: Томина Недела. ЗА АРТОСОТ Цела Светла седмица крај отворените Царски врати стои особен леб, наречен артос. Зборот „артос” преведен од грчки значи „квасен леб” –

6 • • • TROI^NIK • • •


осветен леб за сите христијани, односно – цела просфора. Тој обичај е востановен од апостолски времиња. Познато е дека по Своето воскресение Господ многупати им се јавувал на своите ученици. Притоа, Тој или Самиот јадел, или благословувал (заедничка) трпеза. Во очекување на тие благодатни посети, а подоцна – во нивен спомен, светите апостоли го оставале празно централното/челното место на масата и пред тоа место поставувале парче леб, како Самиот Господ невидливо да присуствувал овде. Како продолжение на таа традиција отците на Црквата востановиле за празникот Воскресение Господово да се поставува во храмот леб за споменување на тие многократни посети, а исто така, на сите нас да ни покаже дека Господ кој страдаше за нас е вистинскиот леб на животот. На артосот е изобразен крст со трновиот венец, но не и со Распнатиот – како знак на Христовата победа над смртта, или е претставено Воскресението Христово. Тој артос се чува во храмот целата Светла седмица на аналој пред иконостасот. Во сите денови на Светлата седмица по завршувањето на Литургијата со артосот торжествено се прави крстен

од (литија) околу храмот. Во саботата од Светлата седмица артосот се раздробува и на крајот на Литургијата со целивање на Крстот се раздава на народот како светиња. Потоа, таа светиња се дава на болните или оние што не можат да се причестат со Светите Христови Тајни. Секако, артосот како и другите светињи (Богојавленската вода), никако не може да ја замени Светата Причест. ЗА ПОСЕТУВАЊЕТО НА ХРАМОВИТЕ НА ПАСХА Древните христијани во текот на големото торжество Пасха секојдневно се собирале за заедничко Богослужење. Древен е светиот обичај, до денес запазуван од некои христијани; во целата Светла седмица да не се испушти ниту една црковна Богослужба. ЗА СПОМЕНУВАЊЕТО НА УПОКОЕНИТЕ Црквата често повторува, дека Велика Сабота и Пасха – не се време за посетување на гробовите, туку време да се сподели пасхалната радост, учествувајќи во богослужбите. Во деновите на Пасха не се служат заупокојни служби: споменувањето на упокоените продолжува од вторникот на втората недела по Пасха, кога православните по црковната молитва за упокоените ги посетуваат гробовите.

Воскресения день, и просветимся торжеством... • • • TROI^NIK • • •

7


РАСКАЗ ЗА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ

Т

aа Сабота била најтешка во животот на апостолите. Нивниот Учител – мртов лежел в гроб, а тие дури не знаеле каде е погребан. Изгледало дека заедно со Исус загинал целиот свет. Од сите надежи останале само тие – десет рибари и еден поранешен даночник. Врз нивните незакрепнати умови и души одеднаш се струполиле болка, срам, страв, фаталност, збунетост… Јован, единствениот од нив кој бил на Голгота, раскажал за последните зборови на Господа: „Ели! Ели! Лама савахтани?“ Тоа била илјада години стара молитва, чија таинствена, скриена смисла се открила дури сега: „Боже мој! Боже мој! Зошто ме остави?… Сите мои коски може да се избројат; ја делат мојата облека меѓу себе и за неа фрлаат жреб“ (21.Псалм). Значи, Тој сè знаел. Значи, убиен е Месијата, Тој кој требаше да го избави народот Израил? Значи, не само тие, туку никој веќе нема надеж!? И Господовата година нема да настапи никогаш… Тие не можеле да разберат ништо. Мајката на неколкумина од апостолите, Марија Магдалина и неколку други галилејски жени, уште помалку од нивните синови можеле да ја достигнат сета вселенска длабочина на она што се случувало. Но, тие не можеле да го остават Христа да умира осамен. Надминувајќи го стравот, тие отишле на Голгота при распнувањето, а биле присутни и при погребувањето. Со нив била и неговата Мајка. Потоа, уште во ноќта, додека полека се разденувало и настапувал првиот ден од седмицата, побрзале кон Гробот со благомирисни мира, за – според источниот обичај – да го извршат последниот долг кон Упокоениот. Тие не успеале да го извршат помазанието веднаш, во Петокот, а во Саботата не смеело да се работи ништо. Кога стигнале кај гробот, се запрепастиле од она што го виделе: Каменот бил оттурнат, а Гробот – празен. Зарем и мртов тие не сакале да го остават во мир?! Вознемирена, расплачена, Марија Магдалина отрчала кај Јован и Петар: „Го однеле

Господ од гробот и не знаеме каде го положиле.“ Тие двајцата тргнале заедно, но Јован стигнал до Гробот побргу од Петар. Погледнал од отворот, ги видел погребните повои и благочестиво останал на прагот. Петар втрчал во пештерата, не двоумејќи се. Тогаш влегол и другиот ученик, кој прв стигнал до гробот и видел и поверувал дека Христос воскреснал од мртвите. Величествената тишина на гробот изгледала жива. Учениците заминале дома со мешани чувства. А, Магдалина се вратила. Погледнала во гробот и видела два ангела. „Жено! Зошто плачеш?“ – „Го однеле мојот Господ.“ Можеби тие знаат каде е телото? Кога се свртела, сретнала Човек, за кого помислила дека е градинар. „Жено! Зошто плачеш? Кого бараш?“ – „Господине! Ако си го изнел ти, кажи ми каде си го положил и јас ќе го земам.“ Тогаш Непознатиот го кажал нејзиното име: „Марија!“ – Срцето ѝ заиграло од радост и таа извикала: – „Равуни!“ што значи: – „Учителу.“ Исус ѝ рекол: „Не допирај ме, зашто уште не сум отиден при Мојот Татко. Туку оди при Моите браќа и кажи им: Се враќам при Мојот Татко и вашиот Татко, при Мојот Бог и вашиот Бог.“ Таа втрчала во домот и на растажените апостоли им ја пренела најрадосната и најдобрата вест на светот… Но, на неа никој не ѝ поверувал. Сметале дека кутрата жена го изгубила разумот. По Магдалина се појавиле и Саломија, Јована и Марија на Клеопа. И тие раскажале дека влегле во пештерата, кога Марија отрчала по Јован и Петар, и дека виделе ангел кој им рекол: „Не плашете се. Исуса го барате, назаретјанинот, Распнатиот; Тој воскресна, не е овде. Еве го местото каде што беше положен. Но, одете, кажете им на Неговите ученици и на Петар, дека тој ќе стигне пред вас во Галилеја; таму ќе го видете, како што тој ви кажа“. Жените прво се исплашиле и решиле да не разгласуваат што се случило. Но, на патот ги пресретнал Христос и самиот побарал да им пренесат на учениците, дека ќе ги пречека во Галилеја… Зборовите на мајките,

8 • • • TROI^NIK • • •


исто така, не ги прифатиле. Во тој ден двајца од апостолите, од седумдестмината исусови ученици, Лука и Клеопа, оделе кон малата населба, наречена Емаус. Кон нив се придружил патник кој посакал да дознае, зошто тие се толку тажни. „Зарем само ти од дојдените во Ерусалим не знаеш за она што се случи овие денови?» – „За што?“ – ги прашал Тој. – „Она што се случи со Исус назаретјанинот, кој беше пророк, силен на дело на збор пред Бога и пред целиот народ; како го предадоа на првосвештениците и на нашите началници за да биде осуден на смрт и

• • • TROI^NIK • • •

9

го распнаа. А ние се надевавме дека тој е оној што треба да го избави Израил; И покрај сето тоа, веќе е трет ден откако стана ова. А, нè збунија и некои жени од нашите, кои многу рано биле на гробот и не го нашле Неговото тело; дојдоа и кажаа дека виделе и ангели, кои им кажале дека Тој е жив.“ Таинствениот странец тогаш им рекол: „О, неразумни и троми по срце, да верувате во сè што рекле пророците! Не требаше ли Христос да го претрпи тоа и да влезе во својата Слава?“ И кога почнал од Мојсеј и од сите пророци, им го толкувал пишуваното за него во целото Писмо.“


Како да се отстранило перде од нивните очи. Се потсетиле на целата историја, уште од создавањето на светот и губењето на Рајот, водите на Потопот и Авраамовите времиња… на Мојсеј, кој на сите поколенија им заветувал да ја празнуваат Пасхата со колење пасхално јагне, за народот да го памети избавувањето од египетското ропство. Потоа, на пророкот Давид, пророкот Осија, преку чии усти Господ го ветил вечниот живот: „Од власта на адот ќе ги откупам, од смртта ќе ги избавам. Смрт! Каде е твоето осило? Ад! Каде е твојата победа?“ Си спомнале и за пророкот Језекиил кој објаснил дека осило на смртта е – гревот. Гревот убива и не дозволува да се живее. И конечно, пророкот Исаија, кој говори дека слободата од гревот ќе биде купен со Христовата Крв. По цена на неверојатни страдања, тој ќе го пробие патот на мирот, патот на исцелувањето од смртта. На Исаија му припаѓаат и првите зборови за Тајната на Воскресението:

исплашил, некој помислил дека гледа привидение. Некој ја проверувал вратата која била заклучена од страв, но таа останала заклучена… А, Господ спокојно, како никогаш и да не ги напуштил, им ги покажал своите раце и нозе и тивко прашал: – „Имате ли некаква храна?“ Тие му дале парче печена риба и мед. Тој зел и јадел пред нив.

„И ќе ја уништи смртта засекогаш. И Господ Бог ќе ја избрише солзата од секое лице – ќе го симне срамот на Својот народ од целата земја: Господ рече така. Зашто, еве, творам ново небо и нова земја и претходните нема да бидат спомнувани…“

По тој ден апостолите се утврдиле во верата. Сите, освен еден; освен Тома кој не бил присутен кога Господ се јавил пред другите ученици. Тој ги слушал своите браќа кои восхитени му раскажувале, но сè уште никако не можел да поверува: – „Додека не ги видам раните од клинците на Неговите раце и не го ставам мојот прст во раните од клинците и не ја ставам мојата рака во неговите ребра, нема да поверувам.“

Апостолите наеднаш разбрале дека станува збор за идното сеопшто Воскресение, за Божјото Царство, кое веќе започнало со денешното утро – со Утрото на Осмиот Ден на Созданието. Кога тие наближиле до Емаус, почнало да се стемнува. Нивниот сопатник сакал да продолжи без нив, но тие го убедиле да остане. Кога седнале, непознатиот зел леб, се помолил и откако го прекршил, им дал од него. Тогаш тие навистина прогледале и го познале Христа. Но, тој станал невидлив. „Не гореше ли во нас срцето, кога Тој ни го објаснуваше Писмото?“ – си спомнувале двајцата ученици за чудната средба. Кога се сетиле, веднаш тргнале назад и ги нашле другите ученици. Тие им раскажале, но и на нив не им поверувале. Наскоро дошло ново известување: Петар го видел Воскреснатиот Господ! Додека тие разговарале во недоумица, одеднаш го слушнале саканиот, близок глас: „Шалом! Мир вам!“ – среде собата стоел Исус Христос. Сите се изненадиле. Некој се збунил, некој се

По трпезата, кога сите малку се успокоиле, Христос го повторил поздравот: „Мир вам! Еве ова е тоа за што ви говорев уште додека бев со вас; дека треба да се исполни сè што е напишано за мене во мојсеовиот Закон и во пророците и во псалмите.“ И почнал да им објаснува за што говорат Писмата. Им рекол и дека сега треба да се подготват за служење: „Како што ме испрати Отецот и јас ве испраќам!“ Кога им го кажа ова, дувна во нив и им рече: „Примете Свети Дух! На кои ќе им ги простите гревовите – простени им се; на кои ќе им ги задржите – задржани им се!“

По осум денови, апостолите повторно биле собрани заедно, а сега и Тома бил со нив. Најверојатно, тоа било во домот на Марија, мајката на апостолот Марко. Вратата како и порано – била заклучена заради нивниот страв да не бидат казнети како ученици на Исус. И повторно, иако вратата била заклучена, среде собата застанал Господ Исус Христос. Тој на сите им посакал мир и веднаш се обратил кон Тома: „Испружи го твојот прст и види ги моите раце; испружи ја твојата рака, и стави ја во моите ребра; и не биди неверен – туку верен!“ Тома одговорил и рекол: – „Господ Мој и Бог мој!“ Од тој ден никој во малата заедница не се плашел и не се сомневал во тоа, дека Исус е Христос т.е. Месијата, Спасителот на светот. Превод од руски: протоѓакон Т.Петрушевски Извор: www.neofit.ru

10 • • • TROI^NIK • • •


празници

ПРАЗНИКОТ ВОЗНЕСЕНИЕ ГОСПОДОВО

П

разникот Вознесение Господово (се празнува во 40-иот ден по Воскресението на Исус Христос) – е ден во кој Господ се вознесе на неботo (Дела. 1, 1-12; Мк. 16, 12-19; Лк. 24, 50-52). Тој ден секогаш е во четвртокот на шестата седмица по Пасха. Преку Вознесението, со Христос – Началникот на нашето спасение, паднататa човечка природа се возведува од земјата, од пропадливоста и смртта кон бескрајниот живот на небото. Христос, откако воскресна со силата на Своето Божество, преку Вознесението ја удостои обожената и одухотворена

• • • TROI^NIK • • •

11

човечка природа со најголема чест и слава; да седи оддесно на Отецот. Вознесение нa Христа во слава со плотта предизвикува благочестиво восхитување кај целиот духовен, ангелски свет и прославување на големото снисходење и на Божјата милост кон човечкиот род. „Чиновите ангелски, Спасителу, човечката природа гледајќи ја како совосходи со Тебе, постојано восхитени Те воспеваа.” Според раскажувањето на Евангелието и богослужбените песни, при Господовото Вознесение на апостолите им било дадено да разберат, дека


Христос веќе не ќе биде видлив на земјата во телесен вид. И тоа е затоа што со Вознесението Тој и според Неговата човечка природа ја доби славата што секогаш ја имаше според Неговата Божествена природа, и место; рамно на Бог Отецот според достоинството и силата, што сликовото се нарекува „седна оддесно на Отецот”. Откaко се вознесе на небото и седна оддесно на Отецот, Господ не ја остави земјата лишена од Неговото Божествено присуство. Тој е невидлив за телесните очи на верните, но, како што се говори во кондакот на празникот Вознесение, „никако не одделувајќи се, останува неотстапен” и им ветува на оние што веруваат во Него и Го љубат: „Јас сум со вас и никој против вас”. Преку Своето Вознесение Господ стана уште поблизок со човекот, со сите што веруваат во Него. Сега Тој се наоѓа на земјата не само како секаде-присутен со Своето Божество, туку е и во големото и пренебесно таинство на Евхаристијата – со Божествените Тело и Крв Негови, со кои се приопштуваат верните. Преславното Вознесение на Спасителот на небото било продолжение и завршување на Неговото прославување според Неговата човечката природа. Неговото Прославување започна со Воскресението, а како основа за тоа послужи Христовиот Крст. Овде се извршува и завршува таинството на Домостроителството на нашето спасение од Христа во Неговото престојување со плот на земјата: „Откако го изврши таинството на Домостроителството” Господ се вознесе на небото, сакајќи до крај да ја изврши добрата волја (благоволението) на Отецот. Вознесението на Исус Христос на небото истовремено го отвора патот кон небото зa сите верни, кон вечниот живот, соодветно како што Неговата смрт и Воскресението се победа над гревот и смртта зa целото човештво. Христос се вознесе на небото, како Првенец од мртвите, представувајќи го во Своето Лице почетокот на човечката природа (во нејзината психофизичка целина), која што Тој ја откупи и прероди. Тој се вознесе со слава кон Светлиноначалникот – Својот Отец, сè помирувајќи. Предосвeтувајќи ја со Своето Вознесение човековата природа во највисок степен, Господ ја направи способна да го прими Светиот Дух, Кого Тој вети дека од Отецот ќе им го испрати на Своите луѓе.

живееме во XXI век? Пред сè, на тоа дека не смееме да забораваме за Небото — нашата вистинска Татковина. Само паметењето на горното, вечното, небесното, може да нè извлече од мрежата на суетните грижи, од безумството на нашите страсти, од безсмислениот круговрт на земните пристрастности, кои се туѓи на изворната Љубов. УСТАНОВУВАЊЕТО НА ПРАЗНИКОТ ВОЗНЕСЕНИЕ ГОСПОДОВО е во длабоката древност. За тоа ни говорaт сведоштвата на писмените споменици. Така, уште „Апостолски установи” пропишуваат празникот да се празнува во 40иот ден по Пасха (кн. V гл. 18). Особено важни се сведоштвата од свети Јован Златоуст (+407) и блажени Августин (+430). Свети Јован Златоуст овој празник го нарекува „најважен и голем” и го вбројува меѓу празниците кои, како Пасха и Педесетница, се установени од апостолите. Блажени Августин, споменувајќи за општото чествување на празникот, според Преданието, исто така, смета дека е установен од апостолите. Каноните на Вознесение Господово ги напишал свети Јован Дамаскин (+776) и преподобен Јосиф Песнописец (+883). Кондакот и икосот се од Роман Слаткопевец (V в.). Празникот Вознесение спаѓа во подвижните Господови празници и трае десет денови: еден ден предпразништво, кој се совпаѓа со оддавањето на Пасха, и осум денови попразништво. Оддавањето на празникот е во петокот на седмата седмица по Пасха. „Од прегратката на Отецот не разделувајќи се, најсладок Исусе, и со земните како Човек живееше, денес од гората Елеонска се вознесе во слава, и паднатата наша природа милостивно ја вознесе, крај Отецот ја постави. Затоа, небесните безплотни чинови, на чудото се восхитуваа, со ужас се ужаснуваа, и од трепет опфатени, Твоето човекољубие го величаа. Со нив и ние земните, Твое слегување кај нас и твоето вознесение од нас славословувајќи ги, се молиме говорејќи: учениците и таа што Те роди – Богородица, со радост неизмерна исполнувајќи ги при Твоето вознесение, и нас удостој нè со избраните Твои радости, по нивните молитви, заради Твојата голема милост.“ Превод од руски: протоѓакон Т.Петрушевски

На што нè учи овој празник нас луѓето кои

12 • • • TROI^NIK • • •


вероучение

КОЛКУ СЕ НЕОПХОДНИ ЗА СПАСЕНИЕТО

НАДВОРЕШНИТЕ ЦРКОВНИ ЧИНОВИ И ОБРЕДИ?

Н

епријателот многумина има веќе насочено кон погрешен пат, сугерирајќи им дека на Бога треба да Му се служи само духовно, а надворешното може и да се отфрли. Точно е дека на Бога треба да му се служи духовно, но да се стигне до духовното служење потребно е човекот да се извежба во надворешното, а потоа,ако некому Бог му даде даго достигне тоа духовно служење, тој треба повторно тоа духовно служење да го поддржува и утврдува со истото надворешно служење. Како може децата веднаш да го прифатат духовното? Прво нека се научат надворешно да Му служат на Бога, а кога ќе пораснат ќе се научат да Му служат и духовно. Откако ќе се научат да Му служат на Бога духовно, тие нема да го отфрлат надворешното, затоа што токму надворешното, слично на дрвата што се фрлаат во печката,

• • • TROI^NIK • • •

13

го загрева и распламтува она што е внатрешно духовно˝ (8,280). “Кога ќе слушнете дека Црковните правила (канони) претставуваат закон, немојте да мислите дека овој закон е потребен затоа што е одреден со заеднички глас на Црквата, односно, во онаа иста смисла, во која во секојдневниот живот за секој поединец е задолжителна одлуката на општеството, бидејќи општеството владее со поединечните лица. Во Црквата Божја не е така. Светата Црква не е обично здружение на луѓе, туку претставува Тело, кое стои под Главата – Господ Христос, кое Светиот Дух го раководи и оживотворува и кое живее со стравопочит кон Бог Отецот. Поради тоа, сѐ што се наоѓа воЦрквата препуштено е целосно на слобода, бидејќи не е од човечко потекло и не само затоа


што сите одлучиле така да биде, туку затоа што тоа го благоизволил Триипостасниот Бог. Послушноста кон Црквата е послушност кон Бога, во таа мерка, во која е нешто востановено, односно, едно како неопходно, друго како корисно, првото за утеха, второто заукрас. Поради тоа веруваме дека кога сѐ ќе извршиме искрено, ние Му служиме на Бога и Му благоугодуваме, иако нашето дејствување е само видливо, телесно, а Бог е Дух: бидејќи дејствуваме со духовно расположение˝ (Св. Теофан Затворник).

сте ја виделе силата на растењето без видливо растење на телото?! И дали е можно раст на телото – дрвото, без внатрешен живот?! Надворешното е закон и не смее да се запостави! Но, не треба да го исполнуваме само надворешното, туку под негово влијание, раководство и упатство да гледаме и на внатрешното. Внатрешната вера се состои од познавање на светата вера и делата кои ѝ одговараат, или од збирот на здравото расудување, светото чувство и расположение!” (Св. Теофан Затворник).

СЕКОЈ ЦРКОВЕН ОБРЕД ТРЕБА ДА СЕ ИЗВРШУВА СО ПОТПОЛНА СТРАВОПОЧИТ ̏ Во Божјата Црква сѐе по Божја волја и затоатреба свеснo да Му служиме на Бога со стравопочит како што Му доликува Нему, како во малите понебитни, така и во големитепобитни работи. Нашата стравопочит не треба да се мери со големинатаили со незначиелноста на она што го правиме, туку со Божјото лице на Кое се однесува тоа. Кога некој чита, пее или работи нешто друго, незначително подлегнува на судот како оној кој немарно го извршува Божјото дело. Слично е и со оние кои стојат во Црквата. Доклку некој стои, се поклонува или запалува свеќа без вистинска вера или стравопочит, греши и подлегнува на судот. Сите овие и слични дејства не се толку важни сами по себе и не е неопходно да бидат токму такви, на нивно место може да бидат некои слични, но бидејќи тие се прифатени и пропишани, а се извршуваат набрзина, тоа значи дека човекот кој се однесува невнимателно кон нив Го презира и навредува Бог, бидејќи се однесуваат на Него. Истото тоа може да секаже и за црковните обреди што се извршуваат надвор од црквата. Бидејќи тие се однесуваат и се наменети за Бога, потребно е да се извршуваат со потполна стравопочит, онака како што доликува на обред пред Семоќниот Бог во чест и Негова слава,а не сразмерно на нивната важност или незнаење˝. “Потребно е да внимаваме кога сме насочени кон надворешни дела на побожноста, да не го заборавиме нејзиниот внатрешен дух, но исто така и да не го отфрлиме во потполност надворешното под изговор на претпочитање на внатрешното пред надворешното. Понекогаш се случува надворешното без внатрешното, но никогаш внатрешното без надворешното. Дали некогаш

ЗОШТО ЦРКОВНИТЕ ОБРЕДИ, ЧИНОВИ И ПРАВИЛА СЕ ПОЧИТУВААТКАКО ДАДЕНИ ОД БОГА, ИАКО ЗА НИВ НИШТО НЕ СЕ СПОМНУВА ВО СВЕТОТО ПИСМО? “Главните и најважни делови од надворешните црковни чинови се востановени од Апостолите, а Црквата ги дополнила и им го дала сегашниот изглед преку Светите Отци под дејство на Светиот Дух и со раководство на Спасителот Господ Исус Христос, Кој е Глава на Црквата...” (Св. Теофан Затворник). “Апстолите не предале сè преку Светото Писмо, тукумногу работи предалеипреку Светото Предание, но и едното и другото се подеднакво достојни за верување. Затоа ние Преданието го сметаме достојно за верување, како што вели Свети Јован Златоуст: “Постои Преданието, затоа не барај ништо повеќе”(Св. Јован Златоуст, Беседа на 2. Сол). “Некои догмати и проповеди кои Црквата ги сочувала ги имаме од запишани поуки, а некои се прифатени од апостолското предание, - по наследство, тајно. И едните и другите се од исто значење за добродетелите... бидејќи ако започнеме да ги отфрламе незапишаните обичаи, сметајќи дека тие немаат голема сила, воглавно ќе му нанесеме штета на Евангелието или уште поточно од евангелската поука ќе остане само празно име” (Св. Василиј Велики). “Бог на Црквата ѝ го доверил Своето Откровение, Кое се содржи во Светото Писмо, но и во Светото Предание, па затоа за Божествени извори на христијанското учење на верата несомнено се признаваат само оние кои таа ги прифаќа. “Јас не би му поверувал на Евангелието,ако во тоа не ме убедеше гласот на соборната Црква” вели блажениот Августин. Бидејќи Црквата го примила откровението од Господ Исус

14 • • • TROI^NIK • • •


беспрекорно и тоа не било како на свој начин, туку токму онака како го протолкувала и предала соборната Црква... Затоа веруваме дека сведоштвото на соборната Црква нема помала сила од Светото Писмо, со оглед натоа дека причината за едното и другото е една иста – СветиотДух. Затоа, сеедно е дали се поучуваме од Писмото или од Соборната Црква, бидејќи таа зборувала и зборува не од самата себе, туку од Светиот Дух, Кој отсекогаш Го имала и ќе Го има за свој Учител,па затоа неможе ниту да греши, ниту да лаже, ниту пак да биде и прелажена, туку слична на Светото Писмо е непогрешлива и има секојдневна важност” (1,25).

Христос и Светиот Дух, истото го чува во потполност и без недостатоци. На нејзе ѝ е предадена неговата смисла, таа воедно е непогрешлив толкувач од почетокот на своето основање и ќе остане таква до крајот на вековите, бидејќи Соборната Апостолска Црква никогаш не зборувала и не зборува во свое име, туку за свој учител отсекогаш го има Светиот Дух и ќе го има до крајот на вековите (Јн. 14, 16-17, 26).Важноста на Преданието се заснова исклучиво на авторитетот на Црквата” (Шести Вселенски собор, пр. 12). “Источните патријарси пишуваат: Веруваме дека Божественото и Свето Писмо е од Бога вдахновено, затоа мораме да му веруваме

• • • TROI^NIK • • •

15

Самото Свето Писмо советува да се чува Преданието: “Така браќа, стојте и држете ги преданијата што ги научивте било преку нашето слово, било преку нашето послание” напишал апостол Павле до Солунјаните (2 Сол. 2, 15), потоа “пази го она што ти е предадено и бегај од нечисти и празни разговори и од расправии на лажната наука” (1 Тим. 6, 20) и на друго место им вели: “Држете ги преданијата така како што сум ви ги предал” (1 Кор. 11,2). Во делата на Светите Отци постојано се укажува на Преданието како на извор и основа на христијанското учење. Свети Епифаниј пишува: “Потребно е да се држиме до Преданието, бидејќи е невозможно сѐ да пронајдеме во Светото Писмо: светите апостоли едно оставиле во Светото Писмо, а друго во Светото Предание”.


На сличен начин, од правилата и одредбите на светите Помесни и Вселенски собори јасно може да се види дека тие во својата основа го имаат Преданието на Црквата и дека на него се темели вистинската вера, христијанскиот живот, самото Писмо и неговото разбирање, додекасмислата и непроменетото чување на Преданието го сметале за своја обврска. Придржувањето кон учењето на Светите Отци и Преданието на соборната Црква, тие го сметале за одење по царскиот пат. Тие директно зборувале на Соборите дека треба да се почитуваат древните закони и правила и дека во Црквата не треба да се внесуваат новотарии, спротивни на Светото Писмо и Црковното Предание. Светите Отци од Седмиот Вселенски собор напишале дека “не треба да го чуваме она што е ново воведено, туку сè она што е во Писмото и без Писмото востановено за нас во Црковното Предание” (1, 29). МОЖЕ ЛИ ДА БИДЕ УКИНАТО ИЛИ ИЗМЕНЕТО НЕКОЕ ПРАВИЛОИ ОБРЕД КОЕ ЦРКВАТА ГО ПРИФАТИЛА? Самите соборски правила зборуваат: “На никој

да не му се дозволи горе наведените правила (од Светите собори и Светите Отци) да ги променува или укинува, или освен предложените правила да прифати други со извитоперени наслови кои ги составувале луѓе кои имале намера да се пазарат со вистината...” (Шести Вселенски Собор пр.2; Седми Вселенски Собор пр. 1; Картагински Собор пр. 2). “Никој да не се осмели да толкува, пишува или составува друга вера освен правилата на Светите Отци, кои преку Светиот Дух се собрале во Никеја” (Трет Вселенски собор, пр. 7). “Со Божјата благодат одредуваме: неприкосновено да ја чуваме од новотарии и измени верата која ни ја предале сведоците и слугите на Словото – богоизбранитеапостоли... Нека верата на сите прославени мажи на Божјата Црква, кои беа светлина на светот имајќи го Словото на животот,цврсто и непоколебливо се почитува, и заедно со Богопредадените дела и догми кои ни ги предале...” “Ако некој не ги почитува и прифаќа догмите на побожноста и не мисли и не проповеда така, туку се осмелува да им се спротивстави, нека биде анатема по правилото коепорано го востановиле светите блажени Отци и родот христијански, и како туѓинец да биде исфрлен и одлачен од Црквата. Бидејќи

16 • • • TROI^NIK • • •


ние содветно со она што порано беше истакнато, донесовме конечна одлука дека ништо неможе да се додаде или одземе на било кој начин” (Шести Вселенски собор, пр. 1). “Православниот христијанин треба да верува дека сите членови од верата на Соборната и Православна Црква се вистински и неспорни и дека ѝ се предадени од Нашиот Господ Исус Христос преку Неговите апостоли, утврдени и протолкувани на Вселенските Собори и да верува во нив како што заповеда апостолот: “Така браќа, стојте и држете се до Преданието кое сте го научиле од кажување или од посланијата... Оваа вера треба да ја чуватетајно во срцето, и не само тоа, туку потребно е со устите да ја објавувате и исповедате без сомнеж и страв... ”(Прво исповедање... д.1, прашање и одговор 4). Правилата на верата кои се признаени од целата Православна Црква се неприкосновении непроменливи, но сепак постои разлика помеѓу догмите на верата и обредите. Догмите на верата, Светите Отци ја споредуваат со живот, а црковните правила со храна, велејќи дека човекот само некое време може да живее без храна, а додека пак без живот, храната е бескорисна и непотребна. Храната е разновидна, а она што е суштинско во неа е хранливоста. Слично е и со правилата, не се гледа првенствено формата, туку нивната смисла и цел, а формата понекогаш се нарушува како што за тоа пишува Свети Василиј во 5. правило: “Кај Правилата не се гледа начинот, туку нивната намера (суштина)”. Обредите не се споредуваат само со животот, туку и со храната, а може да се споредати со садовите кои служат за подготвување на храната. Обредите, слично на садовите во разни времиња биле различни, па дури во исто време на разни места по потреба биле намалувани, зголемувани, скратувани и изоставувани, па дури и укинувани. Значи оној кој сака да ја спознае вистината, за да не се лиши од Светата Црква прво мора да знае што е тоа догма на верата, што е правило, што е слично на правило, ашто е обред или обичај. Догмата на верата е неприкосновена и за Светителите и за Ангелите, додека пак правилата се поверени на епископите на правата вера, за преку нив да ја раководат Божјата Црква. Ако пак, поради некои случајни пропусти или од невнимателност тие бидат занемарени, тогаш оние кои не ги извршуваат

• • • TROI^NIK • • •

17

подлежат на казна, но не и на отпаѓање од Православната Црква. Обредите според соборното расудување, се додаваат и укинуваат: “Ако некој не знаејќи што е догма на вистинската вера, што е правило, а што обред, сака само преку обредот да ја препознае вистинската Црква, може да се каже дека тој е слеп,апреку духовните очи не разбира што е живот, што го оддржува животот, а што е украс” (Архимандрит Павле. Собр. Дела 1). “Значи, под обреди се подразбираат одредбите на Црквата кои не се однесуваат на суштината на верата, туку на нејзината надворешна страна и тие немаат догматска основа ниту во Светото Писмо, ниту во одредбите на Вселенските собори. Ова се однесува на црковните чинови и устави, начинот на црковното управување, различните работи и дејствувања, кои имаат симболично значење. Обредите во својот почеток не се појавиле во својот строго одреден вид, туку Црквата постепено ги ставила во употреба кога сметала дека тоа е потребно, но сепак ги променувала, а некои пак потполно ги исфрлила, заменувајќи ги со нови, подобри, при што строго барала потчинување на своите одлуки, подложувајќи ги на одлачување оние кои не ѝ се потчинувале.На Црквата отсекогаш ѝ припаѓало правото да го менува, дополнува и подобрува она што не е од догматски карактер” (1, 485). “Надворешниот чин на Црквата е ризата Господова, а самата Црква е Неговото Тело. Некој можеби ќе праша: ако Црквата има власт да ги менува своите надворешни чинови, зошто не ги променува? Затоа што на Неа ѝ е дадено да врши промени, не затоа што има власт тоа да го прави или пак да го прави тоа за да ја покаже својата власт, туку во случај ако некое нејзино дејство одредено со устав престанало да биде потребно, т.е ако истото престанало да го храни и поучува духот. Ова не е каприц на некои луѓе помодари, туку се применува кога е очигледно дека некоја промена или укинување, Црквата го посакува поради духовна корист, а не поради некои надворешни предности. Ако во Црквата е сѐ поучно и потребно и ги задоволува потребите, а не претерува, зошто тогаш да се укине или промени? Таа не укинува и не променува” (Св. Теофан Затворник). Превод: Ѓакон Илија Поп Гонов


светоотечка ризница

СЛОВО ЗА СМРТТА ЗА ВОЗДУШНИТЕ МИТАРСТВА Св. Игнатиј Брјанчанинов

З

аради мачење на душите кои го минуваат воздушното пространство, востановени се од темните власти судови и стражи во беспрекорен поредок. По слоевите од поднебесјето, од земјата до небото, стојат полкови на стражари од паднатите духови. Секој отсек се занимава со посебен вид на грев и ја мачи во него душата, кога таа ќе стигне во таа надлежност. Воздушните демонски стражи и судови, во списите на Отците се нарекуваат митарства, а духовите кои служат во нив – митари. Во времето на Христа и во првите векови

од христијанската Црква, митар се нарекувал собирачот на државните даноци. Оваа должност, според едноставноста на древните обичаи им се доверувала на лица без утврдена одговорност и полагање сметки, па митарите си ги дозволувале сите средства на насилство, разни облици на лукавост и препреденост, ситничарење, бескрајни злоупотреби и нечовечко грабање. Тие вообичаено застанувале покрај градските порти, на пазарите и на други јавни места, за никој да не може да побегне на нивното будно око. Митарот бил страв и трепет за народот. За него митар означувало човек без чувства, без правила, подготвен на секакво зло, на секаква најниска постапка, кој со тоа дише и живее – отфрлен човек. Во оваа смисла Господ го споредува упорниот и безнадежен престапник во Црквата со незнабожец и митар. На старозаветните поклоници на вистинскиот Бог ништо не им било поодвратно од служењето на идолите, а исто толку им бил намразен и митарот. Називот митар се пренел од луѓето на демоните кои го чуваат патот од земјата кон небото, според сличноста на должноста што ја извршуваат. Како синови и доверители на лагата, демоните не само што ги соочуваат душите на луѓето со нивните недела и гревови, туку ги обвинуваат и за она што никогаш не го сториле. Тие измислуваат и лажат, соединувајќи ја клеветата со бесрамност и дрскост, за да ја зграпчат душата од рацете на Ангелите и со неа да го зголемат безбројното мноштво на адски затвореници.

18 • • • TROI^NIK • • •


Учењето за митарствата е учење на Црквата. Свети апостол Павле зборува за нив кога објавува како на христијаните им претстои борба со духовите на злото во поднебесјето. Ова учење се среќава во најстарото црковно предание и во црковните молитвословија. Пресветата Дева, Богомајката, откако била известена од свети Архангел Гавриил за своето блиско претставување пред Господа, со солзи Му принела молитви на Господа за избавување на Нејзината душа од лукавите духови на поднебесјето. Кога настапил часот на Нејзиното чесно успение, кога кај неа се симнал Самиот Син и Бог Нејзин со мноштво Ангели и праведни духови, таа пред да ја предаде својата душа во светите раце Христови, ги изговорила во молитва кон Него следниве зборови: „Прими го сега во мир мојот дух и заштити ме од темнината, за да не ме сретне никаков поглед од сатаната“. Свети Атанасиј Велики, патријархот Александриски, во животописот на преподобен Антониј Велики, го раскажува ова: „Еднаш тој (Антониј), кога настапи деветтиот час, откако почна да се моли пред јадење, одеднаш беше земен од Духот и вознесен кон Ангелите во висините. Воздушните демони се противеле на неговиот пат: Ангелите, карајќи се со нив, барале причини за нивното спротивставување, бидејќи Антониј немал никакви гревови. Демоните се грижеле да ги изнесат гревовите кои тој ги направил уште од раѓањето;но Ангелите им ја затвориле устата на клеветниците, велејќи им дека тие не треба да ги набројуваат неговите гревови од раѓање, кои беа исчистени и измирени со Христовата благодат, туку, ако можат, нека ги покажат гревовите сторени по неговото стапување во монаштво, откако се посветил себеси на Бога. Обвинувајќи го, демоните наведувале многу бесрамни лаги; но бидејќи нивните клевети

• • • TROI^NIK • • •

19

биле лишени од докази, на Антониј му бил отворен слободен пат. Во тој миг тој си дошол при себе и видел дека се наоѓа на истото место на кое застанал за молитва. Заборавајќи на храната, тој целата ноќ ја поминал во солзи, размислувајќи за мноштвото човечки непријатели, за борбата со таквата војска, за макотрпниот пат кон небото преку воздухот и за зборовите на Апостолот, кој рекол: „Зашто нашата војна не е во крв со телото, туку со поглаварите и властите под небото“, кој, знаејќи дека воздушните власти само тоа и го бараат, за тоа се грижат со сета сила, се напрегаат и се насочуваат да нѐ лишат од слободниот премин кон небото, ни советува: „Облечете се во сеоружјето Божјо, за да можете да се одржите против ѓаволските лукавства, да се засрами противникот, немајќи ништо лошо да каже за нас“. Свети Јован Златоуст, велејќи дека оној што умира, макар и да бил голем господар илиуправник на земјата, обземен е од смут, страв и неизвесност кога ќе ги здогледа страшните сили Ангелски и противничките сили кои доаѓаат да ја одделат душата од телото, - додава: „Тогаш ни се потребни многу молитви, многу помошници, многу добри дела, големо застапништво на Ангелите на патот низ воздушното пространство. Ако патувајќи во туѓа земја или во туѓ град бараме водич, колку ли ни се попотребни патеводители и помошници да нѐ спроведат покрај невидливите старешини и власти кои владеат со тие воздушни пространства,


кои се нарекуваат и гонители и митари и собирачи на данок!“ Во име на починатите христијански младенци, Златоуст вака сведочи и благословува: „Нас светите Ангели мирно нè одделија од телото и ние слободно се разминавме со поглаварите и воздушните власти. Имавме доверливи раководители! Лукавите духови не го најдоа она што го бараа; не го видоа во нас она што сакаа да го видат. Гледајќи го телото неосквернато се посрамија, гледајќи ја душата чиста, далеку од секое зло, се посрамија; не најдоа во нас порочни зборови и замолчеа. Ние поминавме и ги уништивме; поминавме низ нив и ги згазивме; „Замката се распадна и ние се избавивме. Благословен да е Господ Кој не нѐ даде на нивните заби да нѐ растргнат“. Кога тоа се заврши, Ангелите, нашите патеводители, многу се радуваа; почнаа да не бакнуваат и да зборуваат во веселба: „Јагниња Божји! Блажено нека е вашето доаѓање овде; ви се отвори прародителскиот рај; раширени ви се прегратките Авраамови! Ве прими десницата на Владиката; ве повика Неговиот глас на десната страна! Со благонаклонети очи Он погледна на вас; во книгата на животот ве запиша Он вас. И ние рековме: „Господи! Праведен Судијо! Нѐ лиши од земните богатства, не лишувај нѐ од небесните! Нѐ оддели од татковците и од мајките, не одделувај нѐ од Твоите Светии. Знаците од крштението се зачуваа недопрени на нас; Ти го принесуваме нашето тело чисто, како Твои вистински младенци!“ Преподобен Макариј Велики вели: „Слушајте како под небесата се наоѓаат реки од змии, усти на лавови, власти на темнината, оган што сите битија ги приведува во смут, не знаеш ли дека, ако не го примиш залогот на Светиот Дух, при твоето излегување од телото, ќе ти ја грабнат душата и ќе те спречат да се вознесеш на небесата?“. Свети великомаченик Евстратиј, откако претрпел страшни удари и мачења, и после прекрасните чуда што ги направил, пред извршувањето на смртната казна, заради постојано и силно исповедување на Христа, Му принел молитва на Бога, во која најпрво Го возвеличал Бога, Кој погледнал на него и му подарил за време на земното страдание да го победи невидливиот ѓавол; а потоа преминал на претстојното одделување на душата од телото, велејќи: „Се возмути и раслаби мојата душа при излегувањето од ова грешно и осквернето тело, лукавиот ѓавол да не ја улови во нешто и да ја фрли во темнина поради невидливите и видливи гревови што ги направив за

време на овој живот! Владико! Биди милостив кон мене и мојата душа да не ги здогледа мрачните лица на лукавите демони, туку нека ја прифатат Твоите светли и пресветли Ангели! Прослави го Твоето Свето Име и со Твојата сила издигни ме на Твојот Божествен Суд! Кога ќе ми се суди, мене грешниот да не ме зграби раката на кнезот на темнината и нека не ме фрли во длабочините на пеколот: туку Ти помогни ми и биди ми Спасител и Застапник. А овие телесни мачења се радост за слугите Твои“. На сличен начин и свети великомаченик Георгиј, кој по благодатта Христова ги поднел сите најстрашни мачења, измислени од злобата на мачителот, кој пред нивни очи воскреснуваше мртовци и со Името Господово ги сруши идолите, кога дошол на местото на казната, излеал ваква претсмртна молитва: „Благословен да е Господ Мојот Бог Кој не ме предаде во челустите на моите ловци и не дозволи моите непријатели за мене да се развеселат, Кој ја избави душата моја, како птица од стапицата на ловците! Владико! И сега услиши ме: Биди покрај мене во часот на мојата смрт, и избави ја мојата душа од замките на воздушниот кнез, тој страшен противник и неговите нечисти духови. И не им го земај ова за грев на оние кои згрешија кон мене во незнаење, но подари им го Твое простување и љубов, за и тие, спознавајќи Те, да примат удел со Твоите избраници во Царството Твое.“ Големиот Божји угодник, тајновидецот, свети Нифонт, епископот на кипарскиот град Констанциј, еднаш стоејќи на молитва, ги здогледал отворени небесата и мноштво од Ангели, од кои едни слегувале на земјата, а други се искачувале нагоре, вознесувајќи човечки души во небесните семејства. Внимателно ја набљудувал оваа глетка и видел како два Ангела одат кон висините, носејќи душа. Кога се доближиле до блудното митарство, излегле демоните на блудот и гневно рекле: „Оваа душа е наша! Како се осмелувате да јаземете, кога таа е наша?“ Ангелите прашале: „На што е засновано ова ваше тврдење? “ Бесовите одговориле: „Сѐ до смртта таа грешеше, валкајќи се не само во природни, туку и во противприродни гревови, покрај тоа го осудуваше ближниот, а што е најлошо од сѐ, умре без покајание: Што ќе кажете на тоа?“ Ангелите возвратиле: „Вистина, нема да ви поверувамениту вам, ниту на вашиот татко – сатаната, додека не ги прашаме Ангелитечувари на оваа душа.“ Прашаниот Ангел-чувар рекол: „Навистина, многу грешеше овој човек, но откако се разболе, веднаш почна да плаче и да ги

20 • • • TROI^NIK • • •


исповедува на Бога своите гревови. Дали Бог му прости, за тоа Он одлучува. Негова е власта, нека е слава на Неговиот праведен суд.“ Тогаш Ангелите, презирајќи ги обвиненијата на демоните, влегоа во небесната врата. Потоа блажениот здогледа и друга душа носена од Ангелите. Демоните, трчајќи кон нив викале: „Зошто ги носите душите без наше знаење, како и оваа, златољубива, блудна, кавгаџиска, наклонета кон разбојништво?“ Ангелите одговориле: „Ние секако знаеме дека таа, макар и да западнала во сето тоа, сепак плачела, воздивнувала, исповедувајќи се и давајќи милостина, па Бог ѝ подари прошка.“ Демоните рекле: „Ако таа душа е достојна за милоста Божја, тогаш земете ги грешниците од целиот свет; нема ние овде што да се трудиме.“ Тогаш Ангелите им возвратиле: „Сите грешници кои со смирение и со солзи ги исповедуваат своите гревови,примаат прошка по милоста Божја; а на оние што умираат без покајание, Бог ќе им суди.“ Така засрамувајќи ги демоните, тие поминале. Пак видел Светиот како се вознесува душата на некој богољубив маж, чесен, милостив, омилен на сите. Бесовите стоеле понастрана и чкртале со забите на таа душа, а Божјите Ангели излегувале од вратата небесна во

• • • TROI^NIK • • •

21

пресрет на неа, поздравувајќи ја, воскликнувале: „Слава Ти Христе Боже што не ја предаде во рацете на непријателот, туку ја избави од адот!“ Исто така видел блажениот Нифонт како демоните влечат некоја душа кон пеколот. Тоа била душа на некој роб, кого господарот го мачел со глад и ќотек и кој, не можејќи да го издржи мачењето, се удавил, наговорен од ѓаволот. Ангелот чувар одел оддалеку и горко плачел; а демоните се радувале. Тогаш дошла заповед од Бога за Ангелот којплачел да оди во Рим, за таму да преземе грижа за новородено дете, кое во тоа време го крштевале. Пак видел Светиот душа носена по воздухот од Ангелите, која од нив ја грабнале демоните на четвртото митарство и ја фрлиле во бездна. Тоа била душа на човек предаден на блуд, разбојништво, кој умрел ненадејно, без покајание. Преподобниот Симеон, јуродив заради Христа, достигнувајќи ја висината на христијанското совршенство, кажувајќи му на својот ѓакон Јован за смртта која му се приближувала, и големата награда на небото, која мубила покажана со откровение одозгора, велел: „Не знам ништо во себе што би можело да биде достојно за небесна награда, освен што Господ сака да ме помилува со Својата


благодат. Знај дека и ти наскоро ќе бидеш земен одовде, затоа погрижи сеза својата душа, колку што можеш, за да можеш безбедно да ја поминеш областа на воздушните духови и да ѝ избегаш на лутата рака на кнезот на темнината. Знае мојот Господ дека и јас сум обземен со силна тага и со голем страв, додека не ги заобиколам тие страшни места на кои се испрашуваат сите дела и зборови човечки.“ Блажениот Јован Милостив, патријархот Александриски, постојано зборувал за смртта и за излегувањето на душата од телото, откако за тоа му открил преподобен Симеон Столпник: „Кога душата ќе излезе од телото“, велел тој, „и почне да се искачува кон небото, ја среќаваат демони и ја ставаат на многу мачења. Тие ја злоставуваат поради лаги, клевети, гнев, злопамтење, инает, срамни зборови, непослушност, подмитливост, среброљубие, пијанство, прејадување, осветољубивост, гатање, омраза, убиство, кражба, блуд, прељуба, ерес, немилосрдност. За време на патувањето на душата од земјата кон небото, ниту самите свети Ангели не можат да ѝ помогнат: ѝ помагаат единствено нејзиното покајание, нејзините добри дела, а најмногу нејзината милостина. Ако овде не се покаеме за некој грев поради заборав, тогаш со милостина можеме да се избавиме од насилството на демонските митарства. Браќа! Знаејќи го тоа, да се плашиме од горкиот час на средбата со суровите и немилосрдни митари, од оној миг кога ќе дојдеме во недоумица како да им одговориме на нашите мачители. Овде да се покаеме за сите наши гревови, да даваме, според нашите можности, милостина, која може да нѐ спроведе од земјата до небото и да нѐ избави од задржувањето од демоните. Голема е нивната омраза кон нас, голем страв нѐ очекува во воздухот, голема неволја!“ Симеон Столпник, кој му открил за митарствата на патријархот, бил Дивногорец, современик на патријархот, само постар од него. До нас стигна извадок од поуката која ја создал лично свети Симеон, каде што тој говори за задгробниот удел на христијанинот. Во оваа поука преподобниот најпрво открива дека му е јавено преку Светиот Дух за малиот број на оние кои се спасуваат, за малиот број на оние кои се заштитени на ангелските раце во сегашноста, т.е. за време на животот на Божјиот Угодник. Понатаму тој зборува како неосквернетата и праведна душа Ангелите ја прифаќаат со љубов, ја утешуваат, ја вознесуваат со песнопеења, ја

22 • • • TROI^NIK • • •


отстрануваат демонската сила и се возвишуваат над дофатот на митарствата. Наспроти ова, грешната душа не дозволува да се вивне во пределите над воздухот: ѓаволот има право да ја обвини. Тој се расправа со Ангелите кои ја носат, покажувајќи ги нејзините прегрешенија, поради кои треба да му припадне нему, наведувајќи ја нејзината недоволност во оној степен на добродетелта, кој е неопходен за спасение и за слободен премин преку воздухот. Преподобниот Јован Раитски, во посланието до преподобниот Јован Лествичник, спомнува за воздушните кнезови, моќниците на овој свет, духовите на злото, сакајќи душекорисните поуки на Синајскиот Светилник да ги раководат монасите кон небесните порти и да ги сочуваат од темните власти, кои го спречуваат искачувањето кон небото. Свети Јован Лествичник кажува како паднатите монаси, принесувајќи длабоко и непрестајно покајание, помеѓу другите свои зборови, исполнети со умиление и проследени со воздишки, го кажувале и ова: „Ќе ја помине ли нашата душа разбрануваната вода на воздушните духови?“ Така зборувале, затоа што сèуште не можеле да ја почувствуваат извесноста, туку оддалеку го набљудувале она што се случува на воздушните митарства. Преподобниот Исаија Отшелник, во заветот до своите ученици им заповедал секојдневно пред очите да ја имаат смртта и да се грижат на кој начин ќе го напуштат телото и како ќе поминат покрај властите на темнината, кои ќе нѐ дочекаат во воздухот. Во словото, тој вели: „Помисли каква е радоста на душата на оној, кој се предал себеси на служење на Бога и кој ја извршува таа служба! При неговиот исход од овој свет, неговите дела ќе се трудат за него; Ангелите здогледувајќи го избавен од властите на темнината, ќе се израдуваат поради него. Кога душата ќе излезе од телото, неа ја следат Ангели, а во пресрет ѝ идат темните сили, сакајќи да ја задржат, и ја мачат, само за да најдат во неа нешто свое. Тогаш Ангелите не се борат против непријателите, туку делата што ги остварила душата, ја оградуваат и ја чуваат од демоните, не дозволувајќи им да ѝ се приближат. Ако победат нејзините дела, Ангелите ѝ упатуваат пофални песни и со радост ја водат пред лицето Божјо. Во тој миг, таа заборава на сѐ што му припаѓа на земниот живот и сите маки кои ги поднела. Внимателно да се погрижиме за време на овој краток век на секој начин да правиме добро и да го зачуваме неповредено од злото, за да успееме да се спасиме

• • • TROI^NIK • • •

23

од рацете на кнезовите на темнината, кои нѐ очекуваат: тие се лукави и немилосрдни. Блажен е оној во кого нема да се најде нешто што им припаѓа ним: неговата радост, мир, веселба и венец се над секоја мерка.“ Некој инок, живеејќи во општежитието на ава Серид, каде што во затворништво молитвено тихувал големиот Божји угодник, старецот Варсонуфиј, приближувајќи се кон својот крај, го молел овој свет Старец да го следи по воздухот на тој пат, кој (инокот што умирал) не го познавал. Големиот Варсонуфиј му одговорил: „Брате! Те предавам на Христа, Кој благоизволи да умре за нас, Владиката на небото и на земјата и на сѐ што постои, Он да го ублажи смртниот страв во твоите очи и да го направи слободен преминот на твојата душа!“ Преподобен ава Доротеј, воспитаник во монаштво во ова исто општожитие на ава Серид, во една од своите посланици пишува: „При нечувствителноста (закоравеноста) на душата, корисно е честото читање на Божественото Писмо и умилните зборови на богоносните Отци, сеќавањето на Страшниот суд Божји, на исходот на душата од телото, за страшните сили кои треба да ја сретнат, со чие соучесништво таа правела зло во овој краткотраен и беден живот.“ Свети Јован Карпатски, утешувајќи ги иноците од Индија, кои истовремено трпеле силно гонење од видливите и од невидливите непријатели и се доближувале до пропаста наочајот, вака им вели: „Војувајќи и повредувајќи,душата која излегла од телото дрско ја напаѓа ѓаволот, тој горчлив и страшен клеветник во нејзините гревови. Тогаш, богољубивата и верна душа, макар и да е повредена со многу гревови, нема да се исплаши од нападите и заканите. Укрепена од Господа, штитена со крилјата на радоста, поддржувана од светите Сили, кои ја поучуваат, оградена со светлината на верата, таа со голема смелост му се спротивставува на лукавиот ѓавол и му одговара: Што имаме јас и ти, кој си туѓ за Бога? Што имам јас со тебе, бегалец од небесата и злобен слуго? Ти немаш власт над мене: власта над мене и над сите Му припаѓа на Христа, Синот Божји. Пред Него згрешивме ние, Нему ќе Му дадеме одговор, имајќи го Неговиот чесен крст како залог за Неговото милосрдие кон нас и кон нашето спасение. Рушителу! Бегај подалеку од нас: нема ништо заедничко помеѓу тебе и слугите Христови! Кога душата зборува вака бестрашно, ѓаволот бега и


вришти: Не можам да му се спротивставам на името Христово! А душата се вознесува над демоните. ...И потоа, во радост ја принесуваат Божествените Ангели на местата што ѝ се одредени според степенот на нејзината духовна возраст.“ „Душата, која по смртта лета во воздухот кон небесните порти“, вели свети Исихиј, имајќи Го покрај себе и во себе Христа, нема толку да се исплаши од своите непријатели, туку храбро, како и овде ќе одговара на вратите. Само за да не ослабне до својот исход, деноноќно воскликнува кон Господа Исуса Христа. Ќе се освети Он наскоро за неа, по вистинското и Божествено Негово ветување, содржано во приказната за неправедниот судија. Вистина ви велам, ќе се освети и во сегашниот живот и по исходот на душата од телото. Ќе нѐ стигне смртниот час, ќе дојде тој, и ќе биде невозможно да се избегне. О, кога кнезот на светот и на воздухот, кој тогаш ќе нѐ пресретне, би видел дека нашите беззаконија се ништожни и безначајни и дека не може да нѐ изобличи како што намислил! Во спротивно, ќе заплачеме безутешно. Слугата, вели Писмото, кој ја знае волјата на својот Господар, и не ја исполни, многу ќе биде мачен. Оној што се родил слеп не ја гледа светлината: така и оној што не пребива во трезвеноумие, не го гледа богатството на блескањето на вишната благодат и нема да се ослободи од лукавите и, омразените за Бога, дела, зборови и помисли. Таквиот, за време на смртта, нема слободно да ги заобиколи тартарските кнезови.“

молитва, која невештествено го соединува со Бога невештествениот ум, си се удостоил како во огледало да ја видиш блажената состојба што те очекува по завршувањето на овдешниот живот, си се удостоил со тоа, примајќи залог на Духот и стекнувајќи небесно царство во себе со блескаво јасно и определено чувство на душата, никако не согласувај се да се разрешиш од телото непредупреден со навестување за смртта која доаѓа. Моли се за тоа и исполни се со добра надеж дека ќе го добиеш тоа објавување, кога ќе ти се приближи крајот, ако е корисно тоа. Секогаш подготвувај се за смртта, оддалечувајќи го секој страв; подготвувај се секогаш за да успееш да го поминеш воздушното пространство, да ги избегнеш лукавите духови, да влезеш смело и бестрашно во небесното опкружување, да им се придружиш на ангелските чинови, со себе да го умножиш ликот на сите избрани и праведни, да Го видиш Бога, колку што е достижно таквото видување.“ Духовното чувство за кое зборува преподобен Теогност, сосема правилно, во светоотечките списи се нарекува известување, според својството на сигурна веродостојност. Тоа настанува со наидувањето на Божествената благодат, која во духовните прегратки на отцитего прима покајаниот и исчистен грешник. Тоа се јавува во душата неочекувано, како нов живот, за кој човекот дотогаш не можел да создаде

Преподобен Теогност: „Неискажлива е радоста на онаа душа, која се разделува од телото со сигурност за своето спасение. Таа го соблекува телото, како облека. Во цврсто убедување таа го прима она што со обручувањето веќе е примено, без тага го одложува телото, мирно излегува од него кон Ангелот – светол и тивок, испратен за неа од висините. Следена од Ангелот, таа без пречки го поминува воздушното пространство, воопшто невознемирувана од злите духови; радосно и смело таа се возвишува, воскликнувајќи благодарности кон Бога, и конечно доаѓа на поклонение кај својот Создател. Таму за неа се искажува определување, кое ѝ наложува да се смести со рамноправните на неа по доблести, каде што со нив ќе пребива до општото воскресение.“ Ако ти, постојано пребивајќи во чиста

24 • • • TROI^NIK • • •


во себе никаков поим. Тоа ја ослободува душата од насилството на лукавите демони и страсти, го променува целиот човек, го соединува со Бога, го воведува целиот човек во чудесна молитва, која од човекот кон Бога ја упатува Духот Божји. Сите коски на таквиот човек, ќе кажат со неискажано духовно славословие и благодарење: Господи, Господи, кој е како Тебе, Кој го избавуваш сиромавиот од рацете на мачителот, а ништожниот и бедниот од оние што го упропастуваат? Таквото духовно чувство е толку силно, што, откако ќе го исполни човекот, внесува во него чувства за други работи: накусо кажано, тоа е предворје на Царството Божјо во душата. Кој се стекнал со такво чувство не живее веќе за себеси, туку за Бога, свртувајќи се целосно кон Него и имајќи Го Него во себе. Во оние, кои себеси се изложиле на самоизмама и на демонска прелест, се јавува мислење за такво чувство и се разликува од благодатното и нему спротивните плодови. „Опомени се душо моја“, трогателно ѝ се обраќа кон себеси скитскиот инок Евагриј, „и помисли како ќе го поднесеш ненадејното твое одделување од телото кога страшните ангели ќе дојдат по тебе

• • • TROI^NIK • • •

25

и ќе те зграбат во мигот кој не го очекуваш и во време за кое ти не знаеш! Какви дела ќе испратиш ти на воздухот, кога ќе почнат да те испрашуваат за твоите дела непријателите твои што живеат во воздухот?“ Така чувствувале и зборувале светите Божји угодници: тие ја разбирале и ја истражувале длабочината на падот човечки; тие ја разбирале и истражувале власта на демоните над луѓето, изникната од тој пад. Затворникот Георгиј Задонски ни опишува еден настан кој се случил речиси во наше време: Архимандритот на Зедонскиот манастир Варсонуфиј бил како во бесвесна претсмртна состојба во текот на три вечери. За тоа време, тој со душата се наоѓал во воздушните митарства, подложувајќи се на мачење за сите гревови сторени од младоста, но го слушнал гласот Божји: Заради молитвите на Пресвета Богородица, на свештеномаченикот Мокиј и стратилатот Андреј, му се простуваат гревовите и му се дава време за покајание... (продолжува во наредниот број) Превод: дипл. теолог Жаклина Трајчев


современи старци и духовници

СТАРЕЦ ФИЛОТЕЈ (ЗЕРВАКОС)

Б

лажениот старец Филотеј (Зервакос) се родил во мај 1884 г., во малото село Пакиа, на Пелопонез. Неговите благочестиви родители Панајотис и Катерина на Крштението му го дале името Константин. Од рана возраст Константин бил богобојазливо дете и секојдневно ја посетувал црквата. Во неговата автобиографија постои расказ, кој сведочи за тоа, со каква острина малото момче преживеало некое видение: „Кога имав осум или десет години… Ѓаволот се појави пред мене во стара крпена облека и обувки, со ужасно лице и со рогови на главата. Тој стоеше на метар од мене и фрлаше камења; тие паѓаа покрај мене, но не ме погодуваа.” Кога Константин го завршил основното училиште, родителите го запишале во педагошко училиште. На 17 години тој станал учител. Момчето сакало да отпатува во Америка, за таму да предава во школа, при една од грчките парохии. Но, Бог судел поинаку. Откако ги прочитал житијата на света Варвара, преподобните Јован Дамаскин, Антониј Велики и другите, Константин почувствувал божествена сладост во срцето, така што тоа се раазгорело со огнена љубов кон Бога и кон сè божествено. По цели денови, спомнувајќи си за Житијата, тој повторно и повторно ги преживувал страданијата на мачениците за верата и слатката тишина на пустиножителните монаси. Неговиот ум бил зафатен само со мисли за Бога и за небесното. Така во него се разбудила желбата да стане монах. Тој ја кажал својата желба на мајка си и во истата ноќ му се јавиле демони во вид на фантастични чудовишта, кои му се заканувале дека ќе го убијат, ако тој не се откаже од својата намера да стапи на патот на монашкиот живот. Опфатен од страв, Константин ја повикал на помош Богородица. Одненадеж, нејзина икона се спуштила од небото – и демоните исчезнале. Кога иконата почнала да се подига, демоните се вратиле уште повеќе разгневени. Така се случило двапати. Третиот пат Константин се фатил за иконата и не ја отпуштал додека не си дошол при себе. Разбудувајќи се, тој отстојал, целиот треперејќи, до самото утро. Од тоа време Константин почнал да се плаши да излегува од дома кога се стемнувало. Чувството

за својот повик кон монашкиот живот, што порано го почувствувал, постепено ослабнувало. Истовремено, световните нешта го искушувале, но Бог не го оставал и го чувал, иако момчето ја подзаборавило својата намера да го остави светот. Наскоро тој станал учител во соседното село Пиникион. Освен работата во школата, тој многу време поминувал свирејќи на мандолина и гитара. На барање на жителите, момчето кое имало прекрасен глас, пеело песни на плоштадот и тие дури го нарекле – славеј. Еднаш тој гостувал кај пријател. Здогледал една книга со прекрасни корици, која се викала „Брилијанти на рајот” – зборник од житија на светите и други духовни дела. На Константин срцето повторно му се загреало со љубов кон Бога, ја зел книгата и веднаш заминал дома, за да ја прочита. Откако повторно го почувствувал допирот на благодатта, тој решил да го остави световното; музиката, дружењето со луѓето и сè друго, што би го сврзувало со светот. Мислите за смртта и за тоа, како неговата душа ќе застане на Страшниот суд, особено подејствувале на него. Константин продолжил да учителствува и имал силно влијание на чувствителните срца на своите ученици. Тој говорел: „Јас сакав; верата и стравот Божји така да ги проникнат нивните срца, та родителите да ги видат како Божји ангели.” Кога момчето стапило на патот на благочестието, станувајќи пример и за ближните, кај него повторно се вратиле демоните, сакајќи со нова сила да го мачат. Во неговата автобиографија има многу силни описи на неговото соочување со нив. По една таква битка тој раскажувал: „Јас се најдов таму, каде што престојуваат демоните. Видов многу нечисти духови кои работеа како во фабрика, изнаоѓајќи секакви стапици за ловење на луѓето.” На крај, тој го победил стравот од темнината и стравот од демонските напади, помислувајќи за тоа дека Бог кој дење се грижи за него, без сомнение, нема да го остави ни ноќе. Со порасната вера и смелост, тој почнал ноќно време да посетува параклиси, во глувите селца, молејќи се додека светот спиел. И секогаш, кога на него се нафрлале демоните, тој се молел на Богородица, и таа доаѓала да му помогне.

26 • • • TROI^NIK • • •


Повикот кон монашкиот живот – што тој очигледно го чувствувал – се засилувал во него. Но, родителите се противеле на неговата желба да го остави светот, особено таткото, кој се заканувал дека ќе се самоубие. Во потрага по манастир кој за него би станал дом, Константин странствувал бос, без никакви предмети, само со Библијата и најпотребната облека во ранец. Така тој пристигнал

во Патра, изморен и сосем истоштен. Овде отецот Евсевиј (Матопулос) му посоветувал да се врати, за да го исполни својот долг кон татковината; да оди во армија: „да го даде на кесарот - кесаревото” и дури потоа да му послужи на Небесниот Цар. Во 1905 г., на возраст од 21 година, Константин пристигнал во Атина, каде и бил повикан за воената служба. Во текот на двеипол годишната воена служба, тој имал можност да го продолжи своето образование во вечерите. Така, тој ги посетувал проповедите на отец Евсевиј, кој исто така се преселил во Атина. Додека Константин служел во Атина, тој имал среќна можност да се запознае и да разговара со свети Николај (Планас) и со свети Нектариј Пентаполски (Егински). Кога ја завршил воената служба, Константин го прашал светителот Нектариј, каде да го започне својот монашки живот. Отец Нектариј одговорил: „Твојата цел е добра, јас те советувам да одиш во Лонговардскиот манастир во Парос, каде што братството е добродетелно и многубројно.” Но, 23-годишниот Константин, стремејќи се да ја оствари многугодишната желба на својот живот, тргнал на север, кон Македонија, која била контролирана територија од Турците и поточно, на Света Гора Атон. Пристигнувајќи во Солун, тој веднаш тргнал да се поклони на моштите на светиот маченик Димитриј, кого многу го сакал и почитувал. Наскоро Турците го фатиле и го обвиниле за шпионажа. Благочестивиот млад човек бил осуден на смрт од секретарот на пашата, но пашата, повикувајќи се на тоа, дека сите околности на случајот не му се познати, не ја потврдил казната. Тој го ослободил момчето, враќајќи го назад во Атина. По неколку години

• • • TROI^NIK • • •

27


Константин дознал, зошто пашата го помилувал. Неговиот другар, со кого тој патувал во Солун, му раскажал што слушнал од пашата.

1923 г. од Константинополскиот патријарх Мелетиј (Метаксакис), а во 1924 г. – од Синодот на Грчата Црква.

Еве што раскажал пашата. „Еднаш наутро јас мирно спиев, кога одеднаш свети Димитриј ми се јави, облечен во генералска униформа и со оружје. Тој строго ме погледна и ми нареди: „Веднаш станувај! Облечи се, обуј се и оди во тоа-и-тоа место во градот, за да го ослободиш младиот човек кого твојот секретар без суд и истрага го осуди на смрт. Штом ќе го ослободиш, испрати го на параходот „Микали” кој се подготвува да отплови кон Грција.” Јас побрзав да го ослободам младиот човек и да го испратам во Грција.”

(Отец Филотеј пишувал, дека, од една страна – новиот календар не бил воведен во Православната Црква ни од Вселенски Собор, ни од Помесен Синод. Напротив, Константинополскиот патријарх Мелетиј (Метаксакис), кој бил масон од 33-ти степен, заедно со шест неправославно-мислечки јерарси, го вовеле календарот неканонски и незаконски, покажувајќи го своето непочитување на Православната Црква и традициите на светите апостоли и светите отци. Од друга страна, почитувајќи ја групата на старостилците кои се одделиле од официјалната Црква, старецот пишувал дека и тие исто така, потпаѓаат под анатема како нарушители и презирачи на големата заповед за љубовта: „Тие ја презроа неа, ја нарушија, отфрлија, се мразат еден со друг, се гризат еден друг, се нафрлаат еден на друг.” Тој особено жалел за тоа, што „некои ревнители на стариот календар веруваат и тврдат, дека Светите Тајни без календарот се недејствени и без календарот нема спасение: Најголема ерес, каква уште немало!”)

Константин се покајал за својата непослушност кон светителот Нектариј и конечно, се упатил кон Лонговардскиот манастир, каде што игуменот и браќата го примиле со голема љубов и радост. По седум месеци, откако пристигнал во манастирот, во декември 1907 г., тој бил пострижен во мала схима со името Филотеј (што значи: „Богољуб”), а следниот ден бил посветен во ѓаконски чин. Со благослов на својот духовен отец по неколку години, во 1910 г., отец Филотеј направил поклоничко патување на Света Гора. Тој таму остварил неколку душеполезни познанства, но бил разочаран од општата духовна состојба на светогорците. Враќајќи се преку Солун, отец Филотеј повторно бил приведен од Турците како осомничен за шпионажа. И повторно свети Димитриј му дошол на помош. Отец Филотеј се вратил во Лонговарда, каде што во април 1912 г. бил ракоположен во свештенички чин, а во октомври следната година бил произведен во чин архимандрит. Тоа произведување означило важна промена во животот на отец Филотеј: Тој почнал да исповеда и да произнесува проповеди на Егинските острови, а подоцна и во Атина, на Пелопонез и во други делови на Грција. Во март 1924 г. тој извршил големо патување, исповедувајќи луѓе и проповедајќи во јужна Грција, на Крит, во Палестина, Арабија, Египет и на гората Синај. Отец Филотеј бил многу восхитен од посетата на Светата Земја и потоа ги убедувал христијаните да одат таму на поклоништво, а да не патуваат по Европа.

Поделбата што се појавила во врска со нововoведувањето, ги повредувало односите меѓу православните христијани кои се придржувале до традиционалнниот и до новововедениот календар. Тие станувале меѓусебни непријатели. Сето тоа на старецот му причинувало големи страдања и тој се молел за востановување на традиционалниот црковен календар и за помирување на двете групи. Дури и потоа старецот не се одделувал од својот епископ кој ги прифатил измените, но и не се придржувал до новиот календар, останувајќи еден од најотворените противници на новововедениот

манастирот Лонговарда

Во истата година настанал големиот смут во Црквата заради новото воведување на григоријанскиот календар, прифатен во

28 • • • TROI^NIK • • •


помагајќи им на сиромашните и гладните на Парос. Од 150 до 200 жители на островот секојдневно добивале храна во манастирот и ако не би ја имале поддршката од братството, од глад би умреле околу 1500 луѓе. Отец Филотеј се застапил пред германскиот комесар на островот, Георг во Меренберг, за 125 млади луѓе, осудени на смрт. Комесарот немал намера да отстапи, но се согласил, кога отец Филотеј предложил; и самиот тој да биде казнет заедно со осудените.

о. Филотеј како игумен на манастирот Лонговарда календар. До крајот на својот живот старецот тврдел дека, иако причина за поделбата била воведувањето на григоријанскиот календар и единствениот пат кон обединување е враќањето кон јулијанскиот календар, ни една од страните не е без заблуди и двете страни потпаѓааат под различни анатеми. „Четириесет години го молев и го молам Бога да ја запре оваа ужасна бура, ова бурно море во црковната средина, да донесе мир и еднаш ноќе невидлив глас ми рече: „На своеволните Бог им испраќа искривени патишта”. Јас се надевам и го молам Небесниот Отец да ги просвети црковните водачи да престанат да се напаѓаат еден со друг, да се помират и да го вратат во Црквата православниот календар кој ни е даден од отците.” Во 1930 г., кога Јеротеј, игуменот на Лонговарди, се упокоил, архимандритот Филотеј бил избран на неговото место. Тој тогаш имал 46 години, но се одликувал со најголемо благочестие, неколеблива вера во Бога, трудољубивост, смирение и ревност кон црковните традиции и многумина го почитувале како свет подвижник. Како дополнување на своите зголемени обврски во манастирот, отец Филотеј продолжил да прави мисионерски патувања во другите делови на Грција за проповедање и духовно хранење на Божјиот народ. За време на италијанската и германската окупација (1941-1944) тој неуморно се трудел,

• • • TROI^NIK • • •

29

По војната отец Филотеј ја продолжил својата мисионерска дејност. Неколку пати во годината тој патувал на различни острови и во многу села и градови на северна и јужна Грција, поучувал, советувал и исповедал. Освен управувањето со Лонговардскиот манастир, тој поддржувал и некои женски манастири. Во својата автобиографија тој напишал, дека за време на тие мисионерски патувања „бев толку истоштен, што паѓав во постелата мислејќи дека никогаш веќе нема да застанам на нозе, туку ќе умрам или, од болест, многу денови ќе лежам неподвижен и бездејствен. Но секогаш, разбудувајќи се наутро, се чувствував исцелен и сосем здрав. Тоа ме поразуваше и ми помагаше да ја осознаам својата ништожност и

Majoрот Георг вoн Meренберг, германски командант на окупираниот Парос, потекнувал од татко германец, а од мајка русинка - меѓу чии предци биле рускиот цар Александар II и поетот Александар Пушкин.


слабост заедно со силата на Божјата благодат (без која ништо не можеме да направиме).” Освен даровите; да исповеда и да проповеда, отец Филотеј имал и писателски талент. Во писмо до него, Такис Папацонис го фали, забележувајќи дека, неговиот „писателски дар може да се споредува со врвните трудови на образованите отци на Црквата.” Отец Филотеј бил плоден писател. Тој издал само девет книги, иако има напишано огромен број статии, брошури и околу десет илјади писма со духовна содржина до духовните чеда по целиот свет. Блажениот старец пишувал за да го поддржи Божјиот народ во борбата за својата вера и да повикува да останат верни на свештеното Предание, наследено од отците на Црквата. Старец Филотеј продолжувал да го поткрепува и води Божјиот народ. Неколку недели пред неговото упокојување, него го посетил архимандритот Дионисиј, игумен на манастирот Симонопетар, еден од неговите духовни чеда. Тој ја ислушал последната исповед на отец Филотеј, а следниот ден старецот се причестил со светите Христови Тајни. Тој умрел наскоро, на 8 мај 1980 г. По неговото упокојување, луѓето од сите краишта на Грција со надгробни слова ги фалеле неговите добродетели. Игуменот Гавриил (18861983), настојател на светогорскиот манастир Дионисијат, напишал едно од најпрекрасните и трогателни проштални слова: „Пред дванаесет денови наставникот на нашиот духовен круг заспа со вечниот сон – учител и раководител на тајноводствениот живот на нашата земја, преподобниот отец Филотеј, гордост на монаштвото – три четвертини од животот помина учејќи го народот со добри дела и со зборови, толку неопходни за секој православен христијанин. Јас не можам да пронајдам зборови, достојни за големиот проповедник на покајанието и столб на Православието.” Од книгата на англискиот православен богослов Герман Мидлтон: „Драгоцени садови на Светиот Дух: Животописи и духовни совети на современи грчки старци” (Солун, 2003). Превод од руски: протоѓакон Т.Петрушевски

30 • • • TROI^NIK • • •


семејство и воспитување

ЗА СЕМЕЈСТВОТО, ЦРКОВНИОТ И ГРАЃАНСКИОТ БРАК

А

ко Христијанството утврдило поглед на жената како на човечко суштество со исто значење и права од морална, општочовечка гледна точка, тогаш е очигледно дека и во сите приватни положби во животот, Христијанството не може да ја замисли жената надвор од тие права. Односите на мажите кон неа, во сите случаи, треба пред сè, да бидат проникнати со тој дух; нејзината улога во семејството или во општеството не може да дозволи ништо што би го понижувало нејзиното човечко достоинство. Впрочем, тоа сè уште не исклучува некои посебни услови во животот на жената, услови кои се предизвикани од нејзините специфични женски способности. Преминувајќи на разгледување на ова своевидно значење на жената од христијанска гледна точка, треба да покажеме во која мерка Христијанството го признава таквото значење. Во каков однос се наоѓа ова последното кон општочовековите права на жената?Останува ли Христијанството постојано верно на својот општ, веќе познат принцип за значењето на жената во условите на нејзиниот приватен живот како жена, мајка и сл., или пак, отстапува од тој принцип, како што понекогаш се мисли? Според природниот, сеопшт закон, доаѓа до заемна привлечност помеѓу двата пола. Тој закон му е својствен на целиот животински свет. Но, кај луѓето, како духовно-разумни суштества, заемната привлечност помеѓу половите не треба да се потчинува на простите инстинктивни потреби на животинската природа, туку треба да е во согласност со умно-етичките принципи. Оттука, заемната привлечност помеѓу половите се појавува во форма на брак, чии услови, секогаш, на овој или на оној начин, се одразуваат на положбата на жената. Колку понизок е умно-етичкиот развој кај луѓето, толку погруби се формите на заемните односи помеѓу половите, па понекогаш бракот се приближува, дури и кон најприземниот животински однос. Исус Христос не наложувал ништо што е спротивно на нашата природа, но заповедал,

• • • TROI^NIK • • •

31

подвижнички да ја преобразуваме нејзината животинска страна , те. паднатоста, особено повикувајќи го човекот на усовршување на духовниот и умно-етичкиот живот, па да е во согласност со тоа и образецот на заемните односи помеѓу мажот и жената, кој е заснован на тие принципи.Животинскиот поглед кон жената, под чие влијание во неа се гледа само предмет за инстинктивно насладување, каде што во жената исклучиво се цени нејзината полова привлечност, потполно е спротивен на духот на Христијанството. Кој на жената гледа со сладострастие, поклонувајќи се исклучиво на нејзината телесна убавина и женска заводливост, распалувајќи во себе нечисти, сладострастни желби, тој, според христијанското мислење е еднаковна прељубниците, а прељубниците не припаѓаат во заедницата на верните. Тие треба да бидат осудени и нема да влезат во Царството Божјо (Матеј 5, 28- 1 Кор. 5, 1-13). На ист начин и жената, која се труди со својата надворешнапривлечност кај мажот да ја распали страста, совршено ги понижува своите духовни квалитети и подлегнува на осуда. Во старо време, исто така, била забранета прељубата, но тогаш под тоа се подразбирал само надворешниот чин на престапот; на внатрешните чувства речиси воопшто не се обрнувало внимание, бидејќи толку бил низок и духовниот развој на луѓето. Во Христијанството пак, како во учење со најголема дховност, се осудува и внатрешното чувство доколку е нечисто, се осудува и помислата ако е престапна, макар и да не е спроведена во дело. Забраната на надворешните престапи овде се смета за недоволна; овде гревот се засекува уште во коренот, во најскриените движења на човечката душа, во помислите на умот. Тој највозвишен поглед на гревот прељуба, очигледно за жената има големо значење. Оттука, таа не е предмет само за физичко уживање на мажите, туку нејзините духовни квалитети се шират. Во согласност со таквиот поглед на жената, произлегува и нејзиното големо значење во бракот.


Развивајќи го Своето учење за бракот (Матеј 19, 3-15), Спасителот во неговата основа го поставил Законот Божји, кој бил даден при создавањето на човекот, и кој ѝ е својствен само на неговата природа. Според Книгата Битие, првобитниот човек, кого Бог богато го беше обдарил со даровите на Својата благост, не уживал во целост во доделените блаженства додека бил сам. Тие големи дарови не си ја наоѓале примената, заемното чувство. Неговата мисла барала друго разумно битие, неговите зборови тажно и без одговор лебделе во воздухот, неговото срце, полно со љубов, барало друго срце кое ќе биде како неговото, кое во целост би можело да ги сфати неговите движења и заемно да им одговара. Сите овие сили на духот, секако, на овој или на оној начин, се однесувале кон Создателот, но Создателот, како најголемо Битие, не му бил во целост достапен на човекотбитие, не одговарал на нивото на неговите човечки

стремежи. Другите пак суштества од видливиот свет, според природата биле пониско од човекот и со самото тоа не можеле да му одговараат на неговите стремежи. На човекот му било неопходно битие, кое би имало иста природа како него. Не е добро за човекот да биде сам, - велел Создателот, - да му создадеме помошник, сличен на него (Битие 2, 18)! И така, Бог ја создаде жената – битие со иста природа како и мажот. Но, тоа не било ново битие, не надворешен или случаен додаток, туку некој вид на „дополнување“ на истото она, сè уште непотполно човечко битие. Жената е создадена по мажот очигледно само затоа, што било потребно човекот да ја сфати својата непотполност и неопходност за да се дополни неговото битие. Затоа, оној што го опишува постанокот во првата глава, најпрво зборува за поредокот на создавање, а дури на крајот зборува за создавањето на човекот: И Бог го создаде човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско

32 • • • TROI^NIK • • •


ги создаде (Битие 1, 27). Во согласност со ова, и првобитните називи за мажот и жената имаат исто значење и изразуваат само разлика во половите, ништо повеќе од тоа. На еврејски името за жена е „Иша“, а за маж „Иш“. И едното и другото може да се однесуваат за поимот човек како видови: првото означува човек во женски род, второто – во машки. Оттука и Адам на жената гледал како на дел од своето битие: „Еве, тоа е коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека ѝ биде името жена (Иша), зашто е земена од маж (Иш)“ (Битие 2, 23). Со појавата на човекот во неговиот полн состав, се појавил и законот на сопружничкиот, те. на брачниот живот. Мажот и жената добиле заповед да го умножуваат својот род, да господарат над сите суштества и да владеат со сета земја, како и заповед за храната во Рајот, со едно ограничување (Битие 1, 28-29; 2, 17; 3, 2). На тој начин, на првобитниот брачен пар му било наменето да живее ист живот на духовно растење и богопознание. Тој бил тесно поврзан, не само надворешно, туку и со внатрешна, духовна врска. Изразот од Книгата Битие: ќе бидат едно тело (Битие 2, 24), не укажува на еднострана врска на првиот брачен пар, туку на нејзината блискост и нераскинливост во која, на пример, мажот не може да ја понижува жената, а притоа да не се понижи самиот себе, не може да ги оддели своите интереси, својот живот од неа, исто како што и таа не може да ги оддели од мажот. Оваа мисла за најблиската врска, за мистичната хармонија на животот на првобитниот брачен пар – Адам и Ева, писателот на Битие ја изразува и во последниот стих на втората глава: и беа обајцата голи, Адам и

• • • TROI^NIK • • •

33

жената негова, и не се срамеа. Но, откако првите луѓе ги прекршиле пропишаните односи кон Бога Создателот, се (пореметила) и хармонијата на нивните заемни односи, а појавата на дисхармонија, пред сè, се гледала преку чувството на срам: и разбраа дека се голи (3, 7). Земајќи го за основа првобитниот образец на бракот, Христијанството се грижело подетално да го објасни и ги покажало сите услови и последици што се поврзани со таквиот брак. Ако мажот и жената претставуваат две неопходни, и според својата природа, подеднакви половини на целокупното човечко битие (Битие 1, 17), тогаш нивниот сојуз во бракот е сосема нормален, рамноправен и не може да води кон угнетување на едната или другата брачна половина. Во име на брачната врска, на своевиден начин, се прекинуваат биолошките, крвни врски помеѓу родителите и децата. Ќе остави човек татко и мајка, говорел Исус (со зборовите на Битие) против фарисеите, кои во бракот не ја признавале блиската, внатрешна и нераскинлива врска – и ќе се прилепи до жената своја и ќе бидат обајцата едно тело (Матеј 19, 5). Нивните полови особини, како физички, така и духовни, се соединуваат, заемно се дополнуваат и даваат целосен, нормален тип на човек. Затоа сопружничката врска обврзува на заемно согласување, општење и нераскинливост. Ниту едната, ниту другата половина немаат никакви предности во брачните односи; волјата на едниот треба да биде иста со волјата на другиот. Ниту мажот без жена, ниту жената без маж не можат да се замислат (1. Кор. 11, 11). Како жената не е


господар на своето тело, туку мажот, така ниту мажот не е господар на своето тело, туку жената. Не можат да се лишуваат еден другод брачно општење без заемен договор (1. Кор. 7, 4-5). На тој начин, ако мажот и жената целосно и подеднакво си припаѓаат еден на друг, ако еден со друг заемно се дополнуваат, тогаш природно е и барањето за единство во бракот. Вистински сопружнички сојуз е можен само помеѓу еден маж и една жена. Секој нека си има своја жена, и секоја жена свој маж (1 Кор. 7, 2). „Ако Бог сакал – вели свети Јован Златоуст – човекот да ја остава жената своја и да зема друга, Он би создал еден маж и многу жени“. „Премудриот Логос – расудува свети Григориј Богослов – влевајќи љубов во градите на двата пола, ги побудува да се стремат еден кон друг. Но, за секоја жена да трча кон секој маж, Логосот (Христос) поставил граница на желбите, и тоа се нарекува брак. Таа узда е за оние што не знаат за мерка, за од нивните стремежи и необуздани пориви, при што луѓето во толпа би се привлекувале едни со други, да не згасне светиот човечки род од незаконските врски и за (похотатата), која ја придвижува незапирливата непромисленост, да не

предизвика кај сите и борба и огорчување“. Оттука многуженството, кое било многу раширено во стариот свет, од христијанска гледна точка, претставува сосема ненормална појава, спротивна на човековата природа, бидејќи во неа се пресекува, се разделува едното исто тело. Пресеченото тело умира и брачната врска, разединета во полигамијата, го губи својот живот, својата смисла. Тоа е така, бидејќи во таа брачна врска, двете личности, така да кажеме, се соединуваат во најсовршено единство на животот и повеќе ниту едно од нив не може ниту да помисли дека воопшто му е потребно да влегува во такви односи со некој трет, четврт, итн. Ако се појави таков стремеж, единството на животот се прекинува, заемното дополнување станува невозможно и бракот добива карактер на чисто инстинктивно, физичко задоволство,животински нагон. Превод: дипл. теолог Жаклина Трајчев

34 • • • TROI^NIK • • •


духовни поуки

ДУХОВНИ ЗАКОНИ Старец Пајсиј Светогорец

Б

идејќи некои луѓе ќе си го постават прашањето: „Поради што Бог допушта праведниците да бидат мачени, искушувани и клеветени, и тоа луѓе како што е, на пример, човекот Божји Хаџи-Георгиј – кој беше една чиста душа уште од детството?“, си помислив дека би било добро да го напишам она што го чувствувам.

Така праведниците, имајќи ја оваа благородна љубов, не очекуваат небесна награда за добрите дела кои им ги вршат на ближните, бидејќи тие се деца Божји и делуваат исполнети со „филотимо“*(објаснувањето на зборот се наоѓа на крајот од текстот) во својата сопствена куќа која претставува Црква Христова.

Сосема е природно тоа што Божјите судови за нас се непоимливи, но по мое мислење, може да биде и следнава работа: Ако Бог не би допуштил одредени праведници да бидат клеветени, како тогаш би можеле да останат прикриени вистинските виновници– оние, кои поради егоизмот, не можат да го поднесат својот престап? Земјата им е тесна, а демоните бараат можност да ги доведат до очајание, за да си наштета самите на себеси и со тоа да си натоварат вечна осуда. Големата љубов Божја допушта праведниците да бидат неправедно обвинети и наклеветени, за слабите души да не бидат изгубени; но сепак, на крајот, вистината излегува на виделина. Знаејќи го ова,нам ни станува полесно да имаме добри мисли кога ќе слушнеме лоши зборови за нашиот ближен и да се запрашаме: „Да не е, сепак, можеби тоа клевета?“ Со тоа, на природен начин, дури и вистинските виновници ќе бидат утешени, почнувајќи малку по малку да ја чувствуваат својата вина; гласот на нивната совест ќе почне да им пречи и тие ќе се поправат ако имаат добро настроение. Накратко речено, понекогаш Бог го олеснува бремето на престапникот и дозволува силните и праведните да бидат наклеветени.

Кога луѓето би помислиле колку добра и вечна радост добиваат нивните души (радост која ја чувствуваат веќе во овој живот) кога ќе направат макар и најмало добро на ближниот, тие би молеле ближниот тоа да го прифати, па дури и би им заблагодариле. Преобразувањето кое се случува во душата и радоста на срцето која ја чувствува милостивиот човек кога му дава корка леб на сиромавиот, не може да се купи ниту од најдобриот кардиолог, макар и да му платите со полна вреќа долари. Такво озарување и радост чувствуваат душите на христијаните кои држат бденија, се молат и постат. Ова не можат сосема да го разберат луѓето

Природно, оние со кои неправедно се постапува претставуваат најљубени деца Божји. Меѓутоа, според моето мислење, тие самите за себе тоа не го ни помислуваат. Напротив, тие веруваат дека е можно да се виновни за нешто и затоа благодатта Божја ги напуштила. Таквите можат да бидат по затворите и да се чуствуваат како виновници, измачувани од страна на сопствената совест и преплавени со покајание. Иако со нив очигледно се постапува на неправеден начин, тие во своето срце го имаат Христа со Кого исто така се постапувалочувствуваат како да се во рајот; бидејќи каде што е Христос, таму е и рајот.

• • • TROI^NIK • • •

35


кои јадат што сакаат и кога сакаат, кои пијат вино и освежителни пијалоци. Секако, како што реков, Божјите деца не го прават ова свесно, со цел да ја стекнат Божјата награда или пак духовната радост во овој живот. Децата не се платени од својот Отец (Небесен) бидејќи сето Очево богатство веќе им припаѓа. Нешто сосема различно претставува прашањето кои божествени дарови Бог ќе благоизволи да ни ги понудикако наш добар Отец веќе во овој живот и во вечноста. Како што многумина кои работат за плата се наемници, така имногуте кои го избегнуваат гревот– тоаго прават само за да не бидат осудени, и исто како и првите, го гледаат само својот личен интерес. И тоа е на некој начин добро дело, но во него нема ништо благородно, бидејќи по огромната жртва која Христос ја поднел заради нашето искупување, и ние би требало од „филотимо“ да не се најдеме во пеколот, за да не Го ожалостуваме Христа со тагата која ќе ја чувствува поради нашите страдања. Ова е оној вид на љубов која ја имале Светите Отци на нашата Црква кон Христа. Многумина од нас, за жал, имаат само една инфериорна љубов, која е ограничена од потребата да се избегне казната. Ваквата љубов оди рака под рака со маловерието; со други зборови, ние уживаме во работите од овој свет само до степенот на кој чувствуваме дека нема да бидеме казнети во овој живот, притоа сметајќи дека нема да бидеме лишени ниту од рајот. Кога Христос би ни рекол: „Деца мои, рајот сега е исполнет и немам место каде да ве сместам“, некои од нас бесрамно би Му одговориле: „А поради што тоа порано не ни го кажа?“ Некои други, пак, ќе побрзаат да не изгубат нитуеден миг кој може да се искористи за уживање и забава и веројатно никогаш повеќе нема да сакаат ни да слушнат за Христа. Меѓутоа, децата Божји кои имаат „филотимо“, со свештен стравби Му рекле на Христос: „Воопшто не грижи се за нас, нам ни е доволно што знаеме дека рајот е исполнет; тоа нам ни донесува таква радост како и ние да сме во рајот“. Тие ќе продолжат со својот духовен подвиг како и порано, чувствувајќи „филотимо“кон Оној Кого го сакале со чиста љубов. А Христос, кој и Самиот е Љубов, ќе се всели во нивните чисти срца како што бил во светото тело на Пречистата Дева. Случајот како со старец Хаџи-Георгиј, секако, се многу ретки. Бог тогаш допушта крепкиот праведник да страда и да го носи бремето на

слабите и на оние кои се вистински виновници, за на таков начин да им помага на своите ближни. Во ваквите случаи можеме да кажеме „по Божјо допуштение“, а не тогаш кога ние потклекнуваме во борбата со злиот непријател и за тоа ги „обвинуваме искушенијата“. Со други зборови, само во првиот случај делуваат духовните закони. „Зашто секој што се воздига, ќе биде понизен, а кој се понизува ќе биде воздигнат“ (Лука 18, 14) Според мое мислење, ова е начинот на кој духовните закони делуваат. Што посилно фрлиме некој предмет во висина – толкупоголемо е забрзувањето со кое земјината тежа го привлекува и тој се разбива (закон во физиката). Што повеќе некој се превознесува– поголемќе биде неговиот пад и по мерката на неговата гордост ќе биде и „разбиен“, освен ако неговата гордост не ги надминува човечките мерки и ја достигне демонската гордост. Во таквиот случај, човекот не подлегнува на критериумот на духовните закони кои владеат во овој живот, туку повеќе на апостолските зборови: „А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, заблудувајќи други како и себеси.“ (2 Тим. 3, 13). Меѓутоа, ако на самиот почеток човекот ја забележи гордоста и скрушено Му се помоли на Бога за простување, милостивите Божји раце таквиот со радост нежно ќе го приземјат и неговото спуштање (се мисли на гордоста) ќе биде едвај забележливо; тој нема да биде разбиен од падот бидејќи неговото срце веќе било скршено со покајанието кое Му го принел на Бога. Исто се случува и со човекот кој некогаш забил нож во грб некому. Кога таквиот искрено и со срдечен бол ќе се покае, Добриот Бог не допушта во сегашниот живот како праведна казна да прими ранување од нож, бидејќи срцето на човекот кој се кае е прободено од неговата сопствена совест која го мачи и поради која многу страда. Тогаш Бог, како Отец Кој љуби, наместо нож му дарува балсам од Својата Боженствена утеха на таквотонажалено срце. Но сепак, од длабокото „филотимо“, човекот кој згрешил упорно бара од Бога да биде казнет за грешката која веќе Он му ја простил и поради која тој, покајувајќи се, веќе бил избавен од дејството на духовните закони, и тогаш Бог му ја услишува молитвата која се раѓа од неговото „филотимо“,во исто време подготвувајќи му непропадлив венец на славата. Секој човек кој ги исполнува заповедите и бара од Бога да биде казнет за гревот на својот брат

36 • • • TROI^NIK • • •


или да ја земе врз себе болеста, станува сличен на Христос. Христос тогаш е допрен од ваквата благородна љубов на своето чедо. И навистина, освен тоа што Бог Му дава благодат да ги земе врз себе гревовите на другите, Он исто така допушта овој човек да поминува низ различни искушенија сообразно на неговите усрдни молитви. Истовремено, Бог за него подготвува дијамантски маченички венец, бидејќи многу луѓе го осудувале „судејќи по изгледот“, мислејќи дека Бог го казнува за неговите гревови, додека тој човек станал светлосен духовен столб од чисто злато и поради својата љубов кон ближнитесе уподобил на Христос. Помеѓу судовите Божји – кои за нас претставуваат несогледлива бездна –го наоѓамеи овој, сличен на оние кои ги сретнуваме кај пророците и светителите, како и кај илјадници други случаи; и што е најчудно од сè, и самиот Бог се менува кога човекот ќе се промени. Значи, духовните закони се разликуваат од природните по тоа, што духовните подразбираат сострадалност и тогаш човекот си има работа со својот Творец – НајмилостивиотБог. Кога, на пример, немирното дете ќе дојде, ќе се покае и го почуствува прекорот од сопствената совест, неговиот татко нежно и со љубов го милува и го теши. Отецот ги воспитува своите деца од љубов, со желба да си дојдат на себе и да пријдат блиску до Него. Ниту поради скратување на маките, ниту поради овосветската легалистичка праведност, туку од божествена добрина и секогаш за добро на своите деца,така, за сите да се спасат и да го наследат Неговото Царство Небесно. Нека Добриот Бог, делувајќи како Бог, не го земе во предвид нашето роптање; само да се спаси сиот свет. Амин. Белешка: *Филотимо–грчки израз. Старец Пајсиј овој збор го разбира отприлика вака: со побожност прочистена добрина, светлозарна љубов на скрушениот човек кој е лишен од себељубие, чие срце е исполнето со благодарност кон Бог и кон ближните; кој поради својата исклучителна духовна чувствителност сака да возврати и за најмалото добро кое му е направено. Од предговорот на книгата „Старец Хаџи-Георгиј Светогорец (1809-1886)“ Превод: Ѓакон Димитар Арсовски

• • • TROI^NIK • • •

37


православен духовен живот

ЗА НЕПРАВИЛНИОТ ОДНОС КОН ДУХОВНИКОТ (2) Aрхимандрит Рафаил Карелин

С

ега кажете ми, кога отидовте кај духовникот, дали се молевте Бог преку него да ви ја открие Својата волја и да ви даде сила да ја исполните?“

станале навика кај човекот и својство на неговиот карактер. Ќе ви укажам на некои од нив, кои се најштетни за внатрешната врска и за разните односипомеѓу духовникот и духовното чедо.

Жената одговори: „Па кога е тој духовен отец, тоа се подразбира; мислам дека нема потреба да се молиме за она што е така јасно.“

Пред сè, тоа е претераната самоувереност и строгост на духовникот која не го поправа, туку го крши човекот. Тоа е слично како кога болниот би дошол кај лекарот за помош, а овој го тепа со стап по главата. Обично ваквите строги духовници се снисходливи кон самите себе и затоа не ја разбираат тежината на правилата и казната која ја одредуваат на другите.

Духовникот ѝ рече: „Господ ја открива Својата волја преку духовникот само тогаш кога чедото е подготвено. Ако имате заборавено да се помолите, тоа значи дека сте заборавиле на Бога. Како Бог вам ќе ви ја открие Својата волја? Оној кој доаѓа кај духовникот поради поврзаност, навика или досада, ќе добие одговор според своето срце, односно ќе биде казнет со неправилен одговор од духовникот.“

Не помалку е штетна и прекумерната нежност.

Жената запраша: „Што значи тоа неправилен одговор?“ Духовникот објасни: „Одговорот е суштински правилен бидејќи одговара на душевната состојба на човекот, но ќе биде пратена и некоја мака, бидејќи преку тој одговор Бог не му дава благослов на човекот, туку го казнува, односно го вразумува, укажувајќи му дека не треба да си игра со оган.“ Жената праша: „А каков е тој оган?“ Духовникот одговори: „Тоа е благодатта Божја со која треба внимателно да постапуваме. Ако помеѓу духовниот отец и чедото постои неправилен однос, оганот ќе ја запали страната која е виновна.“ Жената повторно праша: „А за што би бил виновен наставникот пред своето духовно чедо? На какви опасности овде може да наиде човекот?“ Свештеникот по извесно време одговори: „Тешко ми е да говорам за тоа бидејќи секој човек, вклучувајќи го и духовникот, има свои недостатоци и слабости со кои мора да се бори со напор и молитва, призивајќи ја напомош Божјата благодат. Ги имам во предвид и гревовите кои

38 • • • TROI^NIK • • •


Кога „нежниот“ духовник зборува со своите духовни чеда, се чини дека ги гали по главата и им истура елеј. Вербалната нежност може да се употреби понекогаш, кога човекот паѓа во очај во поглед на своето спасение, но во други случаи, неумешната нежност го успива човекот и гревот престанува да биде страшен. Луѓето често се поврзуваат со ваквите духовници, притоа не сфаќајки дека го сакаат гревот во себе и можноста за добивање „анестезија“ на својата совест. Ваквиот наставник наликува на лекар кој го убедува болниот дека е здрав. Болниот излегува утешен и охрабрен, а болеста продолжува во меѓувреме да се развива и на крајот завршува на најтажниот можен начин. Зар не подлегнува на казна лекарот, кој поради сожалување на болниот му дава горчлив лек и не превзема хирушки зафат кога е тоа потребно, поради што и болеста напредува? Затоа ваквата „добрина“ не е ништо подобра од крутоста. Духовното чедо не треба од својот духовник да бара утеха, туку помош во патот на спасението. Ако духовникот е млад, неискусен, а освен

тоа,ако и самиот не пребивал во послушание, туку по своја волја прифаќа да раководи со други, тој личи на лекар кој со затворени очи поставува дијагноза и помешувајќи ги билките, честопати на лековитата материја додава и отров. Лошо е ако духовникот не се однесува еднакво кон сите: кон едни да покажува посебно внимание и наклонетост, а другите едвај да ги трпи. Тоа значи дека тој сè уште се наоѓа во полето на страстите, а страстите се разновидни. Нему може да му се допаѓа обожавањето од страна на духовното чедо, пофалбите и ласкањата од кои тој преде како да го чешаат по ушите. Тоа може да биде скриена похота, кога предност им се дава на оние кои имаат убави лица. Духовникот во секое лице треба да го гледа образот и подобието Божјо. Нему му е даден златен предмет покриен со кал, а тој треба да го очисти. Доколку духовникот обрнува внимание на националноста, потеклото, богатството или сиромаштвото и такви слични работи, тој само живее во надворешностаи душата на оној кој му се обраќа за помош му останува туѓа. Ваквиот духовник личи на лекар кој на пациентот му нуди помош во согласност со неговата облека која ја носи. Следната пречка е лажливоста на духовникот. Лажливоста потекнува од многу причини: кукавичлук, гордост, сластољубие и така натаму. Преку лагата слабиот човек сака да стане силен, но лагата го фаќа во својата силна прегратка. Основата на духовниот однос е искреноста. Каде што има лага, таму се затвора човечкото срце, каде што има лага нема љубов. Овде не зборуваме за лагите како морален пораз кој може секому да се случи и да се повтори, како и секој друг грев, туку зборуваме за навиката човекот да лаже, без да биде прекорен од совеста, не црвенее, а притоа истовремено гледа во соговорникот со мирен и јасен поглед. Некои се тешат со тоа дека кога лажат имаат добра намера, но тоа е догма на језуитите кои Православието го сметаат за морална ерес. Господ рекол дека секоја лага е од ѓаволот (Јован 8, 44). Недопустливо е кога духовникот кон своите чеда се однесува семејно или пријателски. Тоа е лажно смирение, преку кое се уништува духовната хиерархија и наместо неа настанува некакво изедначување, а потоа и уште полошо: ваквиот духовник неговите духовни чеда почнуваат да го поучуваат и да го исправаат. Покојниот схиигумен Сава говореше: „Духовникот не ни е даден заради пријателство, туку заради спасение“. Таму каде

• • • TROI^NIK • • •

39


што односите преминуваат на пријателска база, нема да има духовен напредок. Чедото престанува да гледа во духовникот алка помеѓу себе и Бога и на крајот, станува лик од некоја игра. Уште еден недостаток на духовникот е прекувременото занимавање со световни работи:домаќинство, политика, белетристика, општествени и културни проблеми и слично. Ваквиот свештеник живее на душевно ниво и во својот круг ги вовлекува и духовните деца. По прашањата на духовниот живот останува без никакво знаење и опит. Кога одговара на ваквите прашања, тоа го прави само за да не се „засрами“ пред луѓето и да не помислат дека нешто не знае, па затоа,и одговорите му се честопати неумесни. Таму каде што почнуваат политиката и науката во општеството, таму нема да најдете духовен живот. Уште сакам да ве потсетам дека послушанието има една и единствена цел – совладувањена гордоста и борба со страстите заради задобивање на благодатта Божја. Поради сè помалиот број на благодатни духовници не треба да се отфрла послушанието, туку треба да го проверуваме и усогласуваме со евангелските заповеди кои се задолжителни за сите: тие се вечни и непроменливи.Во старо време духоносните отци ги испитувале своите повереници поставувајќи им задачи кои биле тешко остварливи и ризични, но сега оваа методане делува: таа ќе покаже само едно – гордости самоувереност на самиот наставник. Некои луѓе кои поседуваат неумерено властољубие наметнуваат слепо послушание, претворајќи ги нивните „чеда“ во некакви зомби, но Православната Црква го забранува неразумното послушание. Гревот кој е направен поради ваквото послушание, секако е грев. Според толкувањето на православнатааскетика послушанието ги

убива страстите, а кучешкотопослушание ја убива совеста.“ Жената додаде:„Слушајќи ве вас, уште повеќе почнав да го почитувам мојот духовник. А сега, ве молам, одговорете ми на друго прашање: какви грешки си дозволуваме самите ние, мирјаните, а посебно јас, кон својот духовен отец? Помогнете ми да се пронајдам во тоа.“ Свештеникот се согласи: „Ќе се потрудам да кажам нешто за основните и најзастапените грешки (за некои од нив веќе зборувавме на почетокот на нашиот разговор). Една од грешките се состои во тоа, што човекот смета дека општењето со духовниот отец претставува само средба и разговор. Во суштина, тоа е пред сè, невидливо и духовно молитвено општење и тие средби и разговори претставуваат само патокази. За ваквото општење од духовното чедо се бара искреност и подготвеност

40 • • • TROI^NIK • • •


за послушание, а од духовниот отец љубов кон своето чедо и желба да го предаде на Христа. Вие сте мислеле дека ќе бидете поблиски со својот духовен отец ако се сретнувате почесто, но блискоста со духовниот отец се остварува преку молитвата и послушанието. Ако зборовите на вашиот духовен отец остануваат во вашето срце и сеќавање како напишани на камен, тој невидливо ќе биде со вас. Но, ако зборовите на духовникот се вода која тече за време на разговорот, не оставајќи трага, вие ќе бидете далеку од него дури и ако ве разделува само еден ѕид. Уште еден многу важен момент. Кога сакате да отидете кај духовниот отец, треба да да се подготвите и треба да ви е јасно зошто одите и какви прашања имате. Треба јасно да ги формулирате и откако ќе добиете одговор од духовникот, не задржувајќи се во неговата ќелија, земете благослов и опростете се. Треба да се сетите дали сте ги поставувале истите прашања и порано: повторувањето на едно исто прашање кон духовниот отец е знак на немарност, недоверба во него или незадоволство од поранешниот одговор и желба човекот да инсистира на своето мислење. Затоа не заборавајте го главното правило – не го повторувајте прашањето на кое веќе ви е даден одговорот. Кога одите по благослов или совет, имајте душевно расположение за да прифатите и исполните сè што ви рекол духовниот отец, без разлика дали тоа се согласува со вашата желба или не. Ваквата подготвеност на волјата е неопходна за да се добие вистинскиот одговор. Ако почнете да се расправате и инсистирате, духовната врска помеѓу вас и духовникот ќе прекине и ќе се претвори во некаков внатрешен немир – нештокако борба. Постапувајќи вака,вие го искушувате својот духовник. Следно правило: не поставувајте прашања од љубопитност, туку прашувајте само за она што вам ви е неопходно за спасение. Избегнувајте да зборувате за овоземни работи. Отец Сава во една прилика му одговорил на едно свое духовно чедо: „Ако разговарам за световни работии јас ќе постанам световен“. Во неопходни случаи треба да бидате доволно кратки за да му биде јасно на духовникот за што се работи. На овоземните проблеми многу старци, особено во нашево време,

• • • TROI^NIK • • •

41

не одговараа со совет туку со молитва. Затоа се случува следната грешка: човекот мислејќи дека зборува за потребното и духовното, го изнесува тоа подробно и подетално, повторувајќи го веќе кажаното. Тој како да сака пред духовникот да му ја покаже целата слика на она што му се случува, објаснувајќи му го, како на ученик, секој детал, за духовникот да не погреши. Тоа уште во самиот корен е погрешно. Што пократко човекот ќе му каже на духовникот, толку подобро ќе го сфати, и обратното: во многуте зборови може да се изгуби главното. Пред да одговори, духовникот треба да го насочи својот ум кон Бога, да Го замоли за помош и мудрост, а овде неговиот ум се расејува и потонува во многуте зборови, како да стои кај река која брзо тече. Духовникот треба да почувствува што да каже, а овде како да го „наведуваат“ на одговор. Многусловењето со духовникот, во суштина е недоверба и форма на некакво поучување на духовникот. Многусловието може да има и други причини: човекот не се навикнал да се моли и затоа ја пополнува празнината на својата душа со зборови, како што мирјаните го пополнуваат празното време со разоноди и игри. Оној кој сака да се моли ќе зборува помалку.


Освен тоа, многусловието е начин да се продолжи разговорот со духовникот. И овде постојат две опасности – скриенвампиризам и скриена пристрасност. Човечкиот живот не може да се среди после долги разговори. Кој сака да се спаси, ја дознава од духовникот Божјата волја и си заминува за да ја исполни. А кој не сака да ја исполни го продолжува „разговорот заради разговор“ и не може да си отиде бидејќи е залепен за столицата на која седи. Духовникот не го заморуваат разговорите за навистина неопходните проблеми, кога чувствува дека човекот ќе ги чува неговите зборови како скапоценост. Но го исцрпуваат празните разговори, разговорите со бесмислена должина, а уште повеќе и спротивставувањето на неговите зборови. Ми се чини дека во текот на средбата со духовникот, вие повеќе сте зборувале отколку што сте слушале и оваа „активност“ на вашиот јазик го приморала духовникот да се заштити од вас. Затоа размислете: дали со духовникот разговаравте со смирение, како дете со својот татко, или се трудевте пред него да се пофалите со знаење и памет? Рековте дека сакате целата душа и целиот ваш живот да бидат отворени пред духовниот отец, но зарем не посакувавте духовникот слушајќи ве вас да се восхитува на вашите достигнувања и да си вели во себе: „Каква паметна жена!“ Што помалку сакате да се покажете пред духовникот, толку повеќе ќе заземете важно место во неговото срце. И спротивно на тоа, што поголема сакате да бидете, ќе бидете помала. Запомнете дека со духовниот отец треба да зборувате со мирен, изедначен тон, без емоција, негодување и театрално изразување, кои во суштина се средства на скриен психолошки притисок. Следна можна грешка. Зар не сте помислиле дека духовникот станал ваш должник поради услугата која сте му ја пружиле и дека ви е должен да ви плати со посебен однос кон вас, макар и со долги разговори во било коевреме од денот? Ако сте му помогнале заради Господа, не треба да очекувате награда од човек, а ако сте го направиле тоа заради негова наклоност или за да го приморате да ви биде благодарен, вие сте корупционистка која решила да го купи својот духовник, и тогаш сте го заслужиле тоа што ве истерал. Уште едно прашање. Да не сте ги пренесувале некому зборовите од вашиот духовник без негово знаење? Разговорите со духовникот имаат личен, а не јавен карактер,затоа што духовникот во разговорот ве има во предвид само вас, вашата

личност и индивидуалност. На друга личност истите зборови можат да имаат поинакво, па дури и несакано дејство. Во разговорите или во писмата, свештеникот го има во предвид конкретниот човек и конкретната ситуација во која се наоѓа. Треба да ја имате на ум разликата помеѓу ваквите типови на поуки, како што е проповед упатена кон сите присутни во храмот, и одговор на прашање кое бара да се земе во предвид човечката индивидуалност. Тука се кријат и следните опасности: зборовите на духовникот обично не се пренесуваат прецизно, туку со емотивен набој, со различни коментари и додатоци, кои често ја извртуваат нивната смисла. Кај нараторите постои тајна и суетна желба да се пофалат колку се блиски со духовникот и каквадоверба уживаат. Кога ќе си дојде во домот по средбата со духовникот, човекот треба во умот да се врати на разговорот, да го запомни како лекција она што духовникот го рекол и да размисли како да ги исполни неговите зборови, почнувајќи од тој миг. Заборавањето на зборовите на духовникот не се само непочитување кон него, туку, ќе се осмелам да кажам, и кон тајната послушание. Истите правила треба да ги почитуваме и со писмата од духовникот. Тие по можност треба да бидат кратки и јасно напишани, со разбирлив ракопис. Ви признавам, кога луѓето ми пишуваат писма од по десет страници, можам внимателно да прочитам една или две страници, а потоа само го „прелетувам“ текстот со очите, апонекогаш, кога сум уморен, гледам на писмото како на свој непријател и можеби не разбирајќи за што се работи го фрлам во оган. Посебно ме убива деталното опишување на соништата. Сакам да кажам: и јас сонувам, ама не ги малтертирам со тоа другите. Една од неправилностите во односот кон духовниот отец е чувствувањето на зависност и љубомора, која сведочи дека општењето не се одвива на духовно, туку на душевно ниво. Овие страсти го освојуваат срцето како непријателска војска и го убиваат духовниот живот. Некои претерано емотивни чеда ја исполнуваат својата „љубов“ кон духовниот отец така, што почнуваат да шират гласиниза него како за некој чудотворец и прозорливец. Ваквите гласини претставуваат едно од најтешките искушенија за духовникот, особено кога луѓето почнуваат на него да гледаат како на слон кој гордо се движи по улицата, а по него трча бучна толпа од деца.

42 • • • TROI^NIK • • •


ви е јасно дека не се оди на гости кај духовниот отец, дека тој ви е даден да ги решава духовните прашања и дека секоја средба со него на некој начин го обврзува човекот. Неисполнетите или заборавени зборови на духовникот се пораз, штета и долг кој неразумната душа го зела за себе. Затоа, секоја средба со духовникот може да стане нов патоказ во животот, нова етапа во односите помеѓу душата и Бога. Тоа е можност таа да се збогати или да загуби. Ако таквите загуби се чести, ситуацијата станува алармантна и се ближи кон крајот. Подобро е да се живее без духовно раководство отколку во лажно послушание. Бидете сигурни дека вашиот духовник ве оддалечил од себе, можеби само на некој временски период заради ваше добро. Вие треба во себеси да ја најдете причината за ваквата одлука и да се осудите самите себе. И ако свеста за сопствените грешки е искрена, а покајанието длабоко, срцето на вашиот духовен отец повторно ќе се се сврти кон вас. Тогаш искушението кое ви го наметнал духовникот ќе ви биде за ваше спасение и подоцна ќе му бидете благодарни поради тоа. Жената вети: „Ќе се потрудам да го запомнам и исполнам сето она што ме советувавте, но сепак ве молам: кажете му нешто за мене на отец Инокентиј“. Духовникот одговори: „Ќе размислам и ќе се помолам. Ви Иконописец: Александар Иванов

Тој тогаш почнува да размислува да позајми нешто од житијата на јуродивите за поклониците да се разочараат од него и да го остават на мира? Ве молам запомнете: никогаш не го почнувајте разговорот со духовникот со зборовите: „Колку долго време не сум ве видела, колку ми недостигавте, кажете ми нешто корисно“. Тоа се световни обичаи, кои во духовниот живот изгледаат како непристојност. Вие треба, кога ќе влезете во ќелијата на духовникот, со молчење да се поклоните на иконите, да земете благослов и во кратки црти да ја објасните причината за своето доаѓање. Треба да

посакувам среќен пат“. Жената тивко додаде: „Кон мојот духовен отец“. Духовникот ѝ одговори јасно и одречно: „Кон Христа Спасителот и нашиот Бог“. Тој ја испрати својата гостинка до вратата. Веќе падна раната зимска вечер и на духовникот му се причини како таа да исчезна, како да се стопи во темнината која стануваше сè погуста. (извадок од „Разговор со претерано-усрдна парохјанка“) Превод: ѓакон Димитар Арсовски

• • • TROI^NIK • • •

43


православието и болестите на зависност

ЗА ПОРОКОТ НА ПУШЕЊЕТО „Пушењето е кадење на демоните“ - според учењето на Св. Никодим Светогорец и други свети отци.

Д

атумот на „откривањето“ на пушењето е 12 октомври 1492 год. Експедицијата на Кристифор Колумбо стасала до островот СанСалвадор“, пишува епископот Варнава (Бељаев). „Морнарите биле вчудовидени од невидениот призор: жителите–црвенокошци испуштале облаци од дим од устата и носот! Индијанците го прославувале својот свештен празник на којшто пушеле специјална трева. Нејзиниот исушен и завиткан лист слично на денешната цигара, кај нив се нарекувал „табако“, по што и денешниот тутун го добил тоа име. Домородците пушеле „табако“ додека потполно не станувале опиени. Во оваа состојба влегувале во комуникација со некои „духови“ (очигледно со демоните), а подоцна раскажувале за тоа што им говорел „Големиот Дух“. Пушењето било дел од ритуалот на поклонување на паганските богови на Ацтеките, во коишто меѓу другото се принесувале и човечки жртви. Морнарите, учесници во втората експедиција на Колумбо, го донеле тутунот во Европа. И многу брзо новото „задоволство“ почнало секаде да се шири. Како што пишува епископот Варнава: „И ете, со активно учествување на демоните и со нивното тајно поттикнување, по целата Европа, па дури и во Азија, почнала сеопшта треска на пушење на тутун. Што и да правеле владите и клирот (свештенството) да го прекинат ова зло, ништо не помагало!“ Не се обиделе само христијаните активно да се борат против пушењето, туку и муслиманите. Мурат IV во 1625 год. во Турција ги погубил пушачите, а отсечените глави со лулиња во устите јавно ги покажувал. Во Персија шахот Абас Велики заповедал како казна за пушењето да се сечат усти и носеви, а трговците со тутун да се спалуваат заедно со својата роба. Дури и во секогаш слободната Швајцарија, еден магистрат во 1661 год. трговијата со тутун ја прогласил за грев еднаков на убиството. Што се однесува до пушењето на тутун во Русија, тоа е познато од времето на Иван Грозни,

а по некои податоци и од порано. Најверојатно луѓето многу пушеле, така што морале да се борат со тоа и за време на суровите пожари. Царот Михаил Фјодорович во 1634 год. наредил „пушачите да се казнат со смрт“. На пример, по пожарот во Москва во 1634 год. царот Михаил издал указ за забрана на пушењето. Царот Алексеј Михајлович во 1645 год. издал указ за прогонство на пушачите во Сибир, а 1649 год. заповедал пушачите „да се камшикуваат и носевите да им се отсечат“, а подоцна „да се прогонуваат во далечни градови“. Многу е карактеристична Уредбата на царот Алексеј Михајлович од 1649 год.во која во указот „За крчмите“ се воведува во законот казна за трговија со тутун и непосредно за пушење. Еве го текстот на овој указ: „...11. Минатата година по указот... на Михаил Фјодорович... трговијата со тутун е забранета со закана за смртна казна, и никаде Русите и туѓинците да не држат било каков тутун кај себе и да не пушат и со тутун да не тргуваат“. ...16. „А кои стрелци (војници-платеници) и луѓе на забава и прости луѓе бидат затекнати со тутун, два или три пати треба да се мачат и тоа не еднаш, и да се тепат со стап на „јарец“ или по плоштадите; а замногу пушење на ваквите луѓе ноздрвите да им се тепаат и носевите да им се сечат, а после мачењето да се прогонуваат во далечни градови... за на другите, кога ги гледаат, да не им падне на памет тоа да го прават.“ Пушењето во Русија станало обичај од Петар I, кој и самиот пушел и дури се дрзнувал да мести лулиња за пушење слично на архиерејските дикири (двосвеќници) и трикири (трисвеќници) и со нив го „благословувал“ народот за време на своите пијани „собири“. ...Секоја минута во Русија умираат по тројца луѓе од болести предизвикани од пушењето... Сè што Бог му дал на човекот треба да се користи за добро. Телесното здравје е скапоцен дар и секое наше дело кое нанесува грев на здравјето е вистински грев пред Создателот. Многу свети учители на Црквата укажуваат на тоа. Еве ги зборовите на Св. Нектариј Егински: „За да биде човекот блажен и достоен за своето призвание потребно е да биде здрав и со телото и со душата, затоа што без благосостојба и на едното и на

44 • • • TROI^NIK • • •


другото, не може да биде стекнато ниту блаженство, ниту работна способност за вршење на задачите. Човекот треба да се грижи за јакнење, како на телото, така и на душата, за да бидат цврсти и силни.“ „Зар не знаете дека вие сте храм Божји“, пишува апостол Павле, и „Духот Божји живее во вас? Ако некој го разори храмот Божји, Бог ќе го казни. Зашто храмот Божји е свет, а тој храм сте вие.“ Кај пушачите овој храм е задимен и поцрнет и Христос не може да се всели во него. На човечката природа не ѝ е својствено да пуши. Да вдишува воздух, да јаде, да пие и спие – да. Но, да пуши, труејќи го својот организам со отров, да вдишува смрдлив дим, тоа е својство на гревот, а не својство на природата. Смрдеата на тутунот ја прикрива смрдеата на духовното распаѓање. Утврдено е дека негативните душевни состојби доведуваат до промена на хормонскиот фон на човекот. Хемиските материи кои се создаваат за време на стресот и други внатрешни конфликти се исфрлаат од организмот и овие излачувања имаат многу тешка смрдеа. Употребата на тутунот го прави невозможно распознавањето на духовните состојби кај другите луѓе на најдлабоко биолошко ниво. Духовната смисла на пушењето и на сите ситни „оправдани“ противзаконитости е распуштеноста. Пушењето е распуштеност не само на телото, туку и на душата. Тоа е лажно смирување на себеси (на своите „нерви“), без свест за тоа дека нервите се телесно

огледало на душата. Ваквото смирување е самозаблуда, измама. Ова наркотично смирување ќе биде извор на мачење на душата. Денес, додека постои телото, ова „смирување“ треба редовно да се обновува. А подоцна тоа ќе постане извор на пеколно мачење. Треба да се има на ум дека по смртта, после разделбата на душата и телото, страстите кои постоеле во телесниот живот, не ја напуштаат човечката душа. Не ослободувајќи се од оваа или онаа страст, душата ќе ја пренесе во другиот свет, каде што поради отсуството на телото, нема да биде можно да се задоволи оваа страст. Душата ќе се мачии ќе гори во непрекината жед за грев и похота. Човекот, незаситен во јадењето, ќе се мачи по својата смрт поради неможноста да го наполни стомакот. Пијаницата ќе се мачи неверојатно, немајќи тело кое може да се смири само со алкохол. Блудникот ќе го чуствува истото тоа. Користољубивиот исто, и пушачот, пак исто. Што ќе чуствува пушачот ако уште за време на животот не пуши неколку денови? Страшно мачење, но мачење кое го ублажуваат други страни на животот. Но, тоа се два дена, а умрениот го очекува цела вечност. И вечно мачење... Меѓутоа, армијата на пушачи брзо станува сè помлада. Возраста во која децата почнуваат да пушат во Русија се снижи на 10 години кај момчињата и на 12 години кај девојчињата. Пушењето особено погубно делува на детскиот организам. Покрај останатото, кај адолесцентите кои пушат се формира комплекс на нервнопсихички девијации.Порадитоа страдаат вниманието, памтењето, сонот, „скока“ расположението. Пушењето кај адолесцентите крајно неповолно се одразува на репродуктивните функции. Не е случајно што денес повеќе од 70 проценти од момчињата и девојчињата до 15 години имаат сериозни проблеми во оваа „област“. Пушењето е духовна страст. На човекот не му е својствено по природа да пуши, како што, да речеме е, јадењето, пиењето, да се има семејство. Веројатно може да се рече дека пушењето е извесен антипод на молитвата. Молитвата кај светите Отци се нарекува здив

• • • TROI^NIK • • •

45


на душата. Сосредоточувајќи го човековиот ум во себе и во Бога, таа му дава вистинско смирување, очистување на умот и срцето, чувство на духовна сила и бодрост. Пушењето поврзано со дишењето на телото предизвикува сурогати на овие чувства. Симбол на молитвата е мирисот на темјанот, а тука многу очигледно се изразува спротивност на мирисниот темјан, односно употребата на злосмрдливата ѓаволска билка. Не е случајно што големиот серуски молитвеник,светиотправеден Јован Кронштадски, толку силно го разобличува порокот на пушењето: „Човекот ги изопачи самите сетилни наслади. За мирис и вкус и делумно за самото дишење, смислил и речиси непрекинато чади кисел и смрдлив дим, принесувајќи го ова како постојана кадилница на демонот кој живее во телото и заразувајќи го со овој чад воздухот на својот дом и надворешниот воздух, а пред сè, самиот се чади со оваа смрдеа и затоа, ова постојано огрубување на своето чувство и своето срце со чадот кој постојано го голта човекот, не може а да не дејствува и на префинетоста на искрените чувства и да им дава тежина, грубост и сетилност.“ Ако се вратиме на „духовната компонента“на штетата од пушењето, треба да се задржиме на немањето слобода на оној кој пуши. Мнозина пушачи (особено во зрелите години) би сакале да го остават пушењето. Според податоците на социолозите, од штетната гревовна навика би сакале да се одвикнат речиси 100 проценти пушачи по 30 години. Охх... Кај пушачите се развива никотински синдром. Тоа е иста зависност како и од алкохолот и дрогата. Нема да биде излишно да спомнеме дека во новата класификација на болестите, која стапила на сила 1999 год., зависноста од тутун официјално е призната како болест. А ние ќе додадеме дека тоа е гревовна болест. Пушењето е угодување на своите каприци, еден облик на наслада. Не случајно во Русија одамна постои поговорката: „Пушењето е кадење на демоните.“ Кога човек пуши, православните свештеници велат дека неговата душа достигнува во заробеништво на демонските сили. И тој додава уште една тешка алка во ланецот на ропските страсти; неговата волја е ослабена и зад сите оправданија на пушењето се слуша гласот на малодушниот човек. Фјодор Достоевски во „Браќа Карамазови“

напишал: „Ве прашувам вас, дали таков човек е слободен? Познавав еден „борец за идеја“, кој самиот ми раскажуваше дека кога во затворот бил лишен од тутун, до таа мера бил намачен што за малку не отишол и не ја предал својата „идеја“, само да му дадат тутун. А таквиот вели: „Одам да се борам за човештвото.“ Но, каде ќе оди таквиот и за што е тој способен?“ Пушиш? Признај го својот грев Медицинската статистика пресметала дека секоја испушена цигара го скратува човековиот живот најмалку за седум минути. Во принцип, пушачите во Русија живеат пет години помалку од непушачите. Повеќето пушачи го знаат ова. И без оглед на тоа, никако не можат да ја остават гревовната навика. Еве што напишал за состојбата на пушачотпознатиот православен писател С. А. Нилус во првиот дел од книгата „На брегот на Божјата река“: „...7 јули 1909 год. Ноќеска имав силен напад на кашлица со гушење. Така и ми треба! Сè е тоа од пушењето кое не можам да го оставам, а пушам од трета година во гимназија и сега сум толку потполно задоен со никотин, што тој сигурно станал составен дел на мојата крв. Потребно е чудо да ме извлече од канџите на овој порок, а сопствената волја за тоа нема да ми биде доволна. Се обидував да го оставам пушењето, не пушев по два дена, но резултатот беше што ме напаѓаше таква тага и јадосаност, што новиот грев стануваше полош од стариот. Отец Варсонуфиј дури ми забрани да правам слични обиди, ограничувајќи ја мојата секојдневна порција на пушење на петнаесет цигари. Порано пушев без број...“ „Ќе дојде вашиот час“, рече отец Варсануфиј, „и на пушењето ќе дојде крај“. „Надевај се, не очајувај: во свое време, ќе даде Бог, ќе престанеш“, ми рече отец Јосиф, по повод истото ова пушење, кое никако не можам да го оставам. И чудото, според зборовите на двајцата старци, се случи со мене. И тоа беше вака. Живеам со својата другарка, со својата жена која ми ја даде Бог и што се вели, добро се согласуваме во потполна смисла на евангелскиот збор, така што не сме двајца, туку едно тело. Тоа е голема милост Божја, која ни е дарувана одозгора, според нашата длабока и убедена вера во Тајната на Бракот, на која што во свое време и двајцата ѝ пристапивме со страв и трепет. И ете, во јуни

46 • • • TROI^NIK • • •


1910 година мојата жена се разболе од некоја чудна болест, која ниту оптинскиот болничар, ниту повиканиот лекар не можеа да ја дефинираат: наутро е речиси здрава, а навечер има температура и до 40. И така помина една, втора, трета седмица! Гледам, се топи пред моите очи мојата радост како восочна свеќа, и ете само што не пламне за последен пат и да се згасне. И голема, безгранична тага и жалост го исполнија моето сирото срце и паднав ничкум пред иконата на Мајката Божја Одигитрија „Смоленска“, која стоеше во аголот на мојот кабинет и плачевмногу пред Неа, ужаснат и растревожен и ѝ говорев како на жива: „Мајко, Царице моја Преблагословена Богородице! Верувам дека Ти ми ја даде жената, мојот ангел, Ти и сочувај

• • • TROI^NIK • • •

47

ми ја, а јас Ти давам ветување дека веќе никогаш нема да пушам. Ветувам, но знам дека со своја сила не можам тоа да го исполнам, а ако не го исполнам, тоа ќе биде голем грев, туку Ти Самата помогни ми!“ Тоа се случи околу десет часот навечер. Откако се помолив и малку се смирив, пријдов до постелата кај жена ми. Спие, дишењето е мирно, рамномерно. Го допрев нејзиното чело: влажно е, но не е врело. Цврсто спие мојата нежна гулабица. Му благодарам на Бога, слава ѝ на Пречистата! Наутро температурата беше 36,5, а вечерта 36,4, и утредента веќе како и да не била болна. А јас заборавив дека сум пушел, како никогаш тоа да не сум го правел, а пушев точно триесет и три години и целиот мој организам толку беше наполнет со


проклетиот тутун, што без него не можев да живеам не само еден ден, туку ниту една минута.“ Во целата оваа приказна сакаме да обрнеме внимание не толку на чудото кое се случило, колку на тоа дека јунакот бил свесен за самиот грев. Без ваква свест, чудото би било невозможно. И од ова следи првото правило за оние кои сакаат да ја остават погубната навика: човекот треба да стане свесен за гревовноста на пушењето. Значи, од тој чекор почнува совладувањето на секој грев... Денес многу експерти говорат за тоа дека во последно време светскиот центар за продажба на цигари сè поактивно се преместува во Русија. Во САД и Западна Европа, благодарение на преземените мерки, бројот на пушачи секојдневно се намалува за десет милиони луѓе. Какви се тие мерки? Забрана за пушење на јавните места, во рестораните, авионите, на улица, во клубовите, канцелариите итн. Ништо помал ефект не прави и пропагандата за штетата од пушењето. Плакати за штетноста од пушењето се наоѓаат буквално насекаде. Освен тоа, тутунските компании буквално се преплавени со судски тужби од луѓе кои се разболеле од пушење. Износите за тужбите чинат стотини милиони долари и судовите таквите тужби многу често ги задоволуваат. Можеби

уште поголемо значење на Запад има високата цена на цигарите. Кутија цигари во Европа чини најмалку пет евра, односно 160 до 180 рубљи во противредност. Кога би била таква политиката за цената во Русија, могумина би се замислиле за тоа дали треба да се фрлат такви пари во ветар. Во Русија состојбата е сосема поинаква. Поради крајно малите акцизи цигарите кај нас се многу евтини. Тие се достапни на секого, па дури и на децата. Во Русија светските тутунски компании се чувствуваат како дома. Вешто приграбувајќи ги практично сите тутунски фабрики во земјата (денес во Русија има само две домашни тутунски компании), странските фирми потрошиле огромни средстваза реклами за пушењето. Додека, практично секаде во светот рекламата за цигари е забранета, кај нас стотици билборди со тутунски производи ги „украсуваат“ улиците на речиси сите градови во земјата. Притоа грубо и секаде (вклучувајќи ги и Новосибирск, Томск, Кемерово, Барнаул) се крши руското рекламно законодавство. Со помош на умешни снаоѓања, натписот за тоа дека пушењето е штетно по здравјето, зазема многу помал дел од рекламните паноа отколку што тоа го предвидува законот. Тоа се смета многу едноставно. Процентот на површината се пресметува по лентата

48 • • • TROI^NIK • • •


која е издвоена за натписот, додека самиот натпис за предупредување е многу помал. Истовремено, странските тутунски компании на сите начини се обидуваат да создадат во Русија имиџ на фирми, кои се крајно загрижени поради негативното влијание на пушењето врз здравјето. Во странство тоа е невозможно според законите. Таму на тутунските компании со закон им е забрането да учествуваат во добротворни акции, во спонзорирање на спортски и разни други акции. ...Во Лос Анџелес на булеварот Санта Моника монтиран е пано, на кое се одбројуваат бројот на умрени од никотинска зависност. Во Русија засега ниту во еден град нема такви таблоа... Не е чудно што ваквата ситуација предизвика сериозна критика од страна на руските општествени организации и претставниците на власта. Помеѓу другото, се предлага усогласување со западните стандарди за натписите на кутиите со цигари, кои предупредуваат на опасноста од пушењето. Пред сè, се предлага да се направи не натпис (како во странство!) со невоочливи димензии, туку и до половината од кутијата со цигари. И ете, тука постои смисла да се вратиме на она од што почнавме, на тоа дека пушењето не само што штети на здравјето, туку претставува сериозен грев. Предупредувачките натписи на кутиите со цигари можат да бидат со најразлична содржина. Во странство ваквите натписи ги предупредуваат потенцијалните купувачи дека пушењето предизвикува онколошки болести;за тоа дека пушењето е исклучително штетно за бремените жени;за тоа дека пушењето често предизвикува импотенција. Мислиме дека Руската Православна Црква на секој начин ќе го поддржи предлогот на весникот „Чесен збор“, за тоа еден од натписите да гласи: „Руската Православна Црква предупредува: пушењето е грев.“ Гласот на Црквата денес за многумина има голема тежина, а од друга страна, малкумина (посебно меѓу младите) се запознаени со тоа како (и зошто) Православната Црква се однесува кон пушењето на тутун. И слично предупредување,без секаков сомнеж, ќе донесе свој позитивен плод. В. А. Циганков Одговорен секретар на Епархиското одделение за борба против наркоманијата и алкохолизмот на Санкт-Петербуршка епархија

• • • TROI^NIK • • •

49

ПУШЕЊЕТО КАКО СТРАСТ Како се појавило пушењето на тутунот?

В

о Русија тутунот доаѓа од Европа, а во неа се појавил од Америка. Кога во октомври 1492 год. Кристофор Колумбо допловил до островот Сан-Салвадор, морепловецот и неговите сопатници биле вчудовидени од невидениот призор: домородците испуштале облаци од дим од устата и носот! А работата била во тоа што со помош на опиеност со никотин, Индијанците стапувале во комуникација со демоните и подоцна раскажувале за тоа што им говорел „Големиот дух“. Во 1496 год. Учесниците на втората експедиција на Колумбо го донеле тутунот во Европа. Изворот на пушење на тутун било поклонување на ѓаволот. Со зборот „тобако“ кај локалните жители се нарекувале големи замотани листови предвидени за ритуалот. Не е случајно тоа, што од дамнина тутунскиот дим се нарекува „сив ѓавол“. Од дамнина обожавателите на ѓаволот знаеле: со вовлекувањето на тутунскиот дим и неговото испуштање преку ноздрвите, можно е влегување во општење со силите на темнината. Познатиот православен пастир на денешницата, игуменот Н. ја објаснува суштината на пушењето: „Овој ритуал на принесување на жртва со тутунски дим на оние духовни суштества, кои ги нарекуваме паднати ангели, за време на нивното призивање, прво било во употреба кај демонопоклониците на американскиот континент. Во светоотечкото предание се говори за еден подвижник во побожноста, кој се подвизувал во времето на царот Алексеј Михајлович. Схимникот еднаш имал видение на нечист дух, кој рекол дека луѓето наскоро ќе ги кадат демоните со устите. Подвижникот запишал: „Дали луѓето ќе ставаат јаглен во устата?“ Тој не можел ниту да помисли дека луѓето ќе се согласат да пикаат во устата врел ѓаволов отров. Не случајно и цврсто во народот се вкоренило името за тутунот „темјан за ѓаволот“. Тоа е поврзано со преданието, коешто вели дека кога


во Старозаветната Црква било воведено законско богослужение со употреба на темјан, сатаната во својата омраза кон Бога, кој никогаш не можел да се издигне над карикираното подражавање на Божјите дела, ги принудил своите следбеници да му кадат со сопствените усти, да пушат тутунски отров. Рускиот збор „курение (=пушење, чадење)“ има старо општословенско потекло. Тој е формиран од коренската основа „кур“, што значи „чад, смрдеа, црнило, саѓи“. Пушењето станало масовно дури со појавата на цигарите. Сомнителниот дел за нивно пронаоѓање очигледно им припаѓа на сиромасите од градот Севиља, кои собирале отпушоци, ги виткале во хартија и ги пушеле. Како што времето минувало, мистичното значење на тутунот како да се изгубило. Луѓето почнале да пушат „просто така“, заради „задоволство“. Но независно од сфаќањето или несфаќањето на окултното значење на пушењето на тутун, овој мистичен подтекст останал. ПУШЕЊЕТО НА ТУТУНОТ КАКО СТРАСТ Многумина не знаат или не се сеќаваат на зборовите на Господ Исус Христос: „Секој што прави грев, станува роб на гревот“(Јован 8, 34). Додека човекот не згреши, тој е слободен и гревот нема сила над него, а по направениот грев станува негов роб. Некои велат: „Еднаш ќе згрешам, па повеќе нема, не е тоа голема неволја“. Но, откако ќе згреши еднаш, веќе се фатил на јадицата на лукавиот измамник. И гревот почнува да го влече сè посилно и посилно и потоа човекот веќе не забележува дека е зависен од погубната страст. Пазарот со тутун зазема едно од најзначајните места во светската трговија. Секоја година милиони луѓе работат, за да им овозможат на други милиони луѓе да го вдишуваат штетниот дим, да ја трујат својата глава и целиот организам. Зарем во човечката природа е вткаена потребата да пуши? Не! Зарем гревот може да биде својство на човечката природа? Не! Не постои поим, а уште помалку својство дека пушењето е „барање на природата“. Тоа е барање на гревот. Барање на природата е да вдишуваме чист воздух, да јадеме, да се грееме, да спиеме, но никако не е да го труеме со дрога својот организам, да го вдишуваме смрдливиот тутунски дим. Треба да се замислиме, да застанеме и да се разбудиме од

гревовниот сон. Некои мислат дека ништо од она што се случува на земјата нема да има никакви последици. Главно така сметаат луѓето со нечиста совест, така им е позгодно. Но, зошто да се лажеме и измамуваме себеси? Не треба да заборавиме дека по смртта, односно по разделувањето на душата и телото, страстите кои се манифестирале, т.е. кои се реализирале во телесниот живот, не ја оставаат човечката душа која ја заробиле за време на животот. Душата којашто не се ослободила од оваа или од онаа страст, ќе ја пренесе и на оној свет, каде што без телото нема да биде можно задоволувањето на оваа страст. Душата ќе се мачи, ќе гори непрекинато, жеднеејќи за грев и похота. Незаситната потреба за јадење ќе го мачи по смртта оној, кој и порано размислувал само за јадење. Пијаницата страшно ќе се мачи, немајќи тело кое може да се смири само со труење со алкохол. Слично ќе се чувствува и блудникот. Среброљубецот истотака, и пушачот, пак така. Направете експеримент. Некој пушач нека не пуши три дена и три ноќи. Што ќе чувствува кон својата сакана страст? Страшно мачење, но тоа е сè уште ублажено со сите „разоноди“ на животот. Така страда уште овде, на земјата, секоја душа која има било каква страст. Знаејќи го тоа, дали е можно рамнодушно да се однесуваме кон своите страсти? Дали може нешто да се промени? Пред сè, човек треба да престане да ја оправдува својата страст, треба да ја осуди пред Бога и пред самиот себеси. И да Го моли Бога за помош за да ја победи страста. Господ се нарекува Спасител реално, а не апстрактно. Он спасува од сите слабости и страсти, избавува, исцелува – простувајќи. Секако, страста на пушењето е грев. Овој грев е како чкорче, пали мал оган, но ја спалува целата душа. Собратот од Сретенскиот манастир, свештеникот Атанасиј Гумеров објаснува: „Сите страсти се камен на сопнување на нашиот пат кон спасението. По своето потекло човечката природа е како создание на Премудриот Бог, како образ и подобие Негово, и таа има совршенство. Целта на целиот наш христијански живот е да се соединиме со Бога и само во Него да го пронајдеме блаженството на вечниот живот“. Остварувајќи го делото на спасение, мораме да го воспоставиме во себе образот Божји, изопачен со различните и многу гревови и да стекнеме подобие

50 • • • TROI^NIK • • •


на нашиот Небесен Родител. Додека човекот се наоѓа во заробеништво на страстите, неговата душа не може да го воспостави нагрдениот образ и да му го врати првосоздаденото богоподобие. Ако човекот го победиле страстите, неговата душа се осквернува, умот изумира, волјата се покажува како немоќна. Светите Отци оваа состојба ја нарекуваат второ идолопоклонство. Човекот се поклонува на своите страсти како на кумири (идоли). Идолопоклоникот не може да го наследи Царството Небесно (Ефес. 5, 5).

• • • TROI^NIK • • •

51

Секоја страст, која е болест на душата, со невидливи алки е поврзана со други болести. Непроодни ѕидови во душата нема. Вкоренетата страст помага во формирање и на други пороци. Кај пушачот грубо се покажува егоизмот. Мајката, која за време на прошетката пуши над количката во која спие бебето, задоволувањето на страста го става над здравјето на своето дете. Родителите–пушачи, по правило на тоа ги учат и своите деца... Ако човекот станал свесен за погубноста на пушењето, тој често паѓа во депресија, гледајќи


дека станал заробеник на оваа навика и дека нема слобода. Со пушењето, истотака, тесно е поврзан и гревот на самооправдувањето и на затапувањето на моралното чувство. Помирувајќи се со оваа страст, човекот си простува себеси и други слабости, зашто голема е силата на преседанот. Пушењето е грев уште и затоа што го уништува здравјето. Според заедничкото учење на Светите Отци, животот и здравјето Бог ни ги дал како дар. Скратувањето на животот со погубни навики и нездрав живот е сериозен грев. Човек кој пуши му наштетува на своето здравје и на здравјето на околината... Страста е резултат на збирот од човековата гревовна волја и активноста на демонските сили, кои иако невидливи, но се многу реални. Демонските сили грижливо се трудат да го скријат своето соучество во падот на луѓето. Меѓутоа, постојат форми на погубниот порок во кои посебната улога на ѓаволот е очигледна.

Може. По заедничкото учење на Светите Отци, човекот со Божја помош може да ја победи секоја страст. Зошто толку малку луѓе се разделуваат од „поклонувањето на ѓаволот“? Затоа што повеќето пушачи не сакаат да ја остават оваа навика. А оние, кои наводно сакаат да се променат на подобро и преземаат чекори за тоа, всушност немаат внатрешна одлучност. Без оглед на повремените напори на луѓето, кои повеќе пати се обидуваат да го остават пушењето, во длабочината на душата тие се сродиле со оваа страст. Бог е секогаш подготвен да помогне во ова спасоносно дело на човекот, но од него очекува подвиг. Еромонах Анатолиј (Берестов) доктор по медицински науки, професор, раководител на Пастирскиот православен центар „Св. праведен Јован Кронштадски“ Превод: Ѓакон Емил Атанасов

Дали човекот може да се избави од пушењето?

52 • • • TROI^NIK • • •


ПОУЧНИ ПРИМЕРИ ОД ЖИТИЈАТА НА СВЕТИИТЕ

В

о наши дни честопати се слуша од родителите: „Сакаме да го осигураме животот на нашето дете!“. Затоа се трудат со преголем труд, натрупуваат богатство, честопати и неправилно го образуваат своето дете за оној позив што донесува најмногу телесна сигурност и материјална корист. И тоа го прават таканаречените христијани. Тие тоа го прават затоа што нивниот поим за вистинскиот живот и за вистинското осигурување на животот е погрешен. А еве како вистинската христијанка го подготвува својот син за вистинскиот живот: Пред смртта, блажена Ефросинија, сакајќи да го направи наследник не само на своето богатство, туку и на уште поголемите небесни богатства, му велела на својот син, светиот Климент Анкирски: „Чедо мое, чедо мое многусакано, ти стана сираче пред да го видиш својот татко. Сепак, ти го стекна Бога како татко, искористувајќи го тоа што си сирак за своја среќа. Јас телесно те родив, а Христос духовно те препороди. Запознај го својот Отец и немој да го изневериш името син. Само Христа обожувај Го, само во Христа надевај се. Он навистина е бесмртност, Он е спасение. Он заради нас слегол од небесата и со Себе и нас нè вознел и нè направил Свои деца и богови. Оној што му служи на таквиот Владика, ќа ја надмине секоја неволја. И не само што ќе ги победи насилниците и царевите што ги почитуваат идолите, туку ќе ги посрами и демоните што ги почитуваат идолопоклониците, па и нивниот поглавар и водач, т.е. ѓаволот“. Зборувајќо го реченото, очите ѝ се наполниле со солзи. Исполнувајќи се со божествено видение по благодатта Божја, таа почнала да му ги прорекува идните настани: „Те молам, многусакан сине мој, те молам поради сè што направив за тебе, да ми направиш една услуга. Дојде тешко време и како невреме се подготвува прогон од страна на нечестивите. Јас знам дека и ти, како што вели нашиот Владика Христос, ќе бидеш воден пред цареви и управници (Лк. 21, 12). Направи ми чест, чедо мое, па биди храбар заради Него и до крај

• • • TROI^NIK • • •

53

сочувај го своето исповедање недопрено и чисто. И со сигурноста што ми ја дава Христос, утробо моја, сигурна сум дека набрзо и твојата глава ќе се овенча со маченички венец. Подготви се и поттикни ја својата душа на храброст, за да не бидеш неподготвен за подвиг. Зашто, битката нема да биде со случајни противници, ниту за случајна цел. Противник е лукавиот со своите приврзаници и слуги, а борбата се води за вечен живот и чест или за бескраен срам и мачење. И, или ќе те придвижува доброто или ќе те плаши злото. Срамно е, дете мое, војниците доброволно да умираат за царот, кој и самиот е слуга и смртник, а ние да не ја прифаќаме смртта, која е еднаква на нивната, за бесмртниот цар. Тие, дури, не примаат ништо од својот цар што би било подеднакво вредно на нивната преданост. Зашто, кој дар е вреден колку животот и колкумина, воопшто, можат да го почувствуваат после смртта? Меѓутоа, доколку умреш за Христа, општиот Владика, наместо привремениот живот, ќе го примиш бесмртниот, а наместо насладувањата, славата и богатството што исчезнуваат – сладоста на вечното блаженство. Значи, што? Ако не умреме сега, зарем сигурно нема да умреме наскоро и зарем нема да го платиме долгот кој им е заеднички на сите? Инаку, смртта за Христа не се смета за смрт, имајќи предвид дека нејзиното чувство се губи со надежта во идните добра. Пред сè, чедо мое, треба да мислиш дека Самиот Создател на светот и Творецот на нашиот род, станал човек заради нас, дошол на земјата и живеел со луѓето. И зошто не го споменувам најголемото? Заради нас, неблагодарните слуги, Владиката е осуден на смрт, поднел бичување и конечно умрел. И Он сè претрпел заради нас и заради нашето спасение, т.е. да го уништи насилството на гревот, за да ја укине нашата древна осуда и за повторно да ни ги отвори небесните врати.


за воспитувањето и јас ќе имам плата, најслатко чедо, за породилните болки. И јас, мајката, ќе се спасам со раѓањето, како што вели апостолот Павле, и ќе се прославам преку страдањата на своето дете. И јас, дете мое, со силата на благодатта веќе заминувам и видливата светлина веќе нема да ме огрее наутро. Ти, меѓутоа, си ми светлина во Христа и живот. Те молам, утробо моја, немој да ја изневериш мојата надеж во тебе. Крвта што ја прими од мене, не штеди ја туку пролеј ја, та од тоа и јас да примам почест. Подади го телото на маки, од тоа и јас да се зарадувам пред нашиот Господ како и јас да сум пострадала за Него!

И како да не е непростливо, чедо мое, за Него ни малку да не пострадаме, имајќи предвид дека Он, Кој е Владика, сè поднел заради нас, кои со дрскост направивме непоправливи зла? За реченово мисли, дете мое, и ништо да не те одвојува од Христовата љубов – ни закани на владетелите, ни мачења, ни страв од сите привремени цареви, чија свирепост се губи со нивната гордост, чиј оган се гаси и чиј меч ‘рѓосува. Напротив, подобро е да те поттикнуваат благата што се подготвени за мачениците и самото небо, кое те чека за подвиг на мачеништво.“ И мајката цел ден го советувала, зашто духот на вистинската мудрост говорел преку неа. Детето, пак, и покрај својата мала возраст, поседувало старечка разумност и му биле потребни најдлабоки совети. И на крајот, таа додала: „На тој начин, чедо мое, мене, на својата мајка, ќе ми возвратиш

Една жена еврејка некогаш дала седум синови во мачеништво. И потоа самата пострадала со нивните седум тела. Ти, пак, мене си ми доволен да се прославам и да бидам блажена меѓу мајките со оглед на тоа дека ќе станам славна заради тебе. Сега, дете мое, заминувам пред тебе и денес телесно се одвојувам од твоите сакани очи. Мисли дека по мојата смрт мојата душа секогаш ќе зависи од тебе. Со неа со смелост ќе се поклонам пред Христовиот престол, фалејќи се со твојот труд. Твоите рани ќе бидат мој украс и јас ќе станам заедничар на твоите скапоцени награди и сјај.“ Зборувајќи му на детето, мајката го избакнувала целото негово тело. И целата блажена, таа повторувала: „Јас целивам маченичко тело, кое ќе му се принесе на Христа како жртва.“ Прегрнувајќи го и зборувајќи со голема радост, блажената спокојно се упокоила. Таа својот дух му го предала на Бога, а своето тело го предала во слатките раце на своето дете. (Од Житието на светиот свештеномаченик Климент Анкирски, 23 Јануари, ст.ст.)

54 • • • TROI^NIK • • •


ЕДЕН ТАЖЕН ПЕТОК Еден тажен петок Исус-Спасителот наш, животот го даде за сите нас. Го распнаа на крст го исмејуваа, го мачеа додека жените мироносици го плачеа. Еден тажен петок Исус-Спасителот наш, го распнаа на крст за вечен живот наш. Го распнаа на крст за Адам, Авел, Ное, Авраам... За да се спасат праведниците сите за со Бог да ги минат дните. Мартина Ангелова, V1 одд. ОУ "Гоце Делчев"- Виница

• • • TROI^NIK • • •

55

ВЕЛИГДЕНСКА ПЕСНА Во ноќта тивка во гробот ладен светлина блесна и Синот Божји воскресна со песна! Ангели Го славеа, метании му правеа, сите се поздравуваа: ХРИСТОС ВОСКРЕСНА, НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА! Мартина Ангелова, V1 одд. ОУ„Гоце Делчев“- Виница


Драго дете! Обој го цртежот и напиши го одговорот на велигденскиот поздрав!

56 • • • TROI^NIK • • •


епархиски настани уредува: протоѓакон Сашо Ристов Вечерна и Духовна Академија на „Св. Николај“ во Свети Николе На 18. 12. 2013 година, на празникот на Светиот Николај Чудотворец, со претходна изготвена програма за одбележување на Патронот и Заштитникот на градот Свети Николе, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Свети Николе, во храмот кој го носи името на Светиот Николај Чудотворец, отслужи празнична вечерна богослужба, одржа пригодно слово и го благослови и пресече празничниот леб. На вечерната богослужба, покрај многубројниот православен народ, присуствуваше и Градоначалникот на Општина Свети Николе г. Зоран Тасев, Градоначалникот на збратимената Општина Чичевац од Р. Србија, Пратеници во Собранието на РМ и Советници на Општината Свети Николе. По ова Митрополитот г. Иларион присуствуваше на Духовната Академија по повод Патронот и Заштитникот на градот Свети Николе во кино салата при Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Свети Николе. На академијата свое обраќање имаше Градоначалникот на Општината г. Зоран Тасев кој по повод празникот на Градот додели награди на најзаслужните граѓани за афирмација на Градот Свети Николе и Р Македонија. По ова трпеза на љубовта беше организирана во ресторанот „Мечкуевска куќа“ во Свети Николе.

Сеноќно бдение на 31/01.12/01.2013/2014 година во Штип На 31/01.12/01.2013/2014 година, Св. мч. Бонифациј, св. Григориј еп. Омиритски, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин, во сослужение на свештеници од штипското и радовишкото намесништво, во црквата „Св. Петка“ во населба Сењак 2 во Штип, во присуство на верен народ од Брегалничката епархија, отслужи сеноќно бдение со Света Архиерејска Литургија.

• • • TROI^NIK • • •

57


Чествување на Светиот Николај, Патрон и Заштитник на градот Штип На 19. 12. 2013 година на празникот на Светиот Николај Чудотворец – архиепископ на Ликискиот град Мир, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, кој е Патрон и Заштитник на градот Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија.По празнично слово, Мирополитот Брегалнички г. Иларион, заедно со Градоначалникот на Општина Штип прим. м- р г. Илчо Захариев, свештенослужителите и многубројниот православен народ, изврши Литија од Соборниот храм Св. Николај до Градскиот Плоштад во Штип, каде го благослови и пресече славскиот колач, по што надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион одржа содржајна беседа. По ова во салата на Советот на Општина Штип се одржа Духовната Академија по повод Заштиникот и Патронот на Градот Штип, во организација на Градоначалникот прим. м- р г. Илчо Захариев и Советот на Општина Штип. На свечената академија Градоначалникот на Општина Штип прим. м- р г. Илчо Захариев го одликува г. Срѓан Керим, роден во Штип, со златен орден со ликот на Св. Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, изработен специјално за оваа пригода. Истотака Градоначалникот на Општина Штип им додели признанија и на граѓани за нивниот допринос за Градот Штип по повод Патронот и Заштитникот на Градот Штип.

58 • • • TROI^NIK • • •


Христовото Рождество - Божик во манастирот Св. Гаврил Лесновски

На 07. 01. 2014 година, кога Православна Црква го празнува Рождеството Христово – Божик, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, отслужи Божикна Света Василиева Архиерејска Литургија. На Светата Литургија присуствуваше многуброен православен народ кој се причести со Телото и Крвта Христови. Исто така на Светата Литургија присуствуваше и Заменик Министерот за Одбрана на АРМ г. Емил Димитриев, Пратеникот во Собранието на РМ г. Трајче Димков, Градоначалникот на Општина Штип прим. м-р г. Илчо Захарив како и други личности од јавниот и приватниот сектор. На светата литургија, Брегалничката епархија, односно Митрополитот Брегалнички г. Иларион го одликуваше со златен орден со ликот на „Св. Николај Мирликијски Чудотворец“, Градоначалникот на Општина Штип прим. м-р г. Илчо Захариев за Својот личен допринос за помош и афирмација на Нашата Света Автокефална Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, и им го честита големиот Празник на верниците со пораката: ХРИСТОС СЕ РОДИ! НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

• • • TROI^NIK • • •

59


Богојавление во Штип На 19. 01. 2014 година, денот на Крштевањето на Господ Исус Христос – Богојавление – Водици, во сите храмови во Брегалничката епархија беше свечено одбележан а централната прослава се одржа во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, каде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници при Соборниот храм, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодно слово, а потоа со свештениците и многубројниот православен народ, како и Градоначалникот на Општина Штип прим. м –р Илчо Захариев, Пратениците во Собранието на РМ г. Влатко Ѓорчев од Скопје и г. Трајче Димков од Штип, во литија, се упати кон Градскиот базен каде изврши Голем Богојавленски водосвет и го фрли светиот крст. Најсреќен од четириесетината, крстот го фати Методи Пеливанов, кого Митрополитот г. Иларион го дарува со Свето Писмо – Библија и икона со „Крштевањето на Господ Исус Христос“, а Општината Штип му подари скромен дар.

Богојавление во Кочани Истиот ден на 19. 01. 2014 година, денот на Крштевањето на Господ Исус Христос – Богојавление – Водици, во 12:00 часот на мостот на Кочанската река, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на многуброен православен народ, Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски, Пратениците во Собранието на РМ г. Влатко Ѓорчев – ВМРО ДПМНЕ од Скопје и г. Миле Андонов - СДСМ од Кочани, изврши Голем Богојавленски водосвет и го фрли светиот крст. Најсреќен од четириесмината, крстот го фати Димче Георгиевски, кого Митрополитот г. Иларион го дарува со златен крст со ланче и многубројни награди, а Општината Кочани му подари златник со ликот на „Крштевањето на Господ Исус Христос“.

60 • • • TROI^NIK • • •


Чествување на Свети Гаврил Лесновски во Лесново По повод Празникот на Лесновската Светиња – Свети Гаврил Лесновски, на 28. 01. 2014 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со браќата од манастирот и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија, одржа содржајна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.

Литургија и ракополагање во ѓаконски чин на Св. Атанасиј Велики во Оризари – Кочани Во кочанската приградска населба Оризари, во храмот Свети Атанасиј Велики, на 31. 01. 2014 година, Св. Атанасиј и Кирил Александриски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво а во присуство на многуброен православен народ. Пред Светата Литургија, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион го произведе во ипоѓакон богословот и теолог чтец Дарко Гоцевски од с. Блатец - Виница, а на Светата Литургија го ракоположи во ѓаконски чин. По Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, одржа пригодна беседа, изврши литија околу храмот и го благослови и пресече празничниот леб.

• • • TROI^NIK • • •

61


На Сретение Господово: Ракополагање во свештенички чин во Виница На 15. 02. 2014 година, на празникот Сретение Господово, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, во храмот посветен на „Св. Архангел Михаил“ во Виница, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион го ракоположи во свештенички чин ѓаконот Дарко Гоцевски од с. Блатец - Виница, и одржа содржајна беседа за возвишеноста на свештеничкиот чин.

Седница на Епархискиот Управен Одбор на Брегалничката епархија На 27. 02. 2014 година, во седиштето на Брегалничката епархија во Штип, се одржа редовна седница на Епархискиот Управен Одбор на Брегалничката епархија, со која претседаваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион. На редовната седница се разговараше за црковно – духовниот живот и материјално – финансовото работење на епархијата.

62 • • • TROI^NIK • • •


Митрополитот Брегалнички г. Иларион во посета на новиот Ректорат на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип На 27. 02. 2014 година, по покана од Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип г. Саша Митрев, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион го посети новиот Ректорат на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, односно поранешното училиште на нашиот револуционер Гоце Делчев, во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во штипското Ново Село.

Проштевање во Штип На 02. 03. 2014 година – Прочка (Недела сиропусна; Св. вмч. Теодор Тирон, св. Маријамна) во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа пригодно слово. Истиот ден, во истиот храм, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи вечерна богослужба, по што се изврши традиционалното проштевање и верниците побараа и добија прошка од својот пастироначалник и од свештенослужителите.

• • • TROI^NIK • • •

63


Акатист во Лесново На 07. 03. 2014 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во Првата недела од Великиот пост, во манастирот „Св. Гаврил Лесновски“ во Лесново, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството, богослужеше мало повечерие со канон и акатист на Пресвета Богородица, по што и одржа пригодно слово.

Тодорова Сабота во Свети Николе На 08. 03. 2014 година, Тодорова сабота, Св. Поликарп еп. Смирнски, св. Горгонија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од штипското архиерејско намесништво, во црквата „Св. Николај“ во Свети Николе, отслужи Света Архиерејска Литургија во присуство на многуброен народ, меѓу кои и Градоначалникот на Општина Свети Николе г. Зоран Тасев и ја благослови пченицата во чест на празникот - Тодорова Сабота. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион го причести многубројниот православен народ со Телото и Крвта Христови и одржа пригодна беседа.

64 • • • TROI^NIK • • •


Недела на Православието во Штип На 09. 03. 2014 година, Прва Недела од Великиот Пост – Недела на Православието, 1 и 2 наоѓање на главата на св. Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско – Гостиварски г. Јосиф, заедно со Неговото Високопреосвештенство Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, во сослужение на повеќе свештеници од Брегалничката епархија, во храмот „Св. Климент Охридски“ во нас. Сењак во Штип, отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија. Митрополитот Тетовско – Гостиварски г. Јосиф во своето празнично пригодно слово укажа на правилното православно живеење на луѓето, чистостата на Православието според учењето на Светите Вселенски Собори и Светите Отци, како и за прославувањето на Неделата на Православието. По тој повод Митрополитите г. Јосиф и г. Иларион зедно со свештенослужителите празнично изнесоа икони и изврши Молебен за обраќање на оние кои заблуделе и отпаднале од Православната Црква по што православниот верен народ и се поклонуваа и ги бакнуваа иконите во знак на победа на Православието и враќањето на Светите икони во употреба. На крајот Митрополитот Брегалнички г. Иларион Му се заблагодари на Митрополитот Тетовско – Гостиварски г. Јосиф за отслужената Света Литургија во Брегалничката епархија.

Донаторска средба за изградба на црква „Св. Лидија“ во Свети Николе На 13. 03. 2014 година, во организација на Градоначалникот на Општина Свети Николе г. Зоран Тасев и Иницијативниот одбор за изградба на нова црква посветена на „Св. Лидија“, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион оствари средба со бизнис секторот од Свети Николе за помош и отпочнување на изградба на црквата „Св. Лидија“ во Свети Николе.

• • • TROI^NIK • • •

65




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.