Троичник бр.37

Page 1



СО БЛАГОСЛОВ НА НЕГОВОТО ВИСОКОПРЕОСВЕШТЕНСТВО МИТРОПОЛИТ БРЕГАЛНИЧКИ Г. ИЛАРИОН

ТРОИЧНИК, број 37

Св. Нектариј Егински ДОКАЗИ ЗА БЕСМРТНОСТА НА ДУШАТА (2)

...6

Поуки од свети отци КАКО ДА СЕ СПАСУВАМЕ ВО СВЕТОТ ...13 Разговор со протереј Сергиј Правдољубов БОГ НЕ’ ПОВИКА ДА МУ БИДЕМЕ ПРИЈАТЕЛИ ...22 Ирина Медведева, Татјана Шишова ЛОГИКАТА НА ГЛОБАЛИЗМОТ (1)

...27

Митрополит Лимасолски г. Атанасиј СEKOJ СИ ИМА СВОЈА МЕРКА ...32 Дипл. теолог Кире Трајанов ЕКЛИСИОЛОШКО-ЛИТУРГИСКОТО ЗНАЧЕЊЕ НА ХРАМОТ БОЖЈИ ...39 Протоереј Димитриј Смирнов СЕКОЈ ХРИСТИЈАНИН ТРЕБА ДА ИМА ДУХОВНИК ...43 Свештеник Алексиј Умински ПРАВОСЛАВНОТО ВОСПИТУВАЊЕ И СОВРЕМЕНИОТ СВЕТ ...47 ПОКРОВ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА СПОМЕН НА СВЕТИТЕ ОТЦИ ОД СЕДМИОТ ВСЕЛЕНСКИ СОБОР

...52

...54

ТРОИЧНИК - списание за православна вера, култура, уметност, образование и воспитание. Година XI, број 37, август 2013 г. Излегува четири пати годишно. Издавач: Брегалничка Епархија на Македонската Православна Црква, Штип. Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Иларион. Уредувачки одбор: јеромонах игумен Дамаскин, протоереј Николче Ѓоргев, свешт. Влатко Мирасчиев, дипл. теолог Жаклина Трајчев, дипл. теолог Жаклина Ѓоргиева. Лектура: игумен Дамаскин. Дизајн: протоѓакон Тони Петрушевски. E-mail: slovo@t-home.mk Печати: Европа92, Кочани.


ВОВЕДНИК

Митрополит Брегалнички г. Иларион

Возљубени читатели!

E

те, со Божја помош, на ваша повторна духовна радост, излезе од печат уште еден број на „Троичник„, како мала поткрепа на вашите духовни потреби и помош во подвижничката борба со гревот и страстите. И во овој број, како и секогаш, се потрудивме, барем малку, да ја задоволиме вашата духовна глад и жед за светоотечкиот медоточен нектар, преку нивните поуки и совети за спасение на душата, особено кон оние православни христијани кои се подвизуваат и живеат во светот, во кој денес се извртени и изопачени основните поими за моралот и за човечките вредности и добродетели. Согледувајќи ја сегашната состојба на нашата младина, не можеме да бидеме рамнодушни и кон оваа денешна трагедија, каде што многу млади животи згаснуваат под силниот бран на пороците, чувствувајќи се посрамено и понижено од хаосот на атеизмот и безбожноста, млади души, кои раснеле во семејства лишени од било какви христијански корени и традиции, при родители кои и самите не биле христијански воспитани. Во денешниот „либерален„ свет, во кој е „сѐ дозволено„, во кој се потполно извртени и изопачени поимите за љубовта и слободата, свет, во кој сѐ повеќе од младите потонуваат во бездната на развратот и моралната деградација и стануваат жртви на смислено наметнатиот духовен геноцид, каде што бројот на мртвите или смртно ранети души е сѐ поголем. Затоа, и во овој број донесуваме текст за вистинското православно воспитување во современиот свет, кој се надеваме дека на родителите ќе им помогне, со Божја помош, да го решат нашиот основен актуелен проблем – како нашите православни деца, во контакт со овој свет, да останат вистински христијани.

Кога на многумина им се чини дека за нивните духовни рани нема надеж за опоравување, преку ова скромно списание се трудиме да им го посочиме лекот, а тоа е Христос Богочовекот, Единствениот предвечен Бог, Бог на љубовта, мирот и правдата. Духовниот живот и не е ништо друго, но живот во Христа.Всушност, вистински православен Христијанин е оној кој настојува да биде послушен на Заповедите Божји и, во исто време, послушно да се обидува да им удоволи на барањата на православниот начин на живот, како што е тоа откриено преку Светото Писмо и Светото Предание. Денес, просечниот православен христијанин мисли дека води исклучително побожен живот само затоа што редовно ги посетувабогослужбите во храмот, често ја прима Светата Причест (понекогаш и без било каква соодветна подготовка), ги практикува постовите, дава милостина и прилози за црквата итн. Но, сето тоа, и уште повеќе, го сочинува само минимумот кој се очекува од оние кои го следат патот Христов, тоа се првите чекори во духовниот живот. Но, активниот духовен животподразбира многу повеќе од исполнувањето на тие мининални барања. Суштината на духовниот живот се состои во исцелувањето на нашата (со гревот) расипана волја, во нејзиното соединување со волјата Божја и во нејзиното посветување на тоа единство, и бидејќи заради соединување со волјата Божја е неопходно таа да се познае, така, духовното раководство е внимателна постапка со која најпрво учиме, а потоа и ги применуваме началата на духовниот живот, доаѓајќи така до сигурно познание на волјата Божја во однос на нас самите. Духовното раководство, со еден збор, им е потребно на сите, бидејќи сите сме повикани кон обожување и светост, кон раснење во добродетелите, кон соединување со Христа, и никој од нас не може тоа сам да го направи. Затоа, почнувајќи од овој број, ќе објавиме неколку текстови,најнапред за потребата од духовно раководство, а потоа и за правилниот и неправилниот однос кон духовниот отец.

4 • • • TROI^NIK • • •


Драги верни читатели! Во ова наше време царуваат гревот и смртта. Токму затоа, со Божја помош се обидуваме преку ова списание да објавуваме духовни текстови кои ќе ви помогнат во вашето подвижничко приближување кон Бога, односно во вашето богопознание. И тоа што ние го објавуваме, а вие го читате, е уште еден доказ дека сакате да Му служите на Бога со љубов и вистина, а се надеваме дека тоа ваше богослужење ќе продолжи и во вечноста. Ако живеете така, тогаш сте на добар пат, но борбата морате да ја продолжите, подвигот да го довршите. Сѐ додека сме во ова гнилежно тело, мораме да се трудиме со сите наши сили, преку целиот наш овоземен живот, постојано да се приближуваме кон Бога, зашто само на тој начин, проверен преку искуството на Црквата Божја, вистински ќе сме живи во Христа Господа. Затоа, Нашиот живот треба да претставува жртва благопријатна на Христа, а нашите молитви, кадило со благопријатен мирис кој од нашите срца постојано ќе се воздигнува кон престолот Божји.

• • • TROI^NIK • • •

5

Драги браќа и сестри! По милоста Божја, се надеваме дека ќе продолжите да се трудите да живеете богоудно христијански, онака како што ни заповеда нашиот Спасител во Своето Евангелие. Патот го знаете, духовно оружје имате, затоа трудете се верата да ја зачувате, молитвата постојано да ја изговарате, во љубовта да бидете искрени, во делата благочестиви, и во сѐ што правите да бидете непорочни. Голема е радоста на ангелите кога се трудиме – благодарение на благодатта Божја – да живееме во покајание, со вера, надеж и љубов кон нашиот Спасител. Од особена важност е да се трудиме да живееме вистински православно во ова модерно време, бидејќи денешните луѓе со својот световен начин на живеење се целосно пропаднати во страстите и сластите, длабоко заплеткани во мрежите на лукавиот. Семилостив Господи, погледни на сите твои чеда пострадани во ова бездушно време, допри се до нивните срца и направи ги наследници на вечниот живот. На Тебе Слава и вечна пофалба, Амин.


вероучение

ДОКАЗИ ЗА БЕСМРТНОСТА НА ДУШАТА (2) Св. Нектариј Егински

(...продолжение од минатиот број) 10. Идејата за вечноста како доказ за бесмртността на душата

Ч

овекот ја внесува идејата за бескрајноста, во секое поле од својот живот, во сè што го интересира, а една од нив е идејата забесмртност. Тој се стреми да го продолжи своето постоење и на сите можни начини сака да ја постигне целта кон која се стреми... Човековата борба овде на земјата е насочена кон обезбедување на сопствена вечност. Човекот копнее и се стреми преку своите откритија и достигнувања, да остави зад себе неизбришливи траги од својот живот. Неговиот најсладок сон е помислата за посмртната слава, која ги ублажува напорните маки што тојги вложува, со цел да го продолжи сеќавањето за своето постоење. Човекот не сака да посвети внимание и намерно ги затвора очите пред фактот, дека променливата природа на световните работи секогаш повторно и недвосмислено зборува дека сѐ е минливо.Неможејќи да си го продолжи животот, човекотсе стремида си го продолжи барем своето име,бидејќи неможе да се помири со понижувањето од исчезнување. Тој смета дека своето постоење го продолжува преку своето потомство. Некој внатрешен глас го убедува дека нема да исчезне после завршетокот на својот земен живот, туку ќе живее некаде на друго место, каде ќе се насладува со задоволства како награда за неговите постигнувања на земјата. Одовде човекот како да ја смета смртта за суштински немоќна, иако очигледна пречка на своите бескрајни планови и продолжува да вложува големи напори заборавајќи на смртта и движејќи се низ животот повеќе како бесмртно битие, отколку како смртно. И колку повеќе мисли дека неговите достигнувања ќе продолжат да живеат и по неговата смрт,дотолку повеќе се вложува себеси. Замислете колку чудни тајни: за него гробот и смртта (како лесни облаци) се разведруваат со блескавите зраци на бесмртността!

11. Љубовта кон убавината, добрината, вистината и правдата како доказ за бесмртноста на душата Љубовта кон возвишените работи претставува психички феномен кој сведочи за постоењето на душата, додека самиот карактер на работите кои ја исполнуваат душата зборува за нејзината бесмртност. Внатрешната човечка тенденција кон философијата, желбата преку релативната совршена радостда се достигне совршената, неискажливата радост во пронаоѓање на вистината, сведочи за човековата духовна природа и нејзиниот карактер. Љубовта кон убавината, добрината и вистинатапретставува скала преку која човекот се искачува над сѐ што е видливо кон духовниот свет, каде душата ја созерцава премудроста на Создателот, ги разбира Неговите прекрасни дела, се воодушевува од Неговата семоќност и насекаде го гледа Неговото присуство. Бог му зборува на човекот лице во лице! Колку голем дар! Колку голема моќ! Колкава голема чест и слава за земниот човек. Зарем Божјата Премудрост би го надарила човекот со таква моќ, а тој да исчезне во гробот? Тогаш каква би била неговата смисла за живот? Од каква корист би биле тие, ако сѐ исчезнува по смртта? Како е можно,спротивно од природата, прашината да се стреми кон возвишените идеи? Како физичкиот човек сака повеќе да се занимава со истражување на натприродното отколку на природното? Откаде во материјата таков ерос кон духовните работи? Каде заминува тој ерос? Кадезаминува таа Божествена радост, духовна амвросија која го оживува човекот кој се занимава со философија? Во каков однос се материјата и духот? Духот како таков се весели кога ѝсе открива на вистината и се усовршува и искачува скалило по скалило по лествицата на совршеноста.Но, зошто би се радувала и материјата? Каква корист би имала материјата, пред сè, земајќи во предвид дека таа

6 • • • TROI^NIK • • •


чувствува сѐ поголема болка и мака, кога таквото духовно задоволство и восхитеност се умножува и засилува? Со каква радост се радува телото додека духот се опива со небесен нектар? Ако човекот е само материја, зошто тогаш таа не се задоволува со тоа да кружи околу самата себе, а не да тежнее кон возвишеност? Ако човековото тело го чека гробот и потполното распаѓање,зошто толку би се жртвувало? И најчудно од сè е зошто Бог би се открил во тело, ако судбината на човековото тело е потполно да го загуби своето сознание за Бога? Човекот го бара Творецот на светот, неговиот седобар Уметник и Устроител на космосот. Човекот се стреми да го спознае Оној, од Кого ја примил идејата за убавина, која изобилно го проникнува целото создание. Поредокот, хармонијата во сите созданија, премудрото устројство и функционирање на космосот, неговата сечудесна убавина и блескава величенственост, го издигнуваатчовековиотум како Прапричина кон Оној, Кој сè создал со Својата Премудрост. Сето ова во човекот го разгорува Божествениот ерос за философија и сознание, преку кој човекот се стреми да проникне во длабочината на Божјата Премудрост, да биде воведен на мистичен начин во тајната на создавањето на светот, да разбере како е создадено сè што постои и како Бог го одржува во живот сето создание. Со

• • • TROI^NIK • • •

7

проучувањето на овие работи на човекот му се открива седобриот Создател и расне во љубовта кон Највозвишеното добро Кое го привлекува човекот кон себе... Овој психички феномен би бил потполно несодветенсо Премудроста Божја, доколку гробот би означувал крај на човековото постоење. Но, поради фактот дека тоа е спротивно на Божјата Премудрост,следува дека човекот има способен дух за богоспознание, кој всушност е бесмртен, бидејќи смртното битие како она кое ќе исчезне е недостојно за таква слава и чест. Значи, човекот има бесмртна душа, бидејќи таму каде што е богопознанието, таму е и бесмртноста. 12. Гласот на совеста како доказ за бесмртноста на душата Совеста е неподмитлив судија, чувар на законот, кој Самиот Бог го запишал во човековото срце. Неопходно било тој закон да има свој чувар, а човечките постапкисвој судија. Постоењето на овие две работи во човекот сведочат за човековата слобода, одговорност за сопственитепостапки, за човековиот однос кон Законодавецот, како и за бесмртноста на душата. Бидејќи ако човекот не би имал бесмртна душа, тој закон би бил непотребен, совеста би била нешто ненаметливо и безпричинско, а човековите постапки не би биле од морален карактер, туку само нормални природни постапки. Но, за вистината дека во човекот постои запишан закон и (совеста како) секогаш буден чувар на тој закон, најпрво сведочи универзалното верување начовековиот род, а потоа и моралната состојба на секој човек, кој прави двојни работи т.е или прави добро, или зло, или го чува законот, или го прекршува. Човекот кој го чува моралниот закон се препознава по својот карактер. Неговото срце, спокојство и душевен мирсе огледуваат на неговото спокојно лице како на


огледало, а неговиот живот е како поток кој тивко тече низ волшебните ливади. Неговите дела и постапки изразуваат надеж во идна награда... А прекршителот на моралниот закон постојано е вознемируван од укорувачкиот глас на неговата сопствена совест,ипривремено се претвора во беден и ужасен привид. Од него бегаат мирот и спокојството, тие два гулаба, тие два симбола на добродетелта и добрината. Неговиот изобличен лик се помрачува со мрачни бои на унинието, потиштеноста и очајанието. Таквиот човек како да чека казна. Но сепак, ако го погледнеме крајот на едниот и другиот човек, ќе видеме дека на надгробната плоча на грешникот се испишани дитирамби и симболи на победа и триумф, додека на скромниот споменик на праведникот е изрезбана само една палмова гранка, а се случува понекогаш праведникот да биде погребан безсандук, без слава и почести далеку од очите на луѓето и гробот на овој духовен подвижник да остане и непознат. Од каде доаѓа ова антитеза? Каде е овде правдата? Дали праведникот е прелажан? Каде е наградата која ја очекуваше, за која се бореше и во воја веруваше со својата света вера? Погледнете, исчезна потполно покриен со земја. Дали неговата надеж била само еден обичен сон? Дали можеби го прелажала неговата совест? А грешникот пак, кого неговата совест го опоменуваше отворено кога го прекршуваше моралниот закон, го проживеа својот живот со почести и слава и на крај доби прекрасен гроб и трајно сеќавање на неговата слава. Дали стравот и немирот на неговата душа бил беспричински, а пак гласот на совеста кој го опоменувал бил бесмислен? Не! Праведникот не е прелажан, зашто живеејќи согласно со барањата на моралниот закон, живеел во согласност со својата предодреденост. Моралниот закон му е даден на човекот за да може да го одржува сопствениот однос со Бога, да се чува самиот себе и да се развива и усовршува. Затоа, оној кој живее морално не е прелажан, бидејќи ја исполнува својата предодреденост. Но, не е прелажан и неморалниот човек, бидејќи тој кога го прекршува законот, води војна против Божјите дела и презема тешка одговорност, бидејќи е свесен за своите гревови, а за тоа му сведочи неговата сопствена совест. Но, зошто Божјата правда не им дава според заслугите и на праведникот и на грешникот уште додека се на земјата? Токму човекот, затоа што живее и по смртта, и затоа што во бескрајниот вечен живот праведниците ќе ја примаат платата за своите

подвизи, а грешниците за своите гревови. Божјата правда би била само празен и бесмислен збор, доколку не им дава на сите според делата свои. Бог е праведен и ја сака правдата, од каде што следува дека добродетелта ја прима наградата, а гревот – казната. Но, од фактот дека Божјата правда тука не се пројавува во целост, следува дека таапотполно ќе се исполни дури во идниот живот, кој ги очекува сите луѓе. Совеста е јасен доказ за човековата духовна слобода и бесмртноста на неговата душа. Што се однесува до пригушената совест, доволно е да се каже дека и во таква состојба таа сведочи за постоењето на совеста: човекот кој го губи спознанието на вистината ја пригушува својата совест, а таа спротивно од тоа продолжува пригушено да го осудува човекот поради прекршувањето на законот. Што се однесува пак до умрената совест, ќе кажеме дека тоа е ретка појава и последица на крајната огревовеност. Таквите случаеви не го оспоруваат општото правило дека совеста е неподмитлив судија. Самоиспитувањето претпоставува слобода, а слободата претпоставува разумност, па затоа човекот кој расудува за сопствените дела е разумно и слободно битие, кое има потполна свест за тоа што го прави и ќе биде или казнетили награденво зависност од своите дела. Затоа, оние кои не се наградени во овој живот, ќе примат награда за своите добродетели во идниот вечен живот. Светиот Павле, апостол на незнабожците, во своето Послание до Римјаните (7, 15-23), го опишува судот на совеста и тоа не на догматски, туку на психолошки и философски начин. Тој со здрава аргументација докажува дека моралниот закон е запишан во човековото срце и дека совеста е поставена како вистински судија над сите човековитедела. Совеста секогаш сведочи за тоа дали некое дело е во согласност со моралниот закон или пак е спротивно. Совеста ја поддржува вистината, дава почест на добродетелта, ја фали духовната мудрост и ги признава овие три работи како единствено добро, богоугодно и содветно на човекот како разумно битие. Гласот на совеста непрестајно одекнува во срцето на секој човек. Ниту една продуховена личност не го негира постоењето на овој глас и неговиот суд, ниту паквнатрешната побуна со која совеста се дига против прекршителот на Божјиот закон, против прекршителот на Божјите начела и заповеди. Затоа, совеста е доказ за

8 • • • TROI^NIK • • •


дејствувањето на Божјиот закон во нас, закон кој Бог го запишал во срцата на луѓето заради усовршување на нивните бесмртни души. 13. Внатрешното откривање на Бога како доказ за бесмртноста на душата Во прилог на доказите за бесмртноста на човековата душа ќе го приложиме доказот на внатрешното Божјо откровение, преку кое човекот е поучуван од Бога за натприродните вистини, како и она што е корисно и неопходно за негово спасение. Човекот честопати му го должи спасението на својата душа и својот животтокму на тоа внатрешно Божјо откровение. Тоа вдахновение на мистичен начин го избавува човекот од опасносткога е буден,но,и кога спие,а му ги открива работите кои се случуваат на голема одалеченост, па и оние кои кои ќе се случат во иднина, откривајќи му ја на тој начин Божјата волја. Ваквото Божјо откровение на далечни и идни случувања претставува доказ кој го потврдува човековиот однос со Бога, Божјата грижа за човекот, човековото крајно достоинство, духовната природа на човекот и бесмртноста на неговата душа. Оние кои ја негираат ова вистина се негираат самите себеси, возвишеноста на своето

• • • TROI^NIK • • •

9

достоинство, целта и смислата на своето постоење во овој свет, но и своето потекло и назначение. Поради тоа, таквите луѓе преку својот живот живеат како неразумни животни и исплашени доаѓат до неговиот крај, стоејќи вџашени над отворениот гроб. Колку пати над гробот таквите материјалисти и философи дошле до покајание и ги исповедале своите гревови? Колку пати таквите луѓе, во тие моменти го одрекувале сиот свој живот што се случувало како последица на пробудување на верата во бесмртноста на душата пред лицето на смртниот час?Тоа честопати се случува, затоа што сите кои се приближуваат кон крајот на овој живот истовремено се приближуваат и кон идниот. Човековата душа тогаш се ослободува од тешките бремиња и окови кои ја сопнувале овде на земјата. Човековиот дух се ослободува од сите минливи грижи и од него почнуваат да се подигаат темни облаци кои дотогаш го прекривале. Светлоста на вечниот живот го проникнува помрачениот ум и го просветлува, а човековиот заслепен ум гледа во небесната зора koja го оветлува одвнатре и се прилепува кон неа. Човекот се втурнува во духовно созерцание за вечниот живот и во таква молитвеност го предава својот дух потполно сигурен за вистиноста на идниот живот, бидејќи тој вечен


живот веќе му се открил. 14. Христијанскиот живот како доказ за бесмртноста на душата Се смета дека христијанскиот живот единствено му доликува на човекоткако достоен живот. Зошто? Штое тоа светост? Штое тоа свет живот? Што означуваат овие поими? Дали можеби тие зборови се без значење? Даличовековиот род греши во своето почитување на Божјиот закон? Дали можебиваквите лажни идеи за живот според Божјиот закон, за самиот себе и сопственатапредодреденостго довеле човекот до апсурдни и погрешни начела, врз основа на кои човекот го разликува светиот од несветиот и праведниот од грешниот живот? Но, како е можно таква грешка да се прошири низ целиот свет? Како е можно целиот човечки род, сите раси и народи на земјата да имаат зборови кои ги изразуваат ваквите идеи? Како е можно дури и дивите племиња учењето за добродетелта да го сметаат за клучно учење во своите незнабожечки религии? Проучи ги сите древни религии од сите континенти, заобиколи ја Земјата, истражи ја внатрешноста на Африка и должините на Америка, отиди до местата каде што живеат дивите племиња, посети ги островите океански, спореди ги фундаменталните начела на религиите од најдалечните земји, кои меѓусебно се раздвоени со огромни растојанија, ќе се увериш дека сите го почитуваат праведниот и свет живот и сите сметаат дека му се блиски на Бога и достојни за восхит единствено оние кои живеат таков живот... Дали е можно ова општонародно мислење да биде погрешно? Невозможно е сите народи заедно да бидат во заблуда токму за ова прашање. Општото мислење претставува вистински судија кое пресудува за вредностите или безвредностите на некои работи. Она што општочовековото мислење го потврдува како добро, навистина е добро, а она што го отфрла како недолично, навистина е недолично... Затоа, праведниот живот е метод на човеково усовршување, со кое тој постанува највеличествено и највозвишено создание на земјата. Но, зошто му е таков напор и усовршување, доколкуги чека иста судбина и совршените и несовршените? Каква е ползата од сето тоа, ако студената темница на гробот засекогаш ги покрие и едните и другите, доколку личноста на оној кој

се стремел кон совршенство се распаднезаедно со распаѓањето на неговото тело? Зошто тогаш Творецот со Својата премудра создавачка сила вметнал во човекот моќ на самоусовршување преку која тој се подвизува, труди, се жртвува дасе преобрази во највеличествено битие, доколку тоа усовршување би било бесцелно и бесмислено?Но, Божјата Премудрост исклучува секаква бесмисленост! Тогаш која е смислата на човековото духовно усовршување? Ова прашање бара голема концентрација и внимание. Затоа, да погледнеме која е смислата на човековото усовршување преку светиот и добродетелен живот. Бидејќи е делона Божјата волја и Премудрост,

10 • • • TROI^NIK • • •


смислата на човековото усовршување преку духовен и добродетелен живот мора да биде возвишена, голема и божествена, достојна на Божјата волја. Совршенството и светоста кон која се стреми човекот е обожувањето (θεοσις), бидејќи Бог е Единствен Свет и Совршен. Според тоа, смислата на човековиот стремеж кон совршенство преку духовен и свет живот,претставувачовеково обожение. Всушност, Бог сака човекот даго направи бог и затоа во човекот вметнал способност за духовен расти љубов кон совршенство, поради кое човекот се бори и подвизува. Мистичниот глас Божји, кој зборува во човековото срце, го закрепнува човекот во оваа борба, во која Бог е судија, Оној Кој невидливо го води и поддржува човекот. Тој е Оној, Кој шепотливо внесува зборови на живот во човековото срце, Оној Кој го изведува човекот кон крајната цел за која тој е создаден. Ете зошто целиот свет со своите наслади, уживања, слави, велелепности и животни суети неможе да го сврти од патот кон усовршувањето оној, кој се бори за свет и добродетелен живот. Божјиот глас кој мистично зборува во човековото срце толку е јасен и разбирлив, што го разбираат и цивилизираните, но и простите диви народи. Овој глас ги прави човечки битија и најварварските народи и го сочувува во човекот белегот кој го прави различен од бесловесните животни и човеколики мајмуни. Значи, човекот не е создаден за да исчезне, туку за да постане причесник на Божјата добрина и светост. Затоа човекот има бесмртна душа. 15.Религијски доказ за бесмртноста на душата Религиозноста сведочи за бесмртноста на душата, затоа што религијата претставува внатрешна човечка приемчивост за духовно заедничарење со Вечниот Дух Божји... Човековиот дух, во својот стремеж за вечниот Свет Дух, инстинктивно се движи и спонтано се приближува кон Него. Кога човековиот дух почнува да го осознава светот околу себе, тој не застанува никаде и нема спокој, туку постојано се движи и секогаш истражува нови сознанија.Човековиот Дух се стреми да се издигне до Вечниот Дух Божји, во Кого, како што верува, ќе пронајде мир и спокој по кои трага. Овој феномен е универзален и се наоѓа кај сите народи од разни раси на Земјата.Не постои народ во кого нема религиозност. Никогаш не постоел народ кој не се поклонувал на Бога. Религиозноста и богопоклонувањето сведочат за постоење на

• • • TROI^NIK • • •

11

внатрешен импулс на човековиот дух да го бара Бога. Да се негира оваа вистина, значи да се негирачовековата духовна природа. На оние кои ја негираат оваа вистина немаме што да им кажеме, бидејќи тие самите се негираат, бидејќи го негираат својот духовен живот и копнежот на својот дух и душа. Ние се обраќаме кон оние кои ја признаваат својата духовна природа, својотвнатрешен импулс да го бараат Бога и внатрешната наклонетост на својата душа да се издигне над земните работи и да пребива во Духот Божји. Религиозноста сведочи за бесмртноста на човековата душа, затоа што таа е плод на човековото внатрешно чувство на заедништво со Духот Божји. Религиозноста е нужна последица на Божјото заедничарење со човекот и човековото заедничарење со Бога. Ваков ред аналогно на тоа, религиозноста логично произлегува од срдечната потрага на човековиот дух за вечниот Дух Божји, бидејќи оној којкопнее по вечниот Дух Божји, не е можно да копнее напразно, т.е. да биде во заблуда.Човековиот дух се стреми и вознесува кон Духот Божји, затоа што е сигурен во Неговото постоење, но изатоа што чувствува сродност со Него. Човековиот дух ја чувствува својата бесмртност и се стреми кон Бесмртниот.


А духот кој се стреми кон бесмртност неможе да биде смртен. Всушност, бесмртноста е она што го привлекува човекот кон бесмртност. Движењето на човековиот дух кон бесмртноста, сведочи за сопственатабесмртна природа. Како плод на заедничарење на човековиот дух со Божјиот Дух, религиозноста сведочи за бесмртноста на душата. Оваа вистина ја потврдуваат и добродетелите, кои се раѓаат во срцето на религиозниот човек. Овие добродетели, во својата убавина и величенственост се откриваат во Христијанството како богооткриена религија. Религиските добродетели кај верниците сведочат за вистинското заедничарење на Бога и човекот, за дејствувањето Божјо во човековата душа. Христијанските религиозни добродетели претставуваат прекрасен доказ за Божјото заедничарење со човекот; а Божјото заедничарење со човекот и дарувањето на човекот со Божјите даровисведочат за бесмртноста на човековата душа. Значи, религиозноста сведочи за бесмртноста на човековата душа. 16. Внатрешниот импулс за богопоклонение како доказ за бесмртноста на душата Уште еден чуден и необјаснив феномен за заговорниците на материјалистичката теорија претставува богопоклонението. Каков е тој феномен, каков е тој стремеж за непознатото, каква е таанаклонетост, тој копнеж, таа таинствена

љубов кон Бога? Зошто умот и човековото срце се стремат да се одвојат од материјалниот свет и да се издигнат кон Небесата,со цел да се поклонат и на Бога да Му ја искажат својата предаденост? Каква е таа наклонетост на човекот, да се одрече од сопственатателесностза да се пренасочи кон другиот ентитет во себе, кој е различен од телото? Каков е тој ентитет кој се нарекува ˝јас̏ (его) и кој се стреми да се ослободи од телесните окови, за да може беспрекорно да се посвети на занимавање со духовни работи и да ги созерцува работите кои му се туѓи на светот кои го окружуваат? Како материјалниот човек посакува да се занимава со духовни идеи? Какви се тие идеи? Да го земеме за пример верникот кој отфрла сè земно, за да се посвети во служба на невидливиот Бог и кој самиот се потчинува на Неговата апсолутна волја. Каква е таа зависност? Што го тера човекот да ја потчини својата волја? Ете, таквиот човек пред цветот го фали Творецот на таквиот цвет. Убавината на цвеќето во неговото срце раѓа чувство на богопоклонение, кое изнудува пофална песна кон Создателот. Неговите усни ја воспеваат невидливата природа Божја, неговиот јазик искажува пофални химни на невидливата Творечка моќ, неговото срце се весели, а неговиот дух се восхитува воваквата побожност. Тој верува дека ја исполнува својата должност, која му е наложена од извесен таинствен внатрешен глас, чија заповед морал да ја послуша. И од ваквите духовни случувања човекот излегува преполн со умиление. Превел: ѓакон Илија Поп Гонов

12 • • • TROI^NIK • • •


светоотечка ризница

КАКО ДА СЕ СПАСУВАМЕ ВО СВЕТОТ Св. Атанасиј Велики ДА СЕ УПОДОБУВАМЕ НА СВЕТИИТЕ НЕ СО ЗБОРОВИ, ТУКУ СО ДЕЛА

Божјите дарови се следни: совршена добродетел и вистински трепетен страв пред Него, што сме должни да ги принесуваме на жртва на Господа. Бидејќи сме должни, пребивајќи во побожност, Него да Го прославуваме токму со она што Он ни го дарува за наше осветување. Свети Василиј Велики ДА БИДЕМЕ ДОСТОЈНИ НА НЕБЕСКИОТ ПРИЗИВ

Н

ашите дела нѐизобличуваат кога во страданијата и во неволјите најпрво прибегнуваме кон сѐ друго, само не кон Бога. Кога ти е болно детето, бараш гатач или некој што на вратот ќе му стави некаква амајлија, или најпосле, одиш на лекар по мелеми, заборавајќи на Оној Које силен да го спаси. И воопшто, во секоја неволја самиот си се изобличуваш со тоа, што на зборови Бога Го нарекуваш свое прибежиште, додека на

В

истинскиот живот, браќа мои, е во тоа, да го отфрлиме трулежното и да пребиваме во она што е од нашиот Искупител. Времето бара од нас, особено денес, да сведочиме за тоа, не само со зборови, туку и преку дела да се уподобуваме кон Светиите. А ние се уподобуваме кон нив кога Го исповедуваме Оној, Кој претрпе смрт, кога не живееме повеќе за себе, туку кога Христос пребива во нас;кога со сета своја сила се обидуваме на Бога да Му возвратиме за Неговите добродетели. А, и кога Му возвраќаме на Господа, не Му даваме ништо наше, туку исклучиво она што од Него претходно сме го побарале. И токму тоа што Господ, она што Самиот претходно ни го подарил, потоа го бара од нас како наше, без сомнеж, претставува доказ за Неговото милосрдие. За тоа и Самиот Он сведочи, велејќи:жртвите (кои Ми ги принесувате) се Мои дарови, т.е. она што ми го принесувате ви припаѓа вам, само дотолку што од Мене сте го примиле. А

• • • TROI^NIK • • •

13


дело помош бараш во она што е бескорисно и пустошно. А на праведникот вистински помошник му е само Бог. Немој да бидеш пристрасен кон земното богатство со душата, туку извлекувај корист од него; немој прекумерно да го сакаш и немој да му се восхитуваш, туку употребувај го така за да ти служи само какоорудие, како средство. Не треба да се грижиш за обилноста на она што е потребно за живот и да се грижиш секогаш да бидеш сит и да живееш во раскош; треба да бидеме чисти од секаков вид на пристрасност кон стекнување и од секакво неразумно расфрлање. Секој ден и секој час пребивај во бодрост и во совршено благоугодување на Бога, секогаш биди подготвен, знаејќи дека Господ ќе дојде во часот во кој не се надеваме. Што му е својствено на христијанинот? Да се очисти од секаква нечистотија на телото и на духот со Крвта Христова, да врши свети дела во страв Божји и во љубовта Христова. Сите ќе мора да дадат одговор колку го слушале гласот на Евангелието Христово, без разлика на тоа дали станува збор за монаси или за оние што се во брак. Христијанинот не смее за никого лошо да зборува, ниту да им се препушта на озборувањата, ниту со задоволство да ги слуша туѓите озборувања; нему не му доликува лесно да поверува во она што зборуваат луѓето за некого, да ѝ се препушта на раздразливоста, да им се поклонува на своите желби, без причина да се гневи на својот ближен; тој не смее да негува непријателство кон никого, ниту да враќа зло за зло. ...Никогаш да не се оправдува самиот себеси; себеси да се смета за најгрешен од сите и пред Бога и пред луѓето, беззакониците да ги вразумува, на малодушните да им дава утеха, да им помага на оние кои се во неволја, да се грижи за гостопримството и братољубието. ...Да стои подалеку од лоши луѓе, од телесни и суетни; повеќе да мисли, а помалку да зборува; да не е дрзок на зборови; да не си дозволува премногу зборување, да не се оддава на смеење, туку да се украсува со срамежливост, погледот да го наведнува, а душата кон висините да ја вознесува; на дофрлувањата да не одговара со дофрлување; да им биде покорен на другите; да работи со своите раце; постојано да си спомнува за својот крај, да

се радува со секоја надеж, да трпи во неволји, да се моли постојано, за сѐ да благодари; пред сите да биде смирен, да се чува од горделивост, да пребива во трезвеност и срцето да си го чува од зли помисли, собирајќи богатство на небото со исполнување на заповедите; секојдневно да ги преиспитува своите постапки и помисли, да не им се препушта на секојдневните животни грижи и празни разговори, да не се распрашува со љубопитност за живеењето на немарните луѓе, туку единствено кон животот на Светите Отци да се управува; да се радува со оние што раснат во добродетели никако да не им завидува; да сострадува со оние кои страдаат, да плаче со нив и да тагува поради нив, но да не ги обвинува; да не ги прекорува оние кои се одвраќаат од гревот. Помина ли уште еден ден? –Заблагадори Му се на Оној, Кој ни го подари сонцето за да можеме да ги извршуваме дневните работи и Кој ни даде оган за да ја осветлува ноќта и да ни служи за другите животни потреби. Облекуваш ли кошула – принеси Му благодарност на Оној Кој ти ја дал; се покриваш ли со наметка – умножи ја љубовта кон Бога, Кој ни подари покрови погодни за зима и за лето, облека која го чува нашиот живот. Без разлика на тоа дали она што го бараме ќе го добиеме порано или подоцна, да пребиваме во благодарност кон Господа, бидејќи сѐ што прави Владетелот, сето тоа е според Неговиот домострој заради наше спасение; само, заради својата малодушност да не престанеме со вознесувањето на своите прозби. Христијанинот е должен да негува мисли достојни за небескиот призив и да живее достојно за Евангелието Христово. На христијанинот не му доликува да пребива во расеаност и било што да го одвлекува од сеќавањето на Бога, на Неговата волја и на Неговиот суд. Свети Григориј Богослов ХРИСТИЈАНИН ВО СВЕТОТ, НО НЕ ОД СВЕТОТ

Х

ристијаните живеат на земјата, но над сѐ земно; меѓу луѓето, но над сѐ човечко; сврзани, но слободни; во тешкотија, но со ништо непоробени; во светот немаат ништо, но сите богатства се нивни; живеат двоен живот, едниот презирајќи

14 • • • TROI^NIK • • •


така и пребивалиштата во Бога се многу (Јован 14,2), и тие се распределуваат и се одредуваат секому според неговото достоинство. Затоа, еден нека се исполни со оваа добродетел, друг со некоја друга, некој со многу, а некој пак, доколку е можно, и со сите; само секој нека чекори без запирање, нека се стреми напред и неотстапно да ги следи стапките на Оној добар Патеводител, Кој патот му го насочува право, изведувајќи го од тесната патека, преку тесната врата (Матеј 7, 14) на непрегледните пространства во небесните блаженства.

го, а за другиот грижејќи се; преку умртвувањето се бесмртни; преку одделувањето од тварите, соединети со Бога; не знаат за страствена љубов, туку горат од божествена и бестрасна љубов; нивно наследство е Изворот на светлината... Ако се нарекуваш христијанин во таа смисла што Христа Го исповедаш како Бог, своето исповедување докажи го со своите дела. Не е лесно помеѓу добродетелите да се најде најголемата и на неа да ѝ се даде предност, како што во многуцветна и во миомирисна градина не е лесно да се одбере најубавиот и најмиризливиот цвет, бидејќи ту еден, ту друг го привлекува кон себе погледот и сетилото за мирис, мамејќи го намерникот да го набере. Секоја добродетел води кон спасение по посебен пат, доведувајќи без сомнеж, во некоја од вечните и блажени небесни обители. Како што се различни начините на живот,

• • • TROI^NIK • • •

15

Но, ако според учењето на свети апостол Павле и според зборовите Христови, за прва и најголема заповед треба да ја имаме љубовта, на која се крепат целиот Закон и Пророците (Матеј 22, 37-40; 1. Кор. 13, 13), тогаш најголем нејзин дел треба да ја сочинува, како што јас мислам, љубовта кон бедните, сожалувањето и состраданието кон оние што се од ист род со нас.Никое служење не Му е толку угодно на Бога како што е милосрдието, бидејќи тоа му е најсродно на Бога, пред Чие лице оди милоста и вистината (Псалм 88, 15) и Кому му доликува дарот на милоста над секој суд. Праведниот Дародавател, Кој ја постави на мерилата и на терезиите Свои милоста (Псалм 28, 17), и за ништо друго нема толку да награди со Своето човекољубие, како за нашето човекољубие. Затоа, согласно со заповедта која нѐ учи да се радуваме со радосните и да плачеме со оние кои плачат (Рим. 12, 15), должни сме да ги отвориме дверите на милосрдието за сите бедни и сиромашни, за сите што страдаат од било која причина; должни сме, као луѓе, на луѓето да им принесуваме жртва на добродетели, каква и да е нуждата која ги натерала да бараат помош: вдовици или сираци, или прогонети од родниот крај, или суровоста на властодржачот, или злобата на владетелот, или нечовештвото на собирачот на данок, или раката на разбојникот која убива, или алчноста на крадецот, или запленувањето на имотот, или бродолом. Бидејќи сите тие имаат еднакво право на сожалување, и еднакво гледаат на нашите раце, како што и ние своите очи ги издигнуваме кон Десницата Божја, барајќи некакво добро од Господа. Свети Георгиј Задонски Затворник СКРИЕНО ЖИВЕЕЊЕ ВО ГОСПОДА

Д

одека сè уште не е изминато времето, читајте црковни книги, стражарете, молете се,


има спокојство и неминлива радост!Секогаш треба да се опоменуваме и да знаеме дека на вистинските христијани им се туѓи безбожните дела, беззаконите обичаи и празните забави. Треба да се чуваме од луѓе кои не се плашат од Бога и не Го почитуваат.

трудете се, бдејте, сѐ заради Господа правете, за Господ да ве спаси со Својата милост; а Он ќе го очисти и ќе го обнови, и вечна радост ќе му подари на страдалното срце, кое деноноќно го бара Својот Господ. Колку и да ни паѓаат тешко секаквите страданија, немаштии и тешкотии, ако ги прифатиме како духовен подвиг, заради постапување според Господовите заповеди, и ако го претрпиме тоа до крајот во овој привремен живот, ќе се радуваме низ целата вечност и нашето ликување нема да има крај. Читајте го Псалтирот, вознесувајќи молитви и правејќи метании: тоа спасува од секаква непријатност и внесува мир во душата која стражари. Срдечно молете Му се на Господа, додека сè уште имате време, додека душата сè уште ви престојува во телото. Благочестивиот христијански дом никако не трпи празнословие, шеги, безумна смеа и играње, во него нема место за завист, за злоба, озборување, сладострастие, од што Бог да ја избави секоја душа која оди по патот на спасението. Во христијанскиот дом владее трепет, добар поредок, мир, тишина, едноставност, чиста љубов и незлобивост; во него се исполнуваат Христовите заповеди, и сѐ се прави во слава Божја. Искрено ве молам: живејте и учете онака, како што нѐ учи Самиот Господ Исус Христос, Логосот Божји – во тоа

Кога сострадувате со болните и кога сочувствувате со луѓето кои страдаат, носејќи го истовремено и бремето на своите страданија, одите навистина по вистинскиот пат кон Царството Божјо. Благоразумната девојка, христијанка, која копнее по спасение, само Бога го сака и кон Него единствено се прилепува; само Него Го љуби и Нему Единиот сака да Му угодува. Таа ги чува во чистота својот дух, своето срце и телото, очите и сите сетила и своето тело го почитува како храм Божји. Скромноста се гледа и во облеката и во целиот нејзин изглед. Сѐ во неа покажува целомудреност: и очите и зборовите нејзини. Таа се плаши од сѐ, дури и од сенката на злото и секаде пред себе Го гледа Бога. Со Светите Тајни се причестува со трепет и со должна подготовка: во ова таа наоѓа радост, утеха и сила за себе. Со голема срдечност Му се моли на Бога, на Света Дева Марија – Мајката Божја, на својот ангел чувар и на сите свети девојки. Верна е и во најситните работи, но не се потпира врз себе: им се противи и на најмалите поводи за грев, и на најмалите искушенија, и се чува од сѐ на што има, или на што може да има макар и сенка на злото; се оддалечува од собирите на момчиња, од игри, веселби и претстави. На секое место внимава на себе и во сѐе претпазлива; и кога станува од спиење, и когалегнува, и кога се облекува, нејзино огледало е Исус Христос Распнатиот, на Кого често погледнува. Мила ѝ е молитвата, размислувањето, читањето на душоспасоносни книги, црковните богослужби, и во сето тоа таа си наоѓа задоволство. Секогаш се занимава со нешто и никогаш не го поминува времето напразно; педантна е во исполнувањето на своите обврски и на сѐ што Бог од неа бара во онаа состојба во која ја повикал. Животот на христијанската девојка е живот скриен во Бога, духовен, внатрешен, смирен, едноставен, исполнет со покајание, живот примерен, кој поминува во поучување, во осаменост, во криење од светот. Христовата Девственица никогаш не оди некаде каде што нејзината целомудреност би се нашла во опасност, и го избегнува секој повод за нешто такво. Таа со своите мисли се насочува кон Бога, често вознесувајќи ги кон Него својот дух и своето срце, пеејќи или читајќи псалми и други духовни песни; ги одвраќа своите очи од секакви

16 • • • TROI^NIK • • •


нечесни, соблазнителни и недостојни претстави и слики и од сѐ што ѝ е спротивно на целомудреноста. Ги затвора очите пред грижите на овој свет; нејзините зборови и разговори се исполнети со чистота; сѐ во неа зрачи со целомудреност: таа не знае за шеги, таа го умртвува своето тело, сетилата, страстите и својот поглед го вперува единствено кон оние работи, кои не можат да ја соблазнат и да ја наведат на искушение. Во јадењето и во пиењето е умерена; со сите живее во мир и во согласност. На секое место, на секој човек таа му всадува љубов кон целомудреноста со кротост и со зборови; своето тело го покрива со голема скромност, за ништо на неа да не е спротивно на христијанската кротост и благодоличност. Не чекори горделиво, не дава знаци со очите и со своите телесни движења, не гледа околу себе, туку оди скромно; воздивнува заради своите гревови кои ѝ штетат на целомудреноста;не е врзана за светот, за почестите, за богатството, за задоволствата. Често Му се моли на Бога сите да го поминат својот живот во целомудреност; ја љуби осаменоста, тихувањето, спокојството. Таа постојано бдее над своето срце,

• • • TROI^NIK • • •

17

стражари над зборовите, разговорите, очите и над сите свои сетила. Св. Силуан Атонски ДА СЕ СМИРИМЕ ПРЕД ГОСПОДА И ЌЕ СЕ СПАСИМЕ

А

ко немаме добар духовник, треба со понизност да ѝ се предадеме на волјата Божја и тогаш Господ со Својата благодат ќе нѐ упатува. Зашто Господ неизмерно нѐ сака. Ваквата љубов може да се почувствува само преку верата, преку разумот е невозможно. Многумина ги проучиле сите вери, но сепак до вистинската не дошле. Кој со понизност Го моли Господа да го просветли, Господ ќе му даде да почувствува колку е голема љубовта Божја. Кој на земјата со Светиот Дух пребива во љубовта Божја, и на оној свет ќе биде со Господа. Зашто љубовта никогаш не престанува. Пазете се браќа од многу мудрување. Да внимаваме на себе како што нѐ учеше Господ: „Бидете како деца, зашто на нив е


Царството Небесно„. Понекогаш, кога сме тажни, мислиме дека Господ нѐ заборавил, и дека не сака ниту да погледне на нашата неволја, но браќа, тоа не е вистина. Бог нѐ сака повеќе отколку што ние можеме да се сакаме. Неговата љубов е бескрајна. Он ни ја дава благодатта на Светиот Дух, која ѝ дава утеха на душата. Господ не сака да бидеме тажни, ниту да се плашиме за своето спасение. Да бидеме уверени дека страдаме само додека не ѝ се препуштиме на Неговата волја. А кога ќе се понизиме, доаѓа крај на маките и на неволјите, зашто на смирената душа Господ ѝ го праќа Утешителот, Духот на Вистината. Луѓето се прилепија со душата за земните грижи и ја загубија љубовта Божја. Затоа и нема мир на земјата. Многумина,на пример, целиот свој живот љубопитно сакаат да дознаат како настанало Сонцето, а воопшто не се интересираат да Го познаат Бога. Господ не ни зборува за Сонцето. Он ни јави за Отецот Небесен и за Неговото Царство. Он ни кажа дека праведниците ќе засветлат како сонце во Царството на Неговиот Отец. А во Светото Писмо се вели дека Господ ќе биде Светлина на Рајот (Откр. 21, 23; 22, 5). Во овој свет секој од нас има свое послушание: и владетелот, и патријархот, и готвачот, и ковачот, и учителот. Господ нѐ љуби сите, но најголема награда ќе му даде на оној, кој има најголема љубов кон Него. Господ ни заповеда да Го љубиме Бога со сето свое срце, со сиот свој ум и со сета своја душа. А без молитва, како ќе Го љубиме? Затоа, човековиот ум и срце секогаш треба да се слободни за молитва. Ако некого сакаш, за него сакаш и да мислиш, за него сакаш да зборуваш, со него сакаш да бидеш. Душата Го љуби Господа како свој Отец и Создател и со страв и со љубов стои пред Него: со страв, бидејќи Он е Господ; со љубов, бидејќи душата го чувствува како Отец. Молитвата е најдобро занимање за душата. Молитвата нѐ воздигнува до Бога. Со молитвата се стекнува смирение, трпение и секакво добро... Сите Светии постојано се молеле, тие ниту за миг не биле без молитва. Некои велат дека порано било така, но дека сега застарело: но, во Господа никогаш ништо не ја менува својата вредност. Ние сме тие што се менуваме, стануваме злобни и ја губиме благодатта. Кој Го моли Господа, Он му дава сѐ, и не затоа што тој заслужил, туку затоа што Бог е милостив и што нѐ сака.

Постои голема разлика помеѓу верувањето дека Бог постои, познавањето на Бога од природните откровенија и од Светото Писмо, и познавањето на Господа преку Светиот Дух. Кој Го знае Бога преку Светиот Дух, неговиот дух гори од љубов кон Бога деноноќно, и неговата душа не може да се врзе за ништо земно. Душата на смирениот човек е како море: откако ќе фрлиш камен во него, тој за миг ја разбранува површината, а потоа потонува во длабочината. Така и неволјите бргу потонуваат на дното од смиреното срце. Можеш да се молиш и многу да постиш, но ако немаш љубов кон непријателите, нема да имаш ниту душевен мир. Чувај го мирот Божји, не губи го заради ситници. Ако им го пренесуваш мирот Божји и на други луѓе, и Бог ќе те дарува со него неспоредливо повеќе. Ако го натажиш ближниот, знај дека и врз твојата душа неизбежно ќе дојде тага. Ако ти наидат лоши помисли, веднаш отфрли ги, зашто така ќе го сочуваш мирот во душата. Ако ги примиш, ќе ја загубиш љубовта кон Бога и слободата во молитвата. Ако се откажеш од својата волја, си го победил злото и како награда ќе примиш мир од Бога. Ако си самоволен, значи дека те победил злобниот дух и унинието (малодушноста) ќе ти ја измачува душата. Нашата борба е тешка и бара многу мудрост, но во исто време е и многу едноставна. Ако душата ја засака смиреноста, тогаш сите стапици на нашите непријатели се урнати и сета нивна сила е скротена... Оваа борба е тешка, но само за горделивите: за смирените таа е лесна, зашто тие Го засакале Господа и Он им го дава Своето непобедливо оружје – благодатта на Светиот Дух, од Кого се плашат нашите непријатели, зашто Он е Оган Кој ја гори секоја нечистотија. Ако душата има немир поради нешто, нека Му се моли на Господа и Он ќе ја упати. Но, така треба да се постапува во миговите на неволја и збунетост, додека во обичните околности секогаш треба да се бара совет од духовникот, бидејќи со тоа се зацврстуваме во смиреноста. Нема човек на земјата кој нема неволја. Понекогаш тешкотиите кои ни ги праќа Господ и не се толку големи, но на луѓето тие им изгледаат

18 • • • TROI^NIK • • •


неподносливи и ги туркаат, бидејќи не сакат да ја смират душата и да се предадат на волјата Божја. Господ, со Својата благодат раководи со оној, кој ѝ се предал на Божјата волја, и тој сѐ поднесува храбро заради Бога, Кого Го засакал и со Кого вечно ќе биде прославуван. Душата цел живот води борба против помислите, но немој да тагуваш поради тоа, зашто Господ го сака храбриот борец. Злобните мисли ја мачат горделивата душа и додека човекот не стане скрушен и смирен, нема да има мир од нив. Многу е тешко да се спознае гордоста во себе. Но, еве ги знаците: ако те мачат лоши мисли, значи дека не си смирен... Ако си раздразнет, или како што денес велат, нервозен – тоа е голема неволја. Ако некој го мачи страв, нека знае дека таа болест

се лекува со смиреност и со покајание и уште со љубов кон браќата и кон непријателите. Ако си во недоумица, направи три метании и кажи: „Господи Милостив, Ти гледаш дека душата ми е во недоумица и се плашам дека ќе погрешам. Вразуми ме, Господи„. И Господ сигурно ќе те вразуми, бидејќи Он е сосема блиску до нас. Мислам дека треба да се јаде толку, за по јадењето да можеме да се молиме, за нашиот дух да гори и ненаситно да се стреми кон Бога деноноќно. А треба едноставно да се живее, како дете: тогаш благодатта секогаш ќе биде во душата. Св. Јован Шангајски НЕ КОЛЕБАЈТЕ СЕ ВО ИСКУШЕНИЈАТА

Н

е потклекнувајте во несреќите и не колебајте се во искушенијата. Бидете верни чеда на Православната Црква; не барајте благодат во никаква друга вера, зашто вистината е само во Православната Црква, за која Христос рече: „Ќе ја издигнам Црквата Своја, на која и вратите на пеколот не можат да ѝ наштетат„ (Матеј 16, 18)...Живејте христијански живот и избегнувајте го сето она што човекот го прави порочен и нечист, живејте во мир и хармонија, не се занимавајте со расправање за туѓи гревови и недостатоци, простувајте си ги меѓусебните навреди, за и Отецот Небесен да ви ги прости вам вашите. Децата воспитувајте ги во побожен дух. И најважно, срдечно молете се Господ сѐ да сврти на добро, да ни го подари она што е корисно во овој живот, а особено она што ни е корисно во идниот живот. Во основата на сите заповеди се наоѓа заповедта за љубовта. Извршувајќи ги своите граѓански должности, Христијаните треба да имаат во предвид дека со тоа им

• • • TROI^NIK • • •

19


донесуваат корист на другите, придонесувајќи за заедничка благосостојба, и треба да се трудат не само за личното, но и за општо добро. Но, Црквата и Христовото учење го продуховуваат целиот живот... Во сите чинови и постапки треба да се пројавува духот на верата и христијанската љубов која е поврзана со неа.

Ние сме должни да го сториме токму она што е потребно, ако навистина го сакаме покојникот и ако сакаме да му ги принесеме своите дарови. Што навистина ќе ја израдува душата на умрениот? Пред сѐ, искрените молитви за неговата душа, како личните, така и црковните, соединети со Бескрвната Жртва, т.е. спомнувањето на Света Литургија.

Христијаните кои живеат помеѓу иноверните, особено во безбожни средини, мора често да се среќаваат со општествени поими и државни барања кои се спротивни на Христовото учење. Како тогаш да се однесуваат? Многу христијани низ историјата биле војсководачи (св. Георгиј Победоносец, Евстатиј Плакида и др), војници, управници на области (св. Димитриј Мироточив, св. Теодор Стратилат), дворјани. Тие ревносно ги извршувале своите должности, биле одликувани во службата и биле наградувани. Но, кога им биле поставувани барања спротивни на Христовата вера, тие одбивале да ги извршат, се изложувале на мачење, сеќавајќи се „дека повеќе треба да Му се покоруваме на Бога, отколку на луѓето„. Тие оставиле добар пример, кој треба да се следи засекогаш, бидејќи Самиот Христос ги прослави, Кој е „Ист и вчера и денес и во сите векови„.

Друго што им носи голема радост на душите на упокоените е милостината која за нив ја даваме. Да се нахрани гладен или да му се помогне на беден во името на покојникот, е исто како нему да сме му го сториле.

Честопати гледаме како роднините се трудат колку што може побогато да го извршат погребот и да го уредат гробот на покојникот. Понекогаш се трошат многу пари за подигање на раскошни споменици. Роднините и пријателите трошат многу пари и на венци и на цвеќе, кое мора да се тргне од гробот пред неговото затворање, за да не го забрза распаѓањето на телото. Други сакаат со објавување по весниците да изразат почит кон починатиот и сочувство на неговите роднини, иако таквиот начин на искажување на чувствата ја покажува нивната плиткост, а понекогаш и неискреност, бидејќи оној што вистински жали нема јавно да ја покажува својата тага, додека сочувството многу потопло може да се изрази лично. Што и да правиме слично на ова, покојникот нема да има никаква корист од тоа. На мртвото тело му е сеедно дали лежи во сиромашен или во богат гроб, во ракошна или сиромашна гробница. Тоа не го мириса донесеното цвеќе, ниту пак му се потребни неискрени изразувања на тага. Телото гние, а душата живее, но повеќе не го чувствува она што го чувствувала во телесните органи. За неа настапува друг живот и треба да ѝ се понуди нешто друго.

Особено во денешните, за сите тешки денови, кога неразумно се трошат пари за бескорисни предмети или постапки, ако ги употребиме за сиромашните, истовремено правиме две добри дела: и на покојникот и на оние на кои ќе им биде укажана помошта. Роднини и блиски на починатиот! Правете го за нив она што им е потребно и што е во ваша моќ. Не трошете пари за надворешно украсување на ковчегот и на гробот, туку за помош на оние на кои им е потребна во спомен на ближните покојници, на црквите, каде што за нив се упатуваат молитви. Укажете му милост на покојниот, погрижете се за неговата душа. Сите нѐ очекува тој пат: колку ќе сакаме тогаш да нѐ спомнат во своите молитви! Да бидеме и самите милосрдни кон покојниците. Штом некој ќе се упокои, веднаш повикајте свештеник да прочита „молитва по излегување на душата„, која е одредена да се чита над сите православни веднаш по нивното упокојување. Погрижете се, ако постои можност, опелото да се изврши во црква и пред опелото над покојникот да се чита Псалтирот. Опелото не мора да биде раскошно, но треба да се изврши во целост без скратување. Тогаш не мислете за себе и за своите погодности, туку за починатиот, од кого се збогувате... Задолжително веднаш погрижете се да се служи секојдневен помен на Светата Литургија во текот на четрииесетте дена. Превод: Дипл. теолог Жаклина Трајчев

20 • • • TROI^NIK • • •


Свети Симеон Солунски ДЕКА СИТЕ ХРИСТИЈАНИ: СВЕШТЕНСТВОТО, МОНАШТВОТО И МИРЈАНИТЕ, ТРЕБА ДА СЕ МОЛАТ ВО ИМЕТО НА ИСУС ХРИСТОС

кои се занимаваат со молитва. Бидејќи е ова дело над сите останати во нашиот живот, монасите кои ќе се најдат среде гужва и галама, мораат да се занимаваат барем некое време со ова највисоко дело. И воопштено, сите ние би требало како образец да ја имаме оваа молитва, која е дејствена и делува со сила во неа – било да е некој во свештенство, монаштво или да е мирјанин. А особено монасите, кои го преземалe ова дело на молитвата, имаат особена потреба за оваа молитва, дури и ако се најдат во бучно окружување. Според тоа, секогаш да итаме на оваа дејствена молитва и да Му се молиме на Господа непрестајно. Не е важно што мислите ќе ни талкаат и ќе има збунетост во умот; и да не бидеме немарни, зашто непријателот постојано напаѓа и за миг нѐ совладува. Да се вратиме истиот мигкон молитвата, и навистина со радост да се вратиме! Оние кои се ракоположени нека бидат трудољубиви во ова апостолско дело и да го сметаат за еднакво на божественото проповедање и нека ја вршат со љубов и со страв Божји. Оние кои се во светот треба да ја имаат Исусовата молитва како печат и знак на верата, како заштита и осветување. И со силата која ја примаат од оваа молитва, нека го победуваат секое искушение. Сите ние, ракоположени како монаси или свештеници, да се соединиме со Христа во нашите срца и штом се разбудиме од сон, веднаш да се сетиме на Христа! И тоа ќе биде почеток на секоја добра замисла и угодна жртва преку нашиот Христос, зашто сигурно мораме секогаш да мислиме за нашиот Христос, Кој нѐ спаси и Кој нѐ љуби.

„Твојата молитва ќе ти ја покаже состојбата во која се наоѓаш. Богословите говорат дека молитвата е огледало на монахот.„ - Свети Јован Лествичник

И

мето Исусово како молитва (Исусова молитва) треба секогаш да се говори од страна на сите верни со умот и срцето. Кога стоите, или одите, или одморате, кажувајте ја секогаш, присилувајќи се себеси на тоа. Човекот во неа ќе најде голема радост и мир, какво што е искуството на сите оние

• • • TROI^NIK • • •

21

Преку ова ние сме Христијани и се нарекуваме така. Ние сме се облекле во Него во Божественото Крштение и сме биле запечатени со Светото Миро и сме го примиле Неговото Свето Тело и Крв. И понатаму сме Негови членови. Негов Храм! Поради ова ни е потребно постојано да Го љубиме и да се сеќаваме на Него. Секој од нас нека најде време според своите способности и нека ѝ се посвети на Исусовата молитва онака како што прилега.


современи старци и духовници

РАЗГОВОР со протоереј Сергиј Правдољубов:

БОГ НЕ’ ПОВИКА ДА МУ БИДЕМЕ ПРИЈАТЕЛИ ПРВ ЧЕКОР КОН ВЕРАТА: НЕ ДВОУМЕТЕ СЕ!

ти е среден, но душата нема спокој. Тогаш човекот започнува да бара нешто што би ја задоволило неговата душа. Одеднаш, тој ги слуша црковните ѕвона – значи некој во црквата се моли, ќе отиде да види што се случува. Добро ќе биде, ако тој почувствува дека тоа е токму она што му е потребно.

Луѓето кои ги познавам поставуваат многу прашања од Православниот духовен живот, како и за првите чекори кон Црквата. Разбирливо е што тие прашања се сосема едноставни и може да изгледаат сосема „детски“. Покрај тоа, тие не се Доколку ние православните зборуваме за ниту последични ниту систематски и се однесуваат предноста на нашата вера над сите други, како и на најразлични теми, кои понекогаш се неочекувани. за предноста на Руската Православна Црква, тоа не Отец, покрај сето тоа, зад секое прашање се наоѓа значи дека ние ја влечеме одеждата накај себе и судбина, проблем, жив човек кој со нетрпение тврдиме дека ние Русите сме го чека вашиот одговор. Секој најдобри, а сите останати од нив сака да слушне духовно тец Сергеј помеѓу се лоши. Православната објаснување од православен православните Московјани е вера е за сите луѓе: Турци, свештеник. познат како искусен духовник, Грци, Германци, затоа Еве го првото прашање: сериозен пастир и светол проповедник што таа верата поседува Денес се издава многубројна на Христовите зборови. Тој поседува непрекината врска со литература за Православието, многубројни научни титули како што апостолите и со Самиот за светителите и за тоа што се: магистер по богословија, доцент Господ Исус Христос, Кој претставува Православната на Московската духовна академија и дошолна земјата да го веронаука. Повеќето од нив професор на Православниот Светоспаси човештвото. Тоа воопшто не даваат одговор Тихоновскиот богословски институт. што човекот по потекло е на почетното прашање: зошто Тој потекнува од старо свештеничко Русин, Грк, или потекнува човекот воопшто треба да го семејство, во кое има и новомаченици, од некоја притока на прими Православието? кои се канонизирани за светители реката Амазон – нема од страна на Руската Православна - Човекот не може да живее никакво значење. Денес и Црква. Отец Сергеј е старешина во без Бога. Покрај целата среќа, во Африка помеѓу црнците старата прекрасна црква посветена на сите успеси и добрини што му постојатмногу православни Живоначалната Троица, која се наоѓа се случуваат, душата неизбежно верници. Можно е со текот во Троицко Голенишчево. престојува во жалост. Човекот на времето Африка да стане не може без Бога. Душата го православен континент, а бара Бесмртниот, Оној од Кого Русите тогаш може да бидат е создадена.Од тоа неможе да се побегне. Било не први, туку последни во Православието. кое хоби или забава, претставуваат некоја замена Православната вера е вера која не е променета за она по што душата копнее. Некои луѓе, кои од самите апостолски времиња. Неа ја чуваме во во животот веќе достигнале големи височини во нашата Црква. Човекот ќе го разбере тоа откако ќе својата кариера, стануваат пијаници или наркомани. се приближи до верата. Зошто е тоа така? Поради тоа што душата тагува Претставниците од другите религии нека и бара нешто повеќе. Си изградил куќа и животот

О

22 • • • TROI^NIK • • •


зборуваат дека кај нас сѐ е неправилно устроено. Но, потполно објективните работи покажуваат дека ние сме во право: историјата на целиот свет, историјата на цивилизациите; а постојат и принципи кои се од најстарите апостолски времиња втемелени во Црквата и дејствуваат во Неа до денешен ден: тоа е како „тестирање“ на Нејзината веродостојност. И тие принципи се непроменливи во нашата Црква и ние сме цврсто уверени дека ја чуваме вистинската Православна вера. -Луѓето навраќаат во храмот, трагаат по верата. И одеднаш се наоѓаат како во слепа уличка: не знаат како да се однесуваат, како да разговараат со свештеникот, како да ги исполнуваат правилата на црковниот живот. Што можеме да ги посоветуваме ваквите луѓе?

- Наједноставниот одговор е: не се возгордевајте, во црквата не правете од себе човек кој нешто знае или разбира. Тоа може да се изрази со прекрасниот претхристијански принцип: „запознај се самиот себеси“.Тој во сите времиња се однесувал на сите луѓе. Да се запознаеш самиот себеси значи, пред сѐ, да осознаеш дека ти не си значаен човек, како што ти се чинело во почетокот. Па затоа, не се возгордевајте! Си застанал во црквата и не знаеш како да се однесуваш– невозгордевај се. Бабичка те прекорува и вели: „Стоиш неправилно!“, а ти одговори: „Простете, не знам“. „А зошто не знаеш?“,„Ниту еднаш не сум бил во црква. Ќе постојам овде и ќе се научам“. Понатаму таа ќе нема повеќе прашања. И ако на ова човекот вака му приоѓа, тогаш направил голем подвиг. Тој свесно доаѓа на тоа место каде ништо не знае и не разбира. Доколку се направи таков подвиг и се помине преку тој праг во својата внатрешност, сите прашања ќе исчезнат. Најпрво си застанал од страна на иконата – ќе научиш да стоиш правилно. Не знаеш да се крстиш – ќе се научиш. Тука проблемот е во самиот тебе, а не во црквата, ниту во тоа како ќе се однесуваат кон тебе во неа. Треба да забележиме дека некои бабички кои имале комсомолско минато, можат сосема погрешно некого да го учат како да се однесува во храмот. Тие дури ги напаѓаат верниците и не разговараат со нив онака како што е пропишано во црквата. Ние свештениците се бориме со нив и ги поучуваме. Затоа треба мирно да стоиме на богослужба, не обрнувајќи внимание на таквите напади. Доколку си се изморил од стоење или грбот те боли, можеш да седнеш на некоја клупа. Потребно е да се почека крајот на богослужбата, а потоа да се разговара со свештеникот. Потребно е да се однесуваме едноставно и сѐ ќе биде во ред. - Доаѓајќи во Црквата, новообратените христијани се надеваат дека во неа ќе најдат идеални односи помеѓу луѓето. Тие сакаат да се чувствуваат пријатно и спокојно, оставајќи ги зад себе световните страсти и неволји, бараат внимание од свештеникот, а понекогаш, наспроти тоа, можат да наидат на рамнодушност,

• • • TROI^NIK • • •

23


за жал и на грубост. Тоа се случува, но не секогаш, слава Му на Бога, но сепак се случува. Вие отец Сергеј, ги спомнавте нашите православни бабички, па зошто воопшто ова се случува во Православната Црква? - Тоа се случува поради тоа, што во црквата не се собираат луѓе кои ја достигнале светоста, туку обични грешници, кои се каат и го молат Бога за опростување на своите гревови и полека поминуваат од еден степен на друг. Сите ние сме далеку од совршенство. Но, во сето тоа нема ништо страшно. Во црквата не доаѓаат праведници, туку грешници кои се спасуваат. Па затоа, ако ви е упатен непријатен збор, треба да ги соберете сите сили и да се воздржите да не вратите со строгост. На пример: ако те нападне комсомолска бабичка и ти наметнува правила како пред пионерски собор, треба да се има на ум дека и таа исто така се бори со своите гревови, карактер и навики, како и вие самите. Потребно е да се смириме и да си кажеме во себе: „Господи, јас го разбирам сето тоа“ и да не се навредуваме.

Во Црквата никој нема веднаш да ти обезбеди комфорни услови. И повеќе од тоа, во манастирите е дури спротивно, се создаваат некомфорни услови заради поука за стекнување на духовно смирение. Тоа е многу корисно, но е тешко. Тоа тешко го поднесуваат и луѓе кои повеќе години се во Црквата. Поради тоа, ваквите околности треба да ги примиме како некој вид на подвиг. - А, ако човек сака на исповед да наведе некој грев, но тоа не му успева, бидејќи свештеникот му вели „побргу, побргу, се брзам, бидејќи треба да служам“? - Доколку свештеникот нема време за нас, тоа е најтешка и најтажна работа. Јас тоа го имам почувствувано. Еднаш патував кај својот духовен отец во далечен манастир и во мојата душа се навираа многу прашања, помисли и гревови. Притрчувам кај него и го молам: „Отец, поразговарајте со мене..“А тој ми даде неколку предлога и ми рече: „Оди сега, ќе разговараме кога ќе дојдеш следниот пат, бидејќи сега немам време“. Бев повреден неколку години. А подоцна, кога

24 • • • TROI^NIK • • •


дојдов кај него со посебни прашања и кога го виде изразот на моето лице (а тоа за мене беше големо искушение), ги остави сите и разговараше со мене два ипол часа. Така, доколку отидете кај свештеник и тој ви рече: „почекајте ме“, значи дека кај вас сѐ е во ред, т.е. вие го градите вашето спасение и сте на вистинскиот пат. Доколку нешто не е во ред, бидете уверени дека духовникот тоа веднаш ќе го забележи и ќе рече „стоп“, ќе се поттргне настрана и ќе разговара со вас онолку време колку што ви е потребно: ден, два или три. Тој ќе разговара со вас со цел да ви ја олесни вашата духовна состојба. Затоа, не се вознемирувајте доколку ви е посветено малку внимание.Тоа значи дека постојат други луѓе на кои им е потребна „брза помош“, „давање на вештачко дишење“, „давање на крв“ и сѐ што е потребно, додека вие сте потполно нормални и се држите на нозе. Вие сте потполно православен христијанин,кој може да почека. Тука, истотака, е неопходно да се разбере Црквата одвнатре и да не се тагува многу. Можеби е дури и подобро што свештеникот не разговара со вас долго, бидејќи кај вас сѐе нормално. Доколку свештеникот ви рече: „брзо, брзо..“, а на вас ви е неопходно да поразговарате со него, потребно е да му речете: „Отец, примете ме, ве молам,надвор од богослужбеното време“. Речете: „Ќе дојдам, во текот на денот или навечер, кога нема богослужби, бидејќи сакам да поразговарам со вас“.Тогаш свештеникот нема да ве одбие. Дури и ако е презафатен и има многу обврски, ќе најде време

• • • TROI^NIK • • •

25

кога ќе можете да дојдете кај него, и сигурно со внимателност ќе одговори на вашите прашања и ќе ви посвети толку време колку што ви е потребно. Во некои цркви, но не во сите, постојат посебни денови кога свештеникот исповеда од три часот попладне па сè до еден часот по полноќ. Кај него доаѓаат луѓе и разговараат со него онолку колку што им е потребно, половина час, еден час и никој никого не брза. Па дури и во еден часотпо полноќ, кога отецот влегува во последниот тролејбус, луѓето го чекаат на станица, бидејќи истотака сакаат да поразговараат со него. Дај Боже ова да се случува сè почесто, иако е многу напорно за свештеникот. Тоа е многу тешко, но е корисно за православните верници. Повторувам: доколку некој го замоли свештеникот за вонреден состанок, тој задолжително мора да одвои време за вас. А тогаш повеќе нема да има никакви пречки. Потребно е само да се победиме самите себе, својата гордост, па повторно да му кажеме: „Отец, сакам да разговарам подетално со вас, но тоа не мора да биде токму сега“... и сè ќе биде во ред. - Зошто е важно за човекот да пронајде духовник, свештеник кај кого ќе сеисповеда и советува редовно? -Многу години веќе патувам со метро преку станицата „Таганска“. И таму е дежурен еден старец, кој седи во стаклена „шолја“,понекогаш носи капа, а понекогаш не. Секогаш поминувам покрај него облечен во подрасник, а тој седи во својата „шолја“. Ете веќе три години, само мавтајќи си со главата еден со друг толку се зближивме, штокога јас две недели патував по друга маршрута, па повторно поминав преку истата станица, тој ме погледна, скокна од својата „шолја“ и ме праша: „Отец, каде бевте“? А ние


всушност не комунициравме со зборови, туку се спријателивме само преку погледот.

патиштата?За тоа никој не би те прашал. Ако некој те прашал, тогаш твоја обврска е да му одговориш.

Така, доколку сакате свештеникот да ве разбере, а да не се запознава со вассекогаш кога ќе одите кај него, најдете таков свештеник кај кого ќе одите цело време. Притоа, можебиќе нема потреба долго да разговарате со него, како со старецот во „шолја“, затоа што тој цело време ве следи и вие него. Духовниот отец чувствува кога ви е тешко на душата. Ако имате семејни проблеми, а отецот веќе ве забележал во црквата и веднаш се присетил на сите ваши проблеми. Ве погледнал и се присетил сѐ што сте му зборувале пред еден месец или година и притоа секогаш ќе ви приоѓа како ваш познаник, како некој пријател. Всушност, како пријател,кој во никој случај нема да се превознесува над вас и нема да ве понижува. Наспроти тоа, тој во сѐ ќе ве разбере со голема љубов. И така, ќе заштедите огромно време. Доаѓате, воздивнувате и велите: „Отец, ништо не се случило. Ме советувавте да правам тоа и тоа, а јас грешниот не го сторив тоа“. Тој ќе побрза и веднаш ќе се помоли за вас: „Господи, прости, помогни“. Тогаш вашата душа ќе биде мирна, а свештеникот, но и вие,нема да изгубите многу време.

Баптистите мислат сосема поинаку: потребно е да се оди кај сите, да се проповеда гласно. Ние, православните христијани, мислиме поинаку и се повикуваме на Светото Писмо, на Евангелието, бидејќи за тоа Самиот Господ Исус Христос така заповедал. Ако некој те прашува упорно: „Ти си православен верник“?, како „помеѓу останатото“... во разговор, при патување, тогаш овде се случува многу важен момент. Ако замолчиш, или се засрамиш, или самозадоволно се насмееш или кажеш „не“, тогаш тој незабележливо лесно искажан збор излегол од устата просто без размислувањеи ќе остави големи последици! Таквиот став во потполност го разделува човекот од Бога, од Црквата, од Божествените сили кои се присутни во Црквата, наречени „благодат“. Тогаш човекот останува потполно надвор од Бога. Тоа во никој случај не смее да се допушти. Треба одлучно да се каже: „Да, јас сум верник. Зарем вие не сте“?Или: „Па секако, да“. Таа одлучност треба секогаш да биде присутна кај човекот.

Постепено, од година во година, како со дежурниот на станицата во „шолјата“, ќе се дојде до потполно разбирање со свештеникот. И благодарение на тоа, ќе имате поголем успех и ќе направите сериозни чекори во спознавањето на тоа Кој е тој Бог, како се однесува Он кон луѓето и што е потребно да направите вие за Него. ТЕШКИ ПРАШАЊА: БОГ НЕ Е ФОРМАЛИСТ - Дали е потребно православниот христијанин упорно да ја манифестира својата вера во кругот на своите пријатели и познаници кои се атеисти? Дали е потребно активно да го проповеда Православието, самиот прв започнувајќи ја темата? Треба ли без двоумење да ја покажува својата вера пред луѓето кои ги окружуваат, како например: поминуваш со автобус покрај црква, треба ли видно да се прекрстиш? - Во Евангелието е кажано дека не треба да зборуваме за своите подвизи.Твоите добри дела нека се вршат во тајност. И тогаш Бог, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно. Тоа е сосема одговорен принцип, па затоа треба така да се однесуваме. А поради што некој самиот би разгласувал за тоа по

Во наше време,забележувавме дека луѓето кои се на многу високи позиции во општеството, не се срамат да се доближат до светите мошти, на пример, на преподобен Зосим и Саватиј Соловецки и да ги целиваат нив. Од тоа не треба да се плашиме. Човек да се плаши и двоуми да каже дека е православен христијанин е наследство од минатите години. Исто така треба да постапиме кога ќе видиме крст и црква. Доколку поминуваш покрај затворена црква, која не е активна или е само археолошки споменик, нема потреба да се крстиш. Но, ако е тоа жив активен храм и доколку во него се чуваат светињи, тогаш не смееме да пропуштиме да се прекрстиме кога поминуваме покрај него. И во минатото, русите секогаш се прекрстувале кога поминувале покрај црква или некое друго свето место или крст кој стои покрај патот. Тоа никогаш не се сметало за „предизвикување“ на општеството.Тоа е едноставноприродна пројава на твоите чувства, кога веруваш во Бога и знаеш дека на Земјата постои Црква, која ја чува полнотата на Божјата благодат. Доколку се предомислуваш многу и ти е срам да се прекрстиш, тогаш гледајќи ја црквата кажи си во себе: „Господи прости ми, Господи помилуј ме грешниот“. Но, сепак подобро е да се прекрстиш смирено и без брзање. Превод: ѓакон Илија Поп Гонов

26 • • • TROI^NIK • • •


искушенија на современоста

ЛОГИКАТА НА ГЛОБАЛИЗМОТ (1) Ирина Медведева, Татјана Шишова

П

о летната пауза, на 12. септември повторно почнува со работа Државната Дума. Денес, 80% од законите кои ги разгледува Думата ги предлага владата. Покривајќи се со громогласни патриотски фрази, кои го успиваат здравото расудување на пратениците, земјата ја вовлекуваат низ тесната врата во процес, чија крајна цел се наоѓа од другата страна на „доброто и злото“... Во последно време, на различни трибини се почесто се слушаат зборовите „глобализам“ и „глобализација“, а наскоро дури и децата без грешка ќе ги изговараат овие термини. Може до бесконечност да се зборува дека глобализацијата е создавање на „единствено економско и информатичко пространство“, „отворено друштво“, „светски пазар“ – сето тоа се само еуфемизми и облак од чад. Во реалноста, се работи за создавање на светска држава со единствена влада, единствена

• • • TROI^NIK • • •

27

војска, единствени закони, култура и финансии. Овој проект започнал во шеесетите и седумдесеттите години, кога меѓународните организации како што е ООН добиле голем авторитет и власт, а националниот суверенитет на земјите, нивните валути и традиционалниот начин на живот, наспроти тоа, тенденциозно почнал да слабее. Притоа, Америка како главен носител на глобалистичкиот проект, со распаѓањето на СССР немала од што да се плаши. Единствен закон за сите Не веруваме дека има многумина кои ја имаат сфатено вистинската смисла и принципите на меѓународното право над националното законодавство, кое е прифатено во Рускиот Устав од 1993 година. Во пракса, тоа значи


дека сега, доколку руските закони дојдат во спротивност со меѓународните закони, овие вторите имаат приоритет. А сега да размислиме дали меѓународните закони ги бранат националните интереси на оваа или некоја друга држава? Секако дека не, бидејќи во различни земји разбирањето на користа и на штетата се различни. На пример, Америка сѐ уште ја нема потпишано Меѓународната конвенција за правата на децата, бидејќи тогаш би морала да се укине смртната казна за неполнолетните престапници која се спроведува во некои од државите. Или на пример, на заседанието на Пармалентот на Европскиот Совет во јуни 2000 год. беше изложен реферат „Положбата на лезбејките и хомосексуалците во државите членки на Советот на Европа“. И во руската Државна Дума имаат пристигнато препораки да бидат озаконети ваквите „партнерски врски“ и да бидат ослободени од затвор лицата, кои се осудени поради заведување на деца над 14 години. Думата послушно го промени прагот на одговорност за силување на малолетници и сега под судот подлегнуваат само оние, чија жртва е помала од 14 години. Помеѓу таквите препораки била и следната: „Прифатете ги позитивните методи за борбата со хомофобијата (негативниот однос кон хомосексуалците - заб. на авт.), особено во училиштата, здравството, вооружените сили и полицијата.“ Дијапазонот на „позитивните мерки“ е многу широк: тука спаѓа и сексуалното образование и исклучување на хомосексуализмот од поимот сексопатологија, како и кривична осуда за оние кои ќе се осмелат да ја осудат педерастијата. Доколку глобалистичката одлука за приоритет на меѓународното право остане на сила, „позитивните мерки“ во училиштата ќе доведат до основање на клубови за поддршка на хомосексуалците, како во Америка, каде што членството во таквите училишни организации се нарекува општествена работа и тоа на членовите им дава поголема предност при конкурирање на најпознатите универзитети. Вие најверојатно ќе се запрашате: „Каде е е тука суверенитетот и националната независност? Зошто меѓународната организација нè учи како да живееме?“ Во тоа е и суштината, при градењето на светската држава – националниот суверенитет постепено да слабее. Погледнете како се одвива вмешувањето на разните меѓународни структури во внатрешните работи на de jure сѐ уште независните држави. Како само сурово се казнуваат непокорните, а како се бришат границите меѓу покорните. Како

само слабее националната валута – што направија со рубљата, тоа сите го почуствувавме на своја кожа. Заеднички пари за нов свет Најважната валута на светот – доларот, за кој сите останати се врзани, воопшто и не е така стабилна како што народот верува. Сѐ на сѐ, и во самите САД, прометот со „бакс“ сѐ повеќе се намалува – хартиените пари воглавно таму се заменети со „пластични картички“. А сега, оваа финансиска револуција дојде и кај нас. На почетокот на 2000 год. во печат се појавија информации за таканаречената „Картичка на Московјанинот“. За пробно истражување биле одвоени неколку десетици илјади долари, а вкупно за оваа цел се планира да се издвојат од 1,5 до 2 милијарди долари. Природно е да се постави прашањето, кој би бил таков добротвор на нашата власт кога однемувањето на пари во готовина за најосновните потреби стана хронична појава последните години во Русија. Како да не се работи за нешто важно. Кој е тој мецена? Дознаваме дека е тоа холдинг компанијата „Oracle“ (т.е. оракул, пророк, жрец, оној кој претскажува). Во почетокот на 2000 год. на интернет се појави логото на овој прекуокеански спонзор – превртениот пентаграм (обрнете внимание, се работи за еден од главните сатанистички симболи). Подоцна, логото беше тргнато... Понатаму, кога секој жител на Москва би бил снабден со „Картичка на Московјанинот“, се планира секое плаќање да се врши само преку тие електронски картички – луѓето не треба да располагаат со готовина. На прв поглед, тоа е толку убаво! Не треба да се пребројуваат парите пред касата, да се проверува кусурот, да ги полниме џебовите со метал... Нема главоболка! Но, замислете само: нема да има пари во готовина. На пазар неможе да се купува, ниту да се даде милостиња, ниту да почестиш „приватник“ кога некаде доцниш. Такви работи ги има многу: отсуството на „живите пари“ сериозно ја ограничува нашата слобода. - Но затоа – ќе ни се спротивстават другите – електронските пари се заштитени. Не можат да ни ги украдат. Уште како можат да бидат украдени! Колку

28 • • • TROI^NIK • • •


проектот на московските власти. – Даноците ги плаќаме уредно, а сето останато е наш личен проблем.

пати е пишувано за тоа, колку пати луѓето добиваат фатаморгански сметки за телефонските разговори кои воопшто не биле водени, или биле водени, но за неспоредливо помала цена. Својата исправност мораат да ја докажуваат со години, притоа со исклучени телефони и неизвесен исход. Бидејќи оваа шема е веќе испробана, зошто да не ја применат и на „електронскиот паричник“? A замислете само вашата електронска сметка да е блокирана. Макар тоа било случајно и по грешка. Како ќе живеете додека тоа не се среди? Ќе ги замолите пријателите за позајмица? Но тие и покрај својата голема желба нема да можат ништо да ви позајмат, бидејќи ќе немаат „живи пари“, а парите од сметката нема да можат да ви ги префрлат. Да не зборуваме за тоа дека картичката може случајно да се изгуби. Тогаш и најблискиот роднина нема да може, користејќи ја „Картичката на московјанинот“ да ве одведе до најблискиот лекар. Или пак, да ви помогнат да влезете во установа во која што треба да покажете лична исправа, затоа што во „Картичката на московјанинот“ парите се само една од ставките, а вкупно се петнаесет. За пасошот и здравственото осигурување само што зборувавме, но и превозот исто така ќе мора да се плаќа без готовина. Освен тоа, во неа се наоѓа и возачката дозвола, даночниот број за идентификација, социјалната карта на пензионерите, фотографија, податоци за семејната состојба, место на работа и многу други податоци за сопственикот на специјалниот московски документ. Така, практично целиот наш живот ќе биде под контрола. Каде и да појде човекот, што и да направи, тој е сега потполно „видлив“. Сѐ за него ќе се знае и сѐ што е потребно ќе биде внесено во компјутер. -Нека биде така! Ние немаме што да криеме – извикуваат нашите познаници, слушајќи за

• • • TROI^NIK • • •

29

Грешите! Личните работи при таквата поделба ќе останат лични само во таа смисла, што ќе бидат следени поединечно. Уредбата Н 962 предвидува создавање на „Московски емисиски центар“, каде што ќе пристигнуваат информации во сите случаи на користењето на „Картичка на московјанинот“. Притоа се предвидува можност, па дури и задолжение на Центарот да доставува податоци за сопственикот на картичката во државните структури, а за приватните лица на „договорената база“ – за надокнада која одговара. Доколку на пример, некој посака да се информира за состојбата на вашето здравје: како кај вас стојат работите со психата или урологијата – нема проблем. И вашите семејни тајни (на пример, сте посвоиле дете) ќе може да ги дознае секој што ќе го посака тоа. Тоа значи, дека поимот личен живот ќе престане да постои. Во праксa, таквата „картичка“ во суштина веќе постои, но во непотполн и недефиниран облик. Студентите веќе се навикнаа на привилегии, со тоа што со нив е поевтино од обичните поединечни картички. Сега веќе се воведува и „ученичка картичка“ за учениците. А во низа московски школи веќе е поставен автомат во кој ученикот освен што ќе ја стави картичката, таму ја става и раката. Автоматот ја идентификува неговата личност од одредените цифри и сликата од линиите на раката и така на детето ќе му се даде ужина во училишната кујна... Природно е во услови на глобализација нашите податоци да не останат само во сопственост на московските власти. Во Државната Дума веќе е применет законот „за информации личен карактер“, кој предвидува меѓудржавен однос за пренос на податоци од личниот живот на руските граѓани. Законот за државна евиденција на жителите, секому од нас – од најмал до најголем, ќе додели личен код, кој во потполност одговара на светскиот систем за идентификација на личноста. Само со аспект на конституирање, за светската држава е сфатливо зошто е потребно американската фирма „Оракул“ да вложува толку гоеми средства во


„Картичката на московјанинот“, а светската банка – во системот со идентификациските картички. Глобализацијата овозможува контрола не само на границите, на финансиските текови, туку и на луѓето. А што повеќе знаеш за луѓето, толку полесно управуваш со нив и затоа, не се жалат пари за поставување на контрола над целокупната огромна држава. Земјата станува приватна,

и на неа да изградат паркинг или терен за голф? Нај на крајот, постои и потполно законско покритие кое овозможува снабдување. Кога странскиот власник ќе посака во земјата која нему му припаѓа да не му се испорачува домашна „роба“, односно електрична енергија или гас за греење – што се може тука, бидејќи тоа е негово свето право. Веќе одамна тешко можеше да се набави од прекуморските добротвори, а сега нема да може ниту од Приморје до Чујбас...

веќе не е наша сопственост Но, секако не е возможно да изградите единствена држава, додека земјата, макар и со ослабнат суверенитет, има своја територија. Територијата може да се одземе со различни средства: објавување на војна или цепење на земјата со поддршка на сепаратизмот, по пат на таканаречени локални конфликти. Но, може да се пројде и без скапи воени конфликти. Како? На пример, како што го прават тоа сега во Русија, во која за рекордно кратко време (и практично при потполна информациска блокада) се прифати 17-тата точка од Граѓанскиот закон „За право на сопственост на земјата“, а потоа и со законот за земја. Во согласност со нив, во најскоро време можат да бидат продадени било кои огромни територии – големината на земјата која се купува не е ограничена. Притоа, правата на власниците не се ограничени. Еве што пишува во 17-тата точка од граѓанскиот закон: „Власникот на земјишниот имот има право да користи сѐ според своите потреби што се наоѓа над и под површината на овој посед...“ (ст. 261 п. 3). Или понатаму: „Поставувањето на експлоатациони линии, далеководи, водоводни и други цефки, како и мелиорацијата на земјиштето, се забранети без согласност од власникот на земјата“ (стр. 274). Така, наскоро странците (директно или преку овластени лица, што и не е толку важно) ќе бидат власници на големи територии од нашата земја. А ние, кои сме во неа родени, ќе мораме да наоѓаме патчиња за да поминеме помеѓу две приватни територии. Дури и самиот поим за суверена држава, при масовниот премин на власништвото на земјата на странците, ќе ја изгуби својата смисла. Каков суверенитет, ако полноправните сопственици на нашата земја ќе бидат во Њу Јорк, Брисел или Берлин и оттаму ќе ни диктираат како да живееме? И што ќе им попречи на новите власници да ја израмнат земјата, на пример каде што има гробови,

Кој ќе живее во Русија? Бројот на станари во Русија се намалува, и тоа не е (како што многумина мислат) последица на реформите кои се спроведени во земјата. Како да се укине националната држава, доколку не се намали бројот на изворните жители и се деградира самиот поим татковина? Денес луѓето се ориентираат на сите можни начини кон „квалитетен живот“ – на доволно високо ниво на личната потрошувачка. Ги учат дека тоа е главното нешто во животот, неговата цел и смисла. Доколку не можеш на своето дете да му обезбедиш СЕ (не само најпотребното, туку сѐ!), подобро е и да го немаш. А со оглед на повеќето наши граѓани, кои и за себе не можат да си обезбедат „достоен и квалитетен“ живот, прашањето за продолжување на родот по автоматизам се оттргнува од дневниот ред. Но, поради сигурноста на нашите домашни глобализатори е преземена таканаречената политика „планирање на семејството“ и се отвораат по целата земја истоимени служби. „Планирањето“ се сведува на тоа, на секој можен начин да се пропагираат абортуси, контрацепција, стерилизација, нетрадиционални облици на семејство (хомосексуалност) и да се пропагира „безбеден секс“, кој обично е проследен со епидемија на венерични болести. Природно е дека сличната „политика“ многу допринесува за намалување на бројот на жители. Во училиштата под различен изговор го проттурнуваат „сексуалното образование“, кое правилно би се нарекло морално деградирање, во кое акцент се става на контрола на раѓањето и стерилизација на жената. Уште во 1996 год. во Државната Дума е направен обид да се прифати „Закон за репродуктивните права на граѓаните“, кој би овозможил право на абортус на било која возраст, стерилизација на жената од 16 години и изопачување на децата по школите. Тогаш

30 • • • TROI^NIK • • •


законот не беше прифатен и приврзаниците на „репродуктивните права“ продолжија да делуваат полулегално. Сепак, нашите странски тутори (на пр. Европската комисија за човекови права) тоа не ги задоволува. Затоа, проектот „закон за репродуктивните права“ денес повторно излегува од фиока. Со оглед дека новата Дума, благо речено, може да биде управувана, постои можност овој вид на геноцид да биде прифатен. Овде се наметнува прашањето: кој ќе живее на толку голема територија, доколку исконското население биде сведено на минимум? Од гледна точка на глобалистите, тука не постои проблем – секогаш можат да се населат емигранти. Тие се скромни и веќе се одвоени од своите корени, така што ќе немаат ништо против единствена светска држава. Да, но поради што емигрантите би дошле во нашата ладна земја? Нормално е повеќето да сакаат да живеат дома, а не во туѓина. Нели токму затоа се поддржуваат „локални конфликти“, чија последица се десетина милиони бегалци, кои се подготвени да бегаат од кошмарот на војната дури до крајот на светот? Војната е социјално-етнички миксер со огромна сила. Зарем милиони Кавказци би ги оставиле

• • • TROI^NIK • • •

31

доброволно своите лозја, овоштарници, прекрасни куќи, планини, морето, кога во нивната татковина би можело барем некако да се живее? А кинезите, кои сѐ послободно се шират по нашиот Сибир, кои не смеат во својата татковина да имаат повеќе од едно дете (странските кредити за реализација на „кинеското чудо“ биле давани само на семејства кои строго се придржувале кон програмата „Едно дете на едно семејство“). Затоа и патуваат во Русија. Кон крајот на 2000 год. заменик претседателот на комитетот за безбедност на Државната Дума РФ В. И. Иљухин изјави на конференцијата за медиумите за постоење на таен споразум помеѓу Кина и Русија, според кој во најскоро време руско државјанство треба да добијат 1,5 милиони кинези. Но, тоа не е сѐ. Според едно од можните сценарија креирани од ООН, за наредните педесет години ние на својата територија ќе мораме да прифатиме 253 (!) милиони емигранти. Да напоменеме дека сега во нашата земја има околу 147 милиони жители. Кога и со некое чудо ќе успееме да го запреме падот на жителите на Русија, „пристигнатата емиграција“ секако би го надминала исконското население и неговата култура. Нашата територија ќе исчезне и Русија веќе ќе ја нема. Превод: Ѓакон Димитар Арсовски


духовни поуки

СEKOJ СИ ИМА СВОЈА МЕРКА Митрополит Лимасолски г. Атанасиј

Н

а овој свет доаѓаме, донесувајќи тежок товар - тоа е научно докажано. Многу добиваме во наследство преку ДНК и секој од нас е повикан да се бори против она што е негативно во тоа наследство. Ако си избувлив – повикан си да станеш кроток, ако си себичен – повиканси да станеш милостив, ако си слаб – повиканси да станеш подвижник,значи да се преобразиш. Како што зборуваше старец Пајсиј, ако си дрдорлив, треба да станеш свет дрдорко. Односно, постојано да зборуваш за Бога, да станеш сличен на апостолите. Ако си силен, треба да станеш силен како апостолите. Еден подвижник рекол: -Ти си многу љубопитен! Треба својата љубопитност да ја направиш света. На пример, научи ги сите житија на светителите. Наместо да ги дознаваш најскриените тајни на твоите соседи, дознај ја тајната на светителите, проучи го нивниот живот, за да знаеш што секој од нив правел. Секој себеси се осветува со она што му е дадено. Еден има едно, друг друго. Еден има една слабост, друг друга, еден има еден дар, друг има друг дар. Сето ова го прави нашето сопствено јас. Ние сме повикани сето ова да го преобразиме во Исуса Христа. Но, ќе кажеш дека на едниот му е полесно, а на другиот потешко? Но, затоа Бог и не суди по надворешноста; Христос поради тоа и ни забрани да судиме. Он не ни дозволува да им судиме на луѓето токму затоа што не можеме да го видиме срцето на човекот. Он ни зборува: „Не судете по надворешноста“ (Јн.7,24). Нашиот старец ни зборуваше:оној кој по природа е кроток, што и да му сториш, нема да се разгневи; но сепак он нема да добие венец од Бога – затоа што по природа е кроток. Додека друг, кој заради ситници пламнува, а цел ден се бори со себе, и наместо да се разгневи педесет и пет пати, се разгневува само пет пати, тој е оној кој ја води духовната борба. Првиот, ако посакаш да го разгневиш, нема да можеш. Зашто он би требало да биде малку поенергичен, а не така рамнодушен: ти на него и вака и онака, а он воопшто не се вознемирува. Но кога барем малку би реагирал, сине мој, кажи и ти некој збор, незнаеш да се спротивставиш, тоа ли е? Ајде кажи

било што? Ништо! Он е како автомобилот во кој наместо бензин е сипана вода. И што, дали водата некогаш ќе се запали? Нема. Во неговиот карактер има нешто добро,но нема да добие посебна пофалба од Бога затоа што по природа е кроток. А оној кој навистина се бори и пролева пот само за да не ги вознемири и налути луѓето – тоје подвижник, голем борец. Во житието на свети Атанасиј Атонски, основателот на Големата Лавра, опишан е ваков случај. Овој светител многу јадел и монасите поради тоа зборувале: „Да, свет е нашиот старец, но многу јаде...“ Тој кога слушнал за ова, во една пригода му наложил на куварот да подготви храна повеќе од вообичаено и му заповедал: „Затвори ја вратата од трпезаријата за да не можат да заминат во келиите и прави го она што јас ќе ти го кажам. Седнале монасите и почнале да јадат. Кога завршиле, светиот Атанасиј му рекол на куварот: - Донеси им на сите уште по една порција! Он им донел втора порција и монасите ја изеле. Па трета порција. Монасите ја прифатиле, но изеле само, би можело да се рече, една третина. Потоа им ја донел куварот и четвртата порција. Монасите веќе неможеле да јадат, само двајцатројца од нив успеале да ја изедат.Па петта порција. Шеста порција. Седма. Светиот Атанасиј ги изел сите седум порции. Додека пак, во меѓувреме, сите веќе се откажале од јадењето. Тогаштој му се обратил на братството:- Еве, погледнете,седум порции изедов и дури сега донекаде се заситив! Чувствувам дека изедов онолку, колку што, ако би се воздржувал од неумереност, би јадел. Вие ќе изедете само една чинија и се заситувате, но на вас тоа ви е доволно. А јас јадам со вас две чинии и никогаш не се заситувам, зашто ми се потребни седум. Јас јадам само два или една ипол чинија и со мака се воздржувам. Затоа не судете по надворешноста. Различни луѓе имаат различни мерки. Човек тоа може да го согледа само кога живее меѓу луѓето. Навистина, има луѓе на кои им е доволна само една дланка храна на ден, а други ќе изедат една цела шерпа и пак нема да се најадат. Има различни

32 • • • TROI^NIK • • •


луѓе. Затоа,не можеме да судиме за другиот човек по надворешноста – зашто судот Му припаѓа само на Бог. Поради тоа, даровите и харизмите кои претпоставуваме дека ги имаме, па дури и лошите особини, мораме да ги прифатиме со голема љубов и благонаклонетост, препуштајќи Му го судот на Бога. На ова ни има укажано и Христос со зборовите: „Секој ден носете го крстот свој“ (Лука 9, 23).А што е тоа што мораме да го правиме секој ден? Да се бориме со себе. Мојот карактер е таков што: љубоморам, се навредувам, хировит сум, самоволен – значи, морам да се борам со сето тоа. Што да се прави? Таков сум. Јас тоа го согледувам, самиот на себе си поставувам дијагноза, но по дијагнозата мора да дојде и лекувањето. Прво што треба да се поднесе во монаштвото е таа страшна дијагноза – кога човекот ќе слушне кој е тој всушност. Што е исповед? Тоа е откривање на нашите духовни ранички, односно на нашите гревови, дијагноза на духовниот отец кој кажува: „Погледни, ти си... таков и таков“. Или пак ова нема да ти го каже зашто не можеш да го поднесеш. Тоа е како кога одиш на доктор; он те прегледува и знае што е

• • • TROI^NIK • • •

33

со тебе, знае кои лекови и колку да ти препише, како и какво лекување треба да прифатиш за да се излечиш. Исто е и во духовниот живот. Човекот веднашгледа што се случува, како е победен, каде паѓа, на кои тешкотии наидува – и тука застанува и почнува да се бори смирено, без стресови, без оние бесконечните: „А зошто?! А зошто?! А зошто?!“ кои се јавуваат како вообичаена последица на болниот егоизам. „А зошто така мислам, зошто така правам?!“ Добро, а што си мислеше ти за себе? Зошто да не мислиш така? Зарем мислиш дека си ти толку добар,па се чудиш како си можел да помислиш или кажеш такво нешто? Ти си човек, ти сѐ можеш да помислиш и сѐ можеш да направиш. Ако човекот внимателно не се ослушнува себеси или ако се потчинува на страстите,тој може да направи било што и да помисли било што. Во човечката природа постојат можности кои се поголеми и помали. Огромни можности. Да одговориме на следното прашање: „Рековте дека болното смирение е најлош егоизам“. Што е болно смирение и како да го препознаеме во себе? Се разликува ли смирението од смиреномудроста? Каде е границата


помеѓу човечката достојност и недостојност, смирението и понижувањето? „Видете деца: смирението, совршеното смирение е совршенството на човекот. Совршениот човек е смирен човек кој може на вистински начин да го љуби другиот човек и Бога.Тоа е затоа, бидејќи смирениот човек е – единствен, оној кој може да го подражава Христа: да се жртвува себеси заради братот и да дејствува со апсолутна љубов. Единствено смирениот човек може на вистински начин да ги љуби другите и Бога, односно да љуби во согласност со своето смирение. Па според тоа, смирен човек – совршен човек. Но додека ова да го достигнеме, треба да поминеме низ многу степени, и тоа особено низ многу степени. Тргнувајќи од призмата на сопственото искуство со кое се исцелува човечката душа, Светите Отци

на Црквата ја опишуваат целата таа лествица која води кон совршено смирение. Совршено смирение не значи понижување. Смирение е исполнување на твоето битие. Кога ќе го достигнеш, функционираш благородно, без страв, без комплекси, без сомничавост, без користољубие, без лукавство, без сето тоа. Во смирениот човек нема ништо што би било во недостаток. Ни недостатоци, ни претерувања. Се делува во чудесна хармонија и рамнотежа. Затоа, смирението нина било кој начин не е поврзано со различни нездрави нешта, со комплексите на помала вредност и со којзнае што уште не. Но ти велиш: „А ние? Добро, такво е совршенството. А каде сме ние?“ Ние се бориме да станеме смирени по срце, како што ни заповеда Христос, да станеме слични на Христа – нашиот Отец.

34 • • • TROI^NIK • • •


Ќе почнеме од првиот степен. Се разбира ова не е совршенство, туку само првиот степен. Исто како детето, кое што мора да научи да чита и пишува – тоа почнува од градинка додека не дојде до факултет.Но тоа не може да биде совршено во градинката. Или веќе во прво одделение во кое учи да пишува букви, пишувајќи ги по пола страница. Но ако не ги пишува нема да стигне до факултет. Ти можеш да го прескокнеш првото одделение затоа што сето тоа се детски работи, можеш да кажеш: „Но ова е детско?“ Да, сето тоа е за деца, но тоа е основата и затоа е неопходно. Ќе почнеш од ова, ќе појдеш во прво, второ, трето одделение, ќе пораснеш и ќе станеш посилен и со телото и со умот. Така е и во духовниот живот, човекот почнува од обични, што би се рекло, од надворешните нешта. Кога сака да задобие смирение,почнува од отсекувањето на својата волја. На пример, развива трпеливост кон друг човек, не инсистира на своето, не се навредува поради ова или она и почнува да се однесува кон луѓето од својата средина со смирение. Исто е и во поглед на надворешното:тој одмерено се служи со световните нешта; не внесува егоизам и суета дури ни во својот изглед, во начинот на живот, во манирите на говорење, во набљудувањето и обраќањето кон другите. Ава Доротеј раскажува како еднаш се нашол на едно место каде што навредувале некој христијанин, кој пак сето тоа го слушал без нималку да се вознемири. И авата помислил: „Браво, овој христијанин има добродетели: друг го навредува, а тој ништо не зборува!“ Но, кога му пришол и го прашал: „Па како издржа ништо да не им одговориш кога те навредуваа?“, тој му одговорил: „Зарем на кучиња да обрнувам внимание? Значи,тој не им одговарал, не затоа што бил смирен по срце и си зборувал на себеси: „нека биде така, не сакам да се расправам,ќе бидам трпелив“, туку затоа што ги мразел и ги сметал за кучиња. Некој те советува: „Ајде, заборави на тоа! Не обрнувај внимание на него!“ Нека биде така, не обрнувај внимание на него; тоа е подобро отколку со него да се расправаш, но сепак би требало да го гледаш на поубав начин. Гневот – е симптом на егоизмот. Тоа е една од сијаличките која се запалува кога струјата доаѓа во куќата. Притискаш на копчето и сијалицата се вклучува. Значи, сакаш да видиш дали во тебе има егоизам? Дали се гневиш? Ако се гневиш, ако почнуваш да се нервираш, тоа значи дека со тебе не е нешто во ред, тоа значи дека сета таа нервоза не

• • • TROI^NIK • • •

35

е од тоа што некој те навредил или го ставил твојот углед под знак прашање. Сето тоа се симптоми или тест, со кој човекот може самиот себе да се провери.Некој доаѓа и противречи на тоа што си го кажал или изразува омраза кон тебе, не зборува со тебе или те навредува, понижува – а ти се трудиш да не му одговориш. Се разбира дека во почетокот е тешко. Целиот во себе вриеш. Добро. Но, ја држиш устата затворена и си велиш на себеси: „Дај да ги стиснам забите, да не му одговорам“. Ме прашуваш: „А што има во тоа добро?“ Да, тоа не е совршено – совршенство би било да се помолиш за оној кој те наклеветил –но тоа е само првиот степен. Барем не му одговарај. Вака зборуваше Христос, но Неговите зборови погрешно се разбираат. Зборуваше: „Заб за заб“ , па прашуваат: „А што значи тоа? То ест, ако на тебе некој ти го скрши забот дали и ти треба на него да му го искршиш забот?“ Или: „Око за око“. Тие не сфаќаат дека Бог ова им го рекол на Евреите, затоа што Евреите и луѓетоод тоа време, на оние кои ги навредувале им ја кршеле целата вилица, наместо да им искршат заб. Но Бог тоа им го забранил и им рекол: „Некој ти го скршил забот? Не му ги крши сите 32, туку само еден“. Тоа било подвиг за луѓето во тоа време. Или ако му го повредиш окото, он веќе скока да ти ја одсече главата. „Едно око“ , зборува Господ, „имаш право на едно око. Ни главата не ја отсекувај, ни двете очи не ги биј.“ Една шлаканица за една шлаканица. А не да му ги скршиш сите коски„.Но, применете го ова на некој непослушен народ или на самите себе. Еве, ти приоѓа некој и те удира со тупаница по забите. Ако се разбесниш, дали ќе му вратиш само со една шлаканица? Или ќе му кажеш: Те молам, прости, морам да ти плеснам една шлаканица?“ Затоа човекот почнува од обичните нешта. Тоа е подвиг и борба. А во животот има многу ситуации што ни изгледаат како ситници. Стоиш некаде во ред, и друг приоѓа и застанува пред тебе, а ти покажуваш трпение. Светите Отци ваквите ситуации ги користеле на одличен начин. Во Патерикот има многу убави примери за ова.За ава Агатон се зборува дека Му се молел на Бога вака: „Боже, помогни ми денес да ја извршам Твојата волја.“ Ти одлучи дека денес ќе направиш сѐ за да ја извршиш волјата Божја. Наклонети сме да мислиме дека тоа значи – даго земеме Евангелието и да го читаме од утро до вечер. Или како што ме праша едно духовно чедо: „Оче,


морам ли цел ден да го читам Новиот завет во својата соба?“ Имено, јас тогаш му говорев: „Внимателно бдеј над себе, чедо, не талкај по улиците!“, а тој помисли дека мора да седи со Новиот Завет во соба и непрестајно да го чита. Значи, што направи авва Агатон за да ја изврши Божјата волја тој ден? Ништо особено. Станал наутро, како што правел секој ден, и тргнал накај воденицата да го сомеле житото, со кое требало да се храни целата наредна година. Стигнал во Египет и одлучил да ја заврши работата. Влегол во воденицата, но некој човек му рекол:Авво, зарем нема да ми помогнеш да го сомелам житото? После ќе го сомелеш ти своето... – Созадоволство, брате!

гневел, ниту некого осудувал? За друг пак авва се раскажува како отишол да продава корпи и како му се придружил некој парализиран човек. Аввата ги продавал корпите кои сам ги правел, а од парите што ќе ги добиелтребало да живее целата наредна година, бидејќи се подвизувал во пустина. Болниот го запрашал – Заколку ја продаде корпата? -За една пара. - Ќе ми купиш колач? -Ќе ти купам!

Но, тогаш не мелеле како сега, со машина: го сипуваш житото во неа и тоа само се меле; тогаш морало да се придвижуваат камените тркала од мелницата. Јас тоа го затекнав на Света Гора, зашто таму каде што живеевме немаше машини,и кога моравме да се снабдиме со елеј, бевме принудени сами да вртиме тежок камен за да го исцедиме. Разбирате ли, најпрво од тебе самиот да се исцеди сиот елеј, па по него следел оној заради кој си дошол?! Ти си велиш, подобро никогаш да не јадам путер, но... Ете, сега сфаќаш ли колку е вредна една капка масло кое човекот може да си го купи во слободна продажба. Осум маслинки даваат една лажица масло, а за тоа се вложува толку труд: потребно е да се носат маслинките на грб, да се цедат и што уште не. Навистина беше многу тешко...И така,аввата му помогнал на човекот. И само што завршил и сакал да го истури своето жито за да го сомеле, кога дошол друг и му рекол:Авво, се брзам. Те молам пушти ме! – Созадоволство! – одговорилаввата. И на него му помогнал. И така, од раното утро до вечерта вака постапувал и немалвеќе сили да го сомеле своето жито. Штом ќе се подготвел да го сипе, некој доаѓал, го претекнувал и така не му поаѓало од рака да го сомеле своето жито. Но, во Патерикот е напишано дека тој не дозволил на себе ни малку да заропта на својот брат и на крајот бил известен дека тој ден навистина успеал да ја изврши волјата Божја. Гледате ли како тој во својот секојдневен живот не се

36 • • • TROI^NIK • • •


Штом ја продал и следната корпа, парализираниот човек пак го прашал: - А оваа, за колку ја продаде? -За две парички! -Ќе ми купиш наметка? -Ќе ти купам! И тоа траело цел ден – така што аввата ги потрошил сите пари на него. А за себе ништо не оставил. Најпосле, човекот го запрашал: - Ќе ме одведеш ли дома? -А каде ти е куќата? -На другиот крај на Александрија. - Добро, ќе те одведам. А како да те одведам? -Како? Носи ме на грбот. Го кренал на грбот,иако бил многу исцрпен, а човекот бил многу тежок. Одел така, одел, и во еден моментнеговото бреме почнало да станува сѐ полесно и полесно. Аввата се свртил – и што да види? Ангел Божји, кој му рекол: -Поради ова,авво, твоето име ќе биде големо пред Бога! Токму затоа, што така постапувал во својот секојдневен живот. Деца, немојте да мислите дека совршенството на христијаните се остварува во специјални услови. Ние не раснеме во стаклени градини.Живееме во овој свет, секој со својот вообичаен живот –а итука можеш да станеш совршен, само ако внимаваш во обичните нешта кои ти се случуваат секој ден. За друг подвижник,кој достигнал висока мерка во духовниот раст,се раскажува дека во часот на смртта лицето му заблескало. Па го запрашале:А што правеше ти во животот? Но немал ништо особено да им каже, оти не бил голем подвижник. - Ништо особено несум направил во својот живот, никакви особени подвизи. Но, во манастир живеев еве веќе 30 години и во една келија со мене живееше и мојата крава. Старецот ми нареди да ја сместам покрај себе. Разбирате, он плетел корпи, а кравата ги жвакала и ги расипувала; а тие биле плетени од трева...Замислете, да живеете во една соба со животно?! Ние ни со луѓето не можеме никако да се сложиме. А монахот рекол: За 30 години не допуштив на себеси да му негодувам на старецот. На негово место некој би рекол: „Баш убаво, па дали тој човек е при здрав разум кога

• • • TROI^NIK • • •

37

заповедал да се живее со крава? Зарем шталата не е доволна?“ Но, ниту на животното, ниту на човекот овој монах не зароптал. Покажал трпение кон она со што се соочил и тоа го направило совршен пред Бога. Тоа го правел од љубов кон Христа и си говорел на себе: „Заради Бога се ќе истрпам – ќе го поднесам ова животно, ќе го истрпам овој човек, ќе ги преживеам овие маки!“ Затоа, човекот почнува од малите нешта. Кој не обрнува внимание на малите работи, никогаш нема да дојде до големите. Кој ги презира малите работи, тој паѓа. Поради тоа во духовниот живот е важно човекот да почне едноставно, мирно, од она што животот му го подготвува секој ден. Го започнуваш денот, и тогаш ти доаѓа некој и ти ги урива сите планови. Или доаѓа и друг, ти упатува пцовка и те обвинува велејќи ти: „Ти си виновен!“ Тоа се погодни прилики кои секој ден се јавуваат во твојот живот. Искористи ги, и ќе видиш дека има многу можности за усовршување, за достигнување на совршенство. Ако пак секој пат се гневиш и велиш: „Еве, сега ќе дојдам и ќе ти покажам кој е виновен!“,тогаш, се разбира, можеш да се оправдаш како човек, но ја губиш можноста за усовршување. Се може да се преобрати кон она што е полезно, но најголема арена за смирение е бракот, ако со него се користиш смирено. Во бракот нема место за егоизам. Ако има егоизам, бракот пропаѓа. Во бракот си повикан да се поништиш себеси, да им служиш на своите деца, на своето семејство. Се трудиш секој Божји ден, се враќаш дома, и тогаш ти пристапуваат синот или ќерката и ти бараат пари: „Ми требаат десет лири да одам таму и таму!“ А ти со колку маки си ги заработил тие десет лири. Но без оглед на тоа, ти со радост му ги даваш на своето дете само за да го израдуваш или да му купиш нешто убаво. Или целиот живот се трудиш многу за да купиш куќа или нешто друго, а потоа со задоволство ги даваш парите на своите деца – зарем тоа не е совладување на себеси? Кога му даваш на своето дете тоа што го имаш, иако си измачен, исцрпен,ти се спие, уморен си... Или кога ги негуваш своите мали деца: а ти се спие,нозете не те држат поради неспиење, повеќе неможеш да издржиш, но сепак одиш да ги видиш, да ги погалиш со љубов. И штовсушност е тоа? Тоа е секојдневно совладување на себеси – како за мажот, така и за жената. Смирение не значи извршување на нереални работи. Тоа не се случува таму некаде, туку тука, каде


што си ти – на твоето работно мето. На пример, имаш суров шеф, тврдоглав колега – погледни го со љубов, искористи ја таа можност, обрати ја кон полезно по духовен пат. Се разбира дека тоа воопшто не е лесно. Не сме сите ние постојано во состојба на таква духовна будност,та секогаш да ги користиме можностите и да постапуваме како што треба. Таму, каде што тоа не ни пошло од рака, каде што веќе се запалиле сијалиците и каде што почнало да се задимува, таму...кога ќе се стиши злото, ајде да се смириме пред Бога и да кажеме: - Боже мој,прости ми! Немав сила – повторно се разгневив, повторно пламнав,повторно се искарав, ја испуштив можноста која ја имав. Смирението или исповедта ми помагаат да го поправам тоа што го сторив или повторно да се најдам во приликата која ја испуштив. Така, со постојано воспитување во црквата, постепено го задобивам смирението. Смиреномудреност значи смирено да мислиме за себе.На пример, ти доаѓа помисла: „Не постои таков каков што сум јас!“, а ти велиш: „Но молчи, дете мое! Зошто не би постоел некојкако што сум јас? Па кој сум јас?“ Ете тоа е смиреномудрост. Или помислата ти вели: „Јас сѐ знам!“ А ти си велиш на себеси: „А од каде можам да бидам толку сигурен? Зарем не направив толку грешки во мојот живот? Зарем не говорев толку многу работи, што потоа се покажаа како невистина? И како јас можам сѐ да знам? И некој друг може да биде во право.“ Од ова можеш да разбереш дека една работа е смирение, а друга смиреномудреност – која значи дека се трудиш да се подвизуваш, да имаш смирени помисли. Да не мислиш дека си центар во вселената, дека сѐ знаеш. Кога ќе ти дојде помисла дека нешто е всушност така и така, мораш да ѝ се спротивставиш со смирени помисли, сѐ додека себеси не се доведеш во состојба на душевен мир. Или пак, ти мислиш дека сите гледаат во тебе и затоа велиш: „Не сакам да одам во црква; штом ќе влезам во неа, сите се вртат и ме гледаат“. Добро, ќерко моја, зарем е возможно целата црква да се врти и да те гледа кога ти влегуваш во неа? И дали тоа е возможно? Можеби се запалила некоја светилка – а ти тогаш си влегла и сите се вртат и гледаат во тебе?! Никој не те гледа. Па немаат ни таква желба. Тоа ти си имаш некоја замисла за себеси – мислиш дека си центар на вселената. За што се замислуваш, чедо? Зарем мислиш дека каде и да се појавиш,веднаш привлекуваш внимание? Другите ни најмалку не дошле во црква тебе да

те гледаат. Што имаш во себе толку вредно, што другите би требало да те гледаат? Вистината е во тоа што тие дури и не те забележуваат! Но, ако во таква ситуација, наместо да се срамиш, си велиш насебеси: „Никој не ме гледа! А и зошто би ме гледале? Зошто да ми обрнуваат внимание?“,всушност, тогаш се смируваш. Истото важи и за срамежливоста која понекогаш ја чувствуваме. И во неа постојат слични знаци на егоизам. Зошто се срамиш? Се срамиш да одиш некаде? А зошто? Мислиш дека ќе го расипеш својот углед? Отците одлучно се бореле со тоа. Кога би им дошол некој со желба да стане подвижник, тие би му рекле: - Не го можеш ти тоа! Ако сакаш да станеш подвижник, врати се во својот град, облечи износени алишта, отседи 40 дена просејќи милостина пред црковните врати, па тогаш дојди да разговараме! Ти сфаќаш дека тоа е тешко, но тоа го погодува самиот корен на егоизмот во човекот. Се подразбира дека јас наведов драстичен пример, за да согледаш што си во состојба да направиш. Почнуваш од тоа што на некого му велиш само едно: „Прости!“ Оди и кажи му го тоа! - Не, несакам да му го кажам! Принуди се себеси да се смириш и кажи ѝ на твојата сестра: - Прости ми, не бев во право! Не чекај другиот да се извини пред тебе. Не му вели: - Ете, се скаравме за време на ручекот, прости ми, но и ти лошо се однесуваше кон мене. Тоа не е барање прошка. Тоа е како кога би рекол: „Прости, но и ти грешиш.“ Или ако кажеме: Ако со нешто те навредив... А ние всушност сме го згазиле, оцрниле,како што обично се вели, и притоа се поставуваме лицемерно: „Ако со нешто те навредив, прости ми!“ Не, деца, ова не e барање на прошка. Да замолиш за прошка значи да кажеш на некого: - Брате, прости ми, не бев во право. Те натажив, прости ми! И притоа, овие зборови да ги изговориш со разбирање. Тоа е она најважното, што од нас го исфрлува отровот на егоизмот и ни помага да го стекнеме смирението. И на ова, смирено ќе ја завршиме нашата беседа! На 21. октомври 2011. Година Превод: Братството на Манастирот Св. Гаврил Лесновски

38 • • • TROI^NIK • • •


богословие

ЕКЛИСИОЛОШКО-ЛИТУРГИСКОТО ЗНАЧЕЊЕ НА ХРАМОТ БОЖЈИ Дипл. теолог Кире Трајанов

В

легувајќи во православниот храм се соочуваме со неговиот мистичен амбиент. Пред нас се открива еден поинаков, пријатен, близок и возвишен свет, чија таинственост ја доживуваме. Храмот е символ на надсетилната духовна реалност на Царството Божјо, во кое човекот, а преку него и сиот создаден свет заедничари со Триипостасниот Бог. Во литургискиот простор на храмот се вкрстува и објавува троедната тајна на Бог, човекот и светот. Како што човекот и космосот по својата природа имаат богојавленски (теофаниски) карактер, така и храмот е место на Богојавление (теофанија). Храмот е место каде што се остварува најблиската средба и заедница на човекот со Бога, а преку човекот и на сиот космос со Бога. Во него се извршува тајната на спасението подготвена од вечноста за човекот и светот. Според Божјата љубов, слобода и премудрост Сокриениот се открива, Недостапниот се дарува, Невидливиот станува видлив, Синот Божји станува Човек. Токму во и преку тајната на Христовото воплотување, онтолошката предиспонираност на човекот и космосот (да го примаат Бога и да сведочат за Него), односно

• • • TROI^NIK • • •

39

да бидат храм Божји, се остварува во Црквата Христова. Во таа смисла, свети Максим Исповедник за космосот и човекот говори како за потенцијална црква-храм. Според библиско-светоотечкиот светоглед, човекот го зазема централното место во креацијата на Бога. Во него се обединува и проникнува двоедниот духовно-материјален свет. Христос примајќи (воипостасувајќи) ја неделиво и без мешање севкупната човекова природа, (индиректно) за своја плот го прими севкупниот космос. Антрополошко-космолошките и теолошки димензии на храмот се откриваат и актуализираат во христолошко-литургиски контекст. Храмот е литургиски центар на космосот од кого што преку Светиот Дух се распростира и шири спасоносната сила на Христа врз сето создание. Храмот е централно место на Христовото делување, бидејќи во него се служи Литургијата на која се случува принесувањето на даровите (лебот и виното), нивното благодатно претворање во Тело и Крв Христови и причестувањето на верниците со нив. Интелектуалниот тип на верник кој христијанството го прифаќа како философски


(рационален) поглед на светот и моралистичкиот тип на верник кој главниот акцент го става на социјалното дејствување на верата не ја согледуваат суштинската потреба од храмот. Но, христијанската вера не е теоретска спекулативна философија без егзистенцијално значење, а Црквата не може да биде редуцирана на социјална установа. Таа е Богочовечка заедница во која се случува обновувањето на паднатата човечка природа и спасението на луѓето. Христијанската вера има пред сѐ богослужбен (литургиски) карактер. Затоа, автентичното поимање на храмот е неразделиво од Литургијата. Всушност храмот, најкратко и наједноставно кажано, постои заради Литургијата. Неговата смисла и значење имаат, пред сѐ, литургиски карактер. Оној што не ја познава Литургијата, односно не учествува во неа, тој не ја познава Црквата, а секако не го разбира и значењето на храмот и потребата од него. Од самиот почеток на Црквата, потребата од храмот е поврзана со служењето на Тајната над сите тајни – Светата Литургија (Евхаристија). Во Дела Апостолски читаме дека првите христијани се собирале на едно исто место заради молитва и евхаристиско прекршување на лебот (Дела 2, 42-46). Од насушната потреба за собирање на христијаните на едно исто место во и заради Христа, природно се појавува и потребата од храмот Божји, кој ги собира христијаните заради заедничка молитва и заедница со Христа. Христијанството не можело да опстане без собирањето во храмовите, во кои верните принесувајќи духовни песни и молитви (Ефес. 5,19) се утврдувале во верата и од рацете на епископот (свештениците) ја примале Светата Причест. На секоја Литургија христијаните ги потврдувале својот идентитет, својата припадност кон Црквата, заедницата со Христа и го претвкусувале Царството Божјо. Затоа, тие и кога се соочувале со најжестоките прогонства, сепак не се откажале од собирањето во храмовите. Во првите три века прогонуваните христијани ги имаа приватните домови, катакомбите и гробовите на мачениците како места за литургиско собирање. Литургијата (евхаристијата) има суштинско значење за постоењето на христијанскиот храм. Литургикоцентричноста и христоцентричноста на храмот Божји е главниот богословски аргумент на црковното градителство. Црковната архитектура, фрескоживописувањето, иконописот и копаничарството се изродени во литургиски контекст заради служење на Бога. Сѐ додека постои

литургиската жед за заедница со Христа, и Црквата ќе постои и христијанската ревност за храмот. Автентичната свест за неповторливото значење на Литургијата го чува правилното поимање на храмот Божји. Православното предание никогаш не го разгледува храмот независно од Литургијата. Без неа храмот добива музејска и културна вредност. Затоа ќе нагласиме дека Светата литургија (евхаристијата) не е едноставно една од седумте свети тајни, таа е Тајна над сите тајни. Нејзиното суштинско значење е неспоредливо поголемо од било која света тајна или молитвословие. Всушност, сите свети тајни и молитвословија извираат од Светата евхаристија и повторно се влеваат (приведуваат) кон неа. Тие во евхаристијата ја доживуваат својата полнота. Евхаристијата е центарот и изворот на животот на Црквата. Без евхаристија нема Црква и надвор од Црквата нема евхаристија. Поради тесната поврзаност на храмот со Литургијата, тој не е само дом на заедничка молитва на верниците упатена до Бог, затоа што Он не останува на далечна дистанца од нив, туку на нивниот повик одговара со своето благодатно присуство и делување. Храмот е место на присуство и делување на Света Троица, „дом Божји“ (1 Тим.3,15 ) Народот Божји, возглавен од епископот, во храмот на својата заедничка служба – Литургијата благодатно учествува во Христовата крстна смрт, воскресение и вознесение и се причестува со Телото и Крвта Христова, пролиена од љубов кон човекот и светот. Базичните еклисиолошко-литургиски начела се воплотени во формата и организацијата на храмовиот простор. Собирањето на народот Божји на едно исто место, односно во храмот и возглавувањето на литургискиот собор од страна на епископот се двата еклисиолошки елементи кои имаат суштинско значење за служењето на Литургијата. Литургијата има дијалошки карактер. Таа е богослужбен дијалог меѓу епископот (свештеникот) како возглавител на соборот и народот (лаосот) Божји. Соодносот меѓу претстојателот и народот Божји е изразен преку односот на олтарот и престолот од една страна и средишниот дел на храмот (наосот) односно бродот, од друга страна. Наосот е насочен кон олтарот, во него ги има својот крај и цел. Но олтарот постои единствено во однос кон бродот (наосот). Самото име наос (брод) ја изразува идејата за Црквата како кораб Христов кој плови низ немирните води

40 • • • TROI^NIK • • •


на историјата, а олтарот е челото на бродот, Кормиларот е Христос, а Негова благодатна икона е епископот. На Литургијата Црквата ја актуализира и открива својата вистинска природа. Таа станува во најтесна смисла Црква – Богочовечко Тело Христово, чија глава е Христос. Преку Светиот Дух сите верни заедно стануваат едно евхаристиско тело Христово, а секој посебно член (орган) на истото тело. Христијаните постануваат Христови сотелесници. Во секојдневниот говор на христијаните поимите храм и Црква оправдано се поистоветуваат. Ние не велиме дека ќе одиме во храмот, туку во Црква. Народот Божји, собирајќи се во храмот, се причестува со Христа преку Светиот Дух и станува

• • • TROI^NIK • • •

41

Црква Божја – Тело Христово (1 Кор. 12, 12, 27). За да се биде вистински член на Црквата, односно член на неразделното тело Христово, потребно е живо учество во Литургијата, која се извршува во храмот. Затоа, не е можно некакво апстрактно „интелектуално“ единство со Христа и Црквата. Материјалниот храм е образ (символ) на Црквата како тело Христово. Вистинскиот храм како дом Божји, во кој благодатно престојува и дејствува Бог, всушност го сочинуваат христијаните како живи камења на зданието Божјо. Тоа е живиот (мистичен) храм составен од живите клетки на телото Христово, оживотворени од Светиот Дух. Бог преку Своите несоздадени енергии престојува во овој неракотворен духовен храм. Апостолот


Петар пишува: „и вие сами, како живи камења, изградувајте од себе духовен дом, свештенство свето за да принесувате духовни жртви, кои му се на Бога пријатни преку Исуса Христа.“ (1. Петр. 2, 5) Црквата, освен како народ Божји и Тело Христово, се именува уште и како храм Божји, дом Божји, зграда Божја. (Ефес. 2, 22) Самиот Спасител Христос говори за Своето тело како за неракотворен храм во кој се собира новиот народ Божји. (Јован 2, 19, 21) Христијаните преку светотаинскиот и добродетелен живот се вѕидуваат во светиот храм на Господа, чии темели се поставени од апостолите и пророците, а аголен камен е Самиот Он. (Ефес. 2, 20-21) Тие преку единството на верата, врската на благодатните дарови и првенствено Светата Евхаристија како најголем дар се соединети со Христа, а преку Христа меѓу себе и со сета Црква. Преку заедницата со Христа верниците повеќе не се изолирани индивидуи, туку личности кои преку благодатната љубов се оспособуваат за соборна заедница. Храмот е одраз на соборната природа на Црквата Божја. Каде што е Христос (евхаристијата) таму е и Црквата. На Литургијата во секој евхаристиски собир се оприсутнува во полнота севкупната Црква Божја, и земната и небесната страна на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. Во преданието храмот се гледа како собор, како собирање на небото и земјата, на сето создание во Христа, што е суштината и целта на Црквата. Христијаните се собираат во храмот за да се соединат со Христа, а преку Христа меѓу себе, со ангелите, со сите светии, со упокоените, со сета небоземна Црква во полнота. Храмот со својата севкупност сведочи за небоземната полнота на Црквата Христова. Тој иконично ја оприсутнува соборноста на Црквата и ги открива космолошките димензии на Литургијата. Она што Литургијата, богослуженијата и проповедите како словесна служба го откриваат, се потврдува со иконата како теологија во бои. Меѓу литургиските молитви и чинови, од една страна, и иконографијата и архитектурата, од друга страна, постои цврсто еклисиолошко единство и хармонија преку која е изразена сета теологија како живот според Христа и живот во Христа. Литургијата, Светите тајни и молитвословија, заедно со храмот, го овоплотуваат сиот Божји домострој, сѐ она што Бог го направил за нас и не престанува да го прави, но и прославувањето, благодарноста, покајанието, прозбите на народот Божји, неговото

очистување, просветување и обожување. Затоа, Литургијата е главниот критериум на христијанската побожност, а храмот е најдоброто училиште за христијаните. Натсетилна убавина на храмот е проникната со незаодната светлина на Царството Божјо. Не случајно, храмот Божји отсекогаш имал исклучително важна улога во внатрешната и надворешната мисија на Црквата. Денес, од различни страни се слушаат гласови кои говорат против изградбата на храмовите, гласови, кои го релативизираат значењето на храмот Божји. Говорат дека не ни се потребни храмовите. Таквите размислувања не се карактеристични само за надворешените кои не ѝ припаѓаат на Црквата, туку и за некои номинални христијани. Особено за оние, кои иако никогаш вистински не ја напуштиле Црквата како свој дом, сепак се „надвор“ од неа. Но, како да ја објасниме ревноста на сите христијански поколенија кои со векови граделе нови храмови и ги обновувале старите? Во првите три века прогонуваните христијани како место за литургиски собири ги имаа катакомбите и гробовите на мачениците. Подоцна, по Миланскиот едикт (313. година), беа градени храмови чија велелепност и архитектонски решенија претставуваат вистинско чудо во светот на градителството. Во историјата на православниот народ во Македонија се запазени примери кога христијаните ги исполнувале исклучително тешките барања на иноверната власт само за да добијат дозвола за изградба на својот храм. Нашиот православен народ градел храмови во најтешките времиња од историското постоење на Црквата. Неслучајно, откако османлинската власт дала дозвола за изградба на храмови, кон средината на 19 век во Македонија се случил подем во црковното градителство. Градењето на храмовите никогаш не запрело. Христијаните не дозволиле никакви надворешни услови од овој свет (политички, општествени, економски, социјални) да ја попречат нивната градителска активност, нивната ревност за храмот. Литургијата била центарот на нивниот живот. Тие својот најдлабок идентитет како христијански народ го формирале на Литургијата во храмот Божји. На крајот, уште еднаш ќе ја истакнеме непобитната вистина, еклисиолошката аксиома, проверена во опитот на црковното живеење, „сѐ додека постои литургиската жед за заедница со Христа и Црквата ќе постои и ревноста за храмот Божји.“

42 • • • TROI^NIK • • •


православен духовен живот

СЕКОЈ ХРИСТИЈАНИН ТРЕБА ДА ИМА ДУХОВНИК Протоереј Димитриј Смирнов

С

вети Oтци... Современиот човек веднаш замислува мноштво луѓе во раса со крстови на градите. Некој се обраќа на свештенослужителите со зборовите: „Мили свети

отци“, што често предизвикува насмевка. Црквата, меѓутоа, ги нарекува Свети Отци оние одважни служители Божји, кои во минатото во својот живот достигнале христијанско совршенство, а со збор можеле да раѓаат луѓе за духовен живот. Не биле сите меѓу нив свештенослужители или монаси, но такви биле најмногу. Нашиот Господ Исус Христос ја создаде Својата Црква за да може секој да се стреми кон светост, ставајќи на себе крст или расо, или и двете, како знак за својата желба да оди по Него. Многумина се повикани, но малкумина се избрани. Не достигнуваат сите во брачната одаја, на повеќето им снемува масло и свеќите им се гаснат. Многумина примиле свештенички чин, но не станале добри пастири, т.е. станале отци само по името, ама не и по служењето. А само ретки поединци се удостоиле Црквата Христова да ги признае како Свети Отци. Тие се несекојдневна појава, како некаков уникат или рачна работа со голема уметничка вредност. Во тоа уметничко дело, трудот на самиот подвижник се соединува со дејството на Светиот Дух Кој излегува од Отецот и се испраќа на секој кој оди по патот на заповедите Христови. Вистинските Христијани секогаш барале скапоцени бисери, секогаш стекнувале ризница на Небото, секогаш се труделе за делото кое останува

• • • TROI^NIK • • •

43


за живот вечен. Поради тоа, внимателно се помнеле зборовите кои потекнале од устата на Светите Отци. Како раководство во духовниот живот, тие се чувале и се препишувале илјадници пати. Учењето на Отците, благодарение на мноштвото подвижници кои се труделе да го исполнат, низ вековите се пробило до појавата на првите печатници. Така, оваа духовна ризница достигнала и до нас. Човекот живее во словесен простор. Тој простор денес, во поголемиот дел е исполнет со зборови со банална и сиромашна содржина, па за Христијаните дотолку е поскапоцено чистото словесно млеко на Светите Отци. Ние, Христијаните од последните времиња, поради своите слабости и маловерието, поради губењето на едноставноста и искреноста, не сме во состојба да живееме според заповедите на Отците. Но, читајќи ги нивните поуки, ние можеме да се погрижиме да го почувствуваме прекрасниот мирис на вистинскиот христијански живот, да се смируваме и да ја оплакуваме својата немоќ. Тоа согледување на искуствата на Отците, откриени во огнените зборови, може да даде нов импулс на нашето малаксано движење кон Светлината. Како што тивкото ветренце, барем на кратко време повторно го распалува речисиизгаснатиот јаглен и дава можност на оганот повторно да се распламти, така и во нашето, речисизгаснато срце ќе се разгори истиот оној оган на Божествената благодат како кај древните Отци, иако секако не со таа силина, со која оваа благодат живеела и дејствувала, горела и вриела во нивните срца. На овој пат ќе нè чекаат извесни искушенија. Човекот, имено, е наклонет во својата фантазија да си создава на себеси претстави за она, за што чита во моментот. Уште во детството сме ги замислувале омилените јунаци од книгите и често, прочитувајќи ја книгата до крајот, самите сме ја преземале нивната улога. Тој механизам кај многу луѓе станува навика. Поради тоа, не можат сите кои се нурнуваат во светоотечките списи да го избегнат поистоветувањето на самиот себе, на своето искуство и своето време со златното време на древното монаштво. Доаѓа до чудни, да не кажеме изопачени ситуации, кога човекот, воспитан во системот на комунистичкото образование, почнува да си умислува дека, ни помалку, ни повеќе, е монах од шестиот век. Чита, на пример, кај авва Доротеј: „Анатема на мене и на моето мислење“, или дека без благослов не треба ниту да се зачекори и веднаш почнува да му досадува на духовникот со

прашањето: каква боја треба да биде четката за заби кај вистинскиот Христијанин? На тие зборови духовникот веднаш „фаќа магла“, а „подвижникот од шестиот век“ потоа го гони. Најчесто никој и не се прашува: зошто баќушката бега? Често тој тоа не го прави затоа што е мрзлив или зафатен, туку едноставно не сака да си игра древно монаштво. Понекогаш, за несреќа на паствата, свештеникот прифаќа таква улога и желно го зазема упразнетото место на старец. И ако таков „старец“, наместо во духовен живот заплови во митови и легенди, создадени во колективниот разум на еден дел од парохијата, тогаш тука мора да интервенира духовната власт. Тешко е да се каже што се случува во далечните земји, но нашиот народ, без сомневање, трпи страшна духовна жед. Кога Црквата (по пропаѓањето на комунизмот) доби слобода, на патот кон неа тргнаа реки од луѓе, гладни и жедни за Вистината. Тие од книгите дознале дека постојат старци, духовни отци, духовници, и дека без духовно раководење човек не може да се спаси. И овие современи неофити (новообратени) се трудат во животот околу себе да го пронајдат ова загубено богатство. Понекогаш се испоставува дека наместо богатство пронашле книшка од бонбона, а понекогаш го гланцаат бакарниот сад сѐ до златен сјај, но тој секако си останува бакарен. Кај нас завладеа голем недостаток од учители на црковниот народ, но од друга страна, се појавија и премногу духовни (и не само духовни) лица, кои луѓето ги нарекуваат „старци“ и „старици“. Најтажна појава е она што често се среќава во некои нови манастири, кога млад еромонах ќе прочита (или уште полошо: нема да прочита) дветри духовни книги и потоа поклониците, жедни за духовен живот „според книгите“, ги дочекува со сурови епитимии за одамна покајани гревови, со пропишување на строго молитвено правило и ригорозно упатство за тоа колку пати во текот на постот или годината треба да се причестува. После таква доза на поуки,поклоникот се враќа во парохијата кај својот свештеник потполно збунет. Кој е во право? Оној таму е монах, а овој нашиот не е. Но, овој нашиот ме познава, а оној ме виде првпат! И што да се прави со советите кои заемно се исклучуваат? За жал, треба да се каже дека секој свештенослужител на кого што ќе наидеме не е кадарен да го даде вистинскиот совет, особено ако

44 • • • TROI^NIK • • •


тој совет е даден самоволно и во жарот на високо мислење за сопствената духовна висина.А има секакви совети, на пример, повторно да се направи крштевање, или венчавање, или дури дека сè што е направено досега е „неправилно“. За да се избави од фантазиите и митовите, човекот треба трезвено и смирено да одреди што е за него духовен живот и што му е потребно за негово стекнување. Тогаш, самиот тој живот ќе биде награда на оној кој се стреми кон него. Чекајте малку, а старците? Старец во Црквата е духоносен човек, кој од Бога има дар на пророчко служење. Тоа не се

• • • TROI^NIK • • •

45

состои во одредување на датумот на крајот на светот, туку во откривањето на волјата Божја на луѓето. Старец е само оној, кој може да го прими врз себе тоа служење и да го исполни колку што може. Старците кои се очистиле од страстите и се исполниле со благодат, се вистински извор на духовна милост за сите кои им се приклонуваат и им веруваат како на Самиот Бог. Тие се необично трезвени, трпеливи и искусни во секојдневниот практичен живот. Здравиот ум е присутен во секој нивен збор и постапка. Во нивниот изглед нема ништо невообичаено: ниту особени одежди, ниту пози, ниту длабокомислени фрази. Тие никогаш не инсистираат на своето и секогаш се преполни со љубов и снисходливост. Старецот е видлив образец на светиот христијански живот. Духовниот отец е нешто поинаква појава и со поинакво служење. Најчесто е тоа свештеникот кој те родил во Христа Исуса, и со чија што помош си излегол на духовниот пат. Духовниот отец е достапен христијански авторитет, со којшто човекот може да го проверува своето духовно трагање. Тој не е духовен старешина, туку човек кој можеби поминал подолг или поплодотворен пат во црковниот живот. Самиот термин е многу содржаен и многу говори самиот за себе. „Духовен“ значи не душевен или телесен. Да се бара она што е душевно или телесно од црковно гледиште е штетно.


Духовниот отец не треба, но и не може да ја насити материјалната или душевната жед на оние кои го избрале него за духовник. Тој не може да биде ниту мајка, ниту брат, ниту пријател, ниту маж, ниту нешто слично. Штом во очинството почнат да се мешаат некои други односи, тоа почнува да слабее, општењето преоѓа на некој друг колосек и тоа веќе не е однос помеѓу духовен отец и духовно чедо. На секој човек може да му недостигаат пријатели, разговори, семејна топлина, роднини, па психолошки е потполно разбирливо што сето тоа тој почнува да го бара во оној кој го избрал за духовник. Но, таквото барање е грев и соблазна, духовна ерес, лага и прелест. Заемниот духовен однос не може да биде избран или предодреден, тој незабележително се негува и расне, и со секое духовно чедо е неповторлив, како што е неповторлива секоја душа. Во што се состои тој однос? Во заедничкото спасување на душата, едноставно речено. Во заедничката молитва на богослужението, во заедничкото учество во Светите Тајни (Покајание, Причест, Елеосвештение, Брак, Крштевање), во заедничкото изградување на парохискиот живот. Треба да се слуша она што го говори духовниот отец и да се исполнуваат неговите совети онолку колку што душата може да поднесе, но притоа не треба да се заборави дека одговорност нема само оној кој советува, туку и оној кој советот го прима или го отфрла. Безумно е да се очекува од секој духовен отец да биде старец. Што и да очекуваш од него, тој ќе остане она што е, т.е. нема да се менува според твоите очекувања. Духовникот е свештеник кај кого постојано одиме на исповед и кој нè познава онолку, колку што сме отворени кон него. Таквиот однос во почетокот може повеќе да личи на однос помеѓу постар и помлад брат. Доколку „постариот брат“ е

уште млад и неискусен, на двајцата им се заканува соблазна да го забрзаат природниот процес на прераснување на нивниот однос во многу подлабок однос „отец-син“. Тогаш духовникот почнува да претерува со советите, а послушникот од своја страна очекува раководење како да е во манастирот. Било какво забрзување на „послушноста“ без доволно искуство, може да доведе до духовна катастрофа. Прекинот на овој однос е секогаш тежок за двајцата и има долготрајни, понекогаш и доживотни последици. Меѓутоа, ако во сето тоа нè ни е цел да оствариме некакви сопствени „духовни“ амбиции, туку да го заслужиме Царството Небесно, тогаш ќе се наоружаме со трпение и смирение и нема да им завидуваме на другите поради тоа што имаат поголеми дарови. Превод: Ѓакон Емил Атанасов

46 • • • TROI^NIK • • •


семејство и воспитување

ПРАВОСЛАВНОТО ВОСПИТУВАЊЕ И СОВРЕМЕНИОТ СВЕТ Свештеник Алексиј Умински

С

овремената епоха, која сè почесто се нарекува постхристијанска, направи пресврт за кој сите не се сè уште свесни. Зборовите, дури не толку зборовите, туку терминот: нова ера, ново поколение – не се веќе зборови, туку констатација на „новиот“, превртен смисол на основните фундаментални поими за верата, моралот, законот, љубовта, слободата – оние поими, на кои се држеше 2000-годишниот свет кој се нарекуваше христијански. Така, овде сета „новост“ се крие во зашеметената бесрамна перверзија, која, да кажеме, уште одамна ја согледал и опишал во својата антиутопија Џорџ Орвел (војната е мир). Влеговме во епоха, во која светот во своето апостасиско стремење сè уште не се одлучил директно да одрече од Христа, но ги извитоперува сите христијански идеали, давајќи им ја својата лажна смисла. Самиот факт на извитоперување, пресврти, „измени на знаци“, неминовно го повлекува со себе тоа, дека светот кој сака да стане нехристијански, станува антихристијански (спор. Матеј 12, 30). Поимите како што се љубов, слобода, толеранција, добродетелство и др.,отсекогаш имале христијанска смисла, а сега добиваат сосема „либерално“ значење. Доволно е да се спојат двата збора – Слобода и Љубов („слободна љубов“), за да се добие нешто што христијаните го третираат како блуд, а современиот свет како едно од достигнувањата на демократијата. Додека љубовта што ни ја вети Бог може да се оствари само во слобода: Бог го создал човекот како слободно битие (па така не му ја скратил можноста да се приклони кон злото), само затоа, за да може да Го сака Бог и ближниот. Овде доаѓа до збркување на поимите; таа е во тоа, што љубов се нарекува само физичката похота; притоа се исклучува душевната наклонетост, потрагата по духовно заедништво, почитувањето на човекот како образи подобие Божјо, верноста и благодарноста. Нашата слобода е купена по цена на смртта на Крстот на Спасителот, така што подразбирањето под таа сатанска (во најдиректна

• • • TROI^NIK • • •

47

и најточна смисла) седозволеност, која нема ништо заедничко со реалните потреби на човекот, од христијанска точка на гледање, е хулење на светињата, а од точка на гледање на обичниот здрав разум – апсурд. Извртените поими станаа идеологија на тој „доблесен нов свет“, како што својата антиутопија ја нарече О. Хаксли. Оној што не се согласува со ова ново сфаќање станува отпадник, непријател на слободата и на демократијата, фундаменталист и што уште не, сѐ пострашно и пострашно. Тоа е светот во кој влегуваат нашите деца: во свет кој многу сака, останувајќи привлечен, да го прекрои човекот според своја мерка. Постои голема опасност, влегувајќи во ваквиот свет, кој на себе става рекламни натписи со зборовите „мир и сигурност“ (сп. 1 Сол. 5,3), нашите деца да појдат по некој неправилен пат: или нема да можат да издржат, па ќе ги прифатат лажните вредности на овој свет, останувајќи однадвор христијани, наизглед побожни, или спротивно, ќе се одделат од светот и ќе заминат во подземјето, во некакво „православно гето“, одкаде апсолутно непријателски ќе гледаат на целиот свет кој ги опкружува. И двата патишта претставуваат неуспех на нашето православно воспитување. Ние самите си поставуваме различни цели: или се обидуваме да ги прилагодиме децата кон овој свет, или пак, спротивното, те. се обидуваме да ги конзервираме, да ги заплашиме со светот или да ги научиме да чувствуваат презир или надмоќ над оние што не влегуваат во кругот на нашата заедница. Ваквите позиции се погрешни. Ние треба да бидеме свесни дека целта на нашето православно образование и воспитание е само една: за Христа да подготвуваме живи членови на Црквата. Ние ги подготвуваме токму оние живи камења од кои се гради духовниот дом, нашата Црква. А нашата Црква и секој човек во неа е светлина на светот, сол на земјата. Истото важи и за воспитувањето: не смееме да дозволиме нашите деца да бидат сол само навидум, без вкус и


без мирис, сол која ја изгубила силата или да бидат светилка која свети под садот – само за себе. За жал, токму ова со нас може да се случи. Христос вели дека солта треба да си остане сол, а светлината треба да им свети на сите. Тука настанува нашиот основен актуелен проблем – како нашите деца, во контакт со овој свет, да останат вистински христијани. Честопати се чудиме зошто децата - адолесценти од христијанските семејства, кои од мали се навикнати на молитва, посетуваат веронаука или учат православна гимназија, често се причестуваат, речиси сосема се лишени од „духовен имунитет“, лесно паѓаат во гревовни стапици и потпаѓаат под лоши влијанија. Ние се обидуваме да ги сочуваме од лоши друштва, телевизија, разни штетни разговори и слики, од банална музика и псевдокултура, но токму тоа, за нас неочекувано, ги привлекува и со особено убиствена сила влијае врз нив; тие оставаат впечаток на растение од стаклена градина, кое страда од најмал мраз, а во извесна мерка тоа е и вистина. Но, каде да се најде вакцина, како да се обезбеди имунитет? Пред сѐ, треба да сфатиме една горчлива вистина: нашите деца веќе зборуваат на друг јазик, тие веќе потсвесно, но често многу длабоко ја прифатија идеологијата на новата ера. Како се случи ова? Многу едноставно – од воздух! Да – да! Од воздухот, од средината која го окружува, од постојаните напади на реклами, устроени според принципот на сугестија независно од човековата волја, на улица, од телевизијата, во метро – насекаде; од постојаните простачки извици во подземните премини или од соседниот стан, од порно–списанијата, кои се продаваат насекаде по улиците, од воздухот што го вдишуваме. Да, но ние ги учиме на молитва, ги носиме во црква, ги воспитуваме според законот Божји. Сѐ е правилно, но... Но, светот на Законот Божји е свет на подвизи, свет на духовен труд, свет на сораспнување со Христа. Тој не се дава едноставно, не може да се прими заедно со другите вредности или интереси на душата. Тој е богатство заради кое треба да го продадеш она што го поседуваш. Некогаш така било и со оние кои се обраќале кон Христа во советско време.Луѓето кои копнееле по правда, се одрекувале од неправдата; оние кои ја барале љубовта – ги отсекувале блудот и похотата; луѓето кои посакувале вистинска слобода – слобода во Христа, можеле храбро да одат во подвизи и да трпат гонења. Но, светот тогаш бил поинаков. Веќе

постоеле поими како „слободна љубов“ – но тоа било предизвик за општествениот морал, додека хомосексуалната содомија предизвикувала сеопшто негодување. Правата и слободата биле задушувани, но за нив се бореле храбро и несебично, честопати ризикувајќи ја личната и слобода и животот, а без да добиваат хонорари за тоа. Необично е што за многуте децениина советската власт, безбожното општество успеало да ги сочува основните критериуми на христијанскиот морал, дури некаков морален имунитет, кој се насобрал за илјада години на христијански поколенија во Русија. Во тоа време не можевме да ги учиме децата на Божјиот закон, но словото (зборот) изговорен со шепот беше „објавуван од крововите“; не можевме редовно да ги водиме децата во црква, но секоја посета на храмот ја менуваше душата на детето, бидејќи беше подвиг и духовен труд. Денешните деца се раѓаат веќе во друг свет; во христијански семејства лишени од било какви корени и традиции, семејства кои ја раскинале врската со општеството во кое самите пораснале и се одделиле од општеството во кое децата треба да стапат. Можеби децата гледаат во семејството искуство на обраќање, но не можат да го сфатат. Христијанско образование им даваат луѓе, кои не добивале христијанско образование, се обидуваат да ги воспитаат христијански родители, кои не биле христијански воспитани. Во овој случај сосема е погубна обичната родителска суета: луѓето често забораваат какви биле во детствотои го бараат од децата она за што ниту самите не се способни. Нововоцрковените (е, барем навистина да се воцрковени!) сè уште со променлив успех започнуваат да учат да живеат според заповедите, а од децата бараат само праведност, и тоа според своето разбирање, кое не е секогаш во согласност со учењето на Црквата. Многу често, значи многу почесто отколку што можеме и да претпоставиме, доаѓа до тоа што децата, не само што се одделуваат од Црквата, туку ја губат и врската со родителите; лишени од домот, разбирањето, љубовта и топлината, тие стануваат лесен плен на било кое сомнително учење, подлегнуваат на пропаганди од разни пороци... А притоа, ние христијаните – родители и педагози, како и светот што нѐ опкружува, кажуваме едни исти зборови: мир, слобода, љубов, добро, правда... Но, христијанските поими тешко се примаат, а поимите „new age“ сами никнуваат. Како во приказната: човекот посеал добро семе, а заедно со доброто семе му израснал и какол, кого го посеал

48 • • • TROI^NIK • • •


децата за стравот: од што се плашиме, што го предизвикува стравот? Излегува дека, освен од биолошките чувства на страв (од смрт, од болка, од темнина итн.) човекот не се плаши толку многу – се плаши за своите ближни, се плаши од Бога (од гревот) и се плаши да не испадне смешен, те. се плаши од туѓото мислење. Значи, има разни стравови, но сите можат да се поделат на три вида: природни (сите се плашат од заболекар, но кога треба, мора да го надминат стравот и да седнат во столчето), „добар“ страв и „лош“ страв.

непријателот на луѓето. Колку голема желба имаш да го искорнеш тој какол, кога ќе ги видиш неговите раскошни цветови во душите на нашата православна младина. Но, Евангелието ни вели: „Не, за корнејќи го каколот да не ја искорнеме и пченицата заедно со него“ (Матеј 13, 29). Што да се прави? Може да се обидете вака: да се научат децата да го разликуваат каколот од пченицата и да се „плеват“ самите себеси. Патот е многу сложен и е поврзан со православната аскетика. Токму аскетиката, како наука за човекот и за начините на борба со гревот, дава најпрецизно одредување на фундаменталните поими за кои зборувавме. Еве на пример: „Стравот Божји раѓа плач, а плачот раѓа храброст“ (преподобен Антоние Велики). Тотален апсурд за овој свет. Како тоа стравот раѓа храброст? Воопшто поимот страв за современиот човек е понижувачки. Неустрашивоста е главна особина на јунакот на нашето време. Но, вреди да се поразговара со

• • • TROI^NIK • • •

49

За „добриот“ страв пишуваат Светите Отци – аскетите. Особено пристапно за него пишува авва Доротеј во својата поука „За стравот Божји“ – за оној страв за кој овој свет воопшто не знае. Нема сега да ја прераскажуваме оваа поука во која стравот Божји се прикажува како поим за љубов, како основна компонента на храброста, зашто храброста е исполнета со страв Божји, но сосема лишена од стравот на овој свет, те. „лошиот“ страв. Светот ги навикнува децата на нови јунаци, неустрашиви идоли кои не се плашат од ништо – ниту од билка, ниту од Бога, но истовремено не се плашат да им нанесат болка на другите, да убиваат и да уништуваат околу себе многу луѓе во име на сопствената „правда“. Јунакот не простува навреди, тој секогаш се осветува – тоа е неговата правда. Тој навистина е неустрашив – тој е лишен од прекрасниот страв Божји, но воедно е лишен и од храброста. Неустрашивиот човек не е во состојба да го подметне другиот образ – за да не помислат дека е слаб, тој не може да прости, за да не помислат дека се исплашил. Тоа може да го стори само храбар човек. Така, неустрашивоста претставува кукавичлук, ропство на овој свет. И, секако, неустрашивоста најлесно се покажува врз слабите и немоќните, а храброста се стекнува со духовен труд, и всушност претставува она што ние го нарекуваме човечка добродетел. Многу храброст е потребно за човекот во сите животни околности да биде она што е. Храброста е основа на секоја добродетел – замислете целомудреност лишена од храброст, или љубов без храброст, или милосрдие без храброст, а тоа е она што го


поседуваат нашите деца. Тие имаат многу всадени добродетели (кои децата од нехристијанските семејства честопати ги немаат), но немаат храброст и затоа многу бргу ги губат овие добродетели. Додека пак, неустрашивоста кај нив веќе постои, бидејќи тие не се плашат од гревот. Значи, прво: треба да им се објасни на децата духовната разлика помеѓу сличните зборови, да им се покаже вистинската смисла на тие зборови. Донекаде, треба одново да се учат на мајчиниот христијански руски јазик. Второ: со помош на авва Доротеј и со своето духовно искуство и пример, треба да се учат на храброст и на страв Божји, кој во својата суштина е љубов, а љубовта, како што е познато, „го истерува секој страв“. Наредниот поим што треба да им се објасни на децата е слободата. „Не сметај ги за слободни оние што се слободни споредмоменталната положба, туку оние што се слободни според животот и според карактерите. На пример, не треба да се нарекуваат вистински слободни познатите и богати луѓе, кога се злобни и невоздржани, зашто се робови на сетилните страсти. „Слободата и блаженството на душата донесуваат вистинска чистота и презир на минливото“ (преподобен Антониј Велики). Слободата е она, што во голема мерка ја вознемирува душата на адолесцентот. Тој бара израз на сопствената слобода, а обликот на тој израз може да биде младинско друштво, „журка“, современа музика, предизвикувачки (ексцентричен) надворешен изглед. На „слобода“ повикуваат одвратните младински списанија, во кои на адолесцентите им се сугерира слобода од родителите, слобода од забраните (сè уште не си го пробал ОВА – па ти си наивен, простак (заостанат); сè уште не си спиела со својот постар другар – клинка!). Но, разните облици на младински собиралишта денес не ја остваруваат слободата на адолесцентот. Токму спротивно, тие служат за човекот да се сокрие од светот што не сака да го прифати. Срцето на адолесцентот ја чувствува лагата на овој свет, па затоа

50 • • • TROI^NIK • • •


младината создава свои заедници, кои му се спротивставуваат на овој свет. Стравот пред овој свет, а не слободата, го принудува адолесцентот да бара друштво. И нашите православни деца се стремат кон изразување на личната слобода. А што ја ограничува нивната слобода? Па, секако, родителите, домашните обврски, поредокот. Што друго? Ќе ги набројат и училиштето, црквата, совеста, Бога. Баш убаво!Ајде да поразговараме за слободниот човек. Кој е тој? Оној што прави сè што сака, јаде што сака, пие што сака, оди каде што сака итн. Сите би сакале да бидат вакви. А што ни пречи? Совеста... Токму совеста, за која авва Доротеј зборуваше во својата поука: „Кога Бог го создал човекот, во него посеал нешто Божествено, како некоја помисла која ја содржи во себе, како искра, и светлина, и топлина, помисла која го просветлува умот и му покажува што е добро, а што лошо: ова се нарекува совест и таа е природен закон.“ Да, токму совеста ни пречи да бидеме слободни во овој поглед. Зошто? Бидејќи, ако некој живее како што сака, тоа го прави на туѓа сметка. Слободниот човек без совест – е исто така јунак на нашето време. Од што е слободен таквиот човек? Од обврски, од одговорности, од пријатели, од љубов, од совест, од Бога. Но, Бог е извор на слободата; токму од Него човекот и доби можност да биде слободен. Значи совеста, тој глас Божји во човекот, според познатото одредување, истовремено е и глас на слобода во човекот. Значи, постојат и различни видови на слобода и тие, исто така, можат да се поделат на три вида: природната слобода се изразува со зборот да се сака, но може да се сака „добра“ слобода и „лоша“ слобода. Светите Отци учат дека во светот дејствуваат три волји: Божјата волја, добра и совршена, која сака сите да се спасат; ѓаволска волја, лажна, која сака сè да уништи и да погуби; и нашата, слаба човечка волја, која ја одредува слободата на избор помеѓу волјата Божја и волјата ѓаволска. Човекот добил тешка, мачна слобода – за сето време да го гуши во себе она што сите наоколу го нарекуваат вистинска слобода, постојано да се принудува на она што воопшто не личи на слободна волја. Така што, мора отворено да признаеме дека човекот воопшто не е слободен. Да се вратиме на почетокот од приказната. Што го направило човекот неслободен – заповедта или гревот? Светот вели – заповедта, Христос вели – гревот. Христијаните ја

• • • TROI^NIK • • •

51

сфаќаат слободата како слобода од гревот, и токму за ова пишува свети апостол Павле во 6. глава од Посланието до Римјаните. Само Бог е апсолутно слободен, Неговата слобода е совршена слобода во добрина и љубов. Бог не бира. Значи, се заклучува дека е слободен оној, кој секогаш постапува според совеста, оној кој е слободен да се принесе на жртва, оној кој е храбар, кој ја исполнува волјата Божја. А како да се освои таквата слобода? Слободата може да се воспита така како што се воспитува силата на волјата, волјата – те. слободата. Сила на волјата е поим кој ѝ е познат на младината. Силата на волјата, стремежот кон победа, кон постигнување на својата цел во учењето, спортот, музиката и другите занимања на нашите деца, бара одреден труд. Тоа го знаат сите. И на нашето прашање: кој е послободен – човекот со силна волја или безволниот? – сите адолесценти одговараат исто. Значи, целта на воспитувањето на нашата младина е воспитување на силата на христијанската волја, те. на слободата. Да ја сочува верата во современиот свет може само слободен човек, човек кој влегува во овој свет со целосно доживување на светот, кој е свесен за себе како слободна личност во Христа. За ваквата слобода зборува апостол Павле, ваквата слобода сме повикани да ја воспитуваме кај нашите деца. И ако успееме нашите деца да ги воспитаме да бидат слободни, откако ќе влезат во светот, нема бидат скршени од страна на светот, туку самите ќе го преобразат тој свет. Мораме да создадеме духовен имунитет кај нашите деца со воведување во православно воспитувањеза основите на аскетиката, борбата со гревот, за откривањето и уништувањето на сите искривени идеологии на современиот свет. Треба да ги научиме децата да ја плеват својата душа преку Светата Тајна Исповед и преку грижата за движењето на своите сетила. На ова и нѐ учат нашата Црква и нашите светии. Но, ова се постигнува со вистински духовен труд на сите нас: и на родителите, и на педагозите, и на децата. Превод: Дипл. теолог Жаклина Трајчев


празници

Покров на Пресвета Богородица

Д

ева денес претстои во црквата и со соборите на светите невидливо за нас се моли на Бога, Ангели со архиереите се поклонуваат, апостолите пак, со пророците ликуваат: зашто, заради нас Богородица го моли Предвечниот Бог.“ Ова чудесно јавување на Божјата Мајка се случило во 910 година, во Константинопол, во Влахернската црква, каде што се чувале ризата на Богомајката, нејзиниот покров за главата (мафориј) и дел од појасот, кои биле пренесени од Палестина во V век. Во 910 година, при императорот Лав Премудар и патријархот Макариј, Византиската империја водела војна со сарацените – муслимани и Константинопол бил загрозен. За време на опсадата на градот од Русите (во тоа време – пагани) Богородица распрострела над Константинопол бел покров (омофор) и вознела молитва за спасение на светот од страдања. Во неделен ден, на 1 октомври, за време на сеноќно бдение, кога храмот бил преполн со народ, свети Андреј јуродив заради Христа во четвртиот час од ноќта погледнал кон небото и ја видел во воздухот Пресвета Богородица, осветлена со небесна светлина и окружена со Ангели и собор од светители. Свети Јован Господовиот Крстител и свети апостол Јован Богослов ја придружувале Небесната Царица. Пресветата Дева ги преклонила колената и почнала со солзи да се моли за христијаните и долго време останала во молитва. Потоа, пристапувајќи до Престолот, ја продолжила својата молитва. Кога ја завршила молитвата, таа од својата глава го симнала покривалото и го распрострела над нажалените луѓе во храмот, заштитувајќи ги од видливите и невидливите непријатели. Пресветата Владичица сјаела со небесна слава, а покровот во нејзините раце блескал „повеќе од сончевите зраци“. Свети Андреј со трепет го созерцувал прекрасното видение и го запрашал својот ученик, блажениот Епифаниј, кој стоел крај него: „Ја гледаш ли, брат, Царицата и Госпоѓа како се моли за целиот

свет?“ Епифаниј одговорил: „Гледам, свет отче и се восхитувам.“ Преблагословената Богородица го молела Господа Исуса Христа да ги прими молитвите од сите луѓе кои го повикуваат неговото пресвето име и прибегнуваат кон нејзиното застапништво. „Цару Небесен – велела Сенепорочната Царица во молитвата во воздуот со Ангелите стоејќи – прими го секој човек што те моли тебе и го повикува моето име на помош, да не замине од мојот лик празен и нечуен.“ Свети Андреј и Епифаниј, кои се удостоиле да ја созерцуваат Богомајката како се моли, „долго време ги гледале покривалото распрострено над народот и славата Господова што блескала како молња. Додека била таму Пресвета Богородица, било видливо и покривало; по нејзиното заминување и тоа станало невидливо, но земајќи го него со себе, таа ја оставила благодатта што била таму.“ Историја на установување на празникот Се претпоставува дека овој празник го празнувале грчките православни цркви во текот на раното Средновековие, но подоцна бил запоставен. Повеќето истражувачи ја поврзуваат историјата на појавувањето на празников со киевскиот кнез Андреј Богољубски. Во 1164 година кнезот победил непријатели. Читајќи го Житието на Андреј Јуродив, словен кој живеел во Цариград во Х век, кнезот се запознал со расказот за ова чудесно видение на подвижникот во влахернскиот храм. Во Словото за установувањето на празникот Покров на Пресвета Богородица, кнезот Андреј напишал: „Се убо егда слышах, помышлях: како страшное и милосердное видение бысть без празднества. Восхотех, да не без праздника останется святой Покров Твой, Преблагая. (Eте, кога слушнав, помислив; како страшното и милосрдно видение останало без празник и посакав да не биде без празник светиот твој покров, Предобра.)“

52 • • • TROI^NIK • • •


Тропар, глас 4 Денес, благоверни луѓе, светло празнуваме, осенувани со твоето, Богомајко, доѓање и кон твојата пречиста икона гледајќи, умилно велиме: покриј нè со чесниот твој Покров и избави нè од секое зло, молејќи го Твојот Син, Христoс нашиот Бог, да ги спаси нашите души. Кондак, глас 3 Дева денес претстои во црквата и со соборите на светите невидливо за нас се моли на Бога; Ангели со архиереите се поклонуваат, апостолите пак, со пророците ликуваат: зашто, заради нас го моли Богородица Предвечниот Бог. Величание на Божјата Мајка Те величаме, Пресвета Дево, и го почитуваме твојот свет Покров: зашто, тебе те виде свети Андреј во воздухот, како за нас Христа го молиш.

• • • TROI^NIK • • •

53


Спомен на светите отци од Седмиот Вселенски Собор

В

изантискиот император Лав Исавријанец (716-741), победоносно одбивајќи го нападот од Сарацените на Константинопол (718) и сакајќи да ја огради својата престолнина од слични напади во иднина, намислил да ги обрати Арапите во Христијанството. Една од важните пречки за посакуваното обратување било тоа што муслиманите го отфрлале почитувањето на иконите. Тоа зa Лав Исавријанец било повод да издаде указ со кој го забранува почитувањето на светите икони и дури нивното употребување (при молитва). Но, неговиот указ бил пречекан со силно противење од престарениот Константинополски Патријарх Герман и од страна на клирот и народот. Папата Григориj III и големиот богослов - св. Јован Дамаскин, исто така, го кренале своjот глас во заштита на Православието. Тие пречки многу го раздразниле Лав Исавријанец. Тој го отфрлил патријархот Герман, го наклеветил свети Јован Дамаскин пред калифот при кој тој служел како министер и заповедал да биде убиен папата Григориj II со меч или со отров. Но, последното не му успеало. Римjaните се вооружиле за одбрана на својот папа и се одметнале од власта на иконоборецот. Против другите почитувачи на светите икони Лав Исавријанец покренал жестоко гонење, кое не престанало ни при двајцата следни императори: Константин Копроним и Лав IV Хазар. Но, тие не можеле да ја постигнат своjата цел, ни со прогонства, ни со затворања, ни со лишување од имот, ни со сурови казни, ни со лажливи собори. Сопругата на Лав IV, Ирина, откако ја презела власта по смртта на својот маж, во Никеја го свикала Седмиот Вселенски Собор (787 г.), кој определил да се употребуваaт во црквите и домовите иконите на Господ Исус Христос, Божjата Мајка, Ангелите и Светите, да се чествуваат со поклонување (но не со такво, какво што му приличи на Бога), со целивање, со палење на свеќи и темјан пред нив. Зашто, честа што се воздава на образецот, преминува кон првообразецот, а тие што се поклонуваат на икона, му се поклонуваат на лицето што е изобразено на неа. Лав Ерменец (813-820) и потоа Теофил, го

возобновиле гонењето против иконопочитувачите чија глава бил игуменот на Студитскиот манастир Теодор Студит, познат по светоста на своjот живот и неколебливата цврстина на карактерот. Тој неколку пати бил мачен со најтешки мачења и го фрлале во најстрашни затвори, но без оглед на секакви страдања, не престанувал да ги бодри и поддржува православните со своите писма. Сопругата на Теофил, Теодора, по смртта на својот маж, на Поместниот Константинополски Собор (842) ги потврдила во сета сила актите на Седмиот Вселенски Собор и во негова чест го установила празникот Торжество на Православието, кој до денес Источната Црква го празнува во првата Недела од Великиот пост. Свети Јован, според местото на раѓање наречен Дамаскин, бил син на министер при дворот на Дамаскиот калиф. Одличното образование што го добил и заслугите му помогнале да стане градоначалник на Дамаск и прв министер на калифот. Кога византискиот император Лав со указ го забранил почитувањето на иконите, свети Јован напишал во нивна заштита неколку дела и ги испратил во Константинопол. Неговите писма жедно се читале во Константинопол и многумина поддржале во Православието. Лав, кога дознал за авторот на тие писма и нивното влиjaние на народот, му испратил на дамаскиот калиф писмо со фалсификуван ракопис на свети Јован Дамаскин, во кое небаре Јован ветувал дека ќе го предаде Дамаск на византиската војска. Измамен, калифот заповедал да му биде пресечена десната рака на измислениот предавник. Јован застанал со отсечената рака пред иконата на Богомајката и ја молел да биде оправдан. Изнемоштен од крварењето – заспал, а кога се разбудил – раката му била исцелена. Во радоста, тој запеал: „Заради Тебе се радува, Благодатна, секое создание…“ Потоа калифот сакал да го врати Јован на претходната должност, но Јован одбил. Откако го раздал својот имот на бедните, тој се оддалечил во ерусалимскиот манастир Свети Сава. Таму

54 • • • TROI^NIK • • •


целосно се посветил на сочинување творби за полза на Црквата. Најважни од нив се: систематското учење за православната вера и особено, неговиот канон на Света Пасха, каноните на Рождество Христово, Богоjaвление, Вознесение Господово, воскресните служби, поделбата на 8 гласови (Октоих), и многу погребни песни. Како песнописец

• • • TROI^NIK • • •

55

свети Јован Дамаскин е недостижен и го добил името Златоструен. Тој се упокоил во длабока старост, во 104-та година од животот. (Извор: История Седьмого Вселенского Собора) Превод од руски: протоѓакон Т.Петрушевски


боенка

Јоаким и Ана ја одвеле својата ќерка во ерусалимскиот храм за да се воспитува во благочестие. Тригодишната Марија сама се искачила по високите степеници на храмот, а пред вратата ја пречекал првосвештеникот Захарија, таткото на св. Јован Крстител.

56 • • • TROI^NIK • • •


епархиски настани ур е д ува : пр от оѓакон С ашо Рист ов

Митрополитот Брегалнички г. Иларион го прими Јохан Тарчуловски На 25. 04. 2013 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во манастирот „Св. Гаврил Лесновски“ во Лесново го прими г. Јохан Тарчуловски со неговото семејство.

Духовна академија во Пробиштип На 25. 04. 2013 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион присуствуваше на Духовната академија која се одржа во „Домот на Културата“ во Пробиштип. На Духовната академија свој настап имаше Црковниот хор при храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Пробиштип. На академијата покрај многубројниот народ присуствуваше и Градоначалникот на Општина Пробиштип г. Тони Тоневски и Заменик Министерот за Одбрана г. Емил Димитриевски.

• • • TROI^NIK • • •

57


Велигден, Соборен храм Свети Николај, Штип

Велигден, Лесновски манастир


Оплакување Христово – Велики Петок На 03. 05. 2013 година, Велики Петок, во 18 – часот, во Соборниот храм Свети Николај во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи бдение со пеење на статиите (Оплакување Христово) и се изнесе светата Плаштаница околу храмот, а на крајот од службата Митрополитот г. Иларион произнесе пригодно слово.

Читање на Евангелието на разни јазици Во Соборниот храм Свети Николај во Штип, на 05. 05. 2013 година, беше отслужена празнична вечерна со читање на Евангелието на разни јазици. Чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион. По оваа во трпезаријата при Соборниот храм за сите верници беше приреден празничен Велигденски ручек. По повод Христовото Воскресение Митрополитот Брегалнички г. Иларион на Градоначалникот на Општина Штип г. Илчо Захариев за целосната подршка и љубов кон МПЦ – ОА Му подари икона со ликот на Пресвета Богородица.

• • • TROI^NIK • • •

59


Воскресение – Трет ден во Радовиш Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион на Воскресението Христово – Трет ден (07. 05. 2013 година) отслужи света воскресенска архиерејска литургија во храмот „Св. Троица“ во Радовиш. Пред светата литургија Митрополитот г. Иларион во чтец го произведе Мите Јефремов од Радовиш. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодна беседа. На Светата Литургија покрај многубројниот народ присуствуваше и Градоначалникот на Општина Радовиш г. Сашко Николов, Претседателот на Советот на Општина Радовиш г. Никола Миовски, Советници од Општината на Радовиш од ВМРО – ДПМНЕ И СДСМ, Директорот на Рудникот „Бучим“ од Радовиш г. Николајчо Николов и други јавни и опшествени личности.

Митрополитот г. Иларион го посети Здружението на слепите лица во Штип На 08. 05. 2013 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион го посети „Здружението на слепите лица на град Штип“ по повод Велигденските Празници и им додели Велигденски подароци.

60 • • • TROI^NIK • • •


На Томина Недела Литургија и освет на камбанарија На 12. 05. 2013 година, Недела Втора Томина, св. 9 – мч – ци во Кизик, св. Василиј Острошки, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во неодамна осветената манастирска црква „Св. вмч. Георгиј„ во с. Ораовица – радовишко, ктиторско дело на г. Николајчо Николов со семејството, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, отсужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион одража пригодна беседа и ја освети новоизградената камбанарија чија што ктиторско дело е на г. Николајчо Николов со семејството. По ова Митрополитот г. Иларион во истата манастирска црква ја изврши Светата Тајна Брак над Стојмир и Татјана, ќерка на ктиторот Николајчо Николов. Истиот ден во истата манстирска црква Митополитот г. Иларион ја изврши и Сетата Тајна Крштение врз новороденото чедо Божјио Даница четврта рожба на семејството Милчови од Радовиш.

Литургија и Свештеничко Епархиско Собрание во Јакимово - Виница На 21. 05. 2013 година, Св. ап. и ев. Јован Богослов, св. Арсениј Велики, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, во храмот „Св. Јоаким Осоговски„ во Јакимово - Виница, отслужи Света Архиерејска Литургија. По светата литургија во работние простории при храмот, а во присутво на целиот клир од Брегалничката епархија, се одржа редовното годишно Свештеничко Епархиско Собрание, со кое претседаваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на кое се разговараше за црковно – духовниот живот во епархијата според Догматското и Литургиското учење на Светата Соборна Апостолска Црква. По завршувањето на Свештеничкото Епархиско Собрание, од страна на Црковното Настојателсво при храмот „Св. Јоаким Осоговски„ во Јакимово - Виница, беше организирана заедничка трпеза на љубовта.

• • • TROI^NIK • • •

61


На „Пренос на моштите на Св. Николај во Бари“ во с. Мечкуевци – светиниколско На 22. 05. 2013 година, пренос на мошт. на св. Николај во Бари, св. Христофор и по повод 167 години од осветувањето и трета година од преосветувањето на црквата „Св. Николај“ во с. Мечкуевци – Свети Николе, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Свети Николе, отслужи света архиерејска литургија. На крајот од светата литургија, Митрополитот г. Иларион, одржа пригодна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб. Заедничка трпеза на љубовта беше организирана од страна на г. Гоце со семејството, сопственик на ресторанот „Мечкуевска куќа“ во Свети Николе, во дворот на семејната куќа во с. Мечкуевци.

Вечерна и Духовна Академија на „Св. Кирил и Методиј“ во Штип На 23. 05. 2013 година, „Св. Кирил и Методиј“,по повод одбележувањето на денот на Сесловенските Просветители „Св. Кирил и Методиј“, во организација на Неговото Високопросвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Советот и Градоначалникот на Општина Штип прим. м-р г. Илчо Захариев, се изготви посебна програма за чествувањето на празникот. Отпочна со Архиерејска Вечерна Богослужба во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип со која Началствуваше Надлежниот Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на свештеници од Штип. На крајот од Вечерната Богослужба Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб и одржа содржајна празнична беседа. Во 19 часот во салата при Општинската зграда во Штип се одржа Свечена Духовна Академија на која свој настап имаше хорот при Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, Свое обраќање имаше Градоначалникот на Општина Штип прим. м-р г. Илчо Захариев, профсорката Весна Кожинкова произнесе реферат за значењето на сесловенските просветители „Светите браќа Кирил и Методиј“ и беа објавени и наградени резултатите од литературниот конкурс по повод чествувањето на „Светите браќа Кирил и Методиј“.

62 • • • TROI^NIK • • •


На „Св. Кирил и Методиј“ во Делчево На 24. 05. 2013 година, „Св. Кирил и Методиј“ Патрони и Зштитници на Градот Делчево. Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во храмот посветен на „Св. Кирил и Методиј“ во Делчево, кој неколку години е во изградба, во солужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Сета Архиерејска Литургија и одржа пригодна беседа и на свечен начин му го честиташе пенизионирањето на протоерејот Методи Дончевски долгогодишен парохиски свештеник во Делчево при што од свое лично име и од името на свештенството му подари скромени подароци. По светата литургија, надлежниот Митрополит г. Иларион, заедно со свештенослужителите, Градоначалникот на Општина Делчево г. Дарко Шехтански и многубројниот православен народ, со иконата на, „Светите браќа Кирил и Методиј“ извршија литија од храмот до дворот на средното училиште ММ Брицо во Делчево каде на тоа место во месец Септември 1961 година од тогашната власт е срушена црквата кој била посвететна на „Светите браќа Кирил и Методиј“. Во дворот на училиштето Митрополитот г. Иларион изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб. По ова во салата на Општинската зграда се одржа свечена седница по повод Патронот и Заштитниците на Градот Делчево на која свое обраќање имаа Градоначалникот на Општина Делчево г. Дарко Шехтански и Митрополитот Брегалнички г. Иларион Кој одржа содржајна беседа за животот и делото на „Светите браќа Кирил и Методиј.“ По ова беше одржана и свечено културна програма на која свој настап имаа хорот „Мирче Ацев“ од Скопје по што во чест на „Светите браќа Кирил и Методиј“ беа доделени награди на заслужни граѓани.

Освет на камен темелник за изградба на црква посветена на Св. цар Константин и царица Елена во н. Балканска – Штип На 02. 06. 2013 година, Недела на Самарјанката, св. мч. Талалеј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Штип, а во присуство на голем број православен народ, помеѓу кои и Градоначалникот на Општина Штип пим. м-р г. Илчо Захариев, Пратеникот во Собранието на РМ г. Трајче Димков, Престваници на Здружението „Егеј“ и други јавни личности од општинските структури, освети и постави камен темелник за изградба на храм посветен на Св. цар Константин и царица Елена во н. Балканска – Штип, на локација во непосредна близина на споменикот на Здружението „Егеј“. Изградбата на црквата претставува посебен прилог во одбележувањето на 1700 години од објавувањето на Миланскиот едикт од страна на светиот благоверен цар Константин Велики и 1150 години од славната и богоблагословена Моравска мисија на светите браќа Кирил и Методиј од ктиторот г. Ванчо Богдов од Штип со неговото семејство а во чест и спомен на неговите родители, мајката Елена и таткото Ангел Богдови и на сите прогонети Македонци од Егејскиот дел на Македонија. Храмот ќе биде граден од рацете на тајфата мајстори Македонци од с. Шулин – Мала Преспа.

• • • TROI^NIK • • •

63


Преосветување на црквата „Св. цар Константин и царица Елена“ во с. Разловци – делчевско На 03. 06. 2013 година, „Св. цар Константин и царица Елена“ и по повод 1700 години од објавувањето на Миланскиот едикт од страна на светиот благоверен цар Константин Велики и 1150 години од славната и богоблагословена Моравска мисија на светите браќа Кирил и Методиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот Дамаскин од Лесновскиот манастир, свештенослужители учесници во реновирањето и свештеници од Брегалничката епархија, ја преосвети црквата „Св. цар Константин и царица Елена“ во с. Разловци – делчевско и отслужи света архиерејска литургија. На крајот од светата литургија, Митрополитот г. Иларион, одржа пригодна беседа повикувајќи ги луѓето на меѓусебна Христова љубов и на сите кои допринесоа за да се преосвети црквата им се заблагодари и им додели Благодарници и им го честита преосветувањето на верниците од село Разловци. Реновирањето на храмот е извршено со средства на свештенослужители по потекло од с. Разловци, сопствени средства на храмот и средства добиени од донатори. По ова Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб.

Духовден и одликување во ставрофорско достоинство во Штип На 23. 06. 2013 година, на празникот Педесетница – роденденот на Светата Црква (Свегување на Св. Дух Духовден), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи света архиерејска литургија во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија. На светата литургија, Митрополитот г. Иларион, по Негов предлог, а согласно Одлуката на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, го одликуваше, протоерејот Николче Ѓорѓев – архиерејски намесник на штипското намесништво, во ставрофорско достоинство и му додели граден крст. По светата лиургија беше отслужена вечерната богослужба, по што Митрополитот г. Иларион произнесе празнична пригодна беседа.

64 • • • TROI^NIK • • •


Вечерна и Духовна Академија во Виница на Празникот и Заштитникот на на Градот, Св. ап. Павле – Собор на Дванаесетте Апостоли По повод Празникот и Заштитникот на Градот Виница Свети Апостол Павле – Собор на 12 – те Апостоли и оваа година, Советот на Општина Виница, изготви посебна програма за одбележување на денот на градот. На 12. 07. 2013 година, се отпочна со празнување на вечерна богослужба, во храмот Св. Архангел Михаил во Виница, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од брегалничката епархија. На вечерната богослужба на Литијните стихири се изнесе иконата на Свети апостол Павле и потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб, по што одржа пригодно слово. После вечерната во Основното Училиште „Гоце Делчев“ во Виница се одржа духовната академија на која свој настап имаше црковниот хор Св. Јован Кукузител при храмот Св. Архангел Михаил во Виница со пеење на тропарот на Светите апостоли Петар и Павле и други црковни песни помеѓу кои имаше црковни рецитали од житијата и книгите на Светите апостоли Петар и Павле. На духовната академија свои обраќања имаа Градоначалникот на Општина Виница г. Емил Дончев и Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

Осветен параклис – крстилна посветен на „Св. Наум Охридскиот Чудотворец“ во Делчево На 04. 08. 2013 година, 6 – та Недела по Педесетница, Св. Марија Магдалена – блажена Марија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во солужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, го освети новоизградениот параклис – крстилна посветен на „Св. Наум Охридскиот Чудотворец“ во Делчево и отслужи Света Архиерјска Литургија. На крајот од Светата Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа пригодна беседа во која ја искажа Својата радост за изградбата на овој прекрасен Божји дом и на сите што помогнаа во изградбата на овој свет храм им додели Благодарници од името на МПЦ - ОА – Брегалничка епархија. На чинот на осветувањето присуствуваше многуброен православен народ како и преставници од Општинита Делчево и личности од Јавниот и Приватниот сектор.

• • • TROI^NIK • • •

65




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.