Yara vo izobilie

Page 1

репортажа

Мостовите на Мелбурн

Јара во изобилие

Federation bells

Од аспект на инфраструктурните елементи, се потешко ни претставува да разграничиме мост од скулптура, скулптура од структура, структура од звук, звук од движење. Овие новонастанати форми се поаморфни и помалку дефинирани, со што се менува класичната перцепција за нивната функција.

В

Александар ПЕТРОВ, дипл.инж.арх. (Специјално за Порта3 од Австралија)

о овој број ќе ја дополниме анализата на Мелбурн преку неговата инфраструктура. Сите оние интересни комуникации, патеки и мостови кои се раздвижуваат по течението на реката Јара и го поврзуваат градот на најдобар можен начин. Sandridge е првиот челичен мост над реката Јара, симбол кој на единствен начин физички не поврзува со минатото и сегашноста. Тој воедно претставува и прв железнички мост изграден во Австралија, кој за прв пат ги поврзувал илјадниците имигранти кои секојдневно се доселувале во тогашната штотуку откриена земја. Како железнички мост се употребува сѐ до 1987 година кога е затворен за употреба. Долг е 178 метри, со широчина од 17 метри и со носечки ѕидови на секои 36 метри, а зазема косина од 33° со коритото од "Southbank". Во 2006 година општината го обновува и преобразува во пешачки мост. Проектиран е според победничкиот труд на тогашниот распишан конкурс од страна на либанскиот скулптор и архитект Надим Каран, со наслов "Travellers". Таа инсталација се состои од 10 скулптури високи по 7 метри кои се направени од неоксидиран челик. Тие го симболизираат патот на имигрантите што одлучуваат Mелбурн да стане нивен дом. Скулптурите на некој начин претставуваат ода на aвстралиската мултикултурологија. Секоја од скулптурите е со различна култура и различно место, а сите заедно се среќаваат на самиот мост. Девет од десете скулптури се движат по шина која ги раздвижува трипати дневно, во секвенца од по 15 минути, и ги претставува австралиските имигранти од времето на создавањето и златната треска, па се до денешните доселеници. Десетата скулптура е посветена на Абориџинската заедница и како таква е фиксирана на коритото на реката и не се движи. Долж мостот се поставени 128 стаклени табли кои се испишани со информации за сите имигранти од Авганистан па се до Зимбабве, по азбучен ред. Функционално е употребена само источната лента од мостот, додека западната е оставена да потсетува како меморија на неговата традиција.

46

3

ПОРТА

7 септември 2012


репортажа Во 90-тите години од минатиот век се гради по целото јужно корито наречено "Southbank", со што се менува целокупниот изглед на дотогашниот дел од South Melbourne, кој преставува индустриски кварт, и претходно бил населен од абориџинските староседелци. "Southbank" почнува да се развива како противтежа на CBD (Централен бизнис дистрикт), и прераснува во урбанизирана населба со вискокатници со најразлични содржини, а има и неколку со резиденцијален карактер. Новонастанатата променада по коритото на реката Јара го валоризира и подобрува целокупното движење и ја прераспределува и проширува густината од северниот дел на градот. Нејзиниот тек го подобрува и "Southgate Footbridge", кој го растеретува новонастанатиот флукс од движења. Мостот е проектиран од "'Cock and Carmitchel" во 1987 година, и е со должина од 78 метри, а неговата оригиналност се состои во неговото трипартитно прекршување. Средишниот дел е носен од таканаречена бела закачалка, која елегантно се вклопува со опкружувањето. Под мостот се наоѓа и комерцијален објект, каде директно може да се набљудува течението од средиштето на реката. Sandridge bridge

Со изградбата на "Southware promenade" се урбанизира и западниот дел и заедно со населбата "Dockland" ја прави уште покомпактна штотуку дополнетата метропола. Мостот "Seafarers" е лоциран токму на тоа место. Изработен од познатиот архитект Николас Гримшо во 2009 година, служи да ги поврзе "Dockland" со новонастанатата "Southware promenade" и претставува формален влез во "Melbourne convention centre". Испроектиран е со групирање на две групи од арки под компресија, три помали на северната страна и четири на јужната кои преку затезни сајли заедно се поврзани и го влечат назад кон копното, за да можат да ја носат тежината на неговата должина. Структурата го издржува мостот за да го прошири просторот за пешаците. Главниот труп се лизга преку држечката структура и на тој начин лебди како крило со стаклени парапети на неговите агли и е обложен со перфориран алуминиум од долната страна.  Southgate footbridge

3

7 септември 2012 ПОРТА

47


репортажа Seafarers bridge

Seafarers bridge

Од страната на "Dockland" се наѕира уште еден фантастичен мост. Создаден во соработка помеѓу "Denton Corker Marshall architects" и уметникот Роберт Овен, 'Webb bridge' (2005) е поставен веднаш до мостот "Charles Grimes" (важна сообраќајна артерија) и функционално го поврзува "Dockland" со јужниот агол на Јара, каде што се развива нова резиденциална населба со мала густина. Мостот е составен од два дела. Првиот дел е 145 метри долг веќе постоечки мост (стариот 'Web dock railway') и новиот кој се надополнува на него во вид на кривина со рампа од 80 метри. Рампата ги поврзува двете различни коти и создава лепење со "Southbank". Двата моста се поврзани без континуитет и го акцентираат волуменот што се надополнува во синусоидна форма која константно варира. Челичните обрачи варираат во ширина од 5 до 8,7 метри и од 4 до 8,9 метри во висина. Тие се виткаат во различни централни точки долж мостот, а меѓусебно се поврзани со челични ремени. Од северното корито почнуваат обични обрачи кои растат се повеќе движејќи се према средината на трупот. Додека пак од јужниот влез обрачите се враќаат со нивниот интензитет и еволуираат во вид на филигранска лушпа. Таа градација што се создава го симболизира животот, еден момент во времето и така постоечкиот остаток од бившиот железнички мост и новото поврзување претставуваат унифицирана скулптурна форма. Таа новонастаната структура претставува јазол помеѓу старото и новото, помеѓу минатото и иднината. 48

3

ПОРТА

7 септември 2012


репортажа Webb bridge

Битен сегмент е и источното течение на реката Јара. Тука се наоѓа големиот градски потфат од 50-тите години на минатиот век, кога Мелбурн ги организирал летните Олимписките игри, и каде што се наоѓа целокупната спортска и рекреативна зона. Целиот потег е поставен во зелен појас кој го сочинуваат 'Melbourne park' и 'Yarra park', а меѓусебно ги дели тангенцијален автопат. Овие два парка се поврзани со серија пешачки атипични мостови во неколку правци, а меѓу нив е поставено едно мало ремек-дело на урбана инсталација, која на некој начин им дава заедничко значење. Инсталацијата е наречена "Federation bell", и е проектирана од "Sally Drapper architects", во соработка со скулпторот Ентон Хасел и акустичниот дизајнер Нил Мак Лахлан. Составена е од 26 мали ѕвона, кои се поставени на тенки столбови во унифицирана решетка, а други 13 поголеми ѕвона се расфрлани на случаен начин, внатре во решетката и со нивната слободна поставеност и варијација на висини го рефлектираат нејзиниот скулптурен квалитет. Тие ѕвона создаваат звуци, кои се шират во својата непосредна околина. Нивниот главен импулс е да прикажат дека и ѕвоната се исто така форма која треба да се види и слушне. Камбаните звучат различно кога стоиме во средината на инсталацијата и кога сме на 100 метри оддалечени од аголот на паркот. Тие еволуираат специфична култура на форми и звуци на различни делови од Азија и Европа, кои како такви остануваат разделени скоро еден милениум. Па затоа со користење на најнова технологија на компјутерско моделирање на вибрациите успеваат на најдобар начин да ја доловат поврзаноста на тие две култури. Овој проект е единствен во тоа што преку поврзување помеѓу старите традиции и најновите акустички технички достигнувања, ни овозможуваат повторно да ги откриеме ѕвоната, кои преку австралиското општество заедно коегзистираат и спојуваат. Од аспект на инфраструктурните елементи, сѐ потешко ни претставува да разграничиме мост од скулптура, скулптура од структура, структура од звук, звук од движење. Овие новонастанати форми се поаморфни и помалку дефинирани, со што се менува класичната перцепција за нивната функција.  Webb bridge

3

7 септември 2012 ПОРТА

49


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.