CH2 building

Page 1

репортажа

CounCil HousE 2

© Copyright City of Melbourne 2010

Придонес за јавно добро Зградата е проектирана со интерактивно дејствување на повеќе тимови со најразлични професионални дисциплини - уметници, инженери, архитекти, експерти за одржлива енергија, и затоа резултатот како целина е многу интересен. Таа е тотално ослободена од проектантски стеги со кои александар пеТроВ, располагаме ние архитектите.

C

ouncil house 2, таканаречената CH2 зграда во Мелбурн, претставува градба која има воспоставено најсовремени меѓународни стандарди во однос на еколошки одржливиот дизајн. Со овој објект општината Мелбурн даде уште еден придонес, кој го има зацртано во својата агенда, за намалување на зрачењето на CО2 се до 2020 година, и со тоа да придонесе против глобалното затоплување предвидено до таа година. Тоа се манифестира и преку нејзиниот

26

3

ПОРТА

5 октомври 2012

дипл.инж.арх. (Специјално за Порта3 од Австралија)

дизајн, кој со позеленување на фасадните рамнини ги неутрализира зрачењата и воспоставува јаглеродно прочистување. Градот Мелбурн, исто така, се стреми да ја намали потрошувачката на енергија кај општинската сопственост до 20 проценти, да го зголеми користењето на обновлива енергија до 10 насто и да ја поттикне одржливата организација во користењето на водата во областите со атмосферска канализација, нејзината потрошувачка, квалитет и рециклажа (намалување за 40 проценти во станбената потрошувачка по жител и комерцијалната до 40 проценти по

План на типски кат City of Melbourne with DesignInc


репортажа © Copyright City of Melbourne 2010

вработен во индустријата и општината). Развојот на CH2 претставува и финансиски случај кој е од значајна важност на долг период. Општината Мелбурн заедно со вработените очекуваат корист од зградата за следните 50 години. Главната придобивка од тоа ќе биде подобрената благосостојба и ефикасноста на вработените, битна за социјалната заштита на здравјето, а исто така и заштедата и обртот на капитал од потенцијалите што произлегуваат од целокупната инвестиција која има достигнато цена од 65 милиони австралиски долари.

архитЕктОнска хиБриднОст

Објектот е поставен на една од најпрометните улици, Little Collins street, во самиот центар на градот. И покрај тоа што станува збор за административна зграда, таа не доминира со нејзината околина, па на моменти дури и е запоставена од масивноста што ја опкружува. Поставена

е мошне питомо, со складни димензии (21,4м х 54м х 60м висина) и знае да го одземе вниманието на добро упатените. Проектирана е со интерактивно дејствување на повеќе тимови со најразлични професионални дисциплини - уметници, инженери, архитекти, експерти за одржлива енергија, и затоа резултатот како целина е многу интересен. Зградата е тотално ослободена од проектантски стеги со кои располагаме ние архитектите. Сите четири фасади се различни и дополнети со вонсериски елементи, меѓу кои жолтите турбини на покривот и најлонските канали на јужниот дел, кои ја прават оваа градба уште поатипична. Западната фасада, која најсуштински ја претставува зградата, е изработена од индустриско рициклирано дрво и претставува заштитна лушпа на внатрешната фасада. Интересно е што таа тампон зона создадена помеѓу двете фасади (21,4м х 3м ) содржи сервисни функции, како скали и лифтови, кои се

во конфликт со таквата подреденост. Поставката на основите е исто така карактеристична, бидејќи се користи правоаголен длабок и отворен простор (21,4 х 41 м), кој на некој начин ги поедноставува функционалните барања, а со тоа и ја заштитува внатрешноста од јачината на австралиското сонце. Природната светлина е различно достапна долж нејзината висина (повеќе на врвот на десетиот кат, а помаку на дното), па затоа во соигра со долгите запчести комори за вентилација, резултираат големи прозорци на дното и помали на врвот. Друг исто така битен начин во проектирањето е и интеграцијата на големи количества на хоризонтално и вертикално зеленило. Со тоа се постигнати дополнителни предности во однос на засенчувањето, намалувањето на одблесокот и обезбедување на пријатен простор. Источната фасадна кутија (21,4 х 9,25м) е со перфориран алуминиум, неконвенционално наметната, и е во 

3

5 октомври 2012 ПОРТА

27


репортажа © Copyright City of Melbourne 2010

тотална спротивност со дрвената тематика и ригидност од западниот дел. Потсетува на лед инсталација насреде закрчен урбан агол. Структурата со бетонски столбови е доста конвенционална, со исклучок на меѓукатната конструкција која е направена од готови синусоидни тавански елементи. На последниот кат се излегува во ботаничка градина која можат да ја користат вработените за време на паузите. Изобилува со најразлични растенија и во соигра со жолтите турбини создава посебен пејзаж, кој извонредно се вклопува со погледот што го нуди.

Иновативна одржливост

CH2 користи пасивен систем на климатизација, преку термичката маса, ноќното прочистување и вентилационите комори. Многу ефикасно се изведени и подвижната вентилација, ладењето на таванските гредни панели, користење на најразлични материјали и секако 28

3

ПОРТА

5 октомври 2012

Техничка шема на внатрешната вентилација

© Copyright City of Melbourne 2010


репортажа

Техничка шема на туш кулите

најимпресивните туш кули. Пасивната техника работи немеханички при греењето, ладењето и осветлувањето. Во случајов за тоа се користи ориентацијата на зградата, природната средина со временските услови и карактеристичното користење на градежните материјали кои продуцираат значителни заштеди во потрошувачката на енергија, како и заштеди на стекнатото. Материјали со висока термичка маса, како на пример бетонот во овој објект, продуцираат и ослободуваат енергија потребна за греење и ладење, многу полесно отколку материјали со ниска топлинска маса, како што е тоа примерот со обичните плочи. Природната вентилација ја користат за да се отстрани топлината од синусоидниот таван во текот на ноќта, преку таканареченото ноќно прочистување. Тоа се постигнува преку прозорците со сензори на северната и јужната фасада, кои во случај на ветер или дожд сами се затвораат. Вакви системи се погодни само во климатски услови каде ноќната температура варира помеѓу 20 до 22 степени Целзиусови.

Вентилационите комори се вградени на северната и јужната фасада. На северната страна каде има повеќе светлина (бидејќи во Австралија северот е како јужната ориентација кај нас) се обоени со црна боја за да овозможат поголема апсорпцијата на сончева топлина, и на тој начин да го помогнат загревањето на воздухот во внатрешноста на ѕидните комори, кој почнува да струи заради отворот на врвот. Со тоа се создава диференцијален притисок, кој го испушта свежиот воздух во внатрешноста на зградата. На тој начин CH2 поставува своја норма на минимален свеж воздух, која изнесува 22,5 литри во секунда по лице (што е многу повисока од стандардната стапка од 10 литри во САД и 20 лити во Европа). Таквиот свеж воздух се разнесува преку подвижна вентилација. Свежиот воздух се дистрибуира со мала брзина ширум отврениот простор преку отвори од подот. Како што воздухот се затоплува од најразлични извори на топлина, како што се луѓето, осветлувањето и компјутерите, така тој се крева нагоре и се отфрла надвор преку отвори на

© Copyright City of Melbourne 2010

синусоидниот таван. Тоа значи дека застојаниот и свежиот воздух не се мешаат. Во таванските синусоидни елементи се испумпува ладна вода преку канали кои се наоѓаат околу периметарот на прозорците на канцеларискиот простор на секој кат. Водата ја одзема топлината од воздухот и со тоа ги лади просториите. Фазната промена на материјалот е исто така еден од поиновативните аспекти во проектот на CH2. Таа се употребува за ладење на водата што тече низ ладилните греди и панели и претставува еден вид батерија на зградата. Водата циркулира преку ладните површини и греди на сакана температура и со тоа ѝ овозможува на зградата да има дополнителна корист од ладењето што се акумулира во текот на ноќта, а водата ја испушта преку тушевите на јужната фасада. Туш кулите се цевки кои се направени од лесни ткаенини со дијаметар од 1,4 метри. Надворешниот воздух се вовлекува над тушевите на 17 метри од нивото на улицата, а водата од тушевите паѓа по гравитација и така измешани водата и воздухот се ладат преку испарувањето. 

3

5 октомври 2012 ПОРТА

29


репортажа Свежиот воздух потоа се користи во малопродажните места на приземјето, а ладната вода се користи за процесот на пред-ладење на водата од разладените тавански панели.

извОри на ЕнЕргија

Објектот исто така користи и сопствено произведена енергија. Генераторот произведува електрична енергија од природен гас, кој битно го намалува загадувањето, а делумно се произведува и преку жолтите турбини кои се поставени на врвот од вентилационите комори и го користат нивниот издувен систем, со што ги амортизираат перките и му дозволуваат на системот да работи во случаи кога нема ветер. Тие се исто така приспособени и да запрат доколку ветерот е премногу силен. На тој начин произведуваат струја на пасивен начин. На горната градина се наоѓаат и соларни ќелии (фотонапонски панели кои се поефикасни од кристалните панели). Тие се поставени на зелената градина од последниот кат каде со заземената површина од 26 м² произведуваат околу

© Copyright City of Melbourne 2010

План на терасата City of Melbourne with DesignInc 30

3

ПОРТА

5 октомври 2012

3,5 квч што е доволна за работа на системот од ролетни, додека пак другите 48 м² површина се користат за обезбедување на 60 проценти од топлата вода која се конзумира. Зградата можеше да се посети за време на манифестацијата OPENHOUSEMELBOURNE 12 што секоја година во месец август ја организира градот Мелбурн, и е една од ретките можности каде можат јавно да се доживеат повеќето позначајни објекти на градот. Атмосферата беше одлична, а и самото разгледување не увери во одличниот резултат. 

Тераса со зелена градина на последниот кат


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.