Православна светлина бр. 30

Page 1

списание за православна вера, култура и образование издание број 30, година VIII, јули 2014



ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

содржина † Да се биде христијанин и да (не) се причестува † Сакаме ли да бидеме христијани без Христос? † Слава Ти, Боже † Парохиските свештеници † За пастирското служење - VI дел † Фанатизам и фундаментализам † Кого можеме да го наречеме богослов † Беседа на Педесетница † Ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам Црквата Своја † Посмртни чудеса на светиот великомаченик Пантелејмон † За Црквата и национализмот - Епископ Калистос Вер † Развод на бракот - незрела љубов † Три години болен во постела или три дена во пеколот? † Подвигот во нашиот живот † Што е тоа Антиминс - значење, историја и примена † Милостина и молитви за покојните

импресум Списание за православна вера, образование и култура; број XXX, Јули 2014 Излегува четири пати годишно. Издавач: Повардарска епархија на Македонската Православна Црква, Велес. Главен и одговорен уредник: Митрополит Повардарски г. Агатангел. Уредувачки одбор: Протоѓакон Влатко Стоименов, свештеник Јани Мулев, ѓакон Васил Ристовски, дипл. политиколог Никола Цилаков. Дизајн и компјутерска подготовка: Никола Цилаков. Печати: „Европа'92“ - Кочани www.povardarska-eparhija.org.mk e-mail: info@povardarska-eparhija.org.mk


Да се биде христијанин и да (не) се причестува Свештеник м-р Бобан Димитриевиќ

† Живот и смрт

Цживот во рамките на елта на човековиот

владеачката потрошувачка култура главно се сведува на задоволување на желбите и потребите кои ги наметнува живеењето во современот свет. Крајните ситуации во животот, низ кои доаѓаме до искуството на минливоста на животот, често нѐ доведуваат до прашањето за смислата на постоењето. Дали тој може да се сведе на создавање на што подобри услови за живеење и задоволување на личните желби, навики, страсти, задоволства, ако низ сето ова се провлекува искуството на сеопштата минливост, променливост и смртност? Нели сѐ, сите наши стремежи во животот, цели кон кои итаме, условите за живот кои ги создаваме, можеби се само обиди да заборавиме на смртноста и минливоста на човечкото постење? Дали, стабилноста, сигурноста и комфорот кон кои се стремиме во животот, не се само обид да се заобиколи смртта, или да се избега од смртта, таа единствена егзистенцијална извесност. Светото Писмо на Стариот Завет со зборовите на Проповедникот „Суета над суетите, сѐ е суета“ (Проп. 1,2) ни укажува 4

Број 30, година 8, Јули 2014


на бесмисленоста на човечкото постоење кое произлегува од минливоста и смртноста на човековата егзистенција. Во таа смисла целокупното Свето Писмо, Стариот и Новиот Завет, ни говорат за смртта како за последен човеков непријател и воопшто на целото творение, непријател кој е победен дури со тајната на Христовото воскресение. За Христовата победа над смртта ни говори светиот апостол Павле, повикувајќи се на пророкот Осија, кога вели: „Смрт каде ти е осилото, аде каде ти е победата“ (1.Кор.15,55). Победата на Христа во Црквата станува и наша победа. Таа во својата целосна полнота ќе се појави во иднината, со потполното остварување на Царството Божјо. За тоа говори светиот апостол Павле во Посланието до Римјаните, кога вели дека Христос е првороден помеѓу воскреснатите браќа (Рим. 8,29) и дека сите созданија воздивнуваа и тагуваа до сега, не само тие, туку и ние кои ги имаме првите дарови на Духот – и ние воздивнуваме во себе чекајќи посинување и откупување на нашите тела (Рим. 8,22-23). Значи, црковното мислење за смртта, изразено во Светото Писмо и во делата на Светите отци е негативно. Смртта е „непријател“ кој го обесмислува и разорува животот и како таква треба да се надмине и победи. † Победа над смртта

В

о Посланието до Ефесјаните светиот апостол Павле говори за начинот на кој се победува смртта во Црквата. Воведот на ова Послание претставува богословска химна во проза посветена на домостројот на спасението од смртта и гревот, настан кој е остварен во личноста на Господ Исус Христос (Ефес. 1,3-14). Врз основа на овој дел може да се види дека доаѓањето, воплотувањето на Господ Исус Христос е остварување на вечниот план на Божјата волја да се создаде свет кој засекогаш ќе живее во зедница со Него. Според основното учење на Црквата, светот е створен ни од што (ништо). Како таков, сам по себе, според својствата на својата природа, затоа што е таков каков што е, нема вечност во себе. За да може да постои, потребно е да биде во сооднос (врска) со Бога. Најсовршено и најпотполно остварување на оваа врска, однос, кој на светот му го овозможува и самото постоење, се случило со испраќањето на Еднородниот Син Божји во светот. Во личноста на Синот Божји се соединува вечната божествена природа со создадената, минлива човечка природа. Ова соединување е слободно и од љубов, тоа не значи дека човечката природа престанува да биде човечка и создадена, туку, пак, после тоа соединување станува бесмртна и вечна. Затоа и ап. Павле вели дека е голема тајната на побожноста затоа што Бог се јави во тело (1.Тим.3,16). Во своето дело „За воплотувањето“ свети Атанасиј Велики зборува дека опасноста од исчезнување и минливост на творбата била повод за воплотување на Синот Божји. Оваа мисла свети Атанасиј ја развива врз основа на евхаристиското искуство на раната Црква. Уште пред него, свети Игнатиј Богоносец го кажува ова нарекувајќи ја Евхаристијата www.povardarska-eparhija.org.mk

5


Лек за бессмртност. Во ова може да се пронајде и идејата на свети Иренеј Лионски, која свети Атанасиј ја продлабочува и продолжува кога ја изнесува својата заклучна мисла за воплотувањето на Синот Божји: Синот Божји стана Син Човечки, за да може Синот Човечки да стане Син Божји. Ова светоотечко учење без сомнеж се темели на Светото Писмо на Новиот Завет. Едно од местата каде што тоа директно се кажува е Посланието на светиот апостол Павле до Галатјаните (4,4-7) каде се вели дека Бог, кога се исполни времето, Го испрати Својот Син.... та да примиме посиновение. Очигледно, според учењето на раната Црква, личноста на Господ Исус Христос претставува единствена можност на човекот и светот да ја одминат смртта и пропадливоста. Таа можност за вечно постоење му е подарена на човекот како на психофизичко битие, што значи, дека вечниот живот не се однесува само на некакво бесмртно постоење на човечките души. † Да се верува во Христа и да (не) се оди во Црква

С

војата вера, следењето на Христос и прифаќањето на Христос за основа и смисла на својот живот, човекот го пројавува со својот аскетски (подвижнички) живот. Имено, зборовите Христови: „Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене“ (Мат. 10,37), како и зборовите: „Кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене. Кој ја запази душата своја ќе ја изгуби, а кој ја загуби душата своја, заради Мене, ќе ја зачува“ (Мат.10,38-39), и: „Не може да Му служите на Бога и на Мамона“ (парите, богатството, во поширока смисла: светот и неговите вредности - Мат.6,24). Сето ова покажува дека во животот на христијанинот сѐ се вреднува од перспектива на љубовта кон Синот Божји. Тој е врховно мерило на односот на христијанинот кон целиот свет. Секако, овде не станува збор за негирање на односот што човекот го воспоставува со светот, туку за негово преобразување и вотелотворување во тајната Христова, тајната за обесмртување на тварта. Затоа, можеме да заклучиме дека кога станува збор за спасение во Христа Исуса, неопходни се две нешта. Прво, тоа е верата во Господ Исус Христос како Спасител од смртта и гревот. Второ, тоа е пројавата на аскетскиот (подвижнички) живот на луѓето. Може да се забележи дека ни едниот ни другиот елемент – верата и живеењето според верата, не го попречуваат индивидуалното сфаќање на христијанскиот живот. Очигледно е дека тоа што веруваме во Христа не значи и дека мораме да одиме во Црква. Исто така, тоа што некој се подвизува и живее според заповедите Божји, повторно, не значи дека треба да оди во Црква. Двата случаи денес не се ретки. Има многу луѓе во светот кои не учествуваат во црковниот живот, а веруваат во Господ Исус Христос. Исто така има доста чесни и морални луѓе надвор од Црквата, па и надвор од христијанството воопшто. Основно прашање е дали во такви случаи, кога постојат вера и етички живот, а не постои нивно вотелотворување 6

Број 30, година 8, Јули 2014


и остварување во Црквата, може да се зборува за христијански идинтитет и за спасение на луѓето. Судеќи според зборовите на Светото Писмо на Новиот Завет и според искуството на раната Црква, спасението кое ни е дарувано во Христа исто е со спасението кое ни е дарувано во Црквата. Местата 1.Кор.13 и Рим.13 ни зборуваат за Црквата како заедница на Телото Христово. Во Делата апостолски, Господ Исус Христос се идентификува со прогонетите христијани т.е со Црквата (Дела 9,4-5) † Ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта

Негова...

Хсо Неговото Тело и Крв, ова е дадено како единствен начин да бидат

ристос им дал заповед и завет на Своите ученици да се причестуваат

во вистинска зедница со Него, за со тоа да се здобијат со живот вечен (Јован 6; Лука 22). Не е случајно тоа што Црквата уште во Новиот Завет се идентификува со евхаристиски собор, собор на причесници со Телото и Крвта Христови, собор кој е наречен Тело Христово. Единствен автентичен и вистински простор, атмосфера и амбиент за спасение, учество во вечниот живот и здобивање на потполн христијански идентитет, како и остварување на смислата на човечкиот живот, ни се даруваат исклучиво во Евхаристијата, со причестувањето со Телото и Крвта на нашиот Господ Исус Христос. Со учеството во Евхаристијата се пројавува во целина единството на сите верни. Тоа е соборно дело во кое учествува целата Црква. Затоа Господ Исус Христос вели: „Пијте од неа сите...“ (Лука 22). Верата и животот според неа може да бидат значајни, но само со учество во евхаристискиот собор. Во спротивно, доколку верата и етичкиот живот не се реализираат во Светата Причест, тие остануваат само како искуство на поединец. Колкаво големо значење и да им се даде, сепак, тие во никој случај не се спасоносни. Ова го заклучуваме врз основа на искуството на раната Црква, во која верата и начинот на живот, кој произлегува од верата биле неразделни од евхаристискиот живот на Црквата. Било незамисливо да се верува во Христос, а да не се биде член на црковната заедница. Со самото причестување се пројавувало членството во заедницата. Дел од Телото Христово е оној кој се причестува со Телото и Крвта на нашиот Господ Исус Христос. Не можело да стане збор за припаѓање на Црквата, а тоа да не подразбира припаѓање на евхаристиска соборност и причестување на овој собор. Тоа е очигледно по местата во 1.Кор. 10-11, во Посланијата на светиот Игнатиј Богоносец, како и во целото предание на Црквата. Зборовите на светиот апостол Павле во Посланието до Галатјаните: за восинувањето, за тоа, како преку Христа стануваме синови Божји по благодат, се остваруваат преку светата Евхаристија. Доколку не учествуваме во Евхаристијата, нашиот вечен идентитет, вечниот живот кој ни се дарува во Господ Исус Христос, станува неостварлив. Нашиот живот во тој случај станува промашување, без оглед на целиот подвиг, без оглед на чувството www.povardarska-eparhija.org.mk

7


за спасение кое ни го нудат верата во Господ Исус Христос и подвижничкиот живот кој преку оваа вера се јавува. Едноставно кажано, без остварување, исполнување на верата и испосничкиот живот во Евхаристијата, нема спасение. Не се случајни зборовите на Господ Исус Христос во Евангелието: „Ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот вечен“ (Јн.6,53). Затоа во раната Црква причестувањето со светите дарови секогаш кога се служела светата Евхаристија се сметало неопходно за вечен живот и го искажувало единството на сите верни во Христа. Светата Причест била соборно дело – чин на заедничарење, а не чин на поединец кој се осветува. † Појава на христијани „набљудувачи“

Дво Христа, се трудат според своите можности и дарови да живеат али го исполнуваат својот христијански идентитет оние кои веруваат

според заповедите Божји, а се причестуваат само повремено – за време на светите пости? Како го исполнуваат својот идентитет и повик на христијани, посиновување по благодат, бесмртен и живот вечен во Христа – оние кои поголемиот дел од годината воопшто не се причестуваат? Во каква согласност е тоа со ранохристијанското поимање на светата Евхаристија како соборен, заеднички дел на целата Црква, обврзувачки за сите христијани? Според ова поимање, светото причестување се подразбирало секогаш кога се служела светата Евхаристија. Целта на Евхаристијата, за што многу покасно, во XV век, ќе зборуваат свети Никола Кавасила и свети Симеон Солунски, била само една: причестување на верните. Во што е разликата помеѓу верните кои присуствуваат на светата Литургија, а притоа не се причестуваат и верните во светот кои веруваат во Господ Исус Христос, се трудат да живеат според Неговите заповеди, но не учествуваат во животот на Црквата? Со што се идентификуваат овие верни ако тоа не е Светото причестување? Како во тој случај се остварува спасението и бесмртноста? Ова се прашања на кои не може да се даде едноставен одговор. Она на што може многу точно и прецизно да се одговори е прашањето: зошто, како и кога дошло до оваа пракса на повремено и ретко причестување? Со краток историско – богословски пресек ќе укажеме на неможноста за поврзување на постоечката пракса со изворното и автентично Предание на Црквата. Потребата за решавање на овој проблем, просто, не е нечија богословска љубопитност. Таа произлегува од прашањето за вечниот живот на секој човек кој себеси се смета за православен христијанин. Посочивме на спасоносното значење на Светата причест, на причестувањето како завет и заповед дадена од Самиот Господ Исус Христос, сѐ додека не дојде во полнотата на Својата сила и слава, како и на причестувањето како дело, во кое учествува целата Црква, пројавувајќи го низ него единството со Христос. Со ваков пристап кон светата Евхаристија 8

Број 30, година 8, Јули 2014


се среќаваме во Светото Писмо на Новиот Завет и во раното Предание на Црквата. Промените настануваат во IV век на христијанството. Тогаш доаѓа до масовно влегување во христијанството од страна на Римската империја. Големи маси на народ ја прифаќаат христијанската вера, главно само начелно, поради привилегиите и олеснувањето кое го носело членството во Црквата. Мотивот за кој говориме најмногу добил на снага после 380-381 год. кога христијанството било прогласено за државна религија. Ова довело до опаѓање на ревноста во поглед на учествувањето во евхаристиските собори. Црквата се обидела да го надмине ова, со тоа што на Помесните и Вселенските собори донела канони со кои се одлачува од Црквата секој кој без причина не се причестувал неколку недели по ред. На ова прашање му се посветени повеќе правила (канони), на пример: 21.правило од Елвирскиот собор, 2.правило од Антиохискиот собор, 8.и 9. Апостолско правило, 66.правило од Трулскиот собор и други. Паралелно на ова, од IV век, под влијание на монашката пракса доаѓа до нов обичај, служење на света Евхаристија и надвор од Евхаристиските денови (сабота и недела). Свети Василиј сведочи дека светата Евхаристија се служела дури и четири пати во текот на седмицата. Овој обичај е воведен со желба и ревност за да можат верните почесто да се причестуваат. Меѓутоа, практичнiте причини доведувале до други последици. Сите верници на една Црква не можеле физички да се соберат повеќе пати во седмицата. Учесниците на Евхаристијата не биле веќе истите на секоја Литургија. Верниците постепено добивале впечаток дека Евхаристијата повеќе не е соборно дело на целата Црква и служба за целокупниот народ www.povardarska-eparhija.org.mk

9


Божји, туку еден светотаински чин, кој се врши независно од тоа дали сите верни се собрани на едно место. Тоа довело до следнава последица: ако во текот на седмицата повеќе пати се служела света Евхаристија, а верникот не можел да присуствува на сите, туку само на некои (на пр. на празнични и неделни Литургии), тогаш тој не морал да се причестува секогаш, со оглед на тоа што не се причестувал на претходните Литургии на кои не присуствувал. Појавата на номинални христијани и праксата на секојдневното служење на светата Евхаристија, довеле до појава на групи од верници на Литургиите, кои ги нарекуваме „набљудувачи“, оние кои се присутни на Литургија, но не се причестуваат. Иако, канонски таквата појава е осудена, со тек на времето, особено по Трулскиот собор (VII-VIII. в.) оваа пракса станува сѐ почеста. Во XII и XIII век таа станува доминантна. † 1.Кор. 11, 28-29

Всветата Евхаристија, ја одредува Светата причест како индивидуално

аквиот развој на состојбата, во која не учествувале сите верни во

осветување, а не како соборен акт на Црквата. Кога светиот апостол Павле во 1.Кор. 11, 28-29 зборува за себеиспитувањето и недостојното причестување, тој всушност зборува со критика кон Коринтјаните за нивната поделба, за отсуството на љубов во нивната заедница. Апостол Павле им кажува дека нивната недостојност е поврзана со отсуството на жива љубовна заедница во Коринт, нивната поделеност и меѓусебна омраза. Затоа ги повикува на себеиспитување: ако се делите помеѓу себе и ако се мразите, како ќе се причестувате заедно? Светата Причест е објава на единство, објава на нови љубовни односи во кои влегуваме преку Христос – во евхаристиската заедница. Како ќе се причестувате со единственото Тело и Крв на Господ Исус Христос кога не се поднесувате еден со друг? Кога Светата причест, покрај пред малку опишаните факти, почнала да се сфаќа како средство за осветување на поединецот во Црквата, овие зборови на апостолот Павле се тргнати настрана од историско – евхаристискиот контекст и преместени во сферата на подготовка за причестување на поединецот. Состојбата на повремено причестување, која доминантно во пракса постои од XII и XIII век, почнала да се оправдува со аргументи за поединечно лично достоинство или недостоинство. Оправдувањето на оваа пракса доаѓа дури откако таа се зацврстила. Таа не настанала од аргументирани причини – подготвеност или неподготвеност (за причестување), туку тогаш кога станала доминантна. † Благодатта на простувањето и достоинството

Н

икој не ја оспорувал потребата од подготовка за светата Евхаристија. Меѓутоа, целиот христијански живот е подготовка за светата Евхаристија и за доаѓањето на Господ Исус Христос. Во сиот христијански 10

Број 30, година 8, Јули 2014


живот, па и за подготовка за светата Евхаристија, ние ја согледуваме сопствената недостојност пред Бога и пред љубовта која Бог ја покажува кон нас во домостројот на спасението. Постот, молитвата и исповедта се средства низ кои ја пројавуваме нашата посветеност кон Бога, со своето покајание и волја да бидеме причесници на божествениот живот. Меѓутоа, првобитното соборно гледиште на светата Евхаристија не е доволно во заедништво со праксата на постот и исповедта, со праксата на причестувањето. Покасно, новото поимање на светата Евхаристија како средство на осветување на поединецот довело до тоа, постот и исповедта да бидат врзани за можноста за причестување. Автентичната и изворна пракса на Преданието на Црква подразбирала држење на постот како вежба во посветеноста на Бог и во исчекување на второто Христово доаѓање. Затоа Господ вели дека неговите ученици ќе постат кога Он ќе замине од нив. Постот не бил непосреден предуслов за Светата причест. За време на пост се постело и се причестувало, за време на радостните денови се мрсело и се причестувало. Во двата случаи се подразбирал односот со храната кој не бил идолатриски, во кој храната не се сметала како смисла на животот. Што се однесува на светата тајна исповед, таа била наменета за оние кои биле исклучени од Црквата, а кои преку тајната исповед повторно се соединувале со Црквата. Денес станува сосема логично дека на верните им треба исповед, со оглед на тоа што толку многу отсуствуваат од Светата причест. Праксата на секојдневната монашка исповед кај својот духовен отец навлегла во парохиската пракса во XII и XIV век, така да новиот вид на исповед (монашки) ја заменила старата пракса на исповед на оние кои биле одлачени од Црквата. Порано прошка на гревовите се добивало на самата Евхаристија, за што ни сведочи и ектенијата на Литургијата: Прошка и отпуштање на гревовите од Господа просиме… Мора да се има предвид дека благодатта на Светиот Дuх не е за ништо помала, па ако сакаме не е ни поинаква од онаа која некогаш се дарувала на оние кои биле одлачени од Црквата кои се соединувале со истата преку Светите тајни покајание и исповед. За преовладување на ваквиот став кон светите тајни голема улога имало потпаѓањето на Црквата под влијание на Западот, кој потекнува уште од времето на Византија. Од тоа врeме светите тајни се сметаат како елемент за побожност на поединецот, а членството во Црквата повеќе не се мерело со учеството на верните во светата Евхаристија како тајна на црковното единство во верата, љубовта и животот. Оттогаш верникот е принуден да се соочи со светата причест од перспектива на своите потреби, со својата подготвеност или неподготвеност. Тој самиот станува мерило за својата духовност и духовноста на другите луѓе, зашто без оглед на сведоштвото на светото Предание, утврден е статус на верникот дека тој не може често да се причестува. Таа пракса станала „православна“ иако е плод на индивидуалистичката побожност и влијание од Западот.

www.povardarska-eparhija.org.mk

11


† Достојни за Света причест

Дсме грешни и недостојни? Одговорот нека ни го дадат следниве али треба да се причестуваме иако совеста многу често ни вели дека

примери од Светите отци. Свети Јован Касијан вели: „Не треба да избегнуваме да се причестуваме затоа што сметаме дека сме премногу грешни. Мораме да пристапуваме кон Светата причест што почесто поради лечење на душите и очистување на духот, но со такво смирение што вистински би се сметале за недостојни... Ако вистински така се чувствуваме би сакале сѐ повеќе и повеќе од тој лек за нашите рани. Инаку, недопустливо е ретко причестување со светите тајни (на пр. еднаш годишно) како што некои и прават сметајќи дека осветувањето со тајните им припаѓа само на светителите. Подобро е да се мисли дека светата Причест е таа која нѐ очистува и потоа осветува. Таквите луѓе (кои ретко се причестуваат) покажуваат повеќе гордост отколку смирение, зашто ја примаат Светата причест сметајќи се за достојни. Многу е подобро со смирено срце да се прими Светата причест секоја недела, знаејќи дека не сме достојни, но за исцеление на нашите болести, отколку ослепени од гордоста да сметаме дека по една година (или пократок период) сме станале достојни за да ја примиме“. Да го послушаме и свети Јован Златоуст кој вели: „Има случаи кога свештеникот не се разликува од верните, а тоа е тогаш кога пристапува кон Светите тајни. Тие на сите нас ни се еднакво дарувани, зашто на сите им се нуди истото Тело и истата Чаша“. Свети Никола Кавасила, слично на тоа вели дека „ако некој има можност да пристапи на евхаристиската трпеза, а тоа не го направи, тој нема да го добие осветувањето која таа ни го нуди и тоа не затоа што не пристапил, туку затоа што имал можност, а одбил да пријде... Како некој може да верува во нечија љубов, а кога имал можност да ја прими Светата причест, не ја примил?“ Да се потсетиме и на зборовите на свети Атанасиј Антиохиски кој вели дека, „доколку паднеме, како и сите луѓе во некакви човечки прегрешенија кои може да се простат, бивајќи наведени на тоа од јазикот, од слухот, од очите, од суета, од жалост, од гнев или од нешто слично, прекорувајќи се себеси и исповедувајќи се на Бога, се причестиме со светите тајни, верувајќи дека причеста ќе ни служи за очистување на тие гревови. Доколку вршиме некои тешки, лукави, телесни и нечисти гревови и сме злопамтиви кон ближните, додека не се покаеме на доличен начин, не смееме да се допреме до Божествените тајни. Затоа што ние како луѓе паѓаме во многу гревови, Бог ни оставил разни жртви за прошка на гревовите. Милостината и срцето скрушено (смирено) претставуваат некои од жртвите кои го очистуваат гревот. Ако Му ги принесуваме овие и слични жртви на Бога и покрај човечките недостатоци сепак можеме да пристапиме кон Светите тајни – со страв, трепет и умиление. Оној кој пристапува со страв, трепет и умиление се здобива со прошка, а оној кој пристапува без страв и со презир се здобива со казна“. 12

Број 30, година 8, Јули 2014


† Одговорност

Звозглас, единствено се пројавуваат низ постот и исповедта, односно арем стравот Божји и љубовта кон Бога, на кои повикува литургискиот

кога луѓето ретко се причестуваат? Зарем не е целиот христијански живот, па и за време на мрсните денови, подвиг и борба за Христос? И покрај јасните сведоштва на канонската и светоотечката традиција, оваа чудна и како што вели големиот руски теолог Александар Шмеман – еретичка идеја останува дел од литургиската побожност на нашата Црква. Денес голем број од верниците сметаат дека е поблагочестиво да не се причестуваме често, и покрај многуте гревови кои ги вршиме. Се мисли дека редовното причестување е голема одговорност, која повлекува со себе осуда доколку продолжиме со грешниот живот. Одговорот на таквите забелешки може да се најде во фактот дека Светата причест е наменета за сите христијани, без оглед на степенот на нивното совршенство или несовршенство. Важно е дека животот на христијанинот треба да биде таков што тој непрестајно да се бори и труди секогаш да ја посведочи својата посветеност кон Бога. Падовите и станувањата во таа борба се неизбежни, но тие не се мерило за тоа колку некој ќе се причестува или не. Не е самиот човек мерило на божествениот дар. Имајќи го тоа предвид, единствен неопходен услов за редовно причестување е живото учество во литургискиот живот, пројавен низ секојдневието со подвижничко сведочење на нов однос кон Бог, светот, човекот, храната и сите добра од овој свет. Решението на овој животен проблем на Црквата не е во нечие причестување на секоја Литургија независно од другите (кои можеби нема да се причестат). Ниту, пак, тогаш светата Евхаристија не би станала соборно дело, дело на целата Црква. Решението лежи во повторното пронаоѓање на најдлабокото значење на неделниот евхаристиски собор и празничниот евхаристиски собор како собор на сите на едно место. Учествувањето на сите православни христијани пред сѐ на неделните евхаристиски собори, а низ тоа и развивање на свеста како причестници на „Трпезата Господова“ – наменета за сите членови на црковната заедница, тоа е почетокот од каде треба да се развива љубовниот личносен живот. Овој живот „Секогаш, сите на исто место“ денес речиси и да не постои. Тоа е уште еден знак на побожност на меѓусебе отуѓените поединци. Потребно е да се надмине ваквата побожност со повторно откривање на светата Евхаристија како настан кој се однесува на целата црковна заедница и подразбира учество на сите верни во неа. Превод: Трајкоски Благоја, дипл. Теолог

www.povardarska-eparhija.org.mk

13


Сакаме ли да бидеме христијани без Христос? Фотиј Кондоглоу

Фотиј Кондоглу е познат грчки книжевник и уметник. Роден е во Ајвали, Мала Азија, на 8 ноември 1895 година во семејството на Никола Апостолиди и Деспина Кондоглу. Неговиот татко умира една година по неговото раѓање, и грижата за него и за тројцата постари браќа ја презема нивниот вујко Стефан Кондоглу, игумен на манастирот „Света Петка“, па оттаму го задржува презимето на неговата мајка. Во 1912 година завршува средно образование во Ајвали, па потоа се запишува на Факултетот за ликовна уметност во Атина, но го напушта и во 1914 заминува во Париз, каде што учи дела на разни уметнички школи. Таму добива награда за илустрација на книга, а по патувањата во Шпанија и Португалија во 1918 се враќа во Франција. Се враќа во татковината по Првата светска војна во 1919 година. Се вработува како професор по француски јазик и историја на уметност. Во 1923 година оди на патување на Света Гора каде што се запознава со визнатискиот фреско-живопис, почнува да ги пресликува, пишува многу статии на таа тема, и оттогаш почнува да се занимава со изучување и објаснување на византиската црковна уметност. Во 1925 година стапува во брак со Марија Хаџикамбури, се вработува во Византискиот музеј во Атина, во Мистра, во Коптскиот музеј во Каиро, а како зограф е ангажиран за сликање на повеќе цркви низ Грција. Се упокои на 13 јули 1965 во Атина. Остана запаметен како книжевник, автор на многу богословски теми, и најголем и најзначаен возобновител и татко на византискиот иконопис во дваесеттиот век, кој го извлече иконописот од бездната на заборавот и неукоста.

К

ога зборувате со псевдо-христијаните за сурова аскеза (подвиг) на телото и духот заради љубовта кон Христос тие веднаш стануваат гневни, нарекувајќи ве факир, идолопоклоник или варварин. Ако сакате да ја испитате верата на христијаните зборувајте со нив за подвижништвото. Верниот ќе почувствува умиление, додека оние кои се лажни и безверни ќе протестираат. Што да кажеме за зборовите на Христос: „Блажени се оние што ќе 14

Број 30, година 8, Јули 2014


остават сѐ и ќе ме следат“? или „Царството небесно се зема на сила и само силните го грабаат“? или „Во светот ќе имате маки“? или „Тесна е вратата и тесен е патот што води во живот вечен“? Ние сакаме да бидеме христијани без Христос, без духовна тага, без да се подигне тешкиот крст, и многу почесто го избираме широкиот пат. Кога зборувате со лажни христијани за тежок и сиромашен живот, за себежртвување, за подвижништво, тие одговараат велејќи дека Христос не сака такви работи и дека тоа е претерано. О безумен човеку, во христијанството ништо не може да биде претерано. За сите човечки работи можеш да речеш дека се претерани, но само во христијанството претераност не постои. Која е претераноста да го свртиш другиот образ? Која е претераноста да го сакаш оној што го убил татко ти? Што е претерано во правењето работи што Господ ги бара од тебе како што се, љубете ги своите непријатели, да зборуваш убаво со оној кој те псуе, да не го судиш ги оној што те суди, да се смируваш себеси пред поништожните луѓе, и правејќи ги сите овие работи се сметаш себеси за „непотребен слуга“? Која е претераноста да се верува дека нашите тела ќе воскреснат како бесмртни во само еден миг, и како целиот свет ќе се промени одеднаш, и дека ќе настане еден нов свет без распаѓање? Па дали постои нешто во христијанството што може да се нарече претерано? Христијанството е најголемото преувеличување од сите преувеличувања, и поневеројатно од сите неверојатни нешта. Поради ова, единствената врата преку која се влегува во егзотичната земја на Христос е една – тоа е верата. А за верата не постои никакво претерување, додека во неверието постои лукава пристојност, умереност и компромис. Поради ова псевдо-христијаните не можат да го издржат огнот на верата и го претвораат христијанството во морален систем, којшто е полезен за световниот живот, во којшто нема потполна потреба од Христос. Затоа оној што не верува се плаши, додека оној што верува е смел како лав, според Пророкот (Изрек. 29,1). Оној што го љуби Бога постојано гори без да го покажува тоа, се радува без смеење, и е скрушен во длабочината на себеси. Љубовта што ни ја покажа Христос е многу повеќе од таканареченото човекољубие. Поради ова човекољупците не ја вкусуваат оваа љубов Христова, која што е „вода што тече во живот вечен“. Човекољубивите дела што ги прават денешните луѓе се општествена обврска. Овие човекољупци и прагматичниот човек, не се христијани. Оној што Го љуби Христос и Неговото Евангелие го љуби она што е вредно да се љуби над сѐ останато. Во Христос се наоѓа сѐ што ја вреднува љубовта - смирението, болката, кротоста, духовната тага и духовната радост, коишто и обете се слатки, кога се направени во името на Христос. www.povardarska-eparhija.org.mk

15


„Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам“. Да нѐ успокои? Ние не ни сакаме да чуеме за тоа. Ние не сакаме да бидеме успокоени. Ние сакаме да бидеме обременети од нашите страсти, со нашите непријателства, со војни, со грижи за славољубие, за плотта, со крв извалкани, со пиштоли, бомби, оружје. Што ќе правиме без овие работи, Господи миротворецу? Како ќе живееме така успокоени? Со што ќе ја пополниме нашата внатрешна празнина, бидејќи за нас само овие работи се живот? Ти ни даваш мир, но мирот твој е наша смрт, бидејќи е смрт за нашите сакани страсти. Ако ни кажеше, „Јас ќе ве оптоварам со такви потешкотии што вие не ги знаете, или, јас ќе ги збогатам вашите души со други богатства така што да немате мир“, тогаш ќе дојдеме во Твоја близина и ќе те примиме како наш Бог. Ние сакаме богови што ќе нѐ натоварат, одмазнички, како Арес, Зевс, Хронос, и лажговци како Хермес и како други. Ние сакаме да живееме во зло, бидејќи тоа е живо и силно. „Да, дојди Господи“, извикува Јован со радост кон оној што доаѓа на облаци при Второто доаѓање. Мора да бидеш светител, праведен па да бидеш и свети Јован за да се радуваш на второто Христово доаѓање и да го чекаш. Но ние зивикуваме „Не доаѓај, Господи“. Бидејќи сме грешници и гневот Господов доаѓа врз нас. Ги замислуваме овие работи како „атомска бомба“. Од кога ќе се осознаат страв навлегува во секое срце. 16

Број 30, година 8, Јули 2014


Блажени се оние кои се подговтвени во секое време. Но кој е свет како свети Јован, најсветиот од сите светители? Секој од нас стравува дека ќе дојдеш како крадец во ноќта (Лука 21). Луѓето, ако ги псуеш и се препираш со нив, или пишуваш за нив нешто лошо, доаѓа часот кога секој може да ти го прости тоа. (Немај гајле, брате, заборави ги тие работи!) Она што никогаш нема да ти го простат и поради што ќе те замразат – е да живееш таков живот, од којшто ќе се срамат тие поради нивниот живот, да биде твојот живот како проверка на нивниот. Оној што го има вкусено со целото срце мирот Христов, нема да се присилува да биде сиромашен, бидејќи своеволно ја сака сиромаштијата, и ја губи радоста долку стекне нешто што е прекумерно, дури и ако се работи за најбезвредно нешто. И сѐ што е смирено, сиромашно и презрено тој го сака искрено со срцето без да зборува ништо и никому, бидејќи смирениот човек ја сака тишината и себезаборавот. „Бог е близу до оној со тажно срце“. Штом ќе се распрснат искушенијата и ќе се отвори вратата на лажната радост и спокој, тогаш вратата на вистинската радост се затвора. Христијанинот јасно го чувствува ова. † МОЛИТВА Ти благодарам, Господи многумилостив, Те воспевам, Те прославувам, бидејќи ме создаде од ништо. Но ти не ме создаде само еднаш, но секој ден ме создаваш од ништо, бидејќи секој ден ја отстрануваш од мене смртната сенка во која паѓам постојано. Во овој неизмерлив свет, во кој сите луѓе се како мравки, јас сум едно ништо. Секој човек е ништо. Но ти ја паметиш секоја личност, ја пронаоѓаш и ја враќаш повторно кај себе, и ја избавуваш од смрт и ја создаваш повторно со твојата татковска рака како да е секој од нас сам на овој свет. Со Твојата сила го држиш целото создание и сите души, како да е едно и единствено. И ги правиш да се чуствуваат бесмртни, како да е едно и единствено, и Те чувствуваат како нивни татко семилостив, кој никогаш не се изморува да ни простува и да нѐ создава повторно нас, кои умираме во секој час од нашите гревови.

Превод од англиски јазик: Ташко Думов, дипл. електроинженер Изворник: Блогот на Џон Санидопулос „Мистагогија“ http://www.johnsanidopoulos.com/2014/05/do-we-want-to-be-christians-without.html

www.povardarska-eparhija.org.mk

17


Старец Никон, од Неа Скити Извадок од „Беседата кон младите“ одржана на 15 февруари 2006 година

В

идов едно филмско остварување, ми се допадна, не го гледав во кино, не затоа што ќе видев нешто во него што ќе ми наштети, знаев дека ќе видам нешто добро, туку за да не соблазнам некого, нели, треба да мислиме и на другите, и да не ги соблазнуваме, според зборовите на апостолот, ако братот мој се соблазнува од тоа што јадам месо, нема никогаш да јадам месо, за да не го соблазнам братот. Така и јас, го гледав овој филм на ДВД. Треба да го видите овој филм. „И желките може да летаат“. Филмот имаше страшни сцени, буквално може срце да те фати. Дејството беше на границата меѓу Турција и Ираκ, во еден логор, и покажува како живеат Курдите, особено децата. Имаше десетици деца, сираци, напуштени во војната. И овие деца бараа начин да преживеат. Кога го гледате не можете да сфатите – едно дете зема една округла метална кутија, и со устата извлекува една игла. Тоа беше мина, од минско поле, тие влегуваа во минското поле и бараа мини, за да можат потоа да ги продадат. На следната сцена дадоа едно девојче како носи друго петгодишно дете на грбот, кое со заби ја влече иглата, затоа што нема раце – рацете му се до лактите пресечени. Ги имаше изгубено или од мина, или во војната. Од тоа многу до децата беа без раце, без нозе, осакатени. Беше страшна глетка. Срцето ме фаќаше додека гледав. И тоа дете со заби ја вадеше иглата, а потоа неговата сестра со раце ја земаше мината за да ја продаде. Додека бев студент гледав исто еден филм, „Африка адио“. Во него беа прикажани ужасни нешта, за тоа како се живее во Африка, така што и двајцата сценаристи на филмот, италијани, беа ставени во затвор поради филмот. Јас доживеав шок од филмот поради една сцена. Немаше ништо страшно. Тоа беше гранка од еден кактус. Во неа спровираа едно цевче и во него имаше 3-4 капки течност, а во длабочината гледаме дека тоа е пустина со многу кактуси. Како што го спровираа во кактусот, така се лизгаа капките во 18

Број 30, година 8, Јули 2014


конзерва. Потоа гледаме една африканка со конзерва и сценариото вели: ете вака, капка по капка, собираат вода од секој кактус за да може семејството да пие вода. И потоа таа оди уште десетици метри, за да најде нов кактус, па и од него да извади неколку капки вода. Додека сум жив, никогаш нема да го заборавам тоа, секогаш кога пијам една чаша вода, се сеќавам на таа жена. Колку пат требаше да помине таа жена, натоварена, измачена, за да собере не половина, туку цела една чаша вода, што јас ја имам? Зошто е тоа така? Толку е грешна таа жена што толку се мачи за да добие една чаша вода? А јас толку ли сум свет што во секое време имам една чаша вода? Кога сме кажале „благодарам“ за она што го имаме? Ги гледав тие дечиња со исечени раце, исечени нозе, прсти како трчаат, а што направив јас за да имам и раце и нозе? Дали некогаш сме Му се заблагодариле на Бога што можеме да одиме, што имаме раце? Постојано гледаме како нешто ни недостасува. Што ни недостасува, и што сакаме. И добро е, се бориме, се трудиме да го стекнеме тоа. Не е лошо. Ама кажете барем едно „благодарам“ за тоа што веќе го имате. Не ни ги даде на заем Бог. Во една прилика како студент бев во една група во една институција, и директорката таму ни објасни дека децата што не слушаат не се неми, туку затоа што не можат да ги чујат звуците, не знаат дека постојат звуци. Потоа донесе едно детенце за да ни покаже како тоа ќе сфати дека постојат звуци и самото ќе испушта звуци. Го зеде дететнцето, и ја стави нејзината рака на неговиот врат, а неговата рака ја стави на нејзиниот. И тогаш таа рече „А“. И детето сфати дека таа бара од него да го направи истото, и тоа ја отвори устата. Госпоѓата се разочара. Потоа се обиде пак: „Ааааааа“. После повеќе пати малечкото сфати дека кога госпоѓата ја отвора устата, не е само тоа, туку таа прави и нешто друго, дека има некоја вибрација, и дека бара од него и тоа да го направи истото. Се обидуваше, се обидуваше, и најпосле успеа да каже „ааа“, и тогаш директорката се израдува, го прегрнуваше, го бакнуваше, му даваше чолади, карамели, пресреќна беше, а тоа цел ден трчаше и викаше „аааа“. И така полека ги научи и „о“, „е“, „и“ без да ги има чуено некогаш. И ни велеше директорката што тргаат, коку тешкотии имаат додека да научат да прават разлика меѓу „г“ и „д“, „д“ и „т“. И си велам: Зошто овие деца не можат да слушаат, а јас можам? Зошто Бог мене ми дал да слушам, ми должеше ли Он нешто, имаше ли потреба од мене? Зошто ни дал уши и глас? А зошто овие деца да не слушаат? Му кажавме ли некогаш на Бога „благодарам“ за тоа што слушаме? Го слушаме нашиот другар, нашите родители, слушаме сѐ што ни зборуваат другите, слушаме музика, звуци. Кажавме ли некогаш „Слава Ти, Боже, за тоа“? Ни недостасуваат многу нешта, и добро е да се трудиме да ги добиеме, да ги стекнеме, но да велиме и www.povardarska-eparhija.org.mk

19


„благодарам“. Да кажеме едно „Слава Ти, Боже“. Едно попче на Света Гора велеше, кога велиме „Господи Исусе Христе, помилуј ме“, Бог го запишува тоа и ќе ни даде десет драхми. А кога велиме „Слава Ти, Боже, слава ти, Боже“ тогаш Бог вели, е на овој му должам 100 драхми. Да научиме да велиме „Слава Ти, Боже“. Да не бидеме неблагодарни. Неблагодарноста е ужасно нешто. Постојано се жалиме, мрмориме, сакам ова, сакам она, зошто немам ова, зошто немам она, а за она што веќе го имаме не велиме „Слава Ти, Боже“. Не сме способни да кажеме едно „Слава Ти, Боже“ за даровите што ни ги дал. Како тогаш го применуваме тоа „благодарете за сѐ“ што ни го заповеда апостолот Павле? Тој вели, за сѐ да велите „Слава Ти Боже“, за сѐ, и за несреќите кои ни доаѓаат, а ние ни за доброто не велиме „Слава Ти, Боже“. Вчера претседателот г. К. ми раскажуваше за еден архимандрит кој имал на гости еден владика, и му рекол: Владико, сакате ли да видите тројца светители што ги имаме тука во парохијата? Да, - му вели владиката – со задоволство. Тој го однел владиката во една куќа каде што живееле тројца парализирани браќа, во голема возраст, кои добиле некоја мускулна болест и полека полека се парализирале, а најстариот веќе и се упокои. Кога дошол владиката, тие веќе разговарале со голема тешкотија. Владиката се потресол. Сакал да им каже 2 збора, и им рекол: „да Го славиме Бога, да ни даде трпение, да Го славиме за она што ни го дал, да имаме трпение за оваа несреќа...“ Кога завршил владиката, најстариот парализиран брат му рекол: „Не кажавте правилно, високопреосветен владико, каде видовте несреќа? Тоа што сме парализирани не е несреќа, туку среќа. Ако имавме нозе и трчавме навамунатаму, ќе бевме ли сите тројца заедно со толку љубов, ќе се молевме ли, ќе Го славевме ли Бога, чекајќи го часот кога ќе се сретнеме со Него?“ Гледате ли човек кој има ум Христов? Знае да размислува. Не ќе беше подобро ако некој има нозе и тие го одведат кон грев, а ете без нозе не може. Онаму каде што ние гледаме несреќа, гледате како Бог дејствува за нашето спасение, за нашата среќа? Колку пати велиме, камо среќа да не го сторев тоа и тоа. Замислете сега дека треба да Му благодариме на Бога и за лошите работи кои ни ги испраќа, и за несреќите кои ни ги испраќа, и за болестите кои ни ги испраќа, а ние не сме започнале да велиме „Слава Ти, Боже“ ни за добрините што ни ги испраќа. Благодарете за сѐ, а за да благодарите за сѐ, па дури и за лошите нешта, треба да почнеме да благодариме за добрите дарови што ни ги има дадено. „Слава Ти, Боже“ да велите од утро до вечер, „Слава Ти, Боже“ непрестајно да велите, колку и да кажувате не е доволно. Како да сме добиле нешта, кои не ги заслужуваме. Не сме направиле ништо за да се удостоиме за нив. Не сме посвети од оние дечиња кои немаат раце, или од оние кои не можат да зборуваат, а Бог ни има дадено дарови без да ги заслужиме. Затоа постојано да велиме „Слава Ти, Боже“. Во манастирот „Филотеј“ имавме еден слеп монах, од манастирот Ксиропотаму, кој имаше добиено кучешка тенија, која е тешка болест. Ако се 20

Број 30, година 8, Јули 2014


извади брзо, може да се излечи, но ако не се извади навреме, се размножува, и не се лечи со лекови. Еднаш сакав да се пошегувам со него, црн хумор, како што се вели, и му велам: „извади го тој црниот дроб, само ги мачиш лекарите“. А тој ми вели: „ако ти удрам една, ќе ти кажам јас тебе убаво“. Поради болеста што ја имаше, му се јавуваше недостиг од шеќер, и секогаш чував благо за да му давам. Еднаш го видов, под елекот што го носеше гледам нешто скриено. И му велам: „што е ова, криеш леб? Мислиш дека никој не те гледа?“ „Кој леб, бре, - ми вели – дај ја раката тука“. Тоа не беше леб, туку неговиот црн дроб, кој отекол надвор од телото. Колку го болеше, какви страдања имаше – тоа не се опишува! Да урла, да вика, да се дере на цел глас: „Богородице моја, Богородице моја, помогни ми!“ А ние отидовме кај игуменот и му рековме: „аман, отче, речи му да престане, цел манастир ечи, ќе си речат луѓето дека го мачиме тука. Нѐ срами“. А тој ни вели: „Е што да му правам, тој сега поминува низ едно мачеништво“. Се разбира, што можеше тој да му направи, небаре тој сака така да вика и да урла од болка. Еден ден го слушам како доаѓа од длабочината на патеката: „Богородице моја, Богородице моја!“ Сфатив дека пак има криза и веднаш подготвив слатко да му дадам. Во истиот миг поминуваа тука уште двајца отци. Едниот му вели: „Е, отче Исидоре, имај трпение, кажи „Слава Ти Боже“. Само Он знае што ни дава и зошто ни дава“. „Што велиш? – Му вели отец Исидор диво викајќи – да велам „Слава Ти Боже“? Па не еднаш, ами илјада пати велам „Слава Ти Боже“, и тоа не само со зборови, туку од срце велам „Слава Ти Боже“. Се разбира, „Слава Ти Боже“. Што мислиш, дека ако се помоли нашиот старец Ефрем (Аризонски, кој е сега во Америка) или старец Пајсиј, или отец Ефрем Катунакиски – нема да оздравам? Еден збор да му кажат тие на Бога и веднаш ќе оздравам“. Овој другиот остана без зборови. Му вели пак слепиот монах: „Замисли да оздравам, да ми го врати Бог видот, и да ми ја врати плотската борба, кој стотици има истерано од манастир – би го издржал тоа? Знае Бог што ми дава“. Ние останавме без зборови. И ми вели монахот до мене: „Немал плотска борба?“ Не можевме да поверуваме. Знае Бог што ни дава. На отец Исидор што го трпеше тоа му даде слепило, на друг што не може да го истрпи не му го даваше. Но плотската борба што отец Исидор не можеше да ја истрпи – не му ја даде. Му ја даваше на друг, што може да ја истрпи. Ќе научиме ли да велиме „Слава Ти, Боже“? Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев Преводот е направен од видео снимка од предавањето на старец Никон Светогорец пред младите

www.povardarska-eparhija.org.mk

21


Парохиските свештеници Митрополит Венјамин Федченков

1 Дел Овојпат сакам да ви раскажам за еден необичен селски свештеник – молитвеник. Мојата средба со него се случи уште во младите години додека учев во семинарија. На зима, за време на празниците, се случи да го посетам својот пријател и другар Е. М. Тој беше талентирано момче, а подоцна стана и професор на универзитет. Иако неговиот татко беше свештеник, мојот другар се сметаше за неверник, на голема жал за неговата мајка. На ѕидовите од неговата соба висеа портрети од Маркс, Енгелс и други. Но, тоа воопшто не му сметаше да се дружи со мене, човек верник – за што неговата мајка многу ме сакаше, а нејзиниот син, сепак го „обожаваше“. Во тоа семејство, посебно мајката, имаше топло пријателство и дури некаква роднинска врска со семејството на свештеникот о. Василиј С., кој живееше на 40 врсти (речиси еднакво со км.) од нашето 22

Број 30, година 8, Јули 2014

село. Попадијата не еднаш веќе ми имаше раскажувано за него совршено извонредни работи: за случаите со неговите чуда, за светиот живот, иако тој беше многудетен човек. Јас многу се заинтересирав за него; еден ден, уште од рано утро, ние тројцата на санки се упативме „на гости“. Дојде и мојот другар, но тој не се интересираше за светиот батјушка, а за прошетката и за младите ќерки. Патот беше прекрасен: по чистиот снег, меѓу огромната борова шума, при тивкото време, незабележливо изминавме шест часови. Излегувајќи на отворено поле, видов малку подолу долго село со бела црква. Другарот мој ѝ рече на мајка му: - Јас нема да одам да земам благослов од о. Василиј. Јас заради суета исто така сакав да се покажам „силен“, но добрата матушка го предупреди моето искушение:


- И. А., - ми се обрати мене, - вие не слушајте го мојот син, земете си благослов. Очигледно, таа не сакаше да го огорчи нејзиниот почитуван духовен отец, со таквото наше слободоумие. Јас премолчив, но во длабочината на грешното срце се притаи лекомисленото искушение. По четврт час ние влеговме во селото, и завртивме кон црквата; десно од неа стоеше дрвениот свештенички дом, доволно голем, до 5-6 прозорци во должина. Нашето доаѓање не беше најавено; и забележавме зад завесите од прозорците: како се појавија женски лица кои не нè очекуваа. Во ходникот нè пречека попадијата на о. Василиј, доволно полна жена со розово лице и тивка, бавна насмевка. По неа се појавија две млади девојки и уште две или три деца. Ние се поздравивме. Девојките се заинтересираа за нашето доаѓање: млади „богослови“. Кој знае: можеби, младоженци? Другарот тие го знаеја од порано, а јас бев нов човек за нив. - А каде е отецот? – се сети мајката на другарот. - Тој е сѐ уште во црква, донесоа некој болен, спокојно и бавно ни одговори попадијата. И можеби, таа испрати некого да го известат за неочекуваната посета на гостите. По десет минути незабележливо се појави и о. Василиј. Доста висок, многу слаб, со бледо-розово лице, тенок

нос, светло-црвена брада и коса, веднаш на мене остави многу сериозен и благоговеен впечаток. И се засрамив од глупавата претпоставка да се тргам од благословот. Но, мојот другар веќе успеа само да се поздрави со рака; затоа нашата матушка со љубов и благоговение ги протегна кон него своите тенки раце; по неа и јас го направив истото. Отец Василиј бавно и со молитва го осени секого од нас со широк крст. Јас почувствував, дека тој благослов ми донесе радост... Не знам: дали и другите чувствуваат нешто такво; но јас тоа го почувствував на опит. Потоа нешто слично почувствував и од други духовни служители Божји; но едвај со таков радосен трепет, како од о. Василиј. 2 Дел Усрден молитвеник Тука ние останавме тричетири дена. И многу нешта посебно силно се запечатија во моите спомени и до сега, иако од тоа време поминаа веќе четириесет и пет години. Отпрвин ме изненади тоа што светителот – имаше толку големо семејство, со дури седум деца. Обично, ние си ги замислуваме светителите како монаси-пустиници, или девствени светители, или маченици. Тука навидум имаше само една обично световно и мирно семејство. Но, набрзо таа недоумица исчезна самата од себе: светиот лик на www.povardarska-eparhija.org.mk

23


јерејот Божји немаше потреба од објаснувања и оправдувања. Фактот беше поубедлив од теоријата. Изгледа, таа вечер – во очи на недела – отец Василиј, одејќи по ѕвонењето на камбаните на вечерна, ѝ рече на својата сопруга: - Сега не ги земај малите деца во црква: донесоа еден болен, опасен. Да не се исплашат? Сите останати отидовме на служба: да не отидеме, беше потполно неумесно и погрешно... Не се сеќавам само на другарот... Од сите страни кон храмот одеше народ. Селото беше големо. Освен обичните селски работи, селаните работеа уште на една огромна винска фабрика на некој богаташ. Уште не дојдени до храмот, поминавме покрај една градби (не знам зошто, таквите градби ги нарекуваат „флигељ“), кои стоеја наспроти олтарот на црквата, преку главниот пат, и ми објаснија: дека тоа се домови за поклониците и за болните. Храмот веќе беше полн со народ. Започна службата... Таа се одвиваше многу внимателно и бавно; а најважно – по полн устав – што не само во селата, но и во градските цркви речиси никаде не се исполнува. И ако вечерната, кога ќе е скратена обично трае дваесет минути, овојпат траеше повеќе од еден час. Самиот отец Василиј беше прекрасен тенор; и тој ги пееше стихирите (се сеќавам: беше седми глас) на смена со еден дедо – чтец. По завршувањето на 24

Број 30, година 8, Јули 2014

службата, народот не си заминуваше веднаш. И јас видов како о. Василиј се упати десно во густата толпа. Таму и стоеше „опасниот“ болен. Тоа беше висок човек, со убаво лице, со црна брада и коси. По потекло – Мордован. Него го држеа два исто такви огромни мажи – браќа. А тој цело време се тргаше некаде да замине. Но народот не бегаше од него; очигледно, тоа не бил прв случај. А освен тоа: простиот православен човек длабоко ги сожалува таквите несреќни страдалници и затоа не се гнаси од нив. Впрочем, болниот главно се однесуваше мирно: не викаше, никого не го чепкаше; други тој сигурно не гледал пред себеси. Отец Василиј дојде кај него сосема спокојно и со обичен бавен благослов, го благослови. А потоа им рече на браќата, да преноќат во домот за гости, а изутрината да го доведат на утрена. Другиот ден за отецот започна многу рано. Мислам дека во околу три часот тој веќе стануваше и започнуваше да го чита положеното „Правило пред причест“. Тој имаше посебна „молитвена“ соба, доста голема, полна со свеќници и мноштво икони, некои – со честици од мошти. Таму тој и ги извршуваше своите молитви. Не знам дали Вечерното правило го читаше вечерта; а тие, при нивно нормално исполнување одземаат не помалку од еден час, а со внимание – и час и половина; а и утринското правило зазема три четвртини или час...


Обично, ние мрзеливите, само на почетокот на своето служење се трудиме да ги исполниме тие правила и тоа со брзање, само да ги „исчитаме“ положените четири канони – на Спасителот, Божјата Мајка, на светителот на денот, на ангелот чувар, - потоа акатист и вечерни молитви; а наутро – утрински молитви, и канон пред причест. Па потоа започнуваме да доцниме, доцниме, и да истинуваме, оладуваме. И на крај сосема ги оставаме тие правила. И само исклучителни поединци од нас го чуваат тој мудар обичај. А искрено, некогаш и никого не гледам наоколу, кој би ги извршувал и едните и другите правила. И само заради тоа може да им се восхитуваме на таквите исклучоци. Отец Василиј беше еден од таквите јереи. Затоа тој и требаше да стане во три часот наутро. Другите во селото сѐ уште спиеја со сладок сон, а тој веќе се молеше осамено. Во пет часот започнуваше утрената. Народот брзо го полнеше храмот. И пак службата се служеше по типик. Сепак, за барем малку да се скрати времето, отецот востанови таков поредок: едната катизма на десната певница тој ја читаше на глас, а чтецот истовремено другата ја исчитуваше „во себеси“. Некој може и да се спротивстави на таквиот „формализам“, но не знам колку нам, мрзеливите ни прилега да ги критикуваме ревнителите на типикот. Подобро, да си

помолчиме. Помеѓу богомолците, на истото место од вчера го забележав доведениот болен. Ми изгледаше малку поспокоен од вчера. Во осум часот изутрина, утрената заврши. И сиот народ си отиде по своите домови, да се одмори и да се поткрепи со храна. А о. Василиј сам остануваше во храмот и започнуваше да служи проскомидија, која траеше уште цели три часа. Како што е познато, на проскомидија ги читаме помениците за живи и упокоени. А такви книшки отец Василиј имаше стотици: и тој го сметаше за свој долг да ги спомене имињата на запишаните лица. Веројатно, нему му ги испраќаа или оставаа поклоници од различни земји тие поменици, а да не ги броиме веќе парохијаните од неговото село со текот на годините. На тоа и заминуваа 3 часа. Во 10 часот се разнесуваше благовеста за литургијата, потоа чтецот ги читаше третиот и шестиот час, а отецот цело време вадеше честици во олтарот. Чтецот го прочита – веќе надвор од типик – и деветтиот час; но и тоа беше малку; тој го отвораше Псалтирот и продолжуваше да чита... Така поминуваше уште еден час, и конечно започнуваше литургијата. Не е во ред да не се задржиме и на тој обичај на о. Василиј. Јас сум уверен, дека такви други свештеници речиси и нема. А нема ни што да исчитуваме: никој не ни ги носи, не ни ги www.povardarska-eparhija.org.mk

25


испраќа неговите поменици. Само исклучителни молитвеници се удостојуваат за тоа... После запричасниот стих, тој ми предложи да кажам поука. Таа беше ислушана внимателно, но без посебен впечаток: а и што би можел јас, младич, да им кажам нешто силно, кога пред нивните очи постојано горел ваков светилник?! Не треба да заборавиме, дека народот пое два-три часовна пауза, повторно масовно доаѓа во храмот и поминува тука уште добри два, а некогаш и три часа: заедно со утрената, некаде 5-6 часови. Многу ли има такви парохии во Русија?... А за надвор од неа и да не зборуваме... Веќе наближи еден часот, кога заврши литургијата. Народот си замина. Останаа околу десет души. Меѓу нив и болниот... И започнаа молебните. Отец Василиј служеше еден општ молебен за сите; само на припевите ги спомнуваше тие светители, за кои „закажале“ оние коишто побарале молебен; и уште читаше и многу „Евангелија“, според светителите – Мајката Божја, маченици, светители и др. Потоа, тој ги помазуваше болните со елеј... Нашите сите одамна си заминаа, а јас продолжив да набљудувам. Но и мене ми се смачи: јас исто така си заминав. Не ја дочекав и молитвата на отецот за опасниот болен. Толку сме лесномислени: не ги ценевме нашите исклучителни луѓе во 26

Број 30, година 8, Јули 2014

Русија. А сега такви не може ни да видиш надвор од неа. Конечно, по три саати дојде и отецот. Со радосен изглед, но стабилно, спокојно нè поздрави сите нас; и како обичен семеен човек, седна да јаде (умерено) и да разговара со нас за животни теми: за познаници, за здравје, за семеен живот итн. Неговиот сопствен семеен живот не беше сосема обичен. Јас, секако, не можам ништо да кажам за сокриените за мене страни на неговиот живот, и судам само делумно според некои надворешни признаци. На пример, во сиот дом немаше огледало. Отецот сметаше дека е погрешно да се загледуваме во сопствениот лик. И само после долга борба со неговите ќерки, се постигнало да се одвојува правото да се постави малечко огледалце, пет на четири инчи, во дневната (таа беше и трпезарија). А и таму, место за него се нашло на крајот на „холандската“ печка. Се разбира, се пазеа строги пости, благоговенија. А сега? Но, еве што посебно го одликуваше животот во нивното семејство. Отец Василиј, категорично решил да не ги обучува своите девојки во губерниските школи: ни во гимназии, дури ни во женски епархијални училишта. Тој беше уверен во штетното влијание на тие школи врз невините деца. А тогаш владееше голема мода на виши женски одделенија. И зборот „одделенка“ станал погрдно


име за нечиста и „политичка“ девојка: кратко истрижена коса, распуштени манири, пушење тутун, невоздржлив револуционерен либерализам, безверие и често морална невоздржаност. Ете така изгледаше образот на „одделенките“. И речиси секогаш таквите девојки си заминуваа од влијанието на родителите, тоа исто така се сметаше за знак на самостојност и слобода. Секако, не беа сите такви, но за нив кружеа лоши гласини. И о. Василиј се плашеше за своите девојки. Затоа тој реши да ги учи сам дома... И навистина ги научи, сите беа високо умни и широко образовани девојки. За мое зачудување, тие знаеја повеќе, од редовните гимназијалки и „епархијалки“. Од каде толку се научиле? Зашто, татко им не ги насочувал во знаењето и политичките системи, во економските социјални реформи, во руската литература, и историјата на европската цивилизација? Тајната ни ја открија самите девојки. Кога пораснале до возраст за невести, тие побарале од својот татко да им оддели во огромните тремови, малечка „таванска“ соба, по 4-5 стапки долга и широка. Тука и беше нивната спална и библиотека. И што уште немаше таму! И Толстој, и Достоевски, и „Вонреден факултет“, кој се издаваше во Киев. Ете од каде девојките црпеа знаење. Сето тоа се правело некако тајно од таткото, за да не го огорчат. Но затоа тие останале длабоко верни души,

како и родителите. Во „таванските“ секако имаа огледало, доста поголемо од тоа во дневната. Отецот тука не правеше ревизии, деликатно поштедувајќи ги саканите ќерки. Тука ние младите и го поминувавме времето. Еднаш нам, „богословите“ ни дојде една лесномислена идеја: да се повозиме со девојките во две одделни санки. Отец Василиј имаше два добри коња. Отпрвин ја прашавме попадијата, справедливо надевајќи се дека ќе ја придобиеме побрзо, отколку отецот, зашто тоа не беше нешто често – и ќе се омажат, а младоженците не се лоши... Јас тогаш исто така размислував за женето свештенство... Навистина, попадијата без посебна борба се согласи со нашата замисла. Но, внимателно додаде, дека треба да се праша отецот. Ние тоа го знаевме; но ја замоливме да ни биде соучесник и да ни помогне да го наговориме и него. Веќе беше вечер. Отецот се врати од некаде. Ние дојдовме кај него, и тој не сфаќајќи веднаш, даде согласност. Јас побрзав во кујната. Таму, работникот Алексеј, веќе се спремаше да спие на шкафот. Јас усрдно го брзав да ги спрегне коњите во две санки. Тој, не со голема желба, но покорно почна да слегува од шкафот. Но, во тоа време во кујната влезе и отецот. Веројатно, тој успеа да се посоветува и со својата попадија. Или таа не успеала да ни помогне, или и таа се покажа благоразумна www.povardarska-eparhija.org.mk

27


мајка, но отец Василиј само спокојно ми рече: - И јас ќе дојдам со вас. Но таквата претпоставка ни ги расипуваше сите наши младешки планови, и јас се откажав: - Тогаш, подобро воопшто да не одиме. Тоа беше и грубо, и погрешно. Но, отец Василиј сочувувајќи ја рамнотежата, сосема спокојно ни одговори: -Тогаш што да правиме! Добро. Во спротивно ќе ве видат луѓето на улица сами со девојките и ќе почнат да зборуваат Бог знае што. Сето тоа беше сосема правилно и благоразумно. Алексеј, задоволен од таквиот расплет, се искачи пак на шкафот, а ние со отецот заминавме во собата и решивме порано да отидеме на спиење. Но тој случај ниту во мене, ниту во отецот не ги измени добрите односи. Другиот ден, наутро јас повторно отрчав кај него да добијам радосен благослов, а тој воопшто не се лутеше на нашиот навистина глупав и лош пристап. Девојките, секако потоа не креваа никакви прашања. А и кога разговаравме со нив за нашите замисли, тие само молчејќи се согласуваа со нас... Очигледно, отец Василиј нè разбра сите нас, и како опитен татко, се потруди сè да покрие со тивок мир. Јас раскажав далеку не поучителен случај, за да го покажам животот не во одвлечена, измислена благочестива форма, а 28

Број 30, година 8, Јули 2014

во таква, каква што таа навистина е во нашиве години. Сето тоа е човечно. Но друго семејство би можело да го искористи овој случај, а тука отец Василиј сè разреши христијански мирно и благоразумно. Тоа е уште една од светлите страни на домашниот живот на светиот селски свештеник. Светоста не се одразува само во молитвата, но и во останатите страни од животот. Верниот во малку, и во многу е верен – рече Господ. И обратно – може да се каже. Ќе спомнам уште еден случај од пастирскиот бит на отец Василиј. Во еден од обичните денови, кај него влегоа две монахињи. Можеби, тие дошле по „донација“ за манастир, а можеби тоа беа световни „црнориски“, кои живееја девствено во своите села и носеа црни облеки и шамии. Тие се обратија кај отецот со молба да им каже нешто „ за спасение на душите“. И тој започна да им зборува за смирението. Досега ја запомнив споредбата: класот, наполнет со добро зрно, незабележливо ја наведнува главата долу, а пустиот се топори нагорие: така и суетниот човек. 3 Дел Наскоро се запишав во Академија. Потоа примив монаштво и станав веќе ректор на Семинаријата, во архимандритски чин. Настапи првата војна со Германците.


Истата година се отворија моштите на светиот епископ Тамбовски Питирим. Како воспитаник на таа Семинарија, сметав дека сум должен да присуствувам на тоа велико торжество. Од сета епархија беа повикани најдобрите свештенослужители и благочинни. Меѓу нив, јас го сретнав и отец Василиј. За тие единаесет години, тој значително остарел. Неговиот остар нос станал уште потенок. Изразот на неговото лице, станал уште посериозен. Се поздравивме еден со друг. Но не успеавме и да поразговараме. Три години после тоа, започна револуцијата. Што се случи со тоа свето семејство за тие единаесет години и подоцна – ништо не знам. А сега толку би сакал да знам... Да, малку ги ценевме нашите извонредни луѓе... А некои дури зборуваа лошо за нив: - Ма какви свети?! Знаеме ние... А сега само да ги видиме... Еден од таквите критичари го видов. Тој исто така беше селски свештеник. Но, потоа, веројатно како вдовец, стана студент во

Академијата. На распустот доаѓаше дома. При средбата со мене тој започна лошо и надмено да зборува за о. Василиј. Но со тоа тој предизвика во мојата душа само негативен однос кон него. По опишаните лични средби со светиот батјушка, јас крајно се убедив во душевната расипаност на критиката воопшто. А самиот тој за што се интересираше? Тој започна да ми пропагира мене и други револуционерни и политички идеи, упорно советувајќи ми да прочитам некоја книга од англиски економист за прашањето за реформите на данок на доход. И таа книга тој ја сметаше, безмалку, откровение за светот и спасение од сите зла и беди. Зедов да ја прочитам, но ми се покажа досадна и неважна, и набрзо му ја вратив на „учениот“ богослов. Ако тој доживееше до втората револуција, т.е. , ако проживееше од нашата средба уште 15-20 години, најверојатно ќе се најдеше во редовите на „живата“ или „обновувачка“ црква... Избави нè Боже од такво духовенство.. Нам ни се потребни отци како Василиј, Алексеј...

Превод од руски јазик: Златко Дивјаковски, дипл. Теолог Изворник: Митрополит Вениамин (Федченков), Божии люди, Отчий дом, Москва, 2013

www.povardarska-eparhija.org.mk

29


За пастирското служење Свети Григориј Двоеслов

Втор дел За тоа, каков треба да биде животот на пастирот, кој достојно пристапува кон пастирското служење. Глава 1 За тоа како треба да се однесуваат тие кои законски го достигнале пастирското служење, во однос на управувањето во тој призив Пастирите, а особено пастироначалниците, како претстојатели и претставници на своите паства во Црквата Божја, со својот живот треба да ги надминуваат своите чеда, во таа мера колку што пастирскиот призив го надминува призивот на верниците. Затоа, тие се должни внимателно да ги измерат и претстават сите обврски на пастирското служење, кои се полагаат на нив во однос кон верниците, кои во односот кон нив (свештениците) се нарекуваат стадо. На секој духовен пастир, како на раководител на словесното Христово стадо, му принадлежи да биде чист во своите помисли и да служи како најдобар пример со своите дејства; да биде разбирлив и во молчење и во дела; на него лежи долгот да сочувствува во сечие страдање повеќе отколку другите, и повеќе од сите да се задлабочува во осамено созерцание; да биде нежен и благ во обраќањето кон луѓето со добар карактер и да биде цврст ревнител пред порочните луѓе; да не ги заборави внатрешните потреби на паствата поради секојдневните дела, а и обратно: да не ги заборави секојдневните дела поради грижата за внатрешните и сл. Но, за тоа што ние само го набројавме, лесно допирајќи се до темите, треба подлабоко да размислиме. 30

Број 30, година 8, Јули 2014


Глава 2 Духовниот пастир, како раководител на својата паства, треба да биде чист во своите помисли Пастирот, кој управува со Христовото духовно стадо, е обврзан секогаш да биде чист, дури и во своите мисли. Зашто никаква гревовна нечистотија не смее да го осквернува оној, кој примил на себе обврска да ги очистува и лекува душите на битијата нему подобни, исто така, како што и раката со која се мијат телесните нечистотии, треба самата да е чиста, за од нејзината нечистотија уште повеќе да не се оскверни оној кој се мие. Затоа Господ говори преку пророкот: „Очистете се, вие што ги носите садовите Господови!“ (Иса. 52, 11). Садовите Господови ги носат тие, кои човечките души ги примаат на своја одговорност и се должни да ги претстават нив во вечното светилиште. Затоа тие кои на своја одговорност во храмот на вечноста (вечниот храм) носат на себе живи садови, нека размислат, каква чистота се бара од нив самите. Затоа и на Арон преку Мојсеј му било заповедано од Бога, за време на свештенодејството (богослужението) да носи на градите „градник судиски“ и „Арон секогаш ќе го носи над градите свои судот на синовите Израилеви пред Господа“ (Исх. 28, 15, 30), за сведоштво на тоа, дека душата на свештенослужителот никогаш не треба да биде зафатена од суетни помисли, но должна е да биде престол на словото и разумот, и дека поставениот како пример за другите, според самата своја положба, секогаш и пред сите треба да изјавува колку се разумни и возвишени неговите внатрешни помисли и чувства. И затоа, не без причина, кон тоа бил присоединет и списокот на имињата на дванаесетте патријарси; секогаш носејќи ги на градите имињата на татковците, значи непрестајно да се размислува за животот на претците. Затоа свештеникот само тогаш може без сопнување да го помине своето служење, кога непрестајно пред своите очи ќе ги има примерите на претходните патријарси, кога постојано ќе гледа на нивното благочестие, следејќи ги нивните стапки, и на таков начин угушувајќи ги во себе греховните помисли, да не ги наруши своите обврски и да не престапи ниту еден чекор по границата, која го одделува неговиот призив од другите. Не попусто тоа „слово“ е наречено „судско“; затоа што пастирот, како раководител на својата паства, должен е да биде толку расудлив, колку и умен, за да може секогаш да поставува разлика меѓу доброто и злото, внимателно да www.povardarska-eparhija.org.mk

31


расудува, што, зошто, кога и во каква мера е прилично или неприлично „не да ја бара својата полза“ (1.Кор, 10, 24; Фил. 2, 21), а повеќе да се грижи за доброто на ближните. Затоа таму се додадени и следните зборови: „А во наградникот судиски стави ги Урим (совршенство) и Тумим (вистина); и тие ќе бидат на градите Аронови, кога влегува пред Господа; а Арон секогаш ќе го носи над градите свои судот на синовите Израилеви пред Господа“ (Исх. 25, 30). Со постојаното носење на своите гради на судот на синовите човечки се изразува тоа дека пастирите, а уште повеќе началниците на пастирите, како свештенослужители кон кои се однесуваат овие зборови, должни се да ги разрешуваат делата на потчинетите не поинаку, освен во вид на внатрешен свој судија, и на тој начин, кон тие пресуди кои тие ги изговараат од лицето на Бога, да не се вмешува ништо човечко, поради некоја лична пристрасност. Ревнувајќи против туѓите пророци тие се должни да не ги забораваат и своите; исто така, тие се должни да бидат строги и кон себе, како и кон другите: инаку, или безодговорната омраза или непромислениот гнев можат во нив да ја поткопаат спокојноста и таа исправност, која е многу неопходна за судијата. Тие нека се исполнуваат со страв кон Оној Врховен Судија, Кој е повисоко од сè и сè гледа, постојано нека го следат својот внатрешен судија, кој во нас е жив одглас на Оној Судија; тогаш со трепет ќе управуваат со потчинетите: зашто тој страв така ќе ги смири и очисти нив, што тие веќе нема да бидат надмени, ни да го осквернуваат телото, ни да се помрачуваат со пристрастност за придобивање на распадливи богатства кои брзо поминуваат. Се разбира, слични слабости не можат да не се прилепуваат кон нивната душа; но тие се должни во тој момент да ги победуваат тие искушенија со непрестајна борба, за порокот кој ги искушува, засладувајќи ги на минута со своите магиски убавини, потоа да не восторжествува над нив и на крај, да не ги убие.

Превод од руски јазик: Александар Ѓорѓиевски, студент на Теологија Изворник: Свт. Григорій Двоесловъ († 604 г.), Правило пастырское или о пастырскомъ служеніи, Кіевъ 1872.

32

Број 30, година 8, Јули 2014


www.povardarska-eparhija.org.mk

33


Фанатизам и фуНдаментализам Митрополит Атанасиј Лимасолски

С

тарец Пајсиј вели дека сатаната толку многу ги има заплеткано работите што сега и тој не може да ги отплетка. Знаете, често можеме да слушнеме за себе определувајќи нѐ како „фанатик“, особено мене често ми се случува, а и да ме наречат фундаменталист. Навистина, убаво е да слушаме тоа што другите го зборуваат за нас. Критиките се пополезни од позитивните. Кога зборуваат негативно за нас, имаме вистинска полза. Пофалбите обично ни штетат. Да размислиме на прашањето дали еден православен христијанин може да биде фанатик и фундаменталист, како и зошто во нашата врска со Бог се појавува таа опасност - да нѐ окарактеризираат како фанатици, кога може да сме фанатици, а кога не, и дали воопшто можеме во нешто да бидеме фанатици. Во принцип „φανατικος“ (фанатичен), а не „θανατικος“ (смртоносен), како што велат простодушните баби, е човек кој непроменливо следи некоја своја идеја, свое верување, без да прифаќа да го разгледува. Тој толку е приврзан кон својата идеја што не ја дискутира, не ја става под сомнение, не ја испитува, туку строго ја следи. Што и да му кажеш, нема да го убедиш. А фундаменталист е фанатичен човек, во кој има ризичен елемент, односно, тој не е фанатичен во однос на тоа во што верува, туку е и опасен. Опасен е ако му ја ставиш во сомнеж неговата вера или се обидеш да му наметнеш свое верување. Во него има верска нетрпеливост. Може ли христијанинот да биде таков? Тоа е само 34

Број 30, година 8, Јули 2014


едно прашање. Возможно ли е еден човек, којшто се родил во Црквата и го следи раководството и патот на Црквата, да стане фундаменталист и фанатик? Тука, чеда, човек дури малку да има познавање за духовниот живот на Црквата, може да разбере, колку неспоредливо е тоа со Православната Црква, која целата се крепи врз слободата на човекот. Во принцип Евангелието отфрла секаква можност за фанатизам во човекот кој живее евангелски. Затоа што Евангелието, целото Писмо, Црковното предание и Божјото Откровение се основаа врз неколку темелни вистини. Човекот пред сѐ е создаден според образот Божји, а еден од основните белези на Бог е самовластието. Бог е слободен, Тој има самовластие. Човекот како Негов образ е слободен. Само Бог ја почитува слободата на човекот, макар тој и да ја користи неправилно. Човекот примил таква слобода од Бог, што може да го стави под сомнение и Самиот Бог. Тој може да му рече: „Види, не сакам да имам ништо со Тебе. Не Ти верувам, не Те прифаќам. Не сакам никаква врска со Тебе. Не те сакам“, итн. тоа е елемент од слободата на човекот. Тоа е трагичен елемент. Затоа што многу злодела се должат на злоупотребата на слободата. Самиот Бог не му ја зема слободата на човекот, затоа што Тој му ја дал како дар, како харизма. Човекот е слободен по благодат, а Божјите дарови се неотуѓиви. Бог не ги зема назад. Тој не ги зема како оние, коишто кога ќе се скараат, си ги враќаат подароците што претходно ги подариле.

www.povardarska-eparhija.org.mk

35


Прашањето за слободата е темелно. Во Писмото го гледаме истиот однос на Бог кон човекот. Бог никогаш не ја зема човечката слобода, ниту се меша во неа. Самиот Христос во Евангелието ја крепи Својата врска со нас врз нашата слобода. Тој вели: „кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека врви по Мене“ (Марко 8,34). Тој призив не може да создава фанатици. Кога не можам да ги принудам другите со сила да го примат Евангелието, кое се крепи врз слободен избор на човекот, од каде можат да се родат фанатизмот и фундаментализмот? Да, Коранот има друга философија. Во него се вели дека треба да ја налагаш верата на друг човек дури и преку насилство. Другиот е должен да ја прими таа вера. Евангелието не може да дејствува со насилство. Не треба да си мислиме дека може да постои држава во која законите на државата се законите на Евангелието. Сѐ ќе се сруши во миг. Затоа што не може да се наложува евангелскиот закон преку моќта на дражавата. Не можеш да му наложиш на човек да го сака својот брат. Не можеш да му наложиш да не лаже, да се моли, да го прави она, за кое се зборува во Евангелието. Да, државните закони можат да наложат казна за крадецот, лажливецот итн. Затоа Христос рекол да се разбере, дека Неговото Царство не е од овој свет. Затоа Црквата никогаш не се стремела да стане држава. Дури и во најдобрите денови на Византиската Империја, Црквата никогаш не сакала да ја придобие земната власт, да има теократија во таа негативна смисла. Обратно од римокатолиците, кои создале своја држава и имаат земна власт и сила, Православната Црква никогаш не сакала да биде слична со било која човечка власт, ниту да се наметнува. Самиот св. ап. Павле вели: „Кон слободата сте повикани“ (Гал. 5,13). Не можам да ве принудам да го правите тоа што ви го велам. Ако сакам го правам, ако не сакам - не го правам. Независно дали јас самиот сакам или се потчинувам на Евангелскиот закон - тоа е друго прашање, тоа е нешто, кое јас го правам доброволно. Но немам право да им велам на другите: „Види, Евангелието вели вака, и така си должен да правиш“. За разлика од дражавните закони, кои ги налагаме. Велиме: „Видете, господине, законодавството вели вака и вака и должен сте да го исполнувате. Ако го нарушите ќе понесете соодветна казна“. Со Евангелието не може да се случи истото. Насекаде кај Светите Отци го откриваме тој дух на слободата и тоа како многу суштествен елемент во целиот духовен пат на човекот. Од почетокот Светите Отци нѐ учат да ги истражиме различните случувања од духовниот живот. Тие ни велат: „Види, пребрзо и на готово не примаме ништо - дури ни Бога. Не можеме да го примиме сервирано. Што зар сме глупави? И ќе примиме еден Бог, Кој не можам да го истражам? Да го проучам? Кој е тој, кој ќе ми докаже, 36

Број 30, година 8, Јули 2014


дека Тој Бог е суштествен? Дека Тој е вистински? Кој може да ми докаже, дека сѐ што е кажано од Христос е вистина? И како јас можам да се посветам на едно учење кое е недокажливо? Евангелието вели - прави ги тие нешта и ако умреш ќе отидеш во рајот. И, каков е доказот? А, ако не отидам? Да се вратам назад и да речам: „извини, отидов, немаше ништо, се вратив, да си продолжам со животот“. Нема такво нешто. Си заминал од тој живот и си завршил. Не може да се вратиш назад. Што се случува? Зарем правам работи кои ќе ги видам по смртта? Верата да не е метафизичка појава? Зарем Евангелието нѐ учи да веруваме, и да не испитуваме и да чекаме да умреме, за да видиме дали е вистина она во кое верувавме? Се разбира, деца, дека ако беше така, само наивни луѓе ќе веруваа и ќе го следеа Христијанството. Безумство е да следиш нешто кое не може да ти даде докази за никаква вистинитост. Мислам дека сите ние кога веруваме во нешто сакаме да видиме нешто реално. Некаков доказ. Самата Црква те насочува и ти вели: „Види, должен си да истражуваш!“ - кога ти го покажува начинот и инструментите, со кои ќе го направиш тоа за да се увериш. Нешто повеќе – тоа е еден вид на предупредување на човекот, кој поради мрзливоста не сака да се грижи и да го испитува она во кое верува. Во Новиот Завет категорично се вели: „Испитувајте ги Писмата“ (Јован 5,39). Испитувај го Божјото слово, испитувај сѐ за што се зборува во Евангелието. Самиот Христос ни го вели тоа и ни го посочил начинот на кој да го правиме. „Чистите по срце ќе го видат Бога“ (Мат.5,8). Со тоа директно ни покажува како човек ќе Го види Бога - со чистотата на срцето, преку тој орган - срцето, а резултатот е гледање на Бога. Тоа се случува не по смртта, туку во овој живот. Тешко тебе ако чекаш да умреш за да Го видиш Бога. Тогаш ќе е многу доцна. Затоа што не знаеме што ќе видиш тогаш. Должен си да Го видиш Бог како светлина уште во овој живот. Отците на Црквата ни ја дале оваа заповед: опитот од богопознанието не е метафизичка појава, туку состојба која започнала во овој живот и се распространува во вечноста. Следствено Црквата самата од себе нѐ поттикнува кон испитување, бидејќи не треба да примаме претходно недокажани теории. Исто така Отците на Црквата ни посочиле една основна постапка како да ги разликуваме јавувањата, со кои се сретнуваме. Јавувањата кои можат да бидат извонредно духовни и да имаат доволно елементи во своја полза, се автентични. Отците велат дека основен принцип на православниот човек е следниот: Не примај ништо, не отфрлај ништо, а секогаш испитувај сѐ и држи се за доброто. Кога велат испитувај, тие не мислат да го пробаш, да го вкусиш, туку да го испиташ. Не примај веднаш ништо претходно, ништо, дури ни Евангелието, но не го ни отфрлај. Испитај го! Тоа е православната www.povardarska-eparhija.org.mk

37


позиција кон секое едно јавување, случување и учење. Човекот којшто на тој начин се однесува кон случувањата, не може да биде фанатик. Кога дејствува на тој начин тој е благорасположен да слушне сѐ што и да е. Да го слушне, проучи, испита, да не го прима, да не го отфрла, дури не стане кристално јасно. Ќе ви дадам неколку слаткоречиви примери. Кога св. ап. Павле отишол во Дамаск, за да ги фати христијаните, тој бил фанатички Евреин. Тој не го ставил под сомнеж тоа што го правел. Категорично верувал дека Божјо дело е тоа што ќе отиде, ќе ги фати христијаните, ќе ги врзе и ќе ги прати во затвор. Не се сомневал во тоа. Тој бил приврзан кон таа идеја. По патот му се јавил Христос, тој ослепел, а потоа исцелен од Ананиј, се крстил и бил одведен од Бога во Арапската пустина, каде бил посветен од самиот Христос во тајните на Царството Небесно и Евангелието. Тој вели не од луѓе го примил Евангелието, туку од Бога го научил. Замислете само во каква духовна состојба пребивал, за да биде научен на сѐ од самиот Христос директно. И покрај тоа, и покрај Христовото јавување, и покрај чудата, кои се случиле од неговите раце и Бог видливо бил со него, тој не се доверил само на сопствената проценка, туку отишол во Ерусалим и се сретнал со св. ап. Петар, за да му ги раскаже сите тие работи кoи ги видел, научил и понел, за да види дали сето тоа е така и да не се труди попусто. Да велиш, верувам во тоа што го кажува Евангелието, и тоа е вистина, да. Го сметам Евангелието за точно и вистинско, а не тоа кое јас го зборувам е правилно. Тоа е критериум за духовност на секој човек - кога тој поставува ред на прашања за сѐ што кажува, верува и поддржува. Ќе ви ги илустрирам горните зборови со еден обичен пример од животот на св. Симеон Столпник. Тој се качил на еден столб. Луѓето што го виделе се запрашале: „Што прави тој?“ Другите старци -подвижници од областа исто така за првпат виделе такво нешто. Видете, и тие биле православни, но не рекле: „Тоа е грешка. Никој не го правел тоа порано“. Не. Тие не го примиле, но не го ни отфрлиле. Не рекле: „Доведете го тука!“ Но решиле да испитаат дали тоа е од Бога или од демоните. Како ли? Се молат на Бога, за да им покаже дали тоа е Негово просветлување или нешто друго? Не. Со обична постапка. Тие си рекле: „Ќе отидеме под столбот, ќе го навредиме многу и ќе му речеме: Слези долу, опрелестен! Кој ти рече да се качиш таму? Симни се долу! Остави ги лудостите...!“ Ако започне да се кара и вика: „Нема да се симнам, тука сум заради Христос, нема да слушам никој од вас, никој од вас ништо не разбира“, - тогаш, дајте јаже да го врземе, значи паднал во прелест. Ако слезе и се смири значи има Божји Дух во себе. Така и направиле. Преподобниот одговорил: „Простете, мислев дека тоа што го правам е израз на љубов кон Бога, подвиг, но како што сакате вие, веднаш ќе слезам“. Тој слегол долу. Веднаш штом слегол, тие му рекле да се 38

Број 30, година 8, Јули 2014


врати и да остане таму со зборовите: „Сега разбираме дека си од Бога“. Гледате, критериумот, не на фанатик, туку на православниот човек е ништо да не прима или отфрла од претпоставки, а сѐ да истражува преку правилна постапка. Има многу примери. Дури и светителите со своите искуства, на Бога Му поставувале прашања. Тоа биле прашања на човечката природа. Старецот Ефрем од Катунакија, тој голем старец, кој достигнал таква добродетел и светост - дарови од Бога, не правел ништо без да прими известување директно од Бога. За да го направи најмалото нешто во животот, тој требало да има известување од Бога. Тогаш тој велел: „Човек сум, не знам дали правилно се движам. Може и да грешам“. Се сеќавам еднаш кога тој, бидејќи на поодмината возраст, ја преживеа смртта. Бог го допушти тоа и тој имаше големо искуство со смртта. Јас присуствував таму. Тој велеше: „Ја видов смртта, смртта ми се приближи. Бев известен од Бога со случувањето со смртта, за тоа што се случува, кога човек умира и како човек ја преживува смртта и паднав во голема тага за својот живот“. Јас му реков: „Добро, отче, од смртта ли се уплаши? 70 години си во Катунакија, во пустината 42 години послушник на еден цврст, вреден старец, со толку искуство од Бога и се уплаши од смртта? Нели си сигурен дека некако ќе се спасиш, ќе влезеш во Царството Божјо?“ Тој ми одговори: „Види, чедо мое, во животот го направив тоа што можев, но не знам, човек сум. Се чудам, тоа што го направив, правилно ли е? Дали Му беше угодно на Бога? Направив како што можев, www.povardarska-eparhija.org.mk

39


но Бог знае дали е така или не“. Затоа вистинскиот духовен човек не може да биде фанатичен во своите расудувања. Духовниот живот по својата природа е основан врз смирението, себеодрекувањето и отфрлањето на сопственото мислење. Тогаш и во самиот себеси оставаш едно празно поле за кое велиш: „Остави го тоа, не знаеме што се случува“. Отците нѐ учат, дека во духовниот живот сме должни да прашуваме, да имаме духовен отец, да прашуваме друг човек. Има убав расказ за еден подвижник, кој сакал да прими одговор од Бог за едно свое недоумие од Светото Писмо. Тогаш луѓето имале други мерки. Кога тие богоносни отци имале некакво прашање, ја поседувале смелоста и силата на благодатта да бараат одговор директно од Бога. Тие не правеле како ние денес: да отвораме разни реченици или да бараме на интернет, а го прашувале директно авторот. Таков бил авва Амун, кој кога, на пример, имал недоумица од книгата Битие, го молел Бога да му го испрати Мојсеј и да му го разјасни конкретното место. Бог му го праќа Мојсеј и тој му ја објаснувал силата на зборовите. Таква сила имале Отците. Тој подвижник се помолил на Бог да му објасни една недоумица. Се молел, се молел но ништо. Чудна работа. Тој знаел дека Бог одговара, а не молчи. Поминале две-три седмици - пост бдение, ништо. Тој си рекол, има нешто, штом не примам одговор од Бога. Решил да отиде да го праша соседот. Тргнал, излегол надвор, ја затворил вратата и штом го ставил клучот во џебот, во тој час Бог му дал одговор, тој си рекол: „Добро. Три седмици молитва и пост, зошто Боже не ми одговори?“ „Затоа што сега 40

Број 30, година 8, Јули 2014


се смири да прашаш друг човек“. Толку време мислел дека самиот ќе добие одговор, а тогаш Бог не одговарал. Бог не му помага на горделивиот човек. Не само што не му помага, туку и му се спротивставува. Тој застанува пред него како препрека. Според тоа, ако Бог се противи на гордите и ако смирението е основа на духовниот живот во Христос, како може во Црквата, која за основа го има смирението, себеукорувањето, недовербата кон себеси, да се роди човек фанатик? И фундаменталист? Тоа не е возможно. Затоа во Црквата никогаш не сме имале такви слични појави. Никогаш. Ако го прочитате Старечникот, ќе видите неверојатна појава на слобода. Некој човек отишол при еден старец и му рекол, дека ќе остане при него како искушеник. Тој одговорил: „Како сакаш“. Поминале денови, месеци но тој не му кажал што да работи. „Дојдов тука да ме научиш. Нема ли барем еднаш да ми кажеш што да работам?“ Тој му рекол: „Чедо, ако сакаш да станеш подвижник, прави го она, кое го гледаш, што ќе го правам и јас. Не очекувај од мене да ти наредувам. Не се мешам во твојата слобода“. Всушност чувствуваме таков комфор во присуство на свет човек, дури до таму, што тие свети луѓе понекогаш стигнувале до граница на индиферентност во позитивна смисла на зборот - да го оставиш другиот во пространството на слободата. И ако ти дозволи да му кажеш нешто - кажи му, но не ја повредувај совеста на човекот. Никогаш не ја присилувај совеста на друг. Еднаш авва Макариј Египетски тргнал на пат, неговите ученици оделе напред. По патот се сретнале со јазичнички жрец. Веднаш штом го виделе, учениците му рекле: „Каде одиш, робу на сатаната?“ Тој се разгневил и ги изнатепал. После тоа го сретнал авва Макриј. Ава Макариј го поздравил: „Каде одиш, човеку Божји?“ Тој му одговорил: „Ти христијанин ли си?“ „Да“. „И ме поздравуваш така?“ „Да“. „Добро, тие кои одат напред, твои ученици ли се?“ „Да“. „Вака и вака се случи“. Тој ги изнатепал затоа што ја нарушле неговата слобода. Додека вистински зрелиот во Христа човек не прави ни најмала соблазна. Ништо. Тој погледнал на него со љубов и благост. Со љубов и благост тој го победил јазичничкиот жрец, кој му рекол за да зборува така треба да е Божји човек, и дека и тој сака да стане монах. Црквата не принудува и не присилува човек да се крсти и да стане христијанин. Таа единствено го www.povardarska-eparhija.org.mk

41


принудува да стане огласен. Во историјата на Црквата во првите векови имало огласени, како што и денес се случува во некои земји, кога луѓето од друга вера примаат христијанство. Гледате дека Црквата располага со катихизација, која продолжува во текот на една, две или три години, бидејќи Крштението не се извршувало лесно. Огласениот требало да покаже дека не го прима просто црковното учење. Не е доволно човек да каже едноставно „Верувам во тие работи“. Тој треба со животот да покаже дека не само што го прима црковното учење, но и го применува на дело. Ако Црквата сакаше да има следбеници и фанатично да лови луѓе, таа требаше да ги тера сите да се крштеваат насила, да станат христијани, а после тоа да прават како сакаат. Уште нешто. Во начинот на кој Му служиме на Бога, во Светата Литургија, строго гледано не е дозволено да коленичиме. Сега тој обичај се наметнал и верниците коленичат за време на осветувањето на Чесните Дарови (за време на „Тебје поем“). Преданието на Црквата не е такво. Отците велат дека го принесуваме нашето служење на Бога кога стоиме исправени, без да коленичиме, без да се наведнуваме. Не се наведнуваме до земјата. Еднаш, двапати се вели „да ги приклониме нашите глави пред Господа“, просто за благословување на народот. Никогаш не ги осветуваме Чесните Дарови коленичејќи. Додека, на пример, исламот ги принудува своите следбеници да се молат на колена. Кога бев во Турција, нашиот пријател, сосед, сојузник, отидов во Истанбул. Во недела, кога беше Бајрам немаше такси во градот. Како ќе отидам во црква сега? Отидов во хотелот и собарката на турски ми вели: „Такси- јок!“ Такси-јок, ама како ќе отидам во црква? Ајде пешки. Од местото каде што бев сместен, до Патријаршијата беше околу еден час одење. Го облеков расото и ајде на пат. Ми помина низ умот, минувајќи покрај „Света Софија“, да разгледам една голема џамија - Сината џамија, која собира 30.000-40.000 души. Точно тогаш имаше молитва. Народ, народ, - си реков, - ќе отидам и јас да видам што има внатре. Од една страна, - си велам, - чекај стој си мирно ќе те види некој, ќе те препознае дека си свештеник, ќе те претепаат тие, но од друга страна сакав да отидам и да видам. Отидов, се качив на еден балкон и што да ви кажам! Се ужаснав! Толку многу луѓе долу, како мравки, од високо ги видов. Близу 10-15.000 души во ред. Оџата излезе и започна да кажува молитва, а сите долу со очите. Си велам: „Пресвета Богородице, Христе!“ Тоа е исламот. Апсолутно потчинување. Не можеш главата да ја подигнеш. Не треба да ја креваш главата. Ако ја подигнеш главата, ќе ти ја отсечат. Не може да ја креваш главата. Самиот збор „ислам“ означува потчинување. Каде е Христовата Црква, која вели „стоејќи да ги принесуваме нашите молитви“. Право ќе стоиш пред 42

Број 30, година 8, Јули 2014


Бога. Ќе ми речеш, зарем ние не коленичиме? Да. Сите ние, во куќа, во собата, во домот - тоа е нешто друго. Кога во Црквата ја принесуваме Евхаристијата (благодарење) - нашето првенствено служење на Бога, Отците рекле, ние не коленичиме. Стоиме право, исправени стоиме пред Бога. Затоа што токму така се покажува лицето, личноста на човекот, слободата на човекот, која го тера всушност да стои во тоа место, во кое Бог го создал. Не е можно во една здрава, православна духовност да се појави заболувањето, наречено фанатизам. Сега ќе ми приговориш: добро, ако бидеме такви како што велиш, значи дека сме негрижливи? Сакаш да велиме, дека сите се прави? Не. Мачениците исто биле непопустливи, како и светителите. Не во сопствените расудувања, туку во верата, во Евангелските зборови. Тие не го наложувале тоа на другите. Тие велеле: „Јас не се одрекувам од Христос!“, но не ти наложувале да Му се поклониш. Никогаш. Дури во еден канон се вели дека ако некој христијанин има роб или робинка кои се јазичници и сакаат да станат христијани, тие треба да бидат прашани да не се принудени од господарот да станат христијани. Односно, дали слободно и доброволно сакаат и бараат Крштевање. Тие треба да бидат распрашани. Со други зборови, за себеси имам право да верувам како сакам и да не отстапам од него, дури и да умрам. Евангелието го бара тоа. Христос вели, дека не може да се одрекуваме од него пред луѓето, но никогаш не рекол да ја наложуваме нашата вера на друг. Во тоа се состои разликата помеѓу човекот верник, верникот во Христа, и фанатикот - следбеник на некоја религија, која се обидува да ја наложи својата вера на еден или друг начин со пари, со ласкање, со насилство, додека Евангелието не го применува тоа. Ти можеш да веруваш во што сакаш, но не и да убиеш човек за тоа, во кое веруваш....

Превод од бугарски јазик: Свештеник Игор Пармачки

www.povardarska-eparhija.org.mk

43


КОГО МОЖЕМЕ ДА ГО НАРЕЧЕМЕ БОГОСЛОВ? Митрополит Павле (Јазиги)

(Авторот е еден од двајцата киднапирани епископи на 22. 04. 2013 год. од страна на исламистите во Сирија)

Б

и сакал, како одговор на ова провокативно и тешко прашање, да ви ја раскажам следната приказна. Тројца ученици од солунската Боголовија ја посетиле Света Гора, сакајќи да сретнат некој монах. Посакувајќи им добредојде, еден монах ги запрашал: „Кои сте вие?“ Тие одговориле: „Ние сме богослови“. Вчудовиден монахот повторно ги запрашал: „Знам дека во Црквата постојат тројца богослови. Сега ги има шест?“ Започнувајќи го нашето излагање со оваа приказна, се прашуваме кои се богослови? Каква е нивната улога денес? Поради што тие ѝ се потребни на Црквата воопшто? Првобитното значење на зборот теологија (θεολογία) подразбира говорење за Бога. Постојат два вида на тој говор. Првиот е надворешниот, кој опфаќа сѐ што може да се искаже со зборови. Другиот е внатрешниот говор, односно човечкото внатрешно искуство. Значи, богословието ни овозможува богопознание на два начина. Првиот е собирање на знаење, а другиот е, кој е цел на првиот, лично искуство со божествената сила и благодат. Всушност тоа претставува совршено спознание на божествената вистина. Зборот теологија се користел уште во предхристијанскиот период. За Платон, со теологија се означувало секое знаење кое давало јасна слика за Бога во Неговиот голем град. Според неговото мислење, овој термин најмногу се употребувал во философијата, но дури и некои писатели, како Хомер, се нарекувале богослови, бидејќи пишувале песни за Бога. 44

Број 30, година 8, Јули 2014


Добро е познато дека до периодот на појавата на големите апологети на христијанската вера, Црквата прилично воздржано и внимателно ги користела зборовите „теологија“ и „философија“. За свети Јустин Философ и Атинагора, овој збор главно имал посебно значење само во контекст на христијанската вера. Подоцна, со појавата на александријците, двата наведени збора во христијанството многу повеќе се користеле. Значи, зборот „теологија“ не е ограничен со извесна научна методологија на богопознавање, иако некогаш бил. Теологијата, меѓутоа, има многу пошироко значење. Може да се дефинира како начин за приоѓање и соединување со Бога. Поради тоа многу Свети Отци теологијата ја одредуваат како духовен опит (искуство). На пример, тоа нас нѐ потсетува на свети Григориј Нисиски кој рекол дека „богословот е човек на молитвата“. Свети Евагриј Понтиски го дефинира христијанството како „учење и вера во нашиот Господ Исус Христос, поделено во три дела. Прв е делатниот дел, втор природниот, а трет богословскиот“. Под делатен, тој подразбира аскеза која ја очистува душата, под природен, начинот на очистување на умот, а под богословски, вистинското знаење или вистина. Со други зборови, делатниот дел се однесува на етичкиот живот, природниот на научното, верското и методолошкото знаење, а богословскиот на внатрешното духовно искуство. Единственоста и големината на богословието лежи во тоа дека, тоа е единствената опитна наука за несоздаденото Битие и несоздадената благодат. Тоа е наука која го испитува она што самото создание не може. Според тоа, тајната на богословскиот опит и вистинското богословско знаење втемелена е на тајната на божествената благодат, бидејќи богословието се развива токму како резултат на заедницата помеѓу мене (човекот) и Него (Бог). Тропарот на преподобните јасно говори за божествената наука и созерцание: „...со пост, бдение и молитва прими небесни дарови“. Ова е делатниот, аскетски пат за здобивање на благодатта, која му овозможува на човека да Го види, да Го спознае, и созерцува Бога, како што се вели: „со своето богоугодно делање, го созерцуваше Бога (теорија)...“ Под пост не се подразбира само надворешно лишување и одрекување од храна, туку првенствено подвиг на очистување на телото и негово преобразување во сад на Светиот Дух. Бденијата водат кон созерцување на Словото Божјо и кон собирање на умот. Конечно, смислата на молитвата е во срцето да разбуди копнеж за Бога. Ако е тоа „теологија“, што треба ние „богословите“ да бидеме тогаш? Ако кажеме дека теологијата е само обид за соединување со Бога, тогаш www.povardarska-eparhija.org.mk

45


богослов е оној кој е соединет со Него или некој кој е опитен во таквата наука. Кога говориме за соединување со Бога, всушност мислиме на обожување, што е и целта на човечкиот живот. Обожувањето е природен резултат и плод на делањето на човекот, создаден според подобието Божјо. Обожувањето е негов копнеж секогаш да биде подобен на Бога. По падот и по човечкиот неуспех да се насочи кон Бога, Самиот Бог се упати кон човекот, односно наместо Адамовото обожување, се случи Христовото воплотување. Богочовекот Христос не е само пример, туку и почеток. Неговиот живот, воскресението, вознесението, итн., не се само Негови лични дела, туку дела кои објавуваат нов свет и создание. Богочовекот Христос ја прави Црквата „небо“ на светот или нов свет. Па, кој е тогаш богослов? Тој е свештеник кој го преобразува светот во Црква. Со други зборови, тој е уметник на уметноста за охристовување на светот. Богословот е мудрец кој создава христијани Божји. Богослови се луѓето кои достојно го прославуваат воплотувањето на Христа, Синот Божји. Тоа значи сведочење за Бога во светот кој понекогаш се сеќава на Бога, а понекогаш Го заборава. Богословот не е учител на верата, иако поучува други. Пример на идеалниот богослов му е Пресвета Богородица, а по Неа светителите. Светиот Дамаскин беше божествена лира на Светиот Дух, која во човекот го воплотуваше Словото Божјо, поттикнувајќи го во нашиот свет да живее како христијанин. Како богослови, треба да ја извршиме оваа возвишена задача во светот кој го изопачува човекот, одвраќајќи го од Бога, а не охристовувајќи го. Можеби предок на човекот е мајмун, а можеби и не е. Тоа не менува ништо. За нас е важно дека смислата на човекот не е да стане мајмун. Минатото го оставаме на науката. На нас е да се трудиме за иднината. Иако таа одговорност е голема, постојано се сеќаваме на зборовите на нашиот Пастир: Не плаши се, мало Мое стадо. Во тоа име утре ќе го изнесеме Светиот Путир, како несогорлива капина. Во тоа име ќе стоиме и ќе се молиме пред Светиот Жртвеник, соочени со божествена светлост и слава, облечени во кротост, надевајќи се дека благодатта ќе дојде и ќе нѐ обвие. Ние сме пријатели на ангелите и на сите небесни воинства. Ние сме служители во храмот, читатели на Книгата и книгите, приврзаници на божествените мелодии, баратели на вистинско знаење и внимателни слушатели на Словото Божјо. 46

Број 30, година 8, Јули 2014


Невнимателноста на богословот пред вистината се смета за големо непријателство кон овој повик за пријателство со Бога и кон евангелската проповед. Рамнодушноста значи расипување; двоумењето – голема загуба, приврзаноста кон светските работи – идолослужење, а нечувствителноста за овој повик – тивко самоубиство. За носење на оваа одговорност, неопходна е духовна борба со бдение, пост и молитва, и тоа низ напорна работа и богокопнеење. Тоа е начинот за здобивање на божествена благодат и божествена мана која нѐ обожува и преобразува. За крај, задача на богословот е „преобразувањето“, подражавање на Богочовекот, благодатното обожување. Богослови, секој миг да повикуваме кон Христа и кон благодатта која ни помага. Да чукаме, а Оној Кој стои зад вратата ќе ни отвори. Богословот е втор Крстител и Претеча Христов, кој е светлост и утринска ѕвезда на секоја човечка душа. Всушност, богословот е огледало на божествената светлост. Ако тој не ја прими таа светлост, не ќе може ни да ја има во себе. Богослов е оној кој од зборовите и од листовите на книгите ја пие водата која ја испи Самарјанката, така што реки со жива вода течат од него до неговите браќа и сестри во Христа. Богословот е син на храмот и на вечното богослужење. Во своите славословија, тој станува дел од вечната Литургија во која почива Самиот Бог. Богословот е роден во осмиот ден. Тој не сака да побегне од овој живот, туку копнее во ова земско време да го открие времето на Царството Небесно. „Ова е време на ревност кон Бога“. Овој благословен стих има уште еден облик: „Ова е време на Божјо делање“ во нас и преку нас. Ова е време на борба. Ова е благословено време. Благословен е оној кој доаѓа во Името Господово. Амин.

Превод: Јаков Илкоски, дипл. инженер по биологија

www.povardarska-eparhija.org.mk

47


П ЕДЕ С ЕТ Н И Ц А

К

48

ога Православната Црква празнува некој настан од животот на нашиот Господ Исус Христос, тоа не е обично споменување или сеќавање на настанот. Црквата повторно го живее и доживува секој настан од свештената историја, за да можеме и ние денес да го доживееме лично. На таков начин, Црквата секој настан од минатото го донесува во сегашноста, па така, сите ние се чувствуваме како да сме биле таму и како лично да сме учествувале во секоја радост на Црквата. Во денот на светата Педесетница си спомнуваме за свештениот настан, кога Светиот Дух, во вид на огнени јазици, слегол врз апостолите. Светиот Дух слегол врз апостолите не само за да ги воодушеви и охрабри за еден беспримерен подвиг во историјата на Црквата, туку и за да остане во Хрис­то­ва­та Црква до крајот на светот. И колку многу тоа е утешително и радосно за сите нас. Апостолите примиле право и власт не само да им ги раздаваат даровите на Светиот Дух на верните, туку и да им го предаваат тоа право на своите преемници - епископите и свештениците. Секој од нас, грешните и немоќни свештенослужители на Православната Црква, по преемството од светите апостоли, преку Тајната на Свештенството ја примил власта да им ги раздава на верните благодатните дарови на Светиот Дух. Секој од нас, преку светата Тајна Крштение, го примил првиот дар на Светиот Дух, кога тука, во Црквата, сме биле донесени во рацете на нашите кумови. А во текот на нашиот живот сите ние растеме токму преку даровите на Светиот Дух, кои ги примаме преку светите Тајни на Црквата и преку светите обреди и молитвословија. Затоа, треба да знаеме дека особените дарови на Светиот Дух се неопходни за духовниот раст во нашиот живот. Како што дрвото расте и дава плодови само тогаш, кога се обезбедени сите надворешни услови за такво нешто, така и Број 30, година 8, Јули 2014


душата на секого од нас зрее за живот вечен само тогаш, кога ја оросува благодатниот дожд на Светиот Дух. Како право­слав­ни, потребно е целиот живот да го поминеме под тој небесен дожд, онака, како што Црквата во една песна пее: „Преку Светиот Дух секоја душа оживува“. Без таа благодатна помош на Светиот Дух ние не можеме да се спасиме за вечноста. Светиот Дух е наш божествен сопатник во текот на целиот наш земен живот, наш заштитник и чувар.

Колку е голема таа сила на Светиот Дух, која не знае за граници и прегради. Таа сила ја раѓа верата во срцето на човекот, ја преродува човечката душа, ги поттикнува големите подвижници на христијанството и го води секој од нас по патот на вечното спасение. Денот на слегувањето на Светиот Дух нѐ потстетува и на првата апостолска проповед. Неа ја изговорил апостол Петар пред многуилјаден народ. Од книгата на Делата на Апостолите ние дознаваме како реагирал народот на проповедта: Се восхитувал, воздивнувал, плачел и поттикнат од неа, околу три илјади луѓе примиле Крштение и постанале првото семе на Христовата Црква. Ете тоа е манифестирање на силата на Светиот Дух преку проповедта на Словото Божјо. Нам ни се познати и подоцнежните резултати од силата на апостолската проповед и како ,,сѐ повеќе се зголемуваа оние, што веруваа во Господа, мноштво луѓе и жени“ (Дела 5: 14). А да не заборавиме дека апостолската проповед наишла и на бројни препреки. Целиот јазичнички и јудејски свет се спротивставувал на таа проповед, а ним им се придружиле убедувањата на античките философи, провокаторите и крвавите гонители и џелати на проповедниците на христијанството. Но, www.povardarska-eparhija.org.mk

49


колку и да била задушувана проповедта, колку и да биле гонети и убивани проповедниците, сепак, Црквата чудесно се ширела и растела само преку проповедта на Словото Божјо. За таквото дејство на проповедта учи и свети апостол Павле, кога говори: „Верата доаѓа од слушање, а слушањето - од словото Божјо“ (Рим. 10, 17). Силата на Светиот Дух не се манифестирала само преку проповедта на светите апостоли, туку и во проповедта на нивните преемници. Само да се потсетиме колку била моќна проповедта на големиот учител на Црквата - свети Јоавн Златоуст, кој, кога проповедал, го замирал животот во градот, а луѓето од сите установи, децата од училиштата, како и дојденците по пазарите трчале во храмот за да го слушнат златоустиот проповедник. А, зарем е потребно да се потсетуваме колку многу луѓе тој ги присоединил со Христа преку својата проповед. Светиот Дух ги преродува човечките души. Прв пример за тоа ни се светите апостоли. Во денот на слегувањето на Светиот Дух тие станале сосема поинакви: од плашливци и колебливци тие станале огнени, убедени и бестрашни проповедници на словото Божјо. Тие знаеле дека сега ќе одат во средба со мачителите, ќе одат по затвори и ќе бидат предавани на убивање, па сепак, нив ништо не можело да ги запре во подвигот. Таа сила на Светиот Дух која преродува, се манифестирала и низ двеилјади­годиш­ната историја на Црквата. Таа благодатна сила ја издигнала на пиедесталот на светоста и преподобната Марија Египетска, од чии подвизи останале без зборови и нејзините современици, но и денешните христијани. Таа сила ја преродила и блудницата Евдокија, која откако ја слушнала молитвата на светиот подвижник, го напуштила патот на блудот и тргнала по патот кон Христа, кој води до небото. Светиот Дух е секогаш жив и дејствителен. И денес многумина од нас можат да бидат сведоци, кога под влијание на Словото Божјо и проповедта, многумина од развратни постануваат воздржливи, од груби - кротки, од бесчувствителни и жестоки - сострадателни и попустливи. Светиот Дух ја издигнува нашата падната природа, ја преродува и во нас оформува нов човек, „создаден според Бога во правда и светост во вистината“ (Ефес. 4, 24). Православната Црква го нарекува Светиот Дух Просветител, зашто преку Него ни се подаваат вистините на 50

Број 30, година 8, Јули 2014


верата, преку кои се просветува нашиот ум и се загрева нашето срце. Светиот Дух е и наш Осветител, зашто преку Неговите благодатни дарови се осветува нашата душа. Светиот Дух преку сите сили ни го соопштува новиот стремеж кон Бога, доброто и светоста, му дава на човекот духовна крепост и сила и нѐ очистува од гревот и нечистотијата. Светиот Дух е и наш Утешител, зашто во Него се наоѓа изворот на утеха за сите наши несреќи и искушенија. Он ги посетува нашите души во моментите на нашето срдечно каење за гревовите и ја оживува во нас надежта на Божјата милосрдност. Ако веќе сме сфатиле колку многу е неопходна благодатта на Светиот Дух за нас, ако веќе знаеме дека без неа не можеме да го пронајдеме патот до вечниот живот, ниту можеме да се очистиме од нашите гревови, тогаш, наша должност е во постојана молитва да ги бараме Неговите изобилни дарови. Затоа, како православни христијани, треба да веруваме дека преку силата на Светиот Дух се извршува нашето вечно спасение. Според зборовите на апостол Павле, ние сме „храм на Светиот Дух“ (1.Кор. 6, 19). А тоа е висока чест и достоинство за нас, со која нѐ удостоил нашиот Небесен Отец. Но, ние ќе бидеме храмови на Светиот Дух само тогаш, кога за тоа ќе бидеме достојни, кога во нашето срце нема да има гревовна кал, нема да има рамнодушност кон делото на спасението, нема да има слабеење на верата, зашто во една таква состојба Светиот Дух не може да остане во нашите срца. Затоа, да го бараме најнапред Царството на Бога и кон него да тежнееме со сета душа, плашејќи се да не ја загубиме во себе радоста од благодатта на Светиот Дух. А таа благодат и денес нѐ исполнува со истите плодови, со кои биле исполнети и апостолите на денот на Педесетница, а тие плодови се: љубовта, мирот, радоста, долготрпеливоста, добрината, милосрдноста, верата, кротоста, воздржливоста... Светиот Дух и денес доаѓа како свежа вода врз исушената човечка душа. Затоа, да се потрудиме Светиот Дух да пребива нераскинливо во секој од нас, укрепувајќи нѐ и утешувајќи нѐ по патот кој води до нашата небесна Татковина. Протоереј Златко Ангелески

www.povardarska-eparhija.org.mk

51


„Ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја...“

П

огледнувајќи ги со своите духовни очи ликовите на великите, духоносни, првоврховни и богопросветени апостоли Петар и Пав­ле, можеме со благоговение да се поклониме пред величието на нивниот ду­ховен подвиг, како на исполнувачи на Божјата волја, проповедници на Божјото слово и мажествени борци за Христовата правда. Иако со пофални збо­рови светата Црква пее и го прославува нивниот спомен, сепак, имаме можност да извлечеме прекрасни спасителни поуки од нивниот живот и дела. Евангелската историја ни сведочи за животот на апостол Петар. Пред сè, да не заборавиме дека и тој бил човек. А како човек, во предвечерието на Христовите страдања, Петар, по својата човечка малодуш­ност и страв, трипати се откажал од Христа, колнејќи се пред сите дека не Го познава Христа. Колку било длабоко паѓањето на апостол Петар, кој сѐ уште не бил прероден со благодатта на Светиот Дух! Но, набрзо се случило неговото исправање. Само што ја почувствувал тежината на својот грев, Петар горко за­пла­кал. А по Своето воскресение, Христос трикратно го прашал апостолот да­ли Го љуби, и откако добил потврден одговор, го вратил неговото апостолско дос­тоинство. Искреното покајание, плачот за своите гревови, секо­гаш е спасително за секој грешник, зашто плачот има сила да ја привлече Божјата милосрдност. Според древното предание на Црквата, апостол Петар секоја ноќ, кога ќе го слушнел пеењето на петлите, си спомнувал за својот тежок грев, се разбудувал, клекнувал на молитва и потоци од солзи течеле од неговите очи. А, зарем ние секојдневно не се одрекуваме од Христа? Зарем неисполнувањето на Божјите заповеди не значи откажување и предавство на Христа? Зарем при своето крштение, преку 52

Број 30, година 8, Јули 2014


устата на своите кумови, не дадовме ветување пред Господа дека ќе бидеме верни Христови слуги? Колкупати во својот живот, застанувајќи пред светата Чаша за да се соединиме со Христа, сме ветиле дека повеќе нема да грешиме и тоа свое ветување под нозе сме го изга­зи­ле? И токму во тие моменти треба да се сетиме на Петровото покајание, на не­говите солзи, и тие да ни бидат образец за нашето покајание пред Господа, зашто подобар пример за вистинска духовна преродба и започнување нов жи­вот речиси и да немаме. А, пред нас се наоѓа ликот и на свети апостол Павле. Оној Павле, кој беше гонител на христијаните и строг исполнувач и чувар на јудејскиот закон. Но, кога прогледа со своите духовни очи, истиот тој Павле ги надмина сите оста­на­ти апостоли со својата ревност во исполнувањето на апостолскиот подвиг. Колкупати беше тепан со стапови, камења, ставан во окови и затвори, колку­па­ти беше спасен од потонувања во морските длабочини! Но, не постоеше сила ко­ја можеше да го оттргне од неговата цел. Секогаш и насекаде неговата уста знаеше да зборува само за Бога. Павле не знаеше што е одмор и последните сили секогаш ги користеше за прославување на Божјото име. Затоа постана велик, првопрестолен, пред чие име се восхитува целата православна вселена и чие име, заедно со името на апостол Петар, до крајот на вековите ќе се превоз­не­сува и прославува во Христовата Црква. Уште еднаш да се потсетиме на зборовите од апостол Павле, кои имал навика честопати да ги повторува: „Беден човек сум! Кој ќе ме избави од телото на оваа смрт?“ (Рим. 7,24); „Не сум достоен да се наречам апостол, бидејќи ја гонев Божјата црква“ (1.Кор. 15,9). Овие зборови се доказ дека, Павле никогаш не го заборавил гревот кој го направил во млади години, гонејќи ги и убивајќи ги христијаните. Тоа сеќавање ја измачувало неговата душа и секогаш во него поттикнувало желба за покајание. Секогаш кога ќе се сетел на својот грев, Павле бил подготвен најискрено да се спореди со најбед­ни­те нешта на земјава. Затоа, да се поучиме и од Павловото сми­рение. Слично на него, да се сеќаваме и ние што почесто на своите гревови и за нив искрено да се каеме, па на таков начин постојано да бидеме смирени пред ли­цето на Господа. Потребно е да бидеме смирени и еден пред друг, со ништо да не се гордееме еден пред друг, дури и кога за тоа имаме повод, зашто сите кои живееме на земјава сме грешни луѓе. Поучувајќи се од Петровото покајание и од Павловото смирение, должни сме да се потсетиме и на заедничката врска која неразделно ги споју­ва­ла двајцата апостоли. Тоа било љубовта кон Господа Спасителот, зашто тие го проповедале Божјото слово единствено од љубов кон луѓето, со цел да ја спасат се­која душа и да ја доведат до познавање www.povardarska-eparhija.org.mk

53


на Вистината. Свети Јован Златоуст за апостол Павле запишал: „Јас не можам да најдам зборови, со кои би опишал со каква љубов кон луѓето чукало срцето на овој голем апостол. Него­ва­та љубов била поширока од океанот, посилна и посветла од најсјајниот оган“. Павле ги љубел луѓето како да е нивни родител. Тој бил подготвен дури и за секого да постане сè, само да го спаси од вечните маки. Колку голема е оваа љу­бов? Токму таквата апостолска љубов и таквото срце во кое немало лицемерие, биле главни виновници што Павле достигнал недостиж­ли­ва височина на величие и светост. Кога и ние би имале барем ронка на таква љу­бов еден кон друг, тогаш, да бидеме сигурни, ќе имаме вистински патоказ по кој треба да одиме, зашто сите ние ќе бидеме сигурни едни во други, исполнети со доверба и чесност. Затоа заповедта за љубовта е најголема од сите заповеди кои Господ ни ги дал. Оној, кој ќе ја исполни таа заповед 54

Број 30, година 8, Јули 2014


и кој во своето срце има љубов за секој ближен, само тој вистински го исполнил целиот Христов закон. Mожеме да се поучиме и од уште еден важен момент од животот на светите апостоли. Петар беше обичен рибар, прост и неук, кој својот леб го заработуваше на брегот на Тиверијадското езеро, а Павле, за разлика од него, беше учен човек, кој јудејскиот закон и обичаи ги изучуваше кај прочуените еврејски рабини. Но, Господ двајцата ги повика за една величествена мисија. Ова е уште еден доказ за вистинитоста на Христовите зборови дека Господ не гледа на лице кој е кој, туку гледа во човечките срца. А, нивните срца било потребно правилно да бидат насочени, па на таков начин тие двајца да го дадат својот максимум и да го искористат талантот даден од Бога. Истото се случува со секој од нас. Господ по разни патишта и на разни начини го повикува секој од нас кон покајание и спасение. Целта, со која биле повикани Петар и Павле, и со која сме повикани сите ние е една - да одиме по Христовите стапки до крајот на нашиот живот. Да обрнеме внимание уште на еден факт. Апостол Петар бил семеен човек, кој имал деца, а апостол Павле бил девственик. Но, пред Господа сите се еднакви. Господ ги повикува при себе сите, без исклучок на должностите и обврските кои ги имаме сите ние. Сите ние сме различни по надворешната положба, по возраст, по телесни одлики, но пред Господа сме потполно исти, зашто сме Негови чеда. Сите ние имаме бесмртна душа, за која Спасителот ни вели дека е потребно да ја спасиме. Секој од нас го носи својот товар во текот на својот живот, било да е тоа во семејството или на работа, било да се тоа стари или млади, било да се тоа прости или учени, богати или сиромаси. Но, во една погребна песна се вели дека, сите ние ќе застанеме во еднакво достоин­ство пред лицето на нашиот небесен Отец. Секому ќе му биде поставено едно исто прашање: како го помина својот живот на земјата, правејќи добро или правејќи зло. Трето нема! На овој светол празник, да ги слушнеме по­ви­ците за вечно спасение, за цврста вера, за вистинска и нелицемерна љубов и да заживееме живот сличен на апостолскиот. Иако сме грешни и слаби, молит­ве­но да ја бараме помошта на светите апостоли, за да можеме слободно да одиме по својот земен пат, постојано сеќавајќи се на светиот долг, кој се наоѓа во секој од нас: да бидеме достојни чеда и ученици на нашиот Спасител - Господ Исус Хрис­тос. Протоереј Златко Ангелески

www.povardarska-eparhija.org.mk

55


Посмртни чудеса на светиот великомаченик

Пантелејмон

„Јас ќе ги прославам оние, кои Мене Ме прославуваат“ – вели чудесниот во своите светии Бог (1. Цар. 2,30). И светиот великомаченик Пантелејмон, кој со збор и со дело Го прослави Господа во својот живот, двојно е прославен и се прославува од Него на небото и на земјата! Дарувајќи го изобилно светиот маченик во животот со благодатта на неискажливи чудеса, сесилниот Бог и по смртта не го остави без слава светиот великомаченик, дарувајќи му сила за чудотворство за исцеление на различни болести и да биде брз помошник на сите, кои, во тешки моменти од животот, со вера и побожна ревност прибегнуваат кон него. За жал, овие чудеса во свое време не биле запишувани од никого, и потоа кај источните христијани останале за нив само бледи преданија. Дури и во рускиот манастир, изграден уште одамна во името на светиот Пантелејмон на Света Гора Атонска, порано не ги запишувале чудесата на великиот застапник на обителта, кои секогаш изобилно биле излевани од него врз луѓето, кои барале од него помош. Браќата на обителта за некои чудеса сочувале само побожни спомени и, за меѓусебно надградување и утеха, ги предавале усно од колено на колено, не сметајќи за потребно да ги запишат, така што само хрисовулите, или дарителните грамоти од разни цареви и кнезови, сочувале доволно сведоштва за тоа, дека чудесата од светиот великомаченик и исцелител Пантелејмон секогаш течеле како од непресушен извор.  Со хрисовула од јули 1744 година, војводата молдавски Јоан Јоанович Николај сведочи дека во таа година во Јаши беснеела страшна чума и народот паѓал под тој камшик на небесната казна 56

Број 30, година 8, Јули 2014


како класје под српот на жетварот. Кога била тука донесена чесната глава на светиот великомаченик Пантелејмон и на плоштадот бил извршен молебен и водосвет, тогаш се излиле безброј чудеса (така е опишано во хрисовулата): чумата престанала, и самиот господар добил исцеление. Во спомен на тој настан и како знак на благодарност поради милоста на небесниот лекар, војводата ја дарувал оваа грамота, заедно со милостината, на манастирот Свети Пантелејмон на Атон.  Неколку години потоа, во 1750 година, главата на светиот великомаченик, повторно, по барање на жителите, била донесена во Молдавија, и повторно там, според верата на побожните христијани, се случиле од светиот исцелител многубројни чудеса. За ова посведочил со хрисовула господарот Јоан Константинов. Не набројувајќи ги чудесата, тој само потврдува дека и на себе видел чудо на угодникот Божји и дека во сето негово кнежевство се случувале чудеса од светиот Пантелејмон.  Славата за чудесата на светиот маченик се раширила низ сите места на кнежевството Молдовлашко; во сите негови краишта знаеле за нив и со побожност ги пренесувале еден на

www.povardarska-eparhija.org.mk

57


друг. Но усрдноста на тамошните христијани кон светиот угодник не се ограничиле со тоа. Тие наскоро посакале пак да ја видат и целиваат светата и чесна глава, која точи благодат и исцеленија, и таа, по нивна молба, во 1754 година пак била донесена во Молдовлахија. Таму светиот маченик Пантелејмон одново, по дадената му од Господа благодат, извршил многу чудеса и се прославил меѓу православните, кои со таква усрдност и вера ја барале неговата благодатна помош и застапништво. Сведочејќи за безбројните чудеса, извршени во тоа време од светиот великомаченик, господарот Јоан Григориевич Гика, со хрисовула од 1754 година, во знак на своја и од своите поданици благодарност кон светиот маченик, му подарил на манастирот, изграден во негово име на Атон, право на добивање годишна пензија од државната каса. По овие уверувања за чудесата на угодникот Божји, извршени во дамнешно време, сега ќе наведеме и сведоштва подоцнежни, и нив, според бедноста на нашите сили и според богатството на благодатта на светиот великоисцелител, како некои трошки од царската трпеза, ги предлагаме на христијанското внимане на богољубивите читатели, со искрена желба, и врз нив да се излее благодатта на милостивиот целебник, слична на онаа која се излевала врз другите, кои со усрдност прибегнувале кон него, та заедно со него да се прослави името на добриот Бог, Кој твори преславни и прекрасни чудеса преку Својот угодник, великиот трпител на страданија Пантелејмон.  По преминувањето во 1735 година на древниот руски манастир на Атон во власт на грците, тој се лишил од постојаната помош од Русија, и, колку поради тоа, толку или уште повеќе поради своеволниот живот на своите жители, почнал брз да пропаѓа, така што Протатонот се обратил до Цариградскиот патријарх Калиник со молба за потполно затворање на манастирот и за продажба на неговите имоти. Но Промислата Божја која сѐ устројува, по молитвите на светиот Свој угодник, благоволила да се измени работата; барањето од Протатонот послужило само за тоа, патријархот да обрати посебно внимание на причините за пропаѓањето на толку древната и славна обител на Русите. И по волја на Патријархот, и по добрата грижа на сеуправувачката 58

Број 30, година 8, Јули 2014


Божја промисла, решено било да се обнови манастирот на Свети Пантелејмон со нова зграда покрај морето и да се воведе во него општожитие. За остварување на оваа добра мисла на патријархот во Цариград бил повикан познатиот по својот строг живот, старец Сава од Ксенофонтскиот скит, кому патријархот му ја соопштил својата волја и му ветил целосна соработка и помош при обновата на обителта. Старецот Сава поминал четири години во Цариград за да собере милостина, но она што го собрал не било доволно за да се започне со изградба на нов манастир. И иако кај старецот сѐ уште останала надеж дека ќе се пополни овој збир со ветената помош од патријархот, но во тој период, кога започнала војната на Турците со Русија, бил категорично одбиен. Бивајќи одбиен од Великата Црква и немајќи веќе никакви изгледи за помош од страна, старецот се предал на длабока тага и не знаел што да преземе. Тогаш самиот свет маченик Пантелејмон зел учество во таа изградба и му ја јавил чудотворната помош на новиот игумен на Русик – Сава, за обнова на манастирот. Извесно време пред тоа се разболел великиот чиновник на Портата, кнезот Скарлат Калимах; неговата болест се засилила и, без оглед на сите медицински средства, никако не се смалувала, туку сѐ повеќе растела и, конечно, од лекарите била признаена како неизлечива. Болниот се наоѓал веќе при последните минути од животот... Во тие тажни денови за семејството и за сите блиски на кнезот, убедувајќи се во неефикасноста на земните лекарства и узнавајќи од лекарите за неговата неизбежна смрт, почнале да го молат старецот да се моли на светиот исцелител Пантелејмон за животот на ним милиот болен кнез. Почитуваниот старец со љубов се согласил да им ја исполни желбата, но при тоа побарал и од нив горешти молитви кон светиот маченик. Сите изразиле искрена согласност кон таа молба и својата вера во чудотворната сила на светиот Пантелејмон, при што и самиот болен кнез торжествено соопштил дека, ако светиот великомаченик го исцели од смртоносната болест, тогаш тој ветува дека ќе стане ктитор (градител) на започнатиот манастир во името на овој Божји угодник на Атос. Тогаш старецот пристапил кон извршување на молебен кон светиот Пантелејмон со водосвет... и огнена била молитвата на сите присутни кон великиот угодник! По завршувањето на молебенот игуменот Сава го попрскал болниот со света вода и, наместо лек, му дал да се напие чај од

www.povardarska-eparhija.org.mk

59


атонски треви со таа света вода. Следниот ден кнезот Скарлат бил сосема здрав. Добивајќи толку значајно исцелување, кнезот го исполнил своето ветување и при активната грижа за изградба на манастирот направил за него многу нешта, особено, кога го отслужил својот мандат како драгоман (чиновник, преведувач), тој стапил на престолот на Молдавија. Изградениот со негова помош манастир покрај морето, се разбира, со мали размери, целиот и се краси сега на југозападната страна од Света Гора Атонска, блескајќи насекаде; тој бил завршен во долично благолепие со изобилието на дарови од Русија. Освен тоа прекрасно исцеление на кнезот Калимах, престојот на старецот Сава во Цариград е одбележан и со уште и многу други чудеса на светиот маченик Пантелејмон. Славата за тие чудеса на Божјиот угодник се раширила далеку на исток и, по враќањето на старецот на Атон, натерала многумина одново да се обратат со молба кон него да ги донесе во Цариград светите мошти на великомаченикот. Игуменот Сава, почитувајќи ја усрдноста на цариградските христијани, ја однел таму од Атон светата глава на угодникот Божји; служел, по желба на верниците, молебни со водосвет, ги попрскувал со света вода оние кои се молеле и барале било каква помош од светителот, им давал да пијат од таа вода, и чудесата од светите мошти на исцелителот се умножувале секој ден, така што, на крај, старецот снемал сили да ги исполни барањата на сите оние, кои сакале да ги примат во својот дом светите мошти на великиот угодник. Но Христовиот страдалник, како бесплатен лекар, изобилно ги наградувал и оние кои се молеле, и оние кои сакале само да се молат кај неговите свети мошти, помагајќи му на секого во неговите потреби. Со неговата чудотворна сила болните, обземените од разновидни болести се исцелувале, слепите прогледувале, лепрозните се очистувале, демоните биле прогонувани. Славата на таквите чудеса сѐ повеќе и повеќе се ширела во народот, и на игуменот на манастирот Русик, Сава, почнала да му се заканува опасност да биде убиен од страна на непријателите на христијанската вера, муслиманите, кои не можеле да ја поднесат оваа прослава на Православието, како јавно изобличување на нивните зловерија. Но со застапништвото на светиот покровител и чудотворец Пантелејмон, почитуваниот старец бил сочуван од нивната злобна одмаздољубивост. 60

Број 30, година 8, Јули 2014


 Во тоа време ќерката на главниот султански лекар – римокатолик била тешко демоноопседната; а познато е дека медицината нема средства за лечење на болни од таков тип. Лекарот бил длабоко натажен и велел дека, не би жалел ништо за исцеление на својата ќерка; но, и покрај сѐ, не наоѓал никого кој би можел да ѝ помогне. Со доаѓањето на старецот Сава во Цариград, кога веќе славата за чудесата и исцеленијата од светиот великомаченик Пантелејмон се раширила меѓу многумина во Цариград, таткото на демонизираната исто така слушнал за таа благодатна сила, која излегува од светата глава на великомаченикот и, без оглед на тоа што не припаѓал на Православната Црква, решил да го повика во својот дом игуменот Сава со светите мошти. Старецот не го одбил; откако отслужил молебен кај болното девојче, тој ѝ дозволил (кој била прикована за ѕидот со синџири) да се допре до светите мошти, и по убедливата молба на таткото, останал во тој дом цела ноќ, за да ја удвои молитвата кон светиот исцелител; светите мошти, пак, ставајќи ги на голем дискос, ги ставил во собата каде што била прикована болната. Наредниот ден, кога игуменот и роднините на болната дошле во таа соба, тогаш, на восхит од сите и во слава на светиот великомаченик Пантелејмон, виделе преславно чудо: дискосот на кој стоела светата глава на угодникот, бил полн со миро, кое истекло од светите мошти, и демонизираната веќе била потполно здрава. Откако Го прославиле милостивиот Бог и светиот маченик Пантелејмон со семејството на лекарот, старецот Сава во тоа време бил утешен со присоединување на целото тоа римокатоличко семејство кон Православната Црква; истеченото миро ѝ го оставил на исцелената девојка, бидејќи поради неа угодникот Божји благоволил да го источи.

Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев Изворник: Святой великомученик и целитель Пантелеимон, Благовест, Москва 2010.

www.povardarska-eparhija.org.mk

61


Интервју со епископот Калистос Вер за Црквата и национализмот

Епископот Калистос одговара на прашањето за односите помеѓу Црквата и нацијата во едно интервју

П

рвото нешто што ми доаѓа во умот и ништо изненадувачки оригинално во она што ќе го кажам сега е, ние православните мораме да размислиме во врска со релациите помеѓу Црквата и нацијата, и помеѓу верата и етничката култура. Признаваме дека во последните 10 векови во многу делови од православниот свет, универзалноста на Црквата, нејзината соборност, беа помрачени од силна национална приврзаност, и дека луѓето понекогаш се сметаат себеси Грци, Срби или Руси повеќе отколку што се сметаат како Православни соборни христијани, и така Црквата често беше искористувана од националната агенда. Ова сѐ уште се случува во Русија, на пример, и Украина; таму има огромен пораст на национализмот кој следеше по падот на комунизмот. Исто така има и повторно оживување на верата, но таму има опасност од претесна поврзаност која се направи помеѓу националниот идентитет и тоа, да се биде крстен христијанин. Затоа, мислам дека треба да работиме на тоа, но Црквата е искористувана и станува општ инструмент за национална програма. Се сеќавам на еден грчки професор пред повеќе години, кој се викаше Каламирис, рече: „Строго говорејќи не треба да зборуваме за Грчка Црква, Руска Црква, Српска Црква, ние треба да зборуваме за Православната соборна црква во Грција, за Православната соборна црква во Русија, во Србија, бидејќи прво нешто е „,Верувам во едната, света, соборна и апостолска Црква’“. 62

Број 30, година 8, Јули 2014


Но, националните вредности се многу скапоцени; јас не сакам да видам безличен православен космополитизам кој не се залага за ништо посебно. Ние не смееме едноставно да ги фрлиме во вода сите традиции и да речеме „ајде да бидеме само христијани“, христијанството треба да се воплоти, во посебна култура. На пример, еве една чаша со вода, битно е што водата е во чашата, но јас не можам да пијам вода без чашата. Понекогаш може да отидам кај планинскиот извор и да се напијам од таа вода, но јас не можам да го правам тоа секој ден, особено овде во Вичита, Америка, и на многу други места. Сега, од црковен аспект битна е живата вода во православната соборна вера, но националната култура често дејствува како чаша, та ние да можеме да ја примиме водата. Затоа не смееме да брзаме премногу во Америка со отфрлање на сите национални традиции, бидејќи, на крајот на краиштата, Америка има свој идентитет, но не е јасно што значи тоа, да се биде Американски православен, на начинот на кој е кристално јасно што значи да се биде Српски православен, Романски православен, Арапски православен итн. На тој начин, не смееме да дозволиме националните традиции да доминираат и да нѐ ограничуваат, туку ние треба да ги искористиме.

Превод од англиски јазик: Свештеник Јани Мулев Изворник: http://theinnerkingdom.wordpress.com/2009/01/10/interview-withbishop-kallistos-ware-on-church-and-nationalism/

www.povardarska-eparhija.org.mk

63


Сè поголем е бројот на разводи. Изгледа дека, неретко, не се издржува од фазата на заљубеност до зрела љубов. Заљубеноста е, би можело психолошки да се протолкува, едно нереално чувство на квалитетот на другата личност. Ние, врз основа на надворешните вредности, припишува квалитети кои таа сигурно не ги поседува. Но, таа првобитна заљубеност е капитал, т.е. извесен кредит, кој Бог им го дава на девојката и младичот за тие да ги препознаат квалитетите еден во друг, и тогаш преку ангажманот на себепожртвувачката љубов, која личи на љубовта на Христос кон нас, полека да го умножуваат

Развод на бракот – незрела љубов Епископ Порфириј Јегарски (Периќ)

тоа семе, тој кредит и тогаш почетната заљубеност би преминала во вистинска љубов и би го доживеала својот врв на крајот. Тоа го гледаме во параболата за свадбата во Кана Галилејска, каде што се опишува претворањето на водата во вино на крајот од свадбата. Тоа симболизира дека треба да помине многу време и труд, та заљубеноста да премине во квалитетна љубов, која ја симболизира виното. Значи, на почетокот секогаш е полошиот квалитет. Во секој случај, мислам дека токму православието е повикано и може вистински да ја посведочи брачната заедница каква што гледаме во Евангелието. Сакав да наведам дека, не е

64

Број 30, година 8, Јули 2014


важно кој и што ќе работи во брачната заедница, но индивидуалистичкиот поглед на светот и индивидуализмот во семејството се труди да зачува некој свој измислен интегритет и својата слобода. И тогаш имаме, на пример, распределба на работите, наместо врз основа на бракот како единство меѓу мажот и жената да проистекува секогаш она што ја гради заедницата. Значи, не е важно кој готви, кој пере, кој пегла. Се работи врз основа на афинитетите, а слободата е дадена за човекот, токму преку љубовта да ја остварува заедницата на полза и потреба на другиот. Во спротивно, страдаат и мажот и жената – тоа е поентата! Во христијанството мораме да појдеме од фактот дека секогаш поголем е оној кој служи и секогаш е голем оној кој сака да биде мал. Само во заедница, во меѓусебно единство, можеме да растеме. Ако расте еден орган, расте целото тело; ако еден губи во заедницата – губиме сите; и мажот и жената не ја оствариле смислата на својот живот ако се издвојат од животот на Црквата. Пример се луѓето кои барем се трудат да живеат евангелски. Тие може да имаат и несогласувања, сепак, имаат мерило, имаат критериум, Го имаат Христа во однос на Кого може да ја оценат својата исправност кон ближниот. Христос е Тој Кој тогаш ја осмислува таа брачна заедница, ѝ дава полнота, ја обогатува и усовршува.

Превод: Свештеник Јани Мулев

www.povardarska-eparhija.org.mk

65


Три години болен во постела или три дена во пеколот?

С

оподвижникот на старец Дамаскин во Свети Василиј, отец Јован, послушник на старецот Јосиф, го раскажува следниов настан, кој се случи пред 70 години во рускиот скит на Свети Андреј, наречен „Сејрај“: „Еден брат од овој скит, руски монах, се разболе тешко и го косеа ужасни болки, и додека Го молеше Бога да го исцели, гледа над креветот еден ангел, којшто му рече: Отец, што сакаш повеќе? Сакаш да останеш во креветот со вакви болки три години болен? Или повеќе сакаш да престојуваш во пеколот три дена и да оздравиш? Болниот му рече: „Штом е само за три дена, попрво би сакал во пеколот“. Веднаш се најде на местото на „невидени маки и неподносливи страдања“, таму беше страшно пеколно, бидејќи по половина час го гледа пак ангелот, којшто го праша: „Како си, старче? Добро ли ти е тука?“ И монахот му одговори: „Ме прашуваш како поминувам, кога наместо три дена, како што ми рече дека ќе бидам во пеколот, ме остави цели триста години со ужасни и неподносливи маки?“ И тогаш ангелот му рече: „Брате, не помина ни половина час а ти велиш дека поминале триста години?“ Замислете, половина час како триста години да поминале, а три дена колку векови би биле? И монахот му рече на ангелот: „Брзо, те молам, да ме вратиш во креветот со болки, подобро таму да се мачам три години, отколку овде во овој страшен пекол три дена“. Тогаш ангелот му ја исполни желбата на монахот и го врати назад во креветот, каде што помина три години болен. Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев Изворник: Τρία χρόνια άρρωστος ή τρεις μέρες στην κόλαση http://www.agioritikovima.gr (од Светогорскиот старечник)

66

Број 30, година 8, Јули 2014


www.povardarska-eparhija.org.mk

67


Свети Исаак Сириски

Подвигот во нашиот живот

Духовни совети

К

ој ќе ја спознае својата болест, се наоѓа на почеток на смирение. Бог ги трпи сите слабости на луѓето. Не ги поднесува само оние кои плачат. Оној кој секаде Му благодари на Бога за сите блага и доброчинства кој му ги прави, добива благослов од Бог и во срцето негово живее благодатта. *Кој се гордее, Бог дозволува, и тој паѓа во богохулие. Кој се превознесува поради своите доблести, повторно, по Божјо допуштение, паѓа во страст. Егоистот може да падне во уште многу замки на ѓаволот. *Оној кој не си спомнува и не размислува за Бог, создава омраза кон ближниот. А оној кој се сеќава на Бог не прави зло, туку го љуби секој човек. Кој му помага на онеправдан, го има за помошник – Бог. Кој му помага на ближниот, Му помага на Бога. Кој го осудува братот свој, Бог од него се оддалечува. Оној кој тајно прави милост кон братот, јасно на Бог му ја покажува силата на својата љубов. Кој пред секого го критикува братот свој, всушност, тој го омаловажува. Кој се грижи за духовното здравје на другиот, се труди секогаш тоа да го прави со љубов. Исто така прави и Бог. Секогаш го искушува човекот со љубов сакајќи да ја излечи живата икона Негова. Бидејќи, не го казнува човекот за да му се освети за неговите гревови, туку за да го излечи. *Колку човекот се усовршува во добродетелта, толку повеќе се приближува кон Бога и Го следи Него. Како кога некој внесува суво дрво во оган, тоа тешко се гаси. Така и оној кој вистински Го сака Бога, љубовта негова сѐ повеќе расте доколку напредува во добродетелта. 68

Број 30, година 8, Јули 2014


Како трговец кога ќе ја продаде својата роба и сака да се врати во својот дом, така и христијанинот кога ќе заврши со работата, сака да се занимава со Бога и со својата душа. Како трговецот што се стреми додека се наоѓа на пат да не наиде на бура и неговиот труд да не биде потопен, така и христијанинот, додека се наоѓа во овој свет, се плаши да не наиде на зимни страсти и да не го изгуби плодот во својата борба. Како што капетанот на бродот кога плови по морето ја гледа положбата на звездите и по нив го управува бродот, така и христијанинот со молитва го поминува својот животен пат, сѐ додека не дојде во пристаништето на вечниот живот. Таму луѓето не брзаат и не тргуваат како во овој живот, туку блаженствуваат во богатството на добродетелите кои ги спознале во борбата против гревот. Блажен е оној чија заработка не се удавила во морето на овој суетен свет. Блажен е оној чиј брод не е потопен, туку се удостоил со радост да пристигне во безбедното пристаниште на вечноста. *Кој сака да го најде скапоцениот бисер, скока гол во морето. Така и разумниот човек го минува овој живот без многу пари и имот, сѐ додека не го најде многуценетиот бисер кој е Исус Христос. Кога ќе го најде, не сака ништо друго на овој свет. *Како што змијата во секоја опасност ја чува главата своја, така и мудриот христијанин во секоја тешка ситуација ја чува својата вера која е темел на неговиот живот. *Како што дрвото, ако не ги отфрли старите листови, не може да изнедри млади, така и Божјиот човек не може да има духовни плодови, ако не ги отфрли од себе сеќавањата на лошите помисли и своите страсти. *Ветерот ги храни земните плодови, а промислата Божја – духовните. *Кучето, кога ја лиже острицата на ножот, го расекува јазикот, ја пие сопствената крв и не чувствува дека само на себе си прави зло. Така www.povardarska-eparhija.org.mk

69


и горделивиот чувствува задоволство за кратко. Но, потоа, ја согледува последицата од душевното наштетување. *Световната слава наликува на подводна карпа во морето која капетанот не ја гледа, и од неа ќе се распадне бродот. Гордоста и суетата, исто така се прикриени во душата и ѝ нанесуваат лошо. *Никогаш не барај да ја разбереш смислата на Божествените тајни кои се наоѓаат во Светото Писмо, ако претходно усрдно не си се помолил на Бога. Клучот, со кој ја разбираме Божјата смисла е – молитвата. *Треба да знаеш дека без телесен труд не можеш да се доближиш до Бога. Сите Отци, многу се труделе да се всели во нив Светиот Дух. Штом Духот Свети се всели во нивните души, човекот се здобива со благодат и мир, бега од секоја нечиста помисла. Не помислувај дека можеш со молитва да Му се приближиш на Бог, ако претходно не го очистиш срцето од нечистите страсти кои го валкаат. *Како што маслото ја одржува светлоста во кандилото, така и милостината ја храни душата. Нема поубаво дело пред Бога од љубовта кон ближниот. Колку е убава дружбата со духовните браќа, ако има љубов. Љубовта кон Бога и браќата. Љубовта кон браќата и Бог. Тие се меѓусебно поврзани и не можеш да ги разделиш. *Оној кој сака да собира радост и духовни плодови, треба да ја практикува молитвата. Како што душата преовладува над телото, така и молитвата е помоќна во однос на секој друг духовен труд. *Добиваме голема сила за нашите мали духовни подвизи кога тоа го правиме често и кога сме упорни, исто како што капка вода може да издлаби цврст камен. *Кога ќе се умртват страстите, тогаш душата се стоплува од наслада и радост духовна, а Божјото присуство во душата е посилно. Потребна е голема борба и големо трпение за човек да прими благодат и Божја утеха. Кога Бог ќе влезе во човековата душа, тогаш страстите се повлекуваат. *Убиство за душата е безделничењето и мрзливоста. Најголемо зло е духовната рамнодушност (униние). Униние значи, да не се трудиме за спасение на нашата душа со молитва, пост и други осветени средства кои ги предвидела Светата Црква. Не му обраќај внимание на телото во подвигот за добродетели, бидејќи секако ќе ти се освети. Сатаната прави сѐ за да нè чува далеку од Божјото дело. *Духовната работа бара внимателност и душевен мир. Не може некој да се очисти само со добри дела кон друг. Треба да поработи и на душата своја, за да се ослободи од телесните страсти и срамните и нечисти помисли. Бидејќи, лесно е да се дава милостина, но тешко е да се отстранат страстите и нечистите навики. Милостината ја прима Бог 70

Број 30, година 8, Јули 2014


кога е праследена од чисто срце. Не можеме да го практикуваме првото, а да го запоставиме ова второто, инаку ќе паднеме пред очите Божји. *Во духовната работа напредувај пополека и претпазливо бидејќи, големите и ненадејни скокови се опасни. Кога душата ќе се наслади со духовна радост, тоа ќе направи повеќе да напредува. Како оној што ќе се напие малку вино, но бидејќи му се допаѓа, па ќе пие повеќе, додека да се опие. Тагата и маката, се совладуваат со трпение и надеж во Бога. *Не е лесно да се всели Духот Свети во нашата душа. Претходно треба да ја очистиме од секаква телесна нечистотија за да биде чист сад. Така ќе дојде и ќе се насели кај Бог. Но, тоа не е доволно. За да примиме дар од Бога, потребно е многупати да ги приклониме колената на молитва. Молитвата треба да биде проследена во смирение за Бог да ја прими. *Чувај го јазикот свој да не зборува несовесни и непотребни зборови. Бидејќи, од многу зборување доаѓа гревот. Отците на Црквата практикувале да вежбаат молчание за да се приближат до Бога и да се соединат со Него. Само кога внимаваме на својот јазик, можно е во душата да почувствуваме умиление. Блажениот свети Јован Лествичник рекол: „Чистата уста го очистува и срцето. И во чистото срце пребива Бог“. Ако јазикот те надвладее (многузборливоста) верувај ми, не ќе можеш да напредуваш во добродетелта и душата ќе ти биде празна, како клас без плодови. *Кога сакаш да посоветуваш некого за негово добро, прво покажи му љубов, а потоа внимателно и нежно кажи му ја својата забелешка, пазејќи да не го повредиш, затоа што тој најпрво ќе ја согледа љубовта која му ја покажуваш, а потоа ќе обрати внимание на твојата забелешка. Така ќе му помогнеш без да му наштетиш на неговата душа. *Колку човекот се оттргнува од световните работи, толку повеќе се приближува кон Бога. *Не тагувај, кога ќе ти се случат проблеми и потешкотии во животот, бидејќи тие се допуштение Божјо заради духовна полза. Па дури ни од смртта не се плаши. Бидејќи, гледајќи го твоето трпение, Господ ќе ти помогне да победиш и да ги вкусиш вечните блага, кои ги подготвил за оние кои вистински го љубат. Превод: Бобан Ѓорѓиевски, студент на теологија Изворник: http://www.svetosavlje.org/biblioteka/DuhovnoUzdizanje/ SvIsakSirin_PodvigUNasemZivotu/SvIsakSirinPodvigUNasemZivotu03.htm www.povardarska-eparhija.org.mk

71


Што е тоа антиминс?

(Значење, историја и примена)

В

о црковната терминологија антиминс се нарекува едно четириаголно платно, од свила или лен, кое секогаш стои на Светиот Престол во олтарот, а кое е завиткано во илитонот, а се чува под Светото Евангелие. На овој антиминс се служи Божествената Литургија. На него е претставено погребението Христово, со Јосиф и Никодим, и жените мироносици, и четирите евангелисти на четирите агли, а на постарите зачувани антиминси претставен е само крстот Христов, односно распетието. Бидејќи антиминсот е замена за престол, којшто пак го претставува Гробот Христов, затоа на него се претставува погребението Христово. Името антиминс е грчко-латинска кованица, од зборовите анти – наместо, и менса – трпеза, маса, односно, наместопрестолие, или подвижен престол за служење Литургија. Во првите векови, кога Црквата била гонета, и Литургијата се служела тајно, (обично врз гробовите или телата на мачениците, во краен случај и врз дланките на ѓаконите или врз градите на епископот) се употребувало платно во кое, при опасност, ги завиткувале светите дарови, и бегале на друго место. Кога христијанството станува

72

Број 30, година 8, Јули 2014


легално и слободно, почнуваат да се градат храмови врз гробовите на мачениците, а потоа од оваа пракса се воведува правилото, во секој храм, во светиот престол во олтарот задолжително да се полагаат свети мошти од свети маченици. Бидејќи антиминсот е замена за престол, односно подвижен престол, затоа е воведено и во него задолжително да се полагаат свети мошти од маченици.

www.povardarska-eparhija.org.mk

73


Поимот антиминс прв пат се сретнува во житието на преподобниот Маркијан Сиракуски (околу 700 година по Христа) и означува подвижна света трпеза (маса), на која светителот извршувал Божествена Литургија. Околу 9 век во Византија се пренесувал обичај да се употребуваат осветени дрвени табли или платна за извршување на Божествената Литургија во услови кога немало воопшто или не бил канонски осветен светиот престол. Овие табли, кои се користеле како престоли се познати и во праксата на антихалкидоните, кои биле прогонети, и поради тоа принудно извршувале Литургија на скришни места. Во писмото на свети Теодор Студит до Навкратиј се спомнуваат дрвени табли за служење литургија, како и во посланието на автократорите Михаил Втори и Теофил до Карло Лудовик, се спомнуваат дрвени табли на кои има икони, и врз кои служеле литургија. Светиот Никифор патријарх цариградски исповедник (+828) ги нарекува овие табли и платна антиминси. Изгледа овие антиминси нашле широка примена особено во текот на иконоборството. Подоцна во Црквата се употребувале антиминси само од платно. Од 17 век антиминсот станува задолжителен за секој престол, но можело и без мошти, а подоцна се наредува секој престол да има антиминс, а во антиминсот да има свети мошти. При осветување на храм се осветуваат и повеќе антиминси (а може и на обична литургија, врз веќе осветен престол, пред почетокот или за време на Литургијата), на кои е претставено погребението Христово, и на кои е наведено на кој датум, каде

74

Број 30, година 8, Јули 2014


и од кој епископ е осветен антиминсот, и за која црква е наменет. Тоа е еден вид мандат за секој свештеник за да може канонски да отслужи света Литургија, доказ дека свештеникот има благослов од својот епископ да служи литургија во конкретниот храм. Антиминсот денес се чува на светиот престол, здиплен под илитонот, и под Светото Евангелие, а се отвора при доаѓањето на архиерејот, и во текот на Литургијата, кога се кажуваат ектениите за огласените. Врз него се извршува Светата Литургија, врз него се подготвуваат честички за причестување на болни, а се затвора на крајот, на последната ектенија, по причестувањето. При осветувањето на антиминси, се попорскуваат со миризливи материи, вода од трендафилови цветови (розова вода, етерично масло од розови трендафили), или мирисно вино, а се запечатува со свети мошти, намачкани со свето миро и запечатени со воскомастих (материја од восок, мастих-смола, темјан и мириси). По осветувањето на антиминсите тие остануваат во истиот храм уште седум дена, и во тие денови се извршува секојдневно Божествена Литургија. Бидејќи антиминсот е замена за светиот престол, кон него треба да се однесуваме со голема побожност, не смееме да го оставиме да се валка, да се уништува, и никој освен клирот не смее да го допира. Исто така не смее ни да се пере.

www.povardarska-eparhija.org.mk

75


Милостина и молитви за покојните

С

тарецот Јаков Цаликис вели: Кога свештеникот вади честички и ги спомнува имињата на верниците на Проскомидијата, тогаш слегува ангел Господов и ги зема овие спомнувања и ги носи пред престолот на Владиката Христос како молитва за оние кои биле спомнати. Гледате ли колку голема вредност има тоа, да ве спомнуваат на Проскомидија? Еднаш заборавив меѓу покојните да ја спомнам мајка ми, која беше света жена. Кога ја завршив Божествената Литургија и отидов во мојата ќелија, додека седев, дојде душата, духот на мајка ми, и ми рече со болка: „Отче Јакове, денес не ме спомна“. „Како, мајко, па те спомнав. Секој ден те спомнувам и најголема честица вадам за тебе“ – ѝ реков. „Не, дете мое, денес ме заборави и мојата душа не се успокојува толку, колку што се случува во другите денови кога ме спомнуваш“ – ми одговори. Гледате ли колкава придобивка и полза добива душата кога ја спомнува свештеникот? Ја видов душата на татко ми, - раскажуваше старецот – како седи пред една куќарка како ќелија, и му велам: „Татко, ти самиот беше ѕидар, а не си изградил поголема куќа за да живееш комотно, туку седиш во една таква куќарка“. Тогаш, тој ми рече: „Чедо мое, ти, со твоите молитви и со милосрдните дела ми ја изгради оваа куќарка за да ја имам и да живеам во неа“. - Блажениот старец Јаков Цаликис –

76

Број 30, година 8, Јули 2014


С

тарецот Захарија се молеше за своите родители по нивната смрт, а особено за неговиот татко, бидејќи многу пиеше и псуеше. Кога стана старец, еден ден зборуваше со еден демон и го праша: - Имате ли многу христијани во пеколот? - Се разбира, - одговори демонот – и татко ти беше тука, ама ти го извади со милостините што ги даваше ти за неговата душа и со твоите молитви. - И мајка ми? - Мајка ти не беше таму, не ја видовме, иако ја баравме многу. Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

„Ο Στάρετς Ζαχαρίας“, εδκ. Ι.Μ. Ορμύλιας Χαλκιδικής.

www.povardarska-eparhija.org.mk

77


78

Број 30, година 8, Јули 2014




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.