Православна светлина бр. 33

Page 1

списание за православна вера, култура и образование издание број 33, година IX, април 2015

Црква „Св. вмч. Димитриј“ Кавадарци


На 21. 03. 2015 година, во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес се одржа Великопосен концерт на црковниот младински хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес, со кој раководи диригентката Веселинска Маџарова - Андова. Овој концерт се одржува втора година по ред во чест на најторжествениот настан во животот на Мајката Црква, а тоа е Воскресението Христово. Како и минатата година, на овој прекрасен црковен настан присуствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, речиси целото свештенство на Повардарската епархија, како и голем број присутни кои ги проследија велелепните звуци на нашиот младински хор. Во рамките на Великопосниот концерт беа изведени дванаесет композиции, во кои покрај нашиот хор, како солисти настапија Вариса Хајдарпашиќ, Елена Петрушева, Ана Михајлова и свештеникот Мики Миовски, а годинава велелепноста на ова прекрасно духовно и музичко збиднување беше збогатена и со настапот на нашиот најпознат црковен хор „Св. Злата Мегленска“ од Скопје, кој работи под водство на диригентката Летка Димовска Полизова. На почетокот на Великопосниот концерт пред присутните слово изрече и Митрополитот Агатангел , кој го благослови го овој настан.


ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

содржина † Велигденско послание - Митрополит Агатангел † Светоста во светот † Неколку карактеристики на православната вера † Неблагоразумна ревност † На Тавор, но без Голгота † Љубовта повредува † Краденото Бог не го благословува † Житија † Пастирско правило - Свети Григориј Двоеслов † За свештенството - старец Ефрем Катунакиски † Интервју со сестра Васа Ларин † Свети Власиј и животните † Опрелестениот отшелник † Царството Божјо † Секое зло и секое добро имаат крај - Св. Јован Златоуст † Магистарски труд - Отец Горан Панзов † Предговор на книгата „Беседи за животот по животот“ 2 дел † Предговор на книгата „Исус Христос, чудо на светската историја“

импресум

Списание за православна вера, образование и култура; број XXXIII, Април 2015 Излегува четири пати годишно. Издавач: Повардарска епархија на Македонската Православна Црква, Велес. Главен и одговорен уредник: Митрополит Повардарски г. Агатангел. Уредувачки одбор: Протоѓакон Влатко Стоименов, свештеник Јани Мулев, ѓакон Васил Ристовски, дипл. политиколог Никола Цилаков. Дизајн и компјутерска подготовка: Никола Цилаков. Печати: „Европа'92“ - Кочани www.povardarska-eparhija.org.mk e-mail: info@povardarska-eparhija.org.mk


А Г А Т А Н Г Е Л ПО МИЛОСТА БОЖЈА МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ, НА СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ВЕРНИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, ОДНОСНО ПОВАРДАРСКАТА ЕПАРХИЈА, ПО ПОВОД ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО - ВЕЛИГДЕН, ИМ ИСПРАЌА АРХИПАСТИРСКИ БЛАГОСЛОВ И МИР ОД БОГА

Драги мои духовни чеда, Денес, на Христовата Пасха, на празникот достоен за најголем восхит и веселие, на денот создаден за вечна духовна радост, на почетокот на секоја наша духовна победа, пред нашите очи заблескаа сјајните ѕвезди на Христовата светлина, изгреаја јасните зраци на божествената благодат, ни се предадоа клучевите од небесните и царски порти на богатата Божја духовна ризница! Долгата и темна ноќ ја изгуби силата пред сјајот на изгрејсонцето, мрачната смрт е уништена, животот за сите е откриен и достапен, сѐ е исполнето со неисцрпна светлина, Сонцето над сонцата се простира над сите и над сѐ, Родениот пред зората, пред почетокот на сѐ, Бесмртниот и Великиот Христос ни се прикажува посветол од секоја тварна светлина. Денес, драги браќа и сестри е Велигден - голем празник и вечно жив споменик на Божествената сила и совршенство. На

4

Број 33, година 9, Април 2015


овој Велик и Голем ден воскресна Богочовекот, се прослави и преобрази созданието Божјо, благоизволи Бог од страдањето да се роди исцеление, од смртта - бесмртност, од мртвилото - живот, од поразот - здравје, од паѓањето - напредок! Еве вака Бог го извршува Своето големо дело, од невозможното го прави неочекуваното, зашто за Неговата света волја сѐ е можно. Возљубени мои духовни чеда, Ако Јудеите ја празнуваа Пасхата во спомен на ослободувањето од тиранијата на египетскиот фараон и избавувањето на првородените од смртта, ние христијаните, својата Пасха, односно својот премин, го празнуваме како совршено ослободување од власта на нечестивиот и од силните стеги на духовната пропаст и урнисување. Ние го имаме Небесниот и од Бога Испратениот Агнец, Кој се принесува како жртва за нас и Кој нѐ ослободува од силата на гревот и бесмислата и нѐ изведува од земјата на минливото и нѐ воведува во државата на вечното. Воскреснатиот Христос е нашата Пасха, нашиот спасоводен премин, нашето www.povardarska-eparhija.org.mk

5


торжество духовно, нашето просветување преку новоизгреаната светлина, нашиот светол украс на свадбената поворка! Затоа, оној кој е благочестив и богољубив нека се наслади од ова светло предложение и од овој свет принос. Кој е благоразумен слуга, нека влезе во радоста на својот Господар! Христос воскресна и смртта ја уништи! Христос воскресна и демоните пропаднаа! Христос воскресна и Адам се спаси! Христос воскресна и сѐ земно, подземно и надземно се радува! Возљубени следбеници на Воскреснатиот Спасител, На денот кога го празнуваме Воскресението, ја славиме всушност непобедливата сила Христова, која е светлина и живот. Светлината и животот секогаш одат заедно. Каде има сонце, таму има и живот. Животот не може да опстојува во темнина. Христос е нашето сонце на правдата и затоа Неговата воскресенска светлина нека се пробие во најдлабоките делови од нашите души, нека ги облагороди во целост нашите срца, нека ги умудри делата на нашите раце и нека ги просветли нашите животи. Воскресението Христово е духовната скала од земјата до небото, патоказот кон вечното Царство на мирот и радоста во Светиот Дух. Синот Божји зеде тело човечко, живееше меѓу нас, пострада, беше распнат и на крајот воскресна, се вознесе и седна оддесно на Отецот, прославувајќи ја човечката природа. По славното Христово Воскресение, човековиот живот добива сосема нова смисла и вреднување. Верни чеда на Македонската православна црква, Секогаш, при сите наши постапки и дела, да го имаме предвид Воскреснатиот Христос и Неговите вечни пораки и примери за мир на земјата, трпеливост во искушенијата и разбирање, 6

Број 33, година 9, Април 2015


љубов и почит кон нашите ближни. Никогаш да не заборавиме дека не ни се ближни само блиските роднини и пријатели, туку сите луѓе на овој свет, без разлика на нивната националност или убедување. Христијанската воскресенска љубов е еднаква и за пријателите и за непријателите, впрочем заради тоа е уникатна и преобразувачка нејзината моќ и влијание во духовното раснење на секој човек, без разлика од која средина и да доаѓа. Бидете бодри во духот, ведри во мислите свои, исполнителни и ревносни во секојдневните обврски. Љубете ја својата земна татковина Р. Македонија и нашата заедничка мајка Светата Македонска православна црква. Никогаш не пропуштајте да чините добри дела, при тоа не заборавајќи дека нашите свети предци скапо ја платиле нашата слобода. Не смееме да дозволиме да бидеме запаметени како генерација која за бадијала ги распродала своите вековни духовни достигнувања и национални придобивки во име на некакви повисоки и апстрактни цели, промовирани од лажни авторитети. Втемелувајќи се во Божествената љубов и вистина, трпеливо градете ја семејната заедница, радувајте се на своите телесни рожби, кои се нашето најголемо и бесценето богатство. Во една таква духовна и молитвена насоченост празнувајте ги престојните Велигденските празници, а Семоќниот Бог, нека ги услиша нашите молитви, нека биде присутен во сите наши мисли и дела, нека нѐ крепи во здравјето и нека биде сопатник во нашите напори да бидеме подобри луѓе. Христос Воскресна! Навистина Воскресна! Во Велес, на Велигден, 2015-то лето Господово

www.povardarska-eparhija.org.mk

7


Светоста во светот

Н

ашата тема е светоста во светот, без разлика дали сте во брак или сте сами. Светот и луѓето денес се наоѓаат во бедна состојба, живеат во разводи, во разрушени бракови, без брак. Целиот свет е потресен и сите ние живееме со тоа. Како ние, како православни христијани, Го следиме Господ? Како можеме да ја стекнеме светоста? Еднаш во Њујорк имав беседа на таа тема, еден човек стана и ми рече: „Отче, каква светост, јас би бил среќен едноставно да останам жив!“ Понекогаш нашиот живот ни изгледа како да сме изгубиле секаква контрола, не знаеме како да најдеме стабилна основа... Водиме борба поради таа причина и многу често се предаваме. Си мислиме дека патот на Господ е многу тежок. А од друга страна, светот нѐ повикува, тој небаре ни дава смисла, бидејќи ни овозможува комфор за миг. Обично тоа е многу висока цена. Сепак, тој ни дава удобност и задоволство. Исто така ни дава средства, за да избегаме од борбата и да не бидеме поврзани со никого. Сите имаме такви моменти. Еднаш дојде еден човек и ми рече: „Целиот живот ми се тресе. Воопшто не знам како да го средам“. Го прашав, каде е проблемот? Тој ми врати: „Јас живеам во Европа, имам прекрасна сопруга, три деца, чтец сум во црквата. Одам секоја недела во храмот, исто така и семејството. Најголемото дете е девојче и се подготвува да стапи во брак со прекрасен човек. Однадвор изгледа дека, сѐ е во ред... Но внатре во мене е потполна катастрофа. Не знам што да правам? Преку цел ден се прашувам дали, ако престанам да си велам, дека молитвата е многу важна, животот ќе ми стане поинаков. Јас сум таков, затоа што си повторувам дека Бог постои, или затоа што се трудам да бидам првославен христијанин. Внатре во мене нема ништо – тоа се само идеи, серија концепции. Не можам веќе да балансирам со сите тие – со концептот за бракот, за семејството, за таткото, за сопругата, бизнисменот, чтецот во црквата... 8

Број 33, година 9, Април 2015


Што претставува сето тоа? Едноставно се вртам во круг и се обидувам да бидам тој, за кој луѓето велат дека треба да бидам. Не сум поврзан со ништо, зато што ми страв да престанам да мислам и да верувам, што да правам?“ Не сте ли стасале и вие до таква точка? Сте имале ли такви мисли? „Слушам луѓе, кои се инпресионирани од Бог, но јас немам таков опит“. Што не е во ред со мене? Што не е во ред во вас? Немаме врски помеѓу нас. Имаме само идеи – ни зборуваат во семејството, во општеството, во Црквата кои сме, какви треба да бидеме, какви треба да станеме, како треба да се држиме, за што треба да мислиме. Но сето тоа нема никаква смисла, дури немаме врска со тоа, кое го зборуваме. Ќе ви раскажам и една друга историја. Еден период живеев со бездомници. Беа 150 души и имаше скитници, поранешни затвореници, наркомани, проститутки... Ние се боревме, се обидувавме да ги научиме да им го промениме животот на сите нив. А тие имаа опит од претходниот живот и никаков опит од новиот живот – да живееш со Бог, да живееш во нормално семејство, да научиш да бидеш предаден и стабилен, трезвен и да сакаш. Сето тоа за нив едноставно беа само концепти, а не нивно лично искуство. Имаше едно девојче, Џојс, на околу 30 – 35 години. Беше болна од хепатит, зависничка од хероин, проститутка со 5 деца. Ниту едно од децата не беше со неа. Постојано влегуваше и излегуваше од затвор. Една ноќ дојде претепана, предозирана, окулу 23.30 часот и рече дека ќе умре и бараше помош. Ние ја примивме, и како и сите останати, одново ја сместивме во собата за гости. Се согласи www.povardarska-eparhija.org.mk

9


да помине низ програмата за детоксикација. Џојс се врати и по 30 дена без наркотици се тресеше, беше раздразлива. Решив да ѝ дадам многу лесна работа. Имавме библиотека со многу маси – таму ги поминувавме утринските средби. Ѝ велам: „Сѐ што треба да правиш, е да ги местиш перниците на диваните (софите), да ги чистиш масите, да ги ставаш книгите на нивните места и да се грижиш за тоалетот. Цел ден“. Таа се согласи. Се враќам и сѐ беше во неред, толетот неисчистен. Ја најдов и ѝ велам – види, што мислиш за ова? А таа рече: „За мене тоа е доволно чисто. Многу почисто од секој тоалет во кој сум била јас!“ Таа едноставно немаше опит од тоа, што сакав да го разбере. Кога ѝ велев да исчисти нешто, таа соодветно го споредуваше со својот опит, не со мојот. Кога не ги разбирате заемните односи со Бог, не разбирате што значи да сакате, да бидете послушни – едноставно слушате зборови, но не можете да ги поврзете со опит. На тој начин се однесуваме кон сѐ. Така сето она што го гледаме и слушаме, го филтрираме преку нашиот опит. Ако сакаме некој да разбере нешто повеќе, треба да ја промениме призмата. Треба да им покажеме. Всушност затоа Господ Исус Христос дојде, бидејќи нашата призма воопшто не може да ја разбере Божјата љубов. Сите живееле во состојба на Адамовиот првороден грев. Кога пророците зборувале за Бог, станувало збор за Некој, Кој е на небото, а не тука. Исус Христос дојде и го донесе Бог тука, за да имаме врска со Него. Така ја промени призмата преку која гледаме. Како го наоѓаме Бог – сакајќи се еден со друг. Тој рекол: Ако Ме сакате, сакајте се еден со друг. Ако велите, дека Бога го сакате, Когошто не Го гледате, а не го сакате ближниот кој што го гледате - лажливци сте. Ние сме точно во таа состојба. Каде е проблемот? Не знаеме што значи да сакаме. Ние велиме, ти си пијаница, ти си крадец, не сакам да имам блискост со тебе... Тоа ме растројува. Ти ми се допаѓаш, а ти не. Бидејќи првото нешто што го гледаме е проблемот, а не личноста. А треба да го гледаме она што го гледа Бог. Бог го гледа тој кого го сака. Затоа продолжува да нѐ сака, затоа и ние со вас уште не сме мртви. Тој продолжува да ни дава прилика да Му се вратиме. Тој не го гледа лажливецот, не го гледа тој кој паѓа, не го гледа тој кој го игнорира, пред сѐ Бог го гледа оној кој го сака. И продолжува да ни одговара, затоа што нѐ сака. Токму тоа го сака и од нас – да го гледаме во ближниот она што го сакаме. И затоа што го сакаме, ние можеме да му помогнеме, можеме да ги промениме другите и себеси. Како да го правиме тоа во светот? Тоа е невозможно без љубов. А љубовта е невозможна без заемен однос. Врската е невозможна без заедница. Не можеме да ја постигнеме сами. Но како да го направиме 10

Број 33, година 9, Април 2015


заедно? Во бракот, во монашкиот живот, во дружбата, во служењето на другите. Црквата е заедница, и ние таму го спознаваме Христос. Таму се учиме да се сакаме еден со друг. Во светата Евхаристија ние сме едно. Токму оттука тргнуваме. Најголемата добродетел од сите е љубовта. Љубовта секогаш е за другите, а не за себеси. Јас и пред тоа сум кажувал – ако со некој имате врска и сте со него, а при тоа велите: „ме сакаш ли?“, тој човек треба да бега од вас како луд. Бидејќи таков човек не бара да ве сака, туку вие да го сакате. Тој човек ќе се претвори во психичка габа која ќе ве исцеди. Затоа што постојано мисли само на себе. Единствено што треба да слушаме од другиот е: „јас те сакам!“ Љубовта не прави разлика. Господ Бог не вели: „Јас те сакам, затоа што...“ Не вели: „Јас ќе те сакам, ако...“ тој ве сака потполно и секогаш. Без разлика што правите вие. Тоа е она што Бог го очекува од нас – да го сакаме без услови, со целиот разум, со целото срце и душа. А исто така и ближниот. Ако правам селекција и не сакам никого, тоа е затоа што никој не одговара на мојот стандард. Љубовта без послушание е нешто, што не те прави стабилен. Послушанието кон оној, кого го сакате, ве прави слободен од чудовиштето. Помислете кое е тоа чудовиште? Вие сте чудовиште! Да сакаш некого и да си му послушен, те прави слободен од целата твоја лудост. Првин Го сакаме Господ и ако сме му потполно послушни, стануваме слободни. Љубовта без обврски не е љубов – јас имам потреба од тебе, мене ми е потребна некаква сигурност, ако немам потреба сѐ ќе биде совршено. Тоа не е љубов - љубовта ја има секогаш. А не со безброј услови – да го има тоа и тоа, за да го направам тоа итн... Тоа е љубов кон себеси. Господ рекол – љуби Го Бог, сакај го ближниот и својот непријател, Он никогаш не рекол: „Сакај се себеси“. Да Го сакаш Бог значи да имаш врска, да го сакаш ближниот, но исто така да го сакаш и непријателот. А во самољубието нема врска. Вие се затворате во себе и чекате некој да дојде да ве сака?! А во тоа време што правите – се сакате само себеси! Немаш заемен однос и се претвораш во чудовиште. Превод од бугарски јазик: Свештеник Игор Пармачки

www.povardarska-eparhija.org.mk

11


НЕКОЛКУ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРАВОСЛАВНАТА ВЕРА Проф. др. Отец Думитру Станилое

П

равославната вера ја сочувала содржината и богослужбите на првобитното христијанство. Сепак, иако таа по својата суштина претставува продолжение на верувањето, богослужбите и духовноста на неподелената Црква, необично и вистинито е и тоа што таа беспрекорно и исклучително успешно се соочува со духовните потреби на луѓето, кои до денешен ден ѝ останале верни. Суштината на православната вера во текот на двеилјадигодишната историја на човечкиот род останала неизменета. Токму поради тоа, Православието со векови не е обременето со нешто што денес би требало да се елиминира. Исто така, тоа не ги црпело суштинските карактеристики на своето постоење од повремените елементи на некој историски период, а не ги црпи ни денес. Православието во периодот на Средниот век не се изменило, како што било случај со римокатолицизмот, ниту е само по себе некој резултат на давање отпор во периодот на Ренесансата, како што е случај со протестантизмот. Тоа дури ни денес нема потреба да ја менува својата суштина, за низ процесот на секуларизација, да се прилагоди на современото доба. Православието во тајната на Црквата, сочувана со едноставниот израз на верата, не вовело суптилни и сложени иновации на поедини учители, водени од желбата за сладост на интелектуалните вежби, а не за длабоката и неизмерна почит на таинствениот однос помеѓу Бога и човекот. 12

Број 33, година 9, Април 2015


Православието никогаш не ги мешало излишните човечки мисли, со едноставната, таинствена, величествена, непроменлива и секогаш жива суштина на основните вистини за тајната на спасението. Може да се каже дека Православието го сочувало масовниот карактер, бидејќи луѓето, во својата едноставност, слабо реагирале на минливите идеологии на историските периоди, истовремено останувајќи отворени за реалните и суштински проблеми на сите времиња. На православието не му е потребна секуларизација да се соочи со современиот човек. Спротивно од тоа, многу добро знае дека всушност, со тоа би го изгубило човечкиот аспект, односно веќе не би можело да одговара на основните проблеми на спасението, кои тлеат под пепелта на секое човечко битие. Навистина, Православието секогаш се прилагодувало на одреденото време. Тоа на искрените верници, секогаш им помагало во сите прилики, како во нивните трудови и борби за опстанок, така и во трудовите да се ослободат од туѓата власт. Романската православна црква со воведувањето на националниот јазик во богослужбите пред триста години, помогна во создавањето на романскиот книжевен јазик. Но, прилагодувањето на Православието на времето во кое живее, не подразбира да престане да биде Тајна, ниту значи дека Тајната е заменета со некоја идеологија, карактеристична за конкретната епоха. Православието тоа го прави со потполно уважување на вредностите на самото создавање. Тоа секогаш останало тајна на едноставни факти, но основни и неопходни за верскиот живот. Православието секогаш живеело и сѐ уште живее на тој начин. Во таа смисла, тоа им го дава Христос на верните, Христос Кој е ист вчера, и денес, и во вечни векови (Евр. 18,3). Исус Христос е Тој, Кој е секогаш ист и совршено нѐ поучува и денес и вчера. Древниот Закон подлежел на промени, бидејќи непрестајно се откривал, го проширувал своето значење, додека конечно не е заменет со Самиот Христос. Така законот, поради својата несовршеност како спасоносна тајна, е запоставен: „А пак, одменувањето на поранешната заповед се изврши поради тоа што беше слаба и бесполезна. Зашто Законот ништо не доведува до совршенство“ (Евр. 7, 18-19). Сите човечки идеологии минуваат низ ист процес. Едната исчезнува, и неа ја заменува друга како што имаше „многу свештеници“ (Евр. 7, 23). „А Тој, бидејќи живее вечно, има свештенство што нема да www.povardarska-eparhija.org.mk

13


мине на друг. Затоа Тој и може за вечно да ги спаси оние што преку Него доаѓаат кон Бога, бидејќи е секогаш жив за да се моли за нив“ (Евр. 7, 24-25). На Православието, поради совршеното достоинство на првосвештеникот Христос, не му се потребни никакви промени – додавања или одземања. Неговата единствена задача е да говори за времето и да го истакнува неговото достоинство во целата своја полнота. Изреката Ecclesia semper reformanda (Црквата секогаш треба да се реформира) не важи за Православието, бидејќи тоа ни го дава целиот Христос Кој semper conformis cum omni tempore (секогаш нов во сите времиња). Тајната на спасението во православната вера секогаш живеела во целата своја полнота. Неколкуте термини, усвоени на Вселенските собори, немале за цел да ја сведат оваа тајна на рационалистичка дефиниција, туку да ја одбранат од оние кои се обидуваат да ја рационализираат, ограничат или уништат. Овие термини требало еднаш засекогаш да ја заштитат таинствената Благовест објавена во Новиот Завет – дека сме спасени преку Синот Божји, Кој станал човек, при што, вечно останува непроменлив Бог и непроменлив човек; дека сме спасени преку Бог Кој во исто време е и совршен човек и како таков, достапен за сите нас, или поточно кажано, Кој е неисцрпен извор на живот. Вселенските собори ја бранеле Тајната на спасението, која ни открива дека неисцрпниот и живототворен извор е достапен онолку, колку и нашиот ближен. На Вселенските собори е востановена јасна разлика помеѓу пантеистичкиот елинизам, предводен од знаењето и Бог со кој се заедничари и со тоа ја потврдува вечната вредност на човекот како неповторлива личност. Соборите одолеале на искушението на рационализмот, Тајната на спасението да се обесмисли и обезвредни со претворање на Бог во суштина (ousia) подредена на законите на разумот и можно човечко загубување во таа суштина. Само личноста може да го избегне рационализмот и да остане неисцрпна тајна, а истовремено да остане знајна на друга личност, како што Бог е близок на човекот, но истовремено останува вечна Тајна. Еден од последните приговори на Православието е она со кое се вели дека, како и западното христијанство, и Православието се прилагодило на средновековната ренесанса и на византискиот менталитет, односно, живоносната суштина на христијанската тајна ја 14

Број 33, година 9, Април 2015


закопало под купиштата на формалното и аристократско велелепие, кое не одговара на нашето време. Имено ние не го порекнуваме фактот дека Византија доста влијаела врз христијанството, но не се допрела до суштината на христијанската тајна. Она што во животот на Источната Православна Црква се смета за наследство, се мноштвото символи кои ја изразуваат христијанската вера и нејзиното битие оживотворено во богослужбите, уметноста и во животот воопшто. Меѓутоа, самото влијание на Византија не можело да помогне во развојот на символизмот, својствен на изразувањето на христијанската тајна. Изразито рационалните и догматски излагања, со кои Западот се обидел (и се обидува) самата Тајна да ја замени со символи, потекнува од уверението, дека може со зборови прецизно да се објасни. Во стварноста, оваа Тајна се сведува на празни зборови или се обесмислува при секој обид за ставање во строго смислените рамки и интелектуални дефиниции. Парадоксалната и апофатичка полнота на тајната на спасението поточно се изразува со символи. Воопштено да се зборува за Крстот и Воскресението, да се созерцуваат низ иконите, односно символички и литургиски да се изразуваат, сето тоа овозможува приближување на Тајните на спасението до човекот, за разлика од Анселмовата теорија на задоволување или протестантската теорија, кои можат да ја изразат само едната страна на недостижната Тајна на спасението. Ако е потребно Православието да се прилагодува на потребите на современиот човек, не може целосно да се редуцира символичкото изразување, туку само да се поедностави веќе постоечкиот израз. Така веднаш би се согледале символите на оваа христијанска тајна, која ги исполнува насушните, едноставни и постојани човекови духовни потреби. Имено, Бог е блиску до нас преку нашиот ближен, воскресението преку крстот, честа преку понизноста, воздржувањето преку трпението, слободата преку благодатта, смислата на животот преку верата во животот по смртта, индивидуалноста преку заедницата, развојот на личноста преку себеодрекувањето итн. Превод: Јаков Илкоски

www.povardarska-eparhija.org.mk

15


Неблагоразумна

р евност К

ако Јудејците, кои не разликувајќи ја суштината од формата, она што е од Бога од она што е од луѓето, го распнаа самиот Богочовек, така и меѓу христијаните има голем број од оние кои водени од гордоста, навалуваат на ближните осудувајќи ги за грешките кои ги прават во црковниот живот, истовремено сметајќи ја својата ревност за еднаква на светителската. Треба добро да внимаваме на телесната ревност, која надворешно делува благочестива, а всушност е неразумна и штетна за душата. Светските луѓе и многу монаси, по своето незнаење, многу ја фалат таквата ревност, не сфаќајќи дека нејзини источници се вообразеноста и гордоста. Оваа ревност тие ја величаат како ревност за верата, за побожноста, за Црквата, за Бога. Таа се состои помалку или повеќе во остро осудување и разобличување заради нивните морални грешки и грешки против црковниот ред и поредок. Измамени со лажното сфаќање за ревноста, неблагоразумните ревнители предавајќи и се, мислат дека ги подражаваат светите отци и светите маченици, заборавајќи за себе дека не се свети туку грешни. Ако светиите ги разобличувале грешниците и безбожниците, тоа го правеле по Божја заповед и по своја обврска, поттикнати од Светиот Дух, а не поттикнати од своите страсти и од демоните. Оној пак кој своеволно одлучи да го разобличи сојот брат или да му приговори, тој јасно покажува 16

Број 33, година 9, Април 2015


и докажува дека себеси се смета за поблагоразумен и подобар од оној кого го разобличува, дека делува поттикнат од страста и измамен од демонски помисли... Човекот, воден од плотското мудрување, никако не може правилно да суди ни за својата внатрешна состојба, ниту за состојбата на ближниот. Треба да се забележи дека по здобивањето на духовниот разум недостатоците и грешките на ближниот почнуваат да изгледаат неважни, бидејќи се искупени од страна на Спасителот и лесно излечиви со покајание, а тоа се истите оние недостатоци и грешки кои на телесниот разум му се чинеа бескрајно големи и значајни. Всушност, очигледно е дека ним телесното мудрување им придавало толку големо значение. Телесното мудрување во ближниот гледа такви гревови какви што во него воопшто и нема, од таа причина оние кои се поведени од таквата неразумна ревност често паѓаат во клевета на ближниот и стануваат орудие и игралиште за паднатите духови. Никој умен, нема да оспори дека омразата и злопамтењето раѓаат озборување. Затоа во ова свое излегување го ставам на ова место, одма до неговите родители. Озборувањето е рожба на омразата. Тоа е танка но крупна болест, скриена и пакосна пијавица, која ја цица и ослабува крвта на љубовта. Озборувањето е лицемерие на љубовта, причинител за осквернување и оптоварување на совеста, уништување на чистотата. Некои девојки, грешат јавно и без срам, а други потајно и со повеќе срам прават уште полоши работи од првите. Такво нешто може да се види и кај срамните страсти. Има многу тајно, внатрешно расипани девојки (т.е. страсти) - лицемерие, лукавство, грешна тага, злопамтење, озборување во срцето. Видливо, тие се едно, но однатре гледаат на друго. Кога во една прилика слушнав некои луѓе како озборуваат, јас им се заканив. Сторителите на ова зло во своја одбрана наведуваа дека тоа го прават од љубов и грижа кон оној што беше тема на озборувањето. А јас им реков: „Оној што тајно го клевети ближниот свој, ќе го погубам“ (Пс. 100,5). Ако навистина го љубиш ближниот свој како што велиш, помоли се тајно, а не да го исмејуваш човекот. Тоа е начин што Му е угоден на Господа. А и ова нека не ти остане непознато, па ќе внимаваш да не ги осудуваш луѓето кои ќе се сопнат: додека Јуда беше ученик Христов, разбојникот припаѓаше на убијците, и ете чудо, како во него се случи таква промена! Кој сака да го победи духот на озборувањето, вината нека не ја припишува на оној што паднал, туку на демонот, кој што го соборил. Бидејќи никој баш особено не сака да греши против Бога, иако никој од нас не греши принудно.

www.povardarska-eparhija.org.mk

17


Познавав човек кој јавно згреши, а тајно се покаја. И оној кого го осудив како блудник, веќе стоеше пред Бога како невин, помилуван со искрено покајание. Никогаш немој да се срамиш пред оној што во твое присуство го озборува ближниот, туку речи: Престани брату! Јас секој ден паѓам дури и во поголеми гревови. Па, како можам да го осудувам? Така со еден замав ќе направиш две добри дела: со еден лек ќе се излечиш и себеси и ближниот. Еден од најкратките патишта да се добие прошка за гревовите е: да не осудуваме. Не судете, и нема да ви се суди (Лк. 6,7). Како што оганот е спротивен на водата, така и осудувањето е далечно за оној што сака да се покае. Немој да судиш дури и тогаш кога ќе видиш дека некој греши непосредно пред својата смрт. Судот Божји на луѓето не им е познат. Некои јавно правеле големи гревови, но уште и поголеми добри дела вршеле тајно. И оние кои им се потсмевале, биле измамени, бидејќи од чадот не го забележиле сонцето. Слушајте, слушајте ме сите кои строго ги судите туѓите дела: ако е точно (а точно е) дека нам ќе ни се суди со истиот суд со кој ние судиме (Мт. 7,2), тогаш секако ќе паднеме заправо во оние телесни или душевни гревови за кои ги обвинуваме ближните. Строгите и грижливи судии на гревовите на својот ближен боледуваат од наведените страсти затоа што немаат совршено и трајно сеќавање и грижа за своите сопствени гревови. Бидејќи, оној кој точно, без обвивката на самољубието, ги гледа своите зли дела, за ништо друго од земските работи веќе не се грижи, мислејќи на тоа дека ниту за сопствениот плач нема да има доволно време, дури и сто години да живее, и дури и да види дека од неговите очи тече река од солзи, голема како Јордан. Го испитував плачот, и во него не најдов ни трага од озборување и осудување. Демоните не наговараат, или да грешиме, или ако не грешиме да ги осудуваме оние што грешат, така што, убијците со помош на другото да го извалкаат првото. Знај дека злопамтивите и злобни луѓе се препознаваат и по тоа што, обземени од духот на омразата, лесно и со задоволство ја намалуваат вредноста на учењето, на делувањето и на доблестите на својот ближен. Познавав некои луѓе кои тајно и скриено од светот правеа најтешки гревови. Меѓутоа, сметајќи се за чисти, тие тешко ги напаѓаа оние кои јавно паѓаа во лесни гревови. Да судиш, значи бесрамно да си го присвоиш Божјото право, а да осудуваш значи да си ја упропастуваш душата своја. Како што презирот може и без другите страсти да го упропасти човекот, така и судењето само 18

Број 33, година 9, Април 2015


по себе може совршено да не погуби. Оној фарисеј беше осуден всушност заради тоа (Лк. 18,10). Добриот градинар собира само зрели јагоди. Умниот, исто така ги забележува само доблестите и само за нив говори. А безумниот ги пронаоѓа само грешките и недостатоците. За него е речено: „Па бараа неправда, вршеа испитување“. (Пс. 63,6) Немој да осудуваш дури ни тогаш кога со свои очи ќе видиш дека некој греши: често и очите лажат.

Свети Игнатиј Брјанчанинов

Превод: Јаков Илкоски

www.povardarska-eparhija.org.mk

19


На Тавор, но без Голгота?

Старец Никон Светогорец

ногумина мислат дека Бог создал само едно небо, но Тој создал не едно, туку две. Многумина мислат дека Тој создал само една земја, но тој создал две. Но да почнеме од почеток... Пред Бог да го создаде овој свет, кој го знаеме и во кој живееме, Он го создал духовниот свет, светот на ангелите. Пред создавањето на светот, кој го познаваме, се случил бунтот на Деница против Бог. Деница бил следен од ангели, кое го предизвикало нивното преобразување во демони. Тие ангели, тие бестелесни суштества станале демони. Тие, бидејќи без тело, се претвориле во нешто толку страшно. И не отишле во адот, туку го создале адот. Знаете ли што значи тоа? Треба да внимаваме во духовните гревови повеќе од телесните. Архангелот станал ѓавол не преку некаков телесен грев

М

20

Број 33, година 9, Април 2015

(тој немал тело – не блудствувал, не крадел...), туку преку својата гордост, преку еден духовен грев. Гледаме колку е страшна гордоста, како и сите други гревови – затоа токму на нив треба да обрнуваме големо внимание. Кога внимаваме на помислите и пребиваме во смирение, тогаш и гревовите ќе стојат далеку од нас. Духовните гревови се многу потешки од телесните. Презирањето што можеме да го чувствуваме кон другиот, тоа што го сметаме за понизок од нас, е многу потежок грев од телениот грев. Затоа што кога душата се оддалечува од Бога, наскоро и телото ќе тргне по неа. Телесните гревови се раѓаат од духовните гревови. И така, бунтот на Деница и неговото паѓање се случи пред создавање на светот. По паѓањето во духовниот свет, Бог го создаде и материјалниот свет. Како што е речено „Он рече и би“. Тој ги


создаде небото, земјата, ѕвездите, морето, како што е напишано во книгата Битие. Откако ги создаде тие два света - духовниот, и видливиот материјален свет, Бог направи нешто неверојатно. Тој зеде (материјал) од двата света и го создаде третиот свет, во кој ги обедини двата света и го создаде тоа Свое последно создание на уникатен начин. Додека за сите други е речено „Он рече и би“, кога дошло времето Творецот да го создаде Адам, Он рекол – да создадеме човек по Наш образ и подобие. „И го создаде Господ Бог човекот од земјан прав и му дувна во лицето дух животен“. Тој дал од Својот Дух и го создал Адам, кој ги содржи и двата света во себе. Преку Адам целиот свет имал општење со Бог, бидејќи првиот човек имал и тело, и дух. Во неговата личност биле обединети и двата света. Затоа неговиот пад бил толку страшен. Адам го претставувал целиот свет во мало. Еден антички грчки филосов, без да го знае тоа, кажал нешто прекрасно, кога го нарекол човекот „микрокосмос“. Свети Григориј Богослов подоцна вели: „Колку сум мал и во исто време голем“. Еден лев интелектуалец – Артур Костлер, голем ум, за да ја покаже големината на човекот вели, дека човекот стасува од ништо до бескрај. Преподобен Јустин Поповиќ - голем српски исповедник, наш современик, за да ја покаже истата мера на човекот вели, дека тој толку е голем, што

може да стаса од ѓаволот до Бога. Пак свети Григориј Богослов вели, дека тој е мал по тело, но голем по дух. Зошто? Затоа што бил создаден по образ Божји. Внимавајте! Човекот не е образ на Бога, туку сме создадени по образ Божји, а образот на Бога е Христос. Ние сме создадени да се уподобиме на Христос по образот Божји, Којшто е Христос. Треба да се уподобиме на Христос, бидејќи треба да станеме богови, како што Христос е Бог. Свети Василиј Велки вели, дека човекот примил заповед да стане бог. Тој посакал да постои независно од Бог, Кој бил извор на неговиот Живот, но наместо да стане бог, тој се оддалечил и го прекинал општењето со Него. Се оттргнал од Него, покажувајќи непослушание. Сакам да постојам без Твоето мислење, спротивно на Твоето мислење, рекол човекот. Каков бил резултатот? Таа врска, која го обединува целиот свет, целата вселена со Бог, била прекината. И еве целото создание се стркалало кон пропаста на распаѓањето. Бог рекол: кога ќе вкусиш од него (од плодот на дрвото за спознавање на доброто и злото), ќе умреш. Адам и Ева не умреле во истиот ден. Од тоа разбравме дека Бог ја имал предвид духовната смрт. Оттука – телото без душа не може да живее. Црквата учи дека благиот Бог ја допуштил смртта, за да не стане злото бесмртно. Оттогаш сѐ што е создадено офка, доживува болка и воздивнува. Бидејќи www.povardarska-eparhija.org.mk

21


знаеме дека сета твар заедно офка и страда до сега. Бог не го создал светот таков, како што го гледаме ние сега. Тој свет, кој што го знаеме е свет во паѓање. Целото творение го чека спасението на човекот, за да се спаси и тоа со него. Во христијанството никој не се спасува сам. Не само што сите се спасуваме заедно, туку го спасуваме и бессовесниот свет. Кои се пројави на таа вистина? Ги откриваме во тоа што бездушни твари, кои биле во контакт со некој свет човек, ги примаат својствата кои ги имал светителот. Кога свети Нектариј Егински умирал во болницата во Атина и го преоблекле, му ја соблекле облеката, и ја фрлиле на соседниот кревет и штом таа се допрела до еден парализиран човек, тој веднаш се исправил и проодел. Гледаме дека и преку предметите на светителите се случуваат чуда. Што е тоа? Тоа е материјалната природа, која влегла во контакт со светоста и така се осветила. Затоа свети Јован Златоуст вели – одете на гробовите на светителите, на мачениците, и земајте прашина од гробовите. Нашиот живот ја покажува вистината на тоа богословие. Умот не разбира, но ние ги примаме тие работи бидејќи ги живееме. Затоа протестантите не можат да ги разберат светителите и не ги признаваат – бидејќи не ги живеат. Опитот ни ја покажува вистината за Христос повеќе од 2000 години! Со паѓањето на првите луѓе 22

Број 33, година 9, Април 2015

се се срушило. На прво место умот на човекот. Умот станал земен прав, вели еден светител, т.е. инструмент, преку кој ние мислиме, првенствено се насочил кон земни работи: како да завојува, како да заработи, што да јаде, како да се облече... Умот ни е насочен кон тоа со што да го заситиме телото, а душата од Адам до денес продолжува да гладува за Бог. Телото се наситува, но срцето не се наситува, додека не го најде Бог. Што се случило по трагедијата на човековото паѓање? Преку своите пророци Бог покажал дека не ги оставил луѓето, туку секогаш бил до нив и се грижел за нив. Вековите минувале и настапило времето Он да создаде ново небо и нова земја. Кога времето се исполнило, тоа ново небо всушност било природното во лицето на Света Богородица. Бог ја зел нејзината плот и се соединил ипостасно со човечката природа. Божјиот Син станал Човек. Тој се скрил во нејзината плот, за да ни се открие нам. Кога Мојсеј ги примил Десетте Божји заповеди и слегол да им ги даде на луѓето, тие не можеле да гледаат кон него, затоа што лицето му светело многу силно од средбата која ја имал со Бог. Затоа тој го покрил лицето, за да може да се доближи до луѓето и да им го даде посланието, кое го примил. Сега Бог како да го направил истото. Тој зел од плотта на Пресвета Богородица, се облекол со неа и нејзината крв, за да може да оди помеѓу нас, за да


можеме да Го видиме. Он се скрил, за да се јави! Ако Пресвета Богородица не се родеше, уште ќе Го чекавме Христос. Затоа ја почитуваме толку многу. Христијанството е најфеминистичката религија во светот. Кој светител го почитуваме после Бог? Почитуваме една жена – Пресвета Богородица, која всушност е над сите светители. Пресвета. Во ниедна религија жената не е удостоена со таква чест. Според христијанството Таа е најдрагоцена за човештвото. Свети Јован Златоуст вели – како златарот што сака да направи убав украс и бара да најде чисто злато, најскапоцен дијамант, којшто го има, за да го обработи, така и Бог очекувал да се роди и да ја најде таа жена, за да се роди од нејзината плот и да оди помеѓу нас. Христос се воплоти заради нашето спасение, за да се спасиме ние. Но само ние ли? Не. Рековме, дека и материјалниот свет ќе се спаси, кога луѓето се спасуваат. А спасението на невидливиот свет? Отците велат, дека преку света Богородица ангелите биле удостоени со непроменливост, т.е. тие веќе не можат да се променат. Пред да се роди Христос, пред да биде распнат и да воскресне, демоните можеле да се покајат и одново да станат ангели (оние кои би го посакале тоа), а и обратно – небесните ангели имале избор да станат демони. По распетието на Христос тие ја зазеле својата конечна позиција. Ангелите

секогаш ќе бидат ангели, вели свети Григориј Богослов. Тоа се случило откако се родила света Богородица. Не само што станале неизменливи, но ангелите се удостоиле и со спознавање на Божјите таинства, вели еден друг светител. Ангелите ги научиле работите, кои дотогаш не ги знаеле, тие тајни им биле откриени од самиот Господ. Сега сфаќаме што ѝ должи вселената на Пресвета Богородица. Целиот свет: и луѓето, и видливиот, и невидливиот свет. Затоа и презирот, кој протестантите го покажуваат кон Пресвета Богородица, е толку страшен – ја сметаат за толку ниска. Некои од нив велат, дека света Марија Магдалена стои повисоко од Божјата Мајка и придонела многу повеќе од неа. веројатно затоа што оддаваат поголемо значење на мисијата, но поентата е да не се правиме мисионери на другите, пред да си бидеме мисионери на самите себеси. Свети Јован Златоуст вели: Христос го прими моето тело и ми го даде Својот Дух, а свети Николај Кавасила, пак, вели, дека човекот бил прероден преку тоа ипостасно соединување. Преку тоа соединување на Бог со нашата плот се раѓа новиот Адам, Кој не е како првиот. Овој пат Он не е од прав и од дух, туку од крв и од Дух. Се раѓа Богочовекот. Тој е новиот Адам, не е човек, не е Бог, туку двете заедно. Богочовек. Во Посланието до Ефесјаните св. ап. Павле вели – за да соедини сѐ што www.povardarska-eparhija.org.mk

23


е небесно и земно под една глава – Христос. Не знам дали сте го гледале филмот „Страдањата Христови“ на Мел Гибсон, но ако не сте го гледале, ви препорачувам да го гледате со големо внимание, затоа што е многу смислен филм. Во една сцена од филмот гледаме како го камшикуваат, и облеан во крв Христос го носи крстот, оди кон распетието, и од една улица доаѓа Пресвета Богородица скршена од болка, заедно со св. ап. Јован кој ја поткрепува. Таа сака да отиде блиску до својот Син. Како да се осмели? Војниците го исмеваат, камшикуваат, коњите роптаат, некои плачат, други се потсмеваат, ѓаволот помеѓу нив... Таа се колеба, одеднаш нешто се случува (нема да ви кажам што, за да го гледате филмот) и таа одолејува на своето колебање, се втурнува кон Христос, Го прегрнува и Му кажува нешто, за да Го охрабри и утеши. На времето кога тој филм се проектираше насекаде, телефонот нон-стоп ми ѕвонеше во ќелијата и ме прашуваа за него. Сите ме прашуваа зошто Христос ѝ одговара нешто, кое нема никаква врска со кажаното од неа. Неговиот одговор е поврзан со она поради што настанала целата таа трагедија. Тоа, кое се случува повеќе од 2000 години во светот, тоа, поради кое 2000 години страдаат христијаните. Нема да ви го кажам, за да го гледате филмот и да внимавате на одговорот на Христос кон Пресвета Богородица. 24

Број 33, година 9, Април 2015

Според Никола Кавасила, Христос е архетип и цел Адам. Всушност човекот е создаден, за да се уподоби на Христос. Затоа, знаете ли како свети Василиј Велики го нарекува Рождеството Христово? Роденден на човештвото. Сите можеме да славиме роденден на Рождеството Христово. Сега ќе ми кажете – убаво е сето тоа, возвишена философија, длабоко богословие, но мене што ме засега? Каква полза имам од тоа? Блажениот Августин вели има три работи кои Бог не може да ги направи посовршени, иако е семоќен. Тоа е воплотувањето Христово (Неговата човечка природа), богомајчиното достоинство на Пресвета Богородица и бескрајната слава на светителите. И каква полза имаме од сето тоа? Никаква, ако не сакаме. Некои цитати, оние стихови од Писмото, кои гласат: по благодат сте спасени, преку верата беа оправдани. Тие велат, дека човекот се спасува преку верата. Да, Бог те спасува, но ако сакаш. Нашето спасение е во соработка со Бог. Ќе соработуваме со Бог за да се спасиме. Бог не нѐ спасува насила. Ние треба да сакаме да се спасиме. Кога се молиме за нешто на Бог, но не го добиваме, тоа не значи дека Он не нѐ слуша, туку има уште нешто, што треба да го направиме, а не сме го направиле. Додека не го направиме Бог нема да го направи Своето чудо за нас. За да не го направи, значи, Бог


има некаква причина. Ќе треба да покажеме дека сакаме да се спасиме. Тој ни кажал конкретни работи, ни рекол: „Не грешете!“ Како тоа? На пример, не можеш да речеш дека не сакаш да пиеш, а непрестајно си во друштво на твоите пријатели, кои времето го поминуваат во кафеаните. Ќе ги избегнуваш местата каде преовладува гревот. Кога Бог дава заповед да биде спасен Лот со неговото семејство, Он не им вели, „одете во Содом и Гомор!“, туку: „Бегајте далеку во планините...“ „Дојдете при Мене сите обременети, и Јас ќе ве успокојам“, - вели Христос. Ние не треба само да ги слушаме Неговите зборови, туку и да одговориме на Неговиот повик. Подобно на мудреците од Исток, кои, штом ја виделе Витлеемската ѕвезда, тргнале по неа. Знаете ли, што значи во тоа време, да го изодиш целиот тој пат, кој го поминале мудреците – без да знаат каде ќе им биде крајот?! А ние, од своја страна, не сакаме да претрпиме дури и најмала тага од љубов кон Христос. Што сака Он од нас? Незначителни и мали работи – преку нив ќе отидеме во рајот, преку мали секојдневни работи ќе се спасиме. Од тоа, како зборуваш со другиот, од насмевката, со кој ќе се сретнеш, од добриот збор кој ќе го кажеш, од доброто дело, од добрата мисла... се едноставни работи кои ќе нѐ спасат. И едноставни работи ќе нѐ пратат во адот. Од тоа, како живееме секојдневно, ќе отидеме во рајот

или во адот. Не станува збор за херојски постапки – да нѐ фрлат на лавови, да нѐ затворат во темница, да нѐ колат... Обичниот живот што го живееме ќе одлучи дали ќе се спасиме или ќе погинеме. И кога ќе настапат тешки денови и години, тогаш, според животот што сме го живееле до моментот, до таков степен Божјата милост ќе нѐ поткрепи. Едноставните секојдневни работи, на пример, како исповедта. Колку често пристапуваме кон исповед кај свештеникот? Вреди ли да ни биде толку далеку растојанието од нашиот дом до храмот? Тоа се прашања на кои е важно да си одговориме. Да прочитаме некоја духовна книга, да покажеме малку повеќе љубов кон нашиот брат – за такви работи зборуваме... Свети Никодим Светогорец обрнува внимание на тоа, како мудреците виделе една ѕвезда и без колебање тргнале по неа. А за тебе, брате, колку ѕвезди создал Бог да светат, за да те доведат до Неговата благодат? Благите помисли на срцето – тоа ни се ѕвезди, кои нѐ водат до Христос. Блага мисла, која Бог ја ставил во твоето срце, некој цитат од Светото Писмо, некоја духовна книга или некој разговор со духовникот. Сето тоа се ѕвезди, кои ни го покажуваат патот кон Христос. Ти, - вели светителот, - никогаш не посака да бидеш воден од тие ѕвезди. Си ги оставил тие небесни светила да светат напразно за тебе и не посака да се поместиш www.povardarska-eparhija.org.mk

25


од местото, да направиш дури ни еден чекор, за да Го побараш Бог. За нас патувањето ни оддалеку не е толку долго. Тоа е пат од дома до храмот. Доволно е да го правиме како мудреците – непоколебиво и трпеливо. Мудреците не покажале малодушност, не се откажале при првата тешкотија по патот, не се измориле и не се поколебале дури и кога имало моменти, во кои светлината на ѕвездите се скривала од нив. Кога стасале во Ерусалим, таа исчезнала, но наместо да се откажат да ја следат целта, тие отишле да прашаат каде е Царот Јудејски... во определен период Бог може да ја оттргне Својата благодат, за да покажеме ние од своја страна колку сме расположени да се подвизуваме. Кога ја имаме Неговата благодат, чувствуваме небесна поткрепа и сѐ добро ни оди, но кога таа благодат ќе се оттргне, тогаш ќе се види нашата вистинска вредност, какво трпение имаме и каква љубов. Затоа свети Никодим Светогорец вели: сите сакаме да го следиме Христос на Тавор, во светлината, во задоволството и радоста, кои го натерале св. ап. Петар да рече: „Добро ни е да останеме тука...“ Работата е да го следиме и на Голгота. Кога ќе покажеме такво трпение, Божјата благодат одново ќе се врати. Таа всушност никогаш не нѐ оставила потполно, но работата е, кога мислиме дека нѐ оставила да не се разочаруваме. 26

Број 33, година 9, Април 2015

Некои верници ми велат: „Не чувствувам мир во себе, не чувствувам радост. Порано кога се молев, чувствував внатрешно спокојство, а сега не чувствувам ништо“. Но точно сега твојата молитва има вредност – кога не чувствуваш ништо. Сега твојата борба е поважна и повредна од било кога; сега ќе добиеш поголема награда, затоа што вложуваш двоен напор – токму кога не чувствуваш умиление и радост. Божјата благодат одново ќе се врати. Точно како ѕвездата што се појавила одново и ги довела мудреците до јаслите на Младенецот. Затоа отците на Црквата ни велат, дека тоа всушност не било ѕвезда, туку ангел небесен. Оттука често можеме да видиме на византиските икони, наместо Витлеемската ѕвезда, образ на ангел, кој им Го покажува Христос на мудреците. Ајде и ние да покажеме смирение – да им поставуваме прашања на нашите духовни учители, како мудреците што прашале за да стасаат до новородениот Спасител, да покажеме трпение, да се молиме: „Господи Исусе Христе, помилуј ме!“, со трпение и упорност, додека пред нас и во нас не изгрее Христовата ѕвезда. Не можеме сами да се спасиме, не значи дека ќе се спасиме штом чувствуваме радост и спокој во душата, а ќе се спасиме во зависност од тоа, како се однесуваме кон другиот, како му зборуваме, какви мисли имаме за


него... Ќе се спасиме прку другиот: нашиот сосед, сопруг или сопруга, родител или дете, пријател или колега. Според Христовото учење нема индивиуално спасение. Каруља, Катунакија на Света Гора се диви места. Таму се подвизуваше старец Ефрем (Катунакиски) – еден многу свет човек. Еден ден бил обземен од голема благодат. На вратата му зачукал старец Прокопиј и му рекол: „Дојди да зготвиме јадење!“ „И јас си помислив – сега да ги оставам духовните работи заради телесните? Да го оставам небесното зарди земното? Веднаш штом го помислив тоа, Божјата благодат ме напушти“, раскажува старец Ефрем. Потоа неколку месеци и многу солзи му беа потребни на старец Ефрем, за повторно да ја врати Божјата благодат, како што ни велеше тој. Не можеме да се спасиме, игнорирајќи го нашиот брат! Браќа мои, да размислуваме – Бог ни дал ум, да го искористиме. Колку гревови направиле оние ангели, за да станат демони? Еден грев – ќе го издигнам престолот свој до небото. Гордостта – еден грев и еве тие станале демони, и до свршетокот на светот ќе се измачуваат. А колку гревови правиме? Еден? Секој ден грешиме, а Бог не нѐ поразува, не нѐ казнува, туку нѐ чека да се покаеме, да се вратиме да се спасиме. Ангелите паднаа заедно со Деница и Бог не стана Богоангел за да ги спаси. Ние паднавме и Тој стана Богочовек,

за да нѐ спаси. Тоа не е малку. Да мислиме на Неговата љубов, макар таа и да е несфатлива за нас, затоа што нема земна логика во Божјата љубов. Таа е нешто, пред кое нашата логика застанува и не може да продолжи напред. Ајде да се соземеме од небрежноста. И без колебање да тргнеме по патот кон Него, да Го сретнеме во исповедта, во Светата причест, како мудреците што го сретнаа во јаслите. Како Бог што нѐ создал со еден збор („да создадеме човек по Наш образ и подобие“), така Он можел да нѐ спаси со еден Свој збор. Тој Самиот ја преживува трагедијата на Крстот, за да се спасиме ние. И бидејќи нашите срца не се трогнати особено од таа Жртва, св. ап. Павле нѐ повикува: не презирајте го Неговото долготрпение... Не го презирајте трпението, кое Тој го покажува кон нас. Зошто? Затоа што во еден момент може да го загуби и тогаш тешко нас. Да не ја презираме таа љубов! Он нѐ засака ајде и ние да Го засакаме! Бог едно нешто сака од нас – синко, дај ми го срцето! Само тоа го сака. Ништо друго. Но не и срцето кое станало место за живеење на демоните. Затоа да не се оддалечуваме од парохискиот храм, од молитвата, од светите Таинства на Христовата црква... Превод од бугарски јазик: Свештеник Игор Пармачки

www.povardarska-eparhija.org.mk

27


Love hurts

љубовта повредува

Автор: схиархимандрит Јоаким Пар

Л

уѓето се создадени за врска. Тоа е единствената причина, поради која сме создадени и тоа е најтешко да го направиме. Сите ние имаме лоши заемни односи. Сѐ е во хаос. Каде и да одите, сите се плачат од лошите заемни односи, или тие не се добиваат или воопшто ги нема, или пак постоеле многу врски кои сега се разурнати. Станува збор за родители, кои не можат да живеат со своите деца или деца кои не можат да живеат со своите родители. Без Него не можам да живеам

Ако вие немате жив заемен однос со Бог, вие немате живот. Господ не е идеја, не е теорија, не е концепт, туку Личност. Но, повеќето од нас никогаш не Го сретнале. Јас секогаш се растројувам, кога некој зборува за Бог, како Тој да е апстрактна философска идеја, бидејќи кога ќе го слушнам тоа, знам дека тој кој го кажува тоа, не знае кој е Бог. Пред неколку години кај мене дојде едно младо девојче и ми рече: „Сакам да се крстам“. Јас ѝ реков: „ние треба да те научиме во верата, потребно е некој од парохијата да позборува со тебе и да те научи“. Таа ми кажа нешто многу длабоко: „Јас слушнав за Исус Христос, и сакам да бидам со Него. Сакам да се крстам, за да ги имам во себе крвта и телото на Исус Христос, бидејќи знам кој е Тој и без Него не сакам да живеам“. Јас ја крстив истата седмица. Целото непходно образование, кое ѝ беше потребно, таа го научи покасно, основното веќе го знаеше. Го познавате ли вие Господ на тој начин? Големо таинство

Бракот е многу големо таинство. Понекогаш во животот се среќаваат двајца, кои во животот никогаш не би се совпаднале еден со друг, и во нормална ситуација заемно би се уништиле. Но поради тоа бидејќи се спремни да прават сѐ што е неопходно, за да го сакаат другиот, работите се добиваат. Затоа што смислата на љубовта, и заемните односи е да се жртвуваш за другиот. 28

Број 33, година 9, Април 2015


Љубовта – тоа е...

Јас секогаш им велам на младите луѓе: „Ако барате љубов, а повеќето од младите ја бараат, исто и возрасните, јас ќе ви кажам за единственото место, во кое вие никогаш нема да ја откриете – љубовта никогаш нема да ја откриете меѓу чаршафите. Никогаш!“ Мнозинството од луѓето ја бараат токму таму. Потребно е да живееме реален живот. Ние правиме грешни работи и во исто време очекуваме правилни резултати, но тоа нема како да се случи. Ако денес сакате да испечете леб, сѐ што ви е потребно е квасец, брашно и малку сол – ништо повеќе. Но, ако имате еден килограм брашно, десет литри вода и еден грам квасец, и го замесите сето тоа вие нема да направите леб. Не затоа што не сте имале правилни состојки, туку затоа што не сте ги замесиле во соодветни пропорции. Четири работи, кои ги убиваат заемните односи

Многу од вас имаат опит од заемните односи, кога Бог отсуствувал од вашиот живот, кога Бог го нема во животот на вашите деца, кога живеете со луѓе кои не ги сакате, затоа што во тие заемни односи Го нема Бог и вие си се поставувате на прво место. Сигурно вие ќе ми кажете: „Не, не, не, јас се наоѓам во ситуација, во која секогаш се обидувам да преземам нешто“. Дозволете ми да ви кажам за четири работи, кои го убиваат заемниот однос. Тоа е практичен совет. Вие имате врска – брак или друга близок заемен однос. Едниот човек од тој сојуз или и двајцата си мислат, дека другиот учесник во врската е должен на некаков начин да ги чита неговите мисли. Првиот очекува од вториот, дека тој ќе знае, за што мисли, што чувствува, зошто е навреден или се растројува. Ако тој човек не знае, одговорот ќе биде: „Ти не ме сакаш“ Очекувањето некој да ти ги чита мислите го убива заемниот однос. Многумина во тој аудиториум знаат за што зборувам и се виновни за тоа. Втората работа која ја убива врската меѓу луѓето е кога вие очекувате заемност. Ако јас правам нешто за тебе, сметам, дека имам право да очекувам и ти да го правиш истото за мене. И ако ти не го правиш, тоа значи дека нешто не е во ред. И тогаш почнувам да се озлобувам, станувам емоционален, понатаму веќе разбирате што следува... Тоа исто така е прекрасен пат да се уништат односите. Третото – тоа е мислата, дека си достоен за нешто. Јас заслужувам љубов. Имам право да имам партнер. Ти си должен да постапуваш така што јас да бидам среќен. Должен си да бидеш чесен кон мене, должен www.povardarska-eparhija.org.mk

29


си да ме слушаш. Зошто не ме слушаш? Ние сметаме дека имаме право на тоа. И последното, кое ги убива заемните односи многу посигурно од куршум, е, кога не забораваме некои конфликтни прашања, туку постојано ги истакнуваме. Тоа е отупувачко и досадно. Love hurts

Зошто односите не се добиваат? Затоа што вие не можете да ги изградите. Вие не сте спремни да умрете. Вие не сте спремни да се оддадете на другиот. Не верувате во себежртвувањето. Јас имав пријател, интересен човек, беше свештеник. Се сеќавам како еднаш разговараше со една млада девојка, обидувајќи се да ѝ помогне во комплицираните заемни односи. И младата девојка велеше: „Јас просто сакам да се насладувам, да се чувствувам добро во тој заемен однос“. Свештеникот вели: „Ако се стремиш кон тоа, можеш да си земеш куче, а не маж“. Центарот на бракот не е насладувањето. Центарот е љубовта. Јас секогаш се восхитувам кога луѓето во Русија слушаат американска музика. Не разбираат ниту збор, но таа се слуша постојано. Пред четириесет години имаше една песна „Love hurts“ (љубовта ранува, причинува болка). Љубовта причинува болка, затоа што очекуваме нешто за себе, и кога нема да го добиеме чувствуваме болка. Но, љубовта е способност да се дава, без да очекуваме нешто за возврат. Страстите ни ја крадат љубовта

Што не е во ред со нашите заемни односи? Даваме, за да добиеме. Се чини дека сѐ е испреплетено како мрежа. Ние ги влечеме жиците, за да добиеме одговор. Живееме, а нашите страсти нѐ управуваат. Страста – тоа е ирационална сила, која нѐ влече. Да, страста секогаш е ирационална. Ние ги претпочитаме телесните односи пред љубовта... Ние многу повеќе сакаме да изгледаме надворешно добро, отколку да се однесуваме добро. Нешто не е во ред со нас. А тоа нешто е следно: ние веруваме дека паднатата состојба на човекот е природна состојба. Ние не сме создадени, за да грешиме, туку да бидеме свети. Бог го очекува тоа, а ние ги креваме рамениците и велиме: не, тоа не е за мене. Сметаме дека светоста е само за определени луѓе, а за сите други е гревот. Не е така. Се сеќавам кога прашав еден човек: „Што мислиш, кое е најстрашното нешто што може да ти се случи?“ Мислев дека одговорот ќе биде нешто сличен на: „Човекот кога сакам да умре, или 30

Број 33, година 9, Април 2015


ме напушта, или да се разболи, или детето да му умре“. А тој одговори: „Најстрашното, кое може да ми се случи, е да не го спознаам Бог“. Тој беше во право. Ние не можеме да ги смениме другите

Татко ми секогаш ми велеше: „Затоа кај тебе работите не се случуваат, виновен си самиот ти“. Тој одговор никогаш не ми се допаѓаше. Но, тој беше правилен. Самите ние сме причина за своите проблеми. И додека не разбереме дека ние ги создаваме несреќите и тагите во својот живот, а не никој друг, ќе продолжиме да се вртиме во тој магичен круг и ќе ги обвинуваме другите. Ме разбирате ли? Ние треба да се промениме. Не може да ги промениме другите. Особено е потребно да го кажеме ова за мнозина сопруги и сопрузи. „Мојот син, мојата ќерка не одат во црква“. „Мојот син или ќерка живеат со некого со кој не е во брак. Што да правам?“ Ти ништо не можеш да направиш, тие сами си донесуваат такви решенија. Но, тоа што се случило, настанало многу пред тие луѓе да се видат. Вие не сте ги научиле, затоа што и самите не сте знаеле како се создаваат добри заемни односи. Ние го бараме тоа кое што убива, наместо да го бараме животот

Татко ми ми зборуваше, дека најлошата заменка е „јас“. Затоа што „јас“ е сам, заменка од еднина. Така кога вие го видите тоа „јас“ во случувањата на животот, тогаш треба да разберете дека почнуваат проблемите. Но, кога видите дека таму има повеќе од еден, односно „ние“... Се обидувам да ви кажам: ако вие пред сѐ, мислите само на себеси, засекогаш ќе го завршите животот осамено – без другите. Последниот пат, кога бев во Русија, одговарав на прашања и реков ако некој ве праша: „Ме сакаш ли “ – бегај од него. Не кон него, туку од него. Таков ќе ви ги испие животните сокови. Затоа што таков човек сака сѐ од тебе, и не мисли на тебе. Ние не можеме да сме во заемен однос со друг човек дури не го најдеме своето место – третото место во врската, не првото. Превод од бугарски јазик: Свештеник Игор Пармачки

www.povardarska-eparhija.org.mk

31


Украденото Бог не го благословува Архимандрит Хризостом Пападаки

Д

енес многумина се богатат на нечесен начин: Или преку крадење од некого, или преку кратење на платата на вработените, што е рамно на крадење, и потоа, стекнатиот имот (куќи, станови) бараат да им бидат осветени, мислејќи дека со тоа ќе им се прости гревот или уште подобро, би им се легализирал. Но, примерот кој следи ни дава јасно до знаење на сите, дека она што е украдено, не може да биде благословено, и поради тој грев, така стекнатиот имот не може да добие благослов Божји. Најдобро е да се покаеме и да го вратиме украденото, и да им даваме на оние кои живеат во сиромаштија, за да ни се прости гревот, и да го добиеме благословот Божји. † Еднаш преподобен Партениј се најде во Крусона, и таму еден овчар побара од него да го благослови неговото стадо од овци и кози. Старецот се согласи и отиде во мандрата, каде што беа собрани животните и со чудотворниот крст за благословување што го носеше секогаш со себе, го благослови стадото, кажувајќи разни молитви. Овчарот, знаејќи дека старецот не јаде месо за да го нагости во својот дом, колејќи некое од животните, му рече да одбере некое од животните, коза или овца, за да му донесе малку млеко. Преподобниот прифати и му рече: - Да, со задоволство би се напил малку млеко од козата, што јас ќе ти ја покажам. И му покажа од која сака млеко. Овчарот отиде да ја фати козата, но не можеше. Ја бркаше многу време, но и покрај тоа што беше питома, и секој ден ја молзеше, но сега не можеше да ја фати. На крајот, 32

Број 33, година 9, Април 2015


истоштен му вели на старецот: - Старче, гледаш, не можам да ја фатам... - Не можеш, затоа што ја имаш украдено. Не е така? - Да, старче, ја украдов, - рече и ја наведна главата. - Да ја вратиш козата во нејзиното стадо, од каде што ја зеде, бидејќи благословот Божји не може да остане на твоето стадо. На овој чудесен начин преподобниот Партениј го поучи овчарот, дека туѓите нешта, украдените, Бог не ги благословува, туку и го спречуваат благословот Божји за другите законски нешта, кои сме ги стекнале со пот. Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

www.povardarska-eparhija.org.mk

33


БЕЛОРУСИЈА СПОМЕН НА ПРЕПОДОБНАТА МАЈКА ЕФРОСИНИЈА, ИГУМЕНИЈА ПОЛОЦКА, ЧИЈ СПОМЕН ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО ПРАЗНУВА НА 23 МАЈ

П

реподобната Ефросинија, во светот Предислава, била правнука од петто поколение на светиот рамноапостолен кнез Владимир († 1015) и ќерка на Полоцкиот кнез Георгиј Всеславич. Уште од детски години таа била обучена во читање на Псалтирот и другите книги од Светото Писмо. Љубовта кон науката во неа била соединета со срдечната молитва, а надворешната убавина со целомудрието и длабоката сосредоточеност. Славата за нејзината мудрост и убавина се раширила надалеку низ пределите на Полоцката земја. Многу кнезови собрале храброст да ја запросат за жена. Сепак, сите предлози за брак таа ги отфрлала. Еднаш, откако разбрала дека нејзините родители тајно намислиле да ја верат за еден прочуен кнез, таа скришно го напуштила родителскиот дом и заминала во манастир, каде што нејзината тетка, игуменијата Романија (вдовицата на кнезот Роман Всеславич), била настојателка. Не гледајќи на младоста и убавината на Предислава, игуменијата не се исплашила од можниот гнев на нејзините родители, па откако повикала свештеномонах, заповедала да ја потстрижат во монахиња младата кнегиња, давајќи ѝ го името Ефросинија. Откако разбрале за тоа, родителите горко плачеле по неа, како да се упокоила, но сѐ оставиле да биде според Божјата волја. Во првите години, младата монахиња живеела обичен монашки живот. Со благослов на Полоцкиот епископ Илија, младата монахиња почнала да живее при Софискиот собор, подражавајќи го на таков начин престојот на Пресвета Богородица во Ерусалимскиот храм. Тука, младата монахиња, не само што ги изучувала книгите од црковната библиотека, туку се занимавала и со нивно препишување. Добиените пари од продажбата на книгите, преподобната тајно ги раздавала на сиромашните. Еднаш, во видение на сон, на преподобната ѝ се јавил ангел Господов, кој ѝ соопштил да основа манастир недалеку од Полоцк, во малото место наречено Селце. Ова видение се повторило уште двапати. Со ваква заповед, ангелот му се јавил и на Полоцкиот епископ Илија. По некое време, а тоа веќе било при кнезот Борис Всеславич († 1128), во 1125 34

Број 33, година 9, Април 2015


година, епископот Илија со торжественост ѝ го предал на преподобната Преображенскиот храм во Селце, за тука да основа женски манастир. Заминувајќи таму, Ефросинија ги зела со себе само своите книги - сиот свој имот. Постепено, година за година, Спасо-Преображенскиот манастир се проширил, а бројот на искушенички се зголемувал. По некое време, тука примиле монашки потстриг и сестрите на преподобна Ефросинија: родната сестра Евдокија (во светот Градислава), и братучетката Евпраксија (во светот Звенислава), ќерката на кнезот Борис. Преподобната мајка ги поучувала младите послушнички во писменоста, во препишувањето на книги, црковното пеење, шиење, но и на други уметности, за да можат уште од мали да го знаат Божјиот Закон и да имаат трудољубиви навики. Манастирската школа, под управа на преподобната, брзо напредувала и станала прочуена надалеку. Во 1130 година, полоцките кнезови се нашле во голема несреќа. Великиот Киевски кнез Мстислав, за недавање поддршка во борбите против Половците, ги прогонил полоцките кнезови, заедно со нивните семејства. Тие нашле привремено засолниште кај нивниот роднина, грчкиот император Алексеј Комнен, чиј син бил женет со ќерката на Всеслав, сестрата на полоцките кнезови. По смртта на Мстислав, двајца полоцки кнезови се вратиле во својата родна земја во 1140 година, а некои се вратиле и пред тоа. Ревнувајќи за благолепието на манастирот, во 1161 година, на местото од дрвената црква изградила црква од камен во чест на Христос Спасителот. Во оваа црква Ефросинија подарила златен престолен крст, во кого се наоѓале честички од многу светии и честичка од Христовиот Крст. Во внатрешноста на храмот, странично, биле приспособени две малечки ќелии, а во една од нив живеела преподобната. Оттука таа ги слушала богослужбите, а од еден мал прозорец, отворен во ѕидот од храмот, имала поглед кон манастирските полиња и градот. Преподобната мајка особено се грижела и за Богородичниот машки манастир, кој таа го освоила. Токму за потребите на овој манастир, таа лично ги замолила Цариградскиот патријарх Лука (11561169) и Византискиот император Мануил (1143-1180) да ѝ биде испратена чудотворната Ефеска икона на Божјата Мајка, која некогаш била насликана од светиот евангелист Лука. Ефеската икона на Божјата Мајка, позната е и под името Корсунска. Во 1239 година таа била пренесена во соборниот храм во градот Торопц, по повод венчавањето на благоверниот велики кнез Александар Невски († 1263) и ќерката на Полоцкиот кнез Брјачислав. Преподобната игуменија, грижејќи се за славата на Божјото име, срдечно се грижела и за спасението на своите сестри во Господа. Древниот животописец ни пренесува трогателна беседа, со која таа ги поттикнувала на подвижништво: „Јас ве собрав вас во Господа, како квачката што ги собира своите пилиња. Така јас ве собрав како словесни www.povardarska-eparhija.org.mk

35


овци на духовна храна. Напасувајте се од Господовите заповеди; растете во добродетелите од сила во сила, за да можам јас со радост да се грижам за вашето спасение и со утеха да ги гледам духовните плодови од вашиот труд. Јас се трудам во вас да го сеам Божјото Слово, но се плашам вашите срдечни ниви да не останат во претходната состојба!? Тие не зреат! А времето за жетва се приближува и лопатата е готова, за да го оддели плевелот од пченицата. Се плашам, да не се најде меѓу вас плевел и да не бидете предадени на незгасливиот оган. Трудете се, ве молам, трудете се да се запазите од гревот и да се спасите од геената огнена. Од себе направете чиста Христова пченица, сомелете се во зрнца на смирение, преку пост, чистота, љубов, молитви, за да постанете сладок и вкусен леб за Бога“. Својата просветителска дејност и напорите во издигнувањето на манастирот, света Ефросинија ги соединила со грижата за помирување на соседите, смирувајќи ги кавгите и недоразбирањата меѓу кнезовите, болјарите и обичните луѓе. На сите, кои сакале да живеат благочестиво, преподобната им давала духовни совети, во согласност со учењето на Светата Црква. Познавајќи ја силата на нејзините молитви, при неа доаѓале мноштво луѓе за духовна помош и истата ја добивале. Откако ја основала својата обител и ги напишала правилата за монашки живот, преподобната Ефросинија одлучила да ја исполни својата дамнешна желба - да ги посети светите места низ Палестина. Доверувајќи го манастирот на својата сестра Евдокија, преподобната тргнала на Исток, во придружба на кнезот Давид и сестрата Евпраксија. По пат, таа се сретнала со императорот Мануил, кој тргнал да војува против Унгарците. Потоа, во Цариград се сретнала и со патријархот Лука. Тука го посетила древниот храм Света Софија, се поклонила на светињите и го продолжила патот за Ерусалим. Тука, задржувајќи се во рускиот манастир во чест на Пресвета Богородица, светата кнегиња неколку пати одела на поклонение на Животворниот Гроб Господов и поставила над него кандило. Потоа посетила и други места од животот на Спасителот. Токму во рускиот манастир, преподобната се разболела. По 24 дена од разболувањето, на 23 мај 1173 година, го предала својот дух на Господа. Телото на преподобната, по нејзино заветување, било погребано во манастирот во чест на Преподобниот Теодосиј, во папертата од храмот, таму, каде што била упокоена и мајката на преподобните Сава и Теодосиј. На 3 октомври 1187 година, Ерусалим бил освоен од султанот Саладин, кој наредил во рок од 50 дена сите христијани да го напуштат градот. Монасите од рускиот манастир, ги зеле со себе светите мошти од руската кнегиња, кои биле пренесени во Киево-Печерската лавра. Во 1910 година, светите мошти на преподобната мајка торжествено биле пренесени во Полоцк, во нејзиниот манастир, каде што се наоѓаат до 36

Број 33, година 9, Април 2015


ден-денес. Преподобната Ефросинија Полоцка е прославена во Руската Црква како покровителка на женското монаштво. Секоја година, на 5 јуни, традиционално и надалеку се празнува празникот во спомен на преподобната кнегиња. Во 1984 година, преподобната Ефросинија е вброена во Соборот на Белоруските светии. Во 1998 година, Белорускиот Егзархат при Руската Православна Црква, установил Орден - „Крст на преподобната Ефросинија, игуменија Полоцка“ од втор степен. На 28 септември 2000 година, во градот Полоцк бил поставен споменик во чест на преподобна Ефросинија, кој бил изработен од скулпторот В. Голубев. Исто така, споменици со нејзиниот лик се поставени и во Минск, главниот град на Белорусија. Во 2001 година, Националната банка на Белорусија пуштила во употреба јубилејни монети, во спомен на 900 години од раѓањето на преподобна Ефросинија. Истата година белоруската пошта отпечатила поштенски марки по повод истиот јубилеј. Во 2007 година, моштите на преподобната биле пренесени во нов кивот во истиот храм. Во 2008 година, Националната банка на Белорусија повторно пуштила јубилејни монети (50 рубљи, златна и 10 рубљи, сребрена) во нејзина чест. Споменот на преподобната Ефросинија, Православната Црква го празнува на 23 мај според Јулијанскиот календар.

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ КИРИЛ, ЕПИСКОПОТ НА ГРАДОТ ТУРОВ, ЧИЈ СПОМЕН ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО ПРАЗНУВА НА 28 АПРИЛ И 4 ЈУНИ

С

вети Кирил е роден и воспитуван во градот Туров. Во 30-тите години од XII век, кога се родил свети Кирил, градот Туров влегувал во состав на Киевското кнежество. Родителите на свети Кирил биле богати луѓе, но тој не го засакал богатството и минливата слава од овој свет. Уште од најрани години тој со срдечност ги читал божествените книги и достигнал совршенство во нивното познавање. Свети Кирил не бил образован само од руски учители, но судејќи според неговите творби, тој имал и учители од Грција, можеби истите кои престојувале при Киевскиот митрополит, или престојувале при грчките кнегињи, кои биле мажени за руските кнезови и живееле во Туров. Откако стигнал до зрела момчешка возраст, Кирил заминал во манастир и бил потстрижан во монаштво. Овој манастир бил изграден во Туров и бил посветен во чест на Светите Борис и Глеб и служел www.povardarska-eparhija.org.mk

37


како епископски центар за Туровските епископи. Тука, во манастирот, свети Кирил се трудел повеќе од сите во своите подвизи, истоштувајќи го своето тело со пост и молитва, па на таков начин се претворил во живалиште на Светиот Дух. На многумина им донесол корист, учејќи ги и поттикнувајќи ги монасите во апсолутна послушност. Зашто монахот, кој не се наоѓа во послушност кон игуменот, не го исполнува својот завет и нема да може да се спаси. До денес, нам ни се познати три дела од свети Кирил за монашкиот живот, а едно од нив можно е да се однесува за периодот кога светителот престојувал во Борисо-глебовскиот манастир. Се претпоставува дека тоа е делото: „Сказание за црноризниот чин од Стариот Закон и Новиот“. Посакувајќи уште поголеми подвизи, блажениот Кирил се оддалечил на столб, можеби некоја стражарска кула, каде што се затворил и на врвот од таа кула поминал долго време, удвојувајќи ги постот и молитвите. Токму тука, тој напишал уште неколку дела. Славата за свети Кирил се раширила низ целата земја, па по молба на кнезот Георгиј Јарославич и жителите на градот Туров, тој бил поставен за епископ во Туровското кнежество, кое во 1157 година станало независно од Киев, како наследно кнежество во родот на кнезот Георгиј. До свети Кирил, биле познати само четворица епископи на градот Туров: Симеон, Игнатиј, Јоаким и Георгиј. Како наследник на епископот Георгиј, свети Кирил е запишан во историјата како петти епископ на градот Туров. Како епископ, свети Кирил направил уште поголеми подвизи во слава на Божјата Црква, особено во годината кога зафатиле големи смутови. Во 1169 година, некој Теодор, кој заради своите престапи подоцна во иронија бил наречен Теодорче, посакал да ја освои Владимиро-суздалската епископска катедра, вложувајќи ги своите сили во обидот таа да стане митрополија, независна од Киевската, на која ѝ биле потчинети сите епископски катедри во Русија. Во Цариград, патријархот Лука Хрисоверг го ракоположил Теодор во епископ. Откако бил поставен на епископската катедра, Теодор самоволно не ја признал власта на Киевскиот митрополит. Така, нечестивиот Теодор не сакал да има послушност кон великиот Владимирски кнез Андреј Георгиевич Богољубски, кој го советувал и му наредил на Теодор да оди во Киев и да се стави на располагање на митрополитот. Кнезот бил пријатно расположен кон Теодор, му посакувал добро, но тој не само што не го послушал и не примал совети од рускиот митрополит, туку ги затворил сите цркви во Владимир, а не смееле да бијат ниту камбаните. За оваа постапка, Теодор бил протеран. И многу луѓе пострадале од него: едни биле лишени од имотот, други биле испратени во ропство, и не само обичните луѓе, туку на казни биле подложени и монасите и игумените. Ревнувајќи за поредокот во Руската Црква, свети Кирил ја разобличил 38

Број 33, година 9, Април 2015


ереста на Теодор врз основа на божествените писанија и го проколнал. Великиот кнез Андреј го прогонил Теодор и го испратил во Киев, при митрополитот Константин, кој го лишил непокорникот од епископскиот чин, по што Теодор бил казнет. Во поуката на свети Кирил, насловена како „За раслабениот“, сочувано е директното осудување на лажниот епископ Теодор, во кое се говори: „Тешко на оној, кој згрешил по примањето на чинот! Тешко на оние, кои не се плашат од Бога, а се по манастири, во свештенички или епископски чин!“ Освен тоа, свети Кирил е автор на многу Слова за Господовите празници, како и многу други душеспасителни поуки, од кои подоцна се формирани и собрани дела и истите се печатени. Свети Кирил е автор и на многу пофални слова за многу светии, како и на молитви кон нив. Сите негови дела се пишувани маестрално и во секое од нив се содржи порака, преточена во благочестива мисла, која поттикнува на расудување. Во сите Слова очигледна е целта на авторот – духовно надградување на читателот. Свети Кирил преку своите дела се покажал како одличен познавач на Светото Писмо, на делата на светите отци на Црквата, како и на историјата на Црквата. Очигледно е дека свети Кирил бил одличен познавач на светите Јован Златоуст, Григориј Богослов, Кирил Александриски, Евлогиј Александриски, Прокл Цариградски и многу други, како и на свети Симеон Метафраст, авторот на Житијата на светите и многуте канони. Свети Кирил пишувал и поуки за монасите. Во едно такво дело, тој пишува за високото значење на монашкиот чин, ја разоткрива тајната на монаштвото, неговата смисла и цел, праобразите на монаштвото во Стариот Завет, основата за монаштвото во Новиот Завет, а најмногу пишува за тоа, што учеле светите отци на Црквата за монаштвото, постојано потенцирајќи ја неговата улога во зачувувањето на светите догми на Црквата низ историјата. Древниот писател на животот на свети Кирил, ни соопштува дека тој е автор на „Великот канон за покајанието кон Господа, според азбучниот ред“, а до наши дни е сочуван и неговиот „Молебен канон“. Иако не постојат конкретни податоци за блажената смрт на свети Кирил, најверојатно тој се упокоил околу 1182 година. Во негова чест, низ Белорусија се подигнати споменици во големите градови Туров, Гомел и Минск, а Минската духовна академија го носи неговото име. Паралелно со света Ефросинија Полоцка, свети Кирил е еден од најпочитуваните светии во Белорусија. Подготвил: Протоереј Златко Ангелески

www.povardarska-eparhija.org.mk

39


 Пастирско правило Свети Григориј Двоеслов Глава VI

Духовниот пастир, како раководител на својата паства, должен е да биде благ во обраќањето кон благоверните и силен ревнител за правдата пред порочните

П

астирот кој раководи со Христовото духовно стадо е должен благо и дружељубиво да се обраќа кон благоверните и да биде строг ревнител за правдата пред порочните. Кога е со благоверните тој е должен да гледа на себеси како на човек еднаков со нив и воопшто не треба ни со својата положба, ни со своите достоинства да се превознесува пред нив; а пред порочните – да ја осознава својата висока власт и да не се плаши да се користи со правата која таа му ги припишува. Зашто е познато дека природата, како што е забележано од нас во книгата „Наравоучение“ , сите луѓе ги произведува еднакво, а само разликата на личните заслуги и достоинства ги прави различни; и истата таа разлика меѓу луѓето која е зависна од достоинствата и недостатоците, со Божјата промисла се употребува за нивното општо заемно добро, а имено: затоа што не можат сите да се одржат со еднаква цврстина, едните (послабите) треба да се потчинуваат на управувањето на другите. И затоа сите управители пред сè се должни да посветуваат внимание, не на власта над нивните потчинети, а на еднаквоста со тие кои имаат иста природа на своето произлегување и да се утешуваат не со тоа, што тие началствуваат над сличните на себе, а со тоа дека тие (началниците) имаат можност да бидат полезни за нивните потчинети. Затоа во свештените споменици се говори дека нашите праотци не помислувале за управувачка власт над ним сличните, а се задоволувале да бидат пастири на бесловесните стада. И Господ – Творецот и Владиката на вселената, благословувајќи ги првите луѓе, кога им говорел: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа“ кон тоа ги додал и следниве зборови: „А сите ѕверови земни и сите птици небески, и сиот земен добиток, и сè што се движи по земјата, и сите морски риби да се плашат од вас: во ваши раце се предадени“ (1.Мојс. 1,28; 9,1-2). На тој начин од Бога им е дозволено да им наведуваат страв и трепет на бесловесните животни, но не и на 40

Број 33, година 9, Април 2015


луѓето кои се еднакви на нив. Човекот со својата природа е превознесен само над бесловесните животни, а меѓу себе луѓето се еднакви и рамни: аналогно, стремежот кон тоа пред нас да трепери човек кој е ист како нас, значи да се владее спротивно од законите на природата. Сепак, покрај горенаведеното, неопходно е пастирите како управители да го држат во страв ним потчинетото стадо, но, само ако увидат дека некој од членовите на духовното стадо ни најмалку не се плаши од Бога; неопходно е, како крајна мерка, со човечкиот страв да ги воздржува од грев оние луѓе кои не се плашат од Божјиот суд. Внушувајќи им страв кон себе не заради својата суета и властољубие, а заради Божјата правда и ползата на ближните, тие свештеници не можат да бидат подложени на критики за гордост. И во тој случај, кога пастирите со страв го зауздуваат безрасудниот и нечестив живот на луѓето - грешници, тие веќе како да не господарат над луѓе, а над бесловесни животни и затоа тие се должни со страв да дејствуваат врз тоа (гревот) што ги спушта истите тие луѓе до степен на животни. За жал, неретко пастирите, а уште повеќе нивните началници, поради самата своја положба во однос кон паствата и потчинетите и од самите искуства на висока власт, впаѓаат во искушението на превознесување и гордост. Кога сè пред нив се преклонува и секој е готов да им направи услуга; кога и најмалите нивни желби (да не говориме за нивните наредби) веднаш се исполнуваат; кога сите потчинети не смеејќи да им противречат во ништо, ги превознесуваат со пофалби не само за добрите дела кои заслужуваат одобрување, но и за сомнителните, па дури и за јавно лошите дела, за кои наместо одобрување треба да бидат осудени; тогаш тие (пастирите и нивните началници), опрелестени од таквите ниски ласкања на своите угодници, си вообразуваат дека високо се искачиле на патот кон совршенството. И така, потполно обземени од прелеста однадвор, тие веќе не ја слушаат вистината која произлегува од нивната совест, и паѓајќи во самозаборав, ги слушаат само другите, сметајќи се себеси токму такви, какви што ги опишуваат нивните човекоугодници, а не такви, какви што се тие всушност. Поради тоа искушение, пастирите не се далеку и од тоа да ги презираат пониските од себе (ним потчинетите), да не ги признаваат како еднакви на себе по природа и случајно возвишувајќи се над нив само со власта, мислат дека се повисоко од останатите и во однос на моралните (етичките) заслуги. Опрелестените пастири си мислат дека колку се тие посилни од нивните потчинети, толку и се помудри од нив. Вообразувајќи се себеси на некоја недостапна висина, тие не ги удостојуваат ни со поглед на рамноправност оние, со кои самата природа ги поврзала со рамноправност, и на тој начин се уподобуваат на тој, кој во својата гордост го презрел општеството на самите ангели и до www.povardarska-eparhija.org.mk

41


тој степен си вообразил, што според Светото Писмо, добил и дрскост да каже за себе вака: „Ќе се искачам на небото, ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите ѕвезди... ќе бидам сличен на Севишниот“ (Иса. 14, 13-14), кога во истото Свето Писмо е напишано за него: „Гледа сѐ што е возвишено, самиот е цар на сѐ што е во водите“ (Јов 41, 25). Така, според праведниот Божји суд, тој кој мечтаел да се превознесе над сè, поради својата гордост се нашол во бездната на отпаднатите; така и секој човек, кој смета дека е понижување да се уподобува на другите луѓе, слични нему, и со презир да се однесува кон нив не удостојувајќи ги со рамноправност, станува подобен на богоотстапниот ангел. И Саул, кој во почетокот бил смирен, кога ја достигнал врховната власт си умислил за себе многу и паднал во гордост, преку што се лишил од Божјото благоволение; зашто за смиреноста тој бил превознесен, а за гордоста се подложил на осуда, според сведоштвото на самиот Господ, како што е кажано во Светото Писмо: „Зар не беше ти мал пред Него и зар не те постави глава над Израилевите племиња, и Господ те помаза за цар над Израилот?... зашто ти го отфрли зборот Господов, и Господ тебе те отфрли, за да не бидеш цар над Израилот“ (1.Цар. 15, 17 и 26). Од почетокот тој се осознавал себеси како мал; но кога се утврдил на престолот престанал да ја забележува својата маленкост. Споредувајќи се себеси со неговите поданици кои се преклонувале пред неговата моќ, тој се вообразил за великан. Но, чудесно дело! Додека тој се сметал за мал, бил велик во Божјите очи; кога се претставил себеси за голем, тогаш пред Бог бил мал. Оттука се открива дека неретко, од големиот поток на потчинети во духот на началникот се развива бурен поток на гордост, поток кој со стремеж му ја покажува самата висина на власта. И затоа, за пастирот кому му се дава власт на управување да може добро да раководи со својата паства, потребно е тој да умее да ја користи таа власт над другите и истата да ја зауздува во самиот себе, за да знае, каде треба да биде строг, а каде да биде снисходителен, никогаш не заборавајќи го тоа дека и тој е таков човек како и членовите на неговата паства. Зашто ако ние, според слабоста на својата природа, и кога немаме таква власт наоѓаме доволно предлози за себепревознесување; тогаш, не ни претстои ли поголема опасност да се возгордееме во тоа време кога кон таа состојба ќе се присоедини и власта? Но правилно ќе раководи со својата власт оној кој ќе успее да ја извлече од неа можната полза и да ги победи нејзините соблазни и во кој (пастир) ќе се почувствува дарот и призивот, и при таа власт нема да биде туѓ на рамноправноста со своите потчинети и нема да се јавува како страшен одмаздувач за неправдите на грешниците. Но ние уште подобро и со поголемо разбирање ќе ја сфатиме таа вистина, кога ќе обратиме внимание на примерите на првите пастири 42

Број 33, година 9, Април 2015


и великите учители на христијанската Црква, првоврховните апостоли Петар и Павле. Така, апостолот Петар, кој заедно со својот брат Андреј бил повикан пред сите апостоли и поставен во пастир од Самиот Господ Исус Христос, кога видел дека Корнилиј е „човек праведен и богобојазлив“, кој пречекувајќи го во својот дом, „падна пред нозете негови и му се поклони“; апостолот веднаш забележал дека е неумесно таквото понижување, и признавајќи го Корнилиј за рамен на себе, го подигнал и му рекол: „Стани и јас сум човек“ (Дела 10, 22, 25, 26). Но истиот тој апостол, кога сезнајниот Дух му го открил престапот на Ананиј и Сапфира дека истите лажеле, торжествено покажал со каква моќ на власта апостолот бил превознесен пред другите луѓе: зашто тогаш со силата на својот збор го прекинал животот на престапниците. Тогаш, станувајќи врховен казнувач на грешниците во Црквата покажал таква власт и предност, каква што никогаш не покажал пред благоверните луѓе, кои со страв и благоговение гледале на него (Дела, 5, 1-10). Во првиот случај светоста на животот му соопштила сознание за општата рамноправност меѓу луѓето според природата и го расположила апостолот кон снисходливост; во вториот случај, ревноста за праведната одмазда за гревовите и неправдата го покажала правото на власт. Така и апостол Павле не ја искажувал својата предност и достоинство пред благоверните, кога им говорел: „Но не како ние да владееме со верата ваша, туку сме помагачи на вашата радост“ и кон тие зборови ги додал и следните: „бидејќи во верата вие сте цврсти“ (2.Кор. 1, 24). Тој како да им говорел: „Токму и затоа ние не се решаваме да господствуваме над вашата вера, зашто вие самите стоите со вера; и затоа ние се признаваме како еднакви на вас во тоа, во што вие стоите“. На сличен начин, тој заборавал за своите предности пред своите достојни браќа и тогаш, кога им пишувал на Солунјаните: ние можевме да се јавиме кај вас со важност, како Христови апостоли; „онака како што нежно се однесува доилката кон своите деца“ (1.Сол. 2, 7), и во друго место во Посланието кон Коринтјаните: „Оти ние себе не проповедаме, туку Христа Исуса Господа; што се однесува, пак, до нас, ние сме ваши слуги поради Исуса“ (2.Кор. 4, 5). Но кога дознал дека во Црквата во Коринт произлегле некои проблеми кои требало веднаш да се решат, тогаш тој веднаш станува строг учител. „Што сакате?“ – им пишува – „Со стап ли да дојдам при вас, или со љубов и кроток дух?“ (1.Кор. 4, 21). Превод од руски јазик: Александар Ѓорѓиевски, дипл. Теолог Изворник: Свт. Григорій Двоесловъ († 604 г.), Правило пастырское или о пастырскомъ служеніи, Кіевъ 1872. www.povardarska-eparhija.org.mk

43


За свештенството

К

ога служиш Литургија имај на ум дека си посредник. Ја преземаш болката од светот, солзите, болестите, молбите и ги изнесуваш пред престолот Божји, а потоа на светот му пренесуваш утеха, исцеление, сето она за што некој има потреба. Бог те удостоил со голема чест, чедо мое. Тоа да го негуваш, чуваш. Увото на Бога е крај устата на свештеникот. * Голема сила има епитрахилот. Епитрахилот го измирува паднатиот човек со Отецот, неговиот Создател. Затоа колку што можеш повеќе имиња да спомнуваш, колку што можеш повеќе. * Во времето на Турското ропство имало многу свештеници, ама само еден одел наоколу и собирал имиња кои ги спомнувал на Литургија. Некој турски офицер 44

Број 33, година 9, Април 2015


го обвинил дека го крева народот на востание и го затворил. Во сон му се јавиле сите оние кои свештеникот ги спомнувал и му рекле: „Слушај или ќе го пуштиш попот, којшто нѐ спомнува и утешува, или ќе ти го земеме првото дете“. И турчинот многу се исплашил. „Ајде, попе, оди си со милиот Бог, рекол, зашто ќе го изгубам детето“. Голема сила има епитрахилот, чедо мое, голема сила. Колку што можеш повеќе имиња да спомнуваш. * Да, мене одамна отец Арсениј, брат на постариот Јосиф, ни даде некои имиња уште од времето кога бил емигрант и дошол во Грција. И јас ги спомнував. А потоа ми рече: „Знаеш ли, старче, што сум видел? Во сон видов дека оние имиња што ти ги дадов сум ги однел во една куќа. Ги прашав како ви е овде? Еден рече: Не е лошо, онака, ама доаѓа отец Ефрем и нѐ утешува. Друг: Ете, и така и така, малку врне и ладно ми е, ама доаѓа отец Ефрем и нѐ утешува“. Реков: Тоа, брате, се имињата што ги спомнувам. * Зошто беше освештен отец Никола Планас? Спомнуваше цели листови. И јас се сетив на некои имиња и ги залепив на ѕидот на Проскомидијата, онака. И во сон видов како дошле некои старци, во стара облека, како што ги опишувале мајката и таткото. Велат: „Ти, чедо мое, нѐ запиша, ама старецот нас нѐ не спомнува“. Кога го прашав старецот, рече дека не видел добро. Оттогаш добив желба да спомнувам што повеќе имиња. Што повеќе имиња, толку поголема плата. Тоа е најголема милост: да го поврзеш човекот со Бога. Тоа е најголема милост. Можеш тоа да го направиш. Колку повеќе имиња спомнуваш, чедо мое, толку поголема плата примаш. Да. Еден јеромонах: А солзите? Како може некој да има солзи на Светата Литургија? Старецот: По цел ден се подготвувам за Света Литургија. Не се ограничувај, чедо мое, на молитвите за Света Причест. Затоа што тоа го чита и мирјанинот, и свештеникот, и владиката, и патријархот. Ама не се сите исто. Светот ги прима подготвени Даровите, додека свештеникот е касапот. Го жртвува Христа, а потоа го предава на целиот народ. Постои голема разлика, не е тоа исто. Заради тоа, чедо мое, ако сакаш да поседуваш таква состојба, немој да се ограничуваш на молитвите за Света Причест.

www.povardarska-eparhija.org.mk

45


Ти си касап. Колеш и жртвуваш. Додека друг прима. Заради тоа по цел ден моли ја Богородица, која е покрај тебе: „Богородице моја, удостои ме да видам што жртвувам, каква должност ми дал Бог. Да го почувствувам тоа“. И ќе ти го даде тоа Богородица. Да. Ако служиш, и не плачеш, по малку си... под обвинение, ти си под осуда. Јеромонахот: И јас сум тажен. Старецот: Да, ама, ако плачеш на Литургија, ќе сфатиш што значи навистина да служиш, да речеме, дека си јадел духовно месо. Ако, меѓутоа, не плачеш ниту при својата молитва, ниту за време на Литургијата, тоа е како да си јадел варено на вода. Ако, меѓутоа, заплачеш, ќе сфатиш дека си јадел духовно месо. * Јеромонахот: Старче, вложуваш напор да се подготвиш што е можно подобро, меѓутоа, гледаш дека непријателот не седи со скрстени раце, туку често ти доведува богохулни помисли, валкани, нечисти. Што да се прави тогаш, како да се соочиме со нив? Старецот: Слушај, чедо мое, луѓе сме. Е луѓе сме, не сме ангели. Ни донесува и валкани помисли, ни донесува и горделиви помисли, и осудувачки помисли, сѐ. А ние ќе се бориме. * Еднаш за време на разговорот преминавме во осудување. Потоа отидов да служам Литургија и не можев да ги изговорам молитвите. Што сум направил? Дојде соседот и осудувавме некои владици. На Литургијата служејќи реков: „Боже мој, прости ми. Прости ми, Боже мој. Згрешив, Боже мој. И за мене постои молитва за простување“, реков. „Добро, Боже мој, благослови“. На крајот се смирив и си реков на себеси: „Ако сакаш, ти и друг пат осудувај!“ Големо зло е осудата. Како луѓе ќе згрешиме, чедо мое. Ама што потоа? И исповедта е тајна, чедо мое. * Јас завршив гимназија, не одев понатаму. И ги запишав сите свои другари од школото, и сите професори, учителите од прво одделение во основно до последната година во гимназијата. И кога ги спомнувам, чувствувам голема радост. Знаеш ли колку голема радост чувствувам? Затоа што ги спомнувам оние што ме направиле добар човек.

46

Број 33, година 9, Април 2015


Има веќе година како не одам на Литургија затоа што не слушам, а сакам повторно да ги спомнувам оние имиња, ги памтам по малку, на тие луѓе тоа им користи. Затоа, чедо мое, сакаш ли да ја спасиш својата душа, спомнувај колку можеш имиња повеќе. * Голема утеха дава епитрахилот, голема утеха. Ако служиш Литургија и не плачеш, некаде си паднал, некаде си згрешил. Јас по цел ден се подготвувам себеси за часот на Литургијата. И кога влегувам на Литургија, солзите не можам да ги сопрам. Да. Многупати на Светата Трпеза сум видел мртво тело. Јеромонахот: Јас, старче, дваесет години бев обичен монах. И вистина, кога станав свештеномонах, тешко ми беше, не можев да се навикнам дека сум свештеник. Уште вториот ден кога станав свештеник, ѓаволот се бори против мене со помисли, агонија, страв, со сето тоа многу се бори против мене. Старецот: Е, тој си ја работи својата работа. Тој својата работа, ама и ние ќе ја работиме својата работа. Да ја молиш Богородица, чедо мое, затоа што сите светии ја молеле Богородица. Не се предава дар од Бога ако не оди по патот на Богородица. Богородица ги дели даровите на светот. Богородица ги дели. Јеромонахот: Си помислив како ѓаволот ниту од светата Литургија не се плаши. Хулни мисли, едно, друго... Старецот: Не недостасуваат тие работи, чедо мое, не недостасуваат. Јеромонахот: Потребен е презир... Старецот: Презир. Својата работа тој ја работи, чедо мое, својата работа. Ама и ние својата работа, својата работа. Превод: Свештеник Мартин Деневски

www.povardarska-eparhija.org.mk

47


Православието не е религија на стравот 28-ми октомври 2009 г.

Н

а нашите читатели им го претставуваме интервјуто со сестра Васа Ларин, ќерка на свештеник и монахиња во Задграничната Руска Православна Црква (понатаму во текстот РЗПЦ) (САД), доктор на богословски науки, професор по литургика во Виенскиот универзитет (Австрија). Сестра Васа раскажува за причините кои ја привеле кон изучувањето на богословието, за самото образование, а исто така дава одговори на некои прашања, поврзани со литургиката – областа на нејзината професионална компетенција. Андреј Псарјов: Ве молам, раскажете ни за своето минато и објаснете ни зошто се решивте да изучувате богословие. Сестра Васа: Јас се родив и воспитував во семејство на свештеник на РЗПЦ во градот Најак, во близина на Њујорк. Кога бев послушничка и живеев во малата монашка општина во Минхен, архиепископот Берлински и Германски Марк мене и уште неколку монаси од неговата епархија нè прати во Минхен за таму да изучуваме богословие на Институтот за православно богословие при Минхенскиот универзитет. Причината за неговото решение беше проста: на нашата епархија ѝ беа потребни квалифицирани професори по православно богословие за црковните школи и за среќа, кај нас беше Православниот институт во Минхен. Затоа што во тоа време високото образование во Германија беше бесплатно, владиката реши да го искористи тоа. Неговото решение тогаш ме зачуди, зашто ни на памет не ми доаѓаше дека јас, американска државјанка ќе можам да учам во германски универзитет. Андреј Псарјов: Раскажете ни за вашето учење на одделението за православно богословие во Минхенскиот универзитет „Лудвиг Максимилијан“. Сестра Васа: Пишувањето на семинарски работи, а потоа и на 48

Број 33, година 9, Април 2015


дисертацијата на германски јазик не беше едноставна задача, затоа што јас самостојно го изучував јазикот и тоа не сосема успешно. Учебната програма која соодветствуваше на магистерска (според американскиот образовен систем) вклучуваше во себе изучување на старогрчки и латински јазик, Стар и Нов Завет (вовед, историја и толкување), историја на философија, црковна историја, патрологија, канонско право, омилитика, пастирско богословие и литургика. Моја област на истражување беше литургиката и напишав дисертација за произлегувањето на т.н. царско начало (почеток) на византиската утрена. По добивањето на магистерската титула, моите научни раководители ме замолија да продолжам со научната дејност, т.е. да напишам и докторска дисертација. Од почеток јас мислев да пишувам дисертација по канонско право, но за среќа во тоа време го сретнав 75-годишниот професор Роберт Тафт, кој денес е водечки специјалист по византиска литургика. Се случи така што отец Тафт ја прочита мојата дисертација по византиска утрена и ми го прати по електронска пошта неговиот осврт во однос на темата. Во неговата порака тој и ја критикуваше мојата работа на најотворен начин, и предложи истата да се испечати после поправките. Исто така, тој ме повика да одржам предавање на симпозиумот кој тој го организираше во Баварија, каде што подоцна го сретнав лично. На тој симпозиум отец Тафт ми понуди материјална помош и научно раководство при услов да напишам докторска дисертација за византиската литургија (а не по канонско право, кое тој го нарекуваше „лошата страна на благата вест“), затоа што, како што тогаш велеше; „Руската Задгранична Црква секогаш добро служела литургија. И зарем ќе биде лошо ако во таа Црква има некој кој е експерт на таа тема? Оди и кажи му на твојот епископ за тоа и пренеси ми го неговото мислење“. На кратко, по благослов на архиепископот Марк јас ја напишав својата докторска дисертација „Чинопоследование на средбата и входот на архиерејот во византиската Божествена литургија“ под раководство на Тафт. Отец Роберт не само што раководеше со моето истражување и пишување на научна работа, но тој ме научи за основите на литургиската наука и нејзината методологија. Тој говореше: „Мене не ме интересира тоа што го говориш, само потврди го тоа со факти“. Исто така, отец Роберт ме научи како да ги систематизирам и анализирам литургиските ракописи, како да подготвувам научни публикации, кои журнали (магазини) да ги читам редовно итн. Често ме земаше со него на конференции и симпозиуми по целиот свет, каде што ме претставуваше на водечките научници во нашата област, а многумина биле негови www.povardarska-eparhija.org.mk

49


ученици. Неколку месеци пред завршувањето на мојата дисертација добив понуда за работа на должност научен соработник со докторска титула во Институтот по литургика на Виенскиот универзитет. На 18-ти декември 2008 г. помина јавна одбрана на мојата дисертација во Православниот институт во Минхен, каде што беа присутни архиепископот Марк и отец Роберт Тафт. Согласно со германските академски норми, таа „одбрана“ фактички беше двочасовен усен испит по три разни области на знаење, кои се однесуваат кон мојата работа: литургика, историја на автокефалните Православни Цркви и византологија. Јас добив оценка „одличен“ („summa cum laude“) за испитот и дисертацијата, која се подготвува за печат во Рим како еден том од серијата „Orientalia Christiana Analecta“. Андреј Псарјов: По настапот на архимандритот Роберт Тафт на Женската конференција на Руската Задгранична Црква, еден од нашите клирици ми рече дека неправославните луѓе не се должни да ги учат православните во однос на верските прашања. Ве молам, кажете нешто по тој повод. Сестра Васа: Тоа е важен проблем, затоа што тој проблем вознемирува многумина и јас ќе се обидам да одговорам подетално. Дозволете ми, да ви кажам неколку збора за стравот пред неправославните, кој, според сите указатели придонел за таквото мислење на свештеникот. Се чини дека за некои од нашите верници Православието е пред сè - страв, кога истовремено во нивната вера останува малку вдахновување, љубопитност и аналогно на тоа - свест. Во таквиот вид на православие често нема знаење на својата сопствена традиција, богатата историја која стои зад Литургијата, којашто ја посетува секој во неделите, а дури често пати во таквото православие нема знаење и за самото Свето Писмо. Во исто време, православниот човек кој има таков страв, со интерес седи со часови на интернет, добивајќи информација за црковната политика и со тоа сè повеќе иступувајќи го своето богословско сетило. Во таквата култура на незнаење и страв дури и најпознатите неправославни научници од областа на нашата византиска литургија се сметаат попрво како закана, отколку како напомнување за нашата сопствена незапознаеност во православната традиција. Дозволете ми да се сетам на лекцијата која Вие ја посочувате. На Женската конференција на РЗПЦ професорот Тафт говорел на темата: „Жените во богослужбата во Византија: поглед на изгубениот свет“, каде што тој го опиша литургискиот живот на жените во Византиската империја, базирајќи се на историските докази од периодот меѓу V и XIV век. Учесниците на таа конференција дознаа дека во храмот на Света 50

Број 33, година 9, Април 2015


Софија (Истанбул) имало женски хор, дека византиските жени имале учество во сеноќните бденија, дека во храмот имало прегради кои го ограничувале мешањето на мажите и жените во црквата, дека неколку отци на Црквата ги критикувале Византијците за неприлично однесување во храмот итн. Ако вашиот свештеник сакал да каже дека таа лекција била образец за тоа како „неправославните ги учат православните за прашањата во однос на верата“, тогаш јас сум принудена да прашам: имено, какви „прашања на верата“ биле допрени во таа лекција? Дали нашиот свештеник смета дека историјата за жените во Византија е „прашање на верата“? Дали православното опишување на женскиот хор во храмот Света Софија ќе се разликува во нешто од римо-католичкото опишување? Како и да било тоа, јас не помалку ќе се согласам дека историјата во основа е прашање на верата. Тоа е особено така, затоа што во природата нема совршено беспристрасна и објективна историја. Но за знаење на историјата е потребно образование. И во минатото Црквата не била самодоволна во однос кон образованието, кога при неопходност користела не само неправославни, а и потполно световни, па дури и незнабожечки институти и системи на мислење. Во крајна мера, почнувајќи од Евангелието според Јован, Црквата за формулирање на сопствените догмати се осврнала кон терминологијата, развиена од дохристијанските философи. Отвореноста во однос кон светското образование заедно со цврстата приврзаност кон сопствената вера и љубовта кон неа била карактеристична за апологетите и отците на Црквата. Светите Григориј Богослов и Василиј Велики правилно се гордееле со тоа дека тие добиле образование во многубожечката школа во Атина. Учители на великиот Златоуст биле Ливаниј и Теодор Мопсуетски – едниот многубожец, другиот еретик. Иако светите отци живееле во време на насилни ереси и догматски збрки, тие не развиле Православие на стравот. Попрво, тоа било Православие на одговорност и догматска свест, вдахновувано и засилувано со жедта за образование. Многу столетија во Руската Црква немало никаков формален систем на богословско образование, додека тој систем не бил донесен од римо-католичкиот Запад преку Киев во средината на XVII век. Историски факт е тоа дека свети Петар Могила ги организирал своите богословски школи според језуитските примери, и имено тој систем на образование бил поставен во Московија. Причината за позајмувањето на нашиот образовен систем од Запад била многу проста, тој систем не само што бил најдобар, но и единствен. Во тој период, немало алтернатива која би му конкурирала на западното образование. Зарем Руската Црква www.povardarska-eparhija.org.mk

51


била должна да го отфрли западното образование и да го претпочита незнаењето? Со други зборови, кога би имале можност да ги образуваме нашите деца, ние ќе одбереме тие да останат необразовани? Така и Руската Црква го избрала западното образование, со тоа демонстрирајќи здрава смисла, и јас би додала, смирение. Денес кај нас има слична ситуација. Многу православни семејства од Западот ги праќаат децата во католички школи и универзитети, или, пак, во неправославни, државни и приватни школи. Во тие институции на нашата младина, покрај останатите предмети, им предаваат и историја, литература, философија – предмети кои можат да се допрат до верските прашања. Во школите тие деца разговараат со неправославни во однос на верата, на пример, тие ја читаат заклетвата за верност на американското знаме, произнесувајќи го Божјото име заедно со неправославни, муслимани, евреи и веројатно, со атеисти. Многу од нас им дозволуваат на своите деца да гледаат филмови како „Христовите страдања“ на Мел Гибсон, кој е неправославен режисер. Всушност, ние им дозволуваме на нашите деца да стапуваат во контакт со неправославните и со нив да разговараат на верски теми на различни нивоа и на секојдневна основа. Дали е тоа Божја волја што ние се наоѓаме во таква ситуација, кога ние сме опкружени со тој неправославен свет? Црквата нас никогаш не нè учела поинаку. Основачот на Црквата ги оставил Своите ученици во овој свет со зборовите: „Не плашете се, зашто Јас го победив светот“. И Црквата пее: „Осмелете се луѓе Божји, зашто Он ги победи непријателите“. Тоа не е религија на стравот. Се разбира, верата на Црквата е исклучителна, и ние ѝ остануваме само нејзе верни: ние примаме една вера, а не многу вери одеднаш. Но тоа не означува дека ние не влегуваме во контакт со луѓе од други вери. Бракот е исто така исклучителен, но сопружниците не се затвораат во кабинет избегнувајќи го секој контакт со другите мажи и жени. Тоа би била неубава и нездрава појава, и истото тоа би се однесувало и кон Црквата кога таа во секојдневниот свој живот би се претворила во гето. Андреј Псарјов: Јас сум забележал дека децата на свештенството на РЗПЦ кои учат во нашата семинарија, повеќе се интересираат за литургиката и црковната музика, отколку за историјата. Вие можете да определите некои причини за тоа? Сестра Васа: Јас не ја знам ни програмата, ни студентите на вашата Семинарија (Богословија), така што, ова што јас ќе го кажам е само претпоставка. Најосновната и воочлива потреба на секоја црква е певница која функционира. Без тие кои умеат да читаат и да пеат, не може да има 52

Број 33, година 9, Април 2015


никакви црковни служби, а без црковни служби не може да стане збор за жива Црква. Затоа што повеќето од семинаристите се подготвуваат да станат свештеници, а за да се биде свештеник значи да се управува со Црквата, и според мене е логично семинаристите да се интересираат за горенаведените предмети, сè со цел да се здобијат со знаењата кои им се крајно неопходни за црковниот живот. Жените кои се обучуваат во Семинаријата, исто така се вдахновуваат со желбата да помогнат во некоја тешка ситуација во храмот и најдобрата можност за тоа да го исполнат е да пејат во хор. Нашиот пристап за помош во тешка ситуација во Црквата е сличен на општественото мислење во однос на последниот план за стимулирање на економијата, план на администрацијата на Обама: печатење на милијарди долари им се покажуваше како подобро решение за кризата, кога истовремено вложувањето средства во долгорочно стимулирање на економијата (на пример: изградбата на школи и патишта) им изгледаше неефективно и неинтересно. Се разбира, таквото краткосрочно „антикризисно управување“ со нашиот црковен живот покажува минималистички пристап кон самата Црква, кон литургиката и кон црковната музика, ако овие предмети се предаваат без своето историско минато. Затоа што ни литургиката, ни црковната музика, а и ни самата Црква не може да постои без историја, и невозможно е вистински да се владее со било кој од овие предмети без определено знаење на нивниот историски развиток. Ни Руската Православна Црква, ни нејзината прекрасна Литургија не се спуштиле од небото во текот на Педесетница, иако така можеби мислат некои од верниците. Свештениците и верниците со такво ранливо разбирање на историјата лесно може да направат повеќе штета отколку добро, особено во сложените времиња, кои изискуваат духовно сознавање и проникливост. Последните разделувања и понатамошните разделувања на нашата Црква сведочат за сличната состојба на нештата во значителен дел од нашите цркви (храмови). Андреј Псарјов: Во споредба со тие кои израснале во дијаспората, мислам дека кај православните христијани кои се воспитани во Русија има повеќе тешкотија во разбирањето на „начинот на восприемање“ на литургиските служби, дури и долго време по воцрковувањето. Што мислите вие во однос на тоа? Сестра Васа: Мислам дека таа разлика, на која Вие се повикувате, има помало значење за тоа каде некој се воспитувал, отколку кон тоа, како некој се воспитувал. Мнозинството млади христијани од вашата возраст се воспитани во Советскиот Сојуз т.е., израснале надвор од православната литургиска традиција. Начинот на мислење и сфаќање на византискиот www.povardarska-eparhija.org.mk

53


обред е „симболичен“ (поточно „мистагошки“) кој најдобро се усвојува во детството. Ако римската Литургија по правило е повеќе непосредна, тогаш византиската Литургија го воведува верникот во опитот на божественото (во таинството) со помош на симболи во рамките на нејзините различни обреди. Тие симболи како што ги сокриваат, така и ги откриваат таинствата на Христос и Писмото, и чувствителноста кон таквиот род на „воведување во тајните (мистагогија)“ на нашите служби – тоа е имено тој „начин на мислење (сфаќање)“, кој треба да се развива. Светиот Јован Златоуст го определил тоа на следниот начин: „Таинството – тоа не е кога ние веруваме во тоа што го гледаме, но таинство е кога гледаме едно и веруваме, дека во него се содржи нешто друго“. Не мислам дека овој начин на мислење е сам по себе туѓ на секој човек, но како што ние обично го совладуваме системот на симболи во детството (например, со нашиот јазик), сепак, во возрасна состојба е далеку потешко да се изгради некој нов систем. Но тоа е возможно исто така, како што е возможно (иако е многу потешко) возрасен да научи нов јазик. Андреј Псарјов: Јас мислам, дека нашата цел е одговорно Православие. Чинот на Божествената литургија предвидува за секој воцрковен православен христијанин да се причестува со Телото и Крвта Христови. Во многу Православни Цркви верниците не секогаш се исповедаат непосредно пред Светата Причест, како и некои епископи, свештеници и ѓакони во РЗПЦ. Дали вие мислите дека и ние исто така сме должни да ја разгледаме можноста за примање на оваа практика? Сестра Васа: Не, не мислам. Се разбира, привлечно е да се разгледува Причеста без исповед како „одговорно Православие“, но јас не мислам дека сличната практика ќе означува одговорност во нашите денови. Ќе објаснам што имам предвид. Во нашиот свет на сеопшта глобализација многу верници станале доволно мобилни, патувајќи од еден храм кон друг по целиот свет, често посетувајќи неколку цркви или не посетувајќи ни еден храм регуларно. Таа мобилност ни донесе со себе нов феномен, кој е совршено туѓ на таинствениот живот на Црквата: таа појава е анонимноста. Често свештеникот, излегувајќи со Чашата на амвонот, нема ни најмала претстава за новите луѓе кои гледаат кон него. Но во овој случај сосема не ме загрижува свештеникот. Современото пастирско богословие, а исто така и современата психологија ни говорат дека растечкиот анонимен карактер на нашиот секојдневен живот нè привел кон осаменост и депресија во сеопшти размери. Ние припаѓаме на културата на почитување на личниот живот и, неизбежно –анонимноста, 54

Број 33, година 9, Април 2015


која исто така влијае на тоа, како ние го изразуваме или скриваме својот духовен живот. Културата на исповедта од секој вид, кога ти смело стануваш и се сметаш себеси за грешник или христијанин, или нешто друго, предизвикува длабок внатрешен протест. За нас разговорот за нашите односи со Бога е многу тежок, без разлика со кој разговораме. Но, се чини, дека Црквата има внатрешни механизми, кои се борат со анонимноста: ти пристапуваш кон Чашата, ти си должен да го кажеш своето име; ти учествуваш во тајната елеопомазание, ти си должен да го кажеш своето име. Таинството покајание во исповедта оди чекор понатаму: ти си должен да откриеш сè што е на твојата совест и фактички да говориш со друг член на Црквата - свештеникот, и при сето тоа да го кажеш своето име. Ние сме принудени да ја искршиме таа школка на анонимност, во која некои од нас се наоѓаат пред да пристапат кон Чашата. И заради тоа што има многу верници, кои водат таков подвижен и многу анонимен живот, јас мислам, дека е мудро од страна на Руската Православна Црква што не го изменува критериумот секој човек да се исповеда пред Причест. Иако, некои од нас постојано ги посетуваат за нив традиционалните храмови и кон нив не треба да се однесува тоа што јас го опишав погоре, зашто ние сме должни да разбереме дека за некои верници таа „школка на анонимност“ е многу реална. На таквите луѓе исповедта им го олеснува општењето со Христос преку можноста да разговараат со друг член на Црквата, во овој случај, со свештеникот. Од сето тоа се подразбира дека таквата практика има потреба од пастирско расудување и јас често сум набљудувала како свештениците и епископите пристапуваат кон таа практика на исповед пред Причест. Се разбира, сè што е погоре објаснето, ни повеќе, ни помалку е мое лично мислење. Андреј Псарјов: Ви благодарам, сестра Васа, за времето што го издвоивте за овој разговор и се надеваме на продолжение на овој разговор. Превод од руски јазик: Александар Ѓорѓиевски, дипл. Теолог

www.povardarska-eparhija.org.mk

55


Свети Власиј ги благословува животните

В

о древна Русија за заштитник на домашните животни се почитувал свети Власиј. Нему му се молеле ако одеднаш се разболел коњ, или се изгубело теле. Зошто баш нему, руските селани му се обраќале за помош? Еве зошто: Во IV век, кога императорот Ликиниј ги гонел христијаните, жителите на градот Севастија го молеле својот епископ, свети Власиј, да го напушти градот за да се сокрие од прогонство и мачење. Свети Власиј ги послушал луѓето кои го сакале, и се населил на гората Аргеос - која била опкружена со шуми и имало мноштво животни. Ѕверовите често доаѓале во пештерата на светителот и трпеливо чекале да заврши со молитвата. Старецот ќе излезел од пештерата, ги благословувал животните, а тие тогаш радосно почнувале да трчкаат, да ползат, да скокаат, да ја лижат раката на светителот и да му се умилкуваат. Болните животни светителот ги исцелувал полагајќи ги рацете врз нив. Еднаш, на гората Аргеос дошле ловците на царот, и виделе голем број животни кои си играле помеѓу себе, при што лавовите не ги бркале елените, ниту, пак, мечките ги допирале срните. Свети Власиј оддалеку ги забележал ловците, ги благословил животните и тивко им рекол: - Брзо бегајте, зашто ловците ќе ве испоубијат! Кога ловците се доближиле поблиску, виделе дека од животните нема ни трага, а пред нив стоел побелен старец. - Ти си маѓепсник - му рекле ловците. - Како ги маѓепса животните, па така те слушаат? - Јас не сум маѓепсник, јас сум христијанин од мали нозе. Непријателите на верата ме истераа од градот. Подобро ми е да живеам со дивите ѕверови, отколку со злобни луѓе, непријатели Христови... Многу години свети Власиј поминал во прогонство. Сите тие години, светителот се 56

Број 33, година 9, Април 2015


молел за луѓето, и за мачителите, исто така. И во сите тие години, нему му доаѓале дивите ѕверови поради неговата добрина, нежност и љубов. * Денес делови од неговите свети мошти има низ многу цркви во Европа, а поголемиот дел заедно со неговата света глава се чуваат во храмот, нему посветен, во Дубровник (Хрватска). Порано имало обичај, на неговиот празник, сточарите да ги носат домашните животни пред храмот за да бидат благословени со осветена вода. Превод: Марија Ристеска

Опрелестениот отшелник

Е

ден отшелник, од големо незнаење, не прифаќаше дека светиот Леб што го примаме е Телото Христово. Старците од Скитот го дознаа тоа, го повикаа и го поучија со православното учење на Црквата за Пречистите Таинства. Но, тој си остана упорен во неговата прелест; отците го оставија, но се молеа Бог да го просвети, та да ја сфати вистината. Една недела учествуваше во Божествената Литургија од светиот олтар на храмот во Скитот. Во моментот кога свештеникот ја зеде во своите раце просфората за да направи проскомидија, опрелестениот монах ненадејно виде бебе, легнато на проскомидијата. И кога почна да го сече Лебот, се појави свет ангел од жртвеникот држејќи во раката еден нож. Истовремено со свештеникот и тој го сечеше божественото Бебе и истече Неговата крв во светиот путир. Отшелникот се стресе. Но по малку време, кога пристапи да се причести, се случи нешто уште пострашно. Во светиот Путир виде човечко месо потопено во крв. Плачејќи тогаш ја призна (исповедаше) својата прелест и Го молеше Господ да ги покрие божествените Таинства со својата благодат, за да може да се причести. Навистина, во светиот Путир пак виде вино и леб, со кои се причести, благодарејќи Му на Бога. Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев Изворник: Монахиња Теодора, Старечник, издание на „Лидија“ Μοναχής Θεοδώρας, «Γεροντικόν», εκδ. Λυδία www.povardarska-eparhija.org.mk

57


С

о воплотувањето на Логосот Божји, царството Божјо добива централно место во животот и историјата на човештвото. Господ Исус Христос ја започнува Својата спасителна проповед токму со објавувањето на радосната вест за царството Божјо „покајте се зашто се приближи царството небесно“ (Матеј 4,17). Со тоа нашиот Спасител ни ја дава смислата на нашиот христијански подвиг во светот, чија цел е царството Божјо кое е „крајното одредиште на човекот и светот“1. Царството Божјо е самата содржина на Евангелието, кое е Евангелие за Царството, кое како „полнота на животот, полнота на радоста, полнота на знаењето“2 е објавено и ни е дарувано како реалност во Христа Богочовекот. Оттука произлегува вистинското прашање, што е царството Божјо? – Тоа е сѐ она поради кое Светотроичниот Бог го создаде човекот и светот, а од кое човекот отпадна преку гревот и самољубието, а кое Христос повторно ни го објавил и дарувал како наша конечна цел3. Благовеста за царството, за спасението и новиот живот во Бога започнува, како што може да се види, со проповедта за покајанието и верата во Христа Исуса нашиот Спасител. Од зборовите на нашиот 1 Александар Шмеман, Православље на западу, Цетиње 1997, 180 2 Александар Шмеман, Верујем, Цетиње 1996, 95 3 Истото, 95 58

Број 33, година 9, Април 2015


Господ произлегува дека во царството на вечниот живот, кој ни е откриен во Него, се влегува преку покајанието, кое е „вратата на Христовото Евангелие и надвор од неа не може да се влезе во Христовото царство“4. Но покајанието без верата во Богочовекот Христос, Кој го победи гревот, и со Својата смрт ја победи смртта (тропар на воскресение) дарувајќи ни живот вечен е незамислива, „зашто верата во Спасителот е самата содржина на покајанието“. Човекот паѓајќи во грев, стана заробен од смртта и на тој начин ја промаши својата од Бога предназначеност да стане син Божји и наследник на царството небесно. Карактеристично е што самиот збор грев значи промашување, непогодување на целта5, цел која Спасителот повторно ни ја претставува, повикувајќи нè преку покајанието и верата да влеземе во царството Божјо. Свети Исаак Сириски разликува три етапи во патот кон царството небесно - покајание, очистување и совршенство, - од кои даруваното покајание од Спасителот како почеток на овој пат е состојба што треба и да биде став на оние што навистина се стремат кон единство со Бога во Неговото царство. Ова можеме да го потврдиме и со кажувањето на свети Јован Лествичник кој вели: „Нема да бидеме обвинети, браќа, нема да бидеме во часот на смртта обвинети затоа што не сме правеле чуда, или зошто не сме се занимавале со теологија, или затоа што не сме станале созерцатели – но секако ќе мораме да одговараме пред Бога затоа што не плачевме без престан“6. Зборот покајание доаѓа од грчкиот збор μετανοια што значи промена на мислата, преобразба на умот, а глаголот μετανοειτε - покајте се, значи преумете се, променете ја мислата, променете го умот7. Во библискиот новозаветен текст „ум“ не означува само едно од својствата на човечката душа, туку овде во повикот на Спасителот се подразбира како собирно ткиво на сите сили на човечкото битие и го подразбира целиот човек8. Преку покајанието го соблекуваме стариот човек кој живее во похоти и прелест9 заради кои отпаднал од царството на благодатта и се облекуваме во новиот човек обликуван според ликот на 4 Јустин Поповић, Тумачење Светог Еванђеља по Матеју, Београд 1979, 93 5 Митрополит Амфилохије, Основи православног васпитања, Врњачка Бања 1993, 147 6 Атанасије Јефтић, Литургија и васпитање, Трпеза Господња, Цетиње 1996, 228 7 Владимир Лоски, Мистична теологија на црквата од Исток, Скопје 1991, 231 8 Јован Лествичник, Лествица, Скопје,2003, 113, 9 Протоѓакон Ратомир Грозданоски, Евангелие според Матеј..., Скопје 1993, 31 www.povardarska-eparhija.org.mk

59


Оној што го создал, за да го воведе во Своето царство на вечниот живот. Спасителот со проповедта за покајанието нагласува дека тој повик е „соборен и сеопшт пат на спасение, кој независно од сите историски промени е непроменлив и незаменлив“10, и продолжува низ сите епохи преку проповедта и благодатниот живот на Црквата, сѐ до есхатолошкото исполнување на историјата во царството на идниот живот. Ако гревот ја носи смртта (Јак. 1,15) и отуѓувањето од Бога и заедницата со Него, покајанието како очистување од гревот и нов живот во Христа е враќање на светотаинската заедница со Бога во Црквата, која е соборен и богочовечки организам, живо Тело Христово11 и образ на царството Божјо коешто ќе дојде. Црквата е влезот во царството на вечниот живот во Бога, кое го предвкусуваме уште овде и сега, во заедница со Телото и Крвта Христови, кои „нѐ очистуваат од секаков грев и нечистотија“12. Покајанието не само што претходи на крштевањето, туку и следи по него, затоа се нарекува „обновување на крштевањето“13. Ова второ крштевање за свети Јован Дамаскин се состои во „покајание и солзи“ и го очистува човекот од гревовите направени по крштевањето, и повторно ја обновува благодатта и чистотата здобиена во светата тајна крштевање. Затоа покајанието свети Исаак Сириски го нарекува „благодат после благодат“14. Со покајанието, „почнува новиот човек, новозаветниот човек, роден во Христа и кој со покајанието преку благодатта на Светиот Дух ги преобразува душата, срцето, мислите, чувствата и таквиот човек себе и светот околу себе го доживува на евангелски начин, гледа на себе и на светот со Христови очи“15. Тој потполно нов живот е насочен кон царството Божјо како негова конечна цел, а започнува уште овде и сега на земјата преку покајанието во Црквата и животот во Христа исполнет со плодовите на Светиот Дух „кротоста, смиреномудрието, состраданието, нелицемерната љубов, верата, долготрпението, воздржливоста и благодушноста, во нив царува Бог, вели свети Симеон Нов Богослов, и тоа се патиштата што водат во царството Негово“16. 10 Мит. Амфилохије, Цит. дело, 145 11 Истото, 146 12 Истото, 152 13 Истото, 152 14 Владимир Лоски, Цит. дело , 205 15 Св. Јован Лествичник, Цит. дело , 79 16 Св. Йоанн Дамаскин, Точно изложение на православната вера, 60

Број 33, година 9, Април 2015


Со Христа „царството Божјо наближи“ и во него се влегува со скрушено срце и покајание, но царството небесно треба да го потврдиме со вера во Спасителот17, Кој вели: „и поверувајте во Евангелието“ (Марко. 1,15), т.е. во Него Кој е блага вест за царството Божјо18. Ослободувањето и спасението од гревот е можно не само преку покајанието за сопствените гревови, туку и преку верата во Спасителот Кој го победи гревот. Според зборовите на нашиот Господ (Марко. 1,15), вистинското покајание е невозможно без вистинска вера, ниту пак вистинска вера без вистинско покајание. „Заедно покајанието и верата во Христа Спасителот го раѓаат човекот за новиот живот во царството на Бога19. Ако покајанието е тага по Бога која во Христа е радост на спасението (50 псалм), верата е среќавање, вистинско среќавање на Оној по кого човекот тагува и се стреми20. Блажени Августин најдобро зборува за верата како „жива претстава за она, на кое се надеваме и докажување на она, што не се гледа“ (Евр. 11,1). „За Себе, си нѐ создал, Господи, и нема да најдат спокој срцата наши во нас додека не те најдат Тебе“, вели блажениот Августин. Значи, верата во христијанското искуство не е плод на некакво религиско знаење, ниту, пак, производ на било какво религиско размислување и анализа, бидејќи кажано со библискиот новозаветен јазик, кој е јазик на христијанството, верата е од Бога и таа во човекот се јавува по Божја иницијатива. Со други зборови, верата на која нѐ повикува Спасителот е човечки одзив на Божјиот повик, таа е одговор на Бога со која човекот Му се предава на Бога, Кој прв секогаш Себе се дарува на човекот. Прифаќајќи го Евангелието, (Ευαγγελιον- што значи блага, односно, радосна вест за царството Божјо)21, со покајание и вера, Спасителот нѐ подготвил за нашето раѓање за нов живот од „вода и Дух“ во светата тајна крштевање, за да станеме синови Божји по благодат и наследници на царството небесно.

Извадок од дипломската работа на свештеник Мартин Деневски

Софија 1996, 189 17 Митополит Амфилохие, цит. дело, 146 18 Јустин Поповић, цит. дело , 93 19 Слова, преподобнаго Симеона Новаго Богослова, Москва 1892, 366 20 Емилијан Чарнић, Еванђеље по Марку, Београд 1983, 21 21 Јустин Поповић, Цит. дело,12 www.povardarska-eparhija.org.mk

61


Овде на земјата, секое добро и секое зло имаат крај Свети Јован Златоуст

П

огледни, колку тврдини и палати на цареви, владетели и началници се претворени во рушевини! Сети се, колку сила и колку богатство имаа некогаш! А сега дури и имињата им се заборавени. Светото Писмо вели: „Многу владетели ја изгубија власта и седнаа на земја, а еден безначаен, за кого никој не помислуваше дека ќе стане цар, доби круна“. Не ти е доволно тоа? Тогаш сети се, која вредност ја имаш кога спиеш? Зарем не може и едно животинче да те усмрти? Да, многумина умреа така, во сон. Навистина, на едно конче ни виси животот! Се прекинува кончето и сѐ завршува. Така да мудруваш и да не се занесуваш по убавината, богатството, славата, забавите. Само едно да те интересира: Каде завршуваат сите тие. Се чудиш од она што го гледаш на земјата? Но, подостојни за чудење се оние нешта, за кои се зборува во Свештените Писанија (Светото Писмо). Покажи ми еден горд владетел, или еден раскошно облечен богаташ, кога гори од температура, кога е во агонија, и тогаш ќе те прашам: „Каде е оној кој гордо шеташе низ плоштадот со неговите следбеници и стражари? Каде е оној, кој носеше скапоцени облеки? Каде е раскошот на неговиот живот, удобноста на неговите седенки, служителите, растрчаните, смеењата, опуштањата, расфрлањата? Сѐ помина и пропадна. Што бидна со телото, кое добиваше толку големо задоволство? Приближи се до гробот и погледни ја прашината, распадливоста, црвите. Види и заплачи горко. И 62

Број 33, година 9, Април 2015


барем злото да се ограничуваше на таа прашина, што ја гледаш. Од гробот и црвите пренеси ја твојата мисла на недремливиот црв во другиот живот, на тресењето на забите, во вечната темнина, на незгасливиот оган, на горките и неподносливи мачења, кои немаат крај. Овде, на земјата, и доброто и лошото некогаш, бавно или брзо, завршуваат таму, но, и обете траат со векови. И се разликуваат според количината на доброто и на злото во овој свет толку, што не е можно да се изрази со зборови. Што бидна со сите оние величија? Што бидна со парите и имотите? Кој ветар дувна та ги зеде и ги расфрла? И зошто, повторно, и ова бескорисно трошење за погреб, при што ни покојниот нема никаква полза, а и на домашните им штети? Христос воскресна без облека од гробот. Нека не биде погребот причина за задоволување на нашата манија за покажување пред луѓето. Господ рече: „Гладен бев и Ме најадовте, жеден бев и Ме напоивте, необлечен бев и Ме облековте“ (Мат. 25, 35-36). Но не рече: „Бев мртов и ме погребавте“. Бидејќи, штом ни порачува да немаме ништо повеќе од една покривка додека сме живи, а уште повеќе кога ќе умреме. Кој одговор ќе Му го дадеме на Бог, кога ќе истрошиме огромни средства за да погребеме едно мртво тело, во моментот кога Христос, во ликот на сиромашните наши ближни, скита гладен и необлечен, а ние сме рамнодушни на ова? Сето она што ви го кажав, се разбира, е бескорисно за оние кои веќе починале. Но нека го чујат ова живите и нека се освестат, нека се вразумат, нека се поправат. Каде и да се, ќе ги снајде нивниот час. Нема да задоцнат да се најдат и тие, нема да задоцниме да се најдеме сите ние, пред страшниот суд, каде што ќе дадеме одговор за нашите дела. Да се бориме, да станеме подобри, напуштајќи го гревот и следејќи ја добродетелта, за да го изгубиме Царството небесно, за да ги стекнеме нераспадливите богатства, што ги има подготвено за нас човекољубивиот Господ. Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Изворник: http://perivolipanagias.blogspot.gr/2015/02/blogpost_764.html

www.povardarska-eparhija.org.mk

63


ЗА НЕДОСТОЈНОТО ПРИЧЕСТУВАЊЕ НА ОНИЕ ПОД ЕПИТИМИЈА Старец Јаков Цаликис

Секој свештеник треба да има свој духовник, со кого ќе се советува за сѐ во духовниот живот, со чиј благослов треба да научи да пости, да се моли, кај кого ќе се исповеда редовно, и со чиј благослов ќе се причестува. Секоја своеглавост, секое отфрлање на свештеничкиот благослов води кон застранување во верата, па и во нарушување на духовното и менталното здравје. Не е добро на своја рака да се причестуваме, како што сакаме и колку што сакаме ние, туку да го следиме благословот на нашиот духовник. А од друга страна, пак, и свештеникот не смее да ја користи забраната за причест за да се одмаздува некому, туку сѐ да биде за наше духовно растење и изградување. Исто така, редно е да спомнеме и за една непријатна појава во црковната пракса, а тоа е, менувањето на духовници од страна на верниците. Се случува еден верник да смени неколку духовници, и на сите да им најде безброј маани, а притоа, можеби несвесно, создава конфликтни ситуации. Можеме да го менуваме духовникот, доколку тој е рамнодушен и незаинтересиран за нашиот духовен раст, ако сме оддалечени, или е постојано презафатен, но повторно, тоа треба да биде со негов благослов. Доколку сме смениле неколку духовници, и постојано сме незадоволни, тогаш проблемот да го бараме во себе, а не во духовниците. 64

Број 33, година 9, Април 2015


„...На духовникот не му е дозолено да го менува правилото кое го дал друг духовник (правилно е секој православен да има само еден духовник кај кого ќе се исповеда и советува, ќе се смирува преку послушание и кој ќе верува дека преку духовникот му зборува самиот Господ. Секако, врската со духовникот може да се прекине и да се избере друг, доколку тој стане еретик т.е отстапи од учењето и поуките од Учењето на Светите Отци на Црквата – белешка од Вистинољубието). Кај мене дојде една старица и се исповедаше, ѝ дадов правило според кое требаше да не се причестува три години... Свештеникот - духовник од нејзината парохија ја запрашал зошто не се причестува, а таа му одговорила: - Отец Јаков ми даде правило да не се причестувам три години! - Поради што ти даде такво правило, - продолжил свештеникот. Кога старицата му ја кажала причината за тоа, парохискиот свештеник ѝ одговорил: - Бабичке, немој да се ожалостуваш поради тоа. Отец Јаков е неписмен калуѓер, што знае тој за тоа? Јас сум образован и те разрешувам од тоа правило. Дојди во недела и јас ќе те причестам. Во неделата старицата пристапила кон Светата Причест, но, во устата почувствувала дека светата лажица е студена и празна. Во устата не го почувствувала вкусот на Божествената Причест, што кај неа оставило голем впечаток. Кога истото се случувало и наредните две недели, таа се исплашила и повторно дојде кај мене во манастирот да ми исповеда што се случило. Јас тогаш ѝ реков: - Чедо мое, правилото не се разрешува (односно, не може да биде укинато), правилото што ти го дадов мора да биде исполнето. Правилата (на својот духовник) мора да се претворат во дело! * Во долгогодишниот исповеднички опит на старецот има бројни чудесни случувања. Ќе наведеме неколку од нив: Дојде една старица и ми кажа дека на самиот Велики Петок пошла во една од селските капели да ги запали кандилата. Со својата женска љубопитност ја протнала главата низ царските двери и погледнала во светиот олтар. Забележала дека Некој Кој бил на околу триесетина години и Кој имал рани на дланките од рацете и нозете, и една рана во ребрата, седи на светата трпеза. Од раните течела крв. Збунета www.povardarska-eparhija.org.mk

65


старицата Го прашала: - Кој си Ти и како се осмелуваш да седиш во светиот олтар? - Јас секогаш седам овде, зашто ова е Мое место, - ѝ одговорил Он. - Кој Ти ги направи раните? - Ти ми ги направи, со твоите гревови, - ѝ одговорил Он. Така оваа старица се удостоила да Го види Господ, зашто се покајала. * Старец Јаков го кажа и следново: Еднаш во манастирот дојде една образована личност за да помине тука некое време. Додека разговаравме, ми рече дека има намера да се причести на следната Божествена Литургија. Видов дека не смее да се причести, се немаше исповедано, а неговите гревови не дозволуваа да пристапи до Светата Причест. Во текот на разговорот се обидував да создадам прилика за да се исповеда, но сето тоа беше безуспешно. Цела ноќ не можев да заспијам зашто размислував како да го причестам, а знаев дека не смеам да го направам тоа, и како пак да не го причестам кога знам дека тоа премногу ќе го разжалости. Кога дојде време недостојниот да се причести, една добродетелна личност видела златен свод, како некој блесок, како излегува од светата лажица поминувајќи преку рамото од свештеникот и се враќа на Светиот дискос врз Светата трпеза. Тоа беше светата честица која на овој начин се оддалечи од недостојниот. Така тој човек остана без Светата Причест, зашто тоа би му било за осуда (инаку, овде треба да се спомене дека по молитвите на старецот Јаков, овој човек поминал без поголема казна, зашто се знае дека некои Светители виделе со духовните очи, како на оние кои недостојно се причестуваат, Светите ангели им ја одземаат Светата Причест и ја враќаат во Светата Чаша во олтарот, а потоа приоѓаат демоните и во устите им ставаат некои нивни јаглени, но по молитвите на старец Јаков ова не се случило).

Превод: Благоја Трајкоски, дипл. теолог

66

Број 33, година 9, Април 2015


www.povardarska-eparhija.org.mk

67


Годишно Свештеничко собрание на Повардарската епархија

Н

а ден 29/16. 01. 2015 година кога Светата Православна црква го празнува празникот Чесни вериги на св.апостол Петар, во црквата „Свето Вознесение Христово - Св. Спас“ во Велес се одржа свештеничко собрание на Повардарската епархија. Собранието започна со Света Божествена литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски господин Агатангел. На Литургијата сослужуваа архиерејскиот намесник на велешкото архиерејско намесништво протоерејставрофор Славе Јованов и протоереј Ристе Јанушев од Велес, архиерејскиот намесник на кавадречкото архиерејско наместништво протоереј киро Ристов и протоереј Томе Јованов од Кавадарци, архиерејскиот намесник на Гевгелиското архиерејско намесништво протоереј Миле Штрбевски и протоереј Крсте Шабанов од Гевгелија,

68

Број 33, година 9, Април 2015


протоѓакон Влатко Стоименов, ѓакон Васил Ристовски и ѓакон Душко Делов. Присутни беа сите свештеници од Повардарската епархија, освен неколкумина кои отсуствуваа заради парохиски обврски. Богослужбата помина во празнична и молитвена атмосфера. По завршувањето на Светата литургија пред митрополитот и свештенството во храмот се обрати отец Русе Жекоски - парохиски свештеник во Богданци со проповед на тема „Црквата и новите технологии“. Оваа особено актуелна и современа тема беше проследена со особен интерес од присутните затоа што е неодминлив дел и од секојдневието на свештеникот. Новите технологии во поглед на информирање, едуцирање, организирање и слично, можат да бидат од голема полза дури и во црквата меѓу верниците за да се олесни на одреден начин мисијата на црквата. Комуникацијата преку интернет го направи светот едно „глобално село“, затоа што два краја од земјината топка ги поврзува за неколку секунди. Денес побргу ќе се видите со пријателите од Австралија, на пример, отколку со соседот што седи три куќи пред или после вас ползувајќи ги новите компјутерски технологии. Тоа е навистина прекрасна можност особено за организирање на црковниот живот во дијаспората, но дали тоа може да биде злоупотребено, а со тоа и штетно за човекот? Имајќи во предвид дека, човекот не направил речиси ништо полезно за себе кое неможе да го заврти во своја штета, одговорот сам ни се наметнува. Во овој контекст отец Жекоски во своето обраќање ќе забележи: „Учествувањето и присуствувањето во светот на бинарната цивилизација всушност е наше потполно отсуство од секојдневниот свет, па тогаш и од црковниот живот. Наводно друштвен свет а во суштина асоцијален, колективен а всушност индивидуален.... Бинарната цивилизација фалсификува црковен начин на постоење. Повикува на заедница, активност, ги поместува границите на просторот и времето, започнува идеа на електронска црква. ...Facebook претставува своевиден феномен во интернет просторот и заслужува особено внимание, не само заради бројот на корисници кои во моментов изнесува околу 1.400.000.000, туку и заради концептот на виртуелно „заедничарење“, кој е особено привлечен за модерниот човек пред се заради тоа што нема подвиг, ниту некаков напор во однос на комуникација со другите. ...Во западното христијанство веќе постојат виртуелни парохии, www.povardarska-eparhija.org.mk

69


а нивното формирање се бара и кај православните христијани. Од стотина млади верници во бугарската православна црква било побарано да се направи виртуелна парохија на нивниот православен храм во интернет проект „Втор живот“....Целата приказна за електронска црква е навистина иронична и е неразбирање на суштината на црквата,. .. во виртуелните парохии верниците можат да се информираат за црковниот живот, но самиот живот им тече празен , затоа што виртуелно неможат да се причестат...Примарна цел во црковната заедница е живиот физички (личносен) контакт .... ...Свештеникот ги собира своите духовни чеда на skype, парохискиот свештеник е достапен на Facebook... Дел од црковниот живот се пресели на интернет, за верниците тој стана не само место за информации, но исто така и место за средба, виртуелна заедница. Виртуелната средба може да не приближи, ама неможе да ни подари искуство од средба со Христа. Тоа во потполност се добива со влезот во Црковниот живот - низ Литургијата, подвигот, молитвата... Едно е да се добие информација за Христа, Црквата, а нешто сосема друго е да се стане дел од тоа. ...Признание за ограниченоста во доменот на науката и 70

Број 33, година 9, Април 2015


технологијата...изнесе еден од креаторите на интернетот, Џон Гејџ. Тој вели „Понекогаш ќе се излажам и ќе помислам дека ги разбирам луѓето. Но, потоа кога ќе ги сретнам гледам дека воопшто не сум ги разбрал. ...Имитацијата на животот и паралелната реалност какви што ни ги нуди интернетот, се сосема туѓи во духот на Црквата , преносот во живо никако не може да се надомести во заедничарењето на светата Литургија. Исповедта ја губи некако смислата ако е во електронска форма а не во директен разговор со свештеникот. ...Интернетот може да ни помогне, луѓето да ги информираме за литургискиот живот...не известува, поучува и информира, а искуството од животот со Христа се стекнува непосредно. Технологиите не се цел за себе и знаења за себе, тие треба да му послужат на човекот во неговото спасение...да помогнат со цел за ефикасно и брзо информирање, но... клучно... е повторното пронаоѓање на човечката целовитост, неговиот интегритет, неговиот идентитет, преку Христа и во Христа, преку живо и активно учество во подвижничко - литургискиот живот на Црквата Божја“, заврши отец Русе Жекоски. Обраќањето со кое се произнесе отецот не престана да биде тема и на трпезата со која и заврши овогодинешното свештеничко собрание. Тоа беше извонредна можност за разговор и размена на искуства меѓу клирот на Повардарската епархија. Нашиот митрополит се осврна и на тоа што е направено во епархијата во изминатиот период, што е тековно а даде и насоки за она што се планира во иднина. Со Божја помош и благослов на митрополитот повардарски г. Агатангел, координирани и еднодушни, со нагласен оптимизам за успешна мисија во Светоклиментовата Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, во нашата повардарска епархија, по завршувањето на свештеничкото собрание сите се упативме на нашите парохиски обврски. Подготвил: Протоереј Ристе Јанушев

www.povardarska-eparhija.org.mk

71


ПРИМАРНАТА ФУНКЦИЈА НА ВЕРСКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО УЧИЛИШТАТА Е ГРАДЕЊЕ НА МОРАЛНИ ВРЕДНОСТИ ДОСТОИНСТВЕНИ ЗА ЧОВЕКОТ ,,Вие, деца, бидете им послушни на родителите свои во името на Господа, зашто тоа е справедливо. И вие татковци, не дразнете ги децата свои, туку воспитувајте ги во науката и стравот Господов!“ (послание на Св. ап. Павле до Ефесјаните 6.1,4)

3. Религијата како основа за формирање на здрава личност кај децата Нема здрава заедница без слободна и здрава индивидуа. Не треба да се задушува индивидуалноста, особено затоа што секоја индивидуа е слободна и одговорна, прво пред Бога, а потоа пред луѓето за нејзината верска постапка. Формирањето на религиозна личност почива врз прифаќањето на Божјото постоење, и само сеќавањето за Бога може да ја зајакне. Се сеќавам на Бог значи да се делува во рамките на напорот да се одржува рамнотежа, бидејќи секое скратување на разбирањето значи нарушување на рамнотежата. Учењето за религијата во себе ги содржи сите полиња на човековата активност, како духовна и материјална, индивидуална и општествена, образовна и културна. Најубавото во религијата лежи во инспирираната форма за целиот живот, секоја активност, без оглед за која сфера од животот станува збор: економски трансакции, дипломатски активности, сексуален однос, научен експеримент и сл. Понатаму, многу важна карактеристика на религијата е секако тоа што таа ја испитува превенцијата. Бидејќи е полесно да се спречи отколку да се лечи. Превентивното делување постепено ги елиминира сите потенцијални лоши насоки кај човекот, но и заедницата. Во смисла превенцијата за успешно обликување на личноста може да се гледа во потенцирањето и препораките од страна на семејството. Тоа е основната цел од која се состои општеството. Сликата за семејството е слика за општеството. Може да се рече дека религијата го набљудува семејството како мало општество. Најважно во образованието и формирањето на стабилна личност е конзистентноста и доследноста, како логична (конзистентност во начинот на размислување) така и практична (конзистентност во акција). Конзистентноста е карактеристика која е неразделиво поврзана со 72

Број 33, година 9, Април 2015


религијата. Ако се знае вистината, мора да се постапи по неа. Што се однесува до ова мора да се потенцира мислењето и делувањето, а може да се повикаме и на Сократовата доктрина дека доблеста е знаење, бидејќи да се знае значи и така да се делува. Доследноста е карактеристика за човекот кој го става своето знаење во неговите активности. Но, на Сократ му недостигаше една работа што ја прави неговата доктрина да се карактеризира како утописка. А тоа е совеста, која се темели на одговорноста и моралот. Бидејќи знаењето само по себе не нуди ништо. Познатиот слоган: „знаењето е моќ“ не носи конотација на позитивност во него, иако тоа е точно. Знаење е потребна совест односно на него се основа моралот за да се затвори кругот на етичка акција на човекот. Без вера, нема морал, затоа што без вера нема совест. 3.1 Поимот и значењето на религиското образование Верското одгледување односно верското образование во согласност со М. Пранјич, 1996 година од страна на У. Хлемел „ги вклучува сите видливи и латентни намерни дела за кои се одговорни луѓето кои преку едукација за религијата се обидуваат да посредувааат помеѓу децата и младите луѓе на база на христијанската вера која се базира на едукација и учење на децата и младите луѓе, со цел тие слободно и независно да го прифатат христијанското толкување“. Пранјич напоменува дека верскиот развој е оставен на верското образование. Без верско воспитување нема ни верски развој и обратно. „Примарната функција на верското образование во училиштата е градење на морални вредности достоинствени за човекот“.1 Основата на моралната дидактичка вистина во христијанството е содржана во заповеди, што Мојсеј ги добил од Бога на планината Синај: Јас сум Господ , твојот Бог и ќе немаш други богови освен мене! Не изговарај го името на Господа Бога напразно! Не заборавај да го славиш денот Божји! Почитувај ги својот татко и мајка! Не убивај! Не прави прељуба ! Не кради! Не сведочи лажно ! Не посакувај ја жената на својот ближен! Не посакувај ги туѓите нешта! 1 R.Ćatić , 2003 www.povardarska-eparhija.org.mk

73


3.2 Содржина на религиското образование Содржината на верското образование вклучува: запознавање со основните карактеристики на христијанството, исламот и јудеизмот, со нивната доктрина, традицијата и верските вредности кои се однесуваат на конкретниот живот. Упатеноста во различните христијански деноминации: православието, католицизмот, протестантизмот, укажува на сè она што тие имаат заедничко, но и што ги прави различни, генезата и причините за нивните напори и нивниот однос за создавање мултирелигиозна култура во овој регион: „Познавање на големи празници на секоја од овие религии, нивното значење и формите на одбележување и настојување да се учествува во нив колку што членовите на одредена религија тоа го сакаат“. Некои заеднички содржини кои се изучуваат во религиското образование во училиштата ги издвојува д-р Рефик Чатич (2003): Разбирање на основните карактеристики на главните религии (христијанството,јудеизмот, исламот); Научна потврда за постоење на Бог; Проучување на вредноста за запознавање на доброто и злото се смета за потребно; Морално-образовани когнитивни и афективни аспекти; Верско разбирање на Божјите благослови за доброто на човештвото (Религија и Екологија) ; Меѓуверски дијалог и соживот (негување на солидарноста не само на хумано туку и на духовно ниво); Религијата како појдовна духовна точка (религијата не е само надворешна манифестација туку и интензивен внатрешен живот); Културните и традиционалните аспекти на верското образование како парадигма на зачувување на идентитетот на народот. 3.2.1 Комуникацијата во религиското образование Услов за успешно верско образование е успешната комуникација помеѓу едукаторите и оние кои се едуцираат формирана врз основа на меѓучовечка доверба. Едукаторот во прилог на професионалните квалификации треба да има практично искуство и вештини во верската комуникација. Едукаторот го води развојниот процес во верското образование. За да се води ваквиот процес потребно е да постои комуникациски партнер. Понекогаш се случува едукаторот, комуникацискиот 74

Број 33, година 9, Април 2015


партнер низ религиското учење да има пасивна улога. Учењето во верското образование е поттикнато од образовните квалификации на едукаторот чија цел е да ги пренесе своите знаења на децата и младите. Тешко е да се прифатат разликите помеѓу едукаторот и оние кои треба да се едуцираат2: „Бидејќи неможе да се прави разлика помеѓу активниот понудувач и пасивниот примач, сите се учесници, независно од возраста и начинот на размислување“. Според тоа може да се каже дека и децата и адолесцентите се активни учесници во религискиот образовен процес. 3.2.2 Фактори на религиското образование Постојат голем број на религиски фактори. Вниманието треба да се насочи кон основните, а тоа се: верски институции, семејството, образованието и медиумите. Повеќето религии имаат добра инфраструктура со што им се овозможува да делуваат на целото општество. Но, за жал образованието, како и медиумите и другите институции сè уште не го даваат својот максимум околу воспитувањето на младите и децата во религиското образование. Во човековиот живот верската традиција се изразува низ најважните случувања: раѓање, крштевање, обрежување, мажење и женење, верски празници и обичаите, умирањето итн. Сите големи религии имаат искуство во верското учење. Треба само да им се даде посилна поддршка за да можат своето учење да го прошират. 3.3 Семејството како фактор за религиско образование Семејството е еден од најважните фактори во одгледувањето на децата. Со својата организација, структура и динамика делува на одгледувањето на децата посилно од сите други фактори. Неговата улога во религиското образование е одлучувачка. Од сфаќањето за светот од страна на родителите и нивниот однос спрема религијата ќе зависи како ќе ги воспитуваат своите деца во поглед на религијата. Голем број на развиени земји го стимулираат семејното верско образование, со давање на родителите различни бенефиции – финансиски додатоци за Божиќ, Велигден, Бајрам, платено отсуство за време на верските празници и сл. Религиското образование во семејството има традиционален карактер. Во последно време некои верски институции го вклучуваат семејството во реализација на конкретни верски содржини, со што се добива активно религиско 2 Exeller.A.198 www.povardarska-eparhija.org.mk

75


образование. 3.4 Основна смисла на религиското образование Низ историјата религијата е движечка сила на човекот. Религијата придонесе човекот да учествува во областа на хуманоста и самопожртвуваноста.Во остварувањето на оваа цел особено се истакнува важноста на религијата како афирмација на вечни и постојани вредности. Онтологијата е основна вредност во религијата. Од религијата произлегуваат и етиката и моралот, па затоа во неа треба да се бара излезот од деструктивното модерно општество. Религиите: христијанството,исламот, јудеизмот го проповедаат моралот како закон кој потекнува од Бога и како таков припаѓа на духовниот свет. Моралот има корени во религијата. Во некои развиени земји во образовните системи на прво место се става религиското образование. Денес училиштата, за жал, се соочуваат со хронична конфузија и ирационално пренагласување на тековната тенденции на идеолошки, политички, расни, етнички погледи. Религијата пак ги прифаќа сите луѓе: сиромашни и богати; млади и стари; здрави и болни. Религијата ги прифаќа како целина и заедница. За разлика од религијата, идеологијата ги дели луѓето на: расна, класа, етнички и други основи. Како религиозни луѓе може да се сметаат Сенека, Аристотел, Платон, Њутн, Ајнштајн и др. 3.5 Религиското образование во современите семејства и школи Во современите семејства родителите се на крстопат помеѓу аспирациите на минатото и потрагата по нови модели.3 Голема помош во ревитализација на семејството и образовниот процес обезбедува содржината на верско воспитување. Во семејството е неопходно да се воспостават вистински и фер човечки односи кои се базираат на почитување и меѓусебен дијалог, разбирање и толеранција. Преку овој однос најдобро може да се откријат вистините на верата. Верата се пренесува исклучиво во педагошките процеси, во семејството тоа го остваруваат родителите со својата доследност и практични манифестации во верскиот живот. Низ историјата развојот 3 Čatić, 2003 76

Број 33, година 9, Април 2015


на религиозното образование се третира на различен начин. Некои образовни системи биле целосно антитеистички, со што се обидувале да ја негираат било која религија. Верското образование значи да се подигне свеста кај младите луѓе со што ќе им се овозможи да го усогласат своето однесување со другите луѓе, во светот кој не опкружува, а особено за вечната вистина, како што поедини религии го нарекуваат: Бог, Алах, Јехова, итн.4 За реализација на веронауката посебно место има училиштето. Има многу разновидни предмети кои ги покриваат овие образовни области и позицијата која ја заземаат во однос на другите предмети. Но, веронауката е една и единствена која со својата наука не се спротивставува на другите науки и е со позитивно значење. Основното значење на веронауката треба да служи за хуманизација на човекот, а името и статусот да се од помало суштинско значење. Преку верското образование најдобро се осознаваат моралот и етичките принципи кои ќе придонесат за основање на целокупната воспитно-образовна работа на училиштето.5 3.5.1 Влијанието на религијата врз развојот на личноста Религијата има позитивно влијание врз менталното здравје и адолесцентното созревање. Религијата позитивно влијание врз зреењето во пубертетот, во смисла дека тоа придонесува за поголема хармонија, канализирање на психичката енергија во насока на признавање и обезбедување на вистинскиот идентитет и на тој начин се создаваат услови за формирање на сеопфатна, интегрирана, стабилна, самоуверена и добро прилагодлива личност. Со тоа се создава природен амбиент за процесот на психосоцијалното созревање во периодот на адолесценција, овозможува побрз и подобар процес на социјализација, со поголема тенденција да се донесат општествените норми и правила на однесување. Обезбедува прецизна насока на тоа како да се постапи во ситуации кои може да доведат до несоодветни емоционални реакции, несоодветно однесување и дестабилизирачка ментална состојба, со цел да се спречи постојаниот негативен ефект врз менталното здравје. Д-р Изет Пајевич од Универзитетскиот клинички центар во Тузла го истражувал влијанието на религијата во формирањето на личноста и утврдил дека високорелигиозните луѓе во помала мера се под влијание на фактори како што се внатрешни конфликти, фрустрации, 4 Ibid, 5 Ibid www.povardarska-eparhija.org.mk

77


страв, вознемиреност, психички трауми, повреда на самодовербата и негативната психичка енергија ја неутрализираат до поздрава на поефективен начин. Со тоа се постигнува соодветна проценка на состојбата во која личноста може да се најде, рационална распределба и користење на психичката енергија, побрза социјализација, поголема отпорност на фрустрации, eфикасно надминување на конфликтите, повеќе задоволство, повеќе нагласена тенденција кон повисоки цели. Многу религиозните луѓе се помалку анксиозни, помалку депресивни, помалку агресивни и во помала мера се изложени на девијантни однесувања. Според мое скромно мислење, религијата може да одигра главна улога во овој дел, особено заради духовната врска меѓу родителите и децата/адолесценти, која е нераскинлива и многу силна. Во оваа смисла може да кажеме дека децата/адолесценти се продолжение на нивните родители, тие се делови од нивните тела. Во телесна смисла односот на децата и родителите е малку поинаков затоа што животот на детето започнува од неговото зачнување, но со неговото раѓање се дели од мајчината утроба и станува личност. Духовното зачнување и раѓање е неделиво од родителите, но и од Бога затоа што во секое зачнување и раѓање учествува и Бог. Токму за тоа религијата треба и мора да си го најде своето место во современото семејство сè со цел сите ние кои сме родители да ја исполниме од Бога дадената обврска, но и задоволството да одгледаме деца/адолесценти кои ќе бидат здрави, силни, психосоцијални личности за благосостојба на семејството и општеството. Прота м-р Горан Панзов Извадок од мојот магистерски труд („УЛОГАТА НА РОДИТЕЛИТЕ И ПРОМЕНА ВО РОДИТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА ВО ТЕКОТ НА ТРАНЗИЦИЈАТА КАЈ ДЕЦАТА И АДОЛЕСЦЕНТИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“) (Студија на случај-Велес)

78

Број 33, година 9, Април 2015


В

о периодот од печатењето на претходниот 32ти број на „Православна Светлина“ и овој 33ти број, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел се испечатија две изданија од издавачката дејност на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“. Тоа се книгите „Беседи за животот по животот, II том“ и „Исус Христос, чудо на светската историја“, а во очекување на излегување од печат е и уште едно капитално дело, а тоа е „Проповедничката енциклопедија“. Предговор на книгата „Беседи за животот по животот“

В

о вториот дел од книгата „Беседи за животот по животот“ имаме можност да се запознаеме со повеќе теми, кои се значајни за нашето правилно сфаќање на смртта, на страшниот суд, на вечниот живот, па од ова знаење произлегува и нашиот правилен однос кон овдешниот живот. Митрополитот Антониј Сурошки вели: „Смртта е мера за нашиот однос кон животот. Луѓето што се плашат од смртта, се плашат и од животот. Невозможно е човек да не се плаши од животот, со сета негова комплексност и со сите негови опасности, ако се плаши од смртта. Ако се плашиме од смртта, никогаш нема да бидеме подготвени да преземеме големи ризици; ќе го потрошиме нашиот живот на малодушен, претпазлив и плашлив начин. Единствено ако можеме да се соочиме со смртта, да го разбереме нејзиното значење, да го определиме нејзиното место, како и нашето место во однос на неа, дури тогаш ќе можеме да живееме без страв и да ги искористиме нашите способности“. За да не се плашиме од смртта, треба да ја демистифицираме тајната на смртта, колку што можеме, да го разбереме тој момент на www.povardarska-eparhija.org.mk

79


разделување на душата од телото, да знаеме што се случува со нас во тие моменти, и што нѐ очекува во животот потоа. Смртта е неизбежен факт, голема тајна, разделба на душата од телото, разделба од ближните, но сепак е и средба со Бога. Соочувањето со смртта ни дава можност да созрееме, да видиме што вредело во животот, а што не. Смртта не е дел од Божјата примарна цел за Неговото создание. Бог не нѐ создал да умираме, туку да живееме. Иако смртта е тажна и тешка за секого, сепак таа е Божји дар, дар со кој се ослободуваме од овој живот, со сите негови тешкотии, гревови и страдања. Како што ноќта е еден вид секојдневно умирање, така и утрото е еден вид воскресение. Денот ни го дава Бог за работа, за творење, а ноќта ни е за да се одмориме од сите дела, од сите напори. Така Бог ни го дава овој живот како ден, за да твориме во Него, за да ја исполнуваме Неговата волја, а смртта ни доаѓа како одмор од животниот труд и напор. Има една ранохристијанска мисла, во врска со смртта, која христијаните ја кажувале при погребение на некој ближен: „Го садиме човекот во земја, за да расцвета како најубав и најмирисен цвет во вечноста, пред Бог“. Како што новоникнатото стебленце, кое иако излегува од семето, а е сосема поинакво од него, така ќе бидат и нашите воскреснати тела преобразени во вечниот живот. Ете со таква вера, со такво сфаќање за смртта треба да живееме и така да ги учиме идните генерации. Да се плашиме од смртта со побожен страв, но да не паничиме при нејзиното приближување. Иако ова е голема тема, се надеваме дека со објавувањето на двата дела од книгата „Беседи за животот по животот“ на нашите читатели ќе им се разјаснат мноштвото прашања, размислувања и предрасуди кои се наталожиле со текот на времето, а за кои не можеле да најдат соодветни одговори. Да Го молиме Господ да ни помогне да стекнеме правилно сфаќање за смртта, правилен однос кон смртта, за да можеме и правилно да го живееме животот на земјата, та по овој живот, кога ќе се преселиме во оној живот, да расцветаме во вечноста, како најблагоухани цветови, и како плодоносни дрвја, во вечни векови. Амин. Митрополит Повардарски † Агатангел

80

Број 33, година 9, Април 2015


Предговор на книгата „Исус Христос – чудо на светската историја“

С

екое време и место си има свои херои, свои славни личности, на кои народот се угледува, од кои учи и се поистоветува со нивните животи и дела. Историјата ни дала многу славни личности на кои вреди да се угледаме, многу мудреци од кои можеме да учиме, но сите тие се со свои ограничувања и недостатоци. На многумина од нив им поминало времето, забот на заборавот го изгризал нивниот спомен, а некои паднале и во заборав. Во древните митологии наоѓаме многу интересни ликови на херои кои народот ги нарекол „богови“, кои оставиле трага во историјата и во науката, но кои имаа свое времетраење. Еден и единствен лик кој остана да постои и ќе постои споменот за Него додека постои и светот - е Господ Исус Христос. Неговата слава е неспоредлива, Неговите зборови се живот вечен и затоа ќе останат вечно, како сведоштво за сите генерации. Во историјата имало периоди кога луѓето доброволно или присилно се оддалечувале од верата, но по неколку години или децении пак се враќале кон верата и кон Црквата, привлечени од сладоста на Божјата благодат која постојано пребива во Светата Православна Црква. Господ Исус Христос е центар на нашиот живот, Глава на Црквата, вистинско Сонце на правдата, Царство Небесно, Рај. Он е Патот по кој одиме, но и целта на нашето патување. Сите пророци пред Него укажуваа на патот, Самиот Он дојде да ни биде Пат. Надвор од Него има само беспатија, само слепи улици кои не водат никаде или водат во пропаст. Христос е светлина на светот, која го просветлува секој кој е во заедница со Него, а оние кои се надвор од Христос и Неговата Црква залутуваат во мракот на гревот и заблудата. Новиот Завет е откровение за Неговиот живот, Неговата www.povardarska-eparhija.org.mk

81


личност, чуда, поуки и ветувања. Читајќи ги житијата на светителите и почитувајќи ги нивните слова, често пати како да забораваме дека Христос е најзначајната личност во животот на Црквата, во животот на секој православен христијанин, затоа и секој ден си спомнуваме на Него, велејќи во својата скришна соба: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот. Како што вљубените мислат секој ден еден на друг, така и верниците секојдневно си спомнуваат на Господ Исус Христос. Молитвата е наша секојдневна храна, секојдневно дишење, но полезно е и да знаеме нешто повеќе за личноста на нашиот возљубен Господ и Спасител Исус Христос. Токму книгата која ја имате пред вас е такво објаснување, кое се потпира врз аргументи од Светото Писмо. Во неа се говори за детството и младоста Христова, за Неговото растење, Неговиот општествен живот, Неговата безгрешност и совршена светост, Неговата универзалност и добродетелност, Неговите страдања кои ги претрпе заради нас и нашето спасение. Во неа се побиваат и заблудите кое се распространиле околу личноста Исусова, се разбира, користејќи докази од Новозаветните книги. Во неа ќе најдеме многу размислувања од познати и светски признаени авторитети, кои со своите проникливи умови стигнале до Христос, и се увериле дека Он е завршеток на секоја потрага, дека Он е самата воплотена Вистина, и нема друга вистина надвор од Неговата личност. Со надеж дека оваа книга ќе ви помогне во откривањето на нови хоризонти во личноста Христова, од длабочината на мојата душа ви ја препорачувам оваа мала, но многу полезна книга. Митрополит Повардарски † Агатангел

82

Број 33, година 9, Април 2015



Црква „Св. Никола“ село Клисура


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.