списание за православна вера, култура и образование издание број 31, година VIII, октомври 2014
Тема на нaсловна корица - Полошки манастир „Св. Ѓорѓи“
Тема на задна корица - конак на Полошкиот манастир
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА
содржина † Поедноставување на животот † Воздвижение на Чесниот Крст - Отец Антониј Кониарис † Христијанство и култура † Глад за Бога † Некој си свештеник од XX век † За пастирското служење - VII дел † Скротениот ѕвер † Како ѓаволот го мами човекот † Посмртни чудеса на светиот великомаченик Пантелејмон - 2 дел † Житија на грузиски светители † Акатист на свети Козма и Дамјан Азиски (1/14 ноември) † Предговор на книгата „Мојот живот со старец Јосиф“ † Предговор на книгата „Старец Силуан“
импресум Списание за православна вера, образование и култура; број XXXI, Октомври 2014 Излегува четири пати годишно. Издавач: Повардарска епархија на Македонската Православна Црква, Велес. Главен и одговорен уредник: Митрополит Повардарски г. Агатангел. Уредувачки одбор: Протоѓакон Влатко Стоименов, свештеник Јани Мулев, ѓакон Васил Ристовски, дипл. политиколог Никола Цилаков. Дизајн и компјутерска подготовка: Никола Цилаков. Печати: „Европа'92“ - Кочани www.povardarska-eparhija.org.mk e-mail: info@povardarska-eparhija.org.mk
Поедноставување на ж ивотот О т ец А н т о н и ј К о ни а ри с
(Лука 10,38-42, 11,27-28) „А Исус ѝ одговори и рече: ,Марто, Марто, ти се грижиш и се трудиш за многу работи. Но само едно е потребно. Марија го избра добриот дел, кој нема да ѝ се одземеʻ“ (Лк 10,41-42).
С
ите ние сме по малку како Марта; Исус дојде на вечера, а Марта целото време го помина во кујната со тенџерињата и тавите, „се грижеше и се трудеше за многу работи“ додека нејзината сестра Марија седеше во дневната и го слушаше Исуса. „Марија го избра подобриот дел, кој нема да ѝ се одземе“, вели Исус. Многу жени нема да му простат на Исус за Неговото нежно прекорување кон Марта. Но, Тој само велеше дека ги расфрламе непотребно нашите животи со толку многу работи што ја губиме од вид главната цел.
4
Број 31, година 8, Октомври 2014
Грижа за многу работи
Ч
овекот е животно кое има многу барања. Нема крај на работите што ги посакува. Модерното рекламирање создава во нас болна желба за повеќе и повеќе нешта. Моделирани сме да чувствуваме дека нашата среќа никогаш нема да биде потполна ако не го имаме последниот модел и стил на нешто што го сакаме. Како што вели Филипс Брукс: „Ние сме како деца со нашите куќи во кои се расфрлани полупрочитани книги и полуодиграни игри и полуизедени овошки; кои стоиме на прагот и кои со викање бараме повеќе наместо да го користиме и да го цениме она што веќе го имаме“. „Се трудиме и се грижиме за многу работи!“ Еднаш, некој богат човек поканил некој проповедник на вечера во неговиот клуб. После тоа го донел клирикот во неговиот дом, кој бил велелепна вила, богато украсена, опремена со не помлку од 10 бањи. Му покажал слики од неговата јахта, од неговиот имот надвор од градот, неговата спортска опрема, неговите штали. Проповедникот забележал: „Имате толку многу!“ „Ах, да“, одговорил богатиот, „но проблемот со тоа да се има многу работи е што не можеш да ги контролираш, тие те контролираат тебе. „Се грижиме и се трудиме за многу работи!“ Кога еден гостин од Европа видел колку време и пари трошат Американците за забава, рекол: „Што се обидувате да направите, да се забавувате до смрт?“ „Не, се плашам дека тоа ни е само една страст со која побегнуваме“одговорил пријателот од Америка. „Да побегнете? Е оваа е добра!“ - одговорил Европјанинот. „Ја имате најбогатата, најимотната цивилизација во цела историја и го имате најзадоволувачкиот начин на живот во светот - да ве слушне човек како зборувате за тоа - и сѐ што сакате е да побегнете од тоа!“ Само едно е потребно
С
е трудиме и се грижиме за многу работи! А сепак не ги наоѓаме среќата, мирот и задоволството што ги бараме! Што вели Исус за сетоова? Се свртел кон Марта и ѝ рекол: „Само едно е потребно“. Нѐ повикува да го поедноставиме животот, да се оддалечиме од работите што ни го одвлекуваат вниманието за да можеме да се www.povardarska-eparhija.org.mk
5
концентрираме на единствената работа што е важна. Кога Хенри Дејвид Тороу објаснувал зошто го напуштил светот и се повлеков во Валден Понд, тој рекол: „Заминав во шумата затоа што сакав да живеам одмерено, да се соочам само со најбитните работи во животот и да видам дали можам да научам она што животот има да ме научи и да не откријам дека не сум живеел пред да умрам. Не сакав да го живеам она што не беше живот, живеењето е толку драго... Сакав да живеам длабоко и да извлечам сѐ од сржта на животот... (Сакав) да го сведам животот на неговите најмали (најпрости) услови!“ Тороу понатаму велел дека не сакал кравата да го молзи него, сакал тој да ја молзи кравата! Тој верувал дека човекот е богат не поради бројот на нештата кои ги има, туку поради бројот на нештата без кои може. Секој шалтер за пријавување на багаж на аеродромите е опремен со вага. На вагите се мери багажот што секој патник го носи со себе. Секој багаж не смее да надмине одредена тежина. Ако надмине, патникот треба да плати дополнително. Мудрите патници го прегледуваат нивниот багаж почесто и ја вадат облеката што придонесува за поголема тежина. Исус ни вели да го отфрлиме вишокот багаж кој нѐ тера да „се трудиме и да се грижиме“. Поедноставете го животот. Сведете го, вели Он, на она „само едно е потребно“. Што е тоа „само едно е потребно?“ Како што ги читаме посланијата на светиот апостол Павле, гледаме дека тој постојано користи еден израз: „Едно правам! Едно правам!“, постојано вели. „За да Го познавам Него...“ Сѐ друго е штета. „Го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е...во Исуса Христа“. Ништо освен Христос нема вредност. Ништо освен Христос нема да биде вечно. Он е големо богатство, „скапоцен бисер“. „Во Кого се сокриени сите сокровишта на премудроста и познавањето“. Он е „патот, вистината и животот“. Да се верува во Него е да се има живот вечен, простување, мир, радост, цел, значење. Единствена приоритетна цел
Т
ајната на едноставноста е да се има Христос како единствена приоритетна цел во животот. „Чистотата на срцето е во тоа да се посакува едно нешто“ - вели Киркегард. Да се посакува Христос и Неговиот план за нашите животи над сѐ - ова е тоа што е потребно. Да 6
Број 31, година 8, Октомври 2014
се остават настрана сите изговори и оправдувања, да е умот насочен само кон Христос и да Го следиме Него, тоа е она што е потребно. Да Го возљубиме Господ Исус Христос со сето наше срце, ум, душа и сила и нашиот ближен како себеси - тоа е она што е потребно. „Мојата храна“, рече Исус, „е да ја исполнувам волјата на Оној, Кој Ме пратил и да го извршам Неговото дело“ - тоа е она што е потребно. Кога Исус ќе го поставиме за наше водечко начело, наша единствена цел, Он постанува како сообраќаен полицаец кој е на должност на раскрсницата и го насочува сообраќајот. Тој ги контролира нагоните, стравувањата и немирите кои се во нас. Кога Го порекнуваме Христос, тогаш нагоните и поттиците неисконтролирани доаѓаат на површина и опустошуваат. Кога Христос е водечкото начело во нашите животи, сите немири и стравувања се под контрола. Нема многу личности, туку само една личност - личност водена од Христос. Има поредок, заедништво, цел, мир, едноставност во животот кои може само Он да ги даде. „Марија го избра подобриот дел, кој нема да ѝ се одземе“. Кога човек го одбира „само она што е потребно“, Христос, тој го одбира „подобриот дел кој нема да му се одземе“. Едно добро прашање кое треба да си го поставиме самите на себе во врска со многуте работи кон кои се стремиме во животот е „Колку долго тие ќе траат?“ Физичка убавина? Колку ќе трае? Пари? Колку ќе траат? Задоволство? Колку ќе трае? „Работете не за храна што се расипува“, вели Исус, „но за храна што останува за живот вечен и која ќе ви ја даде Синот Човечки...“ (Јован 6,27). Оној кој го одбира Христос како негова првенствена цел во животот веќе не „се грижи и труди за многу работи“. Тој ги отфрлил работите кои го одвлекуваат вниманието. Тој го поедноставил животот. Тој го одбрал „само она што е потребно... подобриот дел кој нема да му се одземе“. „Светот поминува и похотите негови, а оној, што ја извршува волјата Божја, останува довека“.
Превод од англиски јазик: Петар Кабранов, апсолвент на Филолошкиот факултет Наслов на изворникот: Anthony M. Coniaris, Sermons on the major holy days of the Orthodox church, USA 1978.
www.povardarska-eparhija.org.mk
7
Воздвижение на Светиот Крст Отец Антониј Кониарис
Изчезнатиот крст
Некои од нас можеби ги виделе на билбордите зборовите: „Однесете си ги вашите проблеми во црква, милиони си ги остaваат таму“. Без сомнение, има голема вистина во овие зборови. Христос навистина ги лечи намачените души, но само во тоа ли се состои христијанството? Се вели дека на истокот камилите клекнуваат секоја вечер пред нивниот господар за да им го симне товарот. Но следното утро, истите камили клекнуваат пред нивниот господар за да земат нов товар. Ако сакаме да бидеме Христови следбеници, мораме да го направиме истото. Го губиме нашиот гревовен и виновнички товар во подножјето на крстот. Но земаме нов: товарот на милосрдието за гревот и страдањето на светот. Што симболизира крстот?
Христовиот крст, чие Воздвижение го славиме денес, го симболизира човековото спасение. Го симболизира помилувањето.
8
Број 31, година 8, Октомври 2014
Ја симболизира бескрајната љубов Христова. Но треба да дадеме еден одговор на крстот Христов - лично наш: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот крст и да оди по Мене“. Ние љубиме оти прво Он нѐ возљубил нас. Ние го земаме крстот и Го следиме Него, оти прво Он зел крст за нас. Има ли крст во нашите животи? Колку сме подготвени да го следиме Христа денес? Колку сме подготвени да го слушаме Него среде притисоците од толпата? Колку сме подготвени да ги надминеме гревовните навики кои се длабоко вкоренети во нашата душа? „Се распнав со Христа“, - пишува свети апостол Павле. „Секој ден умирам“, не физичка смрт, туку смрт - секојдневна смрт - за себичноста и гревот. Колку сме подготвени да носиме таков крст? Има една приказна за пастор кој се вознемирил кога благајникот го начекал за да му се жали за тоа, дека голем број луѓе давале само симболични подароци за Црквата. Пак се вознемирил кога раководителот на училиштето за веронаука се пожалил од недостатокот од учители. А потоа и хорскиот одбор, кои му расправале за тешкотиите при собирањето доволно членови за доброизбалансиран хор. Изчезнатиот крст од олтарот
Наредната недела верниците се прашувале зошто го нема крстот во олтарот. Некои си помислиле: „Можеби го светнуваат“. Сите нивни прашања биле одговорени кога пасторот го објавил следново. „Крстот, како што знаете сите“, - рекол тој, „е симбол на Христовата жртва за нашето спасение. Исто така треба да биде симбол на нашата жртва на самите себеси и нашите добра за Господ и Неговата Црква“. „Со тага дознав дека малкумина од нас вистински се жртвуваат“. Крстот е украс само во олтарот, а не во срцата на многумина од нас. Малкумина се подготвени да ги жртвуваат времето и личните интереси за вистинските дејности во Црквата. Па си помислив дека е потребно да се извади крстот од олтарот, каде што е обичен симбол и да се стави во срцата на нашите членови.
www.povardarska-eparhija.org.mk
9
Крстот во нашите срца
„Како што гледате утрово во олтарот нема крст. Се надевам дека ќе ве потсети дека крстот треба да биде во вашите срца, во вашите дарувања, во службите кои ги принесувате на Господ и Неговата Црква. Крстот во олтарот нема никакво значење ако не е во нашите срца“. Една од причините поради кои комунизмот им е привлечен на младите е тоа што се соочува со тешкотии и борби. Некој комунистички водач запрашал некој млад човек кој сакал да се приклучи кон движењето: „Знаеш ли што те чека?“ „Да, знам“, - одговорил младиот. Водачот продолжил: „Студ, глад, презир, малтретирање, затвор, болести и смрт“. „Знам“, - одговорил младиот. „Подготвен сум. Сѐ ќе истрпам“. Што имаме денес ние христијаните за да можеме да се мериме со овој комунистички дух на себепожртвување? Можеме ли да го надминеме? Можеме ли да ги „надмислиме, надживееме и надумреме“ комунистите, како што и христијаните од првиот век ги потиснале паганите? Или сме станале толку заситени со љубовта кон удобноста и леснотијата, па ни недостасува сила и издржливост да надвладееме? Единствениот вид христијанство кое може да се надева да го здобие светот е христијанство со крст во срцето свое крстот Христов - и тој крст е симбол на жртва до смрт. Го нема ли крстот денес, не од нашите олтари, туку од нашите животи? Само украс ли е, само знак со кој се осенуваме? Престанал ли да биде симбол на нашата жртва за Христос? Престанало ли да има крст во нашите дарувања? Во нашата служба? Во нашето живеење? Верен епископ
Година 156 по Христа. Толпи талкаат низ улиците на Смирна. „Убијте ги христијаните!“ - викаат. „Тие се опасни! Тие одбиваат да му кадат на Императорот. Фатете го епископот Поликарп пред да го фатат стражарите и фрлете им го на ѕверовите!“ За време на судењето, некој римски офицер му вели на епископот Поликарп: „Имајте почит кон вашите години, заколнете се на верност на Цезарот и ќе бидете поштедени од ова мачење!“ 10
Број 31, година 8, Октомври 2014
Поликарп одговара, искажувајќи ја неговата вера во Христос: „Осумдесет и шест години бев Негов роб и Он не ми направи ништо лошо, ниту пак се откажа од мене. Како можам да хулам на мојот Крал Кој ме спасил?“ Народот не сакал да чека повеќе и побарал да му ја отсечат главата. Поликарп бил изгорен на клада. Пред да го запалат огнот, тој се молел. Како што огнените јазци се кревале околу него, тој постанува еден од прославените маченици за христијанската вера. Како епископ на Црквата, свети Поликарп го носел Христовиот крст на ланец кој висел од неговиот врат. Но исто така го носел и во своето срце. Верно го носел до самиот крај кога го сменил за венец на славата во Царството Божјо.
Превод од англиски јазик: Петар Кабранов, апсолвент на Филолошкиот факултет Наслов на изворникот: Anthony M. Coniaris, Sermons on the major holy days of the Orthodox church, USA 1978.
www.povardarska-eparhija.org.mk
11
ХРИСТИЈАНСТВО И КУЛТУРА Протоереј-ставрофор Радован Биговиќ, професор и декан на Богословскиот факултет во Белград (1956-2012)
Л
атинскиот збор cultura, кој означува растење, обликување, образование, воспитување, потекнува од зборот cultus, кој значи богопочитување, богослужење, култ. Затоа несомнено, културата има религиски корен. Бог го создава човекот како битие на културата. Бог му заповедал на човекот да го чува и обликува светот кој го опкружува. Затоа многу учители и отци на Црквата укажувале на културата како на божествено потекло (Климент Александриски, Григориј Богослов и др.) Со тек на историјата Црквата усвоила многу од тоа што човекот направил на план на уметноста. Црквата, често ја користела културата како средство за да го изрази своето духовно и егзистенцијално искуство. Човечката култура, таа ја насочувала кон наткултурните цели и вредности. Верата најдобро се примала преку различните форми на култура како иконопис, поезија, музика, архитектура итн. Човечката култура означува културно настојување, но и збир од потфатот или резултатот на тие настојувања. Таа е многузначна и се изложува како духовна и материјална, лична и општествена, општочовечка и национална. Опфаќа севкупност од материјалните добра и духовните вредности кои ги постигнал човекот на својот историски пат на вочовечување и обожение. Културата е специфично човечки феномен, дело и производ на човекот како рационално и морално битие. Во смисла на латинскиот термин cultura значи усовршување, негување, обликување, духовно организирање и облагородување на природата, во согласност со човечките цели и потреби. Како творба на човековиот дух, која се објективизира во културните добра и вредности, таа е трајна задача и идеал во 12
Број 31, година 8, Октомври 2014
кој непрестајно тежи homo sapiens I homo moralis. Наоѓајќи се во вредносната сфера и царството на целите, културата е нераздвоиво поврзана за човекот – битие со развиена смисла за вредноста – кој токму со таа своја наданимална димензија на животот овозможува и создава. Културата се остварува во низа на генерации со пренесување на културните текови од човек на човек, од генерација на генерација. Така ги поврзува луѓето и народите. На национално ниво ги опфаќа историските традиции, морал, обичаи, науки, уметности и вкупно креативноста на одреден народ. Јазикот е битна ознака на секоја национална култура. Како што е културата специфично човечки феномен, така и човекот во својот бит е културно битие. И тој е дел на природата и тој треба да се култивира, очовечи, насочи кон општите културни и духовни цели, да се оспособи за создавање на културните добра. Во тоа значење културата е усовршување и обликување не само на природата, туку и на човекот, развивање на сите негови човечки способности. На тој начин се поврзува со процесот на воспитување и образување - развивање на човекот како очовечено битие. Денес сите говорат за „кризата на културата“. Затоа се наметнуваат многу прашања: Што е култура? Каков е односот помеѓу традиционалната и модерната култура? Што е популарна, а што висока култура? Има ли вредност културата по себе и за себе? Не е ли културата луксуз, игра, суета, гордост, раскош, замка за душата? Дали современата масовна и потрошувачка култура постанала роба? Дали „културниот“ и „цивилизираниот“ човек е подобар и поблагороден од некултурниот? Каков е ставот на христијаните кон културата на современиот човек: егзистенцијална или музејска и археолошка? Каква е природата на христијанското културно создавање денес? Како христијаните го гледаат современиот идеал на мултикултурностите? Како да разликуваме кич од култура? Постои ли однос на своевидна идолатризација и митологизација на културата која е опиум за метафизичкото затупување на масата од луѓе? Ова се само некои од прашањата кои бараат одговор. Наместо одговор на овие прашања ќе се задоволам со изнесувањето на неколку начелни ставови, кои се однесуваат на поставените прашања. Човекот е креативно битие, во некоја рака заменик-творец на универзумот. Човекот е битие на култот и културата. Со културата се реализира како личност. Преку неа ги обединуваминатото, сегашноста и иднината. Како боголико битие припаѓа на два света: материјалниот (створен, материјален) и нематеријалниот (нестворен, божествен). Со својот www.povardarska-eparhija.org.mk
13
создавачки потенцијал и енергија го надминува создадениот свет, се ослободува од оковите на природните стихии. Со културата човекот копнее по нов свет, нов живот „нова земја и ново небо“. Со својот творечки потенцијал човекот гради свој сопствен свет. Преку културата материјата се одухотворува и преобразува, а духот се конкретизира и материјализира. Културните творци се споредувале со свештениците. Културата е средство за општење меѓу луѓето. Културата е дар, богатство. Христијанската култура во својата суштинска рамка во која икона е Христос, и наспроти фактот што таа не е монолитна, што постојат повеќе типови христијански култури: романска (латинска), германска (готска) и византиска (православна). Православната култура е теургиска, тоа е култура на есхатолошкиот реализам, своевидна просопографија. Во сите свои форми, таа го оприсутнува и конкретизира идното Царство Божјо овде и сега, во времето и просторот, во историјата. Таа култура е иконична, затоа што Го иконизира Архетипот, Личноста на Богочовекот Христос, вистински Бог и вистински човек. Христијанската култура извира од култот. Таа нема причина за своето постоење во себе и по себе. Примерот и целта на културата се надвор од неа. Културата е во функција на Литургијата. Храмот е „слика на небото, овде на земјата“. Иконата е „прозор кон небото“, односно „поклонение“ кое нè носи кон прототипот. Христијанската култура е оној надворешен амбиент кој треба да го поттикнува и насочува човекот на егзистенционалната средба со Бога. Културата е средство за општење со другите, начин да се збогати карактерот и да се припитоми гревот од подивената човечка природа. Смислата на културата е првенствено надминување на себељубието, гордоста и најголемиот непријател на човекот: смртта. Кога културата ќе се одвои од култот, аскезата, и наместо да го ослободи човекот од робувањето на работите, тогаш таа самата се потчинува на истите. Тогаш таа постанува мит и фетиш. Отуѓеноста од Бога за последица ги има идолатриските ставови кон културата. Тогаш културните богатства се складираат и постануваат нови божества. Христијаните, во текот на историјата, не биле имуни на иконобожечкиот и идолатрискиот став кон културата. Современото христијанско културно творештво (мислам на православието), загрозено е и однадвор и однатре. Оправдано е да поставиме прашање: Дали навистина, современите христијани создаваат нови културни добра или станува збор за копирање, репродукција, реставрација, фотографирање и конзервација на минатото. Попрво е ова второто, а сè под изговор да се остане верен „на верата на отците“. Денес сите христијански народи страдаат 14
Број 31, година 8, Октомври 2014
од роматичарските претстави на минатото, кога сè било идеално и совршено, а сега изопачено и дефектно. Некои икони или храмови се поправославни доколку се подобри копии на некои постари. Тоа е тенденција Црквата да се претвори во обичен музеј на уметнички и културни антиквитети и обичаи, несомнено прекрасни, но трагично безживотни. Силата на тој културен ултраконзерватизам не е мала и безначајна. Нејзе не ја намалува ни фактот дека постојат и такви културни творци кои ја црпат својата инспирација од есхатонот. Денес нам не ни треба некаква „егзотична“ христијанска (православна) култура, туку веќе, културата која е во состојба да склучи брак со современата епоха и да ја воздигне културата која е во состојба да го изрази она ново радикално, кое Христос му го дарувал на светот, а кое во својата севкупност ќе се оствари во иднината. Слободата е неопходна претпоставка на секоја вистинска и автентична христијанска култура. Православната црква никогаш не се залагала за културна унификација на светот. Таа била и вчера и денес и утре ќе биде за соживот и навлегување на различни народни култури. Секој народ, секој поединец има право да ја манифестира својата вера во категориите на својата култура. Евангелието треба да инкултурира во секоја локална култура. Затоа Црквата денес ја гледа Европа како мозаик во лего коцки на различни култури. Живееме во ера на глобализација на културата, неверојатна интеграција на светот. Се создава универзална, масовна и интегрална култура. Благодарение на информатичкиот и техничко-технолошкиот развој човекот може да партиципира во сите културни светови, и тоа е нова реалност со која сме соочени. Културната глобализација на светот денес предизвикува чувство така што секоја национална култура (мала или голема), да се чувствува загрозено. Па сепак, денешниот свет не припаѓа на ниедна нација и култура посебно. Денешниот свет им припаѓа на сите култури, ако истите се способни да изградат свое место во него. Христијанството има изразито персоналистичка и отворена антропологија и онтологија, отворена и комунитарна култура. Затоа таа никогаш не може да го прифати културното гето и изолација. Превод: Маја Цаневска, дипл. професор по македонски јазик Изворник: Радован Биговић, Црква у савременом свету, Београд 2010 www.povardarska-eparhija.org.mk
15
Глад за Бога Митрополит Атанасиј Лимасолски „…Зашто тие ќе се наситат“ (Мат. 5,6)
Ч
овекот, кој Го бара Бога и сака да има врска со Него, навистина се наситува од Божјото присуство, како што вели Давид на едно место: „А јас пред лицето твое ќе се покажам во правда, ќе се наситам кога ќе се покаже славата твоја“ (Пс. 16,15). Тој ќе се насити, кога ќе го види Неговото присуство и го вкусува Неговото битие. Бидејќи од опит е докажано дека човекот кој има врска со Бог, не чувствува 16
Број 31, година 8, Октомври 2014
празнина во себе. Божјата благодат има чудно својство – независно дали некој е голем светител или е човек, кој се подвизува, за да се сретне со Бог, тој ја спознава и има опит со благодатта, вкусува од неа, од Божјото присуство, од Божјите енергии. Независно дали таа благодат е малку или многу во човекот, таа не дава можност или поточно не дава чувство за некаков вакуум. Човекот не чувствува вакуум. Човекот кој живее заедно со Бога, чувствува полнота, апсолутна полнота. Затоа тој не чувствува движење кон нешто друго, од кое порано имал потреба, за да ги пополни своите празни време или интереси. Често пати прашуваме, тоа грев ли е? На пример, грев ли е некој да пуши? Грев ли е некој да пие? Да оди по дискотеки или не знам каде сега одат, грев ли е? Кажавме, дека не можеме да одговориме на тие прашања, бидејќи се неправилно поставени. Затоа, ако одговориме дирекно, одговорот ќе биде погрешен. Можеме да кажеме дека човекот, кој има врска со Бога, нема потреба да пуши, да пие, да скита по улиците, за да го убие времето. Тој чувствува рамнотежа во себе, чувствува полнота, која го тера да стои во себе и да биде урамнотежен и задоволен. Многу пати сме склони да тежнееме, да го потполниме животот со илјада работи. Има луѓе, кои поради тоа, имаат празнина во себе, имаат манија да купуваат разни предмети. Не знам дали сте слушнале за тоа дека луѓето кои имаат проблеми, шетаат и купуваат разни работи од продавниците. Тое се разбира е добро за локалната трговија. Но од друга страна, тоа е духовен проблем. Црквата ни вели да бидеме самостојни луѓе, па дури во еден подуховен аспект зборуваме за воздржувањето од материјалните рабори. Да не зависиме од ништо. Што имаш - тоа е. Други работи не ни се потребни. Воздржувањето од материјалните работи е основен предуслов во монаштвото, не може да поседуваш ништо. Зошто? За да се научиш да не го потпираш својот живот врз патерици, врз туѓи нозе. Треба да се научиш да стоиш прав, да стоиш и да постоиш. Да не се мачиш да ја пополнуваш празнината со некакви ниски работи и отпадоци или, како што вели старец Пајсиј, да не собираш чакал во срцето, за да не бараш после цела бригада, за да го исчисти чакалот што си го собрал во себе. Еднаш www.povardarska-eparhija.org.mk
17
18
му донеле на старец Пајсиј ѓезве - тој немаше такви работи, не се занимаваше со готвење. Готварски сад му беше една метална кутија од млеко, која ја приспособи за готвење. Таа беше неговото тенџере - и тоа кога имаше гости, не секој ден. Го виделе дека приготвува чај во неа и му донеле ѓезве. Тој го прашал човекот, кој му го донел ѓезвето: „Зошто ми донесе ѓезве, сега што ќе правам, ново е, треба да го ставам некаде, треба да ми донесеш и полица, за да ја поставам на карпата. Треба да ми донесеш и клинец, за да ја приковам. Потоа ќе ми треба и средство за да го мијам и што знам уште што... Затоа земи си го ѓезвето ќе си готвам во кутијата која си ја имам од почетокот“. Кога отидов кај старец Пајсиј, она од што се вчудовидов и ужаснав истовремено, беше неговото големо воздржување од материјални работи. Тој не поседуваше ништо. Не знам дали може да разберете човек да живее на едно место, без да поседува апсолутно ништо. Имаше една соба со неколку дрвени шкафчиња во неа, од некаде ги беше нашол и одозгора имаше поставено неколку стари алишта. Имаше и некакви хартиени икони залепени на карпата. Замислете си човек да живее во дом, во кој нема апсолутно ништо. Кога се упокои и сакаа да земат по нешто од него, немаше што. Тој немаше ништо и можеше да се пренесе за еден час. Кога го менуваше местото, земаше две торби и тргнуваше. Кога една зима ги беше облекол сите алишта, бидејќи му беше студено, велеше во шега, каде и да оди си ги зема работите и нема проблем ако не се врати назад, бидејќи сите алишта што ги имаше, ги носеше. Еднаш некој човек отиде кај него и му стана студено. Старецот му даде едно парче облека, а тој имаше блескава идеја да ги исече копчињата и да ги земе за благослов. Така ги однесе со себе. Потоа старецот ги побара копчињата, но ги немаше. Што направи? Исече мали гранчиња и ги постави како копчиња. Голема работа е кога човек нема празнини во себе. Тие се создаваат од премногу работи. Од најпростото нешто, од тоа да прашаш и да не ти одговорат. Тоа е една празнина во душевниот свет на човекот. Човек не треба да ги остава нештата без одговор. Треба да внимаваме кога нѐ прашуваат, да одговараме. Број 31, година 8, Октомври 2014
Особено кога децата ве прашуваат, треба да им одговарате. Не ги оставајте прашањата на малите деца без одговор. Одговарајте им сериозно, а не со смешни или инфантилни одговори. Сериозно, но како на дете, за да разбере детето, одговорот да биде сериозен и правилен. Кога нема одговор на сѐ, коешто нѐ опкружува, тогаш во душевниот свет ни се појавуваат празнини. Но доаѓа таа врска со Бог, за која зборува Христос во Евангелието, за оние, коишто гладуваат и жедуваат за Христос, коишто се наситуваат од врската со Бог. Кога човек ќе се насити од врската со Бог, тогаш навистина престанува барањето, кое го имал во себе. Тогаш човек се прашува: „Ама како претходно сум ги правел тие нешта, трчав лево-десно, одев да се забавувам, да мине времето, имав потреба од тие работи, да стојам еден час пред огледалото, да стојам толку часови тука и таму?“, - и не ги гледа причините. Понекогаш тоа изгледа смешно. Како, кога чекаме на семафорите,
www.povardarska-eparhija.org.mk
19
20
отстрана забележуваме фризерски салони, ги гледаш жените, од една страна ги сожалувам, од друга страна ми доаѓа да се смеам. Ги гледаш како трпат, носат печки на главата. Колку часови седат внатре? И тоа често, не да речеме еднаш во годината. Има луѓе, кои одат таму секој ден или на два дена. Ги гледаш - мака. Не велам дека нема потреба од тоа, но тоа, кое сакам во општи црти да го кажам е, дека човек не може да се насити со вештачка храна. Ниту со вештачка храна, ниту со детска храна. Дури и во духовните работи. Кога човек ќе потпорасне, го отфрла тоа, на кое бил научен како дете, бидејќи тие работи биле детски. Со тоа тој ја отфрла и Црквата. Затоа што работите кои ги научил во редовното или во неделното училиште - сето тоа се отфрла. Човекот е стабилен, кога има тврда храна во себе. Таа тврда храна е Божјото присуство. Навистина во таа состојба тој се чувствува исполнет, навистина наситен и среќен. Само тогаш може да почувствува вистинска среќа и слобода во величието на својот човечки живот, како и да се радува на самиот себе. Не знам дали некогаш сте го почувствувале тоа - да се гледате себе и да се радувате на вашето радување - не на себезаљубен начин, не да бидеме нарциси, за тоа, колку сме убави, не на таков начин. Ниту егоистично или користољубиво, а гледајќи со каква мудрост и грациозност Бог го создал светот и човекот - секој еден од нас и самите ние. Во таа состојба човекот врви кон Бог со голема благодарност, а кога ја чувствува таа полнота, тогаш тој не прави болни работи. Тој не ги чувствува оние болни работи, коишто секој од нас ги чувствува - љубомора, завист, стравови, сомневања, што ли знам како: „Таа ми кажа“, „Тој ми направи“, „Таа ме оштети“, „Тој ме намести“. Сите тие работи, кои објективно може да се така, но во духовниот наш свет не оставаат празнини, бидејќи не значат ништо за нас. Она што има значење е, дека во себе имаме полнота од врската со Бог. После тоа, Христовите зборови потполно се прилагодуваат. Човекот е најнаситен, полн, исполнет со Божјото присуство. Кога чувствуваме потреба да направиме други работи, треба да се запрашаме што правиме. Зошто на пример имаме потреба од даденото нешто? За да ги пополниме нашите празнини? За Број 31, година 8, Октомври 2014
да дадеме смисла на нашиот живот? За да го утврдиме нашето постоење? Или се потчинуваме на надворешните потреби, бидејќи врската со Бог не е онаа што треба да биде. Бидејќи, децата, ако ги анализираме сите тие проблеми - социјални, семејни, лични, ако човек се задлабочи во тие пориви, на крајот ќе стигне до самиот себе. Стигнува до себе и ако продолжи понатаму, ќе види од каде започнуваат тие работи - од недостатокот од врска со Бога. Оттаму лошо тргнуваат сите останати нешта и се случува она што се случува. Надворешните проблеми во светот се само последици - војните, гладот, несреќите, злосторствата, наркотиците - тоа се плодови на дрвото. Проблемот за човекот, кој зема наркотици, не е само што зема наркотици - тоа е плодот. Зад наркотиците се кријат илјада други нешта, една цела историја. Зошто тој човек зема наркотици? Како стигнал до таму? Зошто има потреба од нив? Ако внатрешно беше исполнет, ќе стасаше ли до таму? Кога тој ќе падне и се пороби, му се зема слободата од неговиот живот и веќе станува роб на наркотиците. Така е со секоја страст. Зборувам за „борба против страстите“, или велиме, тоа нешто е страст, или се прашуваме, ама зошто е лошо? Макар и страст, што има лошо тука? Лошото тука е подлабоко, бидејќи си роб на дадената страст и работиш за неа, имаш потреба од неа и тоа што не можеш да живееш без неа значи, дека имаш празнина, пропусти во себе, и имаш потреба од други надокнади за да си ја заситиш гладта. Тоа е знак дека имаш богословски проблем -проблемот на врската со Самиот Бог. (...продолжува)
Превод од бугарски јазик: Свештеник Игор Пармачки
www.povardarska-eparhija.org.mk
21
Некој си свештеник од XX век Искуство на протоереј Евангелос Папаниколау, лекар
Г
о видов ненадејно во одајата со 65-70 кревети, среде еуфоријата која ја прават 70 луѓе кога се собираат и се стискаат во еден мал простор. Од големите прозорци оградени со железна ограда влегуваше многу светлина. Беше утро, околу 9 часот, кога се отвори тешката надворешна врата и влеговме, новата група од десет студенти, во одделот за токсикологија и одвикнување во Дафни. Многу лица се движеа неодредено низ широкиот ходник, оставајќи ги своите кревети. Луѓе од сите краишта на татковината, па дури и од подалеку. Секој со својот карактеристичен нагласок, Ларисјани или Критјани и островјани, ниски, високи, темни, светли, слаби, дебели, паталци – сиот свет собран да живее заедно. Внатре во оваа поплава од луѓе стоеше еден висок рус човек, облечен во црни алишта и со бел колар на вратот, кратка руса брада, со господски став и непоколеблива смиреност среде сиот тој смут. Сфатив дека се работи за свештеник. За среќа, си реков во себе, католички свештеник во одделот за токсикологија. Среќа што не е 22
Број 31, година 8, Октомври 2014
православен, па да се срамиме пред лекарите и пред колегите. Среќа! Се поделивме на две групи и ги облековме лекарските мантили, па заедно со одговорниот лекар се упативме кон креветот на првиот пациент. Одговорниот го повика да се одвои од друштвото и кога дојде, видовме дека е еден мал мангуп од Лариса, разговорлив, но мангуп. Не се сеќавам ништо од тој прв час, ниту зошто пациентот бил таму, ниту какви лекови примал, туку само неговите зборови. Рече: „Го имаме попот да ни помага и си поминуваме многу добро. Јас требаше да си одам за три месеци, но благодарение на него, ќе си одам за еден и пол месец“. Тогаш ме збуни помислата како е можно еден католички поп со костум да му помогне на овој овде. Невозможно! При нашата прва средба ништо не направив и покрај мојот социјален карактер. Си отидов веднаш кога заврши моето задолжително време на присуство. При втората посета следната седмица, повторно се случи истото, друг пациент и ново откровение: „Среќа што го имаме попот и ни помага, особено навечер, кога остануваме сами. Нѐ утешува, нѐ укрепува. Тој е наш, православен поп!“ Една студена струја ме помина и сѐ се сруши. Мојата благочестивост не можеше да прифати еден православен свештеник да биде пијаница, да има потреба од одвикнување и да се наоѓа зад решетките, заедно со злосторници, пијаници и наркомани. Ниту во некој приватен центар за одвикнување. Сликата која ја имав за неосквернетата Црква и која се должеше на мојата младост, силно се помрачи. Му се приближив додека стоеше и разговараше со еден друг пациент, чии раце трепереа. Буквално за ништо не разговараа, другиот го слушаше, му ги кажуваше проблемите говорејќи брзо, а попот гледаше во него и го слушаше со особена посветеност и љубов. Имаше чист лик, морско сини очи, на возраст од отприлика 55 години, бели раце, долги прсти. Како и да е, сѐ во врска со него беше господско. Му одговори тивко со малку англиски нагласок. Беше странец. Православен поп странец. Веднаш штом заврши со пациентот, се сврти кон мене и ме праша: „Хау ар ју?“ Дознав дека е Грк роден во странство - неговите родители отишле во Америка, но подоцна го испратиле кај неговите баба и дедо во Катерини, каде што научил грчки и се поврзал со месните обичаи. Веќе почнав да се чувствувам опуштено, како да се познаваме www.povardarska-eparhija.org.mk
23
со години, а сите мои предрасуди ме напуштија. „Што сакате од мене?“, - ме праша. „Сакам да знам зошто сте на ова место, сакам да Ве запознам“. „Дојдете во мојата соба“. Да, среде тој хаос имаше една мала соба, тесна собичка со еден кревет, северен прозор, превисоки четири метарски ѕидови, една маса за пишување, дваесет руски икони, кандило, бројаница, кадилница, епитрахил, лекови и книги. Тоа беше една мала калуѓерска ќелија, среде седумдесетте штитеници на психијатријата. Таму започна откровението на Божјата благодат. Името му беше Николај, православен свештеник од Американската архиепископија, професор на Харвард, на катедрата за исихастички студии и пастирска психологија. Професор на најголемиот американски универзитет, а сега штитеник на психијатриското одделение во Дафни, во одделот за одвикнување. „Отче, како стигнавте овде?“ „Бевме едно друштво, пријатели кои ја завршивме школата на Чесниот Крст во Бостон. Се оженивме, родивме деца и станавме свештеници. Најдобриот помеѓу нас почина ненадејно пред околу десет години. Го погребавме и се вративме дома. Тогаш ме опфати дух на жалост и оттогаш почнав да пијам. Било како било, за кратко време станав зависен од алкохолот и доколку не пиев, се тресев. Не можев да си ги исполнам обврските. Во почетокот го криев тоа од жена ми и децата. Не се пијанев, но пиев, постојано бев со чаша во раката. Ми се оштети црниот дроб“. Сета оваа работа беше предизвик за моето лекарско знаење – ништо од погорното не се согласуваше со непорочноста, господството и недостигот на нервоза кај овој човек. Беше дошол часот да си одиме. Побарав благослов да му донесам нешто за утеха помеѓу овие ѕидови. „Една книга од Романидис,“ - ми рече, „Романидис ми беше професор“. При следната наша средба, следната седмица, во своите раце ја држев книгата на Романидис „Римјани или Ромеи отци на Црквата“. Ги искачив скалите трчајќи, за да го сретнам мојот Николај, мојот пациент. Го најдов во неговата соба, седнат на мала фотелја, со мала бројаничка во раката. Му ја дадов книгата која имаше тврда, црвена корица. Ја разгледа со љубов, ги прочита поглавјата и се израдува како мало дете. „Овде сум повеќе од три месеци, излегувам ретко и никој не 24
Број 31, година 8, Октомври 2014
ми донел подарок. Многу се радувам. Овој човек му донесе живот на православието, ја скрши схоластиката на германската идеологија и го покажа нашето богатство! Сѐ што ни кажуваше старец Јосиф, овој го внесе во универзитетите“. „Кој старец Јосиф?“ „Исихастот, старецот спилеот. Го запознав во 1960 година. Кога одев на Света Гора, во Неа Скити, секогаш ме примаше во својата ќелија. Тој светлоносен, сладок и строг старец ме научи да се молам со часови на својата бројаница. Велеше дека е потребно внимание на умот, зашто прво доаѓа нападот, потоа разговор со помислата и на крај согласувањето со неа. Согласувањето е смрт, почеток на гревот, кој е отровен заб на смртта. Потребно е внимание и будност, а не разговор со помислата. Сето тоа што го кажуваше старецот, емпириски го пренесе Романидис, го запиша и светоотечки го поткрепи, за да го испрати до краиштата на светот и да имаме радост дури и ние во Америка. Кога станав свештеник, од првата плата му купив подарок на старец Јосиф – монашко расо, ништо особено, го завиткав во хартија, ја напишав адресата и го испратив. По пет години го посетив во неговата ќелија и во еден агол го видов мојот подарок недопрен. Моето лице веднаш се намурти и му реков: ,Старче, ти пратив подарок од мојата прва плата, а ти не си го ни допрел!ʻ, а тој ми одговори: ,Отче Николај, чедо мое, ништо не ми недостига, зашто Го имам Христа. Не ми недостига ништо. Твојот подарок го видов, скинав едно крајче и го видов, но го оставив овде со години, помислата да ми вели отвори го, а јас да го заборавам, но да се сеќавам на тебе. Можев и да го подарам на некој од многуте кои доаѓаат овде, но го оставив заради тебе. Отче Николај, дојди да запееме шести глас, да се утешишʻ. Ме научи да се молам со бројаницата за целиот свет. Сите служби, освен Литургијата, ги правеше на бројаница“. „Отче, не ми е јасно како Вие, кој сте запознале еден таков свет старец, сте дошле да паднете на оваа страст на алкохолизмот. Зарем молитвата не Ве заштити, зарем не Ви помогна да се избавите од такво искушение?“ „Евангеле, не го заборавај она ,Доста ти е Мојата благодатʻ на апостолот Павле“. „Знаете... на почетокот ме соблазни вашата состојба“. „Те соблазни или те исплаши сознанието за кршливоста на www.povardarska-eparhija.org.mk
25
нашата природа? Самодоволен си во својата замислена чистота и се плашиш да не ја расипеш, да не направиш некоја грешка и да го изгубиш добриот глас за себе и за другите. Те интересира што ќе каже светот. Брате мој и пријателу мој, младоста е лош советник за тебе, како што некогаш беше и за мене. Искуството на животот и доживувањето на благодатта ме научи дека, каков и да сум, што и да правам, врзан сум за Христа и повикувам ,Помилуј ме, Боже, помилуј ме, Господи, како што знаеш и како што сакаш, спаси меʻ. И си велам во себеси дека сите се спасуваат, само јас гинам. Се надевам на Христа и на Богородица. Се надевам на милоста на Бога, Кој го дарува рајот на оние кои веруваат дека се недостојни за рајот“. И повторно помина нашето време. „Отче, сакате да Ви донесам нешто и при нашата следна средба?“ „Да, сакам, зашто имам четири дечиња дома и ми се нажалило срцето за нив. Те молам, земи некое мало дете и викни ме да излезам на прозорот и да го видам низ решетките, та да се утешам малку“. Го зедов моето крштениче Сотири во раце и се вратив назад. Откако го викнав, отец Николај излезе низ прозорот, ги рашири рацете, се насмевна и така разговаравме. Се израдува многу, зашто се сети на сопствените деца. Не му беше горчлив спомен, но носталгија за неговиот рај. Нѐ благослови и си отидовме. „Отче, Америка е позната по своите центри за одвикнување. Како дојдовте во овие ужасни услови?“ „Евангеле, пред многу месеци излезе конкурс за едно место по исихастички студии на Атинскиот универзитет. Дојдов и јас, откако зедов дозвола од мојот универзитет во Харвард, да аплицирам за таа катедра. Месеците минуваа и не биваше ништо друго освен професорски интриги, состаноци врз состаноците... Мојата катедра во Харвард пред мене ја држеше отец Георгиј Флоровски. Тој е многу голем теолог и мој старец“. Од изненадување во изненадување. „Тој великан е Ваш старец?“ „Да, и навистина е голем и духовен теолог и човек на себепожртвуваност. Вешт во пастирска психијатрија и психолошко соочување со зависниците од супстанци и алкохол. Сето тоа го работеше со особена љубов и трпение. За да ја сфатиш големината на тој човек, ќе ти кажам една приказна, чиј сведок бев јас лично. Едно семејство го донесе своето осумнаесет годишно дете кое страдаше од хебефрена схизофренија. Состојбата беше значително 26
Број 31, година 8, Октомври 2014
тешка и болеста неизлечива, но го молеа да го прими и да го преземе неговото лекување. Навистина го зеде и го одведе во една куќа надвор од градот, каде имаше голем посед и многу брези. Отидоа обајцата сами, отец Георгиј и детето, и ја заклучија вратата. По три дена излегоа и тој им го предаде на родителите детето потполно здраво и разумно. Детето студираше и оттогаш е здрав и сега дури е и епископ на црквата. Кога го прашав отец Георгиј како стана сето тоа, ми кажа: ,Го зедов детето и му реков: Чедо, јас ќе седам кај оваа бреза, а целиот простор е твој, прави што сакаш и кога ќе посакаш, дојди да поразговараме. Три дни и три ноќи правеше што сакаше. Го уништи
фрижидерот, библиотеката, цвеќињата и кога сакаше, доаѓаше и си зборувавме. Јас седев покрај брезата и чекав, без да се колебам за тоа што станува и три дена не станав, не јадев и не пиев вода. Третиот ден детето дојде смирено и ми ја бакна раката, ме подигна и ми помогна да одам, зашто бев како умрен, ја отворивме вратата и го предадов на неговите родители, облечен и разуменʻ. ,Отче Георгиј, како ги извршувавте основните потреби во текот на тие три дена?ʻ ,Ги извршував на тоа место, воопшто не се поместив, сакав да ги принесам моето трпение и моите секојдневни навики како жртва на Бога за него. Не е ништо особено во споредба со тоа што Бог му www.povardarska-eparhija.org.mk
27
подари здравје на човекот и преку тоа ми даде предвкус на Неговото Царствоʻ. Таков човек беше тој вистински теолог и човек на Литургијата, дури и повеќе од тоа. Секогаш велеше: ,Дај ни да имаме потполно учество во невечерниот ден на Твоето Царствоʻ“.
Разговор за животот на свештеникот во неговата мала соба
Од разговорите кои ги водевме, ќе изнесам неколку. „Внимавај, свештенику, на себе и не заборавај да Го гледаш Бога. Си се заколнал да го држиш својот ум во спасението – толку твоето, колку и на другите. Секое време е благопријатно за да крстиш или да причестиш, бидејќи секое време е благопријатно за смртта. Да се сеќаваш дека човекот може да Му рече ,неʻ на Бога, но Бог не може да му рече ,неʻ на човекот. Ние сме свештеници на Тој Бог, Кој му дозволува на своето создание да каже ,не, нека не биде Твојата волјаʻ, односно да го роди пеколот. На луѓето можеш да им кажеш дека Христос се симна до адот и дека таму нѐ чека. Колку е подлабок адот, толку подлабоко е Христос. Болката е лебот кој Бог го дели заедно со човекот и затоа и неговиот слуга, свештеникот, е должен да го споделува со другите луѓе. Бог на крстот застана на страната на луѓето, наспроти сите замисли кои некогаш луѓето ги имаа за Бога. Бог стана човек – тоа ја покажува Неговата љубов и ја бара нашата љубов, а нѐ ослободува од секаков долг. Нашата борба се состои во внимавањето на духовниот извор на злото, кој не доаѓа од природата, но се изградува во духот. Оној кој го видел својот грев е поголем од оние кои запознале ангели. Тогаш од бездната на своите гревови, човекот се издигнува кон бездната на благодатта. Напредокот во твоето осветување се гледа тогаш кога твоето смирено срце застанува и процутува во благоутробие, не може да суди никому, го подига сето зло од светот, ја поминува Гетсиманија и сѐ покрива со наметката на љубовта. Евангеле, ако некогаш станеш свештеник, да се сеќаваш дека тоа што ги соблазнува неверните не се светите, туку апсолутниот факт дека не сите се светители. Состојбата на светот прилега на онаа пред Константин Велики и полоша, бидејќи луѓето тогаш биле идолопоклоници, а сега се безбожници. Така, наместо Црквата да го суди светот, Црквата е судена од светот, зашто светот ја има можноста да ја обвини дека во текот на толку многу векови ја има изгубено 28
Број 31, година 8, Октомври 2014
„магијата“ да го поправи светот. Црквата од свршеница Христова стана религиозна заедница. Да, Евангелието прави востание, но не ги менува основите на светот, туку основите на човечкиот дух, внесувајќи го во него Христа. Стекни го внатрешниот мир и мноштво на луѓе ќе го најдат мирот покрај тебе. Вистинска вештина е да знаеш да му се приближиш на современиот човек. Суштинското е да се ставиш на негово место, да се исклучиш себеси и да Го оставиш Христа да говори. Сета твоја теологија што си ја научил се руши како кула од карти пред еден злосторник, еден мртовец, еден осамен. Но, живата топлина на твојата дланка може да направи луѓе кои се угаснати, извалкани и грди, да засветлат ненадејно со зраците на светлината и да го извлечеш на површина заспаното во нив – општењето“. „Отче Николај, знам дека си човек Божји и те молам, кажи ми која е твојата тајна работа, што криеш од мене?“ „Евангеле, мислам дека дојде часот да научиш сѐ за мене, како завет од учител на ученик. Не сум болен, барем не страдам од алкохолизам. Помеѓу моите студиски интереси е и психологијата на зависниците. Откако дојдов во Атина и ги поднесов документите, времето поминуваше и откако поразговарав со директорот на оваа клиника, кој е мој пријател од Америка, му кажав за американските програми, каде лекарот живее заедно со пациентите во текот на целата програма и тоа дава одлични резултати. Така, ја набљудувам програмата и до сега сите кои си отишле, не паднале повторно во искушение“. „Што велите, зарем се продадовте себеси како роб овде? Не ги гледате ниту сопствените деца, ја трпите лудоста на секого?“ „Да, но ја имам мојата соба, мојата молитва, мојата вера, го имам моето огледало – сите мои затворени браќа. Тоа што ми ја раскинуваше утробата е тоа што не можев да богослужам. Сега земам дозвола за излез како сите други и одам во едно блиско манастирче и таму богослужам, па се враќам“. „Зарем не полудувате, толку месеци затворен овде без причина?“ „Бев притиснат, зашто ова е гробно искуство, но ги запознав сите најмали Христови пријатели. Тие кои веруваат дека се недостојни за рајот, застанав покрај нив, ги слушнав, им дадов малку вода, малку вера и пак останав непотребен слуга. Се грижам за часот на мојата смрт и се надевам на милоста Божја и на Неговата Црква.“ „Отче Николај, Вие сте многу млад, ниту 53 години...“ www.povardarska-eparhija.org.mk
29
Беше среда од првата седмица на Великиот пост кога го водевме овој срдечен разговор. „Во петок ќе земам дозвола и ќе одам во тоа манастирче за кое ти кажував и ќе служам Акатист, а во недела ќе служам Литургија. Дојдете и вие да се видиме. Јавете се во сабота за да видиме кое време ќе биде Литургијата во недела“. Јас телефонирав во саботата. „Ве молам, би сакал да разговарам со отец Николај“. „Не може“, - ми рече. „А, кога да се јавам?“ „Отец Николај пред малку ја заврши светата Литургија, ја употреби причеста и се упокои пред светата Трпеза, во моментот кога ја целиваше за да излезе. Клисарот го нашол на колена, но без здив. Дојде полицијата, ќе го носат телото на испитување и ќе го испратат во Америка“. „Што велите, отец?! Јас зборував со него завчера. Се чувствуваше одлично. Не може да е тој истиот“. „Не, тој е. Така сакал Бог“. Така заврши Николај, тајниот работник на заповедите Христови, мојот кратковремен пријател, вистински пастир кој ги остави деведесет и деветте овци за едната, кој се продаде себеси во ропство како оној епископ од старечникот, свештеникот на измамничкиот дваесетти век, чии очи не се измамија, но чисто го гледаше светот без прелест. Да го имаме неговиот благослов. Превод од грчки јазик: Антониј Лазески, дипломиран Теолог Изворник: Δημήτρης Δημουλάς, Ιερεύς του εικοστού αιώνος, „Ορθόδοξη Πορεία“.
30
Број 31, година 8, Октомври 2014
www.povardarska-eparhija.org.mk
31
За пастирското служ ење Свети григориј двоеслов
Глава III
Духовниот пастир како раководител на својата паства, должен е да ѝ служи како пример (образец) во своите дејствија
П
астирот, кој раководи со Христовото духовно стадо, должен е да биде највисок пример за тоа стадо во однос на сите свои дела, за на тој начин, пастирот со самиот свој живот да им го укажува патот на Животот на своите духовни чеда, и неговото словесно стадо, следејќи го гласот и делата на својот пастир, да се поучува и усовршува благодарение повеќе на неговиот пример, отколку на гласот негов. Зашто, ако височината на заземеното од него место бара соодветна возвишеност на неговите зборови, истата таа височина изискува од него и возвишени подвизи. При тоа, и 32
Број 31, година 8, Октомври 2014
самата усна проповед поудобно и поверно проникнува во срцата на слушателите, кога зборовите на проповедникот се потврдуваат со неговиот примерен живот: со зборот тој само убедува и побудува кон дејство, а со примерот помага и учествува во делото. „Искачи се на високата гора Сион, ти кој јавуваш добри вести за Сион“, говори Господ преку пророкот (Иса. 40, 9), кажувајќи го тоа, дека тој кој проповеда за небесното е должен да се издигне над нивото на земните дела и да застане на највидното место, за што поудобно да му биде да ги привлече кон себе своите слушатели и да ги возведува кон совршенство, со што уште погласно ќе се разнесува гласот за неговиот свет живот. Затоа и во древниот Божествен закон при жртвопринесувањето, на свештеникот му се давало десната плешка од жртвата (Исх. 29, 22-27; Лев. 8, 25-30), во знак на тоа дека неговите дела треба
да бидат не само полезни и спасувачки во општа смисла, но и да се одликуваат со особеност, за со нивната правилност свештеникот не само да се разликува од порочните, но и да ги надминува добродетелните од својата паства, колку со важноста на својот чин, толку и со чистотата на карактерот. Заедно со десната плешка, на свештеникот му ги давале и градите од жртвеното животно, и со тоа му се заповедало да се жртвува пред Бога со истите тие работи кои ги земал од жртвата. На таков начин, пастирот не е должен само да ги носи вистинските и справедливите помисли во своето срце, но и со своите дела, како со силно рамо
да го повикува и привлекува секого кон сè повисоко и повисоко совршенство; да нема пристрасности кон богатствата на привремениот живот и да да не се плаши од бедноста; да ги презира сите измами (прелести) од овој свет заради внатрешниот страв Божји, а сите светски стравови да не ги прима, сè со цел да се удостои со таа духовна наслада, која се испраќа одозгора. И затоа после тоа, по Божја заповед, двете рамења на свештеникот се покривале со „нарамник“ (Исх. 28, 7-25; 29, 5); и со тоа му се советувало нему дека, како што се украсува со добродетелите, истовремено се оградува против искушенијата
www.povardarska-eparhija.org.mk
33
и среќата и несреќата. Зашто, и според зборовите на апостолот Павле, „кој има оружје на правдата во десната и левата рака“ (2.Кор. 6, 7; Ефес. 6, 1117), тој, молејќи се во собата за молитва, никогаш нема да падне пред соблазните на светските идоли. Ни среќата ќе го направи надмен, ни несреќата нема да го поколеба; нема да го измамат задоволствата, ниту бедата ќе го доведе до очај; ништо за него не е страшно; никакви страдања нема да го понижат или да го скршат; ни најблагопријатните околности нема да го успијат: тој со својот живот отворено ќе му објави на светот дека неговите рамења се непобедливи под штитот на таа наметка, со која тој се покрива. И таа „наметка“ (нарамник), којашто ги покривала сите свештенички одежди, било заповедани да се ткае од „чисто злато, сина, пурпурна и црвена волна и чист лен“ (Исх. 28, 5-33); со што се изразувало тоа, со какво разнообразие на добродетелите треба да се разликува и да сјае духовниот пастир. И пред сè во составот на таа наметка влегувало златото, како знак на тоа дека пастирот особено е должен да ги просветува и осветлува (озарува) другите со светлината на разумот и мудроста; потоа – сината волна, која со својата небесна боја му укажувала на пастирот дека целта на сите негови знаења и 34
Број 31, година 8, Октомври 2014
дејствија била не земната слава, а небесната, затоа што, итајќи по човечките почести, тој може да се оддалечи од Божествената вистина; понатаму – црвената волна (багреницата), како дел од царските облеки, била ставена за пастирот проповедајќи им на другите за почестите на високиот призив, истовремено будно да внимава на своите недостатоци, за со царската власт да го искоренува и прогонува секој душевен и телесен порок од себе и од другите, непрестајно гледајќи на височината на своето духовно преродување, и со својот свет живот овде – на земјата да приготви и за себе и за другите живеалиште таму – на небесата во Царството Божјо. За овој висок призив и Духот Божји говори преку апостолот Петар: „вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, луѓе придобиени за да ги возвестите совршенствата на Оној Кој ве повикал од темнина во Својата чудесна светлина (1.Петр. 2,9); за оваа власт, која торжествува над сите пороци, проповеда и евангелистот Јован: „А на сите што Го примија - им даде моќ да станат чеда Божји“ (Јован 1,12); за оваа сила и цврстина размислува и псалмопејачот: „Колку ми се недостапни Твоите мисли, Боже, колку се многубројни!“ (138, 17): зашто Божјите светии со својот дух живеат во наднебесниот
свет, дури и тогаш кога тие се во овдешниот свет борејќи се и претрпувајќи ги страдањата. Кон златото, сината и црвената волна се додава и следниот дел на таа наметка, пурпурна волна (т.е. посебен текстил кој бил двојно ткаен и кој се одликувал со силната пурпурна боја); а со ова се укажувало на тоа, дека пред очите на внатрешниот судија сите добри дела на пастирот треба да се украсуваат со таква љубов, за сè што е во него, сè што се прави со љубов за луѓето, да се вдахновува од љубовта и кон Бога, како кон Врховен Судија и Источник на секоја љубов, и обратно. И таквата љубов која целосно ги опфаќа и љубовта кон Бога и љубовта кон ближниот изгледа како да е направена од двојна ткаенина. Затоа, кој дише со таква љубов кон Бога, поради која заборава и не се грижи за ближните, или пак, се грижи за ближните до тој степен што станува рамнодушен во љубовта кон Бога, тој со самото тоа не ги почитува своите обврски во однос кон едната или кон другата љубов, и дава до знаење дека во украсите на неговата наметка недостасува пурпурната волна. Но за да биде љубовта
совршена и во дејноста на умот и во дејноста на волјата неопходно е и плотта да биде умртвена благодарение на воздржанието. Затоа кон пурпурната волна се присоединува и чистиот лен, (т.е. текстил кој наликува на „тул“ и кој е исткаен од најтенкиот лен), кој добивајќи го својот почеток од земјата, се одликувал со особена бела боја и чистота и многу придонесувал за убавината на свештената наметка. Што друго би означувал тој украс од наметката, ако не тоа дека тој кој ја облекувал истата бил должен неповредено да ги сочува телесната чистота и непорочност? Зашто со умртвувањето на плотта преку воздржанието, духовниот пастир го добива најубавиот украс за својата душа: морална чистота и целомудрие; затоа што целомудрието е директна последица на воздржувањето. Еве зошто помеѓу разните украси на свештената наметка, наречена нарамник, која се облекувала врз сите други одежди, бил и украсот чист лен, кој го означувал тоа, дека меѓу разните пастирски добродетели во голема мера треба да се наоѓа и умртвувањето на плотта.
Превод од руски јазик: Александар Ѓорѓиевски, дипл. Теолог Изворник: Свт. Григорій Двоесловъ († 604 г.), Правило пастырское или о пастырскомъ служеніи, Кіевъ 1872. www.povardarska-eparhija.org.mk
35
Скротениот ѕвер (извадок од житието на свети Никола Планас, презвитер атински)
...Кај едно семејство, кај коишто отецот честопати одеше, нивниот простор во дворот му беше даден под наем на еден чевлар, кој беше главен во Комунистичката партија. Омразата којашто тој ја чувствуваше кон сè, а особено кон свештениците, не знаеше за граници. Таму, додека работеше, тој самиот си зборуваше, восхитувајќи се затоа што неговите другари ќе почнат да ги колат свештениците. И тој ќе речеше, „Најпрво, ќе ги заколеме свештениците од Животодавниот Источник“. И ќе продолжеше со работата заедно со другите. Како што реков, тој работеше внатре, во дворот. Отецот, со неговата добрина отиде кај него и му рече, „Добра вечер, чедо мое“. Без да ја крене главата, тој промрморе нешто. Следната сабота отецот пак отиде, „Добра вечер, мој Лука“. Тој одговори, „Добра Вечер“, повторно без да ја крене главата. При третата посета, отецот пак му рече, „Добра вечер, мој Лука; како си ти, чедо мое?“ Тој благоволи да рече, „Добро, отче“. Отецот постојано ќе го посетуваше на неговото работно место, сè додека да биде скршен мразот. Тој ќе станеше од работното место, ќе му целиваше рака со почит, и ќе ни речеше: „Кога ќе ги убиваат свештениците, јас ќе им кажам да
36
Број 31, година 8, Октомври 2014
не го убиваат поп Никола. И не само што ќе им го кажам тоа, туку и ќе го бранам“. Подоцна, кога и да дојдеше отецот, тој ќе истрчаше да го пресретне и да му целива рака. Отецот ниту ги знаеше неговите склоности, ниту имаше било каков поим за комунизмот, ниту пак ја забележа неговата преобразба – барем така претпоставувавме. Кој знае како тој гледал со прозорливоста на неговата душа? Без разлика колку комунистички проповеди и да чул, без разлика колку многу укори можеби му дале, ништо од ова не би можело да влијае на неговата закоравена душа, како добрината на овој белокос малечок старец, кој имаше обичај постојано да го посетува – без оглед на тоа што тој го презираше на почетокот. Со малите поздрави и пожелби на отецот тој се покаја. И кога малку потоа тој се разболе (од парализа на долните екстремитети) и умре на возраст од триесет години, тој се упокои како добар христијанин и... без да убие некого. Такво беше влијанието коешто личноста на отецот го имаше врз сите кои го познаваа. Поради ова, тој немаше ниту еден непријател. Само сатаната, но дури и тој ќе станеше нула со благодатта на Светиот Дух, Кој дојде да пребива во неговата душа.
Превод од англиски јазик: Свештеник Јани Мулев
Изворник: Mother Martha, Papa-Nicholas Planas, Holy Transfiguration Monastery, Boston, MA. 2001.
www.povardarska-eparhija.org.mk
37
КАКО ЃАВОЛОТ ГО ИЗМАМУВА
ЧОВЕКОТ Г
олемиот испосник од пустината околу Алесандрија, авва Иларион, неколку години се молел на Бога да му го открие лукавството на ѓаволот, како тој успева да ги оттргне луѓето од добриот пат, т.е од нив прави робови на гревот и ги води во пеколот. Една ноќ му се јави ангел и му рече да излезе со него на блиската чистинка, да го земе крстот и од ништо да не се плаши. Виде како насреде чистинката се појавува престол и како доаѓа сатаната и седнува на него. Удри со рацете и воздухот и сѐ околу престолот се исполни со ѓаволи. Тогаш им рече: ве повикав овде за да ми ја кажете најголемата мајсторија 38
Број 31, година 8, Октомври 2014
со која ги лажете луѓето и ги затупувате, а со тоа ги водите во моето царство во вечна мака. Кој ќе биде најдобар ќе му дозволам три минути да раководи со пеколот и ќе го поставам за генерал над останатите. Излезе еден од мноштвото ѓаволи и рече: жив да бидеш, твоја мрачност! Еве како јас ги мамам луѓето! Му велам на човекот вака: човеку, оди ти во црква, пости, моли се, давај милостина и врши други добри дела. Но, немој да си ги расипуваш односите и со сатаната! Оди во ресторан, оди во кафеана, на игранки, забави, играј игри на среќа, за да се провеселиш и во овој свет. Затоа што ние немаме власт да го натераме човекот да врши зло, јас му вметнувам такви
мисли за да врши зло, многу од нив кои се глупави ги слушаат тие наши помисли. Одат во црква, а потоа одат во кафеана, кај пријатели, пијат алхохол, дури и музика им свири, тогаш залудно им е тоа што утрото биле во црква, кога ноќе се враќаат од нашата служба. Многу ли прелага – го праша сатаната. Многу – одговори ѓаволот. Си измамил поглупави од себе, но не си направил ништо големо, рече сатаната. Зошто? Праша ѓаволот. Ти му велиш на човекот да оди во црква, да оди во кафеана, да оди на забави, да оди на свети места, да врши добро и зло, но и Господ Исус Христос му вели во Евангелието: „Никој не може да му служи на двајца господари“ (Мат. 6,24) т.е мене и на Бог. Ти си го поттикнал да греши, но потоа доаѓа ангел и му вели: човеку, не можеш да одиш по две патеки, или со ѓаволот, или со Бог, држи се до Бога ако сакаш да се спасиш. Потоа те напуштија могумина? Праша сатаната. Па да одговори ѓаволот. Ете гледаш дека си измамил поглупави од себе. Поради тоа знај дека не си направил добро. Водете го од тука, удрете му десет удари и фрлете го на дното од пеколот, зашто е глупав. Тогаш излезе друг ѓавол и рече: да си жив,
твоја мрачност! Ако јас не те задоволам, тешко дека некој после мене ќе успее да те задоволи! Да те видам јунаку, му рече сатаната. Јас им велам: нема Бог, нема ѓавол, нема ангели, нема пекол и рај, нема вечни маки и вечна слава, сѐ е овде, на овој свет! Ако имаш да јадеш и пиеш, ако имаш жени и многу пари, ако се здобиеш со почит од луѓето, стекнеш богатства и куќи, овде е рајот, а доколку немаш ништо од ова - овде е пеколот. Овој свет е сѐ што постои, после смртта нема ништо. Дали прелага многу, - праша сатаната. Многу, - одговори ѓаволот. И ти си прелагал поглупави од тебе, рече сатаната. Си ги прелагал оние кои не го познаваат Светото Писмо. Зашто таму пишува дека има Бог, дека има ѓавол, има ангели, има рај и пекол, има вечни маки и вечна слава, има казна за гревот и награда за добрите дела. Светото Писмо е полно со такви учења, а оние кои го читаат не ти веруваат, дури и повеќе од тоа, Бог на луѓето им дал совест. Штом згрешат, нешто однатре ги гризе и им вели: зошто го стори тоа? Може никој не го кара за тоа, можеби никој и не го видел дека греши, но совеста работи во него, гризе како црв во дрво. Зошто го стори тоа и www.povardarska-eparhija.org.mk
39
40
Го разгневи Бога со такви гревови? Значи, попусто ти им велиш дека нема Бог, кога совеста му кажува, а и Светото Писмо вели дека има Бог. И ти си глупав и не придонесуваш ништо во царството на пеколот. Овој ѓавол доби ќотек исто како и првиот, потоа сатаната го повика следниот, но никој повеќе не смееше да излезе, зашто се плашеа од ќотекот и понижување. Сепак, по некое време излезе еден грбав, со четири реда рогови, со една паткина нога, а со другата коњска, и опашка долга неколку метри. Да си жив, твоја мрачност! Како се викаш? Го праша сатаната. Кус, ме викаат, одговори ѓаволот. Те гледам стар, грбав, мислам дека ти знаеш разни мајстории за да ги прелажуваш душите и со тоа да ги носиш во моето царство. Ѓаволот рече: ни твојата мрачност не знае тоа што знам јас, остарев во борбата со човечките души, илјадници години војувам со нив и многу души со моите мајстории одведов во пеколот. Како што во зима паѓаат снегулки, така јас секој ден спуштам души во пеколот. Јас не им велам како првиот ѓавол, зашто луѓето знаат дека не можат да им служат на двајца Број 31, година 8, Октомври 2014
господари, а ангелите лесно ги приведуваат кон Господа. Не им велам ни како вториот глупак, дека нема Бог, ѓавол, ангели, пекол и рај. Не! Зашто Светото Писмо вели дека има Бог, има ѓавол, има ангели, има рај и пекол. Јас им велам: има Бог, има ѓавол, има ангели, има вечни маки за гревовите и вечна слава за добрите дела, но сѐ уште имаш време! Зарем си глупав? Зошто од денес да почнеш со добри дела? Ако е дете, му велам: дете, тебе сега ти почнува животот! Доаѓа младоста, треба да се ожениш, треба да се забавуваш во светот! Ако е млад човек, му велам: откако ќе се ожениш и ќе основаш семејство, тогаш почни со вршење на добри дела. Сега јади, пиј, забавувај се, извршувај ги сите зла, зашто си млад, а после покај се и Бог ќе ти прости, зашто Тој ја познава човечката немоќ. Покајанието остави го за утре, задутре, за другата година, за покасно. Сакаш да даваш милостина? Не брзај! Ќе се покаеш пред смртта. Сакаш да постиш? Не си го губи здравјето. Пости кога ќе остариш, постот е за старите. Сакаш да се молиш? Не сега, ќе изгубиш многу време молејќи се на Бога. Сега имаш многу работа. Треба да одгледуваш деца, да се
стекнеш со куќа, да спремаш мираз. Така ќе го збунам со животните грижи и секогаш му повторувам: не сега, остави за друг пат. Ако ангелот му рече: треба да дадеш за душа на мртвите, јас му велам: сега имаш деца за хранење, да правиш свадби, остави го тоа за покасно. Ангелот му вели: човеку, треба да се исповедаш, остави го гревот и развратот, остави го пијанството, цигарите, пцовките, а јас ќе му дошепнам: зарем уште отсега? Тоа направи го покасно, пред самата мрт, ќе се исповедаш кај свештеникот, ќе ти разреши и готово. Така сите ме слушаат, ги одлагаат добрите дела од денес за утре. Гревот во човекот е како голем клинец кој се кова со чекан. Ако удриш два – три пати лесно може да се извади, ако го заковаш до половина, потешко се вади, но ако го заковаш целосно треба да го расцепиш дрвото. Така и гревот се вковува во човечката природа, со навика. Ако човекот не го остави гревот денес, додека е свеж, што повеќе старее, тоа потешко се одвикнува. И така со еден
совет јас водам многу луѓе во пеколот, со еден единствен совет: добри луѓе, има уште многу време за вршење добри дела, не бидете глупави да отпочнете уште денес или од овој час! Успеав и сѐ уште успевам. Појди и види во пеколот колку луѓе сум фрлил и сѐ уште фрлам со овој совет. Тогаш сатаната рече: браво, најдобриот совет е да го научиш човекот да ги одлага покајанието и добрите дела, од денес за утре. Затоа ти ја давам својата круна и жезол да владееш со пеколот три минути, сите да го научите ова лукавство, за да носите повеќе луѓе во пеколот, за да се мачат со нас во вечноста. Потоа сатаната плесна со рацете и исчезна. А авва Иларион остана зачуден од она што го виде. Тогаш ангелот Господов му рече да оди во својата ќелија и да запише сѐ што виде, за идните генерации да знаат колку е лукав ѓаволот и како ги лаже луѓето да го одлагаат покајанието од денес за утре, од младост за старост, до смртната постела и така ги води во пеколот.
Превод: Благоја Трајкоски, дипл. Теолог www.povardarska-eparhija.org.mk
41
Посмртни чудеса на светиот великомаченик и исцелител
Пантелејмон - 2 дел -
З
а време на истиот игумен Сава во рускиот манастир се наоѓал еден лекар, кој планирал да остане таму засекогаш и да Му служи на Господа во монашки, ангелски образ; но, откако проживеа кратко време таму, тој беше подложен на едно вообичаено за монаштвото искушение, со кое се испитува волјата на човекот и се гледа цврстината на неговата намера и вистинитоста на неговата љубов кон Господ. Паднатиот од небесата Деница, сакајќи да го оттргне лекарот од избраниот пат, почнал да му дошепнува, дека тој и во светот може да му угоди на Бога и таму може да врши добри дела, а сепак да живее задоволен со сѐ, без да ги трпи тие лишувања, кои се неизбежни во монашкиот живот. Искушуваниот и сѐ уште неопитен во разликувањето на ѓаволските сплетки, со леснотија бил заведен од таквите дошепнувања на селукавиот, кој секогаш го прикрива своето лукавство со било какви навидум добри предлози; со леснотија, затоа што лекарот, освен темелното знаење на својата наука, кое му ветувало безбеден живот во градот, имал и значајна сума свои пари. Признавајќи ја својата желба да стане монах за неоснована, тој решил да го устрои (како што се случува со искушуваните) својот живот во светот така, та и на Бога да му угоди, и самиот да не се притеснува. Таквото откажување тој го сметал за непогрешно, а потоа му соопштил на игуменот за промената на неговата намера и следното утро планирал конечно да го напушти 42
Број 31, година 8, Октомври 2014
манастирот. Но, очигледно, овие чисти (според неговото мислење) размислувања не Му биле угодни на Бога, Кој секогаш се грижи за нашето спасение благоутробно и милосрдно. Браќата на обителта, откако дознале за заминувањето на добриот лекар, дошле утрото да се збогуваат со него и да го испратат: но, се преплашиле, кога го нашле толку многу изобличен, што не личел на човек: главата и сето тело толку му отекле, што болно било и да се гледа несреќникот! Влакната од главата и од долгата брада отпаднале, неприродниот оток на целото тело станал толку голем, што тешко било да го пренесат низ вратата. Тој едвај личел на човек, и само по гласот, кој едвај се слушал, можеле да го препознаат несреќниот лекар, когошто само еден ден претходно го гледале во полно здравје. Со искрено покајание за својата заблуда тој со шепотење ги замолил присутните, да ги земат неговите пари и имотот и да ги однесат кај игуменот, а и да го замолат да дојде веднаш за да му прочита разрешна молитва, бидејќи чувствувал дека му се ближи крајот. Игуменот, кога слушнал за настанот, веднаш отишол кај болниот; ја зел со себе и главата на светиот великомаченик Пантелејмон. Откако извршил молебен со водосвет и го прекрстил со светите мошти, и, кога потоа болниот со скрушеност почнал да бара прошка од игуменот и браќата поради својата неодамнешна заблуда, тогаш, на големо изненадување на сите, отокот почнал да се смалува и за брзо време исчезнал. Лекарот оздравел, и откако од длабочината на своето благодарно срце му заблагодарил на својот исцелител, ја соопштил својата веќе цврста одлука засекогаш да остане во манастирот на светиот Пантелејмон; истовремено почнал да го моли и го убедил игуменот, неодложно да изврши врз него свет потстриг. Со името схимонах Филотеј овој лекар се преселил од времениот живот во вечниот, поминувајќи по своето исцеление во манастирот уште пет години. ** Во тоа време, при игуменот Сава, во бројот на браќата од манастирот се наоѓал еден монах по име Азариј. При сета своја надворешна дејност и усрдност, тој бил непостојан во одлуката да Му служи на Господа во монашки образ и затоа многу често бил подложуван на искушенија од ѓаволот, кој го терал да се откаже од саканата цел и да се врати во светот, кон претходниот семеен
www.povardarska-eparhija.org.mk
43
слободен живот. На самиот почеток од неговото доаѓање Азарија исполнувал многу усрдно послушание кое му било дадено – им готвел на работниците, и притоа толку успешно, што самиот заменувал тројца. Но исконскиот непријател на човекoт, кој рика како лав, и сака некого да проголта, кога ја забележал оваа ревност и грижливост за спасение кај монахот, почнал посилно да го напаѓа привлекувајќи го со помислите одново да се врати во светот, со предлог да ги воспитува трите оставени од него туѓи деца. Оваа борба траела во Азариј многу години, дури и тогаш, кога тие деца веќе немале никаква потреба од старател, ни материјална, ни духовна. И ете тој, не гледајќи ги советите на грижливиот игумен и духовник, одлучил да го остави манастирот и заминал од него криејќи во срцето грешни цели, прикривајќи ги под благочестивиот предлог. Но штотуку излегол од капијата, видел, дека наместо морето, над кое стои манастирот, се простира опширно поле. Тоа прекумерно го зачудило. И кога тој почнал да набљудува и да размислува, што би значело тоа, одеднаш видел како доаѓаат кон него од полуостровот Сики (оддалечен повеќе од 30 км. од Атон) тројца коњаници – арапи, кои итале кон манастирот и во тој миг поитале кон него. Таквото изненадување го потресло Азариј; но во тој миг видел, дека од светите врати на манастирот излегол млад човек, на осумнаесетгодишна возраст, со стап во рацете: тој тргнал право кон јавачите, и како таков кој има власт (слично на домаќин, кој се брани од крадците кои го напаѓаат), почнал да ги удира со стапот, велејќи им: „Што ви треба, синови на погибелта? Малку ли ви е пеколот, во кој самите сте осудени, сакате уште и од моето трло да извлечете овца – моја сопственост... Нема место за вас тука, заминете од тука!“ И при овие зборови арапите, под ударите на младиот, исчезнале. Не е тешко да се сфати кои биле тие арапи и кој бил младиот што ги протерал. Демоните веќе го сметале Азариј за своја сопственост и, се разбира, и би го направиле сето она што го планирале во својата пеколна злоба, која само тоа го сака – погибел на секого, но Семилостивиот според името (Пантелејмон буквално значи „Семилостив“), бидејќи е милостив кон оние кои бараат помош од него во материјалните нешта и телесните болести, толку повеќе е милостив кон оние кои страдаат душевно. Ја видел угодникот Божји Пантелејмон решителната намера на монахот да го напушти манастирот; го здоболело тоа што треба да го отпушти своето, како 44
Број 31, година 8, Октомври 2014
што самиот се изразил, она што го стекнал да го даде во власта на демоните, и затоа тој не задоцнил да се појави во одлучувачката за старецот минута, за да ги порази појавените демони. Потоа светиот Пантелејмон се обратил кон Азарија и со тага на грижлив татко му рекол: „А ти, расипан старецу, зошто не ми даваш мир, туку постојано ме вознемируваш?“ И, како казна, го удрил по десната страна со истиот стап, со кој ги протерал од него демоните, од што, во тој миг сета десна страна од телото на виновниот се исушила до раката. По ова Азариј едвај можел да се движи, и тоа со помош на патерица; а кога седел или лежел, тогаш веќе не можел да станува без помош од други. Тоа чудесно и милостиво вразумување од светиот Пантелејмон имало благотворно влијание на растроената состојба на духот на Азариј и го оставило до крај во манастирот. Потоа тој бил назначен за вратар во манастирот и умрел во 1836 година. ** Во дваесеттите години на XIX век на Атон имало силен пожар, кој очигледно им се заканувал на сите манастири. Неговото прекратување по чудотворната помош на светиот великомаченик Пантелејмон било трогателно! Овој пожар настанал поради тоа што во близина на манастирот почнале да горат сува трева и отпадоци, но ненадејно се кренал силен ветар и го разнесол пламенот на поголемо пространство; огнот ја зафатил шумата и речиси го заобиколил манастирот. Браќата поитале да преземат неопходни мерки, за да го спречат раширувањето на пожарот, но тој зел таква сила, што ништо веќе не можело да се стори. Во тоа време на општа тревога еден од јеромонасите по име Кирил, влегол во црквата, клекнал пред иконата на светиот Пантелејмон и со солзи почнал да го моли великомаченикот за да се сочува манастирот од огнот и за изгаснување на пожарот. И – о колку е брз семилостивиот чудотворец во послушувањето на оние кои му се молат со топла вера! – не успеал јеромонахот ни да ја заврши молитвата, кога одеднаш се покажал темен облак, кој брзо се движел низ хоризонтот кон разбеснетиот пожар; како од ведро се излеал дождот и продолжил повеќе од два часа. Пожарот престанал; настанала претходната тишина и поредок, и сите, не само монаси и присутните христијани, туку и турците, кои се затекнале таму околу десетина, биле длабоко поразени од ова велико чудо, кое се извршило пред нивните очи. **
www.povardarska-eparhija.org.mk
45
Страшна епидемија околу 1830 година пустошела во цела Молдавија и пред сѐ во главниот град – Јаши. Немало никакви средства за избавување од таа несреќа и за прекин на потокот од раширената смртност. Тогаш благочестивите жители на Јаши, спомнувајќи си за безбројните чудеса на светиот великомаченик Пантелејмон кои се случиле во нивните предели, поитале во таа година на општа несреќа да се обратат повторно кон него со молитва, и по засилената нивна молба светата глава на исцелителот била донесена од рускиот манастир во Јаши. Жителите на тој град, откако се собрале сите, од мало до големо, побарале да се изврши на плоштадот, пред моштите на светиот Пантелејмон, молебен со водосвет, претходно подготвувајќи за ова неколку буриња полни со вода. Таквата благочестива усрдност на граѓаните не останала без благомилостиво возвраќање од светиот великомаченик: штотуку жителите наполниле, по молебенот, осветена вода и ја однеле секој во својот дом, и колерата престанала. Овој значаен настан се случил во 1830 година при игуменот Герасим, кој во тоа време лично бил со светите мошти во Молдавија и самиот извршил водосвет. ** Во истата 1830 година малиот манастирски кораб, под раководство на грчкиот старец Н., заминал кон Каламарја, за да ги достави таму неопходните даски за манастирски работи. Кога отпловил коработ, ветрот бил умерен и во ист правец, но потоа одеднаш ја сменил својата насока, и за кратко време се кренала силна бура, која очигледно била закана за сите кои пловеле, уште повеќе затоа што кога се стемнило и од густата магла околните острови и брегови на македонскиот залив потполно се скриле. Во тоа време на толку страшна неволја старецот Н., не гледајќи други средства за спасение, се обратил, заедно со браќата кои биле на коработ, со усрдна молитва за помош кон покровителот на обителта, светиот великомаченик Пантелејмон, и великиот угодник Божји не задоцнил да им ја покаже својата вообичаена милост, и ја покажал чудесно. За време на самата молитва старецот видел, дека на кормилото, заедно со монахот-кормилар, седи некој млад човек и управува со кормилото. Бил облечен во облека, слична на онаа, како што обично носат браќата за време на манастирските работи. Поразен од тоа видение старецот-капетан решил лично да се увери во вистинитоста на виденото и да дознае, кој е тој кој 46
Број 31, година 8, Октомври 2014
ненадејно се појавил помеѓу нив. Затоа, држејќи се за јажето долж коработ, поминал некако од почетокот до крајот на коработ, но кај кормилото, освен старецот-кормилар, не нашол никого. Тукушто старецот, кому му било тоа откриено, му раскажал на кормиларот за видението на младиот непознат човек, кога обајцата го виделе како стои заедно со другите веќе на почетокот од коработ. Радосен трепет ги зафатил! Тогаш капетанот, оставајќи го кормиларот, брзо поитал повторно на почетокот од коработ да го запраша младиот: кој е тој и како се нашол таму со нив? Но, кога стигнал таму, на свое големо чудење, повторно не го нашол таму среде браќата, а, кога погледнал повторно на крајот, го видел младиот човек како седи како и претходно покрај кормиларот и како управува со кормилото. Во тоа време го виделе појавениот и останатите браќа. По ова, заборавајќи на опасноста и на сите тешкотии од пловењето по бура, старецот Н. воскликнал: „Да се охрабриме, браќа! Со нас е светиот великомаченик Пантелејмон! Тој самиот управува со нашиот кораб – и ние сме спасени!“ Тогаш сите еднодушно почнале да се молат и да го прославуваат брзиот свој помошник, страдалникот Пантелејмон, кој им се јавил заради спасение во најлошото за нив време. Додека тие молитвено го славеле светиот застапник, силата на разбеснетиот ветар како да се истоштила, бурата стивнала: задувал лесен ветар во ист правец, при кој браќата брзо стигнале до местото на своето назначение. Таму тие раскажале сѐ за она што се случило и за нивното избавување, за време на очигледна опасност, со помошта на нивниот семилостив грижник и домаќин на манастирот, светиот Пантелејмон, кој им се јавил на бродот среде отворено море. Истиот тој простодушен, исполнет со евангелска љубов и незлобие старец и уште еднаш бил спасен од светиот великомаченик од катастрофа на бродот на море. Тоа било во 1849 година. Тогаш иконата на светиот Пантелејмон, која се наоѓала во кабината станала мокра: крупни капки, како од пот, се појавиле на неа и капеле врз иконите, поставени под неа, кои, како потврда за веродостојноста на чудото, сите биле суви; и во долапот немало никаква влага; овој знак старецот го примил како непосреден израз и некакво уверување на тоа, колку и како светиот Пантелејмон се трудел за спасението на коработ. Откако ја собрал таа свештена влага со памук, старецот потоа ја раздал на оние кои се труделе. Но, освен ова, тој уште двапати се удостоил да го види лицето
www.povardarska-eparhija.org.mk
47
на светиот великомаченик. Првиот пат - во 1836 година, кога светиот Пантелејмон на видлив начин го придружувал испратениот од Кареја до манастирот: во тоа време тој старец стоел кај светите врати на манастирот и за нешто разговарал со портарот. Кога тој го видел писмоносецот со пратеник, кој, како што самиот тој слушнал, се откажал од предложениот одмор и ужина, тогаш тој му дал на дојдениот леб, за тој да му го предаде на својот сопатник како благослов од светиот великомаченик, како што тоа секогаш се прави во манастирот. Вториот пат (1863) светителот тропнал на вратата од ќелијата кај старецот, според монашкиот обичај, со молитва, и кога тој отворил, тогаш маченикот Христов му рекол да појде со него (тоа било среде ден, кога браќата одмарале после бдението) и го однел на манастирската широчина, седнал на бел коњ, обиколил околу храмот, и, обраќајќи се кон старецот, му заповедал да оди и да им направи ужина на браќата, бидејќи во тоа време тој имал послушание на готвач. Цело време старецот со молчење гледал кон него, како на обично лице (така покрива благодатта Божја во тие случаи), и дури тогаш кога светителот станал невидлив, тој сфатил дека тоа било јавување на светиот великомаченик – домаќин и грижник на обителта. Солзи на неискажлива радост потекле кај старецот, и тој долго не можел да се смири себеси од благодатната возбуда. Притоа треба да забележиме, дека обете јавувања на светиот великомаченик Пантелејмон биле во важни околности за обителта, и служеле како знак на добрата промена на работите, што и се случило наскоро во полза на обителта и за утеха на тогашното нејзино натажено братство.
Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев Изворник: Святой великомученик и целитель Пантелеимон, Благовест, Москва 2010.
48
Број 31, година 8, Октомври 2014
www.povardarska-eparhija.org.mk
49
Житија на
грузиски светители
СПОМЕН НА СВЕТАТА РАМНОАПОСТОЛНА НИНА, ПРОСВЕТИТЕЛКАТА НА ГРУЗИЈА,
ЧИЈ СПОМЕН ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО СЛАВИ НА 14 ЈАНУАРИ
С
ветата рамноапостолна Нина, просветителката на Грузија, е родена околу 280 година во градот Коластра, во Кападокија, каде што имало голема колонија на Грузијци. Нејзиниот татко Завулон, според преданието, бил роднина со светиот великомаченик Георгиј. Тој потекнувал од прочуен род, од благочестиви родители, а имал и голема положба пред императорот Максимијан (284-305). Наоѓајќи се на воена служба кај императорот, Завулон, како христијанин, издејствувал ослободување на заробените Гали, кои примиле христијанство. Мајката на света Нина, Сусана, била сестра на Ерусалимскиот патријарх (некои писатели сметаат дека тој бил Јувеналиј). Кога наполнила 12 години, света Нина пристигнала во Ерусалим заедно со родителите, на кои таа им била единствено чедо. По нивна заедничка согласност и со благослов на Ерусалимскиот патријарх, Завулон го посветил својот живот во служење на Бога во Јорданските пустини, а Сусана била поставена за ѓакониса при храмот на Господовиот Гроб. Воспитувањето на света Нина ѝ било доверено на благочестивата царица Нианфора. Света Нина пројавила послушност и милостивост, па по две години, со помош 50
Број 31, година 8, Октомври 2014
на Божјата благодат, цврсто навикнала да ги исполнува правилата на верата и со срдечност и милозливост го читала Светото Писмо. Еднаш, кога таа со плачење го читала делот од Евангелието, во кој се раскажува за распнувањето на Христос Спасителот, нејзината мисла се задржала на судбината на Господовиот хитон. На нејзиното прашање, каде се наоѓа хитонот, старицата Нианфора ѝ одговорила дека нешиениот хитон Господов, според преданието, бил однесен од мцхетскиот рабин Елеазар во Иверија (Грузија), земја која се нарекувала како имот од Мајката Божја. Самата Пречиста Дева, за време на нејзиниот земен живот, преку апостолскиот жреб била повикана да ја просвети Грузија, но Господовиот ангел, кој ѝ се јавил, прорекол дека Грузија ќе постане нејзин земен дел подоцна, при крајот на времињата, а Божјата Промисла ѝ подготвила апостолско служење на Атон, кој исто така се нарекува имот од Мајката Божја. Откако од старицата Нианфора разбрала дека Грузија сѐ уште не е просветлена од светлината на христијанството, света Нина деноноќно се молела на Пресвета Богородица да биде удостоена да ја види Грузија обратена кон Господа, но и да ѝ помогне да го пронајде Господовиот хитон. Небесната Царица ја слушнала молитвата на младата подвижничка. Еднаш, кога света Нина одмарала по долгите молитви, Пречиста Дева ѝ се јавила во сон и откако ѝ дала крст, сплетен од винова лоза, ѝ рекла: „Земи го овој крст, тој тебе ќе ти биде штит и ограда против сите видливи и невидливи непријатели. Оди во земјата Иверска и таму благовести го Евангелието на Господа Исуса Христа и ќе најдеш благодат во Него, а Јас ќе бидам твоја заштитничка“. Откако се разбудила, света Нина го здогледала крстот во своите раце (тој крст денес се чува во посебен кивот во Тбилискиот Сионски катедрален храм), се израдувала со духот, па откако отишла кај својот дедо, Ерусалимскиот патријарх, му раскажала за видението. Патријархот ја благословил својата мала внука во подвигот на апостолското служење. По патот за Грузија, света Нина на чудесен начин ја избегнала маченичката смрт од Ерменскиот цар Тиридат. За жал, од неговиот гнев не се спасиле нејзините сопатнички: принцезата Рипсимија, нејзината воспитувачка Гајанија и 35 девојки, кои бегале во
www.povardarska-eparhija.org.mk
51
Ерменија од Рим, од гонењата на императорот Диоклецијан (284305). Поткрепена од видението на Господовиот ангел, кој првиот пат ѝ се јавил со кадилница, а во вториот – со свиток во рацете, света Нина го продолжила својот пат и пристигнала во Грузија во 319 година. Славата за неа набрзо се раширила по околината на Мцхет, каде што таа се подвизувала, а нејзината проповед била проследена со многу чудеса. На денот на преславното Христово Преображение, по молитвите на света Нина, за време на јазичничкото жртвопринесување, кое било извршувано од жреците во присуство на царот Миријан и многубројниот народ, од високата планина на чудесен начин испопаѓале идолите Армаз, Гаци и Гаим. Овој настан бил проследен со силна бура. Кога пристигнала во Мцхет, древната престолнина на Грузија, света Нина била примена во семејството на царскиот градинар, чија жена Анастасија, по молитвите на света Нина, се разрешила од неплодството и поверувала во Христа. Света Нина ја исцелила од тешка болест грузиската царица Нана, која откако примила свето Крштение, од идолопоклоничка станала ревносна христијанка. Нејзиниот спомен светата Црква го слави на 1 октомври. И покрај чудесното исцеление на својата сопруга, царот Миријан (265-342), поттикнат од јазичниците, бил подготвен да ја подложи света Нина на жестоки измачувања. „Токму во тоа време, кога го подготвуваа казанот за смрт на светата праведничка, сонцето потемнело и густа магла го покрила местото, каде што се наоѓал царот“. Царот одеднаш ослепел, а свитата поразена од ужас, почнала да им се моли на своите јазичнички идоли за да им се врати дневната светлина. „Но, Армаз, Заден, Гаим и Гаци биле глуви, а мракот уште повеќе се намножил. Тогаш исплашените едногласно повикале кон Бога, Кој Го исповедала Нина. И тогаш за миг мракот исчезнал и сонцето ги озарило сите со своите зраци“. Овој настан се случил на 6 мај 319 година. Царот Миријан, кој бил исцелен од слепотијата по молитвите на света Нина, го примил светото Крштение заедно со својата свита. Откако поминале неколку години, во 324 година, христијанството конечно се зацврстило во Грузија. Летописите сведочат дека по молитвите на света Нина, било пронајдено местото каде бил скриен Господовиот хитон. Токму 52
Број 31, година 8, Октомври 2014
тука бил подигнат првиот христијанскиот храм во Грузија, кој во почетокот бил дрвена градба, а денес е импозантен храм во чест на Дванаесетте Свети Апостоли. Во тоа време, со помош на византискиот император Константин (306-337), кој по молба на царот Миријан ги испратил во Грузија Антиохискиот епископ Евстатиј, во придружба на двајца свештеници и тројца ѓакони, уште повеќе го зацврстиле христијанството во земјата. Сепак, горните делови на државата останале непросветени. Во придружба на презвитерот Јаков и еден ѓакон, света Нина заминала при изворите на реките Арагва и Јора, каде што им го проповедала Евангелието на јазичниците од тие краишта. Многумина од нив поверувале во Христа и примиле свето Крштение. Оттука света Нина заминала во Кахетија (Источна Грузија) и се населила во малото место Бодбе, во една мала колиба во подножјето на планината. Тука почнала да живее подвижнички живот, пребивајќи во постојани молитви, обраќајќи ги во Христа локалните жители. Во нивниот број била и царицата на Кахетија Соџа (Софија), која се покрстила заедно со своите царски дворјани и мноштво народ. Извршувајќи го своето апостолско служење во Грузија, света Нина била известена преку видение за својот близок крај. Во посланието до царот Миријан, таа го замолила да го испрати епископот Јован, за да ја подготви за последното патување. И не само епископот Јован, туку и самиот цар, заедно со сето духовништво, заминал во Бодбе, каде што при смртниот одар на светителката биле сведоци на многу чудесни исцеленија. Пред мноштво народ, кој доаѓал да ѝ се поклони, света Нина, по барање на нејзините ученички, раскажала за своето потекло и за својот живот. Тој расказ, запишан од Соломија Уџармска, послужил како основа во составувањето на житието на света Нина. Откако благоговејно се причестила со Светите Тајни, света Нина оставила аманет нејзиното тело да биде погребано во Бодбе и мирно се упокоила во Господа во 335 година. Постојат и други историски извори, според кои таа се упокоила во 347 година, на 67 годишна возраст, по 35 години апостолски подвизи. Царот, духовништвото и народот, тагувајќи за упокојувањето на Нина, посакале да го пренесат нејзиното тело во соборниот храм во Мцхет, но никако не можеле да го отворат гробот на подвижничката, www.povardarska-eparhija.org.mk
53
кој бил избран од неа како место за покој. На тоа место во 342 година, царот Миријан го основал, а неговиот цар Бакур (342-364) го завршил и осветил храмот во чест на роднината на света Нина – Светиот великомаченик Георгиј. Подоцна тука бил основан женски манастир во чест на Света Нина. Моштите на светителката, иако во гробот, се прославиле со многу исцеленија и чудеса. Грузиската Православна Црква, во согласност со Антиохиската Патријаршија, ја именувала просветителката на Грузија како рамноапостолна и вбројувајќи ја во хорот на светите, го востановила 14 јануари, денот на нејзиното упокојување, како ден на нејзин спомен.
СПОМЕН НА СВЕТАТА БЛАГОВЕРНА ЦАРИЦА ТАМАРА,
ЧИЈ СПОМЕН ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО СЛАВИ НА 1 МАЈ
С
ветата благоверна царица на Грузија, Тамара Велика, родена е околу 1165 година. Потекнувала од древната грузиска династија Багратиди и од 1178 година била со-владетелка со својот татко Георгиј III. Времето на царувањето на света Тамара, познато е како златен век во грузиската историја. Царицата се одликувала со високо благочестие и продолжувајќи го започнатото дело на својот дедо, светиот благоверен цар Давид III Возобновител, се потрудила кон распространувањето на Христовата вера по цела Грузија, како и градење на храмови и манастири. Во 1204 година, управникот на Румскиот султанат Рукн ед Дин, се обратил до царицата Тамара со барање да се откаже Грузија од христијанството и да го прифати исламот за државна религија. Царицата го отфрлила ова барање и во историската битка во близина на Басијана, грузиската војска ја разбила коалицијата на муслимански држави. Мудрото управување на благоверната царица Тамара предизвикало сенародна љубов и почит кон неа. Последните години од животот таа ги поминала во пештерниот манастир Вардѕиа. Тука царицата имала своја ќелија, 54
Број 31, година 8, Октомври 2014
која била претворена во мал храм, во кој таа постојано вознесувала молитви кон Бога. Светата царица Тамара мирно се упокоила во Бога во 1213 година и била вброена кон хорот на светите. Нејзиниот спомен Православната црква го празнува двапати: на 1 мај – денот на нејзиното упокојување и во Неделата на жените Мироносици.
СПОМЕН НА СВЕТИОТ БЛАГОВЕРЕН ЦАР ДАВИД III ВОЗОБНОВИТЕЛ, ЧИЈ СПОМЕН ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО ПРАЗНУВА НА 26 ЈАНУАРИ
С
ветиот благоверен Давид III Возобновител, царот на Иверија и Абхазија, според едни историски сведоштва живеел во периодот од 1089-1125 година, а според други, од 10841125 година. Тој бил истакнат државник, културен и црковен деец на Грузија. Своето воспитување го стекнал од својот духовник, преподобниот Арсениј Икалтојски, кој бил прочуен богослов и научник-енциклопедист. Титулата „Возобновител“ цар Давид ја добил од грузискиот народ, како признание за неговите големи дела во афирмирањето на Грузија и зацврстувањето на Грузиската Православна Црква. Грузија, која била безжалосно опустошена од Турците, која страдала од домашните предавници, под скиптарот на Давид Возобновител се обединила во централизирана држава. Грузиската Црква, во чие постоење царот гледал институција на незлобивост и обединување, се јавила како предмет на особена грижа. Свети Давид се одликувал со длабока благочестивост, свето ги почитувал црковните канони и со својата власт ги чувал и практикувал. По негова иницијатива, во 1103 година бил повикан црковниот Собор во Руиса, каде што биле донесени одлуки, кои содејствувале кон зацврстување на канонскиот живот на Црквата и утврдување на црковното благочиние. Како високообразован човек, свети Давид го поттикнувал развивањето на науката. Тој ги основал Гелатската и Икалтојската академија. За време на неговото царување, во Грузија биле подигнати десетици храмови и манастири, се формирале нови www.povardarska-eparhija.org.mk
55
градови и населби, а старите урбано се ширеле. Царот премногу грижа посветил за благосостојбата и расцутот на грузиските манастири во Палестина и Синај, Антиохија и на Света Гора Атонска. Кога свети Давид одлучил да го подигне храмот во чест на Свети великомаченик Георгиј, кому постојано се обраќал во молитвите за помош, тогаш светиот великомаченик му се јавил во видение и му го покажал местото, каде да се изгради храмот. Сфаќајќи го миротворството како исполнување на една од Господовите заповеди, царот ги помирил Кипчакскиот хан Атрак со Осетијците и востановил мир во Дарјалската клисура. Во 1123 година, кусо пред смртта, благоверниот цар ја ослободил Ерменија од турските напади. Наредил повторно да се осветат храмовите, кои од Турците биле претворени во џамии. Според преданието, кога царот дошол при гробот на својата баба во еден од храмовите, која била сопруга на Ерменскиот цар Гагик I, и кога рекол: „Радувај се, царице! Бог го избави твојот храм од Агарјаните!“, ненадејно слушнал глас: „Благодарност на Бога!“. Грижата на цар Давид за соединување со Ерменската Црква изразена е во повикот на Црковниот собор во градот Ани, на кој дел од Ерменските епископи-монофизити одлучиле да го прифатат Православието. Сепак, Соборот во целост не ги дал очекуваните резултати. Патриотските подвизи на свети Давид не биле пречка во извршувањето на духовните подвизи. Тој уште како мал за основа на својата премудрост го имал Божјиот страв, кој го поттикнувал на добри дела и желби. Највозљубен занает на светиот цар било читањето на Светото Писмо. За неговата висока духовност сведочи „Покајниот канон“, кој лично тој го составил, а кој се состои од девет тажни и умилителни песни. 56
Број 31, година 8, Октомври 2014
Откако го почувствувал приближувањето на смртта, светиот цар Давид составил духовен тестамент, во кој, предавајќи ја власта на својот син Димитриј, напишал: „Денес, по Промисла на Правосудниот Бог, се повлекувам јас, а на царството наследно се повикува тој... Јас сѐ направив со силата на Чесното и Животворно Дрво и на наследникот му го предавам ова Знамение, кое мене ме направи среќен“. Откако се причестил со Светите Тајни, „со славословие на устата, тој ја предал својата душа на Господа, во 53тата година од животот, во саботата на 24 јануари 1125 година“. Царот бил погребан во Гелатскиот манастир, при влезот во преддворната црква. По некое време, неговите мошти, прославени со чуда по Божја милост, биле пренесени под престолот на соборниот храм. При крајот на XIII век, светиот цар Давид III Возобновител бил прославен во хорот на светите, при што била составена и неговата богослужба.
СПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ НАШ ГРИГОРИЈ ХАНДЗТИЈСКИ,
ЧИЈ СПОМЕН ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО ПРАЗНУВА НА 5 ОКТОМВРИ
П
реподобниот Григориј Хандзтијски бил основач и архимандрит на манастирот Кларџети. Потекнувал од прочуен грузиски род, кој уживал голема чест при царот Ашот Куропалат (786-826). Григориј уште како мал пројавил интерес за монашки живот. Своето заминување од дома и следењето на подвижничкиот пат, тој вака ѝ го објаснил на својата мајка: „Прости ми, мајко моја, но јас се оддалечувам од тебе не по своја волја, туку затоа што, ова што се случува со мене, така било угодно на Бога“. Сиот живот на преподобниот Григориј поминал во постојани молитви, во солзи, воздржливост, во трпење, кротост, длабоко смирение и постојан труд. Тој се удостоил да биде благочестив и ревносен служител на Христовата Црква и во времето на царот Ашот Куропалат бил избран за игумен на Хандзтискиот манастир. Одликувајќи се со длабока послушност кон Божјата волја, свети Григориј ја видел смислата на земниот живот токму во послушанието, кое на сите им ја подарува небесната благодатна слобода. Послушноста кон духовниот отец тој ја поставил во основа www.povardarska-eparhija.org.mk
57
на секојдневниот манастирски живот, зацврстувајќи ги на таков начин општожителните манастири по сета Кларџета, а подоцна, како архимандрит, и по сета Грузија. Во тоа време во Византија, како последица од иконоборниот собор од 815 година, Православието било притеснето и гонето, грузиското монаштво, кое било под духовна закрила на преподобниот Григориј Хандзтијски, пружало отпор кон новотариите и ја задржало чистотата на православната вера, истовремено борејќи се со монофизитите. Во 825 година, преподобниот Григориј допатувал во Константинопол, за да се поклони на Дрвото на Животот и на сите свети мошти, а истовремено ги посетил и сите свети места. Оттука, со себе во Грузија понесол многу мошти на светии, свети икони и други благослови во изобилство. Преподобниот бил ревносен поборник за постојана соработка на Црквата и државата, кои треба да бидат независни и рамноправни во нивните меѓусебни односи. Неговите погледи и ставови благотворно се одразиле на решенијата на црковниот Собор, кој бил свикан во Џавахети, а на кој се разгледувало прашањето за автокефалноста на Грузиската Црква. Духовниот син на преподобниот, Ацкурскиот епископ Ефрем, „востановил мироварение во Грузија, по благослов на Ерусалимскиот патријарх и негово сведоштво“, како што сведочи Григориј Мерчули, кој го составил Житието на преподбниот Григориј Хандзтијски. Последните месеци од својот живот, според преданието, преподобниот ги поминал осамено во својата ќелија, каде што бил удостоен со благодатни виденија. Манастирските иноци виделе светлина, која ја озарила неговата ќелија, и биле убедени дека тоа „не било оган, кој гори, туку Божјиот Дух“, кој го озарил праведникот, подобно на Таворската светлина. Споменот на преподобниот Григориј Хандзтијски, Грузиската Црква го празнува на 5 октомври, на денот на неговото блажено упокојување.
Подготвил: протоереј Златко Ангелески 58
Број 31, година 8, Октомври 2014
www.povardarska-eparhija.org.mk
59
Акатист на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан Кондак 1
Избрани чудотворци, бесребреници Христови и премудри лекари, кои бесплатно им давате здравје на болните, пофални песни ви пееме вам, нашите застапници и во маките помошници: бидејќи вие сте садови на благодатта, ги исцелувате нашите душевни и телесни рани. Затоа, славејќи Го Бога, чудесниот во Своите светии, вас срдечно ве ублажуваме: Радувајте се, Козма и Дамјане, свети бесребреници и преславни чудотворци. Икос 1
Ревнувајќи кон ангелски живот, сте презреле сѐ што е земно, и со подвиг на сиромаштија се овенчавте, и со боговидение се удостоивте. Молете се за нас умилно, кои притекнуваме кон вас за помош и кои ви пееме пофални песни: Радувајте се, молитвеници топли за оние кои го слават вашиот свет спомен; Радувајте се, зашто ги лечите несебично оние кои од лекарите се оставени. Радувајте се, зашто домот, имотот и сето родителско наследство сте го презреле; Радувајте се, зашто со вашето милосрдие сте ги прехраниле 60
Број 31, година 8, Октомври 2014
сиромашните. Радувајте се, зашто сте ги утешиле оние со болки во срцето; Радувајте се, зашто со чистотата и светоста им се уподобивте на ангелите. Радувајте се, светилници на Божествената светлина; Радувајте се, небесни луѓе, а земни ангели. Радувајте се, зашто на христијаните сте им прибежиште непосрамено; Радувајте се, зашто сиот живот до последен здив во служење на Господа го потрошивте. Радувајте се, сесветло сместилиште на благодатта, садови на Светиот Дух; Радувајте се, брзи помошници на оние кои вас ве повикуваат. Радувајте се, Козма и Дамјане, свети бесребреници и преславни чудотворци. Кондак 2
Кога ги виде Бог вашите добри зафати и вашата голема ревност кон благочестието, зашто сѐ што е земно и богатствата од овој свет за ѓубре сте ги сметале, во постојан труд поради љубов кон ближниот сте пребивале и своите души со добри особини сте ги украсиле, ве преисполни Светиот Дух, со чиишто зраци да бидеме озарени и ние молете Го Христа Бога, та со вас да Му пееме Нему: Алилуја. Икос 2
Со учењето на вистинското богопознание сте ги научиле нечестивите луѓе, вразумувајќи ги со силата на вашите зборови, со кои смело Христа Го проповедате. Затоа фалејќи ја вашата ревност, повикуваме вака: Радувајте се, зашто не паднавте во лагата демонска; Радувајте се, зашто со подвигот на љубовта ја исповедавте вистината Христова.
www.povardarska-eparhija.org.mk
61
Радувајте се, зашто секоја болест човечка ја исцелувате; Радувајте се, зашто ги прогонувате од луѓето лукавите духови. Радувајте се, бестрашни проповедници на љубовта Божја; Радувајте се, ревнители на лекарското служење. Радувајте се, поборници на верата православна; Радувајте се, столбови непоколебливи, исполнети со љубов и ревноста во слава Божја. Радувајте се, незамолкливи објавители на Господовите заповеди; Радувајте се, верни наставници на богомудрието. Радувајте се, надежни посредници за Царството Божјо; Радувајте се, зашто и по вашата смрт нас не нѐ напуштате. Радувајте се, Козма и Дамјане, свети бесребреници и преславни чудотворци. Кондак 3
Со силата на Севишниот, која вам ви е дадена, уште во времениот живот сте примиле власт чудесно да исцелувате секакви болести; по вашата, пак, смрт уште повеќе ве прослави Бог со многу чудотворства, та сите да прибегнуваме кон вас, молејќи се за исцеление од телесните болести, а повеќе за душевните, и на Бога велегласно му воспеваме: Алилуја. Икос 3
Имајќи ги, како скапоцено богатство, вашите многуцелебни мошти, се радуваме и со љубов ја воспеваме дадената ви од Бога благодат за исцеление, благодарно повикуваме: Радувајте се, топли претстојатели пред Бога за нас; Радувајте се, зашто ги оставивте незнабожечките мудрувања на вашиот татко. Радувајте се, азиски сесветли светилници; Радувајте се, просветители на помрачените земји. Радувајте се, учители на храброста и трпението;
62
Број 31, година 8, Октомври 2014
Радувајте се, два светилника, кои заблескавте на земјата со добри дела. Радувајте се, браќа по плот, добро воспитани од вашата мајка Теодотија; Радувајте се, слуги Божји, кои од Господ Христос примивте победнички венци. Радувајте се, зашто им покажавте сите прекрасен пример за смирение и кротост; Радувајте се, зашто сте цврста основа на православието. Радувајте се, зашто сте светла слава на бесребрениците; Радувајте се, добродетелни исцелители, кои од никого награда за лечењето не земавте. Радувајте се, Козма и Дамјане, свети бесребреници и преславни чудотворци. Кондак 4
Со бура од помисли си бил исполнет, свети Дамјане, кога некоја жена Паладија, којашто ти и свети Козма сте ја исцелиле од смртна болест, сакајќи од изобилието на благодарното срце да им даде некаков дар на благодатните лекари, ти, пак, гледајќи го твојот брат како се одрекува од таквиот дар, тајни си примил од таа жена три јајца, слушна како те заколнува со Бога, тие три јајца во името на Света Троица од неа да ги примиш. Поради ова свети Козма беше навреден, и остави завет, по твојата смрт да не бидеш положен во близина на братовиот гроб. Кога по твоето преставление, луѓето беа во недоумение каде да те погребат, некоја камила со човечки глас проговорила, да те погребат близу до светиот Козма, како прославен со него пред Бога, бидејќи не поради награда, туку поради името Божјо си ги примил трите јајца. Восхитувајќи му се на тоа велико чудо, луѓето те погребаа тебе заедно со твојот брат, со радост пеејќи Му на Бога: Алилуја.
www.povardarska-eparhija.org.mk
63
Икос 4
Кога слушнаа азијците за вашата голема љубов кон страдалниците и за вашето чудесно лекување, од секаде се упатија кон вас, со вера во исцелителната Божја благодат, која дејствува во вас; примајќи, пак, брзо исцеление, Го прославуваа Бога, а вас, пак, своите милосрдни исцелители ве величаа, воспевајќи вака: Радувајте се, на вистинскиот Бог непобедливи проповедници; Радувајте се, со силата на Крстот Христов бесплатни лекари на болните. Радувајте се, добри лекари, брзи помошници на страдалниците; Радувајте се, зашто сите немоќи бесплатно ги лекувате. Радувајте се, зашто и сега обилно источувате исцеленија; Радувајте се, милостиви утешители на оние кои се маки и страдања. Радувајте се, зашто во сите околности нас нѐ заштитувате; Радувајте се, спасителни душегрижници на беспомошните. Радувајте се, преславен украсу на праведните; Радувајте се, наши цврсти застапници; Радувајте се, усрдни молитвеници за нас пред Бога; Радувајте се, брзи помошници на сите кои со вера вас ве повикуваат. Радувајте се, Козма и Дамјане, свети бесребреници и преславни чудотворци. Кондак 5
По богоизодениот пат навистина чекоревте, слуги Христови, кога ги презревте овоземните богатства заради служењето на болните, за Христа единствениот работевте, горки искушенија претрпевте, свети; но сѐ претрпевте за Христа Кој вас ве возљуби. Затоа восхитувајќи се на вашето големо трпение и цврста љубов кон Господа, заедно со вас Му пееме Нему: Алилуја.
64
Број 31, година 8, Октомври 2014
Икос 5
Откако видоа исцелените од вас, дека ги исцеливте со силата Христова, Нему слава Му оддадоа. Ние, пак, славејќи Го Бога, вас ве ублажуваме, славните Негови угодници, повикувајќи вака: Радувајте се, зашто небесата ги возљубивте повеќе од земјата; Радувајте се, зашто на земјата имавте ревност за ангелски живот. Радувајте се, зашто го отфрливте многубожието на вашиот родител, а не отстапивте од побожноста на мајка ви; Радувајте се, зашто сиот ваш имот, по зборот Господов, сте го раздале на сиромаси, за Христа да Го добиете. Радувајте се, зашто не само со збор, туку повеќе со дела и непрестајна кон Бога молитва други поучивте; Радувајте се, непресушен извору на исцеленија кој сега се појави. Радувајте се, зашто нѐ обогатувате со излевањето на чудеса дадени вам од Бога; Радувајте се, зашто самите во себе храм на Бога Му подготвивте. Радувајте се, зашто бедните брзо ги услишувате; Радувајте се, зашто со радост се грижите за тажните. Радувајте се, зашто јавно ги охрабрувате безнадежните; Радувајте се, зашто болните брзо ги лекувате. Радувајте се, Козма и Дамјане, свети бесребреници и преславни чудотворци. Кондак 6
Проповедници на името Христово во својот живот бевте, и сега ја сведочите силата на Неговите чудеса, кои произлегуваат од вашите икони, и како што не ја презревте некогаш верата на некоја жена Паладија, туку отидовте во нејзиниот дом, и ѝ дарувавте исцеление од смртната болест; така и нашите молења и химни слушнете ги, свети бесребреници! Погледнете ја верата и љубовта на вашите луѓе и покров небесен дарувајте ни, нам кои ве фалиме и Му пееме на Бога: Алилуја. www.povardarska-eparhija.org.mk
65
Икос 6
Вашата вистина засветли на светлина, кога бевте укорувани од неверниците, дека не од Бога сте примиле дар за исцелување, а на жителите од вашиот град им рековте: не со волшебна итроштина лекуваме болести, туку со силата на нашит Спасител Исус Христос, како што Тој ни заповеда, велејќи: болни исцелувајте, лепрозни очистувајте, бесплатно добивте, бесплатно давајте. Затоа восхитувајќи им се на вашите благодарни зборови, вака ве ублажуваме: Радувајте се, зашто пример на вера и љубов ни покажавте; Радувајте се, зашто се насладувате постојано со рајската радост. Радувајте се, премудри сејачи на благочестието; Радувајте се, славни проповедници на православието. Радувајте се, учители, кои кон небесата нѐ упатувате; Радувајте се, недремливи чувари на чистиот и непорочен живот. Радувајте се, топли послушници на оние кои ве молат; Радувајте се, прекрасни и верни патеводители кон спасението. Радувајте се, добри наставници на оние кои сакаат благочестив и богоугоден живот; Радувајте се, добри застапници на сите, кои го почитуваат вашиот празник. Радувајте се, зашто добро и во мир го завршивте вашиот живот; Радувајте се, зашто венци на правдата од Христос Владиката примивте. Радувајте се, Козма и Дамјане, свети бесребреници и преславни чудотворци. Кондак 7
Некој маж сакајќи да отпочине малку за време на жетвата зашто се умори од жештината, и откако цврсто заспа, влезе змија во неговата уста и се смести во неговата утроба, а кога се разбуди тој
66
Број 31, година 8, Октомври 2014
човек од спиење, почувствува во својот стомак болка од гризањето на змијата и со силен глас повика: „свети лекари Козма и Дамјане, помогнете ми“, и вие угодници Божји, поитавте кај него на помош и го успавте, па со вашите молитви почнавте да ја изгонувате змијата и, пред сите присутни, излезе смијата од устата на тој човек, и сите ужаснати од тоа страшно чудо, благодарствено Му воспејаа на Бога: Алилуја. Икос 7
Чудесни молитвеници за нас, исцелители на нашите души и тела и застапници на вечното спасение, со благодарно срце воспевајќи Му пофална песна на Бога, кои ни подарил такви велики чудотворци, ви принесуваме и вам ваква пофалба: Радувајте се, зашто со вашето трпение ги зачудивте ангелите; Радувајте се, зашто со божествената светлина од вашите чудеса сите ги просветивте. Радувајте се, брзи лекари кои бесплатно лечите секакви болести; Радувајте се, зашто со вашето застапништво парализирани исцелувате. Радувајте се, зашто болните од неизлечиви болести ги оздравувате; Радувајте се, зашто достојно го извршивте подвигот на вашиот земски живот. Радувајте се, зашто за нас лишените од добри дела, секога пред Бога се застапувате; Радувајте се, зашто со блесокот на премудроста, од Господа дарувана, сите ви просветувате. Радувајте се, молитвеници за нас и застапници наши пречудесни; Радувајте се, добродетелни лекари Христови. Радувајте се, зашто без награда на сите им давате исцеленија; Радувајте се, зашто со своите чудеса го разобличивте идолското безумие.
www.povardarska-eparhija.org.mk
67
Радувајте се, Козма и Дамјане, свети бесребреници и преславни чудотворци. Кондак 8
Гледајќи го вашиот живот, чуден за овој свет, да се оддалечиме и ние од неговата суета и умот кон небесата да го насочиме, па да повикаме кон вас, свети бесребреници: сопрете ги болестите, источувајќи им на сите благодатно лечење, кои усрдно кон вашата помош прибегнуваат и Му повикуваат на Бога: Алилуја. Икос 8
Сиот ваш живот на земјата со љубов кон Бога и кон ближниот го исполнивте, свети бесребреници Козма и Дамјане, и сега како брзи помошници им се јавувате на сите, кои со вера ве повикуваат; не само на оние кои се близу до вашите мошти, туку и на оние кои се далеку исцеленија им давате. Затоа ви ја принесуваме оваа пофалба: Радувајте се, зашто на едниот Бог, славен во Троица, верно Му послуживте; Радувајте се, зашто премудро го избравте единственото што е потребно. Радувајте се, зашто во непрестајниот труд и подвизи дните и ноќите без умор сте ги поминувале; Радувајте се, зашто со ваквиот притеснет и тежок живот ја умноживте славата Божја кај луѓето. Радувајте се, добродетелни следбеници Христови; Радувајте се, зашто се покажавте учители и вршители на Христовите заповеди. Радувајте се, зашто со велики имиња бевте именувани во Царството небесно; Радувајте се, зашто го просветивте светот со славата Христова. Радувајте се, зашто со љубовта кон ближните примивте бестрастие;
68
Број 31, година 8, Октомври 2014
Радувајте се, зашто со бесплатното лекување стекнавте бесмртие. Радувајте се, зашто како ангели на небесата и на земјата сте прославувани; Радувајте се, зашто сега пред Бога стоите овенчани со победнички венци. Радувајте се, Козма и Дамјане, свети бесребреници и преславни чудотворци. Кондак 9
Секоја човечка природа се зачуди од блесокот на благодатта Божја која е во вас, свети Козма и Дамјане, кога нечестивите луѓе, откако ги видоа чудесата, од вас извршени во името на Исуса Христа, поверуваа и Го прославија Бога. Затоа и ние, славејќи Го Оној Кој ви даде таква сила, Му пееме Нему: Алилуја. Икос 9
Многуглаголивите беседници не можат доволно да го опишат изобилството на вашата љубов, со која бевте преисполнети, свети угодници, кон луѓето заради Господ. Затоа од длабочината на нашите срца повикуваме кон вас: Радувајте се, зашто до последен здив работевте за Господ; Радувајте се, зашто распалени од огнот на Божјата љубов го угаснавте огнот на идолските жртви. Радувајте се, зашто го возљубивте ближниот повеќе од себеси. Радувајте се, зашто сте ги посетувале болните и ранетите. Радувајте се, зашто предвреме сте ги исполнувале потребите на раслабените; Радувајте се, зашто сте им утеха на напатените. Радувајте се, зашто сте застапници на очајните; Радувајте се, зашто ги храните сираците. Радувајте се, помошници на оние кои тешко страдаат; Радувајте се, ослободители на угнетените.
www.povardarska-eparhija.org.mk
69
Радувајте се, зашто откако добро ја завршивте борбата, кон Христа се вознесовте; Радувајте се, зашто се вселивте во Царството Негово. Радувајте се, Козма и Дамјане, свети бесребреници и преславни чудотворци. Кондак 10
Сакајќи сите да ги спаси, Господ ве покажа вас, Своите чудотворци: кој нема да дојде до умиление, гледајќи го вашето неизмерно сострадание кон сите; кој ли нема да ве ублажува, зашто не само луѓе од болести исцелувате, туку и животните ги сакате; не отфрлајте ги нашите молитви, туку врз сите нас несебично излејте ги вашите големи и богати милости, за да Му запееме на Бога: Алилуја. Икос 10
Потпора сте им на сите, кои ги фалат вашите чудеса, о бесребреници, и кои прибегнуваат кон вашето застапништво, бедем и заштита сте, оградувајќи ги од сите неволји оние кои усрдно ве повикуваат вас на помош. Затоа и нас од беда, насилство, болести и маки запазете нѐ, ве молиме и топло ви се обраќаме: Радувајте се, зашто ја надминавте цврстината на дијамантот во сиромаштијата; Радувајте се, зашто чудесно го победивте искушението на среброљубието. Радувајте се, славни заштитници во неволјите; Радувајте се, укрепители на немоќните и навредените. Радувајте се, цврсти застапници во нападите; Радувајте се, болните и бедните сештедри обогатители. Радувајте се, милостиви хранители на гладните; Радувајте се, премудри лекари на болните од тешки болести. Радувајте се, топли заштитници на оние кои притекнуваат кон вас во тешки состојби и болести;
70
Број 31, година 8, Октомври 2014
Радувајте се, зашто вашиот празник од сите е славен на земјата. Радувајте се, зашто вашите имиња се напишани на небесата; Радувајте се, зашто од Бога сте препрославени. Радувајте се, Козма и Дамјане, свети бесребреници и преславни чудотворци. Кондак 11
Сеумилителното пеење, кое сега ви го принесуваме, не е доволно за пофалба на вашите преславни подвизи и трудови, коишто заради Христа сте ги поднеле во својот живот; сепак, смело ве молиме, примајќи го нашето усдрно пеење, и нас од неволјите со своите молитви избавете нѐ, та со умиление во срцето да Му запееме на Бога: Алилуја. Икос 11
Светлозрачен и небесен ум сте пројавиле, кога не сте посакале да барате земна слава од луѓето заради лекувањето, туку само слава Божја на небесата. Сега, пак, со нетленоста на вашите мошти и со мноштвото чудеса православието го зацврстувате. Затоа благодарствено повикуваме: Радувајте се, зашто ипостасното Слово храбро Го проповедавте; Радувајте се, зашто силата идолска победнички ја истребивте. Радувајте се, зашто преку вас се уништи служењето на демоните; Радувајте се, зашто вие го проповедавте служењето на Христа. Радувајте се, зашто ни станавте премудри учители; Радувајте се, трудољубиви исполнители на сите добродетели. Радувајте се, зашто по земните трудови се веселите во небесните живеалишта; Радувајте се, зашто и по вашето преставување нас не нѐ оставате. Радувајте се, зашто на сите, кои со вера ве повикуваат, брзо им помагате;
www.povardarska-eparhija.org.mk
71
Радувајте се, свети лекари, зашто нашите болести ги лечите. Радувајте се, зашто не ги отфрлате молитвите на верните; Радувајте се, зашто и за нас недостојните се застапувате пред престолот Божји. Радувајте се, Козма и Дамјане, свети бесребреници и преславни чудотворци. Кондак 12
Благодатта, којашто ви ја даде Господ Бог вам, да исцелувате секакви болести душевни и телесни, денес нѐ собра нас, да го прославиме вашиот празник, свети Бесребреници Козма и Дамјане, побожно гледајќи кон вашата чесна икона и со умиление на срцата кон неа припаѓајќи, се молиме да се избавиме од секакви зла и болести, та сите да Му запееме на Бога: Алилуја. Икос 12
Пеејќи ги вашите чудеса, ги пофалуваме вашите трудови и подвизи, ја ублажуваме вашата побожна смрт во светот, го почитуваме вашето закрилништво и силно застапништво кон сите, кои ја бараат вашата помош; Го величаме Бога Дарителот на сите добрини, кои ни подари такви чудесни молитвеници, и со умиление повикуваме: Радувајте се, зашто Господа Исуса верно Го проповедавте; Радувајте се, добродетелни сведоци на Неговата вистина. Радувајте се, топли претстоители за нас пред Неговиот престол; Радувајте се, добри и сострадателни лекари на нашите тела. Радувајте се, наследници на небесното Царство и на вечните добрини; Радувајте се, зашто после Бога вие сте сета наша надеж. Радувајте се, зашто исцелувате благомирисно миро кое дава исцеленија; Радувајте се, зашто смрдеата на страстите со своите молитви ја протерувате.
72
Број 31, година 8, Октомври 2014
Радувајте се, дарители на исцеленија и извори на чудеса; Радувајте се, светлоносни столбови на црквата и штитови непоколебливи. Радувајте се, божествени лози на вистинското лозје; Радувајте се, двајца светловидни мудри бесребреници. Радувајте се, Козма и Дамјане, свети бесребреници и преславни чудотворци. Кондак 13
О, пречудесни бесребреници, чудотворци, исцелители и славни угодници Божји, Козма и Дамјане, примете ги овие наши молења, вознесувани од скрушени срца; исцелете ги многуразличните болести на нашите души и тела и со вашето топло претстателство измолете ни од Христа Бога избавување од сите неволји и напади, простување на нашите гревови и добра надеж на вечното спасение, да се удостоиме со вас и со сите светии во бесконечните векови да Му воспеваме на Бога, нашиот Спасител: Алилуја. Овој кондак се чита три пати, а потоа Икос 1 и Кондак 1. Потоа се чита молитвата: О славни чудотворци, бесплатни лекари, Козма и Дамјане! Вие од младоста Христа Бога Го засакавте и Неговите заповеди со сето срце ги запазивте, иако се посветивте на лекарска наука, но заради добродетелниот живот и душевната чистота, со силата на Христа Бога, не само лекарската вештина, туку попрво благодат на исцеленија од секакви неизлечиви болести од Бога примивте. Па оттука, со љубов и милосрдие кон страдалниците подвизувајќи се, не само на луѓето, туку и на животните им давате исцеленија од болестите, со безбројно мноштво на вашите чудеса сиот свет го исполнувате, и не само телесните болести ги исцелувате, туку и со верата Христова душите ги просветувате, во трпењето на болестите укрепувате, во тешките маки за поправање на животот вразумувате и кон Христа со покајание привлекувате. Затоа сега и нас, кои ви се поклонуваме пред вашата чесна икона, брзо послушајте нѐ. Младите деца, кои бараа ваша помош во книжевното
www.povardarska-eparhija.org.mk
73
образование, со вашите молитви раководете ги, да ревнуваат според вашето житие, не само земна наука да стекнат, но повеќе во благочестието и вистинската вера непрестајно да преуспеваат. На оние кои лежат болни во постела, кои немаат човечка помош, и кон вас топло со вера и усрдна молитва прибегнуваат, дарувајте им исцеление од болестите, со вашата милостива и чудотворна посета. Оние кои многупати се разболуваат и од тешки рани се во униние, малодушност и негодување, со дадената ви од Бога благодат во трпението зацврстете ги, и поучете ги, да ја разберат волјата за нив Божја, света и совршена, и самите себеси и својот живот на волјата на Христа Бога да го предадат. На оние кои се болни, а за поправање на животот се мрзливи, кои не се каат за гревовите, со срца сурови, дајте им скрушеност за спасение и кон покајание повикајте ги, та иако немоќни по тело, здрави да бидат по душа, и да станат учесници на Божјата спасителна благодат. Браќата (сестрите) на овој свет храм (оваа света обител), кои прибегнуваат кон вашето застапништво од Бога дадено, и сите кои кон усрдно кон вас прибегнуваат сочувајте ги од долго боледување, од тешки и неизлечиви болести, од парализа на телото, од губење на умот, од смртоносни рани, од ненадејна смрт, и со вашето моќно застапништво пред Бога сочувајте ги во вистинската вера цврстите, кои напредуваат во побожноста, ревносните во добри дела, во молитвата кон Бога упорните, та со вас заедно да се удостојат во идниот век секогаш да го воспеваат и слават сесветото и великолепно име на Отецот и Синот и Светиот Дух, во вечни векови. Амин. Молитва втора
Кон вас, свети бесребреници и чудотворци Козма и Дамјане, како кон брзи помошници и топли молитвеници за нашето спасение, ние недостојните (имињата), клекнувајќи на колена, прибегнуваме и припаѓајќи усрдно повикуваме: Не презирајте ги молењата од нас грешните, немоќните, кои паднавме во многу беззаконија, и кои во секој час и ден грешиме. Умолете Го Господа, да ни даде, нам
74
Број 31, година 8, Октомври 2014
недостојните Негови чеда, од Својата богата милост: избавете нѐ од секоја мака и болест, бидејќи вие примивте од Бога и Спасителот наш Исус Христос непотрошлива благодат за исцелување, поради цврстата вера, бесплатното лечење и вашата маченичка смрт. Да, угодници Божји, не престанувајте да се молите за нас, кои со вера кон вас итаат: иако според мноштвото на нашите гревови и не сме достојни за вашето милосрдие, сепак, вие, верни и вистински подражатели на Божјото човекољубие, направете, да принесеме плодови достојни за покајание, и во вечниот покој да достигнеме, фалејќи и благословувајќи Прекрасниот во Своите светии Господа и Бога и Спасителот наш Исус Христос и Неговата Пречиста Мајка, и вашето топло застапништво, сега и секогаш, и во вечни векови. Амин. Тропар, глас 8.
Свети бесребреници и чудотворци, Козма и Дамјане, посетете ги нашите немоќи; бесплатно добивте, бесплатно дајте ни. Кондак, глас 2.
Откако примивте благодат за исцеление, им давате здравје на оние во болести, лекари чудотворци преславни, со вашата посета понижете ја дрскоста на непријателите, светот исцелувајќи го со чудеса. Величание Ве величаме, свети бесребреници и чудотворци Козма и Дамјане, и го почитуваме вашиот свет спомен, раководители на заблудените, исцелители на болните и другари на ангелите.
Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев
www.povardarska-eparhija.org.mk
75
Во периодот од печатењето на претходниот 30ти број на „Православна Светлина“ и овој 31ви број, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел се испечатија две изданија од издавачката дејност на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“. Тоа се книгите „Мојот живот со Старец Јосиф Исихаст“ и „Старец Силуан“. Предговор на книгата „Старец Јосиф Исихаст“
Е
ден од најголемите старци од дваесеттиот век, кој остави длабоки траги во опитот на Црквата, и кој слободно може да се нарече обновител на исихастичкото предание, е токму старецот Јосиф, за кого е и оваа книга. Тој потекнува од островот Парос, и уште во детска возраст останува без татко, па затоа бил принуден да работи многу за да се прехрани семејството. По завршувањето на воениот рок започнува да ги чита делата на Светите Отци и напојувајќи се од тој благодатен извор на чиста вода, од која оние кои пијат, никогаш не ожеднуваат, добива силен копнеж по монашки живот. Уште во детска возраст тој се трудел да живее подвижнички, одел на Света Гора каде што запознал многу свети духовници, и со сето срце копнеел да остане и тој таму, до последен здив, да се бори до крв, за да прими дух. На Света Гора заминува и се запознава со младиот Арсениј, кој штотуку се вратил од Светата земја, каде што со помош на младиот јероѓакон Василиј (подоцнежниот старец Јероним Егински) навлегува во длабочините на умносрдечната молитва. Со ист стремеж и желба за молитва и подвижнички живот, тие стануваат послушници кај познатиот исихаст старец Калиник. Потоа се запознаваат со старците Јосиф и Ефрем – родени браќа по потекло од Албанија, а од рацете на старецот Ефрем, младиот Франциско прима монашки постриг и ново име – Јосиф. По смртта на нивните старци, овие двајца млади монаси ќе сменат повеќе скитови. Во тој период, како пчели околу благомирисни цветови, ќе се соберат и повеќе млади послушници околу нив, меѓу кои се старците Харалампиј Дионисијатски, Ефрем Катунакиски, Ефрем Филотејски, Јосиф Ватопедски и други духовници, кои ќе влијаат на преродбата на Светогорските манастири, но и надвор од Света Гора, па дури и во дијаспората. Во оваа книга, која всушност претставува зборник од неговите писма, 76
Број 31, година 8, Октомври 2014
испраќани до повеќе личности – клирици, монаси и лаици, на различни места и периоди, ќе најдеме драгоцени поуки за молитвата, за благодатта, за средбата со Бога – а сите овие поуки се всушност лично искуство, личен опит на старецот, стекнат преку долгогодишни борби „до крв“, преку многу искушенија и многу маки. Од сето ова тој извлекувал поуки кои подоцна, како жив и личносен опит, им ги пренесол на своите духовни чеда, а и на сите нас. Во текот на својот монашки живот, непрестајното повторување на Исусовата молитва станало негово дишење, а секојдневното Причестување со Телото и Крвта Христови – негова храна, храна која не се распаѓа, туку води кон вечен живот. Од овие подвизи, како и од многу други, за кои знае само Бог, неговата душа станала поблескава и од најскапоцен камен. И покрај неговиот свет живот, ни тој не бил лишен од оговарања, клевети и осудувања. И за него, како и за речиси сите светители, имало двојни толкувања, сомнежи, обвинувања за прелест и за други гревови, но неговиот преподобен крај, а особено делата кои сведочат за него и по неговата смрт, ги затворија устите на завидливите, злочестивите и лекоумните. Пред неполни два месеца бевме израдувани од веста за канонизацијата на старецот Порфириј, а беше најавено и наскоро прославување на уште неколку свети духовници, меѓу кои е и старецот Јосиф Исихаст. Со чинот на канонизација на светителот не му се додава ништо, што тој претходно го немал, туку само се официјализира она што било и дотогаш очигледно, односно, се признава неговата светост, и се одредува ден за празнување на неговиот свет спомен. Да нѐ удостои Господ наскоро да го видиме и денот кога овој свет старец ќе биде вброен во диптихот на светителите, а по неговите свети молитви Бог да ги благослови сите оние кои се хранат од неговите поуки, но и кои се трудат да живеат според нив. Амин! Митрополит Повардарски † Агатангел Предговор на книгата „Старец Силуан“ Во времето кога цела Русија е вознемирена и разбунтувана, кога започнуваат револуциите и прогонот на Црквата, младиот Семјон веќе пребива во тивкото пристаниште на спасението, во градината на Пресвета Богородица – на Света Гора Атонска. Неговите сонародници се борат со видливи непријатели, а тој, пак, со своите страсти и со невидливите демонски сили. Овој духовен гигант и украс на Црквата Христова ќе помине цели 46 години на Света Гора подвизувајќи се „до крв, за да прими дух“. Уште од младоста ја спознал горчината на гревот, но ја вкусил и радоста на покајничкиот плач, која никогаш не го напуштила. Иако млад, сепак станал сад на благодатта, со автентично духовно искуство од присуството www.povardarska-eparhija.org.mk
77
на Светиот Дух, па затоа многумина доаѓале кај него да разговараат за теми од духовниот живот. Неговото знаење не е академско знаење стекнато од книги, туку попрво е Богопознание и откровение Божјо. Академските богослови најчесто знаат да зборуваат за Бог, а овој богослов на Светиот Дух лично зборувал со Бог, а кога зборувал за Бог, тогаш тоа биле зборови боговдахновени, зборови од личен опит. Неговите поуки и размислувања се проникнати од љубовта кон Бог и кон ближниот, а од неа произлегува и неговото длабоко сочувство и сострадание за луѓето кои живеат во светот. Во подвижничкото наследство на Светата Православна Црква старецот Силуан ќе остави голема трага, и ќе остане запаметен особено по неговата богооткриена мисла „држи го умот во адот и не очајувај“. Раководејќи се според ова, многумина зачекорија по патот на спасението и стигнаа до ветеното ни од Бога Царство небесно. Сиот негов живот и учење е една молитва за целиот свет, желба да се прегрне сиот свет, да се доближи до Бога и да Го познае Бога, бидејќи богопознанието е живот вечен. Во сета негова љубов кон ближниот, тој, иако далеку од луѓето кои живеат во светот, сепак многу страда, бидејќи, колку е поголема љубовта, толку е поголемо и страдањето. Остава впечаток неговото инсистирање да се љуби секој човек, па дури и непријателите. Љубовта кон непријателите ја става како мерило за вистинитоста на нашата вера и за автентичноста на нашиот подвижнички живот: „Оној, пак, што не го љуби својот непријател, не Го познава Бога“; „Ако се молиш за своите непријатели, мирот ќе се всели во тебе. А кога ќе ги возљубиш непријателите, знај дека уште поголема благодат ќе живее во тебе“. Поуките за духовниот живот, научени не во студентска клупа, туку во подвижничкото училиште на Светиот Дух, ќе останеа скриени и недостапни за нас, доколку за ова, по многу молби, не се погрижеше неговото духовно чедо, и автор на оваа книга – архимандритот Софрониј Сахаров од Есекс. Благодарение на него, голем дел од неговите поуки и богословие се собрани во оваа книга, која набрзо, откако ја виде светлината на денот, стана вистински патеводител за духовниот живот на многу монаси и верници. Со одлука на Цариградската патријаршија, на 1 април 1988 година, старец Силуан е причислен кон хоровите на светителите, а неговиот свет спомен се слави на 11/24 септември. Неговите молитви и благослов да бидат со сите кои се поучуваат од неговиот живот и поуки, и да нѐ водат кон исполнување на нашата цел во Митрополит Повардарски † Агатангел 78
Број 31, година 8, Октомври 2014
Новиот конак на Полошкиот манастир „Св. Ѓорѓи“ на Тиквешкото езеро, во чиј состав се гради и параклис посветен на Воведението на Пресвета Богородица. Ги замолуваме сите наши браќа и сестри, Македонци, да помогнат во изградбата на ова православно духовно светилиште, бидејќи во исто време се градат и себеси, ја градат и историјата, но и вкусуваат од залогот на вечноста. Во животот сé се менува - се менуваат времињата, цивилизациите, градовите растат или се намалуваат, но светилиштата остануваат вечни, токму поради вечните вредности што во нив се случуваат.