Активисти, колку тоа гордо звучи!
Наспроти празноверието за смртоносноста на дрогите стојат луѓе кои потврдуваат дека не се дрогите тие што убиваат, туку стереотипите вткаени во актуелните политики за дроги, во образованието и во сите културни обрасци преку кои го спознаваме и со чија помош се позиционираме во овој свет. Овие луѓе се доволно храбри за да ги раскинат синџирите на општествената осуда и јавно да кажат дека употребувале и/или дека употребуваат дроги. Со својот настап тие покажуваат дека вистинското зло се крие во институционалната дискриминација и во општествената стигматизација спрема луѓето кои употребуваат дроги наместо во дрогите како што се обидуваат да ни прикажат креаторите на политиките. Често се случува активистите за дроги да бидат санкционирани, па дури и прогонувани поради храброста јавно да проговорат за вистинските проблеми поврзани со дрогите, но и покрај тоа многумина остануваат истрајни во настојувањата за воведување хумани политики за дроги кои ќе придоне