3762-preku-facebook-otkriv-deka-e-zenet

Page 1

Преку Facebook открив дека е женет Напишано од Administrator Четврток, 22 Јули 2010 00:00 - Последно освежено Вторник, 20 Март 2012 09:28

Со моите немав никаква комуникација. Во домот престојуваа само по неколку часа во денот, а кога случајно ќе ме начекаа во соба ми вадеа пари, знаете како кога на гости ќе ви дојдат некои роднини со кои одамна не сте се виделе, па ќе ви извадат илјадарка да се почестите. „Имаш ли доволно пари?" - прашањево како да го имаа снимено и само пуштаа плеј штом се сретнеме. Еднаш се изненадив кога ми кажаа дека се ангажирале да го доградат почнатиот базен во двор. Дури ме замолија да останам дома и да ги пречекам мајсторите. Бидејќи ништо не правев по цел ден, ова ми дојде како интересна задача, ако ништо друго ќе пополнев време.

Кога дојдоа мајсторите, како вистинска домаќинка, ги понудив со кафе. Ми навестија дека нема да почнат со работа, се додека не дојде нивниот шеф. Се појави и шефот на врата, а јас што да видам, совршенство на две нозе. Ме освои само со една насмевка, но и тој не остана рамнодушен на мојата. Веднаш ми се допадна фактот што има фирма за правење базени, но малку се разочарав кога разбрав дека е од Охрид. Стравував како ќе реагира моето друштво на фактот дека излегувам со некој од провинција. Но, кога тој почна да се расфрла со пари, на хиените им светнаа очите и заборавија на сѐ. Почнаа да му се лепат како оси кога дознаа дека има вила во Грција.

Да, јас ги забележував тие работи, но не се бунев бидејќи не бев нешто поинаква. Но, овој пат беше поразлично. Никогаш порано не бев почувствувала такви емоции. И да ми кажеше дека живее во шупа немаше да се премислам дека тој е вистинскиот за мене. Почесто се гледавме за викенди бидејќи неговата работа не беше врзана за едно место, секој ден беше во различен град, барем така ми кажуваше. Неколку пати појдов и во Охрид, но никогаш кај него дома. Спиевме во станот на неговиот пријател за да ја задржиме интимата.

Се сеќавам едно утро го задевав дека е премногу стар за мене, бевме разлика 5 години. Секогаш се лутеше кога ќе му го кажев тоа, а мене ми беше неодоливо симпатичен. За да ми докаже дека не сум во право, го терав да си отвори профил на Facebook, па и старите почнаа да имаат профили, а тој не сакаше да чуе за такво нешто. Се бунеше и кога сакав да закачам слики од него, а јас заљубена сакав цел свет да знае дека е мој. Не го послушав и си направив албум со куп слики од мене и него...

ПРОДОЛЖУВА...

Дознајте како завршува оваа реална приказна во новиот број на Unique, кој можете да

2/3


Преку Facebook открив дека е женет Напишано од Administrator Четврток, 22 Јули 2010 00:00 - Последно освежено Вторник, 20 Март 2012 09:28

го најдете во сите трафики ширум Македонија.

3/3



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.