Unique 77 (Preview)

Page 1

БРОЈ 77, мај 2016 · 35 ден

и 35нaр де

fashion editorial Во боите на пролетта

3 правила за мозочен

БРОЈ 77 70 мај октомври 2016 2015

sex

Ривалството во модата е секојдневие

Unique how to Под ист кров со бившиот

The Female Channel Највлијателните женски ТВ ликови

Sensible Spring Scents Најубавите мириси на пролетта

МАЈ 2016 35 ДЕНАРИ


ОВА Е СКРАТЕНА ВЕРЗИЈА НА СПИСАНИЕТО

ЗА ЖЕНИ - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


maj

2016

50

The Girl From The Block

74

goodnight

moon

56

28

модната кралица Елена Реи

24

одблизу со Eye Cue

Елена трајановска

најдобра 34 The Female Channel 38 Ослободете се од стресот по кратка постапка 42 Премногу размислувате? 44 Hello...It's me

Beauty 78 Драматичен поглед 80 Voluptious Hot Trends 84 Wanna French? Фотографија: Ани Дими / Стилист: Милена Танаскоска / Облека: Јована Филиповиќ / Накит: Max&Co / Шминка: Зоран Шурбевски / Фризура: Дарко Allure

10 UNIQUE • мај 2016 •

Aдреса на издавач Мито Хаџивасилев Јасмин 20/14 Скопје Aдреса на редакцијата Ул. Митрополит Теодосиј Гологанов 60Б/8 Скопје contact@gmp.mk 02/5209 705 Основач и директор на Глобал Медиа Александар Попов aleksandar.popov@gmp.mk Продукција Главен и одговорен уредник Ивана Попоска ivana.poposka@uniquemag.mk Ивет Царо ivet.caro@uniquemag.mk Графички уредник Јовица Ризовски jovica.rizovski@gmp.mk Мода и убавина Милена Танаскоска milena.tanaskoska@uniquemag.mk Редакција Теодора Крстевска teodora.krstevska@uniquemag.mk Фотографиja Андријана Костова - Петровска Продажба на рекламен простор Снежана Божиновска snezana.bozinovska@gmp.mk Дистрибуција контакт: МПМ 02 / 3089-305 Глобал Mедиа 02 / 5209-705

candy crush

Девојка од насловна

Издавач

85 Sensible Spring Scents 86 Она кое не го знаевте за кожата

89 Прва помош кога ви треба итно beauty решение

ти и тој 94 Модерен водич за состанување 97 Дали би живееле со вашиот ex? 89 Мозочен секс тренинг

living 100 Убавина од кујната 108 Најубавите француски рецепти 110 Врската на шеќерот и мозокот 112 Зошто го сакаме мај? 113 Зелениот бисер Крф

ISSN 1857-6826 Печатница Европа 92 - Кочани адреса: Крижевска 52, Кочани датум на печатење: 21.04.2016 Број на печатени примероци: 9.000 Правни забелешки Списанието Unique излегува еднаш месечно со одобрение на сопственикот на правата - издавачката куќа Глобал Медиа. Unique е регистрирана трговска марка во сопственост на издавачот. Нејзиното користење на други места треба да биде во согласност со насоките на сопственикот. Информациите во списанието имаат забавен и информативен карактер. Точноста на информациите е проверена пред процесот на печатење. Пред користење на некои од советите поврзани со здравјето, препорачлива е консултација со доктор. Unique го задржува правото да ги објавува и ре-објавува материјалите и содржините генерирани од читателите на списанието. Списанието Unique заедно со списанието AutoFocus е дел од медиумите на Глобал Медиа.


Ester(n) time

13 UNIQUE • мај 2016 •


14 UNIQUE • мај 2016 •


UNIQUEyounique

Нека биде... Модел: Ивана Караџова / Модна Агенција: Моделс Ин / Фотографија: Ани Дими / Стајлинг: Милена Танаскоска/ Шминка: Сим Салтирова / Фризура: Студио”Allure”

Можете ли да си замислите урбана комбинација без барем едно тексас парче облека?

20 UNIQUE • мај 2016 •


Нека биде... Неутралните тонови се одличен избор кога сакате да изгледате префинето, елегантно и тотално шик.

21 UNIQUE • мај 2016 •


Светото тројство на новата македонска музика не само што ќе ве заведе да ја слушате нивната музика, туку и ќе ве насмее со својата духовитост и креативност. Со мене барем, им успеа.

24 UNIQUE • мај 2016 •

Фотографија: Ани Дими / Облека: Fashion & Friends и Springfield / Накит: Parfois / Стајлинг: Милена Танаскоска / Фризура: Студио Allure / Шминка: Сим Салтирова

eyecue


e ye cue

UNIQUEнајдобра

Пишува Ивет Царо

С

тиховите на „Убава моја“ ги пеам во глава додека работам, ги пеам како радосно мало дете кога ќе ги слушнам на радио во автомобил па дури ѝ ги пеам како приспивна песна на сестра ми, а кога јас ќе заспијам заспивајќи ја неа, таа ми ги пее на мене. Има 6 години и ја обожува песната. Ако мислев дека со музиката ме освоија, одговорите кои ми ги дадоа на прашањата од интервјуто ми го разубавија денот. И што повеќе може да се каже за група луѓе кои шират толку многу позитивна енергија?! За почетоците, за музиката, за убавината на емоцијата Бидејќи прв пат влегуваат на страниците на нашево мило списание, а ретко кога имаме прилика за дружба со интересни музичари, ред е соодветно да ги претставиме. Семејството наречено Ај Кју во себе има прегрнато 3 исклучиво музикални членови. Човекот со многу квалитети вокал, гитарист, композитор и продуцент, сопственик на музичкото училиште и музичко студио „Мusic House“ – Бојан Трајковски, еден од двајцата главни автори на бендот. Коавтор и професор по ударни инструменти - Иво Митковски и поубавата, понежна, помила третина од Ај Кју, исклучиво талентираната Марија Ивановска за која како што велат е најперспективната алка на Ај Кју, задолжена за сите ноти кои не може да ги фати Бојан. Во потрага по сржата на една група која создава музика впечатлива за секого, разговаравме и за првите песни, стихови, појавувања. „Почетоците на бендот се околу 2005 година кога почнавме да создаваме музика, а првата песна „Магија” ја издадовме февруари 2007. Првиот албум го издадовме како трио, само со машки вокал, но потоа откривме нова димензија со комбинација на машко-женски вокал. Тоа започна со Леана Таки, а сега продолжува со Марија Ивановска.“ Нивните песни се лесно допадливи, но и приземјени на начин на кој успеваат да допрат, да поместат и да го вратат човека

повторно на место. За тоа, потребна е покрај лесно впивлива мелодија и емоција која ја носи самиот текст на композицијата. „Најголем дел од текстовите се на Бојан Трајковски, а во дел од нив коавтори се Иво и Леа, а како екстерен соработник на некои песни ко-автор е и Кристина Арнаудова,“ велат од бендот. Онолку колку што се духовити и релаксирани кога е во прашање секојдневниот живот, за кој велат дека им е толку колоритен и непредвидлив што и самите не можат крај да му фатат, толку се сериозни кога се во прашање нивните ставови за

македонската музичка сцена, па знаат да кажат: „Во време на глобализација македонската музичка сцена треба да се интегрира со регионалната па и со светската сцена. Премала е публиката за да има критична маса за било што. Треба мудро и стратешки да се работи на извоз, а не само на увоз на музика.“ Симбиоза на стилови За момент, посакав да ставам розови очила за да можам повторно да го вратам позитивизмот кој овие луѓе го шират, кој нашава професија го бара, а кога се 25 UNIQUE • мај 2016 •


UNIQUEинтервју

и к с т е е в е с в е и а ж Tа о г , л е д о м т а позн коjа девоjка, аа е Т е . с и а н н и сонот ма само 20 год ца. и и л а р к а н д о и м е Р а т а а Елен наш ска а Крстев : Теодор а в у ш и П

Што треба да поседува една девојка за да биде успешна во овој бизнис?

Mора да биде снаодлива, истрајна, цврста. Да има карактер, не е важно дали е убава. Без разлика на убавината и специфичноста, доколку девојката се бори, доколку е истрајна и се труди да биде по пропорции, дефинитивно ќе успее. Оваа професија бара голема жртва и посветеност на работата. Успехот не се случува преку ноќ. Смешно е кога ќе речат „Ме забележаа и тоа е тоа“. Не, тоа е долг процес кој девојката мора да го сфати. Ова е сериозна работа и бара многу вложување во себе за да се добие посакуваниот резултат. Ако не вложува-нема да има резултати. Кој тип на девојки во моментов се најбарани?

Дизајнерите се оние кои ги наметнуваат трендовите за претстојната сезона. Во зависност од нивните барања и она што треба да се пласира на пазарот се прилагодуваат сите, цела модна индустрија. Изминатите две сезони беа барани светли и црвени, а сега за оваа мислам дека се девојки со костенливи коси.

28 UNIQUE • мај 2016 •

На што треба да внимаваат девојките кога бараат агенција? Како да препознаат сомнителна агенција?

Која е разликата на пропорции за ангажирање манекенки во Европа, САД и Азија?

Пропорциите секаде се исти. Градите не се толку важни, важно е струкот да биде од 50 до 54 и колковите 88 до 90 сантиметри. Висината од 176 па нагоре. Доколку една девојка реши да биде манекенка, дали мора да биде дел од некоја локална агенција или има начин сама да си бара проекти?

Може да биде и самостојна, но нема да ја гледаат со истите очи како кога зад неа би стоела матична агенција, локална агенција која гарантира за неа. Тоа е добро за моделот, бидејќи матичната агенција го учи на основните работи. Како се работи, кој е патот за постепено да се подготви, бидејќи кога ќе влезе на големиот пазар, ќе се соочи со хаос. Хаос во смисла на голема работа, професионалност, големи барања од моделите.

Тешко е. Треба да знаат и да се обратат во вистинската професионална агенција, мора да ја видат нивната професионална историја, да видат колку работеле и колку добри и успешни модели пласирале низ светот за да бидат сигурни дека се на вистинското место. Дали треба да се има комплетна доверба во агенцијата?

Довербата се стекнува, не може да се има доверба од самиот почеток. Тоа, го покажува времето и работата во агенцијата. По определен период самите девојки сфаќаат дали агенцијата е одговорна, колку добро ги застапува и врз основа на тоа ќе знаат дали треба да останат во таа агенција. Многу важен во целиот процес е букерот, тој мора да се бори за моделите. Може да влезете во агенцијата и агенцијата совршено да функционира, но ако букерот не ви посветува доволно внимание, тогаш залудно е сè. Тој е задолжен за

проектите кои ги добива моделот, ако тој е доволно пожртвуван, моделот ќе успее. Колку агенцијата има улога во успешноста или неуспешноста на една манекенка?

Многу. Ако букерот предвиди дека девојката треба да биде светски модел - ќе биде. Дури и ако не му се допаѓа на клиентот, некако ќе направи да ја ангажираат. Буквално цело време ќе се труди за неа, ќе се ангажира за секоја ревија. Букерите се тие кои знаат на клиентот да му објаснат дека моделот е професионален, дека е точен, дека ја познава работата, дека има искуство, дека одлично ќе ја заврши работата. Тој е оној кој ги прави сите преговори и од него најмногу зависи како ќе го претстави моделот пред клиентот. Која е најдобрата возраст за започнување на манекенска кариера?

Јас почнав на 15 години што е релативно рано. Сите мислеа дека сум премногу млада, дури и моите дома гледаа на тоа така. Но, јас би им препорачала на девојките да почнат што порано. Можеби не баш од 15, но 16 годишна возраст би била идеална. Потребно е


29 UNIQUE • мај 2016 •


UNIQUEинтервју време за да стекнат искуство и да станат самостојни, за да не се доведат во ситуација да почнат да работат дури на 18 години, кога можеби е веќе предоцна. Дали раната возраст ги прави манекенките лесна мета за манипулација?

Да, но доколку има сериозна агенција зад нив, нема опасност да се случи нешто лошо. Дали некогаш си се соочила со некој непристоен предлог?

Не, според мене никој нема да пристапи никако кон некоја девојка ако таа не даде мотив. Сите што работат со девојката, фотографи, клиентот, шминкери и фризери се свесни дека можат да сносат последици доколку нешто се случи со девојката. Но, доколку девојката им даде мотив, тие ќе дојдат со понуда. Во секој случај, ако професионално си ја завршува работата, тогаш ништо од тоа. До која возраст моделите се најбарани?

Интензивно може да се работи до 25-26, потоа следуваат директни букирања, кои се многу добри. Наместо да ги губите парите и времето да одите во Париз на пример на кастинг, вие седите дома и работите нешто друго, а ако клиентот е заинтересиран за вас, тој директно ја контактира агенцијата, ви се јавуваат се договарате, и тоа е тоа. Клиентот го обезбедува патот и сместувањето, а вие заработувате чисти пари бидејќи немате дополнителни трошоци. Постојано се појавуваат нови лица кои клиентите сакаат да ги користат, па затоа после 26тата година ангажманите се намалуваат. Сепак, ако направите бренд од себе, од своето име може да работите и до 50 години.

30 UNIQUE • мај 2016 •

Кое ти беше првото сликање, првиот едиторијал?

Дали проектите на кои што работиш ги бара и бира агенцијата или можеш и сама?

Сама не можам да работам, затоа и ја имам агенцијата. Сама како индивидуа немам контакти за да ме викнат на кастинг, затоа мора да се има агенција. Агенцијата што го организира кастингот многу подобро гледа на модел кој доаѓа од модна агенција, имаат многу поголема доверба во моделот. Никој не ги сака моделите што наводно се самостојни. Обично агенциите со почит ги гледаат моделите кои доаѓаат од успешна агенција. Дали и со која модна агенција имаш договор?

Во Њујорк имам договор со сестринската агенција на Women's Supreme, во Париз сум со Silent, во Милано со Women, во Барселона и цела Шпанија ме застапува агенцијата View. Матична агенција ми е агенцијата на Алек Наумовски - Моделс Ин и преку него сум поврзана со Model Scouting Office од Белград, а од Белград менаџерката Јелена ги организира сите патувања. Алек и Јелена работат заедно, Алек преку Моделс Ин го води македонскиот пазар, постојано се во соработка и ми ги договараат заедно патувањата и ангажманите. Потоа, на секое место каде што пристигнувам имам посебен букер кој се грижи за мојата работа. Кога те забележаа? Дали тоа беше ревија, кастинг, кампања?

Тоа беше на една ревија во Македонија во 2013та, првиот Fashion Week што го имав работено. Сопственичката на брендот Мона, потекнува од Србија и е роднина со Јелена Јовановиќ која сега е моја менаџерка од Белград.

Прво сликање ми беше календар за Пелистерка. Потоа имав сликање со Дарко Мораитов за 1Е. Всушност, првиот едиторијал беше за списанието Unique, фотограф беше Марко Маркоски на локација во Сарај. Кој момент беше отскочна даска во кариерата?

Ревијата и кампањата за Calvin Klein. Со нив работев околу еден месец. Сликавме секој ден, цела колекција ја шиеја на мене и сите парчиња, сите креации што излегоа, произлегоа од мене. Кога сфати дека сакаш да се занимаваш со оваа професија?

Од мала знаев. Мајка ми тоа го замислила за мене, тоа беше нејзина голема желба бидејќи таа на времето се занимавала со оваа професија. Од мала бев висока, слаба и секогаш сите ме викаа манекенка, баби, дедовци, тетки, пријателки кој и да дојде коментираше: „Леле види ја манекенкава.“ Така, од мала знаев дека морам да бидам манекенка. Која е причината што ретко прифаќаш ангажмани и интервјуа кај нас?

Јас сум човек кој не сака да го озборуваат, тоа искрено многу ме нервира. За ова имаме дискусии и со Алек од Моделс Ин. Двајцата сме согласни дека во медиумите треба да сум присутна само кога навистина има што да се каже, односно кога ќе постигнам некој значителен успех. Не сакам да пишуваат безпотребни работи за мене, имам чувство дека колку повеќе луѓето ме гледаат, толку повеќе ќе озборуваат и животот ќе тргне во погрешна насока. Затоа стојам подалеку од медиумите.

Од мала бев висока, слаба и секогаш сите ме викаа манекенка, баби, дедовци, тетки, приjателки коj и да доjде коментираше: „Леле види jа манекенкава.“ Така, од мала знаев дека морам да бидам манекенка.


UNIQUEинтервју Дали си се нашла во ситуација кога нешто кое претходно било договорено, подоцна не било почитувано?

Да, има многу ситуации во кои 15 минути пред ревијата се јавуваат за да откажат. Или, пак, доколку се договорени 30 фотографии и се заврши побрзо од предвиденото, ќе се обидат да направат уште 20-тина, и нормално - да не ги доплатат. Што од твојот изглед е пресудно за да те ангажираат? Кој дел од изгледот најмногу ти помага?

Таа карактеристичност, некој момент на уникатност и препознатливост, нешто кое ме двои од сите. Не е типично европски, туку изгледа така, интересно, чудно како да не сум од овие простори. Можат во една просторија да влезат 50 девојки и ќе ти фатат око само 2 баш поради тоа нешто посебно што го носат со себе. Доколку две девојки се идентични според другите параметри, обично послабата ја добива работата. Многу е битна и посветеноста на девојката. Кое е твоето најинтересно искуство до сега?

Земјотресот во Токио. Бевме 12 жени, немаше ни едно машко со нас. Во Токио препознатливо е тоа што има многу јаки земјотреси, најсилниот што го имам искусено е 8,5 степени по Рихтер. Ништо не се руши, безбедноста е на прво место. Во текот на денот има по неколку земјотреси, кои се по 5-6 степени, но не се чувствуваат многу. Имаше еден момент кога сликавме и излегуваме надвор да сликаме на бетониран дел од дворот и почнува земјотрес. Полека почнува сѐ да се дрма, јас се обидувам да ја смирам ситуацијата, да не паничам. Земјотрес - ништо веќе не видено. Но, одеднаш почна многу силно да тресе со јачина од 7,6 степени. Мобилните телефони во Токио се направени така што ако има 31 UNIQUE • мај 2016 •


UNIQUEнајдобра

Од Лиса Симпсон до Оливија Поуп, телевизијата е многу повеќе од само забавна програма за осамени викенди. Таа креира женски ликови со поучни приказни од кои ќе ви застане здивот. Мајки, ќерки, девојки дозволете овие моќни женски ликови да бидат вашиот компас во животот. Застанете под сонцето и уживајте.

Кога луѓето велат дека убавината се состои во малите нешта, првата работа која ми паѓа напамет (а вообичаено тоа се случува кога главам во канцеларија до доцна во денот) е копнежот за пижамите, термо чорапи, топло чоколадо и (нова) епизода од омилената серија. Со цел да не заспијам на средина на епизодата вечерта кога ќе се вратам дома, секој викенд го резервирам за ова мое специјално маратонско задоволство. Секое судење на Boston Legal останувам со подзината уста на жестокиот рецитал на ликот кој го толкува Џејмс Спадер, секоја епизода на The Newsroom ме трогнува праведноста на Вил Мекавој и секој цитат на Харви Спектар уште долго ми ѕуни во ушите. Совршени ликови. Вистински моќни мажи. Она кое успеав да го забележам од последните неколку маратонски викенди на гледање нови и стари епизоди од омилените серии е фактот дека сите во себе содржат барем еден женски лик по чие појавување јас сум долго време под импресии. Почнувајќи од великодушноста на Опра Винфри, до сарказмот на Лиз Лемон и по некој краток, а моќен говор на Оливија Поуп, малите екрани нудат големи животни лекции за младите дами кои штотуку влегуваат во светот на возрасните. Иако моќните жени и феминизмот се доста актуелни во последно време, влијателните женски ликови на телевизиските екрани имаат свое место уште многу одамна. Во секое доба од животот на една девојка/жена, телевизијата има понудено и сѐ уште нуди квалитетни женски ликови кои е неизбежно да ги обожувате, да им се воодушевувате, да сакате со нив да се споредувате и идентификувате. И воопшто не е важно дали имаат 4 прсти – како Лиса Симпсон, кога имаат морален компас пред кој се поклонуваат и најправедните. Па сега, ако се плашите дека минувате многу време пред телевизорот уживајќи во комедии, драми, трилери и слично, време е да се успокоите. Верувале или не, склопот на моќни жени кој го креира телевизијата е одличен пример за тоа како жените денес треба да се справуваат со пречките во жи34 UNIQUE • мај 2016 •

вотот – бегањето од дома, лошата врска, сексуални искуство, мода и слично. Во добри раце сте. Посегнете по топлото чоколадо и уживајте. Ова се неколку од многуте најмоќни телевизиски женски ликови на денешницата.

Лиса Симпсон, The Simpsons (1989 - денес) Првата работа за која е неизбежно да ѝ љубоморите на Лиса Симпсон веројатно не е тоа што и после цели 27 сезони таа сѐ уште има 8 години, туку способноста во овој суров свет да ја задржи својата морална ѕвезда водилка. Точно, Лиса Симпсон никогаш нема да го искуси хоророт наречен месечен циклус, плаќање


the female

Channel

рати за кредитни картички и гинеколошки тестови – кој всушност предизвикува најголем стрес на векот. Но, Лиса е средно дете – од едната страна го има палавиот Барт, а од друга страна неодоливата Меги, а тежината на улогата средно дете, ја знаат само оние кои тоа го искусиле – и не е пријатно. Лиса Симпсон е веројатно првата феминистичка фигура на телевизиските екрани со која се сретнале помладите генерации, а не биле свесни за тоа. Она кое Лиса го претставува е далеку поразлично од она кое во 89тата изгледаше како дефиниција за соодветно однесување на едно девојче – играње со кукли, послушност чии методи и причини не се доведуваат во прашање и многу розова боја. Таквите бледи стереотипи ги брише со постојаната желба да проба нешто ново, да искуси нешто кое претходно го нема искусено – но не заборавајќи го

семејството и своето достоинство (читајте убаво, девојчиња!) Така, Лиса во текот на овие 27 години има поттикнато разни движења за спас на планетата, животните, училиштето и честа на Хомер. Она кое таа го претставува е паметно, вредно, продуховено и бистро девојче кое е одличен пример за сите возрасти.

Калиси Денерис Таргарјен – Game of Thrones (2011 – денес) Постојат повеќе причини зошто луѓето гледаат Game of Thrones, но веројатно една од најпривлечните е токму оваа убавица со бела коса и сини очи која во неколку наврати веќе покажа дека е многу повеќе од само убаво лице. Иако влезе во брак со сила, успеа да стане 35 UNIQUE • мај 2016 •


UNIQUEнајдобра

... it's me

Кога последен пат се слушнавте со вашите пријателки? Пред еден ден? Месец? Подолго? Телефонските разговори станаа дел од минатото, а нивното место го преземаа емотиконите, Viber пораките и Facebook Messenger. Но, лишувањето од долг разговор на телефон со саканата пријателка со себе носи последици. Ајде да бидеме ретро и да го оживееме стариот добар телефонски разговор со пријателките. 44 UNIQUE • мај 2016 •


UNIQUEнајдобра сател, навикната сум да куцам на компјутер, не на екран. И ако наместо да пишувам текстови за кои сум платена, постојано ви одговарам на пораките, најверојатно ќе ја изгубам работава со брзина на светлината. Тогаш нема да има кој да ми ја плати теСо три од другарките комуницирам на мeил и апсолутно николефонската сметка, па најверојатно нема да бидам во можност гаш не се слушаме на телефон, со најблиските четири постојавоопшто да ви вратам на пораките.“ Четири пара очи запрепасно се допишувам на Viber, со една сум постојано на Messenger, тено гледаа во мене. Зафатената писателка нема време да коa имам и една која многу ретко ја слушам на телефон бидејќи муницира како секој нормален човек. Нема време да биде 24/7 скоро никогаш не ми крева кога ја барам, не одговара на пона интернет и да одговора на Viber и Messenger. раките, а последен пат на Facebook била вклучена пред околу Искрено воопшто не ги обвинувам за хаосот кој владее во мо7 дена. дерната комуникација. Технологијата постојано напреднува, Ова ме стави на размислување - Која од моиве дами е најкомподостапни сме едни на други повеќе од кога било, а сепак толплицирана? И додека сè уште бев во недоумица, погоре навеку сме оддалечени. Тотална генетска модификација на пријадените 4 пишувачки другарки договорија да одиме на ручек телските врски. Но, зад целиот овој комуникациски хаос стои (секако преку групна Viber порака). Супер, конечно разговор еден поголем проблем. Нешто многу посериозно и подлабоко лице во лице. Но, кога една од нив изјави се случува со нашите пријателства и воопшто „Ручеков е интервенција, ние решивме да те со нас самите. Во последно време сè повеќе се Побарајте ги искараме бидејќи имаш проблем со одговаотуѓуваме и стануваме имуни на најважните пријателите рање на пораките,“ сфатив дека јас сум била личности во нашите животи, а истовремено сме Со оглед на фактот што најкомплицираната од сите. Имено, не сум хиперсензитивни на обичните баналности. Толденес 1 од 5 луѓе страдаат одговарала доволно брзо на пораките. Што ку многу сме преокупирани со зјапање во екод анксиозност и е сосем точно бидејќи за мене пораките се раните што на крајот од денот забораваме како депресија, сега е повеќе еднакво на мeил. Без потребни и недоволно изгледаат вистинските емоции, како изгледа од потребно да ги вратиме итни за да одговорам веднаш. Но ова било реалноста. старите вистински голем проблем, бидејќи според моите пријаПред само неколку години луѓето кога ќе ми разговори и повторно да телки пораката треба да се третира како кажеа дека ќе се исклучат од светот (од телесе поврземе со најважните телефонски повик или поточно кажано, како фон и интернет) им завидував. Си замислував жени во нашиот живот телефонски повик на оние стари телефони како медитираат, читаат книга, готват прекраспријателките. со огромно црвено светло кое трепка кога ни јадења. Живот како од старите филмови. телефонот ќе заѕвони и звук кој предизвикува Бидете спонтани и секогаш Пријатели собрани во двор, скара, смеа, вино. кога ќе ви недостасува мини срцев удар на луѓето кои се во близина. И никој не држи телефон во своите раце, не пријателката без Значи, морам да го држам телефонот во рака праќа сенпови, не објавува слики од храната на размислување побарајте 24/7 за да можам во секој момент да одговоInstagram. Денес ова е незамисливо. Наместо ја. рам на пораките. И тоа не е сè. Бев прекорена уживање, ќе почувствувате казна доколку ви го и за недоволното користење на емотикони и земат телефонот од раце. Кога ќе завршите со стикери. „Пораките ти се толку празни, што Во меѓувреме моите пријателки се помирија со читање на текстов, земете некогаш делува дека си ни лута.“ Морам да фактот дека бавно враќам на пораки. го телефонот во рака и признаам бев во шок. Една моја другарка од детството, која ја знам јавете се на вашата мајка/ Ова е модерното искрено муабетење со уште од 5то одделение повеќе не крева телепријателка/ сестра. Не пријателките. Не ми велат дека треба да им фон кога ѝ ѕвонам. Се сеќавам дека порано ми пишувајте, не праќајте се јавувам почесто. Ниту дека треба да се глесе јавуваше неколку пати во неделата и зборуемотикони или стикери. Вистински разговор со даме почесто. Туку треба да бидам постојано вавме со часови. За момчињата, за проблемите вистинската личност. на мини тастатурата. Не треба подобро да ги на училиште, дома, за она што не прави среќни изразувам чувствата, туку треба подобро да ги и како во иднина да го постигнеме истото. Кога користам емотиконите. Изгледа сите сакаат да бидат постојано ќе ја спуштев слушалката се чувствував разбрано, чувствував поврзани со пријателите, но никој не сака да крене слушалка дека имам некој со кој можам да бидам своја и отворено да и да направи вистински разговор. Или да се договориме за зборувам за сè. Со неа ги согледував проблемите на поинаков вистински кафе муабет без телефоните во рака и да разгованачин, и покрај тоа што ретко се гледавме можам со сигурност раме за она што ни се случува во реалниот свет. Заглавени да кажам дека заедно созреавме и пораснавме. Како што пово екраните воопшто и не наоѓаме време за ова. Доволно е да минуваат годините, така животот станува сè покомплициран и знаеме дека имаме виртуелен круг на пријатели кои ако неконекогаш многу е тешко да се преброди некој период без близок гаш, не дај боже ни затребаат за да се видиме, можеби ќе најпријател кој ќе те ислуша и ќе биде покрај тебе. Вака оддалеку дат време за средба. Сега за сега, ќе заврши работа и стикерот кога ќе ја согледате ситуацијата ќе сфатите колкава загуба ви со шолја кафе. Одлично. донел напредокот на технологијата. Не беше толку одамна времето кога со часови зборував со моите најдобри другарки на фиксен телефон. После лудата вечер, следеше долг утрински повик во кој се коментираа настаните. Не можам ни да ви опишам со колкава грутка во грлото го пишувам ова. И не, не им го кажав истото на моите пишувачки другарки. Наместо тоа се обидов да им објаснам „Јас сум пи45 UNIQUE • мај 2016 •


The girl From the Block Секси, опуштено и модерно - кога уличниот стил има спортска нишка, ја добивате девојката од соседството по која талкаат сите погледи.

50 UNIQUE • мај 2016 •


51 UNIQUE • мај 2016 •


52 UNIQUE • мај 2016 •


53 UNIQUE • мај 2016 •


54 UNIQUE • мај 2016 •


55 UNIQUE • мај 2016 •


Candy Crush

Во екот на пролетта, одберете ги оние парчиња кои ќе ви дозволат да чекорите по облаци. Експлозија на бои, текстури, вкусови, материјали.

56 UNIQUE • мај 2016 •


57 UNIQUE • мај 2016 •


58 UNIQUE • мај 2016 •


59 UNIQUE • мај 2016 •


60 UNIQUE • мај 2016 •


61 UNIQUE • мај 2016 •


Мај е полн со убави случувања. Токму тогаш треба да изгледате отмено и гламурозно. Симбиозата меѓу месечевата светлина и ноќта ја пресликавме на вашите очи, а бојата на усните е право на избор.

Шминка: Зоран Шурбевски Модел: Сара Цветанова

74 UNIQUE • мај 2016 •

Неутрални усни Откако ќе се погрижите за соодветната подлога на ликот, потребно е да се фокусирате на очите. Во овој изглед преовладуваат светкави тонови на сива и бела сенка, а изгледот е комплетиран со црн туш за очи и маскара. Усните нека бидат неутрална боја со розова основа.


75 UNIQUE • мај 2016 •


Подеднакво смело За храбрите девојки ова е совршен изглед. Окото е истакнато со помош на туш и сенки. По должината на долните трепки нанесете сенка богата со светки. За усните, останува само прецизно да нанесете црвен кармин и да крунисате со сјај. 76 UNIQUE • мај 2016 •


Фотографија: Ани Дими /Шминка: Зоран Шурбевски со Estee Lauder / Модел: Сара Цветанова / Модна агенција: Моделс Ин.

Совршен поглед Кај овој изглед важно е да играте со лакот на окото кој преовладува во целиот мејкап. Со четка и сенка во земјени тонови, обележете ја средината на окото по должина на вдлабнатиот дел на коската. Со истата боја поминете и по должина на долните трепки. На долниот дел од очниот капак нанесете сенка со посветла боја како на пример бела. Завршете со туш за очи и маскара. На усните нанесете розов кармин. 77 UNIQUE • мај 2016 •


Сања

Ристиќ Пецаковска

Секој си е сам одговорен за своето тело, здравје и постапки. Почитувач и применувач на позитивната искрена мисла и битисување, голем љубител на добра книга и здравата храна, физички активна речиси целиот свој живот, секогаш расположена за насмеано друштво, квалитетни муабетења, долги прошетки. Дамата која по професија е м-р по економија, а моментално Маркетинг Директор на националната телевизија ТВ21, тазе сопруга на македонскиот ракометар Дејан Пецаковски и жена со најубавиот предизвик пред себе кој со нетрпение го очекува – мајчинството. За љубовта, здравиот начин на живот, мајчинството и вежбањето разговаравме со Сања Ристиќ Пецаковска. Утрата ги започнува со кратка медитација и неколку голтки чај. Поголемиот дел од работните денови ги минува на работното место, а за време на викендите обожува прошетки во природа или неколку часа минати со најблиските пријатели. Неизоставен дел од нејзиното секојдневие е физичката активност па дури и во 9тиот месец од бременоста, нека не ве изненади ако ја погледнете на некоја од социјалните мрежи како прави шпага. Во последните неколку месеци од бременоста посетува пилатес за бремени, а инаку обожува да планинари, трча во природа или тренира фитнес. Голем вљубеник е во традиционалната јога која ја практикува веќе две години и за која вели дека многу ѝ годи при справување со секојдневниот стресен начин на живеење. Веројатно додека да го фатите бројов во вашите раце, Сања и Дејан ќе станат родители. „Секогаш сум подготвена за сѐ. Полна сум со убави вибрации и убава енергија и со нетрпение го чекам денот да го допрам и почувствувам тој новосоздаден живот на оваа планета! Се потпирам секогаш на својата јака интуиција и затоа оставам сѐ да си дојде во свое време. Некако знам дека сѐ ќе биде најубаво и дека ќе се преродиме и јас и Дејан во нови животи заедно со нашето синче.“ изјави таа. 104 UNIQUE • мај 2016 •

Веганска приказна Голем љубител сум на живиот свет, почитувач на живата енергија и во овој момент од животот не можам ни да замислам да се повреди нешто живо за јас да го консумирам. “ вели Сања на неминовниот разговор за нејзиниот избор на исхрана. „Да можам секое животно би го вдомила и би се грижела за него. Срцето ме боли кога гледам животно да се повредува на било каков начин. Ја користам секоја можна прилика која ја имам да помогнам за заштита на животните, за нивно одгледување или пак да нахранам улични животинчиња. Втора причина поради која не јадам месо е бидејќи е нездрав оброк. Паѓаат во вода сите убедувања дека без месо нема да имаме доволно протеин,

нема да имаме добро железо во крвта нема да имаме енергија итн... Се посочувам како пример за млада жена која не консумира никакво месо, а се чувствувам далеку поенергично и здраво. Или пак погледнете го светскиот шампион во тенис Новак Ѓоковиќ, тој консумира исклучиво веганска сирова храна, а тренира по 12 часа дневно. Интересно е што одреден период пред бременоста бев веган, односно јадев само храна која не е од животиснко потекло, но, неколку дена уште пред да дознаам дека сум бремена ми се појави огромна желба за млечни производи, конкретно за функционален јогурт и фетина сирење. По кратко време на првиот преглед и самиот гинеколог

ми препорача дека млечните производи придонесуваат особено за време на бременоста кога дигестивниот тракт знае да се забави или да забрза нагло, помагаат при внесот на калциум. Омилен ми е јогуртот Здравје+ кој покрај здравствените придобивки допринесува за виталност, хармонија и енергија на целиот организам, особено оној кој во себе носи два животи. Љубам млечни производи кои имаат домашен и традиционален вкус па преферирам да ги користам млечните производи на Здравје Радово. Од оваа причина и секогаш велам, оставете самиот организам да ви покаже што му е потребно во вистинско време. Секој организам доколку е свесен за себе најдобро знае како треба.“

Неделно мени ден

појадок

Ручек

Вечерa

Понеделник

За појадок секогаш појадувам свежо разновидно овошје, сирово или како шејк со јогурт, житарки и семки.

Црвена леќа

Тост со интегрално лепче, хумус и фетина

Тестенини со вргањ

Домашна зеленчукова супа

Грашок, пире, ќофтиња од зеленчук

Салата со рен, цвекло, зелка, авокадо и семки

Четврток

Гравче во секаков облик

Варен овес со мед, ореви и цимет

Петок

Спанаќ (вообичаено со ориз)

Интегрална пица со фетина и зеленчук

Сабота

Оризови нудли со зеленчук

Супа од морков, компир и ѓумбир

Недела

Вегетаријанска лазања

Посни мафини со лен и јогурт

Вторник Среда


Q&A

За запознавањето...

Се сретнавме на една терапија за спортски повреди бидејќи и двајцата се бавевме професионално со спорт во тој период. Не се познававме воопшто, на излегување погледите ни се пресретнаа но не остваривме никаква комуникација. Ми остави голем впечаток, да бидам искрена никогаш не ми се случило некого толку да забележам а потоа и долго време да се присетувам на тој лик. Со оглед дека не го познавав бев убедена дека е странец.

Првиот контакт По неколку месеци тој ме додаде на ФБ, и беше многу возбудлива ситуација бидејќи беше поминато подолго време и сеќавањето беше избледено. Почнавме да комуницираме но не константно.Со оглед дека тогаш живеевме во различни градови и бевме константно секој со своите професионални обврски од разно-разни причини никогаш не се сретнавме.

СÈ помалку да проповедаме каков треба да биде добриот човек и да ги осудуваме сите околу нас. Наместо тоа, да впериме прст кон себе и да се потрудиме ние самите да сме ДОБАР ЧОВЕК.

Љубов на прв поглед За потребите на една маркетинг кампања која ја работев, имавме една идеја да вклучиме наш спортист како актер, па му се обратив дали би бил расположен за соработка. Тој во моментот беше со репрезентација на Европското Првенство во Ракомет во Данска па остана да се видиме кога ќе се врати... Памтам како денес, средина на јануари 2014та година. По неколку години виртуелна комуникација конечно се договоривме да се видиме. Кампањата која ја спремавме никогаш не дојде до реализација но затоа се создаде и реализираше една огромна љубов на прв поглед. 105 UNIQUE • мај 2016 •


ОВА БЕШЕ САМО МАЛ ДЕЛ ОД НОВИОТ БРОЈ НА

СПИСАНИЕТО - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.